You are on page 1of 23

Глаголи

Полнозначни зборови со кои се


означува дејство или состојба

►Граматички категории:
-потипични во македонскиот јазик се:
време,начин,лице,вид,преодност,залог
(дијатеза) ,род и број
►Категорија време:
- вршење на дејството според
моментот на зборувањето
- сегашно време: читам,-ш,-/ -ме,-те,-ат
- минато определено свршено:
прочитав,-/,-/ -ме,-те,-а/jа
- минато опреде. несвршено:
читав,-ше,-ше/ -ме,-те,-а
- минато неопределно:
сум читал, си читал, читал,
сме читале, сте читале, читале
• предминато: бев читал, беше читал,беше
читал, бевме читале, бевте читале, беа
читале
• - идно време: ќе читам,-ш,-/, -ме,-те,-ат
• - минато идно: ќе читав, -ше,-ше, -ме,-те,-а
• - идно прекажано: ќе сум читал, ќе си
читал, ќе читал, ќе сме читале, ќе сте
читале, ќе читале
►Категорија начин:
- ставот на говорителот спрема дејството
- исказен начин(дејство искажано како исказ)
Пр: Пишува добро.
- заповеден начин(дејство кажано како
заповед)
Пр: Пишувај добро!
- можен начин (дејство во вид на можност)
Пр: Би пишувал добро.
►Категорија лице:
- односот помеѓу учесниците во
говорот
1л.еднина(дејство што говорителот си
го препишува себе си) Пр: читам
2л.еднина (дејството што говорителот
му го препришува на соговорникот)
Пр: читаш
3л.еднина (дејство на лице што не е
учесник во разговорот)
Пр: чита
• 1л.множ. (говорителот е член на група,
вршители на дејството)
• Пр: читаме
• 2л.множина (дејство на група соговорници)
• Пр: читате
• 3л.множина (дејство на група надвор од
разговорот)
• Пр: читаат
- лицето се изразува со личните
заменки
- лицето се изразува и на други начини:
• А) со отсуство на наставка во
3л.еднина ( чита )
• Б) преку личните заменки
тој,таа,тоа (чита)
• В) со помошниот глагол кај сложените
глаголски форми
Пр: сум/си читал
• глаголи што имаат промени по лице се
викаат лични глаголи
• глаголи што не разликуваат лице-
нелични глаголски форми
( глаголски прилог, глаголска
именка, глаголска
придавка)
• глаголите што имаат само 3л. – безлични
• Пр: врне,грми,светка
►Категорија вид:
- претставување на траење на
глаголското дејство (дали дејството
претставува сложен процес или е
заокружено дејството)
Спореди: паѓа-падне, чита-прочита,
мисли-измисли, вети-ветува, пее-допее,
работи-изработи.
- според оваа категорија глаголите се
делат на: свршени и несвршени.
1. Свршени глаголи- завршено
дејство кое трае еден момент
(седне, тропне, извика, даде).
- во македонскиот јазик свршените
глаголи се препознатливи по
карактеристичниот суфикс *не*
или како добиени од несоодветни
глаголи со соодветниот префикс
(из, до, раз, на).
Пр: размисли, направи, извика.
• 2. Несвршени глаголи- го претставуваат дејството
како процес на траење.
• Пр: пишува, јаде, краде, игра, зборува, пее, пие.
• посебна подгрупа на несвршените глаголи се
повторливите глаголи кои изразуваат
продолжително дејство со прекини и повторувања.
• Пр: прелистува.превртува, седнува (суфиксот
*ува* е карактеристичен за овие глаголи).
3.Глаголите во македонскиот јазик
образуваат ВИДСКИ ДВОЈКИ од
свршен и несвршен глагол со ист
корен
Пример: даде-дава, вети-ветува, купи-
купува, трча-истрча.
• 4.Глаголи преземени од други јазици со
суфикс “ира” можат да изразуваат и
свршеност и несвршеност т.е се
карактеризираат како ДВОВИДСКИ.
• Пример: телефонира, корегира,
информира, патролира.
• Ти телефонирав вчера.  (свршен вид)
• Цела вечер телефонира.  (несвршен вид)
►Категорија преодност:
- дали дејството искажано со
глаголите преоѓа врз некој
предмет, објект или не
- според оваа категоија глаголите се
делат на: преодни и непреодни
•1.Предоните глаголи употребени во
реченица бараат поврзување со
предметот
• Пр: пишува (книга), пие (чај), слуша
(музика), носи (учебник)
•2.Непреодните глаголи изразуваат
дејство кое е доволно самото за
себе т.е не бараат надоврзување со
предметот
• Пр: шета, оди, плива, тагува, спие
3.Постои и нешто што се нарекува
преодна употреба на непреодните
глаголи (непреоден глагол може да
се врзе со предмет и да се употреби
како преоден).
Пр: шета  Јас и брат ми го
шетавме кучето.
•4.Посебна група претставуваат
повратните глаголи кои изразуваат
дејство кое преоѓа врз неговиот
вршител и ја содржат кратката
заменска форма “се”.
• пр:се мие,се чешла,се кара
Категорија залог

• Начинот на претставување на глаголското дејство


во врска со неговите учесници
(вршителот,трпителот)

• Ако подметот е вистински вршител на глаголското


дејство станува збор за активен залог
пр;Сашо ја направи
програмата Сашо-
подмет,вршител на дејството
програмата-предмет,трпител на дејството
Категорија залог

• Кога поднесувачот на дејството станува


граматички помет имаме пасивен залог
пр:Програмата беше
направена од Сашо
програмата-граматички подмет но останува
трпител на дејството
Сашо-предмет(предлошки предмет)
• Пасивните конструкци и се прават на два начина
1) Со помошниот
глагол СУМ и гл.придавка
пр:Професорот те пофали тебе.
Ти си пофален од прогесорот.
2) Лично
глаголски форми и повратната заменка СЕ
пр:Силекс
продава деловен простор. Се
продава деловен простор од страна на Силекс.
Категорија РОД И БРОЈ

• Број-имаат еднина и множина


• Род-глаголите немаат род ,освен некои
нелични глаголски форми и тоа:

-глаголската л-форма пр:читал,читала,читало


-глаголската придавка
пр:читан,читана,читано

You might also like