You are on page 1of 54

СОДРЖИНА (клик на то шо ти требит хехе)

1. Јазик
a. Лингвистика
b. Поделба на јазиците
c. Историски развиток на македонскиот јазик
d. Погледи на просветителите
e. Фонетика и фонологија
f. Акцент
g. Правопис
h. Морфологија и морфосинтакса
i. Именки
ii. Придавки
iii. Заменки
iv. Глаголи
v. Прилози
vi. Предлози
vii. Честици
viii. Сврзници
ix. Модални зборови
i. Лексикологија
j. Синтакса
i. Реченица
ii. Сложена реченица
k. Фразеологија
l. Стилистика
m. Дијалектологија
2. Литература
a. Наука за литературата
b. Теорија на литературата
c. Поделба на литературата
i. Лирика
ii. Епика
iii. Драма
d. Стилски изразни средства
e. Литературно-научни видови и публицистика
f. Македонска литература
i. Средновековна литература
1. Панонски легенди
2. Климент Охридски – Похвално слово
3. Црноризец Храбар – О писменех
ii. Просветителство во Македонија
1. Јоаким Крчовски – Слово заради завист
2. Кирил Пејчиновиќ – Слово за празниците
3. Јордан Хаџи Константинов-Џинот – Труд ми е името
iii. Романтизмот (преродбата) во Македонија
1. Димитрија Миладинов – Собирачка дејност
2. Константин Миладинов – Т’га за југ
3. Григор Прличев – Сердарот
4. Војдан Поп Георгиев Чернодрински – Македонска крвава
свадба
iv. Македонската литература меѓу двете светски војни
1. Васил Иљоски – Чорбаџи Теодос
2. Ристо Крле – Парите се отепувачка
3. Антон Панов – Печалбари
4. Кочо Рацин – Бели Мугри
v. Македонската литература по Втората светска војна(современа
литература)
1. Ѓорѓи Абаџиев – Пустина
2. Петре М Андреевски – Пиреј
3. Живко Чинго – Големата вода
4. Блаже Конески
5. Ацо Шопов
6. Коле Чашуле
7. Горан Стефановски
8. Ташко Георгиевски
g. Светска литература
i. Стара литература
1. Гилгамеш
2. Хомер – Илијада
3. Софокле – Цар Едип
ii. Ренесанса
1. Данте Алигиери – Пеколот
2. Вилијам Шекспир – Хамлет
iii. Класицизам
1. Молиер – Тартиф
iv. Романтизам
1. Лорд Џорџ Гордон Бајрон – Странствувањето на Чајлд
Харолд
2. Александар Сергеевич Пушкин – Евгениј Онегин
v. Реализам
1. Оноре де Балзак – Чичко Горио
vi. Модерна литература
1. Едгар Алан По – Гарванот
2. Шарл Бодлер – Цвеќиња на злото – Албатрос
vii. Егзистенцијализам
1. Албер Ками – Странецот
2. Франц Кафка – Процес
viii. Реализам-Натурализам
1. Антон Павлович Чехов – Избор раскази
ix. Антидрама/Театар на апсурдот
1. Семјуел Бекет – Чекајќи го Годо
ЈАЗИК
Лингвистика – наука за јазикот
Поделба:

1. Фонетика – наука за создавањето, артикулацијата и звучното примање на


гласовите
2. Фонологија – наука за гласовите како смислоразликувачки единици
3. Морфологија – наука за зборовите и нивните форми
4. Синтакса – наука за правилниот редослед на зборовите во реченицата
5. Лексикологија – наука за зборовниот состав на јазикот
6. Лексикографија – наука за составување речници и лексикони
7. Фразеологија – наука за зацврстените зборовни состави со преносно значење-
фразеологизми
8. Зборообразување – наука за начините на образување на зборовите
9. Стилистика – наука за различните стилови на изразување
10. Дијалектологија – наука за различните дијалекти на еден јазик
Граматиката е дел од лингвистиката која ги опфаќа фонетиката(и фонологијата),
морфологијата и синтаксата
1. Поделба на јазиците

Јазик – апстрактен систем од знаци што служи за комуникација меѓу луѓето.


Говорот е конкретно остварување на јазикот.
Се дели на:
живи – јазици кои се зборуваат и денес
неживи – јазици кои повеќе не се зборуваат: латински, старогрчки, старословенски,...

Јазиците се делат според сродноста во семејства, а семејствата во групи.


Македонскиот јазик се наоѓа во источната подгрупа на јужната група словенски јазици
од индоевропското семејство.

1.1 Национален(општонароден) јазик


Народен јазик – јазикот кој го говорат луѓето при изградбата на свеста за припадност
кон една заедница.
Национален јазик – јазикот кој го употребува една нација(сите негови варијатни)
Се дели на:
Стандарден – литературен
Нестандарден – дијалекти и жаргони
1.2 Дијалектен јазик (народен говор)
Дијалект е јазик што го говори група луѓе која е географски одделена од друга група
луѓе.
Група дијалекти образува дијасистем.
1.3 Стандарден (литературен) јазик
Тоа е јазикот кој се употребува официјално во литературата, администрацијата,
училиштата, медиумите.
Стандардниот јазик:
-Има пропишана норма на употреба
-Го знаат сите припадници на една нација и ги обединува
-Изграден е врз основа на еден дијалект или група дијалекти
-Преставува наддијалектна форма
-Стандардниот се создава од дијалектниот и постојано од него се надополнува.
1.4 Видови писма
1. Пиктографско писмо – најстар организиран систем на знаци.
Пиктограми се цртежи на предметите, на јазично ниво одговараат на речениците
2. Идеографско писмо – поразвиена форма на пиктографското.
Идеограми се упростени цртежи со симболичко значење. На јазично ниво
одговараат на зборовите.
Најпознати идеографски писма се клинестото писмо од асировавилонската и
месопотамската цивилизација и хиероглифското од египетската цивилизација.
3. Фонетско писмо – гласовно писмо, односно писмо кај кое секој глас се бележи со
еден знак.
2. Историски развиток на македонскиот јазик
2.1 Почетоците на словенската писменост
2 периода – старословенски (IX-XI век) и црковнословенски (XII-XVIII век)

Старословенски период (IX-XI)


863 година – Св. Кирил ја создава глаголицата и со тоа се создава словенската
писменост
869 година – Св. Кирил го убедува Римскиот папа да го признае словенскиот јазик,
со што старословенскиот станува рамноправен со грчкиот, латинскиот и еврејскиот и
се употребува во богослужбата.
Прасловенски јазик се викал јазикот на старите Словени пред создавањето на
азбуката
Старословенски јазик се викал јазикот по создавањето на азбуката. Тој е прв
литературен јазик на сите Словени. Тоа е јазикот на Словените кои живееле во
околуната на Солун во 9-от век.
Глаголица – создадена малку подоцна врз основа на грчкото писмо, 44 букви.
Словенската писменост се одвивала во:
Македонија – Охридска и Лесновска книжевна школа – глаголица
Бугарија – Преславска книжевна школа - кирилица
Зачувани текстови: Со глаголица, во Македонија: Зографско, Асеманово и
Мариинско евангелие
Црковнословенски период (XII-XVIII)
Функција – ширење религија
Главна карактеристика – варијанти (македонска, српска, полска, руска,...)
Дамаскини – текстови кои се појавиле меѓу XV и XVIII век. Именувани според
проповедникот Дамаскин Студит. Проповедал да се пишува на разбирлив и
едноставен јазик. Така уште повеќе народниот навлегувал во црковниот јазик.
Се појавило раслојување – висок стил – црковнословенскиот(во богослужбата) и низок
стил – народниот јазик (се употребувал во преписки и правно-административни
текстови – грамоти)
2.2 Македонскиот јазик во семејството на јужнословенските јазици
Македонскиот јазик му припаѓа индоевропското семејство, во групата на јужните
словенски јазици, источна подгрупа.
2.3 Погледите за македонскиот јазик на просветителите(Пејчиновиќ, Синаитски,
Крчоски, Џинот)
1. Јоаким Крчовски – 1814-1819 отпечатил 5 книги во Будим. Во „Слово исказаное
заради умирание“ (првата книга на мак. Народен јазик, кратовско-кривопаланечки
говор), искажал дека јазикот треба да биде за приближување на верата до
народот, а книгите да бидат пишувани на народен говор.
2. Кирил Пејчиновиќ – Напишал 3 книги и својот епитаф. Книгите биле пишувани на
народен (тетовски) говор, а епитафот е првата песничка(без уметничка вредност)
напишана на македонски јазик.
3. Теодосиј Синаитски – Го напишал „Предговорот“ на книгата „Утешение Грешним“
од Пејчиновиќ. Изјавил во него дека народниот јазик е железниот клуч што го
отвара срцето на народот; односно народниот јазик треба да биде употребуван
секаде.
4. Ѓорѓија Пулевски – Се залагал да се формира литературен јазик одделен од
бугарскиот, за разлика од Партениј Зографски кој сакал да се формира заеднички
бугаро-македонски јазик.
5. Јордан Хаџи Константинов – Џинот – Пишувал песни и драмски текстови. Го
напишал првиот буквар на македонски јазик „Таблица Перваја“. Се залагал да се
користат македонскиот јазик, но и термините македонски народ и Македонија.
Втората половина на XIX век се карактеризира со изградување национална свест
и стремеж за посебен македонски литературен јазик.
2.4 Крсте Петков Мисирков – во „За македонцките работи“ (Софија, 1903) во петтата
статија изјавил 3 ставови за изградба на македонскиот литературен јазик:
1. За основа да се земат централните говори (Велес-Прилеп-Битола-Охрид)
2. Правописот да биде фонетски со мали отстапки
3. Да се збогатува литературниот јазик со зборови од сите македонски говори
2.5 Улогата на Блаже конески во кодификацијата на македонскиот литературен јазик
1. На првото заседание на АСНОМ(2 август 1944) се донело решение за
Кодификација (официјално озаконување) на македонскиот литературен јазик.
2. Блаже конески има голема улога во кодификацијата
3. Бил претседател на комисијата за азбука и правопис. Своите ставови оваа
комисија ги формулирала во Резолуција, донесена на 3 мај, а усвоена на 5 мај
1945 година.
3. Фонетика и фонологија
1. Фонетика е наука за гласовите, а фонологијата за фонемите
2. Зборовите се делат на најмали делови – гласови.
3. Фонетиката ги проучува гласовите според нивниот изговор
4. Кога гласовите имаат го менуваат значењето на зборот, тие се нарекуваат фонеми
5. Поделба на гласовите:
a. Согласки:
i. Според место на образување во усната шуплина:
1. Уснени: п, б, м, ф, б
2. Забновенечни: т, д, н, л, ц, ѕ, с, з
3. Венечни:љ, ч, џ, ш, ж, р
4. Меконепчени:к, г, х
ii. Според начин на образување:
1. Преградни: п, б, м, т, д, н, њ, к, г (не мојт без уста)
2. Теснински: ф, в, с, з, ј, ш, ж, х, л, љ, р (не мојт без заби)
3. Преградно-теснински: ц, ѕ, л, џ, ќ, ѓ (двете ти требет)
iii. Според звучност:
1. Звучни: б, в, г, д, ѓ, ж, з, ѕ, џ
2. Безвучни: п, ф, к, т, ќ, ш, с, ц, ч, х
3. Сонанти: ј, р, л, љ, м, н, њ
b. Самогласки:
i. Според височината: Високи (и, у), средни (е, о), ниски (а)
ii. Според движење на јазикот: предни (и, е), средни (а), задни (у, о)
iii. Според положбата на усните: заокружени (о, у), незаокружени (а, е,
и)
6. Гласовни промени
a. Едначење по звучност
i. Звучна + безвучна = првата станува безвучна
ii. Безвучна + звучна = првата станува звучна
iii. Отстапки:
1. „в“ не се едначи (овца, вторник,...)
2. „д“ не се едначи пред наставките: -ски, -ствен, -ство, -ци, -та
3. „ж“ не се едначи пред -та
4. „г“ не се едначи пред: -ство, -пат.
b. Обезвучување – кога звучните согласки на крајот од зборот се изговараат
безвучно
c. Редување(замена) на согласките
i. Пр. Рака – раце
d. Елизија(испуштање) на гласовите
i. Пр. Петел – петли

