You are on page 1of 3

ГРАМАТИЧКИ РАБОТЕН ЛИСТ

ИМЕ И ПРЕЗИМЕ___________________________________________________

1. Што означуваат глаголите и колку времиња разликуваме кај глаголите?

Во следниве реченици подвлечи ги глаголите и одреди кога се извршува дејство


во речениците:
- Марко и Мирко ќе играат фудбал.
- Илија и Филип седат на клупата.
- Дарко возел велосипед на игралиштето.
- Јас учам од учебникот за четврто одделение.
- Од овој учебник учев минатата година.
- Од овие учебници ќе учам понатаму.
- Јас тргнав да одам кај Миле.
- Ние ќе играме на смотрите.
- Горан пее песна.

Минато време Сегашно време Идно време

1. Глаголот УЧАМ напиши го во сите времиња по лице и број.

Минато време Сегашно време Идно време


Еднина множина Еднина множина Еднина множина
Во овој текст подвлечени се сите глаголи.Со едни од нив се искажува сегашност, со други
минатост, а со трети идност.Препиши ги во онаа колона од табелата што им одговара
Глаголи со кои се искажува:
Сегашност______________________________________________________________
Минатост-______________________________________________________________
Идност_________________________________________________________________
Босото дете
Плискаше студен есенски дожд. Ветрот со дождовните капки жестоко удираше
во прозорските стакла.
- Едис денеска не можеш да одиш на училиште ,- му рече мајка му.
-Ќе одам мамо одлучно одговори детето .
- Немаш чевли зарем бос ќе одиш по овој дожд !
- Сеедно ќе одам.
По патот имаше кал Ветрот се играше со дабовите грнки .Свиреше во
крошните , а дождовите капки го плискаа лицето на детето.Едис ја скри книгата под
палтото и цапаше со босите нозе под калта.
Стигна во училиштето сиот наводенат.Очите му светеа од гордост.Ги победи и
ветрот и дождот.

Самооценување на учениците:

Можам самостојно да одредувам време кај глаголите.

Ми треба малку помош за да разликувам време кај глаголите

Тешко ми е да разликувам време кај глаголите.

Мислење на наставникот :
______________________________________________________________________
______________________________________________________________________
__________
Родител ___________________

You might also like