You are on page 1of 1

Есеј: Дали е во ред да се клонираат луѓето

Концептот на човечко клонирање е тема на многу дебати низ годините.Со


напредокот на технологијата и медицината тоа може да стане реалност во следните
неколку години. Иако технологијата за клонирање на луѓе се уште не е развиена,
идејата за овој концепт покренува многу етички и морални прашања.

Од една страна клонирањето на луѓе може да има многу придобивки.Може да


се користи за создавање на нови медицински третмани, за трансплантирање на
умрени органи и начин за неплодните парови да имаат деца. Дополнително
клонирањето би можело да се користи за оживување на поединци кои дале огромен
придонес во општеството, како брилијантните научници и талентираните музичари. Од
друга страна пак клонирањето луѓе покренува многу етички и морални грешки.Една од
главните прашања е што ќе се прави со клоновите откако тие ќе ја извршат својата
цел. Друг проблем е дека клонирањето луѓе може да доведе до креаирање на
„дизајнерски бебиња“ каде родителите би молжеле да ги изберата особините на
своите деца, како нивната интелигенција и физички изглед. Од друга страна пак, кај
луѓето и поединците кои би имале клонови голема е можноста да се јави и
емоционална нестабилност и криза поради постоењето на идентична копија на нив.
Исто така како што постои можност за клонирање на значајни поединци кои носат
голем придонес за општеството и светот, така постои можност и за клонирање на луѓе
на кои целта им е уништување на светот, предизвикување немири и војни. Светот
тогаш би западнал во најголемиот хаос и најужасната кризна ситуација што некогаш се
случила.

Како заклучок клонирањето луѓе е многу контровезна и чувствителна тема која


покренува голем број на етички и морални прашања.Иако може да има потенцијал да
донесе бројни придобивки, како што е способноста да се излечат болести и да се
спасат животи, клонирањето носи со себе големи ризици и предизвици

You might also like