You are on page 1of 240

Проектот Ѕвезди на светската книжевност

е една од најзначајните цивилизациски придобивки што ќе


го збогати македонскиот духовен простор и ќе овозможи
пристап до колосалните дострели во развојот
и креирањето на пишаниот збор.
Во колекцијата на овој монументален избор вградени се
најзначајните проблесоци на човечката мисла –
од капиталните дела што потекнуваат од најдалечните
духовно-уметнички изворишта до најистакнатите книжевни
остварувања во поново време.
Со приопштувањето на овој најсодржаен библиофилски
зафат за македонската јавност стануваат достапни врвните
остварувања од светската книжевна ризница.

Министерство за култура на Република Македонија


Проект „Ѕвезди на светската книжевност“
 
Стручна редакција:
Митко Маџунков, главен редактор
Луан Старова
Ташко Ширилов
Драги Михајловски
Венко Андоновски
Ратко Дуев

Проектот е целосно финансиран


од Владата на Република Македонија
Aпулеј
МЕТАМОРФОЗИ
или
ЗЛАТНОТО МАГАРЕ
Наслов на оригиналот
Apuleius
METAMORPHOSEON LIBRI XI SIVE ASINUS AUREUS
© за македонското издание:
КОНГРЕСЕН СЕРВИСЕН ЦЕНТАР, Скопје
МИКЕНА, Битола
МАКАВЕЈ, Скопје
За издавачите:
Јове Тодоровски
Борче Трпковски
Јагода Цветкоска
Превод од латински јазик
Весна Димовска - Јањатова
Поговор
Весна Димовска - Јањатова
Јазична редакција
Весна Стојчевска
Корица
Кочо Фиданоски

CIP – Каталогизација во публикација


Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје
821.124-31
821.124-31.09 Апулеј
АПУЛЕЈ
Метаморфози или златното магаре / Апулеј ; [превод од латински јазик
Весна Димовска-Јањатова]. - Скопје : Конгресен сервисен центар; Битола : Микена ;
Скопје : Макавеј, 2012. - 238 стр. ; 20 см. - (Едиција Ѕвезди на светската книжевност)
Превод на делото: Metamorphoseon libri XI sive asinus aureus / Apuleius. - Фусноти кон
текстот. - За патешествијата и единственоста на “златниот роман” : (поговор) / Весна
Димовска-Јањатова
ISBN 978-608-4694-35-9 (Кон.центар)
ISBN 978-9989-55-333-2 (Микена)
ISBN 978-608-205-141-3 (Макавеј)
I. Apuleius види Апулеј
а) Апулеј (125?-180) - “Метаморфози или златното магаре” - Критики и толкувања
COBISS.MK-ID 92803338
АПУЛЕЈ

МЕТАМОРФОЗИ
или
ЗЛАТНОТО МАГАРЕ

КОНГРЕСЕН СЕРВИСЕН ЦЕНТАР


МИКЕНА ● МАКАВЕЈ
Скопје, 2012
6 Апулеј
Метаморфози или Златното магаре 7

КНИГА I
1. Во оваа милетска приказна1 ќе ти сплетам многу различни
случки и ќе ги заскокоткам твоите љубезни уши со слатко шепотење
само ако не мислиш дека е недостојно да ѕирнеш во еден египетски
папирус напишан со остро перце од нилска трска. Има да се зачудиш
како човечките ликови и судбини се претвораат во други и како потоа
повторно се враќаат во својот првобитен лик. Почнувам. А кој сум
јас?2 Слушни во два-три збора:
Атичкиот Химет, ефирскиот Истмос и спартанскиот Тенар3, среќни
места овековечени во уште посреќни книги – тоа е старата колепка
на мојот род. Таму уште во рана младост го научив атичкиот јазик.
Подоцна, во престолнината на Лациј4, како дојденец во науката, се
дадов на учење на мајчиниот јазик на Квиритите5, па – бидејќи немав
1
Милетски приказни се нарекувале збирки различни љубовни и авантуристички новели,
сместени во рамките на едно сиже. Името го добиле според збирката Милетски истории
(Milesiaka) на Аристид од Милет (II – I век пр. н.е.). (Заб. на преведувачот)
2
Прашањето и наведените податоци се однесуваат на Луциј, главниот лик на романот, а не на
авторот Апулеј. (Сите забелешки, освен ако не е поинаку нагласено, се на преведувачот)
3
Химет е планина во Атика, во близина на Атина, Ефирски Истмос е друго име за
Коринтскиот проток (старото име на Коринт било Ефира), а Тенар се вика најјужниот дел
на Пелопонез – трите топоними заедно стојат наместо општото име „Грција“. Придавките
„атички“, „ефирски“ и „спартански“ Апулеј ги употребува во женски род, иако би
требало да стојат во машки, за да се сложуваат со именките коишто стојат покрај нив.
4
NB! Во ова издание на преводот и поговорот на Апулеевите Метаморфози латинските,
главно, ономастички, но и некои други термини, се предадени со традиционална тран-
скрипција, според решение и по барање на Стручната редакција на едицијата „Ѕвезди на
светската книжевност“, што е спротивно на професионалната определба на авто­рот на
преводот за класичната транскрипција, која е и вообичаена во македонските преводи и
препеви од класичните јазици во последните неколку децении.
5
Квирити се нарекувале римските граѓани, што значи дека Луциј почнал да го учи
латинскиот јазик. Терминот Quirites доаѓа од Quirinus – „копјеносец“, епитет на првиот
римски владетел Ромул по неговата деификација. Овој термин Апулеј неретко го употребува
со значење „граѓани“ и кога се однесува на Грци.
8 Апулеј

учител – со голема мака и го научив. Ете, затоа однапред молам за


прошка ако треснам нешто недоделкано, зборувајќи на овој, за мене,
туѓ јазик. Впрочем и самото менување на јазиците одговара на овој стил
на неочекувани пресврти6 на кој преминувам. Ја започнувам грчката
приказна: читателу, внимавај! Ќе се забавуваш.
2. Тргнав во Тесалија – токму од таму потекнува родот на мајка
ми, основан од славниот Плутарх7 и од неговиот внук Секст8, што нè
прави горди – ете, токму во таа Тесалија тргнав по работа. Поминав
стрмни планини и калливи долини, росни ливади и изорани полиња,
јавајќи на домашен, снежнобел коњ. Кога видов дека тој веќе се из-
мори, а за да се раздвижам и самиот, бидејќи бев вкочанет од седење,
скокнав на нозе, му ја избришав потта со лисје, му го истрив челото,
му ги помилував ушите, ја симнав уздата и го поведов со бавен чекор,
додека тој се одмори и се олесни по вообичаениот, природен пат. И
додека тој, минувајќи покрај ливадите, ја тегнеше главата настрана за
да дофати некоја тревка, јас настигнав двајца патници кои одеа малку
понапред и им се придружив. Додека наслушнував за што разговараат,
едниот од нив удри да се смее и рече:
„Остави ги тие приказни, полни со глупави и дебели лаги!“
Кога го слушнав ова, а секогаш сум желен да чујам нешто ново
– им велам:
„Напротив! Вклучете ме и мене во разговорот. Не дека сум некој
љубопитен, но сакам да знам ако не сè, тогаш барем што повеќе. А и
ридот полесно ќе го искачиме со забавни и пријатни прикаски“.
3. Оној, што почна, додаде:
„Како не? Оваа лага е исто толку вистинита колку што е висти-
нито ако некој каже дека со баење може да се вратат брзите реки кон
изворот, да се окова мирното море, да се стивнат дивите ветрови, да се
запре сонцето, да се изнудат капки роса од месечината9, да се симнат
ѕвездите од небото, да се згасне денот и да се задржи ноќта“.
Тогаш јас се осмелив да прозборам:
6
Во оригиналниот текст стои „desultoriae scientiae“, што значи „вештина на акробат
кој скока од коњ на коњ“.
7
Славниот грчки писател и филозоф бил од Беотија (средна Грција) а не од Тесалија,
но овие области се блиску, па многу е веројатно дека дел од неговиот род живеел и во
Тесалија.
8
Секст (II век пр. н.е.) бил роднина на Плутарх.
9
Постоело верување дека маѓесниците можат на површината на месечината да предизвикаат
пена што потоа паѓа на земјата како роса што тие ја собирале.
Метаморфози или Златното магаре 9

„Еј, ти што почна да раскажуваш, не срами се и нека не те мрзи да


ја дораскажеш приказната“. А на оној другиот му велам: „Ти пак, со
уши затворени од тврдоглавост, го одбиваш она што можеби вистинито
се кажува. Жими бога, во многу голема заблуда си ако го сметаш за
лага она за што прв пат слушаш, она што ти е понеобично за окото
или, пак, она што е потешко да се разбере. Но, ако погледнеш малку
повнимателно, ќе видиш дека не само што е лесно да се поверува туку
е лесно и да се направи.
4. Ете, пред некоја вечер, натпреварувајќи се со другарите на една
гозба, јас се обидов да голтнам едно парченце пита со сирење, кое беше
поголемо од што треба. Залакот, онака мек и леплив, ми се заглави во
грлото, ме остави без здив и за малку да умрам. А сега недоамна беше,
кога пред Шарениот портик10 во Атина, со свои очи видов еден циркусант
како голта остар коњанички меч, и тоа со острицата надолу. Веднаш
потоа, намамен со неколку ситни парички, си забоде во утробата и едно
ловечко копје, со оној – смртоносниот крај. Кога, ете ти, од железната
рачка на копјето, каде што дрвениот дел од проголтаното копје излегува
од грлото кон тапиот крај, се појави момче со нежна убавина и почна
да игра, да се извива лесно и да потскокнува како да нема ниту коски
ниту зглобови, така што сите присутни зинавме од чудо: мислиш, змија
благородна се извила мазно околу рапавиот и со поткршени гранчиња
стап на богот на лекарите11. Ајде сега тебе, ти што веќе почна да збору-
ваш, ти препуштам, ако сакаш, да ја завршиш приказната. А јас ќе ти
верувам и за себе и за овој другиов, па во првата гостилница на којашто
ќе наидеме ќе го поделам ручекот со тебе. Оваа награда не ти бега“.
5. А тој ми вели: „Ова што ми го ветуваш ми се чини справедливо,
а она што бев почнал да го раскажувам повторно ќе го започнам. Но
најпрвин ќе ти се заколнам во севишното Сонце, бог којшто сè гледа,
дека ќе зборувам само за она што е вистинито и проверено, а ниту вие
самите нема повеќе да се сомневате откако ќе стигнете во најблискиот
град во Тесалија, зашто таму народот насекаде зборува за ова што се
случи јавно. Но, пред тоа, треба да дознаете кој сум и од каде сум. Се
10
Stoa poikile – „стоа“, „портик“, односно долг ѕид со колонада од столбови и со покрив.
Шарената стоа или Шарениот портик во Атина бил изграден во 450 г. пр. н.е., а ѕидот
бил насликан од познатиот атински уметник Полигнот. Од 310 година пр. н.е., таму се
собирале учениците на филозофот Зенон, па оттаму неговото учење било наречено стоа
или стоицизам, а неговите следбеници – стоици.
11
Богот на лекарите е Ескулап, а негово обележје е жезол околу кој е извиена змија.
10 Апулеј

викам Аристомен и егињанин12 сум. Слушнете и со што се занимавам:


тргувам со мед, со сирење и со други такви стоки за гостилниците,
патувајќи натаму-наваму по Тесалија, Етолија и Беотија. Еднаш, кога
разбрав дека во Хипатија, најбогатиот град во цела Тесалија, има свежо
сирење со одличен вкус, што се продава по многу поволна цена, побрзав
таму за да го откупам сето. Но, како што често се случува, сум тргнал
со левата нога и попусто се надевав на заработка, зашто претходниот
ден Лупус13, трговецот на големо, веќе го беше купил сето сирење. Така,
изморен од залудното итање, вечерта тргнав на бања.
6. Кога таму, го гледам мојот пријател Сократ. Седи на земја, до
половина завиткан во искината наметка, речиси не можев да го пре-
познаам – ликот му беше блед и изобличен од беда и од изгладнетост,
токму како оние што, отфрлени од судбината, седат на крстопатите и
питаат милостина. Гледајќи го таков, иако ми беше близок и добро го
познавав, сепак со двоумење му пријдов поблиску.
„Еј, Сократе, му реков, што е ова? Што правиш? Каков срам те
снашол? Па, дома веќе те оплакаа и те прежалија, а на твоите деца, со
решение на провинцискиот судија, им одредија старатели. Жена ти ти
ги оддаде сите посмртни почести и, откако се изобличи од долготрај-
ната жалост и тага, откако очите речиси й ослепеа од солзи, нејзините
родители ја убедуваат да го развесели тажниот дом со радостите на нов
брак. А ти овде, за наш најголем срам, се појавуваш како некој призрак“.
„Аристомене – рече тој – ти не ги познаваш опасните застранувања
на судбината, нејзините непостојаност и превртливост.“ Го рече тоа,
а со крпените партали го покри лицето црвено од срам, така што му
остана гол оној дел од телото од папокот до слабините. Јас не можев
повеќе да ја поднесам тажната слика на неговата беда и му подадов
рака за да му помогнам да стане.
7. А тој, со покриена глава, како што си беше, ми рече:
„Нека, нека, остави ме! Судбината и натаму нека се насладува на
трофејот14 што самата си го направи“.
12
Жител на градот Егиниј, што се наоѓал во Македонија на границата со Тесалија,
денешна Еркинија, во Грција.
13
Името не е одбрано случајно, зашто lupus на латински значи „волк“.
14
Кај старите Грци и Римјани „трофеј“ се нарекувал споменикот подигнат во чест на
победникот и во спомен на победата, најчесто на самото бојно поле. Во почетокот тој
претставувал грамада од оружје одземено од непријателот, а подоцна Римјаните трофејните
споменици ги подигале на Капитолиј и само ги украсувале со дел од запленетото оружје
и со насликани сцени од битката.
Метаморфози или Златното магаре 11

Го натерав да тргне со мене, ја симнав едната од двете наметки и


бргу му ја облеков, или подобро да речам – го покрив, па го одведов
во бања. Самиот му изнесов нешто за мачкање и триење, па го истрив
дебелиот слој нечистотија што го покриваше. Откако се погрижив за
него како што треба, и самиот уморен, одвај придржувајќи го, го одведов
кај мене во анот. Таму му го послав креветот, го нахранив со јадење,
го развеселив со пиење и го разведрив со приказни. Веќе започна да
покажува интерес и за шеги и за разговор, па стасавме и до подбивање
и задевање, кога тој, воздивнувајќи од дното на душата, разгневено се
удри со десницата по челото и извика:
„Ох, кутриот јас! Се најдов во овие неволи само поради пустата
желба да ја гледам борбата на некои прочуени гладијатори! Како што
добро знаеш, бев тргнал во Македонија по работа. Десеттиот месец, по
завршената работа, се враќав оттаму побогат. Некаде, пред да стигнам
до Лариса15, скршнав од патот со намера да одам на таа претстава, кога
во една зафрлена и длабока долина ме нападна една група разбојни-
ци и ми зедоа сè што имав, но сепак успеав да избегам. Така, крајно
нажален стигнав до меаната на некоја си Мероја16, којашто навистина
беше стара, но многу добро изгледаше. Й раскажав сè за моето долго
патување, за возбудливото враќање дома и за несреќата што ме снајде
кога ме ограбија. Таа беше многу љубезна со мене: ме негуваше, ме
хранеше бесплатно, па најпосле, обземена од страст, ме одведе и во
својот кревет. Како што легнав со неа така ме снајде несреќата! Само
една ноќ преспав со неа и веќе започна една долга и гнасна врска со
таа чума17, така што и оние малку партали што ми ги оставија добрите
разбојници и сè што заработував како носач со торба на рамото й ги
подарив нејзе. И така сè додека добрата жена и лошата судбина не ме
доведоа до оваа состојба во која ти ме најде пред малку“.
8. „Навистина“, реков јас, „си заслужил и полошо, ако може да
има полошо од ова, кога поради љубовна страст и поради една стара
ороспија си ги жртвувал домашното огниште и родените деца.“
А тој го стави прстот на уста, сиот преплашен, и ми вели:
15
Во тесалскиот град Лариса се одржувале на далеку познати игри, слични на римските
гладијаторски борби, а исто така и гимнастички и музички натпревари на кои учествувавле
и присуствувале и голем број туѓинци.
16
Името е изведено од именката merum – чисто, немешано вино.
17
Ова место во ракописот претрпело бројни конјунктури, затоа што во ракописот
Laurentinus 68, 2 стои: contraho, според редакцијата на Ван Флит: consuetudinem contraho,
а според онаа на Хелм: servitutem contraho.
12 Апулеј

„Молчи, молчи!“ – па обѕрнувајќи се да не го слуша некој, ми


шепна: „Чувај се, те молам, од таа жена со натприродни способности,
да не настрадаш поради својот долг јазик“.
„Ајде, ти се молам! Што е со таа меанџика? Толку ли е моќна таа
кралица на меаните?“
„Маѓепсница е таа! Може небото да го симне и земјата да ја пот-
крене, изворите да ги скамени, планините да ги раствори, мртвите да
ги избави од оној свет, а боговите да ги прати во пеколот, да ги згасне
ѕвездите, а самиот Тартар18 да го осветли.“
„Ама ајде, те молам“ – му одговорив – „престани да глумиш19 и
зборувај како секој нормален човек!“
„Сакаш да ти раскажам за една-две од нејзините ујдурми или за
повеќе? За неа не е ништо да направи да се вљубат во неа не само
мажите од оваа земја туку и оние од Индија, од двете Етиопии20, па
дури и самите антиподи21. Тоа е за неа ситница, детска играчка. Но,
слушни што направи еднаш пред многу сведоци“.
9. Еден свој љубовник, што ја изневерил со друга, само со еден збор
го претворила во дабар, и тоа затоа што дабарите, во страв да не бидат
фатени од нивните непријатели, си ги откинуваат половите органи;
таа се надевала дека и нему ќе му се случи истото, затоа што љубовта
ја раздавал наоколу! А пак еден нејзин сосед меанџија, којшто й бил
конкурент, го претворила во жаба и сега тој старец седи во една бочва,
плива по талогот од вино и со засипнато крекање ги довикува своите
некогашни муштерии. А пак еден друг човек, адвокат, го претворила
во овен, бидејќи зборувал против неа. Сега тој овен води парници.
Сопругата на некој нејзин љубовник зборувала подбивно и погрдно
за меанџиката, а бидејќи била бремена, ја проколнала на вечна бреме-
ност, й ја затворила утробата, така што плодот останал во неа. Некои
пресметаа дека веќе осум години го носи бремето, небаре ќе раѓа слон.
18
Тартар е она место во подземното царство каде што душите на мртвите ги издржу-
ваат заслужените казни.
19
Во оригиналот: „Oro te... aulaeum tragicum dimoveto..“. што буквално значи: „те молам...
да ја кренеш завесата на трегедијата..“.. Aulaeum е театарска завеса што на почетокот
на претставата се собирала надолу, а на крајот се кревала нагоре.
20
Од двете Етиопии – значи: оние што живееле на исток и на запад од реката Нил. Во
антиката постоела претстава за Етиопија како за земја од приказните, која се протега
источно и западно од Нил, до краевите на земјата.
21
Легендарни суштества што живееле на спротивните страни на светот.
Метаморфози или Златното магаре 13

10. „Вакви работи се случуваа многу често и веќе мнозина беа


настрадале од неа, па незадоволството толку нарасна што еден ден
решија уште утредента да ја казнат најжестоко, да ја каменуваат. Ама
таа со моќта на нејзините магии ги спречи во оваа намера. И, како што
славната Медеја, која измолила од стариот Креонт еден ден во кој со
пламенот од еден венец му ја запалила палатата, заедно со ќерката и
со стариот му татко, така и оваа во текот на една ноќ (самата неодам-
на ми раскажуваше во пијана состојба), со помош на страшни магии
правени над некој празен гроб, без да сетат, ги натерала граѓаните на
овој град, сите до еден, да се заклучат во своите домови. Цели два дена
не можеле да си ги отклучат клучалките, ниту да ги разбијат вратите
или, пак, да ги урнат ѕидовите. Сè додека најпосле едногласно, бо-
дрејќи се еден со друг, не се заколнале дека никогаш повеќе нема да
кренат рака врз неа и оти дури ќе ја штитат секогаш кога некој друг
ќе науми такво нешто. Под тој услов ја измолиле, па го ослободила
целиот град. Но, виновникот за овој заговор во една темна ноќ, го
преместила – заедно со целата куќа, така како што си била затворена
и сосе ѕидовите, самото земјиште и темелите – на сто милји одовде, во
друг град, којшто се наоѓа на врв на една стрмна гора и којшто поради
тоа нема вода. Куќите во тој град биле изградени густо збиени една до
друга и немало место за нови дојденци, па таа ја фрлила куќата пред
портите на градот и си отишла.“
11. „Чудно, но и не помалку страшно, реков јас, е сето ова што
ти мене ми го раскажуваш, драг мој Сократе. Ме загрижи, па дури и
ме уплаши, ме боцна не со игла, туку со острица од копје: што ако
оваа стара маѓосница22 со помош на своите магии дознае и за овој
наш разговор? Ајде бргу да легнеме и, штом сонот ќе нè ослободи од
заморот, пред да се раздени, да бегаме што е можно подалеку од овде.“
И додека јас сè уште му делев совети, мојот добар Сократ, подна-
пиен од виното на кое не беше навикнат и совладан од долготрајниот
замор, веќе беше заспал и гласно ’рчеше. Тогаш јас ја затворив вратата,
го ставив резето, си ја наместив постелата (за поголема сигурност)
токму зад вратата и си легнав. Некое време не можев да заспијам од
страв, но подоцна, за време на третата стража23, ги склопив очите.
22
Именката anus, којашто ја употребува Апулеј, значи „маѓосница“, но значи и „баба“,
„старица“.
23
Поточно: „околу полноќ“ – ноќта се делела на четири стражи, според смените на
војниците кои чувале стража на кулите од градските тврдини. Третата стража почнувала
приближно на полноќ.
14 Апулеј

Штотуку сум заспал, кога одеднаш вратата се отвори, или поскоро


– испадна од држачите со тресок посилен од оној што би можел да го
направи еден разбојник. Моето креветче, коешто и така беше мало,
без една ногарка и гнило, се преврте, јас паднав од него на земја, а
тоа ме поклопи.
12. Тогаш почувствував дека некои природни возбудувања се из-
разуваат со сосема спротивни нешта. Затоа што, како што честопати
луѓето од радост плачат, така и јас – смртно преплашен, не можев а да
не се насмеам кога забележав дека од Аристомен сум се преобразил
во желка. Извалкан во нечистотијата и заштитен од креветот, ѕиркав
за да видам што ќе се случи натаму и здогледав две жени во поодми-
нати години. Едната држеше во раката запалена светилка, а другата
сунѓер и меч. Вака вооружени тие застанаа над Сократ, кој спокојно
си спиеше, па едната од нив проговори:
„Еве го, сестро Пантијо24! Тоа е мојот драг Ендимион25, тоа е мојот
Катамит26, кој деноноќно си поигруваше со мојата младост. Тој ја презре
мојата љубов и не само што ме клеветеше туку дури се подготвуваше и
да побегне. Јас, пак, да останам вечно да ја оплакувам мојата самотија,
како Калипсо, кога била оставена од итриот Одисеј27“.
Потоа ја испружи раката кон мене и, покажувајќи ме на сестра
си Пантија, рече:
„А пак овој одличен советник, Аристомен, којшто го смисли
планот за бегството и кој сега лежи спружен под леглото и гледа сè во
смртен страв, тој мисли дека може неказнето да ме навредува. Но јас ќе
направам, само подоцна, не сега, тој да се покае за својата зајадливост
и за сегашното љубопитство“.
13. Кога го чув ова, ме обли мене несреќникот студена пот и почнав
да треперам толку што и креветот започна да танцува на мојот грб.
Милата Пантија одврати:
24
Пантеја на грчки значи „себожествена“!
25
Според преданието, Ендимион бил прекрасен млад човек во кого се вљубила Месе-
чината (Luna), го одвела на планината Латмос и го заспала во вечен сон. Овде, името е
употребено иронично.
26
Латинско име за Ганимед. Ганимед бил убав младич од Фригија во кого се вљубил
Ѕевс, па го грабнал од земјата и му подарил бесмртност. Во латинскиот јазик catamitus
се употребувало во значење „миленик, љубен“.
27
Одисеј ја напуштил нимфата Калипсо, потчинувајќи се на волјата на боговите.
Метаморфози или Златното магаре 15

„Што велиш сестро? Дали прво да го растргнеме, како што прават


баханатките, или да му ги врземе рацете и нозете и да му го отсечеме
машкиот дел?“
„Не, не, – рече Мароја (разбрав дека е тоа онаа од приказната на
Сократ) – тој нека остане за да го покрие со грст земја трупот на оној
несреќник.“
И тогаш ја сврте главата на Сократ в десно, па му го забоде ножот
сè до рачката од левата страна на вратот и принесе една матарка во
која вешто ја собра сета крв од раната28, така што не падна ниту една
капка на подот. Тоа го видов со сопствените си очи. За да не пропушти,
претпоставувам, ниту еден од жртвените обреди, ја пикна десната рака
во раната и, барајќи низ утробата, го извлече срцето29 на мојот кутар
пријател, додека тој низ пресечениот грклан испушташе некаков шушкав
звук, поскоро чкрипење, сè додека не ја испушти и душата. Пантија со
сунѓерот го затна огромниот отвор на раната и рече:
„Ти, сунѓеру, роден во морето, внимавај да не ја преминеш
реката!“30
По овие зборови и двете тргнаа, го турнаа креветот и со расчеко-
рени нозе си ги олеснија бешиките врз мене сè додека целиот не бев
облеан со смрдливата течност.
14. Штом го пречекорија прагот, вратата се крена и се врати на
местото, рамките околу неа, исто така, се наместија во своите лежишта,
шарките се вглавија и резето чкрапна. А јас, пак, останав како што си
бев: спружен на земја, гол, без здив, треперев сиот мокар, како тој час
да сум излегол од мајчината утроба, или поскоро – полумртов, како
некој што се надживеал себеси, како продолжение на сопственото
јас, но во секој случај сигурен кандидат за распнување на веќе под-
готвениот крст. Си велев: „Што ќе биде со мене кога утре изутрина ќе
најдат човек со пресечен грклан? И ако ја кажам вистината, кој ќе ми
поверува?“ – „Си можел барем да повикаш помош, ако не си можел
ти, волкав маж, да й се спротиставиш на една жена. Пред твои очи го
колат човекот, а ти молчиш?! Како и самиот не си настрадал во еден
28
Крвта ја собрала не само со цел да ги прикрие трагите од злоделото туку и за да ја
зачува за подготовка на магиски средства (спореди кн. III, гл. 17).
29
Така се постапувало при принесување жртвени животни, а гатачите ги набљудувале
внатрешните органи, особено дробот и срцето, и според нив ја претскажувале
иднината.
30
Смислата на ова предупредување станува јасна во гл. 19.
16 Апулеј

таков напад? Зошто оваа сурова, крвожедна старица не се уплашила


дека ќе биде откриена, па те поштедила тебе – единствениот сведок?
Бидејќи си й се измолкнал на смртта, умри сега и оди по него!“
Така постојано си размислував за себе, а ноќта веќе се претвори
во ден. Ми се чинеше дека е најдобро да си заминам крадешкум, пред
зори да фатам пат. Си го зедов бовчичето, го ставив клучот и го свртев
во клучалката. Но, проколнатата врата, што ноќеска се отвори сама
од себе, сега не сакаше да се отвори, и откако стопати го ставив и го
извадив клучот, попушти и се отвори.
15. „Еј, каде си? – почнав да викам. – Отвори ми ја надворешната
врата, сакам да тргнам на пат пред да се раздени.“
Вратарот, кој спиеше на земја зад влезот, сиот сонлив, ми рече:
„Ти не знаеш ли дека патиштата ноќе се несигурни, дека има раз-
бојници? Ако толку сакаш да загинеш, зашто изгледа ти тежи некаков
злостор на душата, мојава глава не е тиква31 па да умрам за тебе“.
„Нема уште многу до изгрејсонце – му велам. – Покрај тоа, што
можат да земат разбојници од еден ваков сиромав? Не знаеш ли пак ти,
глупчо, дека ни десетмина арамии не можат да соблечат гол човек?“
На тоа вратарот, сонлив, си се сврте на другата страна и ме праша:
„Од кај да знам јас дека не си го задавил, на пример, оној твојон со-
патник, со кого пристигна доцна синоќа, па сега сакаш да се спасиш
со бегство?“
Во тој миг, се сеќавам, видов како пред мене се отвора самиот
Тартар, а гладниот пес Кербер само чекаше да ме проголта. Тогаш ми
текна дека добрата Мероја ми го поштеди гркланот не од милосрдие,
туку за да ме распнат на крст.
16. Така, јас се вратив во собата и почнав да мислам како најбргу
да си ставам крај на животот. Но, Судбината не ми беше оставила
никакво друго смртоносно оружје освен креветот.
„Креветче мое најмило – му реков – ти што претрпе толку несреќи
заедно со мене, ти сведоку и судијо на сè што се случи ноќва овде,
ти единствениот кого можам да го повикам да посведочи за мојата
невиност кога ќе ме обвинат, дај ми средство што ќе ме спаси на мојот
пат – побргу да стигнам во подземното царство.“
31
Curcubitae caput habēre – „да имаш глава од тиква“, израз со значење „глупав сум“.
Овде, негирано: „не сум глупав“. Воопшто, тиквата била симбол на глупоста.
Метаморфози или Златното магаре 17

Со овие зборови го разврзав јажето со коешто беше преплетен


креветот. Едниот крај го префрлив преку една греда што излегуваше
од под прозорецот и го заврзав, а другиот цврсто го врзав во јамка, па
се качив на креветот и, поткревајќи се на прсти кон сопствената смрт,
си ја ставив јамката околу вратот. Токму кога со едната нога ја оттурнав
потпората под себе за да може јажето повлечено од мојата тежина да се
затегне околу мојот врат и да го прекине дишењето, старото изгниено
јаже одеднаш се скина и јас паднав право врз Сократ, кој лежеше под
мене и заедно со него се струполив на подот.
17. Во тој миг во собата се втурна вратарот, викајќи на цел глас:
„Каде си бе ти? Сакаше да избегаш средноќ, а сега ‘рчиш замотан во
покривката“.
Токму тогаш, не знам дали од паѓањето или од заглушувачкото
врескање на вратарот, Сократ се разбуди, скокна прв и рече: „Не по-
пусто сите патници се жалат на овие меанџииве. Овој овде во ниедно
време ни се втурна, верувам – за да ни дигне нешто – и вреска толку
силно што ме разбуди од најдлабокиот сон, иако бев многу уморен“.
Јас, пак, жив радосен од оваа неочкувана среќа, станав и му велам:
„Еве ти, остроумен вратару, ова е мојот пријател и брат, а ти пијан, ме
обвинуваше дека ноќеска сум го убил“.
И велејќи го тоа, го прегрнав Сократ и почнав да го бакнувам. Но
тој, заплиснат од смрдеата на течноста со која ме полија оние Ламии32,
ме оттурна грубо.
„Смрдиш на нужник!“ – рече и почна љубопитно да ме распрашува
како сум се намирисал вака. Јас, кутриот, измислив некоја глупава
шега и се обидов да му го одвлечам вниманието на друга страна. Му
ја ставив раката на рамото и му велам:
„Ајде да одиме и да уживаме во утринската свежина“..
Си ја собрав бовчичката и, откако му плативме на меанџијата,
тргнавме на пат.
18. Бевме изминале веќе подолг пат кога се појави сонцето и
осветли сè со своите зраци. Јас внимателно го загледував вратот на
мојот сопатник на она место каде што бев видел дека влезе бодежот и
си велев самиот на себе: „Глупав еден, пиеше вино и пијан од многуте
чаши си ги сонувал оние глупости. Ете го Сократ, жив и здрав, без
32
Ламии – зли духови со лик на прекрасни женски суштества, кои ноќе цицале крв од
телата на убави момчиња.
18 Апулеј

гребнатинка. Каде е раната? Каде е сунѓерот? А каде ли е, пак, оној


длабок и свеж белег?“ Му се обратив нему:
„Искусните лекари не без основа тврдат дека стомакот полн со
јадење и пиење создава лоши сништа. Јас синоќа испив повеќе од што
треба и поминав многу тешка ноќ со толку страшни и мачни сништа,
што сè уште ми се чини дека сум извалкан и испрскан со човечка крв“.
„Со крв?“ – ме праша Сократ, смеејќи се – „јас би рекол дека си
испрскан со мочка. И мене на сон ми се пристори како да ме колат.
Еве овде ме болеше грлото. Ми се стори као да ми го вадат срцето. Сè
уште не можам да дишам убаво и ми се тресат коленава, чекоров не ми
е сосема сигурен и сакам да каснам нешто, малку да се закрепнам.“
„Еве, велам јас, еве ти појадок.“
Бргу ја симнав торбата од рамо, му подадов леб и сирење, па му
реков:
„Ајде да седнеме под овој чинар“.
19. Така и направивме. И јас си каснав нешто. Гледајќи го другар
ми како ненаситно јаде, забележав дека пребледнал како крпа и дека
му снемува сила. Бојата на лицето толку му се измени, што мене од
страв, (бидејќи ми се чинеше дека повторно ги гледам оние Фурии33
од ноќеска), првиот залак ми застана во грлото, иако беше сосема мал,
и не можеше ниту да се искачи угоре, ниту да слезе удолу. Она што
уште повеќе ме плашеше беше малиот број минувачи. Зашто, кој ќе
поверува дека од двајца сопатници едниот умрел без вина на другиот?
А него, откако се изнајаде до заситување, го мачеше страшна жед, затоа
што изеде многу од прекрасното сирење. А, недалеку од корените на
чинарот течеше тивка рекичка, бавна како мирен рибник, со боја ту
на сребро, ту на стакло.
„Ете – реков јас – напиј се од млечната течност на овој извор.“
Тој се поткрена, почна да бара згодно место до водата, клекна, се
наведна и жедно се устреми кон водата. Уште не ја беше допрел со
усните свежата површина на водата, кога на неговиот врат се отвори
длабока рана, испадна сунѓерот заедно со тенок млаз крв, а неговото
мртво тело ќе паднеше со главата напред во реката, ако јас не го фатев
за нозете и ако со судна мака не го извлечев на брегот. Таму го исплакав
33
Фурии или Еринии се три сестри, божици на одмаздата, кои живееле во подземниот
свет. Нивниот страшен изглед (долгите коси им биле испреплетени со змии, а очите
застрашувачки им светкале) предизвикувал избезуменост или дури и смрт кај секој кој
ќе ги погледнел.
Метаморфози или Златното магаре 19

мојот несреќен другар, толку колку што ми дозволуваше времето и го


закопав за секогаш во песокот крај реката. А јас, вознемирен и пре-
плашен за сопствената судбина, побегнав по некои споредни патчиња
низ пустелијата. Како да ја носам на своја душа смртта на еден човек,
ги напуштив татковината и родното огниште и отидов во доброволно
прогонство. „Сега живеам во Етолија34, каде што повторно и се оженив.”
20. Тоа го раскажа Аристомен. А неговиот сопатник, кој од са-
миот почеток беше недоверчив и не сакаше да ја слушне приказната,
рече:
„Нема ништо поневеројатно од оваа приказна и ништо поглупаво од
овие лаги“. Потоа, се сврте кон мене: „А ти, којшто според изгледот и
однесувањето личиш на образован човек, ја слушаш ли оваа прикаска?“
„Што се однесува до мене“, му одговорив, „јас мислам дека ништо
не е невозможно: напротив, што решила судбината, тоа и им се слу-
чува на смртните луѓе. И мене, и тебе и на секој човек му се случуваат
чудни и неверојатни работи, кои ако му ги раскажеш на некој што
не ги искусил, нема да може ниту да поверува. А на овој човек јас,
богами, му верувам и благодарен сум му што нè забавуваше со оваа
интересна приказна. Така го изминав овој стрмен и долг пат без мака
и здодевност. Верувам дека и мојот коњ се радуваше, зашто стигнав
до градските порти без да го изморам, патувајќи – не на неговиот грб,
туку на сопствените уши.“
21. Овде беше крајот на нашиот разговор и на нашето заедничко
патување. Двајцата мои сопатници свртеа лево кон најблиската куќичка.
Јас, пак, влегов во првата меана на којашто наидов и веднаш почнав
да ја распрашувам старата меанџика:
„Ова ли е градот Хипатија?“ Таа кимна со главата.
„Познаваш ли некој Милон, еден од првенците во градов?“
Таа се насмевна и рече:
„Милон навистина може да се смета за прв во градов, зашто тој
живее надвор од градскиот бедем, пред самиот град“.
„Остави ги шегите мајко, и те молам, кажи ми каков човек е тој
и каде живее.“
„Ги гледаш ли оние прозорци свртени надвор од градот и онаа
врата од другана страна што гледа кон спротивната уличка? Ете, таму
живее Милон, човек којшто има многу пари и којшто е многу богат,
34
Област во Средна Грција, на северозапад од Атика.
20 Апулеј

но го бие глас дека е голем скржавец и никаквец. Тој живее затворен


во една собичка, предаден на своето страсно користољубие, со жена
му, којашто му е другар во тој мизерен живот. Има само една слугинка
и оди облечен како питач.“
Јас се насмеав на овие зборови и си помислив: „Мојот пријател
Демеј навистина се грижел за мене, штом при моето заминување на
пат ми го препорача тој и таков човек. Кај таков домаќин нема зошто
да се плашам ниту од чад, ниту од кујнски миризби“.
22. Така си зборував и само по неколку чекори пристигнав до
цврсто заклучената врата од куќата, почнав да тропам и да викам.
Најпосле се појави едно младо девојче и викна:
„Еј, ти што толку силно си се растропал на вратата, со каков залог
сакаш да земеш заем? Или можеби си ти единствениот што не знае
дека овде како гаранција примаме само злато и сребро?“
„Подобро би било да ми кажеш дали ќе го најдам дома твојот
господар.“
„Се разбира. Но, зошто го бараш?“
„Носам писмо од Демеј од Коринт. Адресирано е до твојот гос-
подар.“
„Ќе те најавам – ми рече таа – остани овде и почекај.“
Повторно ја заклучи бравата и влезе внатре. По кусо време се врати,
ја отвори вратата и и ме покани: „Тој те моли да влезеш“.
Влегов и го затекнав како се подготвува да вечера и сакаше да
легне на едно сосема мало креветче. Крај неговите нозе седеше жена
му. Масата беше празна, а тој ми ја покажа и ми рече: „Ете што имам
да им понудам на моите гости“.
„Благодарам“ му одговорив и веднаш му го подадов писмото од
Демеј. Тој бргу го прочита и рече: „Благодарен сум му на мојот пријател
Демеј што ми пратил ваков гостин“.
23. По овие зборови тој й заповеда на жена си да стане и ми го
понуди нејзиното место. Бидејќи од учтивост малку се стеснував, тој
ме фати за ракавот и ме повлече удолу кон себе.
„Седни! Стравот од крадци не ми дозволува да купам доволно
столчиња и мебел.“
Јас го послушав, а тој продолжи: „Според твојот навистина отмен
изглед и според твојата срамежливост како на некое девојче, можам да
заклучам дека потекнуваш од благороден род, а и мојот пријател Демеј
истото тоа ми го соопштува во писмото. Те молам да не ја потценуваш
Метаморфози или Златното магаре 21

нашата скромна куќичка. Ова соседното сопче ќе ти овозможи пријатен


престој. Повели, остани кај нас. Честа што ќе й ја направиш на нашава
куќа, ќе ја направи поугледна. А, ако се задоволиш со скромната и тес-
на одаја, ти за себе ќе стекнеш слава, соперничејќи му со доблестите
на Тезеј, истоименикот на твојата татковина, којшто не го презрел
скромното гостопримството на старата Хекала.35“
Потоа ја повика слугинката и й нарача: „Фотидо, земи ја торбава
на нашиов гостин и засолни ја на сигурно во онаа одаја. Потоа бргу
донеси го од долапот маслото гостинов да се намачка, и крпа за да се
избрише, и сè друго што треба. Потоа одведи го во најблиската бања,
зашто сигурно е изморен од долгото и напорно патување“.
24. Кога го чув ова, се присетив за скржавоста на Милон, па сакајќи
да ја придобијам неговата доверба и љубов реков:
„Не треба ништо. Јас кога патувам сето тоа си го носам со себе,
а по капењето ќе се снајдам некако и самиот. А ти Фотидо, земи ги
овие пари и купи сено и јачмен за мојот коњ, кој безбедно ме донесе
до овде. Тоа ми е најважно“.
Откако го средивме тоа и откако моите торби беа внесени во собата,
јас тргнав кон бањата. Одев преку пазарот, за да се погрижам за мојот
ручек. Имаше многу убави риби и јас прашав за цената. Ми побараа
сто нуми, но бидејќи се пазарев, ми ги дадоа за дваесет денарии. На
враќање од таму, го сретнав Питиј, мој соученик од Атина. Отпрвин не
ме позна, но потоа многу се израдува, ме прегрна и ме бакна пријателски.
„Мил мој Луциј, цела вечност не сме се виделе. Жими бога, откако
го напуштивме нашиот учител Клитиј. А, што те доведе овде?”
„Ќе дознаеш утре – му одговорив јас. – А што е ова? Ти честитам
за напредокот. Гледам придружници36, снопчиња прачки, облека и
знаци на човек кој е на висока служба.“
„Јас сум управител на складиштата, вршам должност на едил37.
Ако сакаш нешто да си купиш, ти стојам на располагање.“
35
Легендарниот јунак Тезеј еднаш ноќевал во бедниот дом на старицата Хекала, која го
пречекала многу гостољубиво. (Сп. Плутарх, Тезеј XIV)
36
Lixae – служители кои, слично на ликторите, придружувале високи државни службеници
и носеле снопчиња прачки (fasces) – симбол на власта.
37
Едили – службеници коишто во Римската Империја се грижеле за јавните згради, за
игрите, за улиците, а вршеле и надзор на пазариштата, на цените и на снабдувањето на
градот со прехранбени продукти.
22 Апулеј

Му одговорив дека нема потреба, затоа што веќе си имав доволно


за јадење. Но, кога тој погледна во кошничката, ги одвитка рибите за
да ги види подобро и ме запраша: „Колку плати за ова ѓубре?“
„Одвај се испазарив со рибарот за дваесет денарии.“
25. Кога го слушна тоа, ме фати за рака и ме врати на пазарот.
„Од кого ги купи никаквиве риби?“ – ме запраша.
Јас му го покажав ситниот старец кој седеше на еден агол. Овој
му вресна со груб глас, соодветно на неговата ајдилска власт:
„Вие воопшто не ги штедите ни нашите пријатели, камо ли стран-
ците! Никакви риби продавате по толку висока цена и од овој град,
цутот на Тесалија, со скапотијата на храната правите пустина или гола
карпа. Но, тоа нема да помине неказнето. Јас ќе ви покажам како под
моја власт се постапува со ништожниците“. Па ја истури кошницата
на земја и му нареди на еден од неговите луѓе да ја стапне со ногата
и да ја згмечи рибата. Задоволен од својата строгост, мојот пријател
Питиј ме посоветува да си одам.
„Ми се чини, Луциј, дека е доволна лекцијата што му ја одржав
на овој старец.“
Збунет и изненаден од оваа случка, се упатив кон бањата. Енер-
гичните мерки на мојот пријател ме беа лишиле и од пари и од вечера.
Откако се искапев, се вратив право дома и си влегов во мојата соба.
26. Набргу дојде слугинката Фотида и ми вели: „Твојот домаќин
те моли да дојдеш“.
Јас, веќе добро познавајќи ја скржавоста на Милон, учтиво се
извинив и реков дека поради заморниот пат многу попотребен ми е
сон отколку храна. Кога го слушнал ова, Милон самиот дојде кај мене,
ја стави нежно раката на моето рамо и се обиде да ме поведе. Бидејќи
јас се измолкнував и учтиво се противев, ми рече:
„Јас не си одам сè додека ти не тргнеш со мене“.
Згора на тоа уште и се заколна. Неговата настојчивост ме принуди
безволно да станам и тој ме одведе до неговата софа. Штом седнав,
почна да ме распрашува:
„Е, па, како е нашиот Демеј? Што прави жена му? Како се неговите
деца и домашната послуга?“
Му раскажав сè по ред. Потоа се распрашуваше детаљно за целта
на моето патување. Кога и тоа му го објаснив, почна да се интереси-
ра и за мојот роден град, за неговите првенци, најпосле и за самиот
управник. Кога забележа дека јас, изморен од долгиот пат, а изморен
Метаморфози или Златното магаре 23

и од долготрајниот разговор, зборувајќи почнувам да заспивам и да


пелтечам некои неразбирливи работи, ми дозволи да одам на спиење.
Така, најпосле се ослободив од овој здодевен, дрдорлив старец и од
празната гоштевка, па натежнат од сон, а не од храна (бидејќи вечерав
само приказни), се вратив во собата и му се предадов на сонот, што
ми беше толку потребен.
24 Апулеј
Метаморфози или Златното магаре 25

КНИГА II
1. Штом утринското сонце ја изгони ноќта и го доведе денот, јас
се разделив истовремено и од сонот и од леглото. Бев вознемирен и
желен да доживеам нешто интересно и невообичаено. Помислив дека
се наоѓам во срцето на Тесалија којашто целиот свет ја слави како земја
на магиски вештини и чуда, а се присетив и на приказната на мојот
сопатник Аристомен што беше поврзана токму со овој град. Така, полн
со љубопитство и нетрпение, почнав сè околу мене да набљудувам со
широко отворени очи.
Во целиот град немаше ништо што сметав дека е онакво какво што
јас го гледам. Ми се чинеше дека секој предмет со магија е претворен
во некој поинаков лик. Дури и камењата од кои се сопнував ми личеа на
скаменети луѓе; птиците кои ги слушав ми изгледаа како луѓе обвиени
со пердуви, исто како и дрвјата покриени со лисје, додека за водата од
изворот мислев дека истекува од човечки тела. Веќе очекував и статуите
и сликите да започнат да чекорат, ѕидовите да проговорат, говедата и
другиот добиток да започнат да ја претскажуваат иднината, а од небото
и од самиот сончев круг одеднаш да долета некое пророштво.
2. Така маѓепсан со овие претстави и смајан од љубопитството
што ме мачеше, разгледував насекаде, но не можев да најдам ниту
еден знак ниту трага на сето она што го сакав. И додека талкав така
од порта до порта како некој пијаница38, одеднаш се најдов – не знам
ни самиот како – на пазарот. Во тој миг поминуваше некоја госпоѓа со
голема придружба и јас ги забрзав чекорите за да ја стасам. Златото на
38
Ова место е оштетено и нејасно во манускриптите, па затоа постојат повеќе и различни
редакции, односно подоцнежни дополнувања: овде е преведено според изданието на
Робертсон: „Tamen, dum incessu, temulento similis ostiatim..“.; според Адлингтон гласи:
„...tamen, dum luxum nepotalem simulantia ostiatim..“. – „додека талкав така од порта на
порта како некој расипник...“.
26 Апулеј

нејзиниот накит и она вткаеното на нејзината облека оддаваа угледна


матрона. Од страна покрај неа одеше еден старец39, во навистина
поодмината возраст којшто, штом ме забележа, извика:
„Жими сè, ова е Луциј!“ – ме бакна и веднаш й шепна нешто
неразбирливо на уво на госпоѓата. – „Зар нема да пријдеш и да ја
поздравиш мајка си?“
„Не се осмелувам, зашто не ја познавам госпоѓава“ – одговорив
јас, се вцрвив, ја наведнав главата и застанав на она место каде што
се најдов како закопан в земја. А таа проговори:
„Тоа е онаа доблесна скромност на неговата мајка Салвија, а и
неверојатно е колку личи на неа со сета своја појава: стамена става
без каков и да е недостаток, нормална височина, сочна виткост, лесно
црвенило, руса и недотерана коса, зеленкави очи со жив и прониклив
поглед како на орел, расцутено лице и природен и неизвештачен од“.
3. Потоа продолжи:
„Јас, мил мој Луциј, те одгледав со овие раце. Не е ни чудно, затоа
што со твојата мајка сум поврзана двојно: и со роднинска врска, но и
со млекото со коешто сме задоени, затоа што обете потекнуваме од
родот на Плутарх и обете сме доени со млекото на една иста дадилка.
Така пораснавме како сестри и бевме многу блиски. Единственото
што нè дели е нашата општествена положба: твојата мајка се омажи
за благороден маж, а јас за обичен граѓанин. Јас сум таа Бирена и ти
можеби се сеќаваш на моето име, што сигурно често се спомнувало
меѓу оние што те воспитувале. Затоа сега немој да го одбиеш моето
гостопримство, поточно, сметај дека отсега мојот дом ќе биде и твој“.
Црвенилото од моето лице беше избледело за време на овој раз-
говор, па јас й одговорив:
„Мајко, засега не можам да го напуштам мојот домаќин, зашто
немам никаква причина за тоа, но она што можам да го направам, без
да повредам некого, секако ќе го направам. Секогаш кога околностите
ќе ми дозволат да престојувам овде, секогаш ќе отседнувам кај тебе“.
Откако изменивме уште неколку љубезни зборови, по неколку
чекори пристигнавме пред куќата на Бирена.
4. Претсобјето беше прекрасно, а во него на сите четири агли се
издигаше по еден столб и на нив стоеја статуи на божицата со палмино
39
Веројатно, некој стар роб којшто го знаел Луциј уште од малечок
Метаморфози или Златното магаре 27

гранче40. Тие беа со раширени крилја, иако стоеја неподвижно, одвај


допирајќи ја41 со едното розово стапало несигурната потпора на една
топка, па се чинеше дека сакаат да полетаат. Среде собата стоеше
прекрасна статуа на Дијана, извајана од мермер од островот Парос.
Таа ја делеше просторијата на два симетрични дела и, со развеан
фустан како во движење, ги дочекуваше оние што влегуваа во прет-
собјето, внушувајќи им страхопочит кон божественото величие. Од
обете страни ја чуваа пци, исто така од мермер: нивниот поглед беше
застрашувачки, ноздрите раширени, а устите озабени – ако од надвор
слушнеш кучешко лаење, ќе си помислиш дека тоа доаѓа од нивните
камени грла. Но големиот вајар го докажал своето големо мајсторство
најмногу со позата на овие животни: градите им беа високо подигнати,
со задните нозе се потпираа на земјата, а предните им беа како во трк.
Зад божицата се издигаше карпа со изглед на пештера со мов, трева,
лисје и гранки, на едно место имаше лоза, на друго грмушка. Цел
растителен свет израснат од каменот. На сенката од статуата, пак, што
паѓаше во внатрешноста на пештерата, се одразуваше одблесокот на
мермерот. Над самиот влез во пештерата висеа гроздови и јаболка,
совршено извајани, на коишто уметноста, натпреварувајќи се со при-
родата, им дала изглед на вистински. Кога есента изобилна со шира ќе
ги позлати и ќе им даде руменило на зрелост, човек ќе помисли дека
може да ги скине и да си касне од нив. А ако погледнеш во изворот
што пријатно жуборејќи се извива под нозете на божицата, ќе ти се
пристори дека овие гроздови што се нишаат по лозите и по другата
природа не се лишени ниту од моќта на вистинско движење. Од под
лисјето се наѕираше Актеон42, извајан од камен, и ја набљудуваше
божицата со љубопитен поглед. Можеше истовремено да го видиш и
од камен и во одразот во изворот, како наполу веќе претворен во елен
ја гледа божицата Дијана на капење.
5. Јас не можев да ги одвојам очите од сето тоа, се обѕирав со
наслада, кога Бирена ми рече:
„Сево ова што го гледаш е твое!“

40
Божицата на победата – Нике.
41
И за ова место постојат повеќе емендации на партиципскиот облик delibantes којшто
стои во ракописите: Хелм предлага detinentes (што се чини и најсоодветно); Калвин и
Робертсон – decitantes
42
Митот вели дека ловецот Актеон, кој ја видел Дијана гола додека се капела, за казна
бил претворен во елен и бил растргнат од сопствените кучиња.
28 Апулеј

Потоа им нареди на сите други да излезат, за да разговара насамо


со мене. Кога сите излегоа, таа рече:
„Жими оваа божица, драг Луциј, се плашам за тебе и сакам да те
заштитам од опасности, затоа што те сакам како син. Чувај се, чувај
се внимателно од опасните вештини и нечесното заведување на онаа
Памфила, жената на Милон, кај кого велиш дека си отседнал. Таа е
позната како првокласна вештерка, вешта во сите црни магии. Таа
умее со дување во волшебно стапче или во каменчиња или во други
некои ситни предмети да ја потопи целата светлина на овој ѕвезден
свет во длабочините на Тартар и на стариот хаос. Штом ќе здогледа
некој млад човек со убав изглед, веднаш ја обзема љубов и од тој миг
не ги трга од него ни очите ни мислите. Го мами со умилкувања, ја
обзема неговата душа и за вечни времиња го оковува со прангите на
ненаситната љубов. Оние што се помалку податни или ја отфрлаат
нејзината љубов, за миг ги претвора во камења, во овнови или во не-
кои други животни или, пак, едноставно – ги праќа на оној свет. Ете,
затоа стравувам за тебе и мислам дека треба да се чуваш од неа. Таа
постојано гори од љубовна страст, а ти со твојата младост и твојата
убавина можеш да й се допаднеш“.
Така ми зборуваше загрижената Бирена.
6. Јас, пак, по природа сум љубопитен, а и штом слушнав дека
спомна магии, кои отсекогаш ме привлекуваа, не само што не посакав
да се чувам од Памфила туку почнав да копнеам и самиот да искусам
и да научам нешто од тие работи, па дури ако и цената за тоа е да се
фрлам стрмоглаво во амбис. Обземен од некое безумие, со нетрпение
се оттргнав од нејзините раце како од вериги, набрзина кажав „збогум“
и потрчав веднаш кон куќата на Милон. Додека брзав како споулавен,
си велев: „Сега, Луциј, само внимателно! Биди прибран! Ова е мож-
носта за која сонуваше. По долго чекање, ќе можеш да си ја нахраниш
душата со чудесни43 приказни. Остави го настрана детинскиот страв,
пристапи й на целава работа отворено и искрено. Воздржи се од љу-
бовна врска со својата домаќинка, почитувај ја брачната постела на
Милон. Што се однесува до Фотида, можеш смело да й пристапиш:
девојката е убава, сака да се смее, а и не е некоја глупава. Сношти,
кога ти си легнуваше, таа убаво те одведе во собата, нежно те легна во
43
Во манускриптите стои miseris (бедни), а предложени емендации се Milesiis (милетски)
и mysticis (мистични), како и Адлингтоновата (и овде прифатена) miris.
Метаморфози или Златното магаре 29

постелата, љубезно те покри, те бакна во челото и си замина. А кога


излегуваше од собата, убаво можеше да й се види на лицето дека не
сака да си оди. Најпосле, неколку пати подзастана и те погледна. Па,
ако веќе заглавуваш, пробај си ја среќата44 со Фотида“.
7. Така зборувајќи си самиот со себе, стигнав до куќата на Ми-
лон, и – како што велат – бев цврсто решен така да направам45. Но,
во куќата не ги затекнав ниту Милон ниту жена му, туку само мојата
драга Фотида. Готвеше за своите стопани некое јадење од сечкано
месо...46, некој колбас или нешто такво47 и некоја манџа што, според
мирисот, се чинеше мошне вкусна. Беше облечена многу допадливо
во платнена туника, имаше елек со крв црвена боја, врзан високо под
градите, и со своите розови раце го мешаше јадењето во грнето и додека
го вртеше садот го нишаше своето стројно тело, а нејзините колкови
потреперуваа и грациозно й го извиваа грбникот.
Оваа глетка сосема ме занесе и јас стоев како прикован од восхит
и од зачуденост, а телото ми се возбуди и ми „стоеја“ и оние делови
што до пред малку беа мирни. Најпосле й проговорив:
„Ех, моја Фотидо, колку убаво го вртиш задникот заедно со грнето!
Колку убава манџа правиш! Среќен е, не – блажен е оној кому ќе му
дозволиш да го мацне прстот!“
Вака ми одговори убавата и ѓаволеста девојка:
„Мавни ми се оттука несреќнику! Бегај што подалеку од моето
огниште! Зашто ако те потфати макар и најмалото пламенче, ќе изго-
риш до коски и тој оган нема да може да го згасне никој друг освен
јас, којашто умеам добро да готвам и добро да мешам и во грнето и
во постелата“.
8. Кога го кажа ова, ме погледна и се насмеа. А јас, пред да излезам,
убаво ја загледав од сите страни. И што друго да речам, кога главата
и косата од секогаш најмногу ми го привлекувале вниманието? На
44
Во оригиналот стои „quod bonum felix et faustum“, што е општоприфатена формула
кога на почетокот на некоја работа се посакува успех, со значење „да биде за добро, со
среќа и со бериќет“.
45
Во оригиналот стои „pedibus in sententiam meam vado“, што во буквален превод значи
„чекорам во правец на моето решение”. Членовите на Римскиот сенат гласале не со
подигање на рака, тука на тој начин што станувале од своето место и се приклучувале
кон една или кон друга група, така што сите сенатори што се залагале за едно решение
стоеле на едно место.
46
Овде текстот во манускриптите е оштетен.
47
Во латинскиот јазик зборот tuccetum означувал некоја конзервирана храна.
30 Апулеј

улица се трудам нив најпрвин да ги разгледам, а потоа дома да им се


насладувам. За оваа моја слабост имам и причина: тој дел од телото
најмногу паѓа в очи, затоа што се наоѓа на највидливото место и е
откриен, а она што е живата боја на облеката за другите делови на те-
лото, тоа е природната убавина за главата. И запомнете: многу жени за
да ја покажат својата убавина ја соблекуваат сета облека, ги отфрлаат
наметките и сакаат да ја покажат голата убавина, зашто сметаат дека
повеќе ќе се допаднат со свежината на својата кожа отколку со златото
на своите фустани. Но ако – грев е и да се изговори нешто такво и не
дај боже да се случи – велам, ако на најубавата жена й ја тргнеме косата
и го лишиме нејзиното лице од природната му убавина, дури и да е таа
дојдена од небото или да е родена во морето, одгледана од морските
бранови, дури и да е тоа самата Венера, дури и да е придружувана од
цела свита грации48 и од цела толпа Купидони, дури и да е врзана со
својот појас и да мириса на цимет, дури и да е искапена во миризливи
масла, ако е ќелава – нема да му се допадне на својот Вулкан49.
9. А што да кажам за косата, чија блескава боја лелее на сонцето
или, пак, има само благ блесок, или за коса што се прелева во конт-
растни тонови? Понекогаш свети како злато и полека преминува во
потемна медова боја, другпат, пак, е црна како гавран или синкава
како пердувите околу вратот на гулабот. А кога се подава пред очите
на љубовникот намирисана со арапски масла, нежно поделена со запци
од остар чешел и собрана на тилот, тогаш како огледало му враќа уште
поубава слика. А што ли, пак, да речам за онаа коса што, сплетена во
тешки плетенки, стои како круна на темето или во слободни кадрици
се спушта низ грбот? Накусо, толкава е важноста на косата, што жената
може да се појави во убав фустан, накитена со злато, со скапоцени
камења и со најразлични накити, но ако не й е убаво дотерана косата
никој нема да ја смета за жена што умее да се дотера.
Е, мојата Фотида беше дотерана вкусно, но изгледаше природно и
тоа само ја зголемуваше нејзината привлечност. Нејзината бујна коса,
лесно зачешлана наназад, й паѓаше на тилот, се ширеше по вратот, а
потоа лесно извиткана лежеше на наборите од туниката и собрана на
краевите со врвка која беше врзана во јазол на главата.
48
Божици на убавината, веселбата и радоста.
49
Вулкан овде симболизира вљубен маж.
Метаморфози или Златното магаре 31

10. Страста толку ме мачеше што не можев повеќе да издржам


и се доближив до неа, ја бакнав во челото каде што почнува косата
и оди кон темето, а мојот бакнеж беше сладок како мед. Таа се изви
настрана и со ѓаволски поглед ми рече:
„Еј глупчо, овошјето што го крадеш е слатко-горчливо. Внимавај
тој сладок мед во твојата уста да не се претвори засекогаш во жолч“.
„Па што? Кога знаеш дека сум подготвен за само еден единствен
твој бакнеж да горам спружен на оваа жар овде.“
Со овие зборови ја привлеков цврсто до мене и почнав да ја
бакнувам. Тогаш ме гушна и ми возврати, водена од чувства исти
како моите. Нејзиниот врел, миризлив како цимет здив и нектарот од
нејзиниот јазик што се најде со мојот ги оддаваа копнежот и желбата
со којашто ми се препушти.
„Ќе умрам – реков – или можеби веќе сум мртов, ако не се сми-
луваш.“
Таа, бакнувајќи ме уште еднаш нежно, одговори:
„Издржи уште малку! Твојата желба е и моја и нема да помине
долго време, а нашата страст ќе биде задоволена. Штом ќе се запалат
првите факли, јас ќе дојдам во твојата соба. Оди и подготви се. Сакам
цела ноќ да се валкам и да уживам борејќи се со тебе“.
11. Си пошепотивме уште малку и се разделивме.
Попладнето, како подарок за добредојде, од Бирена ми донесоа
едно дебело прасе, пет пилиња и еден бокал со прекрасно старо вино.
Ја повикав Фотида и й реков:
„Еве, дојде и копјеносецот на Венера – Либер50, за да ја охрабри. Сево
ова вино да го испиеме денеска, па тоа нека ни ги удави срамежливоста
и нерешителноста и нека й даде сила на нашата страст. Само ваква
храна му е потребна на коработ на Венера: за да се пробдее бессона
ноќ, треба да има масло во ламбата и вино во чашата“.
Остатокот од денот го поминавме во капење и вечера. Кога ме
покани Милон, си го зазедов своето место крај скудната трпеза. Имајќи
ги на ум предупредувањата на Бирена, колку што можев го одбегнував
погледот на неговата жена, а кога сепак ќе ја погледнев, тоа беше со
страв, како да гледам во самиот пекол51. Затоа, пак, често ја погледнував
50
Италско божество на плодноста, подоцна поистоветено со грчкиот бог на виното Бакх.
51
Поточно: „во Авернското Езеро“ што се наоѓа во Италија, во кратер на вулкан и кое
испушта отровни гасови што ги убиваат птиците што летаат над него. Старите верувале
дека на дното на ова езеро се отвора влез во подземниот свет.
32 Апулеј

Фотида, која нè служеше, и така си ја поттикнував храброста. Кога се


спушти ноќта, Памфила одеднаш рече:
„Каков силен дожд ќе заврне утре!“
Мажот й ја праша од каде знае, а таа одговори дека й кажала
ламбата. Милон на ова се изнасмеа:
„Можеби во нашата ламба седи Сибила52 и од високо ги гледа сите
небесни тела и самото сонце?“
12. Тогаш се замешав и јас:
„Тоа се првите обиди за такво претскажување. Ништо не е чудно
ако ова пламенче, иако е малечко и запалено од човечка рака, го чува
споменот на оној друг оган, многу постар, небесен оган, како на ро-
дител од кој потекнува. И затоа, според таинствени навестувања, не
само што знае туку и нам ни ги навестува промените што ќе се случат
во височините на етерот53. Токму сега кај нас во Коринт има еден
Халдеец, којшто со своите нејасни одговори го збунува целиот град, а
на луѓето, за пари, им ги претскажува тајните на судбината. Тој точно
знае кој ден е најповолен за склопување брак, кој за навек ги чини
безбедни темелите на градските тврдини, кој е поволен за трговецот,
кој е среќен ден за патникот, а кој, пак, за морепловецот. Мене лично,
кога го прашав што ме чека на ова патување, ми претскажа многу не-
обични и најразлични нешта: дека ќе стекнам бесмртна слава, оти ќе
доживеам голема авантура и неверојатна историја, кои ќе ги опишам
во бројни книги“.
13. На овие мои зборови Милон се насмевна: „А како изгледа и
како се вика тој Халдеец54?“
„Тоа е еден висок, црномурест човек, по име Диофант.“
„Секако, тој е и никој друг!“ – извика Милон. „Беше и овде, кај
нас. И овде на многумина им претскажуваше такви работи и спечали
не баш малку пари. Дури, можам да речам, дека добро заработуваше
52
Сибила била свештеничка на Аполон која, паѓајќи во екстаза, ја претскажувала
иднината во една пештера покрај нејзиниот роден град Еритреја. Подоцна се спомнуваат
повеќе Сибили (грчки и римски). Најпозната била Сибила од Кампанија, која – според
преданието – на римскиот крал Тарквиниј му ги предала т.н. Сибилски книги, од кои
барале совет и државните органи во време на опасност или криза.
53
Според стоичката филозофија на Зенон, светот бил создаден откако од првичниот оган
се одделиле четирите основни елементи: вода, земја, воздух и оган. По извесно време
овој свет бил уништен од општ пожар, но и повторно создаден од божествен оган.
54
Жителите на Халдеја, југозападниот дел на Вавилонија, биле познати како вешти
астролози и гатачи.
Метаморфози или Златното магаре 33

сè додека, дали поради глупост или поради суровоста на судбината,


не го спотера несреќникот голема неволја.
Еден ден стоеше опкружен од толпа луѓе и им претскажуваше,
кога му пријде некој трговец по име Кердон, па и тој сакаше да дознае
од него кој е најповолниот ден за планираното патување. Диофант му
одреди еден ден, трговецот го извади кесето со пари, му изброи сто
денарии како награда за претскажувањето и одеднаш еден млад бла-
городен човек се измолкна од толпата, му се приближи и го повлече
Диофант за наметката. Кога овој се сврте, го прегрна и почна да го
бакнува. И самиот Диофант се израдува, го викна да седне крај него и,
изненаден и возбуден од оваа неочекувана средба, заборави на работата
што ја вршеше во моментот, па му рече:
„Колку ми е мило што те гледам повторно! Кога стигна?“
А овој му одговори: „Сношти, кога се стемнуваше. Но кажи ми
ти, брате, како помина на твоето патување по копно и по море, откако
ненадејно замина од островот Евбоја?“
14. На ова славниот Халдеец Диофант, којшто сè уште не можеше
да се прибере, одврати:
„На моите непријатели и злонамерници само им посакувам такво
страшно патување; полошо ниту Одисеј не поминал. Коработ, на којшто
пловевме, носен од силни ветрови и бури, ги изгуби обете кормила55 и
најпосле беше исфрлен и заринкан на спротивниот брег. Ние изгубивме
сè што имавме и пливајќи одвај го спасивме голиот живот. А пак, сè
што потоа добивме од милосрдните луѓе или со добрината на нашите
пријатели ни го одзеде една банда разбојници, а мојот единствен брат
Аригнот, којшто се бореше со нив, ми го убија пред моиве очи“.
Сè уште не ја беше завршил својата тажна приказна, кога оној
трговецот Кердон ги собра сите пари одредени како награда за про-
рекувањето и избега. Дури тогаш Диофант се разбуди и се освести
каква глупост направил, зашто виде како сите ние што стоевме околу
него слатко се смееме.
Но, јас, господине Луциј, посакувам она што ти го прорекол Хал-
деецот да се обистини. Биди среќен и среќно продолжи си го патот.“
15. Додека Милон дрдореше на долго и на широко, тивко воз-
дивнував и си се лутев што сам го почнав овој разговор, па така ми
55 Древните кораби имале две кормила: по едно од секоја страна на трупот.
34 Апулеј

избега голем дел од вечерта и од задоволството. Најпосле го совладав


срамот и му реков на Милон:
„Да го препуштиме Диофант на неговата судбина и дајбоже морето
и земјата да му го одземат сè она што тој им го извлекол на луѓето, а
мене допуштете ми да одам на спиење порано, зашто сè уште ме мачи
вчерашниот замор“.
По ова, бргу се повлеков во мојата соба и таму затекнав сè убаво
подготвено за богата гозба. И постелите за робовите беа послани пода-
леку во еден агол на подот, пред прагот, најверојатно за да се отстранат
сведоците на нашата ноќна забава. Крај моето легло беше поставена
масичка што ги беше собрала сите остатоци од вечерата, две чаши беа
наполнети до половина и требаше само уште да се додаде вода56 и да
се измеша со виното. Покрај масичката, пак, стоеше отворено шише
со доволно широко грло за да може да се црпи од него. Накусо, сè
беше подготвено за љубовната битка.
16. Само што легнав, ете ти ја мојата Фотида, која веќе ја беше
пратила својата господарка на спиење, ми приоѓа насмеана и украсена
со венци од рози и со една роза на нејзините бујни гради. Ме бакна
нежно, ми ја круниса главата со венците и ме прекри со цветови, ја зеде
чашата, ја дополни со топла вода и ми ја подаде за да се напијам. Но,
пред да ја допијам, повторно ми ја зеде од рацете, сркна од неа малку
со усните и, гледајќи ме в очи, ја допи со мали голткички. Потоа следеа
втората и третата чаша, а се изменуваа меѓу нас и уште многу други.
Виното набргу ми удри во главата, а душата и телото со подеднаков
копнеж и нетрпение го исчекуваа љубовното уживање. Сиот занесен
од страст и обземен од љубовна желба, ја подигнав кошулата до сла-
бините и й го покажав на Фотида моето нетрпение.
„Сожали се – й реков – и помогни ми на време! Готов сум за бит-
ката што ми ја најави без службена објава. Штом почувствував како
првата од жестоките Купидонови стрели ми се забива во срцето, јас
го оптегнав својот лак толку силно што се плашам дека тетивата ќе
пукне, затоа што е премногу затегната. Но, ако сакаш навистина да
ми угодиш, расплети ја косата нека паѓа слободно и препушти й се
на мојата прегратка.“
56
Виното секогаш се мешало со вода, во сооднос 1:2. Пиењето чисто вино се сметало
за знак на грубост и неумереност.
Метаморфози или Златното магаре 35

