You are on page 1of 1

12.4.

ПРИРОДНА РАДИОАКТИВНОСТ
Радиоактивноста е спонтан процес при кој атомското јадро, емитувајќи една или пове-
ќе честици или кванти на електромагнетно зрачење, преминува во друго јадро.
Природната радиоактивност е откриена од Анри Бекерел во1896 год. Тој, испитувајќи
ја луминисценцијата, открил дека ураниумот и неговите соединенија спонтано
емитуваат зра- чење чија природа дотогаш не била позната.
Зрачењето, освен луминисценција пре- дизвикува јонизација на средината каде што
поминува; дејствува на фотоплоча; лесно проникнува низ тенки метални плочки, има
голема продорност; покажува биолошко и хемиско дејство.
Подоцнежните испитувањата покажуваат дека радиоактивното зрачење не е еднородно. За
да се изучи природата на радиоактивното зраче- ње се следи неговото однесување во
јако елек- трично (сл.1) или магнетно поле. На пример, ако од оловна кутија С, во
кој е сместен ради- оактивен препарат (RaBr2) излегува тесен сноп на радиоактивно
зрачење. Кога снопот по- минува низ хомогено електрично или магнетно
поле, на фотографската плоча FP се добиваат три траги. Значи, првобитниот сноп се
дели на три компонети: 1) а-зрачење, кое претставува поток на позитивни честици кои
слабо се от- клонуваат во електрично или магнетно поле; 2) В-зрачење, кое
претставува поток на нега- тивни честици кои силно се отклонуваат во по- лето и 3)
ү-зрачење, дел од снопот којшто не ја променил првобитната насока по дејство на
полето.

You might also like