You are on page 1of 9

ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ТОПЛИНА- КОНДУКЦИЈА

Пример со метална прачка и прицврстени метални шајки или свеќи на


дадена слика.(Како се пренесува количество топлина?)
Молекулата која е најблиску до изворот на топлина ќе почне да трепери
забрзано ,ќе ја зголеми својата кинетичка енергија а со тоа и вкупната
и преку влијание ,без пометување ќе влијае на соседната ,па и таа ќе ја
зголеми својата енергија и.т.н. Од најблиската до најоддалечената
молекула.
Процесот на пренесување на внатрешната енергија од едно на друго место на
телото со меѓусебно влијание на честичките( молекули, атоми), при што честичките
не се преместуваат од едниот на другиот крај на телото, се вика пренесување на
внатрешна енергија- топлоспроводливост (кондукција)
СПРОВОДНИЦИ И ИЗОЛАТОРИ

• Супстанции кои добор ја спроведуваат топлината ги нарекуваме топлински спроводници


Пример:Металите се добри спроводници
• (Преносливоста на топлината кај металите се објаснува со постоење на слободни
електрони кои се поподвижни во однос на атомите и тие учествуваат во побрз трансфер на
топина кај металите.Добри спроводници на топоина се и добри спроводници на струја )
• Супстанции кои не ја спроведуваат топлината се нарекуваат топлински изолатори
• Пример:Дрво,пластика ,стиропор ,хатрија .........
• Цврстите супстанции се подобри спроводници на топлина одошто течностите ,а пак
гасовите се најлоѓи спроводници на топлина
Зошто металот е ладен?
Кога ќе го допреш металот чувствуваш дека тој е ладен. Бидејќи металот е добар
спроводник, топлината од раката минува во него. Металот не е студен, туку твојата
рака ја губи толината.

• Количество на топлина е мерка за внатрешна енергија што се предава од едно на


друго тело.
• Q=c·m (-)
• m- маса на дадена супстанција
• c- специфичен топлински капацитет (супстанција од која е направено тело)
• t- температура при загревање или ладење
СПЕЦИФИЧЕН ТОПЛИНСКИ КАПАЦИТЕТ

• Специфичен топлински капацитет е количество топлина која и е потребна на 1kg некоја


супстанција за да нејзината температура се промени за 1°С(1К).Единица мерка за с е 1Ј/kg
K(еден Џул врс килограм по Келвин)или 1J/kg°С(еден Џул врс килограм по степен Целзиусов)
• На пример :за да температурата на 1kg вода се зголеми за 1°С потребни се 4200Јтоплина ,а за
1kg железо се потребни само 420Ј.
• Супстациите кои имаат голем специфичен топлински капацитет (вода) споро се загреваат но и
споро се ладат т.е. Ја акумулираат топлината .
• Супстанциите кои имаат мал специфичен топлински капацитет бргу се загреваат но и бргу се
ладат.
Кога парче сребро со маса од 1230 грами ќе се излади од 66 °C на 16 °C ,
на околината и предава енергија од 1,5 кЈ. Колкав е специфичниот
топлински капацитет на среброто?

• m= 1230g = 1,23kg
• = 66°C
• =16 °C
• Q= 1,5 кЈ= 1500 Ј
• c=?
• c=Q/m·(-)
• c= 1500/1,23 ( 66-16)= 1500/1,23·50=1500/61,5= 24,39 Ј/kg·K
ВИДЕО ЗА КОНДУКЦИЈА

Kondukcija.mp4
ИСТРАЖЕТЕ ИНТЕРЕСНИ ПОЕДИНОСТИ И
ЗАНИМЛИВОСТИ ,КАДЕ И ЗОШТО СЕ
ПРИМЕНУВААТ СУПСТАНЦИИ СО ГОЛЕМ
СПЕЦИФИЧЕН ТОПЛИНСКИКАПАЦИТЕТ !
ДАЛИ ТИЕ ИМААТ ВЛИЈАНИЕ ВРЗ КЛИМАТА И
СЛИЧНО..

You might also like