You are on page 1of 22

Ѓорги Поп-Атанасов

ЦРКОВНОТО
КНИЖЕВНО
НАСЛЕДСТВО
НА ЛЕСНОВСКИОТ
МАНАСТИР

Брегалничка епархија
Штип 2019
I. ЛЕСНОВСКИОТ МАНАСТИР

И покрај сведочењето на Опширното народно житие на св. Гаврил,


зачувано со подоцнежни преписи, во коешто се вели дека лесновскиот све-
тец се замонашил во манастирот во Лесново и дека на ова место, уште пред
да се замонаши, изградил црква посветена на Рождество Богородично, се-
пак, во научната јавност преовладува мислењето дека ова важно македонско
светилиште е основано од светецот Гаврил, пустиножителот лесновски, кон
крајот на XI или во почетокот на XII в. Подоцна, на местото на разурнатата
Богородична црква, великиот војвода, и подоцна деспот, Јован Оливер од
основи изградил нов храм, посветен на светиот архангел Михаил. Според
ктиторскиот натпис над западната врата од наосот, изградбата на храмот е
завршена во 1341 год. во времето на кралот Стефан Душан. Неколку години
подоцна црковниот храм е зографисан (1346–1347) и кон него е додадена
припрата (нартекс), чијшто простор, исто така е пополнет со фреско-жи-
вопис (1349).1 Притоа, од особена важност е што во фреско-живописот на
лесновскиот црковен храм, работен во периодот од 1346 до 1349 год., по-
крај традиционалните религиозни композиции, насликани се и фрески од
секојдневниот живот, како и портрети на кралот Стефан Душан и кралицата
Елена и ктиторот Јован Оливер со членови на неговото семејство.
За одбележување е дека фреско-живописот во лесновската црква е
исклучително добро зачуван. Тоа, секако, се должи на постојаната грижа за
црковниот храм од страна на монашкото братство и месното христијанско
население, посебно на некои богати жители на градот Кратово. Според еден
запис врз оловниот покрив на црквата († pokri se c~rkva v6 l_T5 #Š~zŠ~lŠ~iŠ)2
манастирскиот храм е препокриен со оловни плочи под ктиторство на кра-
товчанецот Никола Боичиќ, богат закупец на кратовските рудници. Тоа се
случило во 1581 год., во времето на егуменот Спиридот, а мајстори биле
Дамјан, Богоја и Петар: Ïrepokri e kn3z6 kratovski Íikola Áoi=ik6,
1
С. Габелић, Манастир Лесново. Историја и сликарство, Београд 1998, 38.
2
С. Габелић, Записи са крова лесновске цркве. – Саопштења XVII, Београд 1985,
137.

5
pri ig8mene Òpiridona i mastor7 Ãam%n7 i Áogoe, Ïet7r7 l5to ot7
Àdama 7089 ot7 Çrista 1581.3
Во 1869 год., за време на егуменот архимандрит Павел Божигроб-
ски, по трет пат е извршено обновување на дел од црковниот покрив што
е засведочено во два одделни записа на некојси Андон Хиљадник – во ма-
настирскиот тефтер и врз оловна плоча на покривот од црковната припра-
та (нартексот): Ïaki treki pot7 prepokrY s3 so olovom7 i obnovY s3
maloto k8be i cerkovnata vrata i prozoricot7 na zapadna strana, pri
ig8men5 arhimandrita h; ÏaUla ÷ Är8saliml3nYna spomo]estvovanYe ú
blago=estYv6y hrYstYani kratovski i pro=Yi vo carstvoto s8ltan Àbd8l7
Àzisovo; Õo l5to 1869 m5sica jolYa 10 den6; Àndon Çil3dnik;4
Извесни интервенции врз покривната конструкција на манастирски-
от храм се извршени во 1957 год.5, додека во есента на 1983 год., во времето
на егуменот Гаврил Светогорец, храмот е целосно покриен со нови плочи од
олово.6
Во текот на XVI в. Лесновскиот манастир е штедро потпомаган и од
богатата кратовска фамилија Пепиќ. Во 1558 год. Никола Пепиќ на местото
на надворешната дрвена припрата, којашто била пред распаѓање, изградил
нова камена припрата со крстилница во неа, обложена со мраморни плочи.
Покрај тоа, изградил и храм посветен на св. Ѓорги Победоносец во мана-
стирскиот метох Шибан и го дарувал манастирот со лозја, ниви и ливади и
црковни одежди. За возврат ктиторот Никола Пепиќ со неговото семејство
биле запишани во манастирскиот поменик за помен на црковните богослуж-
би.7
Надворешната камена припрата од 1558 год. Постоела сè до 60-те го-
дини на минатиот век, кога била урната. Во најново време истата е обновена,
со мали промени во архитектурниот изглед.
Покрај изградбата на манастирските храмови – стариот, посветен на
Рождество Богородично, и обновениот во 1341 год., посветен на св. Архан-
3
Й. Иванов, Български старини из Македония, София 1930, стр. 160/20; Љуб. Сто-
јановић, Стари српски записи и натписи, књига четврта, Ср. Карловци, 1923, стр. 82/Nо 6406.
4
Глиша Елезовић, Записи и натписи. – Зборник за историју Јужне Србије и суседних
области, књига I, Скопље 1936, 257. Записот врз покривната оловна плоча текстуално е
целосно идентичен со записот во манастирскиот тефтер. Има само мали правописни разлики
(Сп. С. Габелић, Записи са крова лесновске цркве, 140).
5
Крум Томовски, Конзервација на културно-историските споменици во Штипска и
Кумановска околија во 1957 год. – Културно наследство V, Скопје 1959, 47.
6
С. Габелић, Записи са крова лесновске цркве, 142.
7
Ст. Новаковић, Српски поменици XV–XVIII века. –Гласник Српског ученог друш-
тва, књига XLII, Београд 1875, 13–14.

