You are on page 1of 3

Кирил Пејчиновиќ – Тетоец

Јазикот е основно средство за општење, тој е систем на знаци што служи за


комуникација. Благодарение на јазикот и говорот луѓето не само што ги разменуваат
своите мисли и чувства туку ги пренесуваат и своите сознанија на идните генерации.
Преку јазикот се идентификуваат националностите кои се, од каде доаѓаат. За нас
Македонците, македонскиот јазик е основно национално обележје по кое се
препознаваме во светот. Затоа нашиот мајчин јазик е нашата основа, нашиот корен што
досегнува во длабочините на минатото и нè држи исправени за во иднина. Нашиот
јазик не е создаден сега. Голема е неговата историја. Таа не води низ мрачни векови до
првите просветители Кирил и Методиј. Тие го осветлија времето на незнаењето и на
нашиот народ му го подарија најсилното оружје на светот – Македонската азбука.

Биографски податоци за Пејчиновиќ дознаваме од „Епитафот“ кој го составил за својот


надгробен споменик 10 години пред смртта (1835 г.).

Роден е во село Теарце, Тетовско, а учел црковно училиште во манастирот Св.


Пречиста Кичевска и Хиландар на Света Гора. Целото семејство било верски настроено, па
татко му и чичко му го продале имотот во Теарце и заедно со Кирил отишле во Хиландар каде
се закалуѓериле. Тие останале таму, а Кирил се вратил и работел во Марковиот манастир,
близу Скопје. Тука го обновил оштетениот манастир и собирал стари текстови со што ја
збогатил манастирската библиотека. Во Марковиот манастир Пејчиновиќ живеел дваесетина
години. Отворил манастирско училиште и се истакнал како активен проповедник и
просветител на населението. Тука ја напишал својата прва книга „Огледало“, печатена во
Будим 1816 година, 1818 година дошол во родниот крај, во селото Лешок и го обновил
манастирот Св. Атанасија. Во манастирските конаци отворил училиште, каде поучувал и млади
и стари. И тука ја збогатил и уредил библиотеката. Во слободните часови пишувал. Освен
„Огледало“, тој ги напишал и делата: „Утешение грешним“, „Житие кнеза Лазара“, како и
„Епитафот“ кој е врежан на неговата надгробна плоча. Починал 1845 година и е погребан во
дворот на Лешочкиот манастир (Св. Атанасија).

„Огледало“ е требник, прирачна книга за свештениците која ја користеле при


вршењето на црковните обреди. Содржи неколку молитви и прозни текстови за различни
обреди и една голома проповед – „Слово за празниците“. Молитвите и црковните текстови се
напишани на црковнословенски јазик, а „Словото“ на народен јазик – тетовски говор.
„Утешение грешним“ – содржински е продолжение на „Огледало“. Немал средства да ја
отпечати, но на крај своите заштедени пари ги дал за обнова на печатницата на Теодосиј
Синаитски во Солун, каде 1840 година е отпечатена книгата , а Синаитски напишал пригоден
„Предговор“. „Житие кнеза Лазара“ е книшка за животот на кнезот Лазар, кој го сметал за
оснивач на Лешочкиот манастир. „Епитаф“ – е последно негово дело, но и прв обид да се
изрази во стихови. „Епитафот“ нема уметничка вредност, но тоа е првата песничка напишана
на македонски народен јазик.

По доаѓањето во Теарце го возобновил  Лешочкиот манастир. Бил негов игумен од


1818 до 1830 година и во него како монах останал до крајот на својот живот. Во обновата на
Лешочкиот манастир, иако не одела така лесно, му помогнале мнозинскиот дел од
населението. Како што било обичај и на други места, поединци и цели еснафи давале помош за
обнова на Лешочкиот манастир; такви помош имал не само од околијата, туку и од подалечни
места. Како добар организатор,  Кирил набргу го издигнал манастирот. Ја обновил црквата,
подигнал конаци, отворил школа и ги прибира околу себе луѓе што ја сакаат просветата и
книгата. Пејчиновиќ во манастирот за кратко вре,ме организирал интензивен живот.
Манастирската школа на Пејчиновиќ започнала живо да работи, подучувајќи и стари и млади.
На своите ученици тој им давал да препишуваат разни работи, и така ги подготвувал за
самостојна книжевна и просветна работа. На своите патувања Пејчиновиќ прибирал од
запустените манастири стари ракописи и книги и создал една убава манастирска библиотека.
За Пејчиновиќ, книгата треба високо да се цени, зашто како што вели „да не е писмо све би се
заборавило, и Бог дали има или нема не би се знаело".

„Слово за празниците“ е оригинален текст на Кирил Пејчиновиќ напишан на народен


јазик, тетовски говор. Темата е празнувањето на христијанските празници, а идејата – како да
се поправат грешките при празнувањето. За разлика од традиционалните црковни проповеди
каде примерите се земени од светите книги, Пејчиновиќ примерите ги земал од секојдневниот
живот на селаните. Освен тоа, во текстот има и дијалози во кои зборуваат селаните што за
првпат се сретнува во нашата литература и тоа во книга наменета за црковна богослужба. Затоа
овој текст дава слика за положбата и начинот на живот на нашиот народ во почетокот на XIX
век. На почетокот од текстот авторот ги потсетува луѓето на нивните христијански должности
и дава совети како да се празнуваат празниците: Водици, Прочка и Велигден. Всушност тој ги
истакнува негативните појави: суеверието (носењето на амајлии) и курбанот (принесување на
жртви), кои се спротивни на христијанските обичаи. Понатаму, го критикува непочитувањето
на постот, прекумерното пијанчење, невоздржаноста и примитивноста на селаните. Но, не се
задржува само на нив, туку ја критикува и примитивноста и неукоста на поповите кои наместо
да бидат духовни водачи на народот, тие станале негови ограбувачи. Целта на Пејчиновиќ не
била да им се потсмева, туку да ги насочи на вистинскиот пат и селаните и поповите: „…да
живуемо како браќа, еден за другаго да се молимо, еден другаго да жалимо, еден другому да
помажемо, еден другому тежина да носимо..”
Оригиналната проповед Слово на празниците на Кирил Пејчиновиќ најсилно ни ги
претставува неговите погледи. Оваа проповед се отклонува од традицијата со тоа што
проповедите обично поаѓаат од "книшки" (од Библијата), пример кој потоа може да се догради
со примери од животот. Оваа проповед своите примери ги зема од животот, па често пати
неговите повикувања на одредена ситуација ни откриваат некое конкретно однесување на
нашиот народ од почетокот на минатиот век. Всушност во текстовите на Пејчиновиќ се
согледуваат болните вистини за заостанатоста на народот во неговото време.

Кирил Пејчиновиќ во своето дело, со воведување на народниот јазик, но и со животот


во кој доследно живеел живот на народен учител кој подучува, оставил скапоцен придонес во
македонска култура. Со просветителските идеи за собирање книжно наследство, за пишување
и печатење книги на јазик кој ке биде разбирлив станува голем културен деец на македонското
просветителство.

You might also like