17. И веднаш ги тргнавме сите чинии и садови од масата. Фотида


соблече сè што имаше на себе, ја расплете косата со весела безгриж-
ност и ми заличе на Венера која излегува од морските бранови57, па
исто како неа со розовата дланка ја покри белината на нежниот папок,
поскоро за да предизвикува отколку за да го скрие од срам. Ми рече:
„Бори се, бори се храбро, зашто ниту ќе ти попуштам, ниту ќе ти
свртам грб! Нападни, ако си јунак! Лице в лице. Нападни како маж и
удри како јунак кој треба да загине! Денешнава битка не знае за милост!“
Вака говорејќи се качи на леглото, ме опчекори, седна полека врз
мене, па со брзи, страсни движења почна да ја извива меката става и ме
засити со даровите на лелеавата Венера, сè додека најпосле задишани,
истоштени и духовно и телесно, не се струполивме во прегратки еден
на друг. Вакви беа битките што ги водевме и што нè држеа будни сè
до утрото. Одвреме-навреме со чашите вино се закрепнувавме, си ја
поттикнувавме страста и си ја обновувавме насладата. И многу наредни
ноќи си ги направивме слични на оваа ноќ.
18. Еден ден Бирена упорно ме молеше да дојдам кај неа на гости
за ручек. Иако јас долго се опирав, таа не сакаше ни да слушне. Не ми
преостануваше ништо друго, туку побарав одговор од очите на Фоти-
да, како авгур од птичји лет58. Не й беше многу мило да се оддалечам
ниту за педа од неа, но сепак љубезно ми дозволи кусо отсуство од
љубовното боиште. Но, ме предупреди:
„Внимавај и врати се порано од гозбата, зашто овде има една група
млади лудаци, и тоа од познати семејства, кои го нарушуваат јавниот
ред. Насекаде по улиците можеш да видиш трупови на убиени луѓе, а
четите на управникот59 се далеку и не можат да го ослободат градот
од оваа несреќа. Твојата среќа и нетрпеливоста кон странците што
владее овде би можеле да те доведат во опасност“.
„Не грижи се, драга Фотидо“ – й одговарам. „Јас и онака го пре-
тпочитам задоволството со тебе, а не гоштевањето кај Бирена, па ќе те
ослободам од твојот страв со тоа што бргу ќе се вратам. Но нема да
57
Според една легенда (што ја соопштува уште Хесиод), Венера, односно Афродита, се
родила од пената на морските бранови.
58
Во стариот Рим свештеници, наречени авгури, ги набљудувале летот или пеењето на
птиците и по нив ја одгатнувале волјата на боговите.
59
Во оригиналот auxilia – „помошни чети“, регрутирани од месното население по
провинциите, кои се грижеле за редот и мирот (полиција).
36 Апулеј

одам без заштита. Ќе го опашам мојот меч и ќе си го бранам животот


со него“.
Така стокмен, заминав на гозба.
19. Таму затекнав многу гости и, како што е разбирливо за една
толку угледна дама, тоа беше самиот градски цут. Раскошни трпези
од цитрусово дрво и од слонова коска, софи прекриени со ткаенини
извезени со злато и големи чаши различни по убавина, но еднакви по
скапоценост. Овде имаше стакло со релјефни украси, а потаму блес-
каво чист кристал. На друго место светеше сребро и блескаше злато,
килибар и скапоцени камења чудесно издлабени за пиење, па имаше
дури и сосема неверојатни работи. Многубројни слуги, облечени во
блескава облека, вешто служеа чинии со богато сервирана храна.
Момчиња со убаво накадрени коси и во прекрасни туники постојано
нудеа старо вино во чаши направени од скапоцени камења. Донесоа
и ламби, разговорот меѓу присутните се разгоруваше, од сите страни
одекнуваше смеа, а одвреме-навреме имаше и шеги и подбивање.
Тогаш Бирена се сврте кон мене и ми рече:
„Убаво ли си поминуваш во нашиов град? Колку што ми е позна-
то, градов е прв по убавината на своите храмови, бањи и други јавни
згради. Имаме и прекрасен мебел. Овде секој живее слободно и како
му се допаѓа: странецот овде ќе најде бурна забава како да е во Рим,
а мирниот гостин спокоен живот како на село. Со еден збор, нашиов
град е место за забава на целата провинција“.
20. „Се согласувам – реков – и никаде на светот не сум се чувствувал
толку слободен како овде. Но, сепак имам голем страв од невидливите
и неизбежни стапици на магиските вештини. Велат дека овде дури ни
гробовите на покојните не се сигурни; дека од гробниците и од кладите
се земаат отпадоци и делови од труповите и со нив на живите им се
нанесува несреќа. Велат и дека старите вештерки доаѓаат со голема
брзина во моментот на самиот погреб и го спречуваат.“
На овие мои зборови, некој додаде: „Може дури да се каже дека
ниту со живите не се постапува многу подобро. Познавам еден што
може тоа да ни го потврди, зашто беше жртва на една ваква несреќа
и сега целиот е накажан“.
Сите присутни прснаа во гласна смеа, а лицата и погледите на сите
се свртеа кон еден човек којшто лежеше на страна, во аголот. Овој,
збунет од сета таа безобѕирност, мрморејќи нешто намуртено, сакаше
да стане. Тогаш Бирена му рече: „Не, никако, мој Телефроне! Поседи
Метаморфози или Златното магаре 37

уште малку и биди љубезен како што знаеш да бидеш, па раскажи ни


ја уште еднаш онаа твоја приказна, за да може и мојот син Луциј да
се насладува од убавината на твоето раскажување“.
Овој й одговори: „Ти господарке, секогаш си иста – полна со божја
добрина. Но не можам да ја поднесам дрскоста на некои луѓе“.
Човекот беше многу вознемирен. Но Бирена беше упорна, и иако
овој не сакаше да раскажува, таа го молеше и го заколнуваше во неј-
зиниот живот, па на крајот ја постигна целта.
21. Телефрон ја здипли чергичката, легна подисправен, потпирајќи
се на лактот, и ја испружи десната рака онака како што тоа го прават
говорниците, ги свитка цврсто стиснати малиот и домалиот прст,
другите два ги испружи со палецот нанапред и почна60:
„Уште бев малолетен, кога од Милет тргнав на Олимписките игри
и, бидејќи сакав да ги посетам сите места во славната провинција61, ја
поминав сета Тесалија и во зол час стигнав во Лариса. Парите за по пат
ми се беа истенчиле, па талкав низ градот, барајќи лек за мојата беда.
Тогаш, здогледав среде плоштадот еден висок старец: стоеше на камен
и со силен глас повикуваше, ако некој сака да чува мртовец, да дојде
и да предложи цена. Јас му се обратив на еден минувач и му велам:
„Што слушам? Зар овде кај вас мртовците имаат обичај да бегаат?“
„Молчи!“, ми одговара тој. „Млад си и сигурно си дојденец, та
затоа не знаеш дека си во Тесалија, каде што честопати вештерките
им одгризуваат по нешто од лицето на мртовците – тие делови им
требаат за нивните магии.“
22. На тоа јас му велам: „Кажи, жити сè, што е работата во тоа
чување на мртовец?“
„Како прво, треба да пробдееш цела божја ноќ со широко отворени
очи, постојано вперени во трупот, без да ги свртиш и без да погледнеш
на страна. Зашто овие страшни чудовишта знаат да се престорат во
некое животно и полека да се прикрадат, така што лесно можат да се
излажат и очите на самото Сонце или на Правдата62. Тие некогаш се
престоруваат во птици, другпат во кучиња, во глувци, па дури и во
муви. Тогаш со црни магии го фрлаат во сон чуварот. Никој не може
60
Говорниците во антиката живо гестикулирале за време на говорот, а при тоа особено
важна улога имал палецот.
61
Се мисли на провинцијата Ахаја.
62
Јустиција – вечно будната божица на правдата, на чиишто очи – како што верувале
старите Римјани – ништо не може да им побегне.
38 Апулеј

да наброи со какви сè стапици се служат овие расипани женишта за


да си направат задоволство. И за оваа толку опасна работа обично не
даваат награда поголема од четири или шест златници. Е, за малку ќе
заборавев – сабајлето, ако телото не се предаде цело, она што било
одгризнато или однесено, сè до последно делче, треба да го надомести
чуварот, отсечувајќи си од сопственото лице.“
23. Откако ова го разбрав, си ја охрабрив душата и, приоѓајќи му
на оној што викаше, му велам: „Престани да викаш! Еве ти чувар, дај
да се договориме за цената“.
„Илјада сестертии, рече, ќе добиеш. Ама внимавај момче добро
да го чуваш мртовецот од злите Харпии – тој беше син на еден од
нашите големци.“
„Сенешто зборуваш, та тоа се шеги за мене. Пред тебе стои човек
од железо, кој не знае за сон. Сиот сум едно око, а гледам подалеку и
од Линкеј63 и од Аргос64.“
Одвај докажав, а тој ме одведе до некоја куќа чиишто порти беа
затворени, па ме повика да влезам низ некоја ниска вратичка и, отво-
рајќи ја вратата од една темна соба со затворени прозорци, ми покажа
една натажена жена облечена во црнина. Приоѓајќи, й рече:
„Еве човек што се нафати верно да го чува твојот маж ноќеска“.
Таа ја собра косата што й паѓаше нанапред, го откри лицето коешто
беше прекрасно дури и во жалоста, ме погледна и ми рече: „Гледај, те
молам, што подобро да си ја извршиш работата“.
„Без грижа биди – велам јас – само ти подготви добра награда.“
24. И така, таа задоволна од одговорот, стана и ме одведе во друга
соба. Таму, откако внесе некои седуммина сведоци, го откри телото што
беше покриено со најблескави платна, поплака некое време врз него,
па повикувајќи ги присутните да се уверат, почна да ги покажува, еден
по еден, сите делови од лицето, а еден човек ревносно ги запишуваше
овие зборови на табличка.
„Еве, рече таа, носот е цел, очите се недопрени, ушите здрави,
устата совршена, брадата на место. Вие, добри Квирити, сте сведоци
на сето тоа.“
63
Јунак од античката грчка митологија, кој имал толку остар вид што можел да гледа
и низ земјата.
64
Стоокиот митски чувар, што љубоморната Хера го поставила да ја надгледува Ијо –
девојката во која се вљубил Ѕевс, а која таа за одмазда ја претворила во крава.
Метаморфози или Златното магаре 39

Кога го потпишавме напишаното на табличката, таа тргна да си


оди. Јас, пак, й велам:
„Господарке, заповедај да ми донесат сè што ми е потребно за
мојата работа“.
„А што е тоа?“ – прашува таа.
„Една поголема светилка, масло доволно за да имам светлина до
зори, топла вода, бокали со вино, една чаша и чинија со остатоци од
вечерата.“
На ова таа ја сврте главата и ми рече:
„Ти дали си токму? Бараш јадење во куќа во која се жали и во
која толку денови ни чад од оџакот не се гледа? Што си мислиш, си
дошол овде да се гоштеваш? Поарно однесувај се како што доликува
на местото – плачи и тагувај!“
Вака говорејќи ја погледна слугинката и й рече: „Мирина, дај бргу
масло и светилка, па заклучи го чуваров во собава и веднаш излези
од неа“.
25. Оставен така насамо со трупот, ги триев очите за да не заспијам
и си пеев за да се охрабрам, кога, ете ти го самракот, па дојде и ноќта,
па уште подлабока ноќ, па падна црна темница кога сите спијат и
на крај се спушти глувата доба на ноќта65. Мене ме фати страв, кога
одеднаш во собата влезе ласица, ми застана пред очи и ме погледна
со толку остар поглед што дрскоста на толкавкото животинче многу
ме вознемири. Најпосле й велам:
„Ајде бегај, гнасен ѕверу! Што не се скриеш кај твоите пријатели,
глувците? Или сакаш да ја искусиш на себе мојата сила? Што чекаш?“
Ми го сврте грбот и ја снема од собата. Не помина ниту миг,
кога одеднаш ме обзеде некој толку длабок сон – како да паѓам во
најдлабока бездна – и заспав така, што ни самиот Делфиски бог66 не
ќе можеше лесно да познае кој од нас двајцата легнати е помртов. Не
чувствувајќи ништо и самиот имав потреба од чувар, а речиси и како
да не бев во собата.
65
Во оригиналот: „cum ecce crepusculum et nox altior, et dein concubia altiora, et iam nox
intempesta“. Старите граматичари разликувале шест делови на ноќта: crepusculum – самрак,
fax – време кога се палат светилките, concubium – време за спиење, nox intempesta –
најдлабока, најцрна ноќ или глува доба на ноќта, gallicinium – време кога пеат петлите,
aurora vel crepusculum matutinum – зора или време кога се разденува.
66
Аполон.
40 Апулеј

26. Кога кукурикањето на петлите навести дека ноќта изминува,


најпосле се разбудив и преплашен дотрчав до трупот, ја доближив
светилката и откако го тргнав покровот почнав да го разгледувам секое
делче од лицето и сè си беше на свое место. Кога, ете ти ја кутрата
вдовица сета уплакана, се втурна вознемирана во собата заедно со
вчерашните сведоци, се фрли врз телото, го бакнуваше и бакнуваше
долго време, па на светлината од светилката провери сè по ред на него.
Тогаш се сврте кон нејзиниот управител Филодеспот67 и му нареди без
одлагање да му ја исплати наградата на добриот чувар, што веднаш
беше сторено.
„Тебе, момче – ми вели – бескрајно сме ти благодарни за услугата
и, жими Херкула, отсега ќе те вбројуваме меѓу нашите најблиски.“
На ова јас, весел поради неочекуваната заработувачка и понесен
од блесокот на златниците со кои постојано си тропкав во раката, й
одговарам:
„И повеќе од тоа, госпоѓо! Сметајте ме за еден од вашите слуги
и секогаш кога повторно ќе ви затреба некоја моја услуга, слободно
заповедајте!“
Одвај го докажав зборот, кога ми се нафрлија сите домашни зашто
сметаа дека кажаното е лошо претскажување, и почнаа да маваат по
мене кој со што стигна: еден почна да ми удира шлаканици, друг со
лактот ме удираше во плешките, а трет ме муваше со тупаници во
слабините. Ме клоцаа со нозе, ме кубеа за коса, ми ја кинеа облеката.
Така испокинат и испогребан, како гордиот млад Адонис или, пак, како
Пимплејскиот вдахновен певец68, ме исфрлија од куќата.
27. И додека во соседната улица си доаѓав при себе и со задоцну-
вање се присетував на моите кобни и необмислени зборови, па си
признав дека заслужувам уште повеќе ќотек, ете ти ги кај го изнесуваат
покојникот, откако за последен пат го оплакале и се поздравиле со
него. Бидејќи тоа беше еден од првенците во градот, според старите
обичаи, го погребуваа на државна сметка и поворката поминуваше
67
Име карактеристично за роб, што на грчки значи „оној што го љуби својот
господар“.
68
Митскиот пејач Орфеј, кого жените го растргнале зашто одбил да учествува во
бакханатски оргии. Pimpleidos е конјунктура што ја предложил Бероалд во своите
коментари затоа што ова место било проблематично, а доаѓа од името на градот Пимпла
во Тракија, близу до истоимената планина, на која се наоѓало седиштето на Музите, пред
да биде преместено на планината Хеликон во Беотија.
Метаморфози или Златното магаре 41

преку плоштадот. Таму се појави еден старец во црнина, нажален и


сиот во солзи, кубејќи си ги белите коси. Пријде и со двете раце ја
фати носилката, па со силен глас, иако испрекинат од непрестајното
плачење, извика:
„Ве преколнувам Квирити во вашиот добар глас и во сè што ви
е свето, одмаздете ја смртта на убиениов ваш сограѓанин и најстрого
казнете го нечуеното злодело на оваа безбожна жена. Бидејќи таа и
никој друг го отру овој несреќен млад човек, син на мојата сестра,
само за да му угоди на љубовникот и за да го приграби наследството“.
Така старецот приоѓаше од човек до човек, молеше и плачеше.
Толпата се разжести, и бидејќи им се чинеше веродостојно обвинение-
то, станаа лековерни. Едни викаа дека треба да ја спалат, други бараа
камења и ги насрчуваа младите да ја погубат жената. А таа, лиејќи
лажни солзи, колнејќи се во сè што е свето, ги повикуваше за сведоци
сите божества и го одрекуваше страшното злосторство.
28. Тогаш старецот вака проговори: „Да оставиме божјото про-
видение да ја пресуди вистината. Овде е Египтјанинот Затхлас, еден
од врвните пророци, којшто со мене веќе одамна се нагоди за висока
цена, само на миг да ја врати од оној свет душата и да го оживее на
кратко телото на починатиот“.
И само што го кажа ова, изведе на средина еден младич во лене-
на облека, со сандали од палмина кора и со мазно избричена глава.
Долго му ги бакнуваше рацете, дури му ги прегрнуваше и колената,
па рече:
„Смилувај се свештенику, смилувај се жити ѕвездите небесни, те
колнам во подземните божества, во природните појави, во тишината
на ноќта и во Коптските светилишта, во надојдениот Нил, во тајните
на Мемфис69, во систрите70 на Фарос! Дај само за миг да се поврати
сонцето и во овие за довека склопени очи внеси малку светлина. Не
се противиме, не й го одземаме на земјата она што е нејзино, туку
само за да најдеме утеха во одмаздата, те молиме за еден миг живот“.
Пророкот, вака смилостивен, стави некаква тревка на устата на
покојникот и уште една на неговите гради. Потоа се сврте кон Исток
и почна молкум да му се моли на севишното Сонце, што тогаш се
69
Се мисли на некакви мистерии сврзани со култот на египетските богови.
70
Систар или „штракало“ (лат. sistrum) – музички инструмент што се користел на
богослужбите на божицата Изида.
42 Апулеј

појавуваше, и со оваа за почит достојна глетка лесно го насочуваше


вниманието на присутните кон чудото што требаше да се случи.
29. Јас се замешав во толпата, се поткачив на еден камен зад са-
мата носилка и почнав љубопитно да следам сè што се случува: веќе
почнаа градите да му се креваат и да се шират, жилата спасоносно
да чука, а телото да се исполнува со душа. И се поткрена мртовецот,
прозборе младиот човек:
„Зошто, ти се молам, ме враќаш во живот и тоа само за момент,
сега, откако веќе ја испив чашата вода од реката Лета71 и откако пловев
по мочуриштата на Стикс72. Престани, те молам, престани и остави
ме во мојот мир!“ Тоа беа зборовите што ги кажа гласот од телото на
покојникот.
А пророкот, разжестен, му вели: „Зошто не му раскажеш на наро-
дов сè по ред? Објасни ја тајната на твојата смрт. Зар не знаеш дека со
моите магии можам да ги повикам Фуриите и да го измачувам твоето
преморено тело?“
Се поткрена овој во носилката и со длабока воздишка вака му се
обрати на народот:
„Бев заведен од црните магии на младава жена и отровот што ми
го стави во чашата направи да му ја оставам уште топлата брачна
постела на еден прељубник“.
Тогаш оваа прекрасна жена ја собра сета своја храброст и почна
на најбезбожен начин да се кара со мажот си. Народот се вознемири
и се подели: едни сметаа дека лошата жена треба веднаш жива да се
закопа со телото на мажот й, а други дека не треба да се има верба во
лагите на еден мртовец.
30. Овие двоумења ги прекинаа следниве зборови на покојниот,
кој воздивна уште подлабоко и почна:
„Ќе ви дадам – рече – ќе ви дадам непобитни докази дека зборувам
вистина. Ќе ви откријам нешто што досега никој друг не го знаеше“.
Овде со прстот покажа кон мене и продолжи:
„Ноќеска, кога овој најверен чувар будно го чуваше моето тело,
дојдоа старите вештерки за да земат некое парче од мене и за таа цел
различно се преправаа. Откако неколку пати попусто се обидоа да му
71
Реката на заборавот во подземниот свет, од која пиеле сенките на умрените и заборавале
сè што им се случило во земниот живот.
72
Езеро, застојана река во подземниот свет, преку која Харон ги превезувал починатите
и од која нивните сенки пиеле вода.
Метаморфози или Златното магаре 43

го одвлечат вниманието, најпосле му пуштија облак од сон и длабоко го


заспаа. Не престанаа да ме довикуваат по име сè додека моите студени
и вкочанети делови од телото не почнаа пополека да попуштаат пред
нивните магии. А овој човек, којшто навистина е жив, но спиеше како
мртов, случајно има исто име како моето, па си стана кога го слушна,
не знаејќи и не чувствувајќи ништо и зачекори. Иако вратата од собата
беше добро затворена, низ еден отвор прво му го отсекоа носот, потоа
двете уши и тој го претрпе сето тоа место мене. За да ја прикријат
измамата, му ставија уши направени од восок што беа исти како оние
отсечените и му наместија нос – токму како неговиот. И сега стои тука
сиромашкиот што доби пари не за бдеењето, туку за осакатувањето“.
Преплашен од овие зборови, се обидов да си го проверам лицето:
се фатив за носот и тој ми остана в рака; ги допрев ушите и тие се от-
качија. Кога сите присутни почнаа да покажуваат со прст кон мене, да
се подбуцнуваат и да се смеат, мене ме облеа студена пот и се изгубив
меѓу нозете на оние што стоеја околу мене. Потоа, таков осакатен и
смешен, не можев ниту на домашното огниште да си се вратам. Па ја
пуштив косата вака на двете страни за да ги покрие раните од ушите,
а срамниот белег од носот го прикривам со ова парче платно залепено
на лицето.
31. Штом Телефрон ја заврши својата приказна, гостите загреани
од виното, повторно почнаа да се смеат и ги побараа чашите да й на-
здрават, според обичајот, на Смеата73. Бирена вака ми рече:
„Утре е годишнината од основањето на градов. На тој ден ние,
единствени меѓу луѓето, го славиме со весели и свечени обреди богот
на Смеата. Твоето присуство ќе ни го направи овој ден уште попријатен.
Ајде и ти смисли нешто остроумно и забавно во чест на ова божество,
со што ќе ги зголемиме нашиот дар и нашата почит кон него“.
„Добро – одговорив – ќе биде онака како што сакаш. Јас би бил
среќен ако смислам нешто што ќе му причини задоволство на голе-
миот бог“.
Тогаш, слугата ме потсети дека веќе е ноќ и јас веднаш станав,
бидејќи стомакот и онака ми беше подуен од пиење, се поздравив со
Бирена и тргнав на кај дома.
73
Познато е дека Грците почитувале божество на смеата, но кај ниту еден друг автор не
се спомнува празник во негова чест.
44 Апулеј

32. Но, веќе во првата улица во којашто свртевме, ненадејно дувна


ветар и ни го згасна факелот со кој си светевме во темнината. Одвај
препознавајќи го патот низ темната ноќ, исцрпени и со стапала исчукани
од камењата, некако стигнавме блиску до куќата на мојот домаќин.
Пред самата порта забележавме тројца мажишта, крупни и силни, како
со сета сила се нафрлаат врз вратата и воопшто не им пречеше нашето
присуство. Дури како да почнаа уште посилно да удираат и меѓу себе
да се натпреваруваат. Помисливме, особено јас – и со право, дека се
тоа разбојници, од оние побезобѕирните.
Веднаш го грабнав и го извадив мечот што скриен под туниката
го носев токму за вакви случаи. Без размислување скокнав меѓу раз-
бојниците и го забодев мечот во првиот од нив што се испречи пред
мене, а за кусо време сите тројца, издупчени од бројните и длабоки
рани, паднаа и испуштија душа пред моите нозе.
Од буката и од метежот на битката се разбуди и Фотида, ја отвори
вратата и јас се протнав внатре задишан и сиот облеан во пот. Борбата
со тројцата разбојници ме измори како да сум го убил трителесниот
Герион74. Се фрлив на креветот и во истиот миг заспав.

74
Митски крал – чудовиште со три глави, кому Херкул му ги убил стадата говеда, а
потоа го убил и него.
Метаморфози или Златното магаре 45

КНИГА III
1. Штом зората во колесница влечена од коњи со пурпурни украси
заезди по небото, ноќта ме оттргна од слаткиот сон и ме предаде на
денот. Сеќавањето на случката од минатата ноќ ми ја исполни душата
со неспокој. Ги скрстив нозете, ги стиснав рацете со прстите на колена,
па се стуткав на креветот и горко заплакав. Во мислите веќе стоев пред
судијата на плоштадот, ја видов и пресудата, па дури и џелатот.
„Дали може да ми се падне некој благ и сочувствителен судија кој-
што ќе ме ослободи и покрај тоа што на душа носам тројно убиство и
што сум испрскан со крвта на толку граѓани? Ова ли е славното патување
што со толкава сигурност ми го претскажа Халдеецот Диофант?“
Вака без престан си зборував самиот со себе и на глас ја оплаку-
вав мојата судбина. Тогаш од капијата слушнав голема врева, потоа
трескање и викање.
2. За кусо време вратата се отвори и целата куќа се исполни со
чиновници, нивни слуги и голема толпа луѓе. По наредба на власта
веднаш ме грабнаа двајца стражари и ме поведоа, а јас – се разбира – не
им се спротивставував. Штом излеговме на улицата, зад првиот агол,
целиот град во толпа тргна по нас. Иако одев со главата наведната кон
земјата, или поскоро кон подземното царство, кога за миг го подигнав
погледот на страна, забележав нешто навистина чудно: во целата толпа
од илјадници граѓани околу мене немаше ниту еден кој не се виткаше
од смеење. Откако ги изврвевме сите улици и ги минав сите ќошиња
од едниот крај на градот до другиот – како жртвено животно пред
жртвување75, ме истопорија на плоштадот пред судијата. Кога сите чи-
новници си ги зазедоа местата на издигнатиот подиум и кога градскиот
75
Според верувањето, жртвеното животно требало да ги прими на себе сите идни
опасности и несреќи што го загрозувале секој дел од градот, па дури и секој дом. Затоа,
пред жртвување, го воделе по сите улички и покрај секоја куќа во градот.
46 Апулеј

телал извика „Тишина!“ сите присутни почнаа да бараат оваа важна


парница, поради бројноста на толпата и опасноста од мешаница, да се
одржи во театарот. Народот со зачудувачка брзина се распрска на сите
страни за да ги заземе местата за гледачите. Седиштата, влезовите, па
дури и покривот беа начичкани со луѓе: едни се качуваа по столбовите,
други висеа по статуите, некои можеа да се видат до половина пик-
нати низ прозорците и отворите на таванот и, заради големата желба
да гледаат, никој не водеше сметка за опасноста по животот. Тогаш,
градските стражари ме поведоа како жртвено животно преку средината
на проскенијот и ме поставија среде орхестрата76.
3. Телалот повторно со истиот продорен глас го повика обвини-
телот. Стана еден постар човек и, откако ставија вода во еден сад
издупчен така што водата истекуваше капка по капка77 – со неа му
го мереа времето определено за говор – тој се обрати кон присутните
со овие зборови:
„Почитувани Квирити, овде станува збор за многу важен случај. Во
прашање е спокојството на целиов град, а пресудата треба да послужи
како строг и полезен пример. Токму заради нашата чест треба секој
од вас одделно и сите заедно да се погрижите овој безочен убиец да
не остане неказнет за сите крвави убиства што ги изврши. Немојте
да мислите дека јас покренувам вакво остро обвинение поради лична
омраза или од некои лични побуди. Јас сум заповедник на ноќната
стража и мислам дека до денешен ден никој не може да ми забележи
на мојата преголема будност. Сега сакам да ви го изложам целиот на-
стан, потполно веродостојно, онака како што се случи минатата ноќ.
Некаде околу полноќ, кога ревносно го обиколував градот од куќа
до куќа, го здогледав ова сурово момче како бесно замавнува со мечот
околу себе, а од истиот тој меч веќе лежеа пред нозете му, збревтајќи
и облеани во крв, три жртви. Тогаш тој, свесен за големото злодело и
76
Театарот во периодот на царството се состоел од: полукружно гледалиште, каде што
се наоѓале местата за публиката, просцениј – издигнат подиум на кој играле актерите
и орхестра – полукружна рамнина меѓу проскенијот и првиот ред од гледалиштето. Во
древна Грција тоа е место за танц на хорот, а во Рим на овој простор биле поставувани
седишта за сенаторите. Скена се нарекувал задниот ѕид, богато украсен со столбови и
со скулптури.
77
Станува збор за клепсидра – воден часовник. Во судот се поставувала пред говорникот,
за да го мери времето определено за говорење (сè додека не искапела водата од едниот во
другиот сад на клепсидрата). Времето определено за говор на одбраната било неколкукратно
подолго од времето определено за говор на обвинението.
Метаморфози или Златното магаре 47

со право вознемирен, веднаш ја здувна и под закрила на темнината се


вовлече во една куќа, каде што се криеше цела ноќ. Но, благодарејќи
на божјото провидение коешто не дозволува ниту едно злодело да
остане неказнето, јас го начекав рано изутрина, пред да фати по некои
тајни патишта, и го приведов пред овој почитуван суд. И ете, сега пред
вас стои обвинетиов, виновен за толку убиства, обвинетиов фатен на
местото на злосторството, обвинетиов којшто, згора на сето тоа, е
странец. Значи, пресудете му смело на овој странец за злосторот за
кој строго би го осудиле и својот сограѓанин“.
4. Така строго зборуваше обвинителот, а потем неговиот глас
стивна. Гласникот веднаш ме повика да зборувам, ако имам нешто
да одговорам на ова. Но, јас можев само да плачам и тоа не толку
поради ова страшно обвинение, но уште повеќе поради совеста која
ме измачуваше. Најпосле, сепак, небото ми прати храброст и јас вака
одговорив:
„Знам многу добро – и да сум невин, и да ја зборувам вистината,
и да го признам делото – колку ќе биде тешко да уверам толкаво
мноштво луѓе во мојата невиност, покрај труповите на тројца луѓе
за чие убиство сум обвинет. Па сепак, ако поради вашата човечност
им посветите малку внимание на моите зборови, граѓани, нема да ми
биде тешко да ве уверам дака во оваа животна опасност не се најдов
по своја вина, туку дека вашиот сосема оправдан гнев е предизвикан
од еден несреќен случај, којшто ми навлече омраза за престап за кој
не сум одговорен.
5. Сношти подоцна се враќав од вечера, малку поднапиен – ова е
престап што не го одрекувам – пред самата куќа на моите домаќини (а
јас престојувам кај вашиот почитуван сограѓанин Милон) видов тројца
страшни разбојници кои се обидуваа со сила да ја откорнат вратата
од ѕидот и да влезат во куќата. Веќе ги беа искршиле резињата, кои
претходно беа навистина добро заклучени и се расправаа дали да ги
убијат домаќините. Едниот од нив, посмел од другите, а и најсилен меѓу
нив, ги подбуцнуваше другите двајца со овие зборови: „Ајде, другари,
да ги нападнеме смело и брзо додека спијат! Во нашите срца нема
место за плашливост и колебливост! Исукајте ги мечовите и смртта
нека помине низ целата куќа. Сите што спијат убијте ги, а секој што ќе
се обиде да се брани, погубете го. Од куќава ќе излеземе неповредени
само ако не оставиме никого жив во неа“.
48 Апулеј

Ви признавам Квирити, оти сметав дека е долг на секој добар


граѓанин да се спротивстави на овие најгнасни разбојници, а згора
на тоа и навистина се плашев и за моите домаќини и за самиот себе.
Вооружен со кривиот меч што го носев токму за вакви опасности,
решив да ги исплашам и да ги натерам да избегаат. Но овие диви и
дрски луѓе воопшто немаа намера да бегаат и, иако гледаа дека држам
меч во рацете, сепак смело ми се спротивставија.
6. Започна вистинска битка. Водачот и знаменосецот на арамиите
веднаш ме нападна со сета сила, ме фати со раце за косата и ми ја
повлече главава наназад, со очигледна намера да ме убие со камен.
Додека тој бараше да му подадат камен, јас со сигурен замав го про-
бодев и успешно го соборив на земја. Веднаш потоа со прецизен удар
го погубив и вториот, кој ме беше фатил за нозете и ме гризеше. Со
удар во градите го убив и третиот, кој од невнимание налета на мене.
Откако на овој начин воспоставив ред и мир и ја заштитив куќата на
мојот домаќин, мислев дека ќе добијам јавно признание, а не дека ќе
бидам казнет. Никогаш досега не сум имал никаква работа со судови,
туку токму спротивно – во мојата татковина секогаш сум бил сметан
за чесен човек, кој својата чиста совест ја цени повеќе од каква било
добивка. Не можам да се начудам дека денес сум обвинет поради оп-
равданото казнување на најопасни разбојници, кога никој не може да
докаже дека пред тоа меѓу нас имало некакво лично непријателство
или дека барем воопшто сум ги познавал; барем да ми се покаже некој
предмет за којшто мислите дека сум сакал да го имам и поради него
сум го извршил злосторот.“
7. Штом го кажав ова повторно ми навреа солзи од очите. Ги подавав
рацете и понизно ги преколнував; час едни – со нивното човекољубие,
час други – со нивните деца. Кога веќе помислив дека сите срца сум
ги трогнал и разнежил, ги повикував окото на Сонцето и на Правдата
за сведоци и му ја доверив мојата судбина на божјото провидение.
Во еден миг го подигнав погледот и забележав дека сиот оној народ
слатко се смее, а меѓу нив и мојот домаќин Милон, кој само што не
беше пукнал од смеење.
„Ете, тоа ти е благодарност и пријателство!“ – си реков тивко за
себе. „За да го спасам мојот господар јас доброволно станав разбојник и
убиец што го судат на смрт, а нему не му е доволно што не ми укажува
ниту помош ниту утеха, туку згора на сè и се смее на мојата гибел.“
Метаморфози или Златното магаре 49

8. Во тој миг низ театарот протрча една тажна и уплакана жена,


облечена во црнина и со дете во рацете, а зад неа тажејќи одеше и една
бабичка, наметната со некои страшни партали. И едната и другата
во рацете носеа маслинови гранчиња78. Застанаа пред носилката на
којашто лежеа покриени труповите на покојните и почнаа тажно да
редат и да плачат.
„Во име на милосрдието и општото човечко право смилувајте
се над недостојно убиените млади луѓе и нам, на кутрите вдовици,
дајте ни утеха со одмазда за нивната смрт! Помогнете му барем на
ова дете, оставено сирак уште во првите години од животот! Крвта на
овој разбојник принесете ја како жртва на нашите закони и јавен ред!“
Тогаш стана најстариот од чиновниците и му се обрати на народот
со овие зборови:
„Вистина е дека престапот што треба да биде казнет не може да го
одрече ни самиот оној што го извршил. Ни останува само да ги најдеме
и соучесниците во ова големо злодело, зашто не може да се поверува
дека еден сам човек може да убие тројца толку силни мажи. Значи,
вистината ќе мора да ја дознаеме со мачење. Робот што го придружувал
овој човек избегал кришум и нема друг начин освен обвинетиов со
испрашување да го натераме да ги предаде соучесниците во неговото
злодело. Само така ќе можеме од корен да ја истребиме оваа проколната
банда арамии и да се ослободиме од стравот од нив“.
9. И веднаш, според грчкиот обичај, донесоа оган, тркало79 и раз-
лични камшици. Со ова се зголеми, море – се удвои мојот очај дека нема
да ми биде дозволено ни да умрам без да бидам осакатен. Старицата,
чии лелеци предизвикаа толкава вознемиреност, зборуваше вака:
„Граѓани, пред да го распнете на крст овој никаквец којшто ги
уби моите драги деца, дозволете да ги откријат труповите на убиени-
те за да можете, гледајќи ја нивната младост и убавина и оживувајќи
го вашиот оправдан гнев, правилно да ја одмерите строгоста што ќе
соодветствува на ова злодело“.
78
Маслиновото гранче било симбол на мирот, но и атрибут на секој што упатувал некоја
молба или барал покровителство и заштита.
79
Мачењето на обвинетите било вообичаено и кај Римјаните, но мачењето со приковување
на тркало било применувано само кај Грците. Бидејќи, овде, целиот судски процес е,
всушност, една пародија, овие дополнителни елементи треба да ја зголемат комиката
на настанот.
50 Апулеј

Луѓето почнаа да ракоплескаат на овие зборови и оној чиновникот


ми нареди самиот своерачно да ги откријам труповите положени на
носилката. Негодував и долго време одбивав со ова изложување на
убиените уште повеќе да го предизвикувам народот против себе. Но, по
наредба на власта, стражарите ме грабнаа, ми ја извлекоа раката што
ми висеше покрај телото и со сила ја испружија кон носилката и кон
труповите. Најпосле, совладан на сила, се согласив и против мојата волја
го повлеков покровот и ги открив телата. О, добри богови! Што е ова?
Какво чудо е ова? Каква неочкувана промена во мојата судбина! Веќе
се сметав за плен на Прозерпина80 и за роб на Орк81, а сега стоев смаен
и вкочанет од чудо! Не, немам зборови да го опишам изненадувањето
од оваа нова глетка: труповите на убиените, всушност, беа три надуени
кожни мевови, со дупки овде-онде коишто, колку што се сеќавав, точно
одговараа на раните што јас им ги нанесов на разбојниците.
10. Одеднаш од толпата се разнесе смеа што некои поѓаволести
сакаа да ја прикријат некое време. Некои прекумерно весели дури и
ми честитаа, други се држеа за стомакот да го потсмират смеењето, а
сите го напуштаа театарот видно расположени, постојано обѕирајќи
се и погледнувајќи ме. Јас, пак, останав во онаа положба во која бев
кога го тргнав покровот, вкочанет и неподвижен како столбовите или
статуите во театарот. Се освестив дури кога мојот домаќин Милон ми
пријде и ми ја положи раката на рамото. Иако се опирав, иако солзите
повторно почнаа да ми течат по образите, тој нежно ме повлече и ме
поведе кон својот дом. Ме водеше по заобиколни и празни улици и се
обидуваше на сите можни начини да ме успокои со зборови, но сè беше
попусто. Никој не можеше да го ублажи мојот гнев поради навредата
која ме погоди длабоко во срцето.
11. Кога ете ти ги во нашата куќа и чиновниците со нивните знаци
на одличје, и тие се обидуваа да ме успокојат со овие зборови:
„Ние, господару Луциј, многу добро ги знаеме и твојот сталеж и
твоето потекло, зашто во целата наша провинција се зборува за угле-
дот на твојата прочуена фамилија. Ова што ти се случи и што толку
те повредува бездруго не го направивме за да те навредиме. Затоа,
изгони ги тагата од твоето срце и болката од твојата душа. Веселбата
што ја приредуваме секоја година јавно во чест на омилениот наш бог
80
Ќерка на божицата Деметра и Ѕевс. Одведена од Плутон во подземниот свет, каде што
станала царица и господарка на душите на мртвите.
81
Римски бог на подземното царство. Покрај тоа, Орк било и име на демон на смртта.
Метаморфози или Златното магаре 51

на Смеата секогаш бара нешто ново. Овој бог им е блаконаклонет и


на оние што се предмет на смеа и на оние што ја смислиле шегата, па
затоа секаде ќе те следи и ќе те заштитува и нема да дозволи твоето
срце да искуси тага и болка, туку за навек ќе го разведрува твоето
чело со блажена веселост. Во знак на признание целиот град ти додели
вонредни почести: те вброи меѓу своите заштитници82 и реши да ти
подигне споменик од бронза“.
На овие зборови јас им одговорив:
„Граѓани на најславниот град во Тесалија, ви ја изразувам мојата
благодарност за овие почести, но ви советувам спомениците и сликите
да ги оставите за поголеми и позаслужни луѓе“.
12. Им одговорив скромно и љубезно и се трудев да се насмеам
за да изгледам задоволен, па учтиво се поздравив со чиновникот што
беше на излегување. И, токму во тој миг, дотрча еден роб и рече:
„Твојата мајка Бирена те вика и те моли да се сетиш дека се ближи
време за вечерата на којашто вети дека ќе дојдеш“. Јас се стресов на
самата помисла на таа куќа и му одговорив:
„О, колку би сакал да й удоволам на желбата на Бирена, но не
можам да го сторам тоа со мирна совест, бидејќи мојот домаќин
Милон ме заколна во богот заштитник на денешниов ден, денеска да
вечерам на неговата трпеза. Тој не се дели од мене и не ми дозволува
да го напуштам. Да го одложиме тоа ветување83 за гозба за друг ден“.
Уште додека зборував, Милон ја положи својата рака врз мене, им
нареди да ни донесат сè што е потребно за капење и самиот ме поведе
кон најблиската бања. Јас ги одбегнував погледите на минувачите и се
криев од потсмевот што самиот го бев предизвикал. Толку бев збунет
од срам, што не знам ни како се искапев, ни како се истрив, ни како
се вратив дома. Целиот бев вон себе, зашто сите покажуваа на мене:
кој со поглед, кој со намигнување или со прст.
13. Откако одвај ја изголтав бедната Милонова вечера, се пожалив
на страшна главоболка од силното лиење солзи и лесно добив дозво-
82
Градовите под римска власт си избирале свои патрони или заштитници од редот на
угледните Римјани (на пример, Цицерон бил заштитник на градот Капуа). Прогласувањето
за патрон се сметало за голема почест. Во време на царството овој обичај многу се
раширил и, како што гледаме и овде, патрон можел да биде и некој угледен граѓанин
од самата провинција.
83
Во латинскиот изворен текст стои „epulare vadimonium differamus“. Вадимониум е
израз од судската пракса, а значи „рок за пријавувавање во суд“
52 Апулеј

ла да одам на спиење. Испружен на постелата, во мислите тажно си


редев сè што се случи по ред, кога ете ти ја најпосле мојата Фотида,
откако ја беше подготвила постелата на својата господарка за спиење.
Но, таа беше сосема поинаква: ниту се шегуваше, ниту го имаше она
вообичаено весело лице; челото й беше намуртено, со длабоки брчки.
Колебајќи се, најпосле сепак проговори:
„Признавам дека јас сум причината за сите твои неволи“ – па
извлече од пазувите некаков ремен и ми го подаде: „Ете, земи го, те
молам, и одмазди й се на неверната жена или можеби најди й построга
казна. Само немој да мислиш дека по своја волја сум ти ја причинила
оваа мака. Поскоро би умрела отколку би посакала ти да претрпиш и
најмало зло. Ако можам со мојата крв да те избавам од некоја опасност
што й се заканува на твојата глава, веднаш би го направила тоа. Но,
она што морав да го направам по заповед и од сосема друга причина,
тоа мојата зла судбина го претвори во твоја несреќа“.
14. Во мене се разбуди старата ми љубопитност и горев од желба
да разберам кои се тие тајни причини за сè што се случи.
„Поскоро овој ремен што ти ми го даде за да те камшикувам ќе го
искинам на илјада парченца отколку со него да ја допрам твојата нежна
кожа, мека како пердув и бела како млеко. Но, кажи ми што е тоа што
си го направила и што твојата судбина го претворила во моја несреќа?
Се колнам во твојата глава, којашто за мене е најмила на светот, дека
не би му поверувал никому, па дури ни тебе, кога би ме уверувала дека
си ми мислела што и да е лошо. А и една несреќна случајност не може
да ја префрли вината на оној што имал добри намери.“
Веднаш по овие зборови почнав со страсни бакнежи да ги бри-
шам влажните очи на мојата Фотида, растреперени, полни со љубов
и наполу затворени.
15. По ова Фотида повторно се развесели.
„Те молам, дозволи ми прво да ја затворам вратата од собава за да
не може да се слушне нашиот разговор и за да не предизвикам некоја
неволја со мојата непромисленост.“
По овие зборови таа го спушти резето и цврсто ја затвори вратата,
потоа се сврте кон мене, ги обви рацете околу мојот врат и со нежен,
сосема тивок глас ми рече:
„Се плашам и душата ми трепери при самата помисла да ти от-
кријам што сè крие овој дом и какви се тајните на мојата господарка.
Но јас имам најголема доверба во тебе и во твојата образованост, а да
Метаморфози или Златното магаре 53

не зборувам за твоето потекло и за префинетоста на твојот дух; покрај


тоа, ти си упатен во многу свети тајни и сигурно ти е познат светиот
закон на молчењето. Значи, сè она што сега ќе й го доверам на светата
чест на твоето срце, те молам таму и да остане засекогаш затворено, а
искреноста на моите откритија награди ја со твојот молк. Овие работи
ги знам само јас единствена меѓу смртниците, а љубовта кон тебе, која
ме обзема сета, ме обврзува да ти ги кажам. Сега ќе дознаеш што
се случува во оваа куќа, сега ќе дознаеш за чудните тајни на мојата
господарка со кои таа ги држи во покорност душите на мртвите84, го
менува патот на ѕвездите, ги потчинува божествените сили и ги скротува
стихиите. Најчесто се служи со моќта на својата вештина кога ќе се
вљуби во некој млад човек, што многу често й се случува“.
16. Сега е вљубена до уши во некој млад Беотиец со невидена
убавина и заради него ги пуштила во движење сите средства на својата
вештина, сите итрини што ги знае. Сношти слушнав, со свои уши ја
слушнав, како му се заканува на сонцето дека ќе го обвитка во вечна
темнина затоа што не се спуштило доволно бргу од небото за да й
отстапи место на ноќта во која таа ќе може да ги изврши нејзините
љубовни магии. Вчера, кога се враќаше од бања, случајно го виде
момчето како си седи во берберница и ми нареди да одам и кришум да
й донесам од неговата коса што лежеше отсечена на подот во бербер-
ницата. Додека јас, криејќи се внимателно, ја собирав од подот, дојде
берберот, ме фати и, бидејќи веќе насекаде сме познати по нејзините
нечесни вештини, строго ме искара: „Ќе престанеш ли ти никавице
да ги крадеш косите на убавите момчиња? Ако не престанеш веќе
еднаш со тоа, без колебање ќе те предадам на стражите“. И веднаш од
зборови помина на дело, па налутен ја вовлече раката во моите пазуви
и од таму ги извлече веќе собраните прамени коса. Ова навистина ме
вознемири, бидејќи си помислив на карактерот на мојата господарка,
која во слични случаи знае толку многу да се разбесни што често
пати безмилосно ме тепа. Веќе почнав да кројам и план за бегство, но
помислата на тебе ме одврати од тоа.
17. Кога тажна и со празни раце се враќав на кај дома, забележав
еден човек кој со ножици стрижеше козји кожи, а потоа ги дуваше, ги
врзуваше и ги закачуваше да се сушат. На земјата лежеа купчиња светли
влакна, многу слични на русата коса на Беотиецот, па јас собрав неколку
84
Душите на мртвите – Мани, станувале божества на подземниот свет.
54 Апулеј

прамени и й ги однесов дома на господарката, сокривајќи ја вистината.


Кога се спушти ноќта, пред ти да се вратиш од вечера, мојата Памфила
како избезумена се качи на балконот покриен со штици, којшто се
наоѓа од другана страна на куќава и е изложен на ветрови, а од којшто
погледот се протега на Исток85 и на сите страни на небото. Тоа место е
навистина погодно за нејзините магии и таа го посетува тајно. Памфила
ја има опремено оваа своја кобна работилница со сите гнасни и, за неј-
зината работа, неопходни работи. Таму има секакви балсами, плочки со
неразбирливи натписи86, кормила од бродови кои настрадале на море,
делови од тела на покојници одамна оплакани и закопани, клинови од
колци со парчиња месо од распнатите; таму чува и крв од погубени луѓе,
осакатени черепи истргнати од челустите на диви ѕверови.
18. Таму, над една утроба која сè уште трепереше, почна да изус-
тува магии и, за да добие среќно претскажување, го полеваше дробот
наизменично со изворска вода, кравје млеко, планински мед и најпосле
со медовина. Потоа го зеде перчето коса што й го бев донела, го ис-
плете и го изврза во јазли87, па го фрли на жива жар да изгори заедно
со многу мириси. Во тој миг секогаш, со неодоливата моќ на нејзната
магиска вештина и со таинствената сила на духовите кои й служат, се
олицетворуваат телата на оние чија коса чади и гори, добиваат душа
и почнуваат да чувствуваат, да слушаат и да одат во правецот од каде
што доаѓа чадот. И сега, наместо оној млад Беотиец, козјите мешини
дојдоа до нашата куќа и се обидуваа да влезат. Е, токму тогаш наиде
и ти, па загреан од пиењето и измамен од темнината, го извади мечот
и почна да напаѓаш како бесниот Ајакс88. Но, за разлика од него, кој
заклал цели стада, ти уште похрабро – погуби три надуени козји ме-
шини. Така што јас сега, откако ги погуби без капка крв, можам да те
прегрнам не како човекоубиец, туку како мешиноубиец.“
85
Исток се спомнува не случајно – тој имал особено значење при окултни и магиски дејства.
86
Станува збор за плочки со клетви против определени личности. Овие клетви биле
испишани со тајни знаци, за да останат тајна за сите други освен за маѓесникот којшто
ги напишал.
87
Јазлите требало да предизвикаат возбуда и љубовна страст, затоа што симболизираат
нераскинливи врски.
88
Ајакс е син на Телемон, голем грчки херој, кој се борел под ѕидините на Троја. По
смртта на Ахил, кога ахајските водачи му го предале неговото оружје на Одисеј, Ајакс
се почувствувал навреден, се разгневил и заклал цело стадо овци, вообразувајќи дека
ги убива оние што го навредиле. По ова и самиот се убил.
Метаморфози или Златното магаре 55

19. Јас се изнасмеав на оваа духовита приказна на Фотида и й


возвратив со овие зборови:
„Така, значи, јас можам оваа моја славна победа да ја сметам еднаква
на дванаесетте подвизи на Херкул, ако ги споредам трите мешини со
трите тела на Герион или со трите глави на Кербер89. Но ако сакаш да
ти простам од сè срце и искрено за грешката со којашто ме доведе во
толку незгоди, исполни ми го ова за што те молам со најголема желба:
покажи ми ја еднаш твојата господарка кога прави некоја магија, кога ги
повикува боговите или, пак, дозволи ми да ја видам кога се преобразува.
Навистина горам од желба да видам магија. А, ми се чини дека и ти не
си сосема неука и неопитна во тие работи. Јас го знам тоа и потполно
го разбирам. Секогаш сум ја презирал љубовта на дамите, но твоите
сјајни очи, твоите црвени образи и бујната коса, твоите податни усни
и миризливите гради сосема ме приврзаа кон тебе и од мене направија
твој верен роб. Јас веќе не ни помислувам на домашното огниште, ниту
се готвам за на пат и нема ниту една друга работа на светот што ми е
поважна од една ноќ помината со тебе“.
20. Таа ми одговори:
„Колку би сакала, мој Луциј, да го направам тоа што го бараш од
мене. Но, мојата господарка, покрај тоа што е по природа завидлива,
секогаш се повлекува во самотија и далеку од сè се посветува на нејзи-
ните таинствени маѓепснички работи. Сепак, твојата желба ќе ја ставам
над мојата опасност и ќе ја исполнам во првата поволна можност. Се
разбира, како што веќе те предупредив, ќе треба оваа толку опасна
работа да ја чуваш во потполна тајност“.
Додека вака си прикажувавме, во нашите тела и души се разгоре
заемна страст. Соблековме сè што имавме на себе и голи му се преда-
довме на Венериниот занос. Кога веќе се изморив, Фотида несебично
ми понуди нов извор на уживање. Најпосле, на нашите очи потемнети
од неспиење, се спушти сонот и нè држеше до доцна наутро.
21. Така поминаа неколку ноќи во наслада. Еден ден Фотида дотрча
крајно вознемирена и ми соопшти дека нејзината господарка следната
ноќ ќе се преобрази во птица и така ќе одлета кај својот сакан, зашто
ниту еден друг од нејзините марифети не й помагаат веќе во љубовта.
„Подготви се внимателно да го набљудуваме овој голем настан“ – ми
89
Троглавиот пес-чувар на подземното царство. Херкул, откако се спуштил во пеколот,
го врзал и го изнел надвор.
56 Апулеј

рече. И штом се стемни, околу првата ноќна стража, ме одведе прет-


пазливо, одејќи на прсти, во горната собичка и ми рече да ѕиркам низ
една пукнатина на зидот. А еве што и како се случи:
Најпрвин Памфила се соблече сосема гола и извади од едно долап-
че неколку шишенца. На едното му го отвори капачето и од него зеде
некаква маст. Долго се триеше по рацете, а потоа се намачка по целото
тело, од глава до петици. По ова долго шепотеше со својот фенер90, па
почна да се тресе и да мавта со рацете и нозете. Додека сета така се
тресеше, почнаа да й се појавуваат влакна, да й растат густи пердуви,
носот й стануваше тврд и й се извиткуваше, а ноктите й се претворија
во канџи. Памфила стана утка! Тогаш испушти остро крескање и
потскокна малку од земјата за да се испроба себеси, а потоа се крена
високо и, замавнувајќи со крилјата, полета надвор.
22. Така Памфила, благодарејќи на своите маѓепснички способ-
ности и по своја желба, се преобрази во птица, а јас, пак, иако не бев
маѓепсан туку зачуден од она што го видов, стоев како стаписан. Ми се
чинеше дека поскоро сум сè друго отколку Луциј: толку бев изненаден
и стаписан што, и покрај тоа што бев буден, мислев дека сонувам.
Долго време ги триев очите и се прашував дали навистина не спијам.
Кога најпосле се повратив во стварноста, ја зедов раката на Фотида,
ја доближив до моите очи и й реков:
„Те молам, сега, кога ни се укажува можност, дај ми уште еден јасен
и непобитен доказ на твојата љубов. Те преколнувам мила, во моиве
очи91 кои се и твои, дај ми малку од таа маст, обврзи го за навек твојот
верен роб со ова дело, кое никогаш нема да можам да ти го платам.
Направи пред тебе – мојата Венера, да бидам крилатиот Купидон“.
„Така ли?“ – одврати таа. „Ти навистина си лукав и ме принудуваш
самата да си го ископам гробот92. И вака, незаштитен, тебе не можам
да те дочувам од тесалските девојки, а ако пак станеш птица, каде ќе
те барам и кога ќе те видам?“
90
Фенерот бил неизбежен предмет во култот на подземните богови и на душте на мртвите
(веројатно затоа што принесувањето жртви се случувало ноќе), а играл важна улога и
при разни магиски обреди.
91
Во ракописите стои papillas – „градички“, но повеќето редактори (Хелм, Робертсон)
ја прифатиле емендацијата со pupillas – „зракчиња“, односно „очи“.
92
Во латинскиот „sponte asceam cruribus meis illidere compellis“ или „сам си ги сече
нозете...“
Метаморфози или Златното магаре 57

23. „Бог нека ме чува од таков грев!“ – й одговорив. „Кога на гордите


орелски крилја ќе се кренам високо и ќе ја прелетам небесната шир
како верен гласник или оружјеносец на големиот Јупитер93, сепак ќе
знам по тој достоинствен лет да слетам овде и да се вратам во моето
гнезденце. Ти се колнам во кадриците на твојата прекрасна коса со која
ми го зароби срцето дека ниту една друга девојка не можам да ја љубам
повеќе од мојата Фотида. Ете и оваа мисла ми паѓа на ум: кога веќе ќе
се престорам во птица, ќе морам да летам далеку од секоја куќа. А и
тоа ми ти е некој љубовник за жените – утка! Како да не знаеш дека
кога овие птици ќе долетаат во некоја куќа, веднаш ги фаќаат и ги ко-
ваат на капијата за да отплатат со сопственото страдање за несреќите
што со својот лет им ги навестуваат на домашните. Туку, ќе заборавев
да те прашам, што треба да направам или да изговорам потоа за да ги
симнам пердувите и повторно да станам Луциј?“
„Во тој поглед можеш да бидеш сосема мирен. Господарката ми
покажа на кој начин може, по секоја ваква преобразба, повторно да се
врати човечкиот лик.“ – ми одговори Фотида. „Немој да мислиш дека
тоа го направи заради нејзината добрина, туку за да можам – кога таа
се враќа – да й го дадам средството што е спасоносно за таа намена.
А, еве, види со колку ситни и неугледни билки може да се заврши таа
толку важна работа: малку миродија и листови од лавор, измешани
во изворска вода, се користат и за миење и за пиење.“
24. Откако таа ме увери во тоа, повторувајќи го повеќепати, трепе-
рејќи од страв, влезе во сопчето и извади едно шишенце од долапот. Го
зедов шишенцето и ја бакнав со молба да ми подари среќен лет. Потоа
брзо се соблеков, нетрпеливо ја пикнав раката во шишенцето, па зафатив
така – повеќе од маста и добро ги истрив сите делови на моето тело.
Почнав да се однесувам како птица и се обидував наизменично да ги
подигнувам и да замавнувам со рацете. Меѓутоа немаше ниту трага
од пердуви, туку моите влакна по телото се здебелија и станаа како
четина, а мојата нежна кожа се скорави; прстите на нозете и на рацете
се претворија во копита, а од под крстот ми изникна долга опашка.
Лицето ми се обезличи и се ширеше уште повеќе, устата ми се издол-
жи, носниците се раширија, усните ми виснаа, а ушите прекумерно се
извлекоа и се прекрија со влакна. Тоа беше една несреќна преобразба
93
Орелот се сметал за света птица на Јупитер и ги носел неговите молњи.
58 Апулеј

во која немав никаква друга утеха освен што ми се зголеми и органот


за уживање, иако веќе не можев да ја гушкам мојата Фотида.
25. Додека беспомошно си го загледував телото од сите страни,
видов дека наместо во птица се преобразив во магаре. Посакав да ја
прекорам Фотида поради ова, но немав повеќе ни стас, ни глас, ни
движење човечко и бев принуден, зашто ништо друго и не можев да
направам, со обесената уста и со влажните очи од страна да ја поглед-
нувам и да ја укорувам молчешкум. А таа, штом ме виде таков, почна
да се плеска со рацете по лицето и да вика:
„Ох, кутрата јас! Од страв и од брзање сум ги побркала шишенцата
кои се толку слични по изглед. Но, за среќа, уште полесно е да се најде
лек за оваа преобразба – треба само да се напасеш рози, па повторно94
ќе станеш мојот Луциј. Ах, камо да подготвев и синоќа, како и секоја
друга ноќ, за нас венци од рози, не ќе мораше да чекаш да помине
ноќва. Но штом ќе осамне, ќе го имаш и твојот лек“.
26. Така се тешеше Фотида. А јас, иако по изгледот веќе не бев
Луциј, туку вистинско магаре – товарно животно, сепак го имав зачу-
вано човечкиот разум. И долго и многу размислував во себе дали не
треба да ја смачкам со тврдите копита или да ја искасам до смрт оваа
проклета и злобна несреќница. Но, од безумната намера ме одврати
една поразумна мисла дека ако ја казнам Фотида со смрт, ќе се лишам
од можноста некој да ме избави од мојата несреќна положба. Па така,
ја наведнав ниско главата, го голтнав срамот што ми беше нанесен и,
покорувајќи й се на тешката судбина, влегов во шталата во која беа
и мојот верен коњ и уште едно магаре на мојот поранешен домаќин
Милон. Си мислев – ако молчаливите животни имаат некое и најмало
природно чувство и сочувство, мојот коњ ќе ме препознае и ќе се со-
жали на мене, па ќе ми укаже гостопримство95, преноќиште и храна.
Но, ох леле Јупитеру, ти заштитнику на гостопримството и ти тајно
божество на Верноста! Мојот коњ и магарето веднаш ги доближија
оглавите и се договорија како да ме уништат. Уште не се ни доближив
до јаслите, тие од страв за својата храна почнаа како бесни, со ушите
свиткани наназад, да ме клоцаат со копитата и ме избркаа што може
94
И овде Апулеј употребува, како што тоа често го прави, еден правнички термин:
постлиминиум е право на враќање во татковината и здобивање граѓански права, овде
со значење „повторно“.
95
Во оригиналот „loca lautia“ – иронично употребен израз. Лаутија е гостопримство што
Римскиот сенат им го укажувал на високи и угледни гости, и тоа на државна сметка.
Метаморфози или Златното магаре 59

подалеку од јачменот, што јас со своите сопствени раце уште сношти


го бев насипал за моето неблагодарно животно.
27. Откако така постапија со мене и ме отфрлија, јас се повлеков
во еден агол од шталата. Додека размислував за дрскоста на моите
колеги и си замислував како утредента, кога повторно ќе станам Луциј,
ќе му се одмаздам на мојот неверен коњ, се свртев и на средината на
главната греда што го држеше покривот од шталата забележав една
вдлабнатина и во неа ликот на божицата Епона96, украсен со венец од
свети рози. Штом го здогледав ова спасоносно средство, ме обзеде
надеж и, исправајќи се колку што можам повисоко на задните нозе,
со сите сили се обидував да го дофатам венецот од рози. Но, на моја
голема несреќа, ме забележа мојот верен слуга, кому што секогаш му
ја доверував грижата за коњот, па скокна и викна:
„До кога ќе го трпиме ова магаре што првин сакаше да им ја изеде
храната на животните, а сега дури посегнува и по ликовите на божест-
вата? Е сега ќе го претепам и ќе го осакатам ова проклето животно!“
Веднаш почна да бара некој стап и најде цел сноп тојаги, па одбра
една неискастрена и поголема од другите и почна безмилосно да ме
тепа. И не престана да ме удира сè додека не слушна силно и упорно
тропање на вратата, истовремено со извиците на соседите: „Држете
го крадецот!“ Тоа го исплаши и тој избега.
28. Во истиот миг на сила се отвори вратата. Се втурна цела
толпа разбојници. Едни го претресуваа секој агол од куќата, други
се распрснаа насекаде да им се спротистават на луѓето кои доаѓаа од
сите страни да помогнат. Секој од нив носеше меч и факел за да ја
осветлат темнината, па пламенот на факлите и блесокот на мечевите
светеа како сонце на изгревање. Тогаш се вдадоа кон еден килер што
се наоѓаше во средината на куќата и којшто беше добро затворен со
брави и со катанци, а беше наменет за сокровишница на Милоновото
благо. Разбојниците го распарчија со силни удари на нивните секири
и го собраа сето азно на Милон. Направија бовчи, ги изврзаа и ги
поделија меѓу себе. Но, товар имаше многу повеќе отколку носачи.
Тогаш, затекнати од прекумерноста на богатството, ме изведоа од
шталата заедно со другото магаре и со мојот коњ, натрупаа на нас
колку што можеа повеќе од најтешкиот товар и со стапови нè истераа
96
Заштитничка на коњите, магарињата и мазгите. Нејзиниот лик (слика, статуа) се
чувал во шталите.
60 Апулеј

од куќата која сега веќе беше празна. Оставија еден од разбојниците


во градот, како извидник, за да ги извести ако тргне потера по нив, а
нас бргу-бргу нè потераа, под дожд од удари, по планинските беспаќа.
29. Од тежината на толкавиот товар, од искачувањето по стрмната
планина и од долгиот пат не знаев веќе ни дали сум жив или мртов.
Тогаш сериозно, но навистина малку предоцна97, ми дојде на ум мисла
да се послужам со средството што му стои на располагање на секој
граѓанин и да се спасам од мојата несреќа со тоа што ќе се повикам
на светото име на Цезар98.
Денот беше веќе поодминат кога поминувавме низ едно густо на-
селено и многу раздвижено место (веројатно поради пазарниот ден), а
јас токму кога бевме во најголемата навалица се обидов да го извикам
на мојот мајчин грчки јазик името на Цезар. Но, сосема јасно и гласно
го изговорив само почетното „о“, додека сето друго, Цезаровото име
– не можев да го изговорам. На разбојниците не им се допадна мојот
непријатен глас, па ме испомаваа од сите страни и ми ја издупчија
кожата така што не ја биваше веќе ни за сито.
Најпосле, самиот Јупитер неочекувано ми понуди спас. Откако
поминавме покрај многу вили и имоти, забележав една убава градина
во која, покрај другите убави цвеќиња, под утринското сонце цутеа и
рози со величествена убавина. Понесен од желбата по нив и поттикнат
од копнежот по спас, им се доближив сиот радосен и веќе ја отворав
муцката кон нив, кога ми падна на ум една уште посреќна мисла: се
изложувам на голема опасност ако сега се преобразам од магаре во
Луциј – сигурно ќе ме снајде смрт од овие разбојници или поради
сомнеж дека сум маѓепсник или поради обвинение дека кога-тогаш
можам да ги поткажам.
Се откажав од розите и, помирен со мојата зла судбина, почнав
да зобам сено.