6
гел Михаил, во Лесново се градат и монашки живеалишта; првин во вид на
скромни монашки ќелии, а подоцна, со формирањето на побројна монашка
заедница, се градат и масивни манастирски конаци. Овие манастирски град-
би, притоа, со тек на времето постојано се обновуваат и доградуваат, најчес-
то, со финансиска помош на богати ктитори. Така, браќата Георги и Никола
Пепиќ од Кратово околу средината на XVI в., покрај изградбата на надво-
решната црковна припрата, изградиле за потребите на манастирот и повеќе
монашки ќелии, како и соби за поклониците што го посетувале Лесновскиот
манастир.8
Манастирските градби се доградуваат и обновуваат и во текот на
XVII в. Така, во 1626/7 год., со залагање на некојси Михаил и неговиот син
Јован, а во времето на егуменот Максим, е изградена манастирска магер-
ница.9 Една деценија подоцна (1635 год.) во манастирот се изградени две
чешми: една од ктиторот хаџи Михаил со сопругата Ана, и другата од Си-
меон со сопругата Веса од Штип.10 Во втората половина на истиот век (1672
год.) благочестиви христијани од Крива Паланка купиле градежен материјал
и платиле мајстори за да се обноват монашките ќелии и манастирската трпе-
зарија.11
По овој период на мир и благосостојба, меѓутоа, настануваат тешки
времиња за Источна Македонија, па и за манастирот во Лесново. Започнува
австро-унгарската војна (1683–1699) и е подигнато Карпошовото востание,
по чијашто пропаст (1689) македонското христијанско неселение било под-
ложено на жестоки насилства и прогон од страна на турската војска и вое-
ните формации на кримските татари. За тоа дека Лесновскиот манастир и
неговото монашко братство се нашле во исклучително тешка состојба јасно
зборува еден запис од 1693/94 год., изгребан врз оловниот покрив на мана-
стирската црква: Ãa se znae kako [s]e v7selena wpleni i ou monastiro
ni]o ne wsta t7kmo knigi i mo]i; ÏisHa v7 leto ~z ~s [~v] ((7202–1693/94).
ÏisHa az6 gre[ni i m6n7[i pa=e v6sHe er7monHa Èsai%;12
По овие тешки искушенија манастирското братство не успеало да се
консолидира во текот на подолг временски период. Отежнувачка околност
во таа смисла, секако, е и укинувањето на словенската Пеќска патријаршија
во 1766 год. и приклучувањето на Лесновскиот манастир кон несловенската

8
Исто, 13
9
С. Габелић, Старине манастира Леснова. – Зборник средновековна уметност, Скоп-
је 1996, 108.
10
Стеван Симић, Лесновски манастир св. Оца Гаврила, Београд 1912, 63.
11
Ст. Новаковић, Српски поменици XV–XVIII века, 14.
12
С. Габелић, Записи са крова лесновске цркве, 137.

7
грчка Цариградска патријаршија, којашто отсекогаш имала негативен однос
кон словенското монаштво и словенската литургиска традиција.
Дека манастирот бил запустен во последните неколку децении од
XVIII в. јасно зборува и фактот што во тој период се изгребани мноштво
записи врз фреско-живописот на лесновската манастирска црква.13
Со обнова на манастирот се започнува дури во почетокот на XIX в.
(1805 год.) кога тука доаѓаат дечанскиот монах Теодосиј и рилскиот монах
Гаврил.14 Потпомогнати од месното население, тие првин изградиле конак
со 12 монашки ќелии и ја обновиле манастирската трпезарија, а потоа во
1808 год. санирале делови од манастирскиот храм и го оградиле манастирот
со ограда од камен.15 Неколку години подоцна, кога во 1814 год. во Маке-
донија се појавила чума и кога игумен на манастирот бил истиот дечански
монах Теодосиј, во Лесновскиот манастир се засолнале и тука останале цели
пет месеци 14 кратовски фамилии. За време на својот престој во манастирот
овие кратовчани изградиле, јужно од манастирската кула, нов конак со мо-
нашки ќелии.16
Судејќи според некои изворни податоци, манастирот се доградува и
уредува и во текот на целиот XIX век. Така, во времето на егуменот архи-
мандрит Дионисиј (околу 1850 год. – † 17 септември 1860 год.) е направе-
на една од манастирските огради и е поплочен дел од манастирскиот двор,
додека во времето на неговиот наследник еромонах Кирил од Кочани, во
1864–1865 год., дебарските мајстори Кузман и Петре ја изградиле долната
манастирска кула и конак со десет монашки ќелии.17 Две еднокатни зданија
со соби за живеење се изградени и во 90-те години на истиот век (1896 и
1899 год.), кога во манастирот живееле група светогорски монаси, предводе-
ни од егуменот еромонах Козма.18 Вториот конак на егуменот Козма (од 1899
год.) се наоѓал југоисточно од манастирската црква и изгорел во пожар во
1952 год., заедно со големата манастирска трпезарија.
Што се однесува до лесновското монашко братство, неговата број-
ност во голема мера зависела од историските околности и од имотната сос-
тојба на манастирот. Во годините пред османлиското владеење, кога ма-

13
С. Габелић, Манастир Лесново, 44–45.
14
Ст. Симић, Лесновски манастир, 48.
15
Љуб. Стојановић, Стари српски записи и натписи, књига II, Београд 1903, стр. 330/
Nо 3822; Вл. Мошин, Словенски ракописи во Македонија, Скопје 1971, 329-331.
16
Vl. Mošin, Ćirilski rukopisi Jugoslavenske akademije. I dio. Opis rukopisa, Zagreb,
1955, 138–139.
17
Глиша Елезовић, Записи и натписи, 255–256.
18
С. Габелић, Манастир Лесново, 49.

8
настирот бил под покровителство на Јован Оливер и Константин Драгаш,
секако, и монашкото братство било побројно. Поволни услови за развој на
монаштвото имало и во времето кога Стефан Душан го определил манасти-
рот за седиште на новооснованата Злетовска епископија (1347), во чијашто
дијацеза влегувале делови од територијата источно од Вардар; Овче Поле и
областите околу средниот тек на Брегалница, коишто претходно ѝ припаѓа-
ле на Морозвидската епископија. Ваквиот статус ја подобрил економската
положба на манастирот и го издигнал црковниот живот во него на повисоко
ниво. Оваа епископија, меѓутоа, постоела кратко време; најверојатно, само
во времето на Стефан Душан и Јован Оливер, со својата грамота од 1381 год.
Константин Драгаш одново му го враќа на лесновскиот манастир статусот
на метох на Хилендар, во согласност со одредбата на манастирскиот ктитор
Јован Оливер, потврдена и од кралот Стефан Душан.19
Подоцна, во првата половина на XVI в., Лесновската епископија е об-
новена од смедеревскиот епископ Павле, кој при обидот да ја обнови Пеќска-
та патријаршија, презел некои епархии на Охридската архиепископија и об-
новил неколку стари епископии, меѓу кои била и Лесновската. Во 1542 год.,
Павле Смедеревски го ракоположил за епископ лесновскиот егумен Неофит,
но по кратко време тој бил расчинет и екскомунициран од Црквата.20
Кон крајот на XVII в., поради Австро-турската војна и Карпошовото
востание, манастирот е ограбен и останал без монаси. Обновен е од дечан-
скиот монах Теодосиј во 1805 год., со што одново започнува да се формира
монашко братство во манастирот. Во еден акатист на св. Архангел Михаил,
пишуван од поп Нико во 1811 год., се споменува дека во тоа време во Лес-
новскиот манастир имало и 4 монаси – Теодосиј, Гаврил, Неофит и Ефтимиј.
Во втората половина на XIX в., извесен период Лесново одново ос-
танува без монаси. Монашкото братство е обновено во 1895 год., кога во
Лесновскиот манастир, на барање од Скопската митрополија, од Света Гора
дошле група монаси, предводени од еромонахот Козма. Со обновувањето на
монашкиот живот во манастирот, меѓутоа, не престануваат проблемите на
Лесновскиот манастир. По виничката провала од 1897 год. бил уапсен игу-
менот Козма, кој бил член на македонската револуционерна организација;
тој е осуден на 101 година затвор и депортиран во затворот во малоазискиот

19
Гордана Томовић. Повеља манастира Леснова. – Историјски гласник, књига XXIV,
Београд 1977, 85.
20
С. Габелић, Манастир Лесново, 40.

