You are on page 1of 2

Ѓорѓиja Пулевски

(Галичник, 1822/23 – Софија, 1893) – печалбар-ѕидар, комита, доброволец во Српско-турската и


војвода во Руско-турската војна, востаник и војвода во Кресненското Македонско востание, но
амбициозен автодидакт – учебникар, лексикограф, граматичар, историчар, поет и собирач и
објавувач на народното творештво и преродбенски идеолог на македонското национално
будење и револуционерно ослободително движење

Во комитското движење во Македонија навлегува по 1847 г., а по печалбата во Романија,


доаѓа во Белград и како „прв наредник на понтонерска чета”, заедно со четата на Иљо
Малешевски, зема учество во борбите со турскиот гарнизон (1862–1863).

Собира лексички и други материјали по Северозападна Македонија и го објавува во Белград


првиот македонско-српско-албанско-турско-грчки речник (1873), а по две години и вториот
речник од три јазика (словеномакедонско-албанско-турски), каде што првпат ја изложува
македонската национална идеологија, декларирајќи дека „и Македонциве се народ и местото
нивно е Македонија”, дека „Нашето отечество се велит Македонија и мие се именуваме
с.Славјано-Македонци” и дека „македонскиот јазик е најсроден со црковнославјанските книги
и тој је старославјански”.

Во тоа време ја предлага за објавување (1875) и првата верзија на граматиката („Речница”). По


учеството во Српско-турската (1876) и во Руско-турската војна (1877–1878), со својата чета како
авангарда на руските војски стигнува до Пијанечко во Источна Македонија.

За учеството и храброста добива орден „Св. Ѓорѓи” и светлобронзов медал, како и сабја од
рускиот император и е назначен за управник на Тројан и потоа на ослободениот Ќустендил

По Берлинскиот конгрес (1878), кога само Македонија и е вратена на Турција и беше


предизвикано Кресненското Mакедонско востание (1878–1879), тој се вклучува како војвода и
член на Воениот совет и останува последен на борбените позиции (1879).

Незадоволен од резултатите на ослободителното движење, се стационира во Софија (со


сопругата и двете деца, како и со децата од убиената сестра), и се оддава на собирачка и
творечка дејност.

Сепаратно ја објавува првата револуционерна поема на македонски јазик Самовила


Македонска (1878) и првата дводелна стихозбирка на македонски (со свои и народни песни)
„Македонска песнарка” (1879). По една година е напечатен и првиот дел од учебникот
„Слогница речовска”(1880) што претставува прва печатена граматика на македонскиот јазик.

Долго работи врз подготовката на ракописот „Јазичница”, а ја завршува и обемната


„Славјанско-Mакедонска општа историја” (1892) што претставува прва историја на
македонскиот народ од Македонец и најобемно дело на македонски јазик до
Ослободувањето.

Приврзаник на идеологијата дека и античките Македонци биле Словени, особено внимание


посветува на историјата на македонската династија и посебно на Филип и на Александар,
создавајќи ја и првата македонска верзија на „Александридата”. Не се пронајдени неговите
најавени ракописи: Родословница, Речница, Народна песнословница, Смисленица и Обичаи и
песни југословенски.
Како претходник и современик на „лозарите”, ја организира првата позната книжевна
асоцијација Словенскомакедонската книжевна дружина (Софија, 1888) што имала цел „да ја
прероди народната македонска литература”.

Со своето учебникарско, лексикографско, филолошко, литературно и историографско


национално дело и со учеството во војните и во востаничко-револуционерното движење
Пулевски стана меѓник меѓу две епохи од македонската историја: ги набележа националните
задачи врз основа на културно-историското наследство, ги истакна потребите на својата
современост и очекувањата за иднината на Македонија.

You might also like