You are on page 1of 394

Проектот Ѕвезди на светската книжевност

е една од најзначајните цивилизациски придобивки што ќе


го збогати македонскиот духовен простор и ќе овозможи
пристап до колосалните дострели во развојот
и креирањето на пишаниот збор.
Во колекцијата на овој монументален избор вградени се
најзначајните проблесоци на човечката мисла –
од капиталните дела што потекнуваат од најдалечните
духовно-уметнички изворишта до најистакнатите книжевни
остварувања во поново време.
Со приопштувањето на овој најсодржаен библиофилски
зафат за македонската јавност стануваат достапни врвните
остварувања од светската книжевна ризница.

Министерство за култура на Република Македонија


Проект „Ѕвезди на светската книжевност“
 
Стручна редакција:
Митко Маџунков, главен редактор
Луан Старова
Taшко Ширилов
Ефтим Клетников
Драги Михајловски
Венко Андоновски
Ратко Дуев

Проектот е целосно финансиран


од Владата на Република Македонија
Публиј Овидиј Насон
МЕТАМОРФОЗИ
Наслов на оригиналот
Publius Ovidius Naso
METAMORPHOSEON
© за македонското издание:
КОНГРЕСЕН СЕРВИСЕН ЦЕНТАР, Скопје
МИКЕНА, Битола
МАКАВЕЈ, Скопје
За издавачите:
Јове Тодоровски
Борче Трпковски
Јагода Цветкоска
Превод од латински јазик
Љубинка Басотова
Поговор
Владимир Мартиновски
Јазична редакција
Весна Костовска
Корица
Кочо Фиданоски

CIP – Каталогизација во публикација


Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје
821.124-1
821.124-1.09 Овидиј Насон, П.

ОВИДИЈ Насон, Публиј


Метаморфози/Публиј Овидиј Насон; [превод од латински јазик Љубинка Басотова;
поговор Владимир Мартиновски]. – Скопје: Конгресен сервисен центар: Макавеј; Битола:
Микена, 2014. – 387 стр.; 20 см. – (Едиција Ѕвезди на светската книжевност)

Превод на делото: Metamorphoseon/Publius Ovidius Naso. – Светот преобразен во книга:


(во Метаморфози на Овидиј): (поговор): стр. [381]-387. – Фусноти кон текстот

ISBN 978-608-4721-49-9 (Кон. центар)


ISBN 978-608-205-276-2 (Макавеј)
ISBN 978-9989-55-407-0 (Микена)
I. Ovidius Naso, Publius види Овидиј Насон, Публиј
а) Овидиј Насон, Публиј (43 г.п.н.е.-17) – „Метаморфози“ – Критики и толкувања

COBISS.MK-ID 96203530
ПУБЛИЈ ОВИДИЈ НАСОН

МЕТАМОРФОЗИ

КОНГРЕСЕН СЕРВИСЕН ЦЕНТАР


МИКЕНА ● МАКАВЕЈ
Скопје, 2014
6 Публиј Овидиј Насон
Метаморфози 7

ПРВО ПЕЕЊЕ

Духот ме гони да пеам за претворба на некои тела


в облици нови; бози1, на потфатов дајте му душа,
зашто сте вие што нив ги претворивте в облици други.
Песнава моја водете ја од кога настана светов
5 и доведете ја среќно до дните на моево време!

Уште пред море и земја и сè што поклопува небо,


единствен беше ликот на сета природа в светот;
„хаос“ му беше име2; несредена грамада грда;
ништо сем недвижна тежест, несредени семиња сегде
10 сврзани лошо, на едно место насобрани сите.
Сè уште Титан3 на светот не праќаше светлина бела,
ниту се обновуваа в растеж рогојте на Феба4;
земјата сè уште с воздух обвиена не беше тогаш,
ниту трепереше с својата тежест; Амфитрита5 уште
15 не ги протегаше околу земниот круг своите раце.
Но зашто заедно беа и земја и море и воздух,
земјата не беше цврста, ни можеше бранот да шета,
воздухот беше без светлост; свој облик немаше ништо;
пречеше едно на друго; во едно се бореа тело
20 врело со студено, влажно со суво, меко со тврдо,
она што тежина нема со она што неа ја има.
Богот, природата поарна, сето го прекина ова,
раздели земја од небо, а исто и вода од земја,
па од густиот воздух го одвои јасното небо.
25 Штом го разгрна тоа, од грамада темна го тргна,
1
Во инвокацијата поетот не ги повикува напомош Музите, туку сите богови, зашто сите
тие имаат свој удел во Метаморфозите.
2
Стоичката филозофија учи дека светот не постанал од ништо, туку дека на почетокот
бил „хаос“ кој се разложил на четири елементи: земја, вода воздух и небо и дека секој
од овие елементи си имал свои жители.
3
Според грчката митологија, Хелиј, богот на сонцето, е син на Титанот Хиперион; според
тоа, овде Титан е метафора за сонцето.
4
Феба, епитет на Дијана, божица на месечината; тука – месечина
5
Амфитрита е ќерка на морскиот бог Нереј; рацете што ги пружи околу земјата е морето.
8 Публиј Овидиј Насон

така ги размести сите, па в мир и слога ги здружи;


силата огнена, лесна, на небото сводесто тогаш
блесна и место си најде на врвот што највишен беше.
Воздухот најблизок нејзе й беше по лекост и место;
30 земјата погуста од него, повлече потешки нешта,
зашто ја притисна тежеста нејна; тековите водни
последни зедоа место и го окружија светот.
Штом така богот, кој и да е, го суреди купот,
разделен така на делови разни, потем го собра,
35 земјата првин, да биде подеднаква од сите страни
ја заокружи тогаш да личи на голема топка;
да се разлее море заповеда и да се пени
с ветришта силни и да ја опколи земјата с брегој;
додаде извори, огромни бари и езера бистри,
40 реки кривулести окружи тој со настрмени брегој;
едни пропаѓаа в земја, се влеваа една во друга,
други се леат низ полја, до ширно стигнуваат море,
таму, пак, тие не в свои, но в морски удираат брегој.
Полја, заповеда, да се распостелат, долој да слегнат,
45 с лист да се покријат шуми, спилести извишат гори;
две зони небо да сечат од десно, две, пак, од лево,
петтата зона, најврела што е, да е меѓу нив6.
С помош на богот, земјата што се покри со небо
исто на толку се раздели области, онаа в среде
50 најврела е, зарад жегата не е за некаков живот;
длабок снег двете ги покрива, другите две, пак, меѓу нив
с клима умерена богот ги надари, студ с жега смеша.
Над нив е воздухот, којшто е потежок толку од огнот,
полесен колку од земјата и од морето што е.
55 Таму, заповеда богот да има магли и облаци темни,
громој, што човечки срца ќе плашат и блескави молњи,
а, пак, со ровјите уште и ветрој што студови носат.
Творецот воздухот сал на ветрите не им го пушти
зашто одвај ќе можеше нив да ги заузда некој;
60 тие би могле со силата да го раскинат светот,
кога секој ќе сака да дува на својата страна,
6
Стоиците сметале дека небесниот свод е поделен на пет појаси кои имаат врска со земјата.
Метаморфози 9

зашто меѓу себе тие се мошне несложни браќа.


Еур ќе дува на исток, кон Набатејското кралство7
и кон Персида, над сртој, кај паѓаат утрински зраци.
65 Вечерта и брегојте што сонце ги грее на залез
близу до Зефир8 се тие; страшниот Бореј кон север
и кон Скитија дува; наспроти неа е земја
с облаци и со дождој што Аустер9 вечно ја влажи.
Над сето ова творецот лесен постави етер,
70 којшто тежина нема ни земна гадотија в себе.
Штом со сигурни меѓи тој се распредели така,
тогаш низ целото небо блеснаа ѕвездите сјајни
коишто долго скриени беа под маглина темна.
Но за да не биде ниеден предел без суштества живи,
75 ѕвезди10 и ликови божески вишното небо го држат,
водите, пак, им дадоа пристан на красните риби,
земјата ѕверови доби, а небото птици што летаат.
Сè уште немаше суштество, с возвишен ум, што ќе може
мудро да владее и да управува над сите други.
80 Така се роди човекот; дал него с божеско семе
оној мајстор го создал – на поарен свет што е творец,
или, пак, земјата, скината скоро од вишниот етер
во себе чуваше семе од небото, род што й беше.
Од неа синот на Јапет11 од мешана с дождовна вода
85 направи лик ко на бозите, кои го владеат светот.
Дур останатите суштества в земја, наведнати, гледаат,
тој на човекот лице му даде да гледа кон небо
и му заповеда поглед да крева кон вишните ѕвезди;
она што доскоро беше грда и безлична земја,
90 сега ја смени и накити с облици нови на луѓе.
Најпрво златни времиња беа, немаше судство,
7
Според верувањето на старите Грци и Римјани, Еур е југоисточен ветер, кој дува од
страната на Арабија; затоа поетот вели дека Еур отишол во кралството на Набатејците,
а тие се населени во Арабија.
8
Зефир е западен ветер; Бореј – северен.
9
Аустер е јужен ветер; сите ветрови имаат божеско потекло; тие се деца на титанот
Астреј и божицата Аврора.
10
Според верувањата на старите, ѕвездите се живи суштества од божеско потекло.
11
Прометеј, синот на титанот Јапет, за кого се верувало дека го создал човекот од земја
и од вода.
10 Публиј Овидиј Насон

сама од себе, без закони, правдата беше на почит;


немаше казни ни страв; од бронзените вковани плочки
не се читаа зборој со закани; мирната толпа
95 немаше страв од судијата; безбедни без него беа;
сè уште бор не се сечеше в гори, по бистрите браној
не се спушташе долу да гледа во предели туѓи.
Луѓето тогаш за своите брегови знаеја само;
прокопи стрмни сè уште немаше околу градој;
100 немаше труба за строј ни искривени бронзени рогој;
немаше штитој ни мечој, немаше нужда од војска,
удобно, спокојно, в мир си живееја луѓето сегде.
Земјата слободна даваше сешто сама од себе,
не ја допираше мотика, ни ја рануваше рало.
105 Доволно беше за храна, она што никнало само.
Береа луѓето јагоди шумски, капини, дренки
коишто виснати беа на жилави грмушки горски,
жирој, што паднале од на Јупитер ширното стебло12.
Секаде пролет владееше вечна, а благиот Зефир
110 с топлиот здив го милуваше цвеќето, никнато само.
Неизораната земја и плодој почна да дава
негибнатото поле од тешко белееше класје.
Овде течеа реки од млеко, онде од нектар,
а, пак, жолтиот мед од зелените капеше дабој.
115 Откако Сатурн13 во темниот Тартар14 испратен беше,
светот под Јупитер беше – настана сребрена доба,
полошо што е од злато – од жолтата поарно бронза.
Јупитер – бог, пак, пролетта древна веднаш ја скуси;
одреди четири годишни доба: зими и лета,
120 есен нееднаква со нив и покуса пролет да има.
Тогаш за прв пат се зажари воздух од врелина сува,
а од ветрите студни надвиснаа мразулци крути.
Првин тогаш се влезе во домој, дом пред тоа беа
пештери, грмушки густи и пруќе заврзано с лико.
12
Стеблото на Јупитер е дабот.
13
Сатурн е древно италско божество; кога грчкиот пантеон продрел во Италија, тој е
изедначен со Хронос, кого што неговиот син Зевс го тргнал од престолот и го фрлил во
Тартар (подземниот свет).
14
Најтемното место во Подземјето; таму бил фрлен Сатурн.
Метаморфози 11

125 Семе Церерино15 прв пат се фрли по долгите бразди,


прв пат застенкаа с јарем притиснати младите јунци.
По него дојде ко трето по ред бронзената доба,
с нарав пожестоко, спремно за оружје стравотно многу,
сепак злосторничко не од тврдото железо – задно.
130 Нагрна потоа веднаш во векот на полоша руда,
секаков грев; исчезнаа вербата, вистината, срамот,
наместо нив сега измами, лукавства, секакви замки
дојдоа насилства но и злосторничка желба за имот.
С едра запловија, иако морнарот силните ветрој
135 не ги познаваше добро, на незнајни бранови бродој
пловеа, кои пред тоа на високи стоеја гори.
Земјата, пред тоа општа, ко воздухот, сонцето што е,
сега претпазлив мерач со долга ја означи меѓа.
Не се бараше само од земјата нужната храна
140 ниту изобилна жетва – в земјината утроба долу,
одеа, копаа богатство дур до Стигсовите сенки16
скриено – тоа, пак, причина е за несреќи бројни.
Така железото стана од златото поштетно многу;
војни започнаа тогаш; едни војуваа с други,
145 с крвави раце страв носи ѕвонливо оружје силно.
Сега од грабеж се живее, домаќин безбеден не е
од својот гостин, тестот – од зетот, братската љубов
сега е реткост; на жената мажот гибел и снове,
таа, пак, нему; маќеите страшен мешаат отров,
150 синот пред судниот ден за таткови прашува лета.
Лежи набожноста сотрена; последна од сите бози
дева Астраја17 ја напушти окрвавената земја.
Но, за да не е од земјата помирен етерот вишен,
велат, Гигантите18 небесно тогаш посакале царство,
155 брда натрупале едно врз друго до вишните ѕвезди.
15
Церера била ќерка на Сатурн и Реја, сестра на Јупитер; божица на земјоделството,
покровителка на бракот и мирот.
16
„Стиксови сенки“ – сенките, т.е. душите на умрените околу реката Стикс која, според
верувањето, течела во Подземјето.
17
Астраја е божица на правдата, ќерка на Астрај, кој бил татко на ѕвездите; според друго
предание, таа е ќерка на Јупитер и Темида.
18
Гигантите биле синови на Геја (Земја), змијоноги џинови; војувале со Јупитер и олим-
писките богови, но биле победени и фрлени во Тартар.
12 Публиј Овидиј Насон

160 Тогаш семоќниот Отец со ровја го расцепи Олимп


и ги раздели Пелиј од Оса, што под него беше;19
лежеа така со телата страшни под својата тежест.
Земјата, сета натопена с крвта од своите чеда,
велат, на врелата крв дека тогаш душа й дала
165 и за да остане некаков спомен за коренот нејзин
човечки образ им дала; но и новиот пород
презирал бози, силовит, суров бил, желен за колеж;
секако, познато штом е, од крв врела дека е роден.
Штом Сатурниј20 го здогледа ова од вишната кула,
170 воздивна и си спомна на недамнешната гозба
стравотна на Ликаон21, што сè уште криено беше;
огромен, праведен гнев се роди в божеската душа;
собир на бозите свика и сите пристигнаа веднаш.
Пат има високо в небо, видлив кога е ведро
175 „Млечен“ го викаат, зашто е бележит с белина сјајна;
по него бозите одат во домот и кралските двори
на Громовникот; лево и десно се одаи красни
со отворени врати, полни с повидните бози,
оние, простите бози на други се сместени места.
180 В тој дел ставени биле Пенати на моќните бози;22
ова место е, ако така би можел да кажам
без да се плашам, Палатија23 на она високо небо.
Штом поседнаа бозите во мраморната соба,
тој, највисоко седнат и потпрен на скиптар од филдиш,
185 страшната коса ја стресе три или четири пати,
од неа земја се стресе и море и ѕвездите сјајни;
потем со погледот гневен вакви проговори зборој:

19
Олимп, Пелиј и Оса се планини во Тесалија, што, според преданието, гигантите ги
ставиле една врз друга.
20
Сатурниј – синот на Сатурн; т.е. Јупитер.
21
Ликаон, кралот на Аркадија, од Јупитера бил претворен во волк поради злосторствата
што ги направил.
22
Овидиј небесните дворови ги опишува на римски начин; имено, во Рим, домовите
имале одаи за повидни гости, и тие биле полни, а народот (плебс, како што и поетот ги
наречува боговите од понизок ранг) бил сместуван кај годе. Пенати, кај Римјаните се
домашни божества.
23
Палатија (Палатиа) се наречувал дворецот на Август во Рим, кој бил изграден на
ридот Палатиј.
Метаморфози 13

„Загрижен повеќе не бев за светот ни в она време


кога од змијонозите сто раце секој кон небо
190 пружаше за да го освои; душман лут беше тој; сепак
од едно тело и род тогаш се надвиснуваше војна.
Сега ќе треба јас да го сотирам сиот род смртен
низ светот цел, кого шумниот Нереј24 го веќе обвил.
В сите подземни реки во лагот Стиксов се колнам,
195 ова го искусив веќе, но неизлечивото тело
треба со меч да се сече, да не страда делот што здрав е.
Полубогови имам, имам божества полски,
фауни, сатири, нимфи, силвани што живеат в гори;
штом не ги честивме нив да бидат на небото со нас,
200 нека си живеат мирно на земјата, дадена од нас;
но зар верувате, бози, безбедни дека ќе бидат,
кога и мене, кој владеам, молњи и вас што ве имам,
Ликаон, познат по својата свирепост, подлост ми стокми?“
Сите се стресоа, бучно побараа казнет да биде
205 дрзникот. Така и раката безбожна, беснее, сака,
с крвта Цезарова римското име и слава да сотре;
престрашен родот е човечки од ненадејната гибел
згрозен е сиот свет; тебе, пак, Августе, љубовта наша
не ти е помалку мила од таа што беше кон богот.25
210 Штом богот с рака и глас викотниците силни ги стиши,
молкнаа тогаш сите и тишина настана глува.
Вревата стивна штом оној што владее побара така.
Јупитер повторно с овие зборој го прекина молкот:
„Немајте грижа за тоа, веќе казнет е оној;
215 што стори тој и како е казнет сега ќе кажам:
пристигна до моите уши глас за безбожното дело;
јас од Олимп се спуштив, сакајќи тој лажен да биде26
и како бог со човечки лик го разгледував светот;
долго би зборувал, какви се изнајдов секаде штети,
220 самата вистина полоша беше од срамното дело;

24
Нереј бил бог на морето, син на Геја и Понт; овде е метафора за море.
25
Богот е Јупитер; за да му се додвори на Августа, поетот овде спомнува за убиството
на Цезар и состојбите во Рим.
26
Т.е. гласот за злосторството на Ликаон.
14 Публиј Овидиј Насон

225 минав низ гората меналска27, страшни што пештери има


полни со ѕверој; Килена28 ја минав и боровит Ликај29.
Потем влегов во градот, в негостопримниот дворец
на аркадскиот крал, кога самракот ноќта ја мами;
знак дадов, бог дека дошол и народот с молитви почна,
230 Ликаон30 пак на набожните молитви с потсмев се гласи;
потоа рече: „Со сигурен доказ ќе испитам сега
дали бог или смртник е; потоа сомнеж ќе нема“.
Сакаше ноќта дур с тврд сон ќе заспијам потајно мене
тој да ме погуби; ваквиот опит на сите се свиде.
235 Не се задоволи с тоа, туку на заложник еден
пратен од кај Молосите31 с меч му го пресече вратот,
дел од полузакланиот фрли во вода што врие
другиот дел, пак, го испече на потпалениот оган;
тоа го стави на софра; јас, пак, с одмазднички пламен
240 му го уништив домот, Пенатите32, слични со него.
Престрашен избега, тишина в полето широко најде,
писна, напразно сака да зборува; кај него само
бес во уста се збра, го обзеде желба за колеж,
стоката тогаш ја нападна, радосен крв пак што гледа;
245 рувото влакно му стана, а рацете станаа нозе,
волк стана, сепак тој сочува траг од преѓешниот облик:
исто е сив, има жестокост иста во погледот негов,
ист плам во очите има и истата дивост во ликот.
Еден пропадна дом, но не еден заслужи исто,
250 дива Еринија владее сегде на земјата ширна.
Можеш да помислиш дека на зло се заколнале сите,
па нека казнети бидат по заслуга; одлучив така“.
Едните гласно го одобруваат она што кажа,
поттик на гневот му даваат; други се согласни молкум,
255 но сите жалат што гибел му претстои на родот – луѓе.
27
Меналската гора и Килена се планини во Југозападна Аркадија, каде што кралувал
богот Пан.
28
Килена е планина во Североисточна Аркадија; таму бил роден богот Меркуриј, кој го
има прекарот Киленец.
29
Ликај (Волчја) планина се наоѓа во Југозападна Аркадија; престојувалиште на богот Пан.
30
Ликаон (човек-волк) е митски крал на Аркадија.
31
Молосите живееле во Епир.
32
Пенати – староиталски домашни божества; деифицирани предци; чувари на семејството.
Метаморфози 15

260 Сите прашуваат, земјата каква ќе биде без луѓе,


кој на олтарите темјан ќе става, дал на ѕверојте
за да ја пустошат ќе им ја предаде Јупитер неа?
Така прашуваат, а на бозите кралот им вели:
„Јас ќе се грижам за тоа, бидете спокојни вие!“
265 Тогаш им вети тој потомство ново, поинакво многу
од преѓешниот народ, што потекло дивно ќе има.
Посака веќе да расфрла ровји низ земјата цела
но страв го фати од огнот да не пламне светиот етер
и да не почне да гори долгата небесна оска33.
270 Тогаш си спомна и за пророштвото: време ќе дојде,
кога ќе гори и море и земја, небесните двори,
дека ќе настрада светот, што толку го создаде тешко.
Стрели, направени с киклопски раце34 тој остави веднаш,
одлука падна за подруга казна: родот тој смртен
275 ќе го сотре со потоп, со поројни дождој од небо.
В Еоловата пештера35 тој Аквилона го врза
и сите ветри што гонат надвиснати облаци в небо.
Нота го пушти; Нот излета веднаш с натопени крилја,
лицето свое страшно го покри со смолеста магла,
280 брадата тешка од дождој, низ белите коси му капе,
облак над чело му седнал, а крилја и гради му росат.
А надвиснатите облаци штом тој ги притисна с рака,
грмна и потоа густи од небото плиснаа дождој.
Тогаш Ирида, Јунонина шарена гласничка36, почна
285 вода да носи и на облаците храна им дава.
Полегна класјето, жални на орачот желбите лежат,
залудно пропадна трудот од долга година цела.
Гневот на Јупитер не се задоволи с небото само,
33
„Небесна оска“ кај Овидиј е линија која минува низ средината на земјата, досега од
едниот до другиот крај и околу неа се врти целиот свет.
34
Киклопите биле синови на Уран и Геја; Јупитер ги избавил од подземниот свет, каде
што биле фрлени од Сатурн и ги поставил за помошници на богот на ковачите Вулкан.
35
Еол е господар на ветровите; тој нив врзани ги држи во една висока пештера и одвре-
ме-навреме ги пушта. Овде самиот Јупитер го затвора в пештерата северецот Аквилон
и другите ветрови што ги разгонуваат облаците, а го остава само јужниот ветер Нот, кој
носи дожд.
36
Ирида е божица на ѕуницата и затоа е облечена во разнобојна облека; таа е слугинка и
гласничка на Јунона и секаде каде што оди ја распостила ѕуницата.
16 Публиј Овидиј Насон

синиот брат37 напомош му дојде со своите браној;


290 овој ги повика реките; тие штом влегоа в домот
на својот крал, тој им рече: „Заповеди долги ќе нема;
водите свои разлејте ги веднаш; така е нужно!
домој отворете свои и тргнете насипи веднаш,
узди отпуштете сосем сега на вашите реки“.
295 Рече, а тие на извори свои отворија усти,
разуларено трчаат кон пучината морска.
Тој, пак, с трозабецот свој по земјата удри, а таа
силно се стресе, им отвори пат на водите силни.
Реки излеани течат низ прекопаните полја,
300 посеви ништат и дрвја и добиток, носат и луѓе,
рушат и згради со светилиштата внатрешни нивни.
Ако некој дом останал неурнат од овој порој
водата сепак го покрила слемето негово горе,
врвот, што притиснат е во вртежот не се ни гледа.
305 Разлика немаше никаква меѓу земја и море,
се беше море, но море што немаше брегови свои.
Некој се качил на рид, друг, пак, седнал в извиено кајче,
весла низ места кај што неодамна ораше с рало;
некој, пак, плови над посевот ил над потопена вила,
310 некој друг риби, пак, лови од врвот на еден брест висок.
Сидро во зелена ливада фрла тој среќа што има,
или, пак, с кривите лаѓи лозја под себе си гмечи;
Таму кај козички вити доскоро пасеа трева,
сега безоблични фоки ги пружаат своите тела.
315 Нереиди38 се чудат на лагови, домој и згради,
што се под вода; делфините в шуми на високи гранки
сега се бесат, со стебла што пливаат секаде плескаат.
Волкот плива сред овци, водата лавови жолти
и тигри носи; на вепрот не му треба сила на молња,
320 ниту на еленот брзите нозе, штом бранот ги влече.
Птицата долго земја бара да може да стои,
најсетне паѓа во море скитајќи с изморени крилја.
С безмерна волност море над гори се струполи силно,

37
„Синиот брат“ – Нептун, богот на синото море и другите води.
38
Нереиди се морски нимфи, педесетте ќерки на морскиот бог Нереј.
Метаморфози 17

браној необични жестоко бијат в планинските врвој.


325 Бранот многумина голтна, а тие што спасени беа39
страдаа многу од тоа што немаа храна за живот.
Племето Аонско од Ојтајските полја40 го дели
плодната земја Фокида, дур земја беше, но тогаш
дел од морето стана, широко поле со вода;
330 таму е стрмната планина Парнас што два врва има,
вивнати над облаците дури до ѕвездите вишни.
Овде штом стигна Девкалион с жена си в малечко кајче,
таму пристана (другото зашто беше под вода).
На Коричките нимфи41 и горските бози се молеа тие
335 и на Темида42, што таму пророчиште имаше свое.
Од него немаше поправдољув човек на светот,
таа, пак, беше од сите најнабожната жена.
Јупитер кога виде кај светот е покриен сиот
с езера бистри и од илјадници безброј сал еден
340 останал, а од илјадници жени на светот сал една,
обата невини, обата мошне набожни уште,
растури облаци и со северецот растера дождој,
покажа земја на небо, на небото покажа земја.
Море се смири, тризабецот тогаш го остави богот,
345 господар што е на морето, далгите тогаш ги смири,
синиот Тритон43 го повика, овој над море се крена,
с плеќи покриени с полжави и му заповеда в школка
ко со свирка да дувне и на тој знак да сопрат
реки и браној; тој тогаш ја зеде свиената труба,
350 која од долниот свијок се шири кон горе и кога
насреде море воздух ќе земе, ечат брегојте
коишто лежат под едното и под другото сонце44.
39
Според преданието, од овој потоп се спасиле само Давкалион и Пира, кои со кораб
стигнале до планината Парнас во Фокида.
40
Ојтајски полја се оние што се наоѓаат под планината Ојта во Тесалија.
41
„Корички нимфи“ се нарекуваат според Коричката пештера што се наоѓа на планината
Парнас, над Делфи.
42
Темида – ќерка на Уран и Геја; од мајка си го наследила пророчиштето во Делфи и
пророкувала таму пред Феб Аполона; таа била уште и божица на справедливоста.
43
Тритон е син на Нептуна и Амфитрита, обраснат со брада и покриен со школки; тој
е и Нептунов гласник.
44
Т.е. на исток, каде што сонцето се раѓа и на запад, каде што заоѓа.
18 Публиј Овидиј Насон

Така и сега, штом устата божја, од којашто капе


вода од влажната брада ја допре и свирна за престан,
355 сите ја слушнаа браној, што се на море и земја;
а штом го слушнаа звукот бранојте, се стишија веднаш.
Морето брегови доби, се вратија в корита свои
реките; гледаш, се појавуваат брдата веќе,
земја излегува, расне, а морето помало бива;
360 шумите ги покажуваат своите оголени врвој
а низ лисјето гледаш кал што останала уште.
Светот се обнови; но штом Девкалион празен го виде,
пустата земја потоната в длабока тишина сета,
почна да плаче и вакви на Пира й прозбори зборој:
365 „Сестро и сопруго45, жено, што една ти остана само,
со тебе род сум јас еден, зашто си ќерка на стрика;
порано брак нè врзуваше, гибелта сега нè врза
земјата што ја снајде, што гледа на исток и запад.
Двајцата сега сме народ, другите море ги голтна.
370 Но дур и сега за безбеден живот надеж јас немам,
срцето мое и сега од облаци темни се плаши.
С каква ти душа, без мене, ако те спасеше судба,
кутра ќе беше? Самотна, како би поднесла стравој?
Кој тогаш ќе ти ја блажеше тебе болката в срце?
375 Верувај, жено, ако те земеше водата тебе,
јас по тебе ќе појдев, и јас ќе се фрлев во бранот.
О, да би можел, ко татко ми, повтор да создадам народ,
на уредената земја повторно живот да внушам!
Сега од смртниот род останавме ние сал двајца.
380 Бозите сакале така; единствени луѓе сме ние!“
Рече низ плач; небесниот бог да го молат се реши,
помош да бараат уште од пророчиштето свето.
Двајцата појдоа веднаш, до реката дојдоа Кефид46
којашто не беше бистра, но течеше в корито старо;
385 с жртвена вода натопија глави, одеждата своја,
па се упатија кон на божицата пресвета храмот;
сиот врв беше со мов а огнот во олтарот мртов.
45
Девкалион е син на Прометеј, а Пира – ќерка на неговиот брат Епиметеј.
46
Реката Кефид извира на планината Парнас во Фокида, а се влева во езерото Копаид
во Беотија.
Метаморфози 19

Штом на скалите стапнаа тие од храмот, ничкум


паднаа на земја, с почит го бакнаа мразниот камен.
390 Рекоа: „Ако со праведни молби бозите вишни
се трогнуваат и престануваат гневни да бидат,
кажи, Темидо, како ќе може загубата страшна
на родот наш да се отклони; помогни, преблага, сега!“
Трогната таа им рече: „Од храмот заминете вие,
395 завијте глава, симнете појас од одежди ваши,
зад грб фрлете ги коските на Великата мајка“.
Долго се чудеа; Пира, пак, прва го прекина молкот;
она што рече божицата, одби да стори велејќи
плашливо: нека й прости, но таа се плаши да фрли
400 мајчини коски, нејзината да ја повреди сенка.
Долго се мислеа, што ли се крие в нејасните зборој
што им ги кажа пророштвото; што значат тие?
Тогаш синот Прометеев47 с зборови благи ја смири
ќерката на Епиметеј и рече: „Ил умот нè мами,
405 ил е одговорот свет и никаков грев в него нема.
Земјата е Великата мајка; камењата, мислам,
коски се нејзини; нив треба да ги фрламе зад грб“.
Иако разбра Титанија48 она, што одгатна маж й,
уште се сомнева в надежта; толку обајцата немаат
410 доверба в она што заповед е од небесните бози.
Сепак, што ќе им наштети, ако се обидат само?
Појдоа, глави замотаа, се распојасаа веднаш,
ко што им беше речено, камења фрлаа зад грб.
Каменот, (кој би поверувал, древноста да не е сведок)
415 да ја напушта започна својата природна тврдост
и да омекнува; омекнат така тој доби нов облик.
Скоро пораснаа, питома примија природа тогаш,
можеше да се распознае некаков човечки облик,
ко да е почнат од мрамор, но сепак недовршен уште
420 сличен мошне на оние големи кипови груби.
Она што в каменот беше земја, сок или влага,
в месо се претвори; тврдото и несвитливото – в коски;
47
Девкалион е син на Прометеј, а Пира е ќерка на Епиметеј.
48
Пира овде е наречена Титанија зашто е ќерка на Епиметеј, а тој е син на Јапет, кој бил
еден од дванаесетте Титани.
20 Публиј Овидиј Насон

она жила што беше, со истото остана име.