9
град Подрум Кале21, со што одново започнуваат тешки години за манастир-
ското братство.22
По игуменот Козма, лесновски игумени стануваат неколку монаси од
светогорската група – Александар, Дамјан23, Дионисиј и Герман. Хилендаре-
цот Герман станал игумен на Лесновскиот манастир во 1906 год. и со него
управувал до крајот на својот живот (починал околу 1930–1935 год.).
По Втората светска воја во манастирот, најчесто, престојувале
свештеници од разни краеви на Македонија; сè до 1974 год., кога тука доаѓа
Гаврил Светогорец со својот татко монахот Кирил. Со нивното доаѓање се
започнува со обнова на монашкиот живот во манастирот што продолжува и
подоцна, во времето на игуменот Иларион, денес Митрополит Брегалнички.

Лесновскиот манастир

21
Ал. Апостолов, Злетовска област. Историски осврт. – Злетовска област. Гографско-
историски осврт, Скопје 1974, 323, 409–412.
22
Игуменот еромонах Козма бил по потекло од серското село Крчово. Во септември
1902 год. е ослободен од затворот во Подрум Кале и се враќа во Лесново. Поради последиците
од тешките затворски години, во 1906 год. се разболува, оди да се лекува во Софија и тука
умира.
23
Еромонахот Дамјан бил роден брат на игуменот Козма.

10
Игуменот Герман Хилендарец со дел од манастирското братство,
кратовчанецот Стеван Симиќ и група поклоници, 1926 год. (МАНУ СС XXXI/4/21)

II. ЛЕСНОВСКИТЕ ГРАМОТИ

Во минатото Лесновскиот манастир добил повеќе грамоти од страна


на одделни ктитори и средновековни владетели со коишто манастирот бил
даруван со имот и парични средства, се определувал неговиот статус во рам-
ките на Црквата или пак со нив се овозможувало на монаси од Лесново да
патуваат во Русија и да собираат милостина за манастирот.
Својата прва грамота Лесновскиот манастир ја добил од ктиторот
Јован Оливер по изградбата на црковниот храм во 1341 год. За жал, во досе-
гашните истражувања оваа грамота не е откриена ниту во архивата на Хи-
лендар, чијшто метох бил манастирот во Лесново, ниту пак во некоја друга
странска библиотечна или архивска институција. Зачувани се само одделни
фрагменти од грамотата во два текстуално поврзани натписа во манастир-
скиот храм. Вториот од нив, којшто се наоѓа над вратата од јужниот влез, е
делумно оштетен, но за среќа, тој може да се реконструира според препис во

11
Лесновскиот поменик, објавен од Ст. Новаковиќ во „Гласник Српског ученог
друштва“.24 Во овие натписи се набројуваат дел од приложените на Леснов-
скиот манастир села, метоси и имоти од страна на ктиторот Јован Оливер.
Еве ја нивната содржина:
Ò6zDa se sYi sv5tl6yi i =_S6n6y hram6 Š velikago vojevode v6[n_Hi
sil6; arhistratiga ÌihaYla Šs6zda se i s6vr6[i se Š v6 d~ni Òtef_Na
kr_La Š s6 tr8dom6 i podanijem6 raba b~i% ¸w_Na velikago voevode Ölivera
∙ i podrou/i% ego rab8 b~/ijo Ànnou Š Ìar8 i v6zljoblennago em8 s~na
Êraika Š v lT5 Š ~xŠ~wŠ~mŠ~qŠ;
Òe /e sela i metohYe Š selo kon6 cr~kve Ë5snovo Š s6 zaselkom6
Ë8kov8 i 8 bakov5 c~rkv6 s~tgo Íikole s6 selom6 Š i na r5c5 zasel6k6
Ælobica i selo Ãobr6evo i 8 Ãr5v5nMo Š s~t6y Älisei i zasel_K6 Ïe]_On i
s~t6y ÏOrkopie Š i kat8n7 ÕlHa na stroi i 8 øip5 s~t6y Íikola popsyfiev6
Š i Š ~kŠ k8ke i;
Ìegje selom‹6 cr›kwvnMi Š ú Ïe]no niz dol6 do Êolnika pod6
g_Sdko lozie Š do d5la i po d5l8 k Õol8%k8 ta niz6 dol6 ta 8z Êorit6n[i]
c8 do p8ta koi iDe pr5z Š Ëegov6c6 Š do kr_Sta ta 8z br6do na mramor6
pr5z dol6 na k~rt6 Š i na Ïros5=enik6 na Álatce Š i na Ïlan8 Š i na 8ho
nDa6 Á8kov8 rav6n6 i p8tem6 na pisan6y bor6 Š na br5z8 na Ïlaninic8 na
Êlob8=ec6 do p8ta na d5l5 ta niz6 rek8 pod6 Áakovo te do Á8na[6 te
pz redovno kamenie pr5z Ëipovec6 Š pod6 prisad6 niz Êolnik6 nad6
g[Ds]ko lozie Š pod6 Ïe]no na dol6 i Dw zletov6skago trga na godi]e sto
perper6 i globi=ki sinor6 Š 8z6 Ìlat6jev6 potok6 i pr5z Ñav6nik6 po
d5l8 k6 [ka]men8 na k6ys5lic8 posr5d6 livad8 na Ìor6ylic8 i pr5ko
pr5z br6do pr5z Ãrenov8 dol8 na dr8m6 k6 Ïr6=ev8 i 8z6 dr8m6 Dw kr_Sta
i niz dol6 k Á8na[8 i pr5z br6do k6 k_Srt8 i pr5ko na mramor6 i niz6
d5l6 k6 Ìlat5ev8 dol8 pz6 r5k8;;;25
На црковно-државниот собор одржан во 1347 год. во Скопје, на кој
учествувале најзначајните личности на Царството и Црквата (царот Душан,
царицата Елена, кралот Урош, патријархот Јоаникие, Охридскиот архие-
пископ Никола, Скопскиот митрополит Јоан и повеќе други митрополити,
епископи и егумени), е донесена одлука да се формира нова епископија со
седиште во Лесновскиот манастир. Во врска со тоа царот Стефан Душан му
дава на манастирот специјален хрисовул, со којшто тој од игуменија е подиг-
нат на ниво на епископија и е ставен под јурисдикција на Скопскиот митро-

24
Ст. Новаковић, Српски поменици XV–XVIII века, 14–15.
25
Г. Томовић, Морфологија ћириличких натписа на Балкану, Београд 1974, 56‒57; Г.
Томовић, Повеља манастира Леснова. ‒ Историјски часопис, књига XXIV, Београд 1977, 84.

