You are on page 1of 3

ПРИЛОГ

Наставна содржина 1.14 Триењето прави отпор на движењето


- учебник на страна 35 и 36

-Кога ќе ги споите дланките и протриете ќе почувствувате сила на триење.


-Со силата на триење дланките дејствуваат една на друга.
- Ако ги притиснете дланките посилно и ги триете ќе почувствувате загревање,
ефект што е резултат на триењето. Вообичаено тоа го правите во зима.
-Сила на триење се јавува кога телата се во контакт (се допираат).

-Силата на триење во однос на телото кое го туркате надесно (дејствувате со сила)


или движењето на тело дејствува во спротивна на сока од движењето на телото,
односно налево.
- Ако туркате кутија (товар) налево, силата натриење ќе дејствува во спротивна
насока, односно надесно.
- За да го придвижите телото врз кое дејствувате , силата со која дејствувате
(туркате ) е поголема од силата на триење.
- Окако ќе се придвижи телото влечната сила ја урамнотежува силата на триење и
телото се движи рамномерно.
-Влечната сила и силата на триење дејствуваат во ист правец, но во спротивна
насока.
-Ако едно тело се движи рамномерно праволониски под дејство на постојана
влечна сила, вкупната сила на триење е еднаква на влечната сила.
Пример: Ако воз се движи рамномерно праволиниски под дејство на постојана
влечна сила од 200kN, вкупната сила на триење е еднаква на влечната сила, т.е.
200kN

-Насоката на силата на триење се претставува со вектор .


- Ако товар поставен на коса рамнина се движи надолу, силата на триење дејствува
во правец на косината –со наока нагоре (спротивно од движењето на товарот).
- Силата на триење ја мериме со динамометар.

•Силата на триење зависи :


а) Право пропорционално од нормалната сила (Fn ), сила со која телото дејствува
врз подлогата (колку е поголема нормалната сила толку е поголема силата на
триење и обратно).
Fn = G, со G се означува тежината на телата, G = m∙g
-рапавоста на допрните површини (колку е порапава, нерамна допрната површина
толку е поголема силата на триење),
-видот на материјалот од кој се направени телата.

•Силата на триење не зависи од големината на допирната површина


•Силата на триење ја бележиме со Ftr, искажана е со формулата Ftr = μ·Fn се мери
во Њтни (1N),
- Fn е нормалната сила (Fn )со која телото дејствува врз подлогата, Fn = G = m∙g , g
= 9,81N/kg, g е Земјино забрзување
- μ (ми) е коефициент на триење (обичен број)
- μ за различни супстанции е различен
- Пример: при лизгање дрво по дрво µ = 0,5; а за гума по сув асфалт µ= 0,8.
- μ = Ftr : Fn

●Коефициент на триење е количникокот на силата на триење Ftr и нормалната сила


Fn со која телото дејствува врз подлогата.

•Постојат два вида на триење


- Триење при лизгање (кога телата се лизгаат по дадена површина и триење при
тркалање (кога телото се тркала пр. кај велосипед, автомобил и сл.).

-При приближно еднакви услови триење при тркалање е помало од триење при
лизгање

•Примери кога триењето е корисно:


- Триењето ни овозможува да држиме во рака разни предмети, да се движиме по
патот, да составиме два предмети.
-Силата на триење ни овозможува са чекориме.Затоа ѓонот на зимските чевли се
прави да биде нерамен, со цел да се обезбеди поголемо триење со подлогата.
-Силата на триење е корисна кај сопирачките на возилата.
-Во зима, замрзнатиот пат се посипува со песок за да се зголеми силата на триење и
возилата полесно да се движат.

•Примери кога триењето е штетно:


-Силата на триење е штетна кај осовините на машините, тие се абат.Затоа оските се
подмачкуваат со различни масла, или кај лежиштата на оските се вградуваат
куглички –лагери со цел триењето да се замени со триење при тркалање.
Задачи:

1.Тежината на натоварената санка изнесува 400N.Со колкава сила треба да се влече


по хоризонтален пат за да се движи рамномерно, ако коефициентот на триењето
меѓу скиите од санката и снегот е 0,1?
Дадено: G = 400N, µ = 0,1
Се бара: Ftr
Решение: Ftr = µ·G = 0,1· 400, Ftr = 40N

2. Да се пресметаат непознатите величини:


а) Ftr=?, µ=0,1, Fn=32,1N; б) Ftr= 700N, µ=0,5, Fn=?; в) Ftr=1500N, µ=?
Fn=6000N;

а) Ftr = µ·G = 0,1· 32,1N, Ftr = 3,21N

б) Fn= Ftr : µ = 700N : 0,5, Fn =1400N

в) µ = Ftr : Fn = 1500N : 6000N = 0,25

3.На бетонски блок со маса 12t, што се влече по хоризонтална подлога, дејствува
сила од 54kN. Да се определи коефициентот на триење.
Дадено:
m = 12t = 12 000kg;
Ftr =54kN = 54 000N
Се бара: µ
Решение: µ = Ftr : G
G = m·g, g = 9,81m/s² ≈ 10m/s²
G = 12 000·10, G = 120 000N
µ = 54 000N : 120 000N = 0,45

4.Едно тело има тежина 12N, а коефициентот на триење меѓу него и подлогата е
0,25.Со колкава сила треба да се дејствува на телото за тоа да се движи
рамномерно.
Дадено: G = 12N, µ = 0,25
Се бара: Ftr
Решение: Ftr = µ·G = 0,25· 12, Ftr = 3N

5.Коефициентот на триење меѓу дрвото од санката и мразот е µ = 0,035. Со колкава


најмала хоризонтална сила треба да се влече санката , ако тежината на санката
заедно со товарот е 700N?
Дадено: G = 700N, µ = 0,035
Се бара: Ftr
Решение: Ftr = µ·G = 0,035· 700, Ftr = 24,5N

You might also like