4. Акцент
1. Правила за акцентирање:
a. Кај трисложни и повеќесложни зборови акцентот паѓа на трет слог од крај
на зборот
b. Кај двосложни паѓа на вториот слог од крајот на зборот
c. Кај едносложните на единствениот слог
2. Отстапувања
a. Кај глаголскиот прилог акцентот стои на вториот слог од крајот на зборот
b. Кај членувани именки употребени како прилози(пример: „кога?“ од „ова
лето“ – добиваме „леТОво“)
i. Ако се употребени како обични членувани именки нема отстапување
c. Кај зборови од туѓо потекло акцентот може да биде на последниот слог, на
вториот слог од крајот или да се вклопи во нашиот акцент
d. Кај некои зборови од турско потекло што завршуваат на наставката -ана
акцентот паѓа на вториот слог од крајот на зборот.
e. Кај прилозите со деминутивно значење акцентот паѓа на вториот слог од
крајот(малКУнѕа, толКУнѕа, олКУнѕа)
3. Акцентски целости
a. Група зборови која се изговара под еден акцент
b. Можат да бидат:
i. Акцентски целости од два полнозначни збора
1. Придавка+именка
2. Заменка+именка
3. Број+именка
4. Број+број
5. Прилог+именка
ii. Акцентски целости со клитика
1. Акцентски целости со енклитика(МАјка ми, ТАтко ти, ЗЕми го,
Оди си,...)
2. Акцентски целости со проклитика(НЕ може, не ми ЈА даде, ми
ја ДАде, што ТИ рече,...)
5. Правопис (овде скоро све сите го знајме по слух, а многу имат за пишење, па само
според мене помалку познатите работи ги пишам)
1. Употреба на голема буква (овде само работите шо најмалку ги знајме ги пишам)
a. Посвојните придавки изведени од имиња(Игоровиот, Милкиниот,...)
b. Как географските и топографските имиња со повеќе зборови, сите зборови
се пишуваат со голема бувка (Шар Планина, Охридско Езеро,...)
c. Сфатени како географски области, со голема буква се пишуваат и: Западна
Македонија, Далечен Исток,...
d. Имињата на жители на континенти, држави, области, национална
припадност, припадници на племиња
e. Членот или честицата во туѓите имиња се пишува со мала, освен ако стои
без името (Леонардо да Винчи, Да Винчи)
f. Имиња на празниците (Први мај, Осми март). Ако е напишано со број, тогаш
зборот по бројот е со голема буква. (1 Мај, 8 Март).
2. Разделено пишување
a. Негацијата „не“ со глагол или глаголски прилог СЕ ПИШУВА РАЗДЕЛЕНО.
Пример: не учам, не знам, не можејќи, не сакајќи)
b. Кратките заменски форми зад именките со роднинско значење (мајка ми,
татко ти, брат му, баба ви)
c. Поздравите составени од 2+ збора (добар ден, добра ноќ, добре дојде, до
видување, до гледање, со здравје,...)
d. Разделено се пишуваат и сѐ уште, на пример, од сѐ срце.
3. Делење на зборот на крајот од редот
a. Зборот се одделува на крајот од редот онаму каде завршува слогот.
b. Ако местото на поделба има и цртичка тогаш се пишува цртичка и на првиот
ред и на наредниот.
c. Еден глас не пренесува во нов ред, но дозволено е една самогласка да
остане во првиот ред
6. Морфологија и морфосинтакса
1. Морфологијата е наука која се занимава со проучувањето на зборовите, нивното
образување и нивното граматичко значење.
2. Зборовите се делат на:
a. Менливи: Именки, придавки, заменки, броеви, глаголи
b. Неменливи: Прилози, предлози, сврзници, честички, извици, честици,
модални зборови
3. Морфема е делот од кој се состои еден збор и е носител на некое значење
a. Можат да бидат
i. Коренски – општ дел кој повеќе не може да се дели и го носи
значењето
ii. Афиксални – додатоци на општиот дел кои служат за изведување
нови зборови или за граматички ознаки
1. Префикс
2. Суфикс
3. Интерфикс – влегува меѓу две коренски морфеми
4. Флексија – се наоѓа на крајот од формата на зборот (промена
на род, број лице, вид,...)
b. Именки
i. Видови:
1. Општи – означуваат родов поим, имиња на предмети или
суштества
2. Сопствени – означуваат имиња на одредени единечни
предмети или суштества
3. Конкретни – означуваат материјални предмети
4. Апстрактни – означуваат нематеријални предмети (чувства,
појави,...)
ii. Именки во реченицата
1. Најчесто се подмет
2. Се јавуваат како составен дел од прирокот – именски прирок
3. Се јавуваат како дополнение: премет или атрибут
c. Придавки
i. Означуваат некој признак на предметот што го определуваат
ii. Видови:
1. Квалитативни(качествени) – означуваат својство (добар, убав,
убав, мирен коњ)
2. Односни(релативни) – означуваат својства што упатуваат на
некој друг предмет (манастирски коњ)
3. Бројни – го означуваат односот на предметите во ред (прв,
втор коњ)
4. Заменски – кои се изведени од заменки и многу наликуваат на
нив
a. Присвојни заменски придавки(мој, моја, мое, мои, твој,
твоја, твое, твои,...)
b. Заменски придавки со показно квалитативно
значење(ваков, ваква, вакво, вакви, таков таква, такво
такви, толкав, толкаво, толкава, толкави,...)
5. Степен кај придавките
a. Позитив – основната форма на придавката
b. Компаратив – форма за споредување два предмета. Се
образува со префиксот по-
c. Суперлатив – форма за споредување на еден со повеќе
предмети, се образува со префиксот нај-
d. Броеви (нишо не пишам зш буквално све е општа култура/по слух type beat)
e. Заменки
i. Зборови што укажуваат на лица ии предмети или директно ги
посочуваат
ii. Видови:
1. Лични
a. Лични кои го изразуваат односот кон говорната
ситуација
i. Јас, ти, (тој, таа, тоа), ние, вие, тие
b. Лични заменки за директен предмет, со долги и кратки
форми
i. Мене ме, тебе те, него го, неа ја, нас нѐ, вас ве,
нив ги
c. Лични заменки за индиректен предмет, со долги и
кратки форми
i. Мене ми, тебе ти, нејзе ѝ, нам ни, вам ви, ним
им
d. И лично-повратната заменка себе се; себе си
2. Лично-предметни
a. Кој, која, кое, кои – се однесува на лица и има
прашално или релативно значење, има форми за
предмет: кого(директен), кому(индиректен). Од оваа
форма се изведуваат и некој, секој, никој
b. Што – се однесува на предмети и има прашално и
релативно значење. Непроменлива е. Од неа се
изведуваат нешто, сешто, ништо
c. Чиј, чија, чие, чии – има присвојно значење
3. Показни
a. Овој, оваа, ова, овие – посочување блиски предмети
b. Оној, онаа, она, оние – посочување поодалечени
предмети
c. Тој, таа, тоа, тие – посочување предмети без просторно
определување
f. ГЛАГОЛИ - Глаголите означуваат дејство, положба или состојба и се
поврзани со лицето кое го врши дејството. Тие се најсложената структура
во македонскиот јазик.
i. Поделба на глаголите во врска со предметот
1. Преодни – нивното дејство „преоѓа“ на предметот, целосно го
опфаќа. Не стојат самостојно.
2. Непреодни – дејството не преоѓа на ништо, односно не мора
да се поврзи со предмет
3. Повратни – дејството преоѓа врз лицето што ја врши работата,
но не секогаш бидејќи тука влегуваат и глаголите во чиј состав
е и кратката заменска форма од „себе се“.
ii. Лице, род и број кај глаголите
1. Лице – се подразбра учесникот во говорот. Глаголите се
согласуваат со личните заменски и имаат форми за трите лица
во еднина и множина.
2. Број – Имаат форми за еднина и множина
3. Род – глаголите немаат род освен некои безлични
форми(глаголската придавка, л-форма и глаголската именка)
iii. Глаголски вид
1. Несвршени – означуваат дејство што трае, се одвива, што не е
завршено. (чита, пее, прелистува, прескокнува)
2. Свршени – означуваат дејство што го сфаќаме како целосно
завршено (тропне, пукне, заигра, појде, прочита, порабоди)
iv. Глаголски групи
1. Се одредуваат според самогласката на која заврпуваат во
трето лице еднина СЕГАШНО ВРЕМЕ
a. А-група: чита, игра
b. И-група: носи, згреши, коси
c. Е-група: најде, падне, чуе
d. Глаголите од и-група и е-група се делат и на раздели.
Разделот се одредува според самогласката што се
наоѓа пред наставката -в во прво лице еднина МИНАТО
ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ
i. И-група има е-раздел и и-раздел
ii. Е-група има о-раздел, а-раздел и нема
раздел(пр: чуе->чув, нема основен вокал)
v. Начин
1. Под начин се подразбира односот кон глаголското дејство
2. Исказен начин – искажува реален однос
3. Заповеден начин – искажува желбен или заповеден однос
4. Можен начин – искажува можност да се изврши дејството под
некој услов
vi. Залог – со залогот се означува односот на граматичкиот подмет кон
глаголското дејство
1. Актив – подмет е лицето што го врши дејството (Петре ја чита
книгата)
2. Пасив – граматичкиот предмет станува подмет (Книгата беше
читана од Петре.)
vii. Време – времето го изразува временскиот однос на вршењето на
глаголското дејство спрема моментот на зборувањето.
1. Сегашно (читам)
2. Минато определено несвршено (читав)
3. Минато определено свршено (прочитав)
4. Минато неопределено несвршено (сум читал)
5. Минато неопределено свршено (сум прочитал)
6. Предминато (бев читал)
7. Идно (ќе читам)
8. Минато-идно (ќе читав)
9. Идно прекажано (ќе сум читал)
viii. Глаголски форми

