You are on page 1of 1

Почетоци на словенската писменост

Јазикот на словенската писменост е познат како старословенски јазик.


- Тој се создава врз основа на глаголицата,првата азбука на
старословенскиот јазик (создадена од Кирил и Методиј во 863 година),
а врз основа на гласовните карактеристики на македонските Словени
од околината на Солун.
- Описменувањето на Словените започнува од територијата на
западните Словени (Моравија),потоа кај јужните Словени и на крај кај
источните Словени.
- Кај јужните Словени познати се две книжевни школи (Преславската –
кај Бугарите и Охридската - кај Македонците)
- Најголемо значење за првиот книжевен јазик кај Словените има
Климент Охридски(кој е и првиот оригинален автор во словенската
литература).
- Писмената активност на Словените се дели на 2 периоди:
*старословенски (средина на IX докрајот на XI век)
* црковнословенски (XII – XVIII век), кога се развиваат варијантите
(националните јазици)
- Најстарите пишани споменици на глаголица датираат од X от век и се
од Македонија (Зографско евангелие,Асеманово евангелие и Марииново
евангелие) , од Охридската книжевна школа.
-Најстарите ракописи на кирилица датираат од IX-XI век и се од Бугарија
(Преславската книжевна школа).Тоа се:Самуиловата плоча,Варошкиот
натпис, Битолската плоча и др.
- со изучувањето на старословенскиот јазик се занимава славистиката.

You might also like