12
полит („;;; da je v6 oblast6 i v6 pomen6 pr6vopr5stoln6yje trojerou=ice
slavnago grada Òkopi%“).26
Со овој царски хрисовул се потврдуваат сите дарови и привилегии
што на манастирот ги дал ктиторот Јован Оливер со својата основачка гра-
мота од 1341 год., а се даваат и нови прилози на манастирот во регионот на
средна и горна Брегалница (села, цркви, метоси, ниви, лозја, воденици и сл.).
Почетниот дел од хрисовулот е оштетен – недостигаат околу девет
реда од почетокот на аренгата и евентуалната симболичка инвокација.27 Ос-
вен тоа, уште Т. Флорински забележал дека означениот во грамотата индикт
3 не одговара на 1347 год. и искажува претпоставка дека, најверојатно, не
станува збор за оригинал, туку за подоцнежен препис од оригиналната гра-
мота.28 Кон неговото мислење се придружуваат и македонските археографи
В. Мошин и Л. Славева, коишто забележуваат дека врз хрисовулот нема тра-
ги од печат, поради што претпоставуваат дека станува збор за манастирски
препис од оригиналната грамота, којашто е изгубена.29 Дилемата конечно ја
разреши Л. Церниќ, која по детална палеографска анализа на грамотата, за-
клучи дека преписот е направен од хилендарскиот монах Јов во 70-те години
на XIV в.30 Некои автори се на мислење дека преписот Јов го направил во
Лесновскиот манастир31, меѓутоа, не треба да се исклучи и можноста тој да
е направен во Хилендар, а за потребите на манастирот во Лесново. Преписот
сега се наоѓа во архивот на Хилендарскиот манастир под бр. 148/150.
Се претпоставува дека Лесновската епископија постоела до втората
половина на 60-те години на XIV в. и во тој период од дваесетина години
таа се наоѓала под јурисдикција на Пеќската патријаршија. По 1371 год.,
кога Лесново потпаѓа во државата на династијата Драгаши, територијата на
расформираната Лесновска епископија одново е вратена во дијацезата на
Охридската архиепископија.32
Десет години подоцна со специјална грамота, напишана во Струми-
ца на 15 август 1381 год. Константин Драгаш одново го враќа Лесновскиот
манастир за метох на Хилендар. Во грамотата се вели дека кај Константин
26
Архимандрит Леонид, Хрисовуља цара Стефана. – Гласник Српског ученог друш-
тва, XXVII, 1870, 289‒290.
27
Л. Славева – В. Мошин, Српски грамоти од Душаново време, Прилеп 1988, 150.
28
Сп. Т. Флоринский, Памятники законодательной деятелности Душана царя Сербов
и Греков, Киев 1888, 80‒93.
29
Славева‒Мошин, Српски грамоти, 152.
30
Луција Цернић, Круг писара Јова, - Археографски прилози, 12, Београд 1990, 136.
31
История на българската средновековна литература. Съст. А. Милтенова, София
2008, 671.
32
Ibidem.

13
дошол хилендарскиот игумен Сава со уште неколку монаси од хилендар-
ското монашко братство со молба да им биде вратен Лесновскиот мана-
стир. Притоа, тие нагласиле дека уште царот Стефан Душан ја приложил
лесновската црква „Св. Архангел Михаил“ за метох на Хилендар, а и дес-
потицата Оливерова, со синовите Крајко и Русин, тоа го потврдиле. Откако
се посоветувал со својата мајка царицата Евдокија, Константин му ја дал
оваа нова грамота на Хилендарскиот манастир, со којшто тој го потврдува
своето „prino[enije pr5=istoi vladi=ici i gospo/di materi Áo/ijei,
=jodotvorici hilendar!skoi cr6kv6 Òvetago Àrhag’gela Ë5snov’skoga,
s6 seli i s6 zaselci i s6 planinami i s6 meg%mi, s6 vs5mi pravinami
cr’kve tei, %ko/e pi[et6 i v6 hrisovoule gospodina mi svetago cara
Òtefana“.33
За време на отоманското владеење специјални даровни грамоти
Лесновскиот манастир добил и од некои руски владетели. Овие грамоти му
овозможувале на лесновското монашко братство на секои шест години да
испраќа свои монаси да собираат помош (милостина) во Русија. Една таква
грамота му дал на Лесновскиот манастир, на молба од Кратовскиот митро-
полит Михаил, рускиот цар Алексеј Михајлович на 31 октомври 1660 год.34
Врз основа на таа грамота во 1660 год. за Русија заминале лесновскиот игу-
мен Прохор, монах-ќелар Митрофан и манастирскиот слуга Родиславко. Тие
со себе носеле послание на новиот кратовски митрополит Ананиј до рускиот
цар Алексиј Михајлович, во коешто кратовскиот митрополит го моли руски-
от цар да помогне за обновувањето на Лесновскиот манастир – манастирски-
те конаци, манастирските ќелии и манастирската трпезарија, коишто биле
пред распаѓање. Лесновците, притоа, носеле дарови за рускиот цар – резбан
крст, икони на св. Архангел Михаил и св. Гаврил Лесновски и дел од мошти-
те на св. маченица Пелагија.35

III. ЛЕСНОВСКИОТ СКРИПТОРИУМ

Засведочена книжевна дејност во Лесновскиот манастир има од XIV


в. наваму, иако основано може да се размислува дека таква дејност во овој
наш манастир имало и пред тоа. Особено ако се има предвид фактот дека
манастирот постоел и пред XIV в. и дека во него подолго време бил негуван
33
Ст. Новаковић, Законски споменици српских држава средњега века, Београд 1912,
454.
34
Боню Ангелов, Руско-южнославянски книжовни връзки, София 1980, 69‒70.
35
Исто, 71-72, 75-76.