1.
g. Прилози
i. Прилози за место: каде, блиску, далеку, онде, натаму, налево,
некаде, тука, дома, озгора, оздола,...
ii. Прилози за време: кога, вечер, утре, бргу, дење, ноќе, зимоска,
зимава, одамна,...
iii. Прилози за начин: како, добро, лошо, силно, слабо, вака, инаку, брзо,
полека, машки,...
iv. Прилози за количество и степен: колку, малку, многу, току, сосем,
доста, неколку, николку, онолку, двојно,...
h. Предлози: без, во, врз, до, за, зад, заради, кај, како, кон, меѓу, место, на,
над, низ, од, одавде, оданде, отаде, околу, освен, по, под. Поради, пред,
през, преку, при, против, со, сосе, според, спрема, спроти, наспроти, сред.
i. Честици
1. Со засилувачко значење: де, бе, ма, барем, пак, меѓутоа, просто;
2. За потврдување: да;
3. За негирање: не, ни ниту;
4. Со прашално значење: зар, ли, дали;
5. За изделување: само, единствено;
6. Со количествено значење: точно, токму, скоро, речиси, рамно;
7. Со начинско: би, да, нека, ќе;
8. Со придружно: исто така, уште, притоа;
9. За компарација: по-, нај- (се пишуваат заедно со зборот)
10. Со определено значење: имено, токму, баш;
11. Со неопределено значење: -било, -годе;
12. Со показно значење: ете, еве, ене.

j. Сврзници
i. Според составот
1. Прости - составени од еден збор : и, а, но, ама, или, да итн.
2. Сложени – составени од два или повеќе збора : за да, макар
што, поради тоа што итн.
ii. Според тоа какви реченици поврзуваат
1. Приредени(во независносложените реченици) сврзници
a. Составни: И, НИ, НИТУ, ПА, ТА, НЕ САМО ШТО – ТУКУ И;
b. Спротивни: А, НО, АМА, ТУКУ, АМИ, МЕЃУТОА;
c. Разделни: ИЛИ, ИЛИ-ИЛИ, БИЛО-БИЛО, ДЕ-ДЕ, И-И, ЕМ-
ЕМ, ЧАС-ЧАС, НИ-НИ;
d. Исклучни: САМО, САМО ШТО, ОСВЕН ШТО,
ЕДИНСТВЕНО;
2. Подредени (во зависносложените реченици) сврзници
a. Временски: КОГА, ШТОМ, ШТОТУКУ, ТУКУШТО,
ОТКАКО, ОТКОГА, ПРЕД ДА, ДУРИ, ДОДЕКА;
b. Причински: ЗАТОА ШТО, ЗАШТО, БИДЕЈЌИ, ПОРАДИ
ТОА ШТО, ДЕКА, ОТИ;
c. Последични: ТАКА ШТО, ТОЛКУ…ШТО, ТАКВИ…ШТО,
ТАКА…ШТО;
d. Целни: ДА, ЗА ДА;
e. Условни: АКО, ДА, БЕЗ ДА, ЛИ;
f. Допусни: ИАКО, МАКАР ШТО, И ПОКРАЈ ТОА ШТО, И ДА;
g. Начински: ТАКА КАКО ШТО, КАКО ДА, КАКО БОЖЕМ;
h. Односни: ШТО, КОЈ, КОЈШТО, ЧИЈ, ЧИЈШТО, КАКОВ
ШТО, КОЛКАВ ШТО;
i. Исказни: ДЕКА, ОТИ, КАКО, ШТО, ДА, ДАЛИ, КОЈ, ЧИЈ,
КОГА.
k. Извици (општа култура)
l. Модални зборови
i. Модални зборови за искажување реален однос: се разбира, значи,
нормално, природно, главно, сигурно, навистина, секако, можеби,
веројатно, очигледно, бездруго.
ii. Зборови за искажување емоционален однос: за жал, за чудо, божем,
за среќа, за несреќа.
iii. Модални зборови за искажување разни модални нијанси: то ест, на
пример, впрочем, најпосле, без сомнение, по секоја цена, на секој
начин.
7. Лексикологија
1. Лексикологијата е дел од лингвистиката која го проучува составот на зборовите на
еден јазик, односно со лексичката страна на зборот. Се дели на:
a. Семантика – за значењето
b. Етимологија – за потеклото
c. Лексикографија – за речниците
d. Фразеологија – за постојани зборовни состави – фразеологизми
2. Основни типови лексички значења на зборовите
a. Синоними – зборови со различна форма, а слично или исто значење
b. Хомоними – зборови со иста форма, а различно значење
c. Антоними – зборови со спротивно значење
d. Пароними – зборови со сличен изговор, а различно значење
3. Лексиката според потеклото
a. Домашни, изворни – зборови кои потекнуваат од прасловенскиот,
старословенскиот, црковнословенскиот јазик кои навлегле во
литературниот.
b. Странски – навлегуваат или директно или посредно од странскиот јазик во
i. Интернационализми – зборови кои се употребуваат во многу светски
јазици, по потекло се од латинскиот или старогрчкиот
ii. Турцизми – ги има над 3000 во нашиот јазик. Некои отпаднале, а
некои останале
c. Варваризми – се употребуваат во уметничката литература заради создавање
посебна атмосфера (бејби, хај, јес, певаљка, рачуна,...)
4. Лексиката според процесот на обновата
a. Историзми – зборови кои се употребувале во минатото, а тоа што го
означувале повеќе не постои (вилает, чорбаџија,...)
b. Архаизми – застарени зборови кои заради современи синоними се
истиснуваат од употреба. (абер – глас, еќим – лекар,...)
c. Неологизми – новосоздадени зборови кои уште не навлегле доволно во
активниот речник (мобилен, компјутер, видео, мотел, снег(на екранот),...)
d. Индивидуализми – нови зборови кои се авторски креации за
поинаков/повпечатлив начин на изразување(Гане Тодоровски – горкорек,
недорек, завардарен,...)
5. Лексиката според сферата на употреба
a. Општонародна лексика
i. Разговорна лексика – зборови употребувани во усна форма на
стандардниот јазик.
ii. Книжна лексика – основа на писмената форма на јазикот.
iii. Поетска лексика – се одликува со поголема експресивност и
сликовитост.
b. Дијалектна лексика – зборови кои ги употребуваат луѓе од определена
територија.
c. Професионална лексика – зборови познати само за луѓе од одредена
професија.
d. Терминолошка лексика – служи за точно именување поими, појави или
предмети од науката, техниката, културата.
e. Жаргонска и арго-лексика – жаргонизми и арготизми. Зборови кои ги
употребува некоја група за да се разликува од другите.
8. Синтакса
1. Наука за реченицата, односно за точниот редослед на зборовите во неа.
2. Реченица е збир од зборови кои се така подредени за да даваат една завршена
мисла
3. Реченица
a. Поделба (според модалност):
i. Расказни – соопштуваат за нешто
ii. Извични – изразуваат чувства/душевни состојви
iii. Желбени – ја изразуваат желбата на говорителот
iv. Заповедни – се изразува заинтересираноста на говорителот за да се
изврши некое дејство
v. Прашални – кога прашуваме нешто кое очекуваме соговорителот да
го знае
b. Поделба (според функција на подмет и предмет)
i. Активни
ii. Пасивни
c. Поделба
i. Потврдни
ii. Одречни – кога прирокот, односно целата реченица е негирана
d. Поделба (според формата)
i. Безглаголски – (Магла. Студ.)
ii. Безлични – реченици без подмет
e. Поделба (според составот)
i. Прости – реченици со само еден прирок
ii. Сложени – реченици со повеќе од еден прирок
f. Реченични членови
i. Главни
1. Прирок – главен и основен
a. Глаголски прирок
i. Прост глаголски прирок – составен само од
проста/сложена глаголска форма
ii. Сложен глаголски прирок – составен од
воведувачки глагол и да-конструкција
b. Глаголско-именски прирок
i. Прост глаголско-именски прирок – составен од
глаголот-врска и именскиот збор (пр: Тој е
добар)
ii. Сложен глаголско-именски прирок – составен од
воведувачки глагол, глаголот-врска и именскиот
збор (пр: Тој престана да биде добар)
2. Подмет – главен; прирокот секогаш оди со него и се согласува
по лице, род и број
ii. Неопходни
1. Предмет
a. Директен – (кој?/што?) именски член врз кој
преминува дејството на прирокот; најчесто е именка
или долга заменска форма за директен предмет; може
да биде удвоен ако употребиме и кратка заменска
форма за дир. пр.
b. Индиректен (кому?) – реченичниот член кон кој е
упатено, или е цел на глаголското дејство, со него
секогаш оди предлогот на; може да биде удвоен ако
употребиме кратка заменска форма за индиректен
предмет.
c. Предлошки (што?/кого? + предлог) – реченичен член
кој се врзува со прирокот со предлог.
2. Прилошки определби
a. За место, време, начин, количество и степен, причина,
цел, услов, допуштање
iii. Второстепени
1. Атрибут – ја определува именката (всушност е епитет)
2. Апозиција – се одвојува со запирки, го дополнува значењето
на зборот на кој се однесува
g. Сложена реченица
i. Независносложени(паратакса) реченици
ИМЕ ПРИМЕР СВРЗНИЦИ
Составни Денес е топло и ќе одиме во И, НИ, НИТУ, ПА, ТА, НЕ
парк. САМО ШТО – ТУКУ И
Спротивни Денес е топло, ама нема да А, НО, АМА, ТУКУ, АМИ,
одиме во парк. МЕЃУТОА
Разделни (Единствени се со ИЛИ,ИЛИ-ИЛИ,БИЛО-
повторувачки сврзник, БИЛО,ДЕ-ДЕ,И-И,ЕМ-
укажуваат на дејства ЕМ,ЧАС-ЧАС,НИ-НИ
еднакви по важност)
Исклучни (Со едната дел реченица се САМО,САМО ШТО, ОСВЕН
исклучува нешто кажано во ШТО, ЕДИНСТВЕНО
другата)
Заклучни Денес е топло, значи ќе ЗНАЧИ, ВЕРОЈАТНО,
одиме во парк. СИГУРНО
ii. Зависносложени (хипотакса) реченици
ИМЕ ПРИМЕР СВРЗНИЦИ
Временски Кога е топло, ќе одиме во КОГА, ШТОМ, ШТОТУКУ,
парк. ТУКУШТО, ОТКАКО, ОТКОГА,
ПРЕД ДА, ДУРИ, ДОДЕКА
Причински Бидејќи денес е топло, ќе ЗАТОА ШТО, ЗАШТО,
одиме во парк. БИДЕЈЌИ, ПОРАДИ ТОА
ШТО, ДЕКА, ОТИ
Последични Денес е топло, така што ќе ТАКА ШТО, ТОЛКУ…ШТО,
одиме во парк. ТАКВИ…ШТО, ТАКА…ШТО
Целни (Во зависната се кажува ДА, ЗА ДА
целта на дејството во
главната)
Условни Ако денес е топло, ќе одиме АКО, ДА, БЕЗ ДА, ЛИ
во парк.
Допусни Иако денес е топло, нема да ИАКО, МАКАР ШТО, И
одиме во парк. ПОКРАЈ ТОА ШТО, И ДА
Начински (Укажуваат на начин на ТАКА КАКО ШТО, КАКО ДА,
вршење на дејството во КАКО БОЖЕМ
главната)
Односни (Зависната се однесува на ШТО, КОЈ, КОЈШТО, ЧИЈ,
нешто од, или целата главна ЧИЈШТО, КАКОВ ШТО,
дел реченица) КОЛКАВ ШТО, КАДЕ ШТО,
КОГА, КАКО ШТО, КОЛКУ
ШТО.
Исказни(декларативни) (Некаков исказ; Тој рече ДЕКА, ОТИ, КАКО, ШТО, ДА,
дека ќе се врати) ДАЛИ, КОЈ, ЧИЈ, КОГА
iii. Редот на дел речениците
1. Нормален: главна па зависна
2. Слободен: било како (вака е кај допусните и причинските)
3. Инверзија: зависна па главна (временски и условни)
9. Фразеологија
1. Наука која се занимава со затврдените зборовни состави, фразеологизми, нивната
употреба и изразни можности.
2. Фразеологизми – лексички неделиви, единствени по своето значење зборовни
состави.
a. Фразеолошки срастувања – најнеслободни состави, значењето нема
никаква врска со одделните зборови од кои е составен
b. Фразеолошки единства – значењето на изразот е мотивирано од значењето
на одделните зборови
c. Фразеолошки спојки – само еден збор во составот има преносно значење, а
другите се со буквално
10. Стилистика
1. Стилистика е наука за стилот; Стил е начин на изразување на мислите, чувствата и
впечатоците
a. Два вида: литературна(за стилските фигури, тропи) и
b. Лингвостилистика, во која спаѓаат
i. Научен стил
1. Строго-научен
2. Научно-популарен
3. Научно-учебнички
ii. Административен стил
1. Дипломатски
2. Законодавно-правен
3. Деловен
iii. Публицистички стил
iv. Уметничко-литературен стил
v. Разговорен стил
11. Дијалектологија
1. Наука која се занимава со говорите, дијалектите, односно сите јазични појави кои
не влегуваат во литературниот јазик. Разликуваме:
a. Говор – најмала територијална или социјална јазична единица
b. Дијалект – јазична целина која опфаќа неколку говори
c. Дијасистем – целина од дијалекти со делумно исти карактеристики
d. Наречје – поголема јазична средина во чиј состав влегуваат повеќе
дијалекти
2. Западно наречје
a. Линија Скопје-Тетово
i. Дел од Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Велес, Прилеп,
Крушево, Битола, Ресен, Охрид, Струга
1. Централни: скопско-велешки, прилепско-битолски, кичевско-
поречки
2. Периферни: горнополошки, дебарски, малорекански-
дебарски, рекански-торбешки, дримколско-голобрдски,
струшки, вевчанско-радошки, охридски, преспански
3. Југоисточно наречје
a. Источно од Вардар и Црна река; Скопје-Свети Николе-Пробиштип, навлегува
во Пиринска и Егејска Македонија
i. Штип, Пробиштип, Свети Николе, Делчево, Пехчево, Струмица,
Кочани, Радовиш, Виница, Берово, Кавадарци, Неготино, Гевгелија,
Дојран
1. Источни говори: штипско-струмички, тиквешко-мариовски,
малешевско-мариовски
2. Јужни говори: Солунско-Воденски, Серско-Лагадински,
Костурско-Корчански, Нестрамско-Костенарски
4. Северно наречје
a. Тетово-Скопје-Свети Николе-Пробиштип
i. Куманово, Кратово, Крива Паланка
1. Источни говори: кумановски, кратовски, кривопаланечки
2. Западни говори: скопскоцрногорски, вратнички-полошки

