You are on page 1of 1

Дијалектологија

- Кодификација

Треба да се создаде азбука (мај, дадена пред комисија, која ја одобри), потоа е потребен
правопис (јуни, кој исто така бил одобрени, 1945 година). Потоа е напишана граматиката во два
дела 1952/54 од Блаже Конески. Понатаму излегува од печат речникот, кој потоа се
систематизира, по азбучен ред, најчесто. Речникот од 60-65 што излегува е систематизиран по
почетните букви. А на крај е потребна историјата на македонскиот јазик. Со тоа се заклучуваат
сите потребни работи за кодификација.

- Лингвистиката има повеќе научни дисциплини, кои ни даваат информации за сите јазици.
Една од тие дисциплини е дијалектологијата.
- Македонскиот јазик припаѓа во источно јужнословенска група јазици.
- Од 9 век започнува да се изучува историјата на македонскиот јазик. Употреба на
глаголицата, од 9ти до крајот 11ти се употребува старословенскиот јазик. Во 10 век во
Преслав излегуваат првите текстови со кирилицата. Црковнословенски јазик од 12ти до
18ти го има во литературата, кој бил варијанта на словенските јазици.

Разлика помеѓу дијалектниот и стандардниот јазик. Врз основа на централните македонски (Велес
(со Поварадарието), Прилеп, Битола и Охрид (западни македонски говори)) говори се
оформува/кодифицира стандардниот јазик. Стандарниот јазик има правопис и правоговор, а
дијалектниот – нема. Стандарниот јазик има поголема застапеност. А, поголема традиционалност
има дијалектниот.

Дијалект/говор/наречје. Говорнииот јазик ќе биде дијалект на еден регион. Балканот е регион кој
има повеќе дијалекти во говорена форма, на старословенскиот јазик. Најмала единица на
дијалектологијата е говорот, поголема е дијалектот, а најголема е наречјето. Дијалектот
обединува повеќе говори (битолски, прилепски), а повеќе дијалекти формираат наречје.

Ватрослав Јагиќ, Ватрослав Облак.

You might also like