You are on page 1of 1

АКЦЕНТСКИ ЦЕЛОСТИ И КЛИТИЧКИ ИЗРАЗИ

Има зборови што не се акцентираат, односно се неакцентогени.

Неакцентогените зборови се викаат клитики.

Клитиките обично ги изговараме заедно со акцентогените зборови и со нив тие прават


акцентски целости.

(Клитики се, на пример, негацијата „не“, кратките заменски форми, предлозите, сврзниците,
честичките итн.)
На пр.: не ја п’ознавам, б`ез мене, с’естра ти, нос’ете ја.

Клитиките што стојат пред акцентогениот збор се викаат проклитики, а оние што стојат зад
акцентогениот збор се викаат енклитики.

Во нашиот јазик неколку зборови можат да се подведат под ист акцент. Група зборови
поврзани со заеднички акцент се нарекуваат акцентски целости.

You might also like