You are on page 1of 6

СОУ,,Јане Сандански'' - Струмица

Фотоелектричен ефект

Ментор: проф. Ванчо Белчовски


Тим:
Александра Костадинова

Струмица, мај 2021


Фотоелектричен ефект

Содржина:

Александра Костадинова
Фотоелектричен ефект

Вовед
Во 1887, Хајнрих Херц забележал дека електродите осветлени со ултравиолетова
светлина создаваат електрични искри мошне полесно. Во 1905 Алберт Ајнштајн
објави труд кој ги објаснуваше експерименталните податоци од
фотоелектричниот ефект како резултат на фактот дека енергијата на светлината
е пренесена во дискретни квантни пакети. Ова откритие доведе до квантна
револуција.

Фотоелектричен ефект
Фотоелектричен ефект е физичка појава при која електроните се исфрлени од
атомите, кога тие се изложени на енергијата од светлината. Електроните
исфрлени на овој начин се наречени фотоелектрони.

За да настане Фотоелектричниот ефект потребни се фотони со енергии од


неколку електронволти па до над 1 MeV кај елементите со големи атомски
броеви.

Проучувањата на фотоелектричниот ефект доведоа до спознавање на квантната


природа на светлината и електроните и помогна во создавањето на концептот
дуалитет бран-честичка.

Останатите појави во кои светлината влијае на движењето на електричните


полнежи се наречени фотоспроводлив ефект, (познат и како фотоспроводливост
или пак фотоотпорност ), фотоволтаичниот ефект и фотоелектрохемискиот
ефект.

Се надоврза на Планковото откритие т.н. Планкова равенка (E = hf) поврзувајќ и ја


енергијата (E) и фреквенцијата (f) како последица на квантуваната природа на
енергијата. Ознаката h е позната како Планкова константа.

Александра Костадинова

1
Фотоелектричен ефект

Фотони
Фотоните од светлосниот зрак имаат карактеристична енергија пропорционална
со фреквенцијата на светлината. Ако некој електрон од материјалот ја впие
енергијата на фотонот и впие енергија поголема од енергијата на врзување
истиот ќ е биде исфрлен од материјалот.
Ако енергијата на фотонот е многу мала, електронот нема да го напушти
материјалот. Енергијата на исфрлените електрони не зависи од јачината на
светлината, туку само од енергијата ( еквивалентната фреквенција ) на
поединечните фотони. Всушност станува збор за заемодејство меѓу фотонот и
електроните од највисокото енергетско ниво.

Електроните можат да впијат енергија од фотоните кога се озрачени, но обично


го следат принципот „на се или ништо“. Целата енергија од еден фотон може да
биде впиена и искористена за да се исфрли електрон од атомското јадро, во
спротивно енергијата ќ е биде преодадена. Ако енергијата на фотонот е впиена,
дел од истата го исфрла електронот од атомот, а остатокот придонесува за
кинетичката енергија на електронот како слободна честичка.

Теорија на фотоелктричен ефект


Теоријата на фотоелектричниот ефект мора да ги објасни и експерименталните
набљудувања на исфрлените електрони од осветлени метални површини.

За одреден метал, постои одредена минимална фреквенција на случајно


озрачување под која не се исфрлаат фотоелектрони. Оваа фреквенција се
нарекува „праг на фреквенција“. Со зголемувањето на фреквенцијата на упадниот
зрак, зачувувајќ и го бројот на упадните фотони фиксен се зголемува
максималната кинетичка енергија на исфрлените фотоелектрони. Но се
зголемува запирачкиот напон. Бројот на електрони се менува со фактот дека секој
фотон ќ е исфрли електрон и на тој начин се добива функција на енергијата на
фотонот. Ако јачината на упадното зрачење се зголеми тоа нема да има ефект на
енергијата на фотоелектроните.

За одреден метал и фреквенција на упадно зрачење, стапката со која се исфрлени


фотоелектроните е правопропорционална со јачината на упадната светлина. Со
зголемувањето на јачината на упадниот зрак ( одржувајќ и ја фреквенцијата
фиксна ) се зголемува силината на фотоелектричната струја, но запирниот напон
останува ист.

Александра Костадинова

2
Фотоелектричен ефект

Станува збор за екстремно светлинско-осетливи вакуумски лампи Фотокатоди


ставени на крајниот дел од внатрешноста на лампата. Фотокатодата е составена
од материјали како цезиум, рубидиум и антимон кои се специјално одбрани за да
овозможат ниска работна функција, па кога ќ е бидат осветлени дури и со најмала
светлина, фотокатодата ослободува електрони. Со помош на серии од (диноди) со
повисоки потенцијали, овие електрони се забрзани со значително зголемен број
низ секундарно оддавање за да се добие струја која може да се измери.
Фотомултипликаторите сè уште се во употреба кога треба да се измери ниско
ниво на светлина.

Александра Костадинова

3
Фотоелектричен ефект

Користена литература
ФИЗИКА ЗА III ГОДИНА РЕФОРМИРАНОТО ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ, Невенка
Андоновска, Мирјана Јоноска, Мимоза Ристова, IV издание

Александра Костадинова

You might also like