You are on page 1of 15

Учебникарската дејност во Македонија

• Учебникарската дејност во Македонија започнала да се развива кон средината на 19


век.
• По појавата на просветителството и првите книги на народен македонски јазик
на почетокот од 19 век, кон средината на векот почнало да се поставува прашањето
за формирање единствен јазик, литературен јазик, кој ќе се употребува во
училиштата, како и за пишување текстови, учебници и друга литература.
• Иницијативата за пишување македонски учебници на македонски
(народен) јазик била оневозможувана од страна на грчката и бугарската
страна кои го наметнувале своето влијание во Македонија.
• Учебникарството претставува значаен фактор во развојот на македонската
културна и национална посебност.
Учебникари
Партениј
Зографск
и
Партениј Зографски
(Галичник,1818-Цариград,1876)
Еден од најистакнатите учебникари,фолклорист,филолог,прв македонски
митрополит.
Роден како Павле Тризлоски,син на Доста и Василко.

Првото образование го добил во манастирот Св.Јован Бигорски,а потоа во Охрид


бил ученик на Димитар Миладинов.
Се образувал во многу градови (Солун,Атина,Одеса,Киев,Москва,Цариград),а се
замонашил во манастирот Зографски(на Света Гора,1842г.)под името Партениј.
Неговиот животен пат е врзан за Бог и за сопствениот народ.
Партениј Зографски се залагал за создавање македонски литературен јазик врз основа на
западномакедонските говори.

Познат е неговиот став:


,,Учи напред книга на свој јазик,после ако имаш време,учи и на други јазици.
Тој што учит книга толко на туѓ јазик,а не на својот, тој е еднаков со оној што ја отфрлјат
мајка си и на место неја земат друга“.
Незадолжително!

Бил полиглот — покрај македонскиот,


знаел грчки, латински, хебрејски, старохалдејски, француски
, руски и бугарски. Работел како учител во богословското
училиште на Зографскиот манастир, професор по
црковнословенски јазик во богословското училиште на
островот Халки кај Цариград. Партениј бил и духовник на
рускиот царски двор.
Творештво

• Партениј Зографски бил првиот преведувач помеѓу јужните Словени, кој го


превел „Житието на св.Климент“ на народен јазик.
• Автор е на Кратка словенска граматика, преку која се поставуваат темелите на
денешната граматика на македонскиот јазик.
• Пред појавата на Партениј Зографски во училиштата се предавале само грчката
и старословенската граматика, а тој оди подалеку - се впушта во пишување на
граматиката на Словените на балканскиот простор под Турците, во која ги
систематизира разликите меѓу бугарскиот и македонскиот јазик на научна
основа.
Ѓорѓија Пулевски
Ѓорѓи Пулевски
(1817,Галичник- 1893,Софија)

• Ѓорѓија Пулевски, самоукиот галички ѕидар и печалбар, еден од првите комити и


револуционери, војвода и поет, учебникар, фолклорист и етнограф, лексикограф,
граматичар, историчар и културно-национален идеолог е најизразитиот и
најголемиот македонист во ова време.
• Тој е автор на првата печатена македонска граматика и автор на еден од
првите речници на македонски јазик.
Тој е роден во селото Галичник и од печалбар-ѕидар го продолжува својот живот низ разните
ослободителни војни и востанија во целата втора половина на 19 век.Тој се бори за слобода на
својот народ (истакнат комита),но и на другите балкански народи.

Учествува во Српско-турската војна, Руско-турската војна(добива орден од Русите).Учесник во


познатото Кресненско востание каде се бори за слобода на
Македонскиот народ.
Творечката дејност на Ѓорѓија Пулевски
„Речник од четири јазика“ (1873);
„Речникот од три јазика“(1875) (Извадок од „Тријазичникот“: Што се велит народ? – Народ се велит људи
који се од еден род и који зборувајет еднаков збор и који живувајет и се другарат еден со други и који имејет
једнакви обичаји и песни и весеља. Тие људите ји викајет народ, а место во које живуват народ се велит
отчество од тој народ. Така и Македонците се народ и местово нивно је Македонија.), каде јасно ја изразува
идејата за посебноста на македонскиот народ;
стихозбирката „Македонска песнарка“(1879), која содржи три лични и повеќе народни песни;
патриотско-политичка поема,,Самовила македонска,(1879)год.;
првата граматика на македонскиот народ „Слогница речовска“ (1880) и
обемната и значајна историја „Славјано-македонска општа историја“(1892) завршена непосредно пред
неговата смрт.

Ѓорѓија Пулевски е учебникар, лексикограф, граматичар, етнограф, фолклорист и


историчар.
Други учебникари

Освен Партенија Зографски и Ѓорѓија Пулевски, во


средината на 19 век, учебникарската дејност ја
продолжиле и: Јордан Хаџи Константинов-Џинот и
Кузман Шапкарев.
Јордан Хаџи Константинов-Џинот учителствувал во
Велес и Скопје, пишувал песни и драмски текстови за
потребите на училиштето и сето тоа го правел на народен
јазик.
Ја напишал „Таблица перваја“, првиот буквар (кој
всушност бил нешто налик на ѕиден весник).
Кузман Шапкарев пишувал учебници, но н
а бугарски јазик. Освен, осмата книга „Мајч
ин јазик- буквар“, напишан на охридски гов
ор.

You might also like