You are on page 1of 9

ССОУ Моша Пијаде

Електични машини

Електротехника со електоника

Јовица Димовски
ll1
Струен круг и неговите елементи
Сијалицата свети само кога низ неа тече електична струја односно движење на преносители на електрицитет од едниот пол кон
другиот.

Што се однесува на името струен круг,тоа е само сликовит начин на изразувањето.


Вистинскиот круг (кружница) ретко се среќава.Затоа велиме:

Струен круг е целина кој што се состои од: извор на електрична струја и потрошувачи меѓусебно поврзани со спроводници.

Елементи на струен круг:


Извор на електична струја
Потрошувачи и
спроводници

Во струјниот круг за полесна работа најчесто се става и: прекинувач, осигурач и мерни инструменти.

За да не се цртаат струјните кругови со сите елементи најчесто се користат симболи и знаци.

Телата кои се електризираат со триење или со допир и притоа губат дел од негативниот полнеж стануба позитивно
електризиран за тие тела велиме дека имаат позитивен потенцијал.

Поголеми единици од волта се:

1кV=1000 (кило волта)


1МV=1000 000 (мега волта)
1GV=1000 000 000 (гига волта)
Електичен отпор

Својството на спрободниците да влијаат на електрична струја се нарекува електричен отпор и се


означува со R.

Мерна единица за електричен отпор е еден ом.Електричен отпор има спроводник низ кој што при
напон од 1V на неговите краеви тече електрична струја од јачина од 1А.

Мерен инструмент за електричен отпор се вика Оммеметар.


Омов закон

Омовиот закон се однесува на , тој вели дека:


Струјата помеѓу две точки е директно пропорционална со потенцијалната разлика
(напонот) и обратно пропорционална со отпорот помеѓу нив.

Математички, тоа се изразува како:

Каде што I е струјата во ампери, U е потенцијалната разлика во волти, и R е


електричната отпорност изразена во оми. Потенцијалната разлика е позната и како пад
на напонот, и може да се означува и со V, E или ЕМС (електромоторна сила).

Оваа законитост ја открил германскиот физичар Георг Ом, и ја објавил во 1827. година
како резултат на лабораториски мерења, и во малку посложена форма.
Отпорноста на повеќето отпорнички материјали отпорници е константна за широк спектар
на струи и напони. Кога отпорникот се употребува во вакви околности, неговата
отпорност се нарекува „омска“.
Покрај омската отпорност, постои и капацитивна и индуктивна, кои се јавуваат кај
променливите и наизменичните струи.
Омовиот закон, во презентираната форма, е мошне корисен за електротехниката, затоа
што опишува како напонот, струјата и отпорот се поврзани на „макроскопско“ ниво,
односно како елементи на електричното коло. Физичарите кои ги проучуваат
електричните својства на материјалите на микроскопско ниво ја употребуваат
векторската равенката:
Каде што J е густина на струјата (струја по единична површина) σ е електричната
спроводливост, E е електричното поле (во волти по метар).

Електромотор

Електромотор (струен двигател или струјоврт) — направа која ја претвора


електричната енергија во механичка работа. Денес се употребуваат голем број видови на
електромотори, но принципот на работа е ист кај сите. Електромоторите ги има во голем
дел на апарати во домаќинствата, а се користат и во скоро сите машини во индустријата.
Обратната постапка во претварање на механичката енергија во електрична енергија се
врши со електричен генератор.

Електричен генератор

Електричен генератор (струјотвор) — вртечка машина којашто механичката енергија ја


претвора во електрична.
Во производството на електрична енергија, електричниот генератор е уред кој ја
претвора механичката енергија во електрична енергија. Обратното претворање на
електричната енергија во механичката енергија се врши со помош на електромотор;
моторите и генераторите имаат многу сличности. Генераторот ги присилува електроните во
намотките да течат низ надворешните електрични кола. Може да се направи аналогија
со пумпа за вода, таа создава проток на вода, но не создава вода во внатрешноста. Извор
на механичка енергија може да биде парна турбина, вода која пага низ турбина или
тркало, мотор со внатрешно согорување, турбина на ветер, компресиран воздух или кој
било друг извор на механичка енергија.

Електромагнетна индукција

Електромагнетна индукција — добивањето на електромоторна сила низ проводник


кога истиот е изложен на променливо магнетно поле. Електромагнетната индукција
математички е објаснета преку Фарадеевиот закон за индукција, именуван по Мајкл
Фарадеј кому му се припишува откривањето на индукцијата во 1831 година.

Законот во физиката кој ги опишува процесите на електромагнетната индукција е познат


како Фарадеев закон за индукција и наjраспространетиот облик на овој закон вели дека
индуцираната електромоторна сила во секое затворено електрично коло е еднаква на
стапката на промена на магнетниот тек опфатен од тоа коло.Или запишано математички,

Дијаграм на кој е прикажана направата наречена Фарадеев железен прстен.


Промената на магнетниот тек на левата намотка создава струја во десната намотка.
Трансфрматори

Трансформатор — електричен уред кој ја претвора со променливо поле од едно коло во


друго, без никакви подвижни делови. Трансформаторот се состои од две (или повеќе)
намотки или една намотка со повеќе изводи. Трансформаторите се користат да го
зголемуваат или намалуваат напонот, да го менуваат отпорот, или да обезбедат
електрична изолација помеѓу колата.
Трансформаторот е еден од наједноставните електрични уреди. Неговиот основен дизајн,
материјалите и принципите малку се промениле во последните 100 години, но сепак
дизајнот и материјалот на трансформаторот продолжуваат да се унапредуваат.
Трансформаторите се значајни за пренесување на електрична енергија со висок напон кој
обезбедува заштеда во текот на преносот на поголема далечина.
Најпростите трансформатори се составени од две намотки- примар и секундар.
Наизменичната струја која тече низ намотките на примарот создава магнетен флукс кој,
преку јадрото, предизвикува индукција во намотките на секундарот.
Главната примена на трансформаторите е за снабдување на енергија од електричните
централи, преку преносната мрежа, до крајните потрошувачи. При овој пренос,
енергијата претрпува неколку трансформации во т.н. трафостаници.

You might also like