You are on page 1of 388

Проектот Ѕвезди на светската книжевност

е една од најзначајните цивилизациски придобивки што ќе


го збогати македонскиот духовен простор и ќе овозможи
пристап до колосалните дострели во развојот
и креирањето на пишаниот збор.
Во колекцијата на овој монументален избор, вградени
се најзначајните проблесоци на човечката мисла –
капиталните дела што потекнуваат од најдалечните
духовно-уметнички изворишта до најистакнатите
книжевни остварувања во поново време.
Со приопштувањето на овој најсодржаен библиофилски
зафат, за македонската јавност стануваат достапни врвните
остварувања од светската книжевна ризница.

Министерство за култура на Република Македонија


Проект „Ѕвезди на светската книжевност“
Стручна редакција:
Митко Маџунков, главен редактор
Луан Старова
Ташко Ширилов
Ефтим Клетников
Драги Михајловски
Венко Андоновски
Ратко Дуев

Проектот е целосно финансиран


од Владата на Република Македонија
Софокле
ДРАМИ

КРАЛОТ ЕДИП

АНТИГОНА

ЕЛЕКТРА

ФИЛОКТЕТ

ЕДИП НА КОЛОН
Наслов на оригиналот
Σοφοκλής
ΟἰΔΊΠΟΥΣ ΤΎΡΑΝΝΟΣ
ΑΝΤΙΓΌΝΗ
ΗΛΈΚΤΡΑ
ΦΙΛΟΚΤΉΤΗΣ
ΟΙΔΊΠΟΥΣ ΕΠΊ ΚΟΛΩΝΏ

© за македонското издание:
Арс Ламина – публикации, 2015

За издавачот
Бранка Бугариска

Превод од старогрчки јазик


Даница Чадиковска
Љубинка Басотова

Јазична редакција
Дејан Василевски

Поговор
Елена Колева

Корица
Кочо Фиданоски

CIP - Каталогизација во публикација


Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски",
Скопје
СОФОКЛЕ

ДРАМИ
КРАЛОТ ЕДИП

АНТИГОНА

ЕЛЕКТРА

ФИЛОКТЕТ

ЕДИП НА КОЛОН

Арс Ламина – публикации


Скопје, 2015
КРАЛОТ ЕДИП
ЛИЦА

ЕДИП, тебански тиранин


ЈОКАСТА, жена на Едип
КРЕОНТ, брат на Јокаста
ТИРЕСИЈА, пророк
СВЕШТЕНИК Зевсов
ГЛАСНИК од Коринт
ПАСТИР на Лај
ГЛАСНИК од дворот
ХОР на тебански старци
СВИТА Едипова и Јокастина

Кралскиот двор во Теба со тројна порта; со средната се служат


кралот и кралицата, со десната (за гледачите) – благородниците,
а со левата – туѓинци. Пред дворот се наоѓаат олтари и кипови
на богови.
ПРОЛОГ

[Околу жртвеникот и по скалите седат момци, моми, деца и


свештеници со лаврови венци во рацете. ЕДИП излегува од дворе-
цот со својата свита.]
ЕДИП
О чеда, потомци на Кадмо1 древниот,
што вака се заседнавте на скаливе
закитени со гранчиња молитвени2?
А градот, колку што од темјан натежнал,
5 од лелек толку ечи и од пајани3.
Сметајќи, деца мои, дека не е ред
од гласник друг да чујам, еве дојдов сам
јас, Едип – име чуено кај сите вас.
Но, старче, кажи! Ред е ти да зборуваш
10 во нивно име. Како ми доаѓате –
од страв, од мака некоја? Ќе помогнам
од сè срце во сè. Јас бездушен би бил
да не се сожалам на ваков молбен збор.
СВЕШТЕНИКОТ
О Едипе, на земјава владетелу,
15 нè гледаш сам на каква возраст тука сме
пред твојов олтар: едни уште нејаки
да првнат на далечина, а другите

1
Епонимен херој на Кадмејците, жителите на бојотска Теба.
2
Оние што молеле помош или заштита, било во храм на некој бог или кај
владетел, се појавувале со маслинови гранчиња в раце. Молитвените гранчиња
се украсувале со бела волнена преѓа.
3
Пајан е молбена песна што им се пеела на боговите, особено на Аполон.
12 Софокле

од старост бавни жреци, како јас на Зевс,


и одбор младеж. Другите закитени
20 на плоштад се пред храмот двоен Паладин4
и кај што лежи пророчки прав Исменов5.
Та градот мошне силно – веќе гледаш сам –
е разнишан; да крене глава не може
од длабини на море закрвавено.
25 До еден плодови во цвет пропаѓаат
и стадата на пасишта пцовисаат
и жени се без род, а вчас и божица
што жари, чума грозна, град ни напаѓа,
од која домов Кадмов6 нам ни пустее,
30 а Адот7 црн со стен се полни и со плач.
Со бози не те изедначивме ни јас
ни децава што пред порти ти седнавме,
а сепак, прв од мажите те сметаме
во маки човечки и божја судбина.
35 Не нè спаси ли ти штом дојде в Кадмов град
од данок исплаќан на зла песнопојка8
а ништо повеќе ти од нас не разбра
ни научи. Со помош божја сал ти нам –
се зборува и мисли – век ни оправи.
40 И сега, Едипе, о главо најумна,
со молба сите кон тебе сме свртени.
Спас најди – било да си чул од бога глас
ил’ нешто да си подразбрал од некој маж,

4
Палада е атрибут на божицата Атена.
5
Исмен бил пророк, кој бил погребан во Аполоновото светилиште во Теба.
6
Кадмов дом = Теба.
7
Подземното царство, царството на умрените. Ад се вика и богот на подземното
царство.
8
Сфинга, чудовиште со глава и гради на девојка, тело и канџи на лав, змиска
опашка и птичји крила, која, кога дошла во Теба, го уништувала секого,
кој не можел да ја реши нејзината загатка. Според пророштво, Теба ќе била
ослободена од чудовиштето тогаш кога ќе биде решена загатката, па затоа
Тебанците ветиле дека тој што точно ќе одгатне ќе го добие и престолот и
вдовицата на загинатиот крал Лај. Тоа му пошло од рака на Едип, па сфингата
се фрлила во бездна, а тој станал крал на Теба и се оженил за Јокаста. Таа е
песнопојка затоа што загатнувала во стихови.
Кралот Едип 13

бидејќи гледам, и во тешки неволи


45 опитните успеваат во потфатот.
О, дај, првенецу, да живне овој град,
погрижи се! И сега градот спасител
те вика зашто еднаш доблест покажа.
Во спомен никогаш да не си ни ко крал
51 кој еднаш спасил, потем дал да паднеме!
На темел цврст дај градов да ни застане!
Штом тогаш, поведен од предзнак поволен,
нè усреќи, и сега ист покажи се!
Крал на ум имаш ли и натаму да си,
55 во земја полна луѓе власт е убава,
а не во пуста. Ништо не е тврдина
ни кораб, ако во нив не се живее.

ЕДИП
О чеда кутри, не ми е непознато
од каква мака сте ми дошле. Дека јад
60 ве јаде сите, добро знам, но болката
на никој од вас не е како мојата.
За еден секој од вас се јадосува,
сал за себе, а не за друг. А јас во грч
за градот сум и за себе и за тебе.
65 И така, вие не ме будите од сон,
а знајте, многу солзи пролеав и пат
сум минал голем јас по беспаќа на јад.
Низ ум ми мина сè, лек еден најдов сал,
и, еве, што сторив: го пратив Креонта,
70 на Менојк синот, мојот шура, в питски дом9,
храм Фојбов10, тој да праша што да направам,

9
Пита е најстаро име на околината на Парнас во Фокида, каде што се наоѓал
храм и пророчиште на Аполон Питски.
10
Фојб е епитет на Аполон со значење светол, сјаен. Аполон е едно од дванаесетте
главни божества, син на Зевс и Летó, брат на Артемида. Една од Аполоновите
одлики е мантиката. Таа се развила од неговата исцелителска функција, бидејќи
кај сите народи маѓепсниците – исцелители се истовремено и пророци. Негово
најголемо светилиште било во Делфи.
14 Софокле

што да кажам, та градов да го заштитам.


А како денес требаше да пристигне,
се грижам што стана. Тој многу подолго
75 е отсутен од тоа колку требаше.
Но кога тој ќе дојде, би бил јас никаквец
не направам ли сè ко бог што повелал.

[Момците му соопштуваат на свештеникот


дека доаѓа КРЕОНТ.]

СВЕШТЕНИКОТ
Во добар час ти кажа; еве, овие
знак дека Креонт доаѓа ми даваат.

ЕДИП
80 Господару Аполоне, еј камо среќна вест
за спас да носи! Каков сјај му краси лик!

СВЕШТЕНИКОТ
Се чини весел, зар инаку не идеше
со лавор плоден в глава така закитен.

ЕДИП
Вчас ќе дознаеме; тој сосем блиску е.

[на КРЕОНТА кој наближува]

85 О кнезу, роде мој, ти сине Менојков,


со каква порака од богот доаѓаш?

КРЕОНТ
Со добра; зашто мислам, и неволите,
штом добро тргне, добро завршуваат.

ЕДИП
А што вели пораката? Од твојов збор
90 ни надеж сега не ме обзеде ни страв.
Кралот Едип 15

КРЕОНТ
Пред овие ќе сакаш да зборуваме?
Јас готов сум, а ако не, да влеземе!

ЕДИП
Пред сите кажи. За нив грижа повеќе
јас имам отколку за мојот личен спас.

КРЕОНТ
95 Ќе кажам она што од богот сум го чул.
Фојб господар нам јасно ни заповеда
грев, чуван в земја наша, да изгониме
и таков ужасен да не го крепиме.

ЕДИП
Со каква жртва? Каков е тој страшен чин?

КРЕОНТ
100 Со прогонство ил’ враќање на крв со крв,
бидејќи таа крв го мачи градов наш.

ЕДИП
А кој е мажот чија гибел открива?

КРЕОНТ
Нам Лај ни беше господар на земјава,
пред градов, кралу, ти да ни го управиш.

ЕДИП
105 Сум чул и знам, но видено го немам јас.

КРЕОНТ
Тој мртов е и јасно богот порача
за крвта крвници да бидат казнети.

ЕДИП
Но кај се тие? Таа трага нејасна
на вина стара каде ќе се изнајде?
16 Софокле

КРЕОНТ
110 Во овој, рече, крај. Што бараш, наоѓаш,
а што занемариш, ти бега од раце.

ЕДИП
На дворов или на отворено на Лај
убиството се случи, или в туѓина?

КРЕОНТ
За пророштво да праша тргна – рече сам –
115 но како појде, дома веќе не втаса.

ЕДИП
А некој гласник, сопатник, зар не видел,
па нивна ука некој да исползувал?

КРЕОНТ
Загинале. Сал еден жив е. Избегал
од страв. Од сè што видел едно кажува.

ЕДИП
120 А што? Бидејќи едно многу открива,
сал ако зрак, и мал, на надеж фатиме.

КРЕОНТ
Разбојници, тој вели, наишле, и смрт
не му задал сал еден, а многумина.

ЕДИП
Зар разбојник би можел толку да е смел
125 да не бил поткупен со пари одовде?

КРЕОНТ
Се мислеше и тоа. Злото не даде
за смртта Лајова да се одмаздиме.

ЕДИП
А кое зло ве спречи да го барате
виновникот штом така паднал кралски трон?
Кралот Едип 17

КРЕОНТ
130 Гатопевка нам Сфинга поглед пред нозе
ни насочи; нејасното го пуштивме.

ЕДИП
Ќе спроведам јас истрага од почеток.
И Фојб за кралот покоен, ко ред што е,
се погрижил и ти си сторил доволно,
135 па право е и мене да ме видите,
со бога напред, заштитник на земјава.
Не ќе казнам јас злотвор зарад далечни
пријатели, а зарад себе самиот.
Та тој што убиец е негов набргу
140 со иста рака на мене ќе навали.
Грижејќи се за оној, јас ќе користам.
Па, деца, бргу станете од скалите,
гранчињата молитвени кренете ги! [на свитата]
Друг нека биде овде со Кадмејциве,
145 сè друго јас ќе сторам. Зборот божји спас
нам ќе ни донесе ил’ сме уништени.

СВЕШТЕНИКОТ
Да станеме, о чеда! Тука затоа
и дојдовме; за ова што ни кажа тој.
О, камо Фојб, кој прати вакво пророштво,
150 ко спас да дојде, заштитник од чумата!

[ЕДИП и КРЕОНТ влегуваат во дворецот,


а народот се враќа в град. Доаѓа ХОРОТ на тебански старци.]

ПАРОД
ХОР

I строфа
О, каков ми дојде ти, Гласу мил Зевсов11,
од домот златен Питонов во сјајна Теба?

11
Во суштина само Зевс е пророк, а Аполон го претскажува тоа што ќе го каже Зевс.
18 Софокле

Срце ми трпне од ужас, страв ме обзема,


о делски исцелителу12!
155 Се плашам дал нешто ново
ќе дадеш да поднесувам
ил’ нешто втор пат во овој кружен тек13.
О, кажи, чедо на златна Надеж,
Гласу14 бесмртен!

I антистрофа
159 Прва те молам тебе,
бесмртна Атéно, Зевсова ќерко15,
и тебе, земја наша што браниш,
160 Артемидо сестро16,
што седиш на славен кружен трон на плоштадот,
и тебе, о Фојбе стрелометецу17.
О, блеснете вие тројца во одбрана од смрт!
164 Ако вие некогаш и порано,
зла кога народов го снашле,
гибелен пламен сте изгаснале,
дојдете и сега!

II строфа
167 Оф, безброј маки трпам јас:
сиот народ ми болува,
170 а нема да блесне мисла некоја,
таа одбрана да е.
Во славнава земја плод веќе не успева,
174 жени не издржуваат тешки породилни маки.
Сал гледаш луѓето еден по друг,
ко птици лекокрили,

12
Според преданието, Аполон е роден на островот Дел(ос).
13
На времето = година.
14
Глас = Фама, персонификација, глас божји, ќерка на Надеж, бидејќи оној што
бара пророштво очекува, се надева, на добар глас.
15
Атена, ќерка на Зевс и Метида, а според подоцнежна приказна, излегла од
главата на Зевс. Таа е симбол на уметноста здружена со снага.
16
Артемида е сестра на Аполон. Таа е божица на ловот.
17
Аполон е и бог на смртта, па затоа е стрелометец.
Кралот Едип 19

побргу од огнот помамен


кај заминуваат кај богот вечерен18.

II антистрофа
179 Кој би знаел колку –
180 град непребројлив ми изгина.
Наземи родови прострени неисплакани.
Смрт тие шират.
Сопруги, мајки белокоси,
оттаму и одваму кај олтарот клекнале.
185 Молат за спас од јадот преголем. Липаат.
Се орат молбени песни
измешани с воздишки болни.
Заради ова, о златна Зевсова ќерко19,
прати ни заштита благосклона!

III строфа
190 И страшниот Ареј20,
кој сега без бронзен штит со оган навалил,
а секаде околу лелек се слуша,
од таткова земја со брз чекор
изгони го далеку
195 во Амфитритини21 големи двори
или кон брегот негостољублив
во тракиски бури22.
А пропушти ли нешто ноќта,
ита денот да му стави крај.
200 О, ти којшто ја управуваш силата
на рофји огнени,
о оче Зевсе, сотри ги со својот гром23!
18
Вечерен бог е Ад бидејќи влезот во неговото царство е далеку на запад.
19
Атена.
20
Ареј или Арес е син на Зевс и Хера, бог на војната, симбол на воениот бес, на
убиства, ранувања, гибел, чума, оган и сèона што уништува.
21
Амфитрита е жена на Посејдон, па затоа и нејзините двори се во морето.
22
Тракија е земја северно од Хелада; со студени зими, а и станот на ветровите е
таму; поради дивата храброст на жителите и Ареј има таму свое седиште.
23
Зевс е громовник; како бог на небото тој е зачетник на сите природни појави, а
особено на громот и молњата.
20 Софокле

III антистрофа
203 О ликејски боже24,
стрелите би сакал твои
205 безмилосно да ги пуштиш
од лакот златнотетивен,
спас тие да ни бидат.
Артемида25 да ја видам со факлите огнени,
со кои трча низ гори ликиски.
210 И златномитриот го викам
имењак на оваа земја,
Бакх виноцрвен26, следен од Мајнади.
Тој нека дојде со факел усвитен,
нека го изгори
омразениот на бозите бог27!

[Доаѓа ЕДИП.]

ПРВА ЕПИЗОДА
ЕДИП
216 Ти молиш, тоа, пак, што молиш, ако сал
ме послушаш и помогнеш во макава,
би добил лек и заштита од несреќи.
И ова што се зборува и настанот –
220 ќе речам – за мене се туѓи. Трагата
би била куса ако немам некој знак.
Бидејќи доцна станав ваш сограѓанин,
на сите Кадмејци ќе кажам, еве што:
„Од чија рака паднал Лај, син Лабдаков,

24
Ликејски е атрибут на Аполон како бог на светлината, но исто така тој на
убиецот во бегство му дава очистување и заштита од крвна одмазда.
25
Артемида, како божица на месецот, во раце држи факли.
26
Бакх е бог на виното и лозјата. Растел меѓу жени, кои останале со него и
тогаш кога тргнал во свет, закитен со венци од бршлени и лавор. Неговите
придружнички – мајнадите, тијадите и бакхите – талкаат по планините и
шумите, обземени од божесни занес.
27
Омразениот бог е Ареј.
Кралот Едип 21

225 сал ако некој од вас знае, заповед


е моја, тој за тоа да ме извести.
Страв ако има да не биде обвинет,
– не, нема ништо друго зло да поднесе,
жив, здрав од земјава сал ќе го протерам.
230 А некој ако знае дека крвникот
од друг е, не од овој крај, да не молчи;
дар од мене ќе прими и благодарност.
А молчите ли, некој не каже од страв
за пријател ил’ за себе, што ќе сторам
235 со такви, треба од мене да чуете:
забранувам во земјава, кај власт и трон
јас држам, него некој да го прима в дом,
кој сака да е, и да го поздравува,
да моли со него, при жртва заедно
240 да биде, света вода да му подава28.
Од домови да биде гонет зашто срам
тој нам ни донел, ко што, еве, овој час
пророштвото од богот питски извести.
И сега, јас се јавувам ко помошник
245 на богот, како и на мажот покоен.
Сторителот, пак, молам, било скришно сам
да убил ил’ с многумина, животецот
свој беден бедно да го мине осамен.
И, ако тој е некој мој и в мојот дом
250 се наоѓа со мое знаење, и јас
нек’ поднесам што токму сега проколнав.
Заповедам и вие сè да сторите
и зарад мене, зарад бога, земјава
и безбожно уништена и неплодна.
255 Па дури бог да не беше ни порачал,
тој чин, во кој е усмртен најдобриот,
и тоа крал, не требало да остане
без истрага и неказнет. А сега јас
ја имам власта, случајно, што порано

28
Света вода за миење на рацете пред вршење на богослужен чин. Значи, станува
збор за исклучување од богослужба, што значело тешка казна.
22 Софокле

260 ја имал тој, и легло, иста сопруга.


И децата заеднички ќе беа, род
на оној ако не бил несреќен, без плод.
А ете, врз него се спушти судба зла,
и затоа јас таков бој ќе поведам
265 ко татко мој да бил и сè ќе испитам,
ќе барам за да дојдам до убиецот
на синот Лабдаков, а внук Полидоров,
на Кадмо потомок и древен Агенор.
На оние што така не ќе постапат,
270 ги молам бозите, ни в земја посевот
плод да им роди ниту жени дечица,
а да ги сотре зло од ова пострашно.
А вам, на тие Кадмејци што ова го
одобривте, нек’ Правда29 помошник ви е
275 и сите бози вечно со вас нека се!“

ХОРОВОДЕЦОТ
Со клетва штом ме врза, кралу, слушај ме:
ни јас го убив ниту знам да кажам кој.
На Фојб, кој даде задача, е работа
да каже тоа злодело кој го сторил.

ЕДИП
280 Ти право зборуваш, но никој не може
да присили да каже бог што не сака.

ХОРОВОДЕЦОТ
Ми падна на ум друго јас да потсетам.

ЕДИП
И трето да е, кажи го, не пропуштај!

29
Персонификација; Дика, божица на правдата и моралниот закон.
Кралот Едип 23

ХОРОВОДЕЦОТ
И господар Тиресија30 што гледа Фојб –
285 знам – гледа најмногу. Да појде кај него,
о кралу, некој, најјасно ќе разбере.

ЕДИП
Ни тоа не го пропуштив. Пратеници
по наговор на Креонт пратив двапати,
па одамна се чудам што не доаѓа.

ХОРОВОДЕЦОТ
290 И друго нејасно се слушна одамна.

ЕДИП
А што е тоа? Внимавам на секој збор.

ХОРОВОДЕЦОТ
Од патници, зборуваа, бил убиен.

ЕДИП
Сум чул и јас, но кај е очевидецот?

ХОРОВОДЕЦОТ
Па, има страв ли малку, не останува
295 тој мирен кога ќе ги чуе клетвите.

ЕДИП
Од дело страв штом нема, збор не го плаши.

ХОРОВОДЕЦОТ
О, ќе го откријат. За среќа овие
го водат пророкот во кого единствен
од луѓето е всадена вистината.

30
Тиресија, како момче, еднаш, кога бил на лов во планина, ја видел Атена како
се бања. Божицата го казнила со слепило, но на молба на неговата мајка, му
подарила стап за да го води, како и способност да го разбира говорот на птиците.
Зевс му подарил извонредно долг живот од цели седум човечки векови.
24 Софокле

[Доаѓа ТИРЕСИЈА.]

ЕДИП
300 Тиресија, ти кој проникнуваш во сè,
во јавното и тајно, земно, небесно,
ти не гледаш, а сепак знаеш градов наш
од каква болка болува. Сал во тебе,
о кнезу, заштита и спас наоѓаме.
305 Фојб – ако нешто не чу од гласнициве –
нè извести по пратениците, нам спас
од таа чума ќе ни дојде штом на Лај
убијците се дознаат со сигурност,
се погубат ил’ в прогонство се пратат.
310 А ти ни гатање по птици не презри
ни друго, ако знаеш, некое, па град
и себе сам и мене да ме избавиш.
И изми дамка секаква од мртвиот.
Во раце твои сме. А најубав е труд
315 да знаеш како и со што да користиш.

ТИРЕСИЈА
О, ужасно е да си умен каде ум
не користи. Јас тоа убаво го знам,
но изумив, зар инаку не доаѓав.

ЕДИП
Но што е? Не ни доаѓаш со наклоност.

TИРЕСИЈА
320 О, дома пушти ме! Ти твое најлесно,
јас мое, ако послушаш, ќе поднесам.

ЕДИП
Штом не откри реч божја, право не кажа
ни пријатно за градов што те отхранил.

ТИРЕСИЈА
Кон добро – гледам – твојот збор не ти оди,
325 па не сакам да ми се случи истото.
Кралот Едип 25

[Сака да си оди.]

ХОРОВОДЕЦОТ
Штом знаеш, жити богови, не оди си!
До последен најпонизно те молиме.

ТИРЕСИЈА
Та сите сте неразумни. Зла во мене
ќе тлеат, за да твоите не ги кажам.

ЕДИП
330 Не кажуваш а знаеш – рече? Мислиш ли
нас да нè предадеш, град да ни уништиш?

ТИРЕСИЈА
Ни себе ниту тебе ќе те јадосам.
Што прашуваш? Ти од мене не узнаваш.

ЕДИП
О најлош беднику! Не човек, камен ти
335 ќе разгневиш. Зар никогаш не ќе кажеш,
ќе останеш безмилосен и докрај тврд?

ТИРЕСИЈА
За гнев ме кориш, твојот гнев не го гледаш
кој ме предизвика, а ме обвинуваш.

ЕДИП
А кој да не се разгневи слушајќи пцост
340 со која градов сега ни го нагрди?

ТИРЕСИЈА
Ќе дојде тоа, колку криел јас со молк.

ЕДИП
Па штом ќе дојде, зошто да не ми кажеш?
26 Софокле

ТИРЕСИЈА
Јас нема повеќе да зборувам, а ти,
штом така сакаш, лути се до беснило!

ЕДИП
345 Ме налути и ништо не ќе пропуштам
што нагаѓам. Знај, мислам дека делото
го замисли и спроведе ти самиот,
сал не уби со свои раце; да гледаше,
ќе речев, делото е твоја работа.

ТИРЕСИЈА
350 Навистина? Е велам: заповед, што сам
си дал, извршувај: од денес натаму
не зборувај со овие ни со мене
ко безбожен осквернител на земјава!

ЕДИП
Зар така дрско овој збор го изусти?
355 И како сега мислиш да се избавиш?

ТИРЕСИЈА
Сум избавен. Вистината ми дава моќ.

ЕДИП
Кај научи? Да не од дарот пророчки?

ТИРЕСИЈА
Па од тебе; ме присили да зборувам.

ЕДИП
Но што? Повтори ми да сфатам подобро!

ТИРЕСИЈА
360 Зар не разбра? Ил’ спотнуваш да зборувам?

ЕДИП
Не така јасно разбрав – реков. Повтори!
Кралот Едип 27

ТИРЕСИЈА
Убиецот си – велам – ти. Не барај го!

ЕДИП
Е нема неказнет ти дваж да навредиш.

ТИРЕСИЈА
Да кажам друго, повеќе да беснееш?

ЕДИП
365 О, колку сакаш; залудо ќе зборуваш.

ТИРЕСИЈА
Со најмили си – велам – в дружба најсрамна,
а не знаеш, ни гледаш колку тонеш в зло.

ЕДИП
Без казна, мислиш, везден пцост ќе оставам?

ТИРЕСИЈА
Да, ако нешто има моќ вистината.

ЕДИП
370 Па има, освен твојата. Ја немаш ти;
та слеп си в уши и во ум и в очите.

ТИРЕСИЈА
Ти кутар погрди за истото, за што
од секого ќе бидеш бргу погрден.

ЕДИП
Во вечна ноќ си. Нема да ми наштетиш
375 ни мене ни на друг кој гледа светлина.

ТИРЕСИЈА
Не, нема од мене да паднеш; доволен
Апóлон е; тој грижа ќе си преземе.
28 Софокле

ЕДИП
Го замисли ли ова Креонт или ти?

ТИРЕСИЈА
Не, ништо Креонт не сторил; ти самиот.

ЕДИП
380 О богатство, тиранијо и вештино
над вештини во живот многу прославен,
о, колку завист кон себе создавате
штом зарад власта која градот како дар,
без јас да барам, в раце ми ја предаде,
385 тој верен Креонт, пријател во почеток,
ползејќи потајно посакува мој пад
праќајќи ми го овој измамник и маг
и итар питач, кому в ум сал добивка
му е, во гатачка пак вештина е слеп.
390 Па де, јасновидец ти кај се покажа?
Ти, овде кога беше кучка-певица31,
на градот зошто спасот не му го кажа?
Та секој не можел да реши загатка,
а била потребна и дарба гатачка.
395 Со дарба не се покажа по птичји лет,
ни некој бог да ти ја признал. Дојдов јас,
јас Едип. Ништо не знаев, ја скротив, с ум
служејќи се. Не познавав на птици лет.
И сакаш таков да ме собориш. До трон
400 на Креонт си со намера да застанеш.
Со плач од зло ќе бегате, се чини, ти
и тој чиј изум ова е. Да не си стар,
со страдање би сфатил што си наумил.

ХОРОВОДЕЦОТ
Слушајќи ве, нам ни се чини, Едипе,
405 и твојот збор и негов в гнев се кажани.

31
Сфингата.
Кралот Едип 29

На тоа да не се гледа, а пророштво


од бога како најдобро ќе решиме.

ТИРЕСИЈА
Што ти си крал, е сеедно; рамноправни
на реч да сме. И јас во тоа имам власт.
410 И не сум твој, а роб сум на Локсија32 јас;
застапништво Креонтово не ми треба.
Штом како слеп ме навреди, ти кажувам:
ти гледаш, ама не гледаш во какво зло
се најде, каде и со кого живееш.
415 Дал знаеш чиј си? Душман си на твојот род
и под и над земја, а тоа не знаеш.
О, двојна клетва – мајкина и таткова –
во часов опулен, а потоа во мрак,
од крајов ќе те изгони со чекор брз.
420 Дал има некој брег, дал има Китајрон33
што набргу не ќе ечи од твојот плач,
штом разбереш за бракот, кога в домот твој
со ветар поволен си впловил несреќно?
А не гледаш и други зла што еднаков
425 те прават тебе со себе и с пород твој.
И затоа нафрлај се на Креонта,
а и на речта моја. Нема суштество
што од тебе понесреќно ќе заврши.

ЕДИП
Зар ова што го слушам се поднесува?
430 Не ќе појдеш ли бестрага што побргу?
Не ќе тргнеш од дворов зар со свртен грб?

ТИРЕСИЈА
Јас и не ќе дојдев да не ме викнеше.

32
Епитет на Аполон како бог на пророштвата.
33
Планина меѓу Бојотија и Атика, на која бил оставен Едип.
30 Софокле

ЕДИП
От’ будалштини ќе мелеш, не знаев,
зар инаку не те викав во мојов дом.

ТИРЕСИЈА
435 Јас таков роден сум – по твое, будала,
за тие што те родија, пак – разумен.

[Тргнува.]

ЕДИП
За кои? Стој! Кој ме родил од смртните?

ТИРЕСИЈА
Та денов родител и крвник ќе ти е.

ЕДИП
Сè зборуваш загадочно и нејасно.

ТИРЕСИЈА
440 Зар не си најдобар да решиш загатка?

ЕДИП
Го кудиш тоа што е силно кај мене.

ТИРЕСИЈА
Та токму тоа „силното“ те уништи.

ЕДИП
Штом градов сум го спасил, грижа не ми е.

ТИРЕСИЈА
Си одиме. Ти, момче, ајде води ме!

ЕДИП
445 Па оди! Отркалај се! Ми здодеа
ти овде. Отсутен не ќе ме жалостиш.
Кралот Едип 31

ТИРЕСИЈА
Штом кажам зарад што сум дошол, одам. Страв
од лик твој немам. Ништо ти не ми можеш.
Ти велам: тој што одамна го бараш ти,
450 сакајќи да го прогласиш за убиец
на Лај, е тука. Велат, не е тукашен,
а потем ќе се најде дека Тебанец
е роден. Радосен од таа судбина
не ќе биде. Од опулен ќе стане слеп,
455 од богат – сиромав. Ко питач в туѓина,
тупкајќи с бастун слепечки, ќе патува
На деца свои ќе им излезе и брат
и татко, син на жена што го родила
и маж, на татка си и другар в постела
460 и крвник. Влези внатре и размислувај
за тоа. Кога ќе ме најдеш лажливец,
ти кажи дека сум без дарба пророчка.

[Сите си одат, останува само ХОРОТ.]

ПРВ СТАСИМ
ХОР

I строфа
463 За кого рече в Делфи стена пророчка
465 грев дека сторил нечуен со раце крвави?
Тој веднаш нека бега
со чекор побрз и од чекорот
на коњот стреловит.
470 На Зевса синот веќе вјаса кон него
со оган и со громови,
а страшните безмилосни
Кери34 го следат.

34
Дајмонски суштества, кои причинуваат смрт, распаѓање, старечка немоќ,
слепило. Секој човек при раѓањето си ја добива својата Кера, но таа почнува да
дејствува во моментот на неговата смрт.
32 Софокле

I антистрофа
473 Штотуку се слушна глас од снежен Парнас35,
475 секој да го бара тој непознат маж.
Ко бик тој талка
низ дивата шума,
по стени и по пештери,
клет со бавен чекор лута осамен
480 да го одбегне пророштвото,
дадено во папокот на земјата36,
а тоа, вечно живо, лебди околу него.

II строфа
483 О, стравотно ме исплаши
овој мудар птицогадател;
за верба не е, а ни за неверба.
485 Што да кажам, јас не знам,
несигурен во надежи,
не гледајќи ни што е ниту што било.
490 Не сум чул ниту сега знам
што раздели Лабдакиди37
и синок Полибов38.
495 Зар да појдам против славата
што ја стекна Едип,
сојузник да бидам на Лабдакиди
во смртта нејасна?

II антистрофа
498 Зевс е мудар и Апóлон
и делата на смртните ги знаат тие;
500 но некој врач да знае подобро од мене,
тоа не ќе е вистина.

35
Брдо во Фокида, посветено на Музите и Аполон.
36
Се сметало дека Делфи е центар на земјата.
37
Лабдак, син на Полидор, внук на Кадмо е татко на Лај; и Лај и неговите се
Лабдакиди.
38
Едип, кој бил одгледан од коринтскиот крал Полиб, поради што и се мислело
дека е негов син.
Кралот Едип 33

Та луѓето меѓусебно
сал в мудроста се различни.
505 За тие клевети јас ништо не мислам
дур не видам дека оној право кажал.
Јас видов тогаш,
кога дојде таа мома крилеста,
510 се покажа тој мудар.
Со тоа драг на градот стана
и никогаш тој за мене
не ќе биде за злото виновен.

[Доаѓа КРЕОНТ.]

ВТОРА ЕПИЗОДА
КРЕОНТ
513 О граѓани, штом слушнав страшни зборови
со кои Едип тиранин ме клевети,
515 не истрпев и дојдов. Зашто, ако тој
си мисли дека сега, во неволава,
со чин ил’ дума сум му нанел неправда,
за живот желба немам повеќе штом збор
се кажал таков. Штетата од таков глас
520 ме води мене не во мало, туку в зло
најголемо, штом в градов ти и моите
пријатели ме сметате за никаквец.

ХОРОВОДЕЦОТ
А можеби клеветата ја изрече
во срдба повеќе и без да размисли.

КРЕОНТ
525 Се чинеше ли дека врачот од мене
наговорен му кажа лажни зборови?

ХОРОВОДЕЦОТ
Зборовите се тие; не знам што мислел.
34 Софокле

КРЕОНТ
При очи зарем, опулен и здрав во ум,
со такво обвинение ме набеди?

ХОРОВОДЕЦОТ
530 Ни знам ни гледам што прават моќниците.
Но еве, самиот од дворот доаѓа.

ЕДИП
Зар ти? Зар овде дојде? Образ бесрамен
зар имаш штом под мојов покрив доаѓаш,
а несомнен си убиец на овој маж39
535 и крадец докажан на мојот кралски трон?
Ај кажи, жити бози, дали страшливец
ил’ луд ме виде, тоа штом ми замисли.
Зар подмолна што тајно ползи измама
да не сетам, узнаена не ја спречам?
540 Зар не е луда таа твоја замисла,
без народ и пријатели да ловиш власт,
до што се доаѓа со луѓе, богатство?

КРЕОНТ
А знаеш што треба? На тие зборови
ко вратка чуј, па разбереш ли, суди сам!

ЕДИП
545 На збор ти вешт си, јас пак ученик твој лош.
Те открив, имено, ко душман опасен.

КРЕОНТ
Чуј, токму тоа сега ти го кажувам!

ЕДИП
Не кажи ми сал тоа дека не си зол!

39
Со рака покажува на себе.
Кралот Едип 35

КРЕОНТ
Тврдоглавост без здрава мисла сметаш ли
550 за нешто добро, право не расудуваш.

ЕДИП
И ти, штом мислиш неказнет да чиниш зло
на човек – блиска рода, право не мислиш.

КРЕОНТ
Што кажа, признавам, е право. Кажи, пак,
јад каков, велиш, од мене доживеа.

ЕДИП
555 Твој совет беше дека треба некого
да пратам јас по пророк способен, ил’ не?

КРЕОНТ
И сега сè уште со таква мисла сум.

ЕДИП
А колку време минало од кога Лај...

КРЕОНТ
Од која тоа работа? Не разбирам.

ЕДИП
560 без следа отишол од рака крвничка?

КРЕОНТ
Да броиш, многу години ќе излезат.

ЕДИП
А дали гаташе и тогаш пророкот?

КРЕОНТ
Да, исто беше мудар и почитуван.

ЕДИП
Во тоа време нешто тој ме спомна ли?
36 Софокле

КРЕОНТ
565 Не, барем никогаш во мое присуство.

ЕДИП
Се спроведе ли истрага за мртвиот?

КРЕОНТ
О, како не? Спроведовме. Не се дозна.

ЕДИП
Па како тогаш овој мудрец не кажал?

КРЕОНТ
Зар знам? Што не знам, порадо не зборувам.

ЕДИП
570 Но ова знаеш; кажи, умен ако си!

КРЕОНТ
А што е тоа? Не ќе премолчам што знам.

ЕДИП
Ќе речеше зар дека убиец на Лај
сум јас, да не бил со тебе во договор?

КРЕОНТ
Дал тоа вели, знаеш ти. Но сакам јас
575 да прашам онака, ко сега мене ти.

ЕДИП
Па прашај; не излегувам јас убиец.

КРЕОНТ
Е вака: дали ти ја водиш сестра ми?

ЕДИП
Па тоа не е можно да се порече.
Кралот Едип 37

КРЕОНТ
И таа владее со земјава ко ти?

ЕДИП
580 Сум готов сè да извршам што посака.

КРЕОНТ
А со вас двајца трет јас не сум еднаков?

ЕДИП
Ти токму тука пријател лош излезе.

КРЕОНТ
О не, штом во себе си размислиш ко јас.
Ти ова првин гледај го: зар повеќе
585 ќе сака, мислиш, некој власт исполнета
со страв од мирен сон, имајќи иста моќ?
Не, ниту јас сум посакал да станам крал
штом имам кралски овластувања и моќ,
ни некој друг би сакал кој е разумен.
590 И сега сè си имам од тебе без страв,
а како крал би правел и што не сакам.
Па зошто помил тронот кралски би ми бил
од власт без грижи и од благородништво?
Јас не сум толку глупав за да посакам
595 и друго освен полза и убавина.
Ме љубат сите сега, почит уживам,
штом ти им требаш нешто, јас сум замолен –
од тоа сета среќа нивна зависи.
Барајќи она, ова да го оставам?
600 Кој умее да мисли зол не би станал.
Приврзаник на тоа не сум, а и друг
да прави така, никогаш не би поднел.
Дал така е, во Пита појди, испрашај
дал точно сум го пренесол пророштвото,
605 па откриеш ли дека јас со гатачот
сум правел заговор, осуди ме со глас
ти двоен – твој и мој, и фатен, убиј ме,
38 Софокле

не суди ми со вина недокажана!


И не е право тукутака лошиот
610 за чесен да го сметаш, чесниот за лош.
По мене, отфрлиш ли чесен пријател
ил’ животот – дар најмил – нема разлика.
Со време јасно тоа ќе го разбереш;
сал времето го открива праведниот,
615 а лошиот го дознаваш во еден ден.

ХОРОВОДЕЦОТ
За тој што не сака да греши – убав збор,
о кралу; брза мисла е несигурна.

ЕДИП
Штом некој тајно заговор ми кове брз,
и јас ќе треба брзо да се соземам.
620 Не се свестам ли вчас, на оној потфатот
ќе успее, а мојот јалов останал.

КРЕОНТ
Ти што сакаш? Од градов да ме протераш?

ЕДИП
О, никако! Не прогон, смрт ти сакам јас.

КРЕОНТ
Но откако ќе кажеш што ми замераш.

ЕДИП
625 Се опираш и не сакаш да признаеш?

КРЕОНТ
Те гледам, не си умен.

ЕДИП
Сум за моето.

КРЕОНТ
И за мене би требало.
Кралот Едип 39

ЕДИП
Но ти си гад.

КРЕОНТ
Што ако грешиш?

ЕДИП
Сепак ќе се покориш.

КРЕОНТ
Но не на лоша власт.

ЕДИП
О граде, граде мој!

КРЕОНТ
630 И јас сум дел од градов. Не е само твој.

ХОРОВОДЕЦОТ
Прекратете, о водачи! Во добар час
Јокáста, гледам, доаѓа од одаи.
Лутината нек’ стивне сега пред неа!

[Влегува ЈОКАСТА.]

ЈОКАСТА
О, каква кавга глупава почнувате,
635 проклетници? Дур земјава боледува
во лични расправи без срам се впуштате?
Не ќе појдеш ти в двор, ти дома, Креонте?
Од ништо рана голема отворате.

КРЕОНТ
Ми готви ужас, сестро, Едип, твојот маж.
640 Од казни две ми бира една – прогонство
од татков крај ил’ фатен да ме убие.
40 Софокле

ЕДИП
Да, не е лага, но го фатив, жено, јас
кај снова гибел за мене со подмолност.

КРЕОНТ
О, не бил среќен, туку клет, да загинам,
645 сум сторил ли јас нешто што ми калемиш!

ЈОКАСТА
На ова, Едипе, те колнам в богови,
поверувај, а најмногу на клетвата,
од срам пред бози, пред мене и луѓево.

[Ком]

I строфа

ХОРОВОДЕЦОТ
Те молам, кралу, биди умен, попушти.

ЕДИП
650 А што сакаш да попуштам?

ХОРОВОДЕЦОТ
Ни порано збор негов лесен не бил,
а сега тешко се заколнува.

ЕДИП
655 А знаеш што бараш?

ХОРОВОДЕЦОТ
Да, знам.

ЕДИП
Па кажи! Што?

ХОРОВОДЕЦОТ
На пријател што клетва дал да не фрлиш
ти вина никогаш за збор недоразбран!
Кралот Едип 41

ЕДИП
Штом такво нешто бараш, сега добро знај,
ти за мене смрт бараш или прогонство.

II строфа

ХОРОТ
40
660 О, жими Хелиј ,
првиот од сите богови,
да умрам отфрлен од бози
и пријатели со гибел страшна,
ако тоа ти посакувам!
665 Не, туку мене кутар
ме мачи земјава,
бидејќи нови зла
покрај стари й додавате.

ЕДИП
Сал тој да оди, макар јас и загинал
670 ил’ презрен ме протерале од земјава.
Та мене твојот тажен збор ме жалости,
на овој не; тој сегде ќе е омразен.

КРЕОНТ
И дур отстапуваш си полн со омраза.
Ќе страдаш гнев штом стивне. Таквите
675 со право најмачни се сами за себе.

ЕДИП
Остави ме и оди!

КРЕОНТ
Одам, несфатен,
пак, од тебе. За други тој сум – стариот.

[Излегува.]
40
Хелиј (Хелиос) е бог на сонцето.
42 Софокле

I антистрофа

ХОРОТ
А што чекаш ти, жено?
Дома што не го водиш?

ЈОКАСТА
680 Штом чујам што се случило.

ХОРОТ
Од дума сомнеж излезе
несправедлив.
За срце каса,
иако незаслужен.

ЈОКАСТА
Обајцата ли?

ХОРОТ
О, да, да.

ЈОКАСТА
Но што рекоа?

ХОРОТ
686 Се чини, доста за да сопре онаму
кај застана при ваков јад за земјава.

ЕДИП
Е виде ли до кај втаса, а умен маж,
одејќи против мене, јад правејќи ми?

II антистрофа

ХОРОТ
689 Господару, не еднаш кажав; сепак знај:
неразумен би бил и неблагодарен,
да немам грижа за тебе,
Кралот Едип 43

кој ми спаси земја мила,


потоната во неволи,
695 ја изведе на пат.
И сега, ако можеш,
среќно води нè!

[Завршува комот]

ЈОКАСТА
698 И мене, кралу, жити бога, кажи ми
што те предизвика, па толку гневен си.

ЕДИП
700 Бидејќи, жено, повеќе од другите
те ценам, слушни Креонт што ми замисли.

ЈОКАСТА
Што вина, кажи, сигурна му наоѓаш.

ЕДИП
Тој вели дека јас сум убиец на Лај.

ЈОКАСТА
А сам си мисли така или чул од друг?

ЕДИП
705 Тој прати злоуст пророк зашто сам
претпочита да остане на уста чист.

ЈОКАСТА
Не придавај на такви думи значење,
а чуј и сфати дека нема суштество
од смртните, а дар да има пророчки.
710 За тоа доказ ќе ти дадам накусо:
на Лај му беше еднаш речено од Фојб
– не лично, тоа не велам, од слугите –
му било судено да најде смрт од син
што ќе се родел од него и од мене.
44 Софокле

715 А тој – кажуваат – на троен крстопат


бил убиен од туѓинци – разбојници.
На синот, откако се роди, три сал дни
не минаа, а тој му врза ножиња,
го фрли некој негов в гора беспатна.
720 Апóлон потоа не направи ни тој
да стане таткоубиец ни Лај од син
да претрга од што се беше исплашил.
Е така зборот пророчки ни претскажа.
Ти не мисли на тоа; бог што посака
725 да најде, сам без мака ќе си открие.

ЕДИП
Од ова сега што го чув ме обзема
во душа сомнеж, жено, трепет в срцето.

ЈОКАСТА
Од какви грижи мачен така зборуваш?

ЕДИП
Ко од тебе да слушнав тоа дека Лај
730 бил убиен на трипатна крстосница.

ЈОКАСТА
Да, така велеа и така остана.

ЕДИП
На кое место беше таа несреќа?

ЈОКАСТА
Фокида земјата се вика; таму пат
се вкрстува од Делфи и од Давлија.

ЕДИП
735 А колку време измина од настанот?

ЈОКАСТА
Па нешто малку пред да преземеш ти власт
во земјава во градов беше јавено.
Кралот Едип 45

ЕДИП
О Зевсе, што реши да сториш со мене?

ЈОКАСТА
Но зошто тоа, Едипе, те засега?

ЕДИП
740 Не прашувај ти веќе. Кажи каков лик
Лај имал и на каква возраст тогаш бил.

ЈОКАСТА
О, висок; тек-тук седи влакна имаше;
по изглед, од тебе не многу различен.

ЕДИП
О тешко мене! Сам, се чини, без да знам,
745 со страшни клетви штотуку се проколнав.

ЈОКАСТА
Што зборуваш? Се плашам да те погледнам.

ЕДИП
Се бојам пророкот да не е видовит.
Да кажеш уште едно, појасно ќе е.

ЈОКАСТА
Ме загрижи; но, знам ли, ќе одговорам.

ЕДИП
750 С малкумина ли бил ил’ свита голема
го следела, ко ред што е за владетел.

ЈОКАСТА
Па вкупно петмина, а од нив едниот
бил гласник; една кола; Лај бил на неа.

ЕДИП
Оф тешко мене! Веќе јасно е. А кој
755 за тоа, жено, тогаш вас ве извести?
46 Софокле

ЈОКАСТА
Тој беше роб, кој единствен се избавил.

ЕДИП
А дали сега случајно е в домов наш?

ЈОКАСТА
О не. Штом дојде оттаму и разбра власт
ти дека имаш, дека Лај е покоен,
760 ме измоли тој, рака допирајќи ми,
на поле да го пратам јас со стадата,
да биде што подалеку од градов наш.
И јас го пуштив. Беше тоа добар роб
што милост и поголема заслужува.

ЕДИП
765 Би можел ли да втаса до нас побргу?

ЈОКАСТА
Па не е далеку. Зошто ти е, пак, тој?

ЕДИП
Се плашам, жено, дека кажав премногу,
па зарад тоа сакам да го видам јас.

ЈОКАСТА
Ќе втаса вчас, но белки треба јас да знам
770 што тебе, кралу, толку те јадосува.

ЕДИП
Ќе разбереш и ти штом веќе надежта
ме напушти. Од тебе кому побргу
би му прикажувал низ сè што минувам?
Мој татко беше Полиб Коринќанецот,
775 а мајка ми – Мерóпа, Доријка. За маж
најдостоен од сите таму сметан бев,
дур нешто мошне чудно не ми се случи,
но невредно за моето внимание.
Кралот Едип 47

На гозба еден пијан маж се излаја


780 јас дека усвоен од татко ми сум бил.
Ми беше јад и тој ден одвај истрпев.
Ко утре отидов кај родителите
да прашам. Нив клеветата ги мачеше,
се лутеа на тој што кажал таков збор.
785 Се радував на тоа, сепак печеше
реченото; се врежа она длабоко.
Без знаење на татко ми и мајка ми,
во Пит се упатив, а бог ме врати Фојб
непочестен41. Ми кажа други несреќи,
790 стравотии и јадови. Ми рече тој,
со мајка родена ќе делам постела,
за луѓе род неподнослив ќе изродам,
на татко што ме родил ќе станам убиец.
И, тоа штом го слушнав, воден натаму
795 од ѕвезди, крајот коринтски го напуштив,
да не видам јас таму да се исполнат
претскажувањата за моите срамни зла.
Одејќи така втасав и во овој крај, во кој,
ти велиш дека загинал владетелот.
800 И тебе, жено, ќе ти кажам вистина:
на патот наидов на троен крстопат,
во пресрет гласник излезе и маж, ко ти
што рече; тој на кола – ждрепци впрегнати.
И кочиџијата и оној, старецот,
805 ме тераат од патот мене на сила,
па возачот, што бараше да сè иставам,
во гнев го удрив. Старецот ме здогледа
кај минувам крај колата, ме мерна тој
и по глава со остенот ме закачи.
810 Не помина тој исто, зашто набргу
од моја рака падна погоден со стап;
од среде кола наназад се стркала.
Ги убив сите. Ако тој, незнајникот,
со Лај во врска некаква е родбинска42

41
Свештеницата Питија.
42
Едип се плаши да каже дека тој туѓинец е, можеби, Лај.
48 Софокле

815 зар има некој од мене понесреќен?


И кој би бил поомразен на бозите?
Та мене сега не смее сограѓанин
ни туѓин да ме пречека ни поздрави,
од праг ќе бидам теран. Не беше, пак, друг,
820 а јас бев тој што така сам се проколнав.
Со исти раце сквернам постела на маж,
со кои сум го убил. Злотвор не ли сум?
Зар не сум сосем клет, штом бег ми претстои
и никој свој во прогонство да не видам,
825 и в татков крај да не стапнам? Зар треба брак
со мајка ми да врзам, да го убијам
зар Полиб, татко кој ме родил, отхранил?
Зар тој што суди право не ќе помисли
лош дајмон ова дека ми го направил?
830 Не допуштај ти, чиста сило божесна,
да видам таков ден! Да појдам поарно
од светов невиден, да не доживеам
со таква срамота да бидам жигосан!

ХОРОВОДЕЦОТ
Нè плаши тоа нас, но тој дур не дојде
835 и не каже, ти, кралу, не очајувај.

ЕДИП
Сал толку надеж мене ми останува –
да чекам оној пастир дури не втаса.

ЈОКАСТА
А, кога тој ќе дојде, што ќе помогне?

ЕДИП
Па еве: најдам ли от’ исто зборува
840 ко ти што рече, страдање јас одбегнав.

ЈОКАСТА
Збор каков значаен си чул ти од мене?
Кралот Едип 49

ЕДИП
Па тоа дека тој ви рекол дека Лај
го убиле разбојници. И сега ист
ли број ни каже, не сум јас убиецот;
845 та еден не е исто што многумина.
Но каже ли сал еден патник дека бил,
се знае, злото клони на моја страна.

ЈОКАСТА
Но токму вака беше, знај, изјавено
и сега тој не ќе може да одрече,
850 бидејќи не чув само јас, а сиот град.
А дури нешто и ако преиначи,
тој смртта, кралу, Лајова не ќе може
ко твое дело право да ја докаже.
Од мојот син да умре Фојб му претскажал,
855 а тој смрт не најде од оној несреќник
бидејќи одамна и сам тој исчезна.
И затоа јас веќе не се обѕирам
на пророштва ни сега ниту натаму.

ЕДИП
Ти арно мислиш, сепак, прати некого
860 по пастирот. Тоа не пропуштај го!

ЈОКАСТА
Ќе пратам веднаш, туку, ај да влеземе!
Што не ти е по волја, ништо не правам.

[Си одат.]

ВТОР СТАСИМ
ХОРОТ

I строфа
863 О, судба мене да ми допушти
чисти да ми останат
50 Софокле

865 збор и дело!


За нив има светли закони,
а ги создал етер небесни,
а татко Олимп43 им е ним.
Не ги родил нив смртник некаков,
870 па затоа и никогаш заборавот не ги успа.
Великиот бог е во нив, вечно млад.

I антистрофа
873 Бесот раѓа тиранин.
Бесот, штом глупаво се насити
со сè и сешто
875 што ниту нешто чини
ниту носи благодат,
се качува на висок врв,
па скокнува во вир од јадови,
кај нозете од полза веќе не му се.
880 Јас молам бог неуморен да е
чинејќи добрини на градов наш.
Во милост божја секогаш ќе верувам.

II строфа
883 Со дело ако некој ил’ со збор
по лош пат оди
885 без страв од Правда,
без почит кон храмот божји,
нека судба зла го втаса,
зашто лаком премногу е тој
штом неправедно си стекнал добивка
890 и грев не одбегнал
ил’ грешно посегнал по светиња.
Па кој уште маж, кога збор за такви е,
ќе посака стрелите на гневот
да ги одвраќа од срцето?
895 Ако такви дела биле чесни,
зошто тогаш јас во свето оро заиграв?
43
Планина на границата на Македонија и Тесалија, стан на бесмртните богови.
Кралот Едип 51

II антистрофа
897 Во папокот на земјата свет44
со почит веќе не одам,
900 ни в храм во Аби45, ниту во Олимпија46,
ако ова, јасно, ко со прст покажано
на сите смртници, не се сложи.
Но, ако добро слушаш, о владетелу,
о Зевсе, семоќен господару, ова тајно нека не ти е
905 ни тебе ни на власта твоја бесмртна.
Бил јалов зборот пророчки за Лај
и веќе не важи.
И нигде не го почитуваат Аполона
910 и слабее во бога вербата.

[Доаѓа ЈОКАСТА со робинки кои носат темјан


и маслинови гранчиња.]

ТРЕТА ЕПИЗОДА
ЈОКАСТА
911 О граѓани уважени, на мисла сум
да отидам во храмови Господови
со ‘вие венци в раце и со темјани,
зашт’ срцето Едипово ќе препукне
915 од грижи секакви. Тој веќе не мери,
ко умен човек, ново според старото,
а слуша такви ужас што кажуваат.
Штом ништо не сторив со совет, кај тебе,
о ликејски Аполоне, најблискиот47,
920 молејќи доаѓам со, еве, дарови

44
Делфи.
45
Град во североисточна Фокида, познат по прастарото Аполоново пророчиште.
46
Месност во Елида, каде што секоја четврта година се одржувале Олимписките
игри. Таму Ијамидите (потомци на Ијам, син Аполонов) давале пророштва
според горењето на жртвуваните животни.
47
Во близина се наоѓал кип на Аполон.
52 Софокле

за да ни пратиш свето исчистување48.


Та сите сега сме во страв гледајќи го
кормиларот на бродот наш обезумен.

[Доаѓа гласник од Коринт.]

ГЛАСНИКОТ
Дал од вас, о пријатели, би научил
925 дворовите на кралот Едип каде се?
А најдобро, тој кај е, ако знаете.

ХОРОВОДЕЦОТ
И дворот еве го, тој внатре, туѓинче,
а таа мајка е на деца негови.

ГЛАСНИКОТ
Со среќни среќна нека биде секогаш,
930 штом била сопруга на оној честита!

ЈОКАСТА
И ти, о туѓинче, за таков благослов
си достоен. Но кажи што те натера
да дојдеш тука. Каква вест донесуваш?

ГЛАСНИКОТ
За домот, жено, добра и за сопругот.

ЈОКАСТА
935 А што е тоа и од кај ни доаѓаш?

ГЛАСНИКОТ
Од Коринт. Носам глас, што може пријатен
да е, а зошто не, а може жалосен.

ЈОКАСТА
Со двојно значење зар? Тоа што ќе е?
48
Види бел. за ст. 203.
Кралот Едип 53

ГЛАСНИКОТ
За крал го земаат на крајот истамски49
940 жителите, ко таму што се зборува.

ЈОКАСТА
А што? Зар Полиб стариот не владее?

ГЛАСНИКОТ
Па не, бидејќи смртта в гроб го однесе.

ЈОКАСТА
Та што рече? Зар Полиб, старче, не е жив?

ГЛАСНИКОТ
Да умрам, ако вистина не ти кажав!

ЈОКАСТА
945 Не ќе појдеш зар веднаш на господарот
да кажеш, моме?

[Дворјанката влегува во дворецот.]

Вие, божји пророштва,


о каде сте? Од кога Едип избегал
од страв да не го убие, а оној смрт
од судба нашол, не од рака негова.

[Доаѓа ЕДИП.]

ЕДИП
950 О премила Јокасто, жено најдрага,
за што ме викна овде од дворовине?

ЈОКАСТА
Ти овој маж ислушај го, па размисли
што излезе од она бог што претскажал.

49
Истам е Коринтскиот проток, што го врзува Пелопонез со средна Хелада;
според тоа, истамски = коринтски.
54 Софокле

ЕДИП
Но кој е човеков и што ми кажува?

ЈОКАСТА
955 Од Коринт е и јавува за татко ти.
Го нема меѓу живи Полиб, починал.

ЕДИП
Што зборуваш? Сам кажи ми, о туѓинче!

ГЛАСНИКОТ
Штом тоа треба најпрвин да разбереш,
знај добро дека отиде засекогаш.

ЕДИП
960 Чин коварен ил’ болест крај му донесе?

ГЛАСНИКОТ
На старци мала работа им носи крај.

ЕДИП
Го сотрела, се чини, болест кутриот.

ГЛАСНИКОТ
Па тој и доста долго си поживеа.

ЕДИП
О леле, леле! Зошто некој огниште
965 би честел, жено, питско ил’ разгракани
на небо птици50, ако татко, според нив,
јас требаше да убијам, а сега тој
под земја мртов лежи, јас пак еве сум,
а меч не сум допрел? А може, по мене
970 од жалост умрел – виновник сум сепак јас.
И ете, Полиб лежи со нив заедно
во Ад, со пророштва што ништо не вредат.
50
Пророкување според гласовите и летот на птиците.
Кралот Едип 55

ЈОКАСТА
Од кога тебе тоа ти го кажувам!

ЕДИП
Кажуваше, но стравот ме распамети.

