You are on page 1of 6

Литиум-јон батерија

На сликата е прикажана шема на литиум-јон батерија.


Анодата е од спроводлив јаглероден материјал, обично
графит, во чија структура постојат ситни празнини во кои
може да се сместат и Li атомите и Li+ јоните. Катодата е
направена од оксид на преоден метал, на пример CoO2, во
којшто исто така може да се вградат Li+ јоните. Бидејќи
литиумот е нагласено реактивен, мора да се користи
неводен електролит (органски растворувач плус растворена
сол). При празнењето на батеријата се одвиваат следните
реакции:
Предност на оваа батерија е што литиумот има
најнегативен стандарден редукциски потенцијал
и, соодветно, најголема моќ за редукција. Освен
тоа, литиумот е најлесниот метал, така што само
6,941 g Li (масата на 1 мол) се потребни за да се
добие 1 мол електрони. Литиум-јон батеријата
може да се полни практично стотици пати без да
се оштети. Поради ваквите својства, таа се
користи во мобилни телефони, дигитални камери
и лаптоп компјутери.
Горивни ќелии
• Фосилните горива се основен извор на енергија,
само што нивната претворба во електрична
енергија се врши со мала ефикасност. На
пример, при согорувањето на метанот:
CH4(g) + 2O2 (g) -------> CO2 (g) + 2H2O(I) + енергија
за да се генерира електричество, најнапред со
топлината ослободена во реакцијата се испарува
вода. Добиената пареа движи турбина, а турбината
движи генератор.
• Во секоја етапа се губи значителен дел од
енергијата претворена во топлина. Дури и во
најефикасните електрани само 40 % од хемиската
енергија во горивото се претвора во електрична
енергија. Бидејќи реакциите на согорување се
редокс реакции, пожелно е тие да се одвиваат
директно по електрохемиски пат, со што
значително се зголемува ефикасноста на
производството на електричната енергија. Тоа се
постигнува со помош на направа наречена
горивна ќелија (елемент), галвански елемент што
работи ако континуирано се снабдува со
реактанти.
• Наједноставна е водород-кислородната
горивна ќелија која се состои од
електролит, на пример, раствор на калиум
хидроксид, и две инертни електроди.
Водород и кислород гас се пропуштаат во
вид на меурчиња низ анодниот, односно
катодниот дел на елементот , каде што се
одвиваат следните редакции:

You might also like