You are on page 1of 2

ВИДОВИ НА ЕНЕРГИЈА

Видови енергија:
За телата што се способни да извршат работа велиме дека имаат енергија. На пример,
енергија има: чеканот подигнат на одредена висина, растегнатата пружина, резервоарот на
автомобилот полн со бензин, електричната струја, итн.

Подигнатиот чекан може да забие колец во земјата – врши работа, растегнатата пружина
може да помести тело, бензинот го покренува моторот на автомобилот, електричната струја
го покренува моторот на правосмукалката.

Всушност, енергијата ни покажува колкава работа може да изврши некое тело. Затоа
велиме: Енергија е способност на телото да врши работа. Енергијата може да се складира.

Телото има поголема енергија ако може да изврши поголема работа.

Енергијата и работата имаат иста природа, затоа енергијата и работата се мерат со исти
единици за работа – џул (J)

●Механичка енергија – може да се јави во форма на потенцијална и кинетичка енергија.

▪Енергијата што ја имаат телата поради нивната положба или поради заемната положба на
нивните молекули се вика потенцијална енергија, (Ep).

Примери:
- Акумулационите езера имаат насобрана потенцијална енергија.
-Скијачот што се искачил со жичара на некоја висина за да почне да скија има потенцијална
енергија.
-Камен подигнат во положба над површината на земјата, ако го пуштиме слободно да паѓа,
може да изврши работа, има потенцијална енергија.
- Оптегнат лак при отпуштање ја исфрла стрелата – врши работа.
- Стегнатата пружина, доколку има врз неа тело го отфрла – врши работа.
- Балон надуен со воздух, доколку го одврземе грлото, се придвижува – врши работа.

▪Во сите овие примери, телото врши работа поради промената на положбата или промена
на положбата на неговите честици, односно поради дејството на еластичните сили кои го
враќаат телото во својата првобитна положба и во состојба се да извршат работа, па велиме
телото има потенцијална енергија .

▪Потенцијалната енергија се пресметува со формулата Ep = m·g·h


m – маса на телото; g – Земјиното забрзување, g = 9,81 m/s² ; h – височина.
▪По договор е усвоено потенцијалната енергија на телото, што се наоѓа на површината на
земјата, да е еднаква на нула.

▪Енергијата што ја имаат телата во движење, се вика кинетичка енергија, (Ек).

Примери за кинетичка енергија:


-Ако придвижиме една топка и таа удри во друга топка и втората топка ќе се движи.
- Водата кај водениците или турбините паѓајќи од одредена височина или движејќи се по
надолница го придвижува воденичкото колце или ја врти турбината.
- Ветерот врши работа движејќи ја ветерницата.
- Куршумот исфрлен од цевката на пушката може да направи дупка во ѕидот – врши работа.

▪Кинетичката енергија се пресметува со формулата Ек = (m·v²) : 2.


m – маса на телото; v – брзина .

●Сите супстанции кои може да согорат имаат хемиска енергија. Хемиска енергија има:
јагленот, нафтата, земниот гас, храната, акумулаторот има акумулирана хемиска енергија
итн.

●Електрична енергија имаат електричните полнежи што се движат по електричните


спроводници (енергија што ја пренесува електричната струја).

●Внатрешна енергија има во секоја супстанција: во зовриена вода, во усвитено железо,


парче мраз итн. Внатрешната енергија се јавува поради постојаното движење на
молекулите внатре во супстанцијата.

●Светлинската енергија претставува посебен вид на енергија на зрачењето.Тоа е енергијата


што ја регистрираме со очите. Големи количества од оваа енергија Земјата ја добива од
Сонцето.

●Нуклеарната енергија се наоѓа во атомите, во јадрото на атомите, односно кај


радиоактивните материи. Поради радиоактивноста настанува промена на јадрото на атомот
и поради тоа се ослободува голема енергија.

●Еластична енергија е потенцијална енергија што ја има еластичната пружина (или


еластично тело) кога таа/тоа се наоѓа во посебна положба (збивање или истегнување) .

●Гравитациска потенцијална енергија е енергијата на телото подигнато на некоја висина.

●Звучна енергија, звук е енергија што можеме да ја регистрираме со нашите уши.

●Топлинска енергија е енергија што ја предаваат загреаните тела.

You might also like