97
Во латинскиот текст има непреведлива игра на зборови: „sero quidem serio tamen“.
98
Луциј сака да се повика на царот како на едно од божествата-спасители. Покрај тоа,
секој римски
Метаморфози или Златното магаре 61

КНИГА IV
1. Околу пладне, кога сонцето веќе почна да пече, наминавме
во едно село, кај едни стари луѓе коишто очигледно им беа добри
познаници на разбојниците. Иако бев магаре, го сфатив тоа уште
при првата средба по долгиот разговор и по бакнувањето. Покрај
тоа им подарија и некои од работите што ги симнаа од мојот грб,
па со таинствено шепотење како да им објаснуваа дека тоа е дел од
пленот при кражбата. Потоа го симнаа товарот од нашите плеќи и
нè оставија мирно да пасеме на блиската ливада. Пасењето заедно
со магарето и со мојот коњ не ми изгледаше многу привлечно, затоа
што сè уште не бев навикнат да јадам сено. Но затоа, пак, веднаш зад
шталата здогледав една бавчичка, па умирајќи од глад, се вовлеков
храбро внатре и го наполнив стомакот макар и со суров зеленчук. За
сето време им се молев на сите богови и се обѕирав на сите страни да
здогледам некаде во соседните бавчи некој жбун со рози. А и местото
беше подзасолнето, што ми влеваше надеж дека зад грмушките ќе
можам незабележан од никого да си го изедам спасоносниот лек, да
го оставам четвороножниот став на товарно животно и повторно да
се исправам и да си го вратам човечкиот лик.
2. Додека пливав по ова море од мисли, малку понатаму забележав
една сенчеста долина со разлистани дрвца, а среде разните треви и
миризливи цвеќиња грееше алово-црвената боја на расцутените рози.
Во мигот, во моето сè уште не баш животинско срце, си помислив дека
пред мене ја гледам шумичката на Венера и на Грациите, а во нејзината
дебела сенка свети овој прекрасен цвет со сиот негов кралски блесок.
Веднаш му се помолив на Успехот99, богот на среќните подвизи, и се
99
Лат. Bonus Eventus – „Среќен исход“, „Добар успех“, „Среќен случај“. Отпрвин
пониско божество на римските селани, а подоцна дарител на секој успех. Претставува
персонификација, како и божеството Felicitas (Среќа).
62 Апулеј

дадов во полн галоп, така што се почувствував, жими Херкула, не како


магаре, туку како тркачки коњ. Но, оваа брза реакција и величествениот
напор не можеа да ја сменат мојата зла судбина: кога се приближив
сосема блиску веќе не можев да ги видам оние нежни и убави рози,
оросени со небеска роса и нектар, што се раѓаат на шипковиот трн. Ја
немаше дури ни долината, туку само стрмен брег на една река, обраснат
со густи дрвја. Овие дрвја, чии бујни листови потсетуваат на листови
од лавор, раѓаат цветови без мирис, со долгнавести, бледоцрвени чаш-
ки (некои неуки селани погрешно го викаат со убаво име – лаврова
роза100), кои се смртоносни за стоката што јаде од нив.
3. Разочаран што судбината толку сурово ме измами, го проколну-
вав сопствениот живот и решив свесно да се најадам и од тие отровни
рози. Додека полека пристапував за да каснам од нив, дојде еден млад
човек за којшто мислев дека беше градинарот чиј зеленчук го сотрев
и којшто го беше забележал тоа, па вооружен со еден голем стап се
нафрли врз мене, ме фати и ме претепа така што и животот ќе ми
дојдеше во опасност. Но, најпосле се сетив како да си помогнам: се
исправив и почнав да го клоцам со двете нозе толку силно што тоа му
беше сосема доволно, па тој остана да лежи во подножјето на блискиот
рид, додека јас побарав спас во бегство.
Тогаш една жена, очигледно неговата, од врвот на ридот забележа
дека тој лежи полумртов на земја, па се фрли врз него лелекајќи и
редејќи на глас за да предизвика сожалување на соселаните, а за да ја
побара мојата гибел. И навистина, селаните потресени од нејзиното
плачење, веднаш ги повикаа кучињата и ги нас’скаа да се пуштат
бесно по мене и да ме распарчат. Во тој миг, кога видов како кон мене
се втурнаа нас’сканите кучиња, толку огромни и многубројни што
можеа да соборат мечка или лав, немаше место за сомнеж дека смртта
ми е многу блиску. Свесен за опасноста во која се најдов решив да не
бегам, туку бргу да се вратам во шталата каде што бевме сместени.
Тогаш луѓето, кои одвај ги запреа кучињата, ме фатија и ме врзаа
со еден ремен за некаква алка. Почнаа да ме тепаат и сигурно ќе ме
дотепаа, кога мојот стомак – подуен од оној суров зеленчук – почна
да се витка од силните удари и се отвори под притисок на врвежот, па
исфрли цел водоскок од измет. Тоа ги избрка од мојот веќе испокршен
100
Според некои коментари, станува збор за олеандер.
Метаморфози или Златното магаре 63

грб; едни беа испрскани со гнасната течност, а други беа заплиснати


со неподнослива смрдеа.
4. Набргу потоа, кога сонцето веќе почна да заоѓа, разбојниците
повторно нè натоварија, а мене најмногу, па нè изведоа од шталата.
Изминавме голем дел од патот, а јас бев уморен од долгото патување,
исцрпен од тешкиот товар и смачкан од ќотекот. Се сопнував – зашто
копитата ми беа веќе излижани, кога стигнавме до едно поточе што
бавно течеше и се извиваше. Помислив дека треба да ја искористам
можноста што ми се укажа, да ги свиткам колената и да се фрлам на
земи, да паднам во водата, цврсто решен да не станувам и да не трг-
нувам понатаму, колку и да ме тепаат. Бев подготвен дури и да умрам
или од стап или од меч. Си велев самиот на себе дека вака исцрпен и
беспомошен сигурно ќе бидам ослободен од службата. Разбојниците,
најверојатно, поради нестрпливост или поради страв дека ќе ги задр-
жам, брзајќи што поскоро да избегаат, ќе го прераспределат товарот од
мојот грб кај другите две животни. Мене, пак, за уште потешка казна
и одмазда ќе ме остават како плен на волците и мршојадците.
5. Но, мојата несреќна судба повторно го оневозможи и овој
мој план. Другото магаре ги насети моите намери, па ме испревари,
преправајќи се дека е уморно, и се урниса заедно со товарот. Лежеше
како да е мртво и дури не се ни обидуваше да се крене на нозе. Не
помагаа ниту стапови, ниту остени: го влечеа на сите страни за да го
поткренат – и за опашката и за ушите и за нозете, но ниту еден обид
не успеа. Најпосле, безнадежно кренаа раце, и се договорија дека не
треба попусто да си го губат времето со едно пцовисано, та дури и
здрвено магаре, и го поделија неговиот товар врз мене и врз коњот.
Потоа ги исукаа мечовите, му ги отсекоа нозете и го одвлечкаа на
страна од патот и, уште наполу живо, го фрлија од една висока карпа
длабоко долу во една бездна.
Тогаш јас се замислив над судбината на мојот несреќен другар и
решив да се откажам од секој обид за измама и итрина и пред моите
стопани да се покажам како добро и чесно магаре. Покрај ова, од она
што си говореа меѓу себе, разбрав дека набргу ќе можеме да се одмо-
риме и тоа ќе биде крајот на нашето патување, зашто тоа е нивното
постојано сврталиште.
И навистина, по една блага стрмнина пристигнавме на нашето
одредиште. Ги симнаа од нас сите товари и ги сокрија на сигурно место.
64 Апулеј

Ослободен од тежината, се обидов да си го олеснам заморот, место со


капење, со валкање во правта.
6. Мислам дека треба да ги опишам местото и пештерата каде
што живееја разбојниците. Со тоа јас ќе можам да ја испробам својата
надареност, а вие ќе можете да процените дали по ум и по душа тогаш
сум бил магаре.
Тоа беше една страшна и висока планина, обрасната со сенчеста,
густа шума и со зеленило. Нејзините високи сртови беа обрабени со
остри и непристапни карпи, а стрмните клисури – обраснати во трња
и грмушки – беа отсечени од сите страни, па така претставуваа при-
родна заштита. Од врвот на планината во обилни слапови течеше еден
извор со вода, а неговата сребрена пена паѓаше преку карпите. Потоа
се делеше на неколку потоци што ја наводнуваа долината со тивка
вода и завршуваа или како затворено езеро или како бавна река. Над
пештерата, онаму каде што завршуваа карпите, се издигаше висока кула.
Од предната страна се гледаше цврста ограда од густо испреплетени
прачки, погодна за бачило; пред влезот и од обете страни излегуваа
нанапред двата странични ѕида и како преграда образуваа тесна пате-
ка. Веднаш можеше да се види (и јас тоа така би го нарекол) дека ова
е вистинско арамиско гнездо. Далеку одовде не можеше да се види
ништо друго, освен една мала колиба, немарно покриена со трска, во
која – како што разбрав подоцна – чуваа стража оние разбојници на
кои тоа им го одредила коцката.
7. Е, таму се провираа поднаведнати арамиите, а нас цврсто нè
врзаа со ремени пред влезот. Таму имаше и една баба, подгрбавена од
годините, а единствено таа изгледа се грижеше за исхраната на толкав
број арамии. Тие, пак, й се обраќаа грубо:
„Еј, ти стар трупу, гнасно бабиште, од кое би се згрозил и самиот
Орк, до кога ќе безделничиш? Зар нема во ова глува доба да ни дадеш
нешто да закрепнеме и да заборавиме на тешките и опасни напори? И
дење и ноќе само налеваш вино во твојот мев!“
Треперејќи од страв, со слаб глас, уплашено им одговори жената:
„Драги и добри мои момчиња, верни мои заштитници, сè е убаво
подготвоено за вас; сварено вкусно и сочно. Леб има колку што ќе
посакате, а виното е наточено во чисти бокали. Ви стоплив и вода,
како секогаш, да имате доволно за капење“.
Метаморфози или Златното магаре 65

Кога дорече старицата, сите се соблекоа и се истопорија пред го-


лемиот оган, па се полија со топла вода и се истрија со масло, а потоа
седнаа крај масата преполна со јадење.
8. Штом така се сместија, пристигнаа уште многу млади луѓе, за
коишто на прв поглед можеше да се заклучи дека се исто така арамии.
И тие донесоа со себе плен: златни и сребрени пари, садови и облека
везена со злато. И тие се искапеа и се освежија на истиот начин, па се
распоредија меѓу другите крај масата. Оние, пак, на кои им се паднало
со жрепка – послужуваа околу масата.
Тогаш започна гозбата: јадеа и пиеја преку секоја мера, месото
го откинуваа во големи залаци, леб носеа цели купишта, а бокалите
ги празнеа еден по друг. Се шегуваа со викање, пееја со врескање, се
закачаа подбивно и се смееја; како да беше тоа гозба на разулавени
Лапити и Кентаври101, половина животни – половина луѓе!
Најпосле, еден од нив, кој по својата сила се издвојуваше од сите
други, рече:
„Ние што храбро ја освоивме куќата на хипатиецот Милон, покрај
тоа што донесовме богат плен, освоен благодарејќи на нашата сме-
лост, и што среќно пристигнавме во нашето гнездо сите на број, се
вративме побогати за осум нозе! А вие, чијашто цел беа бојотиските
градови, го изгубивте својот извонреден водач Ламах102 и се вративте
во мал број. Јас со задоволство би ги дал сите овие дребулии што ги
донесовте за еден таков човек. Но тој умре како јунак и како жртва
на својата прекумерна смелост, и славата што ќе го следи споменот
за него ќе биде еднаква на онаа на кралевите и војсководците. А вие,
чесни арамии, што се задоволувате со мали кражби, занимавајте се и
натаму со џепарење по бањите и по сопчињата на старите женишта“.
9. Еден од оние подоцна дојдените му одговори:
101
Асоцијација на митот за борбата на Кентаврите (половина луѓе – половина коњи) со
полудивото племе на Лапитите. Причина за борбата бил обидот на пијаните Кентаври да
ја украдат невестата на Лапитот Пиритој, на чијашто свадба биле поканети. Според една
друга верзија, Кентаврите сакале да им ги украдат сите жени на Лапитите. Кентаврите
биле диви и груби, а поседувале голема, животинска сила. Живееле во пештери од
коишто бликале планински потоци. Лапитите, пак, биле легендарно племе на гиганти
од Тесалија.
102
Името Ламах е име на познат грчки војсководец од V век пр. н.е., кое на грчки значи
„непобедлив“, а слични имиња имаат и другите арамии: Алким – „смел“, Тразилеон –
„храбар како лав“ и слично.
66 Апулеј

„Зар си ти единствениот што не знае дека е најлесно да ограбиш


голема куќа? Иако во пространите одаи живеат едночудо слуги, сите
тие гледаат попрво да се спасат себеси отколку азното на господарот.
Додека чесните луѓе што живеат сами, ако случајно имаат некакво
богатство, без оглед дали е тоа малку или многу, подобро го бранат
и го чуваат, дури и по цена на својот живот. Најпосле, самите факти
нека бидат потврда на моите зборови: штом пристигнавме пред седум-
вратната Теба103, веднаш почнавме да се распрашуваме за тоа кои се
најбогатите луѓе во градот, зашто е тоа најважната работа што треба да
ја знаеме во нашиот занает. Така, дојдовме до некој Хрисер104, банкар и
голем богаташ. Тој, поради стравот од јавни работи и почести105, многу
вешто го прикривал своето големо богатство. Живеел сам во мала,
но добро обезбедена куќарка, се облекувал во партали и крпи, одел
гнасен, а спиел врз вреќи полни злато. Ние решивме да го нападнеме
токму него, зашто сметавме дека одбраната на еден сам човек не може
да биде којзнае каква и мислевме дека лесно и спокојно ќе можеме
да собереме сè што има.
10. Кога падна ноќта, стигнавме пред неговата порта. Немавме
намера да ја обиваме или да ја кршиме, затоа што се плашевме дека
тропањето ќе ги разбуди сите соседи и оти така ќе настрадаме. За-
тоа, нашиот храбар водач Ламах, потпирајќи се на својата докажана
смелост, ја вовлече полека раката низ клучалката и се обиде да го
отвори резето од внатре. Но Хрисер, најголемиот никаквец меѓу сите
двоножни суштества, веќе подолго време бил буден и го следел секое
наше движење. Се прикрал од другата страна сосема нечујно, на прсти,
и тогаш со голем клин ја прободе раката на нашиот предводник, па
колку што можеше поцврсто ја закова за вратата. Откако го остави да
стои така како распнат на крст106, брзо се качи на покривот од својата
колиба и на сиот глас започна да вика:
„Пожар! Арамии! Арамии! Пожар!“
103
Најславниот град во Беотија. Хомер, Пиндар и Софокле, како и други грчки класични
автори го нарекуваат „седумвратната Теба“.
104
Името (кое на грч. значи „желен за злато“) го означува користољубието на
банкарот.
105
Под „јавни работи и почести“ се мисли на приредување игри за народот, донирање
пари за разубавување на градот и слично.
106
Направа за казнување робови со истегнување: крст составен од две попречни греди,
на кои се приковувал престапникот.
Метаморфози или Златното магаре 67

Потоа ги повикуваше соседите, и тоа секого од нив по име, вика-


ше дека му е запалена куќата. Така, сите до еден, веднаш дотрчаа на
помош, стравувајќи од толку блиската опасност.
11. Во една ваква опасна ситуација имавме две решенија: или да
загинеме сите заедно, или да го напуштиме нашиот водач. Но, ние со
негова согласност и со цел сите да се спасиме, одбравме трет начин
за да се избавиме – со добро одмерен удар му ја отсековме на нашиот
заповедник раката на она место каде што се спојува со телото, па
раката ја оставивме таму, а раната му ја замоткавме со меки крпи за
да не капе крвта и да не нè издаде со трагата што ќе ја остава зад нас.
Она што остана од Ламах го поведовме со нас, колку што можевме
побрзо. Бевме уплашени, а стравот од нашите гонители и од опасноста
го забрзуваа нашиот чекор во бегството. Тогаш Ламах, тој благороден
и храбар човек – кој не можеше ниту да оди доволно бргу покрај нас,
ниту да заостане без да го изложи на опасност својот живот, почна
да нè моли и преколнува со најтрогателни зборови, да нè колне во
десницата на Марс (заклетва со која сите бевме меѓу себе поврзани)
да го ослободиме од маките и од ропството како наш добар другар.
Прашуваше зошто еден смел арамија би живеел подолго од сопствената
рака, кога без неа не може да ограбува ниту да убива? Сметаше дека е
среќен ако може да загине доброволно, од пријателска рака. Бидејќи
со сите молби не можеше да убеди ниту еден од нас да го изврши тоа
убиство, тој со онаа рака што му остана го грабна мечот и длабоко и
силно си го забоде во градите. Ние тогаш, оддавајќи й почит на не-
говата голема храброст, го завиткавме неговото тело во еден чаршав
и му го предадовме на морето. Нашиот Ламах сега почива погребан
под морската шир.
12. Ламах, навистина, го заврши животот на начин достоен на
неговите јуначки дела.
Алким107, пак, и покрај своите остроумни пресметувања, не може-
ше да ја здобие истата наклонетост на суровата Судбина. Тој провали
во куќарката на една стара женичка додека таа спиеше, но не почна
веднаш да ја дави – како што требаше, туку сметал дека е подобро низ
еден широк отвор да ни ги фрла една по една сите работи од собата,
за да можеме ние да ги собереме и да ги однесеме. Не беше мрзлив и
за кусо време собра сè, а не сакал да го остави ниту душекот на кој
107
Алким – име достојно за арамија – значи „мажевствен“, „дрзок“, „смел“.
68 Апулеј

спиела бабичката, па ја исфрлил од постелата и сакал да го извлече


и фрли дури и јорганот на бабата, кога таа клета несреќница му се
фрлила в нозе и почнала да го моли:
„Смилувај се, синко! Зошто сакаш овие бедни крпи и партали на
една сиромашна баба да им ги подариш на богатите соседи во чиј двор
гледа овој прозорец?“
Измамен од овие лукави зборови, Алким поверувал дека бабата
му ја кажува вистината. Плашејќи се дека сето она што досега го беше
фрлил, а и она што допрва сакал да го фрли, по грешка – ќе падне во
туѓи раце108, наместо во рацете на неговите другари. Така, се наведнал
низ прозорецот за да погледне, а особено за да ја разгледа куќата на
соседите за чие богатство му зборувала старицата. Тоа го направил
смело, наведнувајќи се сè повеќе и повеќе, но не и претпазливо, па
онаа стара лошотија, иако слаба, бргу и неочекувано го турна удолу, со
главата напред. Не само што падна од голема височина, туку и се удри
во некој камен што стоеше таму, па ги испокрши ребрата и градниот
кош, а поток од крв му потече од градите, од устата и од носот. Не
се мачеше долго. Ни раскажа што се случувало внатре и си умре. Го
погребавме и него, како и Ламах, чиј достоен заменик беше.
13. Така, погодени од двојната загуба, ги оставивме нашите под-
визи во Теба и тргнавме кон соседниот град Платеја109. Таму стигна
до нас гласот за некојси Демохар, којшто требало да приреди борба на
гладијатори. Тој беше маж од угледно семејство, многу богат и необ-
ично дарежлив, а за народот подготвуваше забава со раскош достојна
за неговото богатство. Нема толку надарен човек што би можел со
соодветни зборови да ги опише бројните и најразлични подготовки.
Имаше гладијатори, прославени по силата на своите раце, имаше ловџии
познати по својата вештина, а од друга страна, имаше и несреќници
кои ја изгубиле и последната надеж, па сега јадеа само за да станат
храна на дивите ѕверови110. Имаше и дрвени градби, вешто направени
од дрвени скелиња, па подвижни кули од штици – слични на куќи, и
сето тоа украсено со слики, а само за да послужи како ограда за ловот.
108
Поточно „на туѓи Лари“. Lares – Лари се духови на предците во секој дом. Ова име се
употребува и како метонимија, со значење „дом“, „домашно огниште“.
109
Мало гратче во Беотија, познато по битката меѓу Грците и Персијците во 479 година
пр. н.е.
110
Осуденици врз кои требало да се изврши смртна казна, така што ќе бидат растргнати
од диви ѕверови пред публика.
Метаморфози или Златното магаре 69

А најмногу од сè имаше ѕверови, и тоа од сите можни видови. Демохар


се погрижил овие живи гробови на луѓе осудени на смрт да се донесат
од странство. Покрај сите други подготовки за овој блескав празник,
беше купил и голем број огромни мечки за кои изгледа го беше пот-
рошил сето наследство од татко му. Покрај мечките, кои самиот тој
беше ги уловил и покрај оние за кои беше платил огромна цена, имаше
и мечки од неговите пријатели, кои едноставно се натпреваруваа кој
ќе му подари повеќе. Сите овие ѕверови тој ги хранеше и добро се
грижеше за нив, се разбира, со голем трошок.
14. Но, овие блескави и толку скапи подготовки не можеа да ги
избегнат завидливите погледи на Зависта111. Меѓу животните исцрпени
од животот во ропство и изморени од летната горештина, млитави по-
ради тоа што ништо не правеа и не се движеа, одеднаш се појави некоја
болештина и речиси сите пцовисаа. Можеа да се видат на сите страни
како лежат, како остатоци од некој бродолом. Тогаш простиот народ,
којшто во својата беда не избира храна и когошто сиромаштијата го
принудува да собира какво било јадење само ако е бесплатно, за да го
наполни празниот стомак, се нафрли на оваа гозба насекаде по улиците.
Токму тоа нè поттикна мене и Евбул112, овој што седи тука до
мене, да смислиме и да преземеме еден потфат. Една од мечките – нај-
големата и најтешката – ја одвлечкавме до нашето престојувалиште,
божем за да готвиме од неа. А ние убаво ја одравме, й ги симнавме
канџите од нозете и й ја зачувавме главата цела, сè до вратот. Кожата
добро ја истругавме и ја посоливме со пепел, па ја оставивме да се
суши на сонце. Додека таа се сушеше под врелите сончеви зраци, ние
се нагостивме од месото и под заклетва се договоривме за следниот
наш потфат: едниот од нас – со силна снага, но и со силно срце, да го
облече ова мечкино крзно, па така преправен во мечка да го одведеме
во куќата на Демохар. Тој ќе ни овозможи во ноќната тишина без мака
да влеземе низ портите на куќата.
15. Овој остроумен план кај многумина од нашата дружина пре-
дизвика желба да се зафатат со задачата. Но, дружината едногласно
од сите нас го избра Тразилеон и тој со радост ја прифати оваа опасна
работа, и уште повеќе – блескаше од радост, па веднаш го облече
111
Invidia – персонификација на чувството на завист, која кај Римјаните се развила и
добила лик на божество.
112
И ова име на грчки јазик има позитивна семантичка смисла – „оној што дава добри
совети“.
70 Апулеј

мекото крзно што убаво му легна на телото. Краиштата од крзното


убаво ги сошивме, а работ колку што можевме подобро го сокривме
под густите влакна. Малку мака видовме додека му ја провлековме
главата на Тразилеон низ отворот на грлото, таму каде што било за-
клано животното, па издупчивме мали отвори кај очите и устата, за
да може да гледа и да дише. Тогаш го ставивме нашиот добар другар,
преобразен во ѕвер, во еден кафез што го бевме купиле за евтини пари,
а и тој самиот скокна внатре со цврста решителност. Откако ги завр-
шивме овие подготовки, пристапивме кон натамошното спроведување
на нашиот измамнички план.
16. Го дознавме името на некојси Никанор, од Тракија, кој бил
близок пријател на Демохар. Напишавме писмо потпишано од Никанор,
во кое тој му пишува дека како добар пријател му го подарува првиот
улов, за да ја увелича приредбата на Демохар.
Кога се спушти ноќта, под закрила на темнината, му го однесовме
кафезот заедно со лажното писмо. Тој й се восхитуваше на големината
на дивото животно и воодушевен што пријателот токму сега му пратил
таков подарок, нареди веднаш да ни исплатат десет златници како на
луѓе кои му донеле нешто што толку многу го израдува. Бидејќи сè
што е необично ги привлекува луѓето и го возбудува нивниот дух, се
собра љубопитен народ да го види ѕверот. Тразилеон добро внимаваше,
па штом некој ќе му се доближеше премногу блиску, го застрашуваше
со заканувачки движења.
Луѓето едногласно го прогласија Демохар за среќен што, после
поморот на животните, со овој нов подарок, може да й се спротивстави
на лошата судбина. Тој, пак, нареди мечката веднаш и највнимателно
да ја однесат кај другите животни.
17. Тогаш јас му реков: „Господару, животното е исцрпено од сон-
чевата жега и од долгото патување, па затоа не го ставај меѓу другите
ѕверови, за коишто чув дека не се сосема здрави. Можеби е подобро,
ако можеш, да му најдеш некое отворено место, на воздух, или некаде
во твојата куќа или, пак, покрај некој базен во којшто би можело да се
освежи. Ти нели знаеш дека овие животни секогаш живеат во густи
шуми, покрај влажни пештери и сенчести извори?“
Овие зборови го замислија Демохар и тој, спомнувајќи си за
бројот на изгубени животни, се согласи со мојот предлог и ни дозволи
да го сместиме кафезот онаму каде што сметавме дека треба да се
смести.
Метаморфози или Златното магаре 71

„Ако дозволувате – реков јас повторно – ние ќе останеме да стра-


жариме пред кафезот, за да можеме ова кутро животно, малаксано
од горештината и од долготрајниот превоз, во одредено време да го
нахраниме и напоиме.“
„Таква услуга нема да ни биде потребна, затоа што моите слуги,
по долги години работа, добро научија како се хранат мечките“ – ми
одговори Демохар.
18. По ова моравме да се поздравиме и да си заминеме. Излеговме
од градската порта и недалеку од неа, покрај патот, на едно затскриено
и оддалечено место, забележавме некаков надгробен споменик. Таму
најдовме подотворени и речиси изгниени од старост мртовечки сандаци,
што добро ќе ни дојдат за да можеме подоцна во нив да го скриеме
идниот наш плен. Во нив имаше само пепел и прав од закопаните
мртовци. Според законот кој важи во нашата дружина, почекавме
да се спушти ноќта без месечина и луѓето да ги совлада првиот сон.
Откако се договоривме за грабежот, сета дружина, добро вооружена
со мечеви, како по заповед се најде пред портата на Демохар. Во исто
време и Тразилеон го искористил мигот погоден за ноќен грабеж: се
измолкнал од кафезот, ги погубил сите стражари коишто беа испозас-
пале крај него, потоа го заклал и вратарот, па го зел клучот и ширум
ни ја отвори вратата. Веднаш втрчавме и се најдовме сред куќа. Тој
ни покажа една просторија во којашто сношти – како што забележало
неговото будно око – затвориле големо количество сребрени садови.
Сите се зафативме со работа, па проваливме во одајата. На секој од
другарите му наредив да земе колку што може повеќе злато и сребро,
да го однесе и бргу да го скрие во престојувалиштето на нашите ве-
рни пријатели и непоткупливи стражари – покојниците, па трчајќи да
се врати по нова стока. Само јас, за општо добро, стоев на прагот од
куќата и внимавав што ќе се случи додека тие се вратат. Сметав и на
мечката, која требаше да трча горе-долу низ куќата, за да ги заплаши
робовите, ако некој од нив случајно се разбудеше. Бидејќи секој човек,
колку и да е храбар, кога би се нашол ноќе пред ваков ѕвер, би фатил
магла и, треперејќи од страв, би побрзал да се затвори во својата соба,
секако, со резе на вратата.
19. И покрај ваквиот прекрасен и мудар план, сепак мораше сè
да заврши наопаку. Додека јас со четири уши наслушував и очекував
да се вратат моите пријатели, станал еден од робовите, кој сигурно се
разбудил од вревата што ја правевме, ако веќе не го разбудило некое
72 Апулеј

провидение. Кога го здогледал дивото животно како слободно шета


низ куќата ваму-таму, тивко, на прсти се вратил во собата кај другите
робови и на сите им раскажал што видел.
Додека да трепнеш, целата куќа беше полна со слуги. Светлината од
факлите, фенерите, ламбите, свеќите и други светилки од сите можни
видови за миг ја растера темнината. Сите се вооружија: еден со стап,
друг со копје, трет со меч и така се испречија на портата. Истовремено
ги нас’скаа кучињата, оние ловџиски кучиња со исправени уши и со
накострешено влакно, да ја совладаат мечката.
20. Бидејќи вревата стануваше сè поголема, јас полека се измолкнав
и се оддалечив од куќата. Се сокрив зад една врата и гледав како Тра-
зилеон храбро се бореше со кучињата. Иако беше во смртна опасност,
тој не заборави ниту на себе, ниту на нас, ниту на својата некогашна
смелост, па се бореше и покрај тоа што веќе се наоѓаше во челустите
на самиот Кербер. До последниот здив ја играше улогата што самиот ја
одбра: те бегаше, те се бранеше, менувајќи ги положбата и движењата
и на крајот шмугна од куќата. Но, кога на улицата се добра до слобода,
не можеше да се спаси со бегство. Сите кучиња од соседните улици,
подеднакво бесни и многубројни, се измешаа со ловџиските кучиња
што излегуваа од куќата и сите заедно продолжија да го бркаат. Бев
очевидец на страшна и тажна глетка: нашиот Тразилеон беше опколен
од глутница бесни пци и целиот, несреќник, беше растргнат и распарчен
од нивното касање.
Не можев повеќе да поднесам таква болна глетка, туку се измешав
меѓу толпата луѓе околу мене и се обидов да му помогнам на мојот
другар, но и да не се издадам; им викнав на луѓето што го бркаа:
„Нема поголем срам од тоа да го изгубиме ова прекрасно и ска-
поцено животно на ваков начин“.
21. Но, ниту оваа моја итрина не му помогна на кутриот млад
човек: од куќата истрча едно мажиште и без двоумење заби копје
токму во градите на мечката, па еден друг се угледа на него, а потоа
истото го направија сите од толпата. Стравот им исчезна и секој што
ќе успееше да грабне некое оружје од другите, приоѓаше и удираше во
животното. А Тразилеон, кој беше достојна слика на нашата дружина
и кому му немаше рамен, ја изгуби душата достојна за бесмртност, но
не ја изгуби издржливоста – ниту со збор, ниту со лелек, ниту со плач
Метаморфози или Златното магаре 73

не ја погази заклетвата113. Растргнат од кучешките заби и распарчен


од мечеви и копја, рикаше како ранет ѕвер и храбро поднесувајќи ја
својата несреќа, си ја зачува славата и умре онака како што тоа му го
одредила судбината.
Стравот и ужасот што ги предизвика кај луѓето беа толку големи
што не само до утрото туку и до пладнето следниот ден никој не сме-
еше да го допре животното ниту со прст, иако тоа лежеше мртво на
земјата. Најпосле, еден месар којшто беше малку посмел од другите,
несигурно и со страв й го распори стомакот на мечката и оттаму го
извлече храбриот наш другар.
Ете така загина Тразилеон; тој за жал е мртов, но неговата слава
никогаш нема да умре.
Потоа бргу го собравме сето она што ни го беа зачувале покојни-
те – нашите верни стражари, и уште побргу ја напуштивме областа
на Платеја. По пат размислувавме за тоа дека меѓу живите навистина
нема веќе чесност, туку таа, од омраза кон нашата дволичност, се
преселила во душите на мртвите. Уморни и исцрпени и од тежината
на товарот, но и од напорниот пат, со загуба на тројца наши другари,
го донесовме пленот што можевте да го видите.“
22. По оваа приказна, арамиите принесоа жртва за душите на свои-
те другари, излевајќи вино од бокал направен од чисто злато. Потоа
испејаа неколку песни во чест на богот Марс и легнаа да поспијат.
Тогаш бабата ни истури куп пресен јачмен, не мерејќи го. Мојот
коњ, гледајќи толкаво изобилство само за себе, беше помислил дека
се наоѓа на гозбата114 на Салиите115. Јас, пак, никогаш порано не бев
пробал суров јачмен (го јадев само добро сварен и омекнат во супи)116,
почнав да разгледувам наоколу и здогледав во аголот едно место каде
што беа натрупани сите остатоци од лебот на целата арамиска дружина.
113
Во оригиналот стои sacramenti – „војничка заклетва“, овде употребено за заклетва
на верност меѓу арамиите.
114
Ова место е оштетено и во најдобро сочуваниот ракопис стои salis sacenas, но има
лакуна од пет букви. До конечното saliares se cenasse cenas е дојдено со повеќекратни
подоцнешни конјуктури.
115
Салии – свештеници на богот Марс. Нивното име се доведува во врска со глаголот salio
– „скокам“. За време на празникот на богот Марс, што траел неколку дена во почетокот
на месец март, Салиите со воинствени танци минувале по улиците на Рим. Секој ден
завршувал со богата гозба, чиешто изобилство станало пословично.
116
Овој дел е многу оштетен во манускриптите.
74 Апулеј

Моето грло силно страдаше од глад и беше фатило и пајажина, па јас


се дадов на работа.
Некаде средноќ, разбојниците се разбудија и тргнаа на пат, најраз-
лично опремени: едни носеа мечеви, а други се облекоа како Лемури117.
А мене ниту сонот што ме обземаше не можеше да ме натера да не јадам
без престан. Иако порано, додека сè уште бев Луциј, се задоволував со
едно или две парчиња леб и станував од маса, сега веќе ја дојадував
третата кошничка со леб за да можам да го наполнам стомачиштето.
И денот ме затекна во оваа работа.
23. Најпосле, засрамен – онолку колку што може да биде засрамено
едно магаре – се оддалечив, иако ми беше жал да го сторам тоа и оти-
дов на блискиот поток да си ја згаснам жедта. Во тој миг се вратија и
арамиите, многу замислени и загрижени. Не донесоа никаков товар со
нив, ниту една бовчичка. Сè што донесоа со сите нивни мечеви, со сите
нивни мускули и сила, беше една млада девојка со префинети црти на
лицето, и (како што сведочеше нејзиното благородничко однесување)
со потекло од најугледното семејство во целиот крај; девојка каква
што, жими Херкул, можеше да предизвика чувства дури и кај едно
магаре како мене. Таа неутешно плачеше, си ги кубеше косите и си ја
кинеше рубата. Кога ја внесоа во пештерата, се обидоа да ја намалат
нејзината тага со вакви убави зборови:
„Не плаши се ниту за својот живот, ниту за својата чест. Само имај
малку трпение, за да можеме нешто да заработиме на тебе. Бедата и
нуждата нè натераа на оваа работа. Твоите родители имаат купишта
злато и, колку и да се скржави, нема да помине долго време, тие ќе
соберат и ќе дадат колку што треба за откуп на својата крв“.
24. Попусто им беа обидите со вакви и слични зборови да ја ус-
покојат девојката во нејзината тага. Таа седеше со главата наведната
во скутот и непрестајно плачеше. Тогаш разбојниците ја повикаа
старицата, й заповедаа да седне до девојката и да ја теши со колку
што умее понежни зборови, а тие си се вратија на своите вообичаени
работи. Но, ништо од она што й го говореше старицата не помогна и
117
Апулеј во едно од своите дела (За богот Сократ, 15) вели дека на старолатински
душите на сите починати се нарекуваат Лемури (Lemures) , Лари (Lares) – добрите
духови-заштитници на своите потомци, а Ларви (Larvae) – душите на лошите луѓе кои не
го нашле својот мир во подземното царство, туку талкаат по земјата и ги плашат живите,
додека Мани (Manes), според него, треба да се викаат оние души за кои сè уште не се
знае дали се Лари или Ларви.
Метаморфози или Златното магаре 75

не успеа да ја развесели девојката, па таа и натаму без престан пла-


чеше. Напротив, таа сè повеќе и повеќе тажеше и сета трепереше од
плачењето, така што и мене ми измами солзи во очите.
„Како можам да не плачам? Како можам јас, несреќница, да жи-
веам кога сум грабната од толкава голема куќа, од толку многубројна
и драга војска од робови и од толку саканите ми родители? Сега сум
сама и напуштена, жртва на едно клето грабнување. Од мене напра-
вија стока и како да престанам да плачам или да живеам затворена
како робинка во оваа камена пештера, во ова мачилиште, без сите
оние задоволства со кои сум родена и со коишто пораснав, а во исто
време да не можам да сметам на избавување од овие разбојници и
гнасни гладијатори118.“
Вака говореше девојката, сè додека премалена од тага и од плачење
не ги склопи изморени очите и не заспа.
25. Но, штотуку ги склопи очите, таа одеднаш – како избезумена,
повторно се сепна и почна уште повеќе да тажи, гневно да се удира
во градите и да се гребе со дланките по нежното й лице. Старицата
настојуваше девојката да й каже која е причината за оваа нејзина нова
болка и оваа со длабока воздишка и одговори:
„Ох, кутрата јас! Сега е готово! Сега веќе нема никаква надеж за
спас! Ми останува само да одберам јаже, меч или бездна!“
Бабата се подналути на овие зборови и со поостар глас и нареди
да открие која е таа нова несреќа што ја оплакува и зошто се разбуди
од сонот за да плаче.
„Зар би сакала моиве момци да останат без добрата заработу-
вачка од откупнината? Само ти продолжи така! На арамиите солзите
ама баш ништо не им значат, а јас има жива да те запалам, па колку
сакаш плачи!“
26. Уплашена од овие зборови, девојката й ја бакна раката на
старицата и й рече:
„Мајче, сожали се малку барем на мојата зла судбина и помогни
ми во мојата тешка несреќа! Се надевам дека годините не го однеле
сето сожалување и милосрдие од под твоите седи коси. Слушни ја
историјата на мојата несреќа:
118
Гладијаторите се сметале за луѓе од самото дно на општеството, а нивната репутација
била толку лоша што и самиот збор „гладијатор“ се сметал за навредлив.
76 Апулеј

Мојот братучед по чичко, кој е постар од мене само три години, е


еден навистина прекрасен млад човек – многу угледен во својот град, а
сограѓаните го сакаат како да им е роден син на секој од нив. Пораснав-
ме заедно од најрани години, бевме неразделни – живеевме заедно во
иста куќа, во иста соба, па дури и во иста постела. Ние сме свршени
за света и нежна меѓусебна љубов, а со брак треба да ги крунисаме
одамна дадените ветувања. Моите родители се потполно согласни и
тој дури и јавно е потпишан како мој сопруг119. Тој, како што е ред
според обичаите, придружуван од силни роднини, ги обиколуваше сите
храмови и свети места, принесувајќи им свадбени жртви на боговите.
Сета наша куќа, преполна со лаврови гранчиња и осветлена од без-
бројни факли, одекнуваше од свадбени песни. Мојата кутра мајка ме
држеше на градите, ми облекуваше свечен венчален фустан и со топли
и искрени желби ја поттикнуваше мојата желба за дечиња.
Одеднаш се втурна оваа банда гладијатори, во собата како да се
водеше војна – оружјето заѕвецка, а мечевите засветкаа. Но, никој ниту
ограбуваше, ниту убиваше. Арамиите во збиен ред се втурнаа во нашата
соба и никој од нашите луѓе не нè бранеше, ниту пак се обидуваше да
нè одбрани. Мене, несреќница, во бессознание од страв, вознемирена
ме грабнаа од рацете на мајка ми. И така беше уништена и растурена
мојата свадба, како некогаш свадбата на Атис или на Протесилај120.
27. А сега, еве, сонував еден страшен сон, па така мојата мака ми
се обнови, па дури и ми стана уште поголема. Како некој со сила да
ме оттргна од мојот роден дом, од мојата соба, па и од мојата постела
и почна да ме влечка преку некои непреодни предели. Јас го довикував
по име мојот свршеник и набргу го здогледав: сè уште намирисан и
овенчан со венец од рози, каков што беше кога ме оттргнаа од неговата
прегратка, одеше по мене, додека јас бегав пред него носена од други
и против моја волја. Тој гласно викаше дека му е грабната неговата
мила сопруга, ги повикуваше луѓето да му бидат сведоци и бараше
119
Во оригиналот: „tabulis etiam maritus nuncupatus“. Станува збор за т.н. tabulae nuptiales
– брачен договор што родителите на невестата го склучувале со младоженецот.
120
Според преданието, Атис бил млад фригиски овчар кого Кибела го направила свој
свештеник, а тој й ветил дека никогаш нема да се ожени. Сепак, решил да се ожени со
една нимфа. Божицата се појавила среде свадбениот пир и лута на Атис ги избезумила
сите гости. Младоженецот, исто така, бил обземен од безумие, избегал во планината
и се прободел со нож. Протесилај, пак, бил крал на еден град во Тесалија, кој откако
поминал само еден ден со својата млада жена Лаодамија, заминал во походот против
Троја и загинал прв од Грците во оваа десетлетна војна.
Метаморфози или Златното магаре 77

помош од нив. Тогаш на еден од разбојниците му здодеа тоа бркање,


па зеде еден голем камен што му се најде пред нозе, го погоди со него
мојот сопруг и го уби. Ова грозно сновидение ме исполни со трпки и
ме тргна одеднаш, мене пустата, од сонот.“
Старицата воздивнуваше заедно со расплаканата девојка и й
рече:
„Биди храбрa, дете мое, не давај да те плашат празни и бесмислени
соништа! Сликите што дење ни ги носи сонот се сметаат за лажни, а
и ноќните соништа честопати го претскажуваат токму спротивното.
Да речеме, на оној што сонува дека плаче, дека го тепаат или го колат,
му претстои некоја добивка или некој среќен настан. Додека, пак,
ако на сон се смееш, се гоштеваш со слатки или уживаш во љубовни
наслади, значи дека на јаве ќе те снајде тага, болест или некоја друга
несреќа. Еве, јас ќе се обидам да те расположам со убави приказни и
сo старечки бајки“.
Веднаш почна да й раскажува:
28. „Во еден град си живееле крал и кралица. Си имале три пре-
красни ќерки. Луѓето велеле дека убавината на постарите две, иако биле
преубави, сепак може да се опише со човечкиот јазик, но убавината на
најмладата ќерка била како во најволшебна бајка, па не можела ниту
да се опише, ниту достојно да се прослави со обични зборови, зашто
човечкиот јазик е пресиромашен за тоа.
Доаѓале бројни граѓани и туѓинци, коишто гласот за таа убавина
ги привлекувал во огромен број и од сите страни, па сите замаени од
невидената убавина ја ставале десната им рака на устата, а палецот
врз показалецот121 и со ова движење й искажувале почит исто онака
како на божицата Венера. И набргу, по соседните градови и покраини
се пронел глас дека божицата родена од сините морски длабочини и
отхранета од пената на шумните бранови, се наоѓа меѓу луѓето и секој
дојденец го удостојува со својата милост; или, пак, дека повторно некоја
нова небеска плодност ја обдарила сега земјата, а не морето, па таа
родила нова Венера обдарена со цутот на девственоста.
29. Оваа приказна се ширела од ден на ден сè повеќе и повеќе.
Стигнала и на најблискиот остров, а потоа и по брегот од еден град до
друг. Голем број луѓе од далечни земји патувале и по копно и по море
121
Луѓето кога поминувале покрај светилиште или статуа на некој бог, во знак на восхит
и почит, си ја доближувале десната рака до устата и ја бакнувале.
78 Апулеј

за да го видат ова чудо на векот. Никој веќе на одел во Пафос122 за да ја


види Венера, никој не одел ни на Книдос123, ниту на Китера124. Луѓето
ги напуштиле нејзините празници и жртвопринесувања, храмовите й
опустеле, жртвените постели125 ги газеле, а обредите ги занемариле.
Венерините статуи стоеле без венци, а опустените жртвеници биле
осквернавени со студена пепел. Верниците своите молитви й ги
упатувале нејзе, а и божеската милост на големата божица ја барале
во човечкиот лик на оваа девојка. Наутро, кога таа ќе се појавела, й
принесувале жртви и дарови за да ја смилоствиват отсутната божица
Венера, а кога ќе се појавела на улица, ја следела толпа луѓе што й се
молеле, фрлајќи пред неа венци и цвеќиња.
Ваквото прекумерно обожавање на смртна девојка предизвикало
страшен гнев кај вистинската Венера. Не можејќи да го стивне својот
гнев, треперејќи од лутина и тресејќи со главата, таа почнала да збо-
рува сама со себе:
30. „Зар јас, древната мајка на природата, којашто ги создадов сите
земни сили, јас мајката Венера, којашто го хранам сиот свет, јас да ги
делам почестите кои ми припаѓаат само мене со една смртна девојка?
Зар моето име, кое е едно од небесните, да се валка со земни нечистотии?
Нема да допуштам една смртница да го носи по светот мојот лик и по
него да нè изедначуваат, па во исто време да му искажуваат почести и
на моето име и нејзе. Зар попусто овчарот126, чијашто справедливост и
чесност ја призна и самиот Јупитер, заради мојава убавина ми го додели
првенството меѓу толку многу божици127? Која и да е таа девојка, нема
122
Во градот Пафос, на островот Кипар се наоѓала кула на Венера и сиот град й бил
посветен на божицата.
123
Книдос или Книд, град на малоазиското крајбрежје, исто така бил познат како култно
место на Венера. Во нејзиниот храм во овој град се наоѓала и славната статуа на Венера
Книдска – извајана од грчкиот скулптор Праксител (IV век пр. н.е.).
124
Китера е остров наспроти најјужниот брег на Пелопонез, свето место затоа што
легендата велела дека Венера се родила од морската пена токму крај неговиот брег.
125
На латински pulvinaria – „свети легла“, перници или постели покриени со богато украсени
покривки. За време на празнувањето на lectisternia (посебен вид жртвопринесување) на
нив ги ределе статуите на боговите, пред покриена маса на којашто се ределе предметите
принесени како жртва.
126
Париз – синот на тројанскиот крал Пријам, којшто пораснал како овчар на планината
Ида.
127
Познатиот спор меѓу божиците Јунона, Минерва и Венера (во грч. митол. – Хера,
Атина и Афродита) за тоа на која треба да й припадне златното јаболко на кое пишувало
„на најубавата“.
Метаморфози или Златното магаре 79

уште долго да ги присвојува моите почести! Јас ќе се погрижам да се


покае за нејзината безбожна убавина!“
И веднаш го повикала својот крилест син128, она многу дрско момче,
коешто со своите лоши навики го занемарува јавниот ред и коешто
ноќе со оган и со стрели во рацете трча по туѓите куќи, ја расипува
брачната слога и неказнето прави толку лошотии, а никогаш ништо
добро. Иако тој и по природа е невоздржан и полн со дрскост, таа со
своите зборови уште повеќе го насрчила, го одвела во тој град и му ја
покажала Психа129 – така се викала девојката. Му ја раскажала целата
приказна за соперништвото и убавината па, воздивнувајќи и треперејќи
од гнев, му рекла:
31. „Те преколнувам со мајчинската љубов што нè врзува, со слат-
ките рани од тие твои стрели, со слаткиот пламен што го разгорува
твојот факел, одмазди се за твојата мајка, и тоа потполно; казни ја за
нејзината безбожна убавина и исполни ми една единствена желба: оваа
девојка нека биде обземена од најпламена љубов кон најпрезрениот
никаквец, кон некој кому Судбината му ги одзела и честа и здравјето
и богатството. Некој којшто е толкав никаквец, што на светот да не
може да му се најде рамен по неговата несреќа“.
Така му рекла на синот и го бакнувала долго и силно, а таа самата
отишла на блискиот морски брег од којшто се разбивале морските
бранови, па со своите розови стапала загазила во пената на немирните
далги и во истиот миг се стивнала плоштината на длабокото море.
Одненадеж, иако немала време ниту да посака, околу неа се појавила
нејзината морска придружба: ќерките на Нереј130 коишто пееле во
хор, и Портун131 со замрсената му светла брада и Салакија132 со полни
пазуви риба, како и малиот Палемон кој на узда води делфин. Тука се
128
Амор или Купидон (грч. Eros) – бог на љубовта, персонификацја на страст, копнеж и
љубов. Неговите стрели ги напаѓаат срцата не само на луѓето туку и на боговите.
129
Psyhe на грчки значи „душа“.
130
Нереиди – морски нимфи.
131
Портун е римски бог (во грчката митологија Палемон) на пристаништата (лат. portus –
пристаниште), чијашто брада ја имала бојата на морските бранови. Мајка му Ино, гонета
од нејзиниот разбеснет сопруг Атамант, се фрлила заедно со синот во море, каде што
се претвориле во морски божества. Според една верзија на митот, малечкиот Палемон
на брегот го изнеле делфини.
132
Римска божица, којашто соодветствува на грчката црноока и бучна нереида Амфитрита,
сопруга на Океан.
80 Апулеј

препелкале и јата тритони133: еден дувал во својата звучна школка, друг


го држел копринениот вел за да ја заштити божицата од сончевите зраци
што безмилосно печеле, трет й го принел огледалото на господарката,
а другите, впрегнати во двојки, ја влечеле нејзината колесница. Таква
придружба одела по Венера, којашто се упатила кон океанот134.
32. До тогаш Психа, и покрај нејзината убавина, не почувствувала
никакви благодати од неа. Сите й се восхитувале, сите ја фалеле, но
никој – ниту крал, ниту некој обичен смртник од народот не се појавил
да ја побара нејзината рака. Се восхитувале од нејзината божествена
убавина, но се восхитувале како од статуа извајана од вешта рака.
Нејзините две сестри, чијашто умерена убавина не била толку позната
во народот, веќе биле запросени од кралски синови и си живееле во
среќен брак, додека Психа седела дома осамена и немажена, ги опла-
кувала својата самотија и напуштеност, а ја мразела својата убавина
што на сите други толку им се допаѓала. Тогаш кутриот татко на оваа
несреќна девојка се посомневал дека можеби боговите не ја милуваат,
па плашејќи се од нивниот гнев, го прашал за совет најстарото проро-
чиште на милетскиот бог135 и со молитви и жртви го молел божеството
неговата презрена ќерка да си најде маж и да се омажи. Тогаш Аполон,
иако Грк и тоа Јониец, заради писателот на Милетските приказни, вака
одговорил преку латинско претскажување:
„Однеси ја својата ќерка, о кралу,
на висока планинска карпа,
облечена во траур за свадба со смртта.
Не чекај зет од човечки род,
но страшно и диво змијолико зло:
с’ крила мавтајќи, надлетува небо
поништува сè со оган и меч.
Од него трпне и Јупитер вишен, треперат богој на небо,
страв ги обзема и реки подземни и сенки човечки“.
Кога го чул ова некогаш среќниот крал, тажен и безволен се упатил
дома, па на својата сопруга й го пренел претскажувањето на злокобниот
пророк. Тагата, плачот и лелекот траеле со денови. Се ближело вре-
133
Второстепени морски божества, најчесто претставувани како половина луѓе – половина
риби.
134
Според верувањето на старите, океанот бил голема река што го обиколува сиот свет.
135
Аполон, наречен така, затоа што еден од неговите храмови се наоѓал во Дидим, близу
до Милет.
Метаморфози или Златното магаре 81

мето кога требало да се исполни ужасното претсказание. Несреќната


девојка почнале да ја подготвуваат за свадба како да ја подготвуваат за
погреб. Пламенот на факлите бил црн од саѓи и догорувал од пепелта,
звукот на свадбената флејта се претворил во тажна лидиска мелодија,
веселата песна на хименеите завршувала со редење, а невестата со
велот136 си ги бришела солзите.
Целиот град воздивнувал над тажната судбина на оваа куќа и
граѓаните, сплотени во тагата, веќе прогласиле јавна жалост.
34. Но, потребата да се покори на волјата на боговите барала Психа
да искуси одредена казна. Затоа во најголема жал ги подготвувале сите
свечености за гибелната свадба; поворката со живиот мртовец тргнала
придружувана од целиот народ, а Психа расплакана одела на својот
сопствен погреб. Кутрите родители, кои ги снашла толкава несреќа,
сè уште се колебале дали да го извршат ова безбожно дело, но самата
ќерка ги храбрела со овие зборови:
„Зошто со бескраен плач ја правите уште потешка вашата мачна
старост? Зошто ја заморувате со непрестајно редење вашата душа
којашто е повеќе моја? Зошто со тие беспомошни солзи го нагрдувате
ликот којшто јас толку го љубам? Зошто ги мачите вашите, а со тоа и
моите очи? Зошто ја кубете седата ви коса? Зошто се удирате в гради-
те, што за мене се свети? Тоа ли ќе ви биде награда за мојата чудесна
убавина? Премногу доцна го почувствувавте смртоносниот удар на
злобната Завист! Кога почнаа да ме слават и народот и другиот свет со
божески почести, кога сите почнаа да ме викаат нова Венера – тогаш
требаше да плачете и да тагувате, тогаш требаше да ме жалите како
да сте ме изгубиле веќе! Сега чувствувам и знам дека ќе загинам само
поради Венериното име. Одведете ме и оставете ме на карпата што ми
е одредена! Брзам да ја прославам мојата среќна свадба, брзам да го
видам мојот среќен маж. Зошто да одложувам и зошто да ја одбегнувам
средбата со оној што е роден за гибел на сиот свет?“
35. Откако го рекла ова, девојката замолчела и со решителен чекор
влегла меѓу народот кој одел во поворката.
Тргнале кон одредената карпа на високата гора и таму, на најви-
сокиот врв, ја оставиле девојката сама, ги оставиле факлите со кои го
осветлувале патот – згаснати од солзи и со наведнати глави се готвеле
136
Невестинскиот вел бил со црвена боја, па оттаму и се нарекувал flammeum (flamma
– пламен, оган).
82 Апулеј

да се вратат дома. А нејзините кутри родители, премалени од големата


несреќа, се затвориле дома, во длабока темница и вечна ноќ.
Психа за тоа време, уплашена и треперејќи од страв, плачела на
врвот на планината. Тогаш, нежниот здив на Зефирот, тивко пиркајќи,
го поткренал работ на нејзиниот фустан, ги надул полите и со одвај
усетно движење почнал полека да ја подига, ја пренел така преку
бездната на високата карпа и ја спуштил во нејзиното подножје, во
долината – положувајќи ја нежно во пазувите на расцветаната ливада.
Метаморфози или Златното магаре 83

КНИГА V
1. На тие зелени и меки ливади, легната на постела од густа росна
трева, Психа се успокоила од силните возбудувања и слатко заспала.
Кога сонот веќе доволно ја закрепнал, таа станала со спокој во душата.
Здогледала една шумичка со густи и вити дрвја и среде неа забележала
едно изворче чијашто вода била побистра и од стакло. Покрај самиот
извор се наоѓал дворец, изграден не со човечка рака, туку со божја
вештина. Уште на самиот влез се гледало дека се наоѓаш пред блескаво
и пријатно престојувалиште на некој бог. Таванот бил изработен од
лимоново дрво и од слонова коска, се потпирал врз златни столбови,
а ѕидовите биле покриени со сребрени релјефи на кои биле изрезба-
ни разни ѕверови и животни кои како да го пресретнувале оној што
влегувал внатре. Оној што со толкава уметничка дарба го преобразил
среброто во животни мора да бил необичен човек или голем уметник,
а можеби бил полубог или дури и бог. И подот бил украсен со мно-
губројни скапоцени камења изрежани како слики. Среќни, веројатно
многу среќни, се оние што газат по скапоцени камења и бисери.
И другите простории во овој дворец што се простирал надалеку
и во широчина и во длабочина биле со непроценлива вредност: ѕидо-
вите направени од масивно злато блескале со свој сопствен сјај, така
што дворецот самиот си правел ден и кога сонцето не го сакало тоа.
Толку многу блескале и собите и влезот и самата врата! Мебелот бил
соодветен на величествениот изглед на куќата, па сè заедно изгледа-
ло како да е небесен дворец направен за големиот Јупитер – кога тој
престојува меѓу луѓето.
2. Привлечена од убавината на ова место, Психа се приближила и
дури се осмелила да го пречекори прагот. Совладана од љубопитството,
таа почнала да го разгледува секој агол и на другата страна од згра-
дата здогледала прекрасно изработени ковчези преполни со невидени
84 Апулеј

азна. Нема ништо на светов што таму не можело да се најде. Она што
било уште понеобично и што зачудувало повеќе и од самите азна е
тоа што сето ова не било обезбедено со никаков синџир или катанец
ниту, пак, го чувал некој. Додека со чудење го набљудувала сето тоа,
до неа допрел некој глас, а во собата немало никој:
„Зошто, господарке, се чудиш на ова богатство? Па сето ова е
твое. Влези си во собава, одмори се на постелата или оди освежи се
ако сакаш во бањата. Ние, пак, чиишто гласови ги слушаш, сме твои
робинки и вредно ќе ти служиме. Кога ќе завршиш со нега на телото,
ќе те чека кралска трпеза“.
3. Психа го почувствувала блаженството на божјото покровител-
ство. Го послушала бестелесниот глас, па најнапред со сон, а потоа и
со капење се ослободила од заморот во нејзиното тело. Потоа видела
една полукружна маса137 и, бидејќи на неа имало поставено прибор за
јадење, помислила дека е тоа за неа, па весело седнала крај неа. Истиот
миг на масата се нашле вино вкусно како нектар и тасови преполни со
јадења и повторно немало никој, туку како да ги донел некој дух. Таа
не можела да види никого, но слушала одделни зборови, а за слугинки
имала само гласови.
По богатата вечера во собата влегол некој, исто така невидлив,
но можело да се слушне дека пее, а некој друг, пак, дека свири на
невидлива китра. Потоа до ушите й допрело хармонично пеење од
многу гласови, како да пеел некој хор, иако сè уште не се појавил
ниту еден човек138.
4. Кога завршила сета таа забава, Психа почувствувала сонливост
и отишла на спиење. Доцна во ноќта до неа допрел некој нежен глас.
Така осамена, Психа се уплашила за својата девственост и стрепела
од некаква несреќа, дотолку повеќе што й била сосема непозната.
А еве, непознатиот сопруг веќе бил кај неа, се качил на постелата, ја
направил своја сопруга и пред изгревот на сонцето бргу си заминал.
137
Во оригиналот: suggestus – вид на трпезариска маса. Во царскиот период изгледот на
трпезаријата се изменил, па наместо триклиниум (правоаголна маса и три легла околу
неа), се правел полукружен диван и полукружна, елипсовидна или тркалезна маса пред
него. Ваквата маса заедно со леглото Апулеј ја нарекува suggestus.
138
Во изворниот латински текст постои рима, или поточно ритам во овој дел од реченицата,
којшто, за жал, во преводот не може да се долови: „quamvis hominum nemo pareret, chorus
tamen esse pateret“.
Метаморфози или Златното магаре 85

Гласовите кои се наоѓале тука, околу брачната ложа, се погрижиле


околу невестата, чија девственост била жртвувана. И тоа се случувало
така подолго време. Како што е сосема природно, оваа непозната работа
поради навиката нејзе й станала пријатна, додека звукот на непознатиот
глас й станал утеха во самотијата.
Во меѓувреме, родителите на Психа старееле од непрестајно
тагување и жалост. Гласот за ова се пронел на далеку, па кога го
слушнале и постарите сестри на Психа, веднаш загрижени и тажни
ги напуштиле своите домови и побрзале да ги видат своите родители
и да поразговараат со нив.
5. Истата ноќ сопругот на Психа почнал вака да й зборува (рацете
можеле да го допрат, ушите можеле да го чујат, но таа не можела да
го види):
„Мила Психо, драга моја сопруго, суровата Судбина ти се зака-
нува со грозна смрт и ти советувам добро да се чуваш. Твоите сестри,
коишто мислат дека си мртва, многу возбудени те бараат и наскоро
ќе дојдат до оваа карпа. Ако случајно ги слушнеш како гласно тажат,
немој да им одговараш и немој да погледнуваш угоре, зашто инаку
мене ќе ми нанесеш многу голема болка, а за себе ќе предизвикаш
страшна несреќа“.
Психа се согласила и му ветила дека ќе постапи онака како што тој
бара од неа. Но, кога тој си заминал заедно со ноќта, таа целиот ден го
поминала во плачење. Се удирала во градите и постојано повторувала
дека дури сега е изгубена, кога затворена во оваа раскошна зандана и
лишена од каков било разговор со луѓето, не може да им помогне на
своите сестри, ниту може да ги утеши, ниту пак воопшто да ги види.
Не й било ниту до капење, ниту до јадење, ниту до што било што дава
сила. Горко плачејќи, отишла на спиење.
6. Наскоро, кога дошол нејзиниот сопруг, порано отколку вооби-
чаено, легнал покрај неа, ја гушнал така расплакана и почнал да ја
кори со овие зборови:
„Вака ли го исполнуваш даденото ветување, Психо? Што да оче-
кувам од тебе јас, твојот маж? На што да се надевам? Ни дење ни ноќе
не престануваш да се мачиш и да страдаш. Ајде, тогаш, направи како
што сакаш и покори им се на желбите на твоето срце, иако со тоа си ја
повикуваш својата гибел! На моите предупредувања ќе се сетиш дури
тогаш кога ќе почнеш да се каеш, но тогаш ќе биде доцна!“
86 Апулеј

Така таа, со молби и сo закани дека ќе умре, успеала да изнуди


од својот сопруг дозвола да се види со своите сестри, да ја ублажи
нивната болка и да поразговара со нив. Тој се согласил со молбите на
младата невеста, а покрај тоа й дозволил да им подари злато и накит
онолку колку што сакаат, но постојано ја предупредувал и ја запла-
шувал, во никој случај да не се поведува по советот на своите сестри
и да почне да се распрашува за ликот на својот маж, затоа што поради
љубопитноста може да се стрмоглави од врвот на својата голема среќа
и засекогаш да ја изгуби неговата прегратка.
Психа му се заблагодарила на сопругот и веќе повесела рекла:
„Стопати повеќе би сакала да умрам отколку да останам без твоите
слатки милувања! Безумно многу те љубам, кој и да си, те љубам како
сопствениот живот и ниту самиот Купидон не може да се спореди со
тебе! Исполни ми ја, те молам, само уште оваа желба: нареди му на
твојот слуга Зефир, моите сестри да ги пренесе и да ги донесе овде по
истиот пат“. – па го бакнала заводнички, опивајќи го со нежни зборови,
а гушкајќи го и милувајќи го, ги додала овие зборови:
„Мил мој, мажу мој, ти слатка душо на твојата Психа!“
И нејзиниот маж й подлегнал на моќта на љубовниот шепот, па
й ветил дека ќе направи сè и, бидејќи се ближел денот, исчезнал од
нејзините раце.
7. Сестрите на Психа се распрашале за карпата и за местото на
кое била оставена нивната сестра, па бргу отишле таму и почнале да
леат солзи и да се удираат в гради, а карпите почнале да одекнуваат
од нивното редење. Ја довикувале по име нивната несреќна сестра, сè
додека Психа – избезумена и растреперена од тажните гласови – не
истрчала од куќата и не им рекла:
„Зошто, без причина, се отепувате од тажни редења? Еве, тука сум
јас, таа што ја оплакувате! Престанете со лелекање и избришете ги
веќе еднаш солзите од образите, затоа што ќе можете да ја прегрнете
онаа што ја оплакувате“.
Тогаш го повикала Зефир и го потсетила на заповедта што му ја
дал нејзиниот маж. Зефир веднаш се покорил на заповедта и со својот
нежен здив безбедно ги пренел сестрите долу. Тие радосни почнале
да се гушкаат и бргу да се бакнуваат, а стивнатите солзи повторно им
навреле, но овој пат измамени од радост.
„Влезете весели во мојот дом“ – им рекла Психа. „Успокојте ги
своите растревожени души покрај вашата Психа.“
Метаморфози или Златното магаре 87

8. Откако им го рекла тоа, им ги покажала богатствата на златниот


дворец и им го претставила многубројниот хор од гласови на нејзината
послуга. Потоа ги повела во прекрасната бања да се искапат и да си ја
повратат силата, па ги послужила со раскошна гозба на трпезата достојна
за богови, така што нејзините сестри заситени со неизмерното изобилие
на небесните блага, длабоко во срцето почнале да чувствуваат завист.
Покрај тоа, едната од нив не престанувала дрско и љубопитно да се
распрашува кој е господарот на сите тие богатства и кој е и каков е
нејзиниот маж. Но, Психа не сакала да ја прекрши заповедта на својот
маж и да ја издаде тајната на нејзиното срце, па в мигот измислила дека
тоа е еден прекрасен млад човек, кому што меката брада штотуку му
ги прекрила образите и којшто везден е зафатен со лов по планините
и полињата. За да не се случи во разговорот да ја издаде својата тајна
и да го прекрши ветувањето, таа ги опсипала со подароци од злато и
со накит, веднаш го повикала Зефир и му наредила да ги врати назад.
9. На пат кон дома нејзините „добри“ сестри, веќе запалени од
завист и горејќи во својот јад, жестоко се расправале меѓу себе. Нај-
после, едната од нив, вака проговорила:
„Ех, слепа, немилосрдна и неправедна ли си Судбино139! Зар е во
ред, ние – сестри родени од исти родители – да имаме толку различни
судбини? Ние – постарите сестри, дадени сме им на сопрузи – дојденци,
како робинки, одвоени од родната грутка и од татковината, живееме
далеку од родителите како во прогонство! А, пак, оваа најмладата,
последна рожба од мајчината истрошена уторба, поседува толкави
богатства и има бог за сопруг, иако не знае дури ни да го ползува како
што треба сето тоа богатство! Виде ли, сестро, колку и каков сè накит
има во својата куќа, какви блескави фустани носи и како блескаат
скапоцените камења, а да не зборувам за златото по коешто се гази на
сите страни? Ако и сопругот й е толку убав, како што вели, тогаш на
светов нема посреќна жена од неа. А можеби, кога уште повеќе ќе се
зближат и кога уште повеќе ќе ја засака, и неа ќе ја направи божица.
Да, според тоа како се однесуваше и како се држеше таа, жими бога,
така и ќе биде! Веќе гледа од високо и се однесува како божица, штом
има гласови за слуги и штом и на ветровите им заповеда. А јас, кутрата,
имам маж постар и од нашиот татко, поќелав и од тиква, поситен од
139
На лат. Fortuna – божица на судбината и покровителка на градовите. Нејзиниот култ
бил особено распространет во Тесалија. Често била претставувана врз кормилата на
бродовите (од каде што управувала со човечките животи).
88 Апулеј

некое дете, маж којшто својата куќа ја држи затворена со синџири и


катинари“.
10. Другата потфатила:
,Јас, пак, за маж добив човек кого што го мачи костоболка, којшто
од неа и се искриви целиот, па затоа и многу ретко одговара на мојата
љубовна страст. Везден морам да му ги тријам искривените и вкочанети
прсти, да ги горам моите нежни раце со смрдливи облози, со гнасни
крпи и со застојани мелеми. Јас веќе не личам на венчана сопруга, туку
на најмена болногледачка. А изгледа дека и ти сестро – ќе го кажам
отворено она што го мислам – трпеливо или, поскоро, ропски го трпиш
истото тоа. Но, јас не можам веќе да поднесам што таква среќа й при-
падна на најнедостојната. Спомни си само како горделиво и надмено
се однесуваше кон нас, како со прекумерна дарежливост ја покажа
својата надменост и како од сето тоа силно богатство ни ја потфрли
оваа ситнурија, па веднаш им нареди на ветровите со дување да нè
растераат, затоа што нашето присуство й беше здодевно. Да не бидам
јас жена и да не бидам жива ако не ја лишам од толкавата среќа! Ако
и тебе волку те вознемири несреќата што ни е нанесена, како што би
требало да ти биде, тогаш заедно да побараме некој начин и решително
да постапиме. Подароците што ги носиме да не им ги покажуваме ниту
на нашите родители, ниту на кој било друг, и воопшто да не кажуваме
дека знаеме нешто за нејзиниот спас. Доволно е што ние го видовме сето
тоа за кое сега се каеме што сме го виделе и не треба радосната вест
за нејзината среќа да ја разгласиме кај родителите и низ целиот народ.
А оние за чиешто богатство никој не знае, исто како да не се богати.
Ќе види таа дека ние не сме нејзини слугинки, туку постари сестри.
А сега, да им се вратиме на нашите мажи и на нашите скромни140 но
чесни домови, па мирно да размислиме за сè и ќе се вратиме со план,
цврсто решени да ја казниме нејзината горделивост“.
11. Двете злобни сестри се согласиле дека нивниот опачен план е
добар. Ги сокриле скапоцените подароци, почнале да ги кубат косите,
да си ги грдат лицата – како и што заслужувале – и повторно почнале
да леат лажни солзи. Со тоа ја разбудиле и тагата на своите родители,
кои ја изгубиле секоја надеж, па обземени од студено безумие се упа-
140
Овде очигледно станува збор за претерување на завидливите сестри, зашто во книга
IV, глава 32. се кажува дека тие биле мажени за сопрузи од царски род и обете живееле
во среќен брак.
Метаморфози или Златното магаре 89

тиле во своите домови, каде што на својата невина сестра й сковале


план за злобна измама рамна на сестроубиство.
Во меѓувреме, во своите вообичаени ноќни разговори, сопругот
кого Психа и не го познавала, повторно ја предупредил:
„Гледаш ли колкава опасност ти се заканува? Судбината ти се
заканува од далеку и ако не се чуваш добро, набргу ќе те удри и од
близу. Препредени како волчици, твоите сестри со сите сили ти под-
готвуваат големи и кобни замки. Најопасна од нив е нивната главна
цел: да те натераат да го видиш мојот лик. А јас веќе те предупредив
дека ако еднаш го видиш, нема веќе никогаш повторно да го видиш141.
Ако овие Ламии дојдат повторно оваа година, вооружени со своите
зли намери – а јас сум сигурен дека така ќе биде – не впуштај се со
нив во никаков разговор. Ако пак не можеш, поради својата вродена
наивност и меко срце, тогаш подобро не слушај и не одговарај ништо
за својот маж. Нашето семејство набргу ќе се зголеми, твојата утроба
што до скоро беше утроба на дете, сега носи наше дете, божјо – ако
успееш со молчење да ја зачуваш нашата тајна, или смртно – ако ја
разоткриеш“.
12. На оваа вест Психа расцути од радост и плесна со рацете поради
утешната мисла дека ќе роди бог, заблеска од помислата на идниот
залог на нивната љубов и почувствува среќа поради достоинството што
ќе й го даде името мајка. Нестрпливо ги броеше деновите што доаѓаа
и месеците што минуваа и неискусна се чудеше на бремето што го
носеше и се восхитуваше на утробата што толку бргу й растеше.
Но, нејзините сестри, тие гнасни и пеколни Фурии коишто изди-
шуваа отров, веќе пловеле и брзале кон неа со безбожна брзина. Тогаш
сопругот, којшто само одвреме-навреме се појавувал, ја опоменал
својата Психа:
„Наближуваат веќе последниот ден и големата опасност. Крвниот
непријател од твојот род веќе го зел оружјето в раце, ја повел војската и
го построил бојниот ред, а одекнал и повикот за бој: твоите богохулни
сестри веќе го исукале мечот и го впериле кон твоето грло! Ах, мила
моја Психо, колкава опасност се надвиснува над нас! Имај милост и
за себе и за мене и со умна воздржаност избави ги твојот дом, твојот
маж и нашата мала рожба од несреќата и гибелта што ни претстои.
141
И овде во латинскиот оригинал постои рима на двата облика на глаголот video –
„гледам“: „non videbis, si videris“.
90 Апулеј

Кога бреговите ќе почнат да одѕвонуваат од нивните кобни гласови


како од гласовите на Сирените142 кога се на врвот на карпата, ти не
треба ниту да ги гледаш, ниту да ги слушаш, ниту пак да ги нареку-
ваш сестри тие злобни жени поради нивната смртна омраза кон тебе
и поради погазените крвни врски“.
13. Психа му одговорила, а гласот често й потреперувал од пла-
чење и од липање:
„Уште одамна, како што мислам, можеше да се увериш во мојата
верност и во воздржаноста во зборувањето, а сега ќе можеш да се
увериш и во цврстината на мојот карактер. Ти само заповедај му на
нашиот Зефир уште еднаш да си ја изврши задачата и дозволи ми,
место твоето лице кое не смеам да го видам, да ги видам барем моите
сестри. Те преколнувам во твоите мирисни кадрици што ти паѓаат
околу челото, во твоите нежни и тркалезни образи што личат на моите,
во овие гради во коишто гори некој непознат пламен, во желбата да го
препознаам твојот лик барем во ова детуле: дозволи й на жената која
те преколнува и те моли да ужива во сестринската прегратка и да ја
развесели со радост душата на само тебе верната Психа. Нема да барам
повеќе да дознаам што и да е за твојот лик, нема да ми пречи ноќната
темнина, само ако те имам тебе – светлино моја!“
Маѓепсан од овие зборови и од нежните прегратки, сопругот й
ги избришал солзите со својата коса и й ветил дека ќе й ја исполни
желбата, па заминал пред да се раздени новиот ден.
14. Нејзините сестри, поврзани со нивниот заговор, слегле од
бродот, па дури и без да ги видат родителите поитале кон познатата
карпа и пред да го дочекаат ветрот кој требало да ги однесе, со безумна
храброст скокнале во бездната. Во меѓувреме Зефир, спомнувајќи си
за заповедта од господарот, иако против своја волја, ги прифатил на
крилото на својот здив и ги спуштил на земјата. Тие веднаш, без дво-
умење, влегле во дворецот, ја прегрнале својата жртва и, криејќи цело
азно измами зад сестринското љубезно лице, вака й се умилкувале:
„Психа, ти не си веќе малечка како порано, наскоро и самата ќе
станеш мајка. Знаеш ли колкава радост ни носиш со тоа мало тело?
Колку ќе го израдуваш целото наше семејство? Ох, колку сме среќни
142
Споредбата со Сирените е многу умесна, бидејќи – според преданието – тие седеле на
еден остров во Јужна Италија и со своите песни ги мамеле морнарите, чиишто чунови
се разбивале од брегот на островот.
Метаморфози или Златното магаре 91

