You are on page 1of 1

Летото е време за одмор и забава, и секоја година се отвараат безбројни можност за летни

авантури. Оваа година, летото за мене беше особено исполнето со авантури и незаборавни
спомени.

Летото го започнав со патување со меото семејство во Австрија и Шпанија. Патувањето ни


започна со истражување на Виена која е преубав град со многу убави градби и знаменитости.
По Виена отпатувавме во Малага, преубава туристичка дестинација во Шпанија. Имав прилика
да прошетам низ повеќе градови во близина на Малага, како што се Севиља и Марбеља и се
беше толку многу убаво, што не можам да издвојам кој град најмногу ми се допадна. Шпанија
е преубава земја, изобилува со многу убави плажи и храна и е мојата омилена земја во Европа.

По враќање од Шпанија, моите летни авантури продолжија со другарите во Турција. Голема


група на средношколци заминавме во Истанбул за да уживаме во неизмерна дружба и забава.
Тоа беше сосема поинакво доживување исполнето со прошетки низ Истанбул, многу забави,
крстарења и незаборавни дружби.

Дружбите со друштвото ги продолживме во Охрид. Оваа година сите мои познаници беа во
Охрид. Времето го поминавме со посета на бројните плажи на Охрид во текот на денот и
непрекинати забави навечер.

Крајот на летото го заокружив со вистински одмор во Грција, на плажа. Ова беше семеен
одмор со големо друштво и стандардни летни активности, играње табла, одбојка на плажа и
многу вечерни дружби.

Моето лето беше навистина исполнето со многу прошетки и незаборавни дружби.

You might also like