You are on page 1of 2

Македонскиот јазик меѓу двете светски војни

По Балканските војни ( 1912/1913 година) Македонија е поделена меѓу соседните држави со што се отежна
општествено – културниот и просветно – образовниот живот и се усложни јазичната ситуација. Во периодот меѓу
двете светски војни во Македонија во официјална употреба се наметнуваат јазиците на соседните држави:

- Во јужнит дел ( Егејска Македонија) – грчкиот


- Во северниот дел ( Вардарска Македонија) – српскиот
- Во источниот дел (Пиринска Македонија) – бугарскиот

Овој период се карактеризира со асимилаторска политика на соседните држави кон Македонија и македонскиот
народ. Македонскиот јазик во текот на целиот овој период е забранет за официјална употреба. Истовремено се
врши целосно фалсификување преку присвојувње ( во српската и бугарската наука) или уништување ( во грчката)
на македонската национална историја, литература и култура, па и на географијата: се брише географското име
Македонија и се заменува со Јужна Србија или Вардарска бановина за делот под српска власт и со Северна Грција
за делот под грчка власт, додека бугарската администрација за целата македонска територија го употребувала
името југозападна Бугарија.

Најостри мерки против македонскиот јазик се спроведуваат во Егејска Македонија, во составот на Грција
каде што со закон се забранува македонскиот јазик дури и за домашна употреба. Ваквата агресивна политика на
Грција била претставена пред Друштвото на народите / највисока меѓународна органнизација во тоа време/
поради што врз грчката влада ќе се изврши притисок и таа ќе биде приморана да изготви буквар по македонски
јазик – Абецедар/1924/. Абецедарот бил напишан на лерински гово со латинично писмо, содржел куси текстови
на македонски јазик, но никогаш не нашол практична примена. Значењето на Абецедарот е во тоа што значи
официјално признавање на македонскиот јазик пред меѓународната јавност.
Прашањето за отворање македонски училишта во Грција повторнно се актуализира во 1935 година, но
без успех.
Во делот од Македонија којшто влегол во состав на Кралството СХС/ подоцна преименувано во Кралство
Југгославија/ како официјален јазик бил наметнат српскиот. Тој е јазик на администрацијата, на образованието и
на јавната комуникација. Макеоднскиот јазик е сведен на дијалект за домашна употреба, но наоѓа и своја форма
во регионалната литература. Тој станува јазик на театарската сцена – се пишуваат и се изведуваат драми на
македонски јазик. Тогаш на територија на цела Југославија актуелни биле фолклорни драми пишувани на
народен говор. Во Македонија овој процес започнува со драмата Ленче Кумановче/1928/ подоцна преименувана
во Бегалка, од Васил Иљоски. Драмата е напишана на кумановски говор. Следи драмата на Антон Панов,
Печалбари, првично напишана на дојрански говор, но веднаш потоа јазично ја преработил на
западномакедонското наречје. На овие заложби да се пишува на народен македонски јазик се надоврзува Ристо
Крле со драмата Парите се отепувачка напишана на струшки говор.
Значењето на овие драмски текстови е во афирмацијата на употребата на македонски јазик. Исто така, во
литературната публицистика повремено се печатат литературни прилози на македонски јазик.
Освен во драмата како род, книжевни пројави на македонски јазик се остваруваат и во поезијата. Се
печати стихозбирката Бели мугри на Рацин во 1939 година. Со ова дело напишано на велешки дијалект
официјалната југословенска администрација дефинитивно се соочила со фактот дека македонскиот јазик
доживува еманципација на литературниот јазик.
Бугарија го забранува македонскиот јазик за официјална употреба, а асимилаторската политика на
Бугарија има за цел да го уништи македонскиот национален идентитет. Македонската емиграција во Бугарија е
активна во однос на објавување литературни дела на македонски јазик. Целата активност на македонската
емиграција се одвива преку Македонскиот литературен кружок во Софија. Позначајни книжевни појави од овој
период се поетските збирки Мскавици/1940/ и Пеш по светот/1941/ на Коле Неделковски напишани на
западномакедонско наречје, велешки говор.
Кодификација на македонскиот стандарден јазик
Што претставува кодификација/

Кодификација е официјално оззаконување на стандардниот јазик и на неговата употреба во практика.


Кодификацијата опфаќа систематизација на задолжителни јазични правила и утврдување на задолжителна
јазична норма. Со кодификацијата се заокружува државноста на една општествена заедница.
Кодификацијата на македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани
- Со решението на Првото заседание на АСНОМ / 2 август 1944/ за воведување на македонскиот како
службен јазик во македонската држава
- Со официјално усвојување на македонската азбука 5 мај 1945
- Со официјално усвојување на македонскиот правопоис 7 јуни 1945
Во ноември 1944 година Президиумот на АСНОМ назначил комисија од македонски филолози и општествени
дејци со цел да достават предлог за азбука и за правопис на македонскиот јазик. По првично неусогласување на
ставовите, прашањето за азбуката и правописот се решило во мај / јуни 1945 година со поставување на следниве
принципи
- Во македонскиот литературен јазик треба да се установат оние форми од централните говори што во
најголем степен ќе ги поврзат сите наши говори и ќе бидат лесно приемливи за луѓето од сите наши
краишта.
- Во македонскиот стандарден јазик треба до најголем степен да се изрази неговата народна основа.
Речникот на стандардниот јазик да се обогатува со зборови од сите наши дијалекти, да се создаваат нови
зборови со живи наставки, и само колку што е потребно да се усвојуваат и туѓи заемки.
- Македонскта азбука треба да биде составена од толку букви колку што има гласови во стандардниот
јазик. Правописот да се изработи врз фонетски принцип.

You might also like