You are on page 1of 1

1.

Кеплерови закони

1. Прв Кеплеров закон(закон за орбитите): Секоја планета се движи по елипса , на која


во еден од фокусите се наоѓа Сонцето
2. Втор Кеплеров закон(закон за плоштините): Радиусвекторот , што ја сврзува
планетата со Сонцето , за еднакви времиња опишува еднакви плоштини
3. Трет Кеплеров закон(закон за периодите): Квадратите на времињата на едно
обиколување на планетите околу Сонцето се однесуваат како кубовите на големите
полуоски на нивните соодветни елиптични патеки.

2.Фазен премин — преод на термодинамички систем од една фаза(состојба) на


материјата во друга преку топлински пренос. Овој поим најчесто се користи за опис на
преминот помеѓу цврста, течна и гасна состојба на материјата и во ретки случаи плазма.
Фазите на термодинамичките системи и агрегатните состојби имаат исти физички својства. За
време на фазениот премин при смената на одредени надворешни влијанија, како што се
температурата, притисокот или други. На пример, течност може да стане гас при греење
до точката на вриење, што доведува до ненадјна смена во волуменот. Мерењето на
надворешните услови во кои се случува преодот се нарекува фазен премин. Фазните премини
се чести во природата и денес се користат во многу технологии.

3.Првиот закон на термодинамиката го изразува односот помеѓу два вида енергија и обично


е опишан преку механичкиот еквивалент на топлината. Овој закон претставува потврда на
универзалниот закон за запазување на енергијата.

Мерна единица
Стара мерна единица за енергијата кај топлинските процеси е калоријата (cal.). Таа е
воведена во раните проучувања на топлинските процеси и се дефинира како количество на
енергија што треба да се пренесе на 1g вода за температурата на водата да се зголеми од
14,5 до 15,5 °C.
Денес за кавнтитативното опишување на топлинските процеси се користи единицата за
енергија од SI-системот џул (J). Топлината, работата и внатрешната енергија кај топлинските
процеси се мерат во исти мерни единици-џули. Калоријата како единица за топлинска
енергија е еквивалентна на определен број џулимеханичка енергија.
Во многу експерименти е покажано дека постојат загуби на механичката енергија (најчесто
поради триење). Таа не исчезнува,туку се претвора во внатресна енергија на системот. Тоа
можеме да го видиме на примерот со чекан кој удира на клинец поставен на парче дрво. При
удирањето на чеканот неговата кинетичка енергија во текот на процесот се трансформира во
работа извршена за забивање на клинецот во дрвото. Кога ќе престане удирањето со чеканот
дел од неговата кинетичка енергија преминала на клинецот како внатрешна енергија што се
гледа од факторот дека клинецот станал значително потопол. Односот меѓу вложената
енергија (работа) и добиеното количество топлина се вика механички еквивалент на
топлината. Изразено како равенство:
Работа/топлина= механички еквивалент на топлина
А/H=J.

You might also like