You are on page 1of 14

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА – СКОПЈЕ

Гастрономија, исхрана и диететика

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ГАСТРОНОМИЈА

ТЕМА: ШПАНСКА КУЈНА

Ментор: Кандидат:

Пом. Асс. м-р Душица Санева Катерина Стефановска 174892


Скопје, 2017г.

Содржина

Апстракт.......................................3
Вовед............................................4
Најважните карактеристики за
Шпанија........................................5
Шпанската кујна..........................6
Меѓународни шпански јадења 6
Кастиља....................................6
Каталонија................................7
Валенсија.................................................................................................................7
Фестивали....................................................................................................................8
Томатина - Традиционален шпански фестивал во мавање со домати..............8
Cavatast Фестивал...................................................................................................8
Риоха вински фестивал..........................................................................................9
Рецепти......................................................................................................................10
Паеља.....................................................................................................................10
Шпанска фритата...................................................................................................11
Заклучок.....................................................................................................................12
Користена литература..............................................................................................13
Апстракт
Во оваа семинарска работа ќе се задржиме на обработка на шпанската
кујна, општите карактеристики на земјата, гастрономските настани и
фестивали, шпанската култура и слично. Исто така, ќе дознаеме и неколку
шпански рецепти за да ни се доближи претставата за тоа на кој начин ја
приготвуваат храната и какви состојки користат при истата.

Клучни зборови:

Маслиново масло, шери домати, паеља, медитеранска кујна, вино.


Вовед
Шпанија е земја во југозападна Европа која го дели Пиринејскиот
Полуостров со Португалија, Гибралтар и Андора. Главен град на Шпанија е
Мадрид. На североисток, по Пиринејскиот планински масив, се граничи со
Франција и Андора. Шпанија ги вклучува Балеарските Острови во Средоземно
Море, Канарските Острови во Атлантски Океан, градовите Сеута и Мелилја на
север од Африка и неколку помали ненаселени острови на
средоземноморската страна на Гибралтар, како Хафиринските Острови,
„карпите“ на Велез и Алхукемас, и малиот остров Перехил.
Шпанската кујна е базирана на риба и морски плодови, зеленчук и месо.
Интересно е дека Шпанците користат најмногу масло при готвењето, во
споредба со сите други западни кујни. Сангрија е пијалакот со кој го покорија
светот.
Шпанија е ризница на вкусови и традиции, добрите познавачи знаат дека
Апенинскиот полуостров е место каде се јаде вкусна и квалитетна храна, се
дегустираат одлични вина, бренди и ликери. Високата култура на
социјализирање и хранење надвор е многу слична на македонската.
Шпанската култура како и македонската се изразито силни култури.
Локалното население ја вреднува својата традиција, особено гастрономските
вредности. Кога станува збор за кујните, различноста се состои во тоа што во
македонската не се застапени зачините кои ги имаме во изобилие сé додека
шпанската е пребогата со ароми кои произлегуваат токму од зачините. Рибата
и морските плодови не се наша водечка компонента во исхраната, но затоа
шпанците редовно конзумираат морска риба и плодови. Сличноста е во кујните
е во шпанскиот „тапас” кој кај нас е познат како мезе. Варијациите на прирпема
и конзумирање на голем број на зеленчуци и овошја е уште една сличност.
Шпанците за овошна салата го користат терминот „Салата Македонија”.
Најважните карактеристики за Шпанија
Во Шпанија ретко врне дожд, а оваа земја е една од најсончевите во
светот. Тоа особено се однесува на градовите и летувалиштата на
Медитеранот, каде што можете да уживате во сончевото време 300 дена во
годината. Значи, тука сончевите зраци често се пробиваат дури и во зима!
Мадрид, Барселона, Валенсија, Севилја, Малага, Билбао...земјата е
преполна со градови кои треба да се посетат барем еднаш во животот. Секој
од нив нуди голема култура, но и забава. Гастрономските задоволства се
загарантирани, па без разлика кој град ќе одлучите да го посетите, нема да ви
биде здодевно.
Да не заборавиме уште еден град: Гранада. Таму е сместена славната
мавританска палата Алхамбра, која денес поради своето значење и убавина е
една од најпосетените шпански знаменитости. Секако, се наоѓа на листата на
светско наследство на УНЕСКО.
Дали воопшто треба да ги набројуваме уметниците кои ни ги дала
Шпанија? Музејот на Салвадор Дали во неговиот роден град Фигуерас е место
кое мора да го посетите, а ако го сакате Пикасо, во неговата родна Малага ќе
најдете музеј со повеќе од 300 негови дела. Од друга страна, љубителите на
архитектурата ќе му се „поклонат“ на Гауди, чија (се` уште) недовршена
катедрала Саграда Фамилија е еден од симболите на земјата.
Провинциите Астурија и Кантабрија нудат совршени планини од кои многу
брзо ќе се спуштите на уште посовршени плажи. Така, на пример, по дишењето
на свеж воздух, веќе за половина час ќе бидете на песочна плажа и ќе пливате
во морските пространства.
Уште една работа по која се познати Шпанците е гастрономијата. На
пример, во Баскија се наоѓаат голем број на ресторани со Мишелинови ѕвезди,
но каде и да појдете секогаш ќе можете да изедете неколку фини тапаси. Исто
така, тука се произведуваат и одлични шунки, а и сирењето е добро. А, што да
кажеме за виното.
Да се вратиме уште малку на културната понуда, но и на архитектонските
убавини. Музејот кој го дизајнирал Франк Гери се наоѓа во Билбао и е еден од
најдобрите во светот. Постојаната колекција ќе ве воодушеви, а плус е тоа што
тука непрестано се одржуваат и нови атрактивни изложби.
Ги сакате Канарските или Балеарските Острови? Ако сакате да уживате во
сонцето и морето можете да се упатите во Тенерифе или Гран Канарија, а ако
сакате бурен ноќен живот, Ибица отсекогаш е позната како дестинација за
незаборавни забави.
Да, буквално разни. Така, во Барселона можете да уживате на познатите
музички фестивали како што се Сонар и Примавера, можете да појдете на
фестивалот Томатина и да се гаѓате со домати, а можете да појдете и во
Памплона и да трчате по улиците со бикови.
Сите љубители на велосипеди кои биле на Мајорка тврдат дека тоа е
најдоброто место во светот за возење на велосипед. Теренот е доволно
разновиден за да ги задоволи оние кои сакаат уличен, но и оние кои уживаат во
планински велосипедизам.