што ќе го одгледуваме тоа златно дете! Ако по убавина биде слично


на своите родители, тогаш ти ќе родиш вистински Купидон!“
15. Така тие, со притворна љубезност, постепено го придобиле
сестриното срце.
Таа веднаш им понудила столчиња да седнат и да се одморат од
патувањето, ги одвела во бањата и ги угостила во онаа прекрасна тр-
пезарија со одбрани јадења и со богати и необични закуски. Повелала
да засвири китара – таа засвирела, наредила да запее хорот – и тој се
огласил. Не се гледал никој, а сите тие најмилозвучни мелодии им ги
милувале душите.
Но, злобата на овие лоши жени не се успокоила дури и од нежната
милозвучност на песната, обете постојано го насочувале разговорот
кон мамката што й ја подготвиле: ја распрашувале каков е нејзиниот
сопруг, од какво семејство е, од која средина доаѓа. Психа од преголема
наивност заборавила што им беше кажала порано, па почнала да изми-
слува дека тој е од соседната провинција, дека тргува на големо, дека
е на средна возраст и со проседа коса. Но, набргу го привршиле овој
разговор и повторно ги дарувала со скапоцени дарови, па ги предала
на колесницата на Зефир.
16. Кога Зефир ги одвел и тие се нашле дома, почнале ваков
разговор:
„Што велиш, сестро, за страшните лаги на оваа глупачка? Оној
пат мажот й беше момче на кое штотуку му никнала брада, а сега е
средовечен човек со бела коса! Кој е тој што за толку кусо време се
претвора од момче во старец? Ова не може да се објасни никако поина-
ку – оваа несреќница или измислува лаги или и самата не го познава
својот маж. Што и да е вистината, таа треба што побргу да го изгуби
сето тоа богатство. Ако не го познава лицето на својот маж, тогаш таа
се омажила за бог и во утробата носи повторно бог143! Ако пак таа, не
дај боже, навистина стане мајка на божјо дете, јас веднаш ќе се обесам!
Сега, ајде да се вратиме кај родителите и да смислиме некоја лага што
најмногу ќе одговара на нашиот скован заговор за Психа“.
17. Во таква треска, одвај и проговориле со родителите, а целата
ноќ ги мачела несоница. Утрото, не можејќи веќе да се совладаат, по-
летале кон карпата и таму со познатата помош на ветрот се спуштиле
143
Според древната грчко-римска митологија, кога некој бог се соединувал со смртна
жена, најчесто го криел својот вистински лик.
92 Апулеј

долу. Триејќи ги очните капаци со сила, си предизвикале солзи и со


вакво лукавство почнале да й зборуваат на сестра си:
„Ти си среќна и блажена и спокојно си седиш не знаејќи за голе-
мото зло што ти се заканува, а нас – коишто бдееме над твојата среќа
– силно нè мачи твојата несреќа. Она што го разбравме, како твои
сопатнички во болката и неволјата, не можеме да не го споделиме со
тебе: една страшна змија, извиена во многубројни кругови, со врат
подуен од отров и со челуст зината како бездна144 секоја ноќ кришум
лежи покрај тебе. Еве, спомни си на питиското пророштво145 дека ти е
судено да станеш невеста на страшно чудовиште! Навистина, повеќе-
мина селани и ловџии коишто ловат овде во близина, па и жители на
овој крај го виделе навечер како се враќа од пасење и како плива во
водите на блиската река.
18. Сите велат дека нема уште долго да те гоштева со вчудовиду-
вачки јадења, туку дека заедно со плодот што го носиш под срцето ќе
те проголта штом тој ќе созрее во твојата утроба. Ти треба да решиш
дали ќе ги послушаш сестрите загрижени за твојот спас и ќе ја избег-
неш смртта за да живееш со нас, не плашејќи се од никаква опасност
или, пак, ќе го најдеш својот гроб во утробата на тоа чудовиште. Но,
ако тебе ти се допаѓаат самотијата на едно село населено со гласови
и смрдливите и гнасни нежности на тајната љубов со една отровна
змија, тогаш ние, грижливите сестри, барем си ја извршивме нашата
должност“.
Од овие злокобни зборови лековерната и нежна душа на кутрата
Психа ја обземал страв. Сета избезумена заборавила на советите од маж
й и на своите ветувања, па се фрлила во бездната на несреќата. Трепе-
рејќи и без капка крв во лицето, бледа како самата смрт, со одвај чуен
и испрекинат шепот им прозборела на сестрите со овие зборови:
144
Сестрите не случајно ја употребиле оваа измама. Имено, легендите за девојки
коишто според пророштво требало да станат жени на некое чудовиште, биле широко
распространти (на пример, митот за Андромеда).
145
Питиско пророштво (лат. sors Pythica) е, всушност, пророштво на Делфиското пророчиште
на богот Аполон. Оваа придавка е образувана од старото име на областа Фокида, во
којашто се наоѓал Делфи – Пито. Свештеничката на Аполон, пак, се викала Питија.
Иако претскажувањето за несреќната судбина на Психа ја дал Аполон Дидимски, преку
своето пророчиште во Милет (види бел. 134. во кн. IV), сестрите овде се повикуваат на
Питија, веројатно затоа што ова пророчиште било попознато, а тие сакале да му дадат
тежина на своето тврдење.
Метаморфози или Златното магаре 93

19. „Вие, драги мои сестри, како што е ред, ми давате нов доказ за
својата сестринска љубов. Изгледа дека оние што ви ги кажале овие
работи не ги измислуваат. Јас никогаш досега не сум го видела ликот на
мојот маж и не знам од каде е тој, само ноќе го слушам неговиот глас,
а треба да трпам што тој постојано бега од светлината. Изгледа дека
е вистина ова што велите дека тој е некој ѕвер. Постојано ме одвраќа
од мојата желба да го видам и ме заплашува со голема несреќа ако
бидам љубопитна да го запознаам неговиот лик. Ако можете некако
да й помогнете на вашата сестра која е во опасност, помогнете ми
веднаш, бидејќи ако сега бидете невнимателни, сета добрина што ми
ја направивте со вашата грижа ќе изгуби вредност“.
Злобните жени, гледајќи дека срцето на нивната сестра е незаш-
титено и со отворени врати, ги напуштиле претворните сплетки и со
исуканите мечови на својата измама се нафрлиле врз плашливите
мисли на лековерната девојка.
20. Едната од нив почнала вака:
„Бидејќи крвната врска нè обврзува да ја пренебрегнеме секоја
опасност во име на твојот спас, ќе ти го покажеме патот за којшто
долго и долго размислувавме и којшто е единствениот што води до
твоето спасение. Земи еден нож, добро наострен од двете страни, по-
мини со него неколку пати по дланката за да провериш дали е остар
и добро сокриј го на онаа страна од постелата на којашто ти обично
спиеш, потоа земи една мала лампа наполнета со масло за да свети
што посилно и покриј ја со некое грне. Сиве овие подготовки чувај
ги во најстрога тајност. Кога мажот ти, влечејќи се како змија, ќе се
качи како и обично на постелата, ќе се испружи и ќе почне длабоко да
дише занесен од првиот сон, ти босонога и на врв на прстите слези од
постелата и полека извади ја светилката од нејзиното тајно сокровиште.
Така, искористи ја помошта на светлината и одбери поволен миг за
својот подвиг: подигни ја високо десната рака, па со сета сила пресечи
ја со она двострано оружје врската меѓу вратот и главата на опасната
змија. Нема да изостане ни нашата помош веднаш штом ќе се избавиш
со неговата смрт. Ние ќе чекаме, исполнети со неспокојство и веднаш
ќе дотрчаме, ќе ги земеме заедно со тебе и сите овие скапоцености, па
ќе те омажиме како што прилега – во брак на човек со човек“.
21. Со овие зборови й ја разгореле душата на својата сестра која и
без тоа горела и веднаш во страв се повлекле од местото на кое ќе се
94 Апулеј

случи таква несреќа. Ветрот, како и секогаш, ги подигнал на карпата,


а тие бргу се дале во бегство – се качиле на кораб и отпловиле.
Психа останала сама, иако не може да се рече „сама“ кога била
прогонувана од страшните Фурии146, и во својата тага се вознемирила
и личела на разбранувано море. Иако веќе била цврсто решена и не-
поколеблива во душата, сепак во мигот на извршување на злосторот
се поколебала – раскинувана во својата несреќа и нерешителност
од различни чувства: нетрпение и нерешителност, храброст и страв,
сомнеж и гнев, а што е уште полошо – во истото суштество го мразела
животното, а го љубела мажот. Кога вечерта ја донела по себе ноќта,
таа бргу-бргу почнала да го подготвува сето она што било потребно за
извршување на безбожниот злостор. Кога паднала ноќ, пристигнал и
нејзиниот сопруг и по љубовната битка заспал со длабок сон.
22. Тогаш Психа, којашто инаку била слаба и со тело и со дух,
помогната од судбината добила сила, ја побарала светилката, го граб-
нала ножот, а смелоста од неа направила маж.
Но, штом ја доближила светилката, й се открила тајната на нејзи-
ната постела: место некое диво животно, таа го здогледала најмилото
и најубавото суштество – самиот Купидон, преубавиот бог како лежи
во неа. Здогледувајќи го, дури и светлината од ламбата весело заиграла,
а острицата на ножот од жал заблескала посилно.
Психа, уплашена од оваа глетка, не можела да се соземе – из-
немоштена и пребледена паднала на колена, па се прашувала каде
да го скрие ножот, ако не во своите гради. Така и ќе направела, но
ножот – уплашен пред толкавото злосторство – й се лизнал од рацете
растреперени од страв. Иако исцрпена и изнемоштена, таа набргу се
повратила, откако неколку пати се загледала во убавината на божест-
вениот лик. Ја гледала прекрасната коса на златната глава, која се
капела во амброзија147, го гледала вратот бел како млеко и розовите
образи преку кои паѓале нежно извитканите кадрици – едни напред на
градите, а други на рамениците. Од нивниот силен блесок почнала да
бледнее и светлината на светилката. На рамениците на крилестиот бог
се прелевал сјајот на росното перје, и иако крилјата биле во мирување,
меките и нежни пердуви по нив потреперувале и немирно се лелееле.
146
Фуриите овде ја симболизираат душевната болка што ја избезумувала Психа.
Амброзија, според Хомер, била храната на боговите. Во времето на Апулеј значењето
147

на овој збор се изменило и со него се нарекувала напивката што дава бесмртност или
течност со пријатен мирис – со која се мачкале боговите за да се разубават.
Метаморфози или Златното магаре 95

Другите делови на телото биле толку мазни и сјајни што Венера не


морала да се срами што го родила.
Пред креветот лежело немилосрдното оружје на големиот бог –
неговиот лак и торбичката со стрели.
23. Психа не можела да ја задоволи својата љубопитност: го на-
бљудувала, го допирала и се восхитувала на оружјето на својот маж,
па од торбичката извадила една стрела. И кога сакала да ја испроба
острицата на нејзиниот врв, го притиснала посилно својот палец што
сè уште треперел и се боцнала длабоко, така што кожата се оросила
со капки румена крв. Така Психа, и не знаејќи, се вљубила во самиот
Амор, богот на љубовта. Додека во неа се разгорувала љубовта спрема
Купидон, таа исполнета со страст се наведнала над него и почнала
страсно да го љуби со ненаситни и пожелни бакнежи, плашејќи се да
не го разбуди. Додека таа, пијана од среќа и со ранета душа, нереши-
телна стоела над него, светилката – не знам дали од подмолност или од
завист, дали пак затоа што и самата сакала да го допре тоа прекрасно
тело или затоа што посакувала да го бакне – испуштила една капка од
жешкото масло на десното рамо на богот. Еј, дрска и смела светилко, ти
неверна слугинке на љубовта! Зар се осмелуваш да го изгориш самиот
господар на сите огнови? Зар не се сеќаваш дека прв те пронајде еден
љубовник којшто сакаше што подолго, па и ноќе, да се насладува на
предметот на својата љубов?
Изгорен така, богот скокнал од сонот, видел дека Психа го прекр-
шила даденото ветување, се оттргнал од нејзините бакнежи и од
прегратките на несреќната жена, па без зборови одлетал. Во мигот кога
тој се кревал од земјата, кутрата Психа – сакајќи да се крене заедно
со него во облаците, се фатила со двете раце за неговата десна нога,
но бидејќи била уморна, брзо паднала на земја.
24. Божествениот љубовник ја оставил Психа да лежи на земјата,
се спуштил на блискиот чемпрес и од неговиот висок врв, видливо
возбуден й се обратил со овие зборови:
„Лековерна моја Психо, ги занемарив наредбите на мајка ми Ве-
нера, која ми заповеда да те направам робинка на љубовта кон еден
беден човек од најдолен род и да те направам жена на толку недостојно
суштество. Слетав кај тебе да бидам твој љубовник! Тоа го сторив
непромислено, знам, и јас – славниот стрелец се ранив самиот себе со
стрела и те зедов за жена само за да ме сметаш за животно и за да ми ја
отсечеш главата која ги носи очите што те обожаваат! Затоа постојано
96 Апулеј

ти говорев да се чуваш и те предупредував со најдобра намера. Но,


твоите советнички бргу ќе ми платат за кобниот совет со кој те поучија;
а тебе ќе те казнам само со тоа што ќе избегам од тебе“.
Штом го рекол ова, тој со крилјата се вивнал во височините.
25. Психа, лежејќи на земјата, го набљудувала летот на својот маж
сè додека можела да го следи со поглед, а душата й ја измачувал очај-
нички плач. Но, кога нејзиниот маж носен од своите крилја се изгубил
во бескрајниот простор, таа од брегот на блиската река се фрлила во
водата. Но добрата река, можеби од почит кон богот којшто може да ја
запали и водата148 или од страв за себе, веднаш ја прифатила со своите
бранови и ја пренела на брег обраснат во цвеќиња и билки.
Токму тогаш селскиот бог Пан149 случајно си седел крај брегот на
реката, ја гушкал планинската божица Ехо150 и ја учел да повторува
различни мелодии. Блиску до брегот, расфрлени овде-онде си паселе
неговите кози, играјќи си и брстејќи лисје покрај реката.
Знаејќи за нејзината несреќа, богот со козјите нозе ја повикал
ранетата и изнемоштена Психа кај себе, па почнал да ја теши со овие
благи зборови:
„Драго мое дете, јас сум само обичен селанец и овчар, но сепак
– благодарејќи на мојата длабока старост, имам преживеано многуб-
ројни искуства. Ако е оправдано ова мое чувство, што мудрите луѓе
го викаат претчувство, тогаш според твојот несигурен чекор, според
честото поклекнување, според бледилото на твоето лице и постојаните
воздишки, според очите без сјај, гледам дека страдаш од преголема
љубов. Послушај ме тогаш и не обидувај се повеќе да си го одземеш
животот скокајќи во бездна или на кој и да е друг начин. Престани да
жалиш, остави ја тагата и подобро помоли му се на Купидон, најголе-
миот меѓу боговите. Обиди се со ласкава преданост да ја придобиеш
наклоноста на тој разгален и распуштен младич“.
26. Психа не одговорила ништо на овие зборови на богот на овча-
рите, туку само му се помолила и си го продолжила патот. Откако со
голем напор изминала долг пат, пред крај на денот, по некоја непозната
патека пристигнала во еден град, во којшто владеел сопругот на една
148
Речните божества не биле отпорни на стрелите на Амор.
149
Пан е бог на шумите и ливадите, заштитник на овчарите, риболовците и ловџиите. На
претставите тој има козји копита, брада, рогови и опашка. Како и овчарите, свирел на
сиринкс, а често во шумите ги пресретнувал патниците и ги заплашувал.
150
Ехо – планинска нимфа. Персонификација на одекот во планините.
Метаморфози или Златното магаре 97

од нејзините сестри. Кога дознала за тоа, Психа побарала да й јават


на сестра й дека стигнала. Ја одвеле веднаш кај сестра й и, откако
се изгушкале и се поздравиле, запрашана за причината на нејзината
посета, таа одговорила:
„Се сеќаваш на советот што ми го дадовте – со нож со две острици
да го убијам чудовиштето кое под лажното име на сопруг ги минува
ноќите крај мене, пред тоа да ме проголта мене кутрата со неговата
ненаситна челуст. Но, веднаш штом на светлината на ламбата, како
што се бевме договориле, му го погледнав лицето – видов чудесна и
божествена глетка: самиот син на божицата Венера, самиот Купидон
велам, си заспал со спокоен сон. Додека јас, збунета од глетката на
преголема убавина и обземена од прекумерна страст, страдав што не
можам да се насладувам со него, светилката, по некој несреќен случај,
прсна капка од жешкото масло на неговото рамо. Тој веднаш се разбуди
од болката и кога ме виде со нож и светилка во рацете, ми рече:
‘Заради ова толку страшно злосторство веднаш напушти ја мојата
постела и земи си сè што е твое151, а јас ќе ја земам твојата сестра – го
изговори твоето име – ,за моја законска жена.152‘ Потоа му нареди на
Зефир со својот здив да ме издува надвор од неговата куќа“.
27. Психа уште не се докажала, а сестра й, водена од безумна страст
и подмолна завист, измислила некоја приказна за да го измами мажот
си дека дознала нешто за смртта на своите родители, па веднаш се
качила на брод и побрзала кон онаа пештера. Иако тогаш дувал друг
ветар, таа, заслепена од надеж, велела:
„Прими ја, Купидоне, невестата достојна за тебе, а ти Зефире, при-
фати ја својата господарка!“ – и скокнала стрмоглаво во провалијата.
Но, дури ни мртва не можела да стигне на она место: нејзиното
тело се разбило од карпите и неговите делови се распрснале на сите
страни. И како што си заслужила, нејзиното распарчено тело им станало
храна на грабливите птици и ѕверови.
151
Вообичаена формула при развод на брак: „tibi res tuas habeto“. Според римското
право, со работите (имотот) на сопругата (res uxoriae) располагал сопругот, но во случај
на развод тој й ги враќал.
152
Во оригиналот: confarreatis nuptiis – confarreatio бил најсветиот и најстариот од трите
облици на брачна заедница кај Римјаните, односно, законски брак склопен пред врховен
свештеник и со принесување жртва според религиозните обичаи. Името го добил по
„пченичниот леб“ – (panis farreus), што се принесувал во оваа пригода. Во времето на
Апулеј, овој вид брак бил анахронизам, односно, бил „излезен од употреба“.
98 Апулеј

Не поминало долго време, а одмаздата ја стигнала и другата сестра.


Психа, скитајќи, пристигнала во градот во кој живеела и царувала
нејзината друга сестра. И таа, исто така измамена од лукавството
на својата сестра, сакајќи да ја замени Психа во престапнички брак,
поитала кон карпата и загинала со слична смрт.
28. Додека Психа талкала од место до место, барајќи го Купидон,
тој лежел во одајата на мајка си, боледувал од раната што му ја нанела
светилката и воздивнувал. Тогаш еден снежнобел галеб, кој на своите
крилја пловел на морските бранови, бргу се нурнал во длабоките ску-
тови на Океанот. Таму ја нашол Венера како се капе и плива, застанал
крај неа и й раскажал дека нејзиниот син се изгорел, оти тешката рана
му причинува голема болка, дека лежи в постела и ја губи надежта оти
ќе оздрави. Й раскажал дека на сите страни се шират гласови и сите
народи го напаѓаат семејството на Венера велејќи: „Сте се повлекле –
тој во планините да ужива во љубовта, а ти во морето – да се капеш,
затоа нема веќе ниту страст, ниту убавина, ниту нежност; сè е веќе
запуштено, грубо и страшно, нема брачни врски, ниту пријателска
приврзаност, нема детска љубов, туку секаде владеат страшни пороци
и гнасни прељуби“. Вака й шепотела дрдорливата и љубопитна птица
на увото на Венера и го валкала името на нејзиниот син. Тогаш Венера
силно се разгневила и извикала:
„Значи мојот драг син си има некоја пријателка! Кажи ми го, кажи
ми го, единствен мој верен слуго, името на таа што го завела невиното
и наивно момче, дали е тоа некоја од Нимфите153 или од Хорите154, дали
е можеби од друштвото на Музите155 или е некоја од моите слугинки
– Грациите156!“
Дрдорливата птица не премолчела, туку рекла:
„Не знам, господарке! Ми се чини дека се зборува оти е вљубен
во некоја девојка, којашто – ако добро се сеќавам – се викала Психа“.
153
Нимфи – ќерки на Ѕевс и божици од „понизок ред“. Тие ги персонифицирале
живототворните сили во природата. Имало морски (нереиди), речни (најади), шумски
(ореади), нимфи на дрвајта (дреади) и др.
154
Хори – ќерки на Темида, којашто го олицетворувала поредокот во природата. Тие
биле божици на годишните времиња, цвеќињата, плодородноста, покровителки на сè
што е благородно, убаво и добро.
155
Музите најпрвин биле божици на планинските извори, а подоцна на науката, поезијата,
уметноста... Најчесто се спомнуваат како девет. Со своите песни за минатото, сегашноста
и иднината ги веселеле боговите, а пееле секогаш во хор, предводен од Аполон.
156
Види бел. 47, кн. II
Метаморфози или Златното магаре 99

Кога го слушнала тоа, разгневената Венера извикала колку што


ја држел гласот:
„Зар Психа, соперничката на мојата убавина, која ми го присвои
името? Тоа момче сигурно ме смета за сводничка, зашто мислело дека
јас му ја покажав девојката за да ја запознае“.
29. Викајќи така, испливала од морето и веднаш се упатила кон
златните одаи. Кога таму го затекнала болниот син, како што й беа
кажале, таа уште од вратата почнала да вика колку што ја држи грлото.
„Навистина прекрасно однесување, достојно за нашиот род и
твоето достоинство! Прво ги погази наредбите на својата мајка и
господарка! Не само што не ја казни мојата соперничка со срамна
љубов, туку ти – момче на таа возраст, ја милуваш во својата раз-
вратна и незрела прегратка, така што јас треба уште и да ја трпам
како снаа! Ти, развратен и гнасен никаквецу, можеби мислиш дека
си единствениот продолжувач на благородната лоза, мислиш дека јас
поради возраста не можам да зачнам? Тогаш да знаеш дека ќе родам
друг син, којшто ќе биде многу подобар од тебе, или уште подобро –
ќе посинам еден од робовите родени во мојата куќа и ќе му дадам и
крилја и лак и стрели и сето она што ти го дадов тебе, но не за да го
употребиш така! А од богатството на татко ти ништо не е потрошено
за тоа твое вооружување157.
30. Ти си лошо воспитан уште од малечок и имаш дрски раце;
колку пати само си направил престап кон постари од тебе коишто не
ги почитуваш! Дури и мене, својата мајка, секој ден ме изложуваш на
срам, убиецу низаеден; често знаеше и да ме удриш, а ме презираш
како да сум некоја вдовица, не почитувајќи го ниту мојот втор маж158,
тој храбар и голем воин! А и зошто би го почитувал, кога честопати му
праќаш девојки само за да ме налутиш мене! Но, јас ќе направам да се
покаеш за сето тоа и да ја почувствуваш сета горчина и непријатност
од оваа своја љубовна игра.
Што да правам сега, кога сум предмет на потсмев? Каде да се
скријам? Како да те зауздам тебе, никаквецу? Треба ли да побарам
помош од мојата пријателка Воздржаноста, којашто толку пати сум
157
Имотот што мајката му го давала на синот, а што го купила со свои сопствени средства,
не претставувал подарок во трајна сопственост, туку тој и натаму й припаѓал на мајката,
така што таа можела да си го побара назад.
158
Односно, богот Марс со кого таа не била во брак, туку во заедница (paelicatus), но го
љубела и го сметала за свој заштитник повеќе отколку мажот й Вулкан.
100 Апулеј

ја навредила поради развратноста на овој овде? Всушност, целата се


ежам од помислата да разговарам со таа проста и гнасна жена! Но, не
треба да се презре утехата што ја дава одмаздата, без оглед на тоа од
која страна доаѓа. Токму неа и ниту една друга треба да ја повикам
на помош за да го казни најстрого што може овој развратник, да му
ја испразни торбичката, да му ги земе стрелите, да му го разлабави
лакот и да му го згасне факелот, а самото негово тело да го омрцлави
со силни лекарства. Навредата што ми беше нанесена ќе сметам дека
е одмаздена дури тогаш кога таа ќе му ја истриже косата што толку
често ја милував со мои раце и ја посипував со златен блесок и кога
ќе му ги исече крилјата што често ги капев во нектар токму на овие
мои гради.“
31. Го кажала сето тоа и истрчала надвор разгневена како што
само Венера може да се разгневи. Веднаш ги сретнале Церера159 и
Јунона, па гледајќи го нејзиното од гнев изобличено лице, ја прашале
зошто набраните веѓи ја нагрдуваат прочуената убавина на нејзините
блескави очи. Таа им одговорила:
„Дојдовте токму навреме за да му ја задоволите желбата на моето
рането срце! Ве молам, употребете ги сите свои сили и доведете ми
ја Психа, којашто талка и бега по незнајни патеки. Сигурно за вас не
останале тајна срамот што му е нанесен на мојот дом и сите недела
на мојот недостоен син“.
Тогаш божиците, кои добро знаеле што се случило, вака се обиделе
да ја ублажат страшната лутина на Венера:
„Со што се огрешил, господарке, твојот син кога толку жестоко
ги напаѓаш неговите љубовни уживања и толку силно посакуваш да ја
уништиш девојката којашто тој ја заљубил? Каков грев е тоа, те молиме
да ни кажеш, што весело й се насмевнал на убавата девојка? Зар не
знаеш дека тој веќе пораснал во млад маж или можеби си заборавила
колку години има? Можеби навистина изгледа прекрасно за својата
возраст, па тебе ти се чини дека е сè уште дете? Ти си мајка и покрај тоа
разумна жена: зар постојано толку љубопитно ќе ги следиш неговите
палавости, ќе го обвинуваш за неговата распусност и за љубовните
му авантури и ќе му забележуваш на својот убав син што се служи со
твоите итрини и ужива со твојата страсност? Кој е тој меѓу боговите и
159
Церера (кај Грците Деметра) – сестра на Јупитер, божица на плодоносната земја и
земјоделството.
Метаморфози или Златното магаре 101

луѓето кој ќе трпи ти да ги сееш страстите на сите страни меѓу луѓето,


а во твојот дом да ја забраниш љубовта и да го затвориш училиштето
на женски љубовни вештини, коешто е отворено за секого?“
Така двете божици говореле во полза на Купидон поради стравот
од неговите стрели, иако тој не бил присутен. А Венера, пак, лута што
тие ја свртеле на шега нејзината навреда, поминала покрај нив и со
брз чекор се упатила натаму, кон морето.
102 Апулеј
Метаморфози или Златното магаре 103

КНИГА VI
1. Во меѓувреме Психа талкала по различни патишта, вознемире-
на и со копнеж во душата, барајќи го својот сопруг. Taa имала силна
желба, ако веќе не може да го смири неговиот гнев со сопружнички
милувања, тогаш барем да го смилостиви со ропски молби. Еднаш,
кога на врвот на некоја планина здогледала храм, си рекла:
„Од каде да знам дека мојот господар не престојува токму таму?“
– и, иако била преморена, веднаш побрзала на тоа место, додека на-
дежта и желбата го забрзувале нејзиниот чекор. Така, го поминала
планинскиот гребен и се доближила до светилиштето. Таму здогледала
пченични класје што стоеле на купчиња или биле сплетени во венци, а
имало и класје од јачмен. Имало и српови и други алатки на жетварите,
но тие биле растурени на сите страни, онака како што работниците
ги оставиле во жешките летни денови. Психа внимателно ги собрала
сите тие работи, секој предмет го ставила на свое место, верувајќи
дека не треба да се занемарат ниту храмот, ниту обредите на кој било
бог, туку дека треба сите да ги молиме за благонаклоност и милост.
2. Во таа грижлива и вредна работа ја затекнала Церера, којашто
уште од далеку й довикнала:
„Ах, кутра Психо! Ти ли си тоа? Венера гневна те бара по целата
земја и настојува да бидеш казнета со најстрога казна, додека со сета
сила на своето божество посакува да ти се одмазди. А ти овде се за-
нимаваш со средување на моите работи и се грижиш за сè друго, само
не за своето избавување!“
Тогаш Психа се фрлила пред нозете на божицата, ги облеала со
силни солзи нејзините стапала, ја измела земјата со своите коси и со
многубројни молби ја побарала нејзината милост:
104 Апулеј

„Те преколнувам во твојата благодатна десница, во веселите жетвени


обреди, во молчеливата тајна на твоите ковчези160, во крилестите кочии
на твоите слуги-змејови, во браздите сикилиска земја161, во колата што
ја грабна Прозерпина и во земјата што не ја враќа; те преколнувам
во нејзиното свадбено слегување во темнината на долниот свет и во
враќањето на твојата ќерка којашто беше пронајдена со светлината на
факлите, те преколнувам во сè друго што во најдлабока тајна и молк
го крие храмот во старата Елевсина162 – помогни й на кутрата душа на
Психа, твојата покорна молителка! Дозволи ми барем неколку дена
да се кријам меѓу овие класје, додека времето не го стивне гневот на
лутата божица, или барем додека не се одморам колку да си ја повратам
силата истрошена во долготрајниот напор“.
3. Церера одговорила:
„Ме трогнаа твоите молби и солзи и сакам да ти помогнам. Но,
не сакам да го свртам кон себе гневот на мојата роднина163 со која ме
врзува и долготрајно пријателство и којашто инаку е добра жена. Затоа,
оди си веднаш од овој храм и биди среќна што нема да те задржам овде
како затвореничка“.
Откако, спротивно на своите очекувања била одбиена, Психа се
упатила назад, обземена од двојна тага. Одеднаш, низ сенчестата шума,
во една долина здогледала храм, соѕидан со извонредна умешност. Не
сакала да испушти ниту една можност што би й влеала надеж, колку и
да е таа несигурна, па сакајќи да побара милост од кое и да е божетво,
се приближила до влезот на светилиштето. Таму забележала скапоцени
дарови и ленти испишани со златни букви што виселе на гранките
од дрвјето или биле закачени на рамките од вратите. На тие натписи,
покрај добрите дела што ги направила, било испишано и името на
160
Во ковчези се чувале свети предмети, што биле изнесувани и покажувани за време
на празнувањата во чест на Церера.
161
Според сицилиската традиција, Прозерпина, ќерката на Церера, била грабната од
Плутон токму во Сицилија. Вљубениот владетел на подземното царство ја одвел и неа
таму со својата огнена колесница. Церера длабоко тагувала по ќерка си и се повлекла на
Олимп. Тогаш на земјата замрело сè што раѓало плод, завладеале глад и пустош. За да го
врати животот на земјата, Јупитер наредил Прозерпина да излегува над земјата во извесен
период од годината и во тој период Церера е среќна, па сè во природата цути и зрее.
Кога Прозерпина престојува во царството на Плутон, на земјата царува зима и мраз.
162
Култот на Церера бил најраспространет и најпочитуван во Елевсина – град во Атика,
недалеку од Атина. Во овој град, во чест на божицата и нејзината ќерка, секој септември
се приредувале т.н. Елевсински мистерии – празнување што траело девет дена.
163
Церера й е тетка на Венера, односно, сестра на нејзиниот татко Јупитер.
Метаморфози или Златното магаре 105

божицата на којашто й биле посветени тие дарови. Психа паднала на


коленици и го прегрнала сè уште топлиот жртвеник, ги избришала
солзите и вака се помолила:
4. „Сестро и сопруго на големиот Јупитер164, дали престојуваш во
древниот твој храм на Самос165 – што единствен може да се гордее дека
те отхранил; дали се наоѓаш во светиот трон на гордата Картагина166,
што те почитува како девица, која на небото ја вози кола влечена од
лавови или ги штитиш славните бедеми на Аргос крај бреговите на
Инах167, што те признава за жена на господарот на громовите и за кра-
лица на боговите; ти, која целиот Исток ја почитува како Зигија168, а
сиот Запад ја вика Лукина169 – биди ми Јунона Спасителка во мојава
преголема неволја и ослободи ме! Ослободи ме мене, исцрпена од сите
опасности што ги претрпев, од стравот од опасноста што допрва ми
се заканува! Зар ти не им помагаш на бремените жени што се наоѓаат
во некоја опасност?“
Таа сè уште вака се молела, кога ете ти ја Јунона – се појавила во
сета возвишеност на своето божествено достоинство и рекла:
„Верувај ми, јас навистина би сакала со благонаклоност да им
излезам во пресрет на твоите молби! Но, не можам да го направам
тоа против волјата на Венера – мојата снаа170, којашто секогаш сум
ја сакала како ќерка, зашто не ми дозволува совеста. Исто така, ме
спречуваат и законите, кои забрануваат да земеш во заштита туѓ роб
бегалец, против волјата на неговиот господар“.
164
Станува збор за Јунона, ќерка на Сатурн, а сестра и сопруга на Јупитер. Кај Римјаните
таа е почитувана како царица на боговите. Имала власт над сите небесни појави – бури,
магли, молњи и грмотевици, а била заштитничка и на женското достоинство и чест, на
домашното огниште и бракот, бдеела над животот на жените и над мајчинството.
165
Островот Самос бил особено познат по култот на Јунона, каде што се наоѓал и
најголемиот нејзин храм. Според преданијата, Јунона се родила токму на овој остров.
166
Божицата-заштитничка на градот Картагина била поистоветувана со Јунона и
почитувана под нејзино име.
167
Инах е река во областа Арголида, на Пелопонез, во близина на градот Аргос. Таму,
во нејзина чест бил подигнат познатиот храм Хераијон (според грчкото име на Јунона
– Хера).
168
Како покровителка на бракот, Јунона (Хера) во некои области ја почитувале под името
Зигија (етимолошки поврзано со грч. zygios – „оној што му припаѓа на бракот“).
169
Лукина е името под кое Јунона била почитувана како заштитничка на раѓањето, во
земјите во коишто се говорел латинскиот јазик (етимолошки поврзано со именката
lux – светлина).
170
Вулкан, сопругот на Венера, е син на Јунона.
106 Апулеј

5. Тогаш Психа, скршена од овој последен удар на судбината, не


можејќи да го стигне својот крилат сопруг и губејќи ја секоја надеж
за спас, вака си размислувала сама во себе:
„Што да правам сега? Кој друг би можел да ми помогне во мојата
несреќа или да ги ублажи моите маки, кога веќе ни божиците – покрај
нивната желба – не можеа да ми помогнат? Каде уште да се упатам,
кога од сите страни сум опколена од стапици? Во која куќа или во
која темнина да се скријам, за да се засолнам од неизбежниот поглед
на големата божица Венера? Што чекаш уште, Психо? Тргни машки
напред, храбро остави ги празните надежи и самата тргни право кај
својата господарка, па обиди се со понизни молби (иако предоцна) да
го ублажиш нејзиниот жесток гнев! Кој знае? Можеби таму, во мајчи-
ниот му дом, ќе го најдеш оној што веќе толку долго време го бараш!“
И така, подготвена за безнадежно поклонение или поскоро за сигур-
на гибел, почнала да размислува како да ги започне своите молби.
6. Во меѓувреме, Венера се откажала од потрагата по Психа на
земјата и се токмела да се врати на небото. Заповедала да й се под-
готви колесницата што ковачот на злато Вулкан ја беше изработил
со извонредна грижливост и пред венчавката й ја беше подарил како
свадбен дар. Таа била навистина впечатлива по истенчената резба на
пилата и по блесокот на златото. Четири бели гулаби се издвоиле од
мноштвото други коишто имале гнездо околу спалната на господарката
и, извивајќи ги своите шарени вратови и весело летајќи, се впрегнале
во узди со скапоцени камења, ја зеле својата господарка и безгрижно
одлетале. По колесницата на божицата, весело црцорејќи, летале врап-
чиња, додека други птици пејачки со сладок пој гласно го објавувале
доаѓањето на божицата. Облаците се поттргнувале, небото се отворало
пред својата ќерка, а етерот во небесните висини со радост ја дочекал
божицата. Распеаното семејство на големата Венера се плашело од
средба со орли или со грабливи јастреби.
7. Божицата се упатила право кон кралскиот дворец на Јупитер и
смело побарала тој да й ги стави на располагање услугите на Мерку-
риј171 – богот со силен глас. Јупитер, со миг на својата руса веѓа, тоа
й го допуштил. Тогаш Венера, весела и придружувана од Меркуриј,
веднаш се симнала од небото, а патем многу сериозно му рекла:
Меркуриј или Меркур (грч. Hermes) е син на Ѕевс, гласник на боговите. Со крилестите
171

сандали тој се движи над земјата и морето и ги исполнува пораките на бесмртниците.


Негови атрибути се крилцата и жезолот со две околу него извиени змии.
Метаморфози или Златното магаре 107

„Брате мој Аркадиецу, ти многу добро знаеш дека јас никогаш


ништо не сум направила без твое учество, а исто така не ти е непо-
знато дека веќе долго време не можам да најдам една робинка којашто
се крие. Значи, не ми останува ништо друго освен јавно, преку тебе
како гласник, да ветам награда за оној што ќе ја пронајде: разгласи
ги знаците по коишто таа може да се препознае, за да не може некој,
ако биде фатен во престап дека ја крие – што е забрането, потоа да се
правда дека не ја познал“.
Говорејќи така, му дала еден свиток на којшто биле напишани
името на Психа и сите други работи. Веднаш по ова таа се упатила
кон својот дом.
8. Меркуриј веднаш ја послушал. Тој ги обиколил сите народи на
сите страни од светот и, вршејќи си ја задачата, разгласил насекаде:
„Секој што може да ја врати од бегство или барем да поткаже каде
се крие кралската ќерка – робинка на Венера по име Психа, нека дојде
кај гласникот Меркуриј зад Муркиските столбови172 за да добие награ-
да. Како награда за веста, лично од Венера ќе добие седум бакнежи и
покрај нив уште еден посебен – најсладок од сите, со врвот од јазикот“.
Меркуриј го разгласил ова, а желбата за ваква убава награда ги
поттикнала сите луѓе да се натпреваруваат. Ова придонело, повеќе
отколку што било друго, Психа да престане да се колеба. Додека се
приближувала кон вратата на својата господарка, ја пресретнала една
од слугинките на Венера – по име Навика и й се развикала на цел глас:
„Сфати ли најпосле дека имаш господарка, бесрамнице низаедна?
Или можеби со својата вообичаена дрскост ќе се преправаш дека не
знаеш колку мака видовме барајќи те? Добро е што токму мене ми
падна в раце! Самиот Орк те фати во своите канџи и нема да помине
долго време за да бидеш казнета за твојата голема непослушност!“
9. Тогаш ја фатила грубо за косата и почнала да ја влече, иако Психа
воопшто не се опирала. Штом ја внеле и й ја претставиле на Венера,
божицата прснала во гласна смеа и, како што прават честопати оние
што се гневни, ја затресла главата и го почешала десното уво велејќи:
„Дали најпосле повела да ја поздравиш свекрва си? Или, можеби,
посака да го посетиш мажот кој боледува од раната што ти му ја нанесе?
172
Овие столбови се наоѓале во Рим, на ридот Муркија, меѓу Палатин и Авентин, во
непосредно опкружување на Големиот Цирк и на храмот на Венера.
108 Апулеј

Но, не грижи се, јас ќе те пречекам онака како што доликува за добра
снаа“. И веднаш прашала: „Каде се моите слугинки Грижа и Тага?“
Ги повикале внатре и таа им ја препуштила Психа за да ја измачу-
ваат. Тие ја послушале наредбата на својата господарка, па почнале да
ја камшикуваат кутрата Психа и да ја мачат со други справи, а потоа
повторно ја одвеле пред нејзината господарка за таа да ја види. Венера
тогаш повторно се насмеала и рекла:
„Видете ја само! Таа со својот голем мев сака да ме трогне и да
предизвика кај мене сожалување, зашто со своето убаво дете ќе ме
направи среќна баба! Сигурно дека ќе бидам среќна што во цутот на
мојата младост ќе ме викаат баба и што синот на една проста слугинка
ќе биде внук на Венера! А и јас сум глупава! Каков внук? Не може да се
смета за законски бракот склучен меѓу нерамноправни сопружници173,
склучен дома, без сведоци и без согласност од таткото, па така тоа дете
ќе биде вонбрачно, ако воопшто дозволам да го родиш!“
10. Го рекла тоа и се нафрлила врз Психа: й ја искинала облека-
та, й ја искубала косата, ја удирала по главата и тешко ја повредила.
Потоа зела пченица, јачмен, просо, афион, грашок, леќа и грав, па ги
измешала на куп и й рекла:
„Ми се чини дека ти, гнасна робинко, не можеш со ништо друго да
им се допаднеш на своите љубовници освен со макотрпно служење, па
затоа сакам самата да се уверам во твојата трудољубивост. Истреби го
овој куп измешани семиња и одвој ги зрно по зрно. Да ми ја завршиш
оваа работа пред да падне вечерта!“
Откако й го покажала купот различни семиња, заминала на свадбен
ручек. Психа не ги ни подала рацете кон овој безличен и безнадежен
куп, туку занемела вчудовидена од нечовечното барање. Тогаш една
мравка, животинче што живее по полињата, свесна за тежината на
оваа толку тешка работа, се сожалила над друшката на големиот бог,
ја проколнала суровата свекрва и бргу повикала и собрала цела војска
од мравки што се наоѓале во близина:
„Сожалете се, вредни ќерки на земјата-хранителка, па помогнете
й бргу и вредно на оваа убава девојка, на жената на Амор, којашто се
наоѓа во опасност!“
173
За незаконски се сметале браковите склопени меѓу нерамноправни сопружници,
односно, меѓу слободен граѓанин и робинка.
Метаморфози или Златното магаре 109

Веднаш се вдале еден по друг бранови од шестоноги мали работ-


ници и многу внимателно го одвојувале секое зрно од купот. Откако
ги разделиле и ги подредиле по видови сите зрна, бргу си заминале.
11. Кога се спуштила ноќта, Венера се вратила од свадбениот
пир, поднапиена од виното, намирисана со миризливи масла и сета
обвиткана со рози чиишто бои се прелевале. Кога видела дека оваа
чудна работа е завршена навистина внимателно, извикала:
„Ова дело не е твое, ниту на твоите раце, несреќнице, туку на оној
што, за негова и твоја несреќа, си му се допаднала“.
Потоа й фрлила корка црн леб и отишла да спие.
За тоа време Купидон бил сам, затворен и под стража во една соба
во внатрешноста на куќата, за да не може поради лекомислена палавост
да ја подлути раната, но и за да не се сретне со својата љубена. Така им
поминала таа тажна ноќ на вљубените – под ист покрив, а разделени
еден од друг. Но, штом се појавила Зората174 на својата колесница,
Венера ја повикала Психа и почнала вака да й зборува:
„Ја гледаш ли онаа шума што се протега по бреговите на реката
и чиишто гранки се огледуваат во длабоката вода од блискиот извор?
Таму скитаат и пасат без овчарски надзор овци чиешто руно блеска
како вистинско злато. Ти заповедам веднаш, како знаеш, да земеш
еден прамен од тоа руно и да ми го донесеш“.
12. Психа тргнала доброволно, не за да ја исполни задачата, туку
за да се фрли од карпата покрај реката и така да се ослободи од својата
несреќа. Но, од реката зашумела една зелена трска – извор во којшто
се кријат милозвучни мелодии, а којашто занишана од благиот здив
на ветрето и поттикната од божествено вдахновение го искажала ова
пророштво:
„Психо, немој сега намачена од толкавите страдања да ги извалкаш
моите свети води со твојата бедна смрт и не се обидувај во ова време
да им се приближиш на страшните овци: додека ги грее сончевата
топлина тие најчесто подивуваат во страшен бес, па ги напаѓаат луѓето
со острите рогови или со челото тврдо како камен, а понекогаш и со
отровно каснување за да ги уништат. Но, на пладне, кога ќе стивне
жарот на сонцето, стоката ќе се смири и ќе се одмора на ветрето што
дува од реката. Ќе можеш да се скриеш овде, под овој висок чинар
174
Божицата Зора (лат. Aurora, грч. Eos) – божица на зората, сестра на Сонцето (лат. Sol)
и на Масечината (лат. Luna).
110 Апулеј

што се напојува од истата речна вода од којашто пијам и јас. Штом ќе


им стивне бесот на овците и тие ќе се смират, затреси ги гранките на
дрвјата во блиската шума и ќе најдеш делови од златното руно што се
задржале овде-онде по испреплетените гранки на дрвјата“.
13. Така чесната и благородна трска ја поучила напатената Психа
како да се спаси од својата несреќа. Таа ја сослушала многу внимателно
и, придржувајќи се на сите упатства, без тешкотии го украла мекото
жолто злато и й однела на Венера полни пазуви од него. Но, нејзината
господарка не го пофалила ниту овој опасен подвиг во втората задача,
туку ги собрала веѓите, кисело се насмевнала и рекла:
„Јас не се залажувам и гледам дека ова дело го извршил твојот
љубен. Но, овој пат внимателно ќе те искушам дали навистина имаш
толку смел дух и разум на кој му нема рамен. Го гледаш ли врвот на
онаа извонредно висока карпа на стрмнана планина од која извираат
темните води на црниот извор, се собираат на дното на соседната долина
во еден вир, па оттаму заминуваат во Стигиските мочуришта175 за да
ги нахранат струите на бучниот Кокит176? Сакам да нацрпеш вода од
врвот на кој извира од земјината утроба и веднаш да ми ја донесеш
овде во овој бокал“.
Така рекла и со застрашувачки закани й го подала бокалот.
14. Психа се упатила кон највисокиот врв на планината, сесрдно
забрзувајќи го чекорот за да може барем таму да му стави крај на својот
беден живот. Но, штом стигнала близу до определениот срт, видела дека
оваа задача е несовладлива и гибелна. Тоа била огромна карпа, стрмна
и непристапна поради лизгавата површина, а од средето на едeн камен
кратер блуеле грозни извори. Водата, излегувајќи од стрмно положените
отвори, паѓала удолу и, пробивајќи се низ еден тесен процеп, се губела
во него, па невидлива се излевала во блиската долина. Лево и десно,
по заплискуваните камени стрмни карпи се јазеле страшни змејови со
испружени вратови, со очи осудени да бдеат, никогаш да не се затво-
раат, а нивните вечно отворени зеници чувале стража на светлината.
И самата вода се бранела и викала со човечки глас:
„Бегај!“ или „Што правиш? Внимавај! Чувај се!“ или „Тргни се!
Ќе пропаднеш!“
175
Види бел. 71, кн. II.
176
Кокит (грч. „река на солзите“) – река во подземниот свет, ракавец на Стикс
Метаморфози или Златното магаре 111

Сфаќајќи дека е невозможно да се исполни нејзината задача,


Психа се стаписала: со телото била присутна, но духот й бил отсутен,
ја притискала тежината на задачата што не може да ја исполни, па таа
немала веќе ни солзи за да й послужат како последна утеха.
15. Но маката на невината девојка не можела да се скрие од бист-
рите очи на доброто Провидение, бидејќи одеднаш се појавил граблив
орел со раширени крилја – кралската птица на севишниот Јупитер.
Спомнувајќи си дека еднаш, по совет и со помош на Купидон, му
го донел на Јупитер неговиот пехарник од Фригија177, посакал да му
оддаде почест на богот така што ќе укаже помош во вистинскиот миг
и ќе й помогне на неговата жена во неволја. Ги напуштил блескавите
патишта на небесниот свод и, летајќи пред самата девојка, почнал вака:
„Зар ти, наивна и сосема неискусна девојко, се надеваш дека ќе
можеш да украдеш барем една капка од овој свет и страшен извор, или
дека ќе можеш барем да го допреш? Белким си слушнала дека овие
Стигиски води се опасни и за боговите, па и за самиот Јупитер и дека
боговите се колнат во величественоста на Стикс исто онака како што
вие се колнете во боговите. Дај ми го ваму тој бокал!“
Бргу го грабнал и го стиснал, замавнал со тешките крилја, го извил
летот на десно, па на лево, и побрзал меѓу змејовите чиишто челусти
биле полни со страшни заби и од коишто се подавале јазици со три
врва. Тој се обидувал да црпне, водата се иставувала и врескала да се
врати пред да настрада178, но тој им одговорил дека доаѓа по заповед
на Венера и дека е нејзин слуга. Со тоа малку си го олеснил пристапот
до водата.
16. Психа радосна го зела бокалот полн со вода и побрзала да й го
однесе на Венера. Но, сè уште не можела да го ублажи гневот на разлу-
тената божица. Таа ја повикала и, заканувајќи й се со уште поголеми
и пострашни закани, со злобна насмевка на лицето й рекла:
„Сигурно си некоја голема вештерка, добро извежбана во работата,
штом толку бргу ги изврши овие мои наредби! Но, ќе треба уште ова
да ме послушаш, драго мое девојче! Земи ја оваа кутија“ – со овие
177
Јупитер, преобразен во орел, го грабнал Ганимед – синот на фригискиот цар Трос и
го однел на планината Олимп, за да им точи вино на Јупитер и на другите богови.
178
Во манускриптите ова место е оштетено, односно, со траги од поправки, но со
алтернација minantes – potantes. Блојмнер предложил замена со permittentes, а Хелм со
praestantes. Некои редактори, пак, сметаат дека треба да стои nolentes.
112 Апулеј

зборови й ја подала – „и веднаш слези во подземниот свет, право во


мртовечката куќа на Орк. Кутијава дај й ја на Прозерпина и речи й:
– Венера те моли да й пратиш малку од твојата убавина, барем
толку колку што е доволно за еден кус ден. Она што таа го имаше го
потроши и го употреби лекувајќи го својот болен син.
Но немој да се вратиш доцна, затоа што треба да си ја ставам на
себе за да можам да се појавам на собранието на боговите.“
17. Психа тогаш почувствувала дека й дошол последниот час и
дека е сосема јасно оти ја праќаат во сигурна смрт. Зошто не, кога мора
доброволно со свои нозе да оди во Тартар, меѓу душите на починатите?
Затоа, не колебајќи се повеќе ниту за миг, се упатила кон една висока
кула за да се фрли од неа. Мислела дека така најбргу ќе стигне право
во подземниот свет. Но, кулата одеднаш проговорила и й рекла:
„Зошто ти, несреќнице, сакаш да се убиеш скокајќи во бездна?
Зошто непромислено й подлегнуваш на оваа последна опасност и
мака? Ако твојата душа се одвои од телото, сигурно е дека ќе појдеш
право на дното од Тартар, но оттаму никогаш повеќе не ќе можеш да
се вратиш! Послушај ме!
18. Недалеку од овде се наоѓа Спарта, славниот ахајски град. Побарај
го во неговата близина Тенар179, скриен на едно место далеку од секој
пат. Таму се наоѓа Дитовиот влез и низ широко отворената врата ќе ти се
покаже прооден пат: штом ќе го поминеш прагот ќе тргнеш по тој пат и ќе
стигнеш право во дворецот на Орк. Но, низ ова темно царство не смееш
да тргнеш со празни раце, туку мораш во обете раце да носиш колачиња
од меко јачменово брашно и од мед, а во устата стави две парички. Кога
ќе го поминеш поголемиот дел од смртоносниот пат, ќе сретнеш едно
куцо магаре натоварено со дрва, а него ќе го води еден куц човек. Тој ќе
те замоли да му ги подадеш неколкуте трупчиња испаднати од товарот,
но ти немој да пуштиш ниту глас и помини си покрај него.
Веднаш потоа ќе стигнеш до реката на мртвите со којашто владее
Харон и тој веднаш ќе ти побара да му платиш за да те превезе на
другиот брег во еден чамец сошиен од кожа. Значи, и меѓу мртвите
владее алчност, па бог како што е Харон, даночникот на Дит180, не
179
Тенар – град и срт во Лаконија, на Пелопонез. Во негова близина имало една пештера,
од којашто – според преданието – се влегувало во подземниот свет.
180
Ова име е поврзано со лат. dives – „богат“. Слично е значењето и на името на богот
Плутон (грч. plutos – „богат“). Имено, таму каде што владее Плутон се наоѓаат сите
скапоцени метали.
Метаморфози или Златното магаре 113

прави ништо бесплатно: сиромавиот кога ќе умре мора да најде за


патарина181, а ако случајно нема пари при рака не треба ни да му до-
зволат да испушти душа.
На тој гнасен старец за превозот ќе му ја дадеш едната од паричките
што ти се во устата, но така што тој сам ќе си ја земе од твојата уста.
Додека се возиш по темната вода, до тебе ќе доплива еден мртов старец,
којшто ќе ги подава своите скапани раце кон тебе и ќе те моли да го
подигнеш во чамецот, но ти не дозволувај да те обземе сожалување.
19. Кога ќе ја преминеш реката и ќе стигнеш малку понатаму,
едни стари ткајачки кои ткаат платно ќе те замолат да им помогнеш
малку, но ти не смееш тоа платно ниту да го допреш, бидејќи сето тоа,
како и многу други работи ќе ти ги подготви итрата Венера, за да ти
испадне барем едно од колачињата од рака. Немој да мислиш дека е
безначајно ако изгубиш едно колаче, зашто ако изгубиш само едно
нема повеќе да ја видиш светлоста на денот.
Едно огромно куче со три големи глави, страшно и грдо, што само
громогласно лае по мртвите на кои веќе не може никако да им наштети
и попусто ги плаши, постојано лежи, вечно бдее пред самиот праг на
црниот дворец на Прозерпина и чува стража пред празната куќа на
Дит. Нему ќе му фрлиш едно од колачињата и лесно ќе минеш, па ќе
влезеш кај Прозерпина којашто ќе те прими љубезно и добродушно
ќе ти понуди да седнеш на столот за да ручаш господски. Но, ти сед-
ни на земја, побарај парче црн леб182 и изеди го. Потоа кажи й зошто
си дојдена, земи го она што ќе ти го дадат, па врати се и повторно
смири го бесниот пес со колачето што ти останало, потоа дај му ја на
алчниот чамџија паричката што си ја зачувала, премини ја реката и
оди по истиот пат по којшто ќе дојдеш, па повторно ќе се вратиш под
хорот од небесни ѕвезди. Од сите мои совети најважен е овој: немој да
посакаш да ја отвориш или да погледнеш во кутијата што ја носиш,
ниту љубопитно да го разгледаш богатството што таа го крие.“
20. Така далекувидата кула го завршила своето претскажување.
Психа веднаш тргнала во Тенар, зела пари и колачиња – како што й
било кажано – и бргу слегла во подземниот влез. Без збор минала покрај
куцото магаре, му ја дала патарината на чамџијата, не се обѕирала на
181
На починатите им ставале во уста по еден обол, за да имаат да ја платат оваа патарина
кај Харон.
182
Се верувало дека секој што ќе вкуси од храната на подземниот свет, останува засекогаш
поврзан со него.
114 Апулеј

желбата на мртовецот којшто пливал по неа, не обрнала внимание ниту


на молбите на подмолните ткајачки, со колачето го смирила страшниот
пес-чувар и влегла во куќата на Прозерпина. Не ги прифатила ниту
столот, ниту богатата вечера што й ги понудила домаќинката, туку
седнала крај нејзините нозе, се задоволила со обичниот леб и й ја
пренела пораката од Венера. Веднаш ја добила кришум наполнетата
и затворена кутија, му го дала другото колаченце на кучето и така со
измама ја затворила неговата уста за да не лае повеќе. На чамџијата му
ја предала паричката што й останала од порано и се вратила од под-
земниот свет уште поодморена. Но, иако брзала да ја заврши задачата,
ја обзела непромислена љубопитност и таа си рекла:
„Баш сум будала ако ја однесам оваа женска убавина, а не си
украдам барем малку за себе и така да му се допаднам на мојот пре-
красен сакан“.
21. И веднаш ја отворила кутијата. А во неа немало ништо, ни-
каква убавина, само пеколен сон, вистински Стигиски сон, којшто
ослободен од капакот веднаш ја нападнал – со густ облак ја обвиткал
нејзината става и таа се ничкосала на земја на самиот пат, токму на
местото на кое се нашла. Така лежела како одземена, со еден збор –
како труп што спие.
Купидон, кому што раната во меѓувреме му беше зараснала, не
можејќи повеќе да го поднесе отсуството на неговата мила Психа,
излетал низ највисокиот отвор на одајата во којашто бил затворен
и со крилјата што му зајакнале од долгиот одмор стигнал до својата
Психа. Го избркал сонот од неа, повторно го затворил во кутијата, па
ја разбудил Психа безболно погодувајќи ја со својата стрела и й рекол:
„Ех, несреќнице! Еве, повторно настрада поради слична љубопит-
ност! Бргу заврши ја задачата што ти ја даде мојата мајка, а јас ќе се
погрижам за другото“.
Тоа го рекол нејзиниот љубен и лесно се кренал со своите крилја,
а Психа бргу й го однела на Венера дарот од Прозерпина.
22. Купидон, растргнат од големата љубов, со измачен лик, пла-
шејќи се од ненадејната суровост на својата мајка, им се вратил на
старите навики. Во брз лет се искачил на врвот на небото, паднал на
колена пред големиот Јупитер и понизно му го изложил својот случај.
Јупитер со едната рака го погалил Купидон по образот, а со другата
го привлекол кон себе, го бакнал и му рекол:
Метаморфози или Златното магаре 115

„Иако ти, сине, никогаш не си ми искажал почест каква што ми е


одредена со согласност на боговите, туку постојано со удари на стрели
ги повредуваш овие гради што ги одредуваат законите на природата и
патот на ѕвездите и ги посрамотуваш со чести гревови поради земни
страсти, иако спротивно на сите закони, па и на оној на Јулиј183 ги на-
вредуваше мојот углед и добриот глас со јавни прељуби и со тоа што
на мојот возвишен лик му даде гнасен облик на оган и животно, на
птица и добиток, сепак ќе си спомнам на твојата добрина и на тоа дека
порасна на моиве раце и ќе сторам сè, само под услов, се разбира, да се
чуваш од своите соперници. А, ако сега на земјата има некоја девојка
којашто се издвојува по својата убавина, ти со неа ќе ми платиш за
доброто дело што сега го правам за тебе“.
23. Штом го рекол ова, му заповедал на Меркуриј веднаш да ги
повика сите богови на собрание, а ако некој од нив не дојде на собирот
на небесниците – да плати казна од десет илјади нуми. Исплашени од
толку високата казна, боговите веднаш го исполниле небесниот театар
и Јупитер, седејќи високо на престолот, објавил:
„Бози, запишани во списоците на Музите184, вие сите добро го
познавате овој младич што јас го одгледав на сопствениве раце. Решив
да им ставам крај на пламените испади на неговата прва младост. Доста
беше секој ден да се говори за неговите прељуби и најразлични срамни
престапи. Треба да се отстрани секоја пригода за тоа и момчешката
распуштеност да се сопре со брачни окови. Тој си одбрал девојка и й
ја одзел девственоста: нека ја земе, па во прегратките на Психа вечно
нека й се радува на љубовта!“
Тогаш се свртел кон Венера и й рекол:
„А ти, ќерко, не тагувај и не грижи се за своето семејство и за
неговата положба затоа што ќе склопи брак со смртна девојка. Јас
ќе се погрижам тој брак да стане полноправен и во усогласеност со
прописите на граѓанското право185“.
183
Станува збор за Јулиевиот закон за прељуби (lex Iulia de adulteriis), донесен во I век
пр. н.е. од Гај Јулиј Цезар Октавијан Август.
184
Собранието на боговите се опишува по аналогија на Римскиот сенат. Јупитер им се
обраќа на боговите (запишани во списоците на Музите), како што во Сенатот им се обраќале
на сенаторите: patres concripti – „татковци запишани (во книгите на цензорите)“.
185
Бракот склучен меѓу слободен граѓанин и робинка можел да биде признаен ако
робинката биде ослободена од ропство. Слично, бракот меѓу бог и смртничка станува
важечки ако смртната девојка се здобие со бесмртност.
116 Апулеј

Веднаш му заповедал на Меркуриј да ја најде Психа и да ја доведе


на небото. Тогаш й подал пехар со амброзија и й рекол:
„Земи, Психо, биди бесмртна и Купидон никогаш да не се оддели
од твоите прегратки, вашиот брак нека трае вечно!“
24. Веднаш приредиле богата свадбена гозба. На чело на трпе-
зата лежел младоженецот и во скут ја држел Психа. Веднаш потоа и
Јупитер заедно со својата Јунона си го зазел местото, а по него сите
богови по ред. На Јупитер од нектарот – виното на боговите – му
точел Ганимед, неговиот пехарник, а на другите Либер. Вулкан го
подготвувал ручекот, Хорите со рози и со други цвеќиња украсувале
сè наоколу, Грациите точеле балсам, а Музите пееле со хармоничен
глас. Аполон пеел и свирел китара, а прекрасната Венера играла во
ритамот на милозвучната музика. Ја придружувал хорот на Музите,
Сатир186 свирел на флејта, а Паниск187 на сиринкс.
Така Психа, според обичајот, преминала под брачна власт188 на
Купидон, а наскоро им се родила ќерка, која ја викаме Наслада.“
25. Ете, тоа й го раскажа безумната и пијана старица на заробената
девојка. Јас стоев настрана и, жими бога, ми беше жал што немав таб-
личка и писалка за да ја запишам оваа толку убава приказна.
Во тоа време од некоја тешка борба се вратија и разбојниците
натоварени со плен. Најбрзите меѓу нив ги оставија ранетите дома за
да си ги лекуваат раните, а другите бргу се вратија по остатокот од
пленот што го беа сокриле во некоја пештера. Бргу се најадоа и потоа
со стап нè спотераа мене и коњот, па нè поведоа пред себе за да им ги
донесеме оние работи. Се искачувавме и обиколувавме, па најпосле,
приквечер, мртви уморни, стигнавме пред некоја пештера. Нè натова-
рија со многу товар и без да се одмориме барем малку, пак нè потераа
назад. Толку многу брзаа, што постојано ме тепаа и гонеа, сè додека
не се ничкосав на еден камен крај патот. Тогаш почнаа уште повеќе
да ме тепаат и ме натераа да станам, иако сиот бев одран по десната
нога и имав рана на левото копито.
186
Сатирите се полски божества, придружници на Дионис, кои ја персонифицираат
репродуктивната моќ на природата. Отпрвин имаат изглед налик на коњ, а подоцна
некои црти на козји лик (долги шилести уши, коњска опашка, копита и рогови). Овие
божества се весели, палави и неразделни придружници на богот на виното. Ги сакале
музиката и танцот, како и флејтата.
187
Малечок Пан, полско божество, од редот на Пан и сатирите.
188
Со стапувањето во брак, жената преминувала од власта на таткото под власта на
сопругот.
Метаморфози или Златното магаре 117

26. Еден од нив тогаш рече:


„До кога ќе го храниме ова магаре, коешто згора на сè сега уште
и куца?“
А друг рече:
„Да, и не само тоа, туку ни донесе и несреќа, зашто откако е тоа кај
нас немаме никаков ќар, само рани и загуби на најдобрите момчиња“.
Трет, пак, додаде:
„Штом ќе го донесе овој товар до дома, јас – иако не ми е баш
сеедно – веднаш ќе го турнам во бездната, да им стане плен на птиците
грабливки“.
Додека моите добри господари вака си разговараа меѓу себе за
мојата смрт, ние веќе пристигнавме дома, зашто моите копита од
страв како да беа добиле крилја. Тогаш тие бргу го симнаа товарот од
нашите плеќи, не мислејќи веќе ниту на нашиот живот, ниту на мојата
смрт. Ги повикаа ранетите што ги беа оставиле и повторно потрчаа
да го донесат она што им останало, зашто велеа дека им е доста од
нашата мрзливост.
Јас за тоа време мислев на смртта со која ми се закануваа и тоа
ме мачеше необично многу.
„Што стоиш, Луциј? – си велев самиот – и што чекаш? Веќе ти
одредија смрт, и тоа најстрашна. За таа работа не треба многу мака:
ене, онде, има стрмни и високи карпи, па уште пред да стигнеш ќе
те исколваат и ќе те распарчат. Твојата магија ти донесе само лик и
неволји на едно магаре, а место дебелата магарешка кожа доби тенка
кожа на пијавица. Биди маж, па спаси се додека можеш! Ова ти е
одлична можност за бегство, сега кога арамиите се далеку. Белким
не се плашиш од оваа полумртва баба што те чува и којашто со еден
удар на оваа твоја куца нога можеш да ја симнеш од вратот? Но, на
која страна да фатам? Кој ќе ми даде гостопримство?“
Ваквото размислување беше глупаво и сосема му прилегаше на
едно магаре: та зар има патник којшто не би го зел со себе магарето
место да оди пеш?
27. Веднаш силно замавнав со главата и го скинав ременот со кој
бев врзан и почнав да бегам колку што ме држеа нозете189. Но, не можев
да се скријам од соколовите очи на лошата баба. Штом забележа дека
189
Во оригиналот е употребен изразот „quadripedi cursu proprio” – „во трк (трчајќи) со
сите четири нозе“.
118 Апулеј

се одврзав, дотрча со смелост што не се очекува ниту од нејзиниот


пол, ниту од нејзините години, ме грабна за ременот и се обиде и со
убаво, но и со сила да ме врати назад. Меѓутоа, јас се сетив за заканата
од арамиите дека ќе ме убијат и без никакво сожалување ја клоцнав
со задните нозе така што веднаш падна на земја. Дури и кога лежеше
на земјата, бабата толку силно го стискаше ременот што кога потрчав
– едно време и се влечеше по мене. Веднаш почна да вика напомош
некој посилен од себе, но попусто викаше и попусто се обидуваше да
крене врева, зашто во близина немаше никој којшто би можел да й
помогне, освен заробената девојка. Но, таа дотрча на нејзините повици
и здогледа необична глетка: Дирка190, бабата, висеше не на некој бик,
туку на едно обично магаре! Тогаш девојката доби бестрашност на
маж и направи прекрасен подвиг: й го оттргна на старицата јажето
од рацете, со најмилозливи зборови го успокои мојот залет, па вешто
седна врз мене и така ние тргнавме.
28. Подбоднувањата со кои одвреме-навреме ме охрабруваше ме
натераа да трчам како коњ. Јас, којшто пред тоа бев решен да бегам,
сега сакав да ја ослободам оваа млада девојка, па земјата одекнуваше
од топотот на моите копита, а слатките зборови на младата девојка
ме предизвикуваа да завивам од милина. Повремено ја вртев главата
наназад како да сакам да си го почешам грбот и й ги бакнував убавите
ноџиња. На тоа таа длабоко воздивна, го крена јадосаното лице кон
небото и рече:
„О богови, помогнете ми најпосле во оваа голема опасност! А ти,
сурова Судбино, престани веќе еднаш да ми нанесуваш зло! Навистина
истрпев толку многу маки за да те задоволам. А ти, заштитнику на мојата
слобода и на мојот живот, ако ме вратиш дома жива и здрава, ако ме
одведеш кај моите родители – о, колку ќе ти бидам благодарна, колкава
почест ќе ти искажувам, со каква храна ќе те хранам! Твојата грива ќе
ја исчешлам убаво и ќе ја украсам со моите момински ѓердани, челото
ќе ти го накадрам и на убав патец ќе ти го исчешлам. Највнимателно
ќе ти ја размрсам опашката што сега – кога не се капеш, виси валкана
и замрсена; ќе те покријам со златни плочки и ќе блескаш како ѕвезда
на небото, а луѓето, воскликнувајќи, ќе те водат во триумфален марш!
190
Дирка била сопруга на тебанскиот крал Лик. Таа била врзана и влечена од еден
разгневен бик за казна што заедно со нејзиниот сопруг сурово ја мачеле нивната
заробеничка Антиопа.
Метаморфози или Златното магаре 119

Секој ден во свилена скутина ќе ти носам колачиња и слатки залаци


и секој ден ќе те хранам, спасителу мој!
29. Но покрај сите тие слатки залаци и безработицата, покрај жи-
вотот во потполна среќа, нема да ти недостигаат ниту слава, ниту чест.
Споменот на овој настан и на божјето провидение ќе го овековечам
со еден забележителен споменик, а во нашиот атриј ќе посветам една
слика191 што ќе го претставува токму ова бегство. Народот ќе доаѓа да
ја гледа, ќе се прикажува за тој настан, а учените ќе ја овековечат оваа
приказна во роман што ќе го насловат „Кралската принцеза на магаре
бега од ропство”. Ти ќе бидеш едно од чудата во историјата, а луѓето
ќе веруваат дека токму по твојот пример Фрикс192 го прелетал морето
на овен, дека Арион193 јавал на делфинот, а Европа194 лежела на грбот
на бикот. Ако е точно дека Јупитер мукал како бик, тогаш можеби и
во ова магаре се крие лик на некој човек или на божество!“
Додека девојката вака зборуваше и често воздивнуваше, стигнавме
до еден крстопат. Таа го грабна оглавот и сакаше да ме сврти на десно,
зашто тоа сигурно беше патот кон нејзиниот родителски дом. Но јас,
пак, знаев дека арамиите токму од тука поминаа кога одеа да го бараат
преостанатиот плен и затоа тврдоглаво се опирав и во себе вака й велев:
„Што правиш, кутра девојко? Што мислиш? Зошто иташ во гибел?
На каде мислиш да одиш носена од моите нозе? Нема да пропаднеш
само ти, туку и јас со тебе!”
Така се тегневме еден на една, друг на друга страна, се каравме
како на судење за меѓа на имот или за ширина на патот. Во тој миг
нè затекнаа арамиите, кои уште пред тоа нè здогледале на месечевата
191
Постоел обичај, кога некој ќе се спаси од голема опасност, во храмот на својот бог –
спасител да закачи слика што го претставува мигот на избавувањето.
192
Фрикс, синот на беотискиот цар Атамант и на Нефела – божица на облаците, се избавил
од гибел што му ја готвела маќеата, на грбот на еден овен со златно руно. Заедно со сестра
си Хела се издигнале над морето и заминале на север, но Хела паднала од овенот и се
удавила во морето (оттаму хидронимот Хелес-понт – „Море на Хела“). Кога пристигнал
во Колхида, Фрикс го жртвувал овнот, а неговото златно руно подоцна е повод за походот
на Јасон и Аргонавтите.
193
Арион е легендарен грчки поет и свирач на китра, којшто се избавил од пиратите
со помош не еден делфин, што привлечен од неговата песна – го зел на својот грб и го
однел на брегот.
194
Европа е ќерка на феникискиот цар Агенор, во којашто се вљубил Ѕевс. Й се приближил
во лик на млад бик (за да не го забележи Хера), ја придобил и, носејќи ја на својот грб,
го препливал морето сè до островот Крит.
120 Апулеј