ЈОКАСТА
975 И ништо веќе на срце да не клаваш.

ЕДИП
А зар да немам страв од легло мајкино?

ЈОКАСТА
А зошто страв штом судбата управува,
а ништо јасно не можеш да предвидиш?
Да тераш така – ден за ден, е најдобро.
980 Од постела ти мајкина не плаши се
бидејќи многу луѓе на сон спиеле
со мајка си. А најлесно си минува
кој воопшто на такви нешта не мисли.

ЕДИП
Во ред ќе беше сè што кажа, жива сал
985 да не е мајка ми. Дур таа живее
со страв ќе сум и покрај твојот убав збор.

ЈОКАСТА
Но гробот татков ти е добра утеха.

ЕДИП
Се сложувам, но таа жива влева страв.

ГЛАСНИКОТ
Од која тоа жена сте исплашени?

ЕДИП
990 Мерóпа, старче, жената Полибова.
56 Софокле

ГЛАСНИКОТ
А што е тоа кај неа што влева страв?

ЕДИП
Од бога страшно пророштво, пријателе.

ГЛАСНИКОТ
Да знам јас, може, или не е за пред друг?

ЕДИП
О секако. Локсија рече некогаш,
995 со мајка ми јас ќе сум делел постела
и мои раце крв ќе зеле таткова,
па зарад тоа Коринт дамна далеку
го оставив. Бев среќен, сепак, лицето
на родителите е глетка најмила.

ГЛАСНИКОТ
1000 Од страв од тоа зар од градот отиде?

ЕДИП
И татко, старче, тогаш де не убијам.

ГЛАСНИКОТ
Па зошто, кралу, страв да не ти отклонам,
со добра намера штом дојдов кај тебе?

ЕДИП
Со иста мера јас ќе ти благодарам.

ГЛАСНИКОТ
1005 За тоа најмногу и дојдов: добивка
да имам некоја штом дојдеш дома пак.

ЕДИП
Но веќе не одам кај родителите.

ГЛАСНИКОТ
Ти сосем не си свесен, синко, што правиш.
Кралот Едип 57

ЕДИП
Но како, старче, кажи, жити богови.

ГЛАСНИКОТ
1010 Па штом, бегајќи од нив, дома не одиш.

ЕДИП
Се плашам да не излезе от’ Фојб бил прав.

ГЛАСНИКОТ
Да сториш грев родоскрвен с родители?

ЕДИП
Од тоа, старче. Тоа влева вечен страв.

ГЛАСНИКОТ
А знаеш дека нема причина за страв?

ЕДИП
1015 Но како нема, штом ми се родители?

ГЛАСНИКОТ
Бидејќи Полиб никаков род не ти е.

ЕДИП
О, што рече? Зар Полиб не е татко мој?

ГЛАСНИКОТ
Па исто колку јас; ни ронка повеќе.

ЕДИП
Со татко ми се спореди – род никаков?

ГЛАСНИКОТ
1020 Не те родил ни оној тебе ниту јас.

ЕДИП
А зошто тогаш син ме нарекуваше?
58 Софокле

ГЛАСНИКОТ
Од мои раце, знај, те прими одамна.

ЕДИП
Од друг зар земен толку тој ме љубеше?

ГЛАСНИКОТ
Бездетството поранешно влијаеше.

ЕДИП
1025 Ти најден или купен нему си ме дал?

ГЛАСНИКОТ
Те најдов во доловите на Китајрон.

ЕДИП
А ти што си барал во тие предели?

ГЛАСНИКОТ
На планина ги чував таму стадата.

ЕДИП
За плата, значи, беше пастир преселник?

ГЛАСНИКОТ
1030 Но спасител во тоа време, синко, твој.

ЕДИП
Со каков знак ме најде ти од насилство?

ГЛАСНИКОТ
Глуждовите на нозете кажуваат.

ЕДИП
За какво старо злосторство ми зборуваш?

ГЛАСНИКОТ
Ти одврзав јас ножиња прободени.
Кралот Едип 59

ЕДИП
1035 Од колепка зар таков срам доживеав?

ГЛАСНИКОТ
И името го доби според судбата51.

ЕДИП
Те колнам, кажи, мајкин бил ил’ татков суд.

ГЛАСНИКОТ
Кој ми те даде знае подобро, јас не.

ЕДИП
Од друг зар си ме зел? Не ме најде ти сам?

ГЛАСНИКОТ
1040 А не; те презедов од еден пастир друг.

ЕДИП
А кој е тој? Ќе можеш да го посочиш?

ГЛАСНИКОТ
Зборуваа, од луѓето на Лај тој бил.

ЕДИП
Од кралот зар некогашен на овој град?

ГЛАСНИКОТ
Да, да; тој беше токму негов чобанин.

ЕДИП
1045 Жив уште ли е? Да го видам, може ли?

ГЛАСНИКОТ
[на ХОРОТ]
Па вие овде најдобро би знаеле.
51
Οἰδίπους (Ојдипус) значи „со отечени нозе“.
60 Софокле

ЕДИП
Дал има некој од вас што сте присутни
да чул за чобанот за кого зборува,
на поле да го видел или овде, в град?
1050 Нек’ каже, час е тоа да се открие.

ХОРОВОДЕЦОТ
Јас мислам, тој е оној од полињата
што побара ти да го видиш пред малку.
Јокаста најдобро ќе каже за него.

ЕДИП
Ти, жено, мислиш, тој што го повикавме
1055 е ист со тој за кого овој зборува?

ЈОКАСТА
За кого тој, пак, зборува? Не грижи се
и тоа на ум залудно не ставај го!

ЕДИП
Штом трага ваква најдов не ќе пропуштам
да откријам од кого водам потекло.

ЈОКАСТА
1060 Не, жити бози, живот ако ти е мил
да не бараш. Та доволно јас претргав.

ЕДИП
Не плаши се! Да сум од трето колено
по мајка роб, ти полоша не ќе бидеш52.

ЈОКАСТА
Те молам слушај, тоа да не го правиш!

ЕДИП
1065 Не, не слушам дур сигурно не разберам.
52
Неговото, можеби, ропско потекло не ќе влијае врз нејзиниот углед.
Кралот Едип 61

ЈОКАСТА
Ти мислам арно, кажав што е најдобро.

ЕДИП
Па тоа „најдобро“ ме јаде одамна.

ЈОКАСТА
О, не узнал за навек кој си, клетнику!

ЕДИП
Ќе оди л’ некој оној да го доведе?
1070 А таа нек’ се радува на висок род.

ЈОКАСТА
О, тешко тебе кутриот! Е тоа сал
ти кажувам и друго веќе никогаш.

[Влегува во дворецот.]

ХОРОВОДЕЦОТ
Што отиде, о Едипе, обземена
од дива жалост женава? Од нејзин молк
1075 се плашам – несреќа да не се изроди.

ЕДИП
Што сака нек’ се изроди. Јас семката,
и незнатна да е, ќе сакам да ја знам.
А таа, може, зашто е од висок род,
од мојот род се срами неблагороден.
1080 Но јас, се чини, дете сум на Среќата
дарежлива, па засрамен не ќе бидам.
Та таа53 ми е мајка, а месеците
мој род54; и мал и велик ме направија.
Штом таков роден сум, јас друг не бидувам,
1085 па сега родот свој да не го разберам.

53
Среќата.
54
Едип се смета сроден со месеците, затоа што и тој е со различна среќа во текот
на животот како што месечевите мени се со различна големина.
62 Софокле

ТРЕТ СТАСИМ
ХОРОТ

I строфа
1086 Јас дарба ако имам пророчка
и ако нешто знам,
о Китајроне, жими Олимп,
1090 штом утре огрее месечина,
ќе знаеш како тебе
ко родина Едипова те славиме,
хранителка и мајка негова,
1095 и како ора в твоја слава виеме
зашт’ милозлив си бил
кон мојот владетел.
О Фојбе, исцелителу,
нек’ ова тебе те израдува!

I антистрофа
1098 Која тебе, сине,
која нимфа55 те родила,
1100 од Пан56, горски отец, повалена,
ил’ од Локсија љубена?
Нему му се мили ливадите рамни.
Дал тој Килáна57 што ја владее
1105 ил’ богот Бакх,
кој живее во гори високи,
ми те прими ко најденче

55
Нимфи се вечно убави и млади женски божества, олицетворение на животот во
природата. Тие имаат пребивалишта во пештерите и покрај реките и изворите.
56
Пан е прастаро божество. Се родил како оформен, силен и зрел маж, така што
мајка му се исплашила дека не ќе ја почитува како мајка, туку во неа ќе гледа
жена. Тој е заштитник на полната моќ и раѓањето, но не на бракот и семејството.
Бог е на пастирите, пасиштата и шумите.
57
Аркадски рид, каде што е роден Хермес, гласникот на боговите. Тој е владетел
на Килана или Килена.
Кралот Едип 63

од нимфите хеликонски58
со кои љуби да си игра?

ЧЕТВРТА ЕПИЗОДА
ЕДИП
1110 Ак’ треба јас да погаѓам, а сретнато
го немам уште, старци, чинам, чобанот
го гледам, кого одамна го бараме.
По возраста, се сложува со оној маж,
а тие што го водат, ги препознавам
1115 ко слуги мои, но подобро ќе знаеш ти,
бидејќи веќе си го видел чобанот.

ХОРОВОДЕЦОТ
Го познавам, се разбира. Тој на Лај
му беше верен чобан како никој друг.

ЕДИП
Прв тебе, Коринќанецу, те прашувам:
1120 дал’ овој тој е?

ГЛАСНИКОТ
Тој што ти е пред очи.

ЕДИП [на доведениот ПАСТИР]


Ти, старче, гледај во мене и зборувај
што прашувам: на Лај ли беше некогаш?

ПАСТИРОТ
Роб, да, но купен не, а в домот одгледан.

ЕДИП
Што правеше и каков помин имаше?

ПАСТИРОТ
1125 Со стадата го минев, главно, времето.
58
Хеликон е брдо во близина на Китајрон.
64 Софокле

ЕДИП
Во кои места најмногу се врткаше?

ПАСТИРОТ
На Китајрон и местата наоколу.

ЕДИП
А дали си го сретнал таму овој маж?

ПАСТИРОТ
Тој што правел? За каков маж ми зборуваш?

ЕДИП
1130 За овој. Ти си имал нешто со него?

ПАСТИРОТ
Не би можел да кажам така наеднаш.

ГЛАСНИКОТ
И не е чудно, кралу. Ќе го потсетам
јас јасно, штом заборавил. Веројатно
си спомни, кога некаде на Китајрон,
1135 со стада овој две, а јас со едно сал,
три лета така другарувавме,
од пролет сè до есен – шесте месеци.
А зиме секој своите ги водеше:
во трло јас, а тој во стаите на Лај.
1140 Ко јас што кажувам, е така или не?

ПАСТИРОТ
Ти точно кажа иако е настан стар.

ГЛАСНИКОТ
А помниш, кажи, дека дете некое
ми даде како свое да го одгледам?

ПАСТИРОТ
А што, пак, тоа? Зошто ме испрашуваш?
Кралот Едип 65

ГЛАСНИКОТ
1145 Е тоа дете овој е, пријателе.

ПАСТИРОТ
Да пукнеш, поарно. Зар не ќе замолчиш?

ЕДИП
Не кори го, зар, старче, твоите зборови
се повеќе за прекор од неговите.

ПАСТИРОТ
Што ти згрешив, о најдобар господару?

ЕДИП
1150 Па молчиш кога прашува за детето.

ПАСТИРОТ
Без врска зборува, се мачи попусто.

ЕДИП
Со мило ако не, со плач ќе зборуваш.

ПАСТИРОТ
О, немој, жити бога, да ме мачиш стар.

ЕДИП
Зар нема брзо раце да му свиете?

ПАСТИРОТ
1155 О беља! Зошто? Што сакаш да разбереш?

ЕДИП
Го даде детето за кое прашува?

ПАСТИРОТ
Го дадов. Да. О, како тој ден не умрев?!

ЕДИП
Ќе биде тоа, право ако не кажеш.
66 Софокле

ПАСТИРОТ
Но, кажам ли, ќе умрам многу побргу.

ЕДИП
1160 Се чини, овој сака да се натега.

ПАСТИРОТ
Јас не; па веќе реков дека сум го дал.

ЕДИП
Од кај го зеде? Куќно ил’ од некој друг?

ПАСТИРОТ
Не мое. Јас го презедов од некого.

ЕДИП
Од кого од граѓаните? Од каков дом?

ПАСТИРОТ
1165 Те колнам, кралу, повеќе не прашувај!

ЕДИП
Ти готов си, сал ако прашам повторно.

ПАСТИРОТ
Тој беше некој маж од луѓето на Лај.

ЕДИП
Бил роб ил’ некој негов роднина по крв?

ПАСТИРОТ
О леле, морам ужаси да кажувам!

ЕДИП
1170 А јас да слушам. Мора да се дознае.

ПАСТИРОТ
Зборуваа, бил негов син; како било,
најубаво ќе каже внатре жена ти.
Кралот Едип 67

ЕДИП
Зар таа ти го даде?

ПАСТИРОТ
Да, господару.

ЕДИП
Што да му направиш?

ПАСТИРОТ
Па да го убијам.

ЕДИП
1175 Зар кутра мајка?

ПАСТИРОТ
Да, од страв од божји збор.

ЕДИП
Од кој?

ПАСТИРОТ
Родители ќе сотрел, било збор.

ЕДИП
А зошто ти го предаде на старецов?

ПАСТИРОТ
Од жал. Си мислев, кралу, ќе го однесе
во друг, во својот крај. А тој го избавил
1180 за зло најголемо. И, ако ти си тој,
ко тој што кажува, небидник си, знај.

ЕДИП
О, сè е јасно. Сјају, да те погледнам
сал уште овој час! Се виде: роден сум
од кого не чини, со кого не чини
1185 сум живеел, сум убил кого не чини.
68 Софокле

[Сите одат, останува само ХОРОТ.]

ЧЕТВРТ СТАСИМ
ХОРОТ

I строфа
1186 О роде човечки,
колку ти чини животот?
На ништо тој е еднаков.
И, кој ли, кој ли постигнал
1190 среќа поголема од онаа
што сал му се чини,
а штом му се присторило,
не пропаднал?
Имајќи го твојот пример
1195 и твојата, о твоја судба, Едипе,
ниту еден смртник среќен веќе не ќе го сметам.

I антистрофа
1196 Прекумерно ти погоди
и го доби благословот семилозлив
– о Зевсе – сотирајќи ја
девицата кривонокта – гатачката.
1200 Крепост стана исправена
на земјава моја против смртта.
И затоа мој крал стана,
владетел на моќна Теба.

II строфа
1204 А сега за кого сме чуле да е понесреќен?
Кого тркалото на животот
го турнало подлабоко
во лути јадови и неволи?
О Едипе, славна главо,
1208 зар истото брачно легло,
зар големо беше толку
да го прими синот ем таткото?
Кралот Едип 69

1210 О, како татково ти брачно легло,


клет човеку,
молкум толку те трпеше?

II антистрофа
1213 Тебе беден времето те откри.
Нему скришно ништо не му бива;
свадбата ја казни грешна одамнешна
1215 на родител и на дете.
Леле, дете о Лајово,
о камо, камо да никогаш не те видов!
Сега жалам прекумерно –
од устата сал тажачки.
1220 А, право да кажам,
с твоја помош се созедов
1222 и очите в сон ги склопив.

[Од дворот излегува ГЛАСНИК]

ЕКСОД
ГЛАСНИКОТ [од дворот]
О граѓани најчестени на овој град
о, какво зло ќе чуете и видите,
1225 и каков јад ќе сетите, во срцето
вам уште ако ви е домот Лабдаков!
Ни Истар59, мислам, ниту Фасид60 овој дом
не го мијат од зла што тој ги крие.
Вчас на видело ќе излезат, а сторени
1230 се волно, не под присила. А најсилно
те пече јад што сам ќе си го зададеш.

ХОРОВОДЕЦОТ
И она веќе што го чувме порано
е преболно. Што уште ќе ни раскажеш?

59
Дунав.
60
Река во Колхида.
70 Софокле

ГЛАСНИКОТ
Што најбргу се кажува и дознава
1235 од сè: Јокаста умрела божествена.

ХОРОВОДЕЦОТ
О, кутрата! Кој нејзе смрт й причинил?

ГЛАСНИКОТ
Та самата. Најжалната, пак, работа
не ја знаеш, бидејќи таму не беше.
Но, колку што ме служи паметењето,
1240 ќе дознаеш за маките ти нејзини.
До трем штом дојде како споулавена,
кон брачната се здаде веднаш одаја
и коси кубеше со обете раце.
А кога влезе, вратата ја затвори
1245 и викаше по Лаја, мртов одамна, брак
спомнувајќи дамнешен, од чијшто плод
сам загинал, а таа што го родила,
ја оставил на син да раѓа пород клет.
И легло оплака, кај кутра двоен род
1250 – и маж од маж, од дете деца родила.
И потоа јас не знам како умрела.
Викајќи Едип провали, па затоа
и не е виден крајот нејзин. Гледавме
сал во него кој ваму-таму талкаше.
1255 Барајќи од нас меч да му подадеме
да најде жена, не, пак, жена, мајчински
скут двоен – својот и на деца негови.
Ја виде трештен, поучен од некој бог,
не од нас мажите, што близу стоевме.
1260 Крик пушти, па ко нешто да го поведе,
кон двојната се пушти врата, пречката
се улегна, тој провали во собата.
И, жената ја видовме обесена,
со јаже сплетено заврзана. А тој,
1265 ја гледа грешникот, па страшно заечи
и јаже одврза, па кутра наземи
Кралот Едип 71

се најде. Потем беше страшна глетката:


од наметка и извлече направени
од злато игли – накитот на онаа.
1270 Ги подигна, си удри среде очите
велејќи дека тие не ќе гледаат
ни што тргал ни какви сторил гревови.
Во мрак ќе гледа сега кого не смеел61
по кого копнеел, не ќе препознава62.
1275 Тажејќи така, удри повеќе пати,
не еднаш, с клепки кренати. Од очите
по брада крв се слеа; капки крвави
не капеа влажејќи бавно; порој црн
од крвав дожд одненадеж му потече.
1280 Од двајца не одбра сал еден она зло,
а беше зло за мажот и за жената.
Пред ова среќата ним стара вистинска
им беше среќа, сега еве, овој ден
и плач и грев и смрт и срам и сенешто
1285 што зло се вика – ништо не недостига.

ХОРОВОДЕЦОТ
А сега јадот стивна ли на кутриот?

ГЛАСНИКОТ
Тој порти викаше да отворат, па род
да види Кадмов маж кој убил татко свој,
со мајка... грози кажа – не се кажува.
1290 Сам ќе се изгони од земја, дома клет
тој не ќе остане – ко сам што проколна.
Му треба помош, пак, и водач некаков
– та јадот претежок е да го поднесе.
И ти ќе видиш – резето на портите
1295 се трга. Ќе видиш глетка набргу
на која, душман да си, ќе се сожалиш.

61
Јокаста.
62
Едиповите деца.
72 Софокле

[Го водат ЕДИП.]

[Ком]

ХОРОТ
О маки ужасни за око човечко!
О, најстрашно од сè што досега доживеав!
Што лудост, клетнику, те обзела?
1300 Кој дајмон ли се нафрлил
со бура пострашна од најстрашните
на судба твоја несреќна?
Јас не можам ни да те гледам,
а сакав да те прашам, да разберам,
1305 за многу нешта суд да стекнам.
Еј, таков ужас ти ми причини!

ЕДИП
О, тешко мене! Кутар јас!
Та каде одам небидник?
1310 И каде гласот мој се разлева?
О, каде, дајмоне, ме гониш?

ХОРОВОДЕЦОТ
Во страшно зло – ни видено ни чуено.

I строфа

ЕДИП
Ах, страшен, темен облаку, надоаѓаш
1315 безмилосен, а довеан од лоши ветришта!
Еј тешко мене, еј тешко мене!
Заедно со иглите
и спомени на злото боцкаат.

ХОРОВОДЕЦОТ
За чудење и не е во ваква несреќа
1320 што двојно страдаш и што двојно трпиш бол.
Кралот Едип 73

I антистрофа

ЕДИП
Ах пријателе,
сал ти си помошник мој сè уште
и уште тука си, за мене слеп се грижиш!
Ај, ај!
1325 Јас пак веќе не те гледам, сум в темнина,
но сепак гласот твој го познавам.

ХОРОВОДЕЦОТ
О, страшно стори! Очи зар се осмели
да изгаснеш? Кој тоа бог те поттикна?

II строфа

ЕДИП
Аполон, мили мои, Аполон беше тој,
1330 што несреќи и страдања ми смисли вакви.
Но очи не ми ископа друг никој,
тоа јас го сторив беден со свои раце, сам.
А што треба да гледам,
штом ништо свидно
1335 нема повеќе да здогледам?

ХОРОВОДЕЦОТ
Токму така е ко ти што кажуваш.

III строфа

ЕДИП
Што остана да видам уште јас,
да љубам – кого? Кому да му зборувам?
Кого со наслада да слушам, о пријатели?
1340 Одовде водете ме што побргу!
Овој бедник голем, о пријатели,
1345 најпроколнат водете го,
од сите смртни најомразен на бозите!
74 Софокле

ХОРОВОДЕЦОТ
Небиднику, ти свесен си за бедата.
О камо никогаш да не те запознав!

II антистрофа

ЕДИП
О, проклет тој да е
1350 кој тврди окови од нозете ми извади
на пасишта, од смрт ме спаси, избави!
Тој ништо добро не сторил;
да умрев тогаш,
ни ним, на милите,
1355 ни мене толку јадови.

ХОРОВОДЕЦОТ
И јас посакувам да било така.

III антистрофа

ЕДИП
И убиец на татко ми не ќе станев
и луѓе не ќе велеа, сум станал маж
на жена што ме родила.
1360 А сега грешник сум
и син на грешница;
сум живеел со таа
од која беден роден сум.
1365 Ако постои од лошо полошо,
тоа врз Едипа се струпало.

ХОРОВОДЕЦОТ
Јас не знам дал да речам, добро направи.
Да умреше е подобро од жив, а слеп.

[Завршува комот]

ЕДИП
Сè ова дека најдобро не излезе,
Кралот Едип 75

1370 не учи ме и веќе не советувај.


Со какви очи, не знам, ќе го погледнам
во Адот татко ми, штом таму пристигнам,
и кутра мајка. Пред обајцата сум крив,
и повеќе од заслужен за бесилка.
1375 Зар глетка сакана ќе ми се децата
штом потомство на ваков начин создадов?
О не! За моите бар очи, никогаш.
Ни град ни тврдина ни свети кипови
на бози; од нив сам јас, најнесреќниот
1380 во Теба маж, кој најсјајно проживеал,
се лишив. Сам заповедав: од секого
да биде гонет грешникот, обележан
од бози престапник, од родот Лајов, пак.
И, откако јас сам го открив мојот грев,
1385 вас в очи зарем можев да ве погледнам?
Не, никако. Да имаше и преграда
на ушите, за звукот пат, не пропуштав
да заградам од сешто дамар несреќен;
да бидам слеп и сосем глув. Најубаво
1390 е мислата да биде слободна од зла.
О, зошто ти, Китајроне, ме прими в скут
и зошто вчас не ме уби, па никогаш
да не се разбере од кај сум потекнал?
О Полибе! О Коринте, што татков дом
1395 те сметав стар, о, како вака убав маж,
а гнил и полн со злини ме одгледавте?
Јас сега гледам – лош и јас и род мој бил.
Крстопату и долу скрит, дабовнику
и теснино, кај патишта се сечат три,
1400 од мојот татко крв што ми се напивте
од раце мои, уште се сеќавате
што ви сторив зар, потоа и натаму
одејќи што сум направил? О браку свет
кој мене си ме создал, зарем направи
1405 пак семето да про’рти и изнесе
на свет и татковци и браќа, деца – крв
измешана – и жени, мајки, невести
76 Софокле

– сè најсрамно кај луѓето што бидува?


За грдото, пак, грев е и да зборуваш.
1410 Што побргу, ве молам, мене скријте ме
кај било; ил’ убијте ме ил’ в морето
фрлете ме, па никој да не ме види.
Допрете го несреќникот без гадење,
послушајте, не бојте се. Та вакво зло
1415 не би поднел од смртни никој освен јас.

ХОРОВОДЕЦОТ
Што бараш, еве, Креонт сега доаѓа
да реши и да спроведе, бидејќи тој
сал место тебе водач нам ни остана.

ЕДИП
О кутар јас, со кој збор да се обратам?
1420 Зар може справедлив да биде кон мене?
Та кон него јас сосем лош се покажав.

[Доаѓа КРЕОНТ со свитата.]

КРЕОНТ
Не сум дошол да ти се смеам, Едипе,
ни да те укорам за стари навреди.

[кон слугите што го довеле ЕДИП]

Но вие, ако смртен род сте презреле,


1425 кон пламенот на Хелиј63, којшто храни сè,
чест имајте, не изнесувајте на свет
грев таков така јавно! Не го прифаќа
ни земјата ни дождот свет ни светлоста.
Ај дома вие поскоро водете го!
1430 На својот род да видат гибел право е
и за неа да слушаат сал роднини.

63
Сонцето е чисто како пламен; затоа грешниците не треба да се појавуваат пред
неговото лице, за да не го осквернат.
Кралот Едип 77

ЕДИП
Штом надеж, жити бози, не ми остави,
и ти најдобриот кај најлош дојде, чуј,
ќе кажам зарад тебе, зарад мене не.

КРЕОНТ
1435 Ти што бараш штом вака ме преколнуваш?

ЕДИП
Од крајов да ме протераш што побргу
кај било, кај со никој не ќе прозборам.

КРЕОНТ
Ќе сторев така, добро знај, но најпрвин
ќе треба бог да каже што да се стори.

ЕДИП
1440 Но сосема е јасна речта негова:
да загинам јас, беден таткоубиец.

КРЕОНТ
Да, така рече, но штом вака излезе,
е подобро да прашаме што да сторам.

ЕДИП
Зар ќе прашувате за човек изгубен?

КРЕОНТ
1445 Па сега белки ќе му веруваш и ти.

ЕДИП
Те молам и го барам ова од тебе:
на таа внатре погреб каков сакаш ти
направи й; за твои твоја грижа е.
А мене градов татков ми, дур живеам,
1450 да не сака за жител да ме прифати!
Во гори пушти стан да имам, Китајрон
кај што се вика мој; за гроб, дур жив сум бил,
78 Софокле

и мајка ми и татко ми го избрале;


нек’ умрам од нив, тие ме уништиле.
1455 Знам ова: болест или друго нешто крај
не ми носи, бидејќи избавен од смрт
не ќе бев, освен зарад друго страшно зло.
Но моето нек’ оди кај што тргнало!
За децата, о Креонте, за машките
1460 не грижи се! Та мажи се и, кај да се,
во животот не ќе бидат страдалници.
За двете мои кутри, жални момички,
на кои софра никогаш не им беше
поставена да не бев јас, а со мене
1465 си делеа што јас им овозможував,
– погрижи се ти за нив! Сега дај јас нив
со рака да ги допрам, јад да оплачам!

[КРЕОНТ тргнува да ги доведе АНТИГОНА и ИСМЕНА.]

Ај кнезу!
Ај потомче благороден! Ги допрам ли,
1470 ќе имам чувство како да ги гледам пак.

[ЕДИП молчи и наслушува додека КРЕОНТ


се враќа со девојчињата кои плачат.]

Но што велам?
Зар не слушам јас, жими бози, милите
кај плачат? Зар ме сожалил и Креонт,
ми испратил зар деца мои најмили?
1475 Дал тоа е?

КРЕОНТ
Да, тоа. Тоа јас ти го овозможив.
Те видов одамна кај по нив копнееш.

ЕДИП
Благословен да си и бог за овој дар
да даде да си посреќен од јас што бев!
Кралот Едип 79

1480 О деца, каде сте? Ај ваму дојдете


во мои братски раце, што направија
на татко што ве родил очи, досега
во блескот, вакви да ги гледате!
Ни истражив ни видов; станав татко ваш
1485 со жена, деца, мене што ме родила.
Јас за вас плачам – да ве гледам не можам –
знаејќи каков горчлив живот натаму
ќе имате, што мора да се живее.
На какви градски собири ќе појдете,
1490 на какви слави, а дома да не дојдете
со солзи наместо со сјај во очите?
А кога ќе дораснете за мажачка,
кој тоа може, деца мои, да замиже
штом чул за оној страшен чин, родители
1495 што сотрел мои, наедно и вашите?
Зар некој грев изостанал? Та татко ви
си убил татко, сторил грев со мајка ви
од која сам е роден; иста утроба
ве носела од која сум се родил јас.
1500 Со тоа грдени ќе бидете. Кој маж
ќе проси такви? Никој, деца. Секако,
немажени, без пород ќе копнеете.
О сине Менојков, штом ти им остана
сал татко – двајцата што сме ги родиле
1505 сме умрени – не допуштај да скитаат
ко просјачки, немажени, а род ти се!
Со моите гревови не изедначи ги!
Смилувај се гледајќи ги ти млади нив,
без ништо освен она сам што би им дал.
1510 И вети, рака подај, добар човеку!
Вас, чеда, многу ќе ве учев, возрасни
да бевте веќе. Вака, посакајте ми
да живеам кај било. Вие живејте,
пак, живот подобар од тој на татко ви!

КРЕОНТ
1515 Та доста плачење! Во куќата да влезеш, подобро.
80 Софокле

ЕДИП
Ќе послушам, но не сум рад.

КРЕОНТ
Во прав час што е, добро е.

ЕДИП
Под каков услов одам, знаеш?

КРЕОНТ
Кажи! Слушнам ли, ќе знам.

ЕДИП
Од крајов да ме протераш.

КРЕОНТ
Ко бог што ќе заповеда.

ЕДИП
Најомразен на бози дојдов.

КРЕОНТ
Брзо ќе се исполни.

ЕДИП
1520 Ти мислиш?

КРЕОНТ
Залуд не сакам да зборувам што не мислам.

ЕДИП
Ај веќе води ме!

КРЕОНТ
Па оди, децата остави ги!

ЕДИП
Нив никако не ги давам.
Кралот Едип 81

КРЕОНТ
Во сè ти силен не биди!
Што насила си постигнал во животот, го изгуби.

ХОРОТ
Жители на родна Теба, Едипа гледајте го!
1525 Славни гатки знаеше и човек беше најмоќен.
Нема граѓанин кој не му завидел на среќата.
Сега, еве потонал во вир на страшни несреќи.
Затоа, штом смртен некој е, а оној краен ден
не го дочекал, не сметај го за среќен, сè дури
1530 граница на живот не минал а мака не видел.
АНТИГОНА
ЛИЦА

АНТИГОНА, тебанска принцеза, ќерка на Едип и Јокаста


ИСМЕНА, сестра на Антигона
КРЕОНТ, владетел на Теба, вујко на Антигона и Исмена
ЕВРИДИКА, сопруга на Креонт
ХЕМОН, син на Креонт, свршеник на Антигона
ХОР на тебанските старци
СТРАЖАР
ПРВ ГЛАСНИК
ВТОР ГЛАСНИК
ПРИДРУЖБАТА на Креонт и Евридика
ПРОЛОГ

АНТИГОНА
Исмено1, мила сестро моја родена
дал знаеш некакво ти зло, што уште Зевс
нам не ни нанесол заради Едипа?
Не постои ниедна несреќа и скрб,
5 ни срам, ни дело нечесно што веќе јас
не согледав во сите наши неволи.
И сега пак се носи глас низ сиот град
за нова заповед што издал кралот наш.
Дал слушна, или не знаеш што ново зло
10 за наши мили2 готви, ко за душмани?

ИСМЕНА
Јас, Антигоно, не чув глас за милите
ни тажен, ниту радосен од оној ден
во кој и двата брата ни загинаа
во ист час, заемно погубувајќи се;
15 и ништо не знам освен дека оваа ноќ
на пат се дала сета војска аргивска,
па не сум ниту тажна, ниту радосна

1
Исмена и Антигона се ќерки на тебанскиот крал Едип, од бракот што тој не
знаејќи го склопил со сопствената мајка Јокаста. Од овој инцестуален брак
родени се уште два сина, Етеокле и Полиник.
2
„наши мили“ – за погребните обреди на нивните браќа Етеокле и Полиник.
88 Софокле

АНТИГОНА
Го дознав тоа, затоа те повикав
пред портиве, да слушнеш сега самата.

ИСМЕНА
20 Но што е? Некаква ли вест те возбуди?

АНТИГОНА
Да. Креонт3 едниот наш брат го погреба,
а другиот го остави непочестен.
Кажуваат, Етеокле со должна чест
по законот во земја тој го погребал;
25 а за Полиника, кој клето загина,
се вели, на граѓаните заповедал
да не се погребе ни да се оплаче;
неоплакан, непогребан да остане
и мртов да им биде сласт на птиците.
30 Кажуваат, тоа Креонт го заповедал
и тебе, но и мене, велам, и мене,
па сега ваму доаѓал да соопшти
на сите, што за ова уште не чуле.
Тој цврсто стоел зад оваа одлука
35 и тој што ќе ја прекрши заповедта
со камења од народот ќе загинел.
Па ете, тоа е; ти сега покажи
дал достојна за родот си ил ништожна.

ИСМЕНА
Но, ако така е, о клета, како јас
40 да помогнам, па дур и да сум согласна?

АНТИГОНА
Дал спремна си на маки и на содејство?

ИСМЕНА
Во каква невола, на каква мисла си?

3
По гибелта на законските наследници на престолот на Теба, Креонт, братот на
Јокаста, вујкото на Етеокле и Полиник станал владетел на Теба.
Антигона 89

АНТИГОНА
Умрениот со мене да го погребеш.

ИСМЕНА
Зар нема забрана да биде погребан?

АНТИГОНА
45 Се разбира, но ако ти не прифаќаш
за твојот брат и мој – јас не сум предавник.

ИСМЕНА
О, кутра, а забраната на Креонта?

АНТИГОНА
Тој не може од моите да ме оттргне.

ИСМЕНА
Ој, леле, сестро, спомни си за татко ни
50 и како омразен и презрен пропадна
штом јавно си го призна гревот свој, па сам
со своја рака очи сам си ископа.
А потем, мајка му и жена – двоен збор4
со јаже плетено си живот одзеде.
55 И трето, двата брата наши несреќни
во еден ден ги стигна судба еднаква.
Загинаа погубувајќи се меѓусебно.
Останавме сал ние две, но, слушни ме,
нè чека страшна смрт, штом против законот
60 прекршиме на кралот моќна заповед.
Па треба и да мислиш дека жени сме,
за борба против мажи сили немаме.
И уште, штом посилниот не владее
и тоа, па и полошо ќе слушаме.

4
„мајка му и жена“ – Едип, не знаејќи дека Јокаста му е мајка, се оженил за неа
по смртта на татко му Лај.
90 Софокле

АНТИГОНА
65 Јас не ти налагам, но и да посакаш
со тебе нема веќе да содејствувам.
Што сакаш мисли си, но среќна ќе сум јас
да умрам, ако братот свој го погребам.
Ќе легнам смилена до него милиот
70 штом свето согрешам, бидејќи подолго
на долните5 ќе треба да сум угодна
отколку на овие што се овдешни.
Ќе лежам вечно таму. Но штом сакаш ти
на чест кај бозите што е – ти презри го.

ИСМЕНА
75 Јас не го презирам, но сепак не можам
да одам против моќта на граѓаните.

АНТИГОНА
Со тоа правдај се. Јас сега поаѓам
на братот премил гробот да го подготвам.

ИСМЕНА
Се плашам премногу за тебе, несреќна!

АНТИГОНА
80 За мене немај страв – за твоја судба сал!

ИСМЕНА
За ова бар не кажувај ти никому;
ко тајна чувај го, ќе молчам исто јас.

АНТИГОНА
О, кажувај, поомразна ќе си ми, знај
да молчиш, отколку да го разгласуваш.

ИСМЕНА
85 Ти врело срце имаш за студенила
5
„долните“ – се мисли на подземните богови.
Антигона 91

АНТИГОНА
Но знам да угодам, кога е најнужно.

ИСМЕНА
Да можеш бар; но бараш ти невозможно.

АНТИГОНА
Ќе престанам штом снага не ми довтаса.

ИСМЕНА
Неможното и да се почне не личи.

АНТИГОНА
90 За вакви зборови јас ќе те намразам
омразена ќе лежиш и до мртвиот.
Остави ме со мојата неразумност
да страдам зарад дело стравотно, но пак
за една дивна смрт, тоа не е премногу.

ПАРОД
ХОР

I строфа
95 Лачу сончев, о сјају прекрасен
што в Теба седмоврата досега си огреал!
Се јави, о око, на златниот ден.
Ни пристигна ти преку Диркиниот Извор6
го натера в бегство белоштитниот јунак
100 в оружје сиот од Арг што ни дојде7
Од Полиник поттикнат в земјата наша
за лути кавги тој дојде;
ни долета сам над градот ко орел
со стравотен писок

6
Изворот, во кој била фрлена пепелта на Дирка, сопруга на кралот Лик, која
свирепо ја измачувала внуката на Лик Антиопа, била погубена и запалена.
7
Адраст, кралот на Арг, кој му бил тест на Полиник.
92 Софокле

105 со белоснежни крилја,


со оружје силно
и гривести шлемој.

I антистрофа
Над сите покриви запре
над седумте врати ширум
110 со гибелни копја зина.
Но ете, замина тој
и не ја наполни устата своја
со нашата врела крв;
и не ги сотре со боров плам
115 овенчаните кули;
зад грбот му зататни Ареевиот ѕвекот
и лут беше бојот со врагот – змеј.

Зевс премногу мрази самофален збор


и штом ги забележа кај идат ко порој,
120 горделиви уште на златниот ѕун,
со молња го сотре насилникот клет
пред дур да писне ко победник на вишните кули.

II строфа
На земјата мека тогаш тој падна
мавтајќи оган во раце; во гневниот налет
125 тој завеа бесна со порив на виор

И инаку стана.
На другите, друга судба им дари.
Настојчиво нив ги гонеше тој.
Великиот Ареј8,
130 најмоќниот другар.

На седумте порти и водачи седум9


наредени сите, сè јунак до јунак;

8
Ареј, богот на војната, син на Зевс и Хера, еден од 12 олимпски богови.
9
Адраст, по наговор на Полиник, презел поход против Теба, во кој учествувале
седуммина војсководци од владетелските куќи на Арг.
Антигона 93

му го оставија таму сето оружје свое


на великиот победник Зевс.
135 Сал двата несреќни брата
од еден татко и од една мајка
си вкрстија копја еден спроти друг
и еднаква судба обата ги снајде.

II антистрофа
Но преславната победа стигна
140 и в Теба многуколна блесна.
Од војните сега ни спомен нема.
Да играме, ајде, по цели ноќи
и нека се тресе целата Теба,
нек’ водач ни биде Дионис10 сам.

145 Но еве кај доаѓа кралот


синот на Меникеј – Креонт,
нашиот господар нов
по недамнешната волја божја.
Тој доаѓа, мисла нова пак вие
150 штом сега со проглас општ
нè повика старците сите.

ПРВА ЕПИЗОДА
КРЕОНТ
Боговите со силен трескот градот наш
го стресоа. но, луѓе, пак го кренаа.
Ве повикав јас сега вас со гласници
155 да дојдете, бидејќи знам, од секогаш
на Лаја11 трон и моќта сте ги честеле.
И кога Едип градот наш го воздигна
и кога пропадна, кон деца негови

10
Дионисиј, син на Зевс и Семела (ќерката на Кадмо), бил бог на вегетацијата,
подоцна и на виното.
11
Лај бил татко на Едип.
94 Софокле

постојани во почитта останавте;


160 а кога тие умреа во еден ден
од судба двојна, убивајќи брата брат
и така в грев пролеаја крв братовска,
а мене сета власт и трон ми припадна
бидејќи најблизок сум род на мртвите.
165 Но никому ти не можеш да разбереш.
ни ум, ни мисла, душа, претходно дур сам
во власт и закон опит тој не покаже;
и оној, кој со сиот град управува,
а совет добар не сака да прифати,
170 и јазикот од страв си го заврзува,
го сметај најлош, сега, ко и порано.
Не го ценам ни оној, кој пријателот
го љуби повеќе од татковината.
А јас, го знае тоа Зевс, кој гледа се
175 не ќе молчам гледајќи дека несреќа
се ближи на граѓаните, наместо спас.
И не би зел за пријател јас душманин
на градот свој. Јас знам, спас единствен за нас
е градот сам. Пријатели здобиваме
180 штом праведно кормилото го држиме.
Со ваков закон градот ќе го прославам.
Држејќи се за ова дадов заповед
на сиот град за децата на Едипа:
Етеокле, кој загина борејќи се
185 за градот наш – абеше највешт копјаник,
да биде погребан со сите почести,
за најславно загинатите достојни.
А братот негов, зборувам за Полиник,
кој земја таткова и родни богови,
190 од бегство вратен посака да запали
па уште и крв братова да пролее
и в ропство да ги продаде граѓаните
на сиот град јас ова му заповедам:
нек’ никој не го погребе ни оплаче,
195 незакопан, неоплакан нек’ остане!
Антигона 95

На птици и на пци нек’ плен им стане тој12


Јас вака одлучив и нема никогаш
да честам лоши еднакво со најдобри.
И секого, што верен бил на овој град
200 и жив и мртов исто ќе го чествувам.

ХОР
Ти така сакаш, Креонте, да постапиш
со пријател на градот и со душманин.
Ти можеш секој закон да го примениш
за мртвите и за нас, коишто живи сме.

КРЕОНТ
205 На заповедта чувари бидете ми!

ХОР
На некој помлад таа должност дај му ја.

КРЕОНТ
Но веќе стража стои кај умрениот.

ХОР
Што уште сакаш да заповедаш?

КРЕОНТ
Непокорност не ќе биде допуштена.

ХОР
210 Па нема таков лудак, кој да сака смрт.

КРЕОНТ
Тоа плата ќе му е, но често надежта
за печалба многумина погубила.

12
Хелените верувале дека само душите на погребаните оделе во Подземјето, кај
Хад и Персефона; доволно било да се фрли грст земја и да се излее жртва врз
умрениот, па да се смета дека обредот е извршен.
96 Софокле

СТРАЖАР
Господару, штом без здив сум, не ќе речеш
дека сум дошол довде нога пред нога.
215 По патот често самиот се двоумев
да застанам и да се вратам назад пак.
Но в срце сепак често се убедував:
О, кутар, што брзаш, да казна искусиш?
Што стоиш, клет? Но ако Креонт сам
220 од друг го дознае, зар спас очекуваш?
Со такви бројни мисли по пат врвев јас,
а патот кус, за мене стана многу долг.
Па сепак одлучив да дојдам пред тебе
и да ти соопштам, иако немам што.
225 Но доаѓам со надеж силна охрабрен
сал што е пишано дека ќе претрпам.

КРЕОНТ
Но што е? Зошто толку си обесхрабрен?

СТРАЖАР
За себе, најнапред да си се изјаснам:
тоа мое дело не е – не знам чие е
230 па не е право да ме снајде невола.

КРЕОНТ
Од нешто ко да сакаш да се оградиш;
очигледно е дека носиш нова вест.

СТРАЖАР
Стравотното честопати ни влева страв.

КРЕОНТ
Та кажи веќе, потем оди слободно!

СТРАЖАР
235 Ќе кажам. Еве. Некој кришум мртвиот
го погребал и телото со пепел сув
го посипал. Сè според редот извршил
Антигона 97

КРЕОНТ
Што зборуваш? Кој човек толку дрзок бил?

СТРАЖАР
Јас не знам. Удар не чувме од секира
240 ни ѕвек од мотика, а сува земјата
и тврда е, негибната од тркала.
Не знаеме кој можел да го стори тоа.
Штом првиот од дневните ни стражари
нè извести – стаписани останавме.
245 Тој не е погребан, но пак не се гледа
од лесен прав. Сал гревот да се исчисти.
А стапки немаше од пес или од ѕвер
ни траги има дека трупот влечен бил.
В тој час најгнасни зборови си рековме
250 стражарите, корејќи се меѓу себе.
Ќе се потепавме, кој ќе не спречеше?
А секој можеше да би де виновник
и крив, но никој не признаваше;
за јаглен врел ќе се фатевме
255 и сите в бози бесмртни се колневме
од нас дека не го сторил тоа никој; не знае
кој можел да го замисли и изврши.
И најсети, штом ништо не пронајдовме
се јави еден – ние глави сведнавме
260 од страв; не знаевме ни збор да зборнеме
ни што да сториме. Тој нам ни предложи
да те известиме, а не да криеме.
И мене, кутриот, со ждреб, ми припадна
ма себе да ја земам таа добрина.
265 Јас дојдов неволно, ни тебе сум ти драг;
на лоши вести гласник никој не љуби.

ХОР
Господару, јас долго срце прашувам
дал не е тоа дело на боговите?
98 Софокле

КРЕОНТ
О, молкни, зборот твој да не ме разгневи,
270 не прикажувај се ко старец безумен.
А зборуваш несносливо. Зар вишните
за овој мртовец ли ќе се погрижат?
Зар погребан и честен од нив ќе е тој
што дојде храмој лични, дарој заветни
275 да запали, а земјата ја разори?
Не. Дамна знам јас некои од граѓаните
за мене кришум шират зборој стравотни
и вртат глава; не можат доброволно
во јарем врат да свијат, ко што барам јас.
280 Од нив поткупени се сега, добро знам,
оние. чие дело сето ова е.
А парите се изум којшто најмногу
на светот сите луѓе ги расипува.
И градој руши, луѓе гони од дома,
285 ги учи и ги мени често душите
што чесни се да чинат дела нечесни;
на итрост луѓе тој навикнува
и вешти да се в сите дела безбожни.
Но тие, што за мито тоа го сториле,
290 ќе дојде ден да сетат казна заслужна.
И ако Зевса уште го почитувам,
ти добро знај и клетва сега давам јас
пред мене ако доведен тој не биде
што погреб извршил, знај, една ваша смрт
295 недоволна ќе биде. Живи на бесилката
ќе висите, дур злосторот го криете.
Ќе знаете кај полза сè да барате
и дел да грабите. Ќе се научите
дека е гибел пари в сè да гледате.
300 Поради такви печалби повеќето
кон пропаст одат поскоро, отколку в спас

СТРАЖАР
Ќе допуштиш да кажам нешто, ил да заминам?
Антигона 99

КРЕОНТ
Од твојот збор јас, гледаш, се натажувам.

СТРАЖАР
Дал уши или душа ти наранувам?

КРЕОНТ
305 Што се грижиш кај мојта болка сега е?

СТРАЖАР
Злосторникот ти кине град, а слухот – јас.

КРЕОНТ
Очигледно е, ти си роден дрдорлив

СТРАЖАР
Па сепак, ова дело јас не го сторив.

КРЕОНТ
О, да! И душата ти е продадена.

СТРАЖАР
310 Што ужас е да веруваш во заблуда.

КРЕОНТ
Ти остроумничи, но виновниците
не ги ли најдете, ќе си признаете
дека печалбата ве вовлекла во зло.

СТРАЖАР
О, да би фатен бил! Но дал ќе биде тој
315 разоткриен ил не, сал судбата ќе одлучи.
А тука дојден пак ти не ќе ме видиш.
Но сега, кога спасен сум, а бев безнадежен
благодарност им должам на боговите.
100 Софокле

ПРВ СТАСИМ
ХОР

I строфа
На светот има чудеса безброј
320 но ништо од човекот посилно не е.
Тој броди гонет од ветрот студен
низ пенливото море
и плови преку бучните браној.
И земјата – божица најмоќна што е
325 неуморна и неуништлива, тој ја мори,
од лето в лето со плуг ја пори
со коњи ја оре.

I антистрофа
Штом фрли плетени мрежи тој лови
рој весели птички, стада диви ѕверој,
330 и дарот на многушумното море,
тој, многуумниот човек.
Со итрина тој го скротува дури
и дивиот планински ѕвер
и в јарем го става гривестиот коњ
335 и силниот горски бик.
На говор и виорна мисла
и закони градски се научи тој.
А знае и како да бега од под ведро небо
пред лутиот мраз и поројни дождој
340 на начини разни.
За идното тој неподготвен не е.
Не ќе може Хад да го избегне само,
но спас сепак најде од болести тешки.

II антистрофа
Тој дарби премногу има
345 и ум за да твори.
Кон зло и кон добро се стреми.
Сè дур кон закони почит тој има
Антигона 101

на татковинската земја,
тој гордост е на градот свој.
350 Недостоен пак е ако на зло
се оддаде зарад надменост велја.
Кој така постапува никогаш нека
во домот мој не доаѓа
ако мисла нема ко мојата што е.

[стражарите ја доведуваат АНТИГОНА]

ВТОРА ЕПИЗОДА
ХОР
355 Се двоумам сега за ова божеско чудо.
Не знам и не можам јас да одречам сега.
Да. Ова е момата Антигона.
О, кутрата!
Од татко кутриот Едип.
360 Но што? Можеби да не те водат сега
зашто баш ти уловена си
кај кршиш повелба кралска.
Те нашле ненадејно в безумност таква?

СТРАЖАР
Баш таа е што делото го изврши.
365 Ја најдовме кај трупот. Креонт каде е?

ХОР
Од дома еве сега кај излегува.

КРЕОНТ
Но, што е? Зошто баш на време пристигам?

СТРАЖАР
О, Кралу, клетва не е за смртниците.
Одлуката ја мени ум новодојден.
370 Јас решив веќе тука да не доаѓам,
зарад заканите со кои ме преплаши.
102 Софокле

Но радоста извонредна, ненадејна


не се рамни со никакво задоволство.
Девојкава ја водам, гроб што чистеше
375 и китеше. Жреб сега не се фрлаше;
јас сам го открив тоа, никој не е друг.
А сега, кралу неа преземи си ја
по своја волја суди й, но право е
да се ослободам јас од неприлики.

КРЕОНТ
380 Но кој ја фати? Од каде ја доведе?

СТРАЖАР
Мртовецот го погреба. Ти знаеш сè.

КРЕОНТ
Дал вистина е тоа што го зборуваш?

СТРАЖАР
Ја видов сам, мртовецот го погреба,
што ти ни забрани. Јас јасно зборувам.

КРЕОНТ
385 Па како ја здогледавте и фативте?

СТРАЖАР
Па вака стана: назад штом се вративме
исплашени од твоите лути закани
и правот со кој беше трупот покриен
го збришавме и сиот го разголивме,
390 поседнавме на ридот така свртени
да не стига до нас од него миризба.
Се свестивме; со пцости тогаш еден друг
се коревме, штом некој будно не бдее.
Тоа толку долго траеше дур сред небо
395 не застана сончевиот круг пресветол
и жега припече. Но тогаш одеднаш
од земја виор зафучи, ко божји гнев
Антигона 103

низ поле прелета и сосем искорна


од рамна шума лист и небо потемне.
400 Замижавме пред ова божјо беснило...
По долго време кога ова престана
девојкава ја видовме кај заофка
со писок див, ко птица штом забележи
од гнездо дека пилци и исчезнале.
405 И таа, штом го виде трупот соголен
на глас залелека и луто проколна
по оние што тоа го направиле.
Во раце веднаш сува земја донесе,
со стомна добро кована одозгора
410 три пати тогаш изли жртва погребна.
Штом видовме, притрчавме, од ненадеж
ја зграбивме, но таа не се исплаши.
И ништо не ни одрече. Јас тогаш бев
и радосен и тажен истовремено;
415 да најдеш спас од невола е преслатко
а жално е да туркаш в беда човек драг.
Но сепак тоа сега важно не ми е
штом спасот еднаш веќе си го дочекав.

КРЕОНТ
Еј ти, што глава в земја си наведнала,
420 ќе признаеш ли дека тоа си го сторила?

АНТИГОНА
Го сторив. Да. Со ништо не одречувам.

КРЕОНТ [кон СТРАЖАРОТ]


Ти можеш каде сакаш да си заминеш,
од тешка оптужба си сега слободен.
[кон АНТИГОНА]
Ти, кажи ми, не должи, туку накусо,
425 дал чу за огласот да не се прави тоа?

АНТИГОНА
Да, чув. О, како не. Па беше објавен!
104 Софокле

КРЕОНТ
Се дрзна да ја прекршиш забраната?

АНТИГОНА
Но таа забрана не доаѓа од Зевс
ни Дика13, друшката на бози подземни,
430 кои закони за смртни одредуваат.
Јас мислам дека законот, што смртник ти
го донесе, баш нема моќ да прегази
непишани, но трајни божји закони.
Не денешни, ни вчерашни, но вечно се
435 на сила; којзнае кога се појавиле.
Јас не сакав плашејќи се од некаква
на смртник заповед, да сум од бозите
накажана. Ќе умрам, знам, а зошто не?
За мене смртта, чинам ќе е најарна.
440 За секој, кој во беди живее, ко јас,
да умре, за него ќе биде само спас.
Јас не жалам што судба таква дочекав.
Но ако не го погребам јас чедото
на моите родители – за тоа јас
445 ќе страдам повеќе. За ова не жалам.
Ти, ако сметаш дека лудо постапив,
за лудост тогаш луд ќе кори лудак друг.

ХОР
Се гледа, силна природа е ќеркава
од татко цврст; од злото не отстапува.

КРЕОНТ
450 Но знај дека тврдите глави најбргу
се веднат, зашто најцврстото железо
во оган жарено – на ситни парченца,
ќе видиш, се распаднало, се скршило.
А коњи палави со узда малечка
455 се кротат. Гордост никако не прилега
на тој што роб им е на своите најблиски.

13
Дика е божица на правдата.
Антигона 105

А таа сака уште да се гордее


со тоа што законите ги прекрши.
И друга дрскост: тоа штом го направи
460 се фали и се потсмева со делото.
Но, не ќе сум јас маж, а таа ќе е маж,
за ова дело ако казна не плати.
И сестрична нек’ ми е, род мој најблизок
од Зевс да ми е, кој ми дом закрилува,
465 ни таа, ниту сестра и ќе избегнат
смрт стравотна; и неа ја обвинувам;
и таа овој погреб го посакала.
Викнете ја, во дворецот ја идов јас
баш сега; беше како споулавена.
470 А духот најнапред ги открива
оние. кои ко крадец кришум сноваат зло.
Го мразам тој, што кога в злостор фатен е
за добро сака злото да го прикаже.

АНТИГОНА
Ме фати. Убиј ме! Што сакаш повеќе?

КРЕОНТ
475 О, ништо. Сè ќе имам јас со твојта смрт.

АНТИГОНА
Па што чекаш? О, колку твоите зборови
мe грозат; мили никогаш не ми биле,
ко тебе што не ти се мили моите.
Зар инаку ќе стекнам слава пресветла
480 од она што го братот роден погребав.
Знај, сите ова ми го одобруваат.
Би кажале, страв уста да не им врза.
Тој власт што има, среќа има голема;
што волја му е прави тој и зборува.

КРЕОНТ
485 Ти само така гледаш од Кадмејците.14

14
Кадмејци се потомците на Кадмо, основачот на Теба.
106 Софокле

АНТИГОНА
И тие гледаат, но молчат пред тебе.

КРЕОНТ
Зар не се срамуваш што така мислиш ти?

АНТИГОНА
Да почиташ брат роден не е срамота.

КРЕОНТ
Зар не е брат и тој што падна со него?

АНТИГОНА
490 Од еден татко и од една мајка – брат.

КРЕОНТ
Па зошто него безбожно го почиташ?

АНТИГОНА
Умрениот со тоа не би се сложил.

КРЕОНТ
Но еднакво го честиш со безбожникот.

АНТИГОНА
Тој загина ко брат мој роден, не ко роб.

КРЕОНТ
495 Ко рушител на градот – овој како бранител.15

АНТИГОНА
Хад16 бара закон еднаков за секого.

КРЕОНТ
Но не и честит да е еднаков со никаквец.

15
т.е. Етеокле.
16
Хад е господар на Подземјето и мртвите; заедно со Посејдон (бог на морињата)
и Зевс (бог на небото и земјата) е еден од господарите на светот.
Антигона 107

АНТИГОНА
Којзнае дали тоа долу17 свето е...

КРЕОНТ
Злосторникот ни мртов не е мил.

АНТИГОНА
500 За љубов, не за омраза сум родена.

КРЕОНТ
Па појди долу и по волја љуби ги
но јас дур жив сум, жена не ќе владее.

ХОР
Исмена еве ја пред портите
кај солзи рони зарад сестра си;
505 и облак и се стемнил над чело
та пламнатото лице се нагрдило,
образите и лични се навлажиле.

КРЕОНТ [кон ИСМЕНА]


Еј ти, што в куќи како змија стаена
ја пиеш тајно крвта моја. Не знаев
510 на престолот дека сум хранел два врага.
Ај, кажи, дал при погребот беше и ти,
ил не си знаела – заколни се.

ИСМЕНА
Штом таа признала – го сторив делото.
Учествував и имам дел во престапот.

АНТИГОНА
515 Но тоа Дика не ќе ти го признае:
ти волна не беше, јас сама дејствував.

17
„долу“ – т.е. во Подземјето.
108 Софокле

ИСМЕНА
Јас не се срамувам; во твоите несреќи
и сама со тебе во смрт ќе запловам.

АНТИГОНА
Тоа чие дело е – го знаат Долните18
520 на збор кој љуби само – мил тој не ми е.

ИСМЕНА
О сестро, не ме лишувај од таа чест
да умрам со тебе и брат да осветам.

АНТИГОНА
Не си припишувај, што не си гибнала;
ќе биде доволно да умрам само јас.

ИСМЕНА
525 Но како мил ќе ми е живот без тебе?

АНТИГОНА
Па Креонт прашај го, ти нему си му род.

ИСМЕНА
Што добиваш, што вака ме измачуваш?

АНТИГОНА
Се потсмевам, но потсмевот од болка е.

ИСМЕНА
Со што би можела јас да ти помогнам?

АНТИГОНА
530 Ти спаси се, а јас не ти завидувам.

