You are on page 1of 7

Предмет:

Oдделение: 6то
Наставник: Жарко Алексовски
Техничка поддршка: Македонски Јазик
Директор: Христина Младеновска
Основно училиште: Христијан Т. Карпош

Датум: 31.03.2020
Содржина и поделба на Библијата

Потребен материјал:
Пенкало, тетратка, свето
писмо или библија.
Свето писмо = библија

Најважна и најсвета книга за нас христијаните е


Светото писмо. Светото писмо уште се нарекува и
Библија, според грчкиот збор βίβλος што значи “книга”.
Библијата бидејки зборува за бога уште се нарекува и
“книга над книгите”.
Божји зборови

Светото писмо е Божји збор кој говори за верата и правдата, за


страдањата и трпението, и за преголемата Божја љубов кон луѓето,
Светото писмо просветува, усовршува и осветува.
Составено е од 77 книги кои се поделени на два дела: Стар и Нов
Завет.

 Во Светото писмо на Новиот завет Македонија и Македонците се


спомнуваат 28 пати во 24 стихови. Затоа со право Македонија е
наречена библиска земја и лулка на христијанството во Европа, а
Македонците - библиски народ.
Светото писмо – секогаш актуелно
Има многу книги во светот, кои бргу застаруваат и се
забораваат, но Светото писмо секогаш било и останува
актуелно. Уште од најстаро време па се до ден денес, Светото
писмо им било инспирација на голем број уметници.
Библијата денес е најпреведуваната и најчитаната книга во
светот. Речиси нема јазик во светот на кој таа веќе не е
преведена.
По Божја милост и нам, своевремено не ја предадоа Библијата
во превод првите словенски апостоли, браќата Кирил и
Методиј, заедно со своите ученици и соработници, светите
Климент и Наум Охридски.
Како да ја читаме Библијата?
Нашиот однос кон Библијата треба да биде
внимателен. Таа е света книга. Секое православно
семејство треба да има Библија дома, и кога ја чита
треба да знае дека разговара со бога и секогаш треба
да му се молиме за да ја очистиме и препородиме
нашата душа.

 Доколку во вашиот дом ја немате Библијата,


заштедете пари и купете си ја. Подарете му
Библија на вашето семејство. Во Библијата ќе
најдете одговор на многу прашања од
животот и ќе ви помогне да ги надминете
тешкотиите на кои ќе наидете уште во
детските денови. Имајте ја и читајте ја како
извор на христијанските вредности - дома, во
училиште и насекаде!
Прашања за повторување:

1. Зошто Библијата се нарекува Свето писмо?


2. Што значи зборот Библија?
3. За што говори Светото писмо?
4. Колку книги содржи Библијата?
5. Како е поделено Светото писмо?
6. Кој го напишал Светото писмо?
7. Дали Македонија и Македонците се споменати во
Светото писмо?
8. Која книга е најчитана и најпреведувана во светот?
9. Кој ја превел Библијата на словенски јазик?
10. Каков треба да биде нашиот однос кон Библијата?

You might also like