You are on page 1of 3

2.13.

РАДИОАКТИВНОСТ

2.13.1. Природна радиоактивност

 Спонтаното распаѓање на нестабилни атомски јадра се вика природна радиоактивност.


 При тој процес доаѓа до претворба на едно јадро во друго.
 Процесот е проследен со емисија на одредени честици и електромагнетно
зрачење.
 Природната радиоактивност се јавува, по правило, кај јадрата од крајот на периодниот
систем на елементите, кај јадрата со опголем атомски број од оловото.
 Меѓутоа, постојат и јадра со помал атомски број кои се природно радиоактивни,
како што се: изотопот на калиумот 40 14
19𝐾, на јаглеродот 6𝐶 и др.
 Појавата е откриена од Антоан Хенри Бекерел во 1896 година кога покажал дека ураниумови
соли предизвикуваат поцрнување на фотографска плоча која била во црно завиена.
 Истражувањата покажале дека ова зрачење проникнува низ тенки метални екрани и дека
го јонизира воздухот низ кој поминува.
 Својствата на зрачењето не зависат од надворешните услови: осветленоста,
температурата или притисокот на воздухот.
 Марија и Пјер Кики покажале дека новоткиените елементи, полониумот и радиумот,
покажуваат многу поинтензивно зрачење од тоа што се јавува кај ураниумот.
 Супстанците кои го испуштаат овој нов вид зрачење биле наречени радиоактивни,
а новото својство на супстанцијата поврзано со постоење на овој посебен вид
зрачење – радиоактивност.

2.13.2. Видови зрачење

 Постојат три вида зраци: α, β и γ.


 α-зраците носат позитивен полнеж, β-зраците носат негативен полнеж, а γ-зраците не се
отклонуваат во магнетно поле.
 α-зраците можат да бидат апсорбирани со лист хартија со дебелина околу 0.5 𝑚𝑚 , β-
зраците постепено слабеат со зголемување на дебелината, а алуминиумска плочка со
дебелина околу 5 𝑚𝑚 сосема ги апсорбира.
 Најголема продорна моќ имаат γ-зраците, нив плоча од алуминиум со дебелина од
1 𝑐𝑚, речиси не ги ослабува.
 Елементите со поголем атомски број подобро ги апсорбираат γ-зраците
како на пример оловото.
 Најголема јонизациона моќ имаат α-зраците, помала β-зраците, а најмала γ-зраците.
 При премин низ материјата γ-зраците ја губат својата енергија поради следниве процеси:
фотоелектричен ефект, Комптонов ефект и создавање парови електрон-позитрон.
 Позитрон е честица која ги има истите својства како и електронот, но е позитивна.
 α-зраците претставуваат јадра на хелиумот 𝟒𝟐𝑯𝒆 , а β-зраците се сноп од брзи електрони чија
што брзина е значително поголема од брзината на електроните добиени со студена емисија
(катодните зраци).
 Неотколонетите γ зраци се електромагнетни зраци со висока продорност, многу куса
бранова должина.

2.13.3. Правила на поместување при радиоактивното распаѓање

 α-распаѓање.
 Овој вид радиоактивно распаѓање е карактеристичен за јадра, со голем атомски број, 𝑍 >
82 .
 Кога јадро на радиоактивен елемент 𝑋 со атомски број 𝑍 и масен број 𝐴, при α-
радиоактивно распаѓање ќе изгуби хелиумово јадро ( 42𝐻𝑒) – два протона и два неутрона,
тоа се менува во јадро 𝑌 со реден број (𝑍 − 2) и масен број (𝐴 − 4).
 Така процесот на α-распаѓање се запишува како:
𝑨 𝑨−𝟒
𝒁𝑿 → 𝒁−𝟐𝒀 + 𝟒𝟐𝑯𝒆
 Стрелката покажува дека процесот е неповратен.
 Од равенката е јасно дека при α-распаѓање се добива елемент кој е две места
понапред во периодниот систем на елементите.
 β-распаѓање.
 При β-распаѓање од јадрото на радиоактивниот елемент се емитира електрон.
 Елементот 𝑋 кој зрачи β-зраци го задржува истиот број нуклеони, тоа значи на ново
добиеното јадро 𝑌 не му се менува масениот број 𝐴, но му се менува атомскиот број, и
тоа на (𝑍 + 1).
 Тој процес може да се запише со релацијава: 𝑨𝒁𝑿 → 𝒁+𝟏𝑨𝒀 + −𝟏𝟎𝒆 + 𝝂̃ .
 Од релацијава се гледа дека при β-распаѓање се добива јадро со ист масен број, но
елемент чиј реден број е поголем за 1 во периодниот систем на елементите.
 Теоријата на β-распаѓањето ни кажува дека при дејство на т.н. слаби заенодејства во β-
радиоактивните јадра се случува процес на претварање на неутрони во протони.
 Процесот тече на овој начин: 𝒏 → 𝒑 + −𝟏𝟎𝒆 + 𝝂̃ .
 Во последните две релации како резултат на распаѓањето се јавува и честицата
антинеутрино.
 Слично на фотонот, и неутриното се движи со брзина на светлината и многу слабо
заемнодејствува со супстанците.
 Тоа е електронеутрална честица и се претпоставува дека има маса на
мирување нула.
 Античестица на неутриното е антинеутриното.
 Постои и т.н. 𝛽+ распаѓање и при овој тип распаѓање наместо електрон се добива
позитрон – античестицата на електронот и неутриното.
 На процесот на 𝛽+ распаѓање му претходи претворање на протон во неутрон: 𝒑 →
𝒏 + +𝟏𝟎𝒆 + 𝝂 .

 γ-зраци.
 Слично како и атомите и јадрата може да се најдат во возбудена состојба.
 При премин на јадрото од некоја возбудена состојба со повисока енергија во состојба со
пониска енергија доаѓа до емисија на γ-кванти.
 Ваквото возбудување на јадрата обично настанува при α и β – распаѓање, па така γ
– зрачење обично настанува паралелно со α и β – распаѓање.
 γ – квантите имаат значително поголеми енергии од фотоните на видливата светлина, но
освет=н тоа тие ги имаат сите својства на електромагнетните бранови.

You might also like