ИСМЕНА
Зар, кутра, твојата судба да не ја сетам?
18
т.е. подземните богови Хад и Персефона.
Антигона 109

АНТИГОНА
За живот се определи – а јас за смрт.

ИСМЕНА
Зар не ти беа јасни моите зборови?

АНТИГОНА
Ти добра си за овој – јас за другиот.19

ИСМЕНА
535 Но иста вина имаме и ти и јас.

АНТИГОНА
Баш дрска си. Ти живееш, но одамна
јас мртва сум; од полза сум на мртвите.

КРЕОНТ
Оваа сега разумот го изгуби,
а онаа е таква уште родена

ИСМЕНА
540 Мој кралу, оној кој во маки живее
тој вроден разум не може да сочува.

КРЕОНТ
Ко ти, што чиниш зли дела с никаквици.

ИСМЕНА
Ох, како сама, без неа, ќе живеам?

КРЕОНТ
За неа ниту збор; ја нема повеќе!

ИСМЕНА
545 Свршеница на син ти ли ќе погубиш?

19
т.е. за другиот свет.
110 Софокле

КРЕОНТ
Род не сакам да бидам со никаквици.

ИСМЕНА
Мил Хемоне, сам татко ти те навреди.

КРЕОНТ
Ме гневиш сега премногу со тој твој брак!

ИСМЕНА
Од твое чедо родено ја оттргаш.

КРЕОНТ
550 Сам Хад е тој што овој брак го растура

ИСМЕНА
За смртта нејзина е, гледам, решено.

КРЕОНТ
И ти и јас. Еј слуги, не одлагајте!
Водете ги. Ќе треба сега жениве
да бидат врзани, да не се избават.
555 И јунак бега штом ќе насети
крај дека му се приближил на животот.

ВТОР СТАСИМ
ХОР

I строфа
О, блажени се тие кои зло не сетиле!
Чиј дом пак еднаш бозите го потресат
низ поколенија го следат несреќи.
560 Баш како кога силни трачки ветришта
сред морска бура носат мрак од под вода
и дур од дното фрлаат песок – црнила,
а брегот јачи, удиран од бранови
Антигона 111

I антистрофа
Јас гледам одамна врз домот клет
565 на Лабдакидите20 се трупа зло врз зло;
се предава од колено на колено.
Бог некој ги урнисува. Им нема спас.
И еве, сега лозата им последна
што блесна силно в домот Едипов
570 во крвој сега таа е покосена
од некои бози, што се долу, подземни
заради зборој дрски и заслепеност.

II строфа
О Зевсе, кој е тој грев толку стравотен,
со којшто смртникот би се спротивставил
575 на моќта твоја?
Та неа не ја совлада
ни Сонот секротителот
ни месеци неуморни.
Ти вечно владееш, не старееш
580 сред блескавата светлина олимписка.
И отсега и в иднина
ко дога ќе владее
сал овој закон:
ниеден од смртните
585 без страдања да не проживее.

II антистрофа
Но надежта неспокојна на мнозина
од луѓето е поткрепа – за многу пак
е измама за желби лекомислени.
И пред да сетат што и да е
590 во оган веќе нозе спржиле.
Но некој мудро кажал славен збор:
за добро да го смета некогаш
и лошото тој, кому што душата

20
Лабдакиди се потомци на Лабдак, внукот на Кадмо; Лај, синот на Лабдак бил
татко на Едип.
112 Софокле

бог му ја турнал некогаш во заблуда.


595 Без јадови сме сите само краток миг.
А, еве го и Хемон, твое чедо најмладо
тој овде доаѓа. Дал тажи сега тој
зарад на Антигона клета судбина;
дал страда тој заради пуста постела?

ТРЕТА ЕПИЗОДА
КРЕОНТ
Посигурно од пророк ќе дознаеме...
600 О, сине, доаѓаш ли лут на татка си
штом слушна за пресудата на момата
ил што и да сум сторил – тебе сум ти мил?

ХЕМОН
Јас син сум твој, со твоите добри совети
ме водиш ти, а јас ти се покорувам.
605 За мене брак ниеден не е достоен
сем оној, в кој ме водиш ти, со добра цел.

КРЕОНТ
И треба, сине, волјата на татко ти
да ти е секогаш над сè останато.
И луѓето се молат да одгледаат
610 во домот чеда послушни и покорни,
на зло, со зло на врагот што ќе возвратат
а пријател ќе честат како татко им.
Што да речам за оној, ко којшто изродил
лош пород – маки тој си изродил
615 и голем потсмев е од непријателите.
Ти, немој сине, зарад женска наслада
да губиш ум! И знај, ко мраз е прегратка
од жена зла, ако е твоја сопруга.
Зар има болка потешка од другар зол?
620 Девојкава ти презри ја и пушти ја
во Орк да пронајде за сопруг некој друг.
А јас, штом неа сум ја затекол
Антигона 113

кај крши заповед – јас не ќе истапам


ко лажливец пред градот. Ќе ја погубам.
625 А таа, тогаш, Зевса, кој е закрилник
на родот нејзин е, нека го призива.
Штом јас престапите на моите најблиски
ги проштавам – ќе треба и на другите;
а тој, што строг е ќе биде со домашните,
630 со другите, се чини, ќе е справедлив.
И таков човек, мислам, би бил способен
да биде добар владетел и граѓанин.
Во лута битка таков не отстапува
но праведен и доблестен истрајува.
635 Но секој дрско закон што ќе прегази
и сака да заповеда на господар,
од мене пофалба тој не ќе добие.
Па штом е некој избран, треба тој
да биде слушан – има право или не.
640 Безредието зло е многу големо,
уништува и градови и домови
испустува, воините ги растура,
ги тера в бегство, а за многу разумни
покорноста е секогаш избавител.
645 Па треба да ги штитиме законите
и никогаш на жена не попуштаме.
Да пропаднеш од маж е, чинам, подобро
а не да речат „Послаб е од жена тој“.

ХОР
Не нè мами ли староста, за разумно
650 го сметаме сè она што го искажа.

ХЕМОН
О, татко, разумот за нас е богатство
најголемо што бозите ни дариле.
Јас не можам и не знам дал е правилно
сè она, за што сега ти зборуваше.
655 Но можно е и некој друг да биде прав.
Јас, сепак, можам пред тебе да дочујам
114 Софокле

сè што се збори, прави, не одобрува.


Се плаши човек прост да каже пред тебе
што не сакаш да слушнеш со задоволство.
660 А јас, па, можам кришум сè да дочујам.
Девојкава ја жали сега сиот град
и мисли дека таа не заслужила
за дело прекрасно да умре срамотно.
А таа, братот, којшто падна в крвав бој
665 непогребан не г’ остави на стрвни пси,
ни допушти да стане плен на птиците;
зар почит сјајна со тоа не заслужи?
Се шири в Теба сега таков глас.
А за мене, мој татко, нема богатство
670 поголемо, отколку среќен да си ти.
Што гордост е поголема за децата
од среќа таткова, за таткото пак – децата.
Но немој ти да мислиш дека вреден е
сал зборот твој, а други право немаат.
675 А оние што мислат дека имаат
сал тие јазик, ум и никој нема друг,
– откриени – се гледа дека празни се.
За човек, па и мудрец да е, не ќе е
за срам – да учи, а не да се противи.
680 При зимски порои ќе видиш стеблата
ако се свијат – гранки ќе сочуваат;
а од корен се корнат опирајќи се;
И тој што цврсто јажето го затега
на бродот и не попушта, кон дното тој
685 со бродот свртен патот ќе го продолжи.
Ти попушти, одлуката повлечи ја!
И ако имам разум јас ко младич сал,
ќе речам: тој маж треба да се чувствува
кој полн е со разнородни умеења.
690 А ако не, о, така да не би било!
Нек’ послуша тој совет добронамерен.

ХОР
О кралу, слушај ако право зборува
Антигона 115

[кон ХЕМОН]
А и ти него, двајцата сте разумни.

КРЕОНТ
На оваа ли возраст да се учиме
да мислиме од човек кој е толку млад?

ХЕМОН
695 Но не за неправда! Иако сум јас млад
ти возраст не гледај, но само делото.

КРЕОНТ
Зар право е да почиташ непокорност?

ХЕМОН
Јас желба немам лоши да почитувам

КРЕОНТ
Баш таа е затечена во такво зло

ХЕМОН
700 Но народот на Теба така не мисли.

КРЕОНТ
Зар народ да ме учи да управувам?

ХЕМОН
Е ова баш го рече ко недозреан.

КРЕОНТ
Зар според друг да владеам, не за себе?

ХЕМОН
705 На еден човек само не е овој град.

КРЕОНТ
Зар градот не е на тој што го владее?
116 Софокле

ХЕМОН
Сам прекрасно би владеел во пустина.

КРЕОНТ
За женава се бори овој, јасно е.

ХЕМОН
Ти ако жена си, се грижам за тебе.

КРЕОНТ
710 Никаквецу, со татка си се препираш.

ХЕМОН
Штом гледам дека грешиш несправедливо.

КРЕОНТ
Зар ако власта си ја бранам, грешам јас?

ХЕМОН
Не ја браниш штом газиш чест на богови.

КРЕОНТ
О, Грешнику, на жена роб си станал ти.

ХЕМОН
715 За срамно дело слабост не ќе покажам.

КРЕОНТ
За неа, сепак, беше сиот говор твој.

ХЕМОН
За тебе, мене и за бози подземни.
За збор си желен ти, да слушаш не сакаш.

КРЕОНТ
Ти неа жива нема да ја ожениш.

ХЕМОН
720 Ќе умре таа, но и друг ќе загине.
Антигона 117

КРЕОНТ
Ти дрско напаѓаш и се закануваш.

ХЕМОН
Зар вреди закана на луда намера?

КРЕОНТ
Ќе зажалиш што ум ми даваш, глупаку!

ХЕМОН
Да не си татко мој, ќе речев – улав си.

КРЕОНТ
725 Навистина? Па знај, нек’ Олимп сведок е,
за радост не ќе ти е што ме изруга
[кон СТРАЖАРОТ]
Доведи ја ти сега најпрезрената
пред очи на свршеникот нек’ загине.

ХЕМОН
Не пред мене, на тоа не помислувај!
730 Пред мене таа не ќе умре, а пак ти
со свои очи веќе не ќе ме видиш.
Ти гневи се пред твоите послушници.

[ХЕМОН излегува]

ХОР
Господару, тој гневен многу замина,
а опасно е дух штом страда толку млад.

КРЕОНТ
735 Нек’ прави и нек’ мисли за невозможно.
Девојките од смрт тој не ќе ги спаси

ХОР
Зар двете да ги погубиш си наумил?
118 Софокле

КРЕОНТ
Да, имаш право. Не таа што не го гибна.

ХОР
Онаа, како мислиш да ја погубиш?

КРЕОНТ
740 В пуст крај кај смртник не бил, ќе ја одведам
и скријам жива в пештера под земјата,
со храна, колку грев зол да се исчисти
и сиот град од гревот да се избави.
И таму нек’ го моли Хад. штом него сал
745 од бози чести. Можда смрт ќе избегне!
Но тогаш таа конечно ќе разбере
труд празен дека е да честиш мртовци.

ТРЕТ СТАСИМ
ХОР

I строфа
О, Ерос, ти што21 непобедлив си во секаков бој,
О, Ерос, ти што се нафрлаш над победените,
750 што почиваш на нежно лице моминско,
што талкаш везден по ширни полиња
и дури в полски дом што често пристигнуваш.
Од тебе никој досега не избегал,
ни бог, ни некој човек што е кусовек.
755 Од тебе лудост секого го обзема.

I антистрофа
Ти и кај луѓе, коли се справедливи
дух зол вовлекуваш, за злостор нов.

21
Ерос бил бог на љубовниот копнеж, син на божицата Афродита и нејзин
придружник; го замислувале како крилато момче, кој со своите стрели внесува
немир и љубовен копнеж кај луѓето и боговите; тој е најубавиот од сите
бесмртници.
Антигона 119

Па и оваа кавга среде луѓево,


кои крвен род се сега ти ја разврза.
760 Но љубовта под тие клепки нежнички;
на прекраснава мома сè ќе победи;
на моќни закони рамносилна е! С’ нас
поигрува, но стои непобедливо
божицата Афродита.22
765 И самиот јас сега
одам против тие закони,
штом не можам во овој час
од солзи поток да сопрам.
Гледам, Антигона веќе тргнала
770 кон леглото, кај сите ќе легнеме.

ЧЕТВРТА ЕПИЗОДА
[Ком]

АНТИГОНА

I строфа
Гледајте ме, о, граѓани вие
на мојата земја таткова;
јас врвам веќе по патот заден
и заден пат јас гледам сончев лач.
775 А Хад, кој секому покој дава
ме води жива кон брегот на Ахеронт23
Судено не ми била јас да се мажам.
Свадбена химна никој нема
на свадба моја да запее милно.
780 Венчило ќе ми е Ахеронт темен.

22
Афродита била божица на убавината, ќерка на Зевс. Според преданието, родена
била од морската пена.
23
Ахеронт – река на болката; една од четирите реки во Подземјето. Преку оваа
река возарот Харон ги превезувал душите на умрените во Подземјето.
120 Софокле

ХОР
Но славена и восфалена
во дом подземен одиш кај умрените.
Ни болест погубна не те удри
ни од некој меч си била казнета,
785 но судбата сама си ја скрои.
Сал ти ќе слезеш кај мртвите жива

АНТИГОНА

I антистрофа
Јас слушнав дека загинала жално
фригиската туѓинка, на Тантала ќерка24
кај врвот Сипил. Гранки од камен
790 ко бршлен се свиле околу неа.
И неа, којашто згинува така
ни поројни дождој, ни мразој
не ја одминуваат.
Со многуплачните свои солзи
795 ги топи стените таа.
И мене слично ко неа
ме упокојува дајмон25.

ХОР
Но беше таа божица, род божески26
а ние луѓе сме – род смртници.
800 Но сепак и мртва ти славна ќе бидеш,
што судба рамна на бозите имаш
и жива и потем кога ќе умреш.

24
Ќерка на Тантал била Ниоба, жртва на гневот на божицата Летона, зашто се
фалела дека родила повеќе деца од Летона, која ги родила само Аполон и
Артемида. По наговор на мајка му, Аполон со своите стрели ги погубил сите
нејзини 6 ќерки и 6 сина. Од болка Ниоба се скаменила на брдото Сипил во
Мала Азија.
25
Дајмон (демон) е полубожество.
26
Ниоба била внука на Зевс.
Антигона 121

АНТИГОНА
О, за потсмев сум сега! Но зошто и ти,
жити родните бози, ми се потсмеваш сега?
805 Та не сум јас мртва, жива сум уште!
О, граде, о, луѓе на градот мој моќен!
О, извори Диркејски вие!
Светилиште ти, на многуколната Теба!
За сведоци свои ве викам јас сега:
810 од блиските неоплакана, невина сосем
кон затворот одам, насипак ко гроб,
кон досега невиден гроб!
О, кутра јас! О најкутра јас!
Ни в живи, ни в мртви сум сега.

ХОР
815 Ти стигна до работ на твојата храброст
но пред вишниот трон на Дика ти падна.
О, чедо! Ти прескапо плаќаш
за сите гревој на твојот татко.

АНТИГОНА
Ја гибна ти мојата најскрбна мисла:
820 татковата трижнесреќна судба,
несреќата заедничка наша,
на славните Лабдакиди.
Ој, гревот на мајка ми брачен,
венчилото мајкино клето
825 со синот роден
со мојот татко,
од кое јас жална
на овој свет дојдов.
Кај нив проколната сега
830 немажена одам.
Ој, брате,27
ти брак несреќен врза:
и мртов ти сега ме убиваш жива!
27
„брате“ – Едип е и татко и брат на Антигона.
122 Софокле

ХОР
Да почиташ мртви благочестиво е,
835 но не и да згазиш на владетел закон.
Те погуби тебе упорноста твоја.

АНТИГОНА
Од мили неоплакана, немажена
по патот суден мој јас сега еве одам.
Не ќе можам јас веќе да го здогледам
840 ни лачот сончев сјаен сега никогаш.
За мојта клета судба неоплакана
да жали нема никој да се изнајде.

[Завршува комот]

КРЕОНТ
На осудените да им помагаа
плач или лелек – тие не би сопреле.
845 Водете ја! што поскоро во сводест гроб,
ставете ја онака, ко што реков јас.
Пуштете ја, нек’ самотна да загине
ил в таков затвор, ако може – живее.

АНТИГОНА
О, гробе, брачна одајо, дом подземен
850 што вечно чуван си! Јас сега поаѓам
кај моите; од нив многумина загинати
Ферсефала28 ги прибра во гробовите.
При нив, јас последна и многу жалосно
се спуштам пред свој живот да изживеам.
855 Но в срце силна надеж гори дека јас
при татко љубена ќе стигнам. Мила и
о, тебе малко драга, брате, и тебе.
Штом умревте со раце свои, сама јас
ве измив, наредив и жртви надгробни

28
Ферсефала = Персефона, ќерка на Зевс и Деметра, сопруга на Хад, господарот
на Подземјето.
Антигона 123

860 ви излеав. А кога тебе, Полиник,


ти тело погребав, јас с тоа спечалив.
Те почестив јас добро, според умните,
на стравотно сум се осмелила, о, брате мој!
но според Креонта, јас грев сум сторила.
865 Ме грабна сега и ме води невина
без песни свадбени. Ни среќа свадбена
не дочекав, ни чедо мило отхранив.
Напуштена од блиските, ој, кутрата
јас одам во подземјето, кај мртвите.
870 Но каков закон божески јас прегазив?!
И зошто уште, клета јас, на бозите
се молам, кого викам на помош,
штом набожност се смета како безбожност.
Па ако тоа право е кај бозите,
875 ќе признаам и мртва дека согрешив.
Но ако грешат тие, нека поднесат
и тие исто зло, што ми го сторија.

ХОР
Но сè уште не попушта
на гневот нејзин налет виорен.

КРЕОНТ
880 Но плач заради бавност велја
ќе спечалат тие што неа ја водат.

ХОР
Ој, за многу скора смрт
овие зборови се весници.

КРЕОНТ
Ти велам надеж немај сега никаква
885 поинаку да биде од решеното.

АНТИГОНА
На земјата тебанска, о граде татков
и богови родни!
124 Софокле

Ме водат. Заминувам веќе.


О, првенци вие на Теба, гледајте ме сега!
890 Единствена останав јас од кралскиот род,
а колку страдам, од какви луѓе,
за тоа само, што набожност честев.

ЧЕТВРТ СТАСИМ
ХОР

I строфа
И ликот Данаин29 страдаше многу,
штом смени небесен лач
895 за бакарноокован дом.
Скриена в одаја – затвор окована била,
а род почитан била, о, дете, о, дете!
Семе златодождно Зевсово во себе носела таа.
Но моќта на судбата стравотна е;
900 не ќе ја одбегнат неа
ниту богатството, ниту пак Ареј
ни кули тврди, ни кораби силни што шумат.

I антистрофа
И гневното чедо на Дријант30
едонскиот крал, за потсмешлив бес
905 од Дионис бил во затвор од камен,
па капка по капка го излеал бесот
и силниот гнев. И разбрал тој тогаш
во бесот свој дека бог улел со погрдни зборој.

29
Данаја е ќерка на аргивскиот крал Акрисиј. Пророштвото му прорекло дека
ќерка му Данаја ќе роди син, кој ќе го убие него. За да го осуети пророштвото,
Акрисиј ја затворил ќерка си Данаја во бакарна одаја, заедно со нејзината
дадијарка, но од еден отвор на покривот Зевс во вид на златен дожд ја оплодил
и таа го родила јунакот Персеј.
30
„чедо на Дријант“ – едонскиот крал Ликург, кој бил свирепо казнет, зашто не го
почитувал богот на виното Дионисиј.
Антигона 125

Жени вдахновени31 спречувал тој


910 и Дионисовиот пламен;
ги разлутил Музите32, свирка што љубат.

II строфа
Кај сурите стени на Двојното Море
е брегот на Босфор и Салмидес трачки;
град див, а Ареј што градов го штити
915 ја виде ужасната рана на двата
сина на Финеј33 што ранети беа
од неговата сопруга, свирепа, злобна.
Без вид, но со очи за одмазда желни
ослепени од крвавите раце
920 и совалката остра.

II антистрофа
Ја оплакувале злосреќниците тие
својата горчлива судба
и што в несреќен брак ги родила мајката34 нивна
а крв била таа од род многу древен,
925 од Ерехтеидите славни35.
Сред таткови бури во пештери дални
Борејката36 брза, на бозите чедо
и остриот мраз отхранета била.
Но сепак ја втаса Судбата вечна.
930 О, чедо!

31
„вдахновени жени“ – бахантки, придружнички на Дионисиј.
32
Музи – ќерки на Зевс и Мнемосина, родени на врвот на Олимп, каде што живееле,
играле и пееле; биле придружнички на Аполон и им влевале божествени
песни на поетите да го слават минатото и иднината; кого тие го љубеле, тој
говорел најубави беседи и пеел најубави песни за славата на древните јунаци и
бесмртните богови.
33
Синовите на кралот Финеј, Плексип и Пандеон биле ослепени од маштеата Идеја
и заедно со мајка им Клеопатра биле затворени и секојдневно камшикувани.
34
Нивната мајка Клеопатра била ќерка на Бореј, богот на северниот ветар.
35
Ерехтеиди – потомци на атичкиот херој и крал на Атина Ерехтеј.
36
„Борејката брза“ – Клеопатра, ќерката на богот Бореј.
126 Софокле

ПЕТТА ЕПИЗОДА
ТИРЕСИЈА
На Теба првенци, по ист пат дојдовме
и двајцата, но еден гледаше, зар слеп
кој е со водач само оди секаде.

КРЕОНТ
О, старче, Тиресиј, што новост носиш ти?

ТИРЕСИЈ
935 Ќе кажам, а ти пророкот послушај го.

КРЕОНТ
И досега сум слушал твои совети.

ТИРЕСИЈА
И беше добар владетел на градот свој.

КРЕОНТ
Ќе потврдам, ми беше многу полезен.

ТИРЕСИЈА
На конец сега пак ти виси среќата.

КРЕОНТ
940 Што има? Треперам од твоите зборови.

ТИРЕСИЈА
Ќе видиш, штом на моја дарба слушнеш глас.
На старото штом место седнав од кај што
ги гледам птиците како пристигаат,
јас чув глас птичји непознат и писок лут
945 од јарост и од бес, ко да се здивени;
со канџи, видов, се убиваат меѓу себе;
се слушаше удирање на крилјата.
В миг претрнав. Се обидов да поставам
на пламнат оган жртва, но од жртвата
Антигона 127

950 ни пламна оган, а од пепелиштето


лој од бутините се исцедуваше;
сал димеше и прскаше, а угоре
се вивна в воздух жолчката; исцедени
од лојта голи бедрата останаа.
955 За сето ова разбрав јас од детево
па нема знак за пророштво од обред свет.
Тој мене ми е водач – јас на другите.
Знај, градот страда зарад твојта одлука.
И жртвениците и сите олтари
960 со мрша полни се за пци и птичишта
од несреќниот мртов син на Едипа;
и затоа боговите не примаат
од жртва молитва ниту пак жртвен чад;
и птиците не носат добри слухови
965 штом сок од крв на убиен се напиле.
На ова мисли, синко, а на луѓето,
на сите обичај е да згрешуваат.
И кога згрешил човек – не е безумен
ни несреќен, кој в грешка заглибен
970 се поправи и тврдоглав не остане.
Знај, горделивоста на лудост рамна е.
Што машкост е да убиваш ти мртовец?
Јас, чинам, добро велам, а е најарно
да чуеш збор, што полза ќе ти донесе.

КРЕОНТ
975 О, старче, сите, како да сум нишан јас
кон мене целите. Дури и пророштво
за мене прашате. Знам, веќе одамна
сум продаден ко стока јас од ближните.
Печалете, купувајте од Сарди електрон37
980 па, ако сакате, и злато индиско
но него нема в гроб да го положите.
Дур и да сакаат и орли Зевсови
ко мрша да го носат дур до престолот
на Зевс, не се плашам дека е тоа грев.
37
Електрон - килибар.
128 Софокле

985 А погреб – не ќе допуштам. Јас добро знам,


смртниците не ги сквернат бесмртните.
Но, старче, в пропаст срамна често паѓаат
и луѓе итри, милно зборувајќи ни
гнасотии, се од користољубие.

ТИРЕСИЈА
990 Ој!
Дал знае некој човек, ил дал разбира?...

КРЕОНТ
Но, што е? Зошто така општо зборуваш?

ТИРЕСИЈА
...дека е разум богатство најголемо.

КРЕОНТ
Баш исто како што е зло безумноста.

ТИРЕСИЈА
995 А ти од таа болка страдаш најмногу.

КРЕОНТ
Јас не би сакал пророк да навредувам.

ТИРЕСИЈА
Навредуваш, штом велиш лажно прореков.

КРЕОНТ
За пари лаком сиот род е пророчки

ТИРЕСИЈА
А кралскиот – за срамно збогатување.

КРЕОНТ
1000 Знаеш ли дека зборуваш пред владетел?

ТИРЕСИЈА
Да, знам, но безумни сте сите таму.
Антигона 129

КРЕОНТ
Ти умен пророк си, но љубиш неправда.

ТИРЕСИЈА
Баш сакаш да ти кажам в срце што ми е.

КРЕОНТ
Ајд, кажи, само не мисли на добивка.

ТИРЕСИЈА
1005 За твоја полза, мислам беше ова се.

КРЕОНТ
Знај, моето срце нема да го поткупиш.

ТИРЕСИЈА
И ти знај, сонцето во одот брз
низ сводот многу вртења не ќе стори,
а ти ќе вратиш мртовец од оние,
1010 што си ги родил, за овие мртовци.
Ти под земја ќе ставиш човек жив,
а тука држиш мртовец не прифатен
од бози подземни, без гроб, без почести.
Тоа твое не е право ни на вишните
1015 е бози; насилство е тоа од тебе.
За ова ќе те демнат одмаздничките
на Хад и на боговите – Еринии38
И самиот ќе паднеш ти во исто зло.
Па види, ако тоа како поткупен
1020 го зборувам, во близок час ќе дочуеш
од мажи и од жени плач во домот твој.
Возмутени се сите од градовите
чии трупови без погреб се растргани
од пци, од ѕверој и од птици крилати;
1025 се шири грозна смрдеа низ роден град.

38
Еринии – срдити божици, кои ги казнувале прекршителите на древните закони
и се одмаздувале за пролеаната родбинска крв и навредите кон родителите.
130 Софокле

Ме навреди, па затоа ко стрелец јас


од гнев ти фрлив в срце стрела сигурна.
Од болка огнена ти нема тебе спас.
Ајд, дете, дома води ме, а овој пак
1030 нек’ гневот свој го истури на помлади.
Нек’ научи да има јазик покроток
и мисла поарна, отколку в овој час.

ХОР
О, кралу, замина, но страшно прорече,
а знаеме од кога бела косава
1035 од црна постана, тој никогаш
на градот овој лажно не му прорекол.

КРЕОНТ
И јас знам. Сега срцето ми трепери.
Да отстапам е страшно. но и упорен
да бидам – јас в зло стравотно ќе попаднам.

ХОР
1040 Ќе треба разум, Креонте Менејкеев.

КРЕОНТ
Што да правам? Ти кажи! Ќе те послушам.

ХОР
Од затвор, појди, пушти ја девојката;
гроб насипи на оној што го изложи.39

КРЕОНТ
Ти тоа ми советуваш; да отстапам?

ХОР
1045 Што поскоро, о, кралу, зар по најкус пат
грешниците ги стига божја одмазда.

39
На Полиник.
Антигона 131

КРЕОНТ
Ој!
Со тешко срце сега јас отстапувам.
Знам, борбата со судбата е залудна.

ХОР
1050 Сам тоа стори го! не оставај на друг.

КРЕОНТ
Ќе појдам. Слуги, ајде, сите присутни
што сте и другите, во раце секири
да грабнеме! Да трчаме кон местото,
бидејќи јас ја променив одлуката.
1055 Ја затворив, но сам ќе ја ослободам.
Се двоумам, не е ли сепак најарно
до заден час да честиш древни закони.

ПЕТТИ СТАСИМ
ХОР

I строфа
Многуимени боже, ти гордост што си
на ќерката Кадмова
1060 и чедо на грмотевецот Зевс!
Ти владееш во пазувите ширно
на Деметра Елевзинска.
О Дионисиј, ти што живееш в Теба
на менадите градот роден,
1065 при влажните струи на Исмен
кај изникна семе од дивиот змеј.40

I антистрофа
Те здогледа тебе од двоглава стена
чад блескав.

40
„Дивиот змеј“ – син на богот Ареј. Кадмо го убил, ги посеал неговите заби и од
нив изникнале вооружени воини – Спарти, кои веднаш се поубивале меѓусебно
и ја натопиле со крв тебанската земја.
132 Софокле

Таму кориските моми менади


1070 доаѓаат кај Касталскиот извор41;
те испраќаат тебе штом тргнеш кон Теба
бршленовите ридој на Нисејските гори
со божесниот извик „еуој“.

II строфа
Ти Теба ја честиш пред сите градој
1075 со мајката твоја42, гром што ја удри.
И сега, штом падна во невола велја
сиот наш град,
ти дојди при нас да го исчистиш злото
од врвот на Парнас43 ил од кај шумното море.

II антистрофа
1080 Ороводец ти, на ѕвездите пламен што дишат,
чувару ти, на песните ноќни!
О, чедо на Зевс!
Појави се кралу, придружен од твоите
Тијади44, кои цели ноќи во луда игра
1085 те слават тебе, о, Јакхос45,
господарот свој!

ЕКСОД
ГЛАСНИК
На дом Амфионов46 и Кадмов соседи!
Дур трае животот, не би се осмелил
41
Касталија е ќерка на богот Ахелој; нимфа на еден извор кај Делфи, од чија вода
се вдахновувале поетите.
42
„мајката твоја“ – Семела, мајката на Дионисиј, која била ќерка на Кадмо и
Хармонија.
43
Парнас – планина во Фокида.
44
Свечено име на богот Бакх (Дионисиј).
45
Тијади – жени кои го славеле Дионисиј на Парнас; името го добиле според
нимфата Тида, првата свештеничка на Дионисиј, која со оргии го славела богот.
46
Амфион, син на Зевс и Антиопа; ја љубел филозофијата и музиката; од Аполон
добил на дар лира и ја изнашол китародијата, т.е. музичката уметност.
Антигона 133

ни да го пофалам, ни да го покудам.
1090 Судбината ги воздига и урива
и среќните и тие што се несреќни;
и нема пророк сигурен за идното.
За мене Креонт среќен беше некогаш;
тој спаси земја таткова од душмани
1095 и сам ја зеде сета власт во земјата,
па управуваше, со пород беше горд.
Но сега сето пропадна. А човекот
штом радоста ја изгуби – не живее,
но, мислам, дека мртовец е жив.
1100 И богатства да имаш може в домот свој
и живеј како крал, но ако немаш ти
и радост – другото за сенката од дим
јас не би го земал наместо радоста.

ХОР
За каков уште јад на кралот јавуваш?

ГЛАСНИК
1105 Тие мртви се, но виновни се живите.

ХОР
Ајд, кажи! Кој уби и кој е убиен?

ГЛАСНИК
Ах, умре Хемон, самиот искрвави.

ХОР
Од рака таткова ил од сопствената?

ГЛАСНИК
Се уби сам од јад, што таа загина.

ХОР
1110 Ој, пророче, ти сосем точно прорече.
134 Софокле

ГЛАСНИК
Штом така е, на друго, ајд, да мислиме.

ХОР
Ја гледам од домот доаѓа еве,
кутрата Евридика
на Креонт сопругата мила.
1115 Дал слушна нешто за чедото свое,
ил случајно наваму оди?

ЕВРИДИКА
О, граѓани, јас слушнав што зборувате
до вратата штом дојдов, а бев појдена
на божица Палада47 да се помолам.
1120 Штом резето од вратата го допрев сал
ми дојде глас до уши за зло семејно.
Се престрашив и паднав без свест в рацете
на моите слугинки. Ајд, веднаш кажете
што вест е; јас сум учена да слушам зло.

ГЛАСНИК
1125 Ќе кажам, кралице, јас таму бев,
ни збор од тоа што е не ќе премолчам.
Што да те тешам, потем да се увериш
дека е лага. Вистина ќе зборувам.
Го следев мажот твој, ко водач мој
1130 до оној рид; а таму трупот лежеше
на Полиник, од пците грозно растрган.
На распаќа божицата48 ја молевме
и Плутон49, гневот да го стишаат;
го измивме по обред свет, на фиданки
1135 што остана од него го изгоревме;
од родна земја висок гроб насипавме

47
Палада – божицата Атена, божица на мудроста; ќерка на Зевс.
48
„Божицата на распаќа“ – Хеката. Се верувало дека таа била и божица на
сеништата и духовите, ги држи клучевите од Подземјето, господари со душите
во царството на мртвите и може да ги врати во живот.
49
Плутон е второто име на Хад.
Антигона 135

и веднаш се упативме кон јамата,


што брачна одаја е на девојката.
Но некој слушна вик и силни лелеци
1140 од гробот, лишен и од почест погребен;
кај кралот Креонт дојде и му соопшти.
Штом тој се доближи, до него нејасен
и тажен допре глас. Тој жално заофка
и тажно прозбори: „Ој, јас несреќниот!
1145 Дал пророк сум ил врвам по пат најтажен
од сите, по кои досега сум изврвел.
Ме гали гласот синов. Слуги, брзајте,
пристапете до гробот! Оттргнете го
тој камен што ја крие сега бездната.
1150 Проникнете до влезот! Сега Хемонов
ли слушам глас, или ме мамат бозите?
По налог на господарот избезумен
разгледавме. На крајот од гробницата
обесена ја видовме девојката
1155 со јаже сукано од платно индиско;
а тој ја гушнал преку половината
и плаче зарад смртта на девојката,
за бракот несуден, за дела таткови.
И Креонт, штом го виде, заофка
1160 па влезе при него; плачејќи извика:
Ој, несреќник! Што направи, ти, безумник,
и зошто сега сакаш да се погубиш?
Те молам покорно, о, сине, излези!“
Со поглед див и презрив синот погледна
1165 кон татка си, но ништо не одговори
и мечот со две острици го насочи,
но татко му се тргна, не го погоди.
А потем, гневен ко што беше мечот пак
го истргна и си го зари в ребрата.
1170 При свест, ја гушна неа с рака крвава
и зар’чи, а потем силен крвав млаз
по бледите ù образи се разлеа.
Врз неа мртва лежи мртов, свадба тој
ќе прослави во тажни дворци Хадови.
136 Софокле

1175 На сите докажа дека безумноста


за човекот е зло најголемо.

[ЕВРИДИКА излегува]

ХОР
За ова, што предвидуваш? Кралицата
си отиде, ни зло ни добро не рече.

ГЛАСНИК
И јас се исплашив, но в надеж живеам.
1180 Штом слушна за несреќата на чедото,
недостоен е, смета, плач пред другите;
ќе плаче внатре, дома со слугинките.
Таа умна е и грешка не ќе направи.

ХОР
Јас не знам. Чинам дека долго молчење
1185 е знак за несреќа, ко некој силен вик.

ГЛАСНИК
Штом влезам сега в дворецов, ќе разберам
дал крие нешто в срцето разгневено.
Ти добро велиш, молчење прекумерно
би можело и невола да навести.

ХОР
1190 Но еве кај самиот господар иде,
знак сигурен тој во рацете носи.
И ако допуштено е да кажам јас збор
тоа негов е грев и не е на друг.

[Ком]

КРЕОНТ

О, жестоки, гибелни гревој


1195 на заблуден ум.
Антигона 137

И жртва и убиец гледате сега,


а крв една се обајцата тие.
О, одлуко несреќна моја!
О, сине мој млад, предвреме судба те зеде!
1200 Ти загина, сам реши за себе така,
но неразумноста моја те уби – не твоја.

ХОР
Ој, доцна ти ја согледа вистината.

КРЕОНТ
Дур сега разбрав, кутриот. Но некој бог
ми удри в глава бреме многу големо,
1205 на стравотни ме патишта тој насочи.
Ој, с’ нозе ми ја прегази тој среќата!
Ах, ах! Ој, колку тешки јадој човечки!

ВТОР ГЛАСНИК
Господару, ко сите зла да си ги збрал!
Во раце држиш едно; еве пристигна
1210 да дочекаш и друго зло во домот твој.

КРЕОНТ
Но што?! Зар има полошо од ова зло?

ВТОР ГЛАСНИК
И жена ти, на мртвиов син мајка му
е мртва. Овој час со меч се прободе.

КРЕОНТ
Ој, ој! Ој пристан ти на Хад незаситен!
1215 Но зошто, зошто ме погубуваш?
И ти, што носиш скрбни вести сал
и јадови, што уште ќе ми соопштиш?
Ти уби човек, кој е веќе погубен.
Ој, момче, што рече? Што новост носиш Ти?
1220 Зар, освен чедото и жена ми
ја снајде сега судба толку крвава?
138 Софокле

ХОР
Погледни ја, одаите не ја кријат.

[се гледа трупот на ЕВРИДИКА]

КРЕОНТ
Ој, клет јас! Веќе гледам друга несреќа!
И какав судба уште јас ќе дочекам?
1225 Го држам в раце, кутриот јас чедото
а веќе гледам пред себе друг мртовец.
Ој, ој! Ој мајко несреќна! Ој, сине мој!

ВТОР ГЛАСНИК
Се уби гневна; очите и згаснаа
крај олтарот; за смртта славна плачеше
1230 на Мегареј, одамна којшто загина,
па и за овој; а пак тебе најсетне
ко синоубиец те луто проколна.

КРЕОНТ
Ај! Ај! Ај! Ај!
Во страв сум безумен. Но зошто некој друг
1235 со двоостар меч гради не ми прободе?
Ој, несреќен јас! Ој! Ој1
Што црна невола ме сега притиска!

ВТОР ГЛАСНИК
Пред смрт те обвинуваше за судбата
на овој овде син и оној другиот50.

КРЕОНТ
1240 На каков начин си го зеде животот?

50
„оној другиот“ – Менекеј, син Креонт, кој во судирот со Седумтемина
војсководци, доброволно се жртвувал за татковината, фрлајќи се од бедемите
на Теба, зашто било проречено дека Тебанците ќе ги победат седумтемина
аргивски војсководци, ако Креонт го жртвува сина си Менекеј.
Антигона 139

ВТОР ГЛАСНИК
Се прободе во срце кога слушна глас
за гибелта најжалосна на синот свој.

КРЕОНТ
Ој, тешко мене! Никогаш не ќе можам
на некој друг да фрлам дел од вината.
1245 Јас, да, јас го убив. О, јас кутриот!
Јас, само јас навистина. Ој, слуги мои,
водете ме што поскоро подалеку!
Ме нема веќе! Повеќе не постојам.

ХОР
Ти добро рече: ако добро има в зло,
1250 најкраткотрајни зла се сепак најарни.

КРЕОНТ
Ој, дојди, дојди!
Појави се, часу мој заден
и донеси крај на животот мој!
Појави се! Дојди!
1255 Нек’ не видам зрак на утрешен ден!

ХОР
Тоа идно е, а сега што да се прави?
За онаа ќе се грижат бесмртните.

КРЕОНТ
Јас мојта желба веќе си ја искажав.

ХОР
За ништо сега не моли. На смртните
1260 им нема спас од тоа што е судено.

КРЕОНТ
Водете го подалеку ништожникот
без своја волја, што те уби тебе, сине мој.
И тебе, но и неа. Ој, јас несреќник
140 Софокле

Кон што да свртам поглед сега јас?


1265 Се струполи врз мене судба несносна.

[Завршува комот]

ХОР
Прв залог за среќа е мудроста наша.
На бозите не треба никој да греши;
за горделив збор сал удари тешки
ќе добијат тие, што горди се многу,
1270 па староста дури на мудрост ги учи.
ФИЛОКТЕТ
ЛИЦА

ФИЛОКТЕТ
НЕОПТОЛЕМ
ОДИСЕЈ
ИЗВИДНИК преправен во трговец
ХЕРАКЛЕ
ХОР
ПРОЛОГ

ОДИСЕЈ
На Лемнос ова брег, земја островска
нестапната од луѓе, ненаселена.
Чуј, Неоптолеме, ти сине Ахилов
чиј татко сред Ахајците е најмоќен.
5 По кралска заповед јас овде го оставив
Мелиецот, син Појантов1, со нога в гној.
Од него мир за жртвен кадеж немавме;
тој сиот логор наш од жалби стравотни
со викот и со лелеци го полнеше.
10 Но треба ли ова да се спомнува?
За празни зборој сега време не ни е,
да не се сети тој дека сум тука јас.
Тоа веднаш ќе ја урниса стапицата
со која намеравам да го уловам.
15 Но, твое е ти сега да содејствуваш,
да видиш дали тука е пештерата
со врати две, што зиме од двете страни
ја грее сонце, – лете провев мами сон;
а подолу, од лево – вода изворска

1
Филоктет – крал на градот Мелибоја во Тесалија; син на Појант; прочуен
стрелец. Заедно со другите ахајски вожди со седум кораби тргнале кон Троја. На
островот Тенедос (или Лемнос), го каснала змија и од тоа настанала стравотна
гнојна рана, што ширела неснослива реа. Хелените не можеле да ја поднесуваат
смрдеата од раната и неговите лелеци и го оставиле сам на островот Лемнос и
без него отпловиле кон Троја.
146 Софокле

20 ќе видиш, ако таму тече сè уште.


Штом таму ти ќе втасаш веднаш дај ми знак
дал сè уште се таму или другаде.
А потем, други совети ќе чуеш од мене,
со труд заеднички да тргне планот наш.

НЕОПТОЛЕМ
25 О кралу, зборуваш за нешто наблизу;
пештерата ја гледам, што ја спомнуваш.

ОДИСЕЈ
Дал долу, или горе? Не распознавам

НЕОПТОЛЕМ
О, горе. Шум се слуша, некој доаѓа.

ОДИСЕЈ
Ајд’ погледни! Дал влегол внатре? Спие ли?

НЕОПТОЛЕМ
30 Дом празен гледам; овде нема човек жив.

ОДИСЕЈ
Покуќнина дал има, како в секој дом?

НЕОПТОЛЕМ
Сал лисја згазени, ко легло нечие.

ОДИСЕЈ
А друго нешто има ли под покривот?

НЕОПТОЛЕМ
Од просто дрво чаша, труд на мајстор лош,
35 а има таму уште едно огниште.

ОДИСЕЈ
Тоа сè е негова покуќнина.
Филоктет 147

НЕОПТОЛЕМ
Ај, еве кај се сушат крпи скинати,
исполнети со тешка болест некаква.

ОДИСЕЈ
Баш овде живее тој маж, очигледно,
40 а сега негде близу е. Кој немоќник
од болка стара оди в место далечно?
Ко секој ден тој излегол да побара
ил храна или билка бол што смирува.
Испрати го ти сега за да разгледа2
45 да не ме срети мене оној случајно.
Тој мене да ме фати копнее
и сака повеќе од сите Аргејци.

НЕОПТОЛЕМ
Отиде оној, пристапот е безбеден;
ти друго ако имаш, кажи слободно

ОДИСЕЈ
50 О, сине Ахилов, не само телесно
да бидеш силен треба за задачата.
И ако слушнеш нешто дотогаш нечуено,
ти послушај, за помошник си одреден.

НЕОПТОЛЕМ
Па тогаш, кажи, што ќе ми заповедаш?

ОДИСЕЈ
55 На Филоктет ќе треба сега душата
со лажни зборови ти да ја намамиш.
Те праша ли, ти кој си, од кај доаѓаш,
ти не криј, кажи, син си му на Ахила
и пловиш дома, а корабите ахајски
60 ги напушташ и нив3 ги мразиш жестоко.

2
Извидникот.
3
т.е. Ахајците.
148 Софокле

Со молби тие од дома те одвлекле,


сал така Троја можело да се освои;
а штом си стигнал таму4, не те честеле
оружјето на Ахил да ти го дадат,
65 што с право си го барал, но на Одисеј
го дале. Клетви страшни фрлај врз мене,
ниедна од нив нема да ме повреди.
Но, ако не го сториш тоа, голем јад
на сите Аргејци ти ќе им нанесеш.
70 Ако од овој5 лакот ти го одземеш,
на Дардан градот6 нема да го освоиш.
А еве зошто јас сум оневозможен,
а можеш ти со овој маж да зборуваш
доверливо, па дури и пријателски.
75 Ти отплови, со клетва врзан никому
и со нас не беше ни в походот наш прв,
А јас, во сето тоа имам удел свој:
ќе загинам, ако ме види, а во рацете
го држи лакот; а и ти ќе загинеш
80 бидејќи со мене си сега заедно.
Ќе треба овде да се снајдеш самиот
и да го украдеш тој лак непобедлив.
Знам, чедо, не си роден ти за итрини,
по природа ти не можеш да сновеш зло.
85 Но знај, победата е слатка добивка.
Ти сега биди смел, а потем, чесни ќе сме пак.
Сал еден дел од денот ти предај ми се
и биди бесрамен, а потем сиот век
најнабожен ќе си сред смртните.

НЕОПТОЛЕМ
90 О, сине Лаертов7, што с болка слушам јас,
тоа мразам и во дело да го спроведам.

4
т.е. во Троја.
5
„од овој“ = од Филоктет.
6
т.е. Троја; Дардан бил син на Зевс и основач на тројанската кралска лоза.
7
Лаерт е таткото на Одисеј.
Филоктет 149

По природа јас зад грб ништо не правам,


но јас, ни оној јунак што ме создаде8.
Со сила можам мажот да го доведам,
95 а не со измама. Зар сам ќе може тој
нас повеќемина едноног да не победи?
Но штом сум пратен со тебе ко помошник,
се плашам да не речат: „тој е предавник“.
Знај, кралу, чесно поскоро ќе изгубам,
100 а не да победам со дела срамотни.

ОДИСЕЈ
На велик татко сине, и јас ко младич бев
на јазик тежок, но на рака полетен.
А сега знам и гледам дека јазикот
со луѓето управува – не делата.

НЕОПТОЛЕМ
105 Што друго, сем да лажам, ми заповедаш?

ОДИСЕЈ
Ти велам да го фатиш само с измама.

НЕОПТОЛЕМ
Но, зошто с измама, а не со наговор?

ОДИСЕЈ
Не се убедува, а с сила не можеш.

НЕОПТОЛЕМ
Зар толку силна верба има в својта моќ?

ОДИСЕЈ
110 Тој има стрели, сигурно што носат смрт.

НЕОПТОЛЕМ
Зар да му пријде не може ни храбар маж?
8
т.е. Ахил.
150 Софокле

ОДИСЕЈ
Со измама, ти реков, ќе се фати тој.

НЕОПТОЛЕМ
Ти сметаш срамно не е лага да се зборува?

ОДИСЕЈ
Не, ако таква лага спас ни донесе.

НЕОПТОЛЕМ
115 Со каков образ некој би се осмелил?

ОДИСЕЈ
Штом правиш нешто полезно – не стравувај!

НЕОПТОЛЕМ
Што полза имам јас да дојде в Троја тој?

ОДИСЕЈ
Сал тие стрели Троја ќе ја освојат.

НЕОПТОЛЕМ
Јас не сум, значи, тој што ќе ја освои’

ОДИСЕЈ
120 Ни ти без нив, ни тие без тебе.

НЕОПТОЛЕМ
Штом така е, ќе треба да се одземат.

ОДИСЕЈ
Тоа стори го, ќе имаш двојна награда

НЕОПТОЛЕМ
Да знам јас кои, ништо не ќе одбијам.

ОДИСЕЈ
За смел и умен веднаш ќе те прогласат.
Филоктет 151

НЕОПТОЛЕМ
125 Ќе сторам се, на срамот ќе заборавам.

ОДИСЕЈ
Го запомни ли тоа што те поучив?

НЕОПТОЛЕМ
Ти немај страв, штом еднаш јас се одлучив.

ОДИСЕЈ
Ти сега овде чекај го и фати го,
а јас, да не ме види, си заминувам.
130 Кај коработ извидникот ќе го пратам,
па ако ми се стори дека залудно
го губиш времето, јас, велам, тој маж
преоблечен ќе му го пратам повторно
во руво морјачко, да не го познае.
135 Штом тој за разни нешта се расприкаже,
од тие зборој важното ти издвој го.
Кај бродот одам; ова ти го препуштам;
лукавиот бог Хермес нек’ не води нас,
Атена – победничката ми носи мене спас.

ПАРОД
ХОР

I строфа
140 О кралу, кажи ми што треба јас
во туѓа земја туѓинец да премолчам
а што да кажам на тој човек подозрив?
Способноста и разумот на оној маж
со кого скиптар божји Зевсов владее
145 надвишува над сите други вештини.
На тебе, чедо, прејде ета древна моќ
па кажи ми што треба да ти помогнам.
152 Софокле

НЕОПТОЛЕМ
Но сега можеби во земја далечна
ќе сакаш да го погледаш и местото
150 кај лежи тој. Осмели се и погледај!
И штом тој страшен страдалник ќе излезе
од домот свој, при рака секогаш ти биди ми
и труди се со сè да се сообразиш.

ХОР

I антистрофа
О кралу, мислам што ти сега кажуваш
155 и будно демнам секогаш на твојот миг.
Во кои двори, кажи, тој е населен,
на кое место сега тој се наоѓа?
Да знам за сето тоа не е на одмет
да кришум не ми налета од некаде.
160 Па каде е, в кој дом, по кој се движи пат?
Дал внатре е ил веќе надвор излегол?

НЕОПТОЛЕМ
Го гледаш домов стеновит и двовратен
кај лежи тој?

ХОР
Па каде, кутриот, тој сега излегол?

НЕОПТОЛЕМ
165 По храна, јасно, негде близу отползил,
а велат имал, кутриот тој, обичај
со стрели крилати да лови ѕвериње.
Но не можел за својта болест тегобна
исцелител да најде нигде за себе.

ХОР

II строфа
170 Го жалам, зашто ниеден од смртните
не го тажи, ни рода има крај себе
Филоктет 153

и кутриот постојано е осамен,


а тешко болува и скита печално
и страдно живее за сешто оскуден.
175 Но како, впрочем, кутриот издржува?
О, сило човечка!
О, жален род на такви смртници
чиј живот исполнет е само с неволи.
Од дом владетелски е тој и никому
180 непотчинет, а сега жив е откинат
од страшна болест и од глад измачуван,
трпејќи маки тешки, неподносливи.
И Ехо многузвучната9
185 надалеку ги развева
горчливите лелекања.

НЕОПТОЛЕМ
Се ова мене ништо чудно не ми е
и ако нешто знам, овие патила
се божесни и врз него се струпаа
190 поради таа страшна змија Златица10.
И сега страда сам без нега ничија
сал бозите ќе можат да му дадат спас.
Но не, пред да ги насочи кон Троја пак
божествените стрели непобедливи.
195 Штом дојде време, ко што е претскажано
со нив да треба Троја да се освои.

ХОР
Пст, сине, гласот сега стишај го!

9
Ехо – горска нимфа, персонификација на одекот; Хера ја осудила никогаш прва
да не прозборува, а да не молчи кога другите зборуваат; тоа й било казна зашто
ги прикривала љубовните авантури на Зевс.
10
„Змија Златица“ – божество, почитувано на Лемнос или на островот Хриса,
кое било во близина на Лемнос; змијата го каснала покрај жртвеникот на ова
божество.
154 Софокле

НЕОПТОЛЕМ
Што?

ХОР
Се слуша шум
200 од некој маж, кој в овие места болува,
час овде, или онде негде онаму
се слуша шум на некој којшто приоѓа
со тежок од. Ни гласот жален, далечен
не ме мами; тој страшен е за слушање.
205 Се слуша јасно лелек силен.

ХОР

II антистрофа
Ој чедо, послушај!

НЕОПТОЛЕМ
Но кажи, што?

ХОР
Се нови грижи пак.
Не далеку, но блиску тука мажот е
210 што звуци не пушта со мало кавалче
на некој овчар в поле широко.
Тој, нели, некаде се повредил
и сега болно офка, с одглас далечен
или на некој кораб непријателски
215 тој видел сидра. Стравотно извикува.

ПРВА ЕПИЗОДА
ФИЛОКТЕТ
О, туѓинци, од каде вие сте,
што в пуста земја без пристан допловивте?
Од каде сте? Со кој род да ве ословам?
По лик и руво од Хекада дека сте
220 би рекол јас за мене земја најмила.
Филоктет 155

Би сакал да ви слушнам глас. Не бегајте


од здивен згрозени, но милост имајте
кон мене, кутар маж, и сам и напуштен.
Збор кажете на маж, од блиски измамен
225 и потрупан со зла. Ако сте дојдени
како пријатели, ајд, одговорете!
Па право е од вас да тоа побарам
и вие тоа од мене побарајте.

НЕОПТОЛЕМ
Знај првин, странче, ние сите сме Хелени,
230 а тоа сакаше ти да го дознаеш.

ФИЛОКТЕТ
О премил глас! Ох, колку сега слатко е
да чуеш глас од таков маж по толку години.
Што нужда, чедо, наваму те доведе,
кој наум, кол ли најмил од ветровите?
235 Тоа сето кажи ми, да видам кој си ти.

НЕОПТОЛЕМ
На Скир сум роден јас, на земја островска
се враќам дома. Син сум му на Ахилеј.
Ме викаат Неоптолем. Знаеш се.

ФИЛОКТЕТ
На најмил татко чедо, на драга земја син,
240 На стариот Ликомеда ти најмил внук
кој пат те нанесе, од каде доплови?

НЕОПТОЛЕМ
Од Илиј11 овде, странче, сега пристигнав.

ФИЛОКТЕТ
Што зборуваш? Ти тогаш со нас не беше
за Илиј кога тргнавме со кораби.
11
Другото име за Троја.
156 Софокле

НЕОПТОЛЕМ
245 Зар учесник и ти во походот си бил?

ФИЛОКТЕТ
О, чедо, не знаеш ли кој е пред тебе?

НЕОПТОЛЕМ
Од кај да знам штом никогаш не те видов.

ФИЛОКТЕТ
Ни името, ни глас за сите несреќи
што, кутриот, ме снајдоа, не си слушнал?

НЕОПТОЛЕМ
250 Јас не знам ништо за што ти ми зборуваш.

ФИЛОКТЕТ
О, кутар јас, на бозите најомразен,
за моите зла до мојот дом глас не допрел,
ни в Грција, а тие овде безбожно
што ме оставија, ми се потсмеваат,
255 а болката не стивнува, од ден на ден
се станува поголема и посилна.
О, чедо, сине ти од татко Ахилеј
јас оној сум, за кого може би си чул,
на Херакла дека ги има стрелите.
260 На Појант синот сум јас, Филоктет,
што двата вожда12 ка и кралот кефалски,
сам срамно го оставија во крајов пуст,
од болест грозна страдалник, што угриз див
од змија отровна му рана нанесе.
265 Со ваква болка овде сам ме фрлија
и си заминаа, откако в овој крај
од Хриса островска13 јас с бродој допловив.

12
„двата вожда“ – Агамемнон и Менелај; кралот кефалски или на Кефалонците е
Одисеј.
13
Хриса – мал остров во близината на Лемнос.
Филоктет 157

Со радост си заминаа, штом заспав јас


во една пештера на брегот, истоштен
270 од бури морски. Ко на некој просјак клет
оставиле и леб, за храна потпора.
О, да ги снајде и нив исто некогаш!
Претстави си, о сине, пустош колкава
јас сетив, штом се разбудив и согледав
275 дека заминале! Што солзи пролеав,
со каков лелек судбата ја оплакав!
Корабите, со кои пловев дотогаш
расфрлени, а човек нема овдешен
да даде помош, нема овде никого
280 за мојта болка да ми даде леснина.
Јас гледав околу, но ништо не видов
о, чедо, освен јадови неизмерни.
А времето си врвеше, сè ден по ден
и требаше јас сам под овој покрив мал
285 за себе да се погрижам. За поткрепа
на стомакот, се најде, еве, овој лак
да погоди во лет гулабици; до се
што с стрела напната ќе погодев, јас сам
ја влечев ногата да дојдам до него.
290 И кога вода да се земе требаше
и кога зиме снегови ќе навеат,
па требаше и дрва да се насечат,
влечејќи се сè сам јас си прибавував;
а потем, немаше ни оган при рака
295 па кремен с кремени триејќи успевав
да добијам јас пламен притаен што спас
во тоа време мене ќе ми донесе.
Штом дома имав оган, веќе имав се
но сепак, болештинава ме мачеше.
300 Ајд сега, чедо, островов запознај го.
Ниеден морнар овде не пристанува.
Ни пристан има, полза, ни добредојде,
за тие што ќе допловат до овој брег.
Не, зналец морнар овде не допловува,
305 сал некој принуден, што често, сине мој,
се случува во овој долг век човечки.
158 Софокле

Но штом ќе дојдат овде, сал со зборови


за мојта судба жал и милост имаат
и малку храна, облека ќе остават.
310 Но штом ќе спомнам, никој не посакува
спас да ми даде, дома да ме одведе.
И така гинам, беден, десет години
од глад и болки, болеста хранејќи ја.
Се ова ми го сторија Атрејците14
315 и моќта Одисеева. Нек’ бозите
од Олимп ним им пратат вакви страдања!

ХОР
И јас, ко другите што овде стигнале
те жалам исто тебе сине Појантов.

НЕОПТОЛЕМ
Јас исто сведок сум за твоите зборови.
320 Сè вистина е, знам, и јас сум видел зло
од моќта на Атрејците и Одисеј.

ФИЛОКТЕТ
И ти ли, од Атрејците сегибелни
си пострадал, па лут си им во душата?

НЕОПТОЛЕМ
О, еднаш гневот с рака да го истурам,
325 па в Спарта и Микена да се дознае
и Скира дека мајка е на јунаци.

ФИЛОКТЕТ
Но, добро, чедо, каков е тој толкав бес
поради кој си овде и ги колнеш нив?

