You are on page 1of 36

Асоцијации

Тема „Прости глаголски


форми“
• запиши асоцијации на дадената
тема од тоа што досега е изучено
од темата;
• поделете се во групи, споделете го
напишаното;
• избирете лидер на групата кој ќе ги
презентира асоцијациите;
• останатите групи треба да
внимаваат и да не ги повторуваат
истите зборови и изрази.
Асоцијации
• составени само од еден глагол
• сегашно време
• минато определено свршено и несвршено време
• глаголска л-форма
• глаголска именка
• заповеден начин...
Нелични глаголски форми

• глаголска л-форма
• глаголса придавка
• глаголска именка
• глаголски прилог
Глаголска л-форма
Глаголската л-форма
го добила своето име според
карактеристичната наставка - л

Марија ја прочитала книгата.

Куќата ја изградил за шест месеци.


Се образува од глаголот и
наставките: -л, -ла, -ло; -ле.
• еднина множина
-л (за м.род), -ле
чита+л =читал (за сите три рода
-ла (за ж. род), во множина),
чита+ла=читала
-ло (за ср. род), чита+ле=читале
чита+ло=читало
Глаголите од а-група
образуваат само една
глаголска л-форма:
еднина множина
пр. пр.
копал/ла/ло; копале;
викал/ла/ло; викале;
гледал/ла/ло. гледале.
Глаголите од е-група и и-група
често образуваат по две л-форми:
еднина множина
падне-паднал- падне-паднале-паднеле;
паднел/ла/ло; фати-фатиле-фателе;
фати-фатил тропне-тропнеле-
фател/ла/ло; тропнала; купи-
тропне-тропнел- купиле,купеле;
тропнал/ла/ло;
купи-купил,купел/ла/ло;
Глаголска л-форма :
-проста глаголска форма
-нелична
-не разликува категорија лице
-разликува категоријата род
-влегува во рамките на сложените глаголски
форми:
-минато неопределено време (јас сум трчал)
-можен начин (би трчал)
-идно прекажно (ќе сум трчал)
-предминато време (јас бев истрчал)
Глаголска придавка
Формите на глаголската придавка се образуваат
со наставките:
-н, -на, -но, -ни и -т, -та, -то, -ти.
пр. читан/на/но/ни, гледан/на/но/ни,;

Со наставката -т се образуваат глаголски


придавки од глаголите со општ дел на н и се
додаваат на основните вокали а и е.
пр. викне - викнат, легне - легнат, падне - паднат.
Глаголската придавка врши две служби:
глаголска служба придавска служба

Имам плетено Таа носи плетен


таков елек. елек.
Глаголска именка
Глаголската именка искажува трајно
глаголско дејство.

Се образува од несвршен глагол и


наставката –ње

На пр.: носење, викање, плетење,


читање, седење, пиење, јадење.
Од некои свршени глаголи се
образуваат глаголски именки
со наставките: -ние, -тие.

На пр.: покри+тие одделе+ние,


изда+ние, реше+ние,
заседа+ние, воспита+ние,
внима+ние, оправда+ние,
Глаголска прилог
▪Се образува од глаголот и
наставката: - јќи

▪Може да се добие само од


несвршени глаголи.

▪Одејќи кон училиштето го


сретнав Митре.
Пр.:
чита+јќи,
носе+јќи,
вика+јќи,
плете+јќи,
оде+јќи,
стое+јќи,
плаче+јќи.
Вежба
Образувајте глаголски именки од
глаголите и за секој од нив напишете по
една реченица:

• „вежба, слуша, црта, бере “


Одговор
• вежба+ње, слуша+ње, црта+ње,
бере+ње
• Со вежбање се постигнува успех.
• Слушањето музика ме прави среќен.
• Можеби цртањето е добро за тебе.
• Берењето цреши носи богатство.
Подвлечете ги глаголските
прилози во речениците:
Гледајќи во телевизорот, не слушна што
и кажав.
Носејќи води, ја скрши чашата.
Шетајќи во паркот, ја здогледав Маја.
Сакајќи да му помогно го навреди.
Одговор
Гледајќи во телевизорот, не слушна што
и кажав.
Носејќи води, ја скрши чашата.
Шетајќи во паркот, ја здогледав Маја.
Сакајќи да му помогно го навреди.
Дополни ја табелата со
глаголски придавки

еднина множина Примери за


членувана форма
машки род
женски род
среден род
Одговор
еднина множина Примери за
членувана форма
машки род / броен броени броениот
женски род / гледана гледани гледаната
среден род / седени седените
броено/седено
Дополни ја табелата со
глаголска л-форма

еднина множина Примери за


членувана форма
машки род
женски род
среден род
Одговор
еднина множина Примери за
членувана форма
машки род / гледале/свиреле ?
гледал/свирнал
женски род / гледале/свиреле ?
гледала/свирнала
среден род /
гледало/свирнало
Наставно ливче
Наставно ливче
1. Каква глаголска форма е минатото
определено свршено време?
2. Какви дејства се искажуваат со минатото
определено свршено време?
3. Со кои наставки се образува ова време?
4. Според видот, какви можат да бидат
глаголите во македонскиот јазик?
5. Од кои групи глаголи се образува минато
определено свршено време?
Одговори на прашањата

• Проста глаголска форма.


• Минато определено свршено време искажува
глаголско дејство кое се извршило во минатото
во присуство на лицето што зборува.
• Наставки за образување на ова време се: еднина:
1л. – в, 2л. – / , 3л. – -; множина: 1л. – вме, 2л. –
вте, 3л. – а/-ја.
• Свршени и несвршени.
• Глаголи од –а, -е и –и група.
Самооценување
• 2 точни одговора =2
• 3 точни одговора = 3
• 4 точни одговора = 4
• 5 точни одговора = 5
Збогати го знаењето
Веб-страници
• https://mk.wikipedia.org/wiki/..
• http://macedonianlanguage.org/Porta
ls/0/PDF/Imperfect1.pdf
Домашна задача
• Пополнете ги празните линии со формите на МОС време од глаголите
во заграда.
• 1. Ја _____________________ (виде) на една изложба.
• 2. Веќе _____________________ (спомне), Панко Брашнаров го
_____________________ (отвори) Собранието.
• 3. Тоа _____________________ (остане) како една од стратешките
цели.
• 4. И на ова заседание, реферат _____________________ (поднесе)
претседателот на Президиумот на АСНОМ.
• 5. _____________________ (дојде) и неколку бугарски претставници.
• 6. Меѓутоа, подоцна _____________________ (разбере-јас) една
друга приказна.
• 7. Значи, ги _____________________ (донесе-вие) моите работи, а?
• 8. Ние ја _____________________ (заврши) работата.
• 9. Ви _____________________ (каже-ние) како
_____________________ (убие-ние) светец.
• 10. Кажи зошто ме _____________________ (остави-ти).

You might also like