14
култот кон пустиножителот св. Гаврил Лесновски. А за да се негува тој култ
и да се извршуваат потребните богослужбени дејства во кругот на манастир-
ското монашко братство потребни биле соодветни црковни книги, коишто
или требало да се донесат од друг книжевен центар или да се напишат во
сопствен скрипториум.
Во секој случај, во 30-те и 40-те години на XIV в. Лесновскиот мана-
стир веќе функционирал како оформен скрипторки центар. Тука во тоа време
работел еден од најистакнатите наши книжевници од тој период „покорниот
слуга Божји Станислав“. Во 1330 год. во скрипториумот на Лесновскиот ма-
настир, на барање од игуменот Теодосиј, тој напишал пролог со житија на
христијански светители за целата црковна година, почнувајќи од 1 септем-
ври (почетокот на црковната година) и завршувајќи со последниот ден од ме-
сецот август. Во записот-поговор на крајот од ракописот, којшто не е целос-
но зачуван, книжевникот Станислав вели дека ракописот го пишувал „v6
wblasti Öv!=epol6skoi v6 hor5 õl3tov!st5i, v6 gor5 Ë5snov6st5i,
v6 monastiri s~tgo arHistratiga Ìihaila i 8 groba pr5pDobnago ú~ca
Æav!rila“ во времето на кралот Стефан Урош и жупанот Драгослав.
Десетина години подоцна, во 1342 год., кога лесновски игумен сè
уште бил еромонахот Теодосиј, по заповед на големиот војвода Јован Оли-
вер Станислав напишал Минеј со црковни служби за месеците септември,
октомври, ноември и декември т.е. за првите четири месеци од црковната
година. Интересно е што, иако минејот не содржи служби за јануари, сепак,
на крајот од ракописот била додадена службата на св. Гаврил Лесновски,
чијашто богослужбена прослава се извршувала на 15 јануари.
И овој свој ракопис Станислав го завршува со опширен запис, во
којшто дава интересни податоци за обновувањето на манастирот од страна
на Јован Оливер и за имотите, со коишто тој го дарувал. Во записот се вели
дека минејот е пишуван во 1342 год. „pri ig8men5 ÐeDwsi v6 Š~vŠ l_T5 po
s6vr6[eni hrama ar_Histratiga Ìihaila, poveljenijem6 g_Spdina velikago
vojevode Ölivera r8kojo mnogogr5[nago Òtanislava“ и дека даренијата
што Јован Оливер ги дал на Лесновскиот манастир се потврдени од него со
„златопечатен хрисовул, којшто е предаден во Хилендарскиот манастир „Св.
Богородица“: „podav6 sela i metohije, pa[i[ta i livade i planine,
m_Sltijo kralevojo 8tvr6div6 vse sinore i zapisav6 zlatope=atn6ym6
hrisov8lom6 i pr5d_Sa jo 8 Ò~tou Æorou s~toi Á~ci Çilandar6skoi s6
vsak6ym6 8tvr6/denijem6“.
Во досегашните проучувања на лесновскиот духовен и книжевен
центар се искажани претпоставки дека книжевникот Станислав учествувал

15
во пишувањето и на Ковачевиќевиот пролог36 и дека прологот бр. 390 (27) од
старата збирка на белградската Народна библиотека исто така потекнува од
Лесновскиот манастир, поради што се означува како „трет лесновски про-
лог“37.
Претпоставката дека постоел „трет лесновски пролог“ и дека тој
трет лесновски пролог е прологот бр. 390 (27) од старата збирка на белград-
ската Народна библиотека, за жал, е заснована врз обична печатна грешка
во трудот на В. Ламански „О некоторых славянских рукописях в Белграде,
Загребе и Вене“38, во којшто тој фактички зборува за Станиславовиот Лес-
новски пролог од 1330 год., кога тој сè уште се наоѓал во Министерството
за просвета на Србија, а не во фондот на Српското научно друштво (денес
Српска академија на науките и уметностите).
Во првиот дел од својот труд Ламански зборува за 6 ракописи што се
наоѓаат во белградски институции: 1. Изборно евангелие од XIII в. од Ста-
рата збирка на Народната библиотека во Белград, инв. бр. 63 (Стојановић,
Каталог, бр. 30); 2. Лесновски пролог од 1330 год. (САНУ 53, Стојановић, Ка-
талог, бр. 83); 3. Паренезис на св. Ефрем Сирски од 1337 год. по потекло од
Дечанскиот манастир (САНУ 60; Стојановић, Каталог, бр. 91); 4. Оливеров
минеј, 1342 год. (НББ 62; Стојановић, Каталог, бр. 191); 5. Октоих, пишуван
од монах Теофил во времето на царот Стефан Душан (НББ 7, Стојановић,
Каталог, бр. 220) и 6. Октоих, пишуван околу 1371 год. од книжевникот Си-
надин (НББ 66, Стојановић, каталог, бр. 221).
Најопширно Ламански пишува за Лесновскиот пролог од 1330 год.
(N 2), при што првин зборува за неговите јазични особености (стр. 19‒80),
о

потоа наведува некои свои слични согледувања за јазикот на други словен-


ски ракописи (стр. 81‒108) и завршува со осврт врз содржината на прологот
(стр. 108‒121). Од наведените содржини, притоа, јасно се гледа дека станува
збор за Лесновскиот пролог од 1330 год., бидејќи посочените житијни тек-
стови и помени се наоѓаат на местата каде што тие се поместени во прологот
од 1330 год.
Грешката се појавува на стр. 80 од трудот на Ламански, каде што
наместо пролог (синаксар) од 1330 год., погрешно е наведена годината 1340.
Дека станува збор за печатна грешка, јасно се гледа и од тоа што на стр. 138

36
И. Велев, Лесновски Ковачевиќев пролог, Менора, Скопје 2004, 22.
37
И. Велев, Лесновскиот книжевен центар, Мисла, Скопје 1997, 144‒148
38
О нѣкоторыхъ славянских рукописяхъ въ Бѣлградѣ, Загребѣ и Вѣнѣ, съ филоло-
гическими и историческими примѣчанїями. В. Ламанскаго. Приложенїе къ VI-му тому
Записокъ Имп. Академїи наукъ. Nо 1. Санкт-Петербургъ, 1864.

16
од својот труд Ламански вели дека „прологот од 1340 год.“ го обработува под
бр. 2, а на стр. 19 под бр. 2 стои: „Синаксарь 1330 г.“.
Од друга страна, сосем очигледно е дека не може прологот бр. 2 од
Описот на Ламански (по стр. 80 од неговиот труд погрешно означуван како
пролог од 1340, наместо од 1330 год.) да се поистоветува со прологот бр.
390 (27) од Старата збирка на белградската Народна библиотека, бидејќи
тој пролог имал 155 листови, додека во опишаниот од Ламански пролог
се наведуваат житијни текстови на листови, коишто се наоѓаат по 155-от
лист.39 Ракописот не може да се именува ниту „Трет Лесновски пролог“, би-
дејќи од некои делумно читливи записи што тој ги содржел, јасно се гледа
неговата поврзаност со определени српски манастири: „ÒY% kniga g(lago)
lemi;; (mona)stira Ñ8dnika;;;“ (прва празна страница); Ñahvail ig8man
Áan6ski;;;“ (л. 21б‒22а).40
Во научната литература со книжевната дејност на Станислав Лес-
новски се поврзуваат и некои други писмени споменици како што е минејот
бр. 209 (15) од Старата збирка на народната библиотека во Белград41 и Че-
ти-минејот (мартирологијот) Nо 1039 од збирката на софиската Народна биб-
лиотека „Св. Кирил и Методиј“42. Тоа се прави, обично, врз основа на запи-
си, во коишто се спомнува името Станислав: „Áog6 da prosti Òtanislava
kaqizm8 pisav[ego se vse (минеј НББ 15);43 „ö zde po=eh7 Òtanislav6
dYak6“ (чети-минеј НБКМ 1039).44 Се покажа, меѓутоа, дека ваквите заклу-
чоци треба да бидат поткрепени со детално проучување на палеографските
и другите особености на дотичните ракописи, за да се избегнат евентуалните
грешки. Во врска со вториот од овие ракописи (НБКМ 1039), на пример, И.
Добрев аргументирано докажа дека споменатиот во него дијак Станислав не
е исто лице со познатиот македонски книжевник од XIV в. Станислав Лес-
новски.45