ЛИТЕРАТУРА

НАУКА ЗА ЛИТЕРАТУРАТА
1. Наука за литературата – три дисциплини
a. Историја на литературата – проучува појава и развиток на литературата,
литературните правци и нивните претставници
b. Теорија на литературата – се занимава со особеностите на литературните
дела
c. Литературна критика – претставува врската меѓу литературното дело и
читателот; ги открива значењето, убавината и вредноста на делото
2. Теорија на литературата
a. Мит и фолклор
i. Мит – најстари извори на литературата; фантастични приказни,
создадени во далечното минато, објаснувале сè што се случило на
самиот почеток. Се делат на:
1. Космогониски – за создавање на космосот
2. За настанокот на живиот свет
3. За настанокот на небеските тела
4. Есхатолошки – за крајот на светот
b. Фолклор – целокупното творештво на еден народ; народна литература,
обичаи, верувања, музика, игра(ора), ликовна орнаментика, носии,
занаети,...
i. Народна литература – води потекло од митологијата. Особености:
1. Усно творештво – се создавала по устен пат
2. Анонимно творештво – авторите се непознати, незапаметени
3. Колективно творештво – формирањето на оваа литература е
колективно
4. Усно пренесување – се пренесувала по устен пат
5. Варијатни – творештвото се преобразувало во зависнот од
времето, средината, условите,... Така се јавувале варијанти на
една иста песна, расказ,...
6. Импровизација – во зависност од местото и условите на
кажување, творбата доживувала продолжувања или
скратувања
7. Творбите сепак ги задржувале основните, општите свои
карактеристики
8. Се дели на:
a. Народна поезија
i. Лирски песни: обредни, митолошки,
религиозно-легендарни, трудови, љубовни,
семејни, за деца, хумористични
ii. Епски песни: Неисториски, историски(јуначки,
ајдутски, комитско-револуционерни,
партизански)
iii. Лирско-епски песни: балада и романса
b. Проза
i. Митови(фантастични, не се историски
потврдени), легенди(фантастични, но поврзани
со историски настан), преданија(слични со
легендите, поблиски до историската вистина),
приказни(фантастични и реални)
c. Кратки фолклорни видови
i. Анегдоти – хумористични приказни
ii. Гатанки – метафорично претставување на
предмет или појава
iii. Пословици или поговорки – искажуваат народна
мудрост
3. Поделба на литературата
a. Лирика – искажува чувства, пишувана е во стих
i. Субјективна
1. Интимна, љубовна, пејзажна, патриотска, социјална,
рефлексивна
ii. Возвишена
1. Ода, химна, дитирамб
iii. Елегиска
1. Тажачка песна, елегија, епитаф
iv. Сатирична
1. Хумористична песна
2. Сатирична песна
3. Епиграм
b. Епика – основна карактеристика е раскажувањето
i. Епика во стихови
1. Кратки видови: епска песна
2. Долги видови: еп, епопеја
ii. Епика во проза:
1. Кратки видови: расказ(мит, легенда, предание, приказна,
сказна, бајка, анегдота, гатанка, пословица, поговорка)
2. Долги видови: роман
iii. Лик – носители на идеите на авторот
c. Драма – литературна творба во дијалошка форма во која настаните се
прикажани преку говорот и дејството на ликовите.
i. Можат да бидат во проза, во стих, или комбинирано
ii. Основни структурни елементи: композиција, дејство, ликови,
простор, време, монолог, дијалог, пролог, епилог, чин, слика, сцена,
дидаскалии
iii. Композиција на драмата:
1. Експозиција – вовед во драмското дејство и запознавање со
ликовите
2. Заплет – развивање на судирот, конфликтот меѓу ликовите
3. Кулминација – врвот на конфликтот, оттука започнува
неговото разрешување
4. Перипетија – пресврт на настаните, тука се случува нешто
непредвидливо за да се разјасни конфликтот
5. Расплет – разрешување на конфликтот и крај на драмското
дејство
iv. Драмски видови
1. Трагедија
a. Античка, ренесансна, псевдо-класична
2. Комедија
a. На карактери, на нарави, на интрига, дел арте, фарса,
гротеска
3. Трагикомедија
a. Трагична комедија, комична трагедија
4. Драма во потесна смисла на зборот
a. Романтична, општествена, антидрама(драма на
апсурдот)
4. Стилски изразни средства
a. Фонетско-морфолошки
i. Асонанца – повторување на исти самогласки.
ii. Алитерација – повторување на исти согласки.
iii. Ономатопеја – имитирање звуци.
iv. Парономазија – повторување гласови во зборови со различно
значење.
v. Анафора – повторување цели зборови на почеток од стихот.
vi. Епифора – повторување цели зборови на крај од стихот.
vii. Симплоха – анафора+епифора .
viii. Палилогија – повторување еден или повеќе збора на почетокот од
следниот стих.
b. Синтаксички
i. Компарација – споредба користејќи „како“ или „ко“.
ii. Антитеза – споредување засновано на спротивност.
iii. Словенска антитеза – прашање, негација на прашањето, одговор.
iv. Реторско прашање – употреба на прашална реченица како исказна.
v. Инверзија – преметнување на редот на зборовите – обратен од оној
кој е граматички најисправен.
vi. Елипса – изоставување зборови од реченица.
vii. Асиндетон – нижење зборови без граматичко побрзување.
viii. Полисиндетон – нижење сврзувачки зборови без граматичка
потреба.
ix. Градација – степенување, или слабо кон силно или обратно.
c. Семантички
i. Епитет – секој атрибут, односно додаток на именката.
ii. Метафора – скратена споредба. Кај неа се кажува само вториот член
на споредбата или се заменува значењето на еден збор.
iii. Алегорија – продолжена метафора, односно употреба на зборовите
во преносна смисла. Многу често таа е цел стих, цела строфа или цел
текст.
iv. Симбол – знак. Поимот го заменуваме со неговата алегориска ознака
(крст – црква).
v. Метонимија – употреба на збор во преносно значење. (храбар/јак
човек -> сила).
vi. Персонификација – давање човечки особини на нечовечки поими
vii. Хипербола – преувеличување.
viii. Литота – спротивно од хипербола, ублажување. Вистинскиот израз се
заменува со поблаг, и тоа негативен и спротивен.
ix. Иронија – преправање, кога мислиме спротивно од она што го
кажуваме.
x. Парадокс – нешто што не очекуваме. Порекнуваме мисла која
наизглед е противречна.
5. Литературно-научни видови и публицистика
a. Литературно-научни видови
i. Есеј – литературно-критичка статија во која на оригинален начин се
објаснува некое прашање.
ii. Статија – напис во кој се изнесуваат размислувања за прашања
поврзани со политиката, науката, културата и уметноста.
iii. Расправа – студиозен напис посветен на одредено прашање од
научна област.
iv. Полемика – напис во кој се расправаат нечии сфаќања, побивање
туѓо мислење.
v. Биографија – животопис на една личност.
vi. Автобиографија – животопис напишан од самиот писател или
научник.
b. Публицистика
i. Фељтон – краток текст со секојдневна тема: научно-популарна,
општествено-политичка или забавна.
ii. Репортажа – новинарски напис во кој сликовито се раскажува настан
на денот без подлабока анализа.
iii. Патопис – посебен публицистичко-литературен вид во кој се опишува
што е доживеано во друга земја.

МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА

1) Средновековна литература
a) Почетоците на словенската писменост
i) Писмената активност на Словените опфаќа два периода: старословенски(од 9ти
до 11ти век), и црковнословенски(од 12ти до 18ти век)
ii) Словенската писменост се создала во втората половина на деветтиот век, кога
Кирил ја напишал првата словенска азбука - глаголицата во 863г.
iii) Јазикот пред глаголицата(на старите Словени) е прасловенски, а јазикот по
создавањето на глаголицата – старословенски.
iv) Причини за создавањето на словенската писменост се и политички(за заштита
на првата словенска држава, Велика Моравија) и религиозни( за ширење на
христијанството)
v) Словенската писменост се остварува преку трите книжевни школи:
Охридска(глаголица), Лесновска(глаголица) и Преславска(Бугарија, кирилица)
vi) Зачувани текстови од Македонија од овој период се: Зографско, Асеманово и
Мариинското евангелие. Пишувани на глаголица.
b) Панонски легенди
i) Најстаро оригинално дело од нашата средновековна(словенска литература)
ii) Создадено од две житија: „Житие на Кирил“ и „Житие на Методиј“(автор на
Кириловото житие е Методиј, а автор на Методиевото се смета Климент
Охридски), или како автор на двете дела се смета само Климент Охридски.
iii) Тема е животот на браќата Кирил и Методиј, а идејата е да се оправда и докаже
правото на Словените да создадат на свој јазик своја писменост и култура.
iv) Житие на Кирил Константин Филозоф
(1) Теолошки вовед
(2) Настаните се изложени хронолошки
(3) Опишан е животот на Кирил, детството, семејството.
(4) Кажано е дека бил испратен, како многу учен човек, на три мисии:
(5) Арапската (Сараценската мисија) (851 година)
(a) Целта била ширење на христијанството, но и политичка(Арапите
претставувале опасност за Византија). Успешно ја завршил.
(6) Хазарската мисија (860-861)
(a) Учествувале и Кирил и Методиј. Целта била да им се помогне на
Хазарите да се одбранат од еврејските и арапските мисионери, како и да
им се даде воена помош. На оваа мисија браќата Кирил и Методиј ги
пронашле моштите на папата римски Климент I.
(7) Моравска мисија (863) – Најзначајна
(a) Кнезот Ростислав, Велика Моравија, од Византија побарал мисионери
кои ќе го шират христијанството. Затоа Константин со помош на Методиј
ја создава првата словенска азбука-глаголицата и ги преведува светите
книги на словенски јазик, па во 863 година оди во Моравија. Таму бил
обвинет за ерес од германските свештеници и го однеле кај папата
Адријан. Во Рим 869 година со говор достоен за светец го убедил папата
да го озакони и словенскиот јазик.
v) Житие на Методиј
(1) Теолошки вовед
(2) Кажани се податоци за животот на Методиј
(3) Во 873 година бил назначен за архиепископ од страна на кнез Коцељ
(4) Во завршниот дел кажано е дека за свој наследник и продолжувач на
делото го назначува Горазд.
c) Климент Охридски – Пофалното слово
i) Ја организирал Охридската книжевна школа во која работел од 886-893
ii) Школата броела 3500 ученика
iii) Во 893 година испратен е во Величката епископија и е назначен за прв
словенски епископ.
iv) НЕ ЈА СОЗДАЛ КИРИЛИЦАТА – БИЛ СЛЕДБЕНИК НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ
v) Пофалното слово – „Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил
Филозоф“)
(1) Составено е од 4 дела:
(a) Обраќање кон народот за големината и славната победа на Кирил
(b) Откажувањата на Кирил од животните радости
(c) Подвизите и заслугите на Кирил во борбата против тријазичниците
(d) Пофалба за Кирил, каде во вид на химна го слави неговото дело
(e) Користи многубројни двојни епитети, слични со оние на Хомер
d) Црноризец Храбар – „О писменех“ (за буквите)
i) Тој е анонимен писател од словенската средновековна литература
ii) Псевдонимот значи – калуѓер храбар
iii) Од текстот дознаваме дека живеел во десетти век и дека работел и творел во
Охридската книжевна школа
iv) О писменех
(1) Тоа е полемичен текст(трактат)
(2) Напишан е во Х век, а зачуван е еден препис од ХIII век на Света Гора
(3) Темата е појавата и постоењето на словенската писменост
(4) Идејата е да се докаже оправданоста на постоењето на таа писменост
(5) Се состои од три дела
(a) Историско-јазичен дел, со воспитен карактер
(i) Искажани се три фази од писменоста на Словените
1. Кога словените биле многубошци и се служеле со пиктографско
писмо
2. Кога почнале да се покрстуваат и примаат христијанството, се
служеле со грчкото и латинското писмо
3. Кога се создала глаголицата и со тоа се создала словенската
писменост
(b) Полемички дел, во вид на прашања и одговори (дијалог!!!)
(i) Овде Црноризец полемизира со тријазичниците по класичниот
систем на теза, антитеза и синтеза, односно прашање, одговор и
заклучок
(ii) Се запира на 3 прашања
1. Зошто бројот на буквите во словенската азбука е 38, а не 24 како
во грчката? Одговара историски и аргументирано, кажувајќи дека
ако ги вбројат дифтонзите и знаковите за 6,90 и 900 се собираат
38
2. Зошто се потребни словенските книги и словенската азбука?
Одговара користејќи библиска и културно-историска фактологија.
3. Кој Ви ги создал буквите? Овде ги омаловажува Грците,
укажувајќи им дека пред да го користат своето, создадено од
многу мажи за долго време писмо, се служеле со феникиското и
сл. Додека словенското било создадено само од 2ца мажи
(c) Заклучок, во кој ја искажува својата љубов и гордост
(d) Тука ја искажува љубовта на словенските писатели кон творците на
словенската писменост
2) Просветителството во Македонија
a) Јоаким Крчовски – Слово заради завист
i) Отпечатил 5 книги, од кои „Слово исказаное заради умирание“ е прва книга на
народен македонски јазик
ii) Слово заради завист (од „Различна поучителна наставленија“)
(1) Темата е зависта како негативна човекова особина
(2) Идејата е да се искорени ова човечко зло
(3) Составено е од вовед, главен дел и завршен дел
(4) Користи библиски примери(Каснување на плодот на сознанието, убиството
на Авел,...) за да искаже како зависта е проклетија, мрска и погана.
(5) Во заклучокот ги коментира примерите и дава заклучоци
b) Кирил Пејчиновиќ – „Слово за празниците“
i) Биографски податоци дознаваме од „Епитафот“ кој сам си го напишал и
претставува прва песна на македонски народен јазик, но нема уметничка
вредност
ii) Неколку негови дела: „Огледало“, „Утешение грешним“, „Житие кнеза Лазара“,
„Епитафот“.
iii) Слово за празниците
(1) Оригинален текст напишан на тетовски говор
(2) Темата е празнувањето на христијанските празници
(3) Идејата е како да се поправат грешките при празнувањето
(4) Во текстот ги критикува луѓето за непочитувањето на постот, прекумерното
пијанење, суеверието, примитивноста на селаните и невоздржаноста.
(5) Цел му била да насочи кон прав пат, а не да исмејува
c) Јордан Хаџи Константинов – Џинот – „Труд ми е името“
i) Значаен е заради пишувањето на драмски дела „Минерва и девет музи“,
„Сербија шетаетсја в земељ своих“, „Разговор или прави человек“, „Басни“... –
кои немаат уметничка вредност но се првите наши драмски текстови
ii) Песни: „Плач на скопското училиште многотрудное“, „Аурора“, „Горка чаша
кнеза Лазара“
iii) Труд ми е името
(1) Нема уметничка вредност
(2) 10 строфи – катрени
(3) Мотив – размислувањето на авторот за човековите добродетели
(4) Песната е дидактична, цел ѝ е да поучи
(5) Мудроста, љубовта и трудот ги претставува како три убави девојки
3) Романтизмот (преродбата) во Македонија
a) Се појавува во средината на XIX век (1850-1860г)
b) Се карактеризира со будење на националната свест:
i) Воведување на македонскиот (народен) јазик во училиштата
ii) Составување и печатење учебници
iii) Собирање народни умотворби
c) Димитар Миладинов – Собирачката дејност
i) Димитар Миладинов прв ја поведе и организира собирачката дејност
ii) Роден е во Струга
iii) Учел во ќелијното училиште во манастирот Св Наум, а потоа во охридското
класно училиште, а гимназија во Јанина
iv) Важен момент во животот – средбата со Виктор Иванович Григорович кој го
поттикнал на собирачка дејност
v) Починал во затворот во Цариград
vi) Собирачката дејност
(1) Има огромно значење
(a) Афирмација на македонскиот народ како народ со своја традиција,
обичаи и историја
(b) Афирмација на македонскиот јазик како посебен
(c) Истакнување на творечките и духовните вредности на народот
(2) Затоа Димитар Миладинов многу ангажирано собирал народни умотворби,
и ги отпечатил во
(3) „Зборникот на Миладиновци“ – Отпечатен Загреб 1861г
(a) Константин со помош на Јосип Јурај Штросмаер успеал да ја заокружи
мисијата на Димитар и ги подредил песните и ги препишал на словенско
писмо
(b) Зборникот содржи
(i) Предговор од Константин во кој е дадена првата класификација на
македонските народни песни
(ii) 662 песни
(iii) Народни преданија за лица и места
(iv) Народни обичаи и верувања
(v) 100-тина гатанки
(vi) 50-тина пословици и поговорки
(vii) 400+ лични имиња и презимиња
d) Константин Миладинов – Поетското творештво – Т’га за југ
i) Основоположник на македонската уметничка поезија
ii) Учел под брат му Димитрија
iii) Гимназија во Јанина
iv) Во Загреб 1861 го отпечатил „Зборникот“
v) Го напишал предговорот на „Зборникот“, и претставува прв обид за научен труд
од областа на народната литература
vi) Поетското творештво
