You are on page 1of 2

Иднината на човештвото. Кој ќе победи во оваа трка?

Човештвото постои илјадници години и секојдневно се менува. Човекот кој


егзистира денес, со своите психолошки, физички и општествени карактеристики, е
резултат на долготрајна еволуција. Зошто се случува таа еволуција? За да претпоставиме
на каде се движи човештвото и која е неговата иднина и причина за постоење треба да
знаеме како се менувал светот досега. Низ текот на времето постоеле многу цивилизации,
настанале бројни непогоди, се створиле многу вредни дела... Кон што се стреми
човештвото? Каква иднина гради?

Несомнено е дека сѐ што постои е подложно на промени и единствено нешто што е


сигурно е промената. Многу филозофи, писатели, научници се обидувале и се обидуваат
да ја истражат и објаснат природата на човечкото постоење. Плотин сметал дека
човештвото е урамнотежената средина меѓу боговите и ѕверовите, Аристотел пак тврди
дека среќата е она што дава смисла и е цел на еден човек. Научниците ја сецираат
човековата анатомија и психа до најситно делче и ја потврдуваат еволуцијата.
Технологијата ги надмина границите на небото и нѐ однесе во вселената, покажувајќи ни
колку може неограничениот ум да донесе за напредокот. Меѓутоа, прочуениот научник
Стивен Хокинг вели дека напредокот на науките и технологијата ќе одведат до „нови
начини поради коишто работите ќе тргнат во погрешна насока“. Човек да се запраша, дали
дојдовме до онаа точка во напредокот на човештвото, каде беа сите претходни
цивилизации пред да бидат уништени. Од друга страна, самите луѓе се свртија едни
против други. Тоа е натпревар во кој нема победници, туку само губитници. Тоа не е трка
за подобро утре. Ако човештвото сака да ја зачува цивилизацијата треба да пронајде
начини како да се справува со ризиците и да ги избегнува опасностите кои деструктивно
влијаат на развојот и напредокот. Сепак, и покрај предвидувањата дека човештвото нема
да го доживее наредниот век, постојат низа напори и иновации кои даваат надеж дека
можеме да имаме посветла иднина. На преден план се ставени важноста на зачувувањето
на природните богатства, создавање на енергетски модели и справување со природните
катастрофи. Меѓу другото, се спомнуваат животот на други планети и употребата на
вештачката интелигенција за заштита на луѓето и природната средина. Некои повикуваат
на технолошка стагнација со цел да се намалат штетните последици од развојот на
генетскиот инженеринг и нанотехнологијата. Футуристите имаат теорија дека човештвото
може да ја преземе колективната интелигенција во космолошкиот свет и ги истражуваат
можностите како патување низ времето и други идеи кои се поинакви од сѐ она што
знаеме досега.

Без оглед со каква брзина се одвива, еволуцијата постоела и ќе постои. Она што
треба ние како човештво да го сфатиме е дека напредокот на свеста е клучниот елемент за
подобра иднина. Колку и да напредува технологијата, ако не знаеме да ја искористиме во
развојни цели нема да напредуваме како човештво. Затоа, трка не постои и во човечкиот
напредок не е битно кој победува, зашто тоа е пат по кој сите треба да одиме заедно и
само тогаш добиваме сите, целото човештво.

You might also like