You are on page 1of 10

Извори на јонизирачки

зрачења
Што е се извори/детектори на јонизирачко зрачење.?
-Радиоактивните зраци се невидливи,нечујни,без мирис и вкус.Човечкиот организам
нема сензори за нивна детекција.Но тие се многу опасни за неговото здравје.Пред
се,заради заштита од нивното штетно дејство,потребно е да се детектираат со помош
на специјални прибори.
-Уредите со чија помош се регистрираат јонизирачките зрачења и со кои се
определуваат нивните карактеристики,се викаат детектори/извори на јонизирачки
зрачења.
Детекцијата се заснова на основните својства на алфа,бета и гама зрачењата:нивната
јонизациона моќ,хемиското дејство врз фотографските плочи или способноста да
предизвикуваат луминисценција.

–Важна карактеристика на секој детектор е неговото мртво време,Тоа е временскиот


интервал од регистрирањето на честицата па до моментот кога системот повторно ќе
се врати во нестабилна состојба,за да може да регистрира други честици.
–Втора карактеристика на детекторите е нивната ефикасност,која покажува кој дел
од вкупно паднатите честици на него ќе бидат регистрирани од детекторот.
ФОТОЕМУЛЗИЈА
Познато е дека Бекерел за прв пат го открил радиоактивното зрачење преку неговото
дејство врз фотографска плоча.Методот на фотографската плоча бил
усовршуван,така што примената на фотографските емулзии послужила за откривање
и на космичкото зрачење или други нуклеарни зрачења.Трагите на фотоемулзиите по
фотографската обработка се анализираат со микроскоп или се прават
микрофотографии.
ВИЛСОНОВА КОМОРА
Вилсоновата комора ( именувана по шкотскиот физичар, Чарлс Томсон Рис Вилсон)
е прв уред со која се можел да се регистрира патот на набиените честички, посебно
алфа-честичките и електроните кои се емитиранни од радиоактивните материјали.
Во основа тоа претставува сад исполнет со смеса од воздух и водена пареа, во која
со брзо засилување на нејзиниот волумен, со помош на поместувачка мембрана и
клип, заради падот на притисокот и температурата, се постигнува презаситеност на
воздухот, при што доаѓа до кондензација на водената пареа долж патеката на
набиените честички. При минувањето низ комората, набиените честички
предизвикуваат јонизација на молекулата на воздухот кои така стануваат срединшна
точка на кондензација. На таа основа е развиена и маглената комора (Патрик Блекет)
и комората на меурчиња ( Доналд Глејсер).
Гајгер-Милеровиот бројач
Геигер-Мулеровото броило е направа за детекција на јонизирачкото зрачење, односно броење на минување на
јонизираните честички или фотони. Најчеста е изведбата на броилата во облик на метална цевка или стаклена
цевка со метален облог, која воедно има улога на катода. Анодата во овој случај е тенката метална жица која
поминува низ цевката. Електродите се споени под висок напон, а цевката е исполнета со смеса од благороден гас
(на пример аргон или неон). Во моментот кога јонизирачката честичка или фотон минува низ броилото ја јонизира
гаста, продуктите на јонизација ( позитивни јони и електрони) се раздвојуваат под дејство на електричното поле.
Јоните забрзано се движат кон катодата, а електроните према анодата, и притоа во гасот предизвикуваат
понатамошна лавинска јонизација. Со тоа накратко се затвара струјниот круг и на отпорникот во надворешниот
дел на кругот настанува напонски импулс. Тие импулси се пребројуваат во електричното броило, кое често има и
мал звучник за звучна индикација на зрачењето. Важно е ефективноста на својствата на броилото, т.е. односот на
бројот на присутните и бројот на внесените честички или фотони. Геигер-Мулеровото броило може да служи за
детекција на неутрони, но притоа тие, да не предизвикаат јонизација. Меѓутоа, неутроните можат да предизвикаат
секундарна јонизација, и тоа со ослободување на алфа-честички во нуклеарни реакции со помош на хемискиот
елемент бор, па за таа цел цевката за броење треба да содржи гасовит бор трифлуорид.
ГОРАЗД КОСТАДИНОВСКИ 3-6

You might also like