You are on page 1of 2

1.

Под дејство на постојана сила F=0,30 kN тело се поместува во насока на


дејството на силата на растојание s = 100 cm. Да се пресмета работата што ја
врши силата.

2. Да се пресмета работата што ја врши силата тежа при паѓање на тело со маса
m = 50 g од висина h = 110 cm.

3. Пресметај ја работата што ја врши силата во трите случаеви!

F1 = 10 N
F1 = 10 N α=300 F1 = 10 N

m=5 kg
m=5 kg m =5 kg

Телото изминува пат од Телото изминува пат од Телото се качува на


120 cm 120 cm висина од 120 cm

4. На хоризонтална подлога лежи тело со маса m = 100 g. Колкава работа треба


да се изврши за да телото се помести на растојание s = 20 cm. Коефициентот на
триење меѓу телото и подлогата е μ = 0,1

5. Каква работа врши електричен воз за време од t = 10 min, влечејќи по


хоризонтална пруга композиција со маса m = 3 . 106 kg со постојана брзина
v = 72 km/h, ако коефициентот на триење е μ = 0,005?

6. Автомобил се движи по хоризонтален пат со брзина v0 = 54 km/h. Со исклучен


мотор автомобилот застанал по изминат пат s = 50 m. Да се определи
коефициентот на триење μ помеѓу тркалата на автомобилот и патот.

7. Да се пресмета работата што ја извршува силата F која што се менува од


вредност F1 = 10 N на почетокот, до F2 = 50 N на крајот од патот s = 120 cm.

8. За кое време една градежна дигалка би подигнала товар со маса m= 4 000 kg


на висина h = 20 m, ако мочноста на дигалката е P = 700 kW.

9. Моторите на електрична локомотива при движење на возот со брзина


v = 72 km/h развиваат моќност P = 800 kW. Коефициентот на полезно дејство на
моторите е η = 0,8. Да се определи влечната сила на локомотивата.

10. Да се пресмета работата на силата која му ја зголемува брзината на тело со


маса од m = 1200 kg од v1 =10 m/s на v2=20 m/s.

11. Тело со маса m = 120 g паѓа од висина h = 130 cm. Колкава е неговата
кинетичка енергија при ударот од подлогата?

12. Со колкава брзина се движи тело со маса m = 1 kg ако неговата кинетичка


енергија е Ek = 1 J?
13. На која висина се наоѓа тело со маса m =150 g ако неговата потенцијална
енергија е 150 J?

14. Колкава е масата на телото кое се наоѓа на висина од 140 cm ако неговата
потенцијална енергија е 70 J?

15. Колкава е масата на телото што се движи со брзина v = 10 km/h ако неговата
кинетичка енергија е 120 Ј?

16. Авион со маса m = 16 t лета со брзина v = 800 km/h на висина од h = 1500 km.
Колкава е неговата механичка енергија.

17. Знаејќи дека потенцијалната енергија на топче на врвот на пет еднакви


скалила е 50 J определи ја потенцијалната енергија на топчето на секое скалило
и на дното од наведената рамнина.

18. Од површината на Земјата фрлено е едно тело вертикално нагоре со брзина


v = 72 km/h. Да се најде максималната висина до која ќе се искачи телото!

19. Едно тело слободно паѓа од висина h = 1500 cm. Со каква брзина ќе удри на
површината на Земјата?

20. Камен почнува слободно да паѓа од висина h = 100 m. На која висина


неговита потенцијална енергија ќе биде еднаква со неговата кинетичка енергија?

You might also like