(1) Познати се 15 песни кои со сигурност се негови
(2) Особености на неговата поезија:
(a) Карактеристично е што и покрај тоа што пишувал во Русија, пишувал на
македонски јазик – струшки говор, веројатно заради што брат му му
праќал македонски народни умотворби
(b) Песните му се со народен стил заради тоа што умотворбите кои ги
добивал му биле единствен пример
(c) И во поглед на метриката најмногу користи осмерец и десетерец, кои се
карактеристични за народното творештво
(d) Мотивиката му е исто така во зависност од народната
(3) Поделба:
(a) Интимна лирика
(i) „Шупељка“ „Не – непијам“
(b) Љубовна лирика
(i) „Бисера“, „Желание“, „Голапче“, „Думание“, „На чужина“
(c) Социјална лирика
(i) „Сираче“
(d) Рефлексивна лирика
(i) „На с’нцето“ и
(ii) Т’га за југ
1. Патриотско-рефлексивна песна
2. Инспирација било писмото кое го добил од Димитрија
3. Со силни компарации е доловена татковината
4. Во неа опишана е желбата за да се врати во Македонија
5. Опишана е Москва и неговите чувства таму – мрачни чувства
(„темна м‘гла“, „ветришта и вијулици“)
e) Григор Прличев – Сердарот
i) Роден во Охрид
ii) Научил да чита од стар грчки буквар
iii) Со поемата „Сердарот“ го освоил ловоровиот венец и бил прогласен за втор
Хомер (1860г)
iv) Се вратил во татковината за да се бори со владиката Мелетија и со носителите
на туѓото влијание
v) Се залагал да направи општословенски јазик – Словенско есперанто
vi) Сердарот
(1) Историско-јуначка поема; историска балада
(2) Темата е борбата на Македонците против насилствата на Гегите, поточно
борбата за слобода
(3) Идејата е да го прикаже макотрпното минато на својот народ и стремежот
за слобода
(4) Напишана е на грчки јазик
(5) За инспирација е земена народната песна за Кузман Капидан
(6) Мотивот и градбата на стиховите се под влијание на народната макеонска
поезија
(7) Ликови
(a) Неда – Централен лик. Мајка на јунакот, но и самиот јунак. Храбра,
силна, бестрашна. Таа е сепак мајка, чувствителна и со безмерна љубов
за Кузман-синот
(b) Кузман – дознаваме преку раскажувањата на ликовите. Олицетворение
на јунаштво, силен, храбар, го жртвува животот. Љубов и почит кон
мајката, и љубов кон девојката Марија
(c) Гегите – не се негативни ликови. Се непријатели, ограбувачи,
немилосрдни убијци, но сепак имаат атрибути на чесност, го носат
телото на Кузман кај мајка му. Борци се
f) Војдан Поп Георгиев Чернодрински – Македонска крвава свадба
i) Основоположник на македонското драмско творештво и театар
ii) Го основал литературниот кружок „Македонски зговор“, бил член на „Младата
македонска книжевна дружина“
iii) На сцената на Софискиот театар, 7 ноември 1900 година ја поставил драмата
„Македонска крвава свадба“
iv) Ја формирал драмската група „Скрб и Утеха“ (1901) која ја преименувал во
„Столичен македонски театар“(1902)
v) Други дела: „Дрвари“, „Во меаната“, „Мајстори“, „Македонска емиграција“,
„Зло за зло“, „Робот и агата“
vi) Македонска крвава свадба
(1) Битово-социјална драма
(2) Тема – љубота на двајца млади (Цвета и Спасе) која не може да се оствари
заради турските владетели(Осман-бег)
(3) Идеја – да се прикаже тешкиот живот на македонскиот народ во последните
години од турското владеење
(4) Композициски таа е драма на кофнликтот
(a) Експозиција – се прикажува тешкиот, кулучки живот на Македонците, и е
претставена љубовта меѓу Цвета и Спасе, но таа љубов е прекината од
Осман-бег кој ја грабнува цвета
(b) Заплет – во домот на Цвета каде Кузманица, Кузман и стрината Митра со
децата се малтретирани од Турчин
(c) Кулминација – во харемот на Осман-бег; ѝ ветува на Цвета убав и богат
живот ако се потурчи, но го одбива. Селаните под водство на Дуко се
собираат пред сарајот и протестираат за да им ја врати Цвета, но мораат
да го пријават кај конзулите
(d) Перипетија – судски процес во Битола, каде Цвета под дејство на
наркоза изјавува дека доброволно избегала кај бегот, но во последен
момент се освестува и ја кажува вистината
(e) Расплет – на свадбата од Спасе и Цвета Осман-бег ги напаѓа сите, ги
убива. Цвета го убива Осман-бег и потоа умира
(5) Ликови
(a) Цвета – млада убава девојка која е вљубена во Спасе. Чесна и верна на
својот народ и на својата љубов.
(b) Осман-бег – насликан е негативно, неприкосновен господар кој не сака
спротивставеност
(c) Спасе – ги мрази насилниците, на крај останува жив и им се придружува
на комитите
4) Македонската литература меѓу двете светски војни
a) Васил Иљоски – Чорбаџи Теодос
i) Продолжувач на драмската традиција во Македонија и поврзувач со
современата македонска драма
ii) Тој е еден од првите академци на МАНУ(Македонската академија на науки и
уметности)
iii) Други дела: драмите „По матурата“, „Бегалка“, „Биро за Безработни“
iv) Чорбаџи Теодос
(1) Комедија на интригата (што ја подметнува Арсо за да го исмее чорбаџијата)
(2) Битово-социјална драма
(3) Тема – забранетата љубов на двајца млади
(4) Идеја – исмевање на надуениот чорбаџиски свет
(5) 4 етапи:
(a) Експозиција – семејна атмосфера и прикажување на доминантниот лик
(b) Заплет – воведување на конфликтот меѓу Арсо и Теодос
(c) Кулминација – подметнување на кумството
(d) Расплет – ослободување од кумството и дозволата за женидба
(6) Ликови
(a) Чорбаџи Теодос – Претставник на власта и парите. Сите ги гледа со
понижување, потценување и ароганција. Жртва на сопствените
предрасуди и други особини: претерана педантност, прецизност,...
(b) Арсо – полн со радост и ведрина, умен и итар, лукав и препреден, но не
расипан, добричина е, осетлив и соосетлив
(c) Томче – убав, негрижливо облечен, блед, потиштен, огорчен и инаетлив.
Носител е на новото сфаќање
b) Ристо Крле – Парите се отепувачка
i) Учествува во театарската група „Црн Дрим“
ii) Ја напишал „Парите се отепувачка“ чија премиера се одржала 27.12.1938
iii) Други драми: „Антица“, „Милиони маченици“, „Гроф Миливој“
iv) Парите се отепувачка
(1) Битово-социјална драма со мотиви од печалбарскиот живот
(2) Тема – животот и трагедијата на едно сиромашно македонско семејство кое
го праќа единствениот син на печалба
(3) Идеја – проклетството на парите
(4) 4 етапи:
(a) Експозиција – опис на куќата, обичаите за испраќање на печалбарот и
испраќањето
(b) Заплет – враќање на печалбарот во куќата на сестрата
(c) Кулминација – планот да не се каже кој е и доаѓање во куќата на
родителите
(d) Расплет – заслепеноста на таткото од парите, убиството на туѓинецот-
синот, откривањето на вистината и смртта на родителите
(5) Ликови:
(a) Митре – сиромашен селанец принуден да го прати синот на печалба.
Страста кон парите му го свртуваат умот, тој е заслепен и кон жената
станува агресивен, наоѓа изговор и го убива синот
(b) Мара – патријархална жена и мајка која ги почитува обичаите. Се
обидува да го одврати мажот од убиство но кога ја дознава вистината
попушта и умира
(c) Ангеле – печалбар кој се враќа како возрасен маж, постојано мисли на
дома, ја смислува играта која завршува кобно
c) Антон Панов – Печалбари
i) Се заинтересирал за животот на печалбарите и така ја напишал драмата
ii) Во 1933 ја дал на Народниот театар во Белград, но бил одбиен
iii) Истиот режисер му ја побарал кога се префрлил во Скопскиот театар
iv) Премиера 3.3.1936
v) Други дела: „Пиликатник“, „Стега“, „Преродени“, „Градинар“
vi) Печалбари
(1) Битово-социјална драма
(2) Тема – љубовта на двајца млади поради која момчето мора да оди на
печалба
(3) Идеја – да се прикаже животот на Македонците во првата половина на 20
век
(4) 5 етапи
(a) Експозиција – запознавање со ликовите и Јордан како носител на
трагедијата
(b) Заплет – Костадин, носител на новите сфаќања
(c) Кулминација – доаѓањето на Јордан да ги земе парите
(d) Перипетија – печалбарскиот живот, болеста и смртта на Костадин
(e) Расплет – враќање на печалбарите, предавањето на парите и судбината
на печалбарската жена
(5) Ликови
(a) Јордан – богат чорбаџија, лихвар, гледа низ призмата на парите. Суров,
бесчувствителен, бездушник
(b) Костадин – претставник на новите сфаќања, не ја смета невестата за
стока и не сака да ја „купи“, тој е против печалбарството
(c) Симка – покорна ќерка, вљубена во Костадин. Ги потиснува своите
потреби за оние на татка си.
d) Кочо Рацин – Бели Мугри
i) Рано го сфатил ропскиот живот на македонскиот народ па уште како дете имал
омраза кон експлоататорите
ii) 1939, во Самобор ја отпечатил стихозбирката „Бели Мугри“
iii) Поетското творештво има две фази
(1) Прва фаза – пишувал на српски
(a) Песни посветени на невозвратена љубов кон Рахилка Фирфова-Раца
(b) 24 песни – „Антологија на болката“
(2) Втора фаза – на македонски јазик
(a) Преокупиран бил со животот и експлоатацијата на македонскиот народ
(b) Ја објавува „Бели Мугри“
iv) Други дела: „Резултат“, „Златен занает“, „Татко“
v) Бели Мугри
(1) 12 песни во 5 циклуси
(2) Симболичен, пејазжен наслов
(3) Темите во песните се доминантно социјални и револуционерни
(a) Аргатски се: „Денови“, „Селска мака“, „Тутуноберачите“, „Печал“
(b) Балади се: „Ленка“, и „Балада за непознатиот“
(c) Со мотив на пропаднати занаети се: „На Струга дуќан да имам“ –
елегиски циклус од 7 песни
(d) Ескпресионистичко-револуционерен мотив: „Копачите“
5) Македонската литература по втората светска војна
a) Ѓорѓи Абаџиев – Пустина
i) Други дела: „Епопејата на ножот“, „Последна средба“, романите: „Арамиско