39
В. Ламаснский, Цит. д. 109‒114; И. Велев, Лесновскиот книжевен центар, 147.
40
Св. Матић, Опис рукописа Народне библиотеке, Београд 1952, 254.
41
И. Велев, Лесновскиот книжевен центар, 99‒102.
42
Maja Jakimovska-Tošić, Markoʼs Monastery as a Literary and Culture Centre. – Slovo.
Towards a Digital Library of South Slavic Manoscripts, 2007, No 1.
43
Љуб. Стојановић, Каталог Народне библиотеке у Београду. IV. Рукописи и старе
штампане књиге, Београд 1903, 63.
44
М. Стоянов – Хр. Кодов, Опис на славянските ръкописи в Софийската народна
библиотека, т. ІІІ, София 1964, 252.
45
И. Добрев, Кодекс Nо 1039 от Националната библиотека „Св. св. Кирил и Мето-
дий“. – Агиославика. Проблеми и подходи в изследването на Станиславовия чети-миней
(Доклади от едноименната конференция – 21 май 2013 г.). Съставител Диана Атанасова,
София 2016, 29.

17
Активната книжевна дејност во скрипториумот на Лесновскиот ма-
настир продолжува и по 1347 год., кога манастирот станува седиште на но-
вооснованата Злетовско-лесновска епископија. Веќе во 1353 год., по порачка
на лесновскиот епископ Арсениј еден анонимен лесновски монах, скриен
под псевдонимот „Тахоте Чрьньць“ тука го пишува зборникот со слова на
св. Ефрем Сирски, познат под името Паренезис. За жал, листот со записот
на лесновскиот книжевник, во којшто се даваат важни историски податоци
за времето кога бил пишуван ракописот, се наоѓал во Старата збирка на На-
родната библиотека во Белград (инв. бр. 237)46 и изгорел во пожарот од 6
април 1941 год. Основниот дел од овој пергаментен македонски ракопис се
наоѓа во софиската Народна библиотека (Nо 297), а еден лист од него има и
во Руската национална библитека во Санкт-Петербург, во збирката на Ал.
Гилфердинг под сигнатура F.n.I. 63.
По падот на Македонија под власта на отоманска Турција во цела
Македонија, па и во Лесновскиот манастир, доаѓа до извесен застој во кни-
жевните активности. Позасилена книжевна дејност во манастирот и во не-
кои од неговите скитови има во текот на XVI в., кога тука работат повеќе
истакнати книжевни дејци. Еден таков книжевен деец, на пример, е еромо-
нахот Филимон Злетовски, кој во почетокот на XVI в. патувал низ Источна
Македонија и пишувал богослужбени книги за потребите на одделни цркви
и манастири во тој дел на Македонија.
Во текот на XVI в. значаен скрипторски центар е и манастирскиот
скит Пирог, којшто се наоѓал во долината на Злетовска Река и чијшто храм,
посветен на Успението Богородично, сè уште постоел кон крајот на XIX и
почетокот на XX в.47 Тука, во 1538 год., во времето на игуменот еромонах
Прохор, ероѓаконот Силвестар напишал минеј, од којшто, за жал, сега ни
е познат само еден лист што се чува во Руската национална библиотека во
С. Петербург, во збирката на Ал. Гилфердинг под сигнатура F.I. 488/7.48 Во
втората половина на истиот век во овој лесновски скит ракописи пишува
поп Лазар од Кратово. Во 1571 год., кога лесновски игумен бил еромонахот
Павел, син на Морозвидскиот епископ Никифор, тој напишал тука минеј за
декември (сега во Државниот историски музеј во Москва, збирка на Хлудов
Nо 148), додека една година подоцна (1572), во времето на истиот игумен, а
по порачка на еромонахот Сава, напишал за потребите на скитот пролог за
46
Љуб. Стојановић, Каталог, 188.
47
Ст. Симић, Лесновски манастир, 71‒72.
48
Ж. Л. Левшина, Путешествие А. Ф. Гильфердинга 1868 года и славянские рукописи
его „македонской“ коллекции (итоги и перспективи изучения). – Археографски прилози, 34,
Београд 2012, 91.

18
јуни – ноември (сега во збирката на Михановиќ во Хрватската академија на
науките и уметностите во Загреб)49.
Книжевната дејност во Лесново продолжува и во подоцнежниот пе-
риод, особено по обновувањето на манастирот во почетокот на XIX в. Во
1811 год., во времето на еромонасите Теодосиј, Гаврил, Неофит и Ефтимиј,
тука (v! Ëesnov!skY3 s~t6y3 lavri) поп Нико пишува Акатист на св. Архан-
гел Михаил, а кратовчаните поп Јоан Христев и учителот Димитар Христов
(во 1868 и 1886 год.), за потребите на манастирот, пишуваат зборници со
житија и служби на светиот отец Гаврил Лесновски.

IV. ЛЕСНОВСКАТА РАКОПИСНА ЗБИРКА

Со оглед на тоа што во минатото Лесновскиот манастир бил мош-


не активен скрипторски центар, во него со тек на времето била формирана
богата збирка од старословенски ракописи. Таа збирка од стари ракописни
книги, фактички, била користена како прирачна библиотека при пишување-
то на нови црковни книги. Некои од нив, притоа, претставувале директни
предлошки за новонапишаните книги, но не биле ретки и случаите кога кни-
жевниците составувале нова црковна книга врз основа на повеќе антиграфи,
посебно кога се правеле зборници од текстови со определена тематика (гру-
пирање на текстови со полемичка антилатинска содржина, со богословски
трактати од истакнати византиски црковни писатели и сл.).
Така, со тек на времето, од продукцијата на лесновскиот скрипто-
риум и од прибирањето ракописи од други македонски цркви и манастири
за прирачната библиотека при тој скрипториум, во Лесново била формира-
на богата збирка со стари ракописни книги. Се разбира, дека голем дел од
ракописните книги биле користени во храмот за време на црковните бого-
служенија или со нив се служеле членовите на манастирското братство во
нивните монашки ќелии, какви што биле книгите со поучна и со молитвена
содржина.
За богатата збирка со стари ракописни книги на Лесновскиот ма-
настир во минатото пројавиле интерес повеќе странски истражувачи и ко-
лекционери. Прв меѓу нив е хрватскиот културен деец и австриски конзул во
Солун Антун Михановиќ, кој го посетил манастирот во 40-те години на XIX
в. и оттука зел повеќе ракописни книги. За оваа посета на Михановиќ и за