Шпанската кујна
Шпанската кујна може да се класифицира како една од медитеранските
кујни бидејќи има две основни карактеристики на медитеранската кујна -
маслиново масло и лук.

Меѓународни шпански јадења


Некои шпански јадења станаа интернационални благодарение на развојот
на туризмот во Шпанија. Светската слава доби "паеља", "фабада", "тортиља",
но условно кажано шпанското национално јадење е оброк сличен на
"босанскиот лонец", во зависност од тоа каде се подготвува се нарекува
"касидо". "оља", "поте", "пучеро". "Kosidło espanjol" (sp. Kosidose Еспањол)
секогаш се подготвува од неколку видови на месо, мешункаст зеленчук и
зеленчук карактеристичен за одреден регион на Шпанија. На југ се
задолжителни леблебии а на север "алувија" - огромен бел грав.

Кастиља
Кастиља е многу компактен ентитет во фолклорот и културата, пред се, за
кастиљи карактеристични се јагнешко и свинско месо. Познатото јадење е
јагнешко месо од Сеговија, кое е исполнето со сланина, а додека се пече се
прелива само со солена вода. Специјалитет е исто така мали прасиња, не
постари од 20 дена, и тешки не повеќе од 3-4 килограми.Се печат да омекнат
до тој степен што готвачот ги дели на порции со самата чинија, инаку тоа е
спектакл и составен дел од традицијата. Од тука, добро познати се колбасите,
кои се задолжителна состојка во многу јадења низ Шпанија. Во овие делови се
уште се популарни јадења од внатрешни органи. Познатиот специјалитет во
Мадрид е "каљос" - шкембиња кои се подготвени во сос од домати, кромид,
мајчина душица и ловоров лист, и исто така супа од лук (De Aho castellano).

Каталонија
Каталонија е регион за кој се смета дека има најдобра кујна. Сосовите се
клучна состојка на каталонската кујна. Софрито е апсолутно најпознат сос во
Каталонија, базиран најмногу на ориз, живина и риба, но тука се и "самфана"
(алденте варена мешавина од модар патлиџан, домат и пиперка) "пикада" (сос
од лук, магдонос и печени бадеми), "аил-оил" (класична медитеранска
мешавина на маслиново масло и лук што се мати додека не стане кремаста)
или "ромеско" именуван по еден вид пиперка од Тарагона.

