You are on page 1of 2

1.

Добивање на алуминиум
Алуминиумот во природата не се наоѓа слободен туку како оксид помешан со
оксиди на железо, силициумот, титанот и други елементи. Околу 7 проценти од
Земјината кора е алуминиум, што го прави трет елемент по изобилство по
кислород и силициум. Основната руда за добивање алуминиум е бокситот.
Производството на алуминиум започнува со суровина боксит, која што се наоѓа во
појасот околу екваторот. Бокситот се наоѓа неколку метри под земјата каде што
потоа се транспортира до мелница каде што започнува неговата обработка.

Процесот на добивање алуминиум не е директен. Прво се добива чист


алуминиумски оксид односно глиница, од кој понатаму со електролитска
редукција се произведува чист алуминиум.
Електролитса редукција на глиницата се изведува во печки одвнатре обложени со
јаглена маса која служи
како катода, додека
како анода се користат
јаглени електороди.
Како електролит се
користи растоп составен
од глиница и криолит.
Глиницата има висока
температура на топење
кога што изнесува околу
2050 степени, но со
додавање глиница во
растопениот криолит,
точката на
зацврстување паѓа под
950 степени, што овозможува електорлизата да се врши на 950 степени.
Добиениот алуминиум има голема чистота кога што изнезува околу 99,9%, кој што
понатаму во леарниците се претопува. Овој алуминиум најмногу се користи за
добивање разни легури кои се излеваат во разни облици, кои понатаму се
преработуваат во валници и пресарници во разни полупроизводи.
Ливливоста на алуминиумот не е
најдобра, но има висока способност за
пластична деформација.
Притоа, ладното гмечење ги
зголемува тврдоста и јакоста додека
издолжувањето се намалува. Чистиот
алуминиум во леана состојба има
многу ниска затегачка јакост и затоа
тој многу се користи во гмечена
состојба во облик на лимови, цефки, профили, жици.
Алуминиумот е многу пластичен. Toj може да се гмечи и неговата дебелина може да биде
од 60 см до 2-6 мм, а финалната фолија може да биде многу тенка но се уште нема да
пропушти светлина, арома или пак вкус од надворешноста.

1.1 Процес на рециклирање

Рециклирањето на отпаден алуминиум бара само 5 проценти енергија што се користи за


производство на нов алуминиум. Алуминиумот може
повторно да се рециклира со 100% ефикасност. Со
други зборови, ниту еден од алуминиумските
природни квалитети не се губи во рециклирањето
процес. Рециклираниот производ може да биде ист
како и оригиналниот производ, или може стане нешто
сосема друго. Авиони, автомобили, велосипеди, чамци,
компјутери, апарати за домаќинство, жица и лименки
се сите извори за рециклирање. Многу алуминиумски
производи имаат долг животен век, на пример во
автомобилите или зградите исто така околу 75% од
досега произведениот алуминиум сеуште е во употреба.

You might also like