You are on page 1of 4

ГЛАГОЛИ – повторување (II – ниво)

1. Што се глаголи?

2. Кое прашање си го поставуваш кога сакаш да го определиш глаголот?

3. Внимателно прочитај го текстот! Пронајди ги глаголите и обележи ги!

УПОРНАТА МРАВКА

Трчаше малата црномуреста мравка. Брзаше дома. Им носеше на своите мравчиња семка од
памук. На патот најде и семка од тиква, голема, вкусна и миризлива. Мравката ја остави
семката од памук настрана. Ја зеде и ја качи на грб семката од тиква, но не издржа. Семката
падна. Така, мравката ја качуваше семката многупати, а оваа паѓаше ли паѓаше.
Одеднаш мравката слушна тивко смеење. Разгледа наоколу и ја виде скакулката.
- Ти ја подигна семката веќе илјада пати – рече скакулката.
- Зар не ти здодеа? Ништо не ти оди од рака. Остави ја семката нека се одмара.
- Не му оди од рака на оној што малку размислува – одговори мравката.
И пак се фати за семката. Ја качи на грб и ја понесе дома.
Семката веќе не паѓаше.
Ете колку е упорна мравката.

3. Напиши 2 реченици и определи го глаголот во нив!

Ученик: ____________________ 27.11.2017


ПОКАЗНИ ЗАМЕНКИ

1. Во овие реченици обележи ги показните заменки.

Овој ученик е многу вреден. Оној цртеж многу убав. Тој спортист победи на трката.
Јас седам во оваа клупа. Маја учи во онаа училница. Таа вазна е многу скапа.
Миле седи на ова столче. Чие е она џемперче? Тоа бебе има четири месеци.
Овие деца убаво пишуваат . Оние цвеќиња убаво мирисаат. Јас ги купив тие патики.

2. Внеси ги показните заменки во табелата.

ЕДНИНА
РОД тука блиску далеку
машки род
женски род
среден род
МНОЖИНА

3. Напиши две реченици во кои ќе употребиш показна заменка!

_____________________________________________________________________________________

Ученик: ____________________ 27.11.2017


ГЛАГОЛИ – повторување (I – ниво)
Глаголи се зборови кои означуваат работа или дејствие.

Глаголите ни кажуваат што некој прави.

1. Подвлечи ги глаголите во речениците!

Децата се кријат под чадорот. (Што прават децата?)

Петре копаше во градината. (Што прави Петре?)

Никола игра во дворот. (Што прави Никола?)

2. Определи ги глаголите и во овие реченици!

Јована јаде пита.

Јана пишува домашно.

Борче чита книга.

ПОКАЗНИ ЗАМЕНКИ

1. Во овие реченици обележи ги показните заменки.

Овој ученик е многу вреден. Оној цртеж многу убав. Тој спортист победи на трката.
Јас седам во оваа клупа. Маја учи во онаа училница. Таа вазна е многу скапа.
Мојата другарка седи на ова столче. Чие е она џемперче? Тоа бебе има четири месеци.
Овие деца убаво пишуваат . Оние цвеќиња убаво мирисаат. Јас ги купив тие патики.

2. Внеси ги показните заменки во табелата.

ЕДНИНА
РОД тука блиску далеку
машки род
женски род
среден род
МНОЖИНА

3. Напиши две реченици во кои ќе употребиш показна заменка!

_____________________________________________________________________________________________

Ученик: ____________________ 27.11.2017


Спореди и провери ја точноста!

УПОРНАТА МРАВКА

Трчаше малата црномуреста мравка. Брзаше дома. Им носеше на своите


мравчиња семка од памук. На патот најде и семка од тиква, голема, вкусна и
миризлива. Мравката ја остави семката од памук настрана. Ја зеде и ја качи на
грб семката од тиква, но не издржа. Семката падна. Така, мравката ја качуваше
семката многупати, а оваа паѓаше ли паѓаше.
Одеднаш мравката слушна тивко смеење. Разгледа наоколу и ја виде
скакулката.
- Ти ја подигна семката веќе илјада пати – рече скакулката.
- Зар не ти здодеа? Ништо не ти оди од рака. Остави ја семката нека се одмара.
- Не му оди од рака на оној што малку размислува – одговори мравката.
И пак се фати за семката. Ја качи на грб и ја понесе дома.
Семката веќе не паѓаше.
Ете колку е упорна мравката.

Показни заменки

1. Во овие реченици обележи ги показните заменки.

Овој ученик е многу вреден. Оној цртеж многу убав. Тој спортист победи на трката.
Јас седам во оваа клупа. Маја учи во онаа училница. Таа вазна е многу скапа.
Мојата другарка седи на ова столче. Чие е она џемперче? Тоа бебе има четири месеци.
Овие деца убаво пишуваат . Оние цвеќиња убаво мирисаат. Јас ги купив тие патики.

2. Внеси ги показните заменки во табелата.

ЕДНИНА
РОД тука блиску далеку
машки род овој оној тој
женски род оваа онаа таа
среден род ова она тоа
МНОЖИНА овие оние тие

3. Напиши две реченици во кои ќе употребиш показна заменка!

You might also like