Наскоро, с божеска волја, фрлените камења така
425 с рацете силни на мажот, попримија облик на мажи;
а што ги фрлаше жената, од нив настанаа жени.
Затоа ние сме тврд род, на секаков издржлив напор,
што, пак, е доказ од какво семе сме родени ние.
Земјата од себе роди и други суштества живи
430 с различен облик; но штом од огнот на сонцето силен
старата влага се згреа, од жега набабреа бари,
влажен мил – в животворната земја семиња плодни
растеа бавно ко в утроба мајчина, облик примајќи.
Ко кога Нил седмотек од влажни се повлече полја
435 в старото корито, ѕвездата свежото блато го пали,
па в превртените грутки животни бројни ќе најде
ратајот, некои дури во самиот зачеток нивни,
други, пак, уште трупој несвршени; на едно тело,
едниот дел е жив, а другиот – сирова земја.
440 Зашто, штом примат рамномерно топлина тие и влага
од тие две нешта може на светов сè да се роди;
исто, од огнот, што с вода се бори и пареа влажна
сешто се раѓа; несложната слога на расплодот годи.
Земјата каллива остана од недамнешниот потоп
445 и се вжари од крепкиот зрак на етерското сонце,
изроди видови безбројни; некои обнови стари,
некои други ги создаде како грдосии нови.
Безволно таа и тебе те роди, Питоне49, тогаш;
нова, незнајна дотогаш ламја за новиот народ,
450 страшило, зашто во гората многу заземаше простор.
Него го погуби богот лаконосец50, којшто пред тоа
стрелаше само по брзите кози; тој илјада стрели
стави во тулецот и го испразни речиси сиот
дури го уби Питона с отров врз црната рана.51

49
Питон – огромен змеј што го родила Геја и чувар на нејзиното пророчиште кај Делфи,
на планината Парнас; богот Аполон го убил и на тоа место основал свое пророчиште;
затоа Аполон го носи прекарот Питиски.
50
„Бог лаконосец“ – Аполон.
51
Питон е змеј, син на Геја, кој го чувал светилиштето во Делфи, сè додека Аполон не
го убил.
Метаморфози 21

455 Древноста да не го сотре споменот на ова дело,


богот востанови свештени игри с натпревари славни,
Питијски, така наречени според име на змејот.
Секој младич, кој победи овде во трка ил с кола
или во борба, добивал венец од храстови лисја.
460 Лавор немаше уште и с венец од секакво лисје
Фојб52 си го китеше красното чело и долгите коси.
Првата љубов на Фојб беше Дафне, Пенеева53 ќерка;
случај не беше тоа, но лутиот гнев Купидонов54.
Еднаш Делиецот горд55, што Питона змејот го уби,
465 него го здогледа лак кај што свива и натега жила;
вака му рече: „Што ќе ти е тебе, о, палаво момче,
оружје јуначко; приличи тоа за моиве плеќи
зашто јас можам да убивам ѕверој и в душман да стрелам,
с безбројни стрели го убив и надуениот Питон,
470 кој со отровниот мев беше притиснал полиња многу;
биди задоволен с факелот твој да потпалуваш љубов
немој во иднина да ја приграбуваш славата моја“.
Синот на Венера рече на Феба: „Цели ти сегде,
мојот пак лак ќе те устрели тебе; па колку се сите
475 суштества пред бога мали, толку е твојата слава
мала пред мојата“. Тоа го рече, па замавта с крилја,
пресече воздух, на врвот од сеновит застана Парнас56,
веднаш од тулецот извлече две стрели за разни цели:
едната златна со остар врв сјаен, што внушува љубов,
480 друга затапена, с олово в трската, љубов што гони.
С оваа стрела ја погоди тогаш Пенејката нимфа,
с другата тој до коски го пронижа богот Аполон.
Овој се заљуби веднаш, а таа штом име му чуе,
в шумите бега, в дувлата с радост ѕверови дере,
52
Феб – Аполон.
53
Пенеј, спомнат овде, бил бог на реката Пенеја во Тесалија.
54
Купидон е син на Венера, бог на љубовта; тоа е крилато момче со лак и тулец, кое со
своите стрели ги ранува и луѓето и боговите.
55
Делиец е атрибут на богот Аполон, зашто се родил и бил многу почитуван на островот
Делос.
56
Парнас – планински масив во Фокида, Средна Грција; на јужните падини се наоѓа
Делфи; покрај Хеликон, бил почитуван како планина на Музите и симбол на поезијата;
од него Купидон ги фрла своите стрели.
22 Публиј Овидиј Насон

485 како соперничка некоја на девицата Феба.57


Без ред замрсени коси со трака заврзани има.
Мнозина неа ја бараат, таа ги одбива сите,
не може машко да поднесе, лута низ беспаќа шумски.
Не сака ни да знае за Химен58, за брак ни за Амор.
490 Татко й често й велел: „Зет, ќерко, мене ми должиш“.
Татко й често й зборел: „Внуци, ќерко, ми должиш“.
Таа свадбените факли ко злостор ги мразеше силно,
но од почит с руменило лице облеваше лично
с нежните раце го гушкаше таа татка си милно:
495 „Премил мој татко, дај ми во девство да поминам живот,
и на Дијана татко й й го допушти тоа“.
Допушта тој, но убавината твоја го брани
она што сакаш; таа на твојата желба е пречка.
Фојб се вљуби во Дафне, ја сака за сопруга своја,
500 желбата надеж му дава, оракулот негов го мами.
Ко што по жетвата лесната слама без класјето пламти,
ил ко што плотот гори од факел што некојси патник
случајно него го допрел или го оставил в зори,
таков пламен го обзеде Феба, му гореа гради,
505 љубовта јалова ја потхрануваше залудна надеж.
Гледа, низ вратот нејзин, без украси коса се вие,
вели: „Исчешлана, каква ли ќе е? В огнените очи,
слични на ѕвезди и гледа, нејзините усни ги гледа,
не може да им се насити; прсти и дланки й фали,
510 рацете нејзини, мишки откриени, дополу голи.
Она што скриено е, му се чини, полично уште.
Побргу бега од ветрот и не застанува таа,
кога тој ја повикува, не се осврнува дури:
„Пенејко нимфо, застани, не те прогонува душман,
515 застани, нимфо; овците бегаат така од волкот,
срна од лавот, гулабици с трепетни крилја од орел,
како од душмани свои; јас, пак, од љубов те следам!
Кутриот јас! О, немој да паднеш на лице, ил нозе
с трње да изгребеш; болка сал да не ти причинам тебе!
Феба – атрибут на сестрата Аполонова Артемида (Дијана).
57
58
Химен е свадбена песна од која е персонифициран богот на свадбата Хименај, чија
мајка е една од деветте Музи.
Метаморфози 23

520 Стрмни се местата каде што трчаш; побавно трчај,


немој да бегаш, побавно тогаш и јас ќе те следам.
Распрашај, кој се вљубил во тебе; горјанин не сум
ниту див овчар што стадата овци овде ги чува,
не знаеш, будалче, од кого бегаш, затоа бегаш.
525 Честен сум в Делфи и Клар, в Патарските дворци, на Тенед;59
Јупитер татко е мој, јас откривам в иднина што е,
што било в минато, сегашност што е; јас затегам струни
песни што следат60; сигурна мошне е стрелата моја,
но е посигурна друга, што в суетно срце ме рани;
530 Лекови изнајдов јас и видар ме викаат сегде,
снагата е во тревките што ми се подложни мене;
но од тревките бројни ниедна не лечи љубов;
Она што сите ги лечи, за видарот лек само не е!“
Сакаше уште да зборува тој, но Пенејката бргу
535 избега в уплав, го остави со недоречени зборој;
прекрасна беше; од ветрот што наспроти пиркаше в неа
и се разголи тело, се развеа облека в бегот,
лесното ветре косите й ги вееше назад.
В бегот поубава стана, но напразно не сака веќе
540 младиот бог да й ласка; па поттикнат од Купидона
самиот потрча по неа, нејзини траги следејќи.
Како што галскиот пес61 кога в пусто ќе здогледа поле
зајак, па трча по пленот, а овој спас в бегство си бара;
едниот сака да зграпчи, се надева дека го фатил
545 и со испружена рилка ги стегнал зајачките нозе;
другиот в страв, да не биде фатен, гризе, се трга
и ја одбегнува рилката, којашто веќе го допре,
така е брз Аполон од надеж, а Дафне од уплав.
Побрз е сепак гонителот, лета на крилја од љубов
550 не й дава да здивне на момата, зад грб ја следи,
косата, низ врат развеана здивот ја допира негов;

59
Клар е месност, близу Колофон во Мала Азија, каде што имало прочуено светилиште
на Аполон; Тенед е остров во Егејското Море, наспроти Троја, каде што Аполон бил
многу почитуван и таму имало негово светилиште; Патара е град во малоазиска Ликија.
60
Аполон е бог на песната и удирањето в жици; освен тоа, тој е и лекар кој се разбира
во лековитите тревки.
61
Галските пци биле многу брзи и ги користеле при лов на зајаци.
24 Публиј Овидиј Насон

таа изгуби сила, побледе, совладана беше


од преголемиот напор и пребрза трка, се згледа
в бучните браној на Пенеј и рече: „О, премил мој татко,
555 помогни! Ако реките божеска имаат сила,
образов, смени го мој, зашто премногу страдав од него“.
Штом ја сврши молитвата, в тело вкочанетост сети
с нежно лико се обвија меките нејзини гради,
косите станаа лисје, а раце израснаа в гранки,
560 нозете, доскоро брзи, се преобразија в корен,
врв стана главата; остана само нејзината убост.
Фојб и таква ја љуби, на стеблото десница става,
чувствува како под новата кора й теперат гради,
с рацете гранки и гушка ко да се нејзини мишки,
565 бакнежи дава на дрвото, тоа од бакнежот бега.
Тогаш й рече: „Штом не можеш сопруга моја да бидеш,
дрво ќе бидеш мое, лавре, на моите коси,
мојата китара и мојот тулец, ти украс ќе бидеш;
вождите латински, кога радосен триумф ќе слават,
570 ќе те носат во славјето, Капитол што ќе го гледа.62
Пред Августовите порти ќе стоиш ко најверен чувар
и ќе ги штитиш храстовите лисја во средина што се.63
Како што јас на младешкава глава не стрижам коси,
секогаш лисје и ти за украс на тебе ќе имаш.
575 Пајан64 заврши така, а лаворот гранките млади
само ги наведна, с врвот ко с глава да потврди исто.
Лаг има в Хемонска земја65, стрмна го затвора шума,
Темпа го викаат; низ него од подножјето само
на планината Пинд66 тече Пенеј со пенливи браној,
580 с падот тој силен облаци збира, пареа лесна
растура сегде и ги оросува шумските врвој;
62
За време на победничките свечености (триумф), римските војсководци на главата
носеле лаворов венец.
63
Вратите на Августовата палата, која се наоѓала на брдото Палатин, биле украсени со
венци од храстови лисја; на секоја страна од вратата имало по едно дрво лавор.
64
Пајан во Илијада е лекар на боговите; подоцна и Аполон го добива овој епитет, зашто
тој ги лекувал болестите на луѓето.
65
Во древноста Хемонска земја се нарекувала Тесалија, според името на кралот Хемон,
таткото на Тесал, по кого подоцна и земјата го добила името.
66
Пинд е планина во северозападна Тесалија.
Метаморфози 25

бучава од него сегде надалеку везден се слуша.


Тука е домот, седиштето и одаите красни
на великиот бог на реката; седи тој таму
585 в пештера спилеста, владее оттаму с води и нимфи
в реки што живеат; таму се збраа од сите страни
реките од неговата земја; не знаеја тие
дал да честитаат ил да го тешат родителот првин.
Сперхиј, со тополи красни, Епинеј, неспокоен везден,
590 старецот Апидам, тих Амфрид, Ајант, дојдоа тие67;
стигнаа потем и другите реки, што бранови морни
гонат кон морето по лутањата долги и тешки.
Не дојде само Инах68, тој в длабока пештера седнат,
водата с солзи ја множи, за ќерка си Ија тој тажи,
595 ко за изгубена; не знае кутриот, дали е жива,
или кај сенките веќе е; неа не ја најде нигде,
мисли дека не постои веќе, од лошо се плаши.
Јупитер кога ја виде од таткова река кај иде,
рече: „Девице, достојна што си за Јупитер, мислам
600 дека ќе усреќиш некого с брак; засолни се сега
во сенчестиов лаг“. (Й го покажа тогаш тој лагот.)
„Жега е сега, сонцето веќе на својот е зенит.
Ако се плашиш во дувла на ѕверој сама да влезеш,
потајно влези во лагот и дај да ти закрила биде
605 не некој обичен бог, туку јас, кој скиптарот го држам
небесен в рака, молњи по небо што скитаат фрлам.
Не бегај од мене“. Но таа бега, напушти бргу
ливади Лернски69 и полни со дрвја Лиркејски полја.
Тогаш Јупитер маглиште темно на земјата пушти,
610 затемни се и на бегалката девството тој й го зеде.
Тогаш Јунона на предели в Аргос брз фрли поглед,
виде, како сред бел ден лекокрила паднала магла

67
Спомнатите реки извираат во Тесалија и течат низ неа; само Ајант е илирска река што
извира од планината Лакмон, близу до северозападната граница на Тесалија и се влева
во Јонското Море.
68
Инах извира на планината Лиркеј, на границата на Аркадија и се влева кај Арг во
морето; но има и друга река Инах во Епир, која извирала близу до Пинеј.
69
„Лернски ливади“ се пасишта околу мочуриштето Лерна во Арголида. Во ова мочуриште
живеела стоглавата хидра што ја убил Херакле.
26 Публиј Овидиј Насон

што не се крева од водите, ниту од влажната земја;


потем наоколу побара каде е сопругот нејзин,
615 знаеше дека многу пати тој ја изневери неа;
Штом не го најде на небото, рече: „Дали се лажам,
или изневера пак е!?“ Од вишното небо се спушти,
застана на земја, темната веднаш ја разгони магла.
Јупитер тогаш почувствува дека жена му дошла,
620 Инаховата ќерка ја претвори в јуница млада,
таа и како крава е прекрасна; образот нејзин
иако нерадо, сепак Сатурнија70 него го фали,
па божем не знае, прашува, чија е, од кое стадо.
Јупитер излажа, кравата дека од земја се роди
625 за да не прашува уште; на дар Јунона ја бара.
Тој што да прави? Зар да ја отфрли љубовта своја?
Ако не ја даде, сомнеж ќе има, срамот е тука,
но и Амор му пречи. Сепак преовлада срамот;
ако не ја даде кравата на својта сестра и жена,
630 лесно Јунона ќе дознае дека не е ни крава.
Кога ја доби на дар наложницата, веднаш Јунона
сомнеж ја гризна; се плаши, Јупитер ќе й ја грабне;
да ја чува ја даде на Арг, на Арестор71 синот.
Арг, пак, околу главата имаше стотина очи,
635 од нив по две наизменично сал заспиваа редум,
другите будни беа и стража чуваа везден;
така од секаде Арг кон Ија имаше поглед,
кај и да беше свртен, Ија пред очи му беше.
Дење ја пушта да пасе, штом сонце се скрие под земја,
640 тој ја затвора неа, го врзува вратот й невин.
Лисја од дрвјата брсти и пасе горчливи треви,
наместо в постела, спие на земја, каде што често
нема ни трева; кутрата пие сал каллива вода.
Кога ќе посака молбено раце кон Арга да пружи,
645 раце си нема, а да се пожали кога ќе сака,
мукање жално сал од нејзината уста се слуша;
ваквите звуци ја плашеа силно, па дури од гласот

70
Сатурнија – Јунона, зашто е ќерка на Сатурн.
71
Арестор, таткото на Арг, бил потомок на Јупитер во петто колено.
Метаморфози 27

сопствен престашена беше. Кога до брегот на Инах


дојде, кај често си играше, сè уште дева дур беше;
650 и штом в бранојте ги виде рилката, новите рогој,
силно се потресе, посака од себе сама да бега.
Ниту најадите72, ниту, пак, татко й Инах ја позна;
не знаат која е кравата; таа по татка си оди,
оди по сестрите; тие, ја галат зачудено неа;
655 стариот Инах й пружа на Ија откината тревка,
таа, пак, раце му лиже и таткови бакнува дланки,
обилни солзи й течат, а само да може да каже,
таа би барала помош, и име би кажала свое
и за судбата своја би им раскажала жална.
660 Наместо зборој, с копитото букви им напиша в правот;
така им даде знак за ликот преобразен нејзин.
Закука Инах, над рогови висна и вратот го гушна
на јуницата бела й рече: „О, кутар јас татко,
најсетне ќерка ми си ја најдов, што сегде ја барав;
665 да не те најдов ваква, помалку, кутар, ќе страдав.
Немо ти молчиш, воздивнуваш, с мукање одговор даваш.
Не знаејќи јас ништо ти готвев свадбени факли,
прво на зет се надевав, потем на внучиња мили;
сега од крдото маж ти ќе имаш и синој оттаму,
670 мојата болка не може дури ни смрт да ја смири,
бог сум и нам затворени портите ни се на смртта;
мојата болка ќе трае вечно, дур постои веков“.
Обата тажат; ги раздели Арг ѕвездестиот тогаш73
неа на спротивна страна ја води; од татко ја грабна.
675 Далеку отиде тогаш, на планински врв тој се качи,
седна и оттаму на сите страни со очите мерка.
Многуте маки на Форонијката74 не може веќе
да ги поднесува кралот на бозите; синот75 го викна,
сјајната што му го роди Плејада; му повела нему

72
„Најади“ – речни нимфи.
73
„Ѕвездестиот Арг“ – наречен така, поради неговите многубројни очи.
74
Форонијка е Ија, зашто еден од нејзините дедовци бил Форонеј, кралот на Арг и
целиот Пелопонез.
75
Јупитер го повикал сина си Меркуриј, кого го родила Маја, ќерката на Атлант и Плејона,
ќерката на Океан, кои имале седум ќерки, што подоцна станале ѕвезди, наречени Плејади.
28 Публиј Овидиј Насон

680 да го погуби Арг; овој крилја на нозете стави


веднаш, в моќната рака стапче сононосно зеде
стави на главата калпак; сето штом тоа го стори
синот од дворите татковски скокна веднаш на земја
симна калпак и крилја, го задржа стапчето само.
685 С него ко пастир по беспатни полја козички гони,
свири на сврзани цевки и дојде до местото она,
кај на Јунона чуварот седи; од песната пленет.
Арг рече: „Кој и да си, на каменов седни со мене,
никаде нема пообилна трева за стока од овде,
690 има и дебели сенки, на овчари што им се мили“.
Седна Атлантидот76, зборува дури не измина денот
сака со свирката да ги склопи будните очи.
Арг, пак, се бори да ја победи лесната дремка;
некои очи ги совлада сон, но други се будни;
695 прашува (свирката зашто скоро изнајдена беше)
како, на кој начин таа изнајдена била и кога.
Богот му рече: „В оние Аркадски планини мразни,
сред Нонакриските77 Хамаријади најславна беше
една најада; Сиринга ја викаа нимфите неа;
700 бегаше од сатирите, што ја гонеа везден,
ко и другите бози што в шумата сенчеста беа
и во плодното поле; Ортигиина78 е жрица
и ко божицата девствена е; се препашува исто
како Дијана; може да измами секого лесно
705 па да помисли дека е таа Латонина ќерка,
но лакот од рог й беше, а на Дијана од злато“.
Сепак и така мамеше; Пан79 еднаш таква ја виде,
кога од Ликај80 се враќаше с боров венец на глава,
тогаш вака й рече: „......“81 требаше с зборој да врати;
710 молбите такви ги презре, по беспаќа избега таа,
76
Атлантид е Меркуриј, зашто е потомок на Атлант.
77
Нонакрија е планина и град во Аркадија; Хамадријади се нимфи на стеблата; како и
другите нимфи, и Сфинга се наречува Најада.
78
Дијана се наречува и Ортигија, зашто е родена на островот Делос, кој во древноста
се викал Ортигија.
79
Пан – шумски бог, уште и бог на овчарите.
80
Ликај е брдо во Аркадија, посветено на Пан.
81
На ова место текстот е ледиран.
Метаморфози 29

стигна до тихите песочни води на реката Ладон;82


далгите тука ја спречија натаму уште да бега;
сестрите речни ги замоли да ја претворат в нешто.
Пан дури мислеше Сиринга дека веќе ја фатил,
715 наместо нимфата, в рацете држеше езерски трски;
Пан жално воздивна; ветрето во нив затрепери, тогаш
тенок звук излезе оттаму, сличен на жаловна песна;
Пан од новиот звук и сладоста негова пленет,
рече: „Ова ќе биде мојата врска со тебе“.
720 Така нееднаквите трски, поврзани с восок
име добија според она на момата лична.83
Кога Киленецот84 сакаше да го раскаже ова
виде, очите сите се склопија, сонот ги покри;
веднаш гласот го стиши, ја засили дремката тешка
725 допирајќи ги морните очи с волшебното стапче.
Веднаш го закла заспаниот Арг со меч, што ко срп е,
таму, кај главата страшна со вратот се врзува негов:
крвав го фрли од спилата, с крвој ја извалка долу
стрмната стена; Арге, еве сега кај лежиш,
730 ти, што толку виделини имаше, еве кај сега
една темна ноќ сите сто твои ги изгасна очи.
Очите тогаш Јунона ги зеде, на својата птица85
в перјето, в опашот нејзин ко ѕвезди ги постави таа.
Силно расрдена, време не губеше, веднаш пред очи
735 но и пред душа на наложницата од Арголида
й ја подметна страшна Еринија, ужас што носи,
а освен тоа во срце й вгнезди остени тајни,
потем ја подгони силно да бега низ сиот свет ширен.
Ниле86, ти граница беше на сите нејзини маки.
740 Штом до крајот на брегот негов ќе допреше таа,
колена свои ќе свиеше, тоа сал можеше, кутра,

82
Ладон е река во Аркадија што се влева во Алфеј.
83
Syrinx – име на музички инструмент, составен од трски со нееднаква должина.
84
Cyllenius (Киленец) – Меркуриј, нарекуван така според аркадската планина Килена,
која нему му била посветена како на бог на стадата.
85
Јунонина птица е паунот, кој до V век пр. Хр. сè уште бил редок во Хелада.
86
Ија бега до Нил, зашто таа е истоветна со египетската божица Изида, која исто така
има кравји рогови на главата.
30 Публиј Овидиј Насон

потем ќе поткрене врат и поглед кон ѕвезди ќе крене,


па со воздишки, солзи и жаловно мукање, чиниш,
моли Јупитер крај да им стави на маките тешки.
745 Тој ја прегрна с раце сопругата срдита своја,
побара крај на одмаздата своја да стави и рече:
„Никогаш повеќе таа не ќе ти зададе болка“.
Потем заповеда Стишките води за ова да слушнат.
Штом Јунона се смири, претходниот лик си го доби
750 момата; стана што пред тоа беше; влакното падна,
рогови полека снема, се стесни на очите кругот,
устата исто се стесни, се вратија плеќи и раце,
копита повторно се претворија во по пет прста;
ништо од крава не остана, освен белината сјајна.
755 Нимфата, среќна што обете нозе повтор ја служат,
стана; се плаши да зборува, да не рика пак како крава;
плашливо говорот прекинат да го врати се мачи.
Сега ко божица луѓе во платнено руво ја слават.87
Потем, така се верува, таа го роди од семе
760 Јупитерово Епаф88, кој заедно с мајка си има
храмој низ градови; тој беше врсник и сличен по душа
на Фаетона, синот на Сонцето; еднаш штом овој,
многу се фалел и горд што е Фојбов син, пат не му давал,
Епаф не истрпел: „Безумник, верба во мајка ти имаш;
765 надуен затоа си зарад ликот на лажниот татко“.89
Фаетон сиот се вцрви, но гневот од срам тој го стиши,
и на Климена й кажа, како го навреди Епаф:
„Но да те заболи повеќе, мајко, јас, слободен, бесен,
молкнав; срамота беше навреда таква да може
770 да ми се каже, а јас да не можам ни с збор да му вратам.
Сега, ти, ако од небеско семе сум роден, знак дај ми
за мојот божествен род, на небото најди ми место“.
Потем ја гушна, ја колнеше в својот и Меропов живот

87
Египетските свештеници се облекувале во платнено руво.
88
За синот на Ија Епаф, се сметало дека е ист со египетскиот Апис, црн бик, кој на
челото имал бел белег.
89
Мајката на Фаетон е Климена, жена на етиопсиот крал Метоп, а ќерка на Океан и
Тетида; таа со Хелиј, богот на сонцето, родила три ќерки Хелијади; затоа Фаетон живее
во Етиопија, кај очувот Метоп; кај Хелените, Хелиј е поистоветуван со Феб Аполон.
Метаморфози 31

и во свадбените факли на своите сестри ја колне


775 да му даде сигурен доказ, кој му е татко.
Дали од молбите Фаетонови ил, пак, од срдба
зарад навредата трогната беше Климена, па тогаш
раце кон небото пружи, в сонцето сјајно гледајќи
рече: „Се колнам во овие блескави зраци, о, сине,
780 в оваа светлина, нас што нè слуша и што нè гледа,
син на Сонцето си, што го гледаш, што светот го реди.
Ако зборувам лага, нека не го видам веќе,
нека последен биде зраков што сега го гледам;
тешко да видиш Пенати на татка ти не ќе ти биде,
785 домот, од кај што се раѓа е близу до нашата земја;
желба сал ако имаш, ти појди и прашај го него“.
Фаетон скокна од радост, штом мајка му ова го рече,
с мисли ги опфати веднаш небесата над него вишни.
Родната Етиопија, Индија, што е под огној
790 сончеви бргу ги мина и стигна до изгревот татков.
32 Публиј Овидиј Насон

ВТОРО ПЕЕЊЕ

Вишните Сончеви дворци на високи стоеја столбој,


сјајни од блескаво злато и пироп1, што гори ко пламен,
врвот на покривот с блескотен филдиш обложен беше,
вратите двокрилни фрлаа зраци од сјајното сребро.
5 Делото сепак ја надминуваше граѓата красна;
Мулкифер2 таму изрезба море, што земјата цела
ја окружува, земниот круг и над него – небо.
Сини бози во водата има: Тритон3 е трубач,
променливиот Протеј4, Егеон5, којшто со раце
10 свои за плеќи од китој се држи; Дорида6 е тука
с ќерките свои, од кои едните пливаат в море
други – на брегот ги сушат косите зелени свои,
некои јавнале риби; на лика еднакви не се,
но не се многу ни различни, ко што и личи за сестри.
15 Земјата луѓе и градови има и шуми и ѕверој,
има и реки и нимфи и различни божества шумски,
над нив насликан лик е на сјајните небеса горе;
шест знака има на вратите десно, толку и лево.
Кога синот Клименин7 по патека нагорна појде,
20 стигна и влезе во домот на татка си, в сомнеж за него;
веднаш го впери тој погледот свој во татковото лице;
застана далеку; не може тој да го поднесе сјајот.
Фојб, пак, седеше облечен в порфирна одежда сиот
на својот престол, кој блеска силно од смарагди сјајни;
25 Денот, Годината Месецот лево и десно му стојат,
1
Пироп е грчко име за смеса на бакар со злато.
2
Мулкифер е епитет на Вулкан (Хефајст), богот на ковачите.
3
Тритон е пониско морско божество, син на Нептун и нимфата Амфитрита; има тело
на човек, покриено со пурпурни школки и опаш на делфин; во раката носи трозабец.
4
Протеј е морски бог, кој ја знае иднината и може да си го менува ликот кога ќе посака.
5
Егеон е еден од трите стораки џинови кои, како и морските богови, јаваат на морски
чудовишта.
6
Дорида е ќерка на Океан, а жена на морскиот бог Нереј, со кого изродила педесет
ќерки – Нереиди, меѓу кои и Тетида, мајката на Ахил и Амфитрита, жената на Посејдон.
7
Климена е миленичка на богот-Сонце, мајка на Фаетон.
Метаморфози 33

векови, часови, распределени еднакво сите.


Младата Пролет стоеше, с венец од цвеќиња разни,
Летото стои голо, со класје врзани в снопје;
Есента стоеше, сета изгнасена с гмечено грозје,
30 мразната Зима е тука со бели, замрсени коси.
Среде нив Сонцето седи и с очи севидливи виде
младичот како се плаши и рече: „Што дојде тука?
Што бараш в дворецов, сине, Фаетоне? Веднаш те познав“.
Овој му рече: „Светлост на светов бесконечен општа,
35 Фојбе, мој татко, ако ми допуштиш така да кажам;
ако Климена8 с лик лажен гревот свој не си го скрива,
знак дај ми, татко, да поверуваат дека сум син твој,
и мојот сомнеж оттргни го сега од мојата душа“.
Рече, а таткото зраците сјајни од глава ги симна,
40 и му заповеда да му пристапи поблизу нему;
в преград го зеде и рече: „Ти не си недостоен, сине,
да не те признаам. Право Климена ти кажала чиј си.
Сомнеж да немаш, ти побарај од мене дар, каков сакаш,
јас ќе ти дадам; за ова нек сведочи барата Стишка,
45 за мене с очи невидлива, в којашто бози се колнат!“
Штом овој молкна, ја побара колата таткова синот,
еден ден сал да управува со крилонозите коњи.
Таткото веднаш се покаја за ветувањето свое,
три, четири пати кимна со сјајната глава и рече:
50 „Мојот непромислен збор сега тебе право ти дава.
Премногу бараш Фаетоне, дете си, сили ти немаш;
смртник си ти, а не е за смртник, она што бараш;
уште и в својата неукост стремиш кон нешто што ниту
бозите вишни не можат да го постигнат лесно;
55 секој ќе треба да бара за него долично што е.
Не може никој, сем мене да стои на огнена кола,
не може дури ни оној што владее с ширниот Олимп,
тој што с жестоката десница фрла стравотни ровји
колава да ја вози; а посилен кој е од него?
60 Стрмен е патот што коњите наутро свежи го врват,
превалот е на врв небо; оттаму често и мене
8
Климена била мажена за етиопскиот крал Меропс, а Фаетона го родила од Сонцето.
34 Публиј Овидиј Насон

самиот уплав ме обзема море и земја да гледам,


срце ми трепери поради стравот и ужасот силен;
удолен патот на крајот е; сигурно возење треба;
65 Тогаш дур и Тетида, што в своите ме прифаќа браној
стравува да не се урнам и да не паднам во бездна.
Мисли и дека се врти непрестајно небото сето,
вишните ѕвезди ги влече и в кругови брзи се вие.
Јас, пак, се опирам и го одбегнувам вртежот силен,
70 отпор давајќи; јас успевам в она што не можат други.
Замисли, кола да имаш, дали ќе можеш со неа
наспроти полот да возиш, без да те повлечат тие?
Можеби мислиш, на бозите таму лагој и градој
има и богати храмој со дарови преполни сегде?
75 Тој пат те води низ замки и облици разни на ѕверој9.
Дур и по патот да возиш, да не скршнеш нигде од него,
сепак ќе треба да минеш низ оние рогој на бикот,
низ Хемонските10 лаци и алчната рилка на Лавот;
и крај Скорпијата, пипките којашто в долг круг ги вие,
80 и покрај Ракот, кој инаку пипките свои ги пружа11.
Тешко ќе биде да ги управуваш смелите коњи,
оган што в градите носат и пламен од ноздри им вее.
Одвај и јас ги кротам, штом бес им се распали в гради,
и кога шијата нивна од узди се отима гневно.
85 Чувај се, синко, не сакам виновник клет јас да бидам
за таков гибелен дар; откажи се, дури е време.
Сигурен побара знак, плашејќи се, еве ти давам,
и со татковски страв ти потврдувам – мое си чедо.
О, да би можел во моето срце да погледнеш сега
90 и да ја видиш внатре мојата татковска грижа!
Погледни околу, светот е богат; од богатства безброј
земни и небесни, побарај нешто – сè ќе ти дадам.
Едно те молам, откажи се, казна е тоа што бараш,
казна е тоа, Фаетоне, не е ни дар ниту почест.
95 Будалче, што ме прегрнуваш сега со милните раце?
9
Во древноста се сметало дека ѕвездините јата имаат облик на ѕверови.
10
Старото име на Тесалија било Хемонија.
11
Кога скорпијата ќе го фати пленот, таа му ги става пипките околу плеќите за да го
усмрти; спротивно на тоа, ракот само напред ги испружа пипките.
Метаморфози 35

Сигурен биди, што бараш, ќе имаш, се заколнав нели


в Стишките браној, но побарај од мене поумно нешто“.
Фојб го опомена синот, но одбива овој да слуша,
она, што побара, сака, за колата гори од желба;
100 најсетне таткото клет, двоумејќи се синот го води
кај високата кола, дарот од мајсторот Вулкан12.
Оската златна и рудата нејзина беше од злато;
на тркалата златни наплати, сребрени спици;
топази има на јаремот, камења бесцени други,
105 чијшто блесок се крши од сјајните Фојбови зраци.
Дури храбриот Фаетон ваквото чудо го гледа,
будната Зора од румен исток отвора врати,
отвора одаи, преполни сегде со прекрасни рози;
ѕвездите се разбегаа; нивните јата ги гони
110 Деница; последна таа небесна напушта стража.
Штом ја забележа Титан кон земјата како се стреми
и кај руменее светот, на месецот гаснат рогојте,
коњите да ги впрегнат на Хорите13 заповед даде;
брзите божици, оган блуејќи, извршија веднаш;
115 ги изведоа коњите од високите јасли,
од амброзија сити14; им ставија ѕвонливи узди.
Фојб тогаш с волшебен лек на синот лице му допре,
за да ги поднесе лесно оние пламења лути;
потем зраци му стави на глава, со претчувство лошо
120 в неспокојното срце, па с воздишка вака му рече:
„Ако можеш, послушај ги сега советите мои:
штеди го остенот, узди не испуштај, држи ги цврсто,
коњите сами ќе летаат, не ќе ги здржиш со сила;
немој да одиш по патот со петте исправени лаци15;
125 накосо пресека има, со широка кривина долга,
низ трите појаси води, од јужниот пол таа клони
12
Римски бог на огнот, ковачката вештина и занаетчиството; син на Јупитер и на Јунона;
грд и куц, ја имал за сопруга најубавата божица Венера.
13
Хорае – часовите.
14
Коњите на Сонцето се хранат како и бесмртниците со амброзија и нектар.
15
Тоа се петте вертикални појаси на небесниот свод, под коишто лежат исто толку, но
смалени, појаси на земјата. Патот на Сонцето водел косо, низ врелиот појас, допирал
до краевите на јужниот и северниот умерен појас, првиот, во ѕвезденото јато Јарец, а
вториот во јатото Рак.
36 Публиј Овидиј Насон

и од Мечката16, која се наоѓа горе на север.


Вози по тој пат! Од тркала траги јасни ќе видиш.
И за да има на земја и небо топлина иста
130 не вози премногу долу, ни в највисокиот етер.
Ако повисоко возиш ќе запалиш небесни дворци,
ако, пак, подолу – земја; најбезбеден ќе си по среде“.
Не врти многу на десно, кон Змејот17 извиен што е
ни многу лево кон Олтарот, којшто се наоѓа долу;
135 вози меѓу нив! На судбата сè друго препуштам сега,
таа нек помага, поарно нека се грижи за тебе.
Дур ти го зборувам ова, ноќта влажна го допре
работ на брегот Хеспериски18; нема одлагање веќе.
Сјајната Зора ги растера, еве, темнините ноќни;
140 уздите земи ги в раце; но ако накана смени
ко што ти совети давав – колата да не ја возиш,
дур уште можеш и стоиш овде, на цврстава земја,
в колата дур не си седнал уште, посакана в зол час,
безбедно гледај и пушти ме мене да огреам земја.
145 Фаетон с младешка снага се качи на лесната кола,
стои и весело уздите дадени в раце ги држи
и со благодарност гледа кон својот безволен татко.
Коњите Сончеви крилати Пироент, Ајој и Ајтон
и четвртиот Флегон19 од ноздри испуштија пламен
150 в етерот и со нозете брзи в оградата бијат.
Не знаејќи за судбата тогаш на внукот, Тетида20,
колата таа ја турна в бескрајниот небесен простор;
патот го фатија тие бргу низ небото ширно,
лесни со крилјата облаци сечат, на пат што им стојат;
155 го превтасаа Еур, што в овие места се раѓа.
Лесен товарот беше и не го познаваа него
коњите Сончеви; јаремот немаше предишна тежест.

