You are on page 1of 29

Нуклеарни реактори

Верижна реакција
Фисијата на ураниумовото јадро е
проследена со добивање на два-три
неутрона.Еден неутрон предизвикува
реакција и воедно по реакцијата создава и
други неутрони кои се способни за
интеракција со новите јадра,односно за
нова фисија.Како пример ќе ја земеме
равенката:
Продуктите од цепењето на ураниумот се
нови полесни јадра,X и Y бидејќи не
учествуваат во верижната
реакција.Реакцијата се раширува бидејќи
бројот на неутроните расте со геометриска
прогресија.Исто така се создава лавина од
неутрони и поради тоа оваа реакција се
нарекува верижна нуклеарна реакција.
Ураниумот во природата се наоѓа во вид на два
изотопа:

со застапеност од 99,3 %

со застапеност од 0,7 %

Ураниумот што има масен број 238 се дели само


под влијание на брзи неутрони,а со дејство на
бавни неутрони се цепи другиот ураниум.
Можен начин да се обезбеди верижна
реакција е во ураниумот да се намали
концентрацијата на ураниумот со поголем
масен број и да се зголеми концентрацијата
на ураниумот со помал масен број.Тој
процес се вика збогатување кај коишто
ниспродуктот од овој процес се нарекува
осиромашен ураниум.Со ова се зголемува
можноста фисијата да биде предизвикана
од бавните неутрони.
Коефициент на размножување
на неутроните
Основен услов за да настане верижна
реакција е коефициентот на размножување
на неутроните(фактор на мултипликација)k
да биде еднаков или поголем од
единица.Коефициент на размножување е
однос на бројот на неутроните од една i-та
генерација,со бројот на неутроните на
претходната (i-1)-вата генерација.
За k многу малку поголемо од
1(пр.k=1,0014) реакцијата се одвива
експлозивно.Исполнувањето на овој услов
зависи од повеќе фактори од кои најважна
е масата на фисионото гориво.
Критична маса
Критична маса претставува минималната
маса при која се одржува верижната
реакција,која е можна само ако масата на
ураниумот е еднаква или поголема на
самата критична маса.Конкретно за
ураниумот тоа е маса со ред на големина
од неколку килограми,со форма на топка со
радиус од 15 cm.
Нуклеарна експлозија
Доколку масата на фисионото гориво е
поголема од критичната,тогаш под влијание
на лавинообразното множење на
неутроните многу брзо се создаваат
огромен број неутрони.При ова настануваат
многубројни фисии,при што се ослободува
огромен износ на енергија.Брзиот
фисионен процес доведува до нуклеарна
експлозија.(атомска бомба)
Чернобилска несреќа
Чернобилската несреќа која се случила на 26
април 1986 година била најголемата несреќа
во историјата на нуклеарните
централи.Нуклеарната централа во
Чернобил,по првата експлозија,дошло до
ланец од неколку експлозии и пожари кои
создале радиоактивен облак во атмосферата
кој потоа се раширил над широк географски
регион.Радиоактивниот облак бил 30-40 пати
поголем од оној што настанал над Хирошима.
Оваа експлозија се случила на четвртиот
реактор на нуклеарната електрана
„Лењин“.Главна причина за несреќата пред се
е недоволното испитаната технологија на овој
тип реактор и неговата нестабилност при
ниска сила на реакторот,но исто така не треба
да се занемари човечкиот фактор,лошото
управување и недоволното искуство на
операторот со реакторот.Кога тестот започнал,
операторите започнале со намалување на
силата на реакторот. Реакторот бил со сила од
200 мегавати и бил многу тежок за
контролирање.
Јадрени реактори
Првиот јадрен реактор е конструиран во
САД под раководство на Енрико Ферми,во
1942 година.
Основни делови на нуклеарен
реактор се:

нуклеарно гориво(најчесто ураниум со маса


поголема од критичната)
модератор
рефлектор
контролни прачки(регулација на процесот)
систем за ладење
систем за заштита
Нуклеарното гориво може да биде од ураниум
или плутониум.Горивото е поставено со
непосредна близина на модераторот кој ги
забавува неутроните.Модераторот е поставен
во ѕидови од графит кои играат улога на
рефлектор за неутроните.Најважниот дел со
кој се обезбедува контролираната фисија
претставуваат контролните прачки.Тие се
вовлекуваат или вадат помеѓу нуклеарното
гориво и на овој начин се регулира
коефициентот на размножување.Овие прачки
се напревени од кадмиум или бор,кои ги
заробуваат поголемиот број на неутрони.
Нуклеарните реактори може
да бидат:

истражувачки (служат за научни цели или


како уреди во кои се добиваат најразлични
радиоизотопи кои се користат во
индустријата и медицината)
енергетски (составен дел на нуклеарните
централи)
Функционирање на нуклеарните
централи
Во јадрото на реакторот се ослободува големо
количество енергија која ја загрева обичната
вода што се наоѓа во непосреден контакт со
јадрото на реакторот.За да се обезбеди
користење на енергијата,со пумпи постојано
се внесува се внесува студена вода.Загреаната
вода ја предава својата енергија на
разменувачот за топлина во кој се создава
водена пареа.Водата ја движи турбината и
водената пареа својата енергија ја предава на
генераторот за електрична струја.
Активниот дел на јадрото каде што
постојано настануваат процесите на фисија
претставува моќен извор на радијација.
При фисијата се добиваат помали јадра кои
најчесто се радиоактивни.Со фисијата се
ослободуваат неутрони и ɣ кванти кои се
најопасни за живите организми.
Покрај оловниот оклоп,активниот дел на
реакторот се обложува со ѕидови од бетон
и железо до 2 метри во ширина.(заштитен
слој)

You might also like