светлина, па нè поздравија со подбивна смеа. Еден од нив вака ни се


обрати:
30. „Каде брзате, ноќни патници? Зар не се плашите од Мани и од
духови во темната ноќ? А ти, невина девојко, зар толку се брзаш да
ги видиш родителите? Ние ќе ти правиме друштво и ќе ти помогнеме
да го најдеш најкусиот пат до своите блиски“.
Како што рече, така и направи: го грабна оглавот и ме натера да
се свртам и притоа, како по обичај, безмилосно ме удираше со еден
неизделкан стап што го носеше со себе. Кога разбрав дека се враќам
во смрт од којашто бев побегнал, се сетив на мојата рана на копитото
и почнав да куцам и да ја нишам главата. Тогаш разбојникот што ме
водеше назад, викна:
„Пак ли почна да припаѓаш и да се тетеравиш? Твоите скапани
нозе знаат да бегаат, а не можат да одат. Пред малку беше побрз и од
самиот Пегас195!“
Додека мојот весел придружник вака се шегуваше и замавнуваше
со тојагата, ние веќе стигнавме до надворешниот бедем на арамиското
гнездо. Но, што да видиме! На гранката на еден висок кипарис висеше
бабата обесена со јаже околу вратот! Веднаш ја симнаа и така, со јажето
околу вратот, ја фрлија во бездната. Потоа ја врзаа девојката и како
ѕверови се нафрлија на вечерата што несреќната старица грижливо им
ја беше подготвила за последен пат.
31. Откако лакомо исполапаа сè, арамиите почна да се расправаат
како да нè казнат и да ни се одмаздат. И како што обично се случува
на бурни собири – еден бараше жива да ја спалат девојката, друг пред-
лагаше да им ја фрлат на дивите ѕверови, трет да ја распнат на крст, а
четврти да ја растргнат со измачување. Но, сите гласаа да се казни со
смртна казна, на овој или на оној начин.
Тогаш еден од нив, ја стивна вревата и со мирен глас почна да им
зборува:
„Другари, не им прилега на правилата на нашата дружина ниту на
нашата благост, како ни на мојата лична скромност да се согласам со оваа
ваша претерана строгост која не й одговара на тежината на престапот.
Диви ѕверови, бесилка, оган, мачење – ништо од тоа не чини, зашто
само ќе ја забрзаме нејзината смрт. Ако сакате да го ислушате мојот
Крилатиот коњ Пегас бил роден од крвта на убиената Медуза. Тој ги носел секавиците
195

и молњите на Јупитер.
Метаморфози или Златното магаре 121

предлог, подарете й го на девојката животот, но таков живот каков што


таа заслужува. Белким се сеќавате на нашата неодамнешна одлука во
врска со ова мрзливо но лакомо магаре што сè уште се преправа дека
е болно, а коешто е виновно и за бегството на девојката, затоа што й
помогнало во тоа. Значи, јас предлагам утре да го заколеме, да му ја
извадиме сета утроба, а девојкава којашто ја претпочиташе – гола да
му ја сошиеме во стомакот, така што само главата да й ѕирка надвор,
а телото да й биде во ова животно како во затвор. Потоа, магарето
наполнето како колбас, да го отераме до некоја стрмна карпа и да го
оставиме на жешкото сонце.
32. На тој начин, обајцата ќе ги искусат сите казни што со толку
мудрост ги предлагавте: магарето смртта што одамна ја беше заслу-
жило, а девојката и каснувањата на дивите ѕверови, откако црвите
сосема ќе ја изглодаат, и жештината на огнот, кога сонцето ќе го
запали стомакот на животново, а и бесењето – кога пци и грабливи
птици ќе ја разнесат утробата на сите страни. Но и тоа не е сè. Еве ги
и другите маки и страдања: таа жива ќе биде во стомакот на мртвото
животно, неподнослива смрдеа ќе й ги исполнува носниците додека
полека умира од глад, а рацете не ќе й бидат слободни за да си го
одземе сама животот“.
По овие зборови, сите арамии едногласно го прифатија неговиот
предлог. Слушајќи го сето тоа со моите долги уши, мене не ми преоста-
нуваше ништо друго освен да го оплакувам своето утрешно мртво тело!
122 Апулеј
Метаморфози или Златното магаре 123

КНИГА VII
1. Кога се раздени и кога сончевата кола почна да го осветлува
светот, стигна уште еден член на арамиската дружина, а и според тоа
како се поздравија се гледаше дека арамилакот е и негова професија.
Задишаниот дојденец седна на самиот влез на пештерата и, откако се
одмори малку, им го поднесе следниов извештај на своите другари:
„Што се однесува до куќата на Милон од Хипатија, што неодамна
ја ограбивме, можеме да бидеме сосема без грижа и да се чувствуваме
безбедно. Кога вие заминавте кон нашево засолниште, откако нели,
однесовте сè што можеше да се однесе, јас й се придружив на толпата
луѓе, па пцуев и тагував заедно со нив поради сè што се случи, но до-
бро внимавав да разберам какви мерки ќе преземат за да го објаснат
ова злодело, дали мислат да ги бараат разбојниците и до каде ќе одат
во тоа, за да можам да ве известам за сè – како и што баравте од мене.
Сите до еден тврдеа дека виновник за овој грабеж е некој Луциј,
и тоа го докажуваа не со некои сомнителни тврдења туку со сосема
веројатни претпоставки. Тој Луциј, пред неколку дена, со лажни пре-
пораки и, претставувајќи се како чесен човек, се здобил со довербата
на Милон, па овој дури и го примил во својата куќа како гостин и го
сметал за свој близок пријател. Кај него престојувал неколку дена, ја
лажел Милоновата слугинка дека е вљубен во неа, испитал како точно
се затвора вратата и љубопитно ги разгледувал оние соби од куќата во
коишто Милон обично го чувал целото свое богатство.
2. Доказ за неговата несомнена вина е и тоа што истата ноќ кога
се случи грабежот тој Луциј исчезнал и никој веќе никаде не можел
да го најде. За да може да избега што побргу и што подалеку од своите
прогонувачи, имал на располагање уште едно средство: со себе водел
еден бел коњ за да побегне на него. Го фатиле неговиот роб, кому
што исто така му било укажано гостопримство во истата куќа, па
124 Апулеј

сметајќи дека тој ќе им даде податоци за престапите и намерите на


својот господар, го одвеле во градскиот затвор и утредента го мачеле
толку многу што за малку ќе умрел. Но, сепак не можеле да извлечат
од него никакво признание. Истовремено, пратиле пратеници во род-
ната земја на тој Луциј за да го побараат злосторникот и да го казнат
за неговото злодело“.
Додека арамијата го раскажуваше сето тоа, јас го споредив тогаш-
ниот Луциј и неговата среќа со сегашнава бедна сосотојба и воздивнав
од длабочината на душата. Си помислив дека не попусто нашите стари
мудреци од минатото ја нарекувале и ја претставувале Фортуна како
слепа и сосема без очи. Таа единствено на злосторниците и недостој-
ните луѓе не штеди кога им дава среќа и никогаш не прави разумен
избор меѓу луѓето, туку секогаш ги претпочита оние од коишто и
самата би побегнала кога би можела да ги види. Најлошо од сè е тоа
што таа толку своеволно и толку наопаку владее со нашето мислење,
што никаквецот често го сметаме за чесен човек, додека со чесниот
постапуваме како со престапник.
3. Ете, на пример мене – когошто нејзиниот бес и нејзината хировита
природа ме доведоа до тоа да станам најпрезреното од сите четворонож-
ни животни и чијашто судбина би предизвикала сожалување и болка
и кај најнечувствителниот човек – ме обвинуваат уште и за грабеж на
домаќинот кој ми беше навистина драг. Та, таквото злодело би можело
со право да се нарече и убиство, а не само грабеж! А јас не можев ниту
да се бранам, ниту со еден збор да го одречам сето тоа! За да не биде
протолкувано моето молчење пред гнасното обвинување како знак
на признание и на гризење на совеста, посакував да извикам само:
„Не сум сторил ништо!“196 Но јас го изговарав и го повторував само
првиот слог. Колку и да се напрегав, колку и да ги извивав обесените
усни, секогаш останував само на првиот слог и постојано со ист глас
извикував: „Ија! Ија!“
Всушност, каква полза имам ако ја оплакувам суровоста на Судби-
ната, кога таа не се срамеше да ме фрли во истото ропство, во истиот
јарем како и мојот коњ, мојот слуга и придружник?
4. Додека вака си размислував, ме обзеде уште поголема грижа: се
сетив на пресудата на арамиите според која требаше да бидам погребна
196
Поточно, треба да се преведе: „Не сум сторил!“, затоа што во оригиналот стои „Non
feci!“. Ова била вообичаена изјава на обвинет којшто пред судот ја одрекувал својата
вина.
Метаморфози или Златното магаре 125

жртва за душата на девојката, па секогаш кога ќе се наведнев си го


погледнував стомакот и веќе ја гледав кутрата девојка во него.
Тогаш разбојникот којшто ја донесе веста и којшто изнакажа
толку клевети за мене извади илјада златници што, за да ги скрие, ги
беше сошил во наборите на својата облека. Велеше дека ги собрал од
патници и дека честа му налага да ги предаде во заедничката каса.
Грижливо се распрашуваше и за здравјето на своите другари.
Кога дозна дека некои од нив, и тоа оние најхрабрите, настрадале
во разни, исто така, опасни потфати, предложи на некое време да ги
остават на мир патиштата, да направат општо примирје со други банди
и да се потрудат да најдат нови млади луѓе и другари за да го обноват
некогашниот лик и број на Марсовата кохорта197. Според него, оние
што ќе се спротивстават би можеле да ги принудат со застрашување,
а оние што би им пристапиле доброволно да ги намамат со изгледите
за награди и добивки. Колкумина доброволно би прифатиле да живеат
кај нив со кралски живот и да се одречат од својот ропски и неугледен
живот! Ете и тој самиот неодамна сретнал еден висок млад човек со
широки плеќи, подготвен на секакви подвизи. Успеал со совети да го
наговори да ја стави во корисна и вносна служба својата сила што од
долготрајна безработица ослабела, па благовремено да го искористи
своето добро здравје, а својата силна рака, што сега ја подава за барање
милостина, да ја искористи за собирање злато.
5. Сите едногласно ги одобрија овие зборови. Решија да го при-
фатат тој човек којшто им се чинеше доволно доверлив и да побараат
други со кои ќе ја пополнат својата банда. Тогаш арамијата излезе и
по кусо време доведе, токму како што вети, еден младич – вистински
џин. Мислам дека ниту еден од присутните не би можел да се натпре-
варува со овој, затоа што тој не само што беше крупен, туку беше и
за една глава повисок од сите други, иако брадата на неговите образи
само што почнала да се појавува. Врз себе имаше разни партали што
го покриваа само до половина и коишто беа лошо сошиени, така што
меѓу нив се гледаа широките гради и стомакот окоравен во нечистотија.
Тој влезе и проговори:
„Здраво, покорни слуги на најхрабриот бог Марс и од денеска па
натаму мои верни војнички другари! Со радост прифатете го оној што со
197
Кохортата била оделение на римската пехота. Арамиите го сметале Марс за свој
заштитник.
126 Апулеј

радост ви пристапува, прифатете го човекот решителен и храбар, којшто


претпочита да добие рани по телото отколку да допре злато со раката и
чијашто храброст се зголемува со смртта од којашто другите се плашат.
Не сакам да помислите дека кај вас ме доведоа немаштијата или бедата
и не судете за моите заслуги според овие мои партали! Јас бев главатар
на една многу силна и добро вооружена банда, со којашто ја опустошив
цела Македонија. Јас сум оној прочуен разбојник Хем Тракиски, а од
моето име198 треперат сите провинции. И мојот татко Терон беше по-
знат арамија: ме хранеше со човечка крв и ме одгледа меѓу членовите
на нашата дружина, а јас го наследив и се угледав на нивните доблести.
6. Но, за многу кусо време ја изгубив својата многубројна чета
и сите големи богатства. Се случи така што јас поради божјиот гнев
го нападнав царскиот намесник кога минуваше199 овде. Тој најпрвин
работел за плата од двесте илјади сестертии, а потоа, по волја на
судбината, паднал во немилост. Но, сакам да ви раскажам сè по ред
за да знаете како се случи тоа.
На царскиот двор живееше еден човек којшто се издвојуваше по
своите многубројни заслуги, па дури го беше придобил и царот лично
за пријател. Подмолните обвинувања и нескриената завист го истераа
во прогонство. Неговата сопруга, којашто се викаше Плотина и којашто
му беше верна како ретко која жена и исклучително чесна, а згора на
тоа му ја беше зацврстила семејната лоза со десет деца, ја презрела и
ја пренебрегнала сета раскош на градскиот живот и отишла по него во
прогонство, за да му биде придружничка во неволјата. Ја избричила
главата, се облекла како маж, во појасот ги сокрила најскапоцените
ѓердани и златниците што ги имала. Без никаков страв поминала крај
стражарите и крај голите мечеви, изложувајќи се на големи опасности,
секогаш будна и полна со внимание кон мажот й, храбро ги поднесу-
вала сите несреќи. Откако среќно ги пребродиле сите згоди и незгоди,
патувале веќе кон Закинт200, што судбината им го беше одредила за
привремено место на живеење.
198
Во народната етимологија ова име се поврзувало со именката „крв“ – грч. haima,
подоцна hema. Ова име требало да ја потенцира крвожедноста на оној што го носи, затоа
е погодно за еден прочуен арамија. Покрај тоа, Тракијците во литературната традиција
биле претставувани како насилни и сурови луѓе.
199
„Praetereuntem deo irato...“ е корекција направена од Крусиј. Во манускриптите ова
место е нејасно и стои приближно: „...praetereunte me orato...“.
200
Остров во Јонско Море, едно од местата во стара Грција каде што осудениците ја
отслужувале својата затворска казна.
Метаморфози или Златното магаре 127

7. Тогаш пристанаа на брегот на Акциј201, каде што ние „си ра-


ботевме“ по доаѓањето од Македонија. Кога се стемни, патниците,
сакајќи да ги одбегнат ноќните бранови, се засолнија да преноќат во
еден ан близу до брегот и до нивниот брод, а ние ги нападнавме и им
испокрадовме сè што можеше да се украде. Но, на заминување од таму
се изложивме на голема опасност. Плотина, веднаш штом ја слушна
првата врева на портата, се втурна во собата и, уплашено викајќи, ги
разбуди сите. Ги повикуваше на помош војниците, слугите и соседите,
сите поединечно. Да не се плашеа сите овие и да не се скриеја секој
одделно, немаше да извлечеме жива глава од таму.
Тогаш оваа чесна жена, на којашто – морам да признаам – й нема
рамна во верност, успеа со својата чесност и со молбите што ги упати до
царот да издејствува брзо враќање за нејзиниот маж и целосна одмазда
за нас. Накусо, царот не сакаше бандата на Хем и натаму да постои и
таа за час беше уништена: ете колкава моќ има само еден знак даден
од моќниот владетел! На крајот, целата банда, составена од ислужени
војници-вексиларии202, беше разбиена и сотрена, а единствено јас со
тешки маки успеав да избегам и да се спасам од канџите на смртта.
Тоа се случи вака:
8. Облеков блескава женска руба, украсена со цветови и со меки
богати набори, си наместив платнено капче, обув бели чевли какви
што носат жените, се притаив вака преправен во понежниот пол, па
се качив на едно магаре што носеше јачмен и поминав крај војниците
коишто ме бараа. Војниците ме сметаа за жена на некој магаричар
и ме пуштија слободно да поминам, уште повеќе и затоа што моите
образи тогаш без брада блескаа во цутот на младоста.
Но, јас не се одреков ниту од татковата ми слава, ниту од мојата
сопствена вештина. Иако малку ми беше страв секогаш кога ќе се
најдев во близина на мечеви, сепак, прикриен во туѓа руба, и самиот
вршев напади на вили или дворци, па собрав нешто малку пари за
патни трошоци“.
Тогаш ги одмота своите партали и пред нас истресе две илјади
златници.
„Еве еден мал подарок“ рече „или, нека биде тоа мој доброволен
прилог за вашата заедница. А јас ви се нудам, ако немате ништо про-
Срт кај Амбракискиот Залив, западна Грција.
201

Ветерани од римската војска коишто имале отслужено над 16 или 20 години образувале
202

одделни одреди што имале извесни привилегии.


128 Апулеј

тив, да ви бидам водач на којшто можете да сметате и којшто набргу


од оваа камена куќа ќе ви направи куќа од злато.“
9. Никој немаше ништо против и затоа сите разбојници веднаш го
прогласија за нивни водач. Му донесоа поубава и попристојна облека
и му рекоа да ја облече место оние партали. Кога се пресоблече, се
избакна со сите по ред, па го одведоа до почесното место на масата
и за почеток му искажаа почест со гозба што убаво ја залија со вино.
Тогаш од разговорот разбра за бегството на девојката, за мојата
помош и за страшната смрт што ни е одредена и мене и на девојката.
Запраша каде е таа девојка, па го одведоа кај неа. Откако ја виде окована
во синџири, се врати со израз на неодобрување на лицето и рече:
„Јас, се разбира, не сум толку невоспитан и дрзок за да се спро-
тивставам на вашето решение, но сметам дека совеста нема да ми
дозволи да го скријам од вас она што мислам дека е правилно. Но,
пред сè, морате да ми верувате дека сум ви потполно предан и дека се
раководам единствено од грижа за вашето добро. Ако мојот предлог не
ви се допадне, вие сепак можете да се вратите на идејата за магарето.
Јас мислам вака: арамии коишто добро си ја познаваат работата не
смеат да претпочитаат ништо пред својата полза, па дури ни одмазда,
зашто таа честопати се свртува токму против оној што се одмаздува.
Ако оваа девојка ја оставите да умре во магарето, вистина е дека ќе
го искалите својот гнев врз неа, но од тоа не ќе имате никаква полза.
Затоа јас мислам да ја одведеме во некој град и таму да ја продадеме.
За толку млада девојка може да се постигне добра цена. Јас познавам
некои трговци со бело робје, а секој од нив мислам дека ќе даде не мала
сума таланти203 за неа, дотолку повеќе што таа е од благороден род и ќе
биде успешна во јавна куќа; од таму нема да може лесно да избега и
вашата желба за одмазда ќе биде задоволена. Тоа е мојот предлог – за
којшто мислам дека е корисен за вас, а вие сте си господари на вашите
решенија и постапки“.
10. Така овој заштитник на разбојничката каса нè заштити и нас
– одличен спасител на девојката и на магарето.
Другите по долго советување – оддолжувањето на тоа совету-
вање ми го кршеше срцето и ми го одземаше здивот – се согласија со
предлогот на новодојдениот арамија и веднаш ја ослободија девојката
од оковите. Таа, штом го виде оној млад човек и штом слушна дека
203
Највисока монетна единица во Хелада.
Метаморфози или Златното магаре 129

се спомнува јавна куќа и трговец со бело робје, веднаш почна весело


да се смее, така што мене ми дојде да го осудам, со право, целиот
женски род. Си велев дека таа пред мене се преправаше дека го љуби
својот млад свршеник и дека посакува чист и свет брак, а сега самото
спомнување на едно гнасно и валкано место ја исполнува со радост!
Во тој миг целиот женски род и неговиот углед зависеа од судот на
едно магаре!
Младиот арамија повторно им се обрати на разбојниците и им
рече:
„Зошто да не му се помолиме на Марс Сопатникот204 за да ни
помогне да тргнеме кон градот, да ја продадеме девојката и да си со-
береме дружина? Но, колку што гледам, немаме никакво животно за
жртвување, па немаме дури ни вино во изобилство за да се напиеме.
Дајте ми десетмина другари, ќе ми бидат доволно за да го нападнам
најблискиот имот и да ви набавам једење и пиење за салиска гозба“.
Тој тргна, а другите запалија голем оган и од чамовите грмушки
направија жртвеник за богот Марс.
11. Наскоро се вратија, носејќи мешини полни вино и водејќи пред
себе цело стадо. Одбраа еден стар јарец со долго крзно и го принесоа
за жртва на Марс Гонителот и Сопатникот. Веднаш подготвија богата
гозба, а дојденецот им рече:
„Сакам да се уверите дека јас сум добар водач не само во грабеж
и во поход туку и во вашата забава“ – па почна вешто и сесрдно да се
грижи за сè. Бришеше, поставуваше на масата, готвеше, ги разнесува-
ше чиниите со месо, служеше умешно, а особено се грижеше често и
внимателно да ги полни големите чаши со вино. Изговарајќи се дека
оди да донесе нешто што е потребно на масата, одеше одвреме-навреме
и кај девојката. Й носеше залчиња што ги земаше кришум, а често й
даваше и да се напие од неговата чаша. Таа со задоволство земаше сè
што тој ќе й дадеше, а кога ќе посакаше одвреме-навреме да ја бакне,
таа со задоволство му возвраќаше. Тоа воопшто не ми се допаѓаше.
„Ах ти лековерна девојко! Како можеш да заборавиш на свадбата и
на оној што те љуби, па на мажот, за мене непознат, што ти го одредиле
родителите да му го претпоставиш овој скитник и крвожеден разбојник?
Зар не те гризе совеста? Ги погазуваш чувствата на своето срце и се
Боговите сопатници ги придружувале луѓето и внимавале на нивните постапки, а
204

Марс бил почитуван како сопатник на разбојниците.


130 Апулеј

однесуваш недостојно овде пред копјата и мечевите. А, што ако другите


разбојници тоа случајно го забележат? Зар тогаш нема да ја искусиш
онаа казна што ти беше одредена и на тој начин да ја понесеш и вината
за мојата смрт? Ти навистина си играш со туѓа кожа!“
12. Додека јас силно огорчен вака ја корев во себе, одеднаш сфа-
тив по некои нејасни, двосмислени, но за умот на едно магаре јасни
знаци дека овој не е разбојникот Хем, туку Тлеполем – свршеникот на
девојката. Бидејќи во разговорот тој почна да зборува малку погласно,
не водејќи сметка за мене – како да сум мртов, слушнав кога рече:
„Биди храбра, мила моја Харита: наскоро непријателите ќе ги
видиш како свои заробеници!“
Потоа уште посесрдно им точеше вино, чисто и потстоплено, а
тие веќе беа загреани и пијани. Тој самиот се воздржуваше од пиење.
Јас дури помислив дека им става некое опојно средство во чашите.
Наскоро сите до еден лежеа пијани, како да беа мртви. Тогаш тој без
многу мака цврсто ги заврза и ги заплетка како што сакаше, ја стави
девојката на мојот грб и тргна кон својот роден град.
13. Кога стасавме, целиот град излезе да ја види глетката што долго
ја очекуваше. Дојдоа родителите, роднините, домашните ропчиња и
клиентите, слугите на девојката – сите опиени од радост. Навистина,
за сите во толпата – мажи и жени, млади и стари, сликата беше не-
видена и забележителна: девојка која победоносно влегува во градот
на магаре205!
И јас лично учествував во таа радост, па за да не изгледам рамно-
душен на силната веселба – ги начулив ушите, ги раширив носниците
и почнав да рикам толку гласно што сè наоколу одекнуваше.
Родителите ја одведоа девојката во една соба и ја опсипаа со гри-
жа, а мене (речиси доброволно) Тлеполем ме потера назад заедно со
другиот добиток и во придружба на голем број луѓе. Јас и по природа
сум љубопитен, но овој пат баш сакав да гледам како ќе ги заробат
разбојниците. Нив ги фативме врзани повеќе од виното отколку од
јажињата. Извлековме сè од засолништето, изнесовме надвор и нато-
варивме злато, сребро и други работи. А разбојниците врзани, како
што си беа, ги довлечкаа до блиската бездна и ги стрмоглавија во неа,
додека пак другите ги убија со нивните сопствени мечеви и ги оставија.
Пародија на прослава на триумф, кога победникот влегувал во градот на позлатена
205

двоколка влечена од четири бели коњи.


Метаморфози или Златното магаре 131

Исполнети со радост и со задоволство поради ваквата одмазда се


вративме во градот. Таму, целиот плен го оставија во државната благај-
на, а ослободената девојка му ја дадоа на Тлеполем за законска жена.
14. Од тогаш невестата, којашто ме нарекуваше свој спасител,
постојано се грижеше за мене. На денот на свадбата нареди да ми ги
наполнат јаслите со јачмен и да ми донесат сено толку многу што има-
ше доволно и за бактриска206 камила. Но, какви се клетви й упатив на
Фотида што ме беше претворила во магаре а не во куче, кога ги видов
под маса кучињата како ги јадат остатоците од богатата трпеза што
ги беа украле или што некој им ги беше фрлил.
По првата брачна ноќ, откако ги почувствува сите блаженства на
љубовната вештина, таа не престануваше да им говори на родителите
и на мажот колку многу ми е благодарна сè додека тие не й ветија дека
ќе ми укажуваат највисоки почести. Најпосле ги повикаа на советување
своите блиски пријатели за да решат како најдобро да ме наградат. На
еден му падна на ум да ме држат везден дома и да ме хранат со одбран
јачмен, зоб и треви, а да не ми даваат никаква работа. Но, преовлада
мислењето на еден друг, кој загрижен за мојата слобода, предложи да
ме пуштат да трчам по полињата и ливадите и да уживам меѓу коњите,
за да им дадам на стопаните на кобилите од мојата благородна крв
мноштво мулиња за приплод.
15. Веднаш го повикаа коњушарот и со многу препораки ме
предадоа во негови раце за да ме одведе. Сиот вон себе од радост,
весело каскав пред него без самар и без какво и да е бреме, па мислев
дека вака слободен во рана пролет сигурно ќе ми се укаже згода во
штотуку раззеленетите ливади да најдам некоја роза. Ми доаѓаше на
ум и една друга мисла: ако сега, како магаре, ми укажуваат толкава
благодарност и почести, колку ли ќе ме почитуваат кога повторно ќе
го добијам мојот човечки лик!
Но, кога оној коњушар ме одведе далеку од градот, не видов ниш-
то од мојата слобода, а камоли уживање. Неговата жена, една гнасна
и скржава баба, веднаш ме впрегна да го вртам мелничкиот камен,
постојано ме тепаше со неискастрена прачка и така на моја кожа
заработуваше леб за себе и за своето семејство. Не й беше доволно
што живееше од мојата мака, па згора на тоа морав да й заработувам и
206
Бактрија била една од северните персиски провинции што сега се наоѓа на територијата
на Авганистан.
132 Апулеј

пари мелејќи жито и за други, а мене кутриот, покрај сиот тој труд, ме
лишуваше и од храната што ми беше одредена. Јачменот што требаше
да биде за мене го пушташе за мелење под каменот што јас го влечев
и така сомелен им го продаваше на селаните од соседството. Мене,
пак, којшто по цел ден се мачев впрегнат во таа справа, ми даваше
приквечер некакви трици – непросеани, валкани и полни камчиња.
16. Сосема скршен од овие маки, суровата судбина ме предаде
на нови маки, за да можам да се пофалам со своите заслуги и во мир
и во војна.
Еден ден, иако со мало задоцнување, овој коњочувар се сети на
наредбата на своите газди, па ме одведе да пасам кај коњите. Најпосле,
јас станав слободно магаре, па скокав и си играв и, полека приближу-
вајќи се, веќе почнав да ги избирам најзгодните кобили за моја забава.
Но и оваа убава надеж наскоро се претвори во гибелна неволја: затоа
што младите пастуви, долго време добро хранети токму за служба
кон Венера, и онака силни животни, посилни од кое било магаре, се
уплашија од моето соперништво. Од страв да не им наштети една
пониска раса, заборавија на законот за гостопримство на Јупитер и
почнаа да го прогонуваат својот соперник со бесна и страшна омраза.
Еден од нив, со широки гради, крената глава и долг врат, се крена на
задните нозе и почна да ме клоца со предните. Друг, пак, ми го сврте
дебелиот задник и ме риташе со задните нозе, додека трет љубоморно
за’ржа, ги наведна ушите, ги озаби забите и сиот ме испокаса. Така,
читав еднаш, еден тракиски крал им ги давал своите несреќни гости
на дивите коњи за да ги растргнат и лакомо да ги изедат207: тој моќен
тиранин бил толку скржав што гладот на своите алчни животни го
заситувал не со зоб, туку со човечко месо.
17. На сличен начин растргнат од овие коњи, јас посакав да се
вратам и понатаму да го вртам мелничкиот камен. Но, се покажа
дека судбината сè уште не се беше задоволила со моите маки и ми
подготвуваше нова неволја: ме пратија да носам дрва од планината
и ме доверија на еден роб – најлошиот од сите робови на светот. Не
ми паѓаа толку тешко искачувањето по стрмнината и камениот пат
од којшто сосема ми се разранија копитата, колку честите удари со
тојагата. Од ќотекот коските ме болеа до сржта. Бидејќи секојпат ме
207
Станува збор за митскиот крал Диомед, когошто Херкул го победил, па и него го
снашла судбината на неговите гости.
Метаморфози или Златното магаре 133

маваше по десната слабина и тоа постојано на исто место, ми ја одра


кожата и од широката рана на тоа место ми се отвори не дупка, туку
цел прозорец. Но, тој не престануваше да ме удира по таа рана од која
бликаше крв. Покрај тоа, ми натовари толку многу дрва што секој
би помислил дека тој товар е подготвен за некој слон, а не за обично
магаре. Кога товарот ќе се настранеше на една страна, тој наместо
да ми олесни со тоа што ќе симне некој трупец од таа страна – како
што би требало – или пак ќе стави дрва на другата за да воспостави
рамнотежа, товареше камења и на тој начин го враќаше товарот во
исправена положба.
18. Како да не му беше доста што бев толку претоварен, туку после
сите мои страдања, кога требаше да ја прегазиме реката што течеше
покрај патот, скокна и тој врз мене, ме јавна за да не си ги намокри
чевлите. Е, навистина мал товар за олку претоварено магаре! А кога
случајно ќе паднев под товарот што ги надминуваше моите сили и
кога ќе се свалкав во калта што го правеше лизгав брегот на реката, тој
не ми подаваше рака за да станам, како што прават другите маскари,
ниту ме фаќаше за оглавот или за опашката за да ме дигне на нозе,
ниту пак ми го олеснуваше бремето барем малку додека повторно
да се исправам на нозе: не правеше ништо од сето тоа. Сета помош
што ми ја даваше се состоеше во тоа што ќе почнеше да ме удира по
главата, по ушите и по целото тело со една голема тојага, сè додека
самите удари ќе ме натераа да се поткренам.
19. Момчето смисли за мене уште попеколна мака! Собра во едно
снопче остри трње со лути боцки, ги врза со едно јаже под мојата
опашка и оваа висечка справа за мачење при секое мое движење
се клатеше и со острите боцки болно ме повредуваше. Така, двојно
страдав: кога ќе потрчев за да ги избегнам неговите безмилосни удари,
трњето уште посилно ме удираше; ако пак застанев за момент за да
ја одбегнам болката, ќотекот ме тераше да потрчам. Се чинеше дека
овој неранимајко ништо друго и не мисли освен како да ме погуби.
Одвреме-навреме и се колнеше дека ќе го стори тоа и ме плашеше.
И тогаш се случи нешто што ја поттикна неговата суровост да
направи уште поголемо зло: еден ден кога неговата дрскост ја превр-
ши секоја мера, јас изгубив трпение и добро го исклоцав. И еве какво
злодело смисли тој тогаш против мене! Ми натовари на грбот тешка
бала коноп, цврсто ја врза со јажиња и ме поведе на пат. Во првото
село од една куќа украде запален јаглен и го стави во балата коноп и
134 Апулеј

во истиот миг, наоѓајќи добра подлога во лесно запалливите влакненца,


огнот вивна, се засили и целиот ме опфати неподнослива жештина.
Јас не можев да видам начин како да се избавам од оваа последна
моја мака, ни најмала надеж за спас – а пожарот не трпеше никакво
колебање и мојата збунетост сè повеќе растеше.
20. Но, во целата моја несреќа, сепак Судбината мило ми се насмевна,
можеби само за да ме спаси за идните опасности, но како и да е, таа
ме спаси од смртта што веќе ми беше одредена. Случајно здогледав
една пресна бара со матна вода која се беше собрала од синоќешниот
дожд – веднаш се фрлив во неа и кога огнот сосема згасна се извлеков
ослободен од товарот и спасен од сигурна смрт.
Меѓутоа, овој безочен и бесрамен млад човек ме обвини мене
за неговото гнасно дело: на сите овчари им раскажуваше како јас,
поминувајќи несигурно покрај огнот на нашите соседи, намерно сум
се лизнал, сум паднал во огнот и така сум се запалил. Згора на тоа,
нажалено додаде: „До кога попусто ќе го хранам овој паликуќа?“
По неколку дена ме набеди уште побезочно. Откако во една од
соседните куќи ги продаде сите дрва што ги носев, ме потера празен
и почна да говори дека веќе не може да се справи со мојата опака
природа, дека се откажува од проколнатата служба на маскар, па вака
се пожали:
21. „Го гледате ли ова мрзливо, тврдоглаво, вистинско магаре? По
сите свои пакости се обидува да ме фрли во нови опасности. Штом ќе
види некој патник, било да е тоа некоја убава жена, девојка за мажење
или нежно момченце, веднаш го фрла товарот, некогаш дури и самарот,
и како бесен им се нафрла. Обземен од љубовен занес, ги соборува
на земја, им приоѓа треперејќи од незапирлив нагон, се обидува да ги
задоволи своите животински страсти и ги повикува на свадба што й е
гнасна и на самата Венера. Дури се обидува и да ги бакнува, па тогаш со
својата грда муцка само ги притиска и ги гризе. Тоа може да ни создаде
сериозни поплаки и непријатности, а може да бидеме прогонувани и
од властите. Еве и сега, пред малку, кога виде на патот една млада и
на изглед чесна жена, ги фрли и ги растури дрвата што ги носеше, се
спушти по неа како безумен, ја фрли во калта и тука пред сите сакаше
да ја јавне. Ако минувачите не го слушнеа нејзиниот плач и лелек и не
дотрчеа на помош, ако не ја извлечеа од под неговите копита и не ја
спасеа, несреќницата уплашена и ратсргната ќе загинеше со страшна
смрт, а ние со глава ќе платевме за тоа пред законот“.
Метаморфози или Златното магаре 135

22. На овие лаги им додаваше други прикаски што уште повеќе ме


мачеа во моето чесно молчење, а овој никаквец кај овчарите побуди
желба да ме линчуваат. Еден од нив рече:
„А што чекаме и зошто овој прељубник и заводник, опасен за
сите, не го принесеме како жртва, достојна на неговите чудовишни
нагони?“ И доддаде:
„Ајде ти момче, отсечи му ја веднаш главата и фрли им ги цревата
на нашите кучиња, а сето друго месо зачувај го за ручек на работни-
ците; кожата ќе му ја посипеме со пепел и ќе ја штавиме, па ќе им ја
однесеме на стопаните и лесно ќе ги убедиме дека дошол некој волк
и го заклал“.
Мојот страшен обвинител и извршител на пресудата што ја донесоа
овчарите се радуваше на мојата несреќа и, спомнувајќи си за ударот
што му го зададов и за којшто најискрено жалам што остана без по-
следици, започна веднаш да го остри ножот од еден камен.
23. Тогаш еден друг од насобраните селани рече:
„Не бива да погубиме попусто едно толку убаво магаре и тоа само
поради неговата распусност и љубовен нагон, па така да се лишиме од
неговата работа и услуги. Та можеме само да го скопиме! Така нема да
може да мисли на љубов, вас ќе ве ослободи од стравот и опасноста, а
освен тоа ќе стане и подебел и покрупен. Многу пати сум видел како
не само мрзливи магариња туку и најбесни коњи што страдаат од
преголема желба и затоа се диви и нескротливи, по скопењето стану-
ваат мирни и тивки, погодни за носење товар и подготвени за секаква
работа. Ако немате ништо против овој мој предлог, јас само ќе отидам
до пазарот и од таму, како што мислев, ќе земам алат потребен за таа
работа, па ќе се вратам да му ги раширам нозете на овој див женкар,
да го скопам и тој ќе стане помирен и од јагне208“.
24. Овој предлог, навистина, ме избави од рацете на Орк, но бев
тажен што бев избавен за најтешка казна и се расплакав при помислата
дека најскриените делови на моето тело така ќе страдаат. Најпосле
решив со постојано гладување или со доброволен скок во некоја
бездна да свршам со себе. Така барем ќе умрам целиот одеднаш, а не
само со еден свој дел.
Додека размислував каква смрт да одберам, мојот мачител повторно
ме поведе по познатиот пат по угорницата. Само што ме врза за една
208
Во оригиналот: vervex – „скопен овен“.
136 Апулеј

голема дабова гранка и отиде малку натаму за да сече дрва, кога од


блиската пештера се појави една страшна мечка со голема глава. Штом
ја забележав, почнав да треперам и, уплашен од нејзиното неочекува-
но појавување, со сета сила се исправив на задните нозе, го истегнав
вратот и ја кренав главата колку што можев повисоко, ги искинав
ремените од оглавот со којшто бев врзан и избегав побргу од ветар.
Не само со нозете туку со целото тело се стрмоглавив и се тркалав
удолу по стрмнината сè до подножјето. Таму се најдов на една широка
полјана и почнав да бегам колку што можам побргу и од мечката и од
неранимајкото којшто беше полош и од самата мечка.
25. Тогаш еден минувач, кога виде дека бегам сам, без чувар, ме
стигна и, удирајќи ме со тојагата што ја носеше со себе, ме јавна и ме
поведе по едно беспаќе што не го знаев. Јас доброволно трчав, зашто
така се оддалечував од оние што сакаа да ме скопат. Од ќотекот, пак,
воопшто не се плашев, зашто и онака бев навикнат на него.
Но, Судбината упорно ме следеше и со чудесна брзина овој згоден
спас го претвори во нова стапица за мене. Моите овчари бараа една
јуница што заскитала, па барајќи ја насекаде, случајно нè сретнаа нас,
веднаш ме препознаа, ме фатија за оглавот и сакаа да ме одведат. Но
мојот јавач беше силен и смел, па повикувајќи ги за сведоци и луѓето
и боговите, извика:
„Што е овој грабеж и насилство? Што сте навалиле?“
„Зар ти што ни го украде магарето и го одведе велиш дека ние
тебе те напаѓаме и чиниме неправда? Подобро ти е да ни кажеш каде
го сокри маскарот, сигурно си го убил.“
Веднаш го соборија на земја, го удираа со рацете и го клоцаа со
нозете. Тој се колнеше дека не видел никаков чувар, дека ме нашол
одврзан и сам, дека ме фатил за да добие награда за пријавувањето и
дека имал намера да ме врати на мојот стопан.
„Ех, да можеше ова магаре, што изгледа ќе беше поарно да не го
сретнам воопшто, да зборува како човек – ќе ви кажеше дека сум не-
вин и вие сигурно ќе се покаевте за неправдата што ми ја нанесувате.“
Но, сите овие негови убедувања беа залудни, зашто овчарите ме
фатија, ми ставија јаже околу вратот и ме одвлечкаа во онаа шума на
ридот од каде што момчето обично носеше дрва.
26. Него никаде го немаше: го најдоа неговото растргнато тело и
делови од него расфрлени на сите страни. Јас знаев дека тоа го напра-
вила мечката со своите заби и, жими бога, ќе кажев сè што знаев само
Метаморфози или Златното магаре 137

да можев да зборувам. Но, сè што можев да направам беше молчејќи


да се радувам на оваа одмазда, па колку и да беше таа задоцнета.
Најпосле, откако ги собраа растурените останки и со мака го
составија трупот, го погребаа на самото место. Мојот Белерефонт209,
кого со голема сигурност го обвинуваа дека ги извршил и кражбата
и крвавото разбојништво, го врзаа и го одведоа кај нивните колиби,
бидејќи планираа утредента да им го предадат на властите за да биде
(како што велеа тие) казнет за својот престап.
Додека родителите го оплакуваа и го жалеа момчето, се појави
оној селанец што го исполни ветувањето и кој бараше да ја изврши
операцијата врз мене. Но, еден од нив рече:
„Сега не ни е до тоа. Утре, ако сакаш, ќе можеш на ова клето магаре
да му исечеш не само тоа што треба туку и главата да му ја отсечеш.
Сите што сме овде ќе ти помогнеме“.
27. Така, мојата гибел беше одложена до утредента. А јас му бла-
годарев на доброто момче што макар мртво ми направи услуга и ми
подари уште еден ден до моето мачење. Но, сепак, ова кусо одлагање
не ми донесе ниту радост поради слободата, ниту одмор.
Мајката на оној млад човек, неутешна поради прераната смрт
на својот син, со очи полни солзи и облечена во црнина си ја кубеше
со обете раце својата бела коса, сета посивена од пепел, редеше и
викаше и така влезе и во мојата штала. Додека од жал се удираше в
гради, говореше:
„Еве го овој, безгрижно си виси над јаслите, мирно си лапа и само
мисли како да го наполни своето празно мешиште. Ни пет пари не дава
за мене кутрата, не ни помислува на тешката несреќа што го снајде
неговиот господар. Сигурно ме презира мене, нејаката старица, и мисли
дека едно вакво злодело ќе може да помине неказнето. Тој, се разбира,
не е виновен, бидејќи и најголемите злосторници, не чувствувајќи
гризење на совеста за својот злостор, се надеваат дека ништо нема да
им се случи. Јас се колнам во боговите, дека ти – четвороножна гнасо
– дури и кога би можел да говориш, никого не би можел да го убедиш
дека не си виновен за оваа суровост. Зар не можеше со клоцање да
го заштитиш кутрото момче? Него знаеше да го клоцаш, а кога тој
умирал не можеше ли да му помогнеш со твојата брзина? Си можел
Митски херој кој со помош на крилестиот коњ Пегас ја победил Химера – триглавото
209

чудовиште. Овде неговото име е иронично употребено за јавачот, додека магарето би


требало да биде Пегас.
138 Апулеј

да го земеш на грб и да го оттргнеш од крвавите раце на страшниот


разбојник! Зар можеше да го оставиш на цедило твојот другар во
ропството, твојот господар, пријател и чувар и да избегаш сам? Зар не
знаеш дека се казнуваат и оние што ќе им ускратат помош на луѓето
на смрт, затоа што тоа се коси со човечноста? Нема уште долго да се
радуваш на мојата несреќа, убиецу! Ќе направам сè за да почувствуваш
дека природата на големата болка й дала и голема сила!“
28. По овие зборови, таа со двете раце го разврза појасот и со него
ги врза најцврсто што можеше моите нозе, за да не ми остави никаква
можност да се бранам. Потоа го грабна стапот со којшто ја потпираа
вратата од шталата и не престана да ме удира со него сè додека према-
лена веќе не можеше да го држи и тој не й испадна од рацете.
Тогаш, преколнувајќи се самата што рацете толку бргу й се измо-
риле, отрча до огништето, донесе една недогорена гламна и почна да ме
гори по слабините, сè додека најпосле не се послужив со единственото
средство што ми остана: ја испрскав со мојата мрсна валкана течност
во лицето толку силно што не можеше ни да гледа. Така, слепилото
и смрдеата ја избркаа пред да ја оствари својата намера. Да не беше
тоа, гламната на полудената Алтеја ќе ја предизвикаше смртта на
магарето Мелеагр210.

210
Наречниците на Мелеагр (грчки херој) му претскажале дека ќе умре штом ќе догори
гламната во огништето. Мајка му Алтеја веднаш го извадила дрвото од огнот и го сокрила.
По многу години Мелеагр во некоја расправија ги убил своите вујковци, а Алтеја тогаш
го извадила недогореното дрво, го разгорела и Мелеагр умрел.
Метаморфози или Златното магаре 139

КНИГА VIII
1. Кога првите петли почнаа да пеат, од соседниот град дојде некое
момче. Изгледаше дека е тоа еден од слугите на Харита, онаа девојка
што заедно со мене ги трпеше истите маки кај разбојниците. Тој до-
несе страшни и чудни вести: неговата господарка умрела и несреќа ја
поклопила целата куќа. Седна пред огништето меѓу многуте собрани
робови и почна да раскажува:
„Коњушари, овчари и вие говедари, ја нема веќе нашата драга Ха-
рита! Кутрата девојка загина со страшна смрт, но на оној свет не замина
без придружба. За да не пропуштам нешто, ќе почнам од почеток: ова
мое кажување заслужува да биде запишано како приказна од учените
луѓе, од оние што Судбината ги надарила со писателска дарба.
Во соседниот град живееше еден млад човек по име Тразил, кој
потекнуваше од многу угледно семејство и којшто беше многу богат,
но беше и голем развратник, алчен за наслади, голем женкар и пијани-
ца. Заради тоа им се беше придружил на едни арамии и рацете му беа
извалкани со човечка крв. Така беше и така се зборуваше за него.
2. Кога Харита стаса за мажење, тој беше меѓу првите што ја поба-
раа за жена. Иако според своето потекло беше најугледен од сите свои
соперници и иако се надеваше дека со скапи подароци ќе ги придобие
нејзините родители, сепак мораше, поради своето лошо однесување,
да го поднесе срамот и да биде одбиен. Откако виде дека ќерката на
нашиот господар му ја дадоа за жена на Тлеполем, тој и понатаму кон
неа чувствуваше љубов, колку и да беше таа безнадежна, но чувствуваше
и лутина што не му ја дадоа нејзината рака. Поради тоа бараше начин
да изврши крваво дело, а кога му се укажа згода за тоа, тој подготви
сè за злосторот кој одамна беше наумил да го изврши.
Оној ден кога девојката беше ослободена од рацете на арамиите,
благодарејќи на лукавоста и храброста на нејзиниот свршеник, тој се
140 Апулеј

беше приклучил кон толпата што доаѓаше да честита, преправајќи се


дека необично многу се радува на нејзиното избавување и на идните
потомци на младенците. За да му искаже почест којашто доликува на
неговото благородно потекло, нашето семејство го прими како виден
гостин, а тој ја криеше својата злосторничка намера зад маска на најверно
пријателство. Благодарејќи на постојаните разговори и честите посети,
тој понекогаш остануваше и на заеднички ручек или пијалак, па така
стануваше сè поомилен кај своите домаќини. Но, притоа, постепено
и незабележливо сè повеќе и повеќе тонеше во бездната на страста.
Бидејќи огнот на првата љубов не е многу силен и тој пријатно нè грее
со неговата прва топлина, но кога ќе се разгори, потхранет од навиките,
сосема го согорува човека во див пламен.
3. Тразил уште долго си размислуваше во себе, но никако не мо-
жеше да најде место погодно за разговор насамо. Сфати дека сè повеќе
и повеќе се затвора патот за прељуба поради многубројните чувари
околу Харита, а согледа и оти не ќе може да се раскине премногу
силната врска на новото и распламтено чувство. Исто така знаеше
оти на девојката, и кога би се согласила, иако беше невозможно да се
согласи, секако би й бил туѓ секој обид за брачно неверство. Па сепак,
со кобна настојчивост веруваше дека е можно и она што не беше. Она
што во моментот мислеше дека е тешко остварливо, со разгорувањето
на љубовната сраст му изгледаше лесно за остварување. Затоа, внима-
вајте добро ве молам и слушајте трпеливо до какви крајности може
да нè однесе занесеноста од луда страст.
4. Еден ден Тлеполем го поведе со себе Тразил и тргнаа во лов
на диви ѕверови, ако така можат да се наречат дивокозите. Работата
беше во тоа што Харита не му дозволуваше на мажот й да лови ѕверови
кои имаат остри заби или рогови. Стигнаа до подножјето на еден врв
обраснат со шуми, чии густи сенки ги криеја дивокозите од погледите
на ловџиите. Тогаш ги пуштија ловџиските кучиња од благородна раса
со задача да го истераат дивечот од засолништата.
Кучињата, вешто издресирани, веднаш се распрснаа по шумата
и ги заобиколија сите излези. Во почетокот само придушено ‘ржеа, а
потоа – по дадениот знак – сета шума одекна од нивното раздразливо
лаење. Од шумата не се појави ниту коза, ниту елен, ниту некоја срна,
најпитомото од сите диви животни, туку се појави еден див вепар ка-
ков што сè уште не беа виделе. Мускулите под рапавата кожа му беа
стегнати, козината му беше накострешена и сиот беше покриен со кал.
Метаморфози или Златното магаре 141

Забите што гласно ги остреше му беа покриени со пена, а од очите му


излегуваа остри пламења. Како молња ги нападна со острата челуст
кучињата што беа посмели па му се беа приближиле, та почна да удира
и да коле на сите страни. Потоа, со копитата ги изгази нашите слаби
мрежи и избега во истиот правец од којшто претходно и се појави.
5. Сите ние, преплашени, ненавикнати на толку опасен лов, не-
вооружени и незаштитени, се сокривме зад грмушките и дрвјата. А
Тразил, којшто во оваа ситуација виде можност за извршување на
својата зла намера, му се обрати на Тлеполем со овие итри зборови:
„Зар ќе му се предадеме на стравот како овие долни робови и
ќе испуштиме од раце еден ваков плен? Да се качиме на коњите и
да се дадеме по него! Земи го ловечкото, а јас ќе го земем другото
копје!“
Веднаш скокнаа на коњите и почнаа да го бркаат ѕверот, а тој,
чувствувајќи ја својата вродена сила, се сврте и воден од желбата да
нападне, размислуваше нерешително кого од нив двајцата прв да го
нападне. Тлеполем прв го фрли копјето што го држеше в рака, додека
Тразил го остави ѕверот на мира и копјето го фрли во нозете на коњот
што го јаваше Тлеполем, така што му ја отсече ногата. Коњот падна во
крвта што ја пролеа самиот, падна на грб и не сакајќи го фрли својот
господар. Бесниот вепар тогаш се нафрли врз Тлеполем додека овој
сè уште лежеше на земја и најпрвин со забите ја испокина неговата
облека, а потоа го распарчи и него. Неговиот верен пријател, пак, ни
најмалку не се засрами од тој свој безбожен потфат, па и покрај го-
лемата опасност не му беше доволен само погледот врз жртвата која
со својата суровост ја уби: додека Тлеполем целиот во рани попусто
се обидуваше да се заштити и со тажен глас го преколнуваше да му
помогне, Тразил со копјето решително му ја прободе десната слабина,
знаејќи дека таквата рана ќе личи на оние што ги имаше од забите на
вепарот. Потоа, со сигурна рака го прободе и ѕверот.
6. Откако младиот човек така жално загина, ние – тажна дружина
робови – излеговме од нашето засолниште. Тразил, и покрај радоста
што желбата најпосле му се исполни и што го виде својот соперник на
земја, сепак го прикриваше своето задоволство со изразот на лицето: го
намршти челото, преправајќи се дека чувствува болка, страсно го прегрна
трупот на човекот што самиот го беше убил и вешто се преправаше дека
жали. Но, солзи никако да му потечат. Ете, така се преправаше дека
142 Апулеј

тагува исто како и ние, кои искрено го сакавме Тлеполем, а вината за


убиството му ја припишуваше на дивото животно.
Веднаш штом се случи оваа несреќа, почна да се шири и гласот за
неа, па најпрвин пристигна во куќата на Тлеполем, до ушите на неговата
несреќна невеста. Штом ја слушна веста каква што никогаш повеќе
нема да слушне, таа истрча од куќата и трчаше по улиците полни со
народ, по полињата и нивите и викаше како избезумена за несреќата
што го снајде нејзиниот маж. Во групи се собираа натажени луѓе, а
секој што ќе ги сретнеше им се придружуваше во болката, па сиот град
опусте, зашто сите се упатија сакајќи да го видат тоа. Таа дотрча до
трупот на својот сопруг, се фрли врз него и за малку ќе ја испуштеше
таму и душата што му ја беше ветила. Нејзините роднини одвај ја од-
двоија од него, па остана жива против своја волја, додека погребната
поворка во којашто беше сиот народ тргна да го погребе покојникот.
7. Тразил лелекаше и се удираше в гради без никаква мера, а сол-
зите што отпрвин не сакаа да потечат, сега ги лиеше сè повеќе и повеќе,
како што растеше и неговата радост. За да ја скрие својата веселба, со
тажен глас и со многубројни изрази на љубов го нарекуваше свој брат,
пријател, другар. Одвреме-навреме ја задржуваше раката на Харита,
кога оваа од жал се удираше в гради или ја тешеше во нејзината болка,
ја преколнуваше да не жали, со трогателни зборови й ја намалуваше
тагата и изнаоѓаше разни примери што ги споредуваше со нејзината
болка и со нив ја тешеше. А сите тие гнасни и лажни докази на љубов
само ги користеше за да ја милува младата жена и за да ја поттикнат
уште повеќе неговата валкана желба по неа.
Откако ги заврши погребните обреди, Харита размислуваше
единствено за тоа како што побргу да замине кај мажот й. Се обиду-
ваше секако, а најпосле го избра оној тивок и благ начин за кој не е
потребно никакво оружје и којшто наликува на мирен сон: пропад-
ната од нејадење и валкана од занемарување, се сокри во темница и
се прости од светлината на денот. Но, Тразил не мируваше и упорно
настојуваше и самиот тој и преку пријатели и роднини, дури и преку
родителите на Харита, па така најпосле и успеа да ја убеди, та таа се
искапе и зема малку храна за да го зајакне своето тело, речиси сосе-
ма пропаднато од бледило и нечистотија. Таа ги почитуваше своите
родители и затоа, мислејќи дека треба да се биде понизен и покорен,
таа почна – навистина неволно, без радост, но со малку поведро лице
– да ги извршува работите на живите. А во срцето таа си тагуваше,
Метаморфози или Златното магаре 143

та болката и жалоста ја разјадуваа до коските. Цели денови и ноќи


поминуваше во копнеж, а сликите од покојникот, на коишто тој беше
претставен како Либер, ги обожаваше како да се божество211 и тоа й
беше единствената утеха во болката.
8. Тразил, таков како што беше наметлив и дрзок, што се гледа и
по неговото име212, не можеше да чека болката да се насити на солзите,
да се успокои немирот во нејзината возматена душа или нејзината тага
сама по себе со времето да се намали. Додека таа сè уште го оплакуваше
својот маж, си ги корнеше косите и си ги кинеше рубите од жал, тој
не двоумејќи се ниту миг, й предложи брак и со тоа непромислено ги
откри тајните на своето срце и неоткриеното неверство.
Харита се зачуди кога ги слушна неговите безбожни зборови и
падна во бессознание како да беше погодена од гром, од секавица
што се спуштила од небото или од молња на самиот Јупитер. Но, по
некое време се освести, рикна неколку пати како ранет ѕвер, бидејќи
й станаа јасни сплетките на безобѕирниот Тразил, па му одговори дека
мора прво убаво да размисли за предлогот.
Во меѓувреме нејзе й се појави духот на Тлеполем, којшто беше
убиен на онаков страшен начин, па со лице облеано во крв, сиот
пребледен од страв и унакажан, й се обрати по име на чесната жена
во нејзиниот најдлабок сон:
„Мила моја жено – вака во иднина ќе може да те вика некој друг
кога во твоето срце ќе исчезне сеќавањето на мене или кога несреќата
на мојата прерана смрт ќе ги прекине сите врски на нашата заемна
љубов – земи за маж кого сакаш и биди со него посреќна отколку
беше со мене, само не предавај ја твојата рака во раката на оној кри-
воклетник и злосторник Тразил! Не разговарај со него, не седнувај
со него на иста маса и не се одморај на ист кревет со него! Одбегни
ја крвавата десница на мојот непријател: не дозволувај твојата свадба
да биде овенчана со убиство213! Раните од кои крвта ја изми со твоите
солзи не беа сите од забите на дивата свиња: нас двајцата нè раздели
копјето на Тразил“
211
Саканиот покојник блиските го обожавале како божество и му правеле олтар во
неговото омилено катче од домот.
212
Грч. thrasys – „дрзок“.
213
Лат. parricidium – „таткоубиство“, „братоубиство“ или воопшто „убиство на некој
близок“.
144 Апулеј

Потоа й раскажа сè и й објасни како се случи целото зло-


сторство.
9. Харита, којашто во тагата го беше покрила своето лице со
перниците и која дури и во сон ги мокреше своите убави образи со
солзи, одеднаш се тргна од сонот како погодена од некоја остра болка
и повторно почна да воздивнува, да си ја кине рубата и бесно да си
ги гребе месата.214 Но, никому не му раскажа за оваа ноќна посета и
се правеше како ништо да не знае за извршеното убиство. Меѓутоа,
тајно реши да го казни безочниот убиец и саматa да се ослободи од
животот исполнет со болка.
Одненадеж, еве ти го кај иде бесрамниот ерген и повторно почна
да й распарава за свадбата за којашто таа не сакаше ниту да слушне.
Таа благо одбиваше да слуша и на сите негови настојувања, на сите
негови понизни молби одговараше сaмo со вешта итрина:
„Благородниот лик на твојот брат и мојот мил сопруг сè уште лебди
пред моиве очи, моиве носници сè уште го чувствуваат слаткиот мирис
на канела215 од неговото божествено тело, а прекрасниот Тлеполем сè
уште живее во моето срце. Биди умен и мудар и дозволи й на несреќната
жена да помине времето што со закон й е одредено за жалење, додека
не поминат месеците и додека не се наполни една година од неговата
смрт216. Тоа го бара и мојата чест, како и твојот интерес и спас, зашто со
избрзан брак би можеле оправдано да ги предизвикаме одмазничките
Мани на мојот покојник во гробот, што тебе би ти донело и смрт“.
10. Тразил не се отрезнуваше од ваквите зборови, ниту го охраб-
руваше ветувањето за одредениот рок, туку тој без престан й додеваше
со безбожни зборови, додека најпосле Харита не се преправи дека е
совладана и не рече:
„Ова барем мораш да го направиш за мене, Тразиле, зашто навистина
многу те молам – да се состануваме одвреме-навреме кришум, така
што да не дознае никој од моите роднини додека да поминат деновите
што останаа до една година“.
214
Почетните редови на оваа глава, заедно со крајот на претходната, како и крајот на
седмата и почетокот на осмата глава во најдобриот ракопис се оштетени (искинати), па
затоа реконструираниот текст не е сосема сигурен.
215
Од дрвото на канела се правеле миризливи масла.
216
Времето определено за жалење било 10 месеци, а ако жената се премажела пред да
истече една година од смртта на мажот, го губела сиот имот оставен од него.
Метаморфози или Златното магаре 145

Придобиен со ова лажно ветување, Тразил со задоволство прифати


да бидат заедно во тајност и одвај чекаше да падне ноќ и да ги заштити
темнината; копнежот да ја има Харита направи да заборави на сè друго.
Харита уште му рече:
„Внимавај, добро да се завиткаш со наметката и никој да не те
следи, па за време на првата ноќна стража217, во потполна тишина, дој-
ди пред мојата куќа, свирни со усните само еднаш и почекај ја мојата
дадилка – таа кај капијата ќе чека да дојдеш и веднаш ќе ти ја отвори
вратата и во темница ќе те доведе до мојата соба“.
11. На Тразил му се допадна овој план за брак, којшто подоцна
ќе му донесе смрт. Не насети ништо лошо и, вознемирен од исчеку-
вањето, си се жалеше во себе што денот одминува толку бавно а ноќта
доаѓа толку споро. Кога најпосле сонцето й отстапи место на ноќта,
тој се завитка како што му препорача Харита и, паѓајќи во стапицата
на старата дадилка која го пречека на портата, влезе во спалната ис-
полнет со надеж.
Тогаш старицата, според заповедта од својата господарка, почна
да му се умилкува, извади чаши и бокал со вино во коешто кришум
беше помешано и некое средство за успивање, па му даваше да пие
една по друга чаша, лажејќи го дека нејзината господарка се задржала
во посета на болниот татко. Така лесно го успа. Кога го виде како лежи
спружен на грб, неотпорен за секакви навреди, ја повика Харита. Таа се
втурна во собата, треперејќи со машка решителност и со одмазднички
гнев, се исправи над убиецот на мажот и рече:
12. „Еве си сега овде – ти верен другару на мојот маж, одличен
ловџијо, мил мој младоженец! Тоа е, значи, десницата што ја пролеа
мојата крв, тоа е срцето што ги смисли предавничките сплетки со кои
ме уништи, тоа се очите што, за моја несреќа, се загледаа во мене! Но
тие, претчувствувајќи ја веќе темнината што ги очекува, ја испреварија
претстојната казна. Спиј мирно и сонувај убаво! Нема да те нападнам
ниту со нож, ниту со меч. Нема да дозволам со истата смрт ти да се
изедначиш со мојот маж! Ќе живееш, но твоите очи ќе умрат и во
иднина ќе гледаш само во сон. Ќе направам смртта на твојот прија-
тел да ти изгледа посреќна од твојот живот! Повеќе нема да видиш
светлина и секогаш ќе ти биде потребна рака на придружник, Харита
нема да ја имаш и свадба нема да прославиш, нема да го почувству-
217
Меѓу 18 и 21 часот.
146 Апулеј

ваш спокојството на смртта, но нема ни да се насладуваш на радоста


на животот. Како беден призрак ќе скиташ меѓу темнината на ноќта
и светлината на денот и долго ќе ја бараш раката што ти ги уништи
зениците. И она што е најтешко во болка: нема да знаеш на кого да
се пожалиш! Јас гробот на мојот Тлеполем ќе го полијам со крвта од
твоите очи, а твојот вид ќе го принесам како жртва за неговата душа.
Но, зошто ги одложувам маките што си ги заслужил и те оставам да
сонуваш можеби за моите прегратки кои ќе ти донесат гибел? Остави
ја темнината што носи соништа и разбуди се во онаа друга темнина
што за тебе ќе биде казна! Подигни го празното ти лице, препознај
ја одмаздата, разбери за својата несреќа и размисли за своите маки!
Ете како твоите очи й се допаднаа на чесна жена, ете како свадбените
факли ги осветлија твоите свадбени одаи! Одмаздничките Фурии ќе ти
бидат деверици, слепотијата ќе ти прави друштво, а вечното покајание
ќе те очекува!“
13. Вака му прорече Харита на Тразил и ја извлече шнолата од
косата и со неа му ги прободе обете очи. Потоа го остави потполно
слеп додека непозната болка го отрезнуваше од неговите пијанство и
сон, па го зеде мечот што обично го носеше Тлеполем и избезумена
потрча низ градот, небаре ќе направи некакво злодело, па побегна право
на гробот на нејзиниот маж. Ние, како и целиот народ, ги оставивме
празни куќите и тргнавме бргу по неа, храбрејќи се еден со друг дека
бездруго треба да й го одземеме мечот од рацете. Но, Харита застана
пред гробницата на сопругот и со блескавиот меч го одвраќаше секој
од нас. Кога виде дека сите наоколу плачат и тажат, таа рече:
„Избришете ги солзите за кои овде нема место! Престанете да
тагувате затоа што тоа не й доликува на мојата храброст! Јас му се
одмаздив на бездушниот убиец на мојот маж и го казнив грабливецот
којшто ми го одзеде брачниот живот. Време е со овој меч да си го
побарам патот до мојот Тлеполем“.
14. Потоа раскажа по ред сè: што й јавил мажот й на сон и како
го намамила со итрина Тразил во подготвената стапица. Тогаш се
прободе со мечот во десната страна на градите, падна валкајќи се во
својата крв и, изговарајќи некои неразбирливи зборови, ја испушти
својата храбра душа. Роднините на несреќната Харита убаво го измија
нејзиното тело и во заедничката гробница ја соединија со нејзиниот
маж за вечни времиња.
Метаморфози или Златното магаре 147

Кога Тразил дозна за сето ова, помисли дека на оваа несреќа може
да се одговори само со уште една нова несреќа. Убеден дека смртта
од меч не е доволна казна за таков престап, заповеда да го внесат во
истата гробница и извика:
„Духови на одмаздата, кои јас ве навредив, еве ви доброволна
жртва!“
Тогаш, решен да умре од глад, изрекувајќи си самиот смртна
пресуда, ја затвори цврсто вратата зад себе.“
15. Слугата така раскажуваше, воздивнуваше, а одвреме-навреме
пушташе и понекоја солза, додека селаните возбудено го слушаа. Многу
жалеа за несреќата што ја снашла куќата на нивниот господар, но исто-
времено – поради страв од новиот господар – почнаа да се подготвуваат
за бегство. Коњушарот, на којшто му препорачаа да ме земе, собра сè
што беше од некаква вредност во неговата куќарка и ни го натовари на
грб мене и на другите животни, па со тој плен го напушти својот стар
дом. Носевме деца, жени, кокошки, птици, јариња, кученца и сè што
на неговите слаби нозе можеше да му го отежне бегството, побегна
на нашите нозе. Иако товарот што го носев беше огромен, мене не ми
беше тешко затоа што бев исполнет со радост, зашто му побегнав на
оној никвец што сакаше да ме скопи.
Преминавме преку стрмниот врв на една планина обрасната со
шуми и преку рамнината што се протегаше во нејзиното подножје.
Кога темнината веќе се спушташе на патот, ние пристигнавме во едно
богато и густо населено гратче. Жителите на градот нè предупредија
да не го продолжуваме патот ноќе, па дури ни наутро. Ни кажаа дека
во околината има глутници волци што ја загрозуваат таа област – ог-
ромни, силни, необично диви и навикнати да грабаат. Дури, знаеле
и како арамии покрај патот да начекаат и да нападнат патници; па
дури – гонети од глад – да влегуваат на соседните имоти, така што
на луѓето им се заканувала опасност да загинат од нив како добиток
кој не може да се брани. Згора на тоа, крај патиштата по кои требаше
да поминеме лежеле наполу изедени трупови на луѓе и насекаде се
белееле коски од коишто било симнато месото. Затоа мораме да па-
туваме многу внимателно и особено да чекаме сосема да се раздени
пред да тргнеме на пат, сонцето да се искачи доволно високо на небото
за да биде ден. Само така ќе можеме да ги одбегнеме заседите кои се
кришум поставени, затоа што дивите ѕверови станувале потроми кога
148 Апулеј

светлината е силна. За да минеме низ овие места треба да одиме густо


збиени во редови, а не распрснати и растурени.
16. Но, бегалците и оние никаквеци што нè водеа, заслепени од
непромисленото брзање и од стравот дека ќе бидат прогонети, не се
придржуваа кон овие полезни совети и не дочекаа да се раздени, туку
средноќ нè натоварија и нè потераа на пат. Во страв од опасноста за
која ни кажаа, јас скриен во средината на групата, меѓу збиените редови
товарени животни, се трудев да си го обезбедам задникот од напад на
дивите ѕверови. Одвреме-навреме брзав толку многу што ги оставав
зад себе и коњите и предизвикував восхит кај сите. Но, оваа моја бр-
зина беше резултат на стравот, а не на мојата подвижност. Си мислев
дека и славниот Пегас сигурно добил крилја од страв, па поради тоа
со право бил наречен крилест, додека тој, всушност, скокал угоре и
се кревал сè до небото, затоа што се плашел да не го искаса огнонос-
ната Химера. И овчарите кои нè гонаа беа вооружени до заби како за
во бој: еден носеше меч, друг ловечко копје, трет џилит, а четвртиот,
пак, тојага. Некои носеа камења што на овој пат ги имаше во доволни
количини, други носеа зашилени стапови, а повеќето запалени факли и
страшила за животни. Недостигаше само труба, па да изгледаме како
војска подготвена за борба.
Нашиот страв беше залуден, но паднавме во полоша стапица.
Волците воопшто не ни се доближија ниту пак се појавија, макар и
од далеку.
17. Но, селаните од еден имот покрај кој поминувавме, гледајќи
нè во толкав број, помислиле дека сме арамии. Преплашени за својата
стока и длабоко вознемирени, тие со гласна вика и со различни зборови
ги нас’скаа против нас бесните и огромни кучиња, многу пострашни од
какви било волци или мечки и посебно обучени за одбрана и заштита.
Овие животни, кои и по природа се многу лоши, уште повеќе се раз-
беснеа кога ги слушнаа гласовите на нивните господари, па навалија
на нас, нè опколија од сите страни и почнаа да скокаат и не избирајќи
да колат и луѓе и добиток. Долго време нè напаѓаа, така што повеќето
од нас ги соборија на земја. Тоа беше глетка којашто предизвикуваше
поскоро жалење отколку одушевување: глутницата кучиња, беснеејќи
меѓу нас, едни ги фаќаа додека бегаа, други ги држеа додека стоеја,
се качуваа по оние што паѓаа на земја и касајќи трчаа наваму-натаму
меѓу нашите редови.
А по ова страшно зло, дојде и друго, уште пострашно!
Метаморфози или Златното магаре 149

