You are on page 1of 1

Акцентски целости со проклитика

Клитиките што стојат пред акцентогениот збор се викаат проклитики.

Предлог + именка: (со просторно значење) в’о вода, д’о дома, д’о небо, з’ад врата, н’а гости,
н’из поле, п’о пат, п’од земја, (со временско значење) д’о зори, з’а час, прек’у лето, ср’ед зима,
(за начин) н’а сон(е), н’а нога, н’а рака, н’а смеа, н’а срце.

Во состави од предлог + долга заменска форма: б’ез нас, д’о мене, к’ај тебе, меѓ’у себе, пр’ед
вас, с’о мене.

Во состави од негација + едносложни или двосложни глаголски форми: н’е бев, н’е гледам, н’е
дојде, н’е одам, н’е пиј, н’е трчај, н’е чекам.

Кога по негацијата следува помошниот глагол сум и тој влегува во акцентската целост.

На пр.: не с’ум видел, не сум ј’a видел.

Во состави од прашален збор + глагол: к’ој рече? шт’о рече? ког’а дојде? шт’о виде? к’ај одиш?
шт’о сакаш?

Кога по негацијата следува честичката ќе и таа влегува во акцентската целина.

На пр.: не ќе п’oмине, не ќе ја з’aпомни.

Во состави од сврзник + полнозначен збор: ‘и јас ‘и ти, ‘и ние ‘и вие, н’и ваму н’и таму.

Забелешка: кај тросложните изрази акцентот може да падне и на третиот слог од крајот: прек′у
пат и пр′еку пат, прек′у ѕид и пр′еку ѕид, но кај четирисложните изрази секогаш се акцентира
на вториот слог од крајот: окол′у ѕид (не: ок′олу ѕид).

негација + две кратки заменски форми + едносложен глагол: не му г′о зел, не ми ј′а дал
(симетрија со: не ми ј′а даде). 

Забелешка: изразите со една кратка заменска форма може да се акцентираат и на третиот и на


вториот слог од крајот на изразот: н′е го зел и не г′о зел.

Прашален збор + две кратки заменски форми + едносложен глагол: кој ми г′о зел, кој му ј′а
дал.

You might also like