You are on page 1of 2

Воден циклус

1. Водата во природата постојано кружи. Таквото кружење на водата во


природата се нарекува воден циклус.
2. Водниот циклус го сочинуваат испарувањето на водата од почвата и
морињата, нејзиното преминување во водена пареа и повторното враќање на
водата на Земјината површина.
3. Во водниот циклус, водата испарува од површината на Земјата, кондензира,
формира облаци и паѓа назад во вид на дожд.

Вриење

1. За течноста да почне да врие треба да се доведе топлинска енергија која


предизвикува побрзо движење на честичките од течноста.
2. При вриење, водата интензивно преминува во водена пареа. Таа е жешка.
Кога течноста е доволно загреана и почнува да врие, велиме дека таа ја
достигнала својата температура на вриење. Различни течности имаат различни
температури на вриење.
3. Температурата на вриење на водата е 100°C.

Топење

1. Топење е процес на преминување цврста материја во течна материја.

цврста материја топлина течност

2. Кога цврстите материи се загреваат, нивните честички добиваат поголема


енергија, притоа тие побрзо вибрираат и се оддалечуваат од рамнотежните
положби и едни од други и цврстата материја преминува во течност.
3. Различни цврсти материи имаат различни температури на топење.
4. Температурата на топење на мразот е 0°C.
Прашања:
1. Од каде доаѓа топлината што го овозможува испарувањето од реките,
езерата и мориња?
2. Каде оди водата што испарила?
3. а) Што се случува со водената пареа кога кондензира?
б) Кога во водниот циклус се случува кондензацијата?
4. На која начин испарената вода се враќа назад на Земјината површина?
5. Кога во водниот циклус се случува:
a) мрзнење на водата?
б) топење на водата?

You might also like