Од покривите и од блискиот рид селаните почнаа да тркалаат по


нас карпи, една по друга, така што не знаевме од која несреќа попрво
да се браниме: дали од кучињата што беа близу или од камењата што
доаѓаа од далеку. Еден камен одненадеж ја погоди во глава жената што
седеше на мојот грб и таа од болка почна веднаш да плаче, да вика и
да бара помош од мажот й, коњушарот.
18. Тогаш тој ги повика боговите за сведоци, ја избриша крвта од
главата на жена му и почна гласно да вика:
„Зошто нас, луѓе, патници измачени од несреќи, толку сурово и
непријателски нè напаѓате? Каков плен очекувате? За каква штета
ни се одмаздувате? Вие не живеете по пештери како ѕверови, ниту
по карпи како барбари за да можете да се радувате на пролевањето
човечка крв!“
Штом го изговори ова, престана дождот од камења, селаните ги
повикаа назад бесните кучиња и бурата стивна. Тогаш еден од селаните,
од врвот на еден чемпрес, ни довикна:
„Не, ние не сме арамии и не сакаме да ве ограбиме, туку се пла-
шиме од иста таква неволја од вас. Можете во мир и безбедно да си
го продолжите патот“.
Кога селанецот го кажа ова, ние го продолживме патот, а секој
од нас носеше понекоја рана – кој од куче, кој од камен. Кога малку
поодминавме, стигнавме до една шума со високи дрвја и со убави
зелени ливади. Нашите водачи решија овде да застанеме за да се
одмориме и внимателно да си ги зацелиме повредите на нашите
настрадани тела.
Се сместија ваму-таму и најпрвин малку се одморија, а потоа
секој си ги лечеше раните на свој начин: едни си ги миеја со вода од
потокот што течеше во близина, други ставаа облози од оцет на ото-
ците, а трети ги преврзуваа отворените рани со платно. Така, секој се
грижеше за своето здравје.
19. За тоа време, од врвот на еден брег, ги набљудуваше еден старец.
Козите што пасеа околу него укажуваа дека е овчар и еден од нашите
го запраша дали има млеко за продавање, било да е за пиење или веќе
направено сирење. А тој, долго нишајќи ја главата, одговори:
„Зар вие се уште мислите на јадење и пиење или на какво
било освежување? Зар навистина не знаете на какво место сте
застанале?“
150 Апулеј

По овие зборови, си ги собра овците и си замина. Неговите зборо-


ви и бегството им втераа силен страв во коските на нашите пастири.
Додека уплашено се трудеа да разберат какво е тоа место, а немаше
никој што би можел да им каже, се појави еден друг старец – висок
и многу стар, којшто одвај одеше, потпирајќи се на еден стап, и се
приближуваше плачејќи. Кога нè забележа, почна да плаче уште по-
веќе, им ги прегрнуваше колената на сите млади луѓе и почна да ги
преколнува со овие зборови:
20. „Ве колнам во името на Фортуна и на нашите Гении218 заштит-
ници, да сте ми живи и здрави, да даде господ да ги доживеете моиве
години – помогнете му на еден старец во неговата несреќа! Спасете
ми го детето од смрт и вратете й го на оваа белокоса глава! Тоа е мојот
внук и мој придружник на ова патување. Сакаше да фати една птичка
што пееше на оградата, па тргна по неа и падна во една јама под гр-
мушките и сега животот му е во опасност. Неговиот плач и гласот што
го повикува деда си на помош ми велат дека е сè уште жив, но ваков
немоќен, јас не можам никако да му помогнам. Вие сте силни и млади,
нема да ви биде тешко да му помогнете на еден несреќен старец, така
што ќе го спасите ова дете коешто е последно во мојот род и коешто
е мојот единствен потомок“.
21. Вака редеше старецот и си ја кубеше белата брада, а нам на
сите ни беше жал. Еден од нив, похрабар, посилен и помлад од другите,
единствениот што излезе неповреден од борбата, весело стана, праша
каде е тоа место од каде што детето паднало во јамата и тргна по ста-
рецот, кој со прст му покажуваше на едно место блиску до грмушките
обраснати со трње.
Кога ние се заситивме пасејќи, а луѓето завршија со лечење, си
го земавме товарот на грб и го продолживме патот. Пред да тргнеме
почнаа да го довикуваат она момче по име. Загрижени поради неговото
доцнење, тие најпосле пратија еден од нив да го предупреди другарот
дека е време да се тргне и да го доведе со себе. Но, овој за кусо време
се врати, па пребледен и растреперен од страв раскажа неверојатни
работи за својот другар: видел како на грбот, што и онака му беше
сиот испокасан, му седи некој змеј и јаде ли јаде, а немало ни траг ни
глас од оној старец.
218
Гениј (лат. genius) – дух заштитник, којшто го придружувал секој човек од раѓање до
смрт. Исто така и секое семејство, град, место, секое поединечно дејство имале свој гениј,
на којшто му принесувале жртви, особено, на празници, родендени и свадби.
Метаморфози или Златното магаре 151

Кога го слушнаа ова и го споредија со зборовите на овчарот, којшто


ги предупреди за опасноста на ова место, ја напуштија ливадата колку
што можеа побргу, а нас со ќотек нè потераа да одиме побргу.
22. Така, со најголема можна брзина го завршивме ова долго пату-
вање и пристигнавме во едно село во кое преноќивме. Таму се случи
нешто достојно за спомнување и јас, еве, ќе ви го раскажам и тоа.
Имаше таму еден роб кому што господарот му оставил задача да
води грижа за сета послуга и тој го управуваше големиот имот на кој ние
наминавме. Тој, иако бил оженет со робинка од истата куќа, се вљубил
во една слободна жена којашто живеела надвор од имотот. Жена му,
лута и љубоморна што мажот й ја изневерува, подметнала оган и му
ги изгорела сите сметки и сите намирници што се наоѓале во амбарот.
И тоа не й било доволно за одмазда на срамот нанесен на нејзиниот
брак, па својот бес го искалила врз себе и зела јаже со кое се врзала и
го врзала и детето родено во бракот со овој маж, потоа скокнала во еден
бунар и го повлекла со себе и детето. Тогаш стопанот, силно погоден
од оваа смрт, го грабна несреќниот роб, чиешто нечесно однесување
било причина за сето ова, па го соблече гол, го намачка целиот со мед
и цврсто го врза за едно смоквино дрво во чиешто гнило стебло се беа
настаниле мравки. Мравките постојано лазеа ваму-таму и како воден
млаз го прекриваа стеблото. Штом го почувствуваа пријатниот мирис на
медот, се нафрлија врз робот и ситно, но непрестајно и неброено пати
го касаа, го гризеа неговото месо. Долго време така го мачеа, сè додека
не му го изгризаа сето месо од коските, му ја изгризаа и самата утроба,
така што кога овој умре на дрвото се белееја само коски без месо.
23. Ова проколнато место го напуштивме, ги оставивме селаните
да тагуваат и повторно тргнавме на пат. Откако цел ден одевме по
една рамнина, најпосле пристигнавме во еден убав град со многу жи-
тели. Пастирите решија овде да си подигнат огниште и да се населат
засекогаш, бидејќи, како прво – мислеа дека овде ќе бидат безбедни
од прогонства, а второ – беа заведени од изобилството намирници и
богатството на земјата.
Ги оставија животните три дена да се опораваат за да можат полес-
но да ги продадат, а потоа нè одведоа на пазарот. Еден гласник гласно
ги извикуваше цените една по друга. Коњите и другите магариња си
најдоа богати купувачи, а крај мене – којшто останав сам и осамен –
сите минуваа со негодување. Веќе ми беше здодеало пипкањето на оние
152 Апулеј

што според моите заби сакаа да ми ги одредат годините, така што кога
еден почна со гнасни прсти да ми ги допира непцата, јас со вилицата
му ја стегнав смрдливата рака и сосема му ја смачкав. По ова, сите
околу мене ги напушти желбата да ме купат. Тогаш гласникот ја зина
устата и почна да вика и да се шегува на моја сметка:
„До кога ќе го нудиме вака, за џабе, ова старо магаре изобличено
од болка и со излижани копита, па згора на тоа уште диво и глупаво?
Ние со задоволство би го подариле некому, само ако некој од вас сака
да си го фрла сеното“.
24. Така гласникот предизвикуваше смеење и кикотење кај луѓето
околу нас.
Но, од мојата судбина, во кои било места и да бегав, не можев
да избегам, ниту да ја смилостивам по толкуте претрпени зла. Сега
повторно ги сврте своите слепи очи кон мене и ми најде и ми прати
купувач чудесно погоден за мојата сурова судбина. Слушнете каков е
тој: развратник, и тоа стар развратник, ќелав, украсен со неколку бели
кадрици што му висеа од страна, еден од оние луѓе од отпадокот на
човештвото што одат по села и градови и просат со свирка на кимбал
и кастанети, носејќи со себе кип на Сириската божица219. Тој пројави
силна желба да ме купи и го прашуваше гласникот од каде сум; овој
рече дека сум од Кападокија220 и оти сум многу силен. Оној потоа се
распраша и за моите години, а гласникот на шега рече:
„Астрологот што му го правеше хороскопот вели дека има пет
години, но тој самиот веројатно најдобро знае врз основа на своите
документи за раѓањето. Иако знам добро дека според Законот на
Корнелиј221 ќе се изложам на опасност што ќе ти продадам римски
граѓанин како роб, но сепак ти велам да не се мислиш за купување!
Тоа е добар и чесен роб што може да ти биде од полза и во домот и
219
Сириската божица, најверојатно, се викала Атаргатис, а центарот на нејзиниот култ
се наоѓал во градот Хиерапол во Сирија. Била почитувана како божица на земјата, а
празнувањата во нејзина чест имале карактер на оргии (учесниците се самоповредувале со
меч, се камшикувале и дури се кастрирале). Свештениците на оваа божица биле кастрирани,
се облекувале во женска облека, а ги имало и низ целата римска империја.
220
Област во јужниот дел на Мала Азија. Робовите од Кападокија биле ценети и барани
на пазарот, затоа што биле здрави и силни. Коњите од оваа област, исто така, биле на
добра цена.
221
Овде станува збор за закон со којшто се забранувало да се крене рака врз слободен
човек и да се продава како роб. Овој закон Апулеј погрешно го нарекува Lex Cornelia.
Метаморфози или Златното магаре 153

надвор од него“. По ова омразениот купувач не престана да поставува


прашања и најпосле запраша дали сум кроток.
25. Гласникот му одговори:
„Јагне е тој што стои пред тебе, а не магаре: мирно си ја работи
работата, не каса, не клоца, човек просто би рекол како некој скромен
човек да се сокрил во таа магарешка кожа. И не е тешко да го провериш
ова. Само пикни си ја главата меѓу неговите нозе и сам ќе се увериш
каква трпеливост ќе покаже кон тебе“.
Така се мајтепеше гласникот со овој несреќник, но овој почувствува
дека тераат мајтап со него, па навредено извика:
„Тебе, глуво, немо и будалесто дрндало, што веќе цел час ме
опсипуваш со твоите простачки лакрдии, нека те ослепи семоќната
мајка, сириската божица, и светиот Сабадиј222 и Белона223 и идејската
мајка224 со нејзиниот Атис225 и господарката Венера со нејзиниот Адо-
нис226! Па зар ти, будала еден, мислиш дека е толку едноставно да му
ја довериш божицата на едно диво животно? Може да се разбесни и
да го фрли нејзиниот кип, па потоа јас, кутриот, да морам да трчам со
разбушавена коса на сите страни за да барам лекар за божицата, која
ми лежи на земја?“
Кога го слушнав ова, посакав одеднаш да потскокнам како луд за
да види дека сум див и да се откаже од купувањето. Но, тој во својата
желба да ме купи, беше побрз од моите мисли и веднаш плати седум-
наесет денарии, што мојот господар – среќен оти ќе се ослободи од
мене – со задоволство ги зеде.
Веднаш ми врза јаже околу муцката и ме предаде на Филеб. Така
се викаше мојот нов стопан.
26. Тој го зеде новиот слуга, го одведе дома и уште од прагот
извика:
222
Сабадиј или Сабасиј – фригиски бог, поистоветуван со Дионис или Атис.
223
Кападокиска божица на војната, чијшто култ (специфичен по својата суровост и
крвопролевање) бил пренесен и во Рим.
224
Мајката од Ида, Великата Мајка – Реа, сопруга на Кронос, мајка на олимписките
богови. Често била споредувана или поистоветувана со Кибела
225
Атис бил миленик и свештеник на божицата Кибела.
226
Божество чијшто култ потекнува од Исток. Во него се вљубиле и Афродита и
Персефона, па затоа Ѕевс наредил тој шест месеци да престојува во царството на мртвите
со Персефона, а шест месеци да биде со Афродита. Адонис го симболизира умирањето
и будењето на природата.
154 Апулеј

„Еве, девојки227, ви носам убав слуга од пазарот!“


А девојките беа една збирштина од развратници, кои почнаа да
скокаат од радост и да врескаат засипнато и изнемоштено со женски
гласови, мислејќи дека е тоа вистински млад роб што ќе им служи.
Кога сфатија дека се измамени и кога не видоа срна место девојка228,
туку магаре место човек, почнаа да се мрштат и да се подбиваат со
својот господар: дека им довел не роб, ами – маж за себе. „Гледај ова
магаренце да не го измориш ти сам, подели го понекогаш со нас –
твоите млади гулабици.“
Додека тие така си разговараа, јас бев врзан за јаслите. Тука имаше
и еден многу крупен човек којшто знаеше да свири флејта, а што го беа
купиле заеднички на една продажба на робови. Кога тие ја изнесувале
божицата на нивните обреди, тој одел со нив и свирел во рог, а дома
им служел како општ работник и како заеднички љубовник. Штом ме
виде во куќата, ми даде храна во изобилство и весело ми проговори:
„Добро е што најпосле дојде некој да ме замени во мојата тешка
работа! Да си ми жив и здрав и дај боже да им се допаднеш на газдиве,
за да можам јас малку да соберам сила“..
Кога го чув ова, однапред знаев какви нови неволји ме чекаат.
27. Утредента облекоа некои шарени руби, се изнамачкаа сите по
лицата со некаква валкана боја, а околу очите си нацртаа линии, па
излегоа украсени со шамии и фустани во шафран жолта боја, врзани
со ремени од платно и коприна. Некои од нив носеа бели туники
украсени со пурпурно црвени ленти и беа опашани со појаси, а на
нозете носеа жолти чевли. Врз мене ја ставија божицата облечена во
свилена наметка. Нивните раце беа голи сè до рамениците и мавтаа со
огромни мечеви и секири, а тие скокаа како бакханати, додека звукот
на флејтата го придружуваше нивниот екстатичен танц.
Откако поминаа покрај многу колиби, пристигнаа на имотот на
некој богат сопственик. Штом пристигнаа, веднаш се втурнаа внатре и
почнаа да вреват и да викаат, главите си ги наведнаа удолу и почнаа да
се клатат со копнежливи движења, да го вртат вратот така што косата,
која слободно им паѓаше удолу, им се вееше во круг. Одвреме-навреме
227
Овде и подолу е употребен женски род и „девојки“ се наречени припадниците на култот
на сириската божица (кои впрочем и се облекувале во женска облека).
228
Ова е честа и вообичаена алузија на замената на Ифигенија со срна, со која таа била
спасена од жртвување.
Метаморфози или Златното магаре 155

се вртеа еден кон друг и се гризеа, а на крајот секој си ги засече своите


раце со двосечниот меч што го носеа со себе.
Еден од нив дивееше повеќе од другите: дишеше длабоко и бргу
и глумеше лудило, како да е обземен од некој божествен дух. Како
божем присуството на бога во човекот да го прави послаб и болен, а
не да го направи подобар.
28. Но, слушнете само како го награди божјето провидение!
Тој почна гласно да прорекува и самиот лажно да се прекорува
дека направил тежок грев спрема својата вера, па самиот од себе
бара да се казни со сопствената рака поради тој престап. Тогаш го
грабна камшикот – оружје што овие полулуѓе секогаш го носат со
себе. Овој камшик беше направен од усукани волнени ленти што на
крајот завршуваа со реси, а по целата нивна должина имаше ситни
коскички од овци. Со ваквиот камшик проткаен со јазли почна не-
милосрдно да се камшикува, а болката од ударите ја поднесуваше со
чудесна издржливост.
Можеше да ја видиш земјата натопена со крвта на овие скапани-
ци, којашто течеше од нивните рани зададени од меч или од удари на
камшик. Јас многу се исплашив кога видов колку крв лие од раните:
што ќе биде ако стомакот на оваа божица побара да пие магарешка
крв, како што некои пијат магарешко млеко?
Најпосле, кога се изморија и кога им здодеа да си го кинат месото,
го прекинаа колењето. Луѓето нагрнаа и почнаа да им даваат бакарни,
а богами и сребрени парички што тие ги собираа во раширените поли
на своите фустани. Некои им даваа по грне вино, млеко или сирење,
брашно или пченица, а други, пак, донеле и јачмен за носачот на
божицата. Сето тоа браќава алчно го собраа и ми го фрлија на грб,
така што јас, двојно натоварен, истовремено бев и патувачки храм и
патувачки амбар.
29. Така тие скитаа и ги ограбуваа луѓето по целата област. Во едно
гратче, радосни поради побогатиот плен, решија да направат гозба.
Измислија некое лажно пророштво и од еден селанец побараа добро
згоен овен – велеа дека ќе го жртвуваат и со него ќе ја задоволат гладта
на божицата од Сирија. Откако приготвија пристојна гозба, отидоа да
се искапат. По капењето, доведоа со себе на гости еден едар селанец
со силни бедра и со добро развиен долен дел од стомакот. Само што
го изедоа предјадењето и пред да почнат со ручекот, сиве овие раси-
пани бесрамници коишто гореа од нечиста желба й се предадоа на
156 Апулеј

својата изопачена страст: младиот човек го соблекоа гол, го легнаа


на грб, го опколија од сите страни и почнаа да го сквернават со нив-
ните гнасни усти. Јас не можев долго време да го издржам овој срам
и сакав да викнам: „Помагајте Квирити!“ – но јасно, гласно и силно
(како што му доликува на едно магаре) можеше да се слушне само
едно „иииии“, без другите букви. Но, и тоа не можев да го направам
во понезгоден миг!
Неколку момци од соседното село, барајќи го по сите анови младото
магаре што им го украле претходната ноќ, го слушнале моето рикање
од куќата. Помислиле дека украденото магаре е скриено во некој зат-
скриен дел од оваа зграда, па одненадеж се појавија внатре за да си
го земат лично она што е нивно. Така ги изнендадија овие никаквеци
токму кога се готвеа за нивните оргии. Тие веднаш ги повикаа селаните
од сите страни, им ја покажаа гнасната глетка и уште се подбиваа со
свештениците, фалејќи ја нивната врвна телесна чистота.
30. Исплашени од овој срам, за којшто гласот брзо се прошири и
им донесе омраза и презир кај народот, си ги собраа работите и околу
полноќ, тајно, го напуштија тоа место. Голем дел од патот изминаа
уште пред изгрејсонце, а кога сосема се раздени, пристигнаа во некое
пусто место настрана од патот.
Тука долго се советуваа и најпосле решија да ме убијат. Ја симнаа
божицата од мене, ја ставија на земја, ми ги симнаа сите покривки, па
ме врзаа за еден даб и почнаа да ме тепаат со оној камшик направен
со животински коски, така што за малку ќе испуштев душа. Еден од
нив се закануваше дека со секира ќе ми ги отсече нозете, веројатно
затоа што толку грдо сум ликувал над неговата чесност! Но, другите
мислеа дека треба да ме задржат во живот, не поради мене туку заради
оној кип на божицата кој стоеше на земја.
Па така, повторно ме натоварија и додека ме гонеа и плескаа со
мечевите, стигнавме во еден голем град. Таму, еден од првенците во
градот, инаку побожен човек, со полна почит кон боговите, привле-
чен од звуците на кимбалот и тапаните како и од фригиската песна,
нè пречека и – сакајќи да ја прими божицата под својот покрив – нè
прими сите нас во својата голема куќа и реши да ја придобие накло-
носта на божицата.
31. Е, колку што се сеќавам, токму таму се најдов во најголема
животна опасност.
Метаморфози или Златното магаре 157

Еден селанец му беше пратил дел од својот лов на господарот кај


кого ние отседнавме – еден дебел бут од некој голем елен. Тој висеше
небрежно закачен горе, над кујнската врата. Не беше многу високо и
едно куче, можеби ловечко, кришум го беше грабнало бутот и, радосно
заради пленот, бргу се беше изгубило од погледот на својот чувар. Кога
чуварот ја забележа штетата, почна да се обвинува поради небрежноста,
но попусто лелекаше и плачеше.
Кога, набргу, господарот побара јадење од еленскиот бут, готвачот,
столчен и преплашен, се поздрави со синот, зеде јаже и отиде да се
обеси. Но, неговата жена забележа сè што му се случило на нејзиниот
маж, па го фати несреќното јаже и му викна:
„Зар таа случка те исплаши толку многу што не ја гледаш помошта
што ти ја праќа божјето провидение? Ако сè уште можеш разумно
да размислуваш, прибери се и слушај: одведи го ова магаре на некое
осамено место и заколи го, па отсечи му еден бут, така што ќе личи
на украдениот, свари го во убава каша и изнеси му го на господарот
место оној од еленот“.
Клетиот никаквец го прифати предлогот за да си го спаси животот
со мојата смрт, ја пофали итрината на жена си и почна да остри нож
со којшто ќе ме расчеречи како што беше решил.
158 Апулеј
Метаморфози или Златното магаре 159

КНИГА IX
1. Така овој страшен касап ги вооружи своите валкани раце про-
тив мене.
Јас, пак, во големата опасност што ми се закануваше, требаше
да најдам спас од касапењето. Затоа не се мислев долго, туку решив
со бегство да се избавам, па веднаш го искинав јажето со коешто бев
врзан, удрив да бегам колку што можам побргу, тропајќи со сета сила
со копитата, само за да се спасам. Така, се втурнав во првиот влез на
кој наидов и се најдов во една трпезарија во којашто господарот со
свештениците на божицата приредуваше жртвен ручек229. Залетан,
како што бев, испобуткав и испокршив голем дел од она што беше
подготвено за гозба, па дури и некои свечени маси230. Разлутен поради
големиот неред што го направив, домаќинот ме предаде на еден од
робовите и му нареди да ме затвори на некое сигурно место, за да не
им ја расипам повторно мирната гозба со мојата незаузданост.
На тој начин мојата итра досетка ме ослободи од рацете на крвни-
кот и јас бев среќен што се обезбедив во за мене спасоносниот затвор.
Но, повторно се замеша судбината, што на човек роден во несреќен
час не му дозволува никогаш да биде среќен и да го избегне она што
му е предодредено или барем да го измени на подобро со некоја мудра
одлука и предвидливост. Така се случи и со мене, па овој случај – што
во мигот ми се чинеше како избавување – всушност, ме доведе во
голема опасност, или подобро речено – речиси во смрт.
229
Epulae sacrificiales – свечена гозба, што се приредувала во чест на некое божество,
по обредот на принесување жртва. Јадењата за оваа гозба се приготвувале од месото на
жртвеното животно.
230
Во најдобрите ракописи, зад etiam („дури и“, „исто така“) има траги од збор кој
е избришан, а почнува со gen.... Хелм предлага интерполација со geniales, што би се
согласувало со именката mensas – „свечени маси (трпези)“.
160 Апулеј

2. Одеднаш во трпезаријата влетал еден роб – како што си шепотеа


меѓу себе слугите – кој треперел како лист и сиот бил изобличен, а го
известил својот господар дека низ задната врата штотуку дотрчал од
соседната уличка еден бесен пес и дека како избезумен се нафрлил врз
ловџиските кучиња. Оттаму јурнал во шталата и со истата суровост ги
нападнал повеќето од товарните животни, а најпосле не ги поштедил
ниту луѓето: маскарот Миртил, готвачот Хефестион, собарот Хипно-
фил, лекарот Аполониј и многумина други од послугата ги растргнал
кога се обиделе да го избркаат. Некои од животните, пак, и самите
побеснеле од неговото касање.
Оваа вест веднаш ги вознемири сите, па помислија дека јас сум
се однесувал бесно затоа што и самиот сум заразен од беснило. То-
гаш грабнаа кому што му дојде под рака, се охрабруваа еден со друг
дека треба да ја спречат заедничката гибел и се нафрлија врз мене
како и тие да се побеснети. Со ножевите, копјата и острите секири,
најверојатно ќе ме исечеа на парчиња, ако не се освестев навреме и не
влетав во спалната соба во која беа сместени моите господари. Таму ме
затворија и ме заклучија, па пред вратата поставија заседа, не сакајќи
да се изложат на опасност, зашто очекуваа – заразен од неизлечиво
беснило – да пцовисам.
Така, јас најпосле се спасив, па ја искористив можноста и, бидејќи
бев сам, се струполив на разместената постела и првпат по подолго
време заспав како човек.
3. Кога станав, целосно одморен од напорите, бев освежен благо-
дарејќи на меката постела. Ги чув стражарите коишто ме чуваа цела
ноќ како поради мене се караат:
„Зар мислите дека беснилото сè уште го држи ова кутро магаре?
Веројатно отровот веќе ја изгубил моќта, откако го достигнал својот врв“.
Мислењата околу ова беа поделени и тие решија да ја испитаат
работата: ѕирнаа низ една дупка во ѕидот и видоа дека сум здрав и жив
и оти си стојам мирно. Тогаш ја подотворија вратата и започнаа да
проверуваат дали сум се смирил. Еден од нив, небаре небото го беше
пратило да ме спаси, им предложи да проверат дали сум болен или
здрав, така што ќе ми дадат да испијам полна кофа студена вода, па
ако ја пијам мирно како и обично, ќе знаат дека сум здрав и дека не
сум заразен со никаква болест; а ако се згрозувам да ја погледнам и
одбивам да ја допрам – ќе се уверат дека моето беснило сè уште трае.
Метаморфози или Златното магаре 161

Рече дека за ова пишувало и во некои стари книги, а дека и ден-денес


така се прави.
4. Предлогот им се допадна и веднаш, па иако малку колебајќи се,
ми донесоа големо ведро полно со студена вода од блискиот бунар. Јас
веднаш истапив напред, дури им тргнав во пресрет и, како да сум многу
жеден, ја пикнав целата глава во садот и ја испив до капка водата, што
навистина ми донесе спас. Потоа кротко трпев кога ме потчукнуваа
со раце, кога ми ги виткаа ушите, кога ме влечеа за оглавот, кога се
обидуваа сенешто, па така – наспроти нивната глупава претпоставка231
– сите ги убедив дека сум здрав.
На тој начин одбегнав двојна опасност. Утредента повторно ме
натоварија со свети предмети, па со звуците на кимбалот и ритамот на
кастанетите ме изведоа да питачам по крстопатите. Скитавме и обико-
ливме многу места за да скршнеме најпосле во некое село кое, според
кажувањето на неговите жители, било подигнато врз урнатините на
некој стар и многу богат град. Влеговме во првата гостилница и таму
слушнавме една весела приказна за некој сиромав кому што жената
му „закачила рогови“. Сакам и вие да ја слушнете.
5. Овој човек, притиснат од беда и немаштија, живеел од некоја
мизерна заработувачка. Жена му била болешлива, но ја биел лош глас
дека многу „шара“. Еден ден, кога рано наутро човекот отишол на
работа, во неговата куќа кришум се вовлекол некој дрзок љубовџија.
Додека љубовниците спокојно си уживале во прељубата, ненадејно
се вратил мажот, којшто не знаел, ниту се сомневал во нешто. Вратата
била цврсто затворена и закатанчена, па тој, фалејќи ја чесноста на
својата жена, тропнал и свирнал за да й покаже дека стигнал. Итрата,
и за тие работи многу искусна жена, го оттргнала прељубникот од
сопствените прегратки и го сокрила во бурето кое до половина затру-
пано, но празно, лежело во аголот од собата, па му ја отворила вратата
и почнала остро да го кара мажот си кога влегол внатре: „До кога ќе
те гледам како мрзливо и со раце во џебови талкаш без работа, како
ништо не работиш и не мислиш како да се прехраниме? А јас, несреќ-
на, се мачам и дење и ноќе предејќи волна за барем ламба да гори во
231
„Vesana eorum praesumptio“ може да има двојно значење: „нивна глупава или безумна
претпоставка“ (значи, тие – неговите чувари, се безумни или глупави); и „нивна претпоставка
за безумноста (како последица од заразата со беснило) на магарето“, односно, на Луциј.
Се чини дека првата можност е поверојатна.
162 Апулеј

нашава куќа. Колку е посреќна мојана сосетка Дафне, која по цел ден
само се валка со мажи и уште од утро само јаде и пие!“
6. Мажот й, збунет, й одговорил:
„А што велиш на ова? Господарот кај когошто работиме денеска
е на суд и нè ослободи од работа, па јас сепак се погрижив за ручек.
Погледни го, те молам, ова буре, кое е секогаш празно и попусто ни
зазема место и кое не служи за ништо друго, освен да ни пречи. Јас му
го продадов на еден човек за шест денарии и тој само што не дошол
да го плати и да го земе. Ајде, помогни ми и само подај ми рака, па да
го извадиме и веднаш да му го дадеме на купувачот“.
Итрицата тогаш дрско се насмеала и рекла:
„Е, и ти си ми некој трговец! Си успеал да се ослободиш за толку
мали пари од истата работа што јас пред малку – не излегувајќи од
дома – ја продадов за седум денарии“.
Задоволен заради повисоката цена, мажот рекол:
„Кој е тој што ти го купил по толку добра цена?“
Жената му одговорила:
„Ене го, будалана влезе во него за да му ја провери цврстината“.
7. Тој, пак, веднаш по зборовите на жената, додал:
„Сакаш ли да ти ја кажам вистината, мајко? Ова буре ти е старо
и испукано на многу места“.
Потоа се свртел кон нејзиниот маж, како божем да не го познава,
и му рекол:
„Ајде, добар човеку, подај ми бргу една ламба за да можам добро
да ја стругнам гнасотијата од внатре и да видам дали бурево вреди
нешто. Или, можеби, мислиш дека сум ги украл парите?“
Добриот и чесен маж, без да се посомнева воопшто, ја запалил
ламбата и рекол:
„Тргни се, брате, и само мирно гледај: јас ќе го исчистам како што
треба и ќе ти го дадам“.
Тогаш се соблекол, ја зел ламбата и влегол во бурето, па почнал да
ја гребе сета стара нечистотија насобрана по бурето. Тогаш младиот и
убав љубовџија ја стегнал одзади жената на столарот, која била навед-
ната над бурето и почнал на мир да си се насладува. Таа, пак, ја ставила
главата во бурето и уште се шегувала препредено со мажот баш како
ороспија: му покажувала со прст дека треба да исчисти овде или онде,
па на некое трето место, сè додека не биле завршени двете работи и
Метаморфози или Златното магаре 163

исплатени седумте денарии. Потоа среќниот работник морал уште и


да го стави бурето на рамо и да го однесе до куќата на прељубникот232.
8. Во овој крај се задржаа неколку дена и откако на јавна сметка
добро се натовија и си ги наполнија џебовите од прорекување, свеш-
тениците се досетија како на друг начин можат да се заработат пари.
Составија едно единствено пророштво кое се однесуваше на многу
случаи233 и со него се подбиваа со луѓето кои во толпа доаѓаа кај нив
да ги прашаат за совет. Пророштвото гласеше:
„Волови ѕевгар впрегнати в јарем плодна си ораат нива
за семе да никне и богат да даде род“.
И така, кога некој случајно ќе побараше совет за склопување
брак, тие му толкуваа дека пророштвото значи оти кога ќе стапат во
брачниот јарем ќе им се роди многубројно потомство; кога некој ќе ги
запрашаше дали да купи некаков имот, тие му велеа – секако, бидејќи се
спомнуваат и волови и јарем и пролетни полиња со цветни посеви; кога
некој беше загрижен поради патувањето што му претстои, па побарал
божествено претскажување, му велеа дека воловите, значи, најдобрите
животни веќе се подготвени и впрегнати за пат, а семето што никнува
од земјата ветува добивка од патувањето. Ако им се обратеше некој
што се подготвува за борба или за прогон на разбојничка банда и ги
прашаше дали потфатот ќе биде успешен или не, тие му одговараа дека
победата му е загарантирана со ова поволно претскажување, бидејќи
вратовите на непријателите ќе бидат впрегнати во јаремот, а ќе биде
заробен богат и корисен плен.
Прорекувајќи така итро и расипано, собраа убава сума пари.
9. Кога им здодеа постојано да одговараат на прашања, повторно
тргнаа на пат. И тоа каков пат! Овој беше многу полош од оној што
го минавме ноќта234: беше полн со длабоки дупки и ископан од порои,
на места имаше и бари, а овде-онде беше лизгав и каллив. По многу
спрепнувања и потклекнувања, целите нозе ми беа во рани, па со тешка
мака и сиот истоштен одвај излегов на селската патека.
Во тој миг зад нас се појави еден одред вооружени коњаници ко-
ишто одвај ги задржуваа коњите, па се нафрлија врз Филеб и неговите
другари: ги фатија за врат, пцуејќи ги и нарекувајќи ги безбожници
232
Оваа новела ја презел Бокачо во Декамерон (нов. 2, ден VII).
233
Во изданието на Адлингтон е прифатена емендацијата на Калвин, со која ракописното
casulis е заменето со casibus.
234
Види кн. VIII, гл. 30.
164 Апулеј

и бесрамници, почнаа да ги удираат со тупаници, им ги врзаа рацете


и им ставија лисици, па ги натераа да ја извадат златната чаша, која
беше предмет на нивниот престап: тајно, под изговор дека им треба за
одржување на некоја свеченост, ја беа украле од постелата на самата
Божица Мајка. И, како да може со бегство да се одбегне казна за толку
голем престап, уште во рани зори беа излегле од градските ѕидишта
и беа тргнале на пат.
10. Еден од војниците ја крена раката над мојот грб, почна да
пребарува во полите од облеката на божицата што ја носев и кога ја
најде чашата ја изнесе на виделина пред сите. Разбојниците ниту го
изгубија духот, ниту се плашеа поради безбожничкото сквернавење,
туку овие бесрамници почнаа да се смеат и да измислуваат досетки:
„Ете како неправедно можеш да се најдеш во опасност! Ете како
често невини луѓе можат да бидат обвинети! Заради една чашичка што
Мајката Божица й ја даде на својата сестра – Сириската божица – како
гостински дар, слугите на нејзината религија треба да бидат прогласени
за злосторници и да бидат доведени во животна опасност!“
Но, попусто зборуваа вакви и слични будалаштини – селаните
веднаш ги одведоа назад, ги пцуеја и ги фрлија во Тулијановиот за-
твор235. Чашата и статуата на божицата што јас ги носев ги ставија во
ризницата на храмот како жртвен дар. А мене утредента ме изнесоа
повторно на пазар и со наддавање ме изложија за продажба. Еден
мелничар и пекар од соседното гратче ме купи по цена што беше за
шест сестертии повисока од онаа што Филеб ја беше платил за мене.
Тој веднаш купи и жито, добро ме натовари, па ме потера по стрмниот
пат по којшто имаше и камења и пенушки и ме доведе во мелницата
во којашто работеше.
11. Таму голем број впрегнати животни вртеа во круг мелнички
камења236 со различни големини и мелеа брашно не само дење туку по
цела ноќ, работејќи без починка и со вртење на раскрцканите машини
трупаа брашно – плод на бессони ноќи работа.
235
Tullianum е име на затвор (или, поточно, на подземниот дел на затворот), изграден во
времето на Сервиј Тулиј во Рим. Апулеј со ова име го нарекува секој затвор, односно го
користи како општа именка.
236
Машината за мелење зрна (mola), којашто ја вртеле луѓе или запрежни животни,
работела на речиси идентичен начин како и воденичната мелница: со два камена меѓу
кои паѓале зрната и се мелеле од нивното триење.
Метаморфози или Златното магаре 165

Веројатно за да не се исплашам уште веднаш од работата, мојот


господар ми одреди едно многу поугледно место: за тој прв ден ме
ослободи од работа и во јаслите ми стави многу храна. Но, ова ужи-
вање во безработица и јадење не потраја многу долго. Следниот ден,
уште утрото, ме впрегнаа во мелницата којашто мене ми изгледаше
најголема, ми ја покрија главата, па ме потераа во круг по кривулестата
патека и тука требаше во оградата постојано да одам по своите траги и
враќајќи се по сопствените стапки повторно да го започнувам кругот.
Меѓутоа, јас не ги бев изгубил сета своја досетливост и итрина, па им
покажав дека тешко ја учам работата. Иако, уште кога бев човек, често
гледав како се вртат овие направи, сега се преправав дека сум глуп и
останав закован во место, како да сум невешт во работава и како да
ми е сосема непозната. Мислев дека како непогоден за оваа работа, ќе
ми одредат друга – полесна, или ќе ме остават да не работам ништо, а
ќе ме хранат добро. Но, тоа преправање беше залудно и на моја штета.
Одеднаш околу мене се собра група луѓе со стапови в раце и бидејќи
очите ми беа врзани, а јас не очекував нешто такво, одненадеж, на
даден знак и со викање, почнаа да ме тепаат безмилосно, така што јас
заборавив на мојата одлука и во истиот миг почнав со сите сили да го
влечам јажето и весело да тапкам во круг.
Оваа моја ненадејна промена во однесувањето предизвика смеа
кај сите.
12. Така помина поголемиот дел од денот. Бев уморен, па ми го
симнаа оглавот од вратот, ме одврзаа од направата за која бев врзан и
ме одведоа во шталата. Иако бев бескрајно уморен, иако чувствував
голема потреба да си ја повратам силата и бев гладен како волк, ме
обзеде мојата вродена љубопитност и, оставајќи го јадењето што го
имаше во изобилство пред мене, со задоволство размислував за поре-
докот којшто владееше во оваа немила работилница.
Жими добрите богови! Колку несреќници имаше овде на коишто
кожата им беше ишарана со темни модринки, а разранетиот грб поскоро
им беше скриен отколку покриен со искинати партали! Некои од нив
имаа само по едно крпче преку долниот дел од стомакот, а сите беа
облечени така што низ парталите им се гледаше сè. Секому челото му
беше бележано со буква237, косата избричена од едната страна на гла-
На робовите коишто направиле некој тежок престап им го жигосувале челото со буква
237

или со збор што го означувал тој престап.


166 Апулеј

вата, а нозете оковани во прстен. Изобличени од гнасотија, со капаци


изгорени од жешкиот и густ чад238, тие речиси ништо не гледаа; и како
борачите коишто пред борба се посипуваат со ситен прав, се белееја
покриени со валкано брашно и пепел.
13. А што да кажам и како да ви раскажам за животните што жи-
вееја заедно со мене? Тоа беа само стари маски и дрти скопени коњи.
Стоеја околу јаслите со наведнати глави и јадеа од плевата, вратовите
им беа подуени од гнојни рани, а носниците распукани од честите
напади на кашлање. Градите им беа разранети од постојано триење со
јажето, ребрата соголени до коска од непрестајно тепање, а копитата
набиени од постојаното трчање во круг. Кожата сета им беше рапава
од нечистотија, митарење и изгладнетост.
Се плашев дека и мене ќе ме стигне истата неволја, си спомну-
вав на некогашниот среќен Луциј, па доведен до очај си ја наведнав
главата и тагував. Во сиве овие маки во животот немав никаква друга
утеха освен мојата природна љубопитност којашто ми овозможуваше
малку разонода, бидејќи сите во мое присуство се однесуваа и говореа
слободно и по своја волја.
Не попусто божествениот творец на старата грчка поезија – кога
сакал да го прикаже најмудриот човек – во своите стихови опеал човек
којшто стекнал врвни доблести239 патувајќи низ многу градови и запоз-
навајќи различни народи. Затоа и јас со благодарност се присетувам
за магарето во кое бев претворен, затоа што скриен во неговиот лик
и измачен со различни неволи станав барем богат со искуство, ако не
и мудар.
Еве една прекрасна приказна, позабавна од сите други, што сакам
да им ја доверам на вашите уши:
14. Оној мелничар, којшто ме купи и којшто впрочем беше добар
и особено скромен човек, имаше една лоша жена, полоша од која било
друга, којашто толку ги сквернавеше и бракот и домашното огниште
што јас честопати воздивнував над неговата судбина. Не постои ниту
еден порок што таа никаквица го немаше. Сите гнасотии се беа слеале
во нејзината душа, како помија во смрдлива јама: беше дива и сурова,
ненаситна на мажи и пијаници, тврдоглава и кавгаџика, алчна за туѓо и
расипна со своето, скарана со верноста и душманка на скромноста. Ги
238
Речиси секој мелничар имал и фурна
239
Се мисли на Одисеј и на Хомеровата Одисеја
Метаморфози или Златното магаре 167

презираше и ги газеше светите закони на боговите, а место тоа јавно


богохулеше, извршувајќи непостоечки обреди и говорејќи дека верува
во бог кој е еден и единствен240, ги мамеше сите луѓе и сопствениот
маж, пиеше од рано утро и по цел ден со блудничење го сквернавеше
своето тело.
15. Таа жена ме прогонуваше со необична омраза: уште пред да
стане од постелата викаше да го впрегнат новото магаре во мелницата,
а потоа – веднаш штом ќе излезеше од спалната – ќе застанеше до
мене и ќе наредеше пред неа солидно да ме изнатепаат. Кога за време
на ручекот, најпосле, ќе ги испрегнеа сите други животни, по нејзина
наредба мене ме оставаа и многу подоцна ме водеа до јаслите. Со
ваквата суровост таа само уште повеќе ја зголеми мојата љубопитност
за нејзиното однесување.
Забележав дека кај неа во собата често доаѓа еден млад човек чи-
ешто лице сакав да го видам, но не можев од качулката што ми беше
наметната на главата. Да успеев да го видам, ќе бев доволно бистар и
некако ќе ги откриев срамните постапки на оваа никаквица.
Една баба, којашто знаеше за нејзините пороци и којашто слу-
жеше како врска меѓу неа и нејзините љубовници, по цел ден не се
одделуваше од неа. Најпрвин појадуваа заедно, потоа си пиеја по
неколку чаши чисто вино, па почнуваа да коваат план како со итро
стокмени измами да го изиграат несреќниот й маж. Јас пак, иако многу
й се лутев на Фотида што по грешка, наместо во птица ме претвори
во магаре, сепак, во сета моја грдотија за утеха ги имав долгите уши,
кои беа доволно големи за да можам лесно да слушнам сè и на многу
големо растојание.
16. Така, еден ден, до ушите ми допреа овие зборови на таа бе-
срамна241 старица:
„Ете, самата процени каков пријател си најде, без да ме прашаш
мене за совет: го најде ова убаво и плашливо момче, кое затреперува
ако твојот здодевен и одвратен маж малку се намрштил, па неговата
љубов тогаш од страв се лади и тој не може да ја задоволи твојата
пламена страст. А колку е подобар Филеситер242 – млад, убав, дарежлив
240
Веројатно Апулеј алудира на нејзината припадност кон христијанската (или еврејската)
вера, што се косело со официјалната религија, па оттаму и неговиот презрив став кон неа.
241
Во манускриптите стои timidae – „срамежлива, плашлива“, додека емендацијата на
Хелм со intimidae – „бесрамна“ се чини многу пологична и посоодветна.
242
Името, всушност, на грчки значи „миленик на хетерите“, „развратник“.
168 Апулеј

и вреден, но упорен, наспроти залудните мерки на претпазливост на


љубоморните сопрузи. Тој, жими сè, заслужил да ужива во љубовта
на сите жени и да носи златен венец на главата, заради еден подвиг
што го презеде неодамна кон еден љубоморен маж. Сослушај ме, па
самата направи споредба меѓу различниот карактер на овие љубовници.
17. Сигурно имаш слушнато за оној Барбар, декурион243 во нашиов
град, когошто луѓето поради неговата зајадливост го викаат Скорпија.
Тој човек има жена од угледно семејство, несекојдневно убава. Неа ја
држеше дома и ја чуваше колку што можеше повнимателно“.
На ова, жената на мелничарот рече:
„Како не? Ја познавам многу добро. Ти зборуваш за мојата соу-
ченичка Арета244“.
„Тогаш знаеш и за она што се зборува за неа и Филеситер.“
„Не, не знам ништо, но горам од желба да дознаам и затоа те молам,
мајко, да ми раскажеш сè по ред.“ – одговори другата.
Неуморната и дрдорлива старица веднаш почна:
„Тој Барбар се подготвувал да тргне на некое неодложно пату-
вање, но сакал највнимателно да се погрижи за да ја зачува чесноста
на својата сопруга и затоа тајно го повикал робот Мирмекс245, за кој
знаел дека му е потполно верен, и му доверил да ја чува. Му се заканил
со затвор, со доживотна робија, па дури и со бавна смрт од глад само
ако ја допре некој неговата сопруга, па дури и со прст во минување;
и се заколнал во сите богови дека ќе биде токму така. Значи, така го
оставил Мирмекс да биде постојано покрај жената, па тогаш спокоен
заминал на пат.
Мирмекс, од страв, постојано й бранел на својата господарка
да излезе од дома. Додека таа седела дома зафатена со предење, тој
седнувал до неа и не ја напуштал ни за миг. Навечер, кога одела да се
искапе – само тогаш излегувала од дома – тој одел крај неа, држејќи
й се со рака за фустанот. Со еден збор, најсовесно ја вршел задачата
што му ја доверил господарот.
18. Но, прочуената убавина на прекрасната госпоѓа не можела да
остане тајна за внимателната будност на Филеситер. Самата прочу-
еност на нејзината чесност и тоа прекумерно чување го поттикнувале
243
Член на месниот (градски) совет. Вакви совети имало во сите поголеми градови во
римските провинции, муниципии или колонии.
244
На грчки јазик значи „добродетел“, „доблест“.
245
На грчки јазик значи „мравка“.
Метаморфози или Златното магаре 169

и ја разгорувале неговата подготвеност да направи и да претрпи сè и


затоа со сите сили се нафрлил да го освои овој дом со неговите строги
правила, уверен дека човечката верност е кревка. Добро знаел дека
нема препрека што би можела да им се спротивстави на парите и дека
златото може да отвори и железна врата, па начекал згодна можност,
го нашол Мирмекс на само и му ја открил својата љубов. Го прекол-
нувал да му ги прекрати маките, зборувал дека робот нема од што
да се плаши за оваа работа, оти тој може самиот, ноќе, под закрила
на темнината полека да влезе во куќата и за кусо време повторно да
излезе. Кон овие и слични молби тој додал уште едно средство што
како клин требало да ја пробие непоколебливата упорност на робот:
ја отворил раката и покажал грст потполно нови, блескави златници,
од коишто дваесет биле наменети за младата жена, а десетте со задо-
волство му ги давал нему.
19. Мирмекс најпрвин затреперил од страв, ги затнал ушите и
веднаш избегал. Но, пламениот сјај на златниците никако не му се
губел од пред очи и, иако веќе се оддалечил и бргу стигнал дома, се-
пак го гледал само сјајот на парите, а во мислите тоа големо богатство
веќе го имал в раце. Сето тоа многу го вознемирило и несреќникот го
растргнувале противречни мисли: од една страна – верноста, од друга
– парите, од овде – маки, од онде – задоволства. Најпосле, златото го
победило стравот од смртта. Како што минувало времето – копнежот
по убавите златници не стивнувал, грозна алчност го мачела и ноќе
и, иако наредбите на господарот го задржувале дома, златниците го
мамеле надвор. Тогаш тој ја потиснал срамежливоста, ја отфрлил не-
решителноста и й го пренел предлогот на својата господарка. Ни таа
не ја изневерила лекомисленоста на женскиот род, па чесноста веднаш
ја жртвувала на проколнатите златници.
Тогаш Мирмекс, избезумен од радост, побрзал да ја уништи
својата верност; тој горел од желба не само да ги земе туку и да ги
допре златниците што – на своја несреќа – ги видел. Му јавил на Фи-
леситер дека благодарејќи на неговото големо залагање, желбата му
се исполнила и веднаш ја побарал одредената награда. Така, раката
на Мирмекс, којашто до тогаш не знаела ни за бакарна паричка, сега
држела златници!
20. Кога веќе паднала ноќта, Мирмекс го довел до куќата храбриот
љубовник кому што главата му била покриена со платно и го внел во
спалната соба на господарката. Штотуку овие почнале со своите први
170 Апулеј

прегратки да принесуваат жртва на новородената љубов и како голи


војници ја започнале својата служба под знамето на Венера, на куќната
порта, сосема неочекувано, се појавил мажот, којшто ноќта ја иско-
ристил за патување. Тој почнал да тропа, да вика, да удира со камења
по портата и, поради одолговлекувањето, да се сомнева – па најпосле
му се заканил на Мирмекс со страшни казни. Престрашен од оваа нео-
чекувана несреќа, овој не можел да се реши што да направи, и бидејќи
тоа му бил единствениот спас, почнал да ја обвинува темнината што
не може да го најде добро скриениот клуч. Во меѓувреме, Филеситер
ја слушнал вревата, ја облекол туниката, но во збрката истрчал бос од
спалната. Тогаш Мирмекс го ставил клучот во клучалката, ширум ја
отворил капијата и го дочекал господарот којшто сè уште пцуел и ги
повикувал за сведоци сите богови од небото. Додека овој влегувал во
собата, Мирмекс го извел Филеситер по таен пат, па кога видел дека
тој е на прагот, се вратил дома да спие.
21. Но в зори, кога Барбар станувал од постела, видел под кре-
ветот непознати сандали – оние што Филеситер ги носел кога влегол
во спалната. Веднаш насетил што се случило, но не й кажал ниту на
жена си, ниту кому било во куќата што го мачи. Ги зел сандалите и
кришум ги ставил под наметката и само им наредил на другите робови
Мирмекс да го врзат и да го одведат на плоштадот. Потоа, мрморејќи,
и самиот тргнал натаму, бидејќи бил убеден дека сандалите што ги
нашол лесно ќе му укажат на трага од заводникот.
Барбар со набрано чело и со лице вцрвено од лутина брзал преку
пазарот. По него одел Мирмекс во окови. Иако не бил фатен на дело,
сепак го мачела совеста, па леел солзи и се обидувал со молби да
предизвика сожалување, што не можело да му биде баш од никаква
полза.
За среќа, во тој миг во пресрет им излегол Филеситер, којшто
си одел по некоја сосема друга работа. Оваа неочекувана глетка го
трогнала, но не го уплашила. Веднаш се сетил каква грешка си доз-
волил во брзањето и во мигот ги насетил можните последици, па со
вообичаената присебност ги растерал робовите и гласно викајќи му
се нафрлил на Мирмекс, па почнал безумно246 да го удира по лицето:
Постојат различни предлози за замена на нелогичното clementer – „разумно“ од
246

манускриптите: inclementer – „безмилосно, жестоко“ и dementer – „безумно, бесно“.


Обете предложени емендации се чинат посоодветни од clementer.
Метаморфози или Златното магаре 171

„Ах ти, мангупе и никаквецу! Дај боже, ти најлош меѓу луѓето,


на најлош начин да бидеш казнет од твојот господар и од боговите
во коишто лажно се колнеш! Ти беше тој што вчера во бањата ми ги
украде сандалите и, жими бога, заслужуваш да ги носиш овие окови
и да скапуваш во темната зандана!“
Измамен од оваа итра лага на храбриот млад човек, Барбар леко-
мислено му простил на Мирмекс, го повикал, му ги дал сандалите и
му наредил да му ги врати на сопственикот.
22. Додека бабата сè уште дрдореше, жената на мелничарот
почна:
„Е, колку е среќна жената која има толку смел и ладнокрвен прија-
тел! А јас, несреќна, наидов на таков што се плаши и од тропањето
на мелничкиот камен, па дури и од ликот на ова шугаво магаре овде!“
Тогаш бабата рече:
„Не се грижи. Јас ќе ти доведам и тебе таков љубовник – смел и
бестрашен“.
Се договорија дека ќе дојде уште вечер и бабата излезе од собата.
А чесната жена уште веднаш почна да подготвува салиска гозба, наточи
скапо вино, зготви свежо месо и колбаси, богато ја постави трпезата
и го очекуваше доаѓањето на љубовникот, небаре ќе дојде некој бог.
За нејзина среќа, случајно, и нејзиниот сопруг беше на вечера кај
соседот валавичар.
Денот се ближеше кон крај247 и мене најпосле ме отпрегнаа и ме
оставија во мир да се најадам. Јас, пак, не се радував толку што се
ослободив од работата колку што се радував што се ослободив од ка-
чулката и што сега ќе можам убаво да ги видам сите марифети на оваа
расипана жена. Сонцето веќе беше зајдено зад Океанот и ги осветлуваше
подземните предели на светот, кога стигна безобѕирниот љубовџија во
придружба на бабата. Беше речиси сè уште дете и неговите розови и
мазни образи зрачеа миловидност, а тој веќе и самиот беше подготвен
да забавува љубовници. Жената го дочека со многубројни бакнежи и
го покани веднаш да седне на поставената трпеза.
23. Младичот одвај успеа да ја допре до уста чашата и да го по-
чувствува вкусот на виното, кога ете ти го мажот – се вратил многу
побргу отколку го очекуваа. Неговата верна жена го дочека со пцости
247
Во изданието на Адлингтон е прифатена емендацијата на Хелм: metis die – „кон крајот
на денот“, наспроти meridie – „на пладне“, како што стои во ракописите. Meridie е во
спротивност со претходно кажаното (дека бабата љубовникот ќе го доведе вечерта).
172 Апулеј

и со клетви, посакувајќи да му ги скрши и двете нозе. Младиот љу-


бовник, кој трепереше од страв, го турна и го сокри под едно дрвено
корито во коешто обично го чистеа житото и кое случајно се најде
тука. Потоа со својата вродена препреденост се правеше како ништо
да не се случило, па со лажно спокојство го праша мажот си зошто
пред време ја напуштил вечерата кај својот пријател и си дошол дома.
Овој непрестајно длабоко воздивнувајќи й одговори:
„Не можев веќе да го поднесам безбожното и срамно однесување
на неговата расипана жена и си избегав. О, богови! Каква чесна жена,
верна и скромна, а со таков срам да се извалка! Не, се колнам во
светата Церера248 дека сега, откако го видов ова, не можам веќе ни на
очиве да си верувам!“
Поттикната од зборовите на мажот, сакајќи сè да дознае, оваа
бесрамна жена почна да му додева за да й раскаже од почеток што се
случило. Не престана сè додека мажот не ја задоволи нејзината желба
и не почна, кутриот – не знаејќи за она што се случува во неговата – да
раскажува за срамот на туѓата куќа.
24. „Изгледаше дека жената на мојот пријател е добра, со беспре-
корно однесување и уживаше глас и углед на трудољубива домаќинка
којашто чесно ја води куќата на својот маж. Одеднаш ја обзела страст
кон некој љубовник и долго време тајно се состанувала со него. Дури
и во мигот кога ние од капење се упативме на вечера кај нив таа
блудничела со него. Вознемирена од нашето ненадејно појавување, се
досетила и го пикнала љубовникот под некој висок плетен кош, чии
прачки на врвот се извиткани во облик на шилец. На тој кош имаше
префрлено некои платна, што ги белела на чад од сумпор. Мислејќи
дека добро го сокрила љубовникот си седна да вечера со нас.
За тоа време, младичот опиен од остриот и тежок мирис на сум-
порот почнал да се задушува и да губи свест, а како и што се случува
обично од сумпор – почна силно да кива.
25. Првиот пат кога слушна кивање од зад грбот на жена си, маж й
мислеше дека таа кивнала и како и обично и рече: наздравје! Но, кога
кивањето се повтори и сè почесто се повторуваше, тој вознемирен што
тоа толку често се случува, најпосле почна да се сомнева. Се оттурна
од масата, го крена кошот и го извлече човекот кој дишеше тешко и
бргу, па горејќи од гнев поради нанесениот срам, побара меч. Имаше
248
Статуата на Церера била поставена на почесно место во домот на секој мелничар.
Метаморфози или Златното магаре 173

намера да го заколе овој полумртов човек, а јас со судни маки, свесен


за заедничката опасност, го спречив во неговиот бес, убедуваќи го
дека тој набргу и без наша вина ќе умре сам од себе поради дејството
на сумпорот. Најпосле се смири, не толку поради моите совети колку
поради самите околности и го однесе полумртвиот во најблиската
улица. Јас тивко ја посоветував неговата жена и ја натерав да се од-
далечи малку од дуќанот и да отиде до некоја своја пријатлка додека
да стивне гневот на нејзиниот маж. Меѓутоа, тој беше толку возбуден
и бесен, што немаше сомнение дека и против себе и против својата
жена наумил нешто навистина страшно. Тоа ме натера да избегам од
вечерата кај мојот пријател и да се вратам дома.“
26. Додека мелничарот го раскажуваше ова, неговата безобѕирна и
бесрамна жена без престан со клетви и погрди ја навредуваше жената
на соседот: дека е бесрамна, неверна, срам за целиот женски род, дека
ги отфрлила и срамот и чесноста, дека ја згазила брачната верност и
од куќата на својот сопруг направила јавна куќа. Зборуваше дека го
изгубила достоинството на жена и станала ороспија, а додаде и тоа
дека таквите жени треба живи да ги спалуваат.
Сепак, потајно ја мачеше нечистата совест и не й даваше мир,
се трудеше што побргу својот заводник да го ослободи од маките во
засолништето и постојано му велеше на мажот й порано да оди да
си легне. Тој, бидејќи ја беше прекинал вечерата од која си заминал,
беше гладен и убаво ја замоли да му принесе да јаде. Таа набргу и го
стори тоа, иако против волја, зашто вечерата беше наменета за друг.
Мене утробата ми се креваше поради нејзиното злодело пред тоа и
поради сегашната дрскост, па упорно размислував како би можел да
ја откријам и разобличам измамата, да му помогнам на мојот господар,
да го отклопам коритото и да им го покажам на сите оној што како
желка лежеше под него.
27. Ми беше тешко за мојот господар, но божјето провидение
најпосле се смилува кон мене. Куциот старец, кој нè чуваше, набргу
нè поведе сите на блиското езеро да нè напои вода. Така ми се укажа
одлична можност да се одмаздам. Поминувајќи, забележав дека вр-
вовите од прстите на љубовникот ѕиркаат од засолништето коешто
беше премногу тесно, па јас со копитото од страна добро ги згмечив
и од нив направив пита. Избезумен од неподнослива болка тој почна
со плачлив глас да стенка, го отфрли коритото и така пред очите на
неупатениот сопруг ја откри измамата на бесрамната жена. Мелничарот,
174 Апулеј

меѓутоа, не беше многу возбуден од навредата нанесена на неговата


чест, па милувајќи го момчето по пребледеното лице, со ведро чело и
благ глас му рече:
„Не плаши се синко. Од мене нема да претрпиш никакво зло. Јас
не сум некој дивјак, ниту сум прост како некој селанец. Јас не сум
грубиот валавичар, па да те оставам да пцовисаш во чад од сумпор,
а нема ни да се повикам на строгите закони за прељуба249 и вакво
главче и вака убаво момче да изведам на суд. Ќе разговарам со мојата
жена за поделба. Не зборувам за поделба на имотот, туку за поделба
на заедничкото уживање, па сите тројца без кавги и расправии да се
најдеме во иста постела. Јас и досега живеев со мојата жена во таква
слога, зашто секогаш и на двајцата ни се допаѓале исти работи, како
што треба и да биде, според зборовите на мудрите луѓе. Па токму таа
рамноправност не дозволува жената да има повеќе права од мажот!“
28. Потсмевајќи се вака благо, тој го поведе младичот, кој со сте-
снување одеше кон постелата. Својата чесна жена ја затвори на друго
место, а тој самиот легна со младичот и сосема се предаде на насладата
за да ја одмазди својата повредена брачна чест.
Кога сончевата колесница го донесе денот, повика двајца најсил-
ни робови, им нареди да го подигнат момчето и, камшикувајќи го по
задникот, зборуваше:
„Што? Зар ваков нежен и убав младич, ваков мрсулко, кој со
својата младост уште и самиот мами љубовници, зар тој да заведува
жени слободни или обврзани со брачен закон, да бара од нив да го
нарекуваат љубовник и заводник, кога тоа сè уште не му прилега?“
По овие и други слични зборови убаво го натепа и го исфрли над-
вор. Така, овој крал на заводниците неочекувано се спаси и побрза да
избега, иако неговиот убав бел задник прилично настрада и во текот
на ноќта, но и изутрината.
Мелничарот веднаш се разведе250 од својата жена и ја избрка од
куќата.
29. Меѓутоа, овој срам, колку и да беше оправдан, многу ја разлути
и разгневи оваа и по природа лоша жена и таа ги употреби сета своја
249
Според законот за прељуба, таткото на жената можел да ги убие ќерка си и нејзиниот
љубовник фатени во прељуба. Мажот немал право да ја убие жена си, но ако во афект
го убие љубовникот, тогаш не бил обвинуван за убиство.
250
Тоа била вообичаена казна за неверство на жената. За разводот ја известувале преку
трето лице или писмено.
Метаморфози или Златното магаре 175

расипаност и женската препреденост за да се одмазди. Најде некоја


стара вештерка за којашто се зборуваше дека со магии и баења може
да направи сè. Ја опсипа со молби и подароци за да направи една од
овие две работи: или повторно да ја смири со мажот й или, пак, – ако
не може тоа – да му повика некој призрак или лош дух што ќе го мачи
сè до смрт.
Маѓепсничката којашто имаше моќ над духовите најпрвин се
обиде со вообичаеното оружје на својата злосторничка вештина да го
омекне тешко повреденото срце на мажот и повторно да побуди љубов
во него. Но, ова не й успеа како што таа планираше, па се налути на
духовите и, поттикната од нивниот презир, од наградата што й беше
ветена, но и од желбата за одмазда за нејзиниот неуспех, почна да
работи на пропаста на сопругот, испраќајќи му ја сенката на некоја
жена којашто загинала со насилна смрт.
30. Можеби некој премногу педантен читател ќе ме укори и вака
ќе ми забележи:
„Како си можело ти, итро магаре, да дознаеш што правеле тие
две жени во тајност, ако си било затворено во мелницата, како што
велиш самото?“
Е па, слушај сега како може љубопитен човек како мене, дури и во
лик на магаре, да дознае како се готвеше гибелта на мојот мелничар.
Околу пладне, во мелницата се појави една жена којашто изгле-
даше како обвинета, со лице изобличено од неизмерна тага, полуоб-
лечена во една испокината наметка, со боси и откриени нозе, бледа
како крпа, огрдена од глад, со лице речиси сето покриено со висната
и мрсна коса, посивена од пепел. Оваа жена нежно ја стави раката на
рамото на мелничарот, како да сакаше да му каже накоја тајна. Потоа
го одведе во неговата спална и се задржа таму со него прилично долго
зад затворена врата. Кога беше сомелено целото жито што робовите
го беа зеле за работа и мораа да побараат друго, тие отидоа до собата
на господарот и почнаа да го викаат, барајќи жито за да ја продолжат
работата. Откако господарот не одговори на неколкуте повици, тие
почнаа силно да тропаат по вратата. Но, таа беше цврсто заклучена,
па тие – насетувајќи нешто лошо – се нафрлија со сета сила врз неа,
ја искршија и си отворија пат. Внатре не ја најдоа жената, но го видоа
господарот, веќе мртов, како виси врзан за една греда и со јамка околу
вратот. Го симнаа, ја одврзаа јамката, па со плачење и со тажачки го
176 Апулеј

измија за последен пат телото на господарот. Откако ги извршија сите


обреди, го погребаа во придружба на голема толпа народ.
31. Утредента пристигна неговата нажалена ќерка којашто беше
мажена во соседното село: од жал си ги кубеше косите и се удираше со
тупаници по градите. Таа знаеше сè за семејната несреќата, иако никој
ништо не й беше јавил, бидејќи на сон й се јавил ликот на нејзиниот
татко со јамка околу вратот и й раскажал за злоделото на нејзината
маќеа, за нејзиното неверство и магии, за тоа дека умрел како жртва
на духови. Долго плачеше и лелекаше, но најпосле престана да реди,
зашто ја смирија пријателите што се беа собрале. Откако на деветтиот
ден ги изврши обредите востановени според обичаите, таа го изнесе на
продажба сето она што како наследство й беше останало од татко й:
робовите, покуќнината и добитокот. Така непредвидливата судбина го
растури на разни страни и на различни господари сето она што дотогаш
му припаѓаше на едно домаќинство. Мене ме купи еден сиромашен
градинар за шеесет нуми. Според него тоа беше скапо, но се надева-
ше дека со наша заедничка работа ќе може да заработи за живеачка.
32. Самиот тек на раскажувањето бара овде да ги изнесам сите
должности што ги вршев во новата служба.
Наутро, мојот господар ќе ме натовареше со секаков зеленчук и ќе
ме потераше кон најблискиот град, ќе им ја продадеше таму стоката
на продавачи, ќе ме јавнеше и ќе се вратеше дома.
Потоа, додека тој копаше, полеваше или наведнат работеше други
работи, јас мирно си уживав во безработица. Но, со редовното вртење
на ѕвездите, годината го затвори својот круг од денови и месеци, па по
богатите уживања што ни ги донесе есента, се сврте кон Јарецот251 и
ја донесе зимата со слана, постојани дождови и со влажни ноќи. Јас
се смрзнував, затворен во шталата без покрив, бидејќи мојот господар
беше толку сиромашен што не можеше ни за себе да си обезбеди барем
некој сламеник или некој скромен покрив над главата, туку мораше да
се задоволи со некаква колиба скрпена од листови. Покрај ова, моите
маки наутро беа уште поголеми: морав со боси нозе да газам по сту-
дена кал или по остри смрзнати грутки, а згора на тоа ни стомакот не
можев да си го наполнам како што треба ниту со најобична храна. Јас
и господарот имавме слична храна, но во секој случај многу бедна:
251
Сонцето стапило во соѕвездието на Јарецот, што значи, било почеток на зимата.
Метаморфози или Златното магаре 177

стари марули без никаков вкус што биле оставени за семе, па така
презреани личеа на метли, чијшто сок имаше мирис на гнилеж и кал.
33. Една темна ноќ без месечина, еден човек којшто имаше имот во
соседното село, заскитал во темнината и, мокар од обилниот дожд, се
појави во нашата градина. Тој беше примен убаво – според можностите,
па се одмори, не којзнае колку удобно, но сепак – добро, зашто одморот
му беше толку неопходен. Сакаше да го награди љубезниот домаќин и
му вети дека од својот имот ќе му даде на мојот господар малку жито,
масло и две буриња вино. Овој не чекаше долго, туку донесе една вреќа
и празни мешини, ме јавна и тргна на имотот што беше на шеесетина
стадии252. Кога го поминавме тој пат, стигнавме на имотот каде што
угледниот домаќин го покани мојот господар на обилен ручек.
Чашите со вино веќе одеа од рака до рака, кога се случи нешто
навистина чудно. Една кокошка, одделувајќи се од другите, почна да
трча низ дворот и да кокодака, како да сака да снесе јајце. Стопанот
ја виде и рече:
„Ова е многу добра кокошка и добра несилка! Веќе долго време
секој ден ни несе јајца и нè храни. И сега, гледам, сакаш да нè поче-
стиш со добро мезе“.
Потоа се сврте кон едно момче и му довикна:
„Еј, момче! Земи ја и однеси ја во нејзиниот агол од кокошарникот,
за да снесе!“
Момчето направи како што му беше заповедано, но кокошката не
сакаше да оди на нејзиното вообичаено место, туку токму тука – пред
нозете на стопанот, го снесе предвремениот плод што предизвика
голема вознемиреност кај сите. Затоа што таа не снесе обично јајце,
туку тоа беше пиле со крилја, со канџи, со очи и со глас, кое веднаш
тргна по својата мајка.
34. Тоа не беше сè: за кусо време се случи уште поголемо чудо
од коешто сите со право се преплашивме до смрт. Под масата на
која сè уште имаше остатоци од гозбата, се отвори голема пукнатина
во земјата и од неа бликна силен извор со крв, а големи капки ја
испрскаа масата. Додека сите уште стоеја вкочанети од страв и се
плашеа од божјите претскажувања, од визбата дотрча еден човек
и извести дека целото вино што одамна било наточено во буриња
почнало да клокоти и да врие како под него да има заложено голем
252
Стадиј е грчка мера за должина, што одговара на приближно 180 метри.
178 Апулеј

оган. Во исто време забележавме и една невестулка што во забите


носеше веќе мртва змија, а од устата на овчарскиот пес скокна зелено
жапче, додека овенот што беше во близина го нападна песот и со едно
загризување го задуши.
Од сите овие и некои слични работи господарот и неговата послуга
ги фати силен страв и тие се најдоа во чудо, не знаејќи што треба да
направат прво а што потоа, што е поважно а што помалку важно за да
се ублажат заканите на небеските сили, како што не знаеја ни колку
и какви животни треба да жртвуваат.
35. Додека стоеја така вџасени и во очекување да се случи нешто
уште пострашно, дотрча еден роб и му јави на господарот дека на
неговиот имот се случила голема и страшна несреќа. Имено, стопанот
беше многу горд на своите тројца веќе возрасни, образувани и убаво
воспитани синови. Тие млади луѓе биле пријатели со еден сиромашен
сопственик на некоја мала куќа во близината. Покрај таа мала куќа се
наоѓале големите и плодни ниви на некој млад, богат и моќен сопстве-
ник од угледно семејство, којшто ја злоупотребувал славата на своите
предци, бил склон кон сплетки, а во градот можел да прави што сака.
Тој човек непријателски се однесувал и ја користел немаштијата на
својот скромен сосед: му го убивал добитокот, ги терал своите волови
и му ги газел посевите уште пред да созреат. Откако му ја уништил
сета летнина, сакал да го набрка од неговиот скромен имот, па водел
судски спор околу меѓата и го барал сиот имот за себе. Лишен од сè
што имал поради алчноста на богатиот сосед, селанецот со својата
скромност, посакал од сиот татков имот да задржи барем парче земја
доволно големо колку за да го погребаат на него. Со страв ги повикал
своите пријатели за сведоци при одредувањето граници на тоа парче
имот. Меѓу нив биле и тројцата браќа коишто сакале да му помогнат
колку-толку на својот пријател во неговата несреќа.
36. Но, безумниот човек не се уплашил, ниту се збунил од при-
суството на толкав број граѓани, па не сакал да ги ублажи ниту својата
алчност, ниту своите зборови. Додека луѓето пристојно го истакнувале
правото и се обидувале со одмерени зборови да го смират неговиот
гнев, тој одеднаш свечено изјавил и се заколнал во својот и во живо-
тот на сите коишто му се најмили дека без оглед на толкавата толпа
посредници, тој ќе им нареди на своите робови да го фатат селанецот
за уши и да го исфрлат колку што можат подалеку од неговата колиба.
По овие зборови сите што го слушале ги обзел гнев. Тогаш, еден од
Метаморфози или Златното магаре 179

тројцата браќа, без одлагање и малку послободно, одговорил дека тој


попусто се повикува на своето богатство кога се заканува вака дрско,
како некој тиранин, затоа што и соромашните имаат право пред законот
за заштита од дрскоста на богатите.
Ова ја разгорело лутината на овој човек како масло врз пламен,
како сулфур на оган, како камшик во рацете на Фуриите253. Тој сосема
се избезумил и почнал да вика дека и тие и сите нивни закони можат
да се обесат, па наредил на луѓето да им пуштат и да им нас’скаат
кучиња. Тоа биле овчарски кучиња – диви и огромни – навикнати да
се хранат со мрши расфрлени по полињата и извежбани да ги напаѓаат
и касаат сите патници кои таму ќе поминат. Штом кучињата го слуш-
нале свиркањето и с’скањето на овчарите, раздразнети и возбудени, во
сиот свој бес, силно лаејќи ги нападнале кутрите луѓе, ги испокасале,
ги растргнале на парчиња. Не ги оставиле ниту оние што почнале да
бегаат, туку напротив – нив уште пожестоко ги бркале.
37. Во таа мешаница од уплашени луѓе најмладиот од браќата удрил
со нога во еден камен, ги искршил прстите и паднал на земја, па така
на оние бесни и диви кучиња им дал можност за крвава гозба; штом
стигнале до овој плен што им лежел на земја, го растргнале кутрото
момче. Кога браќата ги слушнале неговите претсмртни повици, тажни
му притрчале на помош, ја обвиткале наметката околу левата рака
и се обиделе да го одбранат својот брат и да ги избркаат кучињата
фрлајќи камења. Но, не можеле ниту да го стивнат нивниот бес, ниту
да ја совладаат нивната жестина. Кутрото момче тогаш ги изговорило
последните зборови и ги замолило на богатиот, извалкан со крв, да му
се одмаздат за смртта на својот најмлад брат, па тој онака растргнат
– испуштил душа. Тогаш, двајцата сè уште живи браќа се нафрлиле
врз богататиот, не толку од очај за својот спас туку – жими Херкула
– токму зашто веќе не се грижеле за тоа, се нафрлиле на богатиот и,
горејќи од гнев и безумен нагон, почнале да го опсипуваат со камења.
38. Овој поволен пресврт му дал на итрото момче некаква надеж
за одмазда. Преправајќи се дека раката му е повредена, му се обратил
на нечуено суровиот и богат млад човек:
„Насладувај й се на гибелта на целото наше семејство и засити ја
својата ненаситна жестина со крвта на тројца браќа, ликувај над толку
Фуриите, божиците на одмаздата, се олицетворение и на нечистата совест што го мачи
253

престапникот. Биле претставувани со камшик во рацете. Види и бел. 32, кн. I.