Валенсија
Валенсија денес е најпознат по "паеља". Тајната на паељата е во
текстурата на оризот по готвењето, зрната во исто време се растресити, суви и
сочни. Во паељата можат слободно да се комбинираат свинско месо и школки,
јагнешко и јагули, грав и ракчиња, практично сите видови на месо, зеленчук и
риба. Без само едно нешто, не постои добра паеља, а тоа е шафран.
Фестивали
Томатина - Традиционален шпански фестивал во мавање со домати
Фестивалот „Ла Томатина“ официјално започна во 1945 година. И тогаш
во Бунол се одржуваше фестивал, но немаше гаѓање со домати ниту со што
било друго. Еден од присутните поради нешто се налутил и почнал да шутира
сѐ на што наишол. При тоа турнал и една тезга со зеленчук, а тогаш започнал
општ метеж, при што сите започнале да се гаѓаат со зеленчуци. Ситуацијата се
смирила по интервенција на полицијата. Во наредните години посетителите на
фестивалот почнаа да носат домати од своите домови за да се гаѓаат.
Меѓутоа, ова не е само „обично“ фрлање домати. Овој фестивал има
стриктни правила. Пред доматот да биде фрлен, мора да се згмечи со рака за
да ја намали силата на ударот. „Дрес кодот“ налага стара облека која после ќе
може да се фрли, а на нозете се носат патики, бидејќи сандалите можат да се
изгубат во сокот. Организаторите препорачуваат и носење очила за нуркање,
бидејќи киселината на доматот може да нанесе болка во очите.
Иако се троши огромна количина на домати, фестивалот носи добар
профит за гратчето од 10.000 жители, изјавил градоначалникот Рафаел Перез.
France Presse пренесува дека за овогодинешниот настан потрошени се 100.000
евра за организација, од кои 30.000 само на домати.

Cavatast Фестивал
Cavatast е тридневна прослава на Кава, пенливо вино на Каталонија кое е
направено на сличен начин како шампањ. Ова се одржува во центарот на
градот. Овој отворен фестивал се шири по должината на Рамбла де ла
Генералитат. Таа ги спојува производителите на Кава, туристичкиот сектор и
љубителите на добра храна и вино.
Подеднакво во центарот на вниманието на Cavatast, е локалната
гастрономија. Чоколадо, Кава, и традиционалната Каталонска кујна - тоа е сè
што постои за вашиот вкус и задоволство! Во прилог се храна и дегустации,
изложби, работилници, како и музика во живо.
Овој прекрасен, историски град во Каталонија е Кава град на Шпанија со
повеќе од 60 компании во регионот за производство на вина. Значи посета на
винариите во оваа област треба да биде број еден на листата на работи кои
треба да се направи за време на посетата.
Freixent е веројатно најголем и најпознат меѓународен производител на
Кава, и тука може да се земе винарска турнеја. Подрумите се огромни и
најдобро се гледа од малиот патнички воз кој патува низ подземните визби.
Colomer е основана од неодамна, во 1943, и е познат како производител на
високо квалитетни Cavas и вина.

Риоха вински фестивал


На 21st на септември, на празникот на Сан Матео, Logroño организира
церемонија на која новата жетва се нуди на Пресвета Богородица на Valvanera
- Ла Риоха патрон.
Тоа е главниот датум на фестивалот за вино Риоха, а во текот на една
недела можете да пробате вкусни гастрономски деликатеси, да гледате
огномет, да спортувате и да слушате концерти. Главната област на Риоха
вински фестивал е Пасео дел Есполон, но ќе најдете настани низ целиот град,
па погледнете ја програмата за да знаете што се случува каде.
Во денот на Сан Матео, 21 септември во паркот Пасео дел Есполон,
можете да ја видите церемонијата каде грозјето од различни лозја го носат
стотици деца и се влева во големо вино. После тоа двајца мажи облечени во
локални костими, со боси нозе го газат грозјето во голема дрвена када. Со
кружни движења се танцува се додека не може да се наполни бокал со првиот
сок што ќе биде понуден на статуата на Богородица од Valvanera.
Ова е свечена церемонија можете да очекувате да видите кога ќе ја
посетите Риоха Вино Жетва фестивал. Ќе можете да пробате гастрономски
производи и да ги видите некои работи што се вообичаени за овој регион и
Логроњо. Како што се Сан Матео пелота турнир, жива музика на улиците,
огномет и сл.
Рецепти
Шпанија има
огромна традиција на
полето на храната, но
нејзин главен рецепт по
кој е позната е паељата,
специјалитет кој се
подготвува со ориз,
пилешко и морски
плодови. И покрај тоа
што оригинално овој
рецепт потекнува од
Валенсија, денес може
да се најде насекаде низ земјата.