гнездо“, „Пустина“
ii) Пустина
(1) Историско-психолошки роман
(2) Темата е периодот пред Илинденското востание, пролетта 1903, односно
солунските атентатори – гемиџиите; внатрешната состојба на Арсо и Глигор
(3) Идеја – секој на свој начин треба да го плати долгот кон татковината
(4) Авторот употребува дијалог, монолог-интроспекција и ретроспекција
(5) 8 глави: Презир, Реалност, Распнување, Карпа, Пак заедно, Жрепка, Во
детството, Излез
(6) Ликови:
(a) Арсо – Песимист, растажен, растргнат, сака да умре. Тој е голем
родољуб.
(b) Глигор – спротивен на Арсо: сака да живее, оптимист е, сака оваа втора
шанса да ја искористи за понатаму да ѝ служи на татковината. И тој е
родољуб голем
b) Петре М. Андреевски – Пиреј
i) Многу даровит писател
ii) Член на МАНУ
iii) Го уредувал списанието „Разгледи“
iv) Сликовит и разбирлив, иако раскажува испреплетено
v) Други дела: „Дениција“, „Скакулци“, „Небеска Темјановна“, „Тунел“
vi) Пиреј
(1) Прв негов роман
(2) Насловот е симбол – требата пиреј е симбол за непокорливоста на
македонскиот народ
(3) „Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира.“
(4) Тема – животот на двајца сопружници, Јон и Велика, и нивните страдања за
време на војните
(5) Идеја – Македонецот опстојувал и ќе опстојува
(6) Времето на случување е Првата светска војна и периодот пред и по неа, а
местото е селото на Јон и Велика, како и на фронтот
(7) 3 сижетни линии
(a) Раскажувањето на Дуко Вендија – прва и последна глава
(b) 14 делови – раскажувања во прво лице на Јон
(c) 14 делови – раскажувања во прво лице на Велика
(8) Ликови
(a) Велика – чиста, искрена, бескрајно издржлива македонска жена.
Носител на македонскиот патријархален морал, на сè македонско и
човечко
(b) Јон – рано останал без родители. Се сеќава на љубовта на мајката, но и
на суровоста на таткото. По војната и губењето на децата станува ист
како таткото: суров, злобен, се однародува, пие,...
c) Живко Чинго – „Големата вода“
i) Роден во Велгошти, Охридско
ii) Бил советник во Министерството за култура и директор на МНТ
iii) Други дела: „Пасквелија“, „Сребрените снегови“, „Ал“, „Бабаџан“
iv) Драми: „Работници“, „Сурати“, „Образов“
v) Големата вода
(1) Модерен роман
(2) Раскажувач во прво лице еднина – Лем
(3) Тема – животот на децата, воени сирачиња, во Домот за сираци „Светлост“,
веднаш по завршувањето на Втората светска војна
(4) Идеја – да се даде остра критика на погрешното сфаќање за начинот на
градењето на личноста во Домовите, на погрешниот воспитно-образовен
процес во едно постојано и долго чекање да се изградат почовечки,
вистински односи меѓу луѓето.
(5) Дејството се случува во Дом за воени сирачиња од 1946 до 1949 година
(6) Ликови:
(a) Лем – главен лик, раскажувач. 12 годишно момче. Тој се чувствува
одвратно, домот го смета за зандана, мочуриште, пекол. Се чувствува
како да му е рушено достоинството, изгрдена душата и расипан
карактерот.
(b) Исак – Кејтеновиот син. Добар е, фантазира, оптимист е, непоколеблив,
храбар, им се спротивставува на воспитувачите, издржлив,
достоинствен.
(c) Аритон Јаковлески-Татенцето – се однесува како војната да е
незавршена, а децата се непријателите кои треба да се изведат на
вистински пат. Навредлив е, омаловажувачки, применува физичка сила.
Но на крај сепак се свестува кога ќе им се приближи на децата и научи
дека само сакаат мајка.
(d) Оливера Срезоска – помошник на Аритон, таа ужива во казнување и
омаловажување на децата. Ги измачува психички.
d) Блаже Конески – Поетско творештво
i) Роден во Небрегово, Прилепско
ii) Тој ги прави најголемите чекори за македонскиот литературен јазик
iii) Учествува во создавањето на првиот правопис
iv) Ја напишал Граматиката на македонскиот јазик, Историјата на
македонскиот јазик и е еден од составувачите на Речникот на македонскиот
јазик(3 тома)
v) Други дела: „Мостот“, „Лозје“, „Записи“, „Стари и нови песни“, „Послание“,
„Сеизмограф“
vi) Поетско творештво
(1) Во почетокот песните му се родољубиви, со реакција на штотуку завршената
Револуција
(2) Типична во оваа смисла е песната „Тешкото“
(3) Има некои песни со кои минатото го доближува до сегашноста, „Стерна“ ,
„Одземање на силата“, „Болен Дојчин“
e) Ацо Шопов – Поетско творештво
i) Роден во Штип
ii) Учесник на НОБ
iii) Поетско творештво
(1) 3 фази:
(a) Прва фаза
(i) Борбена и патриотска поезија
(ii) Збирките: „Песни“, „Пруга на младоста“, „Со наши раце“, „На
Грамос“
(iii) Се издвојува песната „Очи“ која е тажачка по загинатата другарка
Вера Јоциќ. Таа е со баладичен, елегичен тон и претставува тажно
сеќавање на трите долги дена кога телото ѝ го носеле низ планините.
(b) Втора фаза
(i) Интимна лирика со збирките „Стихови за маката и радоста“ и „СЛеј
се со тишината“
(c) Трета фаза
(i) Исполнета со интровертност и автобиографски елементи со збирките
„Ветрот носи убаво време“, „Небиднина“ и „Гледач во пепелта“
(2) Третата молитва „Трета молитва на моето тело“
(a) Мотив на жената и љубовта
(b) За него љубовта не е едноставна и уште на почетокот го поставува
тројството: девојка, мајка, жена (еротска љубов, мајчина, сопружничка)
(c) Ѝ се обраќа на љубовта, растресен е од неа, но на крај таа го победува и
навлегува во него
(3) „Небиднина“
(a) Тој во оваа песна длабоко понира во своето битие и во битието на
човекот воопшто. Навлегува во грозоморот, во темната крв кои ѝ се
спротивставуваат на живеењето и љубовта.
f) Коле Чашуле – Црнила
i) Други дела: „Вител“, „Вејка на ветрот“, „Градскиот саат“
ii) Црнила
(1) Чашуле е прв автор кој собрал храброст да проговори за македонските
црнила на ваков начин.
(2) „Усмртувањето на Ѓорче Петров од македонска рака, а во служба на
антимакедонски однародени интереси, за мене станаа симбол на
македонските црнила воопшто.“
(3) Тема – убиството, атентатот врз Ѓорче Петров од неговите сонародници
(4) Идеја – осуда на човековиот морален пад, на братоубиството, за
забивањето нож в грб-честа појава во нашата историја.
(5) „Црнила“ е драма на идеја, односно драма со теза
(6) Дејството се случува во Софија 1921г
(7) Композицијата е составена од 4 дејства, а драмскиот простор се одвива во
домот на Христови
(8) Ликови:
(a) Луков – доминантно место има. Знае сè за сите и со уцена ги држи во
свои раце. Супериорен е, манипулативен, голем предавник, искусен
(b) Иван и Методиј – целосно раководени и манипулирани од Луков.
Методиј е целосно предаден, додека Иван сепак посакува да избега
(c) Фезлиев – најконтровертен од сите. Не може да сфати како станал
предавник. И тој некогаш верувал во Македонија, но навлегол длабоко
во црнилата и не знае како да излезе. Не се плаши од никого. На крајот
колку-толку се исчистува
(d) Семејство Христови – целосно се изманипулирани, сè им е земено.
(e) Младичот – најизманипулиран. Верува во организацијата, таа му е татко.
Тој е иднината на Македонија, ја носи револуцијата во себе, подготвен е
да се бори и да го даде својот живот за својот идеал – Слободна
Македонија.
g) Горан Стефановски – Диво Месо
i) Роден во Битола
ii) Негови драми се: „Јане Задрогаз“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“ и
други
iii) Пишувал и ТВ драми
iv) Диво месо
v) Семејна драма
vi) Тема – распаѓањето на едно предвоено македонско семејство кое е условено
од времето и различните сфаќања за животот на сите членови од семејството
vii) Идејата – да о сфатиме значењето на семејството, на нашиот корен, на домот,
на татковината.
viii) Дејството – во Скопје, Дебар маало, непосредно пред Втората светска војна
ix) Композицијата е модерна. Не е употребено класичното делење на чинови туку
е составена од 17 сцени.
x) Ликови
(1) Димитрија – носител на старото патријархално сфаќање. Нема веќе никакво
влијание врз синовите. Немоќен е, и му останува да делка свирче. Сведок е
на неговиот неуспех
(2) Андреја – обземен со идејата да го сруши капиталистичкиот систем. Од
системот сите се незадоволни, но барем Андреја нешто презема. Нестрплив
е за да дејствува, младоста, занесеноста, жарот – ќе го однесат в затвор.
(3) Симон – разочаран е, бега во алкохолот. Огорчен е. Се чувствува одвратно,
сè што сака е син.
(4) Марија – сосема разочарана е но сепак се обидува да го држи семејството.
Нејзиното диво месо е Клаус
(5) Вера – снаата, само сака да роди детенце, на крај тоа ѝ се остварува
h) Ташко Георгиевски – Црно семе
i) Роден во Егејска Македонија и поради тоа целото негово творештво е
исполнето со егејски теми
ii) Црно семе
(1) Мотив на прогонот, насилството и теророт
(2) Тема – судбината на група Македонци, затвореници на пуст остров во
Егејското Море
(3) Идеја – никакви насилства, физичка и психичка тортура не можат да го
скршат човечкото достоинство и да го погазат неговото чувство за
национална припадност
(4) Време – граѓанската војна во Грција, крајот на 1940тите години
(5) Основата на фабулата е конкретен настан – обвинувањето на комунисти и
Македонци дека работеле против монархистичката власт
(6) Ликови
(a) Доне – главен лик. Македонец. Наклеветен за комунист. Прост е, но
чувството во срцето негово за него е свето. Трпи сè, горд е, достоинствен
и родољубив. Се грижи за другите. Стравот е неговата надеж
(b) Христос – силата и издржливоста ги црпи од Доне. Колеблив е, слаб и
исушен. Потпишува, на крајот е распнат и умира.

