You are on page 1of 5

3.

8 Напон во струјните кола

 Многу електрични уреди користат батерии. На батериите вообичаено е означен


нивниот напон. Ознаката може да кажува 1,5 V. тоа значи дека напонот на батеријата е
1.5 волти.
 Волт V е ознака е единица мерка за напон. Напонот се мери со волтметар.
 Напонот на изворот се мери така што волтметарот се поврзува паралелно со изворот,
т.е краевите на волтметарот се поврзуваат со краевите на изворот
 Позитивниот крај на волтметарот треба да се поврзе со позитивниот пол на изворот

 Ако две или повеќе батерии се поврза сериски, тогаш вкупниот напон е зибр од
напоните на изворите. На секој од шемите подолу напонот на секој извор е 1.5 V.

1.5 V

3.0 V

4.5 V

0V
 Со зголемување на напонот на изворот се зголемува јачината на струја во колото. Ова е
поради тоа што две батерии сврзани сериски посилно ќе ги туркаат електорните во
жицит, а тоа ќе резултира со струја со поголема јачина.
 Ако струјата што тече е појака , тогаш светилката ќе свети посилно. Струјата многу
побрзо ја пренесува енергијата од батеријата на светилката.
 Краевите на волтметарот постојано ги повруваме со краевите на струјниот елемент.
Струен елемент може да биде светилка или отпорник

 При паралелно врзување волтметарот, повторно мора да се поврзе паралелно со


струјниот елемент.
o батерија (хемиска енергија)
Хемиска енедгија  електрична енергија  светлинкска + топлинска

o Напон – мерка за енергијата (работата што се извршува) која се пренесува од


батеријата кон полнежите и од полнежите кон компонентите (елементите) на
струјното коло.
o Напонот се означува со U. Основна мерна единица за напонот е волт (V)
o Напонот се мери со инструментот ВОЛТМЕТАР. Ознака - . Секогаш се
сврзува паралелно во струјното коло.

o Сериско: вкупниот напон на батеријата е еднаков на збирот од напоните на


елементите во струјното коло.
o Напонот на секоја гранка од струјното коло е еднаков со напонот на батеријата.
o Омов закон за јачина на струја (се однесува за дел од струјното коло)
I = U/R 1A=1V/1Q
Јачината на струјата која што тече низ спроводниците е поголема, колку е
поголем напонот, а помал отпорот.

3.9 Отпор во струјните кола

 Со поврзување повеќе извори во серија добиваме поголем напон, а со тоа и поголема


јачина на струјата.
 Ако ги земеме во предвид електорните во колото, ќе сфатиме зошто јачината на
струјата во коло со две сериски вразни светилки е помала.
 Батеријата ги турка електроните. Таа треба да ги истурка електроните низ едната
светилка, па потоа и низ другата. За батеријата е полесно да ги истурка електроните
само низ една светилка отколку низ две. Затоа струјата е посилна кога е вклучена само
една светилка.
 Велиме дека светилката има отпор. Колку е поголем отпорот во колото, толку е
потешко батеријата да ги турка електроните, а со тоа струјата е помала.
 Други елементи во струјноот коло што имаат отпор:

Отпорник - служи за
намалување на јачината на
струјата.

Променлив отпорник – служи за


контролирање на струјата во колото.

Ѕвончето создава звук кога низ него тече струја.


 Отпорот се мери во оми (Ω)

 Кога во струјното коло два елемента се врзани сериски, струјата тече потешко. Отпорот
во колото е поголем и поради тоа тече струја со помала јачина.
 За да се движат електроните низ одреден елемент, што има отпот, потребна им е
енергија. Струјата ја пренесува енергијата до ѕвончето за да заѕвони или до ламбата за
да засвети.

o Отпор – својството на спроводниците и елементите во струјното коло да влијаат


врз јачината на струјата се вика електричен отпор и се означува со R.
o Единица мерка за електричен отпор е еден ом, и се означува како 1Ω
o Поголеми единици мерки:
- 1кΩ (килоом) = 1000Ω = 10*3Ω
- 1МΩ (мегаом) = 1 000 000 = 10*6Ω
- 1GΩ (гигаом) = 1 000 000 000 = 10*9Ω
o Помали единици мерки:

- 1mΩ (милиом) = 0.001Ω = 10*-3Ω


- 1μΩ (микроом) = 0.000001Ω = 10*-6Ω
- 1nΩ (наноом) = 0.000000001 = 10*-9Ω
o Колку е поголем отпотрот во струјното коло, јачината на струјата е помала
o Големината на електричниот отпор кај спроводниците зависи од:
- Должината на спроводникот (l) – отпорот се однесува
правопропорционално со должината на спроводникот. (колку поголема
должина, поголем отпор)
- Напречен пресек на спроводникот (s) – напречниот пресек на спроводникот
зависи обратно пропорционално (поголем напречен пресек, помал отпор)
- Материјалот од кој што е направен спроводникот (ρ) – спесифичен отпор на
материјалот.
o R=l*p/s
- Отпор кај сериски сврзани потрошувачи

R1 – отпор на сиаличка број 1


R2 – отпор на сиаличка број 2
R3 – отпор на сиаличка број 3
Re – вкупен отпор
Re = R1 + R2 + R3

o Отпор кај паралелно сврзани потрошувачи

R1 – отпор на сиаличка број 1


R2 – отпор на сиаличка број 2
R3 – отпор на сиаличка број 3
Re – вкупен отпор

1/Re = 1/R1 + 1/R2 + 1/R3 – Re е реципрочна вредност на 1/Re

o Комбинирано поврзување на потрошувачите во струјно коло.

You might also like