16
Мечката е всушност ѕвезденото јато „Голема Мечка“.
17
Ѕвезденото јато Змеј е на север, меѓу Големата и Малата Мечка, а Олтарот е најјужното
ѕвездено јато, близу до јатото Скорпија.
18
Т.е. на брегот на Западниот Океан, каде што се сметало дека е крајот на земјата, па кога
Ноќта, бегајќи пред Зората, ќе дојде до таа граница, се нурнува во морето.
19
Имињата на сите четири коња, впрегнати во Сончевата кола, означуваат светлина или оган.
20
Тетида е ќерка на Нереј и Дорида, мајка на Ахил; највидна од нереидите.
Метаморфози 37

Како што кривите лаѓи без товар над браној се клатат,


и од преголема леснина везден по морето скитаат,
160 колата така, без својот товар низ небото скока,
високо в небото лета, слична на кола без товар.
Веднаш штом ова го сетија јурнаа коњите бесно
и го напуштија просторот низ којшто трчаа преѓе.
Овој21 се престраши; не знае уздите тој да ги здржи,
165 ни кај е патот, па и да знае, не може, кутар,
с уздите да ги управува коњите Сончеви брзи.
Тогаш првин се стоплија мразните Мечкини јата,22
напразно се устремија кон забранетото море;
Тогаш и Змејот, до полот мразен што најблизу стои
140 здрвен од студот, кој никому пред тоа страв не му влеа,
сега се стопли, од жегата нова го обзеде срдба.
Велат, Бооте23, тогаш и ти си избегал збунет
иако бавен си везден и твојата кола ти пречи.
Кога ја виде од врвот на небото земјата долу
145 длабоко, длабоко, кутриот Фаетон пребледе веднаш,
му се стресоа тогаш колената младешки кревки,
мрак му падна на очи и покрај светлината сјајна;
посака да не ги побара брзите таткови коњи,
зажали што го запозна родот и измоли доказ;
180 велат дека Меропсов син да е, посакал тогаш.
Колата лета ко лаѓа од брзиот гонета Бореј,
крмарот испуштил узди, на бозите препуштил судба.
А што да прави? Зад грб од небото оставил многу,
пред себе повеќе гледа, па мери и едно и друго;
185 гледа на запад, судено не му е таму да стигне,
гледа потем на исток; што да прави, не знае кутар
уздите ни да ги пушти, ни да ги додржи може,
а ни на коњите не им ги знае имињата дури.
Гледа распрснати сегде низ небото чудеса безброј,

21
Т.е. Фаетон
22
Т.е. Големата и Малата Мечка; соѕвездието Голема Мечка се состои од седум ѕвезди,
распоредени како кола и затоа тоа се наречува уште „Небесна кола“.
23
Боот е ѕвездено јато што се наоѓа близу до Големата Мечка; така е наречено зашто
се сметало дека тоа е терач на волови, впрегнати во Небесната Кола; Боот заоѓа многу
бавно, дури доцна во ноќта.
38 Публиј Овидиј Насон

190 престрашен гледа на огромни ѕверови образи разни.


Има на небото место, Скорпијата кај што ги свива,
пипките во два лака, па свиени с долгиот опаш
нив ги протега в просторот што е на други два знака24;
штом ја виде момчето црн кај што испушта отров,
195 и се заканува да го боцне со кривото жило,
изгуби разум од мразен ужас и испушти узди.
Пипките штом го допреа грбот на брзите коњи,
тие застранија веднаш, а немаше кој да ги запре,
појдоа тогаш низ небото, в незнајни предели за нив
200 таму, кај бесот ги гони, без ред налетуваат силно
в ѕвездите, што се приковани под високиот етер;
колата јури низ беспаќа; час ќе се вивне кон врвот,
час ќе се урне кон простор, до земјата сосема близок;
Луна25 се чуди што коњите братови подолу јурат
205 од нејзините, уште и пламени облаци вијат;
пламен ја обзеде земјата на највисоките места,
сета се исуши, распука, влагата нејна ја снема;
белеат пасишта, дрвјето с гранките зелени гори,
сува е нивата с класје, што за неа гибел е права;
210 Малку е ова; градови големи одат во пропаст:
горат Атос, Таур Киликиски, Тмолос и Ојта,
пресушената Ида, полна со извори преѓе;
сè уште не гори Хеликон девствен26 ни Хајмос Еагров27;
гори со огној од обете страни огромната Етна,
215 Парнас двоглавиот28, Ерик и Кинтос, гори и Отриј,
најсетне без својте снегој ќе остане бела Родопа,
горат Диндима, Микала, за празненства Китерон роден29;
Скитија не ја спасува студот; гори и Кавказ,
Оса со Пинд и Олимп од обете повисок што е,

24
Соѕвездието Скорпија заземало двапати повеќе простор од секое друго соѕвездие;
подоцна, пипките на Скорпијата се сметале за посебно соѕвездие – Терезија.
25
Луна е божица на месечината, поистоветувана со Дијана, која со двопрежна кола во
помал круг ја обиколува земјата одошто брат й Феб Аполон.
26
Хеликон го има епитетот „девствен“, зашто тој е седиште на Музите.
27
Еагар е крал на Тракија, татко на митскиот пејач Орфеј.
28
На Парнас свештени биле особено два врва, меѓу кои извирала Касталија.
29
На Китерон од дамнина се славеле празненствата на богот Бакх.
Метаморфози 39

220 Алпите воздушни, облаконосецот Апенин горат30.


Фаетон гледа дека од сегде е запален светот,
не може самиот тој да поднесе толкава жега,
воздух зажарен дише како од длабока печка,
гледа кај се усвитела дур и неговата кола;
225 не може да ги поднесе пепелот, искрите бројни;
гледа од сегде е обвиен сиот со чадови врели,
покриен с леплива магла, ни кај е, ни кај оди знае,
кај што ќе сакаат, таму го носат крилатите коњи.
Има верување дека на Етиопјанците тогаш,
230 крв им се кренала в глава и црна добиле боја;
влагата сосема исчезна в земјата Либиска сета
и таа пустина стана; нимфи растурија коси,
плачеа по изворите и езерата бистри;
жали за Дирка31 Беотија, Арг жали за Амимона32,
235 Ефира33 за Пирена; од огнот безбедни не се
ниту водите, кои далечни имаат брегој:
Танаис реката34 дими по среде, и старецот Пенеј;
и Тевтранискиот Кајк35 и брзиот Исмен се дими
со Фегијскиот Еримант36; Ксант исто повторно гори37,
240 синиот Ликорм, Меандар со својте кривулести браној38,
Мелан Мигдониски, исто и тајнарска гори Еврота.
Бабилонскиот Еуфрат гори, уште и Оронт,
30
Сакајќи да покаже дека пожарот го зафатил сиот свет, поетот без ред ги набројува
планините; Атос е во Македонија, Таур во Киликија, Тмолос во Лидија, Ајта во Тесалија,
Ида во Фригија, источно од Троја, Хајм во Тракија, Хеликон во Беотија, Етна на Сицилија,
Парнас во Фокида, Родопа во Тракија, Ерик на Сицилија, Мимант во малоазиска Јонија
кај Колофон, Кинтос на Делос, Китерон на границата помеѓу Беотија, Мегарида и Ати-
ка, јужно од Теба, Отриј во Тесалија, Микала во малоазиска Јонија, наспроти островот
Самос, Дидим во Фригија, Кавказ во Скитија, Оса, Пинд и Олимп во Тесалија, Апенин
и Алпите во Италија.
31
Дирка е извор во Беотија.
32
Амимона е извор и река во Арголида.
33
Ефира е старото име за Коринт, во кој се наоѓал изворот на музите Пирена.
34
Танаис (ден. Дон), река во Сарматија.
35
Реката Кајк извира во земјата Тевтранија, која името го добила од митскиот крал Тевтрант.
36
Фегија бил град во Аркадија, кој подоцна се нарекувал Псофида.
37
Ксант (Скамандар) прв пат горел кога богот Хефајст, по заповед на Хера, со оган ја спре-
чил реката да не го потопи Ахила, зашто реката се налутила на јунакот, кој со безбројните
трупови од убиените Тројанци ја спречувал да се влее во морето (Илијада, Рапсодија 21).
38
Меандар извира во Фригија, па кривулесто тече низ Карија и Јонија.
40 Публиј Овидиј Насон

брзиот Термодон, Ганг и Фасис; гори и Истар.


Врие и Алфеј, и на Сперхеј бреговите горат,
245 тече стопеното злато, што реката Тагос го носи39;
речните птици, што с чудесни песни носеа радост
на Мајонските брегој, сега вријат сред Кајстар40
Престрашениот Нил пак бега до крајот на светот,
изворот свој тој го крие до денес41; утоките седум,
250 долини седум без реката в прав се претворија тогаш.
Истата судба ги снајде Исмарските Хебар и Стримон42,
уште и Хеспериските реки Рен, Пад и Родан,
Тибар, кому што ветена беше власта над светот.43
Сета се распука земја, низ дупките продре до Тартар,
255 денот го престраши кралот и жена му под земја што се44;
море се собра и стана поле од исушен песок,
она што море беше, и с вода покриени брда,
кренаа врвој, Кикладите побројни станаа уште45;
риби кон дното се стремат, над вода да скокнат ко преѓе
260 немаат смелост делфините, ко што навикнати беа;
мртвите тела на фоките, на грб превртени лежат
на површината морска; а велат дека и Нереј
с ќерките и со Дорида се скрил во пештерите топли46;
Три пати Нептун се обиде рацете, лицето мрачно
265 да ги крене над вода, од пареа врела триж бега.
39
Реката Тагос во Хиспанија уште во древноста била позната по златниот песок што
го носела.
40
Реката Кајстар била позната по лебедите што пливале во неа. Мајонија е старото име
на Лидија; затоа поетот вели „Мајониски брегој“.
41
Во древноста не се знаело каде се наоѓал изворот на Нил.
42
Хебар и Стримон се нарекуваат „Исмарски“ според планината Исмар во Тракија.
43
Поетот и реките ги набројува без некаков ред, сакајќи да покаже дека жегата ја
опфатила сета земја и дека пресушиле сите реки; Дирка е извор во Беотија, Амимона
во Арг, Пирена во Коринт, која уште се наречува Ефира. Реката Танаис е денешен Дон,
Кајк е река во Мисија, Пенеј во Тесалија, Еримант во Аркадија, Исмен кај Теба во Бео-
тија, Ксант(ос) кај Троја, Меандар во западна Мала Азија, Ликорм во Ајтолија, Мелан
во Тракија, Еврот во Лакедајмон кај Спарта, Оронт во Сирија, Еуфрат во Бабилонија,
Термодонт во Кападокија, Фасис во Колхида, Ганг во Индија, Истар (Дунав) во Скитија,
Алфеј во Аркадија и Елида, Сперхеј во Тесалија, Тагос во Хиспанија, Кајстар во Ефес
во Мала Азија, Нил во Египет, Хебар и Стримон во Тракија, Рен (Рајна) во Германија,
Пад (По) и Тибар во Италија, Родан (Рона) во Галија.
44
Плутон (Хад) и Персефона.
45
Кикладите се острови расфрлени во круг околу светиот остров Делос.
46
Студените пештери на Нереј и Дорида и на нивните 50 ќерки, од врелината станале топли.
Метаморфози 41

Но плодородната земја, окружена сегде со море,


помеѓу морските води и извори, збрани од сегде,
в мрачната утроба мајчина кои создадени беа,
сета исушена дури до вратот, с покриено лице,
270 стави рака на челото свое, па с огромен тресок
раздрма сè, се слегна, се смали и пониска стана,
одошто беше, потем со свештен глас прозбори вака:
„Ова ли сакаш, ова ли заслужив, највишен Боже!
Каде се твоите огнени стрели? Ако ли треба
275 сега да гинам од огнена стихија, бескрајно силна,
полесно ќе е за мене од твојот да загинам оган!
Одвај отворам уста и вакви искажувам зборој“.
(пареа уста й притисна) „Гледај ги косиве суви,
вреливе пеплишта в очите мои и жарој во уста!
280 Тоа ли награда е и почест за плодноста моја,
должноста секоја година што си ја вршам јас чесно
рани од мотика и од витото рало што носам,
лисје за добиток, храна и плодови слатки што давам
за човечкиот род, а за вас, бозите – темјан?
285 Јас дур и пропаст да заслужив, брат ти што грев ти сторил?
Зошто се смалува морето, с жреб што му припадна нему47
и од високиот етер се оддалечува толку?
Ако за мене и братот твој милост ти никаква немаш,
милост ти имај кон твоето небо; погледни само
290 обата пола се в пламен; огнот ако ги сотре,
дворците ваши ќе паднат! Еве и Атлас48 со мака
одвај на плеќите свои вжештеното небо го држи!
Ако пропадне море и земја и небесни дворци,
сè ќе се смеша ко в стариот хаос; спаси од огнот,
295 она што остана; мисли сега на спасот на светот!“
Земјата ова го рече; да поднесе не може веќе
пареа врела, ниту да зборува уште и сврте
лице кон оние пештери, што се до Маните49 близу.
Тогаш семоќниот татко пред бозите потврди сите,
47
Браќата Јупитер, Нептун и Плутон, со жрепка ја поделиле меѓу себе власта над светот;
според тоа, Нептун има право да се лути што неговото владеење се намалува.
48
Атлас е син на титанот Јапет, брат на Прометеј; тој со плеќите го потпира небесниот свод.
49
Мани се душите на умрените; т.е. подземниот свет.
42 Публиј Овидиј Насон

300 и пред оној што колата беше ја дал, дека ако


сега не помогне, судбински сè ќе се сотре на светот;
Потем кон врвот од небото вишно се упати гневен,
од кај што облаци пушта над ширните простори земни,
од кај што громови праќа и фрла треперливи молњи.
305 Тогаш немаше облак над земја што може да прати,
ниту, пак, имаше дождој од небо да растури силни;
грмна, од десното уво насочи трепетна ровја
што на возачот кутар му зеде и кола и душа
па со пламени лути тој бргу го изгасна огнот.
310 Престрашените коњи на спротивни скокнаа страни,
фрлија јарем од шија и раскинатите узди;
ремени овде, откината оска од рудата онде
лежат; тука, пак, спици од тркала скршени веќе;
ширум расфрлени лежат од колата делови сегде.
315 Фаетон с коси од пламенот лиси стрмоглаво паѓа;
носен в големиот простор низ воздухот; така се чини
иако не паѓа, ѕвезда ко од ведро небо да паѓа.
Далеку од роден дом, на спротивна страна од светот
Еридан Велик50 го прими, исчадено лице му изми.
320 Хеспериските нимфи51 во гроб го положија тогаш
с трикратен плам запаленото тело и ставија натпис:
„Овде е погребан Фаетон, возач на таткова кола,
тој не ја додржа неа и падна од голема храброст“.
Кутриот татко од голема жалост си завитка лице,
325 па ако верба в приказната имаме, еден ден тогаш,
велат, минал без сонце, од пожарот имало само
некаква светлина, таква од злото сал имало полза.
А, пак, Климена, откако кажа, што в несреќи такви
треба секој да каже, од жалба изгуби разум
330 раскина руба на гради, по светот почна да скита,
првин го бара телото, потем коските само;
коските таа ги најде на туѓи погребани брегој;
50
За Еридан се сметало дека е најдалечната река во западна Европа; подоцна била по-
истоветувана со Пад (По) и Родан (Рона); татковина на Фаетон е Етиопија во Африка.
51
Според други преданија, Фаетона го погребале неговите сестри Хелијади. Но Овидиј
знае дека тие, наоѓајќи се на исток, не можеле веднаш да се најдат на далечниот запад,
па затоа тоа им го препушта на нимфите Хеспериски.
Метаморфози 43

легна над гробот, на мраморот име му прочита свидно,


пролеа горешти солзи, го згреа с откриени гради.
335 Хелијадите исто пролеаја солзи – на смртта
напразен дар; од жал со дланки се биеја в гради,
Фаетон не ќе ги слушне нивните злосреќни жалби,
дење и ноќе над гробот братов лежат плачејќи;
Месецот четврти пат во круг ги сврза рогојте
340 според обичајот свој, (а навиката обичај бива),
тие тагуваа уште; најстарата од нив Фајтуса,
посака да се спружи на земја, се пожали тогаш
дека й се скочаниле нозе; Лампетија сјајна52
посака да й пријде, но ненадно корен ја спречи.
345 Третата кога посака с раце да искубе коси,
кинеше лисја; болка ја стегна што нозете нејни
пен й ги врза, а рацете долги станаа гранки;
дури се чудат на ова, кора им обвива тела,
обвива утроба цела, гради, плеќи и раце,
350 остана устата само, мајка си да ја повикаат.
Што може мајката, освен што мајчински порив ја гони;
трча час овде, час онде, дур може, ги бакнува трите!
Таа се бори од стеблата телата да им ги стргне53,
с раце ги кине кревките гранки, но оттаму течат
355 крвави капки, како да капат од некоја рана.
„Немој, те молиме, мајко“, ранетите викаат ќерки;
„Немој, те молиме, мајко! Со дрвото тело ни кинеш;
остани здраво!“ последните зборој ги задуши кора.
Солзи од кората течат, ги стврднува сонцето сјајно
360 така од младите гранки капејќи, ги претвора в јантар,
в бистра што капнува река и латински жени го носат.
Сето ова го виде, на Стенела54 рожбата, Кигнос,
тој тебе рода ти беше по крвна мајчина врска,

52
Овидиј ни ги кажува имињата само на двете Хелијади; според преданието, третата Хе-
лијада се викала Егла; имињата на сите означуваат светлина, што впрочем е и разбирливо
зашто се ќерки на Сонцето.
53
Хелијадите се претвориле во црни тополи.
54
Стенел бил крал на Лигурија, а вака се нарекувал морскиот брег од Пад до Масилија;
Стенела го наследил неговиот син Кигнос. Овидиј во „Метаморфозите“ спомнува уште
два Кигноси кои се претвориле во лебеди; еден во седмото, а друг во дванаесеттото пеење.
44 Публиј Овидиј Насон

поблизок уште ти беше, Фаетоне, тебе по душа;


365 (владетел на Лигурскиот народ и големи градој).
Кралството свое го напушти тогаш; зелените брегој
реката Еридан, шумата, в која и сестрите беа
с жалба ги исполни тој, кога одеднаш глас му се стенчи,
косата в бело се претвори перје, се издолжи вратот;
370 прстите црвени с ципа се сврзаа; градите машки
крилја ги покрија; устата в тап клун се претвори тогаш;
Кигнос во нова се претвори птица; но верба тој нема
ниту во Јупитер, ниту на небото; памети уште
како неправедно оган на земјата испратен беше;
375 бара мочуришта, езера ширни; мразејќи го огнот
станиште бара во води, на огнот што врагови му се.
Таткото Фаетонов во траур се облече сиот,
без својот блесок, таков, ко кога го смрачува светот;
светлина мрази, го мрази и денот и самиот себе;
380 препушти душа на болка, од жалоста срдба се роди;
не сака веќе да служи на светот; „Доста е“, вели,
„судбата моја од искона мир нема; не сакам веќе
добрини без крај да правам и напор за кој почест нема!
Друг некој колата, светлост што носи, нека ја вози!
385 Ако не се најде никој и сите признаат бози
дека не го можат тоа, Јупитер нека ја вози,
тој нек ги држи моите узди, нек остави ровји,
с коишто на татковците знае да одзема рожби!
Штом ќе ја испита силата на огненозите коњи,
390 тогаш ќе знае дека не заслужи таква смрт оној,
којшто не знаеше, кутар, да ги управува добро“.
Така тој рече, а околу Сонцето бозите сите
стоеја, молеа покорно да не го замрачи светот;
Јупитер сам дур се извини за исфрлените ровји,
395 молеше прошка, но сепак и закана додаде кралска.
Фојб со болка и гнев ги потера коњите с камшик,
гневно им префрла ним за сè што се случи на син му.
Јупитер ги обиколи моќните небесни ѕидој:
разгледа дал не се урнало нешто од силниот оган.
400 Виде, негибнато сè е, кон земјата погледна тогаш,
и кон маките човечки; нему Аркадската земја
Метаморфози 45

грижа најголема му е; извори обнови бистри,


реки, што немаат смелост да течат, на земјата трева,
лисје на стеблата врати, изгорени оживе шуми.
405 Така дур одеше често, Нонакријка нимфа55 го срети,
коските негови оган од неа ги обзеде силен.
Не беше работа нејзина мека волна да преде,
ни да суредува смрсени коси; рубата с игла,
коси растурени со бела трака врзуваше само;
410 в раката држеше час лесно копје, или лак тежок;
друшка й беше на Феба; во Мајнал56 најмила таа
беше на Тривија 57; но тоа сепак не траеше долго.
Еднаш, кога сонцето вишно до зенитот стигна,
влезе таа во лаг, што никогаш не беше кастрен;
415 тулец од плеќите симна, го отпушти лакот свој опнат
и на земјата легна, покриена сета со трева,
главата своја ја потпре на ишарениот тулец.
Јупитер штом ја здогледа морна, уште без чувар,
рече: „За ова неверство жена ми нема да знае,
420 па и да дознае, чини кавга за ова да има“.
Веднаш ликот Дијанин и облека нејзина зеде,
па потем рече: „О, ти, што една од моите си друшки,
в кои ловеше сртој?“ Од грмушка момата стана;
рече: „Божице, здраво, од Јупитер повишна што си;
425 така јас мислам, а може и самиот тој да го слушне“.
Весело тој се смешка, претпочитан што е пред себе,
с бакнежи страсни ја обли, што не личи мома да дава.
В која ловела шума се готвеше таа да каже,
тој пак ја спречи со преград, на гревот се предаде сосем.
430 Таа отпор му дава, колку ко жена што може;
(О да го видеше ова, Сатурнијо, блага ќе беше!)
Таа се брани, но која мома би можела сама,
Јупитер да го совлада; тој, пак, ко победник силен
горе на небо се враќа; таа го замрази лагот,
55
Тоа била нимфата Калиста, чијшто гроб бил покажуван во Аркадија.
56
Мајнал е брдо во Аркадија.
57
Тривија е божицата Хеката, волшебница, која стои на распаќето; но бидејќи таа ноќе
чара, била поистоветувана со Дијана, божицата на Месечината; овде епитетот „Тривија“
се однесува на Дијана.
46 Публиј Овидиј Насон

435 шумата, сведок што беше; оттаму заминувајќи


полниот тулец со стрели заборави да си го земе
и лакот нејзин, што обесен беше на блиското дрво.
Еве кај иде Диктина58 со своите другарки верни
преку високиот Мајнал, горда на уловот богат;
440 неа ја виде, ја повика; оваа избега веднаш,
првин исплашена Јупитер да не се крие и в неа;
потем, штом виде кај со неа одат и другите нимфи,
знаеше, измама нема; се придружи в нивната дружба.
Ај, колку тешко е лицето да не го открие гревот!
445 Одвај поглед од земјата крева, ко порано не е
до божицата, ниту е прва во орото нивно;
молчи, румена сета – знак за изгубено девство.
Можеше с илјада знаци грев да сети Дијана,
велат дека и нимфите исто го можеле тоа.
450 Деветти пат веќе месецот обнови рогови свои,
кога божицата, морна од ловот и братова жега,
студен лаг најде, од каде што с жубор се спушташе поток,
кој, пак, течејќи го превртуваше ситниот песок.
Таа го пофали местото, водата с нозе ја допре;
455 неа ја пофали исто и рече: „Наблизу нема
никој; да се искапеме голи, ајде, нек тече
вода по нашите тела“. Парисија59 веднаш се вцрви;
руба соблекоа сите, сал таа уште се бави;
но ја соблекоа иако таа им даваше отпор.
460 Така соблечена, голото тело го покажа гревот.
Збунета нејзе, дур с рацете сакаше снага да скрие,
Кинтија60 тогаш й рече: „Далеку бегај оттука,
немој со својот грев овој свет извор ти да го скверниш!“
Тогаш Дијана ја отстрани неа од својата дружба.
465 Жената на Громовникот велик го знаеше ова,
казната тешка ја одложи сепак за погодно време.
Но веќе немаше време; се роди момчето Аркад
од наложницата (ова й зададе бол на Јунона).
С поглед, исполнет с гнев тогаш таа се сврте кон неа:
58
Диктина е епитет на Дијана, зашто со мрежи лови ѕверови.
59
Аркадката – т.е. нимфата Калиста.
60
Кинтија – епитет на Дијана, според брдото Кинт на островот Делос.
Метаморфози 47

470 „Тоа сал требаше, блуднице, сите да разберат сега


плод дека носеше в тебе, сведоштво што е за срамот
мој и на Јупитер; не ќе те одмине казна за ова;
обликот ќе ти го сменам, бесрамнице гнасна, јас веднаш
што ти се допаѓа тебе, на сопругот мој исто така“.
475 Рече, одзади коси й зграби, ја спростре на земја;
оваа молбено протега раце, но с козина црна
тие се покрија, раце се свија, израснаа канџи
наместо нозе да служат; а устата нејзина красна
фалена толку од Богот, во рилка се претвори грда.
480 За да не смекнува срца со молби и молбени зборој,
говорот й го зеде; сал рик заканувачки, гневен,
исполнет с ужас од грло зарипнато може да пушта.
Но й го сочува умот, (зашто ја претвори в мечка),
рикот непрестаен сведок да е за нејзината болка;
485 рацете, такви, ко што се, кон небо и ѕвезди ги крева,
Јупитер е неблагодарен, знае, но не може кутра,
да го искаже тоа. Колку пати немаше смелост
сама в шума да спие; пред домот, в полињата родни
скита понекогаш; често низ спили пците ја гонат
490 с лаеж; пред ловците бега од страв ловџиката вешта!
Често од ѕверој се крие, заборава која е таа;
иако мечка е мечки штом види в планините – бега,
ужас ја фаќа од волци, а татко й може е сред нив.61
Еве го Аркад, рожбата на Ликаонката62 кутра,
495 петнаесетгодишен е, а мајка си не си ја знае;
Еднаш дур ѕверови гони и погодни избира лагој,
па Ериманските шуми ги опаша с плетени мрежи,
мајка си тој ја срети; штом Аркада таа го виде,
застана, ко да го позна; но Аркад се повлече веднаш,
500 не знае зошто втренчено мечката гледа во него.
Таа кон него се ближи, а тој се плаши од неа,
сака копјето остро да й го забоде в гради.
Но семоќниот бог не допушти ваков грев; бргу
двајцата нив со ветер ги грабна, на небо ги вивна,
61
Нимфата Калиста е ќерка на Ликаон, кого што Јупитер го претворил во волк. (Види:
Преобр. Прво пеење).
62
Ликаонка – Калиста, ќерката на Ликаон.
48 Публиј Овидиј Насон

505 ѕвезди ги направи обата, соседни една до друга.


Штом кај сјае сред ѕвезди Јунона ја здогледа неа,
наложницата, веднаш се симна од небото долу
кај Тетида со седите коси и Океанот,
чијашто почит кон бозите дамна позната беше,
510 кога ја прашаа тие, што дошла, вака им рече:
„Зошто дошла од небесни двори кралицата кај вас
прашавте; не јас, а друга на небото кралува сега!
Лажга нек бидам, ако штом ноќта го затемни светот,
таму на почесно место на врвот од небото ѕвезди
515 нови ќе видите, навреда дрска што се за мене;
тие кај крајниот круг на врвот од оската сјаат.
Кој сега нема да посака да ја рани Јунона,
така навредена, кој ќе се плаши сега од мене,
кога во полза одмаздата моја се претвора везден?
520 Што сторив јас!? Зар толку голема моќта е моја,
не сакав човек да биде, а постана божица таа!
Така ли казнувам јас и толкава ли ми е моќта!?
Тој нек й врати преѓешен лик и облик на ѕверка
нека й тргне, ко преѓе што стори со Форонида.63
525 Што не ја прогне Јунона и в мојата постела брачна
што не ја доведе неа, Ликаон тест да му биде?“
Ако ве трогна навредата на питомицата ваша,
вие „Големата мечка“ од сино тргнете ја море,
изгонете ги ѕвездите, коишто на небото стојат
530 како да примиле почест за она прељубништво срамно;
наложницата нека не се капе в чистата вода.
Ветија морските бози; Јунона в кочијата лесна
со пауните шарени в јасното небо се вивна;
шарени беа пауните, откако загина Аргос.
535 Дрдорлив гавране, доскоро и ти сиот бел беше,
наеднаш твоите бели крилја станаа црни.
Оваа птица ко сребро сјаеше с перјето снежно
некогаш; исто ко гулаби бели, без ниедна дамка;
ко што се гуските бели, Капитол што ќе го спасат
540 с гласот свој; ко што е лебедот бел, тој води што љуби.
63
Форонида е Ија; в. Преобр. Прво пеење.
Метаморфози 49

Настрада тој од јазикот, од дрдорливиот јазик


перјето бело што беше, спротивна поприми боја.
Немаше полична од Коронида, Ларисијка64 мома
во Хемонија; дур беше дева, невидена уште,
545 тебе, Делфиски боже, мила ти беше; но еднаш
птицата Фојбова65 насети прељуба; побрза тогаш
неумоливиот гласник да јави на Богот за гревот;
по него летна и дрдорливата врана, па сака
сè да дознае; но кога слушна каде тој тргнал
555 рече: „Голема полза не ќе ти донесе патот;
немој со презир да слушаш, она што ќе ти кажам;
Помисли што бев, што сум, пак, сега, ќе откриеш тогаш
верноста дека е штетна. Божицата еднаш Палада
в исплетен кош од Актајски гранки затвори дете
560 мајка што не го роди, Ерихтониј по име.
Потем го даде на трите деви, ќерки на Кекропс
двотелесниот66, с погодба, тајната да не ја гибнат.
Демнев скриен во лесното лисје од еден брест гранест,
што ќе се случи; двете, верно го пазеа кошот,
565 Херса и Пандроса; Аглавра сал сестрите свои
плашливки ги нарекува; разврза јазли и внатре
видоа дете, а змеј крај него се протегнал страшен67.
Јас на божицата сè й кажав; наместо фалба
велат дека јас немам Минервина заштита веќе
570 и за ноќна ме сметаат птица; мојата казна
поука нек е за птиците, с глас да не бараат беља.
Зар не ме бараше самата таа, јас не ја молев;
прашај ја сам; дур и лута, не ќе го одрече тоа.
В Фокејска земја ме роди кралот славен Коронеј,
575 (познати зборувам нешта); кралска ќерка бев тогаш;
богати просци ме бараа, не презирај ме сега;

64
Ларисијка – од градот Лариса, град во Тесалија, на реката Пенеј; во древноста Тесалија
се нарекувала Хемонија. Коронида е мајката на Асклепиј (Ескулап), бог на медицината.
65
„Птица Фебова“ била гавранот, зашто според неговиот лет и гракање се прорекувала
иднината.
66
Кекропс е митскиот основач на градот Атина; тој постанал од земја и наместо нозе,
имал змии; затоа се наречува „двотелесен“.
67
Божицата Атена ставила во кошот змеј, како чувар на детето.
50 Публиј Овидиј Насон

убоста моја ми наштети; кога чекорев бавно,


ко што обичај имав, по брегот, низ песокот длабок,
морскиот бог68 ме виде, се вљуби; губеше време
580 с напразни молби и ласки; на насилство спремен тој беше.
Избегав тогаш, го напуштив брегот, но напразно, кутра,
в мекиот песок се мачам; повикувам бози и луѓе;
мојот глас не го чу ниеден смртник, сал дева на дева
помош й пружи; кон небото високо протегав раце,
585 рацете почнаа с црни да се покриваат перја;
посакав руба да фрлам од плеќи, но таа перје
стана и корени длабоко пушти во нежната кожа.
Посакав с дланките мои во голи да удирам гради,
но веќе ниту дланки ни гради соголени имам.
590 Потрчав, песокот стапала не ми држи ко преѓе,
туку од земјата летнав и в небото вишно се вивнав,
неосквернета друшка Минервина постанав тогаш.
Каква ли полза од тоа, штом моето почесно место
Никтимена69 го зеде, претворена исто во птица
595 откако гнасен изврши злостор; зар ти не си слушнал,
сиот Лезбос што знае, дека татковото легло
Никтимена го скверни; птица е, свесна за гревот,
бега од поглед и светлост, в темнина срамот го крие
и од целото небо од сите е гонета таа“.
600 Тоа таа го рече, а гавранот вака й кажа:
„Напразно ме предупредуваш сега; јас не се плашам
и ги презирам сите претсказанија празни“.
Тој си го продолжи патот, му раскажа редум на Богот
кај Коронида ја видел да лежи с Хемонското момче70.
605 Штом за престапот слушна вљубениот, лавор му падна,
смени лице и боја и испушти китра71 од раце;
в градите негови тогаш се распламти голема срдба;
оружје зеде, лакот с извиени краеви негов
тогаш го опна и с неодбеглива стрела ги проби
610 градите, коишто често на негови лежеа гради.
68
„Морскиот бог“ – Нереј.
69
Никтимена е ќерка на Никтеј.
70
Според други извори, името на тоа момче било Исхис или Алкионеј.
71
Китра или китара – музички инструмент.
Метаморфози 51

Офна прободена таа, од телото истргна стрела,


црвена крв й се разлеа сегде низ белата снага,
рече: „Можеше, Фојбе, ти да ме казниш, но првин
да се породев; двајца во еден сега ќе умрат.
615 Толку сал кажа; заедно с крвта й истече живот,
а безживотното тело го обли студенило смртно.
Веднаш се покаја Богот за прежестоката казна,
себе се мрази, за она што слушна и срдбата своја;
птицата тој ја мрази, што повод за болка му даде,
620 раката, лакот го мрази и неразумните стрели,
мртвата тој ја грее, се труди с задоцнета помош
судба да победи, лекарски вештини попусто реди.
Но кога залудно сè беше, виде кај клада се готви
и дека телото нејзино в огнови силни ќе гори,
625 тогаш од дното на срцето испушти воздишки силни,
(зашто не им личи на небесниците солзи да ронат),
како што кравата јачи, штом гледа кај секира сјајна
с замав ќе удри од уво во чело на цицалче-теле.
Мириси напразно разлева Фојб, по нејзините гради,
630 в преград ја зеде, неправедно, но ко со право го стори,
в пепел да пропадне семето негово не даде Богот,
туку од мајчина утроба синот го тргна од огнот
в пештера на двотелесниот Хирон72 го однесе веднаш;
гавранот, в надеж за награда вистинска вест што му кажа,
635 веќе не смееше в дружба да биде со белите птици.
Полуѕверот, пак, радосен беше с питомецот негов,
кој е од божески род; со должноста почестен беше;
ќерката, еве, Кентаурова73 стигна, с растурени коси
лиси низ плеќи; ја роди неа нимфа Харикла
640 некогаш покрај песочниот брег на брзата река;
Окироја име й даде; но откако таа
изучи занает татков, не й беше доволно тоа,
туку тајни на судбата да прорекува почна.
Но штом душа й обзеде нејзе пророчки восхит,
72
Кентаурот Хирон бил син на Хронос и нимфата Филира; живеел на планината Пелиј
во Тесалија; бил вешт во лекувањето, па ги поучувал и синовите на боговите и хероите,
меѓу кои и Ахила и Асклепија.
73
Т.е. ќерката на Хирон.
52 Публиј Овидиј Насон

645 пламна од љубов кон богот74, што в срце го носеше таа.