49
V. Mošin, Ćirilski rukopisi Jugoslavenske akademije. I dio. Opis rukopisa, Zagreb 1955,
184‒185.

19
земените од него црковни книги сведочи Јордан Хаџи Константинов-Џинот
во една негова статија, објавена во „Цариградски вестник“ бр. 208 од 15 ја-
нуари 1855 год.
Околу проучувањето на потеклото на ракописите од збирката на Ан-
тун Михановиќ, коишто сега се наоѓаат во Архивот на Хрватската акаде-
мија на науките и уметностите во Загреб, особено важен е придонесот на
проф. Вл. Мошин, кој аргументирано докажа дека тезата за светогорското
потекло на збирката на Михановиќ е неодржлива и дека таа, во најголема
мера, потекнува од Лесновскиот манастир во североисточниот дел на Маке-
донија. Во врска со тоа тој потенцира дека Михановиќ посетил повеќе цркви
и манастири во внатрешноста на Македонија, меѓу коишто и Лесновскиот
манастир, од каде што зел најмногу ракописни книги. Од неговата збирка
во Архивот на ХАЗУ, којашто содржи општо 38 ракописи, дури десет се со
сигурно лесновско потекло, додека за повеќе други постојат основани прет-
поставки дека потекнуваат од истиот македонски манастир.50
Најверојатно, поттикнат од статијата на Џинот во „Цариградски
вестник“ за посетата на Лесновскиот манастир од страна на Антун Михано-
виќ и за земените од него ракописи, во 1856 или во почетокот на 1857 год.,
во Лесново доаѓа познатиот колекционер на ракописни книги Стефан Верко-
виќ, кој во Македонија престојувал од 1850 до 1877 год. и имал антикварни-
ца во градот Серес. Тој ги проучил натписите во лесновската црква и некои
од ракописните книги во збирката на манастирот. Врз основа на собраниот
пишан материјал Верковиќ подготвил статија под наслов „Новыя славянскїя
находки въ Македонїи“ и истата во 1858 год. ја објавил во „Известия Втораго
Отдѣленїя Императорской академїи наукъ“ во С. Петербург (стр. 384‒400).
Во оваа своја статија тој ги објавува ктиторските натписи на Јован Оливер,
делови од Лесновскиот поменик, како и записите од Лесновскиот пролог од
1330, Оливеровиот минеј од 1342 и Лесновскиот паренезис од 1353 год.
Статијата на Ст. Верковиќ, во чиишто објавени епиграфски и кни-
жевни текстови, се зборува за истакнати српски средновековни владетели,
какви што се великиот војвода (подоцна деспот) Јован Оливер и кралот Сте-
фан Душан, од своја страна го привлекла вниманието на српските научници
и тие уште во следната 1859 или во почетокот на 1860 год. успеале да ги до-
несат во Белград Лесновскиот пролог од 1330 и Оливеровиот минеј од 1342
год. Лесновскиот пролог и денес е еден од најзначајните писмени споменици
што се чуваат во Архивот на Српската академија на науките и уметностите

V. Mošin, O podrijetlu Mihanovićeve ćirilske zbirke. – Избрани дела, книга 3, Менора,


50

Скопје 2004, 51‒54.

20
во Белград (бр. 53), додека Оливеровиот минеј, којшто се наоѓал во ракопис-
ната збирка на белградската Народна библиотека (бр. 62), за време на Првата
светска војна исчезнал и денес е со непозната судбина.
Во тоа време или малку подоцна во белградската Народна библиоте-
ка се пренесени и други лесновски ракописи, како што е листот со записот
во Лесновскиот паренезис од 1353 год., Лесновскиот поменик и др. Еден
дел од овие ракописи во Белградската библиотека, секако, однел самиот Ст.
Верковиќ. За жал, тие изгореле со другите ракописи од Старата збирка на
библиотеката, поради што е отежната нивната идентификација.
Во 1868 год., за време на своето патување низ Македонија, Леснов-
скиот манастир го посетил и рускиот дипломат и колекционер на стари ра-
кописни книги Ал. Гилфердинг. Тој од ракописната збирка на манастирот
зел цели ракописни кодекси или делови од ракописни книги и ги однел во
Русија. Најголемиот дел од нив сега се наоѓаат во Хлудовата збирка во Др-
жавниот историски музеј во Москва и во збирката на Гилфердинг во Руската
национална библиотека во С. Петербург. Два фрагмента од лесновски ра-
кописи има и во збирката на Андреј Попов во Руската државна библиотека
во Москва, а не е исклучено ракописи или одделни фрагменти од ракописи
по потекло од Лесновскиот манастир да се нашле и во збирките на П. И.
Шчукин (ГИМ) и Ф. Ф. Мазурин (РГАДА, ф. 196).
Од Лесновскиот манастир Гилфердинг зел еден посен триод, пи-
шуван во 1434 год., во времето на деспот Ѓорги Бранковиќ (Хлудов 139),
минејот што поп Лазар од Кратово го пишувал во Лесновскиот скит „Св.
Богородица Пиржанска“ во 1571 год. (Хлудов 148), како и повеќе фрагмен-
ти од ракописи, пишувани во Лесново во различни временски периоди или
пак биле сопственост на манастирот: 2 листа од Паренезисот на св. Ефрем
Сирски од 1353 год., 7 листови од два ракописа на Филимон Злетовски, исто
толку листови од толковен псалтир (XIV‒XV в.), 3 листа од цветен триод
(XV в.), еден лист од минејот на ероѓакон Силвестар од 1538 год. и др.51
Во последните децении на XIX в. за ракописната збирка на Леснов-
скиот манастир пројавува интерес кратовчанецот Ефрем Каранов, кој со со-
лидно филолошко образование се здобил во Русија. Во еден свој научен труд
посветен на некои етнографски проблеми поврзани со северниот дел на Ма-
кедонија, тој соопштува дека во 1889 год. двајца Англичани од манастирот
зеле две книги со дозвола на селскиот свештеник, поп Атанас, додека двајца
посетители од Србија се обиделе од Лесново да земат дури „три товари ста-
ри книги“ но биле спречени од некои кратовски првенци. Според Каранов,

51
Ж. Л. Левшина, Путешествие А. Ф. Гильфердинга 1868 года, 90‒92.

