You are on page 1of 16

БИОГРАФИЈА-

Кирил Пејчиновиќ-Тетоец
Пејчиновиќ е роден во тетовското село
Теарце во 1771год.Првите почетоци од
неговото образование биле во селото
Лешок,а потоа продолжил во Дебарскиот
манастир,,Св. Јован
Бигорски”.Меѓутоа,потоа татко му решава
да го продаде имотот во Теарце и со него и
со неговиот чичко одат во Света Гора каде
се замонашуваат.
По извесно време Кирил се вратил во
Тетово,а оттаму заминува во Кичевскиот
манастир,,Св. Богородица Пречиста”.Во
1801год. Пејчиновиќ станал игумен на
Марковиот манастир бил речиси уништен
меѓутоа Кирил успеал да издејствува
помош од верниците,па конаците и
манастирот биле обновени.
Во наредните 17год(до 1818),тој се
занимавал со обновувањето и истовремено
оформил манастирска библиотека од
собраните ракописи од претходниот
век.Додека престојувал во Марковиот
манастир ја напишал неговата прва
книга,,Книга сија алаголемаја
огледало”,која била отпечатена во
1816год.во Будим.
По 20год.минати во манастирот,под
притисок на грчкиот владика од Скопје,го
напуштил Марков манастир и се вратил во
родното Теарце.Го обновил Лешочкиот
манастир со помош на богатите верници и
отворил училиште во кое ги подучувал
младите и старите.
Патувал и како проповедник собирајќи
книги и пишувајќи сопствени
текстови.Кирил Пејчиновиќ умрел на
12март 1845год.во Лешочкиот манастир и е
погребан во црковниот двор.
КНИЖЕВНАТА ДЕЈНОСТ
НА ПЕЈЧИНОВИЌ
Пејчиновиќ зад себе оставил три
книги:првата е,,Книга сија алаголемаја
Огледало”,втората е,,Утешение грешним”и
третата е,,Житие на кнез Лазар”,од кои
отпечатени му се првите
две.Делото ,,Житие на кнез Лазар”е
всушност последната хагиографија во
македонската и во јужнословенската
книжевност,воопшто.
Освен ова,Пејчиновиќ напишал и еден
епитаф во кој е сместена целата негова
биографија и денеска претставува
надгробен натпис на Кирил во манастирот
во Лешок.
ПРВАТА КНИГА НА КИРИЛ
,,Огледало”(1816,Будим)е првата книга на
овој наш просветител.Таа е неопходна
книга-прирачник за свештеникот при
вршење на верските обреди.Првиот дел го
сочинуваат молитви и верско-обредни
текстови на црковнословенски јазик со
македонски народни црти,а вториот дел го
сочинуваат беседите напишани на тетовски
говор со елементи на скопскиот и
др.македонски говори.
Во првиот дел од книгата,Пејчиновиќ
дава коментари на Библијата,а во
вториот,во беседите,поучува и
критикува.Ги напаѓа суверието и
паганските обичаии на народот.Во овој
текст,Пејчиновиќ мошне интересно ја
поистоветува верата со народноста.
И тој како и Крчовски,ги критикува
своите колеги-поповите.Им забележува
дека себично се здружиле со Турците и го
измачуваат сопствениот народ.Неговата
просветителска насоченост се согледува во
пропагандата на книгите.
ВТОРАТА КНИГА НА КИРИЛ
Втората книга на Пејчиновиќ
е,,Утешение
грешним”(1840,Солун)која,иако е
продолжение на првата книга,има повеќе
значења.Книгата е составена од два дела-
молитви и беседи.Пејчиновиќ оваа книга
му ја испратил на кнез Милош во Србија,
надевајќи се на помош за печатење од
христијанскиот владетел.
Црковната цензура не го дозволила
печатењето на оваа книга,па
Пејчиновиќ,обесхрабрен, сторил напори да
се обнови солунската печатница на
Теодосија Синаитски.
ЗНАЧЕЊЕТО НА ПЕЈЧИНОВИЌ
Кирил Пејчиновиќ,речиси полуписмен
калуѓер,е многу значаен културен деец во
нашата историја.Неговите книги напишани
на народен јазик,иако не сосема чист,туку
со примеси од црковниот и со турски
зборови,биле примени од народот со
задоволство бидејќи ги разбирал и читал.
Пејчиновиќ е даровит раскажувач со
личен белег во стилот.Во пишувањето и
говорењето ги слеал црковнословенизмите
со простонародната говорна
стихија.Јазикот на Пејчиновиќ е народен со
примеси на црковнословенизми и
турцизми.
Книгите печатени во печатницата на
Теодосиј Синаитски значеле голем
придонес за ширењето на сознанието за
потребата на говорниот македонски
јазик,значеле победа на нашиот народен
јазик над мртвиот старомакедонски и над
туѓиот грчки јазик.Теодосиј ја отвора
првата македонска печатница во Солун
околу 1838год.
Џинот е првиот македонски драмски
писател и просветител заедно со Кирил
Пејчиновиќ и Јоаким Крчовски.Прво дело
на Џинот е ,,Таблица перваја”внесена во
употреба во 1845год.кое служело како
учебно помагало при основното
описменување на учениците.

You might also like