Паеља
Потребни состојки:
100 гр. кромид
100 гр. домати
350 гр. Пилешко месо
100 гр. боранија
100 гр. Грав
3 чешниња лук
4 срца од артичоки
2 пиперки (зелена и црвена)
300 гр. Школки
100 гр. Шкампи
2 чаши (за кафе) ориз
2 дл маслиново масло
Сол и бибер
Подготовка:

На загреано масло испржете го пилешкото месо и извадете го на чинија.


Пропржете го кромидот, додајте ја пиперката, лукот и излупените домати.
Мешавината залијте ја со вода и оставете да се свари. Во подготвената смеса
додадете го пилешкото месо, шкампите и школките, артичоките, боранијата и
гравот. Потоа додадете го оризот и оставете го на оган со повремено
долевање на вода.
Шпанска фритата

Потребни состојки:
4 млади компири (700 гр.)
1 кромид
4 големи јајца
сол
зејтин

Чекори за подготовка:
Земете ги младите компири и исецкајте ги на многу тенки кругови. Во
голем сад ставете го зејтинот, троа повеќе, ставете ги компирите и гледајте да
бидат покриени со зејтинот.
Пржете ги колку да омекнат. Да бидат пржени ама да не ја сменат бојата,
да не крцкаат. Треба да бидат меки. Две минути пред да ги извадите ќе го
додадете ситно сецканиот кромид. И тој треба да омекне. Со решетка за
вадење извадете ги компирите заедно со кромидот и ставете ги во цедалка
убаво да се исцедат и оладат.
Во друг сад, скршете ги јајцата, додадете сол и убаво изматете ги. Откако
компирот е оладен, додадете го во јајцето. Нежно промешајте.
Во тава за пржење ставете масло, загрејте ја, но не на најјака
температура. Нешто помалце од максимум. Префрлете ги компирите и гледајте
секој компир да биде потопен во јајце. Покријте го садот (не целосно, нека
дише малце) и пратете како се готват.
Кога ќе биде скоро при крај, нема да може целосно да се испржи,
одлепете го крајот од тавата. Протресете ја и треба да осетите како фритата
сама се одлепува од тавата. Земете еден поголем тањир и ставете го врз
тавата. Превртете ја тавата и дочекајте ја фритата на тањирот. Она што ќе
истече во тањирот зачувајте го, ќе го употребиме.
Во тавата додадете уште малку масло, исцедете ги течностите директно
од чинијата и така наместената фритата излизгајте ја назад во тавата. Вака ќе
се допржи до крај.
Пржете додека долниот дел не добие убава боја. Исто како горната
страна. Извадете ја во голем тањир и оставете да одмори 10 мин пред да ја
служите.

Заклучок
Шпанија е држава што изобилува со зачини, вкусови и разновидна
гастрономија. Шпанската кујна е позната по користењето на маслиново масло,
бадеми, шери домати, морска храна и многу зачини.
Доколку сите овие додатоци ги додадеме во пилешко месо, солениот
бакалар или морската храна слободно можеме да се почувствуваме како да се
наоѓаме во Шпанија.
По сето погоре изнесено, дознавме дека во Шпанија има шест големи
гастрономски зони, тоа се Северна Шпанија, Пиринеите, Каталонија, Валенсија
и Андалузија.
Во оваа семинарска работа, исто така наведовме и два традиционални
шпански рецепти кои би ни го доловиле вистинскиот шпански амбиент.
Користена литература
 http://mk.allexciting.com/rioja-wine-harvest-festival/
 http://mk.allexciting.com/cavatast/
 https://kajgana.com/festival-na-borba-so-domati-vo-shpanija
 http://tocka.com.mk/vesti/229779/10-pricini-poradi-koi-spanija-se-uste-e-broj-
eden-turisticka-destinacija

You might also like