You are on page 1of 2

Ученик:

Годишен тест по македонски јазик


1.Подвлечи ги глаголите во дадениот текст, а потоа определи со кои глаголи се искажува
сегашност, минатост, а со кои идност.

БОСОТО ДЕТЕ

Плискаше студен есенски дожд. Силниот ветер со дождовните капки силно удираше во
прозорските стакла. По патот имаше кал. Ветрот си играше со дабовите гранки. Свиреше во
крошните, а дождовните капки го плискаа детското лице. Јоже ја скри книгата под палтото и скокаше
со босите нозе во калта.
Стигна во училиштето сиот наводенет. Очите му светеа од гордост. Ги победи и ветрот и
дождот.

Сегашност Минатост Идност

15/
2.Пронајди ги придавките во текстот„Босото дете“:

10/

3.Напиши ги личните заменки во:

Еднина Множина

8/
4.Подвлечи ги личните заменки во овие реченици:
а)Тој ми донесе десет балони.
б)Тие книги се многу убави за читање.
в)Јас сум многу примерна ученичка.
г)Таа сакаше да купи пет книги. 4/
5.Кои од следниве придавки: голема, дрвена, селска, шарена, кожна, нејзина, скршена, бабина,
стаклена , се :
Описни
Материјални
Присвојни
6/
6.Дадените реченици напиши ги во :
1) Снегулката паѓа. - минатост
_
2) Маре ќе учи математика. -сегашност
_
3) Марко свирел на виолина. - идност
_ 6/
7.Следниве именки напиши ги во множина: поточе,глава,ветер,човек, наставник,поле:

6/
8.Во следните реченици подвлечи го подметот со сина, а прирокот со црвена боичка.
Летото пристигна.
Птиците пеат најубави песни.
Детето спиеше во своето креветче.
3/
9. Прочитај го текстот, препиши го и поправи ги грешките( стави ги потребните интерпункциски
знаци и внимавај каде ќе употребиш голема буква).

ЈАС СЕ ВИКАМ ТЕО И ЖИВЕАМ ВО ГРАДОТ ВЕЛЕС МОЈОТ ДОМ СЕ НАОЃА НА УЛИЦАТА ГОЦЕ
ДЕЛЧЕВ УЧАМ ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ ВАСИЛ ГЛАВИНОВ САКАМ ДА ОДАМ НА УЧИЛИШТЕ А
НАЈМНОГУ ГИ САКАМ ПРЕДМЕТИТЕ МАКЕДОНСКИ ЛИКОВНО И МАТЕМАТИКА

12/

Вкупно поени 70 Освоени бодови:

0– 22 = 1 23 – 33= 2 34 – 44 = 3 45 – 55 = 4 56-70= 5

Стандарди за оценување: успешно делумно со потешкотии


Посочува примери за именки во трите рода и во формите за еднина и за
множина
Користи описни придавки во соодветен род и број
Користи глаголски форми за изразување дејства во сегашно, минато и идно
време.
Употребува лични заменки и форми од лични заменки
Составува реченици и соодветно ги користи интерпункциските знаци во
пишувањето
Составува реченици со две реченични функции/два реченични члена –
вршител на дејство и дејство.
Пишува зборови и реченици, почитувајќи ги правилата за почетна голема
буква
Одделенски наставник Родител

You might also like