Чедото штом го виде, извика: „Расти ми, момче,
спас ќе му донесеш ти на сиот овој свет ширен,
смртните тела често должници твои ќе бидат,
зашто ќе можеш да им ги враќаш земените души;
650 еднаш против божеската волја ти ќе го сториш
тоа; вториот пат ќе те спречи дедовската молња,
па од бог ќе постанеш само бескрвно тело,
потем бог пак ќе станеш; два пати судба ќе мениш.
Ти, пак, татко мој премил, роден за бесмртност вечна,
655 смрт ќе посакаш, кога твоето рането тело
силно ќе страда од крвта на онаа стравотна змија75;
бозите тогаш ќе допуштат смрт за бесмртник еден,
трите божици нитките ќе ти ги прекинат твои“.76
Но уште нешто од судбата има; воздивна тешко,
660 горешти солзи потекоа тогаш по образот нејзин.
Рече: „Судба ме претекна, не смеам ништо да кажам,
моќта за говор и гласот ми се одземени сега.
Мојата вештина не вреди многу, штом со неа, кутра,
божески навлеков гнев; да не знаев повеќе сакам
665 пророчка вештина ниту во иднина што ќе се случи!
Сè ми се чини дека човечкиот лик јас го губам,
трева да пасам посакувам, в ширно поле да трчам,
в кобила-сродница телото мое се претвора веќе.
Но зошто цела, кога двообличен таткото мој е77?“
670 Така зборуваше таа, а крајот на оваа жалба
веќе неразбирлив беше, зборовите збркани беа;
скоро веќе и не беше говор, ни ’ржење коњско,
туку сличен на кобила глас и наскоро потем
почна да ’ржи и рацете в тревата росна ги нурна.
675 Прстите тогаш се збраа, се сврзаа в копито лесно
ноктите пет, покриени с рожина, долг стана вратот,

74
Феб Аполон
75
Хирона го убил Херкул, погодувајќи го со стрела, чијшто врв бил премачкан со жолч
од Лернејската змија.
76
Парките: Клотхо, Лахесис и Атропос; тие ги предат нитките на животот за секој човек;
кога ќе ги прекинат, човекот умира.
77
Кентаурот Хирон бил полу човек и полу коњ.
Метаморфози 53

устата; најголем дел од рубата нејзина красна


в опаш се претвори; развеаните коси по вратот
грива постанаа в десно; го смени и ликот и гласот,
680 и по новото чудо име й дадоа тогаш.
Напразно, Делфиски боже, со плач бара помош од тебе
синот Филирин; ти не можеш волја да прекршиш моќна
Јупитерова; па дур и да можеше, не беше тука.
Беше в Елида, в Месена78; покриен с пастирска кожа,
685 в левата рака шумска тојага носеше тогаш,
в другата рака свирка со седум нееднакви цевки.
Дури на љубов мислеше, дур се веселеше с свирка,
велат, говедата без чувар в Пилски заскитале полја.
Нив ги виде синот на Атлантидата Маја79
690 вешто ги одвлече и ги сокри во густата шума.
Никој не ја сети кражбата, освен познатиот старец
в селото, кого го викаа Бат в соседството сето.
Чувар тој беше на лагот и тревните пасишта росни,
на богатиот Нелеј80 тој пазеше кобили красни.
695 Од него уплашен, с рака милно го тргна настрана
и нему вака му рече: „Странче, кој било да си,
ако некој те праша дал си ги видел волојве,
одречи, а за да не бидеш сосем без награда вредна,
еве, земи си една јуница бела за возврат“.
700 Даде, а странецот, штом ја прими вака му рече:
„Оди си мирно, за кражбава поскоро камов ќе каже!“
Покажа камен. Синот на Јупитер замина божем,
скоро се врати, па с облик и глас изменети рече:
„Ратае, дали си видел да минале говеда овде;
705 помогни, немој ти кражбата да ја премолчуваш сега!
Бик на дар ќе ти дадам, а со него јуница уште“.
Штом наградата вдвоена беше, старецот рече:
„Под она ридје ќе да се!“ И беа навистина таму.
Внукот на Атлас се насмеа: „Мене на самиот мене,
710 бесрамник, ти ли ме предаваш?“ и кривоклетникот веднаш
кремен го стори, „покажувач“ име сè уште има.
78
Елида и Месена се области на Пелопонез.
79
Син на Маја, ќерката на Атлас (Атлант), бил богот Меркуриј.
80
Нелеј бил господар на месенскиот град Пилос, татко на Нестор.
54 Публиј Овидиј Насон

Каменот така и сега без вина срамот го носи.


Оттаму с крилјата лесни се вивна Меркуриј и летна
над Мунихијските81 полја, Минерва што многу ги љуби;
715 гледа земја и градини околу китниот Ликеј82.
Тој ден, случајно девици-моми по обичај древен
светии чисти носеа на глава в кошници китни
во празничната кула на Палада Атена.
Богот ги виде на враќање, и не го продолжи патот,
720 туку се вртеше над нив летајќи везден во ист круг;
како што брзиот сокол, штом здогледа жртвени дробој
исплашен, зашто толпа служители околу стојат,
в круг се врти и не смее подолу тој да се спушти,
алчен сал с крилјата кружи околу надежта сласна,
725 така Киленецот брз над кулите Актајски лета,
кружи, непрестајно лета во истиот воздушен простор.
Колку што Деница посјајно од сите ѕвезди што свети,
а пак, од тебе посјајно, Денице, златната Феба,
толку од сите девици најлична врвеше Херса,
730 украс на толпата цела и на другарките свои.
Синот на Јупитер од убавината стаписан висна,
пламна ко олово фрлено од Балеарска прачка83;
лета оловото бргу, се загрева тоа во летот,
в облакот поприма огној, што преѓе ги немало в себе.
735 Скршна од патот, напушти небо, кон земјата стреми,
без да се крие; толку веруваше в убоста своја.
Иако личен е тој, да стане поличен сака,
измазни коси, го намести плаштот згодно да виси,
поработ видлив да биде, видливо златото сето,
740 в десната рака стап има, сни што носи и гони,
а на стапалата чисти крилатите чизми му светат.
В едната страна од домот три ширни одаи има
с филдиш украсени сјаен и кора од желка; десно
беше Пандроса, лево Аглавра, а в средната Херса.
745 Прва го виде богот Меркуриј кај иде Аглавра,
81
Мунихија е пристаништето во Атина.
82
Ликеј е вежбалиште што се наоѓало на реката Илис во Атина; основано било од Пи-
систрат, или дури од Перикле; поетот овде го сместува во митско време.
83
Жителите на Балеарските Острови биле прочуени стрелци и фрлачи од прачки.
Метаморфози 55

смело го праша, кој е и зошто тој доаѓа кај нив.


Внукот на Атлас и на Плејона вака й рече:
„Јас заповеди таткови носам по ширното небо,
самиот Јупитер татко е мој; и нема да лажам
750 зошто сум тука; ти само верна на сестра ти биди,
посакај сега тетка на породот мој ти да станеш;
дојдов за Херса; вљубен сум, тебе за помош те молам“.
Таа го погледа с истите очи, неодамна с кои
беше ја видела тајната на златокоса Минерва;
755 за услугата побара грутка голема злато,
но го принуди веднаш да им го напушти домот.
Тогаш Минерва го сврте кон неа остриот поглед,
силно потресена таа испушти воздишка тешка
храбрите гради се стресоа но и Егидата84 на нив;
760 таа си спомни како Аглавра со скверната рака
и покрај зборот даден, тајната сепак ја откри
за синот на богот Лемноски85, роден што беше без мајка;
сега пак мила ќе биде на богот и својата сестра,
богата уште, штом алчно го земе бараното злато.
765 Веднаш божицата појде во домот на Зависта гнасен
скриен длабоко в долот, од сонце и ветрови далеч,
тажен дом, преполн со мртвило студено; никогаш в него
не гори оган, а секогаш в темнина длабока стои.
Штом мажествената девојка стравотна пристигна овде,
770 застана таа пред домот (не личи внатре да влезе)
с врвот од копјето клукна на черчевето; веднаш
трошната врата се отвори; внатре Минерва ја виде
зависта месо од змии кај јаде – за злобата храна.
Штом ја здогледа Зависта, сврте божицата поглед,
775 Таа, пак, бавно се крена од земја, остави бргу
полуизедени тела од змии, па пристапи тромо.
Кога ја виде божицата с оружје красно и става,
воздивна, но ја сокри воздишката, намршти лице.
Бледило лице й облива, телото мршаво сето.
84
Минерва е и божица на војната (dea bellica); на градите таа носи егида, т.е. штитот на
татко й Јупитер.
85
Богот лемноски – Вулкан; се сметало дека тој има станиште на вулканското брдо Мо-
сихло, кое се наоѓало на островот Лемнос.
56 Публиј Овидиј Насон

780 Става исправена нема, а забите сини од гнилост,


зелени гради од жолч, по јазикот разлиен отров;
смеа не познава, освен штом туѓи ќе насети болки;
сон таа нема, од будни е грижи растргана везден;
не й се мили туѓата среќа, гледајќи ја гине,
785 среќата тогаш ја глода и самата себе се глода;
тоа е нејзина казна; иако силно ја мрази,
накратко вака Тритонија тогаш нејзе й рече:
„С отров заразија една од Кекропсовите ќерки;
нужно е тоа; Аглавра се вика“. Сал тоа го рече;
790 побегна веднаш, од земјата тргна забодено копје.
Зависта намршти поглед штом виде кај бега Минерва,
нешто промрморе, жали божицата среќа што има;
стапот го зеде, покриен с трње, па скриена сета
в облаци темни, кај и да мине, сотира сегде
795 полиња цветни, ја пали тревата, високи гранки
кине од зелени дрвја; а пак со здивот свој скверни
народи, градови, домој; најсетне таа ја виде
кулата на Тритонија86, сета расцутена, в раскош
и во величествен спокој; одвај задржа солзи
800 зашто не виде ништо што солзи да намами може.
Откако влезе в одајата на Кекропсовата ќерка,
заповед изврши; с рака натопена в ’рѓа й допре
гради, а с бодливи остри трња й наполни срце,
гибелен отров й вдахна, низ уста црн како смола
805 јад й разлеа среде нејзините дробови бели;
а за да не скита далеку она што причина беше
за ова зло, пред очи ја стави нејзината сестра
и нејзината свадба и богот со прекрасна лика;
се величествено направи; тогаш збесна од болка
810 Кекропсовата ќерка, јадови тајни ја морат;
тревожна ноќе се гризе, тревожна скрби и дење,
отровот гнасен ја топи, ко сонце ненадејно мразој;
бавно изгорува заради среќната судба на Херса,
како што гори трнливата трева од подметнат оган,
815 не пушта пламен, а бавно тлее од топлина тиха;
86
Кулата на Тритонија, т.е. на Палада Атена (Минерва).
Метаморфози 57

смрт посакуваше често, сал тоа да не го гледа,


често ко грев да исповеда сака на строгиот татко.
Најсетне седна на прагот, за да не го пушти богот
кога ќе дојде; тој, пак, со умилни преблаги зборој
820 неа ја моли да му се тргне, а таа му рече:
„Престани, одовде, штом ќе те изгонам, јас ќе се тргам“.
„Па нека остане така!“ брзиот Киленец рече.
Со небесниот стап ја отвори вратата богот;
таа сака да стане, но не може ни да се крене,
825 тежеста й го здрвила телото, кај што се седи;
сака да исправи става, но на колената зглобој
веќе се здрвиле; студ низ нејзините нозе се шири;
падна на земја, бледило влезе в бескрвните жили;
како што рак, неизлечиво зло, да се рашири може,
830 здравото да го додаде кон заболеното ткиво,
така студенило смртно бавно й обзеде гради,
не сака ништо да каже, и да посакаше дури,
гласот не наоѓа пат; се претвори вратот во камен;
устата й се стврдна, ко бескрвен кип веќе седи;
835 каменот не беше бел, по ќудот й тој доби боја.
Вака ја казни за зборот нејзин и скверната мисла
внукот на Атлас, па потем ја напушти земјата лична,
којашто име Паладино има; со крилјата летна.
Татко му тогаш го викна, за љубовта не спомна ништо;
840 „Сине и верен слуго, на секоја заповед моја,
не се бави, летнувај бргу, ти ко што знаеш,
кон оној предел од десната страна на твојата мајка87
(домородците нејзе Сидонија88 име й дале),
таму далеч ќе видиш кај в планински ливади пасат
845 говеда кралски; кон брегот черијата сврти ја бргу!“
Рече тој; крдото веднаш од ридот потерано беше;
стигна на брегот, кај ќерката лична на оној крал велик

87
Мајката на богот Меркуриј (Хермес) е Маја, една од седумте Плејади, а ова соѕвездие
се наоѓа на југ; Јупитер вака се изразува, зашто Феникијците одоздола така гледаат на
мајката на Меркуриј; може исто да се каже дека кога ова го зборува, Јупитер е свртен
кон југ, па така Феникија му се наоѓа од левата страна.
88
Сидонија – Феникија, наречена така според градот Сидон.
58 Публиј Овидиј Насон

често си играше в придружба на Тириските моми89.


Не се сложуваат добро и не може в едно да бидат
850 љубовта и величието кралско; го остави жезлот
таткото и владетелот божји, кој в десница држи
тризабец оган и с него во миг го потресува светот;
в бик се претвори, потем се вмеша в јуниците красни,
зарика и така личен се шета низ меката трева;
855 бел е ко снег, по кој трагој нема од стапала тврди,
снег, кој сè уште растопен не е од влажниот ветер.
Вратот од жили му набрекнал, ѓерданот виснал под гради,
малечки рогови има, би рекол направени рачно,
чисти и посјајни дури од секој скапоцен камен.
860 Закана нема на чело, ни очи што ужас ќе влеат,
спокој од лице му зрачи; на Агенор ќерката лична90
пред убавецот стои зачудена; страв таа нема;
иако тој е мирен, се плаши в миг да го допре,
потем му приоѓа, цвеќе му става во белата уста.
865 Радосен е вљубениот, сласта дур чекана дојде
раце й бакнува; одвај го одлага она што следи;
час си игра и скока по меката зелена трева,
час белоснежниот бок го валка во жолтиот песок;
штом од страв ја ослободи, раката своја ја нурна
870 в градите девствени лични, ја пушта венци да стави
на роговите; кралската ќерка се осмели тогаш,
без да знае кој е, седна на грбот од бикот;
богот од сувиот брег се трга малку по малку
и своите лажовни нозе ги топи во морските браној;
875 потем се подалеку оди, сред морето ширно
пленот го носи свој; се исплаши момата, гледа
кон напуштениот брег, со десница рогот го стега,
с другата рака за грбот се држи, престрашена сета.
Ветренце тивко й лелее нежно моминско руво.

89
Тириски моми – моми од градот Тир во Феникија.
90
Ќерката на Феникискиот крал Агенор е Европа.
Метаморфози 59

ТРЕТО ПЕЕЊЕ

Богот пристигна веќе до Диктајските полја1,


лажниот лик на бик си го смени и призна кој е;
таткото не знае дека е грабната ќерка му лична,
заповед даде на Кадмо2 сестра си да си ја бара;
5 љубезен но и лут му се закани таткото тогаш
ако не ја најде, в прогонство ќе го прати за казна.
Напразно светот го мина (но кој да открие може
она што Јупитер грабнал!?); од домот и гневот бегајќи
татков, на Агенор кутриот син тогаш реши да бара
10 одговор од пророчиштето Фојбово3, каде да оди?
Богот му рече: „На пустите полја крава ќе најдеш,
која јарем не носела, ниту плуг кривулест влекла,
појди по неа и каде што таа на трева ќе легне,
таму ти подигни град, Беотиски4 што ќе се вика“.
15 Веднаш штом од Касталската пештера5 Кадмо се симна,
виде кај бавно без чувар кон него јуница иде,
која на вратот никаков белег од влечење нема;
појде по неа, со чекори бавни везден ја следи
молкум Феба го фали, што патот прав му го откри.
20 Веќе ги мина Кефиските бродој6, Панопските полја7,
кога кравата запре, ја крена прекрасната глава
с високи рогој кон небо, го исполни воздухот с рика;
поглед фрли кон тие што зад грб ја следеа неа,
легна и своето тело го спростре на меката трева.

1
Диктајски полја се нарекуваат полињата на Крит, по брдото Дикти, кое се наоѓало на
источниот дел од островот.
2
Кадмо е внук на Нептун и син на Феникискиот крал Агенор, брат на Европа, која била
грабната од Јупитер.
3
Се мисли на Аполоновото пророчиште во Делфи.
4
Феб му заповеда на Кадмо градот да го нарече „Беотиски“, по кравата (бос); значи, ова
треба да биде Беотиска Теба, за разлика од Теба во Тесалија, Египет и др.
5
Касталската пештера се наоѓала на планината Парнас кај Делфи; од неа истекувал
изворот Касталија.
6
Кефиски бродој се плитките места на реката Кефис.
7
Панопа е стар град во Фокида, на реката Кефис.
60 Публиј Овидиј Насон

25 Заблагодари Кадмо, ја бакна туѓинската земја,


поздрав им упати на незнајните брда и полја.
Жртва на Јупитер сака да принесе, заповед дава
слугите вода за жртва да најдат од извори живи.
Стара имаше шума, не удрила секира в неа,
30 среде шумата пештера, густо покриена с гранки;
низок свод над неа има од камења сврзани цврсто;
тука в изобилство имаше вода; в пештерата внатре
змејот на Марса8 со гребен од злато сокриен беше;
пламен од очи му рига, сиот се надул од отров,
35 јазици три му треперат, има и три реда заби.
Штом луѓе – Тириски род9, во зол час влегоа в лагот,
пуштија стомна во водата; бука штом направи таа,
од пештерата синиот змеј тогаш испружи глава,
с’скање, ужас што внушува испушти змејот од уста.
40 Стомни од раце им паднаа, без крв им остана лице,
ужас ненадеен цело им обзеде тело на сите;
змејот во вртливи витли лушпестото тело го свива,
скока и така виткајќи се огромни лакови прави;
со средишниот дел тој се вивнува в лесниот воздух,
45 па го надгледува сиот лаг; змејот толку е голем,
колку што простор ги двои Мечките, ако го гледаш.10
Луѓето с оружје да се борат ил в бег да се дадат
готови беа, но стравот ги спречи и в едно и в друго;
едните с заби ги раскина, други со зафати долги
50 змејот ги уби; некои, пак, со здивот ги отру.
Вишното сонце на земјата сенките веќе ги смали,
синот на Агенор, кај му се друзите, зачуден стои;
да ги побара појде; покриен с лавовска кожа11,
копје и тулец сјаен од железо носи со стрели;
55 но од секое оружје срцето посилно му е.
Штом влезе в лагот и мртвите тела на своите ги виде,
над нив го виде победникот – врагот со огромно тело,
како со крвава уста им лиже печални рани;
8
Змејот бил син на богот Марс.
9
Тир е град на Феникискиот брег.
10
Соѕвездието Змеј се цртало во облик на змеј кој се свиткува.
11
Лавовската кожа му служи на Кадмо како штит.
Метаморфози 61

„Ил ќе ја одмаздам вашата смрт, о другари верни,


60 ил ќе се придружам кон вас!“ рече и с десница крена
огромен камен, потем со огромна сила го фрли;
од овој удар ќе се разнишаа ѕидини тврди
с високи кули, но змејот неповреден остана сосем;
лушпите него ко штит го бранат, а црната кожа,
65 тврда ко камен може да одбие најсилен удар;
но и ваквата тврдост не издржа удар од копје,
што му се забоде среде од свијокот на грбот широк,
така железото сето до цревата негови допре.
Збеснат од болка змејот глава кон плеќите сврте,
70 здогледа рана, забодено почна копје да гризе,
кога со голема мака од сегде го расклати добро,
одвај од грбот го тргна, но в коските остана врвот.
Тогаш кон стариот гнев се приклучи причина нова,
грлото му се наду, од преполни набрекна вени,
75 пена се разли белузлава низ зинатата уста;
земјата ѕуни изгребана с лушпи, а црниот пламен
од стигиското ждрело го гнаси заразниот воздух.
Алата сега се мота и в огромни кругови вие,
час, пак, повисоко стои од долга исправена греда,
80 напаѓа час, ко река од силни надојдена дождој
и со градите урива дрвја, пат што й пречат.
Отстапи малку на Агенор синот, с лавовската кожа
одбива напад, задржува с копје надвиснато ждрело
Алата бесна напразно тврдото копје го гризе,
85 забива заби в острицата; од смртоносните непца,
отровна крв веќе тече и капе в зелената трева;
раната не беше тешка; умее алата итро
удар да спречи, ранетиот врат да го сврти и така
раната да ја штити, да не се рашири уште.
90 Кадмо ја гони алата, с копјето в грло й цели;
тоа се забоде низ вратот нејзин в дабовото стебло,
што беше зад неа; дабот се сви од алината тежест,
заскрца, кога од најдолу с опаш удираше змејот.
Дури победникот гледаше врагот колку е голем,
95 наеднаш слушна глас; од каде не знаеше точно:
сепак се слушна: „Агеноров сине, што гледаш сега
62 Публиј Овидиј Насон

ала убиена? И ти ко ала гледан ќе бидеш“.12


Престрашен стоеше Кадмо, избезумен, с бледило смртно,
косата му се крена од стравот ужасен, студен.
100 Тогаш од небо се симна Палада – заштитничка моќна,
рече, змејовите заби тој да ги закопа в земја
семе да бидат за идниот народ што ќе се роди.
Послуша Кадмо, притисна плуг и разгрна бразда,
105 забите в земја ги фрли, семе за родот нов смртен.
Веднаш, за чудо, грутките се раздвижија сами,
првин од браздата вршок од копје се појави бојно,
потем и шлемој с перјаници шарени коишто се веат,
потем плеќи, гради и раце, што оружје држат.
110 Така посевот израсна во штитоносници – мажи,
ко што на празник в театар завесата кога се крева,
сликите најпрвин лицата ги покажуваат свои,
а останатото редум, дур с движење бавно се крева,
сето се открива бавно, а нозете стојат на работ.
115 Кадмо, од новиот престрашен душман, оружје грабна:
„Фрли го, немој да водиш војна, со своите браќа!“
извика еден од тие што никнати беа од земја.
Тогаш со тврдиот меч тој одблизу прободе еден
брат свој, од земјата никнат, но падна и тој, с копје удрен;
120 оној што него го уби, не го надживеа долго,
и тој испушти душа, што пред тоа беше ја примил.
Целата толпа се разјари и ненадејните браќа
паѓаа еден по друг во бој, задавајќи си рани;
младежот, кус живот суден на која тогаш й беше,
125 удри со топлите гради по својата крвава мајка;
петмина од нив останаа, Ехион13 беше меѓу нив;
тој на земја го фрли оружјето свое по налог
на Тритонида14; доверба но и братски мир стекна.
Тие друзи на оној што дојде од Сидон15 му беа,
130 кога по налог и зборој на Фојб го основа градот.
Еве ја Теба! Кадмо ти среќен и в изгнанство стана;
12
На Кадмо однапред му се навестува дека ќе се претвори во ала (563 ст. во Четврто пеење).
13
Ехион значи син на змеј.
14
Тритонида – божицата Палада Атена.
15
Сидон или Тир – град во Феникија.
Метаморфози 63

Венера судба и Марс, за тешта и тест ти ги даде;


додај кон ова и породот броен од сопруга таква;
Толку синови, ќерки, внуци, роднини драги,
135 млади притоа; задниот ден сепак човекот треба
да го сочека; никој пред смртта и својот погреб
не треба никогаш да се пофали дека е среќник.
Првата жалост, о Кадмо, сред толкава среќа ти беше
140 внукот, кој рогови чудни на челото младешко доби
и вие, пци, што с крвта од стопанот станавте сити.
И ако испиташ добро, на Судбата тоа е грешка;
злостор нема да најдеш. Па грешката дали е злостор?
Гората беше потопена с крв од најразлични ѕверој,
145 пладнето веќе на нештата беше намалило сенки,
сонцето стоеше еднакво далеч од обата краја.
Хијантиецот16 млад тогаш вака благо им рече
на придружниците, кои по беспаќа лутаа шумски:
„Другари, мрежата и оружјето мокри се веќе
150 с крв од ѕверој; за денес доволно имавме среќа;
утре штом Зората в порфирна кола ни донесе нов ден,
ќе продолжиме; Фојб сега еднакво далеку стои,
и со жегата ги распукнува плодните ниви;
сега престанете веднаш и јазлеста кренете мрежа!
155 Имаше долина, полна со борој и кипарис остар,
на Дијана посветена, име Гаграфија17 има,
в најскриениот кат таму има пештера шумска;
не е градба од мајстор, природата с дарбата своја
ја изобразила; зашто таа од стената жива
160 и од шупливи камења природна создала арка;
десно плиток жубори поток со пребистра вода,
работ на изворот широк е окружен с грмушки тревни.
Шумската божица често, морна од ловење тука
в бистрите води го капеше своето девствено тело.
165 Дојде и сега; на една од нимфите – оружјеноска
копјето, тулецот, лакот, сè уште опнат ги даде;
друга, пак, прифаќа плашт, што Дијана од себе го симна,

16
Хијантиец = Беотиец, т.е. Актеон; Хијантијците биле племе во Беотија.
17
Гаграфија е долина, што се протега од Китерон кон Теба; има и извор со истото име.
64 Публиј Овидиј Насон

други две нимфи разврзаа врвки на нозете нејни;


Изменка18 Крокала нејните бујни растурени коси
170 в јазел ги собра (а самата беше с распуштени коси);
потем, Нефела, Хијала, Ранида, Псека, Фијала19,
гребат вода со големи стомни и леат врз неа.
Дур Титанида20 се капеше таму, ко секогаш преѓе,
еве го внукот на Кадмо кај работа одложил малку,
175 скита низ непознатата шума с несигурен чекор;
дојде во лагот; судбата него го донесе таму.
Младичот влезе в пештерата, росна од бистриот извор.
Маж штом здогледаа нимфите голи, се удрија в гради,
целиот лаг го исполнија с писок и збунети така
180 с телата свои ја кријат Дијана; божицата сепак
од нив повисока е, ги надвишува с главата сите.
Каква што облакот поприма боја, кога отстрана
сончев го погоди зрак ил каква е порфирна Зора,
таква, без руво видена, в лицето беше Дијана.
185 Иако толпата друшки ја беше опколила неа,
малку се наведна в страна и лицето назад го сврте;
како што сакаше стрели спремни в раце да има,
така заграби вода, врз машкото лице ја изли,
распрсна капки одмазднички низ неговите коси
190 пророчки зборој му рече за идната негова гибел:
„Сега ќе зборуваш дека без облека ти си ме видел,
но ако можеш да зборуваш!“ така се закани таа;
тогаш на мократа глава му стави еленски рогој
му го издолжи вратот, шилести уши му стави,
195 раце му претвори в нозе, а мишки в издолжени краци,
телото цело на младичот с дамкаво пасмо го покри;
уште го направи страшлив; јуначкиот син Автоноин,
избега, зачуден толку бргу што може да трча.
Кога роговите, лицето свое во вода ги виде,
200 сакаше „леле, јас кутар“ да рече; но глас нема веќе;
застенка сал; по лицето негово веќе што не е,
18
Крокала е нимфа од реката Измен во Беотија; затоа нимфата го има епитетот Изменка.
19
Нефела = Облак; Хијала = кристал; Ранида = капка; Псека = ситен дождец; Фијала = чаша.
20
И Дијана, како и Атена се наречува Титанида, зашто е истоветна со Селена (Луна),
божицата на месечината, која е ќерка на титанот Хиперион.
Метаморфози 65

солзи потекоа; умот сал предишен остана в него.


„Што да се прави? Дал дома, в кралскиот двор да се врати
ил да се крие во шума? За првото срам не му дава,
205 страв, пак, ужасен има второво тој да го стори.
Дур се двоумеше така први го видоа пците
Меламп и гоничот Ихнобат, знак тие дадоа с лаеж;
Спартанска Меламп, а Ихнобат беше од Гнососка раса;
потем се стрчаа други, од виорен побрзи ветер:
210 Орибас, Памфаг и Доркеј, сите од аркадиска раса21,
Неброфон силен, а заедно с Лајлап и дивиот Терон,
Птерелас брзоног, Агра, што нос многу полезен има,
уште и Хилај, неодамна ранет од еден див вепар;
Напа, од волк што зачната беше, потем Појмена,
215 што по добитокот оди, Харпија с двете си рожби;
потем Ладон Сикионски, слабини тенки што има,
Дромада, Канака, уште и Тигрида, Алка и Стрикта;
Левкон со снежно пасмо, и дивиот Асбол со црно;
Лакон пресилниот, храбра и брза во трки Аела,
220 Тој и брзиот Киприј со Ликиск, брат што му беше;
Харпал, којшто црн белег има сред белото чело;
Меланеј потем и Лахна, четинесто пасмо што има,
рожби од Дикаец татко, а Лаконка мајка што им е,
Лаброс и Аргиод; Хилактор глас многу силен што има;
225 уште и многу други, што да се редат е долго22.
Толпата, желна за плен се стрча по спили и стени,
по недостапни камења, места тешки, без пристап.
Оној, пак, бега низ предели, каде што некогаш ловел,
бега од своите слуги, и силно сака да викне:
230 „Јас сум Актеон, познајте го вашиот господар сега!“
Зборови не се слушаат, лаеж низ воздухот ечи.
Меланхајта прва му зададе рана во грбот,
потем Теридамас; Ореситроф го гризна за рамо;
овие в тркот се впуштија доцна, но побргу сепак
235 стигнаа зашто изнајдоа најкуса патека горска.
21
Гносос е град на островот Крит; ловечките пци од Крит, Лакедајмон (Спарта) и Ар-
кадија биле прочуени.
22
Имињата на Актеоновите пци, Овидиј ги зел од некој грчки извор; Овидиј набројува
36, а митолошките зборници 50 такви пци.
66 Публиј Овидиј Насон

Тие дур него го држеа, дотрча толпата цела


и ги забодеа острите заби в неговото тело.
Веќе и нема место за рани. Јачеше, кутар,
не како човек, еленот зашто и не може така;
240 жалосен лелек низ познати сртој сегде се ори,
паѓа на колена покорно, ко да сака да моли,
молкум лице врти кон нив, ко раце да пружа.
Друзите не знаејќи ги подбуцнуваат пците,
ко што секогаш прават; Актеона с поглед го бараат;
245 викаат по Актеона, ко да е далеку од нив;
(главата тој ја врти штом име си чуе), а тие
лути се што не е тука, ваквиот плен да го види.
Сака тој да не е тука, но тука е; сака да гледа,
но да не чувствува на себе она што пците го прават.
250 Опколен тој е, а в телото пците му нурнале рилки
меса му кинат на својот господар, претворен в елен.
Тулоноска23 Дијана, дур тогаш го смирила гневот,
кога од многубројните рани тој испуштил душа.
Имаше мислења две за ова; едните велат
255 дека божицата свирепа била; други ја фалат,
достојна дека за својата строга девственост била.
Обете страни за она што бранат, изговор нашле;
Само Јунона не вели ништо, дал фали ил куди?
Среќна е што над домот Агеноров несреќа падна,
260 од наложницата Тирска24 омразата сега ја фрли
врз сиот род; кон старата еве и причина нова:
страда Семела25 што семе од Јупитер во себе носи:
„Што полза имам од толкава срдба?“ разлутена вели;
„Неа јас ќе ја казнам; ќе ја погубам неа,
265 ако со право ме нарекуваат славна Јунона,
ако ми личи в десница блескав жезол да држам,
ако сум кралица, жена и сестра на Јупитер велик,
секако сестра26; крадливка доволно беше, јас мислам,
23
Тулоноска Дијана – Дијана што носи тул(ец), во кој се наоѓаат стрелите.
24
Наложницата Тирска е Европа.
25
Семела е Кадмова ќерка, мајка на Бакх, кого го родила од Јупитер.
26
„Секако сестра“ – Јунона се сомнева дали му е и жена на Јупитер, кога тој постојано ја
изневерува со многу други жени.
Метаморфози 67

таа за миг само нанесе срам на моето легло.


270 Зачна; тоа сал недостасуваше; вината јавно
в утроба своја ја носи и сака мајка да стане
од Јупитерово семе, што одвај ми припадна мене;
Толку во убоста верува своја! Ќе направам скоро
да се разувери; нека јас не сум Сатурнија славна
275 ако сам Јупитер нејзин в Стишки не ја фрли браној27.“
Стана од престолот тогаш, во златен скриена облак,
стигна во домот Семелин; од облак не излезе се дур
в старица не се престори, с бели коси на глава;
с лице избраздено с брчки; наведната с треперлив чекор;
280 дури и гласот й беше старечки; личеше сосем
на дадилката стара Семелина, од Епидаур28.
Почна да зборува многу, и зборувајќи без престан,
спомна и име на Јупитер; воздивна тогаш и рече:
„Многу би сакала да е од Јупитер; сепак се плашам,
285 многу под божеско име легнале в честити легла.
Сепак доволно не е и Јупитер сам да е тоа,
залог нека ти даде, ако навистина бог е;
барај, толкав и таков тој да те прегрне тебе,
ко што в преград ја држи жена си, вишна Јунона;
295 нека се покаже пред тебе в сиот свој божески блесок“.
Вака Јунона ја заведе лесно неуката ќерка
Кадмова; побара таа од Јупитер безимен залог;
богот й рече: „Избери, не ќе ти одбијам ништо,
за да ми веруваш; Стишкото божество29 сведок нек биде,
300 Стикс, пак, е бог од кого и бозите сами се плашат“.
Среќна Семела во злото, кон гибел неразумно стреми,
с милоста на својот љубен, па вака тогаш му рече:
„Каков што си со Сатурнија, кога сте здружени в љубов,
таков покажи се сега пред мене“. Посака богот
305 устата да й ја стегне, но гласот во воздух й летна.
Воздивна тој; ни желбата да си ја повлече таа
не може веќе, ни Јупитер клетва да погази своја.
27
Римските поети често за оној што умрел велат дека се удавил во брановите на под-
земната река Стикс.
28
Епидаур е град во Арголида, познат по светилиштето на Асклепиј, богот на медицината.
29
Боговите често се колнат во реката Стикс.
68 Публиј Овидиј Насон

Нажален тој на небо се вивна, с миг облаци собра


послушни; уште и ветри и дождој измешани с молњи,
310 грмежи страшни и ровја – бегство од којашто нема;
сè дури може, настојува силата да си ја скроти,
сè уште огнот не го зема, с кого што беше го убил
Тифоеј сторак30; премногу жестокост во него има.
Полесна има тој ровја, во која киклопските раце
315 помалку силен ставија пламен, помалку срдба;
„втората стрела“ ја викаат бозите; неа ја зеде,
па во домот на Агенор влезе, а смртното тело
не може небесна сила да издржи; изгоре таа
заедно со неа пламот ги сотре свадбените дарој.
320 Нероденото сè уште чедо оттргнато беше
од мајчината утроба, па во татковото бедро
вшиено вешто, ако за верба е достојно ова;
остана таму сè дури време за раѓање дојде.
В колепка првин го хранеше кришум тетка му Ина
325 потем Нисајските нимфи31 го скрија в пештерите свои
и со млеко го хранеа новороденчето кревко.
Дур се случуваше ова на земја, по судбински закон,
безбедна беше на Бакх колепката, двократно роден;
велат, еднаш, с нектар штом тешки растерал грижи,
330 Јупитер случајно разврзал шеги с Јунона и рекол:
„Женската страст е посилна одошто страста кај мажи“.
Таа го одрече тоа; се сложија одговор точен
од Тиресија мудар да бараат; обете страсти
нему знајни му беа; в зелена шума тој еднаш
335 с тојага удри две змии, што заедно сплетени беа;
тогаш, за чудо, од маж се беше претворил в жена;
седум лета проживеа така, а осмото лето,
пак нив ги виде и рече: „Зар толкава моќ има в стапот
па тој што удира с него да може пол да си смени?

