You are on page 1of 2

Вежби

1. Одреди на која група( а, е, и ) припаѓаат следниве глаголски форми:


Појдовме, кажале, засвирев, одиграле, стој, кроел, добил, сфатат, носете, влеговте
2. Одреди го разделот на кој припаѓаат следниве глаголи:
Дојде, стане, даде, врати, скокне, задржи, сошие, разбере
3. Подели ги глаголските форми на составните делови ( општ дел, основен вокал, наставка ):
Миев, паднале, ќе паднеле, обув, носевме, гледате, работел, гледање, носен, пеејќи
4. Промени го видот на глаголите: вика, запише, греши, дојде, удира, плати, мие/или од глаголите гледа,
мисли или образувај повратни форми од врати, сеќава, мисли
5. Одреди го видот на глаголите : вели, седне, паѓа, напише, потскокнува
6. Класифицирај ги глаголите на на преодни/непреодни : оди, седи, чита, јави, игра...
7. Класифицирај ги глаголските форми на лични, нелични и безлични: знае, дојден, падне, зборување, грми,
одејќи, мисли, фрлено, погледнал, соопштение

8. Образувај:

- сегашно време од глаголот прочита во 1 лице еднина,

- минато определено несвршено време од глаголот дотрча во 2 лице еднина,

- минато определено свршено време од врати во 3 лице множина,

- минато неопределено време 3 лице еднина од глаголот каже,

- предминато време во 3 лице множина од сработи и употреби го во реченица,

- одречни форми од идно време на 2 начина од чита во 2 лице множина,

-минато-идно време во 2 лице еднина од оди/ одречни форми од ова време во 2 лице еднина на 2 начина,

- идно прекажано време од каже во 1 лице еднина/ одречни форми за 1 лице еднина на 2 начина,

- индиректна заповед од глагoлот пее,

- одречни форми на 2 начина од глаголот игра во идно прекажано време

- има-конструкции од глаголот носи,

- сум конструкции од забележи,

-можен начин од сака

9. Одреди го глаголското време, начин и видот на подвлечените глаголски форми:

- Влезете дома, оти заклучив. На влегување дома, видов дека светлото е запалено.

- Ако кажев, ќе згрешев. Ако згрешеше, ќе пропаднеше.

- Немој да ги носиш новите чевли. Немаше да згрешам, да внимавав повеќе.

- Нека помине човекот. Имал разгледано многу понуди.

- Ако дојдеше и тој, ќе беше повесело. Сме прашувале за тоа.

- Му фрлила око на момчето. Сме прашувани за тоа.

- Би разговарал со нив, ама не ги најде дома. Внимавајќи на детето, самиот падна. Gospod da me spasi
10. Подвлечи ги глаголските именки: досие, одделение, беззаконие, продолжение, враќање, дење

11. Образувај глаголски придавки од: води, ѕида, каже, стане, вика, запре

12. Образувај глаголски именки од: гледа, воспита, реши, игра

13. Образувај глаголски прилог од гледа, носи, пее, прочита

14. Активните реченици претвори ги во пасивни:

Архитектот изработи план за зградата.

Врвен мајстор изработува рамки за слики.

15. Одреди го видот на сврзниците, според типот на зависносложени или независносложени реченици, на
пример составен,спротивен и сл.
Ама________, да________, иако_______, кога__________, макар што________, па_________, додека_______,

Како да__________, кој и да___________којшто_________, за да____________, не само што---туку и_______

16. Подвлечи ги и одреди го видот на службените зборови во речениците:

Токму вие ми кажавте за тоа, ама сега не признавате.

За среќа, стигна на првиот час.

Да, ќе дојдеме вечер и ќе се видиме.

Токму ти ми требаше, мораш да дојдеш кај мене и да ми помогнеш.

17. Во каква функција се глаголските придавки?

Не се бега од пишаното.

Детето е прегледано.

18. Одреди го видот на подвлечените зборови!

Без сомнение, ќе победи.

Без сомнение, кое не можеш да го докажеш, немој да го обвинуваш.

Колку сме, толку сме, токму сме.

Многу често се сретнуваме во последно време.

Во Охрид одам често.


NEMALO DA IMA

You might also like