You are on page 1of 5

Можеме ли да добиеме енергија од ништо?

Да се потсетиме:
• Енергија е способност на телото да врши работа.
• Познати се разни видови на енергија:механичка, хемиска, електрична,
топлинска,светлинска, звучна, внатрешна , нуклеарна .
• Механичката енергија може да се јави во форма на потенцијална и конетичка
енергија.
• Потенцијална енергија (Ep) е енергијата што ја имаат телата подигнати на некоја
висина.
• Енергијата што ја имаат телата коишто се наоѓаат во движење се вика кинетичка
енергија (Ek)

Енергијата не исчезнува, односно таа неможе да се уништи.Таа преминува од еден вид


во друг вид. Тоа е општ закон во природата, познат како Закон за зачувување на
енергијата, кој гласи:
Енергијата може да се претвори од еден во друг вид енергија, но таа не може ниту
да се создаде од ништо, ниту пак, е можно да се уништи.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------
За едно тело или машина за да изврши работа користи енергија од некој извор.
На пример, моторот на автомобилот ја користи енергијата на бензинот, турбината на
централата ја користи енергијата на водата, човекот при вршење работа ја користи
енергијата на храната, итн.
Тоа значи неможе да се добие енергија од ништо. Мора да постои извор на енергија.

Перпетуум мобиле е машина која може да работи постојано без додавање каква било
енергија од надвор во системот, односно без извор на енергија.

Многу конструктори се обидувале да конструираат таква машина, но не успеале затоа


што тоа не е возможно.
И да направат таква машина која со еднаш вложена енергија ќе работи, никогаш нема
да врати поголема енергија од вложената, па по некое време ќе престане да работи.

Вложената енергија која делува машината да работи бесконечно ќе се изгуби низ


триење, топлина, совладување отпор на воздухот и слично и на крај ќе се добие
помалку енергија од вложената. Машината која ќе работи бесконечно може да се
направи ако се користи некоја друга енергија, на пример енергија на вода, ветер, сонце
или друго, но никогаш нема да биде перпетуум мобиле.
Законот за запазување на енергијата укажува дека неможе да се конструира машина
која би рабтела постојано без да добива каква било енергија однадвор.

Бесконечно движење не е можно бидејќи секогаш ќе има одредено пренесување на


енерија кое не е корисно.

Перпетуум мобиле би го прекршило законот за запазување (одржување) на енергија


бидејќи тоа би било машина која што кога еднаш ќе се стави во погон (да работи)
вечно би се движела , без да бара надополнување на енергија.

Едноставни перпетуум мобиле машини


(Да провериме дали е возможно бесконечно движење на лулашката?)

•Дека бесконечно движење на некое тело или машина не е можно без да добива телото
или машината било каква енергија однадвор, бидејќи секогаш ќе има одредено
пренесување на енергија кое не е корисно може да се објасни со движење на лулашката
на следната слика.

Кога лулашката ќе ја извадиме од рамнотежната положба (В), во положба А таа ќе се


здобие со најголема потенцијална енергија Ep=m·g·h бидејќи висината е најголема, а
кинетичката енергија е нула, бидејќи тогаш брзината е нула.
Потоа ќе почне нишањето, потенцијалната енергија се намалува, поминува во
кинетичката енергија, која постепено се зголемува поради зголемувањето на
брзината.Потоа лулашката со најголема брзина поминува низ рамнотежната положба
(В) и тогаш има најголема кинетичка енергија Ek =(m·v²):2, а потенцијалната енергија
е нула, бидејќи во таа положба и висината е нула.
Потоа ,лулашката се движи од положба (В) кон положба (С) , кинетичката енергија и
се намалува, но затоа потенцијалната енергија расте. Во положбата С во еден момент
лулашката застанува , кинетичка енергија е еднаква на нула, а потенцијалната енергија
е најголема, односно повторно има вредност Ep=m·g·h.
Лулашката повторно се движи од С кон В, потоа од В до А и претворањето на ист
начин се повторува.

Ако не постои отпорот на воздухот и триењето, лулашката би се двжела постојано од


една положба до друга, односно постојано би се претворала потенцијалната енергија во
кинетичка и обратно.

Во секоја положба на лулашката вкупното количество на механичка енергија не се


менува, односно збирот на кинетичката енергија и потенцијалната енергија е еднаков
на вкупната механичка енергија (E = Ep + Ek =const).

•Дека бесконечно движење на некое тело или машина не е можно без да добива телото
или машината било каква енергија однадвор, бидејќи секогаш ќе има одредено
пренесување на енергија кое не е корисно може да се објасни и со таканареченото
Максвелово тркало на следната слика.

Од двете страни на оската на тркалото се намотува конец при кое тркалото добива
определена грвитациска потенцијална енергија, бидејќи се наоѓа на висина h во однос
на подот .
Ако се отпушти тркалото, конецот се одмотува и тркалото се спушта надолу, а
потенцијалната енергија поминува во кинетичка.За колку му се намалува
потенцијалната енергија, за исто толку се зголемува кинетичката енегија.
Кога тркалото стигнува на најниската точка, поради кинетичката енергија што ја има,
тоа и понатаму се врти и повторно се подига нагоре до истата висина.Сега кинетичката
енергија се претвора во потенцијална и потоа повторно се одмотува конецот и
настанува обратен процес, претворање на потенцијалната енергија во кинетичка.
Ако не би постоел отпорот на воздухот и триењето, Максвеловото тркало постојано
би се двжело нагоре - надолу, односно постојано би се претворала потенцијалната
енергија во кинетичка и обратно.

Во секоја положба на тркалото вкупното количество на механичка енергија не се


менува, односно збирот на кинетичката енергија и потенцијалната енергија е еднаков
на вкупната механичка енергија (E = Ep + Ek =const).

На следниов линк можете да дознаете повеќе за машини таканаречени „перпетуум


мобиле“.

https://youtu.be/2D9FcjTNaEk

Домашна работа.

Објасни дали е возможно бесконечно движење на телото што се ниша на сликата?


Објасни како се менува потенцијалната и конеичката енергија во секоја положба на
телото

You might also like