30
Сторакото чудовиште Тифоеј го родила Земјата со Тартар, за да му се одмазди на Ју-
питер што ги погубил Гигантите. Тифоеј имал сто змејски глави, од коишто ригал оган,
па кога се нафрлил на небото, боговите избегале во Египет и се претвориле во животни,
сè додека Јупитер со стрела не го убил.
31
Нисајски нимфи – нимфи од планината Ниса, каде што се наоѓала пештерата во која
нимфите го хранеле богот Бакх; оваа планина се наоѓала во Тракија.
Метаморфози 69

340 Ако е така, јас пак ќе ве удрам“. Повтор ги удри


змиите две и в стариот облик пак си се врати.
Земен за судија сега в шеговита расправа овој,
потврди она што Јупитер рече; Сатурнија тогаш
срдба ја обзеде лута, за нешто, што не вреди толку;
350 таа го казни судијата с мрак на очите вечен.
(Зашто не прилега бог на бога дела да ништи.)
Отецот семоќен, наместо одземените очи
идното да го знае му даде; с чест казна му смекна.
Тој се прослави многу низ сите Аонски градој32,
355 точни одговори дава секому кој ќе го праша;
прва се увери дека се верни Лириопа сина;
неа еднаш, со своите бранови в кривата река
Кефис ја опколи и ја обљуби; бремена таа
нимфа – убавица детенце роди, што можеше веднаш
360 љубено да е од нимфите; име Нарцис му даде.
Прашан за него, дал ќе доживее длабока старост,
пророкот рече: „Сал ако не се запознае себе“.
Долго се чинеше лажен на врачот одговорот ваков,
се дури крајот и видот на смртта и чудната јарост
365 не го потврдија она што пророкот беше го рекол.
Синот на Кефис шеснаесет веќе наполни лета,
можеше да се смета за дете, но и за момче;
го посакуваа него мнозина момци и моми,
но во нежното момче се криеше надменост груба,
370 па не го допреа него ни момци, ниту, пак, моми.
Еднаш го виде, дур плашливи елени гонеше в мрежи
гласната нимфа, за премолк што не знае, говор штом слушне,
ниту, пак, прва да прозбори збор – одгласната Ехо.
Тело, а не глас дотогаш Ехо сè уште беше,
375 но со дрдорлива уста и тогаш ко сега што има;
може таа од многу да врати сал последни зборој.
Тоа Јунона го стори; зашто, дур можеше таа
нимфите да ги затече с Јупитер легнати в гора,
мудрата Ехо ја задржуваше с прикаски долги,

32
Аонски градој, т.е. Беотски градој; Беотија била наречувана и Аонија, според Аон,
синот на Посејдон и древниот крал на Беотија.
70 Публиј Овидиј Насон

380 дур се разбегаат нимфите. Ова Јунона го сети:


„Моќ, штом јазикот твој“, рече, „да ме замае има,
отсега малку и сосема краток говор ќе имаш“.
Така и стори; сал последни гласој од слушнати зборој,
Ехо да ги удвои може и одглас да даде.
385 Еднаш го виде Нарцис, кај лута по беспаќа полски,
пламна веднаш од љубов, крадум сегде го следи;
дур така по него оди, од близоста пламот ја гори,
како што сулфурот игрив на врвот од факлите ставен
прифаќа доближен пламен и почнува силно да гори.
390 Колку ли пати посака с милни да пристапи зборој,
и нежни молби – природата не й го допушти тоа;
ниту да започне може; но таа е спремна да чека
гласој кај тие, на коишто своите зборој ги враќа.
Еднаш се одвои Нарцис од верната дружба и викна:
395 „Има ли некој тука!?“ „Тука“, одговори Ехо.
Овој се зачуди, околу гледа, па посилно викна:
„Дојди!“ а повикувачот таа исто го вика.
Повторно Нарцис гледа; не доаѓа никој и вика:
„Зошто од мене бегаш?“ Колку пати тоа го рече,
400 толку зборови свои Нарцис повторно слушна.
Застана, заведен беше од удвоените гласој;
рече: „Ај да се сретнеме овде!“ а Ехо сал тоа
да го одговори сака; возвраќа: „сретнеме овде“.
Среќна што ова го рече, од шумата излезе Ехо,
405 кон него оди, сака љубениот врат да го гушне;
тој пак бега и вика: „Раце од мене тргај,
поскоро сакам да умрам, одошто твој плен да бидам“.
Таа одговори само: „одошто твој плен да бидам!“
Презрена в шуми се крие, с гранки посрамено лице
410 покрива; в пештери пусти живее, кутрата, сама;
кај отфрлената љубовта сепак од болката расте;
бедното тело од грижи и неспокој почна да вене,
кожата й се збрчка, телесните сокови сите
в воздух испарија; гласот и коски останаа само;
415 остана гласот, а коските в кам се претвориле, велат;
оттогаш в шуми се крие, никој не ја видел в гора,
сепак сите ја слушаат; гласот сал живее в неа.
Метаморфози 71

Така тој неа и нимфите родени в гори ил води


ги презираше, ко што и пред тоа момчешка дружба.
420 Некој, одбиен така, кон небото издигнал раце:
„Нека и тој така љуби, а никогаш тоа што љуби
нек не го освои!“ рекол. Рамнусија дочула молба.33
Чист извор имаше еден, со бранови сјајни ко сребро,
негибнат беше од овчар ил кози што в горите пасат,
425 ниту од добиток некој, ниту од некаква птица;
ѕвер не го помати него, ни падната гранка од дрво;
околу имаше трева, што блиска ја хранеше вода,
имаше тука и шума, што сончева не пушта жега.
Нарцис, морен од ловот и жегата прилегна таму,
430 пленет од местото мирно, но и од изворот бистер;
жед дур да изгаси сака, нова жед повтор се раѓа.
Дури од изворот пие, опчинет тој е од ликот,
љуби сал надеж без тело, сенката – тело ја смета.
Восхитен сам е од себе, неподвижен с вкочанет поглед
435 гледа, ко да е кип, од парски34 направен мрамор.
Гледа на земја лежејќи, очите свои ко ѕвезди,
коси, што достојни се и за Бакх и за Аполон;
лице голобрадо гледа, врат бел, како од филдиш,
усни преубави, смес од руменило с белина снежна;
440 восхитен тој е од сè на него, што создава восхит;
сам се посакува лудо; фалбаџија себе се фали,
копнее сам по себе, подеднакво пали и гори.
Колку ли бакнежи пусти на изворот – лажливец даде!
Колку ли пати раце си нурна во бистрите води,
445 за да го дофати вратот, но себе не се фати в бранот;
не знае што гледа; но по тоа што гледа тој гори;
она што очи му мами, истото заблуда буди.
Момче лесноверно, зошто лик – бегалец напразно ловиш?
Она што бараш го нема – она што љубиш го губиш!
450 Бегај! Она, што гледаш е сенка и отсјај од лице,
ништо свое што нема; доаѓа, стои со тебе,
со тебе и ќе си замине, ако да заминеш можеш!
33
Рамнусија = Немеса, божица на одмаздата. Во Рамнос, близу до Маратон во Атика, таа
имала прочуено светилиште; оттаму го добила прекарот Рамнусија.
34
Мраморот од островот Парос бил многу ценет.
72 Публиј Овидиј Насон

Не може оттаму да го тргне ни желба за храна


ниту за сон; тој спружен на тревата в ладот сал гледа
455 в лажното негово лице, со очи, што немаат насит.
Гине од очите свои; од тревата малку се крена,
рацете свои ги пружа кон шумите околу него,
вика: „О шуми, дал некогаш љубел понесреќно некој?
Знаете, во вас се криеле удобно мнозина луѓе.
460 Векови многу во животот ваш изминаа редум,
помните ли дека некој во вашиот век толку страдал?
Љубам и гледам, но она што гледам и што го љубам,
не го наоѓам; в заблуда таква вљубениот паднал.
Посилно за да страдам, ни бескрајно море нè дели,
465 ниту, пак, пат, ил гори, ил ѕидој с заклучени порти;
мала сал вода нè дели! И тој сака фатен да биде,
зашто, колку пати бакнежи дадов на бистрите води,
исто и тој, толку пати кон мене наведна лице.
Мислиш, еве, го допираш; сосема малку ги дели
470 двајцата вљубени; којгоде да си, излези! Зошто
прекрасно момче ме мамиш? Не бегаш секако везден
од мојта става ил возраст; та нимфи ме љубеле мене!
С лицето твое мило ми даваш некаква надеж
и штом раце ти пружам, твоите ги протегаш исто;
475 кога се насмевнам јас и кај тебе насмевка гледам
мене штом солзи ми течат и кај тебе солзи јас видов;
јас кога кимнам со глава, истиот знак ми го враќаш,
гледам кај движиш прекрасни усни, но не слушам зборој!
Тоа сум јас; го знам тоа и не се мамам во ликот;
480 горам од љубов кон себе; разгорувам пламен и страдам.
Што јас да правам? Да молам или, пак, молен да бидам?
Конечно, кого да молам? Со мене е она што сакам.
Она што богатство мое е, бедник мене ме прави.
Камо да можам од моето јас да си откинам тело!
485 Она што љубам да исчезне сакам; чудна ли желба!?
Болката сили ми зема, долг не ми претстои живот.
Веќе јас гаснам во цутот на мојата прекрасна младост.
Смртта не ми е тешка, со неа ќе престанат боли,
подолг век јас би сакал мојот љубен да има;
490 сега, пак, двајцата сложно во една ќе умреме душа“.
Метаморфози 73

Рече и потем се врати кон ликот безумниот Нарцис,


водата ја разбранува с солзи; а изворот матен
стана од тоа; штом здогледа дека ликот се губи.
Извика: „Што бегаш? Стој! Не напуштај го свирепо сега
495 тој што те љуби! Ако и не можам јас да те допрам,
допушти да те гледам сал, бедниот бес да го хранам“.
Додека страдаше така, ја раскина горната руба
и со мраморните раце се биеше в голите гради.
На разранетите гради се појави црвена нишка
500 исто ко кај јаболката, којашто делум е бела,
делум, пак, црвена; или кај гроздот, што созреан не е
зрната шарени сè уште немаат порфирна боја.
Кога ова го виде во избистрените води,
не може веќе да страда; како што жолтиот восок
505 лесно на огнот се топи ил утрински мразој на сонце,
така се топи од љубов и гори од пламенот скриен.
Избледе руменилото, смешано с белина сјајна
снага и сила нема, исчезнува телото красно,
мило што беше за поглед, и кого го љубеше Ехо.
510 Штом таа ова го виде, иако лута му беше,
сепак се нажали; кутрото момче штом викнеше: „Леле!“
Таа со одгласот свој повторуваше по него: „Леле!“
И кога с дланките свои удираше в мишките машки,
и на ударите вакви исто возвраќаше с одглас.
515 Нарцис гледајќи во водата, последни изусти зборој:
„Ох ти, напразно љубено момче“, истите зборој
местото назад ги врати. „Здраво“, рече и Ехо
повтори „Здраво!“ Главата морен на трева ја стави,
смртта очи му склопи, што с восхит го гледаа него.
520 Кога в подземниот свет беше примен и тогаш тој исто
гледаше в стишките води. Најадите35 – негови сестри
го оплакуваа; коси исекоа свои, на братот
свој ги положија тие; Дријадите36 плачеа исто,
кон расплаканите сестри се придружи нимфата Ехо.
35
Најадите му се сестри на Нарцис, зашто и тој е син на речниот бог Кефис и нимфата
Лириопа; во знак на жалост, тие ги сечат своите коси и ги полагаат на гробот или на
кладата на покојникот.
36
Дријади се нимфи што престојуваат на дрвјата.
74 Публиј Овидиј Насон

525 Веќе подготвија клада, блескави факли и легло


посмртно; но нема тело; наместо телото најдоа тие
шафранов цвет во средина окружен с листенца бели.

530 Кога ова се прочу в Ахајските градој37 со право


огромна слава и име на врачот му донесе веста.
Единствен синот на Ехион – Пентеј го презира врачот;
бози тој презира, исмева пророчки старчеви зборој,
му се руга на врачот во мрак, без виделина што е.
535 Старецот седава заклати глава и вака му рече:
„Колку среќен би бил и ти без виделина да си,
само празненствата Бакхови да не ги видиш со очи!
Зашто ќе дојде ден, јас прорекувам, далеку не е,
кога нова Семелина рожба овде ќе дојде;
540 Либер38, кому во чест ако храмој не подигнеш вишни,
растргнат ти ќе бидеш на илјада парчиња сиот;
с крв ќе ги извалкаш шумите, мајка ти, сестрите твои.
Така ќе биде; не ќе можеш ти да го почестиш богот,
и ќе се жалиш дека и в темнина премногу гледам“.
545 Пентеј тогаш го протера врачот, што ова го кажа.
Скоро се потврди зборот, се збидна на пророкот речта.
Пристигна Либер, низ полјата свечен одекна викот;
толпата нагрна; с мажите врват мајки и снаи,
прост народ, првенци, сите кон незнајно празненство одат.
550 Извика Пентеј: „Каков, о Марсови змеовски чеда39
бес ви поматил ум? Зар толкава моќ над вас има
бронза биена с бронза и свирка од рог што е свиен,
врачарски измами уште, та вас што мечови бојни
не ве престрашија нигде ни труби ни војска со копја,
555 викоти женски, бесрамни толпи и лудост од вино,
тапани празни ли да ве победат сакате сега?

37
Под „Ахајски градови“, овде се подразбираат сите градови во Хелада, а не само на
областа Ахаја.
38
Либер отпрвин бил староиталско божество на плодноста; подоцна тоа е прекар и на
богот Бакх.
39
Тебанците се „Марсови чеда“, зашто се потомци на луѓето што изникнале од забите
на змејот, кој бил син на Марс.
Метаморфози 75

Вам ли да ви се чудам, о старци, по мориња ширни


што допловивте овде па Тир го основавте красен,
и Пенатите – бегалци ги поставивте в градов,
560 сега без војна прифаќате пораз? Зар момчиња вие,
кои по возраст со мене сте блиски, не ви личи ли
оружје в раце, а не тирс40 и шлемој, покриени с лисје?
Сега спомнете си, молам, од какво сте родени семе!
Бидете храбри ко змејот, сам тој многумина уби!
565 Загина тој за извор; победете вие за слава;
јунаци победи змејот, слабаци гонете вие,
сочувајте ја славата древна! Но ако судба
не дава Теба да опстои долго, о, тогаш нека
камења урнат ѕидини нејзини, јунаци мажи;
570 оган и оружје сјајно нек ѕуни околу неа!
Бедни без вина би биле со судба за жал што ќе биде,
без да се таи; без срам би лееле потоци солзи;
сега од момче без оружје славната Теба се плени,
кој ни за војна ни стрели, ни коњи да подгони знае,
575 туку сал знае коси да мачка и венци да носи,
порфир и вткаено злато в шареното негово руво.
Јас ќе го принудам сам тој да каже, тргнете се сега,
дека присвојува татко и светии кажува лажни.
Кога Акрисиј41 се осмели лажниот бог да го презре
580 и да му затвори Аргоски порти, тука штом дојде,
Пентеј со целата Теба од дојденец ли да се плаши?
Одете бргу, (на слугите рече), одете веднаш,
в окови довлечете го вождот; не чекајте, ајде!“
Атамант,42 дедо му, толпата роднини негови почна
585 да го прекорува, напразно да го смирува с мака;
прекорот полут го прави, бес се разгорува в него,
наместо да го вразуми, советот само му штети.
Видов јас така кај порој бавно и спокојно тече
ако на текот не му пречи ништо; но ако греда
590 ил некој одронет камен се испречи – тогаш се пени,
врие и уште пожестоко поради пречката тече.
40
Тирс е ознака на Бакховиот култ; тоа е тојага, обвиена со бршлен и винова лоза.
41
Акрисиј бил крал на Аргос, татко на Данаја, мајката на Персеј; тој исто така се противел
на Бакховите празненства.
42
Атамант е татко на Еол, а маж на Ина, ќерката на Кадмо.
76 Публиј Овидиј Насон

Еве се враќаат слугите в крвој; ги прашува Пентеј


„Каде е Бакх?“ а тие: „Не го ни видовме“, велат,
„сал овој слуга на светиот обред го фативме таму“.
595 Му го предадоа него со врзани раце на грбот.
Беше од Тирски тој род43, во служба на обредот божји.
Пентеј го погледна с очи, полни со стравотна срдба,
одвај што може да одложи време за казна и рече:
„Ти, со својата смрт на другите пример ќе бидеш!
600 Кажи го името твое, чиј си, од која си земја,
зошто без страв ти на новиот обред сега му служиш?“
„Акојт се викам, татковина ми е Мајонската земја44,
а родителите ми се луѓе од простиот народ;
немам од татко ми волој тврдоврати, ниви да ораат
605 ниту рунести стада, ни друг некој добиток крупен.
Сиромав татко ми беше, со врвка и јадица остра,
с трска ловеше в река и вадеше игриви риби.“
Занаетот – имот му беше; кога ме учеше мене,
рече: „Имотот, што го имам, прими го сега,
610 продолжи и ти да ловиш и наследник мој биди, сине!“
Тој кога умре, сем вода, не ми остави ништо,
неа сал можам за татковски имот јас да ја сметам.
Наскоро потем, да не висам везден на истите спили
научив с десница рака крма на кораб да вртам;
615 тогаш дождливата ѕвезда на Оленијската коза45.
Тајгета46, Мечка, Хијадите47 каде се научив добро,
домот на ветрови кај е, пристаништа, згодни за бродој.
Еднаш дур пловев кон Делос, до Хијската пристигнав земја
и со десното весло штом пристанав лесно до брегот
620 скокнав на земја и веднаш во влажниот песок се најдов.
Помина ноќта и румена зора почна да зори,
43
Древните жители на Лидија и некои острови на Егејското море биле нарекувани Тирци
или Тирски Пеласги.
44
Мајонија е старото име на Лидија.
45
Козата Амалтеја го доела Зевса кај градот Олена во Ахаја, па благодарниот бог ја
претворил во ѕвезда; според друго предание, козата-доилка Зевсова й припаѓала на
Амалтеја, ќерка на некој Олен.
46
Тајгета е ќерка на Атлант, ѕвезда во соѕвездието Плејади.
47
Хијадите се ќерки на Атлас; седум ѕвезди во ѕвезденото јато на Бикот. Кога тие се
појавуваат, почнуваат дождови да врнат.
Метаморфози 77

станав и реков, морнарите свежа да донесат вода,


им го покажав патот што води до изворот бистер;
Јас од височинка гледав, времето какво ќе биде,
625 друзите потем ги викнав, кон бродот се упатив повтор.
Прв од другарите мои Офелт „Еве сме!“ рече,
со себе момче водејќи со чудесна девствена убост;
мислеше плен дека прекрасен нашол во пустото поле.
Тоа, пак, чиниш, сонливо, тромо од вино се клати,
630 одвај се следи; руво, лице и чекор му гледам,
не видов ништо, што верба ми дава дека е смртник.
Видов и го почувствував тоа; на друзите реков:
„Не знам кој бог е во ова тело, но в телото бог е;
кој и да си, благосклон биди на нашиот потфат,
635 а на овие прости им!“ „Престани за нас да молиш!“
рече Диктис, кој најбргу може на врв да се качи
на катарката, јаже да фати и да се спушти;
така рече и Либис и русиот чувар на бродот
Мелант; се сложи и Алкимедон и Епопеј исто,
640 кој со гласот свој на веслачите даваше ритам
и ни храбреше душа; се сложија другите сите,
толку е слепа за плен и грабеж желбата наша.
Реков: „Не допуштам да се скверни со свештен товар
корабов, каде што власт најголема јас сепак имам!“
645 Спречив да пријдат; од сите најбесен беше Ликабас,
кој беше в Тускиот град48 за убиство казнет со прогон;
дур јас се противам, тој со младешка шака ме зграби
мене за грло, и ќе ме фрлеше секако в море,
да не се задржав, иако несвесно, виснат на јаже.
650 Толпата безбожна беше задоволна; богот Бакх тогаш
(тој беше тоа) ко да се сепна од силниот викот,
свест му се врати по виното и по сонливоста тешка,
рече: „Што правите, морнари, зошто викате толку?
Како јас пристигнав овде? Кај ќе ме носите сега?“
655 Прореј му рече: „Не плаши се, кажи, в пристаниште кое
сакаш да стигнеш! Ќе стапнеш на земјата, кај што си пошол!“

48
Туски град – Тирски град; за Етрурците се сметало дека водат потекло од Тирците,
кои се доселиле од Лидија.
78 Публиј Овидиј Насон

Либер им рече:49 „Кон Наксос50 насока свртете сега!


Таму е домот мој, земја пријателска вам ќе ви биде“.
Лажливци тие, в морето, в сите се колнеа бози,
660 така дека ќе биде; ми дадоа заповед уште
шарени едра на бродот да кренам, да појдеме веднаш.
Наксос е десно; но кога на десно го насочив бродот,
Офелт ми викна: „Безумниче, што правиш? Каков е тој бес
в тебе што влегол!? На лево плови!“ Многумина од нив
665 знаци ми даваат, други, што сакаат, в уво ми шептат.
Стаписан реков: „Друг некој крмата нека ја земе!“
одбив да служи мојата вештина на ваков злостор.
Сите ме кудат, целата толпа да мрмори почна,
Ајталион ми рече: „Зар мислиш дека сал в тебе
670 едино спасот е наш?“ Ја презеде мојата должност,
Наксос го напушти, в спротивна насока бродот го сврте.
Богот на шега, ко да ја сети измамата нивна,
гледа од искривената крма кон ширното море
и ко да плаче им рече: „Овој брег, морнари, вие
675 не ми го ветивте! Не барав в оваа земја да стигнам!
Зарем го заслужив ова? Каква е славата ваша,
ако толкумина момци измамите момченце едно?“
Долго јас плачев; на моите солзи се смееше слатко
скверната толпа и грабеше с весла низ водата бргу.
680 Во него јас ти се колнам, а најблизок бог тој е тука,
вистина сето е ова, а чиниш, не е за верба:
коработ в морето запре, како на суво да стои.
Се зачудија сите, удираат с веслата силно,
спуштија едра, со вдвоена сакаат сила да пловат;
685 околу веслата бршлен се сви, да пловат им пречи,
гранки бршленови, полни со зрна им покрија едра.
Богот, на челото носи венец од гроздови зрели,
удира с копје, сето обвиено с лозови лисја;
околу него тигри, на рисови облици празни,
690 лежат уште и шарени тела на пантери диви51.
49
Либер (момче) е епитет на богот Бакх.
50
На островот Наксос, кој уште се наречувал Дија, Дионис-Бакх бил особено многу
почитуван.
51
Тигри, рисови, пантери се Бакхови животни; тие се впрегнуваат во неговата кола.
Метаморфози 79

Мажите скокнаа сите, од лудост или од ужас;


Медон најпрв по телото почна да црнее сиот,
да му се истега нагоре ’рбетот искривен негов;
Ликабас нему му рече: „В какво се претвораш чудо?“
695 Но дур зборуваше уште, му се раширија нему
устата, ноздрите; кожата тврда се претвори в лушпи.
Либис, дур сака весла да сврти, што даваат отпор
гледа кај рацете му се смалуваат, не можеш веќе
раце да речеш дека се тоа, туку се перки.
700 Друг, пак, дур раце кон јажиња свиени сака да пружи,
без раце остана, с извиен труп во водата скокна,
задниот дел нему опаш му стана, српесто свиен
ко што се вијат роговите на полумесецот в небо.
Сите скокаат в море и капки насекаде прштат,
705 час ќе се кренат над водата, час ќе се нурнат под вода
и како в оро ги фрлаат своите разиграни тела,
а низ широките ноздри фрлаат всркната вода.
Останав сам, а дваесетмина беа на бродот.
Престрашен, смрзнат, растреперен, одвај за себе знаев,
710 богот тогаш храброст ми даде и вака ми рече:
„Сега не плаши се ти, кон Дија52 направо веслај!“
Допловив в Дија и оттогаш Бакхови празненства славам.
Пентеј, пак, рече: „Ги слушавме долго прикаските твои,
за да може со време срдбата моја да стивне.
715 Слуги, бргу зграбете го него и с сурови казни
измаченото тело пратете го в темнини Стишки.
Веднаш Тириецот Акојт во тврд го одведоа затвор;
дур подготвуваа тие орудија за да го мачат
оган и железо, како што заповедано беше,
720 велат, сама од себе се отвори вратата цврста;
без да ги одврзе некој, оковите паднаа сами.
Опстоја синот Ехионов53, веќе не испраќа други,
самиот појде на Китерон54, кај што за прослава бучна
збор од бакхантки се спрема со песни што с јасен глас ечат.
52
Дија е старото име на островот Наксос.
53
Смртта на Пентеј како мотив ја обработил хеленскиот трагичар Еврипид во трагедијата
Бакхи.
54
Китерон е планина во Јужна Беотија; средиште на Бакховите оргии.
80 Публиј Овидиј Насон

725 Ко што за’ржува коњ, штом ќе затруби бојната труба


и на овој знак добива голема желба за битка,
така го раздражи Пентеја викотот, кренат до небо
и штом шумот го слушна, гневот се распали в него.
Среде планината има поле, окружено с шуми,
730 дрвја на него нема, чисто, отсекаде видно;
Пентеј дур ова го гледа со непосветени очи,
мајка му прва го виде и прва во безумна трка
тирсот го фрли и сина си Пентеј, прва го рани;
извика: „Дојдете овде, о сестри близначки мои,
735 јас да го убијам мора оној огромен вепар,
вепрот, кој заскитан еве кај талка по нашите полја!“
Сите се збраа, бесно го гонат престрашен него;
тој веќе трепери, зборој не зборува жестоки веќе,
се обвинува себе, ја признава својата грешка.
740 Ранет тој изусти сепак: „Автонојо, помагај, тетко,
сенката Актеонова55 нека срце ти трогне!“
Не знае таа кој е Актеон, па десната рака
му ја откина, другата рака ја искорна Ина.
Кутриот раце нема, кон мајка да испружи своја,
745 сал раскрвавени рани од осакатени раце.
Вели: „Погледај, мајко!“ Агава воинствено викна
кога го виде тоа, вратот настрана го сврте,
распушти коси на ветрот, на Пентеј му откина глава,
па с раскрвавени прсти извика: „Гледајте, друшки,
750 ова е мое дело и победа ова е моја!“
Бргу, ко ветрот што кине лисја од високо стебло,
есенски студ што ги допрел, па слабо прилепени стојат,
така проклетите с раце на Пентеј тело му кинат.
Ваквиот пример опомена за Изменките56 беше;
755 оттогаш нови светии честат и олтари кадат.

55
Актеон е внук на Кадмо, син на ќерка му Автоноја, која е сестра на мајката на Пентеј
Агава.
56
Изменки се Тројанки, нарекувани така според Беотската река Измен, која тече низ Теба.
Метаморфози 81

ЧЕТВРТО ПЕЕЊЕ

Ќерката, пак, на Миниј1, Алкитоја не смета дека


треба да слават оргии Бакхови; неумно тврди
Бакх дека не е на Јупитер син; во ваквата скверност
сестрите свои за друшки ги има; жрецот ги викна
5 празник да слават, да напуштат работа слугинки вредни
и господарките; градите да си ги да покријат с кожи
и да разврзат траки во косите, венци да стават,
в раце да земат зелени тирсови; прорече уште:
гневот на богот страшен ќе биде: послушаа сите
10 мајки и снаи; оставија разбои, кошници, преѓа
недопредена; темјани кадат, Бакха го викаат,
уште и Бромиј и Лиај, двапати роден од оган
син на две мајки; Тионеј нестрижен, уште и Нисеј,
Ленај, кој лозја сади, радост што носат на сите
15 потем Никтелиј, Елелеј таткото, Јакх и Евхан,
уште и други имиња бројни, сред грчкиот народ
Бакх што ги имаш;2 неминлива, боже, е твојата младост,
вечно момче си; најличен бог што на небо се гледа.
Кога рогови немаш3, девствена глава ти имаш.
20 Ти го покори Исток дотаму, кај Индија темна4
далечен Ганг ја заплискува; ти, почитуван, уште
Пентеј, кој двосека секира носи го уби и Ликург,
два богохулника; ти и Тиренците в море ги фрли,
двопрежни рисови с шарени узди на вратот ти држиш;
25 тебе те следат Бакхантки, сатири, старецот оној,
1
Според преданието, Миниј бил крал на Орхомена во Беотија; татко на Минијадите
Левконоја, Арсипа и Алкитоја.
2
Богот Бакх има многу епитети; Бромиј се нарекува поради буката што ги придружува
неговите празници; Лиај, зашто ги разгонува грижите; Тионеј, зашто мајка му Семела се
почитувала и под името „Тиона“; Нисеј, зашто го отхраниле нимфите на планината Ниса;
Ленај – „мачкач на грозје“; Никтелиј, зашто неговите празненства се славеле ноќе; Елелеј
и Евхан, според веселите повици елелеу, еуан; Јакх – весел повик за неговиот празник.
3
Се чини дека Бакх добил рогови кога бил поистоветен со фригискиот бог Сабазиј, чии
празненства биле исто така бучни како и Бакховите.
4
Индија се нарекува „темна“ поради бојата на кожата на нејзините жители.
82 Публиј Овидиј Насон

којшто, пијан, со стап несигурни потпира нозе,


виснат на грбаво магаре тешко тој тебе те следи.
Кај и да одиш ти, младешки викот и гласој од жени,
удари с раце во тапани, цимбали вити се слушаат,
30 ѕунат насекаде флејти, што долги имаат писки.
„Благ и милостив дојди!“ те молат Тебанските жени
пропишаниот обред славејќи го; само на Миниј
ќерките дома, в невреме работат, не слават празник;
или чешлаат волна ил с вретено преѓа си предат,
35 ткаат на разбој, слугинките ги подгонуваат свои.
Едната од нив, дури с лесниот прст развиваше нитка,
рече: „Дур другите појдоа измислен празник да слават
нас, пак, Минерва, поарната божица тука нè држи;
трудот наш полезен с разговор да го олесниме, ајде!
40 Секоја нешто нек раскаже, времето да ни се скуси,
да ги отвориме ушите сите за забава наша.
Сестрите се согласија: таа нек започне прва.
Но што да раскаже сега? (многу знаеше таа);
мисли, се двоуми, дал, Вавилонко Даркето за тебе,
45 која, се претвори в риба, с лушпи се покри, и потем
в езеро рипна, ко палестинските мажи што мислат,
ил за нејзината ќерка, што крилја на плеќите стави
потем до крајот на животот в бели живееше кули;
ил за најадата, која со песна и опојни билки
50 в безгласни риби претвори младешки јуначки тела;
исто и таа претрпе; или за стеблото чии
плодови бели, оросени с крвој постанаа црни?
Таа сказна ја избра, не беше позната многу;
волнени нишки предејќи, расказот вака го почна:
55 Пирам и Тизба; тој беше најлично момче од сите,
таа, пак, прва од момите Исток што беше ги родил.
Соседни имаа домој, каде што Семирамида
велат со ѕид од тули го беше окружила градот.
Првиот чекор за познанство блиското соседство стори;
60 љубовта растеше с време, во брак дур ќе стапеа тие,
да не попречија нивните татковци; она што тие
го забрануваа, поголем во нив разгоре пламен.
Сведоци нема, со очи и знаци разговор водат,
Метаморфози 83

колку се кријат, повеќе расте пламената љубов.