НЕОПТОЛЕМ
Ќе кажам, сине Појантов, но тешко е
330 што од нив претрпев, штом в Троја пристигнав,
а судба беше Ахилеј да загине.
14
Атрејци – синовите на Атреј, Агамемнон и Менелај.
Филоктет 159

ФИЛОКТЕТ
Ој, повеќе ни збор. Сал сакам јас да знам
ко прво, мртов ли е синот Пелеев?15

НЕОПТОЛЕМ
Тој загина, но не од рака човечка,
335 но, велат, погоден од лак на богот Фојб.16

ФИЛОКТЕТ
Благородни и убиец и убиен.
Јас не знам, чедо, поскоро да прашам ли,
што ти си страдал, него ли да го оплачам.

НЕОПТОЛЕМ
И твоите, мислам, доволни се неволи
340 па не треба да плачеш и за туѓите.

ФИЛОКТЕТ
Ти право рече; кажувај од почеток,
што навреда и тебе ти нанесоа.

НЕОПТОЛЕМ
На кораб шарен кај мене пристигнаа
на татка ми хранителот17 и Одисеј,
345 велејќи, вистина ил не, дека е ред
штом татко ми е загинат, не некој друг
а јас на Троја кулите да ги освојам.
Знај, странче, долго не ме наговараа
со коработ што поскоро да отпловам.
350 А да го видам татка ми непогребан
дур уште е, јас имав желба голема,
бидејќи дотогаш јас не сум го видел.
Тоа беше добра причина да појдам јас

15
„синот Пелеев“ – Ахил(еј).
16
Фојб (Феб) – атрибут на богот Аполон.
17
„на татка ми хранителот“ – Фојник бил воспитувач и советник на Ахила; тој,
заедно со Одисеј и Диомед, го довеле младиот Неоптолем под Троја.
160 Софокле

и кулите на Троја да ги разурнам.


355 Два дена пловев и со ветар поволен
додека до Сигеја дива допловив.
Штом слегов, сета војска ме обиколи.
Се колнеа дека во мене уште жив
го гледаат Ахила, кој тоа не беше,
360 туку за погреб стокмен веќе лежеше.
Јас беден, веднаш многу солзи пролеав.
Им пријдов на Атрејците ко пријател
и ред ко што е од нив тогаш побарав
оружјето и сè што му припаѓало
365 на татко ми, да ми го веднаш предадат.
Но тие тогаш бесрамно ми рекоа:
О, семе Ахилеево, сè твое е,
оружјето сал негово му припадна
на јунак друг, на колено Лаертово.
370 Јас скокнав расплакан и силно разгневен
од страшен бес и силно разгневен.
„Злосторници, но како се осмеливте
оружјето без мене да го дадете?“
А Одисеј, кој тука беше случајно:
375 „Да, момче, праведно ми го предадоа.
Оружјето и трупот му ги спасив јас“.
Во гнев јас веднаш најлуто го проколнав,
не пропуштајќи ништо, зар оружјето,
што мое е тој сака да го приграби.
380 А тој, од ова поттикнат, не налутен
од она што го слушна, вака прозбори:
„Ти со нас овде не беше – а требаше
па колку сакаш колни, ова оружје
во Скира никогаш не ќе го однесеш“.
385 Го слушнав ова; дома одам навреден
и ограбен од она што ми припаѓа
од Одисеј, најлошиот од лошите.
Но властодршците се исто виновни,
државата и сета војска нивни се.
390 А луѓето, кои против закон работат
од пример лош стануваат нечесници.
Филоктет 161

Јас кажав сè. Тој којшто мрази Атрејци


и мене и на бозите е пријател.

ХОР
О, Геа18, горјанко, о сехранителко, ти мајко Зевсова,
395 Ти што го плодиш Пактол19 златоносниот!
Јас уште таму, мајко, госпоѓо те повикав
штом дрзоста на Атрејците кон овега.
О, блажена, на лавови бикоубијци ти носена,
до таму стигна, па оружјето на татко му,
400 тој белег највеличествен на почеста
на синот Лаертов му го предадоа,

ФИЛОКТЕТ
О, странци, кај нас дојдовте и јасен знак
на жалоста донесовте, ко мојата.
На Одисеј и на Атрејците тоа дело е.
405 Го знам Одисеја, тој јазикот го ползува
за зборој само злосторни и гадости,
од што, на крајот правдина не се раѓа.
Не се чудам, но како Ајант велики20
го гледал сето тоа и го допуштил.

18
Геа – Земја; во космогонијата е основниот елемент, настанат веднаш по Хаосот,
како женско начело на создавање, серодителка и сехранителка од која се
изведува сиот земен свет; без машкиот елемент, сама од себе ги создала Уран
(небото), Понт (морињата), Ореа (планините); таа е мајка на Зевс. Поетите ја
сметаат за мајка на боговите.
19
Пактол – златоносна река во Лидија.
20
Ајант Великиот, крал на Саламина, бил Зевсов правнук и еден од кандидатите
за раката на Хелена; тој веднаш се одѕвал на повикот за опсада на Троја; по
Ахила, бил најсилниот и најубав ахајски вожд под Троја. По смртта на Ахил, тој
и Одисеј се натпреварувале за Ахиловото оружје, зашто најмногу се истакнале
во одбраната на Ахиловото мртво тело. Агамемнон, не можејќи да пресуди,
ги прашал тројанските заробеници, кој им нанесол најголема штета; тие
одговориле дека тоа е Одисеј. Ајант, силно навреден што Одисеј бил прогласен
за победник, го фрлил мечот.
162 Софокле

НЕОПТОЛЕМ
410 Тој веќе не е жив, да беше, странче жив
јас тогаш ограбен не ќе бев никогаш.

ФИЛОКТЕТ
Што зборуваш? Зар Ајант не е веќе жив?

НЕОПТОЛЕМ
Да, сонцето тој повеќе не го гледа.

ФИЛОКТЕТ
Ој, тешко мене! Синот Тидеев21 е жив
415 и Сизифовиот22 на Лаерт продаден!
Та токму тие не треба да живеат.

НЕОПТОЛЕМ
И ова знај го, сега в голем подем се
обајцата во сета војска Аргивска.

ФИЛОКТЕТ
А Нестор23 стариот мој добар пријател,
420 тој каде е? Со мудри совети гадостите
на оние тој често ги спречуваше.

НЕОПТОЛЕМ
И тој е в беда, откако му загина
пред Троја синот негов сакан Антилох24.

21
„синот Тидеев“ – Диомед, славен ахајски јунак; и тој ја барал Хелена за жена;
во војната често се борел покрај Одисеј, ја ранил божицата Афродита и заедно
со Одисеј го принудил Агамемнон да ја жртвува ќерка си Ифигенија; тој го
довел Филоктет под Троја.
22
Се верувало дека Одисеј не е син на Лаерт, туку на Сизиф, кој исто така бил
голем итрец.
23
Нестор – долговечен мудрец – крал на Пил; секогаш бил волен да советува
и помага со своето искуство; заедно со Агамемнон собирал војска низ цела
Хелада; бил почитуван од сите.
24
Нестор од Пил дошол под Троја со деведесет кораби и двата сина, Антилоф и
Трасимед.
Филоктет 163

ФИЛОКТЕТ
Ој, леле, двојна сега ти ми јави несреќа,
425 а не сакав да слушнам дека мртви се.
Ој, леле, каде сега јас да погледнам,
штом тие мртви се а Одисеј е жив.
а требаше наместо нив – да умре тој.

НЕОПТОЛЕМ
Тој лукав борец е но и лукавите,
430 Филоктете, се често заплеткуваат.

ФИЛОКТЕТ
Ајд, кажи, каде беше тогаш Патрокле
на татка ти што беше другар најсакан?

НЕОПТОЛЕМ
Ни тој не беше жив. Ќе кажам накусо:
ни војната не го зема никаквецот;
435 таа секогаш најдобрите ги одбира

ФИЛОКТЕТ
За тоа сведок сум. Но, да те прашам
за оној маж недостоен, што јазик брз
и лукавима, кажи, сега што прави?

НЕОПТОЛЕМ
За некој друг ли прашаш, не за Одисеј?

ФИЛОКТЕТ
440 Не за него, но еден Терсит25 имаше
кој секогаш зборуваше за работи
што никој не сака да слуша жив ли е?

25
Терсит бил најгрдиот воин во хеленската војска под Троја; кривоног, грбав,
куц, ќелав; со клевети опсипувал многумина од војсководците, особено Одисеј
и Ахил. Го напаѓал и Агамемнон, обвинувајќи го за алчност и ја повикувал
ахајската војска да ја напушти опсадата на Троја.
164 Софокле

НЕОПТОЛЕМ
Јас не сум го видел, но чув бил уште жив.

ФИЛОКТЕТ
Тоа така е, зло ниедно не згинува,
445 за тоа бозите се погрижуваат.
Со радост ќе ни извлечат од Хадот сам
пакосници и итреци, а чесни пак
и праведни прибираат за секогаш.
Па што да мислам тогаш? Што да пофалам?
450 Божеското за фалба е, но бозите
јас мислам дека се неправедни.

НЕОПТОЛЕМ
О, род од татко Ојтаец, јас одовде
гледајќи ги Атрејците и она што
од Илиј остана, ќе бидам претпазлив.
455 Кај злато ја надвладува добрината
а честа згинува, и бесрамник е власт,
јас такви мажи никогаш не ќе љубам.
И мене тогаш ќе ми биде доволна
и Скира камена со милиот мој дом.
460 На бродот одам сега сине Појантов,
да си ми здрав и жив и нека бозите
од болеста те избават, што ти посакуваш.
А ние одиме и ќе заминеме,
штом бог ни даде можност да отпловиме.

ФИЛОКТЕТ
465 Зар веќе, чедо, сега заминувате?

НЕОПТОЛЕМ
Ни дојде час
да одиме. Не сакаме пловидбата
од далеку, а не од близу да ја чекаме.

ФИЛОКТЕТ
Те колнам, чедо, в татка ти и мајка ти
470 и в сè што дома имаш како најмило,
Филоктет 165

да не ме оставаш ти сам и напуштен


во оваа невола, во која сега сум,
за која слушна сè, ја виде самиот.
Со себе земи ме, знам товар голем сум,
475 но издржи. За благородните е враг
срамотното, а доброто им е на чест.
Ме одбиеш ли, грозен срам ќе навлечеш,
а слава бесмртна – ако ме прифатиш.
480 Ајд, тоа ни за еден цел ден не е труд.
Одлучи се и каде сакаш фрли ме,
на крма, прамец, ил на дно од коработ,
кај најмалку ќе пречам на патниците.
Согласи се, те колнам в Зевса-заштитник
485 на молителите. Ти паѓам пред нозе,
јас, несреќен и куц, сосем изнемоштен.
Те молам, не оставај месам, откинат
и фрлен далеку од стапка човечка,
но спаси ме и в твојот дом одведи ме.
490 ил во Евбоја, в дворецот на Халкодонт.
До Ојта од таму е кратка пловидба,
до сртот Трихински, до Сперхеј добротек.
И таму предај ме на мојот татко мил,
што старец е, па затоа се плашам јас
495 дал жив е тој. Му праќам молби пламени
по оние, што овде пристигнуваат,
да доплови и дома да ме одведе.
Но, или умрен е или гласниците,
по обичај, јас мислам, заборавиле
500 на моите пораки и дома брзале.
Кон тебе, како водач, гласник приоѓам;
ти смилуј се и спаси ме, штом согледаш
што ужаси, опасности сè луѓето
со успех поднесуваат, ил инаку.
505 А треба среќниот да види ужаси,
да знае да ја чува среќата, а не
да си ја изгуби сам непромислено.

ХОР
Господару, смилувај се на маките
166 Софокле

многубројни, несносливи. Нек’ никого


510 од моите блиски тоа да не го снајде.
Па ако ти Атрејците ги мразиш зли,
јас злото нивно в полза негова го свртувам.
Со добар и брз кораб дома би го однесол
избегнувајќи ја на бозите одмаздата.

НЕОПТОЛЕМ
515 Ти сега не избрзувај. Штом погоден
од близоста на болеста ќе постанеш
и сам со овие зборој не ќе се согласиш.

ХОР
Не, никогаш во тоа не ќе успееш
тој срам врз мене да го нафрлиш.

НЕОПТОЛЕМ
520 Но срамно е за странецов јас помалку
од тебе да се залагам, штом дојде час.
Да пловиме! Нек’ со нас веднаш појде тој
на бродот. Не е ред да го одбиеме.
Од овој крај нек’ бозите нè избават.
525 и таму, кај сме пошле нек’ не одведат.

ФИЛОКТЕТ
О, најмил ден! О, најдраг маж! О, друзи морнари!
О, камо јас со дело да ви возвратам,
што, кутриот, за пријател ме сметате.
Да одиме! Но првин да го поздравам
530 жилиштево, што не е за живеење
и ти да видиш храбро што сум претрпел.
Друг никој, освен мене, ова не може
ни с поглед да го поднесе. Јас научив
од нужда сè и најлошо да поднесам.

ХОР
535 Ах, стојте, чујте! Двајца придоаѓаат;
од коработ е еден-странец другиот.
Слушнете ги, па потем внатре влезете.
Филоктет 167

[Доаѓа ТРГОВЕЦОТ.]

ТРГОВЕЦОТ
О, сине Ахилов, јас овој маж го повикав
со двајца други, бродот што го чуваше
540 да каже каде можам да те пронајдам,
а случајно на тебе наидов
на пуст брег исфрлен и самиот.
На бродот мој од Илиј пловам с товар мал
кон мојот Пепарет со лозја убави.
545 И чув, си заминал со сите морнари.
Да отпловам, а не кажам што право е,
ако те сретнам случајно – јас не сакав.
Ти не знаеш за новите решенија
Аргејците за тебе што ги донесле.
550 А тоа не се само празни одлуки,
со ревност дела тоа се извршени.

НЕОПТОЛЕМ
За твојта грижа љубезна, о, туѓинче,
на век ќе си ми драг, ако сум честит род.
Објасни ми, што кажа сега, за да знам
555 што новост од Аргејците ми носиш ти.

ТРГОВЕЦОТ
Со кораб појдоа, за да те догонат
синовите на Тезеја и Феникс стариот.

НЕОПТОЛЕМ
Со сила ил со зборој да ме вратат сакаат?

ТРГОВЕЦОТ
Јас не знам. Гласник сум на она што го чув.

НЕОПТОЛЕМ
560 Зарад Атрејците ли Феникс и другарите
се качија на коработ со толкав жар?
168 Софокле

ТРГОВЕЦОТ
Тоа не е веќе намера, а дејство.

НЕОПТОЛЕМ
А Одисеј, тој зошто со нив не сакал
да отплови? Зар страв го спречил некаков?

ТРГОВЕЦОТ
565 И тој и синот Тидеев се готвеа
да појдат против друг маж, кога отпловив.

НЕОПТОЛЕМ
Кон кого Одисеј пак сам се устремил?

ТРГОВЕЦОТ
До некој... првин кој е овој кажи ми,
ако ми кажеш, кажи ми со тивок глас.

НЕОПТОЛЕМ
570 Тоа Филоктет е, странче, прочуениот.

ТРГОВЕЦОТ
Не, повеќе не прашувај, но побргу
од земјава ти отплови и побегни.

ФИЛОКТЕТ
Што вели, чедо, зошто кришум за мене
сал тебе овој морнар ти се обраќа?

НЕОПТОЛЕМ
575 Не разбирам, ќе треба јасно самиот
се тоа да го објасни пред сите нас.

ТРГОВЕЦОТ
О, сине Ахилов, не фрлај ме во немилост
на војската, штом кажам тоа што не треба.
Од нив сум видел многу добрини, а јас
580 им враќам колку може човек сиромав.
Филоктет 169

НЕОПТОЛЕМ
Јас враг сум на Атрејците, а овој маж
мој пријател е најголем – ги мразам нив.
Ќе треба ти, штом дојде како пријател
да не криеш и кажеш сè што овде чу.

ТРГОВЕЦОТ
585 Ти гледај, чедо мое, сега што правиш.

НЕОПТОЛЕМ
Го гледам, старче, сето ова одамна.

ТРГОВЕЦОТ
Ќе зборувам, но твоја вина нека е!

НЕОПТОЛЕМ
Нек’ биде!

ТРГОВЕЦОТ
Па еве: двата јунаци за кои чу,
590 на Тидеј синот па и моќен Одисеј
кон овој пловат, претходно заколнати
ил с наговор ил силум да го доведат.
Го чуја сите Ахајци Одисеја,
кој рече посмел дека е од другиот
595 и дека сам тој тоа ќе го направи.

НЕОПТОЛЕМ
Но зар Атрејците по толку време пак
загрижени се премногу за овој маж,
а дамна тие него го напуштиле?
Што бараат? Дал сила или одмазда
600 е тоа божја, злостори што казнува?

ТРГОВЕЦОТ
Ти не си чул за тоа; сè ќе раскажам:
Си бил некојси пророк, род благороден
на Пријам син му бил, Хелен го викале.
170 Софокле

А Одисеј лукавиот, кој за себе


605 сал хулни зборој слуша, ноќе излегол,
го фатил Хелена и в пранги го оковал,
на Ахајци го покажал ко красен плен.
Тој многу на Ахајците им прорекол
и тоа дека никогаш не ќе можат
610 на Троја да и урнат моќни бедеми,
додека човеков не го наговорат
и одведат од островов, на кој што е.
Штом синот Лаертов го слушна пророкот,
тој на Ахајците им вети дека сам
615 в час мажов ќе го пронајде и доведе
со кротко, или силум, ако не сака.
Па ако така не биде, нек’ главата
да му ја пресече, кој сал ќе посака.
Ти чедо, слушна се. Ти велам побрзај
620 и за себе и за кого што си загрижен.

ФИЛОКТЕТ
Ој, беден јас! Зар мене да ме убеди
и кај Ахајците ме одведе тој маж?!
Па поскоро сум убеден да излезам
од Хад, кога ќе умрам, како татко му.

ТРГОВЕЦОТ
625 Јас тоа не знам. Еве тргнувам
на коработ. Вам бог нек’ ви е на помош.

ФИЛОКТЕТ
Зар не е страшно, сине, тоа што Одисеј
се надева со кроток да ме смили збор
па да ме одведе и даде на Ахајците?
630 Ќе слушам поскоро кај шишти змијата,
омразена, што вака ме осакати!
Но тој е смел да каже и да стори сè.
Јас сега сè знам доволно. Ќе дојде тој.
Да појдеме, о, чедо, нека морска шир,
635 што поширна од Одисеј не дели нас.
Филоктет 171

Да одиме, навремената ревност нам


сон сладок ќе ни донесе, штом свршиме.

НЕОПТОЛЕМ
Ќе појдеме штом ветар дувне поволен,
а сега дуваат само ветри спротивни.

ФИЛОКТЕТ
640 Од зло штом бегаш, секој ветар добар е.

НЕОПТОЛЕМ
Но овој ветар и за нив е спротивен.

ФИЛОКТЕТ
За пиратот, ни еден ветар не е спротивен.

НЕОПТОЛЕМ
Да одиме, штом велиш. Веднаш од внатре
ти сега земи сè што ти е најнужно.

ФИЛОКТЕТ
645 Ќе земам нешто. Многу не ќе избирам.

НЕОПТОЛЕМ
Што не можеш да сместиш ти во коработ?

ФИЛОКТЕТ
Па имам билки с кои ја ложам раната,
од тоа болот мошне ми се смирува.

НЕОПТОЛЕМ
Донеси ги! А друго сакаш ли да понесеш?

ФИЛОКТЕТ
650 Да видам дали некоја од стреливе
сум изгубил; да не ја земе некој друг.
172 Софокле

НЕОПТОЛЕМ
Дал в раце што ти е, е оној славен лак26
Да, тој е. Јас друг лак во раце не држам.

НЕОПТОЛЕМ
Дал може да го земам, видам од близу,
655 со рака да го допрам, да се поклонам?

ФИЛОКТЕТ
Ти можеш, чедо, него па и другото
од моите нешта, ако ти се допаѓа.

НЕОПТОЛЕМ
Би сакал; таква желба имам сега јас,
сал ако не е грев – не би сакал, ак’ е.

ФИЛОКТЕТ
660 Ти свето зборуваш. Не, чедо, не е грев.
Сал ти ми даде сончев сјај да согледам
и в земја Ојтајска да видам татко стар
и другари. На врази паднав под нозе,
ме извлече и над нив ти ме постави.
665 Осмели се, ти личи да го прифатиш
и да го вратиш оному, што ти го дал
и горд да си, зашто сал ти од смртните
поради доблеста си дошол до него.
Со чесно дело и јас сум го заслужил.

НЕОПТОЛЕМ
670 Ајд, влези внатре!

ФИЛОКТЕТ
И ти ќе влезеш ведно сега со мене,
ми требаш како помошник во болеста.

26
Лакот и стрелите Херакле му ги подарил на Филоктет од благодарност, зашто
само тој се осмелил да ја запали кладата на планината Ета, на којашто Херакле
сакал да се запали себеси.
Филоктет 173

ПРВ СТАСИМ
ХОР

I строфа
Не сум видел, но слушнав од зборување:
на Хрона синот семоќен27 го заврзал Иксиона28
675 на тркало завртено, зашто ја посакал
на Зевса брачната му постела.
За никој друг од смртните
не сум видел и не сум чул
пострашна судба да го снашла некогаш.
680 Тој никого не навреди, не изневери,
но рамен беше маж на силни големци,
а страда толку многу незаслужено.
Па сепак ова мошне ме зачудува:
како можел непрестајно да слуша сам
685 шум стравотен од бранови што бијат секаде
и судбата многусложна да ја поднесува.

II антистрофа
Ни сосед има некој да му намине
ни жител некој друг со слична судбина
да може со него да плаче заедно,
690 да му се пожали на она луто раниште
и тој да му го сопре поројот
од силни темни крвишта
ко извор, што од него бликнува
со билка некоја лековита.
695 И ако зло го снајде некакво
да има некој да го поткрене
од земјата хранителка.

27
Зевс бил син на Хрон.
28
Иксион, крал на Лапитите, ја имал наклоноста на Зевс; овој му допуштил да
учествува во гозбите на Олимп. Иксион ја злоупотребил оваа доверба и се
загледал во Хера. За овој грев Зевс го казнил да се врти на запалено тркало во
Хад.
174 Софокле

И често, кога стивне болката


ко детенце напуштено, осамено
700 од доилката млада негова,
доползувал тој овде – кутриот,
се мачел храна да си прибави.

II строфа
Од земјата-хранителка тој плодој не збирал
ни друго храна што да биде можело
705 на мажи вредни, лебец што јадат.
Но само кога стрела штом вивне
од лакот, што убива бргу и погоди нешто,
нему сал тоа храна му беше.
О, кутра душо!
710 Ти десет години не вкуси вино,
сал ако здогледаш негде вода од бара,
кон неа веднаш се влечеш и брзаш.

II антистрофа
И сега срети, чедо, тој храбри мажи
и среќен ќе биде. Тој велик маж ќе го спаси.
715 На кораб по браној што броди, по месеци многу
во домот татков на Мелијадите нимфи
кај брегот на Сперхеј тој ќе го одведе него,
каде што некогаш мажот со штитот бронзен
им пријде на бозите, сиот пламтејќи
720 со оган свет кај Ојтајските сртој.

ВТОРА ЕПИЗОДА
НЕОПТОЛЕМ
Ајд, пријди, ако сакаш, зашто замолчи
ни збор не кажуваш, а стоиш стаписан.

ФИЛОКТЕТ
Ој! Ој! Ој! Ој!

НЕОПТОЛЕМ
Но што е?
Филоктет 175

ФИЛОКТЕТ
725 Ах, ништо страшно, сине, ти сал продолжи.

НЕОПТОЛЕМ
Зар болката те стегна повтор в овој час?

ФИЛОКТЕТ
Не, никако, јас мислам, веќе попушта.
О, Бози!

НЕОПТОЛЕМ
Па зошто стенкаш и ги викаш бозите?

ФИЛОКТЕТ
730 Да дојдат ко милостиви спасители.

НЕОПТОЛЕМ
Но што ти е? Ќе кажеш ли ил молчалив
ќе бидеш како да те снашла невола.

ФИЛОКТЕТ
Ој чедо, умирам, од вас не ќе можам
да скријам колкава ме болка обзема.
735 Ах, доаѓа, ме обзема, ох, кутар јас.
Ох, леле, умирам, се распаѓам, ој, ах!
Ој леле, леле, леле, леле, леле, ах!
Те колнам, чедо, в бозите, ако ли меч
во раце имаш, сечи го стапалово
740 што поскоро! Не штеди ми го животот,
те молам, сине, ајде!

НЕОПТОЛЕМ
Но, што се случи сега и ненадејно
та толкав лелек надаваш и толкав вик?

ФИЛОКТЕТ
Ој, сине, знаеш...
176 Софокле

НЕОПТОЛЕМ
745 Јас ништо не знам, што ти е?

ФИЛОКТЕТ
Ах, како не знаеш! Ој леле, леле, ој!

НЕОПТОЛЕМ
Зар толку страшен товар ти е болеста?

ФИЛОКТЕТ
Неискажлив и стравотен. Но смилуј се!

НЕОПТОЛЕМ
Што, најсетне да правам?

ФИЛОКТЕТ
750 Не се вџасувај и не ме напуштај
одвреме-навреме се враќа болкава
и знае да се разбувне, ко порано’

НЕОПТОЛЕМ
Ој, леле, беден ти!
Со сè што претрпе си мошне несреќен.
755 Дај да те фатам или с рака придржам.

ФИЛОКТЕТ
Ох, не е нужно, лаков сал придржи го
што преѓе ми го бараше и чувај го
дур силата од болката не помине.
А таа, штом ќе попушти, ме фаќа сон.
760 Остави ме сал мирно да си отспијам,
оние дојдат ли, те колнам в бозите
ни волно, ниту неволно, ни с лукавство
оружјето не го давај, да не ме уништиш
ни мене, ниту себе, те преколнувам.

НЕОПТОЛЕМ
765 Ти имај доверба во мојта промисла.
Друг нема да го допре, освен ти и јас.
Филоктет 177

ФИЛОКТЕТ
На, чедо, земи го и моли ја божицата
да не ти донесе тој болки безмерни
770 ко мене или пак на оној пред мене.29

НЕОПТОЛЕМ
О, боже, желбата на двајцата исполни ја
и дај ни сега брза, среќна пловидба,
и кај што смета бог дека е праведно
по таа насока нек’ оди патот наш.

ФИЛОКТЕТ
775 Се плашам, сине, напразна молитвата
да не ни биде. Одново од ранава
крв црна бликнува ко вир. Ќе биде зло.
Лелеее, лелеее!
Оф, стапало, што неволи ми создаде!
780 Се ближи сега, леле, беден ли сум јас!
Ах, еве дојде. Чекајте, не бегајте
Лелеееееее!
Ох, странче омразен од Кефалонија30
нек’ ваква иста болка да се загнезди
785 во твоите гради. Леле, леле, леле, ој!
Ој леле, пак! Ој, вие два војсководци!
Ој Агамемноне, ој Менелају! Ој!
Ој, да би иста ваква болка трпеле!
Лелееее, лелееее!
790 Ој, смртен час, што секогаш те призивам,
зар не можеш да дојдеш веќе најсетне?!
О чедо благородно, земи, па ме изгори
на една, сине, света клада лемноска,
ко самиот што некогаш бев принуден
795 за ова оружје, чиј сега чувар си
за синот Зевсов да го стори истото.
Што велиш, чедо?
Што велиш? Зошто молчиш? Сине, каде си?

29
„оној пред мене“ – Херакле.
30
„странец од Кефалонија“ – Одисеј.
178 Софокле

НЕОПТОЛЕМ
Ох, силно страдам зарад твоите неволи.

ФИЛОКТЕТ
800 Те молам, сине, храброст собери
Оваа бол одненадеж наидува,
но исто така бргу си заминува.
Те молам само овде не оставај ме.

НЕОПТОЛЕМ
Ти верба во нас имај. Ќе почекаме.

ФИЛОКТЕТ
805 Зар, сине, вистина ти ќе ме почекаш?

НЕОПТОЛЕМ
Се разбира.

ФИЛОКТЕТ
Не би сакал со клетва да те обврзам.

НЕОПТОЛЕМ
Ќе биде грев без тебе јас да заминам.

ФИЛОКТЕТ
За верба, дај ми ја десницата.

НЕОПТОЛЕМ
810 Еве ти ја десницата. Ќе останам.

ФИЛОКТЕТ
А сега онде... онде...

НЕОПТОЛЕМ
Што зборуваш?

ФИЛОКТЕТ
Ој, горе!
Филоктет 179

НЕОПТОЛЕМ
Што бладаш пак? Што гледаш сега нагоре?

ФИЛОКТЕТ
815 Остави ме! Остави ме!

НЕОПТОЛЕМ
Кај да те оставам?

ФИЛОКТЕТ
Остави ме ти најсетне!

НЕОПТОЛЕМ
Не, нема сега тебе да те оставам.

ФИЛОКТЕТ
Ме убиваш со тоа што ме запираш.

НЕОПТОЛЕМ
820 Јас ќе те пуштам, сал ако се вразумиш.

ФИЛОКТЕТ
О, земјо, прими ме! Јас веќе умирам;
од болки не можам ни да се исправам.

НЕОПТОЛЕМ
За кусо време в сон ќе падне човеков,
ја ведне главата, низ него тече пот,
825 а крв црна жила блика од стапалото.
Но, тивко, друзи, нека падне в длабок сон.

ВТОР СТАСИМ
ХОР

Строфа
О, сону, болка ти што не знаеш!
О сону, тивко што ни доаѓаш
180 Софокле

и потем ни се шириш пред очи.


830 Па ајде, дојди сега исцелителу!
Ти, сине, гледај сега што ќе одлучиш
и јас, за што ќе треба да се погрижам.
835 Ако си одлучил, па зошто уште чекаме
а не дејствуваме?
Во сè околноста ни предлага решение,
навремено, ако го донесеш, ќе стекнеш силна моќ.

НЕОПТОЛЕМ
Тој ништо не слуша, а јас пак добро знам:
840 на оружјето ќе биде грабеж залуден
ако отпловиме без овој овде маж.
Зар нему венец треба да му припадне.
И богот рече тој да биде доведен.
А голем срам е гордост за несвршено,
845 а било стекнато со лаги срамотни.

ХОР

Антистрофа
Но тоа, чедо, богот ќе го согледа,
а она, што ти мене ми го кажуваш
со тивок глас,
ти, мене, сине, потивко кажи ми го..
850 А оној, којшто страда од несоница
и в сон тој лесно, јасно забележува.
Но колку можеш подобро
ти сега молкум размисли, што ќе правиш.
Па ако исто мислиш како овој маж,
855 а знаеш ти за кого сега зборувам,
зла непребродливи тоа ќе ти донесе
за мудрец дури што се несовладливи.

ХОР

Епода
О, чедо, еве ветар дува поволен,
Филоктет 181

а мажот овој сосем е обезвиден


860 и токму сега наполно беспомошно
тој нурнат е во темни, црни мракови,
а сонот негов благ, за нас е сега дар.
Ни рака, нога може тој да покрене,
а има вид, ко некој што е сега в Хад.
865 Ти гледај сега, ова баш е мигот прав.
И, сине, колку можам јас да разберам
труд лишен од страв секаков е најдобар.

ТРЕТА ЕПИЗОДА
НЕОПТОЛЕМ
Ти молчи сега, не се вознемирувај!
Ги мрда мажов очите, ја крева главата.

ФИЛОКТЕТ
870 О, сонце, после сонот што се јавуваш,
о, стражо, ненадна од овие туѓинци!
Јас, чедо, никогаш не се понадевав
дека сожаливо ќе г поднесуваш
ти моите патила, стоејќи крај мене.
875 Атрејците, тие славни војсководачи
не можеа тоа лесно да го поднесат.
Но ти, благороден плод благороднички,
ти сето тоа поднесе, презаситен
од моите лелеци и реа стравотна.
880 А сега, кога болката ми попушта
и мир ми дава, сине, ти покрени ме,
да застанам, штом заморот ми одмина.
Да одиме кај бродот! Да отпловиме.

НЕОПТОЛЕМ
Се радувам штом гледам дека немаш бол
885 и дека жив си, дишеш сега сè уште.
По знаците од болот што те мачеше
помисливме дека ти веќе не си жив.
Сам дигни се, но ако сакаш повеќе
182 Софокле

нек’ овие те кренат. Труд не ќе жалат,


890 штом ти и јас на ова се одлучивме.

ФИЛОКТЕТ
Благодарам, но сега ти подигни ме,
а нив отстрани ги, да не ги згрозуваш
прекумерно со ова гадна миризба.
На бродот тие долго ќе сè со мене.

НЕОПТОЛЕМ
895 Нек’ така е. Исправи се и застани.

ФИЛОКТЕТ
Не грижи се. Сум навикнат да станам сам.

НЕОПТОЛЕМ
Ох, леле! Што понатаму да правам јас?

ФИЛОКТЕТ
Но, што е, чедо, што сакаш да кажеш ти?

НЕОПТОЕМ
На каде да го свртам зборот – не знам јас.

ФИЛОКТЕТ
900 Се двоумиш? О, чедо, така не вели.

НЕОПТОЛЕМ
Па сега баш во невола се наоѓам.

ФИЛОКТЕТ
Зар мојта гадна болест ќе те принуди
да не сакаш на бродот да ме одведеш’

НЕОПТОЛЕМ
Што гадост е да преземеш да извршиш
905 недостојно што е на твојот характер.
Филоктет 183

ФИЛОКТЕТ
Ти ништо не правиш неприлично што е
за татко ти. Н а чесен маж ти помагаш.

НЕОПТОЛЕМ
Ќе се посрамотам и тоа ме измачува

ФИЛОКТЕТ
Не со тоа што го правиш – Чудно зборуваш.

НЕОПТОЛЕМ
910 О, Зевсу, што да правам? Никаквец ли пак
да сум јас, криејќи и лажејќи бесрамно.

ФИЛОКТЕТ
Сал ако не ме мами умот, овој маж
ме напушта и сака сам да отплови.

НЕОПТОЛЕМ
Не, не те напуштам. За твоја несреќа
915 јас ќе те одведам, но се измачувам.

ФИЛОКТЕТ
Што велиш, чедо? Ништо не те разбирам.

НЕОПТОЛЕМ
Не кријам веќе. Треба да те одведам
во Троја, кај корабите Атрејцеви.

ФИЛОКТЕТ
Ох, леле, тешко мене, ти сега што рече?

НЕОПТОЛЕМ
920 Не лелекај пред добро да ме разбереш.

ФИЛОКТЕТ
А што да разберам? Што ќе ми направиш?
184 Софокле

НЕОПТОЛЕМ
Од злото првин ќе те спасам; потоа
со тебе Троја ќе ја опустошувам.

ФИЛОКТЕТ
Навистина ли тоа ќе го направиш?

НЕОПТОЛЕМ
925 Неопходно е тоа. Ти не лути се.

ФИЛОКТЕТ
О, беден! Ме предадоа! Сум издаден!
Ајд, странче, веднаш лакот мој врати ми го.

НЕОПТОЛЕМ
Невозможно. И должноста и ползата
ме гонат да ги слушам поглаварите.

ФИЛОКТЕТ
930 О, огну, ти чудовиште, ти бесрамен
изумител на итрини! Што ми стори?
Со што ме измами? Зар не се срамуваш?
Измамнику, те молев јас на колена,
а ти со лакот ми го зеде животот.
935 Те молам, врати го. Те колнам в бозите
татковински. Не земај ми го животот.
О, беден јас! Тој веќе не ми зборува,
го врти погледот и лакот не ќе го врати.
О, пристани, о сртови, о, горски ѕверови,
940 мои друзи најмили, о стрмни камења!
Вам, немам кому другому да искажам
што зло ми стори мене синот Ахилов.
Се заколна тој дома да ме одведе,
а сака в Троја да ме води. Лакот мој
945 што посветен на синот Зевсов Херакле
му беше, од мене го доби; даде збор,
а сака на Аргејци да го покаже.
Ме води силум, ко да фатил силен маж,
Филоктет 185

а не знае, тој мртов, сенка убива


950 ил призрак. Здрав да бев не ќе успееше,
а болен дури с измама ме победи.
Ајд, што велиш? Зар молчиш? Кутар, пропаднав!
О, двовратна ти пештеро, јас повторно
955 без оружје се враќам в тебе, без храна.
Ни птици крилати, ни можам горски ѕвер
со стрелите да убијам, но мртов јас
ќе бидам плен на тие што ме хранеа.
960 Со мојта смрт ќе платам јас за нивната.
Па умри, сепак не пред јас да согледам
ти дека си се премислил. Ако пак не,
нек’ гибел срамотна да си доживееш.

ХОР
Ти, кралу, одлучи што да направиме,
965 дал ќе отпловиме ил овој ќе го слушаме.

НЕОПТОЛЕМ
Не сега, туку одамна се сожалив
јас на несреќата на овој беден маж.

ФИЛОКТЕТ
О, чедо, в бозите те колнам, смилуј се,
нек’ не те обвинат дека си измамник.

НЕОПТОЛЕМ
970 Што да правам? Ох, камо среќа никогаш
Скир јас да не го напуштев. Ох, каков срам!

ФИЛОКТЕТ
Ти не си зол, зли луѓе те научиле
на дела срамни; срамот ним предај им го,
а лакот дај ми го, па потем отплови.

НЕОПТОЛЕМ
975 О, мажи сега што ние ќе правиме?

[ОДИСЕЈ изненадно се појавува зад пештерата.]


186 Софокле

ОДИСЕЈ [на НЕОПТОЛЕМ]


Што правиш, мисли никаков никаквецу!
Потргни се и мене лакот дај ми го.

ФИЛОКТЕТ
Што? Кој е овој? Зар го слушам Одисеј?

ОДИСЕЈ
Да, Одисеј. Ме гледаш токму пред тебе.

ФИЛОКТЕТ
980 Ој, ме продадоа! Јас сега пропаднав.
Тој, значи, ми го ограби оружјето?

ОДИСЕЈ
Не друг, а јас. Ти добро знаеш. Признавам

ФИЛОКТЕТ [на НЕОПТОЛЕМ]


Врати ми го, о, чедо, лакот, стрелите.

ОДИСЕЈ
Дур и да сака, нема тоа да го направи
985 со нив и ти ќе си, ил ќе те одведат.

ФИЛОКТЕТ
Зар мене, велиш, најлош од злосторните,
ти дрзнику, со сила да ме одведеш?

ОДИСЕЈ
Да, ако милум не сакаш...

ФИЛОКТЕТ
О, земјо лемноска, о, лачу всевладаен
990 Од Хефест1 создаден, ќе допуштиш ли ти
со сила од овде да бидам одведен?

1
Хефест бил бог на огнот и занаетчиството, син на Зевс и Хера.
Филоктет 187

ОДИСЕЈ
Сам Зевс, да знаеш, Зевс, кој овде владее
заповеда. Јас нему сум му служител.

ФИЛОКТЕТ
О гнасо гнасна, што сè не ќе измислиш
995 и бозите ти лажговци ги направи.

ОДИСЕЈ
Не, истинољупци. Тргај по овој пат!

ФИЛОКТЕТ
Не! Одбивам!

ОДИСЕЈ
А јас пак велам да се покориш.

ФИЛОКТЕТ
Ој, беден јас, зар татко ни не роди нас
1000 за робје, не пак како луѓе слободни!

ОДИСЕЈ
Те роди како рамен на најдобрите
со кои Троја треба да се освои.

ФИЛОКТЕТ
Не, никогаш! Зло најтешко да претрпам,
сè дур ги имам овие ридје в земјава.

ОДИСЕЈ
1005 И што мислиш ти сега пак да направиш?

ФИЛОКТЕТ
Ќе си ја разбијам јас веднаш главата,
фрлајќи се од висок гребен в бездната.

ОДИСЕЈ
Фатете го, да не стори што наумил.
188 Софокле

ФИЛОКТЕТ
О, раце, што претрпевте без лакот мил
1010 оставени, од мажот овој врзани.
О, ти, што ништо честито не смислуваш,
со каква итрина ме в мамка улови
криејќи се зад момчево, што не го знам,
за кого си недостоен, но за мене
1015 е достоен. Тој, беден, ништо не знаел
ги следел само твоите напатствија
па сега силно страда зарад грешката
и зашто зарад тоа јас сум страдалник.
А твојта мисла зла, што снове потајно
1020 да биде лукав злини го научила
иако бил неопитен и неволен.
А сега на ум имаш мене окован
од овој брег, ти ’рѓо, да ме одведеш,
на кој ме фрли, напуштен, без пријател,
1025 ко прогнаник, ко мртовец сред живите.
Оооој!
Да пропаднеш, јас често ти посакував
но бозите сласт не ми досудуваат;
ти среќно живееш – јас в јадој пропаѓам
1030 и в безброј зла, исмеван од двајцата
Атрејци и од тебе кој им слугуваш.
Но и ти беше принуден со лукавство2
да отпловиш со нив, а мене кутриот,
кој волно отпловив со седум кораби
1035 ти велиш – тие подло ме исфрлија,

2
„со лукавство да отпловиш“: Одисеј сакал да го избегне учеството во
Тројанската војна, зашто знаел за едно пророштво, според кое, ако појде
на Троја дваесет години не ќе се врати дома. Кога Агамемнон и Менелај со
придружниците дошле на Итака да го повикаат да им се приклучи во походот,
тој се преправал дека е луд, впрегнал во плуг коњ и вол, орал и по браздите сеел
сол. Тогаш Паламед, за да го натера Одисеј да се издаде, на земјата пред плугот
го ставил малиот Одисеев син Телемах. Со тоа што Одисеј го тргнал плугот од
местото каде што било положено детето, се открил дека не е луд, туку дека се
преправа.
Филоктет 189

а тие велат – од тебе сум исфрлен.


И сега, зошто и каде ќе ме водите?
За вас сум никој, мртов одамна.
О, човеку, најомразен на бозите
1040 зар сега не сум куц и смрдлив болесник?
И како, ако отпловам, ќе можете
да палите на бози жртви свештени?
Та ова, изговор ти беше за отфрлање.
О, да би пропаднал! И ќе пропаднете
1045 ако на бозите им е до правдина.
Знам, тие токму тоа го наумиле.
Сал поттик божесни по овој морски пат
ве довел кај мене – кај човек несреќник.
Одмаздете, одмаздете ме најсетне,
1050 ако за мене трошка милост имате,
па ако видам дека се уништени,
ќе сметам дека спасен сум од гибелта.

ХОР
О, лут е странецов и луто зборува,
Одисеју! Пред злото не отстапува..

ОДИСЕЈ
1055 Да имам време, знам што да одговорам.
Сал ова ќе го кажам, ако затреба
баш таков човек некому – јас тука сум.
И ако бараш луѓе чесни, праведни,
од мене почестит ти не ќе изнајдеш.
1060 Јас роден сум со желба сè да победам,
сем тебе. Сега радо се повлекувам.
Ослободете го и не гибајте го.
Пуштете го нек’ остане, не ни треба.
Оружјето го имаме, а кај нас е
1065 и Тевкар3 – зналецот во таа вештина.

3
Тевкар, братот на Ајант Великиот, се истакнал под Троја како одличен стрелец.
Аполон му подарил лак со кој убил многу Тројанци. Кога лакот го насочил кон
Хектор, Зевс, за да го заштити тројанскиот јунак, го скршил лакот на Тевкар.
190 Софокле

Па и јас сметам полош не сум од тебе


на рака во нишанење и стрелање.
Не ми требаш, ајд здраво. Лемнос гази го!

ФИЛОКТЕТ
Ој, беден, што да правам? С мојто оружје
1070 ли ќе се појавиш ти пред Ахајците?

ОДИСЕЈ
Да не слушнам ни збор! Јас веќе поаѓам.

ФИЛОКТЕТ
О, семе Ахилеево и од тебе
ли нема глас? И ти ли си заминуваш’

ОДИСЕЈ [на НЕОПТОЛЕМ]


Ти тргни се! Со твојата благородност
1075 би можел да ја уништиш приликава.

ФИЛОКТЕТ [на ХОРОТ]


И вие, странци, ли ќе ме напуштите,
и вие ли за мене милост немате?

ХОР
На коработ наш ова момче е кормилар,
што тој ќе каже, ние исто велиме.

НЕОПТОЛЕМ
1080 Нек’ чуе овој4: милост има во мене
кон овој маж5. Штом сака тој, останете
морнарите дур спремни се за пловидба.
На бозите, ајд, да им се помолиме,
1085 а дотогаш, за нас ќе има мисла поарна.
[на ОДИСЕЈ]
Да одиме! на повик наш, в час дојдете!

4
Одисеј.
5
Филоктет.
Филоктет 191

ТРЕТ СТАСИМ
ФИЛОКТЕТ

I строфа
О, пештеро, ти в стена што си вдлабена
и топла, но и студена,
но никогаш јас нема да те напуштам,
1090 ќе бидеш тука и во мојот смртен час.
Ој, леле, леле!
Ој пештеро, ти несреќна и преполна
со мојот лелек! Како ли да живеам,
на каква храна, кутар, да се надевам?
1095 О, камо среќа да ме грабнат птициве,
што в небо вишно везден пиштат плашливо.
Јас сега веќе немам сила повеќе!

ХОР
Ти самиот, несреќнику, несреќата
на себе си ја довлече.
1100 Оваа судба не ти е
од другаде, или од некој помоќен.
Ти можеше да бидеш разумен,
но место поарно, ти избра полошо.

ФИЛОКТЕТ

I антистрофа
О, беден, беден јас,
1105 од јадој тешки измачен,
ќе згинам овде населен,
осамотен, без никого,
ој, леле, леле!
Ни храна веќе не можам
1110 да снабдам с стрели крилати,
со раце моќни кренати.
А зборој тајни, ненадни,
со мисла итра, лукава,
192 Софокле

ој, подло ме заведоа.


1115 О, да би го видел човекот,
што сето ова ми го натокми,
да страда тој од иста невола,
ко јас што страдам в овој час.

ХОР
Оваа судна, судба е од бозите,
1120 а не од моја рака е исплетена
измамата. Кон други ти упати ги
овие твои клетви толку стравотни.
А мене, сепак ми е драго на срце
да не ја презреш дружбата ти со мене.

ФИЛОКТЕТ

II строфа
1125 Ој, леле, тешко мене, сега некаде
на брегот морски сега веќе седи тој
и слатко ме исмева, мавтајќи го
во раце лакот, што е мојот хранител,
што никој в рака не го допрел никогаш.
1130 О, лаку мој, ти мил што си ми пријател,
од раце дамна истргнат пријателски,
ако воопшто нешто сега чувствуваш,
ќе знаеш дека другар му на Херакле
со тебе веќе нема да се послужи.
1135 Ти другому отсега ќе му припаѓаш,
на оној човек, подмолен,
гледајќи ги неговите
бесрамија и итрини;
ти самиот ќе согледаш
1140 колку тој маж најомразен
безбројни дела срамотни
со своите итрини предизвикал
и колку зла тој против мене искроил.
Филоктет 193

ХОР
Должност секому е праведно да зборува,
1145 но кога веќе зборува
не треба с јазик пакосен
да блуе зборој отровни.
А оној младич јуначен6
е избрам меѓу мнозина
1150 со совети на Одисеј,
за општа полза да се заложи.

ФИЛОКТЕТ
О, птици грабливи,
о, ѕверој с очи пламени,
о, вие горски жители
1155 од овој предел хранети!
Од дувлата вие нема повеќе
кај мене да приоѓате
па потем да избегате;
ја немам веќе в рацете
1160 од моите стрели помошта.
Ој, беден сега јас!
Тешко се брани местово,
не треба да стравувате.
Ај, пријдете, час сега е за убиство
1165 со убиство да вратите.
А мојта мрша сета в чирови
на устата нека ви биде наситка.
Од животот се простувам;
за мене храна нема повеќе.
1170 Од воздухот кој се храни
Тој ништо не може да понуди,
што нам ни дава земјата животворна.

ХОР
Те колнам в бозите, ако го честиш странецов
којшто ти приоѓа – ајде пријди му и ти
6
Неоптолем.
194 Софокле

со сета добра волја, но и разбери,


1175 да, добро разбери: во твои раце е
да избегнеш ти сега од судбината.
А жално сега е да ја потхрануваш
и безброј неволи ти да поднесуваш
што со неа се сега сите здружени.

ФИЛОКТЕТ
1180 Ох, повторно, ох, повтор ја споменуваш
ти мојта болка овде сега дамнешна.
Ох ти, од сите туѓинци најчесниот
на овој брег што некогаш пристигнале,
што ми чиниш и зошто ти ме убиваш?

ХОР
1185 Што зборуваш?

ФИЛОКТЕТ
Но ако уште имаш надеж некаква
во земја тројанска, за мене омразна,
ти да ме одведеш?...

ХОР
Јас сметам дека тоа ќе е најдобро.

ФИЛОКТЕТ
1190 Па тогаш вие овде оставете ме.

ХОР
Ми годат твоите зборови. Задоволни
ќе те послушаме. Ајде да појдеме!
На бродот место секој нек’ си заземе!

ФИЛОКТЕТ
Ве колнав Зевса, којшто носи проклетство
1195 не заминувајте!

ХОР
Ајд’ смири се!
Филоктет 195

ФИЛОКТЕТ
О, туѓинци,
во бозите ве колнам, не си одете!

ХОР
Што викаш повторно?

ФИЛОКТЕТ
1200 Ај! Ај! О, тешка судбо, судбино!
Ох, беден, загинав!
Ох стапало! Ох стапало, што натаму
да првам, кутар јас, со тебе в животов?
Ох, странци, не одете си! Вратете се!

ХОР
1205 Па друго што да правиме поинаку
од она преѓе од нас ти што посака?

ФИЛОКТЕТ
Простете му на човекот
од тешки болки измачен
и лудост кога зборува.

ХОР
1210 Па појди со нас, ко што ти повелавме.

ФИЛОКТЕТ
Не, никогаш! Ти ова помни: никогаш!
Дур и да дојде огненосец громовник
со своите молњи мене да ме изгори!
А Троја нека пропадне и сите под неа,
1215 кои зарад ногава што ме отфрлија.
Бар една молба, странци, исполнете ми!

ХОР
Ајд, кажи, што сакаш?
196 Софокле

ФИЛОКТЕТ
Ил меч, ил секира да ми оставите,
ил нешто друго со што се замавнува.

ХОР
1220 Зар сакаш насилство да изврши?

ФИЛОКТЕТ
И нозете и глава да си отсечам.
Да умрам сега смрт ми бара душава.

ХОР
Но зошто?

ФИЛОКТЕТ
За татка си мој јас да си го побарам.

ХОР
1225 Во која земја?

ФИЛОКТЕТ
Во Хад е. Сонце веќе тој не видува.
О, граде, граде, моја ти татковино,
о, кога пак би можел да те видам пак!
Ги напуштив јас твоите свети извори
1230 да заминам на помош на Данајците
омразени. Ох, веќе јас не постојам.

ЕКСОД
ХОР
Јас одамна ќе тргнев накај коработ
и веќе ќе бев сосем близу до него
да не видев кај се приближува
1235 на Ахил синот, заедно со Одисеј.

ОДИСЕЈ [на НЕОПТОЛЕМ]


Зар не ќе кажеш зошто сега повторно
се враќаш назад толку силно забрзан?
Филоктет 197

НЕОПТОЛЕМ
Што преѓе згрешив, сега ќе го поправам.

ОДИСЕЈ
Ти чудно зборуваш. Но што си согрешил?

НЕОПТОЛЕМ
1240 Што по тебе и војската се поведов.

ОДИСЕЈ
Зар нешто, што не ти личи си направил?

НЕОПТОЛЕМ
Го заведов јас мажот с гадна измама.

ОДИСЕЈ
Кој маж? Ти нешто ново да не смислуваш?

НЕОПТОЛЕМ
Не, ништо ново, но за синот Појантов.

ОДИСЕЈ
1245 Што ќе правиш? Страв некаков ме обзема.

НЕОПТОЛЕМ
...од кого овој лак го зедов повторно.

ОДИСЕЈ
Што зборуваш? Да му го вратиш мислиш ли?

НЕОПТОЛЕМ
Да. Срамно и неправедно го одзедов.

ОДИСЕЈ
О, жити бозите, не ли се шегуваш?

НЕОПТОЛЕМ
1250 Ако е шега да се збори вистина.
198 Софокле

ОДИСЕЈ
Што велиш, сине Ахилов, што изусти?!

НЕОПТОЛЕМ
Зар сакаш исто дваж и триж да повторам?

ОДИСЕЈ
Би сакал ниту еднаш тоа да не го слушнев.

НЕОПТОЛЕМ
Па, сега знаеш. Слушна добро секој збор.

ОДИСЕЈ
1255 Но некој ќе те спречи да го направиш.

НЕОПТОЛЕМ
Што зборуваш? Кој в тоа ќе ме попречи?

ОДИСЕЈ
И јас и сета силна војска Ахајска.

НЕОПТОЛЕМ
Ти мудар си, но мудро не ми зборуваш.

ОДИСЕЈ
А ти, ни зборуваш ни мудро дејствуваш.

НЕОПТОЛЕМ
1260 Праведното е подобро од мудрото.

ОДИСЕЈ
А, право ли е да го вратиш она што
го здоби по мој совет и мој наговор?

НЕОПТОЛЕМ
Јас сакам срамен, тежок грев да исправам.

ОДИСЕЈ
1265 Зар немаш страв од онаа војска ахајска?
Филоктет 199

НЕОПТОЛЕМ
Штом в право сум, јас таков страв не чувствувам.

ОДИСЕЈ

******

НЕОПТОЛЕМ
Од тоа ни со сила нема да ме одвратиш.

ОДИСЕЈ
Не со Тројанците, со тебе ќе војуваме.

НЕОПТОЛЕМ
Нек’ биде, што ќе биде.

ОДИСЕЈ
1270 А десницава
на мечот овој ставена, ја гледаш ли?

НЕОПТОЛЕМ
И ти
ќе видиш тогаш како јас ќе возвратам.

ОДИСЕЈ
Те оставам. Штом стигнам сè на војската
1275 ќе кажам; таа тебе ќе ти пресуди.

НЕОПТОЛЕМ
Се вразуми и ако ваков истраеш,
без солзи ќе го минеш векот можеби
[кон ФИЛОКТЕТ]
А ти, Филоктете, ајд надвор излези,
напушти ги овие двори камени.

ФИЛОКТЕТ
1280 Што вик се слуша пак пред мојата пештера?!
Ој, странци, што ме викате? Што барате?
200 Софокле

За арно не сте тука, или дојдовте


зло ново да додадете кон моите зла.

НЕОПТОЛЕМ
Не плаши се и слушај што ќе ти кажам.

ФИЛОКТЕТ
1285 Се плашам. Преѓе загазив во неволи
наговорен од твоите зборој лажовни.

НЕОПТОЛЕМ
Зар не е можно јас да сум се премислил?

ФИЛОКТЕТ
Ти таков беше, кога лакот ми го ограби,
на зборој искрен, а во душа – гибелен.

НЕОПТОЛЕМ
1290 Но сега друг сум. Кажи ми, што одлучи?
Остануваш ли овде како страдалник,
ил спремен сега си со нас да отпловиш?

ФИЛОКТЕТ
Ни збор да си реков веќе! Престани!
Што и да кажеш сега ќе е напразно.

НЕОПТОЛЕМ
1295 Ти, значи, така одлучи!

ФИЛОКТЕТ
Да, дури поцврсто отколку искажав.

НЕОПТОЛЕМ
Со моите зборој сакам да те убедам;
но, ако не си согласен – престанувам.

ФИЛОКТЕТ
Знај, залуден е сега секаков твој збор
Филоктет 201

1300 и моето срце не ќе го придобиеш;


орудието за живот ми го одзеде
а сега пак си дошол да ме убедиш,
ти изрод најсрамен од татко одличник.
О, да би сите згинале, но најпрвин
1305 Атрејците, па синот Лаертов и ти.

НЕОПТОЛЕМ
Не колни ме,
од мојта рака земи го оружјево.

ФИЛОКТЕТ
Што зборуваш? Ме мамиш ли ти повторно?

НЕОПТОЛЕМ
Не, жими светоста на Зевса севишен.

ФИЛОКТЕТ
1310 О, зборој премили, сал да се вистина!

НЕОПТОЛЕМ
Со дело ќе ти докажам. Десницата
испружи ја и земи го оружјето.

ОДИСЕЈ
Во име на Атрејците и војската
не допуштам, нек’ бозите се сведоци.

ФИЛОКТЕТ
1315 О, сине, чиј глас слушнав? Одисеев ли?

ОДИСЕЈ
Се разбира,
до тебе стои тој, што в полја тројански
со сила ќе те одведе, штом синот Ахилов
се противи.
202 Софокле

ФИЛОКТЕТ
1320 Но не ненакажан, сал лаков ако погоди.

НЕОПТОЛЕМ
Не, жити бозите, ти стрела не фрлај!

ФИЛОКТЕТ
Пушти ми ја, о, сине премил, раката.

НЕОПТОЛЕМ
Не, не ти допуштам.

ФИЛОКТЕТ
Ах, зошто сега мене не ми допушти
1325 со лаков да го сотрам мажов омразен.

НЕОПТОЛЕМ
Тоа не е доблесно ни за мене, ни за тебе.

ФИЛОКТЕТ
Ти ова знај! Првенците на војската
тие лажни, гласници на сите Ахајци
во борба слаби се, а храбри сал на збор.

НЕОПТОЛЕМ
1330 Да, така е, но ти во раце држиш лак
и нема зошто бесен да си ми и лут.

ФИЛОКТЕТ
Сум согласен. Ти покажа од каква крв
си роден; Сизиф тебе татко не ти е,
а Ахил, кој сред живи беше одличник,
1335 тој таков е и сега меѓу мртвите.