Светска литература
1) Стара(античка) литература (пред новата ера)
a) Гилгамеш
i) Пред 3-4 илјади години постоело Асиро-Вавилонско Царство. Главни културни
центри биле Вавилон и Урук.
ii) „Гилгамеш“ е јуначко-митолошки еп напишан на 12 плочи, составен од 12
пеења
(1) Првите 7 плочи ги опишуваат херојските подвизи на Гилгамеш и Енкиду
(2) Останатите 5 го опишуваат патот и страдањата на Гилгамеш во потрага по
вечниот живот
iii) Идејата е дека е бесмислено да бараме бесконечен живот, но можеме преку
нашите дела да останеме бесмртни
iv) Епот е напишан во десетерец
b) Хомер – Илијада
i) Други дела: „Одисеја“
ii) Илијада
(1) Еп-епопеја, составена од 24 пеења
(2) Ја опишува последната, десеттата година од Тројанската војна
iii) Ликови
(a) Ахил – главниот јунак. Без него борбите на Ахајците се неуспешни. Идеал
за совршен јунак. Бестрашен, упорен, непоколеблив, најубав и најсилен.
(b) Хектор – најславен јунак на Тројанците. Зрачи со чесност, бранител,
сопруг, борец. Го жртвува животот заради честа на блиските.
c) Софокле – Цар Едип
i) Еден од основоположниците на трагедијата како драмски вид
ii) Други дела: „Едип во Колон“, „Антигона“ (овие две заедно со „Цар Едип“ ја
сочинуваат трилогијата за Цар Едип), „Ајакс“, „Филоктет“
iii) Цар Едип
(1) Трагедија во стихови
(2) Тема – откривањето на трагичната судбина на главниот лик
(3) Идеја – не може да се избега од прореченото
(4) Дејствие – се случува во царскиот двор во Теба, каде владее Едип со
сопругата Јокаста
2) Ренесанса (Хуманизам и Ренесанса) (14-16 век)
a) Хуманизам
i) Отфрлување на средновековната идеологија
ii) Верба во човекот
iii) Љубов кон животот на земјата
iv) Создавање оригинална литература со секојдневни мотиви
v) Пишување на латински јазик
b) Ренесанса
i) Зацврстување на вербата во слободниот човек, отфрлање на религијата
ii) Се развиваат разни дисциплини
iii) Секојдневни теми во литертурата
iv) Пишување на народен јазик
c) Данте Алигиери – Пеколот
i) Италијанска литература
ii) Данте ја напишал „Божествена комедија“ („Пекол“, „Чистилиште“, „Рај“)
iii) Пишувана на народен јазик
iv) Пеколот
(1) Религиозно-филозофски еп
(2) Композициски сè се врти околу 3, или 3*3=9
(3) 33 песни со строфи-терцини(тристишија)
(4) Воведната песна
(a) Времето на случување е ден пред Велики петок во 1300 година
(b) Нараторот има 35 години
(c) Се загубил во мрачна шума, која е симбол за тогашна Фиренца и
нејзината состојба
(d) 3 ѕверки му го попречуваат патот
(i) Пантер – симбол за завист
(ii) Лав – симбол за гордоста
(iii) Волчица – симбол за алчноста и среброљубието
d) Вилијам Шекспир – Хамлет
i) Пишувал трагедии, комедии, сонети
ii) Ко-сопственик на театарот „Глобус“
iii) Други дела: „Сон на летната ноќ“, „Ромео и Јулија“, „Кралот Лир“, „Бура“,
„Зимска Приказна“
iv) Хамлет
(1) Трагедија во стихови
(2) Тема – опседнатоста на данскиот принц Хамлет со идејата да се одмазди за
убиството на својот татко
(3) Идеја – пронаоѓање излез од сопствената безизлезност, борбата на човекот
против неправдите, лицемерието, предавството меѓу блиските и во
општеството
(4) Ликот на Хамлет
(a) Образован млад човек од времето на доцната ренесанса. Сестрана,
универзална личност склона кон длабоко размислување. Го отврла
религиското верување.
3) Класицизам (втора половина на 17 век)
a) Култ кон антиката
b) Разумот е предуслов за свесно и критичко мислење (култ кон разумот)
c) Инспирација поткрепена со знаење
d) Совршенство на формата
e) Поделба на стиловите на виши средни, и ниски(соодветно на општествените класи
кои за кои се наменети)
f) Молиер – Тартиф
i) Други дела: „Дон Жуан“, „Мизантроп“, „Вообразениот болен“
ii) Тартиф
(1) Комедија – фарса, комедија на карактери и комедија на нарави
(2) Тема - конфликтот во едно богато и угледно семејство поради прифаќањето
и величањето на свештеникот Тартиф од страна на Оргон
(3) Идејата – да се разобличи и искритикува религиозното лицемерство
(4) Составена од 5 чина, пишана во стихови
(5) Ликови
(a) Тартиф – типичен лицемер. Измамник скриен зад свештеничката
наметка. Перфиден, подол.
(b) Оргон – богат и лековерен набожник. Заслепен до степен на лудост.
Наивен, му дава сè на Тартиф.
4) Романтизам (крај на 18 век)
a) Бегање од реалноста во минатото, во туѓи егзотични земји, во сами себе
b) Култ кон жената
c) Култ кон народното творештво
d) Создавање нови литературни видови – поема и роман во стихови
e) Чувство на светска тага
f) Џорџ Гордон Бајрон – Странствувањето на Чајлд Харолд
i) Други дела: „Корсар“, „Ѓаур“, „Манфред“, „Лара“, „Каин“, „Небо и земја“
ii) Познат е по тоа што во негово име е наречено движењето Бајронизам
iii) Странствувањето на Чајлд Харолд
(1) Преку ова дело се појавил бајронизмот
(2) Поема, романтичарско-индивидуалистичка поема, составена од 4 песни
(3) Тема – патувањата и доживувањата на Чајлд Харолд
(4) Идеја – да го искаже своето разочарување од сегашноста и приликите во
Англија и цела Европа
(5) Прва песна – опис на Харолд
(a) Прошталната песна во која се разделува од татковината
(b) Ги посетил Португалија и Шпанија и бил разочаран дека не се повеќе
славни, силни, рицарски земји
(6) Втора песна – оди во Грција и Албанија, но и таму е соочен со страдање и
несреќа, наместо борбени народи.
g) Александар Сергеевич Пушкин – Евгениј Онегин
i) Претставник на руската литература
ii) Други дела: „Борис Годунов“, „Капетановата ќерка“, „Село“, „На Керн“, „Зимска
вечер“
h) Евгениј Онегин
i) 8 пеења, роман во стихови
ii) Тема – љубовта; младешката, идеализирана и неостварена љубов на Татјана
кон Онегин и нејзиното созревање
iii) Идеја – Критиката на разгалената руска младина, која ги негува туѓите
вредности наместо своите; градење на национално чувство
iv) Време на случување се 20тите години од 20тиот век
v) Ликови
(1) Евгениј – Претставник на градската благородничка средина. Самоуверен,
вешт во прикривање на своето незнаење, ништо не го интересира,
постојано му е здодевно
(2) Татјана – постојана во својата љубов, реална, сериозна, претставник на
романтичарското сфаќање. Млада, наивна, безрезервно се вљубува во
Онегин, но на крај созрева и кога тој ќе ѝ ја возврати љубовта таа не сака да
го изневери мажот.
5) Реализам (од 40-те до 70-те години на 19 век)
a) Одразување на животната стварност, не буквално туку со обопштување
b) Се анализира, критикува и се бара разрешување
c) Се создаваат типизирани карактери во типична средина
d) Оноре де Балзак – Чичко Горио
i) Преставник на француската литература
ii) Сите негови дела под едно име се познати како „Човечка Комедија“
iii) Други дела: „Шагринска кожа“, „Селани“, „Шуани“
iv) Чичко Горио
(1) Тема – драмата на чичко Гориом моралното пропаѓање на Ежен де
Растињак и судбината на робијашот Вотрен
(2) Идејата – да се прикаже општеството каде движечка сила се парите кои
морално го деградираат човекот и сочинуваат свет полн со егоизам,
лицемерство, интриги, подлости, измами и предавство.
(3) Ликови
(a) Ежен де Растињак – млад, убав, решен да успее во животот.
Сочувствителен со сиромашните, повредените, недостојните, но сепак
не отстапува од својата цел – богатството
(b) Горио – татко кој безмерно ги сака ќерките. Пожртвуван за нив, живее
бедно. Ќерките го сакале само заради парите, и кога ќе го сфати тоа
умира
(c) Делфина и Анастазија – Ќерките на Горио. Паразити, ја цицаат секоја
можна пара од својот татко. Не го сакаат од љубов, само од пари. Многу
се лицемерни, завидливи, љубоморни.
(d) Вотрен – делува против ваквото општество како крадец, не како
револуционер. Има почит кон своите другари. Цврст, лукав, итар.
6) Модерна литература (19 век)
a) Се појавуваат многу струења: симболизам, импресионизам, футуризам,
експресионизам, дадаизам, надреализам
b) Шарл Бодлер – Цвеќиња на злото
i) Ова е негово животно дело
ii) Во ова дело е спомнат поимот Сплин-меланхолија и чувство на здодевност. Во
негово време бил многу модерен.
iii) Бодлеровиот сплин ја означува здодевноста, чмаењето и маката на живеењето,
но и некоја магличава присутност во која се губи духовната јасност на погледот.
iv) Песната „Албатрос“
(1) Симболична слика на величината и падот
(2) Преку судбината на албатросот, која била уловена од морнарите, е
преставена величината, но и трагедијата на поетите
(3) Во последната строфа симболичноста на албатросот преминува во реална.
c) Едгар Алан По – Гарванот
i) Претставник на американската литература
ii) Други дела: „Тамерлан и други песни“, „За Ани“, „Ѕвона“, „Анабел Ли“
iii) Гарванот
(1) Мотив – смртта на љубетната
(2) Гавранот е симбол за смртта, но и поетовото второ јас
(3) Во песната поетот зборува со гавранот
(4) Централен збор е „Nevermore“
7) Егзистенцијализам
a) Слободниот избор на човекот е неговата судбина
b) Апсурдноста на животот
c) Отуѓување од општеството
d) Албер Ками – Странецот
i) Француска литература
ii) Други дела: „Чума“, „Калигула“, „Недоразбирање“, „Праведници“
iii) Роман
iv) За објаснување на „Странецот“ го напишал есејот „Митот за Сизиф, тој е
всушност филозофска основа на делото
v) Тема – бесмислениот живот на Мерсо и судењето за уште побесмисленото
убиство што го извршува
vi) Идеја – треба да ја пронајдеме смислата на живеење бидејќи секој живот има
смисла
vii) Стилот е многу едноставен, новинарско-фактографски
viii) Нараторот е во прво лице еднина
ix) 2 дела: првиот дел е опис на животот на Мерсо и неговото секојдневие и
бесчувствителност, додека вториот дел е приказ на судскиот процес во кој
општеството му суди за однесувањето, а не за убиството
x) Ликот на Мерсо: Отуѓен, не ги прифаќа општествените норми, атеист. Слободен
човек со можност за слободен избор.
e) Франц Кафка – Процес
i) Други дела: „Замок“, „Америка“, „Градењњето на кинескиот ѕид“,
„Метаморфози“
ii) Темата е судскиот процес за делото на Јозеф К. Кој ни сам не знае што сторил
iii) Идејата е да се прикаже, со алегорична слика, бесмислата на живеењето,
апсурдноста на секојдневието, изгубеноста на човекот во современото
општество.
8) Реализам-Натурализам
a) Без стилизирање и идеализирање на стварноста
b) Потенцирање на фактографски елементи
c) Детали и прикази за неубавото, непристојното – какво што е навистина
d) Антон Павлович Чехов – Избор Раскази (Смртта на чиновникот,
Павилјон бр.6, Камелеон, Човек во Футрола)
i) Карактеристично за неговото прозно творештво е тоа што ниту прикажува
големи настани, ниту големи ликови
ii) Фабулите се едноставни
iii) Неговите раскази секогаш критикуваат нешто:
(1) Општествената хиерархија (Дебелиот и танкиот, Смртта на чиновникот)
(a) Во „Смртта на чиновникот“ е опишана претераната повинуваност на
Червјаков
(2) Критика на општеството, лицемерието на социјалната грижа (Павилјон бр.6)
(a) На ироничен начин Чехов ја критикува негрижата за болните од страна
на болните, на незнаењето кој е навистина луд.
(3) Зачмаеноста на малограѓанската средина е опишана во „Човек во футрола“
9) Театар на апсурдот (антидрама)
a) Семјуел Бекет – Чекајќи го Годо
i) Семјуел Бекет е претставник на антидрамата(театарот на апсурдот).
ii) Апсурдноста која започнува кај егзистенцијализмот во антидрамата е уште
понагласена.
iii) Други дела: „Марфи“, „Молоа“, „Малон умира“, „Неименливото“, „Крај на
игра“
iv) Чекајќи го Годо
(1) Тоа е антидрама, која преставува празнина, чекање како празно дејство
(2) Во неа има низа дејствија и дијалози кои ништо не преставуваат, само
празно времегубење
(3) Тема – содржана во насловот; чекањето на двата главни лика (Естрагон и
Владимир) на годо, кој им ветил работа и подобар живот
(4) Идејата е во бесмислата на животот која е сепак поткрепена со надеж за
подобра иднина и пронаоѓање на смислата. Надеж за подобро утро, надеж
дека ќе дојде Годо.
(5) Ликови
(a) Естрагон и Владимир – Скитници и неразделни другари, тие се
надополнуваат еден со друг. Во карактерите не се сосема
издиференцирани. Естрагон е малку поемотивен, а Владимир поразумен
и порационален. Естрагон повеќе заборава, а Владимир малку помалку.
На Владимир му смрди здивот, на Естрагон нозете.
(b) Поцо и Среќко, тие се во однос надреден и потчинет. Овие двајца се
спротивни, но сепак се во неразделна врска. Поцо и покрај
изживувањето врз Среќко не може да го оттурне, додека Среќко прави
сè што може за да му се допадне на господарот.
(c) Годо е имагинарен, нереален лик кој живее само во свеста на Владимир
и Естрагон (но и во сите нас). Тој ја претставува ирационалната надеж на
човекот. Но чекајќи некој друг да ни каже или нешто друго да се сличи –
оставаме животот да нè измине, наместо да го живееме вистински

You might also like