180 Апулеј

свои убиени сограѓани, но знај: без разлика колку имоти ќе одземеш


од сиромавите, сепак ќе мораш да ги шириш границите на својот имот,
бидејќи секогаш ќе имаш некого за сосед. О, да не ми ја беше одзела
несправедливата судбина оваа моја десница, таа сега веднаш ќе ти ја
отсечеше главата“.
Никаквецот уште повеќе се разбеснел поради овие зборови и вон
себе од гнев го грабнал мечот, па го нападнал несреќното момче, сакајќи
со своја рака да го убие. Но, наишол на противник којшто не бил послаб
од него! Сосема неочекувано младичот му дал отпор што овој не го
очекувал: цврсто го зграпчил за десната рака и, силно замавнувајќи со
мечот на богатиот, го прободел повеќепати, така што овој ја испуштил
својата бесрамна душа. Потоа, за да се ослободи од рацете на слугите
кои притрчале на помош, ја свртел острицата на мечот – сè уште мокра
од крвта на непријателот – и си го пресекол грлото.
Ете што претскажуваа сите оние чудни знаменија, ете што му беше
објавено на несреќниот господар. Но, старецот врз когошто се струпо-
лија толку зла не кажа ниту збор, не можеше ниту безгласна солза да
пушти. Го зграпчи ножот со кој пред малку на своите гости им сечеше
сирење и други нешта за појадок, па по примерот на својот злосреќен
син, неколкупати си го засече вратот, падна врз масата и со својата
свежа крв ги изми петната од крвта што му ја навести оваа несреќа.
39. Растревожен од судбината на оваа куќа, којашто целата пропадна
за толку кусо време, воздивнувајќи длабоко поради својата судбина,
откако се заблагодари за ручекот со неколку солзи, мојот господар
плесна неколкупати со празни дланки во знак на жал, па веднаш ме
јавна и тргна по патот по којшто дојдовме.
Но, ниту враќањето не мина без незгоди. Нè пресретна еден висок
човек, по чијшто изглед и држење се гледаше дека е војник-легионер.
Тој надмено го праша градинарот каде го води тоа магаре без товар.
Мојот господар, сè уште обземен од тага и не разбирајќи ниту збор
латински, го одмина без одговор. Тогаш војникот, налутен, го сфати
неговото молчење како навреда и, не можејќи да се воздржи во својата
вродена дрскост, почна да го удира со лозовата прачка254 што ја држеше
в рака и го турна од мојот грб. Градинарот понизно се правдаше дека
Жезол од испреплетени лозови прачки носеле кентурионите за да ги казнуваат со него
254

војниците кои ќе направеле некаков престап. Во овој случај, Апулеј веројатно алудира
дека овој обичен војник од легија носел ваков стап за да „се прави важен“.
Метаморфози или Златното магаре 181

не го знае јазикот и затоа не може да разбере што му зборува. Тогаш


војникот повтори на грчки:
„Каде го водиш ова магаре?“
Градинарот одговори дека оди во соседниот град.
„Мене ми е потребна неговата помош. Магарево треба со други
товарни животни да го донесе багажот на мојот командант од сосе-
дната тврдина.“
Потоа ја стави својата рака врз мене и ме поведе за оглавот. Гра-
динарот, бришејќи си ја крвта од раната добиена од ударот по лицето,
почна да го моли војникот да биде повнимателен и помек и го колнеше
во надежта за среќа што ја има.
„Еве, ова магаренце и покрај тоа што одвај оди, сепак каса, а згора
на тоа страда од една гадна болест и изнемоштено од тешкото дишење
одвај може да довлече од соседната градина неколку снопа зеленчук,
а камо ли да носи малку поголем товар.“
40. Но, кога виде дека со никакви молби не може да го смилостиви
војникот и оти му се заканува поголема опасност – зашто војникот уште
повеќе се разгневи, па го сврте стапот со намера со подебелиот негов
крај да му го скрши черепот – се послужи со последното средство:
преправајќи се дека сака да му ги прегрне колената за да предизвика
сожалување кон себе, се наведна и така подгрбавен го зрапчи за ко-
лената, го подигна во вис и го тресна од земја со сета сила, па почна
до го удира со тупаници и да го гризе со забите, а грабна дури и еден
камен од патот. Почна да го удира по лицето, по рацете и по слабините.
Војникот, пак, штом се најде на земја, не можеше веќе ниту да се бра-
ни, ниту да возвраќа на ударите, туку не престануваше да се заканува
дека штом ќе се крене на нозе, ќе го исече на парчиња со својот меч.
Овие зборови на време го потсетија мојот стопан и тој му го истргна
мечот и го фрли некаде далеку, па почна уште пожестоко да го удира.
А војникот, легнат на грб и речиси одземен од раните, не можеше да
најде друг начин за да се спаси, па го употреби единственото средство
што му остануваше – се преправаше дека е мртов. Градинарот тогаш
го зеде мечот, ме јавна и бргу се упати кон градот. Не сакаше ни да
намине во својата градина, туку отиде кај некој свој пријател. Откако
му раскажа сè, го замоли да му помогне и да ги скрие него и магарето
два-три дена, додека да помине опасноста и да ја одбегне смртната
казна. Човекот, не заборавајќи го старото пријателство, веднаш го
прифати. Мене ми ги врзаа нозете и ме качија по едни скали на вториот
182 Апулеј

кат, а градинарот се пикна долу во колибата и се сокри легнат во еден


сандак на кој цврсто го затвори капакот.
41. За тоа време, како што разбрав подоцна, војникот – откако
се освестил како по долго пијанство – тетеравејќи се поради болката
од здобиените многубројни рани и потпирајќи се со еден стап, одвај
дошол во градот. Тој зашеметен, не сакајќи никому во градот да му
раскаже ништо за својата слабост, не презел ништо, туку молчејќи ја
поднесувал неправдата, сè додека не наишол на некои другари на кои
им раскажал за несреќата што го снашла. Решиле тој да се крие во
касарната следните неколу денови (бидејќи покрај нанесениот срам,
тој се плашел и од Генијот, заштитник на војниците, поради тоа што
го изгубил мечот255), а другарите ги забележале нашите белези и му
ветиле дека ќе се потрудат да нè најдат и да се одмаздат.
И навистина, се нашол еден расипан сосед којшто им открил каде
се криеме. Другарите на војникот ги повикале луѓето од власта и изла-
жале дека на патот изгубиле скапоцен сребрен сад што му припаѓал на
нивниот заповедник и оти го нашол некој градинар којшто сега не сака
да го врати, па се крие во куќата на некој свој пријател. Претставниците
на власта, откако слушнале за таа штета и за името на заповедникот,
веднаш дојдоа на вратата на нашето засолниште и гласно го известија
нашиот домаќин дека е сосема јасно оти тој нè крие и затоа е подобро
да нè предаде, отколку својот живот да го изложува на опасност. Но,
овој не се исплаши ни најмлаку од тоа, па мислејќи само како да го
спаси човекот што го беше зел под своја заштита, не призна ништо,
туку смело изјави дека веќе неколку дена не го има видено градинарот.
Војниците, пак, напротив, тврдеа и се колнеа во генијот на царот, дека
виновникот се крие овде и никаде другде. Најпосле, решија да извршат
претрес за да го разоткријат ова упорно одрекување. Им наредија и
ги пратија ликторите и другите јавни службеници внимателно да го
пребараат секој агол, но по претресот тие јавија дека во куќата нема
ниту жива душа, а камоли магаре.
42. Тогаш распаравијата меѓу двете страни се разгоре уште повеќе:
војниците настојуваа дека знаат што зборуваат и не престануваа да
се повикуваат на името на царот, додека овој другиов одрекуваше и
понатаму и ги повикуваше боговите за сведоци.
255
Ако војник го изгубел својот меч, се сметало дека е тоа воен престап еднаков на
дезертерство, но и сквернавење на светоста и навреда на императорот.
Метаморфози или Златното магаре 183

Јас, слушајќи ја расправијата, вревата и викањето, како љубопитно


и по природа немирно магаре, го протнав вратот низ едно прозорче
за да видам што значи таа врева. Но, токму тогаш еден од војниците
случајно го крена погледот кон мојата сенка и веднаш ги повика сите
да се уверат. Се крена голема врева, бргу се искачија по скалите, па
ме фатија и ме симнаа како затвореник. Бидејќи веќе немаше никакво
сомнение, уште повнимателно пребараа сè одделно, па го отворија и
оној сандак и го фатија несреќниот градинар и й го предадоа на власта.
Го одведоа во градскиот затвор, за наскоро да биде осуден. Не прес-
тануваа да се смејат за сметка на мојот истегнат врат. Оттука се роди
и онаа често употребувана поговорка за магарето што го истегнало
вратот и за неговата сенка.256

256
Овде Апулеј обединува две грчки поговорки, односно, изрази – постари од неговото
дело. Првата произлегува од една приказна за некое магаре, кое во една грнчарска
работилница – сакајќи да погледне низ прозорец – го истегнало вратот и искршило
неколку садови; грнчарот го тужел стопанот на магарето за настанатата штета, а кога
го прашале на што се жали, рекол: „на вратот на магарето“. Другата изрека е извлечена
од приказна за некој човек кој најмил магаре и во еден топол летен ден легнал да спие
под сенката на магарето; стопанот на животното приговорил дека тој му го изнајмил
магарето, но не и неговата сенка. Оттаму, изреката „за сенката на магарето“ се употребува
зада се означи расправа за сосема тривијална работа.
184 Апулеј
Метаморфози или Златното магаре 185

КНИГА X
1. Следниот ден, не знам што се случи со мојот стопан – градинарот,
но мене оној војник (кој поради својата дрскост изеде добар ќотек) ме
изведе од шталата, а никој не се побуни. Ми се чини дека ме одведе во
неговата касарна и, откако добро ме натовари и ме опреми војнички,
ме изведе на пат. Носев и блескав шлем и уште поблескав штит, како
и копје со премногу долга рачка, кое војникот не го носеше поради
прописите туку за да ги плаши со него кутрите патници. Сето тоа
убаво го распореди врз товарот – како што е вообичаено во војската.
По едно навистина лесно патување преку поле, стигнавме во едно
гратче, но не наминавме во меаната, туку во куќата на еден декурион.
Војникот веднаш ме предаде на еден роб, а тој самиот побрза кај својот
претпоставен, којшто под своја команда имаше илјада вооружени војници.
2. Се сеќавам дека по неколку дена таму се случи едно многу тешко
злодело, па јас овде ви го раскажувам и вие да читате за него.
Нашиот домаќин имаше син – млад, добро образован и затоа многу
скромен и со многу доблести – каков што секој родител би сакал да
има. Бидејќи мајката на момчето одамна беше умрела, таткото се оже-
нил повторно и со новата жена имаше друг син, којшто тогаш – кога
јас бев таму, веќе беше наполнил дванаесет години. Маќеата, која во
домот на својот маж се истакнуваше повеќе со својата убавина отколку
со својата чесност, не знам дали затоа што по природа била бесрамна
или затоа што можеби судбината ја беше натерала на тоа срамно дело
– му беше фрлила око на посинокот. Треба да знаеш, драг читателу,
дека сега веќе читаш трагедија, а не приказна и дека од сандали се
качуваме на котурни257.
257
Изразот значи: „ја напуштаме комедијата, а преминуваме на драма“. Имено, лесните,
ниски обувки – сандали (socci) што ги носеле комичките актери се симбол на комедијата,
а котурните (coturni – обувки со високи потпетици) се синоним за трагедија.
186 Апулеј

Оваа жена, сè додека Купидон се хранел со ситни трошки258, мо-


жела да им се спротивстави на неговите слаби сили, потиснувајќи го
малиот пламен со молчење. Но, кога бујниот Амор почнал посилно да
гори и да го исполнува нејзиното срце со безумен пламен, таа потполно
му се покорила на божеството со бујна природа. За да ја скрие својата
душевна болка, таа се преправала дека страда од телесна болка. Се-
кому му е познато дека наглите промени во здравствената состојбата
на болните и на вљубените се потполно исти: мртовечко бледило,
заматен вид, слабост во колената, неспокоен сон и тешки воздишки,
толку длабоки што тешко можат да се задржат во градите. Да не беа
солзите, човек можеше да помисли дека има треска.
Ех, колку се глупави лекарите! Та не знаат ли што е тоа кога на
човека му е забрзано биењето на срцето, кога бојата на лицето се менува
од час во час, кога дишењето е тешко и кога болниот се тетерави, ту
на една, ту на друга страна?
О, добри богови, та за тоа не се потребни вешти лекари! Секој
којшто знае што е љубов лесно ќе ја реши оваа загатка кога ќе види
дека некој гори, а телото му нема температура.
3. Кога страста веќе неподносливо ја мачеше и не можеше повеќе
да се опира, жената наредила да й го повикаат синот кај неа: колку само
сакаше да го избрише ова име, да не биде врзано за него, за да не ја
потсетува дека треба да црвенее од срам! Момчето веднаш ја послуша
заповедта на својата болна мајка: челото му беше набрчкано како на
некој старец и таков влезе во собата за да й изрази должна почит на
жената на својот татко и на мајката на неговиот брат.
Таа, измачена од долгото молчење, сепак повторно се колебаше
и го отфрлаше секој збор што й се чинеше погоден за овој разговор;
нејзиното чувство за срам сè уште се јавуваше и таа не знаеше од
каде да почне.
Момчето, кое сè уште ништо не насетуваше, ги беше наведнало
очите и ја прашуваше за причината на нејзината болест. Тогаш, таа ја
искористи згодата што се сами, па се осмели и, покривајќи го лицето
со фустанот, со солзи во очите и со растреперен глас, бргу му рече:
„Единствената причина за моите сегашни страдања си ти, а сега веќе
и единствениот лек и спас! Твоите очи проникнаа низ моите, длабоко
Односно, „се задоволувал со малку“ или „не ја разгорувал нејзината љубов со силен
258

пламен“.
Метаморфози или Златното магаре 187

во мојата душа и разгореа во моето срце страшен пожар! Смилувај се


над онаа што умира по тебе! Нека не те спречува љубовта спрема татко
ти, зашто така ќе му ја спасиш жената којашто е на умирање. На твојот
лик ги гледам неговите црти и затоа со право те љубам. Сами сме и сега
имаш можност да го направиш она што е неизбежно. Затоа што она за
кое никој не знае, исто е како и да не се случило“.
4. Вчудовиден од ова неочекувано признание и згрозен од ваквиот
престап, младичот сепак мислеше дека несреќата не треба да се зголе-
мува со неумесна строгост туку дека треба да се намали со претпазливо
одложување. Тој ја посоветува мајка си да се смири и да се опорави и й
даде ветување, ги охрабри нејзините надежи дека кога татко му ќе оди
на некој пат, ќе имаат можност за сладострастие. Веднаш потоа избега
од нечесната маќеа.
Сметаше дека оваа голема семејна несреќа изискува помудар ум,
па затоа веднаш отиде кај еден стар човек-воспитувач, чие искуство
беше проверено. По долготрајна расправа им се чинеше дека е најдобро
веднаш да се побегне пред бурата која, во својата дива жестина, ја
подготвуваше судбината.
Но жената, којашто не можеше да поднесе ни најмало одлагање,
измисли некоја причина и неверојатно вешто го убеди мажот веднаш да
тргне на пат до најоддалечените вили. Штом тој замина, таа потполно
му се предаде на заносот на своите надежи и побара од момчето да
ги исполни своите ветувања. Правдајќи се час со една, час со друга
работа, момчето успеа да ја одбегне оваа средба со судбината. Така,
според неговите изговори, таа сфати дека тој нема да го исполни ве-
тувањето, па нејзината непостојаност премина од престапна љубов во
уште пострашна омраза. Веднаш повика еден од своите робови што ги
беше довела со себе како мираз – еден никаквец подготвен на секакво
злодело – и му ги изнесе плановите сковани со нејзината нечесност. Им
се чинеше дека е најдобро момчето да го лишат од живот.
Овој лош човек веднаш замина и донесе многу силен отров, го
измеша со вино и го тргна на страна за да го употреби за убиство на
невиниот посинок.
5. Но, додека злосторниците чекаа погодна можност за да го изне-
сат овој пијалак, судбината посака помладиот брат – родениот син на
нечесната жена – да се врати дома од учење. Бидејќи веќе ручал и беше
жеден, ја пронајде чашата со вино во која имаше отров, па не знаејќи
за тајниот заговор – ја испи сета чаша.
188 Апулеј

Веднаш штом ја испи смртта подготвена за неговиот брат, се


струполи мртов на земја. Неговиот воспитувач259, вознемирен поради
ненадејната смрт на момчето, почна да лелека и ги повика мајката и
сета послуга. Стана јасно дека пијалакот бил отровен и сите присут-
ни почнаа да се обвинуваат меѓу себе за ова страшно злодело. Само
суровата жена, единствениот пример на мајка-злосторник, не беше
трогната ниту од грозната смрт на нејзиното чедо, ниту од тагата
на нејзиниот маж, ниту од тажните подготовки за погреб: таа само
размислуваше како оваа семејна несреќа да ја искористи за својата
одмазда. Веднаш прати гласник кај нејзиниот маж, кој беше на пат, за
да му јави за гибелта што ја снајде неговата куќа. Кога овој се врати
најбргу што можеше, таа со најрасипано лицемерие го обвини својот
посинок, велејќи дека помладиот син загинал од негов отров. Со ова,
впрочем, и не излажа многу, зашто детето само ја пресретна смртта
што му беше наменета на брат му. Покрај тоа, велеше уште и дека
посинокот го убил својот помлад брат затоа што таа не сакала да й
подлегне на неговата бесрамна страст, со која се обидувал да ја при-
добие. Не й беа доволно овие чудовишни срамни лаги, туку додаде и
дека й се заканувал со меч ако ја открие оваа срамна работа. Кутриот
човек беше погоден од двојната смрт на своите синови и го обзеде
бескрајна болка: виде како пред очи му го погребуваат помалиот син,
а сосема сигурно знаеше дека постариот син ќе биде осуден на смрт
поради родосквернавење и поради убиството на братот. Згора на тоа,
и лажните солзи на неговата бескрајно љубена жена му предизвикуваа
безмилосна омраза кон постариот син.
6. Штом завршија погребот и свечениот обред за неговиот син,
несреќниот старец – со лице сè уште влажно од солзи, кубејќи си ја
белата коса валкана од пепел – потрча од кладата право кон плоштадот.
Таму, плачејќи и молејќи, му ги допрел колената на декурионот, па не
знаејќи за измамата на онаа лоша жена – најлоша од сите, барал да го
казнат синот којшто му беше останал жив како братоубиец, осквер-
нител на татковото брачно легло, злосторник кој сакал да посегне по
животот на својата маќеа. Со неговата болка тој предизвикал толкаво
негодување и сочувство кај градскиот совет и кај народот, што ја от-
фрлиле здодевноста којашто обично го следи секое судење (поради
259
Paedagogus, всушност, бил роб што го водел момчето до и од училиште, се грижел
за него кога детето било дома и слично.
Метаморфози или Златното магаре 189

очигледни докази на обвинението и измислените трик-одговори), па


сите едногласно повикале дека овој изрод треба да биде изложен на
јавна одмазда и каменуван.
Од страв за својата сопствена глава, а и со цел незадоволството
да не се претвори во побуна и да не ги доведе во опасност јавниот ред
и законитост, главниот судија ги молел другите судии и го смирувал
народот. Барал, според обичајот на предците, да се одржи редовно су-
дење, да се ислушаат двете страни и да се изрече законска пресуда. Ги
убедувал дека не треба да се осуди човек без да биде ислушан – како
што прават варварите или самоволните тирани, а и оти ваквиот пример
на неправда треба да му се предаде на светот во мир и спокојство.
7. Овој мудар предлог им се допаднал на сите и веднаш му запо-
ведале на гласникот да ги собере советниците во куријата260. Потоа,
откако тие си ги зазеле вообичаените места, според рангот, повторно
се слушнал гласот на телалот, кој го повикал обвинителот. По него го
довеле и овинетиот, а гласникот й наредил на одбраната, по углед на
Атинскиот закон и како што е вообичаено во Марсовиот суд261, да го
започне говорот без увод и без да предизвикува сожалување.
Знам дека ова се случувало токму така од многубројните разговори
што ги слушав, но за тоа со кои зборови обвинителот го изнел обви-
нението, кои докази ги понудил обвинетиот, како и сите натамошни
говори и одговори не можев да ги дознаам во шталата, па затоа не сакам
ни да ви раскажувам нешто што не знам. Но, она што го разбрав од
сигурни извори, тоа овде ќе ви го напишам точно.
Кога завршиле расправата и излагањата на говорниците, решиле со
сигурни докази да се утврдат фактите и вистинскиот тек на настаните,
а донесувањето на една толку важна одлука да не се заснова само врз
сомневања; потоа, а пред сè друго – да се приведе робот за кого се
вели дека е единствениот којшто знае како се случило сето тоа. Овој
никаквец не можеле да го збунат ниту несигурниот исход на ова важно
судење, ниту погледот врз собраниот градски совет, како ни свеста
за сопствениот престап: тој велел и тврдел дека неговата приказна е
260
Курија е зградата во која се држеле седниците на Римскиот сенат. Подоцна така се
нарекувале и зградите на советите по римските провинции.
261
Поточно, овде се мисли на Ареопагот – атинскиот суд којшто ги разгледувал обвиненијата
за убиства, а го добил името по местото на кое се наоѓал: „рид на богот Арес“. Грчкиот
бог на војната Арес соодветствува на римскиот бог Марс, па оттаму оваа метатеза
Ареопаг = Марсов суд.
190 Апулеј

вистинита – младичот го повикал лут поради неуспехот кај маќеата,


па – сакајќи да й се одмазди поради навредата – му наредил да го убие
нејзиниот син; му ветил голема награда ако молчи, а кога овој се опирал,
му се заканил дека ќе го убие; потоа своерачно го измешал отровот и
му го предал за да го даде на братот, но бидејќи се посомневал дека
робот ќе ја задржи чашата како доказ за злосторот, најпосле самиот
му ја подал на детето.
Бидејќи овој никаквец сето тоа го кажувал како да е вистина и се
преправал дека е возбуден, судењето било завршено.
8. Откако вината била докажана, ниту еден од судиите не му
бил наклонет на момчето толку за да не реши да гласа за тој да биде
зашиен во мев262.
Според стариот обичај, требало во една бронзена урна да ги стават
гласачките таблици, кои биле сите со сличен облик, а според договорот
на судиите – содржеле и иста пресуда263. Кога ќе бидат предадени гла-
сачките кутии, судбината на обвинетиот е запечатена и не е дозволено
ништо да се менува, а неговата глава се предава во рацете на џелатот.
Во тој миг, еден постар советник – познат по својата чесност, инаку
лекар којшто уживал голем углед, го затворил со својата рака отворот
од урната, за да не се случи некој од судиите непромислено да го даде
својот глас и пред сите присутни изјавил:
„Мене ми е драго што ја доживеав оваа старост и што сите вие ме
почитувате, но нема да дозволам да биде убиен овој човек обвинет со
лажни докази, како што нема да дозволам вие – со заклетва обврзани
судии – погрешно да пресудите, заведени од лагите на овој роб. Не
можам да ја погазам почитта, која им ја должам на боговите, ниту да ја
лажам својата совест, па да донесам погрешна одлука. Значи, слушнете
што всушност се случило!
9. Овој никаквец, сакајќи да купи силен отров, дојде неодамна кај
мене и ми понуди награда од сто златници за таа услуга. Велеше дека
му треба за некој болен којшто боледува од неизлечива болест, па сака
262
Осудените за убиство на татко, а подоцна и за убиство на кој било близок роднина, ги
тепале со стап, а потоа ги ставале во кожен мев. Во него ставале и куче, петел, мајмун
или змија, па го зашивале мевот и го фрлале во море или го оставале да го раскинат
диви животни.
263
Судиите можеле да го изразат своето мислење одбирајќи една од трите испишани восочни
таблички на коишто пишувало: C – condemno („осудувам“); А – absolvo („ослободувам“
) или NL – non liquet („не ми е јасен предметот“, односно „воздржан сум“).
Метаморфози или Златното магаре 191

да се ослободи од маките. Јас во овој дрдорко препознав измамник


којшто само си бара оправдување. Бев убеден дека готви некое злодело
и му дадов отров, но не ја прифатив наградата што ми ја понуди, туку
за да се обезбедам во случај на некоја истрага, му реков:
„За да не се случи меѓу овие златници што ми ги нудиш да има
некој лажен, ќе ги затвориме во ова кесе, а ти запечати ги со својот
прстен, па утре ќе ги прегледаме во присуство на некој менувач“.
Тој се согласи и ги запечати парите. Штом го доведоа пред судот,
јас му наредив на еден од моите луѓе да оди и да ги земе тие пари од
мојата соба. Еве ги сега овде, пред вас! Нека ги види и нека го препознае
својот печат. Може ли тогаш братот да биде обвинет за отровот што
го купи овој роб?“
10. Злосторникот почнал да трепери, мртовечко бледило ја заменило
неговата природна боја на лицето, го облеала студена пот по целото
тело и почнал да се преместува од нога на нога и да се чеша ту овде
ту онде по главата, ја држел устата полуотворена и пелтечел нешто
без врска, така што никој повеќе не можел да верува дека тој е невин.
Но, неговата дрскост наскоро повторно се зголемила и тој почнал да
одрекува и да го обвинува лекарот дека лаже. Кога лекарот видел дека
неговата судиска чест е наклеветена пред сиот народ, се потрудил уште
посигурно да ги отфрли тврдењата на никаквецот.
Најпосле, по наредба на судиите, го извадиле железниот прстен
од раката на робот и го споредиле со печатот на кесето со пари и оваа
споредба го потврдила претходното сомневање. Веднаш донеле тркало
и коњ за мачење264, како што налага грчкиот обичај, но тој со зачуду-
вачка издржливост го поднел мачењето со ќотек и со оган и ништо не
признал. Тогаш лекарот рекол:
11. „Нема да дозволам, жими Херкула, спротивно на божјиот за-
кон на справедливоста, да го казните овој невин млад човек! Нема да
дозволам ниту овој роб, поигрувајќи си со нашиот суд, да ја одбегне
казната за својот гнасен престап! Еве, веднаш ќе ви дадам сигурен
доказ во врска со ова дело!
Кога овој подлец сакаше да купи смртоносен отров од мене, јас
мислев дека не й доликува на мојата професија некому да му дадам
средство за умирање, затоа што јас сум учел дека лекот не е создаден
264
Обвинетиот или осомничениот го врзувале со распнати раце и нозе за обрачот на
тркалото. При вртење на тркалото распнатиот трпел страшни маки. Сп. книга III, гл.
9 (бел. 78).
192 Апулеј

за убивање, туку за спас на луѓето. Плашејќи се дека ако јас неумесно


го одбијам, со тоа ќе отворам пат за злодело, затоа што овој човек ќе
купи отров на друго место, или својот гнасен потфат ќе го оствари со
меч или со некое друго оружје, па му дадов напивка која беше направен
од мандрагора – опојно средство познато по своето успивачко дејство
кое предизвикува сон сосема сличен на смрт.
Воопшто не ме чуди што овој престапник вака го поднесува ова
мачење, бидејќи тоа секако е полесно од смртта што единствено може
да ја очекува од нас и којашто му припаѓа според обичајот на предците.
Ако момчето навистина се напило од напивката што јас ја подготвив,
тоа сега е живо и спокојно си одмора, си спие и набргу ќе се разбуди
од длабокиот сон и ќе се врати во живот. Но, ако тоа е мртво, тогаш
причините за неговата смрт треба да ги барате на друго место“.
12. Оваа приказна на старецот на сите им се чинела многу убедлива
и веднаш се упатиле кон гробницата каде што лежело телото на мом-
чето. Немало ниту еден од советниците, од угледните граѓани, ниту од
народот којшто не бил љубопитен и којшто не тргнал по нив. И гледај
чудо! Штом таткото со свои раце го кренал капакот од сандакот и го
протресол детето, тоа се повратило од царството на смртта. Силно го
прегрнал и не наоѓајќи зборови достојни да ја изразат таа радост само
го извел пред народот. Тогаш детето, сè уште замотано во мртовечки
покров, го одвеле во судот.
Така, јавно беа откриени злоделата на робот-злосторник и оние уште
поголемите на жената-престапник. Голата вистина излезе на виделина.
Маќеата беше осудена на доживотно прогонство, а робот беше
распнат на крст. Сите се согласиле добриот лекар да ги задржи златни-
ците како награда за напивката што на детето во пресудниот миг му
донела сон.
Ете ваков крај имаше оваа прочуена историја за старецот: тој во
исто време, речиси во еден миг, стана татко на два сина, откако пред
тоа исто толку неочекувано остана без нив.
13. Мене, пак, бранот на судбината ме однесе натаму.
Војникот којшто не ме купи од никого и кој ме сметаше за свој без
да плати ниту пара некому за мене, по наредба на својот трибун265, се
подготвуваше да однесе во Рим некое писмо за царот. Така, за едина-
есет денарии ме продаде на своите соседи, двајца браќа-робови. Тоа
265
Воените трибуни командувале со легии, а секоја легија имала по шест трибуни.
Метаморфози или Златното магаре 193

беа робови на еден многу богат господар; едниот од нив беше пекар-
слаткар, а другиот готвач. Првиот печеше лепчиња и слатки, а вториот
готвеше сочни месни јадења зачинети со вкусни каши. Живееја заедно
во иста соба, а ме купија за да му ги носам многубројните работи на
нивниот господар кој патуваше по разни земји.
Овие двајца браќа ме прифатија како трет во нивното друштво и
никогаш среќата не ми била понаклонета, зашто браќата секоја вечер
ми носеа во сопчето остатоци од трпезата на нивниот господар, од
богатата и раскошно подготвена гозба: едниот богати остатоци од
печеното прасе, пиле, риба или друго најразлично месо, а другиот но-
сеше леб, слатки, питулици, гурабии во облик на рогови и гуштери и
секакви други гурманлаци. Тие го затвораа сопчето и одеа во бањата
за да се освежат, а јас, пак, се наситував со сите овие јадења, кои како
да ми ги беа пратиле боговите. Не бев толку глупав и толкаво магаре
за да ги оставам овие прекрасни јадења и да зобам суво сено.
14. Ова мое вешто и убаво поткраднување траеше доволно долго
време, бидејќи секогаш бев претпазлив и од сите тие многубројни
работи земав само по малку, па тие не можеа да се посомневаат во
измама и тоа од едно магаре. Но, кога веќе бев потполно сигурен дека
не можат да ме откријат, почнав да ги јадам најубавите парчиња и
да ги растурам слатките избирајќи, па така се појави сомнеж кој ги
вознемири браќата. Иако сè уште не им паѓаше на ум дека јас сум
способен за нешто такво, сепак почнаа да го бараат виновникот којшто
секојдневно им нанесува штета.
Почнаа да се сомневаат и еден во друг поради срамната кражба,
да внимаваат ревносно и да ги бројат парчињата. Најпосле, едниот од
нив, не можејќи веќе да се воздржи, му рече на брата си:
„Ова не е ниту чесно, ниту човечки – секој ден ги поткраднуваш
најубавите парчиња, па ги продаваш и така си го зголемуваш своето
богатство, а она што ќе остане бараш да го делиме на еднакви делови.
Ако не ти се допаѓа да живееме заедно, ние можеме да живееме одделно,
а сепак во сè друго да останеме браќа. Гледам дека ако продолжиме
да го потхрануваме сомнежот еден кон друг поради овие кражби, ќе
стигнеме до големо несогласување“.
Другиот одговори:
„Е, жими бога, му се восхитувам на твоето безобразие! Од ден
на ден ја крадеш мојата порција и изнесуваш жалба што јас долго
време ја кријам во душата и само воздивнувам за да не излезе дека
194 Апулеј

го обвинувам братот за олку гнасна кражба. Добро е што најпосле


проговоривме за тоа и што почнавме да бараме лек за ова зло, зашто
непријателството што тивко се шири меѓу нас нè доведе до омраза
како онаа меѓу Етеокле и Полиник266“.
15. Така меѓусебно се обвинуваа и се колнеа дека не направиле
никаква измама, ниту дека извршиле каква било кражба. Се согласија
дека треба со сите сили да го побараат заедничкиот непријател. Магарето
е единственото присутно суштество, но него не може да го намамат
вакви јадења. Од друга страна, секојдневно ги снемува најубавите
парчиња, иако веќе одамна не летаат онакви џиновски муви какви што
беа Харпиите267, кои му го крадеа јадењето на Финеј268.
Но, јас добро се гостев и си јадев колку што сакав човечки јадења,
па телото ми стана полно, згоено и мрсно, кожата мека и нежна, а
влакното чудесно ми блескаше.
Мојата телесна убавина, меѓутоа, ми донесе голем срам. Браќата
беа збунети од мојата дебелина, а забележаа и дека мојот куп сено
останува недопрен секој ден, па почнаа да внимаваат на мене.
Во вообичаеното време ја затворија вратата, како да одат на капење,
но ме набљудувале од еден мал отвор и забележале како им подлегнав
на наредените јадења. Веќе не се грижеа за нанесената штета, туку
се чудеа на магарето со вкус на сладокусец, па удрија гласно да се
смеат. Ги повикуваа робовите еден по еден, а по нив и други луѓе и им
ја покажуваа оваа необична глетка со ненаситноста на едно глупаво
магаре. Сите се смееја толку гласно и толку од срце, што смеата стигна
и до ушите на господарот којшто поминуваше од тука.
16. Господарот се интересираше зошто робовите толку многу се
смеат, па и самиот погледна низ отворот и она што го виде необично
многу му се допадна и самиот почна да се смее толку гласно што го
заболе стомакот, па ја отвори собата и ме набљудуваше.
Најпосле и јас ја видов судбината како поблаго ми се насмевнува –
веселото расположение на присутните ми влеа доверба и јас воопшто
не се збунив, туку мирно продолжив да јадам сè додека господарот,
266
Тоа се синовите на царот Едип, меѓу кои постоело големо непријателство поради
градот Теба. Во таа меѓусебна борба за превласт обајцата загинале.
267
Три митски крилати чудовишта со лик на девојки.
268
Легендарен тракиски цар којшто ги ослепел своите деца од првиот брак за да й
угоди на својата втора жена. Боговите го казниле со тоа што ги пратиле Харпиите да го
прогонуваат и да му ја крадат храната од трпезата.
Метаморфози или Златното магаре 195

восхитен од необичната глетка, не нареди да ме одведат – или уште


подобро речено – самиот ме одведе во трпезаријата. Трпезата беше
поставена и тој нареди да изнесат пред мене негибнати порции од
сите можни јадења, а јас – иако бев сит – сакав да му се допаднам и
да ја придобијам неговата љубов, па алчно се нафрлив на изнесените
јадења.
Тогаш почнаа сериозно да размислуваат кои јадења не би му биле
по вкус на едно магаре и за да испитаат колку сум се припитомило ми
изнесоа месо подготвено со сос од млечка, пилешко со црн пипер и
риба прелиена со некој егзотичен сос. За сето тоа време трпезаријата
одекнуваше од громогласна смеа. Најпосле, еден од присутните – некој
шегаџија, рече:
„Дајте му на ова другарче и да се напие нешто!“
Господарот ова веднаш го прифати и додаде:
„Е, добро велиш, мангупе! Лесно може да се случи нашиов другар
да не одбие да испразни и чаша медовина. Ајде, измијте го убаво оној
златен пехар, наполнете го медовина и донесете му ја на мојов гостин
и кажете му дека се напив за негово здравје“.
Сите присутни нетрпеливо исчекуваа, а јас воопшто не се исплашив,
па убаво и полека ја испружив долната усна како јазик и одеднаш го
испразнив оној навистина голем пехар. Сите почнаа гласно да викаат
и да вреват, посакувајќи ми добро здравје.
17. Господарот не можеше да си дојде на себе од радост. Ги повика
робовите што беа ме купиле, нареди да им се исплати сума четирипати
поголема од онаа за којашто ме купиле, а мене ме довери на еден од
своите омилени ослободеници, кој имаше многу пари, па му порача
добро да се грижи за мене.
Овој навистина убаво се однесуваше кон мене и, сакајќи што повеќе
да му се додвори на својот господар, настојуваше да ме научи разни
итроштини кои необично многу го разонодуваа господарот.
Најпрвин ме научи да лежам крај трпезата, потпирајќи се на раката,
потоа се борев и дури танцував исправен на задните нозе и најпосле
– што беше многу необично – да одговарам со движења на зборови:
ако нешто не ми се допаѓа да ја зафрлам главата наназад, а ако нешто
сакам, да ја наведнам нанапред; ако сум жеден, да погледнам онаму
каде што се точи пијалак, а ако сакам да пијам, да трепкам наизменично
со едното и со другото око.
196 Апулеј

Сето тоа многу лесно го научив, дури го правев и без некој да ми


го покаже. Но, се плашев, ако се хранам како човек, некој да не го
протолкува моето однесување како претскажување на несреќа, па да
ме убијат како некое чудовиште и потоа да ме фрлат на мршојадците
за да ме изедат.
Гласот за моите вештини, со коишто мојот годподар стана славен
и угледен, бргу се рашири меѓу народот. Луѓето зборуваа:
„Ете го оној што руча во друштво на своето магаре кое се бори, игра,
го разбира човековиот говор и со движења ги изразува своите мисли“.
18. Но, морам да ви го кажам она што требаше да го кажам на
самиот почеток: кој беше и од каде беше мојот господар.
Тијас, така се викаше мојот господар, беше родум од Коринт –
главниот град на целата провинција Ахаја. Како што му доликува на
човек со такво потекло и достоинство, тој ги имаше поминато сите
почесни служби и на крајот беше избран за петгодишната служба269.
За да го одбележи свечено, како што му доликува, стапувањето на
нова должност, Тијас вети дека ќе приреди гладијаторски игри што
ќе траат три дена и неговата дарежливост немаше граници. Со желба
да стекне љубов и слава меѓу народот, замина за Тесалија, за да купи
најблагородни животни и прочуени гладијатори. Откако ги избра по
свој вкус и ги плати, се подготви за враќање назад. Но, тој пет пари
не даваше за раскошните кочии или коли, коишто одеа празни на
крајот од поворката, ту откриени – ту покриени, не ги сакаше ниту
тесалските коњи, ниту галските ждребиња со благородно потекло и
многу ценети, туку како вљубен јаваше само на мене. Јас бев накитен
со златни плочки, имав црвено седло и пурпурни покривки, сребрени
узди и извезени амови и прапорци што прекрасно ѕвонеа. Одвреме-
навреме ќе ми прозбореше најљубезно како да му е особено мило што
во мојата личност ги има соединето и другарот за гозби и носачот.
19. Кога го завршивме нашето патување по копно и по море и
стигнавме до пред Коринт, нè пречка толпа народ, која имаше желба
не толку да го поздрави Тијас колку да ме види мене. Гласот за мене
се беше раширил толку многу што јас претставував извор на одлична
заработувачка за мојот господар. Кога тој забележа колкав број луѓе
269
Се мисли на градски цензор, односно, висок државен службеник во римските колонии
и провинциските градови, којшто вршел надзор врз собирањето даноци и изградбата и
одржувањето на државните градби.
Метаморфози или Златното магаре 197

сака да ги види моите вештини, ја затвори вратата и пушташе еден по


еден откако од секој ќе наплатеше убава сумичка пари како награда.
Меѓу многубројните граѓани беше и една позната и богата госпоѓа.
Таа, исто како и другите плати за да ме види, па без престан им се
восхитуваше на моите најразлични шеговити вештини и малку по малку,
смртно се вљуби во мене. Не можејќи да најде лек за својата безумна
страст, таа страдала по моите прегратки како некоја нова Пасифаја270
којашто копнее по магаре. Таа го наговараше мојот чувар, за голема
сума пари, да ја пушти да мине една ноќ со мене. Мојот чувар воопшто
не го интересираше дали тоа и мене ќе ми се допадне, па задоволен од
добрата заработувачка – се согласи.
20. Вечеравме и ја напуштивме трпезаријата на мојот господар,
а во мојата соба наидовме на жена којашто веќе долго време чекаше.
О, добри богови, какви чудни и долги подготовки се правеа!
Четворица евнуси веднаш ни направија на земја легло од многуброј-
ни перници наполнети со нежни пердуви, внимателно го покрија со
прекривка, обоена со пурпур и извезена со злато, потоа наместија и други
перници, помали, но многубројни, на кои нежните жени вообичаено
си ги потпираат образите и вратот. Тие не сакаа со своето присуство
долго време да ја задржуваат страста на господарката, туку ја затворија
вратата и си заминаа. Во собата трепереше пламенот на свеќите и со
својата светлина ноќта ја претвораше во ден.
21. Тогаш таа ја соблече сета своја облека, дури и превезот од
прекрасните гради, застана на светлината, убаво се измачка со мириз-
ливи масла од еден сад од калај, па убаво ме измачка и мене, а особено
внимателно ми ги измачка носниците. Потоа нежно ме бакна, и тоа
не онака како што бакнуваат проститутките во јавна куќа кога за тоа
бараат пари, ниту како гостите кои не сакаат да ги дадат тие пари,
туку ми делеше вистински, искрени бакнежи и нежно ми зборуваше:
„Те љубам, те посакувам, те обожавам само тебе и не можам да жи-
веам без тебе!“ – и други слични работи коишто жените им ги кажуваат
на мажите за да ги заведат и за да им ги докажат своите чувства. Потоа
ме фати за оглавот и ме привлече кон себе, па не й беше тешко да ме
наведе да легнам, зашто јас тоа веќе од порано го имав научено. Ми
се чинеше дека не правам ништо ново и ништо тешко, особено затоа
Богот на морето, Посејдон, се разгневил на критскиот крал Минос и за казна ја натерал
270

неговата сопруга Пасифаја да се вљуби во бик. Од таа љубовна врска се родил Минотавр,
човек-бик, когошто подоцна го убил Тезеј во критскиот лавиринт.
198 Апулеј

што и самиот по толку време копнеев страсно да прегрнам една убава


жена. Покрај тоа, претходно се напив извонредно вино, а прекрасната
миризба уште повеќе ја возбуди во мене оваа силна желба.
22. Но, сепак ме обземаше не баш занемарлив страв од помислата:
како со моите толку долги нозе да ја опфатам оваа нежна матрона и
како со тврдите копита да го земам во прегратка тоа бело и меко тело,
како создадено од мед и од млеко? Како со оваа голема уста, нагрдена
со големи и како камен тврди заби, да ги бакнам нејзините малечки
розови и медено влажни усни? И најпосле, како може оваа жена, колку
и да гори до срцевината на коските од љубовна страст, да ме прими
мене – таков огромен?
„Тешко мене“ – си помислив – „ако биде повредена оваа угледна
жена. Ќе ме фрлат на дивите ѕверови на претстојните игри што ги
подготвува мојот господар.“
Додека јас така размислував, таа нежно ме повикуваше и без
престан ме љубеше, слатко ми шепотеше, ме впиваше со очите и
најпосле воскликна:
„Те имам, те држам, гулапче мое, врапче мое!“
Со овие зборови ми покажа дека моите мисли се бесмислени, а мојот
страв излишен. Ме гушна цврсто и потполно, целиот ме прими!
Секојпат кога, сакајќи да ја поштедам, ќе се подизвлечев, таа ме
привлекуваше со рацете и се припиваше кон мене, така што – богами
– дури се плашев дали ќе можам да ја задоволам нејзината страст.
Видов и дека не без причина мајката на Минотавр се насладувала во
прељуба со љубовник што рика.
Така ја минавме целата ноќ без сон и во труд. Пред разденување,
за да не ја види зората, таа си замина, а пред тоа се договори со мојот
чувар и за следната ноќ – за иста цена.
23. Мојот чувар немаше ништо против нејзината желба да продол-
жат љубовните игри – од една страна заради високата награда што ја
добиваше, а од друга и поради тоа што подготвуваше нова претстава
за својот господар.
Тој не се мислеше многу, туку му ја откри на господарот сцената на
нашата страст. Тој богато го награди својот ослободеник и му нареди
да ја одиграм таа претстава и пред публика.
Бидејќи не доаѓаше предвид онаа жена да учествува – заради неј-
зиното достоинство, а не можеше да се најде ниту една друга која би
го сторила тоа за каква било награда, најдоа една бедна престапничка
Метаморфози или Златното магаре 199

осудена од намесниот управник да биде раскината од диви ѕверови, па


таа требаше да се појави со мене пред очите на гледачите. За историјата
на нејзиниот престап го чув ова:
Таа била мажена за некој млад човек, чиј татко во младоста –
заминувајќи на пат – й порачал на својата бремена жена, мајка на
спомнатиот младич, ако се роди женско – веднаш да го убие. Додека
мажот бил отсутен навистина се родило женско дете, но вродената
мајчинска љубов била посилна од брачната послушност и жената им
го доверила детето на соседите – тие да го одгледаат. Кога се вратил
мажот, му рекла дека родила ќерка и дека ја убила.
Кога девојката стасала во цутот на младоста и кога требало да
се мажи, мајката не можела да й даде достоен мираз без знаење на
таткото и не й останало ништо друго освен тајната да му ја довери на
својот син. Покрај тоа, стравувала дека тој, во својот младешки порив
и незнаење, може да й пристапи на девојката, не знаејќи дека му е
сестра, како што ни таа не знаела дека тој и е брат.
Младиот покорен и чесен син го почитувал долгот кон мајка си
и кон сестра си и достојно ја чувал семејната тајна. Тој, обземен од
чувства, покажал милосрдие и ги исполнил должностите што му ги
налагала крвната врска, па својата сосетка, кутрата девојка без родител-
ска заштита, ја зел под свое покровителство и набргу ја омажил за еден
свој близок и верен пријател, одредувајќи й мираз од својот имот.
24. Но, ова добро дело и грижливо подготвуваните планови, не
можеле да останат скриени и за кобната волја на судбината. На нејзин
поттик, во домот на младиот човек се вселила страшна љубомора.
Неговата жена – онаа што сега заради тоа и е осудена на страшна
смрт од ѕверови – почнала да се сомнева дека девојката е наложница
на нејзиниот маж и соперничка во бракот, ја замразила и почнала да
й кове гибелни планови. Еве какво злодело смислила таа:
Кришум го зела прстенот на мажот й и заминала на село. Од таму
го пратила својот верен роб, подготвен заради неговата верност кон неа
да направи најдолни подлости – да й јави на девојката дека младиот
човек заминал во својата вила и оти ја повикува и неа таму, но да дојде
сама, без придружба. За да не се двоуми таа околу заминувањето, же-
ната му го дала на робот украдениот прстен да й го даде како потврда
на искреноста на поканата.
Девојката ја послушала пораката од братот – бидејќи само таа
знаеле дека й е брат – и уште кога го видела неговиот прстен-печат,
200 Апулеј

веднаш тргнала на пат, без придружба – како што й било порачано. Кога
подло измамена паднала во стапицата на заседата, чесната сопруга,
избезумена од љубомора, најпрвин ја соблекла гола сестрата на својот
маж и жестоко ја искамшикувала. Кога несреќницата почнала да вика
и да ја кажува вистината, дека оваа без причина беснее, зашто тој е
нејзин брат и оти нема никаква прељуба, жената тврдела дека сето тоа
е лага и измислица, па й ставила меѓу нозете разгорена гламја и така
ја убила на најсвиреп начин.
25. Кога слушнал за оваа ужасна смрт, дотрчал братот и мажот
й, ја оплакал девојката со најтажни редења, па го погребал нејзиното
тело. Но, младиот човек не можел рамнодушно да ја поднесе тажната
и воопшто незаслужена смрт на сестрата; болката го потресла до дното
на душата и тој се разболел од жолчка. Го тресела толку силна треска
што се гледало дека и нему му е потребно лекување.
Тогаш неговата сопруга, која заедно со верноста го изгубила и
името на сопруга, отишла кај некој озлогласен лекар којшто бил сла-
вен по своите подвизи и можел да наброи голем број трофеи што ги
спечалил со својата десница. Таа му ветила педесет илјади сестертии
ако й продаде некој силен отров што дејствува бргу и така ја купила
смртта на мажот си. Кога ова го завршиле, тие се преправале дека му
подготвуваат некаква напивка за смирување на утробата и за лекување
на жолчката – таа напивка учените ја викаат „свет“271. Наместо тоа, тие
му подметнале друга напивка посветена на Прозерпина272. Лекарот, во
присуство на послугата, пријателите и роднините, со своја рака вни-
мателно го подготвил и ваквиот лек му го подал на болниот.
26. Но, нечесната жена, за да се ослободи истовремено и од соу-
чесникот во ова злодело и за да ги заштеди парите што му ги ветила,
ја грабнала чашата и пред сите рекла:
„Не, драг мој докторе, нема да му ја дадеш напивката на мојот маж
пред да се напиеш и ти самиот убава голтка од неа. Како можам да
знам дека не си ставил внатре некој смртоносен отров? Тоа не треба
воопшто да те навредува тебе – учен и мудар човек, затоа што една
верна и вљубена жена, загрижена за здравјето на својот сопруг пројавува
должна почит кон него“.
271
Се верувало дека таа напивка лекува душевни болести.
272
Види бел. 79, кн. III.
Метаморфози или Златното магаре 201

Неочекуваната дрскост на оваа безобѕирна жена многу го збу-


нила лекарот и тој, немајќи време да ги обмисли своите постапки
и да донесе друго решение, испил голем дел од содржината на
чашата пред да предизвика сомневање кај присутните поради
растреперените раце и колебањето.
Мажот й со доверба го следел неговиот пример, ја зел чашата
што му ја понудиле и ја испил до дното. Откако вака ја завршил
својата работа, лекарот сакал бргу да се врати дома, затоа што
брзал да земе некој противотров. Но, нечовечната жена не сака-
ла да се откаже од злосторничката упорност и се стремела да го
доврши она што го започнала, па не му дозволила да се оддалечи
ниту чекор од неа:
„Ќе почекаме лекот да почне да дејствува“.
Но, најпосле неговите молби и убедувања й здодеале, па го
пуштила да си замине. За тоа време отровот веќе длабоко навлегол
во сите делови на телото и стигнал до срцето. Лекарот, тешко от-
руен, одвај стигнал до дома, а тежок сон веќе почнал да го обзема.
Одвај успеал да й раскаже на својата жена и й порачал да ја бара
барем наградата за двојното убиство и, така измамен, славниот
лекар издивнал во тешки маки.
27. Ниту младиот човек не останал долго време жив. Со
лажните и неискрени солзи на својата сопруга, тој испуштил
душа во исти онакви маки како и лекарот. Откако го погребале и
изминале неколку дена во кои се вршеле обредите со коишто им
се искажува почест на покојните, дошла сопругата на лекарот за
да ја бара наградата за двојната смрт. Доследна на себе, жената го
сокрила своето вистинско лице и љубезно й ветила дека веднаш
ќе й ја исплати наградата и дури повеќе отколку требало. Само
й побарала уште малку од таа напивка, за да ја заврши работата
што ја започнала.
Што уште да кажам? Жената на лекарот била измамена и веднаш
се согласила, па за да ја придобие и да й угоди на богатата жена
бргу отишла дома, го зела кутивчето со отровот и побрзала да й
го донесе. А онаа престапничка добила моќно средство за своите
злодела и ги раширила насекаде своите крвави раце.
28. Таа имала малечка ќерка од починатиот сопруг и многу теш-
ко й паднала законската одредба според која дел од наследството
на маж й требало да му припадне на ова дете. Сакајќи да го грабне
202 Апулеј

целото наследство за себе, решила да посегне по животот на ќерка си.


Бидејќи знаела дека родителите ги наследуваат починатите деца273,
таа и како мајка се покажала онаква каква што била и како сопруга.
Според планот, ја поканила на ручек и жената на лекарот, па со истата
напивка ги усмртила и неа и сопствената ќерка. Силниот отров веднаш
ја разорил утробата на малото и нежно девојче, но жената на лекарот,
штом почувствувала дека проколнатата напивка се разлева како бура
низ нејзините бели дробови, веднаш се посомневала во што е работа-
та. Кога дишењето й станало тешко, се уверила во своите сомнежи и
побрзала во куќата на самиот управник на провинцијата.
Таму кренала голема врева, побарала негова заштита, а со своето
викање собрала толпа народ и, најавувајќи дека ќе разоткрие страшно
злодело, издејствувала веднаш да ја пуштат во куќата и управникот
да ја прими. Одвај успеала да ги раскаже по ред сите злосторства на
суровата жена, ја изгубила свеста, нејзините полуотворени усни се
згрчиле, забите почнале да й чкрипат и таа се струполила мртва пред
нозете на управникот.
Тоа бил искусен човек и не сакал одолговлекувањето да ја намали
тежината на сите престапи на оваа жена, па наредил да ги доведат
нејзините слуги и со измачување ги принудил да ја кажат вистината.
Таа била осудена да ја фрлат на диви ѕверови и тоа била казна поблага
отколку заслужувала, но никој не можел да смисли друга казна што
ќе одговара на нејзините гревови.
29. Ете, со таква жена требаше јас јавно да се спојам во законски
брак и затоа со голем страв го очекував денот на претставата. Повеќе
пати посакував да се самоубијам, за да не се извалкам од допирот со
таа престапничка и за да не се срамам пред целиот народ. Немајќи
рака, ниту прсти на човек, не можев да земам меч со моите тркалезни
и истриени копита.
Во оваа моја голема несреќа сепак се тешев со еден зрак надеж: веќе
почнуваше пролетта сета во цветна промена, ги облекуваше ливадите
во пурпур и, пробивајќи го оклопот од трње, веќе се појавуваа рози.
Го ширеа својот опоен мирис, а можеа и да ме спасат, претворајќи ме
повторно во оној стариот Луциј.
273
Според еден закон од I век од н.е., издаден од царот Клавдиј, имотот на починатото
дете й се доделувал на мајката како утеха. Ваквото наследство се викало „жално“.
Метаморфози или Златното магаре 203

Дојде и денот определен за игрите. Восхитениот народ ме доведе


до оградата од скалите што водеа во театарот. Претставата ја отворија
со балетска точка, а јас стоев пред влезот и мирно ја пасев зелената
трева што растеше тука. Со љубопитство погледнував низ отворената
врата и задоволно се насладував на пријатната глетка.
Момчиња и девојки во цутот на младоста, убави и свечено обле-
чени, со хармонични движења го исполнуваа пирихискиот танц274.
Се наредија убаво во редица и почнаа грациозно да се движат – со
лесни чекори се извиваа во круг, како ниска од ѓердан, па се собираа
за да направат квадрат, а потоа повторно се одвојуваа во групи. Но,
се слушна звук на труба којшто го означи крајот на нивните сложени
движења на зближување и одвојување. Се спушти завесата и сцената
се подготвуваше за новата претстава.
30. На бината се издигаше планина направена од дрва, која на-
ликуваше на онаа прочуена гора – Ида275 што ја опеал поетот Хомер,
сета обрасната со засадени грмушки и дрвја. Од нејзиниот врв бли-
каше извор направен со мајсторска рака и од него се слеваа рекички.
Неколку козички си пасеа трева, а еден млад човек, којшто личеше на
Парис, облечен во облека на фригиски пастир, со прекрасна туника и
со азиска наметка на рамениците, со златна тијара276 на глава, пасеше
стадо овци. Се појави и едно прекрасно момче, сосема голо, а само
една хламида277 на ефеб278 му го покриваше левото рамо. Неговата руса
коса ги привлече погледите на сите присутни, а во неа имаше златни
крилца врзани со златна панделка и симетрично наместени. Жезолот
во неговата рака покажуваше дека тоа е Меркуриј. Тој, поигрувајќи,
излезе на бината, а во десната рака носеше јаболко, покриено со
златни ливчиња. Му го подаде на младичот којшто го претставуваше
Парис и со знак покажа што порачал Јупитер, а потоа многу вешто се
повлече и исчезна.
По него се појави една девојка со изглед на благородничка и
слична на божицата Јунона. Главата й ја овенчуваше блескава дија-
274
Танц што се изведувал во придружба на флејта и подражавал движења на војници во
бој. Овој танц потекнувал од Спарта.
275
Планина во Мала Азија, крај градот Троја.
276
Вид шапка, чијшто врв бил извиен на напред. Ја носеле во Фригија и во Персија.
277
Вид наметка.
278
Во Атина младите луѓе, на возраст меѓу 18 и 20 години, ги викале „ефеби“. Тие
служеле во граничната служба и носеле хламиди.
204 Апулеј

дема, а носеше и скиптар. Бргу се вдаде и друга во којашто веднаш


ќе ја препознаеш Минерва279: на главата й блескаше шлем, покриен
со маслиново венче. Таа го креваше штитот и замавнуваше со копјето
како Минерва во битка.
31. Потоа се појави и трета девојка со чудесна убавина. Божест-
вената боја на тенот откриваше дека тоа е Венера додека била девојка.
Голотијата на откриеното тело ја откриваше сета совршеност на неј-
зината убавина. Само едно парче свилена ткаенина ја покриваше од
напред нејзината женственост. Љубопитното ветре со својот вљубен
здив час го поткреваше велот – така што се гледаше нежниот цут на
нејзината младост, час пак посилно дуваше во неа – така што велот
се прилепуваше за неа и јасно ги отцртуваше совршените линии на
телото. Самите бои на божицата беа во контраст: белото тело – како
да се спуштила од небото и синиот вел – како да излегла од морето.
Секоја од овие девојки кои ги претставуваа божиците имаше
придружник. Јунона ја придружуваа Кастор и Полукс280 кои на гла-
вите носеа јајцевидни шлемови со сјајна ѕвезда на врвот. Улогата на
близнаците ја играа млади актери. Со звуците од јонска флејта мирно
и достоинствено чекореше Јунона и со одмерени и елегантни движења
навести дека на пастирот му ја ветува власта над цела Азија, ако тој
нејзе й ја додели наградата за убавина.
Онаа пак, што според оружјето, беше Минерва, ја придружуваа две
момчиња – оружјеносците Ужас и Страв, кои потскокнуваа со голи ме-
чеви во рака. Зад нив еден флејтист свиреше борбена дорска песна: тој
мешаше наизменично длабоки и високи тонови и подражаваше труба
што побудува желба за борба. Божицата полна со бујност ја нишаше
главата, фрлаше застрашувачки погледи и со сложени и брзи движења му
покажуваше на Парис дека – ако нејзе й ја додели наградата во убавина
– со нејзина помош ќе стане храбар јунак, овенчан со воени трофеи.
32. Најпосле, со громогласен аплауз на публиката се појави и Ве-
нера, па опкружена со голема толпа весели дечиња, со весела насмевка
и чудесно убава, застана на средина на сцената: се чинеше дека тие
бели и нежни дечиња се вистински Купидончиња, кои штотуку дошле
од небото или од морето. Крилцата, стрелите и држењето им беа исти
279
Божица на мудроста, уметностите и науката, ќерка на Јупитер. Во грчката митологија
тоа е Атина (ќерката на Ѕевс).
280
Браќата Кастор и Полукс (Полидевк) се синови на Леда: првиот од Ѕевс, а вториот
од спартанскиот цар Тиндареј.
Метаморфози или Златното магаре 205

на сите, а тие со разгорени факли осветлуваа како нивната господар-


ка да има намера да прослави свадбен пир. Потоа дотрчаа цело јато
млади девојки – од едната страна прекрасните Грации, а од другата
чудесните Хори – па расфрлаа венци и цветови во чест на божицата
и така на кралицата на насладата й го приносоа на жртва сиот украс
на пролетта. Еве, и флејтите со многубројни отвори нежно засвиреа
лидиски песни. Песната ги милуваше душите на слушателите, но уште
поголема наслада ги обзеде кога ја видоа Венера како пристапува
восхитена од музиката и како лесно го извива телото со движење на
кое постепено му се повинува и главата. Нејзините чудесни движења
беа во услуп со нежната музика на флејтата, нејзините очи час нежно
се подзатвораа, час фрлаа предизвикувачки погледи, а на моменти се
чинеше дека танцува само со очите.
Штом застана пред судијата, само со движење на рацете јасно по-
кажа дека на Парис ќе му даде за сопруга прекрасна жена со убавина
рамна на нејзината, ако й даде предност во однос на другите божици.
Тогаш фригискиот младич, како знак на победа, веднаш й го предаде
златното јаболко што го држеше во раката.
33. Впрочем, што се чудите вие, простаци, говеда дотерани – или
подобро речено – јастреби облечени во тоги, што и денес сите судии
тргуваат со своите пресуди, кога уште во почетокот на светот пресудата
во спорот меѓу луѓето и боговите била измамена со пристрасност? Зар
оној селанец, овчар, што самиот Јупитер го одреди за судија, зар тој не
ја донесе најстарата пресуда поведен од љубов, и што е уште поваж-
но, со тоа го изложи целиот свој род на гибел281? Тоа се случуваше и
подоцна: сетете се на пресудата меѓу славните ахајски водачи282; или
на мудриот Паламед283, кому што никој не му беше рамен во знаење,
кога со лажни сведоштва беше обвинет за предавство; потоа, кога
го претпочитаа просечниот Одисеј284 пред големата воена вештина
на Ајакс. Или, што ќе кажете за пресудите на Атињаните – тие умни
законодавци и зналци во сите науки? Па нели старецот, обдарен со
божествена мудрост285, кого делфиското божество го беше прогласило
281
Алузија на Тројанската војна во којашто настрадал целиот род на Пријам.
282
Се мисли на водачите на Грците коишто се бореле под ѕидините на Троја.
283
Грчки јунак од Евбоја.
284
Види бел. 87, кн. III.
285
Грчкиот филозоф Сократ, обвинет дека ја расипува младината, бил осуден на смрт –
да испие чаша со отров.
206 Апулеј

за најмудар од сите смртници, беше обвинет поради завидливоста на


една бесрамна група луѓе? Зар тој – обвинет дека ја расипува младината,
која всушност ја одвраќаше од крајности – не умре од смртоносниот
сок на една отровна билка, оставајќи им на своите сограѓани петно
на вечен срам? И ден-денес големите филозофи се придржуваат кон
неговото учење и се колнат со неговото име во нивните стремежи кон
највисоко блаженство.
Некој може и да ме обвини за овие напливи на гнев и да си поми-
сли: „Зар треба да трпиме едно магаре да ни филозофира?“, па затоа
подобро да си се вратам на приказната од која се оддалечив.
34. Откако беше донесена пресудата на Парис, Јунона и Минерва
ја напуштија сцената лути и тажни, покажувајќи го со движења своето
негодување што беа одбиени. А Венера, радосна и весела, ја покажу-
ваше својата радост, танцувајќи со целиот хор.
Тогаш од врвот на планината, низ некоја скриена цевка, прсна
во вис млаз вино помешано со шафран и се разлеа насекаде, паѓајќи
како мирисен дожд врз козите што пасеа наоколу, а тие – оросени ја
променија својата природна бела боја со златесто жолта боја на шаф-
ран. Најпосле, кога веќе целиот театар се исполни со сладок мирис,
дрвената планина со шумата на неа исчезна в земја.
Тогаш, по барање на толпата, еден војник го претрча плоштадот
и отиде од јавниот затвор да ја доведе жената за којашто пред малку
ви кажував дека е осудена поради нејзиното повеќекратно злодело и
којашто беше одредена со мене да прослави сјајна свадба. Веќе беа
започнале највнимателно да го подготвуваат нашиот иден брачен кревет:
тој беше украсен со инкрустации од индиска желка, полн со најмеки
перници и покриен со шарена свилена коприна. Јас, пак, се срамев
јавно да се соединам со таа злосторничка, се гнасев од допирот со
таа порочна жена, но исто така многу ме мачеше и стравот од смртта,
па вака си размислував во себе: ако за време на нашиот љубовен чин
биде пуштен некој ѕвер за да ја раскине жената, знаев дека тој ѕвер,
во никој случај, не би можел да биде толку разумен или толку добро
издресиран, ниту толку одмерен и воздржан за да ја раскине жената што
лежи до мене, а мене самиот – како невин и неосуден – да ме поштеди.
35. Значи, јас бев загрижен не само поради срамот туку и за сопстве-
ниот спас и додека мојот учител се грижеше да ја намести постелата
како што треба, а другите робови беа зафатени или со подготовки за
ловот или со прекрасната глетка на сцената, мене ми беше оставена
Метаморфози или Златното магаре 207

потполна слобода да го направам она што го имав во план. А никому


и не му падна на памет дека треба да чува едно толку питомо магаре,
па јас сосема незабележливо, кришум и малку по малку се доближив
до најблиската врата и, колку што можев побргу, се дадов во бегство.
Трчајќи, бргу поминав цели шест милји и стигнав во Кенхреја286, град
за кој се смета дека е најславна коринтска колонија, а го заплискуваат
брановите на Егејското Море и на Саронискиот Залив287. Таму е и
најсигурното пристаниште за бродови и секогаш е полно со народ.
Јас ги одбегнував луѓето и, откако одбрав едно скришно место
на брегот, го испружив моето изморено тело во ситната песок крај
самата вода и се одморав. Сончевата колесница веќе го беше одми-
нала последниот столб288 на денот и во вечерната тишина ме обзеде
сладок сон.

