You are on page 1of 4

Француска кујна

Вистинскиот развој на француската кујна започнува со Катерина де Медичи. Кога во


1533 -тата година таа заминала за Франција за да се омажи за кралот Хенри Втори,
таа покрај личните работи, на пат ги повела готвачите, келнерите и слаткарите.
Катерина со право била сомнителна кон гастрономската култура на францускиот
двор, затоа што на почетокот на 16 век, таа била катастрофална. Особено
популарни биле егзотичните, скапи производи, додека свежите локални производи
се сметале за помалку вредни. Катерина успева тешките бокали да бидат заменети
со елегантни чаши од венецијанско стакло, се започнува со употреба на емајлирани
садови и вилушки, што за Французите дотогаш била непознаница. Голема
популарност добиваат тестенините, зеленчукот и ароматичните растенија.

Француската кујна денес


Смислата за подготвување на добра храна кај Французите е природна. Едноставни
луѓе кои за храната зборуваат со посебен жар и при тоа изненадувачки е знаењето
кое го покажуваат. Со начин на вреднување Французите развиле рафиниран вкус за
подготвување извонредни специјалитети.
Јадењето кај Французите не претставува само конзумирање на храна, туку и време
за дружење и релаксација. Ручекот најчесто се состои од три, а неретко и четири
јадења: предјадење, главно јадење, сирење и десерт.
Реномето на француската кујна е засновано на големиот број сирења, преработки од
месо, шампањ, коњак, вино и др. За време на јадењето се пие вино, кое има статус
на прехрамбен производ.
Денес не постои француски винар кој ќе ви предложи одредено, а да не ве
посоветува со кое јадење највеќе одговара.

СУПИ
Секое традиционално мени започнува со супа, Супата е за јадењето,тоа што е
убавиот двор за куќата. Најпознати француски супи се супа од лук,
супа од грав, кремаста супа од тиква, и познатата авињонска супа.

супа од лук
СИРЕЊЕ
Франција е земја во која се произведуваат повеќе од 370 видови на сирење. Секој
вид на сирење говори за регионот во кој е произведен и е резултат на посебната
клима, вегетација, фауната и традиционалниот начин на подготовка. Се разбира
дека за време на оброкот сирењето не смее да недостасува.

КРОАСАН
Кроасан, што во превод значи полимесец е омилено печиво кај Французите, а
потекнува од Унгарија.

СЕНФ
Уште од времето на Карло Велики,
селаните знаеле да подготвуваат сенф,
што набрзо се проширило низ цела Франција.
Во тоа време во 1300- та година во
Париз имало 10 производители на сенф,
а во 1650- та година 600.
Сенфот се смета за универзален зачин.
Тој го засилува вкусот, а посебно е добар
за преливите за салата, месо и риба.

ВИНО
Во француските вина се соединуваат многу карактеристики на регионот од кој
потекнува:
структурата на земјата и нејзиниот состав,
положбата и косината на земјиштето,
бројот на сончеви денови,
количеството на врнежи, мразот и
ветрот.
Виното говори за човекот кој го
произведува.
Тоа го отсликува неговиот карактер,
неговото културно и историско
наследство,
неговата филозофија и етика.

Најпознати региони на вино во Франција се Бордо, Божоле, Кот ди Рон и Прованса.

ШАМПАЊ
Шампањот е заштитно име на природното пенливо вино, кое се произведува од
грозје и вино по посебна постапка. Секоја прослава е незамислива без Шампањ.
Отворањето на ова шише претставува прослава само по себе. Постојат многу
причини кои влијаат на вкусот на
шампањот. Вкусот може да биде лесен,
овошен, цветен, свеж, зрел, едноставен
или комплексен. Шампањот може да се
служи како аперитив, со главното јадење
или со десертот. Одговара за сите
пригоди само треба да биде избран оној
вистинскиот.
КОЊАК
Коњакот е алкохолен пијалок кој се добива
со двојна дестилација на виното произведено
во истоимената област во Франција.
Производството на коњак започнало во 17
век, а самото име се појавува во 1783-тата
година. Карактеристичната арома на
коњакот се постигнува со чување во дабови
буриња. Коњакот стар до 5 години е светло
жолт со вкус на ванила, коњакот стар помеѓу 5 и 10 години има потемна боја и
поизразен вкус. Дури по 30 години доаѓа до мало намалување на процентот на
алкохол, а по 50 години коњакот има 40% алкохол и може да се користи како
пијалок. Но концентрацијата на алкохол може да се корегира и со дестилирана вода.
Сепак и покрај се што прочитавте, француската кујна најдобро ќе ја запознаете,
доколку ја дегустирате.

Из р
а бо т
и л:

Санела Хоџич VІІ4

You might also like