21
книгите биле вратени во манастирот, но потоа им се губи трагата.52 Постои
голема веројатност, притоа, да станува збор за оние српски посетители, кои
дошле во манастирот (?) кон крајот на 50-те години на XIX в. и ги зеле Лес-
новскиот пролог и Оливеровиот минеј и повеќе други ракописи од збирката
на манастирот и ги однеле во Белград.
Во својот труд Е. Каранов го објавува познатото „Изјаснително пи-
сание“ за Лесновскиот манастир, како и дел од текстот на манастирската
„Пандахуса“53, којашто подоцна е пренесена во библиотеката на Институтот
за македонски јазик во Скопје.
И покрај разграбувањето на ракописите од библиотеката на Леснов-
скиот манастир, во почетокот на XX в. манастирот сè уште имал богата збир-
ка со стари ракописни книги. Тоа се потврдува од фактот што при својата
посета на манастирот во 1908 год. познатиот бугарски научник Јордан Ива-
нов регистрирал тука повеќе словенски ракописи, од коишто ексцерпирал
записи и истите ги објавил во својата книга за старините во Македонија.54 Не
е исклучено, некои од ракописите по потекло од Лесновскиот манастир што
сега се наоѓаат во софиската Народна библиотека или во некои сè уште не-
проучени софиски ракописни фондови, да се однесени во оваа соседна земја
имено од Иванов или пак од претходно споменатиот тука Ефрем Каранов.
Што се однесува до минејот за март-април бр. 899 од збирката на
софиската Народна библиотека, кој од некои автори погрешно се поврзува
со Злетовската епископија55 и Лесновскиот манастир56, мора да се укаже дека
грешката настанала поради неточното читање на скратеницата „~zkwm7“ од
записот на книжевникот како „õletovskom7“, Фактички, станува збор за ра-
копис пишуван во времето на Зетскиот митрополит Ефтимиј од книжевник
со име Филон.
Во почетокот на XX в. манастирот повеќепати го посетува и кратов-
чанецот Стеван Симиќ. За време на една негова посета лесновските монаси
му покажале пет ракописни книги: житие на св. Гаврил Лесновски, житие
на св. Сава Српски, ракопис на еромонахот Филимон, пишуван во времето
на Злетовскиот епископ Матеј, минејот на ероѓакон Силвестар од 1538 год.,

52
Е. Каранов, Материали по етнографията на некои местности в Северна Македония,
които са смежни с България и Сърбия. ‒ Сборник за народни умотворения, наука и книжнина,
книга IV, София 1891, 303.
53
Исто, 302‒303, 310.
54
Й. Иванов, Български старини из Македония, София 1930, 161‒172.
55
М. Стоянов – Хр. Кодов, Опис на славянските ръкописи в Софийската народна
библиотека, том III, София 1964, 67‒68.
56
И. Велев, Лесновскиот книжевен центар, 184.

22
и Акатистот на поп Нико од 1811 год.57 По сè изгледа, лесновските монаси,
при првите средби со Симиќ, не биле расположени да му ги покажат сите
ракописни книги што се чувале во манастирот, но подоцна тоа го сториле,
бидејќи тој во 1914 год., во Годишникот на Никола Чупиќ објавува сумарен
попис на 67 лесновски ракописи.58
Последните ракописни книги од збирката на Лесновскиот манастир
се земени од страна на српските воени власти за време на Балканските вој-
ни (1912‒1913 год.) и однесени во библиотеката на Семинарот за српски
јазик при Белградскиот универзитет. Станува збор за 30 ракописни кодекси
и 10 фрагменти од ракописи, коишто сега се наоѓаат во Универзитетската
библиотека „Светозар Марковиќ“ во Белград. Краток археографски опис
на ракописните кодекси објавува во 1936 год. Вл. Ќоровиќ59, додека инвен-
тарен попис на истите и на ракописните фрагменти во 1982 год. објави Д.
Богдановиќ60. Подоцна Биљана Стипчевиќ од Археографското одделение
при народната библиотека на Србија долги години работеше врз целосен
археографски опис на ракописната збирка на Универзитетската библиотека
во Белград61, но таков каталог до денес не е објавен. Една од причините би
можел да биде и фактот што ракописите од збирката на оваа српска библи-
отека се скоро целосно со македонско потекло. Во Лесновската збирка во
Универзитетската библиотека во Белград има машинописен извештај од Б.
Стипчевиќ до надлежните државни органи, во којшто се наведува дека ра-
кописите во Универзитетската библиотека „се собрани од територијата на
денешна Македонија во текот на Балканските војни и во периодот помеѓу
1919 и 1941 година“.62

57
Ст. Симић, Лесновски манастир светога оца Гаврила. Задужбина српскога деспота
Јована Оливера, Београд 1912, 77‒79.
58
Вл. Мошин, Словенски ракописи во Македонија, книга І, Скопје 1971, 16.
59
В. Ћоровић, Прилози за нашу стару књижевност и хисторију. V. Рукописи
Лесновског манастира. – Зборник за историју Јужне Србије и суседних области, књига I,
Скопље 1936, 103‒124.
60
Д. Богдановић, Инвентар ћирилских рукописа у Југославији (XI‒XVII века),
Београд, 1982 (види го топографскиот индекс на стр. 256).
61
Покрај Лесновската збирка, којашто официјално се именува „Ќоровиќева збирка“,
во белградската Универзитетска библиотека има уште една збирка, којашто официјално се
именува „Универзитетска збирка“. Во неа три четвртини од ракописите се со македонско
потекло: најголемиот дел од нив се собрани од цркви и манастири во Битолскиот крај во
периодот меѓу двете светски војни од српскиот битолски епископ Јосиф Цвијовиќ, додека
помал дел се донесени од Македонија по Втората светска војна.
62
Извештајот е направен по повод посетата на македонскиот новинар Ванчо Весков
на библиотеката (во почетокот на 90-те години на минатиот век) и неговото интересирање за
потеклото на ракописите што се чуваат во оваа белградска библиотечна институција.

23
Кога во 1969 год. Вл. Мошин го посетил Лесновскиот манастир, во
него веќе немало ниту еден лист од неговата богата збирка со старословен-
ски ракописи. И покрај тоа, во некои македонски институции, сепак, можат
да се најдат „траги“ од некогашното книжевно богатство на Лесновскиот
манастир: еден псалтир и еден ракописен инвентарен попис во Национална-
та и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“63, една кондика во
збирката на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“64 и една „Пандахуса“
(Повик за собирање прилози) од почетокот на XIX в., којашто била во биб-
лиотеката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“65, но денес
не е на своето место.

63
Вл. Мошин, Словенски ракописи во Македонија, 133‒137, 394.
64
Ѓ. Поп-Атанасов – Д. Миловска, Неколку необјавени ракописи од збирката на
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. – Кирилометодиевистика 3, Скопје 2006, 106‒107.
65
Вл. Мошин, Цит. д. 329‒331.

24
СОДРЖИНА

I. Лесновскиот манастир .................................................................................... 5


II. Лесновските грамоти .................................................................................... 11
III. Лесновскиот скрипториум ........................................................................ 14
IV. Лесновската ракописна збирка .................................................................. 19
ІV. 1. Ракописи со библиска содржина ....................................................... 25
ІV. 2 Богослужбени книги .......................................................................... 97
ІV. 3. Зборници, пролози, житија ........................................................... 155
ІV. 4. Номоканони, месецослови, поменици, служби со житија и др. .. 223
V. Стари печатени црковни книги
по потекло од Лесновскиот манастир ..................................................... 271

277

You might also like