НЕОПТОЛЕМ
Се радувам што на таков збор за татко ми
и за мене. Но чуј што барам од тебе:
се она што е судено од бозите
Филоктет 203

за луѓето, ќе треба да се поднесе;


1340 за тие пак, ко тебе, што доброволно
во гибел лежат, за нив не е праведно
ни прошка ниту милост да не доделиш.
Ти здивен си и советник не прифаќаш.
И кога некој с добра цел те поучи,
1345 го мразиш и го сметаш за непријател.
Но јас ќе кажам, Зевс нек’ биде сведок мој
а ти запомни го и в срце втисни го.
Ти болуваш заради волја божесна
зашто ја згази змијата на Златица
1350 што чувар таен е на олтар нескриен
и немаш спас од оваа болест претешка
сè дури сонцето од овде изгрева,
а таму заоѓа; сè дур не дојдеш сам
доброволно на оние полја тројански
1355 и кај нас не ги сретиш Асклепидите7
кои твојта болка можат да ја ублажат,
па с овој лак и со мене да успееш
тврдините на Троја да ги разурнеш.
Ќе кажам уште, како ова сè го знам.
1360 Од Троја заробен кај нас го држиме
одличниот врач Хелен. Јасно кажа тој
дека ќе биде така; уште додаде
и дека Троја ова лето наполно
освоена ќе биде. Да го погубат
1365 се сложи, ако лажни зборој изрекол.
Па штом го знаеш ова – ти согласи се,
а награда ќе ти е што Хелените
за јунак ќе те сметаат, па уште и
кај видари ќе појдеш, а јадовита,
1370 штом Троја ќе ја плениш – слава бесмртна
за себе в вечни времиња ќе постигнеш.

7
Асклепиди се свештеници на Асклепиј, богот на лекарската вештина, син на
Аполон.
204 Софокле

ФИЛОКТЕТ
О, живот гаден, за што уште тука сум
и не ми допушташ во Хад да отидам!
Ој, што да правам, како да не послушам
1375 што овој, с добра мисла ме наговара?
Но, ако попуштам, зар можам на сонце
да излезам и кому да проговорам?
О, очи, сите патила ги видовте,
па како сега вие ќе поднесете
1380 да бидам повторно јас со Атрејците,
со тие, кои мене ме уништија,
или со сепогубниот син Лаертов?
Не, не ме гризе болка од минатото,
но гледам уште колку многу патила
1385 од нив ми претстојат. А кога мислата
зло едно родила, и други зла ќе изроди.
Но ти се чудам тебе; и ти не треба
во Троја да се вратиш и да допуштиш
и јас да појдам таму. Те навредија
1390 пленејќи го оружјето на татко ти.
Зар за нив ќе се бориш и јас со тебе?
Не, чедо, никако! ко што се заколна
ти дома врати ме, а сам в Скир остани
и пушти ги да згинат злосторниците.
1395 Со тоа двојна милост ти ќе здобиеш
од мене и од татко ми. штом помогнеш
на злосторниците – ко нив ќе бидеш ист.

НЕОПТОЛЕМ
Ти мудро зборуваш, би сакал сепак јас
да имаш верба в бозите и в мојот збор,
1400 па со мене ко с пријател да отпловиш.

ФИЛОКТЕТ
Зар в Троја и кај гнасниот син Атреев
со оваа болна нога јас да отпловам?
Филоктет 205

НЕОПТОЛЕМ
Кај оние да појдеш, кои ќе дадат спас
за твојта нога гнојна и за болеста.

ФИЛОКТЕТ
1405 Ох, страшно ме советуваш. Што зборуваш?

НЕОПТОЛЕМ
За она, што од полза е за двајцата.

ФИЛОКТЕТ
Зар не се срамуваш ти пред боговите?

НЕОПТОЛЕМ
Но, зошто, ако полза в тоа наоѓам?

ФИЛОКТЕТ
За мене полза, или за Атрејците?

НЕОПТОЛЕМ
1410 Јас твој сум пријател; за тебе зборувам.

ФИЛОКТЕТ
Но сакаш да ме предадеш на вразите.

НЕОПТОЛЕМ
Пријателе, не гневи се во невола.

ФИЛОКТЕТ
Со такви зборој, гледам, ќе ме уништиш.

НЕОПТОЛЕМ
Не, никако. Ти тоа не го разбираш.

ФИЛОКТЕТ
1415 Но знам дека бев фрлен од Атрејците.
206 Софокле

НЕОПТОЛЕМ
Те фрлија, но сега те спасуваат.

ФИЛОКТЕТ
Не, Троја ваков да ја видам не сакам.

НЕОПТОЛЕМ
Па што да правиме, ако со зборови
не можам да те убедам. Ќе треба јас
1420 да замолчам. Ти продолжи да живееш
ко досега, без надеж никаква за спас.

ФИЛОКТЕТ
Ти пушти ме да страдам што е пишано,
но она, што ми вети прифаќајќи ја
десницава, ти, сине мој, исполни го.
1425 Ми вети дека ќе ме вратиш мојот дом,
па врати ме, не одлагај и не мисли
на Троја веќе. Доста страдав од неа.

НЕОПТОЛЕМ
Но, ако така сакаш, ајд да појдеме.

ФИЛОКТЕТ
1430 Ајд, појди сега; на мене ти потпри се

ФИЛОКТЕТ
Колку што сила сега има во мене.

НЕОПТОЛЕМ
Но како да ги избегнам прекорите
што ќе ми стигнат мене од Ахајците?

ФИЛОКТЕТ
На тоа сега не мисли.

НЕОПТОЛЕМ
1435 А, ако земјата ми ја опустошат?
Филоктет 207

ФИЛОКТЕТ
Ќе бидам таму јас.

НЕОПТОЛЕМ
Со што ќе можеш да ми помогнеш?

ФИЛОКТЕТ
Со стрелите на Херакле.

НЕОПТОЛЕМ
Што зборуваш?

ФИЛОКТЕТ
1440 Јас ќе ги спречам нив и да се доближат.

НЕОПТОЛЕМ
Ти земјава бакни си ја, со мене ајд!

[deus ex machina]

ХЕРАКЛЕ
Не, уште не е време. Сине Појантов
не поаѓај дур не го слушнеш мојот збор.
Претстави си; го слушаш гласот Хераклов
1445 и дека ликот негов ти е пред очи.
Заради тебе дојдов и јас напуштив
тие дворци небесни, да ти ја соопштам
на Зевса желбата и да го попречам
тој пат, на којшто сега си се упатил.
1450 Послушај ги ти сега моите зборови.
За мојта судба првин ќе ти раскажам,
низ какви страдања и маки поминав.
Знај, и ти треба тоа да го поднесеш,
1455 низ маки живот славен за да изградиш.
Во градот Троја појди сега с овој маж
и првин спаси се од болест гибелна.
Со храброста ќе станеш прв сред војската
на Париса – виновникот за оваа несреќа
208 Софокле

1460 со моите стрели тогаш ќе го погубиш


и Троја ќе ја разурнеш, а твојот плен
од војската за храброст што ти припаѓа,
ќе му го пратиш во Ојта на татко ти,
но дел од пленот, што ти е од војната
1465 на мојте стрели в спомен в оган фрли го.
А тебе, сине Ахилов ти кажувам
без овега си бессилен и не можеш
ти Троја да ја заземеш – ни овој сам,
но ко два лава заемно чувајте се
1470 и тебе тој – и него ти. Јас Асклепиј
во Троја исцелителот ќе го пратам;
тој таму ќе те исцели од болеста.
Со моите стрели Троја повторно
ќе биде земена. Но добро помнете:
1475 штом градот го разурнете – на бозите
чест искажете им. Тоа е најважно.

ФИЛОКТЕТ
О, ти, кој глас посакуван ми испраќаш
Што пред мене по толку време пристигна,
на твоите зборови јас ќе се покорам!

НЕОПТОЛЕМ
1480 И јас на овој совет се приклонувам?

ХЕРАКЛЕ
Па тогаш сега не се задржувајте,
за пловидба е сега часот погоден
и ветар поволен ви бие в едрата.

ФИЛОКТЕТ
Па ајде, земјава да ја поздравиме!
1485 О, збогум пештеро, ти моја закрило,
и вие красни нимфи в росни ливади
и ти трескот силовит на овие бранови
крај сите тие стрмни морски ’ртови
кај ветрот често образ мој ми влажеше
Филоктет 209

1490 кога јас се враќав сам во мојта пештера


каде што Хермеј, таа гора висока
со ехо често мене ми возвраќаше
на тие мои тешки, болни лелеци,
штом болка мене тело ќе ми згрчеше.
1495 Ве напуштам, јас сега, бистри врутоци,
и водо ликајска, веќе ве напуштам,
а надеж за тоа јас немав повеќе.
Ој збогум, Лемнос, с море сегде окружен,
дај среќна пловидба да стигнам безбедно
1500 кај што ме носи мене судба премоќна
и желба силна од моите другари,
и оној дајмон, кротител што е на сè
и чија волја сега се извршува.

ХОР
Да појдеме и ни е веднаш заедно
1505 на морски нимфи молба да упатиме
на враќањето ни да бидат чуварки.
ЕЛЕКТРА
ЛИЦА

ОРЕСТ, син на Агамемнон


ЕЛЕКТРА и
ХРИСОТЕМИДА, сестри на Орест
КЛИТЕМНЕСТРА, вдовица на Агамемнон
ЕГИСТ, втор маж на Клитемнестра
ПИЛАД, пријател на Орест
ВОСПИТУВАЧ на Орест
ХОР на постари микенски девојки, пријателки на Електра

Кралскиот дворец во Микена. Дворецот има три порти и напред


трем; тука се божјите кипови, меѓу кои и Аполоновиот. Десно се
гледа градот Арг (лаг на Ија и Ликискиот плоштад), а лево, на ви-
сочинка се издига храмот на божицата Хера.
ПРОЛОГ

ВОСПИТУВАЧОТ
О чедо ти на Агамемнон, кој некогаш
на Троја војна крена, нагледај му се
на она сега вечен копнеж што ти бил:
твој љубен Аргос стар, и лаг на ќерката
5 на Инах8 она е, од штркел гонета.
А она, Оресте, е плоштадот на бог
волкобиец, ликискиот9, и лево – храм
на Хера10 славен. Каде, пак, што втасавме,
Микéна, знај, ја гледаш, мошне богата,
10 и домот гибелен на Пелопидите11,
од кај те примив некогаш од сестра ти
од иста крв, по гибелта на татко ти.
Те однесов, те спасив и те одгледав
до олкав за да одмаздиш смрт таткова.

8
Инах е херој и прв владетел на Аргос. Во неговата ќерка Иó се вљубил Зевс,
таткото на боговите и, за да ја заштити од својата љубоморна жена Хера, ја
претворил во крава. Хера на кравата йпратила штркел, кој ја гонел по светот.
Лагот на Иó е, всушност, посветен на Инах.
9
Ликиски е атрибут на Аполон како бог на светлината. Старите овој збор го
толкувале со λύκος = волк, зашто Аполон е и λύκοκτόνος = волкобиец. Главниот
плоштад во Арг бил λύκειος ἀγορά.
10
Хера е жена на Зевс и, како таква, прва меѓу божиците.
11
Пелоп, син на лидискиот крал Тантал, завладеал со голем дел од Пелопонез.
Поради стари гревови Пелопидите, потомците на Пелоп, ги прогонува несреќна
судбина.
216 Софокле

15 Но, Оресте, пријателе мил Пиладе12,


што сега да се направи обмислете,
и тоа брзо. Еве сјаен сончев зрак
ги крева птиците на ѕвонлив ранопој
и ноќ од небо ѕвездено се повлече.
20 Пред некој маж да излезе од дворецон
сложете се. Сме дотаму – за бавење
час нема, сега мора да се дејствува.

ОРЕСТ
Придружнику ти најмил, колку јасен знак
на верност кон нас покажа! Ко некој коњ
благороден, кој, макар стар, во опасност
не се дели од душа, уши начулил.
Ти така нè поттикнуваш и нас и сам
во први редови си со нас. Затоа
намерата ќе ти ја откријам, а ти
30 следи ми ги зборовите внимателно,
па ако нешто не чини, исправи ме!
Во Питското пророчиште јас кога бев13
да разберам на кој начин да одмаздам
на оние што татка ми го убија,
35 Фојб14 од мене – ќе чуеш бргу – побара:
без војска и без штитови, со измама,
од рака моја праведно да најдат смрт.
Штом такво е пророштвото, да влезеш ти
во дворецон штом згода ќе се укаже,
40 па дознај сè што се прави, а потоа
извести ме сè точно. Стар си, минало
и време долго, не ќе те препознаат.
Ни на ум вака прецветан15 не им паѓаш.

12
Пилад е син на Строфиј, владетелот на Фокида, во чиј дом бил примен Орест по
смртта на татко му Агамемнон. Пилад и Орест станале неразделни пријатели.
13
Орест бил во Аполоновото пророчиште во Делфи. Πυθώ (Питхо) е најстарото
име на околината на Парнас во Фокида, каде се наоѓал храмот на Аполон.
14
Фојб е атрибут на Аполон како бог на светлината.
15
Остарен, со седи коси.
Електра 217

А кажи, божем, од Фокида туѓинец


45 си дојден; Фанотеј16 те праќа, кој им е
по копје другар најдобар. Извести ги
и клетва додај дека Орест загинал
со клета судбина, стркалувајќи се
од коњска запрега на игри Питиски,
50 на трката. Ти тоа раскажи им го!
А ние ќе излееме17 на татков гроб,
ко заповед што е18, ќе го закитиме
со кичери отсечени, па потоа
ќе дојдеме со урна в раце бронзена –
55 и ти, во грмушка е, знаеш, скриена –
за да, мамејќи ги со збор, им јавиме
вест мила: дека со мене е свршено,
сум изгорел и веќе сум пепелосан.
Што, пак, да жалам, штом сум мртов сал на збор,
60 а всушност, живеам и слава стекнувам?
Па чинам, нема лош збор, ако користи.
Многупати сум чул – на збор сал умрени,
а умни мажи, кога дома повторно
ќе дошле, биле ценети и повеќе.
65 Со таква надеж сум и јас, по таа вест
на вразите ко ѕвезда да им блеснам жив.
О земјо таткова и бози домашни,
благосклоно примете ме на овој пат!
И ти, о татков доме, зашто доаѓам
70 за твоја одмазда, од бози поттикнат!
И, презрен не враќајте ме од земјава,
а власт да преземам и дом да обновам!
Е тоа велам. Ти, пак, старче, грижи се
да појдеш и да си го свршиш твојот дел!
75 Да тргнеме, и време е – управител
во секој потфат најголем на луѓето.

16
Фанотеј бил брат на Строфиј; обајцата се владетели на Фокида.
17
На гроб се излева жртва – леанка од млеко, мед и вино и вода од извор, или
посебно секоја од овие течности. Се става и прамен од коса.
18
Од Аполон.
218 Софокле

ЕЛЕКТРА [внатре]
Оф, тешко мене!

ВОСПИТУВАЧОТ
Од домон ми се стори дека јачкање
од некоја чув, дете, од слугинките.

ОРЕСТ
80 Да не Електра кутра? Да останеме
би сакал овде, што реди да чуеме.

ВОСПИТУВАЧОТ
Не, на Локсија19 најпрвин заповеди
ќе треба да извршиме. Од леанка
на татко ти ќе почнеме. Нам тоа моќ
85 ни дава да истраеме, и победа.

[Тие си одат, доаѓа ЕЛЕКТРА.]

ЕЛЕКТРА

Систем
Виделино о сјајна,
о своде небесен што земјава ја обвиваш,
колку многу тажачки,
колку удари во гради крвави
90 сте слушале,
кога ноќта темна одминуваше!
И кутро легло знае
за моите ноќни бдеења во куќа претажна;
колку солзи пролеав по мојот кутар татко,
95 кого што не Ареј крвав го дарувал20
во земја барбарска21,
туку мајка ми и Егист, другар нејзин в постела,

19
Локсија е Аполонов атрибут како пророчко божество.
20
Ареј, бог на војната, дарува, погостува (ξενιζειν) со јуначка смрт.
21
Троја.
Електра 219

глава, ко даб дрвари, со остра секира


му пресекоа.
100 А плач не се слуша
од друга освен од мене, о татко, по тебе,
кој толку грдо, жално загина.

Антисистем
Не, не,
не ќе прекратам да плачам и тажам
105 дур гледам светлост сјајна ѕвездена,
дур оваа виделина ја гледам.
Ко славејка што без славејчиња останала,
во знак на жалост, пред порти таткови,
сите да чујат, глас ќе разлевам.
110 О доме Адов и Персефóнин22,
Хермесу ти подземен23,
Клетво почитувана24,
ќерки божји,
честити Еринии25,
115 о дојдете, помогнете,
убиство на татко да одмаздите,
и мене брат ми пратете ми го!
Сама веќе не можам
120 болка претешка да поднесам.

ПАРОД
I строфа

ХОРОТ
Електро ќерко, ќерко на мајка најклета,
зошто вечно со болка непрежална

22
Ад (Аид, Хад) и Персефона владеат со подземниот свет, кој исто така се вика Ад.
23
Хермес е гласник на боговите, посредник, па затоа смртните ги придружува на
нивните патувања, особено на патувањето на душите на умрените во Ад.
24
Клетва (Ἀρά) е божица на проклетството и одмаздата; таа е придружница на
Ериниите, или самата е една од нив.
25
Страшни божици на одмаздата.
220 Софокле

го жалиш Агамемнона, кој уловен


одамна со мајкина ти итра измама,
125 е убиен со рака крвничка?
О, проклет бил кој такво нешто замислил,
ако не е грев да кажам!

ЕЛЕКТРА
О соплеменички благородни,
130 ми дојдовте ко утеха на моите маки!
Го знам и разбирам јас тоа, не да не знам,
но не сакам да оставам
татко несреќен да не си оплачам.
О вие, поддршка што секаква ми давате,
135 допуштете на болка да се предадам!
О, ве преколнувам!

I антистрофа

ХОРОТ
Па сепак, татко ти не го враќаш
од водите Аидови26, заеднички на сите,
ни с молби ни со плач.
140 Туку ми воздивнуваш,
од болка претешка
везден пропаѓаш,
а нема лек за таа несреќа.
Па зошто да ми копнеш в јадови?

ЕЛЕКТРА
145 Без срце е тој кој заборавил
жалосно загинати родители.
А мене присрце ми е
плашливата и плачна птица, гласница на Зевс,

26
Во Аид течат подземните реки Ахеронт, Перифлегетонт, Кокит и Стикс.
Електра 221

по Итиса што вечно, по Итиса тажи27.


150 Ниóбо претажна28, тебе за божица те сметам,
што в гроб каменен
солзи лееш.

II строфа

ХОРОТ
Зар ти сал, девојко, од смртните
таков јад доживеа,
155 па сега тажиш повеќе од тие внатре,
со кои иста рода, иста крв си?
И Хрисотемида и Ифијанаса29
во тоа се, и оној30, среќникон
што расте тајно в стен,
160 а кого – ќе дојде ден – ќе го прими
славна земја микенска
ко син на славен татко.
Во земјава ќе биде Орест доведен
со чекор Зевсов милозлив.

ЕЛЕКТРА
165 Него неуморно чекајќи го и бездетна
јас кутра век немажена си векувам;
облеана со солзи трпам судба
зла бескрајно, а тој заборавил

27
Прокна, ќерката на атинскиот крал Пандион, била омажена за трачкиот крал
Тереј. Тереј ја силувал сестра й Филомела, кога й дошла на гости и, за да не
може да каже, й го отсекол јазикот. Филомела несреќата ја извезла на платно.
Прокна го заклала својот син Итис и испечен му го дала на Тереј. Тој почнал да
ги гони двете сестри, но Зевс ги претворил во ластовица и славеј.
28
Солзи на Ниоба се капките што капат од карпата на Сипил. Тоа е карпа во која
се претворила Ниоба, ќерката Танталова, од жал по синовите и ќерките, убиени
од Аполон и Артемида, зашто Ниоба й се потсмевала на нивната мајка Летоја
(Латó), зашто имала само два деца, а самата четиринаесет.
29
Ифијанаса е ќерка на Агамемнон. Според некои поети, таа е, всушност
Ифигенија.
30
Орест.
222 Софокле

што за него сум сторила и што му раскажав31.


170 А кој ли глас не ми дошол, а не бил лажен?
Ко божем вечно тажел.
Тажи, а го нема да се појави!?

II антистрофа

ХОРОТ
Јунак, јунак биди, ќерко!
Зевс е уште моќен на небото.
175 Гледа тој и сè дотерува.
Со него штом гневот претежок го споделиш,
срдита не ќе бидеш кон душмани,
а сепак, не ќе ги заборавиш.
Времето е дајмон32 семоќен.
180 Па така, не е немарен
ни синот Агамемнонов.
кој живее во Криса33,
богата со пасишта,
ни оној бог кај Ахеронт што владее34.

ЕЛЕКТРА
185 Но мене голем дел од животот ми помина
безнадежно и повеќе не се борам.
Без родители си чезнам,
од блиски немам заштита,
а живеам во куќа таткова
190 ко туѓинка недостојна,
во бедна облека
се меткам покрај празни трпези.

31
Кога бил убиен Агамемнон, Орест бил мал. Како машко, постоела можност да
стане одмаздник. Поради тоа било опасно да остане на дворот, па Електра го
пратила кај Строфиј и потоа му раскажала за настанот.
32
Дајмон е бог, божесно суштество, силно и страшно, кое може да прави и добро
и зло, па според тоа значењето му е и среќа, судбина.
33
Град во Фокида.
34
Ад.
Електра 223

III строфа

ХОРОТ
Да. Тажно екна екот кога тој35 се врати,
а тажно екна в легло татково
195 и удар крвнички на остра секира.
Подмолноста зар беше учител, а страста убиец?
Страшно – страшна глетка беше тоа –
сеедно дал бог
200 ил’ смртник беше тој што тоа му го стори.

ЕЛЕКТРА
Најомразен о дену од сите оние
што досега ми самнале!
О мраку, о страшни јадови
на гозби задушни36!
205 Мојот татко смрт недостојна си дочека
од рацете на двајцана37,
кои живот беден ми одзедоа
и ме уништија.
О, нек’ великиот бог олимпски38
210 им прати маки исти овакви!
И радост никогаш да не сетат
штом такви дела сторија!

III антистрофа

ХОРОТ
Од зборови воздржи се за натаму!
Не се досетуваш зар кои се причините
215 што запаѓаш во беда домашна
ти овака недостојно?
О, многу неволи си спечали

35
Агамемнон.
36
Тој ден Егист се готвел да принесе жртва за душата на Агамемнон.
37
Клитемнестра и Егист.
38
Зевс.
224 Софокле

поденувајќи кавги секогаш


со својот мрачен карактер.
220 Со кавги мил не стануваш на моќните.

ЕЛЕКТРА
Од беда сум присилена, од беда.
И свесна сум за гневот;
незнаен тој не ми е.
Туку ни во мака гневот мој
225 не ќе стивне дур живеам.
Од кого, роду мил,
збор да слушнам полезен?
Во ова умен кој би останал?
Пуштете ме, оставете, тешителки!
230 На ова крај не доаѓа.
Од мака везден јас неизмерно
ќе плачам вака.

Епода

ХОРОТ
Со добра намера ти зборувам
ко мајка пожртвувана:
235 не додавај на злото други зла!

ЕЛЕКТРА
Зар може да се мери лошотијата?
А зар е убаво
да не се грижам за мртвите?
Кај кои луѓе има таков обичај?
240 Од такви почест не сакам
и нек’ не уживам јас во неа,
па и среќа да ме чека некаква,
штом треба да се срамам
гласно родител да оплачам.
245 Па, ако мртвиот, ко земја сал,
ко ништо друго кутар лежи,
а оние за смрт
Електра 225

не се казнат со смрт,
ќе згине почит, срам
250 пред бозите кај сите смртници.

ПРВА ЕПИЗОДА
ХОРОВОТКАТА
Јас дојдов овде за тебе и за мене
во грижа, ќерко. Не ми бендисаш ли збор,
по твое нека е, а со тебе ќе сме.

ЕЛЕКТРА
Се срамам ако поради плач претеран
255 се чинам, жени, срдита прекумерно.
Но знајте: насилство што трпам ваква сум.
Зар некоја благородна, гледајќи ја
на родот татков бедата, поинаква
би била? Од ден на ден, гледам, наместо
260 да венее, си пушта корен подлабок.
Та мајка родена, ко прво, душманка
ми стана најлута, а потоа, во дом
мој сопствен меѓу убијци на татко ми
се наоѓам и тие ми повелаат.
265 И до нив е, ќе имам нешто или не.
И сега, каков, мислиш, живот живеам,
гледајќи го на тронот татков Егиста
кај седи, кога ќе го видам облека
кај носи негова и лее леанка
270 кај огниште кај што го уби татко ми,
и кога гледам таква дрскост бескрајна:
на родот крвникот во легло татково
со клета мајка – ако мајка сè уште
ја викам онаа што лежи со него?
275 А толку смела е што ни Еринии
не ја плашат дур живее со злотворот.
Па, како да се руга на неделото,
го чека оној ден на којшто татко ми
го уби тогаш подмолно; поведува
226 Софокле

280 и оро, коле јаганца за бозите


– спасители, ко месечно жртвување39.
А јас го гледам тоа кутра, в одаи
си плачам, чезнам сал и сама во себе
си тажам гозби несреќни, посветени
285 на татко. Ниту смеам да се исплачам,
на душа да си олеснам. Та онаа,
на збор сал благородничка, викајќи ми,
со вакви зборови ме кори: „Беднице,
на бози смачена, зар ти сал остана
290 на свет без татко? Друг зар никој не жали?
О, пукнала и нека бози подземни
за вечност попека не ти дадат од плач!“
Е така вика. А штом слушне некако
от’ Орест доаѓа, е тогаш почнува
295 да трешти в бес: „За ова ти си виновна
и твое дело е. Го грабна Ореста
од раце мои ти, го скри од мене.
Но знај, по заслуга ќе бидеш казнета!“
И така лае. Тој, пак – славен годеник,
300 стоејќи до неа ја дразни посилно;
тој страшливец во сè и беден никаквец,
кој битка добива со женска поткрепа.
А кутра јас, Ореста чекајќи го
да дојде ко избавител, си пропаѓам.
305 Ко везден нешто смислува, а надежи
ми уништи, и старите и понови.
Во таква положба е, мили, неможно
ни разумен да си ни набожен. Во зло
и сам со зло ќе мораш да се послужиш.

ХОРОВОТКАТА
310 А Егист, кажи, ова дур го зборуваш,
е блиску или од дома е излезен.

39
Како помен секој месец се принесуваат жртви.
Електра 227

ЕЛЕКТРА
О, зарем мислиш дека на порти ќе бев
да беше блиску? Појден е на имотот.

ХОРОВОТКАТА
Штом било така, можеме ли посмело
315 да позборуваме за тие работи?

ЕЛЕКТРА
Го нема сега и што сакаш прашувај.

ХОРОВОТКАТА
За брат ти прашувам: ќе дојде – што велиш –
Ил’ се премислува? Би сакала да знам.

ЕЛЕКТРА
Тој вели „да“ на збор, но ништо не прави.

ХОРОВОТКАТА
320 Завлечува кој готви нешто големо.

ЕЛЕКТРА
Но кога јас го спасив, не завлечував.

ХОРОВОТКАТА
Без грижа! Чесен е, ќе помогне на свој.

ЕЛЕКТРА
Се надевам; не ќе бев жива, инаку.

ХОРОВОТКАТА
А сега, молк! Од двор ја гледам сестра ти,
325 од еден татко рожба, Хрисотемида,
и мајка иста. В раце има дарови
што обично се носат на мртовците.

[ХРИСОТЕМИДА носи бардак со леанка,


чинија со плодови и жртвен колач.]
228 Софокле

ХРИСОТЕМИДА
Што сега пак пред тремов, сестро, излезе
и каква врева повторно си надала?
330 Зар толку време не сакаш да научиш
во срдба празна залудо да не паѓаш?
И за себе знам толку, дека ова сè
ме мачи и, да можам, не би криела
што за нив мислам. Вака, штом сум немоќна,
335 со збрани едра пловам, да не помислат
от’ нешто правам, беда да си навлечам.
А сакам така да постапуваш и ти.
Да, право е ко ти што мислиш, не ко јас
што велам. Но, штом сакам живот удобен,
340 во сè на моќните ќе се покорувам.

ЕЛЕКТРА
О, страшно е што татко го заборави.
Те родил тој40, а грижа ти е мајка ти.
И сè што ме прекоруваш, научено
е од неа. Ти ништо свое не кажа.
345 Со едно сложи се: ти или не сфаќаш,
ил’ сфаќаш, но за блиските не се грижиш.
Ти, ете, велиш: „Моќ штом стекнам, омраза
кон оние ќе покажам“. А всушност, што?
Дур јас сè правам татко да го одмаздам,
350 ти одмагаш, од делото ме одвраќаш.
На сета беда страшливост не додаваш?
Ти кажи, или, еве, јас: што добивам
од тоа ако престанам да плачам, што?
Не живеам? Знам – лошо, но не се жалам.
355 Ги лутам нив – на мртвиот му правам чест,
сал ако има таму41 нешто убаво.
Ги мразиш, велиш; ти ги мразиш сал на збор,
а всушност, живееш со крвници на татка си.
А јас, и некој да ми нуди сè што ти

40
Агамемнон, таткото е родител.
41
Во Ад.
Електра 229

360 го добиваш и затоа се гордееш,


не попуштам. Нек’ тебе ти е преполна
трпезата, нек’ храна ти претечува,
а мене чисто срце храна ќе ми е.
Не би го сакала јас тоа твоето;
365 ни ти, да беше умна. Ќерка можеше
да бидеш сметана на татко најдобар,
но мајка избра. За многумина си гад
штом мртов родител и блиски издаде.

ХОРОВОТКАТА
Без срдба, жити богови! Кај обете
370 во речта има нешто вредно, ако ти
го примиш од неа и таа од тебе.

ХРИСОТЕМИДА
Јас, жени, привикнав на вакви приказни
и немаше да зборувам, да не слушнев
за нешто страшно што й се заканува,
375 што плачот нејзин гласен ќе го задуши.

ЕЛЕКТРА
Па кажи какво зло! Од ова кажеш ли
поголемо, не, веќе не противречам.

ХРИСОТЕМИДА
Ќе кажам сè што знам и сама. Сакаат,
не ги сопреш ли тие гласни лелеци,
380 на такво место да те пратат – сончев зрак
да не видиш и жива в темна пештера,
од градов надвор, да си редиш несреќи.
На тоа внимавај, за јад твој потоа
да не ме укориш. В мир сега размисли!

ЕЛЕКТРА
385 Зар тоа решиле да ми го направат?

ХРИСОТЕМИДА
Со сигурност; штом Егист дојде дома пак.
230 Софокле

ЕЛЕКТРА
За тоа штом е, нека дојде побргу.

ХРИСОТЕМИДА
О кутра, како така си се проколна?

ЕЛЕКТРА
Да дојде, ако такво нешто наумил!

ХРИСОТЕМИДА
390 За што да постигнеш со тоа? Немаш ум?

ЕЛЕКТРА
За од вас што подалеку да избегам.

ХРИСОТЕМИДА
Ти овој живот воопшто не го цениш?

ЕЛЕКТРА
Зар ова ми е некој живот? Прекрасен.

ХРИСОТЕМИДА
Би бил, да умееш да се приспособиш.

ЕЛЕКТРА
395 Не учи ме на подмолност кон блиските!

ХРИСОТЕМИДА
Не те учам. Но попуштај на силните!

ЕЛЕКТРА
Ти клечи! Мојот карактер не го знаеш.

ХРИСОТЕМИДА
Да не паднеш неразумно е убаво.

ЕЛЕКТРА
Во одмазда на татко нека пропаднам!
Електра 231

ХРИСОТЕМИДА
400 За ова татко простува, знам сигурно.

ЕЛЕКТРА
Сал лоши таква размисла ќе одобрат.

ХРИСОТЕМИДА
Не веруваш и нема да ме послушаш?

ЕЛЕКТРА
Не, толку безумна да не сум никогаш!

ХРИСОТЕМИДА
Па тогаш одам јас кај што ме пратија.

ЕЛЕКТРА
405 А кај одиш? И кому ќе му жртвуваш?

ХРИСОТЕМИДА
Ме праќа мајка татков гроб да прелеам.

ЕЛЕКТРА
Што? Зар на тој што најмногу го мразела?

ХРИСОТЕМИДА
На мажот – зборот ти е – што го убила.

ЕЛЕКТРА
Кој близок ја советувал? Кој сакаше?

ХРИСОТЕМИДА
410 Ко јас што мислам, ноќни мори некакви.

ЕЛЕКТРА
О, сега, бози татковски, помогнете!

ХРИСОТЕМИДА
Тој нејзин страв ти дава надеж некаква?
232 Софокле

ЕЛЕКТРА
Да разберам што сонила, би знаела.

ХРИСОТЕМИДА
Но не знам да ти кажам; нешто малку сал.

ЕЛЕКТРА
415 Па кажи! Често малку важен збор и пад
и успеси на смртните им донесол.

ХРИСОТЕМИДА
Глас кружи дека в сонот нејзин татко пак
на свет се вратил; со неа бил повторно.
Тој потем жезолот што некогаш и сам
420 го носеше, а сега Егистов, го зел
и в огниште го забодел. Потерала
од тоа бујна фиданка, па сенката
се спрострела врз сета земја микенска.
Е тоа слушнав; кажа маж што таму бил
425 дур сонот го кажувала на Хелиос42.
И повеќе од тоа не знам. Толку знам
от’ таа поради тој страв ме испраќа.
Те колнам в бози татковски, послушај ме
и не гини од безумност! Не послушаш
430 ли сега, пак во беда ќе ме побараш.

ЕЛЕКТРА
Од тоа ништо, мила, в раце што ти е
да не ставиш на гроб! Ни богу мило е
ни ред да носиш дарови на татков гроб
и да му излеваш од жена душманка.
435 По ветар фрли ги ил’ в длабок песок скриј,
од каде ништо никогаш до татков гроб
да не допре, а долу да се зачува,

42
Хелиј (Ἠέλιος) е бог на сонцето. Античките Хелени наутро непријатните
соништа ги кажувале свртени кон сонцето, кога изгрева, за дневната светлина
да ги растера ноќните мори.
Електра 233

за кога ќе е мртва да й остане.


А немаше да лее жална леанка
440 за човек кого самата го убила,
да не е најголемата бесрамница.
И види дал ќе ти се стори дека тој
во гробот радо би й примил дарови.
Та умре бедно од неа – бил кутриот
445 осакатен43; низ коса му поминала
с нож крвав, грев да избрише. А што мислиш,
зар тоа ќе го окае убиството?
О не! Но тоа сега ти остави го,
а кичер отсечи од твои кадрици;
450 и од мене ќе земеш бедна. Малку е,
но тоа е што имам – дај му – косава
запуштена и мојов колан некитен.
Па падни, моли да ни дојде милозлив
од под земја ко заштита од душмани!
455 А Орест, синот, кога в борба потешка
ќе удри, жив да гази врз душманите,
за потем гроб да китиме со дарови
побогати отсега што го дариме.
А мислам, мислам нешто сам е загрижен,
460 штом нејзе страшни соништа й испраќа.
Со ова себе, сестро, ќе си помогнеш,
ќе поддржиш и сестра и најдрагиот
од сите мажи в Ад што лежат, татко ни.

ХОРОВОТКАТА
За почит е што рече момава, а ти
465 ќе сториш така, мила, умна ако си.

ХРИСОТЕМИДА
Ќе сторам. Штом е нешто право, не треба
на двајца гнев да носи, а да направи

43
Убиецот на убиениот му ги отсечувал рацете и нозете за да не може жртвата да
го стигна и да му се одмазди. Оружјето го бришел од косата на умрениот за да
го префрли гневот на него.
234 Софокле

да биде брзо тоа. Мили, молчете


за ова, живи бози, што се нафаќам.
470 Го дочуе ли тоа мајка, смелоста,
се чини, ќе ми биде лошо искуство.

[ХРИСОТЕМИДА си оди.]

ПРВ СТАСИМ
ХОРОТ

Строфа
Сал ако не сум пророк неверен
и ако здрава памет
не ме напуштила
475 ќе дојде Правда44 ко предвесничка
со власт во раце праведна.
Ќе ги казни, ќерко,
многу време не ќе мине.
Се буди надеж во мене
480 штом размислам за сонот,
кој штотуку го чув.
Не заборавил и твојот татко,
Хеленскиот војсководец,
ни таа стара секира двосеклива
485 од бронза скована,
што го уби него
со најсрамно сакатење.

Антистрофа
Многунога ќе дојде,
многурака,
490 во страшни што се крие заседи,
Еринија бронзонога45.
Неприродна, страст злосреќна,

44
Божица на правдата, ќерка на Зевс и Темида.
45
Брза и силна.
Електра 235

прељубничка го обзеде
за брак с крв извалкан,
495 па затоа – јас верувам –
нам знакот божји блиску ни е,
според кој, и тој што сторил и кој помогнал46
без грижа никогаш не ќе бидат,
ил’ пророштва за смртните ќе нема
500 ни во сништа грозни
ни во божји зборови47,
ако таа ноќна сказна
не заврши ко право што е.

Епода
О коњска трко ти48
505 Пелопова некогашна,
о колку злокобна
за земјава се покажа!
Откако во море удавен
Миртил очи затвори,
510 исфрлен од златно седиште
со клето злосторство,
никако во овој дом
да прекратат
515 грозни злосторства.

[КЛИТЕМНЕСТРА доаѓа од дворецот со робинка,


која носи кошничка полна плодови.]

46
И Клитемнестра и Егист.
47
Пророчки зборови.
48
Кралот Ојномај во коњички трки ги убивал сите просци на ќерка си Хиподамеја.
Меѓу просците се јавил и Пелоп. Тој му ветил на Миртила, кралевиот кочијаш,
половина од кралството што ќе го добие, ако наместо железен на кралевата кола
стави еден клин од восок. Миртил тоа го сторил и кралот загинал, а кралската
ќерка се омажила за Пелоп. Пелоп не го исполнил ветувањето, туку го фрлил
Миртила в море. Миртил ги проколнал и него и неговото потомство.
236 Софокле

ВТОРА ЕПИЗОДА
КЛИТЕМНЕСТРА
Се чини, повторно се движиш слободно.
Го нема Егиста кој везден внимава
род свој да не срамиш седејќи на порти.
Да, сега не е тука тој, а од мене
520 страв немаш. Многу нешта пред многумина
си рекла за мене: неправедна сум, зла,
и твоја судба, тебе сум те ругала.
По нарав не сум лоша, а те карам јас
бидејќи често лошо слушам од тебе.
525 Со татко ти се правдаш – друго немаш што;
да – дека умрел од мене. Па од мене,
знам добро; тоа не можам да одречам.
Го уби Правда, не сал јас. А требаше
и ти да помогнеш да беше разумна.
530 Тој татко твој, по кого везден цимолиш,
е единствен кој сестра ти се осмели
на бози да ја жртвува. Се измачил
зар тој што оплодил ко јас раѓајќи ја?
Па добро, кажи, зарад кого неа тој
535 ја жртвувал? Ќе речеш, зарад Аргејци?
Со кое право тие ми ја убија?
Не требаше да биде казнет од мене
што за Менéлај, братот, мое жртвувал?
Зар две деца тој49 немаше што требаше
540 да умрат поскоро ко деца од него
и мајка зарад која беше походот?
Ил’ копнеж поголем Ад имал при себе
да земе мое одошто од онаа50?
За деца братови тој татко ништожник
545 во срце место имал, а за мои не?
Сал татко луд и гад би сторил тоа. Не?
Да, така е, макар што не признаваш.
49
Деца на Менелај се Хермиона и Никострат.
50
Елена, жената на Менелај, чие грабнување било повој за Тројанската војна.
Електра 237

И мртвата би рекла, да проговори.


За тоа што го сторив немам жал, а ти,
550 ак’ сметаш дека лошо судам, размисли
справедливо, па потем мене кори ме!

ЕЛЕКТРА
Не ќе речеш и сега дека почнав јас
со навреди, а потоа чув од тебе.
Но, ако допушташ, и за покојниот
555 би кажала по право и за сестра ми.

КЛИТЕМНЕСТРА
Па ајде! Вака везден да почнуваше,
не ќе беше непријатна за слушање.

ЕЛЕКТРА
Ќе кажам. Велиш, татко си го убила.
Зар има збор од овој погрд, и да е
560 чин справедлив? А велам, несправедливо
го уби. Те заведоа зборовите
на мажот зол со кого сега живееш.
Чиј престап, прашај, казнила Артéмида51
ловџиката, држејќи ги со ветрови
565 в Авлида. Или, јас ќе кажам – не можеш
да чуеш од неа.52 Сум чула, татко ми
на лов, во нејзин лаг гонејќи, наишол
на дамкав рогат елен. При колењето,
без сакање му излетал збор горделив.
570 Од тоа лута, ќерката Летоина
ги држела Ахајците53, дур татко ми
во замена за пленот не си принесе
ко жртва ќерка. Така е жртвувана.
Поинаку, ни дома не се можело
575 ни в Троја. Не сакал, но морал. Присилен

51
Артемида, ќерка на Зевс и Летоја (или Летó) е божица на ловот.
52
Од Артемида.
53
Хелените.
238 Софокле

ја жртвувал, а не зарад Менéлаја.


И тоа да го сторил – нек’ по твое е –
со желба да му помогне, зар требало
за тоа да го убиеш? По кој закон?
580 А воведеш ли таков закон, внимавај
да не си бараш несреќа и каење.
Да мора убиец да умре, најпрва
би била мртва ти, те втаса казна ли.
Но размисли, не зборувај што не држи!
585 Штом веќе сакаш, кажи, сега зарад што
најсрамното од сè го правиш: спиеш с маж
окрвавен, со кого тогаш татко ми
го убивте, и деца раѓаш од него,
а оние од порано, родените
590 во брак со божји благослов, ги отфрлаш?
Зар тоа да го прифатам? А можеби
ќе речеш, се одмаздуваш за ќерката?
И ако кажеш, грдо е. Да, срамно е
со душман да се мажиш зарад ќерка ти.
595 А не трпиш ни да те корат. Онолкав
си пружаш јазик, лошо сме зборувале
за мајка. Јас, пак, сметам дека деспотка
си наша повеќе од мајка. Мачно век
си минувам трпејќи везден многу зла
600 и од тебе а и од твојон пријател.
А Орест кутриот, кој одвај од тебе
се спаси, надвор беден живот живее.
Ме обвини не еднаш дека крвник твој
отхранувам. Да можам тоа, добро знај,
605 би сторила. И затоа, разгласувај
кај сите луѓе, сакаш дека лоша сум
ил’ погана на јазик или бесрамна!
Во тие мани ако сум извештена,
на мајка личам, не ќе те посрамотам.

ХОРОВОТКАТА
610 Од гнев се души, гледам. Веќе, чинам
и сеедно и е дали има право.
Електра 239

КЛИТЕМНЕСТРА
А зошто треба да се грижам за неа,
штом толку мајка родена си погрди,
а така млада? Мислиш дека способна
615 за каков било чин е освен бесрамен?

ЕЛЕКТРА
Знај добро сега – макар не ти се чини –
од ова ми е срам. Знам, вакви постапки
не ми личат на возраста, и воопшто,
но таа твоја омраза и делата
620 ме принудуваат да правам насилства.
Та грдото на грдо нè поттикнува.

КЛИТЕМНЕСТРА
О скоте дрзок! Јас и моите зборови
и однос54 прават премногу да зборуваш.

ЕЛЕКТРА
Ти зборуваш, не јас; бидејќи делата
625 се твои; тие зборот го наоѓаат.

КЛИТЕМНЕСТРА
За дрскоста ќе платиш, жими госпоѓа
Артéмида, штом Егист биде тука пак.

ЕЛЕКТРА [на ХОРОТ]


Се гневи, гледаш? Допушти да зборувам
што сакам, а не умее да ислуша.

КЛИТЕМНЕСТРА
630 Не ќе дадеш со тивок глас да жртвувам
и откако те оставив да кажеш сè?

ЕЛЕКТРА
О, давам, барам, жртвувај! Не криви го
ти мојот јазик! Веќе збор не кажувам.
54
Зборови и однесување, кои, според неа, се многу благи.
240 Софокле

КЛИТЕМНЕСТРА [на робинките]


Поземи ги, ти до мене, плодовиве
635 за жртва, за да му се помолам на бог
да ме ослободи од стравот сегашен.

[на Аполоновиот кип со сосем тивок глас]

Заштитнику о Фојбе, чуј ми таен збор!


Ни за пред блиски не е за кажување,
ни можам сè да изнесам на видело
640 дур оваа е блиску до мене, да не
од омраза со брбливо јазичиште
низ сиот град ми раструби измислици.
Чуј вака, зашто така јас ќе зборувам55!
Привидувањата што бледо ноќта в сон
645 ги видов, ако за мене се поволни,
нек’, боже ликиски, се збиднат; акo се
неповолни, на душмани наврти ги!
И немој, ако некој сака подмолно
богатството да ми го земе, не давај!
650 Дај вака: везден мирно век да векувам
и в дом Атрéјдов нека сум господарка
и ведри дни да минувам со милите,
со кои сега сум, со деца кои зло
не ми мислат ни век ми загорчуваат!
655 Милозливо, о ликиски Апóлоне,
и чуј и дај на сите нас што молиме!
И останатото, што не ти го кажав,
го знаеш, мислам, добро, бог бидејќи си.
Та нели чедата на Зевс се севидни?

[Доаѓа ВОСПИТУВАЧОТ како гласник.]

ВОСПИТУВАЧОТ
660 О туѓинки, би можел ли да разберам
дал ова дворец е на Егист тиранот56?

55
Тивко.
56
Крал, но кој не дошол на престолот по наследен пат.
Електра 241

ХОРОВОТКАТА
Да, тоа, туѓинче. Ти добро погоди.

ВОСПИТУВАЧОТ
Погодувам ли ако речам дека женава
е негова? Се чини ко владетелка.

ХОРОВОТКАТА
665 Да, сосем точно; тоа токму таа е.

ВОСПИТУВАЧОТ
Мој поздрав, кралице. Ти носам добар глас
од пријател; и тебе и на Егиста.

КЛИТЕМНЕСТРА
Ти примам поздрав57. Сепак, треба најпрвин
да кажеш кој од смртните те испраќа.

ВОСПИТУВАЧОТ
670 Вест важна праќа Фанотеј Фокиецот.

КЛИТЕМНЕСТРА
Што, странче? кажи! Дојден откај пријател –
знам добро – пријатна и вест ќе донесеш.

ВОСПИТУВАЧОТ
Е мртов Орест, накратко да известам.

ЕЛЕКТРА
О, тешко мене! Овој ден јас загинав!

КЛИТЕМНЕСТРА
675 Што, што велиш, пријателу? Не слушај ја!

ВОСПИТУВАЧОТ
Ко пред малку што реков, Орест мртов е.
57
Му допушта да й се обрати.
242 Софокле

ЕЛЕКТРА
За никаде сум пуста. Сосем пропаднав!

КЛИТЕМНЕСТРА [на ЕЛЕКТРА]


Ти твое прави си,
[на ВОСПИТУВАЧОТ]
а ти вистината
кажи ми ја, о странче! Како загина?

ВОСПИТУВАЧОТ
680 За тоа пратен сум и ќе ти кажам сè.
На славни игри дојде – гордост хеленска58 –
со желба победник да биде делфиски.
Штом јасен глас чу судиин за почеток
на трката, што прва е од игрите,
685 се појави тој прекрасен на восхит општ.
А кога заврши трчањето, со дар59
победнички, од сите ценет, излезе.
Јас не знам како силата на таков маж
и толку дела да ги кажам накусо.
690 Сал едно знај: до една, сите награди
на игрите, објавени од судија,
а беа пет, ги однесе – најуспешен
го сметаа – ко што се рече, Аргеец,
по име Орест, син на Агамемнона,
695 кој еднаш собра славна војска хеленска.
Е тоа така е. Но, кога некој бог
се настрви, ни силен не утечува.
Утредента тој, кога беше трката
со коњски запреги, штом сонце огреа,
700 со многу други тркачи се појави.
Ахáец беше еден, еден Спартанец,
и двајца Либијци60 што беа умешни

58
Делфските (или Питиски) игри, според преданието, ги основал Аполон во знак
на победата над Питон, змеј што живеел во околината на Делфи.
59
Лавров венец и палмова гранка.
60
Хелени од Барка.
Електра 243

за силни запреги; меѓу нив тој


со коњи тесалски61, а шести Ајтолец
705 со лиси62; седмиот, пак, маж Магнесиец,
а осми, родум Ајниец, со белчовци;
од град Атина – дело божјо – деветти;
десетката ја затвори Бојотиец.
Застанаа, судиите кај одбраа
710 со ждрепка, двоколки си сопреа. На звук
на труба тргнаа и коњите со вик
ги збоднаа и узди им занишаа
со раце. Ѕвекна тркалиштето од ек
на коли чкрипави и прав во висина
715 се крена, сите се измешаа, а бич
не штедеа и кола да се претече
на друг и коњот забревтан. Се пени грб63,
а пена и по тркала. Незапирно,
ко ветар јурат коњи. Кога тој крај столб
720 минуваше со уздата на коњот лев
затегната, на десниот попуштена,
на секое главината64 ќе стругнеше.
До тој час сите коњи врвеа во ред.
Но, диви коњите од оној Ајниец
725 со сета сила јурат, па по свијокот –
а беше шести-седми круг65 – со колата
од Барка чело в чело се судираат.
И потем една од друга се кршеа,
се трупаа, и сето Поле Крисајско

61
Тесалските коњи биле брзи. Затоа Тесалците биле најуспешни борци како
коњаници.
62
Име на коњи со боја на ’рѓа.
63
На коњите.
64
Се впрегнувале по четири коња; двата средни биле во јарем, а од страните уште
по еден, таканаречени σειρατοι (= приврзани, странични). На двата краја на
тркалиштето имало по еден столб, околу кој вртеле колите. При завртувањето
кочијашот ја попуштал уздата на крајниот коњ од надворешната страна, а на
оној од внатрешната ја затегал. Орест при секое завртување го допирал столбот
со крајот на оската за да ја скрати патеката колку што е можно повеќе.
65
На едни тоа им бил шести, а на други седми круг.
244 Софокле

730 се препокри со коли испокршени.


А од Атина вештиот кочиџија
штом виде, сопре, с’ истави и јазолот
од коли, в среде заплеткан, го остави.
И последен ги гони Орест коњите;
735 подзаостанува, но в крајот надежен.
Штом виде дека само оној остана,
со остар ѕвон на бичот коњи потера,
ги збодна. Двете запреги истоветно
ги гонеа со главата издадена
740 пред колата де едниот де другиот.
И сите кругови тој кутар безбедно
ги мина, исправен во кола сигурна,
а после узда отпушти на коњот лев
на свијокот и, без да види, закачи
745 во столбот. Наполу се скрши оската,
од ослон тој се лизна, во ремените
многукатни се сплетка, падна наземи,
а коњите по среде пат се сипаа.
Штом народот го виде паднат од кола
750 залелека по момчето: што постигна,
а какво зло го најде! – влечен поземи,
понекогаш со нозе спружени во вис,
сè дури трка возачи не сопреа
со мака. Тогаш него го отплеткаа,
755 но така в крв, што кутар никој пријател
што би го видел, не ќе го препознаел.
Го спалија на клада веднаш. Онолкав,
а сега беден прах во мала бронзичка
го носат Фокијци за тоа одбрани,
760 за да си најде гроб во земја таткова.
Е така ти е тоа. И за слушање
е болно, а за очевидците ко јас,
најголема од сите болки што ги знам.

ХОРОВОТКАТА
О леле! Сиот род на некогашните
765 господари, се чини, сосем дососа.
Електра 245

КЛИТЕМНЕСТРА
О Зевсе, што? Што да речам? Дал среќа е
ил’ несреќа, но добра? Сепак, жално е
несреќата на мое да ми биде спас.

ВОСПИТУВАЧОТ
Што така, жено, мојов збор те побрка?

КЛИТЕМНЕСТРА
770 Оф, родител да си, е страшно. Децата
не ги пизмиш и кога од нив трпиш зло.

ВОСПИТУВАЧОТ
Се чини, ние залудо сме дојдени.

КЛИТЕМНЕСТРА
Не, никако. А зошто мислиш, залудо?
Со верни сведоштва ми доаѓаш за смрт
775 на роден од мене, а цицка оставил
и грижа моја и во свет ко бегалец
си заминал и, како појде одовде,
не ме видел. Ме обвини за убиство
на татко му и страшно ми се закани,
780 па ниту ноќен ниту денски сладок сон
ме обзема. И оттогаш јас времето
чекајќи везден смрт го минувам. А вчас
го снема стравот денес и од оваа
и од него. А оваа поголема
785 ми била чума дома. Таа везден крв
ми пие чиста. Сега, белки, мирно век
ќе минеме, без закани овејзини.

ЕЛЕКТРА
О кутра јас! Па сега твоја, Оресте,
зла судба ќе оплакувам, штом мајка ти
790 те руга мртов. Тоа зар е убаво?
246 Софокле

КЛИТЕМНЕСТРА
Па тебе не, но нему, каков што е, да66.

ЕЛЕКТРА
Чуј, Немесо67 на штотуку умрениот!

КЛИТЕМНЕСТРА
Чу кого треба, па и среди убаво.

ЕЛЕКТРА
Сал ругај се бидејќи сега среќна си.

КЛИТЕМНЕСТРА
795 Е нема да ме сопре Орест ниту ти.

ЕЛЕКТРА
Невозможно е веќе да те сопреме.

КЛИТЕМНЕСТРА [на ВОСПИТУВАЧОТ]


Тој пат твој, туѓинче, би имал значење,
да можел уста лајава да затина.

ВОСПИТУВАЧОТ
Е па, да заминам, штом добро излезе.

КЛИТЕМНЕСТРА
800 Недостојно би било тоа за мене
а и за оној кај мене што те пратил.
Дај влези! Неа пушти ја, нек’ надвор јад
и нејзин и на милите си оплаче!

[КЛИТЕМНЕСТРА влегува во дворецот со ВОСПИТУВАЧОТ.]

66
Нему му е добро бидејќи е мртов и ништо веќе не чувствува.
67
Немеса е персонификација на праведен гнев против сèшто ги нарушува редот и
рамнотежата во природата. Таа е ќерка на Ноќ. Присутна е секаде каде што се
крши Правдата. Во нејзина придружба е Срамежливост, а кога човечкиот род
сосем ќе се расипе, овие божици ќе ја напуштат земјата.
Електра 247

ЕЛЕКТРА
Зар ви се чини дека бесрамницана
805 син така загинат со болка, таговно
си исплака и жално, тешко изреди?
Си замина ругајќи й се, о кутра јас!
Ме уништи ти мртов, најмил Оресте!
Си појде, а од срцево ми откина
810 и надеж последна – да дојдеш еднаш жив,
на татко ни да бидеш одмаздник и мој,
јас кутра! Каде сега да се управам?
Сум сама сосем, откако, по татко ми,
те изгубив и тебе. Пак ќе робувам
815 на луѓе најомразени, убијците
на татко. Убав ќе ми биде животот?
Но нема со нив повеќе да живеам
под еден покрив, туку овде пред порти
напуштена и без пријатели ќе венеам.
820 И, ако пречам, некој нек’ ме убие
од тие внатре. Смрт ќе ми е благодат,
а живот бол. Не копнеам по животот.

[Ком]

I строфа

ХОРОТ
Па кај се молњи Зевсови
и кај е Хелиј пресјаен
825 штом ова спокојно го гледаат
и го прикриваат?

ЕЛЕКТРА
Оф, леле!

ХОРОТ
О ќерко, што плачеш?

ЕЛЕКТРА
Оф, оф!
248 Софокле

ХОРОТ
Па не викај ти премногу!

ЕЛЕКТРА
830 Ме уништуваш68!

ХОРОТ
Како?

ЕЛЕКТРА
Штом влеваш надежи
за сигурно појдените во Ад,
835 ти мене свената
ќе ме дотолчиш.

I антистрофа

ХОРОТ
За кралот Амфијарај знам69,
уловен во мрежа женина,
а зарад златен ѓердан, под земја сега...

ЕЛЕКТРА
840 Еј, еј!

ХОРОТ
...владее ко бесмртник.

ЕЛЕКТРА
О, леле!

ХОРОТ
Да, леле, зашто никаквицата...

68
Со тоа што не й даваат да плаче.
69
Амфијарај бил пророк и крал на Арг. Тој знаел дека ќе загине ако тргне против
Теба, но Полиник ја поткупил неговата жена Ерифила со златен ѓердан и таа го
убедила да појде. Кога војската бегала од Теба, Амфијарај го голтнала земјата,
но Зевс го направил бесмртен.
Електра 249

ЕЛЕКТРА
...е казнета?

ХОРОТ
845 Да, навистина.

ЕЛЕКТРА
Знам, знам. Но во таа жалост
за него се нашол одмаздник70.
За мене, пак, веќе нема.
И тој што уште беше лудо загинал.

II строфа

ХОРОТ
Те најде несреќа најголема.

ЕЛЕКТРА
850 Знам и јас.
И сосем добро тоа јас го знам.
Мене животот непрестајно ми носи
сал несреќи и јадови.

ХОРОТ
Видовме од што се твоите јадови.

ЕЛЕКТРА
855 Веќе не ќе ме замајуваш

ХОРОТ
Што велиш?

ЕЛЕКТРА
со луди надежи за помош
од братот мој благороден.

70
Кога Амфијарај тргнувал во борба, синот Алкмеон му ветил дека ќе го одмазди.
По битката Алкмеон ја убил мајка си.
250 Софокле

II антистрофа

ХОРОТ
860 Секој што се родил го чека смрт.

ЕЛЕКТРА
Па зар во трки коњички,
ко оној небидник,
се вплеткуваат во ремени искинати?

ХОРОТ
Несреќа невидена!

ЕЛЕКТРА
865 О, како не? Штом тој ко туѓинец
без мои раце е погребан.

ХОРОТ
Оф, леле!

ЕЛЕКТРА
Па ни во гробот да го положам
870 ни да го оплачам!

