You are on page 1of 6

5.

2 Варијабилност
Варијации во рамките на еден вид

Oрганизмите што имаат исти карактеристики и може да се


размножуваат едни со други се групирани во ист вид.Сепак, сите
единки од еден вид не се сосема исти. Секогаш постојат одредени
разлики по меѓу единките. Разликите помеѓу единките од ист вид
се наречени варијации.
Видови на варијација:
Постојат два вида варијации што се појавуваат кај
видовите.
Тоа се континуирани (кои може да се мерат) и
неконтинуирани (кои не може да се мерат)
варијации.
Континуирани варијации
Карактеристиките што имаат континуирана варијација се јавуваат
со мали разлики од една индивидуа до друга. Сепак, ако
варијациите се набљудуваат кај поголема група единки, се
забележува дека разликите опфаќаат широк опсег. Пример за
вакви варијации е опсегот на различна висина и маса кај луѓето.
Овие карактеристики може да се мерат.
Неконтинуирани варијации
Карактеристиките што се нарекуваат неконтинуирани варијации
може да варираат само во мал опсег на вредности, на пример,
дале индивидуата има сини или кафени очи, или дали има слепени
ушни ресички или нема Кај неконтинуираните варијации не постои
интервал на вредности помеѓу двете можности, како што беше
случај кај висината на луѓето. Бојата на очите е пример за неконти
нуирана варијација Овие карактеристики може да се избројат.
Што предизвикува варијабилност
Една од причините за постоењето на варијации е тоа што имаме
различни тени. Нашите гени одредуваат многу различни особини
карактеристични само за нас
Друга причина е нашата животна средина. Тоа значи дека
опкружувањето или начинот на живеење може да предизвика
разлики помеѓу луѓето.

You might also like