You are on page 1of 1

ни, во втората генерација ќе имаме 95, во тре- тата 100-(0,95)2 итн.

Во почетокот
на стотата генерација ќе има помалку од еден неутрон, така што верижната реакција
се прекинува.
Ако е вредноста на k=1, верижната нук- леарна реакција се одржува сама по себе и со
константен интензитет. Во таков случај ве- рижната реакција се одвива контролирано.
Коефициентот на размножување зависи од природата на супстанцијата подложна на
фисија, од масата, димензиите и формата на активната зона. Минималната маса на
фиси- оната супстанција, во која настанува верижна реакција, се вика критична маса.
За критич- ната маса коефициентот на размножување е k=1, верижната реакција ќе
тече, бидејќи со тек на времето бројот на неутроните не се менува. Наспроти тоа,
кога масата на систе- мот е помала од критичната маса, не може да се одржува
верижната реакција.
Верижните реакции се делат на контро- лирани и неконтролирани. Контролираните
верижни реакции се одвиваат во нуклеарните реактори.
Експлозијата
на атомската бомба претставува неконтролирана верижна јадрена реакција. За да не
дојде до експлозија, фиси- оното гориво е поделено на два дела со еднак- ви маси,
но помали од критичната. Околу фи- сиониот материјал е поставен рефлектор за да се
намали загубата на неутрони и ефикасноста на фисијата да биде што е можно подобра.
За да се развие верижна реакција со помош на обична експлозија, овие две маси се
соедину- ваат и масата станува поголема од критичната
маса.
При експлозивната верижна реакција се ослободува огромно количество енергија со
разорна моќ. Притоа, до израз би дошле след- ниве дејства: ударното (механичко),
топлин- ското и радиоактивното.
На пример, експлозијата на атомската бомба со 1 kg 235U би била еднаква со експло-
зијата на 20000 тони класичен експлозив на тринитротолуол (TNT).
ПРИМЕР 1. Со користење на таблицата на периодниот систем на елементите, може да се
пресмета точниот износ на ослободената енергија од реакцијата дадена со (2) :

You might also like