[Завршува комот; доаѓа ХРИСОТЕМИДА радосна.]

ХРИСОТЕМИДА
Од радост итам, најмила. И украси
занемарив, да втасам сал што побргу.
Ти носам радост, оддишка од маките
поранешни што воздишки ти мамеа.

ЕЛЕКТРА
875 О, каде ти би нашла спас од мојот јад,
за којшто не е можно да се најде лек?

ХРИСОТЕМИДА
Ни дошол Орест. Јас ти кажувам и знај,
ко мене што ме гледаш, така сигурно.
Електра 251

ЕЛЕКТРА
Поулаве зар, кутра, штом се потсмеваш
880 на несреќи – и моите и твоите?

ХРИСОТЕМИДА
Се колнам во огниште на татко. Штогоде
не зборувам, а тврдам: тука ни е тој.

ЕЛЕКТРА
О кутра јас! Од кој ли човек таков збор
си слушнала, па толку си уверена?

ХРИСОТЕМИДА
885 Со мои очи видов јасен знак, не друг
да видел. Затоа во тоа верувам.

ЕЛЕКТРА
Но каков доказ виде? Што си видела
ти кутра, вака лудо што се запали?

ХРИСОТЕМИДА
О, жити бози, чуј, па кога од мене
890 ќе чуеш, кажи – умна сум ил’ улава.

ЕЛЕКТРА
Па кажи, ако тоа те усреќува!

ХРИСОТЕМИДА
По ред ќе кажам како што сум видела.
На гроб штом појдов татков стар, могилата
кај врвот, гледам, штотуку прелеана
895 со млеко, а и гробот татков закитен
наоколу со цвеќиња најразлични.
Во чудо бев гледајќи, па се обѕрнав,
дал блиску смртник некој ќе се појави.
Штом видов дека мирно е насекаде,
900 се приближив до тумбата. Што ќе видам?
– на крај на гробот кичер свежо отсечен.
252 Софокле

И, веднаш кутра кога видов, на ум лик


ми дојде мил. Од Орест белег гледав, да,
најмилиот од сите смртни. Откога
905 со рака сал го допрев, глас не испуштив,
од радост солзи на очи ми дојдоа.
И сега ко и тогаш знам: даровите
од никој друг, оставени се од него.
А кој би можел тоа освен јас и ти?
910 Не го сторив јас тоа, знам, а ниту ти.
А како ти? Ти ни пред бози71 не можеш
да излезеш од одаи неказнета.
На мајка такво нешто на ум не й е;
и, ако прави, скришно не би правела.
915 Даровите на гробот се Орестови.
Охрабри се, о мила! Умее бог ист
да смени наклоност; ист не е секогаш.
Тој порано бил суров кон нас. Овој ден
е, секако, на многу добра почеток.

ЕЛЕКТРА
920 Еј луда главо! Колку те сожалувам!

ХРИСОТЕМИДА
О, што? Зар мојот збор не те израдува?

ЕЛЕКТРА
Ни знаеш кај си, каде ум ти заскитал.

ХРИСОТЕМИДА
Што? Не знам толку јасно што сум видела?

ЕЛЕКТРА
Тој, пуста, мртов е. Ти се изјалови
925 спас откај него. Таму не обѕирај се!

ХРИСОТЕМИДА
О кутра јас! Кој таква вест ти донесе?
71
Во божји храм.
Електра 253

ЕЛЕКТРА
Кој бил на лице место; кај што загинал.

ХРИСОТЕМИДА
Тој човек каде е? Не ми се верува.

ЕЛЕКТРА
Во двор. На мајка й е драг, не омразен.

ХРИСОТЕМИДА
930 О бедна јас! Но сите тие дарови
за душа кој ги оставил на татков гроб?

ЕЛЕКТРА
Убедена сум дека во сеќавање
на Орест покоен ги ставил некој маж.

ХРИСОТЕМИДА
О пуста јас! О, колку брзав радосна
935 носејќи вест, а не знаев за бедата
што нè навтасала. И сега дојдена
затечувам и други покрај стари зла.

ЕЛЕКТРА
Да, така е. Но болката од јадов нов,
да послушаш, ќе можеш да ја ублажиш.

ХРИСОТЕМИДА
940 Зар мртвите ќе можам да ги воскреснам?

ЕЛЕКТРА
Зар тоа реков? Не сум толку глупава.

ХРИСОТЕМИДА
А што заповедаш што јас би можела?

ЕЛЕКТРА
Да бидеш одлучна за чин по совет мој.
254 Софокле

ХРИСОТЕМИДА
Па ако нешто вреди, не ќе одбијам.

ЕЛЕКТРА
945 Без мака, гледај, успех нема никаков.

ХРИСОТЕМИДА
Да, знам и, колку можам сè ќе помогнам.

ЕЛЕКТРА
Е сега чуј што намислив да сториме.
Од блиски наши, знаеш, помош никаква
не чекаме. Та Аид, грабнувајќи ги,
950 нè лиши од нив. Сега сосем сами сме.
Дур слушав дека братот наш е жив и јас
со надеж дека некогаш ќе дојде бев,
убиството на татко да го одмазди.
А сега, штом го нема, гледам во тебе,
955 малодушна да не си, да го убиеш
убиецот на татко – Егист, заедно
со сестрава72. И нема што да криеме.
Се надеваш на нешто добро, безгрижно
што чекаш? Лишена од силно богатство
960 на татко, воздишки ти остануваат
и време сал за таги ти останува,
да старееш без свадба и без сватови.
А белки немаш надеж дека некогаш
ќе биде тоа. Не е маж непромислен
965 тој Егист, па да допушти род твој ил’ мој
да поникне ко гибел нему сигурна.
Но, ако прифатиш за што се решив јас,
ќе стекнеш најпрво од татко мртов в Ад
благодарност и наедно од братот наш.
970 И второ, како што си била слободна,
ќе бидеш пак и добро ќе се омажиш.
Та секој би се загледал во честито.
72
Со мене.
Електра 255

Ме послушаш ли, не знаеш, штом таков глас


се чуе, каква слава ќе ни донесе.
975 Кој граѓанин ил’ туѓинец на прослави
не ќе нè пофали со фалби овакви:
„Еј сестриве гледајте ги, пријатели,
дом татков што избавија, чест вратија,
на душмани што власт, моќ имаа,
980 ни живот не жалејќи, смрт зададоа!
За љубов, почит сеопшта се достојни,
за храброст сите треба да ги честиме
на градски собири и на свечености.“
Да, тоа секој ќе го рече, така што
985 без слава не ќе сме ни живи ни по смрт.
Ти, мила, послушај, на татко помогни,
потруди се за братот, спаси ме од зло
и сама спаси се! – за благородниот
е срамен живот валкан – знаеш самата.

ХОРОТ
990 Во вакви нешта разумот е сојузник
на тој што зборува и на слушателот.

ХРИСОТЕМИДА
Ак’ злото не ја поттикна, о девојки,
и пред да каже требаше претпазлива
да биде, ко што не е. Каде погледот
995 ти заталка што стекна таква бесрамност,
и мене ме повикуваш да помогнам?
Зар не гледаш? Та жена сал си, не си маж,
со рака послаба од противничката.
Ним дајмонот73 сè повеќе им работи,
1000 а нашиот е слаб – до ништо не дојде.
Кој, којшто сака таков маж да собори,
ќе остане без тешко обвинение?
И вака в беда, внимавај јад поголем
да не нè најде, ако ова разберат.
73
Среќата.
256 Софокле

1005 Ни користи ни нешто помага што глас


ќе стекнеме, штом неславно загинеме.
И не е смрт најстрашното, а тоа – смрт
да сакаш, а да не ти е остварлива74.
Преколнувам, пред сосем да пропаднеме
1010 и ти и јас и пред да згине родот наш,
гнев придуши! Што рече, ќе го зачувам
ко тајна, како работа безначајна,
а ти на крајот сфати: штом си немоќна
за што и да е, попушти пред силните!

ХОРОТ
1015 Послушај ја! За човек ништо подобро
од бистра глава нема и претпазливост.

ЕЛЕКТРА
Не се чудам на твојот збор. Бев сигурна
во тоа дека нема да се нафатиш.
Ќе морам тоа сама да го направам,
со раце свои. Нема да се откажам.

ХРИСОТЕМИДА
1020 Леле!
Да беше така цврста кога гинеше
еј, татко ни. Сè тогаш ќе направеше.

ЕЛЕКТРА
Со срце бев, но не бев умна доволно.

ХРИСОТЕМИДА
Со таков ум да бидеш везден, труди се!

ЕЛЕКТРА
1025 Ме кориш зашто не сакаш да помогнеш.

74
Се плаши да не биде Електра затворен во зандани и таму бавно да умира.
Електра 257

ХРИСОТЕМИДА
Зло преземеш ли, јасно, ќе те најде зло.

ЕЛЕКТРА
Ти фалам ум, но страшливост ти презирам.

ХРИСОТЕМИДА
Ќе издржам слушајќи ги и фалбите75.

ЕЛЕКТРА
Не го доживуваш ти тоа од мене.

ХРИСОТЕМИДА
1030 Иднината е долга, па ќе покаже.

ЕЛЕКТРА
Ај оди си штом нема полза од тебе!

ХРИСОТЕМИДА
О, има, туку не сакаш да послушаш.

ЕЛЕКТРА
Ај оди си и кажи сè на мајка ти!

ХРИСОТЕМИДА
Но не сум кон тебе со таква омраза.

ЕЛЕКТРА
1035 А, значи, знаеш каков срам ми предлагаш.

ХРИСОТЕМИДА
Не срам, а грижа за себе да поведеш.

ЕЛЕКТРА
А, според тебе, што треба да направам?

75
Сеедно й е дали ја фали или ја куди.
258 Софокле

ХРИСОТЕМИДА
Да смислиш добро, потоа да поведеш.

ЕЛЕКТРА
Еј, страшно е – реч умна, дела неумни.

ХРИСОТЕМИДА
1040 Со точност токму своја болест кажуваш.

ЕЛЕКТРА
Па што? Не зборувам ли, мислиш, праведно?

ХРИСОТЕМИДА
Се случува и правдата да наштети.

ЕЛЕКТРА
Јас според таков закон живот не сакам.

ХРИСОТЕМИДА
Но вака сториш ли, ќе ми благодариш.

ЕЛЕКТРА
1045 Ќе извршам. Ти нема да ме исплашиш.

ХРИСОТЕМИДА
Зар вистина? И нема пак да размислиш?

ЕЛЕКТРА
Не; нема ништо погрдо од совет лош.

ХРИСОТЕМИДА
Се чини, мојот совет не го ставаш на ум.

ЕЛЕКТРА
Не сега скоро, одамна сум решила.

ХРИСОТЕМИДА
1050 Па тогаш одам. Ниту ти си готова
збор мој да пофалиш, ни твојот нарав јас.
Електра 259

ЕЛЕКТРА
О, оди! Колку и да сакаш, никогаш
не ќе појдам по твојот пат, зашто безумност
е голема да одиш в лов безуспешен76.

ХРИСОТЕМИДА
1055 Па, ако мислиш дека нешто умна си,
ти така умувај! Но кога веќе в зло
се најдеш, ќе ги фалиш моите совети.

[ХРИСОТЕМИДА влегува во дворецот.]

ВТОР СТАСИМ
ХОРОТ

I строфа

Зошто и ние,
гледајќи ги горе најумните птици77
1060 како се грижат за храна
на тие од кои се родени и одгледани,
исто не правиме?
Но, жими молња Зевсова
и жими Правда небесна,
1065 долго неказнети нема да останат78.
О гласу што допираш до сенките79,
вест тажна огласи
долу на Атрéјди,
глас невесел носејќи им,

I антистрофа
1070 дека мачни нешта се збиднаа

76
Бидејќи нема можност да се сложат нивните карактери и мислења.
77
Штрковите; тие се пример за љубов на младенчињата кон родителите.
78
Клитемнестра и Егист.
79
Душите на умрените.
260 Софокле

и од домот надвор80
и ваму – секираат двете деца81;
нема мир и живот пријателски.
1075 Елéктра е гневна, сама и предадена,
тажејќи кутра везден по татка си,
ко вечно тажна славејка.
Од смртта нема страв и готова е очи да склопи
штом земе двојна одмазда. Зар се роди некоја
1080 што толку татка си го љуби?

II строфа
Никој што е доблестен
не сака, о ќерко,
минувајќи живот срамно,
1085 слава да си затемни.
Така ти – си одбра живот печален в заедница,
па готвиш злосторство
за двојно наеднаш да спечалиш:
и мудра и ќерка најдобра да речат си била.

II антистрофа
1090 О да ми живееш со моќ и богатство
поарно од твоите душмани толку,
колку што сега си газена од нив!
Јас тебе те најдов во судбина клета,
1095 но, според најсвети закони,
врв ќе достигнеш, почитувајќи го Зевса82.

[Доаѓаат ОРЕСТ и ПИЛАД со двајца слуги кои носат урна.]

ТРЕТА ЕПИЗОДА
ОРЕСТ
Дал добро чувме, моми? Дали наваму
е патот кај што сакаме да појдеме?

80
Смртта на Орест.
81
Кавгата меѓу Електра и Хрисотемида.
82
Зевс е заштитник на домот и бракот.
Електра 261

ХОРОТ
1100 А што бараш? Што ти треба што доаѓаш?

ОРЕСТ
Па долго барам Егист каде живее.

ХОРОТ
Си дошол добро. Кој ти кажал, не згрешил.

ОРЕСТ
А која тие внатре ќе ги извести
от’ ние, желно чекани83, доаѓаме?

ХОРОТ [покажувајќи на ЕЛЕКТРА]


1105 Штом треба најблизок да јави, оваа.

ОРЕСТ [на ЕЛЕКТРА]


В двор влези, жено, јави дека Егиста
го бараат Фокéјци мажи некои.

ЕЛЕКТРА
О мако моја! Белки белег сигурен
не носите за веста што ја слушнавме?

ОРЕСТ
1110 За веста твоја не знам. Строфиј старецот
ме праќа за да известам за Ореста

ЕЛЕКТРА
Што тоа, странче? Каков страв ме обзема!

ОРЕСТ
Доаѓаме носејќи малку од него
што остана по смртта, в садов, гледаш, мал.

83
Така ги чекаат Клитемнестра и Егист поради веста за смртта на Орест.
262 Софокле

ЕЛЕКТРА
1115 Јас пуста! Значи, точна била таа вест.
Со очиве, ко што се чини, гледам јад.

ОРЕСТ
Ја плачеш ли несреќата Орестова,
знај, грнево е дом на тело негово.

ЕЛЕКТРА
Туѓинецу, дај, жити бози, урната,
1120 штом в неа тој е, в раце да ја подржам,
па себе сама, а и род цел наедно
со пепелта да изредам и оплачам!

ОРЕСТ [на слугите]


Не ја знам, но дајте й ја, подајте ја!
Та секако, не ја бара од омраза –
1125 ја некој мил й бил тој или род по крв.

ЕЛЕКТРА [на урната, држејќи ја в раце]


О спомену на човек најмил што ми бил!
Од Орест ти ми остана. Ми доаѓаш
без надежта со која беше испратен.
Во раце сега земам нешто безвредно,
1130 а од дома, о момче, пратив светлина.
Да умрев побргу, да не те испратев
во туѓа земја, откако те откраднав
со мои раце, да те избавам од смрт!
Бар така уште оној ден ќе умреше
1135 и гроб со татко заедно ќе имаше.
А вака, недома, ко бегалец в туѓ крај
ти жално загина, од сестра одвоен,
па ниту тажна јас со раце сестрински
те избањав и ни од оган распламтен,
1140 ко што е редно, тажен товар84 подигнав.
А погребан од раце, кутар, туѓински
84
Останките по кремирање.
Електра 263

ко товар мал и в облик мал ми доаѓаш.


О кутра јас и пуста грижа залудна
некогашна што често ја покажував
1145 на драго срце! Никогаш на мајка мил
не й беше ко мене. И хранителка
бев твоја јас, не оние – домашните85
Ти мене „дадо“ секогаш ме викаше.
И сега тоа отиде во еден ден
1150 со смртта твоја. Грабна сè и одвеа
ко фортуна. Го нема татко. Мртва сум
и јас. И ти, штом умре, си бесполезен.
Душманите се смеат: мајка-немајка
од радост лудува. Та често за неа
1155 ти тајно глас ми праќаше ко одмаздник
от’ ќе й дојдеш. Туку тоа дајмон клет,
и твој и мојот, ни го оневозможи.
Тој вака, како замена за најдраг лик,
ми пратил пеплишта и сенка невредна.
1160 О црна, црна јас!
О жално тело! Оф, оф!
О стравотии! Кутра, кутра јас!
На пат, мој најмил, испратен ме уништи!
О брате мил, ти вистински ме уништи!
1165 И мене прими ме под овој покрив твој86 –
јас ништожна во ништо! Долу со тебе
да бидам натаму! И кога беше жив
со иста судба бевме. И во смртен час
јас сега сакам гроб да делам со тебе,
1170 зар гледам – мртви тага не чувствуваат.

ХОРОТ
Од смртен татко87 си, Елéктра. Орест, знај,
бил смртник. Не жалости се прекумерно!
Низ тоа сите ние ќе поминеме.

85
Негувателките.
86
Во урната; си посакува смрт.
87
Наспроти боговите, кои се бесмртни.
264 Софокле

ОРЕСТ
Оф, оф! Што да речам? Со говор како сам
1175 се заплеткав! Да молчам веќе не можам.

ЕЛЕКТРА
Што болка имаш, тоа што го кажуваш?

ОРЕСТ
Зар твојот свиден лик е Електриниот?

ЕЛЕКТРА
Да, токму тој е тој, но полн е јадови.

ОРЕСТ
О беден јас! О несреќна ти судбино!

ЕЛЕКТРА
1180 За моја судба што офкаш, туѓинецу?

ОРЕСТ
О, живот безбожно и подло разорен!

ЕЛЕКТРА
Не друга, странче, мене ме оплакуваш.

ОРЕСТ
О, живот несреќен, со брак неќердосан!

ЕЛЕКТРА
Што ме гледаш, што ме редиш, туѓинецу?

ОРЕСТ
1185 Јадовите јас свои не сум ги знаел.

ЕЛЕКТРА
Од кои мои зборови ги научи?

ОРЕСТ
Гледајќи те потоната во многу скрб.
Електра 265

ЕЛЕКТРА
А гледаш само дел од моите несреќи.

ОРЕСТ
Од ова нешто полошо зар можело?

ЕЛЕКТРА
1190 Да, тоа дека живеам со убијци.

ОРЕСТ
Со чии? Какво зло ти сега спомнуваш?

ЕЛЕКТРА
Со таткови; и морам да им робувам.

ОРЕСТ
А кој на такво нешто те принудува?

ЕЛЕКТРА
Се вика мајка; нема ништо мајчинско.

ОРЕСТ
1195 Што ти прави? Се сили, те навредува?

ЕЛЕКТРА
И насилство и глад и руга секаква.

ОРЕСТ
А немаш помош, потпора од некого?

ЕЛЕКТРА
Од кого имав, негов прах ми донесе.

ОРЕСТ
Те гледам, кутра, и те жалам одамна.

ЕЛЕКТРА
1200 Знај, единствен си ти кој ми се сожалил.
266 Софокле

ОРЕСТ
Па единствен, жалејќи те, и доаѓам.

ЕЛЕКТРА
А што? Да не ми доаѓаш род некаков?

ОРЕСТ
Би кажал, ако ти се верни овие88.

ЕЛЕКТРА
О, верни ми се. Слободно ти зборувај!

ОРЕСТ
1205 Остави го тој сад, за сè да разбереш.

ЕЛЕКТРА
Не, странче! Тоа, жити бози, не барај!

ОРЕСТ [сака да й ја земе урната.]


Послушај ме и не ќе си излажана.

ЕЛЕКТРА
89
О, жити брада , најмило не земај ми!

ОРЕСТ
Ти велам, остави!

ЕЛЕКТРА
Од гробот, Оресте,
1210 ме лишат твој ли, јас сум ти најнесреќна.

ОРЕСТ
На бога улиш; лелекаш без причина.

88
Девојките од хорот.
89
Вообичаени зборови при преколнување. Притоа молителот му ја допирал
нежно брадата на моленикот.
Електра 267

ЕЛЕКТРА
Зар не е право мртов брат да изжалам?

ОРЕСТ
Не ти личи збор таков да изречуваш.

ЕЛЕКТРА
Недостојна сум толку за покојникот?

ОРЕСТ
1215 Недостојна ти не си; не е твое сал.

ЕЛЕКТРА
Не го држам зар телото Орестово?

ОРЕСТ
Сал така рековме, а не е негово.

ЕЛЕКТРА
А кај е тогаш гробот на неволникот?

ОРЕСТ
Не постои. На живи гроб не им треба.

ЕЛЕКТРА
1220 Што зборуваш, о момче?

ОРЕСТ
Сал вистината.

ЕЛЕКТРА
Зар жив е?

ОРЕСТ
Ако има душа во мене.

ЕЛЕКТРА
Зар ти си?
268 Софокле

ОРЕСТ
Прстен печатен на татко ми
штом видиш, ќе поверуваш на мојот збор.

ЕЛЕКТРА
О дену најсветол!

ОРЕСТ
Да, тврдам, најсветол.

ЕЛЕКТРА
1225 О гласу90, дојде?

ОРЕСТ
Веќе не ќе прашуваш.

ЕЛЕКТРА
Те држам в раце!

ОРЕСТ
Вечно ќе сум со тебе.

ЕЛЕКТРА
О жени најмили, о добри граѓанки!
Гледајте го о Ореста – со итрина
сал мртов е, со иста итрост избавен!

ХОРОВОТКАТА
1230 О ќерко, гледаме; од среќа голема,
од радост солзи очи ни навлажија.

Строфа

ЕЛЕКТРА
О роде, роде, од сите мене најблизок!
Ми втаса најпосле! Најде, дојде!
1235 ги виде оние што требаше.
90
Дотогаш само се слушало (постоел глас) за него.
Електра 269

ОРЕСТ
Да, тука сум. Но биди тивка, почекај!

ЕЛЕКТРА
Што е?

ОРЕСТ
Да молчиш поарно, да не чујат однатре.

ЕЛЕКТРА
Но, жими Артемида,
вечна девица,
1240 нема да се исплашам јас никогаш
од вечна жолч прекумерна на таа внатре.

ОРЕСТ
Бре, бре, дух Арејов и жени обземал91;
го знаеш тоа добро; сама искуси.

ЕЛЕКТРА
1245 О леле, леле, леле!
За злото што нè најде, ти јасно дофрли
дека не може никогаш
1250 ни да се поправи ниту заборави.

ОРЕСТ
За тоа знам и јас, но кога згоден час
ќе чукне, тогаш треба да помислиме.

Антистрофа

ЕЛЕКТРА
Во секој, секој час што доаѓа,
со право можам јас
1255 да префрлам92.
Дур сега имам слобода да зборувам.

91
И жените можеле да бидат со борбен дух.
92
На мајка й поради злосторствата.
270 Софокле

ОРЕСТ
Се сложувам, но засега воздржи се!

ЕЛЕКТРА
Што да правам?

ОРЕСТ
Дур не е време многу да не зборуваш.

ЕЛЕКТРА
1260 А која душа порадо би молчела
наместо да зборува,
штом ти се појави? Па овој час те видов,
а ниту некој кажал ниту ти се надевав.

ОРЕСТ
Ме виде, бози штом на пат ме кренаа.

ЕЛЕКТРА
1265 И помило од преѓеска ми кажа,
ако бозите направиле
да дојдеш ти во домот свој.
1270 Го сметам тоа божја заповед.

ОРЕСТ
Де жал ми е во радост да те спречувам,
де страв што преслатка ти е слободата.

Епода

ЕЛЕКТРА
Еј, по толку време најмил пат ти изоди
и вака ми се појави!
1275 Па немој нешто, вака мачна што ме виде...

ОРЕСТ
А што да не сторам?
Електра 271

ЕЛЕКТРА
Да не ми одземеш
задоволство да уживам во твојот лик!

ОРЕСТ
И друг да видам93, страшно ќе се налутам.

ЕЛЕКТРА
Ми ветуваш?

ОРЕСТ
1280 Пак, зошто не?

ЕЛЕКТРА
О мили, слушнав глас
на којшто веќе не се надевав.
О, стивна гневот страшен!
Го94 слушав кутра во себе,
1285 а сега еве си.
Се јави твојот премил лик,
кого ни во несреќа не го заборавив.

ОРЕСТ
Непотребно не зборувај: ни колку зла
е мајка, ниту како Егист имотот
1290 на двори таткови го арчи: еден дел
го растура, а друго плиска залудо.
Збор долг пригодата ќе ни ја уништи.
Ти сега кажи овој час што помага.
Кај јавно или скриени, штом тука сум,
1295 да сториме насмевката на вразите
да замрзне, но мајка да не открие
по лик твој ведар, кога в двор ќе влеземе?
Ти реди како да е јадот вистински,
а кога ова добро ќе ни излезе,
1300 е тогаш смеј се, слободно радувај се.

93
Ако друг й го одземе тоа задоволство.
94
Гласот.
272 Софокле

ЕЛЕКТРА
Ко ти што сакаш, брате, нека биде сè,
бидејќи вакви радости доживеав
сал преку тебе; нема моја заслуга.
За ништо јас на светот не би сакала
1305 да те разжалостам ни трошка; ни на бог,
кој нас нè штити, така не ќе угодам.
А овде што е, знаеш, зарем не? Си чул
от’ Егист не е дома, мајка сал е в двор.
А од неа не плаши се! Од смеење
1310 ни радост моја нема да забележи.
Се врежа дамна пизма во мене, а штом
те видов тебе повторно, незапирно
од радост плачам. Како би прекратила,
во ист штом час те видов погребан и жив?
1315 Ми причини што веќе не очекував.
И татко жив да дојде, не ќе го сметам
за чудо – дека гледам би верувала.
Штом веќе вака ти ми дојде, терај сам
ко срце што ти сака. Сама ако бев,
1320 ќе беше еден погодок; две не грешев:
ил’ избав горд ќе имав или горда смрт.

ОРЕСТ
Ти велам, молчи. Слушам, некој однатре
излегува.

ЕЛЕКТРА [преправајќи се]


Влегувајте, о туѓинци!
Што носите ни некој ќе го одбие
1325 од дворов ни ќе ужива примајќи го.

[Излегува ВОСПИТУВАЧОТ.]

ВОСПИТУВАЧОТ
О луѓе улави и лишени од ум,
за животот зар веќе не се грижите
ни здрава памет не ви е вам всадена,
Електра 273

штом не сте свесни дека не во близина


1330 на зло сте, а сред опасност најголема?
Па ако не бев веќе долго на порти
да пазам, овде побргу за делото
ќе знаеја од вие што ќе стапневте.
Но добро, јас за тоа сум се погрижил.
1335 Оставете разговори преопширни
и празен весел вик и внатре влезете,
бидејќи одлагањето е опасно
во вакви потфати. За дејство часот е.

ОРЕСТ
А кога веќе внатре ќе се најдам, што?

ВОСПИТУВАЧОТ
1340 Па добро; нема никој да те познае.

ОРЕСТ
Им јави, нели, дека јас сум загинал?

ВОСПИТУВАЧОТ
Ти за нив, знај, од тие си што пошле в Ад.

ОРЕСТ
Ги весели ли тоа? Што зборуваат?

ВОСПИТУВАЧОТ
Ќе кажам штом се сврши; сега вака е:
1345 сè добро им е таму95; и недоброто.

ЕЛЕКТРА
Тој кој е, брате? Кажи, жити богови!

ОРЕСТ
Не го знаеш?

95
Вниманието им е сосем свртено кон добрата вест за смртта на Орест.
274 Софокле

ЕЛЕКТРА
Ни в сон го немам видено.

ОРЕСТ
Ти кому в раце си ме дала? Не знаеш?

ЕЛЕКТРА
А кому? Што велиш?

ОРЕСТ
Со раце негови
1350 и твоја грижа втасав в земја фокејска.

ЕЛЕКТРА
Зар тој е кого единствен од мнозина
го најдов доверлив по смртта таткова?

ОРЕСТ
Да, тој. Не прашувај со многу зборови!

ЕЛЕКТРА
О сонце сјајно! Ти сал Агамемнонов
1355 дом избави. Како дојде? Спасителот
зар ти си негов, па и мој, од многу зла?
О раце најмили, о нозе – највредни
помошници, зар толку време овде си,
а не ми се кажа? Зар ме убиваше
1360 со збор, имајќи нешто мое најмило?
Здрав бил, о татко! Ко да видов татко мил.
Здрав бил! Знај, тебе најмногу од луѓето
те намразив и засакав во еден ден96!

ВОСПИТУВАЧОТ
Се чини, доста е. А што се случило,
1365 Елéктро, ноќи многу што минуваат,

96
И веста за смртта на Орест ја донел и потоа се препознале како најмили –
сестра и љубен брат.
Електра 275

дни исто толку, ќе ти кажат најјасно.


А вам, што тука сте, ви велам, време е
за дејство. Клитајмнéстра сега сама е;
во дворот мажи нема. Ако чекате,
1370 и со нив, знајте дека ќе се борите,
и с други повеќе и од нив поумни.

ОРЕСТ
Со говор, Пиладе, да не развлечеме,
а колку може побргу да влеземе,
пред божји кипови на предци, пред порти
1375 што сите се поставени, да клекнеме!

ЕЛЕКТРА
Апóлоне господару, благосклоно
нив чуј ги, наедно и мене! Јас од сè
што имав, с рака најштедра ти подадов,
а сега ова, ликиски Апóлоне:
1380 коленичам, те молам, колнам97, биди рад –
помогни ни во ова што презедовме
и покажи на луѓето на кој начин
боговите казнуваат за безбожност!

[Сите влегуваат во дворецот.]

ТРЕТ СТАСИМ
ХОРОТ

Строфа
Гледајте кај јури Ареј
1385 обилно леејќи крв!
Под куќен покрив веќе дојдоа
кучињата неизбежни98,

97
Во оваа прилика може да му понуди само молби и преколнувања.
98
Ериниите; поетите често ги викаат вака, зашто ниеден злосторник не може да
ги одбегне.
276 Софокле

носејќи одмазда за страшни злосторства!


Сонот в срце што го носам
1390 нема долго да остане неисполнет.

Антистрофа
Со итар чекор внатре влегува
во дворецот одмаздникот99 на мртвите,
во татков си од века богат дом,
држејќи в раце свежо точен меч.
1395 А Хермес, синот Маин100 мил,
скривајќи ја измамата со мрак,
кон целта води; повеќе не одлага.

[Излегува ЕЛЕКТРА.]

ЧЕТВРТА ЕПИЗОДА
[Ком]

I строфа

ЕЛЕКТРА
О жени најмили, сал тивки бидете,
а мажите ќе свршат часкум работа.

ХОРОТ
1400 О, зар? А сега што е?

ЕЛЕКТРА
Таа урната
за гроб ја готви, тие стојат до неа.

ХОРОТ
Ти зошто надвор излезе?

99
Орест.
100
Хермес е син на Плејадата Маја и на Зевс. Тој, освен што е гласник на боговите,
е и бог на измамите, итрините и снаодливоста.
Електра 277

ЕЛЕКТРА
Да стражарам,
да не ни дојде Егист без да видиме.

КЛИТЕМНЕСТРА [однатре]
О леле, леле, доме
1405 ти пуст, без пријател, а полн со убијци!

Електра
Во дворот вика некој, мили. Не чувте?

II строфа

ХОРОТ
Чув бедна нешто страшно, и се стаписав.

КЛИТЕМНЕСТРА [однатре]
О, тешко мене, Егисте! О, каде си?

ЕЛЕКТРА
1410 Чуј, повтор некој вика.

КЛИТЕМНЕСТРА [oднатре]
Сине, сине мој!
Сожали се на мајка!

ЕЛЕКТРА
Немаше ти жал
ни за него, а ни за татко роден наш.

ХОРОТ
О граду, роду кутар, сега судбина
те гори денешна, те изгоре!

КЛИТЕМНЕСТРА [oднатре]
1415 О леле, загинав!

ЕЛЕКТРА
Ак’ можеш, удри пак!
278 Софокле

КЛИТЕМНЕСТРА [однатре]
О, пак?!

ЕЛЕКТРА
Да беше бар и Егист присутен!

ХОРОТ
Крв нова земаат
1420 одамна покојните
од своите убијци за одмазда.

I антистрофа

ХОРОТ
И еве, тука се. Раката во крв
од жртвата на Ареј е. Не приговарам.

ЕЛЕКТРА
О, како, Оресте?

ОРЕСТ
Во дворот убаво,
1425 Апóлон ако убаво ни претскажал101.

ЕЛЕКТРА
Дал умре бедна?

ОРЕСТ
Не бој се! Од дрскоста
на мајка веќе не ќе си повредена.

ЕЛЕКТРА
***

ОРЕСТ
***
101
Иако е Аполоново пророштво, Орест, сепак, има страв од таков грев.
Електра 279

II антистрофа

ХОРОТ
Престанете! Го гледам јасно Егиста.

ОРЕСТ
******

ЕЛЕКТРА
1430 За назад, момци, не ли сте?

ОРЕСТ
Го видовте
зар мажот?

ЕЛЕКТРА
Откај имотот расположен
ни доаѓа.

ХОРОТ
Ај внатре сега брзо појдете, па пак,
ко пред малку што бевте спремни, повторно...

ОРЕСТ
1435 Ќе биде, не бој се!

ЕЛЕКТРА
Кај мислиш, побрзај!

ОРЕСТ
Па тргнав.

ЕЛЕКТРА
Другото е моја работа.

ХОРОТ
На овој маж да му се шепне некој збор,
1440 би му користело. Затскриено да нападне
во битка праведна.
280 Софокле

[Завршува комот; доаѓа ЕГИСТ.]

ЕКСОД
ЕГИСТ
Кој од вас знае од Фокида гостите
кај би биле, за кои велат, јавиле
за смрт Орестова во судир коњички?
1445 Ти велам тебе, тебе. Ти, бесрамнице,
од време најзагрижена си, чинам јас,
па ако знаеш, и ќе кажеш најдобро.

ЕЛЕКТРА
Знам – како не? Би можело зар судбата
на мое најмило да ми е незнајна?

ЕГИСТ
1450 И, каде се туѓинците? Де зборувај!

ЕЛЕКТРА
Во двор. Кај мила појдоа домаќинка.

ЕГИСТ
А рекле дека мртов е, навистина?

ЕЛЕКТРА
Не сал со зборови, а и со докази.

ЕГИСТ
Јас можам ли да видам, да се уверам?

ЕЛЕКТРА
1455 Да, можеш. Мошне мачна сал е глетката.

ЕГИСТ
Вест радосна ми кажа; не ко инаку.

ЕЛЕКТРА
Радувај се штом тоа те радувало.
Електра 281

ЕГИСТ
Да молчиш, велам. Порти отворај,
да видат сите Микенци и Аргејци.
1460 Со пуста надеж ако некој од нив бил
за оној маж, гледајќи дека мртов е,
да прими узди мои, за да насила
не го учам на памет, да го казнувам.

[ЕЛЕКТРА ги отвора портите. Излегуваат ОРЕСТ и ПИЛАД.


Подалеку се гледа покриено човечко тело.]

ЕЛЕКТРА
Ќе направам што треба. Се опаметив
1465 со време, па сум услужна кон моќните.

ЕГИСТ
О Зевсе! Глетка – завист да предизвика!
Но, замераш ли, зборот го повлекувам.102
[на ОРЕСТ и ПИЛАД]
Дај покровот тргнете го од лицето,
да биде родот оплакан и од мене!

ОРЕСТ
1470 Сам крени го! Не моја, твоја должност е
и да го видиш и да кажеш убав збор.

ЕГИСТ
Па арно велиш, ќе те послушам.
[на ЕЛЕКТРА]
А ти,
в дом ако Клитајмнéстра ми е, викни ја!

ОРЕСТ
Но блиску е; на друго место не гледај!

102
Ако боговите замераат поради неговата злоба.
282 Софокле

ЕГИСТ [го крева покровот.]


1475 Оф, што гледам?

ОРЕСТ
Кој те плаши? Не познаваш?

ЕГИСТ
Кај попаднав јас кутриот? Во стапица
на кои мажи?

ОРЕСТ
Не гледаш зар одамна
со живи дека си, а мислиш мртовци?

ЕГИСТ
О кутар јас! Го разбрав зборот. Секако,
1480 е Орест тој што со мене разговара.

ОРЕСТ
Ти гатач најдобар се мамиш предолго.

ЕГИСТ
О, беден пропаднав! Да кажам еден збор
остави ме!

ЕЛЕКТРА
Не давај му да зборува,
те колнам, брате, нека не завлечува!
1485 И каква полза носи одлагањето
на смртта, штом е некој замешан во зло?
Ти бргу убиј го, па мртов предај го
на гробари за овој човек достојни103,
подалеку од поглед наш! Сал тоа лек
1490 би бил за моите јадови одамнешни.

103
Кучиња и птици-мршојади.
Електра 283

ОРЕСТ
Ај брзо внатре! Нема веќе натпревар
во зборови. Се работи за живот твој.

ЕГИСТ
Но зошто в двор ме водиш? Мрак што ќе ти е
штом нешто чесно правиш? Што не убиеш?

ОРЕСТ
1495 Не заповедај ми, а оди каде ти
го уби татко. Таму ти ќе завршиш.

ЕГИСТ
Зар мора овој дом да види сегашни
и идни несреќи на Пелопидите104?

ОРЕСТ
Сал твојата. Вешт пророк сум ти в ова јас.

ЕГИСТ
1500 Не ја славиш вештина на татко ти105.

ОРЕСТ
Е многу брбориш, а бавно чекориш.
Ај тргнувај!

ЕГИСТ
Па води!

ОРЕСТ
Ти ќе одиш прв.

ЕГИСТ
Да н’ избегам?

104
Атреј, таткото на Агамемнон и Менелај, бил син на Пелоп.
105
Татко му Агамемнон не бил претпазлив и тие успеале да го измамат и да го
фатат во смртна стапица.
284 Софокле

ОРЕСТ
Да не умреш по избор свој.
За таа жолч јас морам да се погрижам.
1505 На сите кои сакаат да работат
на закон спротивно, им следи казна – смрт.
Сал така нечесност би било помалку.

[Сите влегуваат во дворецот.]

ХОРОТ
О роде Атрејов, откако многу претрга
заради слободата106, со ова сега
втаса до крај!

106
Ослободување од Миртиловата клетва.
ЕДИП НА КОЛОН
ЛИЦА

ЕДИП, тебански владетел


АНТИГОНА и ИСМЕНА, Едипови ќерки
ТУЃИНЕЦ, Колоњанин
ХОР на старци од Колон
ТЕСЕЈ, крал на Атина
КРЕОНТ, Едипов шура, Тебанец
ПОЛИНИК, Едипов син
ГЛАСНИК
СВИТА на Тесеј
СВИТА на Креонт

Дејството се одвива на Колон, каменесто ритче во близина на Ати-


на. Таму имало жртвеник на витешките богови.
ПРОЛОГ

[Шумичка на Колон, посветена на Евменидите. Покрај патот – не-


изделкан камен, а во далечина се гледа градот Атина. Доаѓа Анти-
гона водејќи го старецот Едип.]

ЕДИП
О Антигоно, чедо ти на старец слеп,
во кој крај дојдовме? На кои мажи в град?
Кој денес мене – Едип, вечен скиталец
ќе ме пречекува и скудно дарува?
5 Јас малку барам, добивам, пак, помалку
од тоа, а и тоа ми е доволно.
Да трпам, ме научија и маките
и возраста, ко трето – скромност вродена.
Но ќерко, видиш ли во гај непосветен
10 ил’ посветен на бози згодно седало,
дај сопри ме да седнам; каде сме, да знам.
Та туѓи сме и дојдовме да чуеме
од овдешни, по нивно да постапиме.

АНТИГОНА
Мој кутар татко Едипе, тврдините
15 град што им пазат, чинам јас, се далеку.
А местово се чини свето – преполно
со лавор, лозја, маслинки; многубројни
славејчиња, пак, внатре леат сладок глас.
На овој камен неделкан сви колена,
20 бидејќи пат, за старец, долг си изодел.
290 Софокле

ЕДИП
Ај седни ме и мене слепец чувај ме!

АНТИГОНА
Го знам јас тоа одамна, не учи ме.

ЕДИП
А знаеш ли да кажеш кај застанавме?

АНТИГОНА
Ја знам Атина јас, но ова место не.

ЕДИП
25 Ќе ни го каже тоа секој намерник.

АНТИГОНА
Да појдам ли да прашам кое место е?

ЕДИП
Да, ќерко, но и дал е за живеење.

АНТИГОНА
Населено е. Мислам, нема потреба
да одам. Блиску, еве, гледам еден маж.

ЕДИП
30 А наваму ли доаѓа и брза ли?

АНТИГОНА
Па веќе втаса. Ако си со намера
да кажеш нешто, кажи, еве го тој маж.

ЕДИП
Од оваа, пријателе, што за мене
и за себе си гледа, дека идеш чув
35 во добар час – да кажеш што не знаеме.

[Влегува ТУЃИНЕЦ, Колоњанин]


Едип на Колон 291

ТУЃИНЕЦОТ
Пред друго да ме прашаш, поистави се,
бидејќи грев е да се гази местово.

ЕДИП
Што место е? Кој бог се слави во него?

ТУЃИНЕЦОТ
Ни пат ни куќа има. Страшни божици
40 го владеат, на Земја ќерки и на Мрак1.

ЕДИП
Да чујам име свето, да се помолам?

ТУЃИНЕЦОТ
Евмениди2 нив овој народ севидни
ги вика. Другде инаку ги викаат.

ЕДИП
О да ме примат с милост мене, молител!
45 Од ова место веќе не би отишол.

ТУЃИНЕЦОТ
А зошто?

ЕДИП
Така судба ми одредила.

ТУЃИНЕЦОТ
Па да те истерам ни јас не би смеел
пред градот да го прашам што да се стори.

1
Страшните божици, Ериниите, се ќерки на Геа или на Ноќ и Скот (= Мрак).
Немилосрдно ги казнуваат прекршителите на прастарите непишани закони, ја
одмаздуваат пролиената родбинска крв, навредите на родителите и повредата
на гостопримството.
2
Еуфемистичко име на Ериниите, најпрвин во Сикион, а потоа и во Атина,
откако атинскиот ареопаг го ослободил Ореста.
292 Софокле

ЕДИП
О, жити бози, не презри, пријателе,
50 ти скитник ваков, а што молам, кажи ми!

ТУЃИНЕЦОТ
Сал кажи! Презрен од мене не ќе бидеш.

ЕДИП
Па, какво место ова е, кај втасавме?

ТУЃИНЕЦОТ
Штом слушнеш, сè ќе знаеш, колку јас што знам.
Сè ова свето место е, а Посејдон3
55 го држи чесниот и бог огненосец
тој Титан Прометеј4. Кај стапна, местото
се вика бронзен праг5 на околинава
и бедем атински. А поле околно
се гордее што Колон витезин им е
60 на лоза зачетник. Сè тоа, по него
наречено, со име е заедничко6.
Со овој крај е, странче, вака: прославен
по име не е, но е многу посетен7.

ЕДИП
А живеат ли тука луѓе некакви?

ТУЃИНЕЦОТ
65 О, како не; имењаци на оној бог8.
3
Бог на морето, којшто ја тресе земјата и ја опколува со вода, брат на Зевс.
4
Син на Титанот Јапет. Скришно од Зевса на луѓето им го дал огнот. Поради тоа
бил прикован на Кавказ.
5
Во гајот на Евменидите имало пештера со бронзени скали. Сметале дека таа
пештера е влез во подземниот свет.
6
Колон, камено ритче на половина час одење од Атина преку Фила за во Теба.
Таму имало жртвеник на витешките богови, особено на Посејдон. Името го
добило по витезинот Колон, а така се викала и општината, основана на тоа
ритче. Самиот Софокле бил од таа општина.
7
На празникот на Евменидите.
8
Колон; основачите на населбите се викале херои и се почитувале како богови.
Едип на Колон 293

ЕДИП
Крал има или народот управува?

ТУЃИНЕЦОТ
Ко првенец на градот крал управува.

ЕДИП
А кој е тој со збор и моќ што владее?

ТУЃИНЕЦОТ
Тесеј9 се вика, син на покоен Ајгеј.

ЕДИП
70 Би пошол некој гласник од вас кај него?

ТУЃИНЕЦОТ
Да каже кралот нешто ил’ да направи?

ЕДИП
Со малку добивка да има голема.

ТУЃИНЕЦОТ
А каква ќе е ползата од човек слеп?

ЕДИП
Но што ќе кажам, сè опулено ќе е.

ТУЃИНЕЦОТ
75 А за да не згрешиш, о странче, знаеш што
– се чиниш, зашто честит, освен маната?
Ти тука чекај кај те најдов, дури јас
да одам да им јавам на овдешниве,
не в град. Ќе решат тие дал би требало
80 да останеш ил’ назад пак да заминеш.

9
Тесеј, синот на Ајгеј (Егеј), е атички народен јунак, митски крал на Атина,
кој ги поставил темелите на атинската моќ. Атињаните ги викаат и Тесеиди –
потомци на Тесеј.
294 Софокле

[ТУЃИНЕЦОТ заминува.]

ЕДИП
О ќерко, дали замина туѓинецот?

АНТИГОНА
Да, отиде и можеш, татко, слободно
да зборуваш; во близина сум само јас.

ЕДИП
О госпоѓи со страшен лик10, јас в овој крај
85 во места ваши прво свратив, затоа
безмилосни да не сте кон мене и Фојб11,
кој, кога многуте зла ми ги претскажа,
ми рече, в овој крај по долго талкање
ќе најдам починка; кај чесни божици
90 ќе добијам и конак, стан гостопримен
и тука беден живот свој ќе завршам,
ко благослов за тој што ќе ме прифати,
а клетва страшна, ако ме истераат.
За тоа знак ќе добијам – ми вети тој:
95 ил’ земјотрес ил’ гром ил’ молња Зевсова.
Јас сега разбирам – на овој токму пат,
во овој гај ме повел од вас пратен знак,
и тоа сигурен. Зар како инаку
на патов првин на вас ќе се намерев,
100 на трезни12 трезен јас? На овој камен свет
неизделкан зар седнував? О божици,
на веков мој, Аполон ко што претскажал,
ставете му и крај и гибел некаква
сал ако, според вас, сум тргал доволно
105 тргајќи маки најтешки на дуњава.
О ајде, слатки фиданки на древен Мрак
и ти Атино, граду најчестен на свет,

10
Ериниите.
11
Ериниите се трезни божици, бидејќи ним не им се жртвува вино.
12
Трезни божици, бидејќи не им се жртвува вино.
Едип на Колон 295

што имаш име по Палáда13 најмоќна,


за Едип – сенка бедна – милост имајте!
110 Та ова не е снагата некогашна.

АНТИГОНА
Де молчи! Луѓе некои доаѓаат.
Повозрасни се; да видат кај си, сакаат.

ЕДИП
Ќе замолчам, а ти од патов тргни ме
и скриј ме во шумичката, да разберам
115 што ќе кажат, бидејќи, ако знаеме,
ќе бидеме претпазливи во потфатот.

ПАРОД
I строфа

ХОРОТ
117 Де види! Кој беше?
Кај се заседнал?
Го снема наеднаш од местово
120 тој, кој со ништо не се задоволува.
Пребарувај, разгледувај
и ѕирни секаде!
Скитник, скитник
некаков е старецот,
125 не овдешен.
Инаку тој не ќе влезеше
во орманов, што грев е да се гази,
кај тие моми помамни
– се плашиме и име да им спомене,
130 минуваме со свртен поглед,
без глас; тивка молитва
ни доаѓа на устата.
А сега, велат, некој дошол,
13
Палада е епитет на божицата Атена.
296 Софокле

од ништо не плашејќи се.


135 Па него јас го барам
во ова свето место секаде
и не можам да сфатам каде е.

ЕДИП
138 Еј, јас сум тој. По гласот,
што се вели, гледам јас.

ХОРОТ
Оф, оф! Тој страшен е за гледање,
140 а страшен и за слушање.

ЕДИП
За грешник, молам, не сметајте ме!

ХОРОТ
Зевсе бранителу! Кој е старецов?

ЕДИП
По прва судба среќник некој не сум,
145 о чувари на овој крај; бар тоа е
очигледно. Зар инаку, служејќи се
со туѓи очи ли ќе доаѓав
и велик зар на мали ќе се потпирав?

I антистрофа

ХОРОТ
Бил слеп во очите!
Зар така несреќен си роден?
150 Се чини, одамна си таков.
Ако јас се прашувам,
нови клетви нема да си додадеш.14
155 До крај, до крај си дошол,
но во гајот тивок, тревнест,
кај од бардак с бистра вода
14
Со тоа што ќе навлезе подлабоко во шумичката.
Едип на Колон 297

160 и мед истечува15, да не појдеш.


Ти добро пази се, о кутар туѓинче!
Потргни се, истави се!
Се испречил патов широк.
165 Слушаш, скитнику најнесреќен?
Ако сакаш нешто ти да кажеш
пред мојов збор, од место свето излези,
па зборувај кај секој смее,
а пред тоа воздржи се!

ЕДИП
170 О ќерко, каде човек да се сврти?

АНТИГОНА
По нивно, татко, треба да се прави
– попустливо кај треба, и покорно.

ЕДИП
Прифати ме ти сега!

АНТИГОНА
Веднаш, еве сум.

ЕДИП
Нек’ ништо, туѓинци, не поднесам
175 штом, вас слушајќи ве, се иставам!

ХОРОТ
Од ова место, старче, никогаш
никој нема нерад да те одведе.

[ЕДИП и АНТИГОНА прават чекор-два.]

II строфа

ЕДИП
Зарем уште?
15
На Ериниите им се излева вода измешана со мед.
298 Софокле

ХОРОТ
Уште чекори!

ЕДИП
180 Уште ли?

ХОРОТ
Понаваму ај, моме, води го!
Бар ти си опулена.

АНТИГОНА
Ти следи ме и оди на слепо
кај јас те водам, татко мој!

III строфа

ХОРОТ
Подготви се ко туѓин в туѓина,
185 о кутар, да мразиш што градот
за немило го смета
и да почитуваш што мило му е.

ЕДИП
Поведи ме ти сега, родена,
со должна почит спрема нив
190 да кажеме и чуеме,
што мора да се прави, да правиме!

ХОРОТ
Токму тука! Никако понатаму
од прагот каменен да не стапнеш!

ЕДИП
Зар вака?

II антистрофа

ХОРОТ
Ко што слушна; доста е!
Едип на Колон 299

ЕДИП
195 Да застанам?

ХОРОТ
Да, чучни настрана
од работ најкраен!

АНТИГОНА
За тоа, татко, јас се грижам.
Ти покроце намести се!

ЕДИП
О тешко мене!

АНТИГОНА
200 Ти тело потпри старечко
на рака моја спремна!

ЕДИП
О судбо моја несреќна!

III антистрофа

ХОРОТ
Неволнику, штом с’ истави,
ти кажи сега: кој си
205 и зарад што те водат, кутар?
Да чујам крајот роден кој ти е!

ЕДИП
О туѓинци, прогоненик сум... но не!

ХОРОТ
Што се браниш, о старецу?

ЕДИП
210 Не, не прашувај ти кој сум,
не барај и не истражувај понатаму!
300 Софокле

ХОРОТ
Што тоа?

ЕДИП
Страшни работи.

ХОРОТ
Зборувај!

ЕДИП
Ќерко, тешко мене! Што да кажам?

ХОРОТ
215 Од кој си род, по татко, странче, кажи!

ЕДИП
О тешко мене! Сега, што?

АНТИГОНА
Штом нема каде, зборувај!

ЕДИП
Ќе зборувам, да се крие не може.

ХОРОТ
Е долго се натегате; ај побрзај!

ЕДИП
220 За некој син на Лај... сте чуле?

ХОРОТ
Оф, оф!

ЕДИП
И род Лабдакидов?

ХОРОТ
О Зевсе!
Едип на Колон 301

ЕДИП
За Едип несреќен?

ХОРОТ
Зар ти си тој?

ЕДИП
Страв немајте од тоа што ќе кажам!

ХОРОТ
О, о!

ЕДИП
Јас несреќен!

ХОРОТ
О, о!

ЕДИП
225 Што ќе биде сега, дете?

ХОРОТ
Подалеку од овој крај одете си!

ЕДИП
А што стана со ветувањата?

ХОРОТ
Од судба казна никој не ќе претрпи,
230 за неправда штом бара одмазда;
но, една измама на друга штом се додава,
не милост туку јад за возврат има16.
Подалеку од овде, кај си заседнал,
од мојов крај ти брзо пак замини си,
235 да не му прилепиш непотребно
на градов мој јад некаков.

16
Едип ги измамил со тоа што не им го кажал своето име, па затоа и тие можат да
го погазат ветувањето.
302 Софокле

АНТИГОНА
О туѓинци милозливи,
штом стариот мој татко
не го поднесувате,
слушајќи кај зборува
240 за дела сторени ненамерно,
бар мене кутра, ве молам, туѓинци!
Сожалете се на тоа што за татко
молам не со очи сведнати
245 гледајќи во твои очи како некој
што од ваша крв потекнал17.
Нек’ наиде на милост ваша тој!
Во ваши раце сме ко в божји кутрите.
Па ајде, добрина ненадејна покажете!
250 Те колнам в она мило што ти е:
дал рожба или сопруга ил’ имот или бог.
А гледај колку сакаш
– ниеден не наоѓаш кој може
да избега, бог ако го прогонува.

ПРВА ЕПИЗОДА
ХОРОТ
Но знај, на Едип чедо, судба негова
255 и твоја еднакво нас не измачува.
Сал страв од бози не дава да кажеме
поинаку од тоа што го кажавме.

ЕДИП
Па кај е тогаш ползата од славата,
од гласот добар за Атина, залудно
260 распространет? Та велат, тука набожност
пред сè се цени, таа беден туѓинец
да спаси можела и да го заштити.
А кај е таа за мене? Ме кренавте
од она место, сега, пак, ме гоните
17
Како ќерката што го гледа татка си кога моли нешто.
Едип на Колон 303

265 исплашени од името? Та белки не


од ликот ни од делата. Од делата,
во кои маченик, не злосторник сум јас
– на она мислам што од родителите
сум претргал – се плашиш. Тоа убаво
270 го знам. И како? Зарем лошиот сум јас
што вратив зашто поднесов? Да направев
и свесно, ниту така лош не бидував.
Што сторив, сторив без да знам, а оние,
од кои гинам, свесно ме уништија.
275 И така, туѓинци, ве колнам в богови,
штом оттука ме кренавте, спасете ме!
И немојте, штом в богови верувате,
да не ги цените, а знајте: гледаат
од смртните и чесен кој е, гледаат
280 и кој е нечесен, па од нив никаквец
не ќе може да избега. Штом свесен си
за тоа, славната Атина не црни ја,
со дела безбожни исполнувајќи ја!
Ме прими кога молев, вети сигурност,
285 па штити ме и чувај! Не понижи ме,
во ликот зашто си ме видел нагрден!
Ко свет18 и набожен јас дојдов, благодат
носејќи на граѓаните. Господарот
штом втаса, кој и да е, штом е водач ваш,
290 ќе слушнеш ти и се ќе разбереш, но лош
ти сега кон мене не покажувај се!

ХОРОВОДЕЦОТ
За уважение се сосем таквите,
о старче, твои мисли, а не ги кажа
со говор прост. Но за мене е доволно
295 водачите на земјава да разберат.

ЕДИП
А кај е кралот, туѓинци, на земјава?
18
Оној што моли засолниште е свет; грев е да се повреди.
304 Софокле

ХОРОВОДЕЦОТ
Во градот татков. Гласникот што мене
ме прати овде веќе појде по него.

ЕДИП
Зар сметате, тој ќе се загрижи за слеп
300 и ќе се замисли, ќе дојде самиот?

ХОРОВОДЕЦОТ
О секако, штом ти го чуе името.

ЕДИП
Кој него ќе го извести за името?

ХОРОВОДЕЦОТ
Долг пат е, многу зборови од патници
се шират. Чуе ли – без гајле – тука е.
305 Та името, о старче, твое познато
на сите е, па колку безволен да бил,
ќе дојде бргу штом ќе чуе за тебе.

ЕДИП
Дал бог да втаса среќен зарад градот свој
и мене! Чесен не си се љуби зар сам?

АНТИГОНА
310 О богови! Без збор сум, татко, и без ум.

ЕДИП
Што, Антигóно чедо?

АНТИГОНА
Жена гледам јас
кај иде, кобила јавајќи атнанска19.
Се движи кон нас, а со шапка тесалска20

19
Атна (Етна) на Сицилија била позната по брзи коњи.
20
Патничка шапка со широк обод.
Едип на Колон 305

на главата од сонце лице скрива.


315 Што да кажам?
Дал е, дал не е? Дал ме мами ум? и „да“
и „не“ си велам; не знам јас што да кажам.
О кутра јас!
И не е друга. Дур ми се приближува
320 й блеска радост в очите. Очигледно,
Исмена наша е, не друга некоја.

ЕДИП
О мила, што рече?

АНТИГОНА
Ја гледам ќерка ти
и сестра ми. По гласот ќе се увериш.

[Доаѓа ИСМЕНА во придружба на слуга.]

ИСМЕНА
О татко, сестро, за мене најслатките
325 два збора! О, зар толку мачно најдени,
со толку болка повторно ве видувам?

ЕДИП
Зар дојде, чедо?

ИСМЕНА
Татко, глетко жаловна!

ЕДИП
Се појави, о дете?

ИСМЕНА
Да, но не без јад.

ЕДИП
О чедо, допри ме!
306 Софокле

ИСМЕНА
Ве гушкам двајцата.

ЕДИП
330 О рожбо, моја крв!

ИСМЕНА
О горчлив животе!

ЕДИП
Нејзиниот и мој?

ИСМЕНА
И мојот – несреќна!

ЕДИП
Па дете, што дојде?