65 Ѕидот што нивните куќи ги двоеше, распукан беше
уште во времето кога ги граделе обете куќи.
Оваа грешка низ векови не ја забележа никој,
вљубени вие ја видовте; што сè не открива љубов?
Пат за разговор откривте, низ него с притаен шепот
70 љубовни зборој минуваа често, безбедно сосем.
Кога одовде стоеше Тисба, а отаде Пирам
често го фаќаа заемно здивот од усните свои.
Велеа: „Завидлив ѕиду, што на вљубените пречиш?
Колку ти чини да допуштив в преград да сврземе тела,
75 ако е премногу тоа, за бакнеж раствори се барем.
Неблагодарници не сме, должници твои сме ние,
премин што даваш на зборот до пријателските уши.“
Така зборуваа тие на разни страни седејќи,
навечер „збогум“ ќе кажеа, секој од својата страна
80 бакнеж на ѕидот ќе дадеше, што не продираше до нив.
Новата Зора ги згасна веќе светилата ноќни,
сонцето с зраците мразните треви ги исуши веќе;
тие на своето дојдоа место; со притаен шепот
првин се жалеа, потем одлучија во ноќта тиха
85 да ги измамат своите чувари, низ куќни порти
штом од дома ќе излезат, да го напуштат градот,
но да не талкаат слепо, надвор низ ширните полја
да се сретат кај гробот на Нин5, кај сенчестото стебло;
и да се сокријат таму под сенката негова долга;
90 имаше таму дрво, преполно с плодови бели,
(висока муренка беше) близу до изворот студен.
Договор падна; се чинеше денот одминува бавно,
тоне сред истите води, од кои и ноќта се крева.
„Лукаво Тизба в темнината клучот од домот го врти,
95 надвор излегува, своите ги мами; с покриено лице
стигна до гробот, под договорено седнува дрво.
Љубовта храброст й дава. Но лавица еве кај иде,
с пенлива рилка од скорашен колеж на добиче младо;

5
Нин е митски крал на Асирија и Бабилонија, сопруг на Семирамида, погребан во
ѕидиштата на Бабилон.
84 Публиј Овидиј Насон

сака жедост да згасне во бранот на блискиот извор;


100 На месечевите зраци оддалеку Тизба ја виде
побегна с плашливи чекори таа в пештера темна.
Но во бегот й падна од плеќите превезот лесен.
Штом пак лавицата лута со вода жедта ја згасна,
додека в шума се враќаше превезот таа го најде
105 и со крвавата уста го раскина нежното платно.
Подоцна излезе Пирам и штом во длабокиот песок
сигурни трагови виде од ѕверот, пребледе в лице;
штом пак го најде превезот, извалкан сиот со крвој,
рече: „Една ноќ сама ќе погуби вљубени двајца!
110 Беше од сите моми најдостојна ти за долг живот;
јас сум виновникот; јас, о кутра, те погубив тебе,
јас бев што реков да дојдеш ноќе в најопасни места,
самиот не дојдов пред тебе! Лавови, жители што сте
вие под оваа спила, со своите свирепи заби
115 раскинете го моево тело, утробава скверна!
Но сал страшливецот смрт посакува!“ Плаштот на Тизба
Пирам го крева, го носи кај посоченото дрво;
плаче над превезот горко, го бакнува милото руво,
а потем рече: „Земи од мојата крв сега голтка!“
120 Мечот, што в појас му беше го заби в слабините свои,
па умирајќи го истргна бргу од врелата рана.
Легна на земјата ничкум, а високо крвта му бликна,
како од тесниот расцеп на оловна некоја цевка,
водата в долги млазој што прска, во воздухот струи.
125 Плодот од дрвото с крвта што прска, потемнува бргу
коренот, натопен с крв муренките в порфир ги бои.
Тизба, исплашена уште, да не го измами него,
назад се враќа, љубениот с очи, со срце го бара,
да му раскаже сака од каква се спасила беда;
130 местото таа го позна и дрвото тоа е исто,
бојата сепак ја збуни на плодот; тоа ли беше?
Во недоумица гледа во грч на крвавата земја
тело; назад се враќа, во лицето бледа ко шимшир;
трепери таа ко море штом ветре тивко го допре.
135 Но кога најсетне својот љубен го препозна таа,
с удари силни се бие по градите невини нејни,
Метаморфози 85

распушта коси, во преград го зеде љубеното тело,


раната в солзи ја капе, а плачот со крвта го здружи,
с бакнежи врели го опсипа лицето негово мразно.
140 Извика: „Пираме, каква ли судба од мене те зеде?
Пираме, одговор дај! Најмилата Тизба те вика!
Слушни ме, крени ја главата, што си ја спуштил на земја!“
Пирам, на името „Тизба“ од смрт натежнатите очи
болно ги крена, ја погледна, потем за навек ги склопи.
145 Штом својот превез го виде и ножница празна, без мечот,
рече: „Несреќнику, твојата рака и љубов те уби!
Сила и јас имам в оваа рака, а имам и љубов,
сили за да се ранам што ќе ми даде и мене.
Јас ќе те следам и в смртта; клета, јас ќе ти бидам
150 повод и друшка во твојата гибел; ах, можеше само
смрт да го земе од мене; но ниту, пак, таа ќе може.
Сепак, ве молиме сега, о, кутри родители наши,
нас, кои љубов и задниот час нè врзаа навек,
да се согласите в еден гроб да почиваме двајца;
155 Ти, пак, о, дрво, што с гранки го покриваш кутрото тело
не еден овде, двајцата ќе нè покриваш скоро,
чувај го вечно знакот на крвта, плодовите твои
црни нек бидат, ко траен спомен на двојната гибел“.
Рече, длабоко потем го заби во градите ножот,
160 сè уште топол од крвта и над железото падна.
Заветот бозите и родителите нивни ги трогна;
плодот на дрвото црна, штом созрее, добива боја,
а, пак, од кладата пепелта в една е ставена урна.
Расказот сврши; по кусо време започна нова
155 скаска Левконоја; молкнаа другите сестри:
„Љубовта еднаш го плени и Сонцето, коешто сите
небесни светла ги пали; за оваа љубов ќе зборам.
Прв тој ја видел на Венера с Марс прељубата тајна;
овој бог прв забележува сè и согледува јасно;
170 Огорчен тој, на сопругот6, син на Јунона му кажа
како и каде го скверни сопругата брачното легло.
Овој изгуби разум, мајсторското дело му падна
6
Т.е. на Вулкан (Хефајст), грдиот и куц сопруг на Венера.
86 Публиј Овидиј Насон

од десницата; веднаш од бронза изработи нежни


ланци, мрежи и замки, што очи да излажат можат;
175 ниту најтенките нишки не се рамнат с оваа творба,
ни пајажината дури од гредата горна што виси;
направи да се затегаат при лесен допир и натиск,
с творбата потем ја опколи брачната постела цела.
Штом прељубникот с жена му в оваа постела легна,
180 вештиот маж ги прилепи в преград обајцата итро
и ги фати со ланци, на чуден исковани начин.
Веднаш Лемниецот7 отвори бели, филдишени двери,
бозите внатре ги пушти; оние лежеа в преград.
Срамно! Некој шегобиец – бог и тој сака исто
185 таков срам да го снајде; сите се смееја бози;
долго низ целото небо за ова се плетеше сказна.
Помни Китерката,одмазда за издајството смисли;
оној што тајната љубов ја урна, со еднаква љубов
таа него го урна; што, сине Хиперионов,8
190 сега ти вреди и убост и боја и светлина зрачна?
Ти, што ја гориш со своите огнови земјата цела,
с нов оган гориш и сам; ти должен си сегде да гледаш,
гледаш ти в Левкотоја, во една сал мома си вперил
очи, а треба на светот да гледаш. Порано сега
195 ти од Исток се креваш, подоцна в морето тонеш,
в неа гледајќи ти ги продолжуваш зимските часој;
некогаш нигде те нема, преминува умната слабост
твоја в светлината; темен – на луѓето душа им плашиш.
Не од ликот на луната, близу до земјата што е
200 бледнееш; оваа боја од љубов ти доаѓа тебе.
Една сега сал љубиш, не те влече веќе Климена,
Родос, ниту прекрасната мајка9 на Ајајка Кирка,
ниту, пак, Клитија10, што ти ја отфрли, а таа уште

7
Епитет на богот Вулкан, кој на островот Лемнос имал своја ковачница; бидејќи го
згаснал вулканот на овој остров, тој таму бил многу почитуван.
8
Син Хиперионов е Сонцето.
9
Мајка на волшебницата Кирка е океанидата Перса, а нејзин татко е Сонцето; Кирка го
има епитетот Ајајка, зашто со своите нимфи живеела на митскиот остров Аја.
10
Ќерка на Океан и Тетида; Феб ја претворил во „хелиотропиј“ – цвеќе што секогаш се
вртело кон сонцето.
Метаморфози 87

копнее по твојот преград, што тешка за неа е рана.


205 Многу жени заборави заради Левкотоја,
ќерка на Евринома, што беше најубава мома
во мирисливата земја; штом ќерката порасна нејна,
таа ја надмина мајка си, како што мајка й сите.
Татко й Орхам кралуваше над Ахајменските градој,
210 потомок седми по ред од Бела11, древниот предок.
Под Хеспериското небо за коњите пасишта има
Сонцето; таму с амбросија наместо с зелена трева;
морни, по дневната служба ги хранат, за напор ги готват.
Еднаш дур четвороношците небесна јадеа храна,
215 настапи ноќ и богот влезе в одајата мила
претворен в ликот на Евринома, нејзината мајка;
меѓу дванаесет слугинки Левкотоја ја виде,
вретено врти и тенки нишки на ламба кај преде.
Тогаш ја бакна, ко мајка што ќерка бакнува мила.
220 „Тајна вест носам“, рече, „излезете слугинки надвор;
насамо сакам да зборувам сега со мојата ќерка“.
Сите излегоа, в собата богот без свидетел, сам е;
рече: „Јас сум тој, којшто годишното време го мери,
јас гледам сè, преку мене и земјата се гледа цела;
225 око на светот сум; верувај, ти ми се допаѓаш многу;
таа престрашена пушта од прстите вретено, фурка.
Полична стравот ја прави, а богот не чека веќе
правиот лик си го враќа и секојдневниот блесок;
девата, иако в уплав од ненадејната глетка
230 сили за отпор нема, сјајот од богот ја совлада.
Завист ја обзеде Клитија, (порано Сонцето неа
многу ја љубеше) гневна на соперничката своја
разгласи сегде за блудот; на татка си дури му кажа.
Тој, пак, жесток и див ја закопа в длабока дупка,
235 озгора уште й нафрла купишта претежок песок,
таа, пак, протега раце кон зраците сончеви, моли:
„Не сакав јас; тој насила, верувај, тоа го стори!“
Сонцето растура зраци врз купот од тешкиот песок,
пат да ти даде тебе да кренеш закопана глава;
11
Бел е митски основач на Бабилон и Асирската држава.
88 Публиј Овидиј Насон

240 но ти не можеше веќе глава да покренеш, нимфо,


с глава и бескрвно тело ти лежиш под тешката земја.
Возачот на крилатите коњи пострашна глетка
никогаш не видел по Фаетона в страшниот оган.
Тој се обидува с врелите зраци да може да врати
245 животна топлина в телото, веќе што студено беше.
Судбата сепак пречи на ваквите обиди смели.
Мирислив нектар тој прсна врз телото и тоа место,
разжален многу тој рече: „Ти сепак ќе допреш до небо!“
Тогаш, мртвото тело, натопено с небесен нектар
250 веднаш се стопи, ја напои земјата с опоен мирис.
Откако изрти корен низ грутките земјани меки
ветка од темјан се крена и с врвот купот го проби.
Иако љубовта може за болката прошка да биде,
а, пак, болката прошка за ова предавство тешко,
255 светлодарителот веќе кај Клитија нема да дојде,
крај ќе й стави на љубовта своја кон оваа нимфа.
Таа, пак, почна да вене од безумна љубов кон него;
бега од другите нимфи, ден и ноќ под ведро небо
седи на голата земја, без було, с замрсени коси;
260 девет дена и ноќи ни храна ни водичка зеде,
бистрата роса и солзите врели се нејзина храна;
не се крева од земјата; гледа кон ликот на богот
кој по небото оди; кон него лице сал врти.
Велат, телото й се прикрепило в земја и тогаш
265 делумно се претворила в жолта бескрвна билка,
лице й покрива румен цвет, ко на темјанушка нежна;
Иако корен ја држи, кон Сонцето таа се врти,
љубовта своја кон него и сменета така ја чува.
Расказот сврши; за ушите чудна е оваа случка,
270 едни невозможна дека е велат, други, пак, знаат
дека се семоќни бозите; Бакх сепак не е меѓу нив.
Откако сестрите молкнаа, ред дојде на Алкитоја.
таа ја протна низ нити совалката, започна вака:
„Нема да зборувам сега за прочуената љубов,
275 на Идаецот Дафнис, кого вљубената нимфа
гневна го претвори в камен; толкава болка ги гори
тие што безумно љубат; нема да зборувам ниту
Метаморфози 89

некогаш како по некој чуден природен закон


Ситон променливо беше час маж, или час жена;
285 И тебе, Келмис, што сега си челик, а некогаш беше
најверен другар на Јупитер, млад кога овој бог беше;
и вас, Курети, од поројни што сте родени дождој,
Смилак и Крок, кои в цвеќенца беа претворени мали,
сите вас ќе ве одминам, с прекрасна приказна нова
290 ќе ги пленам јас лесно вашите души и срца:
Слушајте сега, како се прочу по зло Салмакида12
зашто штом с меките води ги допре телата таа,
слабеат тие; причината уште е тајна за сите,
силата, пак, на овој извор е секому знајна.
295 Синот Меркуриев и на Венера в пештери темни
Идини го отхранија, дете, нимфи – најади;
в ликот можеш да видиш кој му е татко и мајка;
по родителите свои го доби името дури13.
Кога петнаесет години наполни момчето младо,
300 родни напушти гори и хранителката Ида,
радосно скита и гледа по незнајни места и реки
силната желба го гони, не му дава умор да сети.
Сигна в Ликијските градој и нивните соседи Кари;
Овде тој езеро виде со води, бистри до дното;
305 не раснат тука ни калливи треви, ни мочурен окрек,
ниту, пак, бесплодна трска што остри врвови има;
водата проѕирна е, а свежо наоколу базје
уште и вечно зелена трева крај брегот на водата има.
Нимфата, тука што е, за лов не е опитна многу
310 лак не оптегнува, ниту за трки срце ја влече;
од најадите едино таа на брза Дијана
не й е знајна; сестрите често й велеле нејзе:
„Салмакидо, копје ил шарен тул земи во раце,
с напорен лов замени ја бездејственоста твоја!“
315 Не зеде таа ни копје ни лак ни шарен тул в раце,
ниту ја мени со напорен лов бездејственоста своја,
туку во бистрите води го капе прекрасното тело;
Салмакида, бистар извор во Карија; нимфа – најада, која се капела во тој извор.
12

Хермафродит – името го добил според имињата на родителите Хермес (Меркуриј) и


13

Афродита (Венера).
90 Публиј Овидиј Насон

везден со киторски14 чешел ги чешла долгите коси,


гледа во водата, прашува што ли й приличи нејзе;
320 често завиена лесно во наметка проѕирна, тенка,
удобно лежи на лисја или на меката трева;
често пак цвеќиња бере; и тогаш баш береше цвеќе
младичот кога го виде и посака нејзин да биде.
Но не му пристапи веднаш, а сакаше многу да пријде;
325 првин се накити малку, на својата погледна руба,
љубезно направи лице, а вистина прекрасна беше;
Започна тогаш: „Момче, за божество достоен ти си;
ако си божество, Купидон бог само можеш да бидеш;
ако си смртник, среќни се родителите твои,
330 среќен е брат ти, сестра ти исто, ако ја имаш;
среќна е и доилката, која ти давала боски,
но сепак далеку, далеку најсреќна ќе е од сите
свршеницата твоја, за свадбен достојна факел,
ако некоја имаш; потајно јас ќе те љубам,
335 ако, пак, немаш, јас ќе ти бидам; да легнеме, ајде!“
Молкна најадата; младичот румен во лицето стана;
не знае тој што е љубов, но румен е поличен дури;
така е румено јаболко, кога на гранките виси,
обоен филдиш, ил сјајна месечина, румена нежно
340 кога за помош й ечат бронзени направи разни15.
Нимфата долго го моли, ко сестра бар да го бакне,
раце кон него протега, филдишен врат да му гушне.
„Престани, или ќе бегам од тебе и одовде веднаш“,
вели тој; таа се престраши: „Местово ќе ти го дарам,
345 слободен биди ти тука!“ па божем да замине сака,
но го загледува кришум и в густата шума се скрива.
Таму се притаи, клекна на колена; момчето мисли
дека не го гледа никој и сам е в полјаната тревна;
натаму, наваму оди, во жуборливите браној
350 натопи прсти, а потем до глезни влезе во вода;
Набргу, пленет од благите топли наслади водни,
мекото руво го симна од нежното младешко тело.
14
Киторски = шимширов; Китор е град и планина на северното крајбрежје на Мала Азија,
богат со шимшир и производи од него.
15
Древните врачеви ја повикувале месечината напомош со разни магиски обреди.
Метаморфози 91

Нимфата изгуби разум од страст кон голото тело,


пламна од љубов, светнаа силно нејзините очи,
355 ко што в огледало блеска пресјајниот образ на Феба;
одвај да дочека може, одвај на радоста чека,
копнеж за преград ја мори, се здржува, безумна, одвај.
Тој, пак, бргу со свиени дланки по телото плесна,
скокна во водата, с една, па с друга рака мавтајќи
360 блешти сред бистрите браној, ко кип, што е прекриен с филдиш,
или ко лилјани бели покриени с сјајни кристали.
„Победив! Мој е!“ викна најадата; далеку потем
сето руво го слече и среде бранојте се фрли;
отпор тој дава, но таа го држи и бакнува силум;
365 раце подметнува, гради му допира, тој, пак, се брани,
околу момчето таа се вие час овде, час онде;
тој се опира силно и да се извлече сака,
таа се вплела во него ко змија, што царската птица
високо в небо ја држи, а таа й обвива глава,
370 краците й ги стега, а со опашката долга
й ги заплеткува раширените нејзини крилја;
или ко бршленот кога по долгото стебло се вие,
или ко полип под вода штом врагот свој ќе го фати,
не го испушта, с пипки од секоја страна го држи.
375 Атлантидот не попушта, не сака сласт да й даде
тој на нимфата, која за неа копнее толку.
Таа се припи до него со целото тело й рече:
„Иако отпор ми даваш, бесрамнику, нема да можеш
сепак од мене да избегаш! Бози, одредете така
380 ден тој без мене да не е, ни ден јас да не сум без него!“
Ја услишија бозите оваа молба и тогаш
двете ги сврзаа тела и в еден ги слеаја облик,
ко кога некој со кора ќе врзе фиданки млади,
потем ги гледа како сраснуваат тие растејќи,
385 така во прегратка цврста се слеаја обете тела,
но не се двајца, а суштество двојно, ни жена ни момче;
не се ни едно ни друго, се чини се обете в едно.
В бистрите води штом виде, во кои ко маж беше влегол,
полумаж претворен сега и с тело разнежнето сосем
390 нагоре крена раце, и викна с глас, не машки веќе
92 Публиј Овидиј Насон

Хермафродит: „О, татко и мајко, на синот дар дајте,


којшто името свое од двајцата вас си го доби:
секој маж, којшто во овој извор еднаш ќе влезе,
полумаж нека излезе, веднаш штом бранот го допре!“
395 Двајцата родители ја услишија оваа молба
на својот двополен син, па фрлија в изворот бистар
волшебно средство што слаби ги прави машките тела.
Расказот сврши, но сè уште Миниевите ќерки
севезден предат, Бакх го презираат, празник му кудат.
400 Но од невидливи тапани татнеж глув одеднаш грмна,
заѕуни флејта со извиен рог и бучни чинели,
опоен мирис се рашири сегде од шафран и смирна;
кој да поверува; разбојот почна лисја да пушта
платното висна и како зелен се разлисти бршлен;
405 она што нишки беа, се претвори в лозови гранки,
ластар од нитките никна; а на порфирното платно
чудесен блесок се слеа со шарени гроздови красни.
Денот гаснеше веќе и настапи времето кога
не знаеш дали е темнина или виделина бела,
410 кога светлината дневна во предноќен преоѓа самрак;
одеднаш домот ко да се стресе, и смолести факли
чиниш да горат, а домот да свети со црвени огној,
ликови лажни и рика се слуша од ѕверови диви;
низ задимениот дом веќе сестрите в уплав се кријат,
415 овде и онде бегаат в места без оган и светлост;
и дури бараат мрак, преку нивните крајници мали
ципа се протега, кревки пак крилја на раце им никнат;
мракот им пречи да видат, како стариот образ
веќе го снема; да летнат со перјата не можат тие,
420 иако мавтаат силно со своите блескави крилја;
штом да прозборат сакаат, претивок глас сал се слуша,
според телесата нивни; со цвркот слаб тажалки редат;
живеат в домој, не в шуми, од светлина бегаат бела,
летаат ноќе, а име по доцната имаат вечер16.
425 В целата Теба на Бакха славно божеството стана,
за неговата сила разгласи тетка му17 сегде;

16
Лилјаци – лат. vespertiliones; vesper – лат. „доцна вечер“.
17
Тетка на Бакх му е Ина, а нејзини сестри се: Семела (мајка му на Бакх), Автоноја и Агава.
Метаморфози 93

и од толкуте сестри сал таа не осети болка,


осем онаа, што заради сестрите нејзини страда.
Но Јунона забележа колку возгордена стана
430 заради леглото на Атамант и синовите свои,
уште и зарад божескиот храненик свој18, па си рече:
„Може на држанка син да претвора морјаци вешти
Мајонски и да ги фрла во море; може да даде
мајка да раскине утроба на свое сопствено чедо19
435 туѓи крилја да става на трите Миниеви ќерки,
јас, пак, Јунона, да не можам ништо, освен да плачам
заради својата сè уште неодмаздена болка?
Зар да се помирам с тоа? Толкава моќ ли јас имам?
Самиот тој ме учи20 (од враг исто ука се прима);
440 одличен пример ми даде мене со смртта на Пентеј,
што може бесот да стори и зошто да не може Ино
поттик и пример да има од бесот на сестрите свои?“
Патека стрмна се спушта низ гибелна маглива тиса,
води тој пат низ тишина нема в подземјето мрачно;
445 тромиот Стикс испарува магли, а новите сенки
на умрените в гробој се спуштаат оттаму долу;
не знаат маните21 кој пат до Стишкиот град да ги води,
каде се наоѓа дворецот свиреп на мрачниот Плутон.
Илјади приоди има и сегде отворени порти
450 градот; ко реките од сиот свет што в себе ги прима
морето, така и местово сите души ги голта,
никому не му е тесно, ни да се создала толпа
чувствуваш; талкаат бескрвни сенки без тело, без коски,
едни по плоштадот одат, други кај кралот на Адот;
455 едни, пак, прават нешта, ко во преѓешниот живот.
Напушти небесни двори и ваму се спушти Јунона
(толкава пизма и гнев Сатурновата ќерка ја мачи);
Штом таа влезе таму, од светото нејзино тело
застенка прагот, а Кербер трите ги испружи глави
18
Атамант (Атамас) е сопругот на Ина, а нејзин храненик е богот Бакх.
19
Мајонски се Тиренските морјаци, кои се спомнати во III пеење; Агава, сестрата на
Ина, ја раскинала утробата на својот син Пентеј (види Трето пеење).
20
Т.е. Бакх.
21
Мани се душите, сенките на умрените.
94 Публиј Овидиј Насон

460 и истовремено три пати залаја; таа ги викна


сестрите, божици неумоливи, ќерки на Ноќта22;
седеа пред врати тие на затворот, заклучен с челик,
и расчешлуваа црни змии од косите свои.
Штом Јунона ја познаа среде магливите сенки,
465 станаа веднаш божиците; „проклето“ имаше име
местото; распрострен Титиј23 на девет југера земја
даваше да му ја колват утробата; Тантал, од тебе
водата бега, се тргаат плодој над тебе што висат;
Сизифе, каменот што го туркаш ти, одново паѓа;
470 кружи на колцето Иксион, себе се гони и бега;
вода налеваат везден Белидите, истекува таа,
зашто се дрзнаа да ги погубат мажите свои;24
Штом со мрачен поглед ги виде Сатурнија сите,
а пред сите Иксиона, повтор и Сизифа потем,
475 рече: „Зошто овој од браќата вечно да страда,
а Атамант со жена си в богати двори да седи
и да ме презира мене?“ Зошто е дојдена, кажа,
полна со омраза, што сака, таа им изложи потем:
сакаше таа пропаст за кралскиот дворец на Кадма,
480 сестрите да го наведат Атаманта на злостор;
наедно смеша ветувања, молби, заповеди строги,
и ги поттикнува сестрите; ова штом кажа Јунона,
белите коси замрсени Тисифона25 ги тргна
22
Тоа се Ериниите (лат. Furiae), божици на одмаздата.
23
Титиј е титан, син на Јупитер и Геја; посегнал по Летона и затоа нејзиниот син Аполон
го фрлил во Тартар, каде што тој лежел спрострен на земјата и два мршојадци му го
колвеле црниот дроб, кој непрестајно се возобновувал.
24
Тантал, син на Јупитер (Зевс) бил казнет, зашто, иако смртник, му било допуштено да
учествува во гозбите на боговите и тоа што го слушал им го прераскажувал на луѓето;
Сизиф, син на Еол, бил владетел во Ефира (Коринт); како зол и нечесен човек, им се
замерил на боговите; казнет бил да турка во Подземјето камен кон врвот на едно брдо;
кога ќе го дотуркал дотаму, каменот паѓал долу и тој повторно морал да го турка кон врвот;
Иксион бил крал на Лапитите во Тесалија; ја нападнал Јунона и затоа во Тартар бил врзан
за огнено тркало, што непрестајно се вртело; Белиди се внуки на египетскиот крал Бел,
кој имал два сина: Египет и Данај; првиот имал 50 сина, а вториот 50 ќерки; Данај ги
свршил своите ќерки со синовите на Египет, но им порачал да си ги погубат сопрузите
на првата брачна ноќ; сите, освен Хиперместра, која го поштедила својот сопруг Линкеј,
ги погубиле своите сопрузи-братучеди и затоа биле казнети во Подземјето да налеваат
вода во каца без дно.
25
Тисифона е една од трите Еринии; другите две се Алекта и Мајгера.
Метаморфози 95

и од лице ги одмавна непокорните змии,


485 па рече вака: „Не треба сега да должиш многу,
сметај за свршено, тоа што бараш; напушти го сега
ова омразено кралство, в прекрасното врати се небо“.
С радост Јунона се врати, но влегувајќи на небо
Тавмантовата ќерка Ирида ја пороси с вода.26
490 Тисифона го грабна с крв натопениот факел
веднаш; наметна плашт, црвен од крвој што капат, с
наместо појас опаша змија извиена сета,
од дома излезе; по неа одат Скрб, Страв и Ужас
с растреперено лице Лудост, ко друшки ја следат.
495 Стои на прагот; се стресле на Еола портите, велат,
јаворовите врати потемнеле сосема веднаш,
сонцето зашло; се исплаши Ино од чудото страшно,
престрашен е и Атамант, да побегнат од дома сакаат,
но на влезот ги спречи Еринија, седната таму,
500 раце испружила кон нив, обвиени с јазли од змии,
растресе коси, запиштеа размрданите змии,
лежат на плеќите едни, по градите други, пак, ползат,
с’скаат, отрови блујат, непрестајно с јазикот мавтаат.
С рака смртоносна грабнува таа од коси две змии,
505 потем ги фрла кон нив; а тие полазеа веднаш
по Инините гради и на Атаманта кутар;
отровен здив им вдахнуваат; рани не нанесуваат;
умот е тој што почувствува тогаш стравотен удар.
Тисифона донесе со себе отрови течни
510 пена од Керберовата уста и отров Ехиднин
заблуди пусти, заборав на заслепениот разум,
злостор, солзи и бес, и силна желба за колеж;
сето истолчено ведно, со свежа крв смешано уште,
зелена дудика стави, па сето в котел го свари.
515 Оние двајца дур в ужас стојат, им излеа таа
фуриски отров на гради, им растресе срца до дното.
Тогаш во еден ист круг да мавта со факелот почна,
с брзина таква што еден плам веднаш друг пламен следи.

26
Ирида е прислужничка на Јунона; таа ја испрскала Јунона со света вода кога се вратила
од нечистото Подземје, пред да влезе во небесните двори.
96 Публиј Овидиј Насон

Како победничка таа, штом заповед изврши верно,


520 в дворецот Дитов27 се врати, ја распаша лутата змија.
Веднаш во дворецот разбеснет вика на Еола синот28:
„Еј, мои друзи, распрострете мрежи во овие шуми!
Само што здогледав лавица овде с две нејзини рожби“.
Излуден трча тој по сопругата, како по дивеч,
525 Неарха синот го граба од мајчини скутој, а тој, пак,
с насмевка раце му пружа; дваж и триж тој го врти
в воздух ко прачка, и в тврд камен детско му разбива лице.
Потем и мајката в ужас од бол, ил од отровот в неа
безумно почна да пишти и трча с распуштени коси,
530 тебе, Меликерте, мал на голите раце те носи,
вика: „Бакхе, евој!“ Јунона се смее и вели:
„Нека ти помогне сега оној твој храненик тебе!“
В морето стена се издига, долу што браној ја мијат,
покриените далги ги штити од дождови силни;
535 горе, пак, високо стрчи и чело кон пучина пружа.
Таму се искачи Ино (лудилото сила й дава)
бестрашна сосем се фрли в бранојте со своето бреме;
од овој удар се распени силно морската вода.
Венера тогаш на преголемите маки се смили
540 Инини, па на чичка си се додворуваше милно:
„Боже на водите, Нептуне, најблиска твојата сила
е до небото; премногу барам, но милост ти имај
кон моите блиски; ги гледаш фрлени в Јонското Море;
прими ги меѓу твоите бози! И кон мене исто
545 морето имаше милост, штом некога в длабини свети
пена бев јас, па оттаму добив и име јас грајско“.
Нептун на молбата кимна, им одзема смртно што беше,
потем им дари величие, достојно што е за почит,
и на обајцата тогаш и облик и име им смени.
550 Палајмон синот го нарече, мајка му пак Левкотоја.
Друшките сидонски29, колку што можат, ја следеа Ино,
видоа последни стапки од неа на работ од камот;
сигурни дека е мртва, со дланки се удрија в гради,
27
Дит = Плутон, братот на Јупитер, господар на подземниот свет.
28
Синот на Еол е Атамант (Атамас).
29
„Сидонски тебански“, наречени така според Кадмо, кој бил од Сидон.
Метаморфози 97

в жалба за домот Кадмеев раскинаа руба и коси,


555 гневни за преголемата и несправедлива јарост
на божицата кон наложницата; а, пак, Јунона
силно навредена, рече: „Најголем споменик вие
на мојот бес ќе бидете!“ Тоа што рече, го стори.
Друшката најверна викна: „Кралицата јас ќе ја следам
560 в морската бездна!“ Но штом да скокне се обиде таа,
ни да се помрдне може, за камот прикована висна;
другата, кога по гради да бие со рацете сака
според обичајот, сети, кај плеќите станаа камен;
една, пак, друга случајно раце кон морето крева,
565 й се скаменија рацете, такви ги пружа кон бранот;
една, штом почна од жал да кубе коси од глава
гледаш кај одеднаш прстите й се стврднаа в коси.
Секоја в онаа положба стои, во која се нашла.
Некои станаа птици, и сега што с крилјата свои
570 исти допираат води, а Исмениди се викаат.
Не знае Агеноридот30 дека се богови морски
ќерката и внукот негов; од тага, од несреќи бројни,
сломен од чуда што беше ги видел, го напушти градот
сам што го основа; божем од судба на местото гонет,
575 а не од негова; долго лутајќи ко изгнаник стигна
в предели Илирски, заедно со сопругата своја31.
Еднаш од возраст и неволи стежнати, судбата клета
на својот дом ги спомнуваа в разговор своите маки;
Извика Кадмо: „Зар ламјата свештена била, што с копје
580 мое прободена беше, кога од Сидон јас појдов,
в земја, ко нови семиња, змиски јас посеав заби?
Ако се бозите гневни и сигурна одмазда бараат,
сам јас ко ламја ќе станам и долг мев ќе испружам овде“.
Рече и како ламја го спружи долгото тело,
585 на стврдната кожа сети кај лушпи му растат
и како темното тело со синкави дамки се шара.
Паѓа на гради, а нозете му се слепуваат в едно,
потем малку по малку се тенчат в изгладена вршка;

30
Агенорид (син на Агенор) е Кадмо.
31
Сопруга на Кадмо е Хармонија, ќерка на Марс и на Венера.
98 Публиј Овидиј Насон

рацете му останаа сал па ги протега, кутар,


590 солзи по лицето лее, што сè уште човечко му е.
„О, кутра жено, пријди до мене!“ извика Кадмо.
„Дури од мене останало нешто, допри ми рака,
додека рака јас имам и не сум се претворил в змија.“
Сака да зборува уште, но одеднаш јазикот негов
595 на два се расцепи дела, ни збор да изусти може;
колку што пати посака некаква жалба да каже,
с’ска; природата таков сал глас му остави нему.
Жена му в голите гради со дланки се бие и вика:
„Остани, беден мој Кадме, од гадов извлечи се сега!
600 Што ли е ова? Кај ти се нозе и плеќи и раце,
кај ти е лицето, тенот, дур сето ова го велам?
Зошто и мене, небесници, не ме претворите в змија?“
Рече; а тој ја лизна по лице сопругата своја,
потем во пазуви нејзини мили, ко в знајни се вмолкна,
605 в преград ја зеде, вратот нејзин го бара, ко преѓе;
друзите близу што беа, стаписани беа од ужас;
таа, пак, него го гали по вратот гребенест, гладок,
одеднаш станаа двајца, испреплетени лазат,
дур не се сокрија обата, в лагот што наблизу беше;
610 тие од луѓе не бегаат, не им задаваат рани
мирните змии и сега помнат што некогаш биле.
Утеха за преобразбата нивна, внукот им беше
кого го почитуваше Индија, совладана в војна,
кого Ахаја го славеше и му подигаше храмој;
615 само Акрисиј, на Абанта синот, од колено исто,
не дава богот Бакх да влезе во градот Аргос,
војува против него, не признава дека тој бог е;
ниту, пак, дека Персеј е син на Јупитер смета,
кого го зачна лична Данаја од златниот дождец.
620 Но се покаја скоро (толку е правдата моќна)
што го навреди богот и внукот не си го призна;
вознесен веќе на небо е едниот, другиот носи
славна одрана руба од едно чудовиште змиско32,
лета низ лесниот воздух, а крилјата везден му шумат;
32
Всушност, тоа е главата на Горгона што й ја отсекол Персеј.
Метаморфози 99