286
Главното (источно) пристаниште на Коринт.
287
Поточно, Егинскиот Залив на Егејското Море.
288
Столб крај којшто минувала сончевата колесница пред залез. Види бел. 171, кн. VI.
208 Апулеј
Метаморфози или Златното магаре 209

КНИГА XI
1. Во време на првата ноќна стража одеднаш се разбудив и уп-
лашено го здогледав блескавиот месечев диск како се издигнува од
морските бранови; посветен во молчаливите тајни на длабоката ноќ,
јас знаев дека власта на врховното божество се простира многу далеку
и оти сите човечки работи се одвиваат според неговото провидение,
но и дека под божественото влијание на неговата светлина и под
заштита на неговата моќ живеат не само сите домашни животни и
диви ѕверови туку дури и безживотните предмети оживуваат од таа
небесна светлина; и самите тела на земјата, на небото и во морето
се зголемуваат или се намалуваат, во зависност од нејзиното нарас-
нување или намалување.
Бидејќи ми се чинеше дека мојата судбина веќе се заситила од
многубројните несреќи и неволи и оти најпосле, иако доцна, ми
дава надеж за спас, решив да ги упатам моите молитви на светиот
лик на божицата289 којашто стоеше пред мене. Веднаш се расонив
и ја оттргнав дремливоста, весело станав и – сакајќи веднаш да се
прочистам – ја нурнав главата во вода седумпати (затоа што просла-
вениот филозоф Питагора го сметал овој број за особено погоден
при извршување верски обреди)290 и со солзи во очите й ја упатив
на семоќната божица оваа молитва:
2. „Кралице небесна291, која и да си: хранителке Цереро – мајко
и создателке на житото, ти којашто во радост поради враќањето
289
Во доцната антика имало тенденција да се обединуваат „функциите“ на одделни
божества и да им се припишуваат на едно или две врховни божества. Едно од нив е и
Месечината (Luna).
290
Бројот седум во многу религии и учења се смета за свет.
291
На лат. regina coeli – „кралица на небото“ или „небесна кралица“. Христијаните така
ја нарекуваат Богородица.
210 Апулеј

на ќерката ни даде повкусна и помека храна нам, на луѓето коишто


дотогаш се храневме само со желади како диви ѕверови, ти – којашто
сега живееш на Елевсинските полиња; или, пак, ти – небесна Венеро,
којашто на самиот почеток на светот го роди Амор, ги поврза различните
полови и со вечна обнова го продолжи човечкиот род, па сега луѓето те
обожаваат во храмот опкружен со морски бранови на островот Пафос;
или ти – Фебова сестро292, којашто им помагаш на трудниците да се
породат и досега толку многу народ намножи, па ти оддаваат почит
во славниот храм во Ефес293; а и ако си страшната Прозерпина, која
ноќе ја довикуваат со морничави крикови294, ти – божице со три лица
што им заповедаш на ноќните сеништа, па ги затвораш во подземјето
и скиташ по светите шуми295, а светот те смилостува со најразлични
обреди; о ти – којашто својата девствена светлина ја распостилаш врз
сите домови296 и со своите влажни зраци весело ги храниш семиња-
та297, а својата променлива светлина ја управуваш според движењето
на сонцето – со кое име, со каков обред и во кој лик да те повикам?
Помогни ми во оваа моја најголема несреќа, запри ја мојата кобна
судбина и по сите мои страдања, дај ми мир и спокојство! Ослободи
ме од овој проколнат лик на четвороножно животно! Врати ме кај
моите блиски, врати ме во мојот Луциј! А ако некое божество ме
прогонува со нескротлив гнев, тогаш нека ми биде дозволено барем
да умрам, ако веќе не можам да живеам!“
3. Вака се молев и ја преколнував, а сонот повторно ми ја обзеде
изморената душа на истото место коешто и пред тоа ми служеше
како постела. Штом ги затворив очите, одненадеж среде море полека
се појави божествен лик! Најпрвин се појави лицето што би предиз-
викало почит дури и кај самите богови! Потоа пред мене се појави
привидение кое од себе ја стресе морската вода. Јас ќе се потрудам да
ви го опишам, ако тоа ми го дозволи сиромашниот човечки јазик или,
292
Сестра на Феб (Аполон) е Артемида, заштитничка на родилките.
293
Градот Ефес бил центар на култот на Артемида.
294
Прозерпина била поистоветувана и со Хеката – владетелка на сеништата и на лошите
духови. Таа била претставувана со три лица, а се верувало дека ноќе талка насекаде, а
кучињата со виење го најавуваат нејзиното доаѓање.
295
Како и на Артемида – божицата на ловот – и на Прозерпина й биле посветувани и
некои шуми
296
Се обраќа кон Луна
297
Луна се сметала за извор на ноќната роса.
Метаморфози или Златното магаре 211

пак, ако самото божество му даде на мојот јазик доволно речитост и


вештина за да направам такво нешто.
Бујната и долга коса й паѓаше во брановидни кадрици по божестве-
ниот врат и слободно се лелееше околу него. Темето й го опкружуваше
венец исплетен од најразлични цветови. Над челото, пак, на средината,
имаше тркалезна плочка, како огледало – или поскоро како месечи-
на – и таа ширеше некоја слаба светлина, додека од обете страни се
извиваа две змии со издигнати глави, а над нив се подаваа класје жито
– токму како кај Церера298. Нејзината туника, што се прелеваше во
многу различни бои, беше од најтенко ленено платно – час блескаше
во сета своја белина, час беше жолтеникава како цвет од шафран, а час
црвена како пламен! Но, она што најмногу ги засени моите очи, беше
црната наметка299, која блескаше со темен блесок, – го обвиткуваше
целото тело и од десната рака преминуваше преку левото рамо и таму
едниот нејзин крај паѓаше слободно, образувајќи еден јазол, а потоа
во набори се спушташе сè до земја, додека ресите на краиштата убаво
се вееја на ветрот.
4. По краиштата и по самата ткаенина беа распрснати сјајни ѕвезди,
а во средината блескаше полната месечина во сета нејзина убавина.
Диплите од наборот на оваа чудесна наметка по целата должина беа
опточени со венец од цвеќиња и со овошје. Во рацете држеше раз-
лични работи: во десната – систра од бронза, чијашто основа беше
извиена како појас и се вкрстуваше со три прачки што ѕвонеа гласно
при троен трепет на раката. Од левата, пак, й висеше златна чаша во
облик на кораб300, што над најиздигнатиот дел од рачката имаше змија
со набрекнат врат и со издигната глава. Божествените стапала й беа
обуени во сандали опточени со лисје од дрвото на победата – од палма.
Така дотерана, со здив на плодните фиданки на Арабија, божицата ме
удостои со овие зборови:
5. „Еве ме, Луциј, трогната од твоите молитви, јас – мајка на целата
природа, господарка на сите стихии, прва рожба на времето, највисока
од сите богови, царица на Маните – сенки во подземниот свет, прва
меѓу небесните жители, единствена во која се соединети ликовите
298
Змиите или змејовите и класјето жито биле атрибути на Церера.
299
Шарената туника ја симболизира нејзината многустрана власт, а црната наметка е
постојан симбол на Луна, на Прозерпина или на Церера.
300
Коработ бил еден од светите симболи на Изида, зашто таа била и божица на морето
и заштитничка на морепловците.
212 Апулеј

на сите божици и богови. Јас, по своја волја, господарам со врвовите


на небесниот свод, со благотворниот дух на морето и со очајничката
тишина на подземјето. Јас сум единствена божествена сила и сиот
свет ме почитува на најразлични начини, со најразлични обреди, под
различни имиња. Фригијците, првородени меѓу народите301, ме наре-
куваат мајка на боговите, божица на Песинунт302; древните жители на
Атина ме нарекуваат Атина Керкопска303; жителите на средеморскиот
Кипар ме викаат Афродита Пафоска; критските стрелци304 – Дијана
Диктинска305; Сицилијанците, кои говорат три јазика306 – Стигиска Про-
зерпина; жителите на старата Елевсина ме викаат Актејска Деметра;
едни – Јунона, други – Белона; некои Хеката, а некои, пак, Рамнусија307.
Етиопјаните, кои сонцето ги огрева со своите први зраци при изгревот
и со последните при залезот, и Египќаните, прочуени во древноста со
својата наука, ме почитуваат со оние обреди што најмногу ми припаѓа-
ат и ме нарекуваат со моето вистинско име – Изида308. Дојдов затоа
што се сожалив на твојата несреќа и еве ме – милосрдна и наклонета
кон тебе. Престани да плачеш, престани да тагуваш и немој веќе да
се грижиш! Со мој благослов дојде денот на твојот спас! Послушај ги
највнимателно моите заповеди! Денот што ќе се роди од оваа ноќ, од
најстари времиња ми бил посветен. На тој ден зимските бури стивну-
ваат, на морските бранови бурите се успокојуваат, а морето станува
достапно за пловење: моите свештеници ми посветуваат нов кораб
и ми ги принесуваат за жртва првите предмети на трговијата. Оваа
свеченост треба да ја дочекаш без страв и без лоша мисла.
301
Алузија на една легенда, предадена кај Херодот (II, 2): две новородени деца, коишто
пораснале отхранети од кози и изолирани од луѓето, кога проговориле – првиот збор
им бил bekos – што на фригиски значело „леб“. Оттаму произлегло дека Фригијците се
најстар народ на земјата.
302
Древен град во Мала Азија, каде што се наоѓал центарот на култот на Кибела
303
Атина (Минерва) Керкопска била наречена така по името на Керкопс – основач и
прв владетел на Атина
304
Жителите на островот Крит биле познати како добри стрелци со лак.
305
Во латинскиот: Dictyna Diana, односно, тоа е критската Артемида.
306
На Сицилија се говорело на три јазика: некој локален говор, грчки и латински јазик
307
Така ја нарекувале Немеса – божицата на справедливата одмазда, според нејзиниот
храм во Рамнут (Атика).
308
Изида најпрвин била египетска божица, којашто ја олицетворувала плодородноста на
долината на реката Нил; потоа станала и божица на месечината. Откако нејзиниот култ
се распространил и надвор од Египет, во нејзиниот лик се обединиле повеќе различни
божества, за најпосле да се почитува како врховна божица на вселената.
Метаморфози или Златното магаре 213

6. По моја заповед свештеникот во процесијата ќе носи во десната


рака венец од рози309, закачен на систра. Ти немој да се колебаш: избуткај
се низ толпата луѓе и решително вклучи се во поворката, потпирајќи
се на мојата наклоност. Кога ќе бидеш сосема блиску, тогаш полека,
како да сакаш да му ја бакнеш раката на свештеникот, пристапи му и
откини ги розите – тогаш ќе ја снема од тебе кожата на тоа проколнато
животно коешто одамна веќе ми е омразено! Не плаши се од никакви
тешкотии додека го извршуваш ова што ти го заповедав. Во истиов
миг, додека ме гледаш пред себе, јас од другата страна се појавувам
и пред мојот свештеник за да му кажам на сон што треба тој да на-
прави. На моја заповед ќе ти направат пат и луѓето што се туркаат во
поворката и никој во оваа весела свеченост и празнување нема да се
уплаши од твојот грд лик ниту, пак, некој твојата ненадејна преобразба
ќе ја протолкува злонамерно или погрешно. Запомни добро и чувај го
ова секогаш длабоко во срцето: твојот живот, сè до последниот здив,
ќе ми го посветиш мене. Затоа што е сосема справедливо целиот свој
живот да й го посветиш на онаа што со својата добродетел те врати
меѓу луѓето. Впрочем, ти ќе си живееш среќно и под моја заштита ќе
станеш славен, а кога ќе го завршиш твојот живот на земјата и ќе слезеш
во адот, и таму, во тој подземен свет, ќе ме најдеш мене, онаква каква
што ме гледаш сега – јас го осветлувам темниот Ахеронт310 и владеам
во длабочините на Стикс. Како жител на Елисиските полиња311, ти
и таму постојано ќе ме почитуваш како твоја добродетелка. Ако со
твојата постојана покорност, со вршењето на религиските обреди и со
постојаната чесност се покажеш достоен за мојата божествена заштита,
ќе знаеш дека единствено јас можам да ти го продолжам животот над
времето одредено од судбината.
7. Вака непобедливото божество го заврши своето впечатливо
претскажување и исчезна.
Во истиот миг се ослободив од сонот, станав исполнет истовремено
со радост и со страв, сиот облеан во пот. Замаен од ваквото јасно при-
суство на моќната божица, се испрскав со морска вода и замислен со
најголемо внимание во нејзините возвишени заповеди си припомнував
на сите нејзини упатства.
309
Розата е цвет посветен на Изида.
310
Ахеронт е река во подземното царство, а преносно – самото подземно царство.
311
Место во кое се населувале душите на чесните луѓе.
214 Апулеј

Набргу се појави златното сонце, растерувајќи ги пред себе темните


облаци на ноќта и ете веќе сите улици беа исполнети со толпи луѓе,
токму како на некој празник или триумф. Изгледаше како сè да й се
придружува на мојата радост: животните од сите видови, куќите, па и
самиот воздух; ми изгледаше како сè да блеска од среќа и задоволство.
Необично спокоен сончев ден ја замени вчерашната студена магла. Пти-
ците пејачки, намамени од топлиот здив на пролетта, пееја усогласено
и со своите песни ја поздравуваа мајката на ѕвездите, владетелката на
вековите и господарката на светот. И самите дрвја, и оние што даваат
плодови и оние што во својата неплодност се задоволуваа со тоа што
прават сенка, предизвикани од нежното јужно ветре, ги отвораа пупките
за ливчињата што се раѓаа, а нежното нишање на гранките го придру-
жуваше пријатен шепотлив шум. Бучењето и бурата стивнуваа, морето
престана да се подига во немирни бранови и спокојно го заплискуваше
брегот; небото се ослободи од темните облаци и блескаше безоблачно
и ведро во сиот свој сјај.
8. Еве, започнаа да поминуваат првите групи учесници на свече-
ната поворка, сите убаво облечени, секој по свој вкус и избор. Еден
беше опашан со ремен и претставуваше војник; друг, облечен во куса
хламида, со меч на колкот и со копја во раката, беше ловец; ваму трет
носеше златни влечки (чорапи), свилен фустан и скапоцени украси,
косата му беше завиена околу главата, а тој, нишајќи се во одењето,
изгледаше како жена. Имаше еден со потколеници и со штит, со кацига
и со меч, како сега да излегол од гладијаторско училиште. Имаше и
таков што беше облечен сиот во пурпур, пред него одеа ликтори со
врзопчиња прачки, а тој играше улога на лице од власта. Друг имаше
наметка, стап, плетени сандали312 и долга козја брада и тој претста-
вуваше филозоф. Двајца носеа различни трски: едниот од нив имаше
лепило313 и тој беше ловец на птици, а другиот беше риболовец со
неговите јадички. Видов и една припитомена мечка што ја носеа во
носилка облечена како отмена госпоѓа. Еден мајмун, пак, дотеран и
облечен како Ганимед314, имаше капа на главата, жолта туника спо-
ред фригиска мода, а носеше златен пехар. Помина и едно магаре со
залепени крилја, а покрај него одеше изнемоштен старец: можеше
312
Тие биле исплетени од лист од палма, од влакна од билката папирус, од врбова кора
или од слама.
313
Viscum е лепило за ловење птици, направен од имела.
314
Види бел. 25, кн. I.
Метаморфози или Златното магаре 215

да се рече дека едниот од нив е Белерофонт, а другиот Пегас315, а тоа


очигледно и двајцата ги засмејуваше.
9. И додека народот којшто тука поминуваше се забавуваше, гледајќи
ги овие забавни маски, вистинската поворка на мојата божица-заштит-
ничка, се подготвуваше да тргне. Жените бea во снежнобели фустани,
со различни предмети во раце, украсени со венци од пролетни цвеќиња;
едни расфрлаа цвеќиња од своите поли по патот по којшто одеа; други
на грбот носеа сјајни огледала во коишто божицата, доаѓајќи им во
пресрет, може да ја види многубројната придружба и зад себе; трети
носеа чешли од слонова коска, ги виткаа прстите и ги движеа рацете
како да чешлаат кралица или, пак, заедно со другите мириси истураа
капка по капка од божествениот балзам и ги мирисаа улиците.
Потоа една голема група луѓе, и мажи и жени, носеа светилки,
факли, свеќи и други светлечки предмети за да го прослават изворот
на светлина на небесните ѕвезди. Потоа се слушна пријатна мелодија
од свирка на флејти.
Зад нив следеше хор од млади луѓе, составен сè од најодбрани
момци, кои носеа снежнобели кошули и исполнуваа една прекрасна
химна што ја напишал и ја компонирал некој надарен поет, вдахновен
од Музите. Содржината на песната беше увод во химните што следеа
на оваа свеченост.
Во поворката одеше и хор од флејтисти посветени на великиот
Сарапис316 и тие, држејќи ги флејтите искосени кон десното уво, сви-
реа напеви вообичаени во храмот на нивниот бог. Покрај сиве овие,
се појавија и редари коишто ги повикуваа луѓето да направат пат за
светата поворка.
10. Тогаш почнаа во бранови да пристигнуваат групи посветени во
божјите мистерии – мажи и жени од сите сталежи и возрасти, облечени
во ленена облека што блескаше со чиста белина. Косата на жените им
беше намирисана со масла и завиткана во проѕирен вел, а главите на
мажите им беа мазно избричени, така што блескаа како земни ѕвезди
на возвишената религија. Со своите систри од бронза, од сребро, па
дури и од злато произведуваа остар и ѕвонлив звук.
Најпосле одеа првосвештениците во тајните богослужби, облечени
во одежди направени од бело платно што им го обвиткуваа телото и
Види бел. 208, кн. VII.
315

Египетско божество со широко распространет култ и со голем број следбеници; често


316

споредуван со Озирис, Ѕевс, Плутон или со Асклепиј.


216 Апулеј

се спуштаа сè до петиците. Тие ги носеа обележјата на семоќните бо-


гови. Првиот од нив носеше светилка што ширеше силна светлина, но
воопшто не наликуваше на оние светилки со коишто ги осветлуваме
собите за време на гозби: тоа беше светилка направена од злато во
облик на чун, којашто фрлаше широк пламен низ отворот во среди-
ната. Вториот беше исто облечен, но во обете раце држеше по еден
од оние жртвеници кои ги викаме помошни – име што го добиле со
провидението на врховната божица којашто помага. Третиот носеше
високо крената гранка317 од палма, направена од тенки златни ливчиња
и еден стап налик на Меркуриовиот жезол. Четвртиот го покажуваше
симболот на праведноста: подадена лева рака со отворена дланка – по
природа таа е побавна и не е обдарена ниту со вештина ниту со брзина,
па затоа е посоодветна за праведност. Истиот свештеник носеше и еден
мал тркалезен златен сад во облик на дојка318 и со него принесуваше
на дар млеко. Петтиот свештеник држеше кошничка полна со златни
гранки319, а шестиот амфора320.
11. Веднаш зад нив одеа и боговите коишто повелале да одат
со човечки чекор. Ете го страшниот Анубис, бог којшто посредува
меѓу небесните и подземните богови; своето наполу црно, а наполу
златно лице го беше кренал високо на долгиот кучешки врат: во
левата рака држеше жезол, а во десната зелена рака носеше зелена
гранка од палма.
Веднаш зад него следуваше една крава исправена на задните нозе,
којашто претставуваше симбол на плодноста и на божицата-мајка на
сите нешта. Кравата седеше на рамениците на еден свештеник, којш-
то ја држеше и чекореше со големо достоинство под тешкиот товар.
Еден друг свештеник носеше ковчеже што во себе ги крие тајните на
возвишената религија321. Трет, пак, на своите благословени гради др-
жеше почитувана слика на највисокото божество: тоа не личеше ниту
на некое домашно животно, ниту на птица, ниту на див ѕвер, па ниту
на самиот човек; но по една духовита досетка – чијашто необичност
317
Палмата кај Египтјаните била симбол на астрологијата и магијата.
318
Египтјаните ја сметале раката со испружени прсти за симбол на справедливоста, но
и на плодородието на божицата-мајка, па затоа истиот свештеник носел и рака и сад во
облик на дојка, полн со млеко.
319
Симбол на благосостојба и чистота
320
Амфора со чиста вода, посветена на Нил и на Озирис – сопругот на Изида.
321
Не се знае за какви тајни или свети предмети станува збор.
Метаморфози или Златното магаре 217

побудуваше почит – претставуваше неискажливо обележје на верата,


чија тајна треба да се крие во длабока темнина: тоа беше мала урна
од жежено злато и имаше заоблено дно, а однадвор беше украсена со
необични египетски хиероглифски знаци. Нејзиниот отвор не беше
висок и продолжуваше од горната страна во облик на клун, додека од
другата страна беше прицврстена широка и извиена рачка на која има-
ше склупчена змија322 со издигнат врат покриен со лушпи и со пруги.
12. И, еве, дојде мигот за мојата утеха и спас, што ми ги вети
милосрдната божица.
Се приближуваше свештеникот којшто го носеше мојот, од судби-
ната одреден, спас. Тој во десната рака – токму како што беше речено
во божјето претскажување – држеше прекрасен систар за божицата и
венец за мене; да, жими Херкула, вистински венец: тој требаше да ме
изведе како победник од толку тешките страдања, од толкуте претр-
пени опасности во борбата со жестоката судбина. Иако бев обземен од
неочекувана желба, сепак не се затрчав одеднаш, затоа што се плашев
дека ненадејното втурнување на четвороножно животно може да ги
наруши редот и тишината на церемонијата, па со спокоен и одмерен
чекор – како што би направил и некој човек – полека и незабележли-
во, поднаведнат се пробив низ толпата, а народот по божја заповед се
иставаше и ми правеше пат.
13. Свештеникот, како што можев да заклучам од она што се
случуваше, се сети на ноќното привидение и вчудовиден што сè се
совпаѓа со упатствата што ги добил, веднаш застана, самиот ја подаде
десната рака и ми го стави венецот пред устата. Тогаш јас, треперејќи
и чувствувајќи го срцето како силно ми бие, го дофатив жедно со уста
венецот што блескаше со свежите рози вплетени во него, нетрпеливо
очекувајќи да се исполни она што ми беше ветено. И божественото
претскажување не ме измами: истиот миг од мене го снема грдиот жи-
вотински лик. Најпрвин, се разбира, ги снема гнасните влакна, потоа се
истенчи дебелата кожа, згоениот стомак ми спадна, стапалата од копита
се претворија во прсти, рацете веќе не беа нозе, туку се исправија за
своите повисоки задолженија, а долгиот и извиен врат се скуси. Ли-
цето и главата се заоблија, огромните уши ја добија својата првобитна
322
Изида во лик на змија се соединила со Озирис, затоа оваа претстава била симбол на
тоа соединување.
218 Апулеј

големина, забите што наликуваа на камења станаа човечки, а она што


претходно најмногу ме измачуваше – опашката – исчезна без трага.
Народот беше зачуден, верниците се молеа пред толку очигледниот
доказ за моќта на најголемото божество – како во чудесен сон – и се
чудеа колку лесно се случи таа преобразба, па со јасен глас сите како
во хор ги кренаа рацете кон небото и го прославија големото и добро
дело на божицата.
14. Јас пак бев толку вчудовиден што не можев да проговорам и
стоев вкочанет и нем: душата ми беше толку исполнета со голема и
ненадејна радост што не знаев што прво да изустам со новиот глас,
со што да почнам да го ползувам вратениот јазик и со кои зборови да
ја изразам мојата благодарност на големата божица за добродетелта.
Свештеникот, којшто од божицата беше дознал сè за моите несреќи
од самиот почеток, и самиот многу трогнат од ова несекојдневно чудо,
со главата даде знак да ми донесат да облечам платнена туника. Затоа
што, штом се ослободив од грдиот магарешки облик, јас ги стиснав
нозете и ги ставив рацете пред нив за да ја скријам, колку што можев,
мојата срамност. Тогаш еден човек од придружбата на свештениците
бргу ја соблече својата туника и побрза да ме покрие со неа. По ова,
свештеникот со мил поглед, вака ми проговори:
15. „По толку големи и толку многубројни маки, прогонуван од
силните бури на судбината, ти Луциј, најпосле пристигна во приста-
ништето на Мирот и до олтарот на Милосрдието. Не ти беа од никаква
полза ни твоето потекло, ниту твојот углед и образование со кои се
одликуваш од другите, туку искушенијата на нежната и неискусна
младост те доведоа до уживање со слугинка, па твојата љубопитност
скапо ти се одмазди. Но, сепак, и покрај сè, твојата слепа Судбина –
којашто во својата злобна непромисленост те изложи на најголеми
страдања и опасности, сега те доведе до ова блаженство. Сега нека си
оди, нека беснее колку сака и нека најде некој друг врз којшто ќе го
искали својот гнев! Оние чиишто животи се зачувани благодарејќи на
величието на нашата божица – за да й служат нејзе, тие не се повеќе
изложени на суровоста на судбината. И каква полза има сега суровата
судбина од разбојниците, дивите ѕверови, ропството, опасните пату-
вања и бескрајните скитања по каменити патишта, од секојдневните
смртни опасности? Ти си сега под заштита на Судбината којашто не
е повеќе слепа и којашто ги осветлува и другите богови со сјајот на
својата светлина! Твоето лице сега нека покаже ведрина што й при-
Метаморфози или Златното магаре 219

лега на белината на твојата туника и со весел чекор придружи й се


на поворката на божицата-спасителка! Безбожниците нека те видат и
нека ја согледаат својата заблуда: еве го Луциј, когошто провидението
на великата Изида го избави од некогашните страдања, еве го Луциј,
којшто со својата радост ликува над својата Судбина! А за да бидеш
уште побезбеден, придружи й се веднаш на оваа света војска, заколни
се веднаш дека доброволно ќе се потчинуваш на светите обреди! Кога
пак ќе почнеш да й служиш на божицата, уште повеќе ќе ги почув-
ствуваш плодовите на својата слобода“.
16. Чесниот свештеник, тешко дишејќи, вака претскажа и за-
молкна.
А јас веднаш се смешав во поворката побожни верници и тргнав
со нив; сега целото гратче ме знаеше и ме забележуваше, а луѓето ме
покажуваа со прст и со кимање глава. Сите си зборуваа за мене: „Овој
денес семоќната божествена волја го претвори во човек! Навистина
е среќен оној што со чесноста и вербата во својот претходен живот
заслужил таква заштита од небото – штотуку препороден, веднаш да
биде избран и посветен за вршење света служба!“
За тоа време, среде такви восклици и врева од празнични желби
и молитви, поворката полека се приближуваше до морскиот брег и
најпосле стигнавме до она исто место на коешто си лежев сношти,
сè уште како магаре. Таму сега, според обичајот, ги распоредивме
божјите претстави, а пристигна и еден вешто направен кораб, сиот
украсен со прекрасни египетски слики и врховниот свештеник со
својата непорочна уста исчита свечена молитва, па со запален факел,
со јајце и со сулфур, го посвети коработ и го прогласи за божји. На
блескавото едро на овој благословен кораб имаше зборови испишани
со злато, а тие зборови изразуваа желба за среќна пловидба во новата
година. Јарболот направен од трклезно борово стебло се издигаше
високо и на него се вееше знаме што ги привлекуваше погледите на
толпата. Крмата, обложена со златни листови, завршуваше со извиен
дел што наликуваше на врат од гуска323; силно блескаше и целиот брод
направен од измазнето кедрово (лимуново) дрво.
Тогаш сите присутни, и оние посветените и непосветените, почнаа
да се натпреваруваат и да носат кошнички со мириси или слични
дарови, а по брановите истураа дожд од млеко. Најпосле, кога бродот
323
Овде гуската е света птица на божицата Изида.
220 Апулеј

беше преполн со богати подароци и со заветни дарови, ги одврзаа


јажињата и благото ветре го однесе на море. А кога се оддалечи толку
што веќе не можевме да го видиме, луѓето коишто ги беа донеле сите
тие работи, повторно ги зедоа и весело тргнаа назад во иста поворка
и по истиот ред.
17. Кога стигнавме до самиот храм, врховниот свештеник и оние
што пред него ги носеа светите слики и сите што веќе беа посветени во
божествените тајни, влегоа во светилиштето на божицата и по одреден
ритуал ги одложија таму сликите. Потоа, еден – кого сите го викаа Писар
– застана пред вратата и го свика собранието на пастофорите324 (тоа е
името на овој свечен совет), па од една висока говорница ја исчита од
една книга молитвата за владетелот, за сенатот, за витешкиот сталеж
и за сиот римски народ, а најпосле и за морнарите и за корабите и за
сите оние што по целиот свет се под власта на нашата држава. Тогаш,
на грчки јазик и по грчки обичај, го објави отворањето на сезоната на
пловидби. Присутниот народ со општо одобрување ги поздрави овие
зборови како порака којашто треба да донесе среќа. Обземен од радост,
народот собираше млади гранчиња зеленило325 и венци, ги бакнуваше
нозете на божицата на кипот направен од сребро, којшто стоеше на
скалите, а потоа се разотиде по своите домови. Мене, пак, срцето не
ми даваше да се оддалечам ниту педа: вџасено гледав во божицата и
си спомнував на сите мои поранешни страдања.
18. Брзиот глас не дозволил мрзливоста да ги забави неговите
крилја во лет, туку веднаш разгласи низ мојот роден крај за милосрд-
ното дело со кое ме благослови божицата и за мојата голема лична
среќа. Веднаш дојдоа и моите роднини и робовите и сите што со мене
беа крвно тесно поврзани, го оставиле тагувањето што ги обзело на
лажната вест за мојата смрт, па – весели поради оваа неочекувана
среќа – дотрчаа со разни подароци да се уверат дека сум жив и здрав
и оти сум се вратил од оној свет. Јас веќе бев изгубил секаква надеж
дека некогаш повторно ќе ги видам, па затоа се израдував и нивните
благородни подароци ги примав со голема благодарност. А семејството
се погрижи да ме обезбеди со толку и такви дарови кои беа доволни
за да се издржувам цел живот.
324
Грците така ги нарекувале египетските свештеници, коишто ги носеле божјите
претстави на празничните процесии.
325
Гранчиња од лавор, мирта и маслина.
Метаморфози или Златното магаре 221

19. Откако со секого од нив поразговарав со должната почит и


накусо им раскажав за сите мои некогашни патила и за сегашното
блаженство, повторно се вратив со благодарност да ја набљудувам
мојата божица. Иако сè уште не бев посветен, а сакав да учествувам
во службите во чест на божицата, си изнајмив стан меѓу ѕидовите на
самиот храм и се вселив таму, па бев постојано во друштво на свеш-
тениците и можев да ја обожавам возвишената божица. И не помина
ниту една ноќ, ниту една починка, а да не ми се појави божицата и да
не ми даде упатства. Со своите чести и свети заповеди таа ме потти-
кнуваше да се посветам во светите тајни на нејзината служба, зашто
веќе одамна сум бил избран за тоа. Колку и да беше силна желбата
што ме обземаше, сепак ме задржуваше некој побожен страв – бидејќи
многу внимателно се бев распрашал за тешкотиите на оваа служба, за
строгоста на воздржувањето и за тешкиот живот, полн со многубројни
страдања, што со запазување на срогите правила требаше да стане
уште потежок. Постојано размислував за тоа и, не знам ни самиот
како, постојано го одложував посветувањето.
20. Една ноќ на сон ми се појави првосвештеникот, како да ми
нудеше полно работи што ги носеше во неговите раце. Кога го пра-
шав што е тоа, ми одговори дека се тоа работи што ми се пратени од
Тесалија и оти од таму стигнал и еден од моите робови, којшто се
вика Кандид.
Се тргнав од сонот и долго размислував што значи ова привидение,
особено што бев убеден дека никогаш не сум имал ниеден слуга што се
викал Кандид. Без оглед на тоа што претскажуваше овој сон, верував
дека донесените подароци, во секој случај, навестуваат некоја среќа
за мене. Затоа, следното утро, вознемирен и насетувајќи дека ќе ми се
случи нешто пријатно, одвај дочекав да го отворат храмот.
Кога ги подигнаа белите завеси од двете страни, ние й се помолив-
ме на божицата. Свештеникот ги обиколи жртвениците распоредени
насекаде низ храмот, ја одржа богослужбата со свечени молитви и од
еден сад излеа вода нацрпена од изворот што се наоѓаше во самиот
храм. Откако сето ова беше извршено според сите правила, одекна
гласот на верниците што го објавуваа првиот час од денот326. Кога,
ете ти ги, тогаш се појавија слугите од Хипатија, коишто ги оставив
таму кога Фотида со својата грешка ме претвори во магаре и тие, се
326
Утринска молитва на Озирис, богот на сонцето.
222 Апулеј

разбира, знаеја сè што се зборувало за мене. Тие ми го довеле и мојот


коњ, којшто – откако изменувал повеќе господари – го препознале по
белезите на грбот и го купиле. Јас се исчудував на вистинитоста на
сонот којшто ми донесе не само подарок туку, под името на Кандид,
ми го врати и мојот коњ којшто беше бел327.
21. Оваа случка ме охрабри уште поревносно да ги посетувам
богослужбите затоа што досегашните добродетели ми давaa надеж
за иднината и од ден на ден желбата да го прифатам посветувањето
стануваше сè поголема и сè почесто одев кај првосвештеникот и по-
корно го молев да ме посвети во тајните на светата ноќ. Но, овој умен
маж, прочуен по својата строга побожност, со благи и умерени зборови
постојано ја смируваше мојата настојчивост и го успокојуваше немирот
во моето срце, давајќи ми утеха и нова надеж – како што родителите
ги ублажуваат прекумерните барања на своите деца. Велеше дека
божицата со свој особен знак го одредува денот кога некој ќе може да
биде посветен, дека нејзиното претскажување го одбира и свештеникот
којшто треба да го изврши посветувањето, па најпосле, дека со слична
препорака се одредуваат и трошоците што се неопходни за тој обред.
Сметаше дека јас треба трпеливо и покорно да го дочекам сето тоа,
бидејќи треба подеднакво внимателно да се чувам и од наврапитоста
и од непослушноста, како што треба да ги одбегнувам двете грешки:
кога ќе бидам повикан – да не се колебам, а додека не ми биде запо-
ведано – да не брзам. Покрај тоа, велеше дека ниту еден од неговите
свештеници не би бил толку безумен и не би го изложил на опасност
сопствениот живот со тоа што ќе се осмели да изврши богохулен
обред, ако тоа не му го заповедала господарката, зашто клучевите од
подземниот свет и избавувањето на секој човек се наоѓаат во рацете на
божицата, а и самиот обред на посветување претставува симболична
доброволна смрт и живот даден со божја милост. Пред крајот на жи-
вотот, меѓу оние што се на чекор од смртта, божицата ги одбира оние
што можат со молк да ги зачуваат големите тајни на верата. А божјото
провидение ги оживува со повторно раѓање и им дава можност уште
еднаш да го најдат патот на своето избавување. Затоа и јас морам да се
придржувам кон овој небесен закон, иако е очигледно дека по милоста
божја веќе одамна сум одреден и обележан за нејзината света служба.
Токму затоа требаше повеќе од другите верници да се воздржувам од
327
На латински candidus значи „бел“.
Метаморфози или Златното магаре 223

недозволена и нечиста храна328, за да ги достигнам што побргу тајните


на најчистата вера.
22. Така велеше свештеникот. По ова, моето нетрпение веќе не
ја нарушуваше мојата покорност и јас внимателно, во молк, со се-
којдневни служби им оддавав почит на светите тајни. А добрината на
божицата-спасителка не ја изневери мојата надеж и не ме мачеше со
долготрајно одлагање. Една темна ноќ со нејзините јасни наредби таа
ми навести дека дошол денот којшто толку долго и толку силно го
посакував и во којшто ќе се исполни мојата најголема желба. Ми ги
соопшти и трошоците што треба да ги направам за обредот на посве-
тување, а својот свештеник Митра – за којшто велеше дека е поврзан
со мене со посебен сооднос на ѕвездите – го определи за извршител
на церемонијата.
Се израдував на овие и слични на нив упатства од врховната
божица, па уште пред да осамне станав и побрзав кај свештеникот.
Тој беше на излегување и јас го поздравив, па побарав посветување
уште понастојчиво отколку тоа го правев порано, како нешто што ми
припаѓа. Но тој, штом ме виде, прв проговори:
„О, Луциј! Колку си среќен и блажен што божицата те удостои со
својата милост! Зошто сè уште се колебаш и зошто самиот се задржу-
ваш? Ете, дојде твојот толку посакуван ден, кога по волја на божицата
со многу имиња треба со мои раце да те упатам во најсветите тајни
на нашата вера“.
Љубезниот старец ја спушти својата десна рака на моето рамо и ме
поведе кон вратите на величествениот храм. Откако со свечен обред
го изврши отворањето и ја одржа утринската служба, тој од едно тајно
место во храмот извади некакви книги испишани со неразбирливи
знаци. На некои од нив се наоѓаа цртежи на некакви животни329 и
тоа беа скратени облици на религиозните формули; на други имаше
црти што чудно се преплетуваа или кругови во вид на јазли коишто
ја чуваа тајноста на нивното читање од љубопитноста на непосвете-
ните. Од тие книги ми прочита што сè треба да приготвам за обредот
на посветувањето.
23. Уште веднаш без скржавост изнакупував сè што требаше –
нешто самиот, а нешто ми купија и моите другари.
328
Посветените во тајните на Изида не смееле да јадат месо од одредени животни.
329
Египетски хиероглифи.
224 Апулеј

Кога дојде време, како што рече свештеникот, ме одведе во најблис-


ката бања, во придружба на побожното друштво. Откако се искапев
како што е вообичаено, тој ја повика милоста на боговите и ме про-
чисти, полевајќи ме со вода, и повторно ме одведоа во храмот. Во
меѓувреме изминаа две третини од денот и тој ме постави пред нозете
на божицата и тивко ми даде некои упатства коишто требаше да ги
задржам во тајност. Потоа, пред сите, ми објасни дека треба десет дена
да се воздржувам од желбата за храна – да не јадам месо од никакво
животно и да не пијам вино. Откако сето тоа побожно го исполнив,
дојде денот – со божја одлука – одреден за посветување. Сонцето веќе
беше на залез и настапуваше вечерта, а толпа луѓе се собра од сите
страни и по стариот обичај секој од нив ме удостои со подарок во знак
на почит. Потоа се оддалечија сите непосветени, а мене ме облекоа во
бела ленена туника – сосема нова – а свештеникот ме фати за рака и
ме одведе во внатрешното светилиште на храмот.
Можеби сега ти, љубопитен читателу, ќе посакаш да дознаеш што
се зборувало и што се случувало таму? Јас ќе ти кажев да беше доз-
волено и ти ќе дознаеше да смееше да се дознае, но и ушите и јазикот
би ја претрпеле истата казна: јазикот поради дрдорливоста, а ушите
поради недозволената љубопитност. Ако, пак, те обзема побожна желба
да дознаеш, јас нема да те мачам со долга неизвесност: значи слушај
и верувај дека тоа е вистина. Се доближив до границата меѓу животот
и смртта, стапнав на прагот на Прозерпина и откако ги поминав сите
тајни – повторно се вратив; средноќ видов сонце како блеска во полна
светлина, им пријдов лице в лице на подземните и небесните богови
и одблизу им се поклонив.
Ете, јас ти го раскажав она што, иако си го слушнал, не треба да
го знаеш. Затоа ќе ти го раскажам само она што не е грев да се открие
пред непосветени слушатели.
24. Се раздени, сите обреди беа завршени и јас тргнав облечен
во дванаесет осветени туники. Оваа облека е мистична, но можам да
зборувам за неа без некое ограничување и за тој дел од обредот затоа
што тоа можеа да го видат и многубројните присутни луѓе. Во самата
средина на храмот, пред нозете на божицата, беше поставена дрвена
бина и јас бев повикан да се поткачам на неа. Бев облечен во шарена
облека со живи бои, а од рамениците до петиците ми паѓаше скапоцена
наметка. Од каде и да ме погледнеш – привлекував внимание, бидејќи
бев украсен со животински ликови нацртани во разни бои: од едната
Метаморфози или Златното магаре 225

страна имаше индиски змејови, а од другата – хиперборејски грифони


создадени во некој друг свет во облик на птица со крилја. Посветените
оваа наметка ја викаат олимписка. Во десната рака држев запален факел,
а на главата имав венец од палмини лисја наредени како зраци. На тој
начин претставував слика на сонцето и стоев како статуа.
Тогаш, одеднаш се отвори завесата и народот навали да ме види.
По ова, го отпразнував денот на моето духовно раѓање со свечена
гозба и со голема прослава. И на третиот ден беа повторени истите
церемонии, а потоа со еден појадок ја завршивме свеченоста и моето
посветување беше извршено според сите правила.
Останав уште неколку дена таму и се насладував во необјаснивото
задоволство да го набљудувам ликот на божицата којашто ме обврза
со таква добрина што никогаш не може да се награди. Најпосле, по
заповед на самата божица, навистина не доволно – но сепак во грани-
ците на моите можности – понизно ја искажав мојата благодарност
и се подготвував по толку долго време да одам дома, иако ми беше
тешко да ги прекинам врските на искрена љубов што ме врзуваа со
неа. И паднав ничкум пред нејзиниот поглед, го притиснав лицето на
нејзините нозе, па долго плачев и со липање коешто ги прекинуваше
и надгласуваше зборовите, реков:
25. „Света божице, ти којашто постојано го продолжуваш човечкиот
род и којашто секогаш им помагаш на смртните и како мајка на несреќ-
ниот му даваш утеха! Не поминува ниту еден ден, ниту една ноќ, ниту
еден миг без твоите добри дела. На копно и на море ги заштитуваш
луѓето, и откако ќе ги растераш далеку од нив сите бури на животот,
им ја подаваш својата рака и со неа ги размрсуваш замрсените нишки
на животот330, ги стишуваш брановите на несреќата и го запираш
неповолниот пат на ѕвездите. Тебе те обожаваат небесните богови, те
почитуваат подземните, ти го движиш светот, му даваш светлина на
сонцето, ја владееш вселената и го газиш Тартар. Тебе те слушаат и
ѕвездите, годишните времиња доаѓаат по твоја волја, боговите тебе ти
се радуваат и тебе ти служат стихиите. По твоја желба дуваат ветро-
вите, се полнат облаците, никнуваат семињата и се раѓа родот. Твоето
величие ги исполнува со побожен страв птиците што летаат на небото,
дивите животни што скитаат по планините, змиите што се кријат во
земјата и животните што пливаат во морињата. Нејак е мојот ум за да ја
330
Нишките на животот ги пределе Парките – трите божици на судбината.
226 Апулеј

воспеам твојата слава, премногу сиромашен за да ти донесам достојни


дарови; немам доволно зборови за да го искажам она што го чувствувам
спрема твоето величие; за тоа не ми се доволни ни илјада усти, ниту
исто толку јазици, ниту непрекинат говор низ вечни времиња. Јас ќе
се трудам да направам сè што може да направи еден побожен верник
во неговата немаштија: секогаш ќе ги чувам во моето срце твојот свет
лик и твојата светост!“
Ете, така й се молев на семоќната божица. Потоа го прегрнав
свештеникот Митра, кој отсега ќе биде мој татко и, додека го држев во
прегратки, го бакнував и го молев да ми прости што не можам достојно
да му се оддолжам за добрините што ми ги направи.
26. Долго време му ја искажував мојата благодарност, а најпосле
си заминав и побрзав после толку долго време да стигнам право во
мојот дом. По неколку дена, поддржан од големата божица, јас си го
собрав багажот, се качив на брод и тргнав кон Рим. Бидејќи ветрот беше
поволен, без некои тешкотии и многу бргу стигнав до пристаништето
на Август331, а оттаму зедов кола и вечерта, на дванаесетти декември,
влегов во светиот град.
Од тој ден ништо друго не ми беше толку важно колку секојдневно
да му се молам на возвишеното божество на кралицата Изида – Изида
од Марсовото поле332 – како што ја викаа според местото каде што се
наоѓаше најзиниот храм и каде што й се молеа со најголема побожност.
Јас бев нејзин постојан поклоник, навистина – новодојденец во храмот,
но посветен во верата.
И ете, откако големото сонце го измина целиот круг на зодијакот
и заврши годината, сонот одново ми го прекина грижата на мојата
божица-доброчинителка и одново ме повика да бидам примен и пос-
ветен во светите тајни. Не можев да ја разберам нејзината намера и се
чудев што планира за во иднина, затоа што верував дека веќе одамна
сум сосема посветен.
27. Додека јас самиот размислував за овие прашања и се советував
со свештениците, сосема неочекувано дознав за себе нешто сосема
ново: јас сум бил посветен само во тајните на божицата, но не сум
бил посветен во светите тајни на возвишениот татко на боговите,
великиот и непобедлив Озирис. Иако овие две божества во верата се
331
Пристаништето Остија, на устието на реката Тибар.
332
На лат. Isis Campensis, според Campus Martius – „Марсовото поле“.
Метаморфози или Златното магаре 227

поврзани, па дури и соединети, сепак постои голема разлика во светата


таинственост и затоа треба да сетам дека сум повикан да бидам слуга
и на великиот бог.
Мојата неизвесност не траеше долго. Следната ноќ на сон видов
верник облечен во ленена туника, кој носеше тирс333 и бршлен, а и уште
некои други работи коишто не смеам да ги спомнам, па ги внесе во
мојата соба. Потоа седна на столот и ми заповеда да приредам свечена
гозба во чест на возвишената божица. За да ми помогне повторно да го
препознаам по некој сигурен знак, ми го покажа зглобот на неговата
лева нога, кој беше малку исчашен, така што тој накривнуваше.
По толку јасно изразената божја волја, кај мене исчезнаа секое
сомневање и секоја збунетост, па веднаш, по утринскиот поздрав
упатен до божицата, јас внимателно ги набљудував свештениците –
еден по еден – за да видам дали некој од нив оди како оној во сонот.
Мојата надеж не беше залудна, зашто меѓу пастофорите забележав
еден којшто сосема наликуваше на оној што го видов на сон, и тоа не
само по белегот на ногата туку и по надворешниот изглед. Подоцна
чув дека се викал Азиниј334 Маркел, а тоа име беше во тесна врска со
мојата преобразба.
Веднаш му пристапив, а тој веќе знаеше што ќе му кажам, затоа
што со слични заповеди веќе и порано бил упатуван да изврши нечие
посветување. Претходната ноќ, додека му подготвувал венци на ве-
ликиот бог, од неговата уста, којашто ја одредува судбината на секој
човек одделно, чул дека ќе му биде пратен некој од Мадавра335 когошто
треба веднаш да го упати во неговите свети тајни: затоа што со божјото
провидение на тој човек му е одредено да стане голем научник, а тој
самиот ќе добие голема награда.
28. Така бев избран да бидам воведен во светите тајни, но во тоа,
спротивно на мојата желба, ме спречуваа скромните средства со кои
располагав. Трошоците околу патувањето го проголтаа сиот мој скромен
имот, а животот во Рим беше многу поскап отколку во провинциите
во кои живеев претходно. Ме мачеше немаштија и – како што вели
една стара поговорка – бев ставен помеѓу чеканот и наковалната, а
божеството сè почесто и почесто ме посетуваше и ме поттикнуваше.
Откако веќе неколку пати ме опомена, а на крај и ми нареди, јас многу
333
Жезол обвиткан со бршлен и со лозови лисја, на чијшто врв стоела борова шишарка.
334
Од именката asinus – „магаре“.
335
Мадавр е родниот град на Апулеј, а се наоѓа во Јужна Нумидија (Африка).
228 Апулеј

се вознемирив, па го распродадов она нешто малку облека што ја имав


и одвај некако собрав мала сума којашто ми беше потребна. Тоа ми
беше особено наредено:
„Нели ти – ми велеше божеството – ако посакаш да си дозволиш
некое задоволство, не би се двоумел да си ги продадеш алиштата? Зар
се двоумиш сега, кога е во прашање ваков свечен обред? Зар не си под-
готвен да се изложиш на немаштија, поради која нема да се покаеш?“
Така, подготвив сè што беше потребно, десет дена повторно се
задоволував со храна која инаку не би ми била доволна да преживеам,
ја избричив главата и бидејќи сега бев посветен и во ноќните мистерии
на возвишеното божество, јас со полна верба и најревносно им се
предадов на светите обреди на таа сродна религија. Бидејќи овде бев
туѓинец, оваа работа ми даде голема утеха, но ми обезбеди и значителна
заработувачка за живот, затоа што носен од ветрот на успехот заработив
извесни средства и како адвокат, којшто на форумот вршеше одбрана
на јазикот на римјаните.
29. Не помина долго време, кога новите божји заповеди – сосема
неочекувани и полни изненадувања – налагаа и по третпат да бидам
посветен.
Ме обзеде голема загриженост и неизвесност, а постојано раз-
мислував која е целта на оваа необична и нечуена божја одлука.
Што е тоа што му недостига на моето двојно посветување за да биде
потполно? Веројатно и едниот и другиот свештеник згрешиле нешто
или можеби пропуштиле нешто во врска со моето посветување. Па,
жими бога, почнав и да се сомневам во нивната совесност. И додека
јас се тревожев со такви беспокојувачки мисли и речиси го изгубив
разумот, ми помогна едно ноќно сновидение коешто ми го разјасни
божјето претсказание:
„Не треба да те плаши тоа што си посветен повеќепати и тоа не
значи дека во претходните посветувања нешто е пропуштено! Напро-
тив! Радувај се што боговите повеќепати ти укажуваат милост и биди
среќен што ти трипати ќе го добиеш она што други одвај еднаш го
добиваат! Сметај дека токму поради тоа336 ќе бидеш вечно среќен. Ова
трето посветување ти е неопходно: помисли дека осветената одежда
од божицата – што ја доби во провинцијата – мораше да остане во
тамошниот храм и неа не можеш да ја облечеш за празници овде, во
336
Бројот три е симболичен број – мистична тројка.
Метаморфози или Златното магаре 229

Рим, и да се молиш во неа, ниту да се покажеш (ако така биде наредено)


во сиот сјај на твојата блажена наметка. И така, нека те следи среќа,
благослов и спасение, па со радосно срце прифати го и ова посветување
на коешто те повикуваат“.
30. Така великата божица преку ова сновидение ми навести што
треба да правам. Веднаш, без одлагање и без префрлање на работите за
следниот ден, му јавив на мојот свештеник што видов на сон, па веднаш
се фатив за работа и доброволно се придржував кон она десетдневно
воздржување пропишано со прастариот закон, па дури и го удвоив и
тоа воден повеќе од мојата побожност отколку од средствата со кои
располагав и со кои изнакупив сè што беше потребно за обредот на
посветувањето. И никогаш нема, жими бога, да се покајам ниту за
маките ниту за трошоците. А зошто? Затоа што милоста на боговите
беше голема и ми помогна со заработувачката што ја спечалив со
адвокатската работа на форумот.
Најпосле, по неколку дена, на сон ми се појави богот на сите
богови, најмоќниот од моќните, најврвниот од врвните и највеликиот
од великите – семоќниот Озирис и тоа не преобразен во некој друг
лик, туку лично, во неговиот сопствен божји лик ме удостои со своите
зборови: веднаш да ја продолжам мојата славна адвокатска кариера
на форумот и да не се плашам од злобните зборови на завидливците,
кои се предизвикани од мојата ученост, здобиена со голем труд. За да
не му служам веќе заедно со другите од толпата, ме зема во советот
на своите пастофори, па дури ме назначи и за еден од петгодишните
декуриони337.
Повторно ја избричив главата и, не криејќи ја ќелавоста, туку
напротив – секаде покажувајќи ја, со радост ја прифатив должноста
во овој прастар совет, основан уште во времето на Сула338.

337
Предводник на група свештеници, избран за период од пет години.
338
Значи, во почетокот на I век пр. н.е.
230 Апулеј
Поговор 231

ЗА ПАТЕШЕСТВИЈАТА И ЕДИНСТВЕНОСТА
НА „ЗЛАТНИОТ РОМАН“
(поговор)

Книжевната традиција го бележи Апулеј од Мадавр како автор


на романот Метаморфози, или Златното магаре, но не нуди многу
податоци за неговиот животен пат. Биографијата на Апулеј може да
се реконструира, главно, преку изворни, автобиографски, но фраг-
ментирани информации од самите негови дела. Дознаваме дека се
родил 124 или 125 година во богато чиновничко семејство, во Мадавр,
град на границата на Нумидија со Галатеја. Уште додека бил момче
семејството се преселило во Картагина. Апулеј, покрај мајчиниот –
пунски јазик, подеднакво добро ги говорел и латинскиот и грчкиот,
а бил особено горд на своето образование што го стекнал во овие
два града, а го продолжил во Атина, каде што студирал филозофија,
реторика, геометрија, музика и поезија и каде што пристапил во шко-
лата на платоничарите. Од Атина заминал на хеленистичкиот Исток,
а оттаму се упатил во Рим, каде што се занимавал со адвокатура и со
говорништво и каде што го слушал големиот говорник Фронтон. По
извесно време се вратил во родниот град и извршувал разни служби
во градската управа. Неговата авантуристичка природа го повела на
пат кон Александрија, но поради болест се задржал во градот Оеа.
Таму се случил за него судбоносен пресврт: се оженил со богата,
но грда вдовица, по име Пудентила, чие семејство не го одобрува-
ло новосклопениот брак, па го обвинило Апулеј дека со волшебни
напитоци ја завел вдовицата за да го приграби нејзиното богатство
и дека со магии ја предизвикал смртта на еден од двајцата нејзини
синови. Во тоа време во провинцијата Африка цутело празноверието,
232 Поговор

а населението било опседнато со магии, уроци и волшепства, па според


Корнелиевиот закон, за вакви злодела се предвидувала дури и смртна
казна. Така, адвокатот Апулеј бил принуден да се брани со убедлива
одбрана (подоцна објавена под насловот Apologia sive Pro se de magia
liber) и бил ослободен од обвиненијата. Брачниот пар се преселил во
Картагина, каде што Апулеј стекнал голем углед и слава на говорник,
а ја извршувал и должноста на врховен свештеник на царскиот култ.
Сепак, со векови неговото име го следела сенката од раширените
гласови за неговите способности на маѓепсник.
Апулеј пишувал и во проза и во стих, на латински и на грчки јазик.
Под негово име ни се сочувале шест дела напишани на латински јазик
и две на грчки. Покрај Метаморфозите и Апологијата, овде спаѓаат
Florides (Флориди) – антологија на јавни говори на теми од филозо-
фијата, историјата, за природата и за животот, како и три филозофски
дела: De deo Socratis (За добриот дух на Сократ), De Platone et eius
dogmate (За Платон и неговото учење) и De mundo (За светот).
Постојат и четири неавтентични списи сочувани под името на Апу-
леј: еден превод од грчки на латински на дијалог со наслов Aesculapius,
Herbarium – спис за лековитата моќ на разни билки, Apulei Platonici
de remediis salutaribus – повторно, за спасоносните лекови и Liber
physiognomoniae – принципи за дефинирање на човековиот карактер
според цртите на лицето.
Од творечката оставина на Апулеј што, за жал, не го преживеала
забот на времето ќе споменеме неколку дела што сведочат за сестраните
интереси и преокупации на авторот: спис посветен на природонаучни
прашања, особено од областа на зоологијата (Natureles quaestiones) и
ихтиологијата (De piscibus), теми за дискусија при гозби (Quaestiones
convivales), еден историски преглед (Epitome historiarum), Хермагора
– веројатно роман, разни списи за аритметиката, за музиката, за астро-
номијата, за лековите, за земјоделието и сл., превод на Платоновиот
Федар, еден дијалог За љубовта, збирки говори, панегирици, епиграми
и многу друго.
Времето во коешто живеел Апулеј, вториот век по Христа, бил
релативно мирен период за римското царство на надворешен план,
додека на внатрешен план започнал да се одвива еден незапирлив
процес на трансформација на општеството, а редица историски чи-
нители (долгиот период на надворешен мир, претходно пројавените
проблеми на економски, социјален и културен план, брзата смена на
Поговор 233

владетели, сè потесните релации и поинтензивните контакти меѓу


источниот и западниот дел на царствотото) создале услови за развој
на една нова, специфична култура на синкретизам и космополити-
зам. Синкретизмот ги опфатил сите области на духовниот живот. Во
филозофијата започнале да се бришат границите помеѓу различните
правци или школи, а филозофијата (особено платоничарските, орфич-
ко-питагорските и стоичките учења) постепено почнала да се слева
со религиозно-мистичните учења, култови и народни верувања. На
јазичен план, познавањето на обата класични јазика претставувало
уште еден израз на новиот космополитизам, така што течното говорење
латински и старогрчки станало задолжителен предзнак на ученоста.
Едновремено, многунационалната структура на царството условила
појава и дејствување на спротивни тенденции: одделни провинции
пројавувале тежнеење за отцепување од моќниот центар на империја-
та (Рим). Исти или слични текови се забележувале и на литературен
план: границите меѓу хеленската и римската литература се бришеле,
така што Римјаните почнале да пишуваат на грчки, а Египќаните,
Африканците и Галите – на латински. По „златниот Августов век“, во
I век по Христа, најголемите пера на римската книжевност доаѓале од
Хиспанија, а во II век пак, Африканците за прв пат се обиделе лите-
ратурното средиште да го изместат од Рим. Меѓу нив бил и Апулеј, а
подоцна и Тертулијан, Макробиј, Лактанциј и Августин. Токму во оваа
смисла, романот на Апулеј претставува верен одраз на времето во кое
настанал, рефлексија на историските и културните промени, потврда
на поместувањата на културната карта на Медитеранот, сведоштво за
напливот од источни култови, но и за општата наклонетост на вториот
век кон мистиката и алегоријата.
Како претходница на романот Метаморфози во книжевната тра-
диција на грчката и римската уметничка проза се јавуваат јонската
новелистика, античките повести со историско-епски карактер, па
сатиричниот роман на Петрониј Арбитер од I век и нему современата
повест напишана на грчки јазик со наслов Луциј или магаре, што
погрешно му се припишувала на Луцијан од Самосата. Но, пред сите
нив, или поблиску од сите нив, како главен извор и инспирација се
идентификува грчкиот роман на Луциј од Патра, со идентичен наслов
– Метаморфози или Преобразби. Овој роман, за жал, не е сочуван, но
за него дознаваме од Библиотеката на Фотиј (IX век).
234 Поговор

Романот Metamorphoseon libri XI или Метаморфози во 11 книги,


попознат под неговиот подоцнежен наслов Asinus aureus (Златното
магаре), е единствениот целосно сочуван роман од римската класична
литература, а најверојатно и првиот што доволно оправдано ја носи оваа
определба на родот (жанрот). Двојниот наслов е товар на популарноста
и славата, односно, на рецепцијата и оцените за неговите литературни
вредности. Имено, самиот автор го нарекол своето дело Metamorphoses
и под тој наслов било познато и издавано во наредните сто или двесте
години. Насловот Asinus aureus му бил даден нешто подоцна, во некои
антички изданија, така што за прв пат се среќава забележан кај Авгу-
стин (C.D. XVIII, 18), значи во IV век, па и кај Фулгенциј околу 500-та
година (Mythol. libri III). При тоа, епитетот „златно“ се однесувал на
самото дело (златен роман или златна книга) а не на магарето, „главниот
јунак“ на романот. Слично на насловот на романот, и името на самиот
автор е предмет на интерес, па некои иследувачи сметаат дека Луциј
воопшто не било личното име на Апулеј, туку дека тоа преминало од
главниот јунак на романот врз неговиот автор. Во прилог на оваа теза
оди и фактот што традицијата навистина го бележела името на авторот
само како Апулеј од Мадавр, додека Луциј како лично име на Апулеј
се јавува многу подоцна. Автобиографските елементи испреплетени во
романот оставале простор за аналогии и поистоветување на авторот со
главниот јунак, а највоочливи се следниве совпаѓања: и Апулеј и Луциј
патуваат по светот водени од љубопитството и желбата за осознавање
на непознататото и таинственото, обајцата се учени луѓе – вешти на
перо, како што и обајцата студирале во Атина, обaјцата допатувале
во Рим и станале успешни говорници, обајцата се од градот Мадавр
и, најпосле, обајцата биле посветени во разни мистерии и култови!
Соодветно на големата читаност и слава, ова дело доживеало мно-
губројни преписи, изданија и преизданија, било предмет на коментари и
схолии и на уште помногубројни преводи на различни јазици. За најдобро
сочуван и најверен на автографот се смета ракописот Laurentianus 68,
2 (F), како и Laurentianus 29, 2 (φ), а како извор за критички изданија
на текстот се користи и ракописот именуван како Ambrosianus N 180
supp. (A). Во индексот на изданија (index editionum) на ова дело за
прво (edition princeps) важи изданието на Швенхајм и Панарц објавено
во Рим, 1469 година. Денес, за најдобро се смета критичкото издание
на Берлинската академија, приредено од Хелм (Rudolf Helm, Apuleius
Поговор 235

METAMORPHOSEN ODER GOLDEN ESEL, Teubner, Лајпциг 1907),


повеќе пати преиздадено со паралелен превод на германски јазик.

Поради повеќе особености и елементи на книжевниот облик, или


според повеќе критериуми на книжевниот род, Апулеевите Метамор-
фози идеално соодветствуваат на родот на античкиот авантуристичко-
сатиричен роман: „дејството“ се случува на патување; на патувањето на
главниот јунак му се случуваат авантура по авантура; едноподруго се
изменуваат реализмот и фантастиката. Од јонската новелистика веќе
била позната техниката на редење покуси авантуристички, сентимен-
тални, љубовни или фантастични приказни, кои Апулеј ги обединил
околу стожерната фабула за „главниот јунак“ Луциј, којшто со помош
на магии се преобразил, и тоа по грешка, наместо во птица – во ма-
гаре. Така, воден од Судбината, доживеал многубројни и возбудливи
авантури. Собитијата од оваа приказна потполно се совпаѓаат со оние
од многу покусата и композициски поедноставната повест на Псевдо-
Луцијан, но се чини дека нивниот заеднички извор од кој го позајмиле
основниот мотив, всушност, е романот на Луциј од Патра, којшто имал
повеќе книги и бил напишан на чист и јасен грчки јазик, но ја немал
сатиричната жица, особено потенцирана во повеста припишана на
Луцијан. Од друга страна, ненаметливата сатирична нијанса со која
магарето, односно Луциј, во романот на Апулеј ги слика карактерите
на луѓето и нивните недостатоци, ја дефинира неговата историска срод-
ност со Петрониевиот Сатирикон. Така, авантуристичките елементи
и љубовните доживувања и перипетии се алката што го поврзува ова
романескно четиво со грчкиот љубовен роман, но и со од него разви-
ениот, а сепак различен – латински роман на карактери.
Токму споредбите со изворите и книжевните обрасци ја откриваат
единственоста на „златниот роман“, па можеме да заклучиме дека
Апулеј создал дело со оригинална концепција и со единство – ретко
за античката уметничка проза. Во него, од една страна, се насетува
моќната народна култура на хеленската антика и се наѕира дека нејзини
корени се и говорништвото и реторичката теорија, а од друга страна, се
препознава изворот на инспирација и силното влијание врз различни
родови во подоцнежната европска книжевност.
Преобразбата на човек во магаре или во кое било животно, при
што „животното“ го задржува човечкиот разум, припаѓа на поширо-
киот мотив на човековата невидливост, а тој е употребуван во повеќе
236 Поговор

родови на светската книжевност и во уметноста воопшто. Но, прео-


бразбата на Луциј има малку поразличен карактер од карактерот на
преобразбите вообичаени во делата на неговите претходници: имено,
откако од магаре повторно ќе се преобрази во човек и ќе сети огорче-
ност од човечкиот род, Псевдо-Луцијановиот Луциј ќе посака да се
врати во магарешката кожа, додека во случајот на Апулеевиот Луциј
доживеаното искуство на телесна преобразба ќе ја насочи неговата
душа и кон духовно преображение и кон совршенството. На тој пат кон
совршенството Луциј ќе го води религијата, поточно, приклонувањето
кон култот на Изида и Озирис.
Посебност на овие Преобразби им даваат и иновациите што ги
вовел авторот надарен за реторика: инкорпорираната низа новели, ав-
тобиографските црти и, на крајот, извесната мистичност и симболика.
Во традицијата на јонската новелистика одделните куси приказни,
новели, наречени „милетски“ според збирката фриволни Милетски
приказни на Аристид од Милет (II век пр.н.е.), се ределе речиси
независно една од друга, или во некаква заедничка рамка со многу
лабава меѓусебна поврзаност. Апулеј и овде демонстрирал евидентна
оригиналност во структурирањето на композицијата: кај него сите
епизоди, или поединечни дискурси – во облик на нарации на поедини
ликови – вешто се вклопени во основната фабула, се испреплетуваат
и кореспондираат со неа и не само што не го нарушуваат туку учест-
вуваат во создавањето на автентичното единство на романот. Во некои
од нив заплетот настанува како резултат на магиски дејанија или на
окултни вештини, во други претекст е љубовната страст (среќна или
несреќна), а не ретко – и едното и другото. И колку и да звучат фан-
тастично, сите овие сликички ја сочинуваат единствената сложувалка
на секојдневието, како големо огледало го одразуваат реалниот свет
на социјална и морална беда, на индивидуални страдања, недостатоци
и изопачености. Во тоа огледало има доволно простор за најразлич-
ни карактери – љубоморни љубовници, дрски измамници, вљубени
младенци, изопачени свештеници, волшебници и вдовици. Значи,
акумулирањето искуство, опитот е аспектот или клучниот поим што
обезбедува единство на дискурсот во следењето на епизодите и во
развојот на самиот карактер на главниот јунак. А неговиот, јунако-
виот, spiritus movens е љубопитноста: таа го води во Тесалија – земја
на магии и волшепства, таа го поттикнува да ја искуси на своја кожа
магијата на Памфила, таа го охрабрува на патот во спротивната насо-
Поговор 237

ка – кон човековото совршенство. Љубопитноста е движечката сила


или претекст за заплет и на некои од вметнатите дискурси, како што
е бајката за Амор и Психа, веројатно најпознатата љубовна сторија во
литературната традиција, на којашто кај Апулеј й се посветени повеќе
од три книги. Токму љубопитноста на Психа била извор на сите патила
што таа ги искусила. Имплицитната симболика и суптилно оставената
можност за алегориско толкување на оваа бајка може да се разбере и
како увод во алегориско-мистичното толкување на „главната фабула“
што Апулеј го зачувал или го додал во последната, единаесетта книга
од својот роман. Со оваа книга композициското, па и содржинското
единство на романот како да е нарушено, затоа што станува очигледно
дека со првите десет книги Апулеј сакал само да ги разоноди (delectare)
читателите, додека со единаесеттата сакал на своето дело да му до-
даде подлабоко мистично-религиозно значење и веројатно да поучи
(docere). Десетте книги, полни со богата фантазија, со суптилна сатира,
со опсцености и со зачудувачки пресврти „раскажуваат“ за бројните
авантури на несреќното магаре, а последната говори за чудесното из-
бавување на Луциј (по што тој повторно го добива својот човечки лик
и станува поклоник, мист, на Изида и Озирис) и ненадејно го внесува
читателот во една свечена, религиозна атмосфера, обвиена со превез
на мистичност. Оваа религиозно-мистична димензија на романот (дури
да е таа и контаминација) секако е иновација, бидејќи ја нема во ниту
еден од познатите Апулееви извори. Внесувањето на оваа димензија,
пак, можеби станува поразбирливо ако се има предвид филозофската
ориентација на авторот, којшто е истовремено и philosophus Platonicus
и софист и мистик, кој со својот светоглед станал типичен репрезент
на нему современиот синкретизам на божества од сите можни религии.
Ова повторно нè враќа на почетокот на приказната за автобиографските
елементи на романот без кои не можеме јасно да ги разбереме ниту
делото, ниту водечката идеја, ниту поширокиот интертекстуален и
екстратекстуален контекст на овој дискурс, во којшто тој единствено
ја добива својата вистинска смисла и вредност.
На разноликото мноштво теми и на бројните фолклорни мотиви
им соодветствуваат и јазикот и изразот (стилот) на романот: близок
до народниот колоквијален јазик, со изобилство неологизми, со фри-
волни рими, со метафори и деминутиви, со кованици – коишто ту го
скокоткаат, ту го соблазнуваат увото на читателот, динамичен, жив и
реалистичен стил, мешавина на азијанизам, архаизам и атицистички
238 Апулеј

пуризам. Ваквиот израз, и покрај евидентниот артизам (или токму


поради него) ја оправдува репутацијата на овој Африканец како „нај-
голем волшебник и жонглер на латинската реч“, „духовен татко на
африканскиот стил“, „најголем претставник на Втората Софистика“
и слични. Токму затоа овој текст претставувал и претставува посебен
предизвик за преведувачите, а поради богатството од митолошки
мотиви и инвентивни заплети наидува на извонредна рецепција низ
вековите сè до денешен ден.
Христијанскиот автор Лактанциј нè известува дека уште во
IV век паганските автори ги величеле чудата што, според легендите, ги
правеле Аполониј од Тијана и Апулеј од Мадавр, и тоа како противтежа
на христијанското величење на чудата и моќите на Исус Христос. Еден
век подоцна, Марцијан Капела во својот енциклопедиски прирачник
објавува еден вид обработка или имитација на бајката за Амор и Психа.
Во средниот век, пак, во византискиот свет била позната легендата за
волшебникот Апулеј, но не и неговиот роман, додека на европскиот
Запад многу попознати биле филозофските дела на Апулеј. Но, рене-
сансата повторно го открива романот Метаморфози и по италијанскиот
превод на Бојардо (XV век) се нижат преводи на сите европски јазици:
во шеснаесеттиот век на француски и на англиски, а од седумнаесеттиот
и на германски, шпански, шведски и многу други јазици. Бокачо во
својот Декамерон користи две приказни од Метаморфозите, Петрар-
ка добро го познава делото на Апулеј, а теми од романот често биле
обработувани од ренесансните автори и во проза и во стих, но секако
најчесто преземана и преработувана била бајката за Амор и Психа и,
се чини, дека токму таа му обезбедила на својот автор бесмртност и
безвремена слава и влијателност. Преку Лафонтен оваа бајка извршила
влијание и врз руската литература, кај врвни автори како Богданович
и Пушкин, а го инспирирала и Молиер. Текстот на Метаморфозите
ќе изврши силно и забележително влијание врз севкупната европска
уметност: во музиката послужил како иснпирација или матрица за
многубројни либрета и симфониски дела на различни композитори,
а во ликовната уметност мотиви од романот се претставени на платна
или фрески на сликари како Рафаел, Рубенс, Придон.

Весна Димовска – Јањатова


Метаморфози или Златното магаре 239

ПРОЕКТ
Ѕвезди на светската книжевност

Апулеј
МЕТАМОРФОЗИ
или
ЗЛАТНОТО МАГАРЕ

© за македонското издание:
КОНГРЕСЕН СЕРВИСЕН ЦЕНТАР, Скопје
МИКЕНА, Битола
МАКАВЕЈ, Скопје

За издавачите:
Јове Тодоровски
Борче Трпковски
Јагода Цветкоска

Превод од латински јазик


Весна Димовска - Јањатова

Поговор
Весна Димовска - Јањатова

Уредник на изданието
Бранко Цветкоски

Јазична редакција
Весна Стојчевска

Техничко уредување
Владимир Тиловски

Печати
МИКЕНА, Битола

Тираж
1000 примероци
240 Апулеј

You might also like