ИСМЕНА
В ум, татко, ти си ми.

ЕДИП
Од копнеж зар?

ИСМЕНА
И сама да те известам
со еден слуга сал, што верен остана.

ЕДИП
335 А браќа млади... кај ти се да помогнат?

ИСМЕНА
Па се кај се. Меѓу нив сега ужаси.

ЕДИП
А тие сосем личат на Египќани,
по нарав и по тоа како живеат.
Бидејќи таму мажите во домот се,
Едип на Колон 307

340 на разбој ткаат, жените, грижејќи се


за потреби секојдневни, на улица.
И од вас, тие чија грижа требаше
да сум, ко жени, чеда, куќа чуваат,
а вие зарад мене кутар место нив
345 си тргате. А оваа21 пак, откако
од детство излезе, во снага ојакна,
постојано е со мене по патишта,
ме води старец клет. Низ гори беспатни,
талкајќи често гладна и босонога
350 на многу кутра дожд и жега сончева
изложена, на второ место топол дом
си става само леб да има татко и.
А ти, о ќерко, порано со пророштва
ми дојде, скришно од Кадмејците, за сè
355 што било речено. И верен стражар мој
ти стана, кога бев од земја протеран.
Со каков глас, Измéно, сега повторно
ми доаѓаш? Што од дома те покрена?
Ти тукутака, добро знам, не доаѓаш,
360 сал страшни работи да не ми јавуваш.

ИСМЕНА
Што јас, о татко, претргав дур изнајдов
и кај и како живееш, ќе пропуштам
да кажам – не сакам бол дваж да поднесам –
и дур преживував и пак, дур кажувам.
365 Зло ново што се изроди кај бедните
ти деца – тоа дојдов да ти соопштам.
Се готвеа трон прво да му препуштат
на Креонт, градот да не си го валкаат,
имајќи си го в ум на родот падот стар
370 што го доживеа несреќниот твој дом.
А сега бог ли некој ил’ лошотија
зла крв им распали ним сосем несреќни,
на моќ и власта кралска да се нафрлат.
И, уште млад, помалиот по години
21
Антигона.
308 Софокле

375 од престол Полинéјка – роден порано –


го сметна, од татковина го протера.
А овој – така кај нас народ зборува –
бегајќи, в Арг си пошол длабок22. Насобрал
и нова рода23, верни соборци, па Арг
380 ил’ веднаш земја кадмејска ќе покорел
горделиво, ил’ в ѕвезди ќе ја издигнел24.
И ова не се, татко, само зборови,
а дела страшни. Не знам кога бозите
на маки твои веќе ќе се сожалат.

ЕДИП
385 Поверува зар дека грижа бозите
ќе покажат, та спас да дојде за мене?

ИСМЕНА
Јас да, о татко, според нови пророштва.

ЕДИП
По кои? Што е, ќерко, пак претскажано?

ИСМЕНА
25
Ќе мора тие еднаш да те бараат,
390 жив било или мртов зарад нивни спас.

ЕДИП
Со што и кому вреден ваков би му бил?

ИСМЕНА
Па велат, моќта нивна била во тебе.

ЕДИП
Да, откако ме нема, маж сум доблестен.

22
Опкружен со планини.
23
Полиник се оженил во Арг со ќерката на Адраст.
24
Со поразот на аргејската војска.
25
Тебанците.
Едип на Колон 309

ИСМЕНА
Од бози урнат еднаш, сега креван си.

ЕДИП
395 Да креваш старец, млад што паднал, лудо е.

ИСМЕНА
И зарад тоа, не по многу време, знај,
а набргу ќе дојде Креонт кај тебе.

ЕДИП
Што ќе сака, о ќерко, дај објасни ми!

ИСМЕНА
До земја да те сместат кадмејска, во власт
400 да си им, но во земјата да не влезеш.

ЕДИП
Штом бидам надвор, каква полза од мене?

ИСМЕНА
Гроб твој непочестен ним гибел ќе им бил.

ЕДИП
Без бог да каже тоа се подразбира.

ИСМЕНА
И сега тие тоа сакаат: да си
405 во близина, но господар да не си свој.

ЕДИП
Со тебанска ли земја ќе ме покријат?

ИСМЕНА
На татко ти, о татко, крвта не дава26.

26
За убиец на татко нема место во татковината.
310 Софокле

ЕДИП
Во нивна власт јас никогаш не бидувам.

ИСМЕНА
Па тоа гибел ќе е за Кадмејците.

ЕДИП
410 Од што би била, дете, предизвикана?

ИСМЕНА
Од твојот гнев на погреб што не ти дошле.

ЕДИП
Од кого, дете, тоа што го кажуваш го чу?

ИСМЕНА
Од пратениците во делфско огниште27.

ЕДИП
Зар токму тоа Фојб го рекол за мене?

ИСМЕНА
415 На враќање во Теба така рекоа.

ЕДИП
Го чул ли тоа некој од синовите?

ИСМЕНА
Да, еднакво го знаат добро двајцата.

ЕДИП
Знаејќи го зар тоа бедни, кралска власт
си ставија пред копнежот по татка си?

ИСМЕНА
420 Се растажив слушајќи, сепак кажувам.
27
Пророчиште.
Едип на Колон 311

ЕДИП
О нека бози гнев, од судба доделен,
не им згаснат, а од мене нек’ зависи
од таа борба исходот, на која вчас
се креваат и копја си вкрстуваат!
425 Да битиса и тој што сега држи трон
и жезол, а ни оној да не се врати
од бегството! Та кога јас – родителот
од земја срамно прогнат бев, ни поддршка
ни заштита ми дадоа, а уништен
430 сум им и за прогоненик сум прогласен.
Ќе речеш, можеби, по моја желба дар
заслужено ми стори тогаш градот мој.
Не, никако; бидејќи тогаш, оној ден,
дур вриев в гнев и најслатка ми беше смрт,
435 да умрам, да ме сосипат со камења,
не се најде кој желба да ми исполни.
Со време, кога веќе стивна сиот јад
и сфатив дека нескротливиот мој гнев
е казна потешка и од гревовите,
440 дур тогаш градот насила ме гонеше
од земја, тие таткови на татка си
не сакаа, а можеа, да помогнат;
ни збор не кажаа, па ним прогоненик
во туѓина им талкам како питач јас.
445 Од овие јас – макар моми, колку што
им дава снагата, и храна добивам,
засолниште и потпора од родот свој.
А тие пред родителот си ставија
и трон и кралски жезол, власт над земјата.
450 Но ниту ќе ме добијат за сојузник,
ни корист некаква ќе имаат од власт
над Кадмејци. Јас тоа знам, од оваа28
слушајќи пророштва и сеќавајќи се
на зборот стар што еднаш Фојб го загатна.
455 Па затоа нек’ по мене го праќаат
28
Исмена.
312 Софокле

и Креонта и други градски моќници!


И, ако вие, туѓинци, с божиците
благородни, на народот заштитнички,
помогнете, за градов моќен спасител
460 ќе имате, а моите душмани сал зла.

ХОРОВОДЕЦОТ
За жалење си, Едипе, и сам
и децава. Бидејќи ни се понуди
со зборов за избавител на земјава,
јас сакам да ти дадам совет полезен.

ЕДИП
465 О најмил, дај поучи ме, ќе сторам сè!

ХОРОВОДЕЦОТ
Дај жртва на божициве, кај кои ти
за првпат дојде, чија земја повреди!

ЕДИП
На кој начин? О туѓинци, учете ме!

ХОРОВОДЕЦОТ
Од вечен извор света вода најпрвин
470 да донесеш; со чисти раце зафати!

ЕДИП
Штом налеам од таа света вода, што?

ХОРОВОДЕЦОТ
Па има бардаци; вешт маж ги направил.
Закити им со венци грло, рачки две!

ЕДИП
Од гранчиња, од преѓа ли? На кој начин?

ХОРОВОДЕЦОТ
475 Од овча волна, штотуку истрижена.
Едип на Колон 313

ЕДИП
Е добро. Како потоа да продолжам?

ХОРОВОДЕЦОТ
Кон сончев изгрев свртен, леј од жртвата!

ЕДИП
Од кратери да леам што ги спомена?

ХОРОВОДЕЦОТ
Ќе плиснеш трипати, на крајот излеј се!

ЕДИП
480 Со што да биде полно? И тоа кажи ми!

ХОРОВОДЕЦОТ
Со водата, и мед, а вино не мешај!

ЕДИП
Од лисја црна земјата штом впие, што?

ХОРОВОДЕЦОТ
На три места по три да ставиш гранчиња
маслинови со две раце и моли се!

ЕДИП
485 Да слушнам сакам молитва – најважното.

ХОРОВОДЕЦОТ
Милозливо да примат молител и спас
да дадат – та Милозливи29 ги викаме.
Моли сам! Ако моли за тебе и друг
– со тивок глас, без врева. Потем замини
490 и не обѕирај се! Штом така направиш,
и јас ќе смеам да ти пријдам. Инаку,
о туѓинче, ме фаќа ужас за тебе.
29
Евмениди (Εὐμενίδες = со добра желба).
314 Софокле

ЕДИП
Ги слушнавте ли, ќерки, домаќиниве?

АНТИГОНА
Ги чувме. Кажи што треба да сториме.

ЕДИП
495 Јас ова не можам – ми пречи двојно зло;
и немоќен и слеп сум. Од вас едната
ќе оди тоа да го стори. Не треба
за ова многу, мислам; еден доволен
ќе е, со чисто срце ако пристапи.
500 Сал брзо нешто сторете, но мене сам
не оставајте ме, зашт’ сам јас снагава,
без водач, немам сили да ја повелам.

ИСМЕНА
Ќе одам јас да сторам. Сакам сал да знам,
кај местото ќе треба да го побарам.

ХОРОВОДЕЦОТ
505 Во дел на гајов спротивен нам, туѓинко.
Што сакаш друго, ќе ти каже чуварот.

ИСМЕНА
Јас одам таму; Антигóно, татка ти
приварди го! Штом некој за родители
се мачи, нека не мисли на маката!

[Ком]

I строфа

ХОРОВОДЕЦОТ
510 Да будиш зло, туѓинецу,
одамна запретано, е страшно.
Па, сепак, сакам јас да разберам.
Едип на Колон 315

ЕДИП
Што тоа?

ХОРОВОДЕЦОТ
За знајните стравотии на болката
што нема лек, а во која ти западна.

ЕДИП
515 Во име на гостољубието, мил мој,
тешки јадови не скоривај!

ХОРОВОДЕЦОТ
Од она везден што го говорат,
да чујам сакам што е правото.

ЕДИП
О кутар јас!

ХОРОВОДЕЦОТ
Те преколнувам, учини ми!

ЕДИП
Оф, леле!

ХОРОВОДЕЦОТ
520 Дај послушај!
Ќе сторам сè што посакаш.

I антистрофа

ЕДИП
Јас страшни нешта поднесов,
о туѓинци, а поднесов трпеливо
– нека знае бог – и се без своја вина.

ХОРОВОДЕЦОТ
Но, што беше?
316 Софокле

ЕДИП
525 Ме втурна градот в грев
со срамен брак и постела.
Јас ништо не знаев

ХОРОВОДЕЦОТ
Со мајка зар, ко јас што чув,
во клета влезе постела?

ЕДИП
О беден јас! Да слушам ова, туѓинци,
530 е смрт. А тие две се од мене.

ХОРОВОДЕЦОТ
Што велиш?

ЕДИП
Да, две ќерки – два грева.

ХОРОВОДЕЦОТ
О богови!

ЕДИП
Од една мајка утроба не носела.

II строфа

ХОРОТ
Зар ќерки твои се?

ЕДИП
535 И сестри се на татка си.

ХОРОТ
Леле!

ЕДИП
Да, „леле“ – сплет од неволи неброени.
Едип на Колон 317

ХОРОТ
И страдаше?

ЕДИП
О, страдав незаборавно.

ХОРОТ
Си сторил?

ЕДИП
Не сторив.

ХОРОТ
Што тогаш?

ЕДИП
Примив дар
540 што никако јас кутриот не требало
да прифатам од градот што го избавив.

II антистрофа

ХОРОТ
Но, клетнику, си задал смрт...

ЕДИП
А што, пак, тоа? Што сакаш да дознаеш?

ХОРОТ
на татко ти?

ЕДИП
Леле, на рана друга рана додаваш!

ХОРОТ
545 Па, уби?

ЕДИП
Убив, да, но имам јас...
318 Софокле

ХОРОТ
А што?

ЕДИП
па, оправдување.

ХОРОТ
А што?

ЕДИП
Ќе кажам јас.
Сум фатен дека убив, усмртив, но чист
пред закон сум – јас не знаев што сум сторил.

[Завршува комот; доаѓа ТЕСЕЈ со свитата.]

ХОРОТ
Тесеј ни доаѓа нам, кралот, еве, син
550 на Ајгеј. Доаѓа на твое барање.

ТЕСЕЈ
Од порано што слушав од многумина
за очи твои крваво загубени
те познав, сине Лајов. Сега, откако
по патот ми раскажаа, знам повеќе.
555 И, општо, изгледот и твојот беден лик
ни открија ти кој си. Кутар Едипе,
те жалам, сепак, ќе те прашам: кај мене,
во градов мој со каква молба доаѓаш
и сам и таа со тебе несреќница?
560 Ај кажи! Нешто ужасно би требало
да раскажеш, па тогаш да те одбијам.
И сам сум живеел во туѓина, ко ти,
па знам. Во туѓина, ко никој, секакви
опасности ми минаа преку глава,
565 па никого, штом не е оттука, ко ти,
не оставам да не му прискокнам. Та знам,
штом човек сум, и јас за денот утрешен
за ништо не сум од тебе посигурен.
Едип на Колон 319

ЕДИП
С реч ти куса, Тесеју, но благородна,
570 ми помогна, па не треба да зборувам
јас многу. Кој сум јас и татко кој ми е,
од која земја доаѓам – ти кажа сè.
И така, ништо не морам да кажувам;
сал што барам, и – говорот мој завршил.

ТЕСЕЈ
575 Да, токму тоа сега кажи го, да знам!

ЕДИП
Сум дојден тело бедно да ти дарувам;
на глед е никакво, но вредноста му е
поголема од убавината на глед.

ТЕСЕЈ
Со каква полза за нас, мислиш, доаѓаш?

ЕДИП
580 Ќе разбереш со време; сега уште не.

ТЕСЕЈ
А кога ќе е видна таа добивка?

ЕДИП
Штом умрам; погребан, пак, од тебе да сум.

ТЕСЕЈ
За крајот свој се молиш, а на средното
забораваш ил’ воопшто не го цениш.

ЕДИП
585 И тоа30 мене в она ми е вклучено.

30
Средното, односно, сегашнината; она е крајниот час. Ако Тесеј вети дека ќе го
погребе, јасно е дека ќе се грижи и за него жив.
320 Софокле

ТЕСЕЈ
Си собрал накусо што бараш од мене.

ЕДИП
Но гледај, ова ќе е голем бој, не мал.

ТЕСЕЈ
А чиј? На твоите, велиш, потомци ил’ мој?

ЕДИП
Се силат тие таму да ме однесат.

ТЕСЕЈ
590 Ни за тебе – да сакаш – бегство не чини.

ЕДИП
Но, кога сакав јас, не ме оставија.

ТЕСЕЈ
Безумнику, во злото гнев не користи.

ЕДИП
Чуј од мене, па кори! Сега пушти ме!

ТЕСЕЈ
Па кажи ми! Што не знам да не зборувам.

ЕДИП
595 Врз стари зла и друго дојде, Тесеју.

ТЕСЕЈ
За срамот стар на родот ли ќе зборуваш?

ЕДИП
О не; за тој Хелáда цела зборува.

ТЕСЕЈ
Јад каков имаш што не се поднесува?
Едип на Колон 321

ЕДИП
Е вака ти е со мене: од земјата
600 од моја крв сум протеран и никогаш,
ко убиец на татко, нема враќање.

ТЕСЕЈ
Те викаат, а внатре не те примаат?

ЕДИП
На тоа божја уста31 ќе ги присили.

ТЕСЕЈ
Со какво зло пророштвото се закани?

ЕДИП
605 Од овој град ним пад им се заканува.

ТЕСЕЈ
Но како од нив јас би поднел горчина?

ЕДИП
О сине најмил Ајгеев, сал богови
ни стареат ни некогаш умираат;
сè друго време семоќно уништува.
610 И земја губи сила, губи телото,
и вера пропаѓа, а расте невера,
и меѓу пријателите не секогаш
е иста милоста, ни меѓу градови.
За сите, денес или утре, слаткото
615 ќе стане горчливо и мило повторно.
И Теба, иако е сега со тебе
во добри односи, дур време бескрајно
си тече, раѓа дни и ноќи безбројни,
во кои, сега сложното пријателство,
620 за еден збор со копје ќе се раскине.
И тогаш мојот труп, во гробот положен
31
Дадено пророштво.
322 Софокле

и студен, нивна топла крв ќе испие,


сал ако Зевс е уште Зевс, Фојб Зевсов – прав.
Но тајни не е убаво да кажуваш.
625 Ти остани на првото32, ветеното
исполни го и никогаш не ќе речеш,
за жител Едип безвреден во земјава
е примен, ако бози не ме измамат.

ХОРОВОДЕЦОТ
О кралу, веќе долго овој зборува,
630 за земјава ќе сторел такви работи.

ТЕСЕЈ
Кој добрина на ваков маж да одбие,
за кого огниште, пред сè, пријателско
е в домот наш отсекогаш отворено?
А дојден како божји молител, не мал
635 ни плаќа данок мене и на земјава.
Од почит милост негова да отфрлам
не ќе можам – во крајов ќе го населам.
И барам33, остане ли тука гостинов,
ти да го пазиш. Сакаш ли, пак, со мене
640 да одиш, тебе, Едипе, ти оставам
да одбереш. По избор твој ќе направам.

ЕДИП
О Зевсе, добро секакво на вакви дај!

ТЕСЕЈ
Што решаваш, ќе појдеш ли во домот мој?

ЕДИП
Да можев. Сепак, ова место тоа е

ТЕСЕЈ
645 на кое, што мислиш да правиш? Не бранам.

32
Првата молба, што се однесува на тоа да биде погребан тука.
33
Му заповеда на хороводецот, во чие лице се претставени граѓаните на Атина.
Едип на Колон 323

ЕДИП
Да сотрам луѓе мене што ме презреле.

ТЕСЕЈ
Пребогато го плаќаш гостопримството.

ЕДИП
Но докрај да го исполниш ветеното.

ТЕСЕЈ
Ти не бој се! Јас нема да те предадам.

ЕДИП
650 Со клетва не те врзувам ко никаквец.

ТЕСЕЈ
Не повеќе би добил отколку со збор.

ЕДИП
Што ќе сториш?

ТЕСЕЈ
Од што се плашиш најмногу?

ЕДИП
Ќе дојдат мажи.

ТЕСЕЈ
Ќе се грижат овие.

ЕДИП
Ме оставаш, па гледај!

ТЕСЕЈ
Знам, не учи ме!

ЕДИП
655 Ќе морам, страв ми е.
324 Софокле

ТЕСЕЈ
А јас сум спокоен.
Едип
Не ги знаеш заканите.

ТЕСЕЈ
Не те води
жив никој против моја волја одовде –
сал знам. Многумина се закануваат
во гнев со многу празни зборови, но ум
660 штом има моќ, заканите се залудни.
Ним – знам – штом дрски биле да се заканат
со твое одведување, и големо
и непловно ќе им се стори морето.
Па дури и да не бев наклонет, ти страв,
665 советувам, да немаш, штом те праќа Фојб.
А сепак, знам, и отсутен да сум, од зла
и името сал мое ти е заштита.

ПРВ СТАСИМ
ХОРОТ

I строфа
Во земјата на витез, туѓинче,
на светот најгорда со коњи,
670 ти пристигна; во Колон бел,
кај славеј ѕвонлив најрадо
долетува и цвркоти
во зелен длабок дол
криејќи се во бршлен руменкав
675 во света гора китнеста,
многуплодна, кај сонце не припечува,
а сигурна од зимски ветришта,
и кај Дионис, бучен секогаш,
постојано наминува, придружуван
680 од божествените хранителки34.
34
Дионис или Бакх, богот на виното и лозјата, бил одгледан од нисајските нимфи.
Едип на Колон 325

I антистрофа
Под небо росно цути лилија
со красни цветови гроздовидни
катадневно, ко венец старински
за моќни божици35,
685 и шафран златен.
Вечно будни и немирни изворите
на водите Кефисови не копнеат.
Тој од ден на ден, вечно
поттикнувајќи на побрз род,
690 со бистра вода минува
низ ширни полиња.
А не се презрени ни ората на Музите36
и Афродита37 златноузда.

II строфа
694 А има билка –
немам чуено ни в земја Асија за таква,
ни некогаш да никнела во голема Дорида
на остров Пелопов38 –
не садена, а самоник.
На душман страв причинува.
700 Најмногу во оваа земја
лисје нејзини зеленее;
на сјајна, вечно млада маслинка.
Ни млад39 ни стар заповедник40
со рака не ја сотира дур пустоши.

35
Деметра, божицата на плодородието, и нејзината ќерка Персефона, жена на Ад,
господарка на подземниот свет.
36
Заштитнички на науките и уметностите, ќерки на Зевс и Мнемосина:
Полихимнија, Клио, Мелпомена, Талија, Уранија, Ерато, Терпсихора, Евтерпа
и Калиопа.
37
Божица на љубовта.
38
Пелопонез.
39
Ксеркс; се прикажува дека тој ја запалил маслинката на Акропол, но таа веќе
следниот ден пуштила нови фиданки.
40
Спартанскиот крал Архидам, кој во Пелопонеската војна не се осмелил да
посегне по светите маслинки, кои растеле во Академија.
326 Софокле

705 Мориј41 Зевс со будно око


севезден ја пази,
а и Атéна сјајноока42.

II антистрофа
707 И друга имам пофалба –
најубава за земја мајчичка да кажам,
дар од богот моќен –
тоа слава е најголема за земјава:
711 коњи убави и ждребиња
и море прекрасно.
О чедо Кроново43,
та ти си заслужен за ваква чест,
о Посејдоне водачу,
кој најпрво во овој крај ни направи
715 кротителка за коњи – уздата44.
И весло чудесно, со рака сложно,
по морето потскокнува, а стотина
го следат нозе – Нереидите45.

ВТОРА ЕПИЗОДА
АНТИГОНА
720 О земјо, фалена со фалби најмногу,
ти сега треба сјајна реч да оправдаш.

ЕДИП
Што ново има, чедо?

АНТИГОНА
Ни наближува,
о татко, ене, Креонт, не без придружба.

41
Мориј е епитет на Зевс како заштитник на светата маслинка.
42
Божицата Атена е заштитничка на Атина. Нејзе й е посветена маслинката.
43
Крон е татко на Зевс.
44
Посејдон, богот на морето, ја направил уздата.
45
Педесет морски нимфи, ќерки на морскиот старец Нереј.
Едип на Колон 327

ЕДИП
О старци премили, на вас е овој час
725 да најдете решение за мојот спас.

ХОРОТ
Не плаши се, ќе биде. Јас сум остарен,
но моќта не остарела на земјава.

[Доаѓа КРЕОНТ.]

КРЕОНТ
О мажи чесни, жители на овој крај,
во очите ви гледам, некој уплав нов
730 ве обзема од моето доаѓање.
Не бојте се ни лош збор не кажувајте!
Со намера да сторам нешто не дојдов.
Сум стар, но ако во Хелáда некој град
е моќен, знам, сум дошол во најмоќниот.
735 Јас, вака стар, сум пратен за да овој маж
го убедам да дојде в земја кадмејска;
не ме прати сал еден, сите рекоа.
Бидејќи род ми паѓа, маки негови
од сите в градот најтешко јас поднесов.
740 Но, кутар Едипе, послушај ме и в дом
свој дојди! Сиот род те вика кадмејски
со право, а од сите нив јас најмногу.
И повеќе, о старче, ако не сум гад
над гадови, ме болат твоите неволи,
745 гледајќи те и несреќен во туѓина
и вечен бездомник, без леб, со една сал
придружничка на пат, за која кутар јас
не помислив во таква беда некогаш
да западне, во каква дојде кутрата
750 дур за тебе се грижи – храна секогаш
да испроси и така млада – мажачка
не видела, а плен е на натрапници.
Зар не те погрдив со тешка погрда
јас несреќник и тебе, себе, сиот род?
328 Софокле

755 Не се крие што било. Сепак, Едипе,


послушај ме и, жити бози старински,
заборави! Со љубов врати се во град
и татков дом! Од градов чесно прости се
– тој заслужил – но повеќе почитувај
760 хранителка некогашна, татковина!

ЕДИП
О дрзнику, кој сплетка секаква со лик
на праведник би сторил, се обидуваш
и сакаш вторпат таму да ме намамиш,
кај фатен, болка најтешка би болувал.
765 Та порано, дур страдав поради зла в дом
и кога изгон за мене ќе беше сласт,
и го посакував, ти не ми угоди46.
А кога веќе не бев толку очаен
и штом ми смили в дворови да живеам,
770 ме тераше и гонеше и никако
за роднина ти тогаш љубов немаше.
А сега градов – гледаш – ми е наклонет
и сиов род, па сакаш да ме урнисаш,
со благ збор кажувајќи тешки работи.
775 Па каква сласт е милост невозвратена?
Ко ако некој, кога молиш, никако
не попушта и не сака да помогне,
а кога имаш сè што срце посака,
ти дава. Таква милост не раѓа.
780 Зар радост некаква во тоа наоѓаш?
Со такви работи ти сега доаѓаш
– на збор благородни, а всушност гибелни.
И ним им кажувам – гад да те покажам.
Ти дојде да ме одведеш, но дома не,
785 а блиску да ме сместиш за да градот твој
од зла од овој народ биде поштеден.
Но нема да ти успее, а духот мој

46
Кога се разбрала вистината за Едип, тој бил затворен во мрачна одаја во
дворецот за да не се обелодени срамот на домот.
Едип на Колон 329

ќе биде вечно онаму ко одмаздник.


А моја земја толку моите синови
790 ќе добијат сал колку за умирачка.
Зар од тебе не ја знам Теба подобро?
И многу повеќе зашт’ чув од извори
посигурни – од Фојб и Зевс сам, татко му.
Со уста полна лаги овде доаѓаш
795 и остар јазик. Зборот твој, пак, поскоро
ќе биде гибел за тебе, не спас. Јас знам,
ти не ми веруваш, но оди! Пушти нè
нас овде да живееме. Животецот
лош не ни е ни вака, сме задоволни.

КРЕОНТ
800 Зар мислиш дека таа твоја одлука
јад за мене е повеќе од за тебе?

ЕДИП
А мене најмило ми е да не можеш
ни мене да ме убедиш ни овие.

КРЕОНТ
О беднику, со време ум не ти дојде.
805 Зар старееш и стануваш побесрамен?

ЕДИП
На збор си страшен; јас, пак, не знам ниеден
маж справедлив – реч добра да му е во сè.

КРЕОНТ
Да, долга реч е едно, друго убава.

ЕДИП
О, колку кус, а убав ти е говорот!

КРЕОНТ
810 Па не за оној којшто в умот е ко ти.
330 Софокле

ЕДИП
Ај оди – пред нив зборувам – не варди ме,
не кажувај јас кај треба да живеам!

КРЕОНТ
Те фатам ли, нек’ тие сведочат, не ти
кој „умееш“ да вратиш на пријатели.

ЕДИП
815 Кој мене ќе ме фати вака заштитен?

КРЕОНТ
47
И без тоа ожалостен ќе излезеш..

ЕДИП
Со што, пак, сега имаш да се заканиш?

КРЕОНТ
Од двете ќерки една, веќе фатена,
ја пратив. Сега ќе ја водам другата.

ЕДИП
820 Јас кутар!

КРЕОНТ
Ќе залелекаш и посилно.

ЕДИП
Ја имаш ќерка ми?

КРЕОНТ
Да, вчас и другата.

ЕДИП
О луѓе, сега што? Зар ќе сум предаден?
Зар бедников не ќе појде од земјава?
47
Иако самиот не биде фатен.
Едип на Колон 331

ХОРОТ
Ај странче, надвор побргу! Ти неправда
825 и сега чиниш, а и порано си направил.

КРЕОНТ
Вам време ви е неа48 да ја водите;
ак’ милум не сака да оди, насила.

АНТИГОНА
О кутра јас! Кај да бегам? Зар заштита
од бог ил’ смртник немам?

ХОРОТ
Странче, што правиш?

КРЕОНТ
830 Јас мажов не го задевам, сал мојава49.

ЕДИП
О водачи!

ХОРОТ
О странче, чиниш неправда!

КРЕОНТ
О, правда.

ХОРОТ
Како правда?

КРЕОНТ
Мое водам јас.

[Ком]

48
Антигона.
49
Креонт се смета за глава на семејството, па затоа за Антигона вели – мојава.
332 Софокле

Строфа

ЕДИП
О граде!

ХОРОТ
Странче, што правиш? Остави ја!
835 Во опасност ќе бидеш набргу.

КРЕОНТ
Тргни ми се!

ХОРОТ
Не, нема, вака штом се обиде.

КРЕОНТ
Ме повредиш ли мене, град ни напаѓаш.

ЕДИП
Зар не реков?

ХОРОТ
Од момата ти рацете
истави ги!

КРЕОНТ
Не повелај кај немаш власт!

ХОРОТ
840 Ти велам: пуштај!

КРЕОНТ
Јас, пак: седи настрана!

ХОРОТ
Кренете се, о ајде, ајде, граѓани!
Се руши градот, градот мој од насилство.
О, ваму дојдете!
Едип на Колон 333

АНТИГОНА
Ме води мене несреќна, пријатели!

ЕДИП
845 О дете, кај си ми?

АНТИГОНА
Ме водат насила.

ЕДИП
Дај раце, дете мое!

АНТИГОНА
Ништо не можам.

КРЕОНТ
Зар не ја водите?

ЕДИП
О кутар, кутар јас!

[АНТИГОНА ја одведуваат.]

КРЕОНТ
Ги немаш веќе двата бастуна за пат
ко помош. Но, штом сакаш бој со роден крај
850 и блиските, по заповед на кои јас
го правам ова, макар што сум владетел,
противи се! Ќе сфатиш еднаш, знам: ти сам
си правиш зло; и овој час и порано
си правел, рода не слушајќи, обземен
855 од гнев кој тебе вечно те уништува.

[Сака да си оди.]

ХОРОТ
Стој тука, странче!
334 Софокле

КРЕОНТ
Велам, не допирај ме!

ХОРОТ
Не те пуштам штом оние ги одведе.

КРЕОНТ
Не ќе платиш зар бргу откуп поголем
на градот? Нема да ги грабнам само нив.

ХОРОТ
860 На што целиш?

КРЕОНТ
И него ќе го одведам.

ХОРОТ
О, страшно кажа!

КРЕОНТ
Готово е тоа вчас,
сал кралот овдешен да не се противи.

ЕДИП
Збор дрзок! Зар ќе ставиш рака на мене?

КРЕОНТ
Ти велам: молк!

ЕДИП
Да не дадат божициве50
965 да онемам пред клетвата, никаквецу!
Грабајќи ми го, покрај очи некогаш,
и видот нејак51 насила, заминуваш.
Па затоа и тебе и на родот твој

50
Евменидите.
51
Антигона, која гледа и за него.
Едип на Колон 335

бог Хелиј нека севидлив ви даде ист


870 ко мојот живот што е да дочекате.

КРЕОНТ
Го гледате ли ова, луѓе овдешни?

ЕДИП
Нè гледаат обајцата и разбраа:
со дело навреден, одмаздувам со збор.

КРЕОНТ
Гнев не ми стивнува, и макар сам и слаб
875 од старост, овој сосила ќе г’ одведам.

Антистрофа

ЕДИП
О, тешко мене!

ХОРОТ
Со каква дрскост, странче, доаѓаш,
штом мислиш тоа да го направиш?

КРЕОНТ
И мислам.

ХОРОТ
Ова веќе нема да е град.

КРЕОНТ
880 Со правда мал врз голем носи победа.

ЕДИП
О, чувте што вели?

ХОРОТ
Но не ќе направи.
336 Софокле

КРЕОНТ
Тоа Зевс ќе знае, не ти.

ХОРОТ
О, каков бес!

КРЕОНТ
Но мора да се поднесе.

[Сака да го води ЕДИП.]

ХОРОТ
О народе и првенци на земјава,
885 о, брзо дојдете, доаѓајте! Та овие
предалеку отидоа.

[Доаѓа ТЕСЕЈ со свитата.]

ТЕСЕЈ
Што е метежов? Од што исплашени ми пречите
жртва дур принесувам кај олтарот на Посејдон,
Колонов покровител? Кажете ми за сè да знам:
890 зошто скокнав побргу од ногата што сакаше?

ЕДИП
О најмил човеку! Го познав твојот глас.
Јад страшен тој час овој маж ми нанесе.

ТЕСЕЈ
Но каков? Кој те јадоса? Де кажувај!

ЕДИП
Па гледаш; овој Креонт, лишувајќи ме
895 од двете деца мои, си заминува.

ТЕСЕЈ
Што зборуваш?
Едип на Колон 337

ЕДИП
Е слушна што доживеав.

ТЕСЕЈ [на свитата]


Од слугите зар некој вчас не ќе појде
кај олтарот, па сите да ги покрене,
со коњи или пеш, нек’ жртви остават,
900 па с узди пуштени да јурнат онаму
кај двата пата в еден се спојуваат52,
девојките да н’ поминат, па победен
за потсмев пред туѓинецов да бидам јас?
Ти брзо оди, реков. Овего, пак, јас,
905 се разлутам ли, како што заслужува,
низ раце мои читав не ќе го пуштам.
А сега ќе се покори на закони
што самиот ги донел тој за другите.

[на КРЕОНТ]

Од земјава не ќе појдеш дур момите


910 пред мои очи овде не ги доведеш.
Не постапи ти достојно ни кон мене,
ни кон родители, ни кон татковина.
Та дојден си во град што цени правдина
и ништо не прави без закон. Власта ти
915 на земјава ја потцени. Се нафрлаш,
одведуваш што сакаш, грабаш насила.
За градов помисли без мажи дека е
ил’ ропски некаков, а јас – маж никаквец.
И тебе Теба никаквец не те стори;
920 неправедни да храни нема обичај
и нема да ти одобри, штом разбере
от’ грабаш божесно и мое, насила
одведуваш неволници што молат спас.
Да попаднев во твоја земја, причина
925 да имав и најправедна, без водачот
52
Блиску до селото Трија се спојуваат патишта од Платеја и Елевсина.
338 Софокле

на земјата, кој било, ни ќе одвлечев


ни одведев. Ќе знаев со граѓаните
ко туѓин како треба јас да живеам.
Ти самиот го срамиш својот град, а тој
930 не заслужил. Ти, како време минува,
и старееш и стануваш побезумен.
Јас реков предмалку и сега велам пак,
нек’ некој веднаш момите ги доведе,
рад ако не си в земјава под присила
935 да останеш, без твоја желба. Како што
го мислам тоа, и со збор ти кажувам.

ХОРОТ
Е гледаш, туѓинче, до кај втаса? По род,
се чиниш честит, делата те прават гад.

КРЕОНТ
На Ајгеј рожбо, тоа јас не го сторив
940 мислејќи дека град е безмажен, ко ти
што велиш, и без совет. Сал не помислив
по родот дека мој копнеете, па нив
и против моја волја да ги храните.
А знаев уште дека не би примиле
945 на татко убиец, за кој се покажа
во грешна врска дека бил со мајка си.
И знаев – овде совет умен имаше
на ритчето на Ареј53, кој не допушта
да живеат во градов такви скитници.
950 Со таква верба беше грабнувањето.
И тоа не правев, да не ме колнеше
со тешки клетви мене тој и мојот род.
За тоа мислев вака да му одмаздам.
За гневот друга старост нема освен смрт;
955 до мртов сал не допира јад никаков.
Па затоа, што сакаш прави; иако
јас право зборувам, бидејќи еден сум,
53
Ареопагот.
Едип на Колон 339

сум немоќен. На силата, пак, макар што


сум стар, ќе с’ обидам да се спротивставам.

ЕДИП
960 Бесрамнику ти дрзок, мене зарем стар
ти мислиш да ме ругаш, или себе сам,
штом мене убиство и брак и несреќи
ми спомнуваш, што кутар ги доживеав
без моја волја? Така бози сакале
965 од некој, може, дамнешен кон родот гнев,
бидејќи вина кај мене не ќе најдеш
ни погрешка во ова кое направи
да сторам грев кон моите и кон себе.
Е кажи: ако богот преку пророштво
970 на татко ми му кажал – ќе го најде смрт
од син – со какво право ме укоруваш?
Та уште семе не бев ни кај татко ми
ни мајка ми, и уште незачнат јас бев.
И, роден ли сум несреќен, а така е,
975 со татко сум се судрил и го усмртил
а без да знам ни кому правам ниту што,
со какво право кориш чин ненамерен?
И немаш срам, па бараш бракот, беднику,
на мајка да го спомнам – твоја сестра е.
980 Ќе кажам бргу што беше, и не молчам,
штом почна ти со таа уста погана.
Ме родила, ме родила... о несреќа!
Ни таа ниту јас сум знаел – мајка ми,
на нејзин срам, ми роди мене дечиња.
985 Но едно знам: ти мене, а и онаа
нè срамотиш сакајќи; јас, пак, без да знам
се женев. Рад за тоа јас не зборувам,
но лош во таа врска не излегувам,
а ни во она везден што ми спомнуваш
990 – на татко смртта – горчливо грдејќи ме.
Сал едно одговори ми што прашувам:
се устреми ли некој тебе, прав кој си,
да т’ убие, ќе прашаш ли дал силникот
340 Софокле

е татко твој, ил’ веднаш би го нападнал?


995 Штом живот ти е мил, дал прав е, не гледаш,
а тој час, мислам, ќе го казниш силникот.
Во такви зла по божја волја секако
сум попаднал, па татко ми, и жив да е,
за тоа, мислам, не би ми приговорил.
1000 Ко што си нечесен, мислејќи, можеш се
да зборуваш – што треба и што не треба,
со тие зла пред овие ме укори.
Си зел да фалиш: името Тесеево,
Атина како убаво владеена.
1005 Но, покрај толку фалби, едно не знаеш:
ак’ која било земја знае богови
да чести, оваа во тоа прва е.
Од моево засолниште ти мене стар
ме грабнуваш и ќерки ми одведуваш,
1010 па сега на божициве се обраќам,
и на помош ги молам ко сојузнички
да дојдат, и ги колнам за да разбереш
од какви мажи градов е заштитуван.

ХОРОТ
О кралу, гостинов е честит; гибелни
1015 сал зла го снашле; од нив да го браниме!

ТЕСЕЈ
Но доста зборови! Дур ние стоиме
и трпиме, грабнувачите дејствуваат.

КРЕОНТ
Па што заповедаш да сторам вака слаб?

ТЕСЕЈ
По патот води ме, да одам по тебе,
1020 па ако момите ги чуваш в овој крај,
да ни ги предадеш, за грабнувачите
– избегани ли се – да не се мачиме,
ги гонат други. Од нив не ќе утечат
од земјава на бози да се помолат.
Едип на Колон 341

1025 Ај води! Знај: ти нив ги имаш, тебе јас.


Ти ловец – стана плен на судба. Добивка
од лоша измама ти е кусовека.
И друг за ова веќе немаш. Знам јас, ти
без луѓе и без оружје не си втасал
1030 до вакво беснило на дрскост сегашна,
а има овде некој што те потпира.
Да пазам треба градов слаб да не стане
сал поради маж еден. Дали разбираш
ил’ мислиш, залуден и сега зборот е
1035 ко тогаш, кога ова ти го кроеше?

КРЕОНТ
Јас овде ништо нема да ти замерам,
но, дома кога ќе сум, знам што да правам.

ТЕСЕЈ
О, оди сега, заканувај се! А ти,
о Едипе, да седиш спокоен, и знај:
1040 сал смртта може да ме спречи господар
на деца твои пак да не те направам.

ЕДИП
Бил блажен и за милоста, о Тесеју,
ко и за таа грижа за нас праведна!

ВТОР СТАСИМ
ХОРОТ

I строфа
О, да се најдам онаму
1045 каде непријателските напади
скоро-скоро ќе го вознемират
бронзеногласниот Ареј54,

54
Ареј, богот на војната, е бронзеногласен; во борба одекнува оружјето, кое е
бронзено.
342 Софокле

или кај храмот питски55,


или кај брегот осветлен со факли,
1050 каде божиците56 в свети мистерии
ги воведуваат смртните,
а слугите Евмолпиди57 со златен клуч
јазик им зауздуваат.
Таму мислам, Тесеј воинствен
1055 за двете сестри девици
ќе крене бојна врева голема;
на тие места.

I антистрофа
Или на страната западна негде,
1060 кон нив се спушта на снежната стена58,
дур оние бегаат од ојатски59 ливадишта
со коњи ил’ со брзи коли.
Ќе биде фатен60.
1065 Страшен е Ареј на моите соседи,
но страшна е и силата на Тесеевците.
Од узди молњи блескаат,
1070 јури коњицата со узди отпуштени,
која ја слави Атина витешка
и морскиот земјодржец61,
на Реа синот мил.

II строфа
Дејствуваат или се мислат?
1075 Насетувам: ќе стивнат бргу стравотиите
на момите измачени,

55
Аполоновиот храм во Делфи.
56
Деметра и Персефона.
57
Елевсинските свештеници; кога ги заредувале, веројатно, на устите им ставале
клуч како симбол на тајната.
58
Западните падини на Парнас, кои зиме се покриени со снег.
59
Оја е село во атичкиот дем Трија.
60
Креонт.
61
Посејдон; тој ја држи и ја тресе земјата.
Едип на Колон 343

маки што од родени ги снашле.


Ќе направи, ќе стори денес нешто Зевс.
1080 Пророк сум на среќни борби.
О, камо да се вивнам
како брза галабица лекокрила
во вишни облаци,
битките со мои очи да ги видам!

II антистрофа
1085 О најмоќен боже, о севидлив Зевсе,
водачиве на земјава ти дај
со навала победничка
да го завршат тој поход поволен,
1090 и ти и ќерка ти Атéна, честита Палáда!
И ловецот62 Апóлон јас го молам и сестра му63,
ловџиката на дамкави и брзи елени,
двојно да помогнат
1095 – на земјава и на граѓаниве.

[Доаѓаат АНТИГОНА и ИСМЕНА, и ТЕСЕЈ со свитата.]

ТРЕТА ЕПИЗОДА
ХОРОТ
О странче заскитан, на твојот извидник
не речи му, бил лажен пророк; момите
ги гледам идат наваму во придружба.

ЕДИП
О каде? Што е? Што рече?

АНТИГОНА
О татко мој!
1100 Кој бог те упати на мажот најдобар
да наидеш, кој нас не прати кај тебе?

62
Ловец е атрибут на Аполон, Посејдон и Пан.
63
Артемида.
344 Софокле

ЕДИП
О дете, зарем дојдовте?

АНТИГОНА
Да, Тесеј сам
и мили момци негови нè спасија.

ЕДИП
Кај татко, ќерко, дојдете и дајте вас,
1105 за кои немав надеж, да ве прегрнам!

АНТИГОНА
Што иде, бараш: копнеж и благодарност.

ЕДИП
Па каде, кај сте?

АНТИГОНА
Заедно доаѓаме.

ЕДИП
О деца мили!

АНТИГОНА
Што си родил, мило е.

ЕДИП
На човек потпори!

АНТИГОНА
Од бедник бедници!

ЕДИП
1110 Ги имам милите. Да умрам, несреќен
јас веќе не сум, штом вие тука сте
Потпрете ме, о дете, од двете страни,
гушнете го родителот, да почине
од мачно, самотно до денес талкање!
Едип на Колон 345

1115 И накусо кажете ми за настанот,


бидејќи кратка реч за млад е доволна.

АНТИГОНА [покажувајќи на ТЕСЕЈ]


Спасителот е овој; треба од него
да чуеш, татко. Така, куса реч ќе е.

ЕДИП
О туѓинче, не чуди се – појавата
1120 ненадејна на децава ми развлече
реч вака. Знам јас дека радоста што нив
ги видов пак не ми дојде од никој друг,
а ти ги избави, друг смртник ниеден.
Да дадат бози јас што ви посакувам
1125 и тебе и на овој град, бидејќи набожни
од сите смртници сал вас ве наоѓам:
справедливи и вистина што љубите.
За тоа свесен, враќам вакви зборови.
Што имам, ти си заслужен и никој друг.
1130 Ти рака, кралу, подај, да те допирнам
и в глава, ако смеам, да те целивам!
Но, што реков? Јас, ваков небидник,
зар сакав ти да допреш маж обележан
со кој не срамен грев? Јас нема, ниту, пак,
1135 ќе допуштам. Сал тие јад што поднесле
нек’ болка споделуваат. Па одовде64
ти викам тебе „здраво“. На ум имај ме
и натаму ко досега – справедливо!

ТЕСЕЈ
Не се чудам ни подолго што зборуваш
1140 од обично, израдуван со децата,
ни помил што ти е од мојот нивни збор.
Не ни паѓа нам мачно тоа никако.
Цел не ни е да ни е живот посјаен
со зборови, а повеќе со делата.
1145 Ќе докажам: во ништо што се заколнав,
64
Оддалеку.
346 Софокле

о старче, не те измамив. Ги доведов


нив живи; ги одбегнаа заканите.
А како битката ја добив, залудно
не се фалам. Ти од нив сам ќе разбереш.
1150 На тоа ти, пак, помисли што вчас го чув,
дур идев наваму. Тоа за кажување
е малку, но е некако за чудење.
А човек ништо не треба да превиди.

ЕДИП
Што сега, пак, сине Ајгеев? Научи ме,
1155 бидејќи ништо не знам ти за што си чул.

ТЕСЕЈ
Се рече, некој маж бил, не од твојот град,
но роднина. Тој клекнал на коленици
и останал кај олтарот на Посејдон,
кај и јас жртвував идејќи наваму.

ЕДИП
1160 Од кај бил? Што барал да седне таму тој?

ТЕСЕЈ
Јас не знам освен едно: сакал со тебе
кус разговор, не повеќе од иглин врв.

ЕДИП
Па што? Та не е местото за штогоде.

ТЕСЕЈ
Тој, велат, бара да се сретне со тебе,
1165 а потоа по свој пат ќе си заминел.

ЕДИП
Тој кој би бил кој седнал како молител?

ТЕСЕЈ
Па размисли дал имаш роднина во Арг,
кој такво нешто од тебе би побарал.
Едип на Колон 347

ЕДИП
О, доволно, пријателе!

ТЕСЕЈ
Пак сега, што?

ЕДИП
1170 Не прашувај!

ТЕСЕЈ
За која, кажи, работа.

ЕДИП
Од овие јас чув. Го знам молителот.

ТЕСЕЈ
И, кој е тој што треба да го изгрдам?

ЕДИП
Мој син е тоа клет, чиј збор, господару,
да чујам би ми било нешто најмачно.

ТЕСЕЈ
1175 Па што? Ти чуј, па не прави што не сакаш!
И што е тоа болното за слушање?

ЕДИП
Најомразен за татко стана оној глас,
о кралу, и не сили ме да попуштам.

ТЕСЕЈ
Но местото обврзува, па внимавај
1180 да не ја повредиш на бога волјата!

АНТИГОНА
Јас млада, татко, сум за да советувам,
но послушај: допушти му на мажот, тој
на срце свое и на бог да угоди
што сака! Дај ти братот да ни дојде нам!
348 Софокле

1185 Да каже нешто и што не е пријатно,


страв немај! Мисла силум не ќе ти смени.
А каква штета е да чуеш што вели?
Со говор лоша замисла се открива.
Го роди ти, па сега и да постапи
1190 најбезбожно, ко бедник, татко, кон тебе,
неправедно е зло да вратиш. Пушти го!
И други лоши деца имаат и бес
во срцето, но совети пријателски
и блага реч ним нарав им ублажува.
1195 Не овие, а тие маки гледај ги
од мајка и од татко што ги поднесе,
за кои, ако размислиш, ќе сфатиш – знам –
од лоша дека лутина лош крајот е.
Опомени за тоа силни имаш ти:
1200 од очи лишен – не гледаш. Попушти ни!
Та не е убаво да моли упорно
кој бара правда, ниту на убавини
да наиде кој не знае да возврати.

ЕДИП
Не мала милост, ќерко, ми изнудивте
1205 со тие зборови. По ваше нека е.
Но, странче, гледај, ако дојде ваму тој,
на ништо никој да не ме присилува.

ТЕСЕЈ
Дваж не треба, а еднаш такви работи
да слушнам, старче. Не е фалба: спасен си,
1210 знај, ако мене некој бог ме сочува.

[ТЕСЕЈ со свитата заминува.]

ТРЕТ СТАСИМ
ХОРОТ
Строфа
Тој што бара подолг живот
и изгубил во тоа мера,
Едип на Колон 349

од мене ќе биде сметан


за маж кој глупост негува.
1215 Зашто, живот многу долг
ќе стори јадови
сал да ти се поблиску,
а радост никако да сетиш,
штом во желби претераш.
1220 Помошничка што ги прави сите еднакви,
кога Мојра65 Хадова се појави
без песна свадбена, без лира и без оро,
на крај на сè е смртта.

Антистрофа
1225 Од сè е најдобро да не се родиш,
а по тоа, ако веќе си се родил,
што побргу да втасаш онаму
од каде што си дошол.
Зашто, младост дојде ли
1230 со лесни лудости,
ете ти ги и сите јадови
и маки секакви: гнев и бунтови
и завист, битки, колежи.
1235 Најнакрај – ете ти ја доаѓа
здодевната и немоќна, кавгаџиска
старост без пријатели.
Во неа се здружени сите зла над злата.

Епода
Во неа кутар овој е, не само јас.
1240 Како што некој северен брег,
шибан отсекаде со фортуни и бранови
се потресува, така и него
страшни гревови, кои вечно го вијат,
до дното на срцето го разбиваат;
1245 едни од онаму сонцето кај заоѓа,

65
Мојра е сила, која владее со сите, божица на судбината. И боговите можат да ја
определуваат судбината, но само Мојра е таа, која одлучува за часот на смртта.
350 Софокле

други – откај што излегува,


овие откај пладневните зраци,
оние од полноќната страна66.

[Доаѓа ПОЛИНИК.]

ЧЕТВРТА ЕПИЗОДА
АНТИГОНА
Но еве, татко, ко што ми се чини, нам
1250 ни иде гостин ваму сам, без придружба.
Од очи солзи лее непрекинато.

ЕДИП
А кој е?

АНТИГОНА
Тој што в мисла ни е одамна.
Нам Полиник ни дојде овде нашиот.

ПОЛИНИК
Што сега, кутар јас? Дал мои јадови
1255 да плачам прво, сестри, или овие
на татко остарен? Во земја туѓинска
го наоѓам јас овде со вас отфрлен,
во ваква облека од која гнасота
се лепи стара, гадна, тело старечко
1260 гнасејќи му, дур ветрот коса смрсена
му растура по глава обезвидена.
На сето тоа слична е и храната,
се чини, што во беден мев ја внесува.
А ова, кутар јас, го разбрав предоцна
1265 и признавам – за ваквата живеачка
виновникот сум јас, и друг не прашувај
за моите дела. Но, за сенешто до Зевс

66
Овој и претходните три стиха ги означуваат четирите страни на светот: запад,
исток, југ и север.
Едип на Колон 351

на тронот седи Сомилост67. И до тебе,


о татко, нека застане! За грешките
1270 лек постои, а не се множат повеќе.
О, што молчиш?
О татко, кажи нешто, не одбивај ме!
Зар не одговараш? Зар презрен и без збор
ме пушташ и не кажуваш за што си лут?
1275 На овој маж о ќерки, сестри родени,
ај вие обидете се, непристапна
и нема уста таткова разврзете,
па мене, божји молител, непочестен
да не ме испрати без збор да одврати!

АНТИГОНА
1280 О кутар, сам ти кажи што те доведе.
Со подолг говор или ќе развеселиш
ил’ налутиш ил’ некако смилостивиш,
од тој што молчи некој збор ќе извлечеш.

ПОЛИНИК
Ќе зборувам – ти убаво советуваш.
1285 А прв ко заштитник го викам оној бог,
кај кого бев, од каде кралот овдешен
ме крена, допушти да дојдам, кажам збор
и слушнам, потем сигурен да заминам.
Да ми се даде сакам тоа, туѓинци,
1290 и од вас и од сестри ми и татко ми.
А тебе, татко, ќе ти кажам што дојдов.
Од земја родна дојдов ко прогоненик.
Бидејќи попрв роден сум, јас, право е,
си мислев, престол сесилен да преземам,
1295 па затоа Етеокле, помладиот,
ме протера. А не ме надмина со збор,
со дело или снага; тој граѓаните
ги убеди сал. А за тоа најмногу

67
Персонификација. Зевс е справедлив, но и милозлив.
352 Софокле

Еринија68 е, мислам, твоја виновна,


1300 а после така слушнав и од пророштво.
И, кога в Арг јас појдов дорски69, Адраста
за тест го зедов. Така и првенците
на земјата јас аписка70 ги придобив
и оние на копје што се најдобри,
1305 па со нив, војска седморна штом соберам
за против Теба, ил’ ќе паднам честито
ил’ злостори од земјата ќе одбијам.
Па добро; зошто најпосле сум дојден јас?
Со молба, татко, понизна и за себе
1310 и за соборците што в овој час
со седум војски и со седум водачи
на сето поле тебанско заседнале,
и тоа: Амфијареј воинот, кој прв
на копје е и прв во птичјо гатање,
1315 втор Тидеј, Ајтолец, на Ојнеј синотов; трет
– Етеокле71, од Арг е родум; Талај, пак,
го прати синот Хипомéдонт – четврти,
а петти Капанеј, се фали дека град
ќе урне Теба и со оган уништи;
1320 Партенопеј72 Аркадиец е шести; тој
е така наречен по мајка, девојка
што била долго – Аталáнтин роден син;
јас твој, па дури и да не сум твој, а син
на лоша коба, твој ме нарекуваат,
1325 од Арг во Теба водам војска бестрашна.
Во деца твои, татко, и во животот
те колнеме и сите молиме ти гнев
да здушиш кон мене, кон овој маж,

68
Клетва, лутина.
69
За разлика од Арг(ос) во Тесалија.
70
Земја аписка е Пелопонез, особено Арголида, наречена така по Апиј, син на
Аполон, кој во Арг(ос) дошол од Навпакт за да го ослободи Пелопонез од некои
чудовишта.
71
Аргеец, не синот на Едип.
72
Παρθενών (партенос) значи девојка.
Едип на Колон 353

кој одмазда подготвува за роден брат;


1330 ме изгони и лиши од татковина.
А ако има верба во пророштвата,
со кого ти – се рече – си, ќе надвие.
Во кладенци73 и бози, род што пазат твој,
те колнам да ме послушаш и попуштиш.
1335 Сум питач, туѓинец, а туѓинец и ти;
на други ласкаме за да живееме
и ти и јас, нè најде иста судбина,
а тој – во дворот тиранин – о кутар јас,
се гордее ругајќи се на двајцата.
1340 Но него јас, ак’ со мене се согласиш,
со леснота и брзо ќе го урнисам,
па така тебе ќе те вратам в дворот твој
и себе, него силум отфрлајќи го.
За ваква фалба треба твоја поддршка,
1345 а без тебе ни глава не извлечувам.

ХОРОВОДЕЦОТ
Од чест за оној што го пратил, кажи му
сè како е, о Едипе, па пушти го!

ЕДИП
Но, луѓе, овде пратен ако не беше
од водачот на овој народ, Тесеј сам,
1350 кој сметал, право е да чуе што мислам,
ни збор тој немаше да слушне од мене.
Ќе оди сега почестен, но од мене
ќе чуе нешта – живот да му одмили
засекогаш. О гаду, кога власт и трон
1355 ти имаше што в Теба сега твојот брат
ги има, својот татко сам го протера,
без дом ме стори, носам облека што ти,
гледајќи ме, проплакуваш, но откако
во иста невола се најде како јас.
1360 Но зошто плач? Да тргам треба дур сум жив
73
Кладенците ги почитуваат како божества, зашто на земјата йдаваат плодност.
354 Софокле

и тебе како крвник да те спомнувам.


Та ти во ваква невола ме доведе
и ти ме прогна. Скитник ти ме направи
кој бара лебец насушен од другите.
1365 Да не родев и ќерки – хранителкиве,
да зависев јас од тебе, ќе пропаднев.
Ме пазат тие, тие се хранителки,
и мажи се, не жени во неволите.
Од друг сте вие родени, не од мене.
1370 И затоа те демне бог, а уште не,
но веднаш, ако четите навистина
кон градот Теба тргнат. Не го уриваш
ти градот, туку попрво опоганет
со крв ќе паднеш, исто како твојот брат.
1375 И порано ви праќав клетви секакви
и сега ги повикувам да помогнат
за тие да ве научат кон татко чест
да имате, да не се срами што, кај слеп,
и деца родил такви. Тоа овие74
1380 не правеа. И така, ќе ти одземат75
и дом и трон, ак’ древна Правда76, чуварка
на стари закони, му помага на Зевс.
Та оди си и одмилен и отсинет,
од зли ти најзол! Клетвиве те втасале,
1385 со кои колнам! Ниту земја таткова
со копје допрел ни се вратил в длабок Арг!
И ти да загинеш од рака братова
и да го убиеш тој кој те истера!
Јас тоа колнам, мракот страшен Тартаров77
1390 на татко78 да те земе го повикувам.
Ги викам и божициве79, и Ареја
го викам, омраза што кај вас посеа.

74
Ќерките.
75
Клетвите.
76
Божица на правдата.
77
Тартар е темен понор под земјата со железни врати.
78
На Лај, бидејќи е мртов.
79
Ериниите.
Едип на Колон 355

Штом ова слушна, оди! На Кадмејците,


на сите јави и на сојузниците
1395 твои верни дека Едип своите синови
ги дарувал со, ете, такви дарови.