625 кога победникот Персеј над песокот либиски висна,


крвави капки од Горгонината капнаа глава;
почвата жедно ги впива и в шарени претвора змии;
заради бројните змии е гибелна онаа земја.
Гонет од раздорни ветри низ бескрајот оттаму лета,
635 сега е овде, потем е онде, ко дождовен облак
од високото небо ги гледа далечните земји,
и прелетува така низ сите предели земни.
Мразните мечки и пипките Ракови триж тој ги виде,
одвеан често на запад, или, пак, често на исток;
640 но кога денот зајде, а в ноќта тој немаше верба,
во Хесперија запре, во Атлантовото кралство,
за да си почине малку, дур Деница не ја викне
Зората сјајна, а таа, огнените коли на Денот.
Овде живееше синот на Јапет, огромниот Атлант,
645 кој со своето тело ги надвишуваше сите;
Тој беше крал на предели што се на крајот од светот
и на морето, коешто забревтаните коњи,
но и морната кола на Сонцето в себе ги прима.
Илјада стада од овци и говеда скитаат волно
650 таму низ тревата; сосед да го потиснува нема.
Имаше тамо дрво со сјајни лисја од злато,
јаболка златни надвиснати имаше в гранките златни.
Персеј му рече: „Домаќине, ако те трогнува слава
на велик род – јас потекло водам од Јупитер славен,
655 ако се дивиш на дела, на моите ти ќе се дивиш;
барам прибежиште овде и мир“. Тогаш Атлант си спомна
за она пророштво старо што беше го рекла Темида:
„Атланте, време ќе дојде, кога од твоето дрво
златото ќе се плени, а синот на Јупитер слава
660 голема со овој плен тој ќе стекне тогаш за себе“.
Исплашен Атлант со ѕидини тврди го огради тогаш
овоштарникот; огромна ламја за чувар му стави,
и не допушташе туѓинец в негова земја да стапне.
„Бегај оттука“, му рече, „инаку, славата твоја,
665 што ја измислуваш сега, не ќе ти биде од помош!
Не ќе ти помогне дури ни Јупитер, с кого се фалиш!“
По заканите сила применува, с раце го турка
100 Публиј Овидиј Насон

него кој сака да влезе со зборови храбри, но милни


зашто е послаб (но кој со Атланта в сила е рамен?)
670 Персеј му рече: „Штом мил јас не сум ти, прими го даров!“
Назад се сврте, од левата страна кон него ја пружи
главата на Медуза, сета покриена с лушпи.
Колкав што беше голем во брдо се претвори Атлант;
брада и косите – в шуми, в сртој – плеќи и раце;
675 она што глава беше е врв на високата гора,
коските станаа камен; на сите страни во бескрај
Атлант се извиши (така одлучивте, бози, о вие!),
па сосе ѕвездите на него сето почива небо.
Ветрите в вечен ги заклучи затвор синот на Хипот33,
680 а, пак, на вишното небо се јави Деница сјајна,
повик што е за труд; на обете заврза нозе
крилја Персеј, опаша с кукест нож појас, па потем
замавна с крилјата, и во бистриот воздух се вивна.
Мина низ народи безбројни околу; долу, под него
685 етиопскиот народ, кефенските34 полја ги виде.
Несправедливиот Амон35 заповеда таму да плати
казна невината Андромеда36 за говорот мајчин;
Синот на Абант ја виде со раце приковани в стена
и ќе помислеше в некаков мраморен кип дека гледа,
690 да не й вееше ветренце коси, и врели солзи
да не й капеа од прекрасните очи; тој пламна
не знаејќи; се стаписа од преголемата убост,
дури заборави крилја да движи во бистриот воздух.
Застана тогаш и рече: „За окови вакви ти не си
695 достојна, дево, туку за такви со коишто цврсто
вљубени млади се поврзуваат помеѓу себе.
Кажи ми, кога те прашувам, која си, од која земја,
зошто окови носиш“. Таа, пак, молчи, се плаши
33
Синот на Хипот е богот на ветровите Еол.
34
Кефенци се етиопско племе.
35
Амон е источно божество, првин почитувано во египетска Теба; подоцна поистоветувано
со Зевс во Грција и Јупитер во Рим.
36
Андромеда е прекрасната ќерка на етиопскиот крал Кефај и Касиопа која се фалела
дека е поубава од нереидите; Нептун за казна праќа морско чудовиште за да ја опустоши
земјата; спас од чудовиштето било Андромеда, како жртва, да биде прикована на една
стена во морето.
Метаморфози 101

збор да му каже на мажот; лице би сокрила скромно


700 с раце, да не беше само со окови врзана цврсто;
можеше само со горешти солзи да наполни очи;
но да не помисли дека не сака, име му кажа
свое, на земјата своја и колку мајка й беше
горда на убоста своја; но сè уште сè не му кажа,
705 браној зашумеа, излезе од длабочините морски
огромен ѕвер и дигна гради над морето ширно.
Момата викна; се најдоа татко й, мајка й тука,
обата кутри, но мајката несреќна с повеќе право;
помош не носеа тие, но, за времето, достојни солзи,
710 плачат обата виснати на окованото тело.
Вака туѓинецот рече: „Ќе имате предолго време
вие за солзи, за спасот нејзин часот е краток.
Јас, ако Персеј, на Јупитер син й на онаа,
којашто в затвор ја оплоди Јупитер со златно семе,
715 јас, што Горгона ја победив, коси што има од змии,
и имам смелост со крилја да летам низ воздухот ширен
ако ја побарам неа, најмил зет јас ќе ви бидам.
Сал ако бозите дадат, кон сето додавам уште
предлог, моја да биде, ако со храброст ја спасам“.
720 Тие прифатија радо (зар би се двоумел некој?)
молат, ветуваат уште, кралството нивно ко мираз.
Како што брзиот кораб, со клунот прибиен напред
бразди низ бранови гонет од младешки мишици потни,
така и разјарен ѕверот со градите бранови сече;
725 толку оддалечен беше од стената, колку што може
балеарската прачка да метне оловна топка
в небо; младичот веднаш од земјата с нозе се одби,
и под облак се вивна; штом ѕверот над водата виде
човечка сенка, збесна штом сенката таму ја виде.
730 Ко Јупитерова птица, на пусто штом здогледа поле
змеј на сонце кај испружил свои темносинкави плеќи
одзади таа го зграбува, страшна да не сврти рилка,
потем во вратот лушпест, алчни му забива канџи,
така низ небо летајќи Инахидот брзо се спушти,
735 грбот на ѕверот го стисна и в десното рамо му заби
нож со искривена кука, а ѕверот рикаше силно.
102 Публиј Овидиј Насон

Тешко ранетата ѕверка, час в вишното небо се крева,


час во море се нурка, час, пак, се врти ко вепар
див, кога толпа разлајани пци му влеваат ужас.
740 Персеј со брзите крилја од алчните угризи бега.
Кај ќе се покаже грбот со шупливи покриен школки,
в ребрата час, или в опашката, најтенка што е
како кај риба, отстрана го сече со мечот свој српест;
Ѕверот од устата пурпурна крв блуе смешана с вода.
745 Мокри од водните капки, крилјата станаа тешки;
Персеј доверба нема во мокрите крилати чевли;
здогледа стена, што подава врв, штом мирува бранот,
а исчезнува кога бранојте стануваат бурни.
Потпрен на неа, за врвот држејќи се с левата рака
750 три-четири пати в мевот на ѕверот го забива мечот.
Радосен викот го исполни брегот и вишните дворци
божески; с радост го поздравуваат зетот и велат
таткото Кефеј со Касиопа дека е Персеј
заштитник храбар, уште и спасител на домот нивни;
755 Слободна, момата пријде – и дар и повод за трудот.
Персеј заграбува вода и мие победнички раце;
да не ја повреди песокот тврд змијоносната глава,
постила земја со лисје и треви што растат под вода,
главата на Медуса Форникида врз нив ја става.
760 Свежите стебла, со срцевина сè уште жива
моќта на ѕверот ја впија и тврди од допир со него
станаа; гранки и лисја попримија коравост нова.
Нимфите морски го испитуваат чудново дело
кај повеќето гранки; ги радува истиот случај;
765 повторно, повторно семе од нив низ морето фрлаат.
Природа иста и сега имаат сите корали
тврди стануваат веднаш при секаков допир со воздух;
стебло што било под море, над морето станува камен.
Олтари три на троица бози од базје им дигна:
770 Лев на Меркуриј, десниот тебе, воинствена дево,
среде на Јупитер бог; на Минерва й жртвува крава,
на крилоногиот теле, бик тебе, највишен боже.
Андромеда ја зема ко дар за великиот подвиг,
без мираз; Амор и Хименај свадбени мавтаат факли,
Метаморфози 103

775 огнови горат, заситени с опојни мириси силно,


венци над куќите висат, насекаде весело ечат
лири и флејти и песни, знаци на радост и среќа.
Дворецот, в позлата сиот, широко отворил порти
видните Кефенски мажи, променети в свечено руво
780 еве доаѓаат весели сите на кралската гозба.
Штом с благородниот дар на Бакх си разгалија душа,
Линкидот37 праша за животот нивни и нивната земја,
за обичаите и за духот на нивните луѓе;
Еден му раскажа, потем му рече: „Јуначе Персеј,
785 сега раскажи ни ти, те молам, со колкава машкост
и с каква итрост ја откина ти змијокосата глава!“
Агеноридот им раскажа: „Таму под мразниот Атлант
место се наоѓа, добро заштитено с ѕидини тврди;
пред влезот негов стоеле двете Форкови38 ќерки
790 обете сал с едно око на смена се служеле тие;
кришум, со итрина, дур го предавале една на друга,
Персеј подметнал рака, го украл, па долго скитајќи
преку беспаќа кришни, низ спили во нерамни шуми
стигнал до на Горгоните домот; насекаде видел
795 низ пусти ниви и патишта ликој на луѓе и ѕверој,
в камен претворени сите од страшниот поглед Медузин.
В отсјајот на својот бронзен штит, кого што Персеј го носел
в левата рака, го видел стравотниот лик на Медуза;
и кога тежок сон неа и змиите сосем ги обзел,
800 тој й ја отсекол главата; брзиот крилат коњ Пегас
и братот негов од крвта на мајка им родени биле39.
И за опасности страшни од долгото летање кажа,
кои се мориња, земји од високо видел летајќи,
и кои ѕвезди, дур с крилјата високо летал, ги допрел;
805 Замолчал тогаш; но од првенците еден го прашал,
зошто сал таа од сестрите в косите имала змии.
Гостинот рекол: „Бидејќи е достојно ова за расказ,
37
Персеј е наречен Линкид, зашто е правнук на Линкеј, еден од педесетте синови на
Египет, кој не бил убиен од сопругата Хипермнестра, ќерката на Данај.
38
Форк – син на Нептун, татко на Медуза.
39
Крилатиот коњ Пегас и неговиот брат, џинот Хрисаор, биле родени од крвта на ме-
дузата Горгона.
104 Публиј Овидиј Насон

послушај зошто: прочуена била по својата убост,


надеж, што раѓала завист кај безброј младоженци била;
810 но најубавото нешто на неа косите биле;
најдов јас човек кој велеше дека ја видел.
Велат господарот морски неа ја осквернил еднаш
в храмот Минервин; ќерката Јупитерова тогаш
со егида го затскрила своето девствено лице;
815 за да не остане неодмаздено скверното дело,
косите на Горгона во гадни ги сменила змии.
Дури и сега, за да ги застраши вразите свои,
змии, што сама ги сотвори, напред на градите носи.
Метаморфози 105

ПЕТТО ПЕЕЊЕ

Зборува јунакот данајски среде Кефенците1 уште


кога во кралскиот дворец се втурна разјарена толпа;
викот не е свадбена песна, навестува лут бој
свадбата тогаш се претвори во ненадеен метеж
5 што да се спореди може со разбранувано море
чијашто мирна површина бесот на ветри ја допрел.
Прв меѓу нив е Финеј2, непромислен водач на бојот,
мавта с јасеново копје, од бронза шилец што има
„Еве ме, тука сум, одмаздник лут за грабнатата жена;
10 не ќе те спасат ни крилја, ни Јупитер – златниот дождец!“
Вика тој, сака копје да фрли, а Кефеј му рече:
„Што правиш, брате, каква ли лудост те тера на злостор?
Таква благодарност ли ќе се врати за заслуга таква?
Тоа ли дарот да биде за спасот на Андромеда?
15 Персеј не ти ја одзеде, ако ли вистина бараш,
туку страшните ќерки на Нереј, рогатиот Амон,3
морскиот ѕвер, што доаѓаше утроба моја да кине.
Грабната од тебе беше кога ја чекаше смртта;
тоа ли сакаш, да умре, на болката да ми се ситиш?
20 Не беше доста што пред очи твои окована беше,
ти, пак, ко стрико и свршеник не й помогна с ништо;
сега те боли и страдаш што друг некој неа ја спасил,
награда ќе му земаш? Да беше вредна за тебе
ти ќе ја симнеше оттаму, кај што окована беше.
25 Пушти го, нека ја носи, тој што ја спаси и мене
од бездетната старост; с договор, с подвиг ја стекна;
не е тој пред тебе, туку е спас од сигурната гибел“.
Финеј не рече ништо, но гледа час в братот, час в Персеј,
во недоумица првин да удри во овој ил оној;
30 наскоро потем со сета сила што гневот ја дава

1
Кефенци – Етиопјани.
2
Финеј бил брат на етиопскиот крал Кефеј и стрико и свршеник на Андромеда.
3
Амон е либиско божество, кое престојува во една оаза, западно од Египет.
106 Публиј Овидиј Насон

напразно копје кон Персеја сврте и бргу го џитна;


в јастакот тоа се заби; од диванот в бес рипна Персеј
копјето назад го фрли и ќе пробиеше лесно
вражески гради, да не се засолни Финеј зад олтар;
35 о, каков срам, од олтар злосторник спасен да биде!
Копјето сепак се заби со успех в Ретовото чело.
Откако падна, од коската копјето некој го стргна,
почна да рита тој, с крв наредените маси ги прсна.
Нескротената толпа од гнев се распали тогаш,
40 фрчеа копја; викаа: Кефеј треба да умре
в исто време со зетот; пред прагот излезе Кефеј,
в правда и верност се колне, в гостопримство, в бозите дури
дека без негова волја се кренала оваа буна.
Дојде бојна Палада4, с егидата братот го штити,
45 храброст му внушува таа. Имаше Индиец еден
Атис5; него Лимнаја6, на реката Ганг што е ќерка
в бистрите води го родила велат; убавец красен
в раскошно облечен руво, шеснаесет годишен младич.
Наметнат с тириски плашт, со злато обрабен сиот,
50 вратот негов го красат златни огрлици красни,
в косите с мирта натопени – свиена круна му стои;
Вешт беше мошне оддалеку бојно да исфрла копје,
но уште повешт тој беше лак да оптега цврсто.
Дур ги оптегаше с рака на лакот жилавите рогој
55 Персеј замавна с гламнја, што димеше посреде олтар
коските му ги скрши и лицето тој му го здроби.
Штом Асириецот Ликаб, красното лице го виде
в крвој кај лежи и испушта душа од лутата рана
а беше пријател негов, с докажана љубов кон него
60 заплака, лакот го грабна, што Атис го држеше преѓе.
„Со мене сега ќе треба ти да се бориш!“ рече;
„не ќе се радуваш долго на смртта на момчево овде;
не ќе ти донесе слава а омраза“. Ова го рече,
потем од жилата пронижувачка исфрли стрела.

4
Палада Атена е сестра на Персеј, зашто на обајцата Јупитер им е татко.
5
Атис бил во придружбата на Финеј.
6
Лимнаја била божица на мочуриштата.
Метаморфози 107

65 Не го погоди него, а в дипла од рувото висна;


Внукот Акрисиев мечот, со којшто ја уби Медуза,
веднаш кон него го сврте и в градите тој му го зари;
онаму темнина ноќна пред смртта на очи му падна
фрли поглед на Атис, се наслони потем на него,
70 утеха негова беше што ведно кај маните одат.
Еве Сиенецот Форбас, кој син Метионов беше,
и Амфимедон од Либија, желни да заметнат битка,
паднаа кутри на земја, натопена ширум од крвој;
да се кренат се трудат, но мечот им попречи обид,
75 в ребра се зари на едниот, а на Форбас во вратот.
Не го напаѓа Персеј с кукест меч синот на Актор
Ерит, кој с двосека секира наместо с копје се бори,
туку со обете раце огромен покрева кратер,
претежок, насликан уште со високи облици красни
80 и го фрли врз мажот; крв румена изблува Ерит,
падна и умирајќи во земјата с темето удри.
Потем и Полидајмон, од родот Семирамидин,
и Кавказецот Абарис и Сперхеецот Ликет
и нестрижениот Хелик и Флегијас, уште и Клита
85 Персеј ги уби па потем низ купишта трупови гази.
Не се осмели Финеј одблизу с враг да се судри,
замавна с копје, но тоа по грешка во Идас се заби,
кој не се бореше в бојот, на ниедна не беше страна;
с мрачни го погледна очи тој бесниот Финеј и рече:
90 „Кога во бој ме навлекуваш, Финеју, и враг ме правиш,
тогаш прими и плата, рана за оваа рана!“
Сакаше копјето веќе од телото сам да го тргне,
но на колена падна од крвта премалени сосем.
Потем Кефенецот Ходит, првенец веднаш по кралот,
95 падна од мечот на Климен, Протојнор пак падна од Хипсеј,
Хипсеја Линкид го уби; меѓу нив и старецот беше
Ематион, кој имаше почит кон правда и бози;
возраста него го спречи во битка и тој да се бори,
па со зборој се бори, злосторната битка ја колне;
100 Нему, дур с трепетни раце го обгрна светиот олтар
Хромис му одруби глава и таа на олтарот падна;
тогаш тој полумртов со јазикот проколна луто
108 Публиј Овидиј Насон

и среде огнот на бојот ја испушти душата своја.


Паднаа таму браќата близни Бротеј и Амон
105 непобедливи в борба с тупаници дотогаш уште,
меч со тупаници да се совлада ако ли може,
падна од рака Финеева уште и жрецот Церерин
Ампик со бела на челото преврзан свештена трака;
Исто и ти на Лампеда сине, неподобен што си
110 за вакви дела; в китара ти удираш и песни пееш,
повикан овде да славиш гозба и празник со песни.
Штом го виде оддалеку со невоинствена цитра
Патал потсмешливо рече: „Пеј кај стигиските сенки!“
потем му заби нож во слепоочницата лева.
115 Падна тој, пред смрт со прсти на лирата допира струни,
песна пригодна пее за својата жалосна судба.
Бесен Ликормас без одмазда оваа гибел да биде
не дава; граба од десната вратница мандало тешко,
коските му ги столчи на вратот, точно насреде;
120 овој на земјата падна, ко јунец, заклан за жртва.
Кинифиецот Пелат од левата посака врата
дрвото да го откине, но Мармаридецот7 Корит
врвот од копјето му го заби во десната рака
и тој висна на дрвото; Абас го погоди в гради,
125 не падна тој, умирајќи за вратата сè уште виси.
Меланеј8 исто падна, воениот другар на Персеј,
и пребогатиот Дорил од насамонските9 полја,
Дорил богатиот с ниви, од кого повеќе никој
полиња нема ни повеќе високи купишта темјан;
130 накосо фрлено копје во слабини нему се заби,
а тоа место е гибелно; штом Халкионеј од Бактра10
него го виде кај испушта душа, превртува очи,
него го рани и рече: „Од толку земја и ниви
имај го сега сал тоа место, каде што лежиш!“
135 Потем го остави таму да лежи бескрвното тело.
7
Мармарика – област во Северна Африка, меѓу Кирена и Египет.
8
Меланеј – црнец од Етиопија (грч. мелас = црн).
9
Насамонците најпрвин биле населени југозападно од Кирена; во римско време биле
потиснати кон исток до Мармарика.
10
Бактра е главен град на персиската област Бактрија.
Метаморфози 109

Родот на Абас, ко одмаздник копјето бргу го стргна


од уште топлата рана, кон овега потем го фрли,
тоа сред носот му мина, на тилот од две страни стрчи.
И дур Фортуна рака му води тој Клитиј и Клинис,
140 чеда на една мајка ги рани на различни места:
Тешкиот јасен ги прободе обете бедра на Клитиј,
а, пак, Клинис го прегриза копјето в својата уста.
Падна Келадон од Мендет11, по него падна и Астреј,
роден од Палестинка мајка и незнаен татко;
145 Мудриот Ајтион падна, што гаталец некогаш беше,
измамен од птица лажливка, кралскиот оруженосец
Тоакт и Агирт, кој срамно сопствениот татко го закла.
Повеќе остана многу од она што свршено беше;
една мисла имаат сите: да победат еден,
150 толпата заговорничка напаѓа редум од сегде,
сложна за дело што не е ни услуга ниту, пак, верност;
Напразно чесниот тест и невестата, нејната мајка,
го подржуваат Персеј и с лелеци домот го полнат;
ѕвекот од оружје посилен е од претсмртниот ропот,
155 а Белона12 изобилно с крвови црни ги прска
скверните веќе пенати и го потсилува бојот.
Пинеј и илјади негови го опколуваат Персеј,
побројни летаат копја од град што паѓа сред зима
покрај обата бока на Персеј, крај очи и уши.
160 Тој, пак, се потпрел со плеќи на еден столб голем од камен,
за да го заштити грбот и така свртен кон врагот
нападот тој го спречи; од левата напаѓа страна
Хаонски13 Молпеј, од десно Етемон од Набатеја14;
Ко кога тигар, мачен од глад во долината слушне
165 рика од говеда две, па не знае првин кон кое
да се нафрли, гори од желба да рипне врз двете,
така и Персеј се двоуми, лево ил десно да удри;
Молпеја в нога го рани и така го тргна од себе,
радосен е што се спасил, но мир не му дава Етемон,
11
Мендет е египетски град на едно од утоките на Нил.
12
Белона е стара италска божица на војната.
13
Градот Хаонија се наоѓал во сириската област Комагена
14
Набатеја е земја на Набатејците, номадски народ во Северозападна Арабија.
110 Публиј Овидиј Насон

170 сака тој, бесен, во врат да му зададе рана на Персеј,


но си прецени сили, мечот се скрши од столбот,
скокна острицата и на господарот в врат му се заби.
Ударот не беше доволен да го усмрти него;
Персеј го пронижа с киленски15 нож, дур престрашен сиот
175 напразно пружаше раце, во кои оружје нема.
Но кога виде кај смелост пред толпата не вреди многу,
извика Персеј: „Бидејќи на тоа ме терате вие,
помош од врагот ќе барам; свртете го вашиот поглед,
вие, што друзи сте мои!“ Го покажа ликот Горгонин.
180 Тескел пак рече: „Со твоите чуда ти друг некој плаши!“
И дур се готвеше гибелно копје со рака да фрли,
тој како мраморен кип во положба остана иста.
Ампикс прехрабриот, до него близу, цели со мечот
в градите машки на оној потомок славен на Линкеј,
185 в нападот му се здрви десницата, не може веќе
да ја крева ил движи ни напред ниту, пак, назад.
Нилеј кој велеше лажно дека од Нил седмоустен16
потомок бил, па на штитот свој изрезбал утоки седум
едни од сребро, а други од злато, на Персеј му рече:
190 „Погледај, Персеј, колку е славно потеклото мое,
утеха нека ти биде, што таков маж тебе те убил
кога по смртта ќе заминеш долу кај немите сенки“.
Гласот на крајот му замре сред зборот; с отворена уста
чиниш да прозбори сака, но пат за зборовите нема.
195 Ерикс се провикна тогаш: „Слабоста ваша ве здрви,
не Горгонината сила! Напаѓајте со мене сега,
младичот – с волшепства борец, на земја кутнете го вие!“
Сака да потрча Ерикс, но земјата стапки му здржа,
недвижен оружан кип од камен остана така.
200 Овие сите со право казнети беа, но еден
воин на Персеј, Аконтеј, кој за него в бој беше влегол,
в камен се претвори веднаш штом ја виде Горгона;
Астијаг мислеше дека е сè уште жив и го удри,
с долгиот меч, но мечот со остри заѕуни звуци.
15
Тоа е всушност српот, што Меркуриј, кој го има прекарот Киленец, по брдото Килена
во Аркадија, му го дал на Персеј.
16
Зашто имал седум утоки.
Метаморфози 111

205 Застана стаписан тој, но истата судба го снајде,


и на мраморното лице му остана зачуден поглед.
Долго би било мажите сите од средната класа
да се набројат; двесте за борба останаа кадри,
двесте, пак, станаа мрамор пред поглед на ликот Горгонин.
210 Финеј веќе се кае, в неправеден бој што се впуштил;
но што да прави? Кипови гледа разни по облик,
ги распознава своите, секого вика по име,
помош тој бара од нив, ги допира блиските тела;
мрамор се тие; се врти, молејќи тој протега раце;
215 „Победник, Персеју, ти си! Но тргни го чудово твое,
тргни го погледот на Медузата, која и да е
в камен што претвора сè; те молам, тргни ја сега!
Јас не од омраза или за власт се судрив со тебе,
оружје кренав на тебе сал за невестата млада!
220 Предимство имаш по заслуга ти, а јас, пак, по време;
срам ми е што не се повлеков; ти, пак, прехрабар мажу,
живот поштеди ми само, а другото, сè нек е твое!“
Тој така рече, а Персеј не го ни погледна дури,
тој што го моли и рече: „Страшливецу преголем Финеј,
225 штом на малодушен голем дар можам да дадам – ќе дадам,
немај страв од мене! Мојот меч не ќе те повреди тебе!
Дури и споменик јас ќе ти подигнам, траен за навек,
в домот на мојот тест секогаш виден ќе можеш да бидеш,
с ликот на својот свршеник, жената да ми се теши“.
230 Потем кон него го сврте на Форникидата17 ликот,
кон кого с преплашен поглед се беше завртел Финеј.
Иако тој се обиде поглед да сврти, но веќе
вратот се стврдна и камен му станаа влажните очи,
ликот, пак, остана плашлив во мраморот, дури и молбен,
235 остана с покорен изглед и с рацете спуштени долу.
Персеј ко победник с жената влезе во градот свој татков
и ко избавител и како одмаздник за својот дедо,
кој незаслужено пострада; с Пројта ќе војува сега,
зашто Пројт с оружје силум го изгони брата си роден

17
Форникида (ќерка на Форник) е Медуза.
112 Публиј Овидиј Насон

240 и завладеа сам на Аркасиј18 во вишните кули.


Но ни с оружјето, ниту, пак, с кулите, земени силум
тој не го победи ѕверот змијоносен со свиреп поглед.
Сепак, Полидекте, владетел што си на малиот Сериф19,
не те омекнаа тебе ни храброста на овој младич
245 ни докажаните подвизи, ниту страдањата бројни,
туку ти упорно и неумоливо него го мразиш
и нема крај на твојата несправедлива срдба;
не му ја признаваш славата; велиш дека е лага
она убиство на Медузата; Персеј му рече:
250 „Доказ дека е вистина, веднаш јас ќе ти дадам!
Свртете очи!“ Со ликот Медузин тој ликот на кралот
в камен го претвори веднаш и крв веќе немаше в него.
В злато родениот брат Тритонида20 го следеше довде,
потем се зави в шупливиот облак, го напушти Сериф,
255 Китнос и Гијар21 ги остави таа од десната страна,
па по најпрекиот пат преку море се упати в Теба,
и кон девствениот Хеликон; застана тогаш на врвот
и на сезнајките сестри – музи вака им рече:
„До моите уши пристигна глас за новиот извор,
260 ископан од копитото тврдо на коњот Медузин
крилат и појдов сакајќи чудото јас да го видам;
видов кај коњот се раѓа од крвта на мајка му врела“.
Уранија22 й рече: „Што и да причина била
овде да дојдеш, божице, и овој дом да го видиш
265 срца ни полни со радост; вистина сè е што слушна,
Пегас23 го создаде изворот“. Потем кај светите води
таа ја води Палада; божицата долго се чуди
на избликнатите води, што струјат од ударот с нозе,
гледа низ шумските прастари лагој, на пештери пусти,
270 гледа на тревата бујна, ишарана с безбројни цветој,

18
Аркасиј е прадедо на Персеј; нему му било претскажано дека ќе загине од раката на
внукот што ќе го роди ќерка му Данаја. Персеј навистина не сакајќи го убил деда си.
19
Сериф е мал остров во Кикладите.
20
Тритонида – Минерва.
21
Китнос и Гијар се кикладски острови.
22
Уранија е муза на астрономијата.
23
Коњот Пегас е син на Горгона, роден од нејзината крв.
Метаморфози 113

Мнемонидите24 среќни на ова место се, вели,


и за она што прават. Една од сестрите рече:
„О, Тритонидо, и ти би се вклучила в нашето оро,
да не те водеше твојата доблест кон велики дела;
275 вистина зборуваш, с право го фалиш ти местово наше
и умешноста наша; среќна имаме судба,
безбедни само да бевме. Моминските срца пак може
сè да ги страши, од злосторот ништо безбедно не е.
Сè уште страшниот Пиренеј мене пред очи ми стои
280 сè уште од овој уплав не сум се созела сосем.
С тракиска војска Давлида25 и полјата Фокејски ширни
злосторник оној ги зеде, неправедно владее во нив“.
Тргнавме еднаш кон храмот на Парнас26, а тој штом нè срети,
веднаш нè позна и с притворено лице ни искажа почит
285 како кон божици; рече: „Мнемониди, постојте малку,
не двоумете се, в мојот дом слободно влезете вие,
заслон од дожд и од невреме нек ви е! (дождливо беше)
Бозите често и в победни домови знаат да влезат!“
Поради дождот и ваквите зборој се сложивме тогаш
290 с мажот да влеземе ние в предворјето на домот негов.
Престана дождот; северецот јужниот ветер го совлада
облаци темни тој повторно гони по чистото небо;
Појдовме ние; го затвори домот свој Пиренеј тогаш,
насилство спрема кон нас; со крилја избегнавме сила27;
295 тој да нè следи сакајќи, на висока застана кула,
извикна: „Кај што ќе одите и јас по вас ќе одам!“
Безумник тогаш се фрли од врвот на вишната кула,
падна на образ, ги здроби коските, па умирајќи
врз набиената земја злосторнички пролеа крвој“.
300 Музата сврши; низ воздухот тогаш зашумеа крилја,
а од високите гранки се слушна глас, како поздрав.
Ќерката Јупитерова угоре погледна тогаш

24
Мнемониди се нарекуваат музите, зашто се ќерки на Мнемосина и Зевс.
25
Давлида е град во Фокида; оттаму водел патот за Парнас.
26
Парнас – планински масив во Фокида; во јужните негови пазуви се наоѓал градот
Делфи, во кој бил прочуениот храм и пророчиште на Аполон; како и Хеликон, и Парнас
е планина на музите и симбол на поезијата.
27
Освен кај Овидиј, музите немаат крилја ни во уметноста ни во поезијата.
114 Публиј Овидиј Насон

откај што јасно доаѓаше гласот, ко човечки говор;


птици здогледа девет, кај оплакуваат судба,
305 свраки на гранки наседнати, и подражаваат сешто.
На зачудената божица, другата божица рече:
Скоро, во натпревар совладани, овие в јатото птици
влегоа. Пиер ги роди, богат со ниви во Пела28
Евипа Пеонка мајка им беше; моќна Луцина29
310 девет пати ја викна, девет пати родила беше.
Се возгордеаја лудите сестри од нивната бројност,
минаа низ многу градови Хемонски, многу Ахајски,
стигнаа тука и с зборови вакви на мегдан нè викаат30:
„Доста неукиот народ го лажевте с јалова сладост;
315 ако верувате в себе, борете се, Теспијки31, со нас;
ниту со глас, ни по вештина од вас подолу не сме,
исти на број сме; ако победиме ние, ќе треба
да го напуштите изворот на Медуза32 и оној
на Хијантската Аганипа33, ако, пак, вие,
320 тогаш ќе се повлечеме од кај Ематските полја34
сè до Пеонија снежна. Натпреварот суд нека даде!“
Срамен натпреварот беше, но отстапка – посрамна уште.
Нимфите избрани в реките се заколнаа свои,
седнаа потем на седала, правени од камен – живец.
325 Првата, која за натпревар, сама, без жрепка, се јави
почна да пее за борбата на боговите вишни
лажна чест на Гигантите даде, ги потцени силно
делата на великите бози; пееше таа
како од дното на земјата Тифоеј35 страшниот пуштен,
28
Пела е град во Македонија, а Пеонија – област во северна Македонија.
29
Луцина е божица на породувањето; ваков епитет носат и Дијана и Јунона, зашто и тие
помагаат при породувањето.
30
Ќерките на Пиер пошле од Македонија, преку Тесалија и Ахаја, дошле во Беотија,
на Хеликон.
31
Музите се наречуваат Теспијки според градот Теспија, кој се наоѓал во Беотија, на
Хеликон; таму тие биле од дамнина почитувани.
32
Изворот на Медуза бил Хипокрена.
33
Аганипа е извор на Хеликон, а се нарекува „хијантски“ по името на старото Беотско
племе Хијанти; поетите често целата Беотија ја нарекуваат Хијантија.
34
Ематските полја се полињата на Македонија, наречени така според името на Ематија,
што е една област во Македонија.
35
Тифоеј бил син на Тартар и Геја; татко му го пуштил од Подземјето да се одмазди за
смртта на Гигантите.
Метаморфози 115

330 небесниците силно ги престраши, в бегство ги стера,


сè дур истоштени земјата в Египет нив не ги прими
заедно с неа и Нил, што седум утоки има.
И дури тука дошол Тифоеј, роден од земја
па в лажни ликови тогаш се скриле вишните бози.
335 Рече: „И Јупитер тогаш се престорил в овчар, па така
дури и сега ко либиски Амон е с свиени рогој;
гавран Делиецот36 стана, а чедо Семелино37 – јарец,
сестрата Фојбова38, мачка, Јунона39 белоснежна крава,
Венера в риба се сокри, Киленецот40 в птицата ибис.
340 Дотука пееше таа придружена с китара нежна;
Сега на ред Аонидите41 сме, но време дал имаш
сега и нашата песна ти да ја слушнеш, дал сакаш?“
„Без грижа, ајде по ред сега кажи ја песната ваша!“
Рече Палада и седна под лесната сенка на лагот.
345 Музата почна: „На една да пее препуштивме ние“.
Стана Калиопа, распуштени коси си закити с бршлен42,
потем со палецот свој ги раздвижи жалните струни,
тогаш со ѕвонката лира ја придружи оваа песна:
„Прва Церера43 раскопа земја с извиено рало,
350 прва на земјата плодови даде и јастија слатки,
прва и закони даде; сè тоа дар е Церерин;
за неа треба да пеам, о, камо само да можам
секако таа за песна е достојна божица прва“.
На гигантовото тело остров Тринакрија44 лежи
355 с огромна тежест го стиснал Тифоеја, којшто се дрзна
да се понадева еднаш да има небесни двори.
Тој, пак, се бори, се напрега да се исправи често,

