You are on page 1of 10

Предмет:

Oдделение: 6то
Наставник: Жарко Алексовски
Техничка поддршка: Македонски јазик
Директор: Христина Младеновска
Основно училиште: Христијан Т. Карпош

Датум: 02.04.2020
СВОЈСТВА НА МОРСКАТА ВОДА

Потребен материјал: Пенкало, тетратка и Карта на Свет


Додека читаш ќе научиш:

• Кои се разликите на морската од слатката


вода;
• Да ги опишуваш движењата на морската
вода;
• Да го објаснуваш движењето на топлите и
ладните морски струи;
• За појавата на плима и осека.
Ќе ги користиш новите поими:

• Соли
• Соленост
• Морски бранови
• Морски струи
• Плима и осека
• Провидност
• Температура
По што се разликува морската од слатката вода?

Во однос на слатката вода, морската вода е солена и горчлива,


затоа што содржи големи количества на растопени минерали
познати како соли. Од сите соли најмногу има готварска сол,
околу 75% и затоа водата има солен вкус.
Најголема соленост има северниот дел на Црвеното Море.
Движења на морската вода

Водата во морињата и океаните се движи во


вид на: бранови, морски струи и плима и
осека.

 При силни ветрови на


отворено море висината
на морските бранови
може да биде од 15 до 20м.
Морски струи се хоризонтални движења на
морската вода. Постојат два типа на морски струи,
топли и ладни. Најпозната топла струја е Голфската
Струја, а од ладните Грендланската Струја.

 Морските струи се движат


со брзина од 6 до 10 km/h и
имаат големо значење за
пловидбата на отворено.
Плима и осека е издигнувањето и спуштањето на
морската површина. Кога морската површина се
издигнува и го поплавува брегот е плима, а кога се
спушта и морето се повлекува од брегот тоа е осека.
ПРЕГЛЕД НА СОДРЖИНАТА
Провери колку си научил

1. Опиши ги брановите?
2. Што е плима и што осека?
3. Каде настануваат морските струи?
4. Кои морски струи ти се познати?
5. Кои морски води се најтопли?
6. Објасни зошто водата не е со
еднаква температура насекаде на
Земјината површина?
НЕЗАДОЛЖИТЕЛНО
Интересно за оние кои сакаат да научат повеќе

 Разликата меѓу плимата и осеката на одредени делови на


Земјата е само 0,30 cm.
 Околу екваторот има мориња каде температурата на
морската вода е 28 степени преку целата година.
 Најголема провидност од 66 метри на морската вода има
Сарагосовото Море.
 Плимските бранови овозможуваат покачување на нивото
на водата кај некои речни долини, како кај реката Темза
во градот Лондон.

You might also like