You are on page 1of 4

Гасно заварување, предности, недостатоци и примена

Гасното заварување преставува процес на спојување на металите со


користење на топлината создадена од пламенот. Овој процес
вклучува истовремено греење на два метала до одредена точка со
што тие ќе почнат да се топат.
Металите можат да се спојуваат на различни начини. Гасното
заварување е една од најважните постапки за заварување на
металите затоа што има широка примена.
Едена од најважните карактеристики на оваа постапка на заварување
е тоа што опремата која се користи во оваа постапка е релативно
ефтина и лесно се ракува со неа. Ракувањето со опремата за гасно
заварување не бара посебни вештини на операторот( заварувачот).
Кога се користи ацителенот како горивен гас се постигнуваат
тимператури на пламенот и до 3100 C. Оваа е температура е помала
од температурата која се добива од електричниот лак, но со земање
во предвид на другите предности кои ги има во однос на оваа
постапка на заварување, му овозможуваат на гасното заварување
широка примена.
За да се постигне оваа постапка на заварување ни е потребна опрема
во која ке се врши мешање на кислородот со некој високо запалив гас.
Најчесто употребувани високо запаливи гасови се ацителен, водород,
бутан и други.
Некои од овие гасови се запаливи на многу високи температури некои
на пониски. Избирањето на видот на запалив гас кој ќе се користи во
оваа постапка на заварување зависи од видот на проектот , колку чини
и контролата на пламенот.
Најчесто употребуван горивен гас е ацителенот и бензинот.
Откако пламенот ќе се стави на спојот, тој почнува постепено да го
загрева металот. Овие високи температури кои се создадени
благодарение на пламенот ќе започнат да го топат металот и да
формираат метална бања.
Надворешните зони на пламенот ја штитат металната бања од
атмосверата. Завршувањето на заварувањето бара заварувачот
полека да го остранува пламенот од спојот, давајки му време да се
зацврсти без оксидација.

Опрема за гасно заварување

Цилиндер за горивен гас( боца за горивен гас) – Во овој цилиндар е


сместен горивниот гас. Тој е запечатен и е изработен од челик.

Цилиндер за кислорот ( боца за кислород)- во овој цилиндер е


сместен компримиран кислорот потребен за заварување. Овие боци
се направени да ги издржат притисоците на гасовите.

Контролни вентили – и двата гаса имаат оделни контролни вентили.


Овие контролни вентили се употребуваат за контрола на количината
на гас што се ослободува од цилиндерот. Овие контролни вентили
исто така се клучни за контролирање на односот гориво и кислород.

Комора за мешање – Тоа преставува комората каде се врши


мешање на горивниот гас и кислородот.

Факел за заварување – факелот за заварување содржи комора за


мешање на гасовите. На другиот крај од факелот е млазницата каде
создадената смеса на горивен гас и кислорот согорува заедно.

Предносни на гасното заварување

Заварување на црни и обоени метали – една од најголемите


предности на гасното заварување е што може да заварува црни и
обоени цевки заедно

Не бара електрична струја – Можеме да го користеме на места каде


што нема потреба од електрична струја.

Ефтини трошоци за опремата


Не бара посебно квалификуван заварувач

Мобилна опрема

Недостатоци на гасното заварување

Не е погодно за дебели делови

Не може да се користи за челик со високи јакосни својства

Не можат да се постигнат температурите на електролачното


заварување

Примена на гасното заварување

Оваа постапка на заварување има широка примена и тоа :

Работи за поправка – оваа е една од најчестите примени

Заварување на лимови – се заваруваат тенки до средни метални


лимови

Воздухопловната индустрија : Окси- ацителенското заварување се


користи за заварување на различни делови кај авионите

Автомобилската индустрија – се користи за заварување на делови во


рамки на шасијата

Спојување на челик со висок процент на јаглерот

You might also like