You are on page 1of 5

Забрзување

Објаснување
Забрзувањето— извод на брзината по времето. Тоа е векторска физичка величина која
покажува за колку се променил векторот на брзината на материјалната точка на телото
при нејзиното/неговото движење за единица време (односно, за забрзувањето не е важна
само промената на брзината, туку и нејзината насока).Гранката на механиката што се
занимава со проучување на движењето во тридимензионален евклидов простор, неговото
пресметување, како и пресметувањето на брзините и забрзувањата во различни
референтни системи, се нарекува кинематика.Единица за забрзување
во SI е метар во секунда за секунда (m/s2), а постои и несистемската единица гал (Gal) која
се применува во гравиметријата и е еднаква на 1 cm/s².
Пример
На пример, тело кое слободно паѓа кон површината на Земјата, кога се наоѓа близу неа, во
случај кога може да се занемари отпорот на воздухот, ја зголемува својата брзина за околу
9,8 m/s за секоја секунда, односно неговото забрзување е еднакво на 9,8 m/s².
Особености
Бидејќи брзината е векторска величина, таа може да се промени како по големина, така и
по насока. Често под поимот „брзина“ се има предвид само големината на брзината. Во тој
случај и забрзувањето е број кој може да добива како позитивни, така и негативни
вредности. При позитивна вредност на забрзувањето имаме зголемување на брзината
(забрзување во секојдневниот говор), а при негативни вредности имаме запирање или
забавување. Вредност нула на забрзувањето означува дека брзината е постојана.
Особености
Но, ако ја разгледуваме брзината како Според Вториот Њутнов закон,
вектор, тогаш забрзувањето добива забрзувањето на тело со постојана маса е
поинаков карактер. Во физиката, промената пропорционално на вкупната сила која
во насоката на брзината претставува исто дејствува на него:каде F е резултантната
така забрзување. Така на пример, при сила која дејствува на телото, m е
ротаторно движење (движење по кружница), неговата маса, додека a е неговото
промената во насоката на брзината доведува забрзување.
до центростремително (или центрипетално)
забрзување (кон центарот на кругот). Во F=ma a=F/m
општ случај, секое забрзување може да се
подели на нормално (при кое се менува
насоката на брзината) и тангенцијално (при
кое се менува големината на брзината).

You might also like