ХОРОВОДЕЦОТ
Ни овој пат на радост не ти излезе,
Полинику, а сега бргу врати се!

ПОЛИНИК
О, горчлив пат, и потфат мој неуспешен,
1400 и другари! Та исходот на овој пат,
што го презедовме од Арг, о кутар јас,
е таков што да не можам на дружбата
да кажам ниту назад има враќање;
сал молкум да се препуштам на судбата.
1405 Но вие, ќерки негови, штом слушнавте
на татко тешки клетви, вас во бозите
ве колнам: ако клетвите на татко ни
се исполнат и вие дома некако
се вратите, без почест не пуштете ме,
1410 во гроб ставете ме со сите редови!
Па таа фалба, сега стекната со труд
за овој маж, ќе додаде не помала
и друга поради мил однос кон мене.

АНТИГОНА
Полинику, те молам нешто послушај!

ПОЛИНИК
1415 Што, Антигóно најмила? Ти кажи ми!

АНТИГОНА
Во Арг со војската ти бргу врати се
за да ни себе ниту град си уништиш!

ПОЛИНИК
А не. Па како иста војска назад пак
да водам – наеднаш сум станал страшливец?
356 Софокле

АНТИГОНА
1420 Па зошто, братче, уште да се јадосаш?
И каква среќа татков дом да уништиш?

ПОЛИНИК
Но срамно е да бегам и, ко постар, јас
да бидам така исмеан од роден брат.

АНТИГОНА
Е гледаш колку право е пророштвото,
1425 штом гибел за обајцата претскажува?

ПОЛИНИК
Претскажува, но нема да се покорам.

АНТИГОНА
О тешко мене! Кој ќе оди со тебе
штом слушне овој маж што претскажа?

ПОЛИНИК
За лошото ќе молчам. Умен војвода
1430 ќе каже добро, радосно, не лошото.

АНТИГОНА
Решение зар такво, брате, изнајде?

ПОЛИНИК
О, не одвраќај ме, бидејќи овој пат
е моја грижа, макар гибелен и лош;
крив татко е и негови Еринии.
1435 Вас Зевс да ве благослови, на мртов чест
ак’ ми искажете – на жив не ќе може.
Пуштете ме и ајде збогум! Веќе жив
не ме видувате.

АНТИГОНА
О кутра, кутра јас!
Едип на Колон 357

ПОЛИНИК
Не реди ме!

АНТИГОНА
А кој да не се жалости,
1440 штом, братче, в Ад несомнено заминуваш?

ПОЛИНИК
Штом требало, ќе умрам.

АНТИГОНА
Немој, слушај ме!

ПОЛИНИК
Не зборувај ти залудно!

АНТИГОНА
О несреќна,
те изгубам ли!

ПОЛИНИК
Тоа е во божја моќ,
дал ова бидува ил’ она. Богови
1445 сал молам вас да не ве најде нешто зло.
Јад – сите знаат – најмалку заслуживте.

[Се слуша слабо грмење. ХОРОТ мисли дека боговите се лутат,


па поради ЕДИП ќе ги снајдат нови неволи; Ком]

I строфа

ХОРОТ
Повторно ми дојдоа сè нови,
нови тешки несреќи
поради слепиот туѓинец,
1450 освен ако нешто краен час не му дошол.
Никако не ќе кажам
дека волјата на бозите е залудна.
358 Софокле

Ја гледа, гледа времето, па едно пропушта,


1455 а друго од ден на ден го приведува кон крај.
Ечи небото, о Зевсе!

ЕДИП
О чеда, дал Тесеја, одличен во сè,
би ми го довел овде некој тукашен?

АНТИГОНА
Што го викаш, о татко? Има нешто зар?

ЕДИП
1460 На Зевса громот крилест ќе ме поведе
во Адот веднаш. Туку вчас викајте го!

I антистрофа

ХОРОТ
Се слуша, еве, трескот страшен,
неверојатен, од Зевса пратен.
1465 Од страв коса ми се крева на главата.
Срце ми се престраши.
Огнот небесни повторно светна.
Што ќе биде најпосле? Се плашам.
1470 Напразно никогаш не доаѓа, а ни без зло.
О небо силно, о Зевсе!

ЕДИП
О чеда, часот последен, од судбата
определен, ми дојде. Нема веќе спас.

АНТИГОНА
А како знаеш? Според што заклучуваш?

ЕДИП
1475 Знам добро. Но да појде некој побргу
и кралот да го доведе на земјава!
Едип на Колон 359

I строфа

ХОРОТ
О гледај,
повторно се разлега страшна бучава.
1480 О милозлив, боже, милозлив биди,
ако на мајка земја й готвиш темнина!
Благосклонен ти биди, а јас,
го видам ли небидникот,
без заслуга благодарност не ќе барам.
1485 Боже Зевсе, тебе ти се обраќам!

ЕДИП
Дал мажот наближи и ќе ме затече
ли мене жив, о деца, и при здрава свест?

АНТИГОНА
А каква тајна сакаш да му довериш?

ЕДИП
За добро дело чесно да благодарам,
1490 што сум му ветил кога тој ме поддржа.

II антистрофа

ХОРОТ
Леле, синко, дојди, дојди,
дури да си на врв висок,
кај што на Посејдона, богот морски,
1495 жртвеник за говеда му светиш! Дојди!
Гостов сака тебе и на градот, на пријатели
заслужена благодарност да искаже.
Побрзај, дојди, господару!

[Доаѓа ТЕСЕЈ.]

ТЕСЕЈ
1500 Што повторно се слуша кај вас бучава?
И вас ве чув, а чув и глас на гостинот.
360 Софокле

Дал некој Зевсов гром ви удри или град


со дождот падна? Секаква непогода
надоаѓа штом бог ни готви невреме.

ЕДИП
1505 На моја желба, кралу, доаѓаш и бог
зар некој пратил благослов на твојот пат.

ТЕСЕЈ
Зар нешто ново, Лајов сине, излезе?

ЕДИП
Ми дојде крај. Да умрам сакам с образ чист
и пред тебе и градов за ветеното.

ТЕСЕЈ
1510 Со каков нишан смрт ти е најавена?

ЕДИП
Боговите ми беа сами гласници,
а тие ништо лажно не предвестиле.

ТЕСЕЈ
А каков, велиш, старче, знак ти дадоа?

ЕДИП
Со грмеж непрестан и стрели пресјајни,
1515 исфрлени од рака непобедена.

ТЕСЕЈ
Ти верувам; ти, гледам, многу претскажа
не лажно. Кажи што треба да направам?

ЕДИП
На Ајгеј чедо, еве што ќе направиш
за градов старост безболна да дочека.
1520 Без водач веднаш сам јас ќе те поведам
на местото, кај смртта ми е судена.
Едип на Колон 361

Ти никогаш и никому да не кажеш


ни кај е гробот ни во кои краишта.
Тој ќе ти биде заштита и оружје
1525 за навек, место многу туѓи штитови.
А тоа што е свето, не се кажува;
ќе научиш, сам ако појдеш онаму.
На никој друг од луѓево не кажувам,
па дури ни на мои деца премили.
1530 Ќе знаеш само ти. Пред крај на животот
пренеси го на еден – на најдобриот,
тој некој нека каже на наследникот,
и век ќе минеш в град ослободен од страв
од народ посеан80. Та многу градови,
1535 со власт и добра, лесно в бес запаѓаат,
а бозите и бавно, добро гледаат
штом некој ги занемари, па збеснува.
Ајгéев сине, тоа нек’ не те снајде!
Што, пак, те учам јас? Го знаеш тоа сам.
1540 Кон местото – ме тера, еве, богот сам –
да тргнеме и веќе да не должиме!
О деца, ваму идете! Јас сега вас
ве водам, ко што вие татко водевте.
Но одете! Пуштете ме подиставен,
1545 јас сам да си го најдам гробот свет, во кој
ми било судено да бидам погребен.
Ај одете! Ме води Хермес придружник81,
а и божицата на светот подземен82.
О мрачно светло! Мое беше порано,
1550 а сега последно е што ме милуваш,
бидејќи одам она што останало
во Адот да го скријам. Но, туѓинче
ти најмил, овој крају, слуги негови,

80
Тебанците, бидејќи, според преданието, потекнуваат од луѓето, кои никнале од
забите на змејот, кои ги посеал Кадмо.
81
Хермес, гласникот на боговите, ги води душите на умрените во подземниот
свет.
82
Персефона.
362 Софокле

останете со среќа и, во благодат,


1555 во добар спомен секогаш имајте ме!

[ЕДИП заминува заедно со ТЕСЕЈ, АНТИГОНА,


ИСМЕНА и свитата.]

ЧЕТВРТ СТАСИМ
ХОРОТ

Строфа
Ако е допуштено подземната јас божица
и тебе да те честам со литании,
на сенките владетелу,
1560 о Аде, Аде, ве преколнувам,
нек’ туѓинецов
до долни одаи на мртвите
што кријат сè, до домот стигиски83
не втаса со мачна, плачна смрт!
1565 Него, кого што го снајдоа
безброј јадови што не ги заслужи,
бог праведен нек’ повторно го издигне!

Антистрофа
Подземни о божици84, о несовладан ти ѕверу85
што пред мазни порти86
1570 спружен, велат, лежиш
и ’ржиш од пештерата
ко чувар нескротлив на Адот
– така од памтивека се зборува –
него, о чедо на Земјата и Тартарот87,
1575 го молам да пушти туѓинецов

83
Стикс е една од реките во подземниот свет.
84
Ериниите, бидејќи тие грешникот го гонат и по смртта.
85
Кербер, многуглав пес, стражар во подземниот свет.
86
Бидејќи се железни.
87
Смртта е ќерка на Геа (Земја) и Тартар.
Едип на Колон 363

да мине на брегот на сенки подземни!


Тебе, што успиваш со вечен сон, ти се обраќам.

ЕКСОД
ГЛАСНИКОТ
О мажи граѓани, што може најкратко
1580 ќе кажам: Едип премина. За тоа, пак,
како беше, не куса е приказната
ни сето она што се збидна онаму.

ХОРОТ
Зар отиде тој несреќник?

ГЛАСНИКОТ
Се раздели,
да знаеш, тој од животот долговечен.

ХОРОТ
1585 А како кутар? Даде л’ бог со лесна смрт?

ГЛАСНИКОТ
Е тоа ти е веќе чудо големо.
Ти беше тука, знаеш како замина:
без водство ничие од пријателите;
на сите нам ни беше водач самиот.
1590 На патот кога втаса стрм, кај бронзени88
што скали цврсто сраснале со земјата,
тој застана на еден пат од многуте
до ќупот празен, место што потсетува
на вечен сојуз Тесејев со Пејритој89.

88
Види бел. за ст. 57.
89
Кога Пејритој, кралот на Лапитите, решил да се ожени за Персефона, заедно
со нераздвојниот другар Тесеј тргнал во подземниот свет. Нивната намера била
откриена. Ад љубезно ги примил, ги повикал да седнат, што тие и го сториле,
но останале цврсто припоени за столот на Лета (Заборав). Подоцна Херакле го
ослободил Тесеја, но Пејритој, како главен виновник, останал таму.
364 Софокле

1595 Се сопре в среде меѓу Торска пештера


и еден шуплив глог кај гробот каменен,
па седна. Руба разврза маслосана,
си викна челад вода да му донесат
од негде, да се измие и жртвува.
1600 На блиско ритче појдоа на Деметра
плодоносна и таткови заповеди
извршија со брзање. Ко ред што е,
со бања и со облека го средија.
А кога сети радост од стореното
1605 и ништо незавршено не остана,
Зевс грмна подземен90, па ужас момите
ги обзеде од звукот. Нозе таткови
прегрнаа плачејќи; не изостана
ни в гради тупање ни гласна тажачка.
1610 Тој, кога слушна тажен ек ненадеен,
сви раце околу нив, „деца – прозбори –
од денов денешен без татко вие сте;
се сврши моето и нема повеќе
вам товар да ви бидам со прехраната;
1615 бев, деца, товар – знам – но една помисла
единствена ќе смири болка секаква:
на светов нема никој којшто повеќе
ве љубел од мене, од кого лишени,
остатокот од векот ќе го минете“.
1620 И така, сите плачеа прегрнати
грцајќи. Кога најпосле престанаа
и плач и лелек веќе не се слушаше
и беше тивко, нечиј глас одненадеж
го викна него така што се здрвивме
1625 и коса ни се крена наеднаш од страв.
Го вика богот многу и отсекаде:
„О Едипе, зар уште се премислуваш?
Та што чекаш? Ти премногу се забави“.
А тој, штом слушна дека бог го повикал,
1630 по Тесеј, водачот на градот, испрати.
90
Плутон, односно, Ад.
Едип на Колон 365

Штом овој дојде, рече: „Мил пријателе,


дај рака, верност старинска, на децава,
и вие, деца, нему! Вети никогаш
своеволно от’ нема да ги предадеш,
1635 ќе правиш везден што е за нив полезно“.
А тој, благороден, на гостинот и збор
и клетва даде дека сè ќе изврши.
Штом ова сврши, Едип с раце слепечки
ги допре веднаш ќерките велејќи им:
1640 „Ко добри души, деца, покорете се!
Од ова место одете, не барајте
да видите и чуете што не треба!
Одете си што побрзо! Ќе остане
сал Тесеј крал да види што се случува!“
1645 Го чувме сите тоа што го кажа тој.
Непрестајно воздивнувајќи тргнавме
со децата, а кога поодминавме,
по кусо време, кога се обѕрнавме
да видиме – го нема него никаде,
1650 а кралот сам од очи глетка одбива
со рака над глава ко нешто најстрашно
да здогледал што не може да поднесе.
И потем, не по долго време, гледаме,
клечејќи, с иста молитва и земјата
1655 ја љуби, Олимп божји го повикува.
Смрт каква оној нашол, смртник ниеден
не би знаел да каже освен Тесеј сам.
Бидејќи него ниту молња огнена
од богот не го однесе огненосец
1660 ни фортуна од море тој час крената,
а или некој божји водач или мрак
од под земја се отворил милозливо.
Без „оф“ да рече и без болка човекот
си замина – за чудо – како ниеден
1665 од смртните. Се чинам ли на некој луд
со овој збор, не се трудам да убедам.

ХОРОТ
А што стана со децата, придружбата?
366 Софокле

ГЛАСНИКОТ
Па не се далеку. От’ наближуваат,
од плачот нивни екот јасно кажува.

[Ком]

I строфа

АНТИГОНА
1670 Ај, ај! Не, не треба само ова,
родената крв таткова клета
кутри да ја оплачеме, а друго не.
Поради него и инаку
постојано се мачевме.
1675 Најпосле видовме, поднесовме
маки безброј, уште ова ќе се поднесе.

ХОРОТ
А што?

АНТИГОНА
Не насетувате, пријатели?

ХОРОТ
Си замина?

АНТИГОНА
Ко секој што би посакал.
1680 Та на него ни Ареј
ниту морето не навали.
Чудни места го зграбија,
со тајна смрт некаква е однесен.
Кутра јас! Ноќ гибелна
на очи ни падна.
1685 како сега талкајќи
низ земја некоја далечна
ил’ море немирно храна ќе наоѓаме?
Едип на Колон 367

ИСМЕНА
Јас не знам. О, мене кутра
1690 нек’ крвав Ад ме однесе при татка!
Мене живот повеќе не ми треба.

ХОРОТ
О ќерки вие најдобри,
што бог ни дава е убаво;
премногу не тажете!
1695 Не ве снашло нешто што не е ред.

I антистрофа

АНТИГОНА
И по неволи копнеж некој имало.
Та и што никако мило не е, мило е:
тогаш кога него во раце го држев.
1700 О татко, татко мил!
О ти, кого мрак под земја го скри засекогаш!
Но и вака мене и на оваа
драг секогаш ќе ни бидеш.

ХОРОТ
И, сврши?

АНТИГОНА
Сврши ко што сам си сакаше.

ХОРОТ
1705 А како?

АНТИГОНА
Ко што сакаше, во туѓина
си умре. Гроб си има
под вечна сенка,
а тага неисплакана не остави.
И еве, татко, моиве очи
1710 со солзи те плачат
368 Софокле

и не знам како кутра


болка толкава да смирам.
Туку, вака,
без нигде никого ми умре.

ИСМЕНА
1715 О кутра јас,
каква судба мене ме чека
и тебе, мила,
вака без татко?

ХОРОТ
1720 Штом среќен, мили мои,
крајот на животот му беше,
престанете да жалите!
Од зло никој не е поштеден.

II строфа

АНТИГОНА
1724 Да појдеме, о сестро, назад!

ИСМЕНА
Зарад што?

АНТИГОНА
Ме гори копнеж.

ИСМЕНА
А за што?

АНТИГОНА
Да видам гроб.

ИСМЕНА
А чиј?

АНТИГОНА
Татков, кутра јас.
Едип на Колон 369

ИСМЕНА
Па нели не може?
1730 Зар не гледаш?

АНТИГОНА
Ме прекори зар ти?

ИСМЕНА
И ова уште.

АНТИГОНА
Што, пак, сега?

ИСМЕНА
Непогребен, без никој свој тој лежи.

АНТИГОНА
Поведи ме и таму убиј ме!

ИСМЕНА
Оф, тешко мене! Па до кога
1735 вака сама и без средства
бедно век ќе векувам?

II антистрофа

ХОРОТ
Страв немајте, о мили!

АНТИГОНА
Кај да побегнам?

ХОРОТ
Ти одбегна и порано.

АНТИГОНА
А што?
370 Софокле

ХОРОТ
1740 Па злото што се закануваше.

АНТИГОНА
Јас знам.

ХОРОТ
Па сега што кроиш?

АНТИГОНА
На каков начин дома да се вратиме,
јас не знам.

ХОРОТ
Тогаш не барај!

АНТИГОНА
На мака сум.

ХОРОТ
И порано зар не беше?

АНТИГОНА
1745 Во безизлез и тогаш, сега повеќе.

ХОРОТ
Море зла ве снајдоа.

АНТИГОНА
О Зевсе, кај да појдеме?
И какви надежи
1750 ни дава сега бог?

[Завршува комот; доаѓа ТЕСЕЈ со свитата.]

ТЕСЕЈ
О деца, оставете ги тажачките!
Ак’ светот подземен со љубов прифатил,
Едип на Колон 371

да тажиш не треба и грев е.

АНТИГОНА
О сине Ајгеев, те преколнуваме!

ТЕСЕЈ
1755 Што барате од мене, девојки?

АНТИГОНА
Би сакале на татко ние сами
гроб да видиме.

ТЕСЕЈ
Но тоа не е право.

АНТИГОНА
Што зборуваш, владетелу, о кралу атински?

ТЕСЕЈ
1760 Ми наложи, о деца, оној, никој жив
на тоа место да не доаѓа
И глас да не пушти над гробот свет,
во којшто тој е погребен.
И, тоа, рече, ако направам,
1765 ќе биде среќен градот наш и безгрижен.
А тоа го слушна и богот наш
и Сведок клетвен91 Зевсова, сезнајник.

АНТИГОНА
Па, ако така сакал самиот,
и ние ќе се покоруваме,
1770 а ти во Теба прати нè огигиска92,
ак’ некако успееме да спречиме
крв браќа ни да пролеат.

91
Персонифициран е син на Ерида, божицата на гневот, и слуга на Зевс.
92
Огиг е автотхон херој; тој ја основал Теба; огигиска Теба = древна Теба.
372 Софокле

ТЕСЕЈ
Ќе сторам тоа, а и друго сè
што може да ви користи и вам,
1775 а спрема оној под земја од почит.
И не треба да ми падне тешко.

ХОРОТ
Но, ај престанете и лелеци
нек’ не се слушаат!
Работата сметајте ја за готова!
ЕВДАЈМОНИЗМОТ НА СМРТТА – СУШТИНАТА НА
ПОЕТСКИОТ ОБЛИК ТРАГЕДИЈА
(поговор)

Трагедијата не е мимеса на луѓе,


туку на пракса и на живот: зашто и среќата
(eudaimonia) и несреќата (kakodaimonia)
се содржат во праксата...
Аристотел, За поетиката 1.15

Во текот на само еден век (V век пр.н.е.) настанува најсложениот антич-


ки поетски вид: драмата. Или поточно: трагичката драма, облик со највисо-
ка аксиологија. Токму во овој V век, видот го достигнува врвот, се исполну-
ва со акмеизам, „престанува да се развива“, како што сведочи Аристотел,
останувајќи на врвот како во метафизички расцут. Во текот на овој век
се појавуваат и остануваат во Вечноста тројцата сеопшти поети – Ајсхил,
Софокле и Еврипид; меѓу најстариот (според суштествувањето) Ајсхил
(525 – 456 пр.н.е.) и средниот, Софокле (497 – 406 пр.н.е.), има хронолошка
разлика од четврт век, а меѓу првиот и последниот – Еврипид (480 – 406
пр.н.е.) речиси половина човечки век; нив ги обединуваат иста трагична
плазматика и иста ејдетичка обврзаност кон обликот, но ги разединува
трагичната суштина: Ајсхил, сам и титански осамен пред митската и мис-
териозна енигма на Светот, во херојски и трагични историски собитија, го
испушта првиот отежнат и трагичен хиперболичен крик; вториот, миленик
на животната судбина, достоинствено и благороднички ја презема трагич-
ната суштина, смирувајќи ја со мудречко сфаќање на суштествувањето и со
самоувереноста на филозофскиот парадокс; третиот, раздразлив, скептичен
374 Поговор

и мрачен, ја поведува трагичката песна во етичко преиспитување и инте-


лектуално раслојување. Сепак, сите се во иста митолошка сфера, иако секој
на свој творечки начин втиснува историски печат на сопствена трагична
иронија и трагичен парадокс.

II

Сите трагични лица на Софокле се митолошки парадигми што ја


понесуваат трагичноста на човековата суштина во отелотворен драма-
тичен состав на собитија. Истовремено, тие се разликуваат на поетички
план според етичноста и патетичноста, сведочејќи за безграничниот
метафизички простор на дејствување за одбрана Смрт. Сепак, и одбра-
ната смрт се разликува по качеството: во дел од трагедиите, низ „жал
и страв“ се трансцендира кон евдајмонизам, додека дел остануваат во
пустошот на неподвижна злокобност. Кралот Едип, Едип на Колон,
Антигона, Филоктет овозможуваат благороден премин кон етичка,
дури и мистериска евдајмонија; Едип, Антигона и Филоктет, и сами и
со божјо учество, се изградуваат како херои на својот трагичен пат и си
обезбедуваат место на „Островот на Блажените“. Па, дури и во Елек-
тра – иако сурова трагедија, трагедија на расејувањето на сопствената
суштина во одмазда што станува разорна вина – трагичната метабаза
се движи од несреќа и страдање кон некоја фантазмагорична „среќа“.
Но, Ајант, во истоимената трагедија, и Херакле и Дејанејра во траге-
дијата Трахинки, умираат апсолутно – или така е барем во драмите на
Софокле. Во оваа група трагедии големиот мајстор Софокле е безми-
лосен, мрачен, ироничен... Ајант, како и Електра, е драма на хибрисна
одмазда што се раѓа од омраза; но завршува со смрт на протагонистот,
со постхумна венчавка на Хекторовиот меч со ахајско месо, со крвава
катарса на срамот и повредената чест; ова е тешка, сурова и „студена“
трагедија; Трахинки е „огнена“: „се паѓа во трагична грешка“ поради
пресилна љубовна страст. И Ајант и Трахинки заземаат стегнат простор
во кој од привидение на среќа се паѓа во тешка грешка и неизбежна не-
среќа; трагичната грешка е пожедно насочување и забрзано дејствување
кон одбраната цел; целта е во фокусот на Стварноста, а Стварноста е
Правда (Δίκη), Мера (Μοῖρα), Поредок (Θέμις). Овие трагедии се напад
на неумерени страсници врз бедемот на космичкиот поредок; поништу-
вањето на страсниците е неизбежно, преостанува посебен тропос на
сопствената смрт. Зашто во просторот на трагедијата трагичните лица
плачат, тажат, липаат, страхуваат, но апсолутно ништо друго не можат
да прават, одошто – да дејствуваат според својот избор наспроти сите
стравови, страдања и болки.
Поговор 375

III

Старата трагедија имала обичај да биде во друштво на уште три-четири


драми што искажуваат ист логос – прочуените трилогии или тетралогии.
Како да не можела трагичната вест да се исцрпи без такво празнично изо-
билство! Денес е јасно дека таквата тетралогија, што има намера да опфати
цела митска област, е прекрасното својство на овој поетски вид „Сè пре-
кумерно“ наспроти мудречкото и мудро „Ништо прекумерно“. Всушност,
секоја поединечна трагедија од тој уметнички тетрагон има завршена и
совршена форма, достатна за човечка вечност, така што секоја може да стои
одделно, било во почесен антологиски збир или здружена по случаен избор.
Случајниот избор овде, оваа пенталогија на натчовечка хибрис и вџасувачка
анагорисис неслучајно ги одбегнува најзлокобните драми на Софокле. А
сепак, поради сета искуствена обемност на трагичкиот запис – анализата
на квинтетот претполага аналогија по сличност, по спротивставеност или
по разлика. Аналогијата по сличност е сеќавање на тајните нишки во ми-
топеите присутни во неколку антички тетралогии: Кралот Едип е трагедија
пишувана четврт век пред Едип на Колон, повеќе од деценија по Антигона.
Аналогијата по спротивставеност е најсоодветна да се истакне идејата на
спротивставените содржини, зашто спротивставената двојност е извонред-
на рамнотежа на антиномиски суштини.

IV

Драмската систаса на Електра не почнува in medias res, како повеќето


драми на Софокле, туку со „еврипидовски“ долг пролог на лице кое сознај-
но ги поврзува собитијата од „надвор“ и „внатре“ во составот; зашто токму
во овој час што не е „за мислење“ и во кој „треба да се дејствува“ брзо се
заплеткуваат трагичните прагми што се имаат напластувано долго митско
„време“: од Тантал и Пелоп, преку Атреј и Тиест, сè до враќањето на Ага-
мемнон од Троја. Прологот го држи соодветно драмско лице, искусно и
вековито, сведок на сите настани во Домот на Атридите: стариот педагог
старечки носталгично дава нежен, лирски опис на домашната топика на
големиот вожд Агамемнон, кој сега почива во еден свет и посветен топос,
топос за жртви и молитви, за помирување и смирување. Но, Старецот во
мугрите на денот бара брзо дејствување, зашто денот е „цут за извршување
дело и вистински миг за Правда“. „Цутот на делото“ и „Извршителот на
Правдата“ веќе е на сцената – младиот Орест; Орест е спасен, дочуван,
одгледан и сонуван – за одмазда, оружје на божјата волја Аполонова и тра-
гичниот избор на Електра. Според божјата препорака, се создава првата
перипетија: треба измамнички да се објави дека ликот на Орест е изгорен
376 Поговор

и веќе пеплосан. Почнува играта на криење и откривање – Орест со маска


на сениште ја носи својата пепел во мртовечка урна, тврдејќи дека е мртов
живиот Орест, истовремено претскажувајќи низ симболичкиот чин дека
„Орест мртов на слово“ ќе се преобрази во слава и „ќе блесне како ѕвезда“.
Тројцата дојденци – Педагогот, Орест и Пилад, се повлекуваат и леат
жртва на гробот на Агамемнон; на сцената Сама излегува Електра: таа
ништо не гледа, ни видува, освен своето страдање, нејзината трагична
волја е на врвот, засилена до неиздржливост. Електра ја повикува Небесна-
та Светлина да биде сведок на нејзиното тажење поради смртта на таткото
– „Даб од дрвари исечен“. Слепа, заслепена во сопствениот Мрак на омраза-
та, жалот и очајот, Електра жеднее по Денот за Прогледување. Неочекувано,
но во очекување на Светол Ден, Електра на помош ги вика божествата на
Ереб – исконскиот Мрак – Хад, Хадските Клетви, подземните честити Ери-
нии, Ата – Одмаздничка Прокоба, Подземниот Хермес. Во крв и смрт ќе
проблесне трагичниот ден. Наспроти Денот, Електра е апсолутно осамена,
тврда, безмилосна, во грч на непрекинат плач (како славејка?!). Всушност,
Електра, иако во жесток еротски копнеж, е сосема јалова: немажена, без-
детна, недотерана, ненакитена, омразена, туѓа, напуштена, гладна и жедна;
таа е Ерот во час на венење и умирање, во час на апсолутна Бездарност;
Електра е всушност непогребан, неупокоен Мртовец со отворени очи за
неисполнета желба. На сцената на суштествувањето блудат две сеништа
(Орест и Електра), едно Немо Лице (Пилад) и еден бестелесен старечки
глас, жедни за крв и пострашни од подземните божества; Злокобниот Тар-
тар е на рамниште на суштествувањето! Дури и „Семоќниот Дајмон“. Вре-
мето е укинато; злото на Електра е совршено, „не може да се измери, зашто
на зло не се додава зло“. Единствено дејствување – Почит кон Боговите и
Мртвите „занемени како земја“. На божји план и во мечтата на Електра
мртви се и Клитајмнестра и Орест.
Во последниот Ден тие сонуваат прокобни соништа исполнети со страв
и тегоба, состојби пред последниот издив. Во настанатиот процеп на родо-
вата хибрис демне родовата Одмазда – Електра; таа ќе го оддели минатото
од иднината со врвен хибрис и целосна катартика (но, ова се случува во
Ајсхиловите Евменидии: во Софоклевата Електра нема катартика ни ид-
нина; само смрт и пропаст). Ова откровение се објаснува само во сонот на
Клитајмнестра: таа сонува дека се подига мртвиот Агамемнон, го презема
царскиот жезол, го забодува во домашното огниште, а од него се разгранува
Даб, чија сенка го покрива микенскиот Дворец. Дали овој сон е залог за
иднината на родот или претсказание за вечна сенка над суштествувањето
на Атрејдовиот род?! Хорот пее ода за Еринија со железен чекор, која про-
гонува за мајкоубиство. Клитајмнестра вели дека не таа, туку судбинската
Правда го убива Агамемнон. Сцената е полна сништа и фантазмагории:
Електра се сонува сама себеси како Сениште на Агамемноновата крв, Ага-
Поговор 377

мемнон е фантазма на Електра, Клитајмнестра самата Мојра, Орест – Апо-


лонова волја и Електрино мечтаење. Најживотни се објавувањата, известу-
вањата, раскажувањата за непостојни нешта; самото Небитие на сцената
го испробува говорот на смртните надвор од Битието. Измамничка е веста
на Педагогот, прикаската на Орест за сопствената смрт, преправањата пред
Електра, заблудата на Хрисотемида... Сè е двојно и двосмислено, сè е всуш-
ност привид. Ниту едно трагично лице не знае која страна е вистинската,
ниту зошто се стреми кон определената насока; копнежот за одмазда и смрт
ги заслепува сите во блескотот на трагичниот Ден. „Смрт ќе ми е благослов,
а живот бол!“ извикува Електра. „Секого што се родил го чека смрт“, пее и
утешува Хорот. „Живеат тие што земја ги скри“ – двосмислено пее Хорот.

О роде Атрејев, откако многу претрга


заради слободата, со ова сега
втаса до Крај!

Ова се последните зборови на Хорот, кој трагииронично ги изедначува


Слободата и Крајот, т.е. Целта.

Никој не може да се нарече среќен пред да дојде крајот на животот,


многу често пеат старите поети и порачуваат старите мудреци. На ова се
однесува епилогот на Кралот Едип и содржината на Едип на Колон.
Кралот Едип и Едип на Колон, иако создадени во два различни поет-
ски здива како две различни поетски стварности, демнат една на друга, се
судираат и наполно се обединуваат, исполнувајќи ја основната трагична
телеологија. Кралот Едип е трагедија на човековото суштествување, само-
измама, измама, искушение, трагично сознание низ жал и страв. Едип на
Колон е трагедија со тханатолошка содржина, самооткривање, откажување
од животната мојра, помирување со судбината и Бога, набожно патување
кон исчезнувањето. Кралот Едип е трагедија на Суштествувањето, Едип
на Колон на Бивањето.
Кралот Едип е драма на Едиповото етхос – Внатре: индивидуална от-
кинатост од општото, индивидуално слепило, насилство во беспомошната
ограниченост и беспомошна ограниченост во насилство; тегобност во тес-
ниот Ден на суштествувањето во кој „времето“ на самозапознавањето е
побркано. Едип на Колон е Едиповото етхос – Надвор: Еден во целината на
Другите, знаење за Судбината како Целина, сознание за немоќта и моќта на
таквото сознание. Кралот Едип е егзистенцијален простор за хибрис, Едип
378 Поговор

на Колон метафизички простор на Отчет (Τίσις); едната поетика – прече-


корување на границите, другата – враќање на граничната линија: едно се
ограничува со бескрајното Едно; Кралот Едип чекори во привид кон Врвот
на насилството, Едип на Колон воспоставува видовита рамнотежа на Врво-
вите, пропаѓајќи во бездната на Колонос. Прикриено или откриено Едип
се движи по трагичните метабази во хипербола и елипса за да ја прифати
параболата на ефемеридното суштество – ο ἄνθρоπος.

***

Кралот Едип е совршена систаса на трагички облик, трагичка пара-


дигма, според Аристотел. Апсолутната поетичка дејствителност се развива
„според нужноста“ која, и покрај трагичната суштинска нужност, наметну-
ва двојна трагична неизбежност: привид на личната судбина – тиранинот
Едип како мудар и среќен маж, и видот – одречување на привиденијата со
ископување на очите. Заплет и расплет низ жал и страв; незнаење како
заплет и сознание како катастрофален расплет. Трагичното се содржи во
идејата на личниот „избор“, што е истовремено и паѓање во грешка“ – нес-
фаќање и неприфаќање на судбинската определба – Човек: човекот е ени-
гма, одговорот на енигмата е – човек1.
Трагичниот судир во драмата на Софокле се случува во самиот Едип;
тој е единственото трагично етхос. Бегајќи од својата проречена судбина,
тој „херојски“ го претрчува кругот на своето суштествување за да стигне во
кружниот облик на митот на појдовната точка и да се судри со себеси. Во
тој трагичен судир, Едип се ослепува за да види дека е смртник. Тоа про-
видување е мантичкото просветлување што го посочува човекот, не како

1
Загатка на Сфингата
Двоножно и четириножно, оддава еднакви звуци;
а и со три нозе; менува става сал тоа од сите
коишто се движат по земја, во воздух или пак в море;
сепак додека потпрено на четири нозе оди,
тогаш баш телото негово најмала брзина има.

Решение на загатката
Злокрила Сфинго, Музо на Мрија, нерадо макар,
слушни ја мојата реч – тоа ќе биде твој крај:
загатнуваш човек, којшто, кога се движи по земјата,
прво – во телото слаб, тој четириножник е;
стар пак, се потпира с’бастун ко с’трета нога да оди,
грпка носејќи на врат, стутка во старечки грч.
Поговор 379

прогонето суштество, туку како умно суштествување кое треба да опстои,


не преминувајќи ја мерката.
Уметничкиот мит Кралот Едип почнува Денес Наутро („сегашноста“
е вечниот – сега ден на трагедијата) во едно веќе завршено трагично време.
Трагичниот топос е тесен и густ, нема простор за движење меѓу Дворецот
и Жртвеникот; тука се уловени во судбинската мрежа старите свештеници и
младите потомци на Кадмос; среде лелеци, кадежи, тажачки и молитви што
ја означуваат невидливата Теба со Седумте порти. Во тој заплетен простор
влегува Едип, премудриот и предобриот тиранин: ја одгатнал гатанката на
Аполоновиот Дис-Дајмон Сфинга, го ослободил Градот. Но, повторно е во
Градот Мрија. Се чини дека Едип знае и долго молчи заштитен Внатре.
Сега е Надвор, велик и возвишен, прашува, испрашува, испитува и обви-
нува. Многу таинства во тој свештен топос што брзо се откриваат со уште
поголеми таинства. Фојб, Богот на Светлината, бара да се пронајде убиецот
на стариот тебански тиранин – Лај. Теба е во мијазма; Градот е скверен,
убиецот е внатре, страшна Чума чисти сè живо, сè додека не се посочи Ед-
ниот. Едип почнува истрага, не помрднувајќи се од прагот на својот Дворец.
Повикан, видовитиот слепец, пророкот Тејресија одговара, но профетски
мрачно, злокобно и таинствено. Трагедијата е на врвот, почнува „препозна-
вањето“; од ударните перипетии избива расплетот. Богот на Светлината си
поигрува со самоуверениот актер на потрагата и истрагата. Едип наречен
„најмудриот“ паѓа во процепот што се отвора меѓу незнаењето и насету-
вањето, меѓу привидот и видот. Едип веќе не бара виновник, тој бара све-
доци за сопствената невиност кои ќе ја посведочат неговата вина на Патот
по кој забрзано одел бегајќи од вина. Хорот пее ода за чистотата и светоста,
за вечните божествени закони: – Бог е велик, тој никогаш не старее! Мажот
Едип се приближува кон својата старост во тој единствен Ден; се открива
Самиот Себеси. Се обесува Јокаста, мајка и сопруга, со својот појас на
високата греда во брачната одаја. Едип се ослепува со острата игла од неј-
зината кошула. Личните страдања се случуваат Внатре. Повторно излегува
Надвор Едип, слепец и бездомник. Во мрачна Ноќ пропаѓа „среќното“ се-
ниште Едип тиранин, за да се појави како Друг кој во привид на несреќа
зачекорува кон херојската евдајмонија. Питачот Едип ја прифаќа честа што
му е одземена на тиранинот Едип. Искушението и отплатата се толку долги
колку што е суштествувањето. Роден без насока, во потрага по својата
целина, Едип се изгубува на Крстопатот: бегајќи од себе како прокобен,
пристига до себе како злокобен; ја постигнува својата целина како Никој и
Ништо. Но, Судбината Дике колку одзема толку додава. Не го напуштаат
Едипа ни Немесис (судбинската Делба) ни Софокле. Во страшната Ноќ на
Отплата го предводува добар дајмон, „Дајмонот со жешко срце“, ќерка му
Антигона; Антигона како Платоновиот Ерос, страсно шири крилја за да
ги соедини раздвоените сфери, човечката и божествената, да ги исчисти
380 Поговор

душите на виновните со невиноста, да ги помири живите со мртвите, да го


исцели Едипа, татко и брат, да го задржи Светот на Кадмовите потомци.

***

– Води ме, чедо, за да чекориме според набожноста, й проговара старе-


цот Едип на Антигона (181 ст.). Втората трагедија на Едип ја пее Софокле
веќе старец; старецот Софокле пее набожна ода за старецот Едип. Едип на
Колон не е веќе драматична драматургија, туку многу повеќе химничен ста-
сим полн чуда, молитви, клетви и благослови. Едип на Колон е претсмртна
поворка, претсмртен обред и погребни таинства. Метабазата на трагедијата
е подготовка за преселување, потрага по жртвеник и гроб, посветување и
мистерија.
Сосема чист од сè што е сопствено, сам со својата слепа и видовита суд-
бина, Едип се искачува на Колон. Целата трагична прагматеја е само Реч,
болна, но и молбена, реч клетва, но и благослов. Нема трагични страдања,
нема пролевање крв, ни убиства, ни самоубиства; нема дури ни „студена
трагична тага“ ни трагична иронија, ни парадоксија. Просторот е исчистен
за топло и длабоко сочувство. Набожната ода се изведува од збиеното Оро
на Старците од Колон, благородниот Хор на атинските Граѓани со нив-
ниот хегемон, набожниот крал Тесеј, од кревките гласови на Антигона и
Исмена. Се издигнува само гласот на слепиот Едип, кој се обидува да го
гледа Светот слушајќи, но и тој се соединува со хорската хармонија. Едип
на Колон навистина не чувствува потреба од жестока драматика. Сепак,
мајсторот Софокле му попушта на својот драматуршки импулс: како клин
во набожната симпатија, тага и смирена болка, се забиваат ефемеридните
страсти на драмските лица – Полинејк и Креон. Се урива светиот химничен
мир од хибристичките монодии на „непосветените“ во поетската мисте-
рија; хибризам наспроти мистичната сосредоточеност. Долго треба за да се
надмине хибристичната перипетија и да се воспостави единствената цел
– Едип да го открие светото место, влез во некој друг Свет. Пред да го
повлече Подземниот Ѕевс, Едип ја проколнува тиранидата, ги благословува
со бескрајна љубов своите ќерки, се помирува со гневните божици Еринии,
а тие, веќе Евмениди, го прифаќаат во својот свет лаг: – Го подигаат бози
оној кого пред тоа го урнаа (394 ст.) извикува Исмена во мигот кога Едип се
„спушта“ во „Царството на тишината“, во „Пределите без болка“, во „Древ-
ниот мрак“. Гласникот, катопт, го објавува мистериското чудо. Жртвеникот
на Едип станува атински олтар, таинствен утопичен Колонос и Колонос,
прекрасниот роден крај на најмудриот трагички поет – Софокле. Во Едип
на Колон нема крвави жртви; во Лагот на Евменидите се излева чиста вода
облажена со мед, симбол на чистота и негнилост. Во овој чудесен Лаг пее
Хорот песна на восхит и копнеж по убавините на – Задгробниот свет, Бели-
Поговор 381

от Колонос, којшто вечно пее Славеј скриен во сочниот бршлен, кај што не
жари Сонце, не вее Бура; тука пребива Дионис со своите Нимфи; тука цути
златестиот шафран на Персефона, тука се вие красното оро на Музите, тука
се шири дражеста на Афродита со златниот појас на заводливоста; никнат
билки вечно зелени, расте вечно млада маслина, со рака ненасадена.
Во овој бесмртен топос Едип се спојува со вечноста, со набожност,
одрекување, развластување; ги минува границите на својата човечка огра-
ниченост и се преобразува во Херој; не „најмудриот“ Едип тиранин, туку
прашливото изветвено, истрошено и од сè лишено Старче Едип станува
атинскиот херој-заштитник. Чудна е волјата на Фојб, навидум сурово пот-
смешлива! Но, Фојб е Знаење; за насетување на ова Знаење треба да се
мине просторот на многу, не само на Софокле, туку општо, антички тра-
гедии, во чиишто совршено определени форми е устроена Бездната и на
Суштествувањето и на Бивањето кои се во вечен дијалогос. Пред Едип со
Боговите разговара Лај, пред Лај Лабдак, пред Лабдака Агенор, сè до заче-
токот на секое суштествување, сè до Бога. Во Жртвеникот Колонос пропаѓа
Едип тиранин, повлекувајќи ги сите олицетворенија на тиранската хибрис,
а се извишува Друг Едип, исчистен од привидот знаење и посветен во
општото бескрајно царство на Ајдонеј, Подземниот Ѕевс. Едип Туѓинец и
Питач еротски се устремува кон божествената сфера, водејќи ја и душата на
древна Атина, духовен топос во кој Едип станува домашен – на Вселената.

VI

Трагедијата Антигона се гради токму од тебанскиот круг, од Лабдако-


виот и Едиповиот, и претставува крај на оваа митолошка област. Трагедија-
та „Филоктет“, нејзин духовен антином, е митски почеток на пропаста на
Троја, дел од гигантскиот тројански циклус.
Морфолошки, Антигона е совршен драмски круг, органска целост со
почеток, средина и крај во која се спроведуваат трагичките начела, низ
„жал и страв“ драмата да заврши со трагична катастрофа; Филоктет е не-
затворена кружна линија зашто „deus ex machina“ го држи кругот отворен
за нов подвиг и нова драма „Филоктет на Троја“, стварно, но изгубено Соф-
оклово дело.
„Домашното задоволство во“ трагичниот патос ја гради совршеноста
на првата драма, нетрагичните маки и болки на Филоктет ја разоруваат
трагичната содржина на драмската форма. „Антигона“, совршен состав на
прагми, има вистинско драмско време вплотено во единството на дејството,
време наполно употребено и истрошено; утрото е време на заплет – доне-
сена е одлука, заповед, наредба; пладнето е време на пресврт – кршење на
наредбата, вечерта трагично исполнета, е расплет со целосна катастрофа.
382 Поговор

Времето во Антигона е време на главниот херој: утрото – предизвик за хе-


ројот, пладнето – херојски чин, зајдисонцето – исполнување на трагичната
цел со двојно значење.
Во Филоктет нема време, само простор: деветте претпоставувани го-
дини набиени се во островскиот простор, кружно определен и со форма
и со вртењето на годишните мени. Сцената на Филоктет е меѓупростор,
прозорец со два погледа, назад во деветгодишната Филоктетова осаменост,
напред во десеттата есхатолошка година. Во безвремениот простор опс-
тојува „дивата болест“ на Филоктет во кружното сменување топло-студено,
светло-темно, цветење-венење, бура-тишина.
Антигона е човечко време што се мери со човечка мерка и во количе-
ство и во силина и во насока; време густо, страшно, жално, време трагич-
но. Денот на Филоктет е ден на агониска реч, строфи и антистрофи меѓу
немерливата пустина на Филоктет и замислената нефилоктетовска насоче-
ност. Вистинскиот пат на Филоктет е неговото кружење околу пештерата
со два влеза, неговото криење, појавување, губење. Пустиот неопфатлив
простор и дивиот Филоктет се тежок блок во кој удира времето веднаш во
почетокот на драмата. Носител на драмското време со насочено движење и
цел што се разбива, судирајќи се со Филоктетовата безвременост е ахајски-
от кораб, тукушто пристигнат во пристаништето Лемнос: десеттата година
од ахајскиот поход пристигнува кораб до лемноските спили; во просторот
влегуваат ахајски морнари со вождот Одисеј и неговиот млад штитеник
Неоптолем. Сценскиот простор се раздвижува од возбудено шепотење и до-
говарање, договор и заговор, гледање и набљудување, криење и откривање.
Во безживотниот простор влегува животно време бременито со мисли и
замисли. Но, Филоктетовиот простор опстојува во овој судир до бесмисла
кочејќи дејство, задржувајќи го насоченото дејствување, плетејќи дебел, не-
раскинлив јазол од намерите и целите. Заплетена, напрегната, без можност
да извиши и да се возвиши, па да се урне во катастрофа, драмската целина
пука и во „дупката“ на нејзиното битие влегува ex machina Херакле. Се
спушта на сцена „Бог од машина“ и од „Бога“ раздвиженото време почнува
да тече, но веќе во простор надвор од трагичниот мит.
Филоктет е трагедија без трагика. Трагичкиот мит не се развива, не зрее,
тој постојано се разложува и се распаѓа од сомневања и колебања. Филокте-
товата цел да не учествува во Тројанската војна се судира со целта на негови-
от противник, ахајскиот кораб што треба да го „однесе“ Филоктета со Херак-
ловиот лак пред Троја. Судирањето на целите еднакво силни или бессилни, го
скочанува дејството. Недејственото етхос на Филоктет ја исклучува трагич-
ната евдајмонија, страшниот и жален крај на херојот (со што се постигнува и
целта на трагичниот херој и целта на поетскиот вид); трагедијата и поетички
и етички се обесмислува. Составот на прагмите не се движи „собитие поради
собитие“, туку стои во место преполно сожаление и мака.
Поговор 383

Антигона е страсно насочена, телеолошка драма во која трагичниот за-


плет парадоксално открива цел со двојна насоченост, познатата и трагична
хетеротелија (едно се сака, друго се постигнува) со неизбежноста на трагич-
ната возвишеност, трагична иронија. Трагичката и трагична грешка (незнаење,
страст, хибрис) ја предизвикува и трагичната двојна насоченост и двојното
исполнување: трагичната личност страсно и занесено се стреми кон определе-
на цел и постигнува исполнување на целта (ентелехија), но истовремено, тра-
гичните личности, ненамерно (без знаење) дејствуваат на нив непознат план
што завршува со неочекуван крај, полн жал и страв. Хетеротелијата (telos со
двојно значење – „цел“ и „крај“) ја содржи фината трагична иронија. Антигона
стремејќи, сама и единствена да биде „виновна“, дејствувајќи, спротивно на
целта, предизвикува низа „грешки и вини“: Исмена страда од вина до манија,
Хајмон, заплетен во Еротова мрежа, прави „грешка“ спротивставувајќи се на
таткото-цар, па паѓа во „грев“, убивајќи се. Евридика паѓа во очај, лудило,
самоубиство. Креонт, заслепен од власта над живо и мртво станува владетел
на пустош. Антигона „за љубов родена“ се претвора во Дајмон на смртта.
Трагичката „грешка“ во „Антигона“, страсното дејствување во две па-
ралелни, но спротивно означени насоки, води кон трагично „смирување“,
етичко и поетичко израмнување. И светиот Хераклов град, Теба, учествува
во трагичната грешка поради својата занесеност и заслепеност од привидот
среќа: одбиен е нападот на „Седумтемина против Теба“, мртов лежи пре-
давникот Полинејк, на престолот седи човек од родот, искусен и искушан.
Едиповите ќерки, по толку болки и беди, заштитени се во царскиот дворец.
Градот е спасен и празничен; ден на победа, слава и радост; над Теба свет-
нува сјајното сончево око:
– Се јави, о око на златниот ден...
пее во занес хорот стари Тебанци. Во таков ден се случува целосен
пресврт, тешка трагедија, патетичен пат од врв до понор, или обратно, ако
е Антигонин врв исполнувањето на трагичното.
Филоктет се случува во еден од многуте дни на празен и див остров;
секој миг се готви морска бура; дојденци и туѓинци, загрижени, збунети,
шепотат, подготвуваат измама; Филоктет плаче, колне, проколнува; сите по-
сакуваат да ја напуштат случајната сцена; насоката не е ни нагоре, ни надолу,
туку во рамнина: коработ тежнее кон Илиј, Филоктет кон копнежливата тат-
ковина Ојтаја. Во отсуство на безусловна страст, иронијата на Филоктет не
избива од двојниот трагички план, едниот видлив, другиот „невидлив“, туку
од необичното, недрамско, степенување, ниска скала смртници и висока, но
не возвишена скала божества – Лак и Херакле. Возвишеното и трагичното,
поради човечноста, начело на трагедијата во Филоктет го нема. Одлуката
не е донесена во срцевината на собитијата, туку почива во суштината на
Лакот што е безвремена, неизбежна божја одлука што нема раст, ни пад.
Артефактот – хероизам (Лак и „механички Бог“) ја снижуваат и ја понижу-
384 Поговор

ваат човечката сфера. Поради „божја волја“ во Филоктет нема ни трагична


„грешка“. Нема објаснување зошто е Филоктет во Хриса, во „градината на
нимфите“, каснат од змија! Навистина, Одисеј објаснува зошто е оставен на
Лемнос: офкајќи и лелекајќи Филоктет ги спречувал набожните молитви и
обредните жртвувања на ахајската војска, па врховните вожди, Атридите, го
жртвувале оставајќи го на пустиот остров што им бил на патот. Но, ни ова
не е ни „грешка“ ни „вина“, зашто се открива како божја одлука. Филоктет
е „жртвениот јарец“; митските Ифигенија и Филоктет се жртва на „пакосни-
те“ или несфатливи богови. Ифигенија по божја одлука е откупена во дивата
Таврида, Филоктет „заречен“ на пустиот Лемнос.
Во Филоктет нема трагична хетеротелија, нема „прогледување“, туку
недогледување; нема „студена трагична тага“, туку див плач и очајнички
крик, нема страст, туку студено лукавство, ни разорен Ерос, туку беспо-
мошна омраза. Стварноста е едно „по себе“, друго за Филоктет. Откри-
вањето на намерата, иднината и целта, се надвор од трагичката осмисла;
(на трагедијата й припаѓа возвишен евдајмониски маченик, а Филоктет не
е трагичниот маченик, тој е случајно одбран смртник со страшна прокоба
без сопствена волја).
Во Антигона дејствува херојската волја: Едиповата ќерка извршува
свет чин, подвиг со крајна смелост, самостојно, по свои закони, но во име
на Дике „Сожителка на долните богови“. Во Филоктет жртвувањето е
божја волја; Филоктет, „жртвуван“, останува „од онаа страна на доброто и
злото“; подвигот не е автономен за главниот херој; подвигот што се проро-
кува веќе се случил на божји план; божјата волја се исполнува: се демне,
се открива и се лови „жртвениот јарец“ што со своето родовско и лично
благородие е достоен жртвен дар и одговара на теолошката суштина на
жртвувањето, а од друга страна ја обесмислува со својата болест и сака-
тост. Треба да се улови веќе „уловениот“, да зацели „дупката во неговото
битие“ да се подари на Бога. Против негова волја Филоктет се избавува
од островскиот круг на очај, бесмисленост и болест за општото добро и
божја смисла.
Антигона е градена по нужност, содржана во составот на собитијата, а
во Филоктет има неизбежност што виси над драмската судбина. Антиго-
на е драма на осаменост поради смелост на безумна храброст, Филоктет
драма на самотија поради болест, кукавност, прокоба.
Антигона се случува во Град полн со граѓани, судирот е меѓу свои
блиски, едни мили, други немили. Трагичкиот хор-старци блиско, присно
и неуморно учествува во трагичната избезуменост, охрабрувајќи со бодри
паренеси, тешејќи елегично, тажејќи со тажачки песни, вознесено и досто-
инствено молејќи со химни.
Во Филоктет на пуста, непозната земја пристигнуваат туѓинци, запоз-
навањето е полувистина, полуизмама, Филоктет е измамен, беспомошен
Поговор 385

самотник; среде лаги и сплетки само неговата болест е вистина, а искрен


само неговиот бесконечен крик.
Антигона е трагедија на крајна искреност и во говорењето и во дејству-
вањето; во „младата“ драма Антигона се дејствува докрај: Антигона е дра-
ма на евдајмониската трагичност, Филоктет – драма на какодајмонија за
главната личност: ќе оздравее, навистина, смртно болниот Филоктет, ќе
падне богатата Троја под Херакловите стрели откако паднала во пресме-
таната боговска игра, но на Филоктет му е одземена секаква можност за
сопствена волја макар во границите на кусата смртна судбина.
Антигона е трагедија на волев избор и саможртвување, свет и свештен
херојски чин; Филоктет е драма на лов и улов на посветената жртва.
„Со врвна смелост“ Антигона ја крши царската заповед, двапати го
погребува трупот, вршејќи света должност и стапувајќи на „највисокиот
праг на Правдата“. Тој чин е света мистерија, божјо јавување. Драмата го
достигна врвот: со „божјото јавување се врши препознавање и откривање“;
откривањето е централната криза од која брзо се развива расплетот. Решена
е трагичната енигма, „откриена“ е Антигона, објавена вистината на нејзи-
ната трагична херојска суштина. Старечкото оро отворено пее за трагич-
ните „грешки“ на Едиповата ќерка и тебанскиот цар. Антигона е трагедија
на самостоен и праведен хор што со игра, ритам, песна и реч й служи на
космичката Дике. Во Филоктет хорот е напрегнат, нехармоничен, неса-
мостоен; собирот морнари-слуги Одисееви, туѓинци за Филоктет, не може
да биде праведен судија.
Антигона завршува со тиха, замислена песна, исполнета со гноми и по-
уки: – за среќа е потребно да бидеш разумен, за горделиви говори се плаќа
со големи удари, размислува добронамерно хорот старци, но не ги преко-
рува ни царската ќерка „што ум сменила со безумие“, ниту „испустениот
маж“ царот Креонт. Последниот стих ја нагласува трагичната тишина – на
старост разумност научија! Кој? Дали самите старци Тебанци, разумност
што веќе не им е потребна...
Филоктет завршува со молитва за добар пат; митот не е завршен; се на-
пушта Лемнос, Филоктет со воздив тага се простува од својата осаменост,
хорот-морнари со воздив олеснување; свршила тегобната прелага, Херакле
од божеската машина со хомерско-пророчки говор ја открива вистината, па
се подигнува угоре, луѓето самотни, секој за себе, зачекоруваат во „слав-
ниот живот“ надвор од трагичната сцена. Се потврдуваат Аристотеловите
поетички правила: Антигона по веројатност до нужност изградува поетска
логика и топика; Филоктет се гради од случајности што во поетската ст-
варност, доведени до необичност и бесмисленост, укажуваат на друга мета-
физичка стварност, што навидум се одразува во куп случајности.
Динамичните страсти во Антигона се смируваат во општа етичка сим-
патија, а Филоктет почнува и завршува со непомирлива антипатија.
386 Поговор

VII

Трагичната сцена на Софокле е простор на „Сеништа и празни сен-


ки“ кои се борат за да се ослободат од болеста на суштествувањето и да
оздрават во покој. Ова го порачуваат најразумниот Одисеј и Дајмонот на
здравјето – Дексион – Софокле. Ова го порачуваат најголемите страсници
во животот – стариот Дионисов воспитувач, Силен (Најдобро за човека е да
не се роди, а ако се роди, што побрзо да умре), силенскиот Сократ, Платон
како лебед во сонот на Сократ (а „лебедите најубаво пеат пред да умрат“)…
Всушност, гносеолошка поента на уметничкиот облик „трагедија“ е Сокра-
товата мисла: „Животот е вежба за смрт“! Во најголем дел на овој поетски
вид – трагедијата е мимеса на ваков живот и пракса.

Елена Колева
СОДРЖИНА

Кралот Едип.................................................................................................7
Антигона ....................................................................................................83
Филоктет ..................................................................................................141
Електра .....................................................................................................211
Едип на Колон .........................................................................................285

Евдајмонизмот на смртта – суштината на поетскиот облик трагедија


(поговор) ......................................................................................................................373
ПРОЕКТ
Ѕвезди на светската книжевност

Софокле
КРАЛОТ ЕДИП • АНТИГОНА • ЕЛЕКТРА
ФИЛОКТЕТ • ЕДИП НА КОЛОН

© за македонското издание
АРС ЛАМИНА – ПУБЛИКАЦИИ

За издавачот
Бранка Бугариска

Превод од старогрчки јазик


Даница Чадиковска
Љубинка Басотова

Поговор
Елена Колева

Јазична редакција
Дејан Василевски

Техничко уредување
АРС ЛАМИНА

Печат и доработка
БРАНКО ГАПО
графичко производство

Тираж
1000 примероци

You might also like