Professional Documents
Culture Documents
Odrzlivo Proizvodstvo
Odrzlivo Proizvodstvo
ОДРЖЛИВО ПРОИЗВОДСТВО
ОДРЖЛИВО ПРОИЗВОДСТВО
SUSTAINABLE DEVELOPMENT
ОДРЖЛИВО ПРОИЗВОДСТВО
АПСТРАКТ
3
ОДРЖЛИВО ПРОИЗВОДСТВО
4
ОДРЖЛИВО ПРОИЗВОДСТВО
ВОВЕД
Одржливиот развој е глобално прифатена филозофија на развојот и напредокот и
ги сублимира духовните идеали на целото човештво во единствена логична
целина. Филозофијата на економскиот раст сфатена како кумулирање на
материјално богатство потклекна и ја изгуби битката пред етичкиот концепт на
одржливоста на развојот. Како врвни вредности, одржливиот развој на прв план ги
става еднаквоста, праведноста, етичноста и одговорноста кон сегашните и идните
генерации. Факт е дека човештвото отсекогаш се соочувало со голем број избори
поврзани со квалитетот на живеење и состојбата со животната средина. Секој
избор има влијание врз светот што се остава на идните генерации. Некои избори
ќе придонесат кон креирање на свет во кој економските и социјалните потреби се
урамнотежени со капацитетот на природните богатства и екосистемите; другите ќе
доведат до свет со девастирана животна средина, во кој сиромаштијата и гладот
царуваат. Правецот на глобална одржливост треба да е вкоренет во
препознавањето на јасната поврзаност на заштитата на животната средина и
развојот. Имено, луѓето ги користат природните ресурси во секојдневните
активности: јадење, пиење, облекување, користење на електронски и електрични
уреди, топлење, осветлување, возење автомобили. Но кои се ефектите од
потрошувачката? И дали смееме да продолжиме со сегашните потрошувачки
навики? Непријатно сознание е дека колку побогато станува општеството, толку
повеќе богатства се користат и толку е поголем притисокот врз животната
средина. Токму затоа, германскиот научник Рајнхард Демол рекол „Најзначајно е
човекот да увиди дека неговите сфаќања мора да се променат: при планирањето,
да не е на прв план желбата за власт и поседување, туку почитување на законите
својствени на природата, ослушнување - за да се сфати како да се придонесе кон
нејзина хармонија наместо да се разурнува. Со еден збор: единственото нешто
што може да нè спаси е луѓето да бидат полни стравопочит кон божествената
природа“. Очигледен проблем е капацитетот на животната средина за
обезбедување на ресурсите што ни се потребни. Земјата е материјален систем во
кој додека едни ресурси се обновуваат (шумите), другите се необновливи (метали,
5
ОДРЖЛИВО ПРОИЗВОДСТВО
6
ОДРЖЛИВО ПРОИЗВОДСТВО