You are on page 1of 1

Механичка работа и моќност

Запомни

1.Под поимот работа во секојдневниот живот се подразбира процес во кој се извршува


некоја физичка или умствена дејност.

2.Под поимот работа во физиката се подразбира дејството на силата која го поместува


телото на кое му дејствува.

3. Механичка работа се врши само при заемно дејство на две или повеќе тела.

4.Работата што ја врши една постојана сила е еднаква на производот од големината на


векторите на силата и поместувањето ,помножен со косинусот од аголот што се зафаќа меѓу
силата и поместувањето

A= F∙ s ∙cosα , A= F∙ s 1J= 1N ∙1m

5. Еден џул е работа што ја врши сила од еден њутн ,при што телото се поместува за
растојание од еден метар.

6.Ако аголот што се зафаќа меѓу силата и поместувањето е остар ,силата врши позитивна
работа.

7.Ако аголот што се зафаќа меѓу силата и поместувањето е тап ,силата врши негативна
работа.

*Секоја сила што го сопира (кочи) движењето на телото врши негативна работа.

9.Работата што ја врши една променлива сила се пресметува така што целото поместување
се дели на мали делови во кои се смета дека на телото дејствува постојана сила каде работата
во секој сегмент се пресметува со равенката Ai= F∙ s ∙cosα ,а вкупната работа по целото
поместување се пресметува со равенката A = A1 + A2 + ...+ An

10.Под моќност или ефект се подразбира извршена работа во единица време .

P = A /t 1W=1J /1s

* Под моќност се подразбира брзината на вршење на работата.

11.Еден ват е моќност на онаа тело кое за време од една секунда врши работа од еден џул.

12.Моќноста што ја развива дадена машина ( механизам) е еднаква на производот од силата


со која машината дејствува на телото и брзина што ја добива телото под дејство на таа сила.

P = F ∙v
13.Под коефициент на корисно (полезно ) дејство на една машина се подразбира
количникот (односот ) меѓу корисната( излезната ) моќност Pk, и вложената (потрошената )
моќност Pv .

η = Pk ∙100% / Pv

You might also like