36
Делиецот – Аполон.
37
Семелино чедо – Дионисиј.
38
Сестрата Фебова – Дијана.
39
Во оригиналот Сатурнија – Јунона.
40
Киленецот – Меркуриј.
41
Аониди се музите, зашто се населени во Беотија, старата Аонија.
42
И поетите се кителе со бршлен.
43
Церера е ќерка на Сатурн и Геја, сестра на Јупитер, од кого ја родила ќерката Просер-
пина; таа ги научила луѓето како да ја обработуваат земјата, им дала семе, но и им дала
и закони според кои ќе живеат.
44
Тринакрија е старото име на Сицилија.
116 Публиј Овидиј Насон

но десницата му ја сковал Авсонскиот Пелор45,


левата Пахин, а, Лилибај46, ти, си му притиснал нозе;
360 Етна му тежи над глава, под неа Тифоеј спрострен
песоци фрла и огнови блуе од страшното грло.
Бремето земја се мачи од себе тој да го стресе,
градој и планини вишни да стргне од своето тело;
земја се тресе, во уплав е кралот на немите сенки47
365 да не се распукне тлото и низ широкиот отвор
ден да не влезе, да не ги престраши кутрите сенки.
Уплашен од таа беда од својот темен двор тогаш
излезе кралот, на кочија возен од атови црни,
и го обиколи темелот на сикулската земја.
370 Кога се увери дека тој растресен никаде не е
исчезна стравот; го виде седејќи на своето брдо
него Ерикина48; таа го гушна крилатото чедо,
вака му рече: „Оружје, рако моја и сило,
ти што совладуваш сè, сине мој, Купидоне,
375 земи ги брзите стрели и забиј ги в срце на богот,
кому од тројното кралство му падна последната жрепка.
Бозите вишни и Јупитер сам да ги скротиш ти можеш,
уште и морските бози и богот што кралува над нив;
зошто го оставаш Тартар? Мајчино царство и твое
380 зошто не прошириш? Третина тоа е една од светот!
Дур и на небо за презир сме ние, што трпиме толку,
со мене веќе се смалени и Аморовите сили.
Не гледаш зарем како од мене бега Палада
и Дијана стрелачката; ако допуштиме ние
385 ќерката на Церера, девица исто ќе биде.
Надежи како и тие покажува оваа сега.
Заради нашата власт, само сега ако си волен
сврзи ја ти Просерпина со стрико й49“. Венера кажа;
45
Пелор е североисточниот ’рт на Сицилија; се наречува Авсонски, по Авсонците, жи-
телите на јужна Италија.
46
Пахин е југоисточниот, а Лилибај западниот ’рт на Сицилија.
47
„Кралот на немите сенки“ е Дит (Плутон); во подземниот свет сенките на умрените
вечно молчат.
48
Ерикина е атрибут на Венера, според нејзиното светилиште на брдото Ерик во Сицилија.
49
Просерпина е ќерка на Церера и Јупитер, чиј брат е Дит (Плутон), кој, според тоа, й
е стрико на Просерпина.
Метаморфози 117

оној го разврза тулецот и според мајчина желба


390 од илјадата оддели една, најострата стрела,
сигурна, таа на лакот што најмногу послушна беше,
колено свитка и на него витиот лак тој го опна,
па со кукестата стрела го погоди в срцето Дита.
Близу до градот Хенајски50 се протега езеро ширно
395 Перг51 му е име; од него веќе ни реката Кајстрос52
в бујните браној не слуша песни на лебеди бели.
С шума овенчано е, а сиот брег с лисјата густи
како превез ги одбива зраците Фојбови сјајни;
гранките даваат лад, по земјата цвеќиња тирски53;
400 вечна владее пролет; дур в овој лаг Просерпина
играше, лилјани бели, темјанушки красни берејќи,
па со детинска страст ги ставаше в кошничка, в гради
и да ги надмине друшките в берба дур сакаше таа,
одеднаш Дит ја здогледа, веднаш се вљуби, ја грабна.
405 Љубовта пламна; божицата в ужас со жалосен пискот
викна по мајка, по друшки, по мајка си почесто своја.
раскина кошула тенка дури од горните рабој,
па од скината руба попаѓаа браните китки;
толкава невиност имаше в нејните години детски,
410 што дур за оваа загуба девствена осети болка.
Потера кола грабнувачот, ати по име бодрејќи
шиба по нивните шии и гриви и ’рѓави узди,
лета низ длабоки езера, низ Паликејскате бари54,
кои издишуваат сулфур, од процеп во врелата земја,
415 каде што Бакхиадите55, родум од двоморен56 Коринт

50
Хена е град на Сицилија; тука Дит ја грабнал Просерпина и ја одвел во подземниот
свет. Денес овој град се вика Кастро Ѓовани.
51
Денес ова езеро се вика Перкуса или Лагитело.
52
Реката Кајстрос е во малоазиска Лидија.
53
„Тирско цвеќе“ е цвеќе со порфирна боја; се нарекува така зашто порфирот потекнува
од Феникија, каде што се наоѓал и градот Тир.
54
Паликејски бари се два врели извори, близу до светилиштето на Паликите, близнаците
на Јупитер и нимфата Талија; тие извираат од едно мало но длабоко езеро меѓу Хајна и
Сиракуса, во југоисточна Сицилија.
55
Бакхиади се потомци на владетелите на Коринт кои, бидејќи оттаму биле протерани,
го основале градот Сиракуса.
56
Коринт е наречен „двоморен“, зашто се наоѓа во теснец меѓу Јонското и Егејското море.
118 Публиј Овидиј Насон

сред нееднаквите пристани57 ѕидини кренаа вишни.


Меѓу Кијана58 и Аретуса Писајска59 е залив
чиишто рогови тесно се зближени помеѓу себе;
Тука беше Кијана, од сите Сикелски нимфи
420 најславна што е; по неа и име езерото има.
Таа се крена до појас од вода; божицата таа
веднаш ја позна и рече: „Понатаму нема да одиш!
Против волја Церерина зет ти не биваш нејзин;
треба ти да ја побараш неа, а не да ја грабиш.
425 Ако со големо, мало да споредам право јас имам,
в мене Анапис се вљуби, но тој и ме побара мене,
не престрашена, ко што е оваа, за него појдов“.
Рече и испружи раце на спротивни страни; го запре.
Синот на Сатурн не можеше гневот свој да го скроти,
430 страшните коњи ги спотна и со десницата снажна
в дното на водовртежот кралскиот жезол го џитна.
Така ударот в земја го отвори патот кон Тартар
и во длабините свои ја прибра брзата кола.
Тажи Кијана божицата грабната тогаш што беше
435 и што на изворот нејзин повредени правата беа;
рана неутешна в срцето носи, се топи во солзи,
тлее во водите, каде што доскоро божица беше;
Гледаш кај телото нејзино смекна, коски се вијат,
тврдост ноктите губат; тоа што најкревко било
440 прво исчезнува: стапала, прсти, глезни и коси;
тенките делови лесно се губат во мразните браној;
потем ги снемува плеќите, грбот, свенатите гради
сето се претвора бавно во тенки поточни струи;
најсетне наместо живата крв в повредените вени
445 потече вода, не остана ништо, што можеш да допреш.
Мајката напразно в ужас ја бараше ќерката свидна
низ сите земји на светот, и во длабините дури.

57
Сиракуса имала две пристаништа: едно големо, на североисточната страна, а друго
помало, на југоисточната страна.
58
Кијана е нимфата, која од жал што не можела да го спречи Дита да ја однесе грабнатата
Просерпина се претворила во поток, кој се влева во реката Анап.
59
Писајска Аретуса – е поток на островот Оритрија кај Сиракуса; се нарекува „Писајска“
според некој град Писа каде што извирал.
Метаморфози 119

Неа не ја виде ниту Аврора60 со влажните коси,


ниту Хеспер61 ја виде кај почива; таа од Етна
450 запали пламеноносна борина во двете раце
и без почин ги носеше низ сланосаните ноќи;
А кога денот плодотворен ѕвездите повтор ги згасне,
таа ја бараше ќерката сегде, од залез до изгрев.
Ожедне, морна од напор, не допрела с усните извор,
455 кога случајно виде куќарка с покрив од слама;
на вратичката тропна; старица излезе една;
штом ја виде божицата вода како й бара,
питие слатко й даде со толчени зрна од јачмен.
Дури го пиеше, застана пред неа момченце дрско
460 с потсмев ја гледа божицата, „алава“ дека е рече.
Уште недопила, силно навредена таа врз него
веднаш го истури јачменот, смешан што беше со вода;
дамките ликот ги впи, а она што раце му беа
станаа краци, на трупот сменет му додаде опаш,
465 в облик мал тој се собра, да не може многу да штети
па и од малиот гуштер, уште помалечок стана.
Бабата плаче, се чуди, посакува чудо да допре,
но тоа бега и бара кај да го сокрие срамот.
Тој доби име по телото, с разни опсипано ѕвезди.62
470 Долго е да се раскажува низ кои земји и морја
бродеше мајката; нема крај веќе каде да бара.
Назад в Сиканија63 дојде, насегде оди и бара,
стигна и до Кијана; да немаше сменет лик таа
сè ќе й кажеше веднаш, но иако сака да каже,
475 нема ни уста ни јазик, со што да проговори нема;
јасен знак сепак й даде; го пушти да плови врз бранот
појасот на Персефона, паднат во светите води.
Мајката веднаш го позна, си скубе несредени коси
тогаш како да дозна за грабеж на своето чедо,
480 повторно в гради се бие; сè уште не знае кај е;
сите земји ги колне, неблагодарнички клети
60
Аврора – божица на зората.
61
Хеспер – ѕвездата Вечерница.
62
Еден вид гуштери, поради дамките што ги има по телото на латински е наречен Стеллио.
63
Сиканија е поетско име за Сицилија.
120 Публиј Овидиј Насон

недостојнички, вика, дека за плодот се дарен.


Најмногу таа ја колне Тринакрија64, зашто во неа
траг на грабежот откри; бесна испокрши плугој
485 земја што ријат, ратаи погуби, волови селски;
ниви, заповеда, посев да скријат, и семе им сотре.
Плодноста, позната ширум по светот, на оваа земја,
сега ја снема; сеидбата гине со првите стракој,
час од премногу сонце, а час од поројни дождој;
490 штетат и ѕвезди и ветри, а гладните птици го колват
семето фрлено; жетвата ја уништуваат везден
плевел и трње и пиреј, неуништлив секогаш што е.
Тогаш Алфејката65 глава од водите Елејски крена,
росните коси од чело кон уши ги тргна и рече:
495 „Мајко на мома, низ цел свет барана, мајко на плодој,
напушти безмерен напор и гнев кон верната земја.
Не го заслужи тоа, без волја за грабежот зина;
не молам сега за земјата моја, ко туѓинка дојдов.
Писа е мој роден крај, в Елида на светов се родив,
500 јас во Сиканија дојденка сум, но оваа земја
најмила ми е од сите; Пенати овде јас имам,
овде и домот е мој, сочувај го, божице блага.
Зошто од мојот крај далечен овде низ бранови морски
дојдов јас овде в Ортигија, кога за тоа ќе дојде
505 време јас ќе ти раскажам; тогаш, штом грижи ќе немаш
и лик порадосен. Земјата мене премин ми даде,
низ најдлабоките јами и глава овде да кренам
ѕвезди да гледам на што бев одвикната одамна веќе.
Значи, дури се влечев под земја низ Стишките води
510 твојата Просерпина ја видов со своите очи;
жална е уште, на лицето сè уште страв й се гледа,
сепак, на темниот свет е кралица велика таа,
на владетелот подземен сега е сопруга моќна!“
Мајката кога го слушна ова, ко камен се стори,
515 ко да ја удрила ровја; зашеметеноста тешка
с тешка болка ја свлада, па в етерски предели веднаш
64
Тринакрија („триаголна“) – така била нарекувана Сицилија, заради триаголната форма,
или поради трите ’рта: Пелор, Лилибај и Тресена.
65
Алфејка е нимфата Аретуса од Елида, миленичка на речниот бог Алфеј.
Метаморфози 121

појде, пред Јупитер с лице ко облак, с развеани коси


застана, полна со јад и вака на богот му рече:
„Јупитер, дојдов за мојата и твоја крв да те молам;
520 ако за мајката милост ти немаш, тогаш бар таа,
ќерката нека го трогне татка си; затоа молам,
нека не ти биде помала грижа што јас ти ја родив.
Долго ја барав, еве, ја најдов, ако го викаш
наод, а загуба не, да знаеш сал каде е таа.
525 Можам да поднесам дека ја грабнал, но нека ја врати!
Твојата ќерка, и моја да не е, не заслужи толку
разбојник сопруг да има“. Јупитер вака й рече:
„Наше е таа чедо, гордост и грижа е наша,
но ако вистинско име им дадеш на нештата сега,
530 насилство ова не е, а љубов; сал ти ако сакаш,
божице, зетот за срам нам никако не ќе ни биде.
Срам зар е брат да се биде на Јупитер!? Има тој друго;
само со жрепка е по мене тој. Но ако ти имаш
толкава желба за раскин, нека се врати на небо
535 Просерпина, сал ако таму не вкусила храна;
Така со закон одредиле дамна божиците Парки“.
Тој рече така: Церера пак одлучи да си ја врати
ќерката; судбата сепак во тоа ја спречи, бидејќи
момата долу не постела; дур во градините красни
540 невино шетала, скинала нар од кривото стебло,
седум одронила зрнца од жолтата кора па потем
си ги изџвакала в уста; од сите, сал еден ја видел
Аскалаф, кого што, велат, го родила некогаш Орфна,
позната добро меѓу Авернските66 нимфи, од својот
545 Ахеронт67 љубен сред шумите долни во предели мрачни;
видел и кажал, па свиреп тој, право за поврат й одзел.
Закука тогаш на Ереб кралицата68; подлиот сведок
прокобна птица го стори, му пороси глава со вода
од Флегетон69, па остана клун сал, очи и перја.

66
Авернски нимфи – нимфи кај Авернското езеро кај Неапол. Римјаните сметале дека
таму е влезот во подземниот свет. Владетелка на авернските нимфи била Орфна (грч.
„Темнина“), мајката на Аскалаф.
67
Ахеронт е бог на истоимената подземна река.
68
„Кралицата на Ереб“, т.е. на подземниот свет е Просерпина.
69
Флегетон е пламена река во подземниот свет.
122 Публиј Овидиј Насон

550 Лишен од видот, се обвива везден во жолтите крилја,


глава му расте, му се извиваат долгите канџи,
одвај со тромите раце ги крева сраснатите перја,
стравотна постана птица, гласник на несреќа идна,
мрзлив був, знамење што е страшно за смртните луѓе.
555 Сепак тој заслужи казна, за јазикот – издајник негов
вие, пак, Ахелоиди70, перја и нозе ко птици
зошто имате, кога во лице сте убави моми?
Дал зашто Просерпина штом пролетно береше цвеќе
вие сирени певици бевте в нејзината дружба?
560 Откако напразно неа ја баравте сегде низ светот,
сакавте уште и морето грижата да ви ја сети,
и над бранојте со крилја ко с весла да стоите вие;
бози за ваша да дознаат желба, па видовте тогаш
како во жолти перја се сменија вашите тела.
565 Сепак ви остана ликот на моми и глас ко на човек,
за да не загине песната, родена уши да гали
уште и дарот на јазикот ваш и устата медна.
Јупитер, посреде братот и скрбната негова сестра,
на две ја раздели тој годината, која се врти;
570 сега божицата божество стана на обете кралства;
с мајка й толку е месеци, колку со сопругот што е.
Се преобрази веднаш таа и с лика и душа,
истата таа, која пред Дита се чинеше тажна,
разведри чело, ко сонце, покриено с дождовен облак
575 преѓе, а како победник излегло оттаму потем.
Прашува блага Церера, штом ќерка си назад ја врати:
„Зошто ти побегна, Аретусо, и свет извор стана?“
Молкнаа далгите тогаш и од длабокиот извор
издигна глава божицата, зелени потсуши коси
580 с раката, потем за љубовта раскажа с реката Елеј:
„Некогаш бев јас една од нимфите, што се в Ахаја,
ниедна побрзо од мене в трк не минуваше гора,
ниту, пак, некоја подобро ловни поставаше мрежи.
Иако никогаш не барав слава за убоста моја,
585 снажна иако бев, ’убавица‘ прекар јас имав.

Ахелоиди се сирени, ќерки на Ахелој, бог на истоимената река во Ајтолија и на музата


70

Мелпомена, господарката на песните; затоа и тие се песнопојки.


Метаморфози 123

Лицето фалено мое не ме радуваше многу,


ко што ги радува други; по селски црвенеев често
зарад телесните дарој; за грев го сметав јас тоа.
Од Стимфалидската шума71 (се сеќавам) морна се враќав,
590 а беше жега, што напорот голем ја правеше двојна;
здогледав вода без вртеж, тихо, без шум кај си тече,
проѕирна дури до дното, низ неа секое камче
можеш на дно да го броиш; одвај се движи, би рекла.
Бели имаше врби и топола влага што впива,
595 тие од себе даваа сенка на стрмите брегој.
Пријдов и првин стапала натопив в бистрата вода,
потем нозе до колена; с тоа задоволна не бев,
распашав нежна руба, на сведната врба ја ставив,
гола во вода се нурнав. И дур ја удирав, плескав,
600 пливав на начини разни, раце ко весла фрлајќи
слушнав од среде дното шумолење некое чудно;
в уплав до работ на блискиот брег јас застанав веднаш“.
„Кај брзаш, Аретусо? Кај брзаш?“ повторно слушнав
Алфеј од водата с рапав глас како ми говори мене.
605 Избегав како што бев, без облека (остана таа
на спротивниот брег); тој повеќе пламти, ме гони,
а, пак, бидејќи бев гола, тој мислеше дека сум спремна.
Така потрчав јас, а тој, пак, дивјак, ме гони,
ко што со трепетни крилја гулабици бегаат од јастреб
610 дури до Орхомена, Псофида72, дур до Килена,
до Мајналиските долој, Елида и Еримант студен
издржав в бегот трчајќи, тој не беше побрз од мене;
нерамна в сила да издржам подолго не можев в бегот,
тој, пак, напор да издржи можеше подолг од мене.
615 Сепак, низ полја, низ планини, с шуми покриени густи,
трчав без престан низ камења, стени, низ беспатни места.
Сонцето зад грб ми беше, пред моите нозе јас гледав
огромна сенка; можда сал стравот го гледаше тоа;
страв ми задаваше топот од нозете, здивот му силен
620 веќе ми пиркаше в траките, в косите мои што беа.
71
„Стимфалидска шума“ – шума околу Стимфалското Езеро во северозападниот дел
на Аркадија.
72
Псофида е град во Аркадија на реката Еримант.
124 Публиј Овидиј Насон

Морна од бегање викнав: „Оруженосна Диктино73,


веќе ме фати, помагај сега на таа што често
твојот лак да го носи й даваш и стрели в тулец!“
Слушна божицата, грабна од густите облаци еден
625 па го фрли врз мене; така обвиена с облак
реката мене ме демне, околу облакот бара
два пати околу местото, кај што ме скри Диктина;
два пати викна: „Ој, Аретуса! Ој Аретуса!
Како ми беше тогаш во душа? Овцата така
630 трепери волци штом чуе кај вијат крај високо трло,
или, пак, зајакот скриен во грм штом ќе здогледа муцки
кучешки, не се осмелува ни да се помрдне с тело.
Но не отстапува Алфеј, не гледа стапки од нозе,
облакот темен го чува, местото тоа го демне.
635 Премалената снага, студена пот ми ја обли,
паѓаат синкави капки од мене низ целото тело.
Кај и да стапнам со нога, станува вир; а од коси
росата побргу капе, одошто зборувам сега.
Вода се претворив сета. Но водата Алфеј ја позна,
640 остави мажески лик, што пред тоа беше го наврел
браној повторно стана, со мене тој да се слее.
Делијка74 распука земја, се нурнав в пештерите темни,
стигнав в Ортигија75, мила што ми е по прекарот нејзин;
зашто така се вика и мојата божица мила,
645 прва оттаму таа ме изведе на светов горен“.
Заврши Аретуса, а плодоносната дива76,
впрегна два змеја в кола и усти им стисна со узди,
потем се провози среде земја и небо низ воздух;
откако лесната кола ја спушти во град Тритонидин77
650 на Триптолем78 му даде едно семе да сее
в земја пуста, а друго да го посее в угар.

73
Диктина е божицата Дијана (Артемида); таа со мрежи лови дивеч.
74
Делијка – Дијана, зашто била родена на островот Делос.
75
Ортигија е епитет на Дијана, зашто постарото име на островот Делос било Ортигија.
76
„Плодоносна дива – плодоносна божица“ – Церера.
77
„Градот Тритонидин“ – градот Атина; Тритонида е прекар на божицата Атена.
78
Церера му заповеда на Триптолема да ги учи луѓето на земјоделство; Триптолем е син
на кралот на Елевсина која се наоѓала во Атика – Келеј.
Метаморфози 125

Момчето високо мина над Азија и над Европа;


сврте кон Скитските брегој, каде што крал беше Линкос;
влезе во кралскиот дворец; запрашан по кој пат дошол
655 зошто, како се вика, кој му е роден крај, рече:
„Славна Атина е родина моја, се викам Триптолем;
дојдов не преку море со кораб, ни пеш преку копно;
воздухот пат ми отвори, носам Церерини дарој,
кои, расеани кога ќе бидат по нивите ширни,
660 плодна жетва ќе дадат и слатка на луѓето храна“.
Барбарот завидлив посака сам дародавец да биде,
гостот го прими и кога сон го совлада него
с меч тој му пријде; штом посака да му го забие в гради,
в рис го преобрази тогаш Церера и заповед даде
665 младичот мопсопски79 свети низ воздух да потера коњи.
Така ја заврши песната највеликата Муза80,
нимфите сложно рекоа дека победа носат
Хеликонските музи; но победените нимфи,
с навреди почнаа; јас тогаш реков: „Малку ли ви е,
670 што во натпреварот казна заслуживте, па уште с клетви
вината ја зголемувате; не ќе ве трпиме вечно;
срдбата штом ни налага, ќе ве казниме сега“.
С потсмев и презир кон заканувачките зборови вакви
Ематидите81 се однесуваат; но штом ќе почнат
675 нешто да кажат и с викот да мавтаат с дрските раце,
гледаат како перја по нокти и раце им никнат,
едната гледа кај друга наместо устата тврд клун
кај што й израснал; в шумите нови се јавија птици;
Додека мавтаат с раце за да се удрат во гради,
680 висат во воздух мавтајќи, крештавите планински свраки.
Таа дрдорливост стара и досега остана кај нив,
зарипнат дрдорлив глас и бескрајна желба за говор.

79
„Мопсопски младич“ е Триптолем, зашто Атика се нарекувала уште и Мопсопија, по
некој древен крал Мопсоп.
80
„Највелика муза“ е Калиопа, која била сметана за прва меѓу музите.
81
Ематиди се сестрите, ќерки на Пиер, а така се наречени според една област во Македонија.
126 Публиј Овидиј Насон

ШЕСТО ПЕЕЊЕ

5 Оваа повест Атена ја ислуша, искажа фалби


за аонидските песни1, ја одобри нивната срдба
праведна; в себе си рече: “ Малку е други да фалам
нека ме фалат и мене; јас нема да допуштам веќе
моето божество некогаш да се скверни без казна.
10 Судбата посака кон Арахна2 да насочи мисла,
онаа Мајонка лична, за која слушнала беше
дека првенство в предење не й отстапува нејзе;
не беше таа славна по род ни по родното место,
туку по својата вештина; таткото нејзин Идмон3
15 од Колофон4; во фокајски5 пурпур ја топеше вешто
волната жедна; немаше мајка, но и таа беше
жена од народот, исто ко мажот; Арахна пак здоби
име с работата славно низ сите лидиски градој,
иако беше од непознат род, и од мала Хипајпа6.
20 За да го видат нејзиното чудесно дело и нимфи
често слегуваа долу од лозјата Тмолски7 и нимфи
Пактолски8 ги напуштаа своите бранови бистри.
Не беше дивно за гледање само готовото платно,
туку и како се ткае; таква уметничка беше,
25 или кога во клопци ја моташе грубата волна
ил кога преѓата с прсти ја реди, па с влечење долго
повтор ја чешлаше волната, мека ко облак дур стане,
ил дур вретеното вешто го врти с подвижниот палец,
ил дур со иглата везе, ко да ја учи Палада.
30 Таа одречува гневно дека Палада ја учи;

1
„Аонидски песни“ – песни на нимфите Аониди, т.е. од Аонија, што е старото име на Беотија.
2
Арахна е Мајонка, т.е. Лидијка; старото име на Лидија било Мајонија.
3
Идмон на грчки значи „зналец, познавач“.
4
Колофон – град во Мала Азија.
5
„Фокајски пурпур“ – пурпур од Фокаја, град на малоазискиот брег на Јонија.
6
Хипајпа е мал град во Лидија, на јужната страна на брдото Тмол.
7
Тмол – брдо во Лидија, денешен Боздаг.
8
Пактол е мала, златоносна река, што извира од брдото Тмол; денешен Сартчај.
Метаморфози 127

„Нека се бори со мене, победена сè ќе й признаам!“


Старица стана Палада, лажни коси на чело
бели си стави; со тојага нејако потпира тело;
вака тогаш й рече: „Староста не носи само
35 неволи; доаѓа мудрост и опитност с доцните лета;
совет не отфрлај мој; кон таква ти слава се стреми
в обработување волна сред смртните најдобра да си;
првенство дај на божицата, од неа барај ти прошка
за зборовите дрски; ќе прости, ако ја молиш“.
40 Мрачно ја гледа Арахна, ги пушти почнатите нитки,
одвај задржува раце, на лицето гнев й се гледа,
потем на кришна Палада одговор ваков й даде:
„Безумна, дојде кај мене од долга снемоштена старост,
штетно е да се живее предолго; ваквите зборој,
45 нека ги слуша снаа ти, ќерка ти, ако ги имаш;
Доволно умна сум; немој со наговор сега да мислиш
дека ме убеди мене; иста намисла имам.
Зошто не дојде сама? Од натпревар зошто се клони?“
„Тука е“, викна божицата; старечки отфрли облик
50 и се јави Палада; божеството нимфи го честат
и мигдониските9 жени; во уплав сал момата не е;
потскокна сепак, ненадејно лик и с руменило пламна,
потем повторно исчезна, како што небото сино
в пурпур се капе сето штом Зората рано се јави
55 а потем белее, кога сонцето јасно се крене.
Опстоја таа на зборот од желба за глупава слава,
лета кон гибелта своја; на Јупитер ќерката тогаш
нит ја убедува веќе, нит одлага натпревар с неа.
Обете веднаш на различни страни поставија разбој
60 па на обата разбоја тенки растегнаа нитки;
разбојот с кросно е сврзан, основата брдо ја дели,
средната нитка се вметнува вешто со совалки остри;
потем ја редат со прсти, сред нитките потем ја влечат
с удар од гребло назабено ја набиваат потем.
65 Обете работат бргу, опашале гради со руба,

9
„Мигдониски жени“, т.е. невести; Мигдонија – област во Фригија, чии жители се сметало
дека се доселиле од Тракија; овде под „мигдониски“ се подразбира „лидиски“.
128 Публиј Овидиј Насон

вештите раце ги движат, од ревност ни умор да сетат.


Пурпурна волна се ткае, од тирски што излегла котел,
вткаени тука се и нежни сенки со разлика мала.
Ко што сончевите зраци се кршат често од дождот
70 и како ѕуница бескрајна небото ширно го бојат;
во неа, иако илјада различни блескаат бои,
преминот сепак од една во друга очи ни мами;
иста е бојата кај се допираат, друга на крајот.
Уште и долги нитки од злато вткајуваат тие
75 па во ткаењето вешто вметнуваат приказни древни.10
В крепоста Кекропска Марсово брдо11 вткаа Палада,
уште и спорот, на земјата име кој да й даде.
Бози дванаесет12 достојно седат на престоли вишни
среде нив Јупитер; секој бог с посебна означен лика;
80 Јупитер бог е претставен тука во обличје кралско,
богот на морето стои и с долгиот трозабец бие
в каменот тврд, а таму кај с ударот направил процеп
бликнува море, што знамење е дека градот е негов;
себе Палада штит и островршно копје си дава,
85 шлем на глава си стави, с егида13 си заштити гради;
претстави како штом с врвот од копјето удри во земја
никнува од таму ластар со плодој од маслина сива14;
сите бози се чудат; на крајот со Победа сврши15.
Но за да разбере сепак соперничката с пример,

10
Палада Атена на својата ткаенина изобразува разни собитија во кои таа самата, или
некоја друга божица победиле во некој натпревар; така таа го победила Посејдона, кога
се расправале кој ќе му даде име на градот Атина; како Хајм и Родопа се претворени во
планини, зашто се осмелиле да се наречуваат Зевс и Хера; како мајката на Пигмејците се
претворила во жерав, зашто й се замерила на Јунона; како Јунона ги претворила во змии
долгите коси на Антигона, зашто се фалела дека нејзината коса е поубава од Јунонината,
а потем и неа самата ја претворила во бел штрк; како бил казнет Кинира, чиишто ќерки
одбиле да й искажуваат почит на Јунона, па таа ги претворила во скалила на храм.
11
„Марсово брдо“ е Ареопаг, кој се наоѓал на западната страна на Акропол, а Кекропска
крепост е самиот Акропол, кој е наречен така според кралот Кекропс, основачот на градот.
12
„Бози дванаесет“ се највишните олимпски бози: Јунона, Веста, Минерва, Церера,
Дијана, Венера, Марс, Меркуриј, Јупитер, Нептун, Вулкан, Аполон.
13
„Егида“ – штитот на божицата Палада Атена, на кој била насликана главата на Медуза.
14
Лисјето на маслината има сиво-зелена боја.
15
На крајот од својата ткаенина Палада ја вткајува божицата Победа како й го носи
победниот венец.
Метаморфози 129

90 што ќе й биде награда за безумната дрскост,


вткаа натпревари четири на четирите страни,
јарки по боја сите, украсени с мали фигурки:
В едниот агол ги стави Хајм и Трачка Родопа,
некогаш тела на смртници, денес пак планини мразни,
95 зашто си зедоа за себе име од вишните бози;
В другиот агол е судбата на Пигмејката-мајка;
таа, победена в натпревар, жерав да стане Јунона
заповед даде; на народот свој да му објави војна;
И Антигона16 ја истка, некогаш зашто се дрзна
100 да се рамни с на Јупитер велик сопругата; неа
в птица Јунона ја претвори; ни Илиј од помош й беше
ниту татко й Лаомедон; а перја штом доби
себеси сама си плеска, бел штрк, и со клунот сал трака.
А на последниот агол бездетниот, гледаш, Кинирас
како ги гушка на храмот скалилата, ко да се тела
105
на неговите ќерки; на каменот лежи и плаче.
Творбата потем ја обраби со маслинови гранки;
делото, ко што е ред, го заврши с дрвото свое.
А, пак, Мајонката вешта в својата творба ја вткаа
измамената с ликот на бик Европа17; би можел
110 секој да помисли дека е вистинско море и бикот;
гледа кон земјата, чиниш, што веќе ја напушта сама;
своите друшки ги вика, се плаши од допирот с вода,
којашто прска врз неа и плашливо поткрева нозе.
Орел како ја граби Астерија18, која се брани;
115 исткаа; исто и Леда19 под крилја на лебед кај лежи,
додаде Јупитер како скриен во облик на сатир
близен оплоди плод со личната ќерка на Никтеј20;

16
Антигона – ќерка на тројанскиот крал Лаомедон; според митот, таа, поради своите
долги коси се споредувала со Јунона; за казна, божицата й ги претворила косите во змии;
бозите се смилувале на неа и ја претвориле во штрк, кој ги јаде змиите.
17
Европа – ќерка на Агенор, крал на Феникискиот град Тир и на Телефаса; Јупитер,
преобразен во бел бик ја одвлекол од игра крај морето и ја однесол на Крит, каде што
таа ги родила Минос, Радамант и Сарпедон.
18
Астерија е ќерка на титанот Кеј и на Феба; неа со лик на јастреб ја обљубил Јупитер.
19
Леда – ќерка на Тестиј; Јупитер, претворен во лебед ја обљубил и таа ги родила близ-
наците Кастор и Полук – наречени Диоскури.
20
Ќерка на Беотскиот крал Никтеј е Антиопа; таа од Јупитер ги родила близнаците
Амфион и Зет.
130 Публиј Овидиј Насон

и ко Амфитрион, Тиринтијке21, зачна со тебе,


в злато Данаја ја измами, а Асопида22 со оган,
120 Мнемосина23 ко пастир, а Деојда24 ко змија;
Нептуне, тебе те стави, претворен во здивен јунец
с момата Еолска25; како Енипеј26 синови раѓаш
два Алоида, ко овен ја мамиш ти Бисалтида27,
в коњски лик тебе те прима русата преблага мајка
125 на плодовите28, а како птица те прима кај себе
мајката на крилатиот коњ со коса од змии29,
а, пак, ко делфин престорен тебе те знае Меланта30;
облик на сите, дур и на местата таа им даде.
Тука е, еве и Фојб со лика на селанец некој,
130 час носи крилја на јастреб, а час, пак, лавовска кожа,
како ја мами, ко овчар, на Макареј31 ќерката Иса,
како со лажливо грозје Еригона32 Либер33 ја мами,
како, пак, Сатурн ко коњ двотелесниот Хирон34 го роди.
Крајот на ткањето потем го украси с рабови тенки
135 в коишто вткаја цвеќиња разни низ гранки од бршлен.
Не може ниту Палада ни Зависта мана да најдат
на едно вакво дело; но русата храбра Палада

21
„Тиринтијка“ е Алкмена; неа Јупитер ја обљубил, преправен во ликот на нејзиниот
маж Амфитрион; така го родила Херкула.
22
Асопида – Ајгина, ќерка на речниот бог Асоп; со него, којшто й се доближил како оган,
таа го родила Ајака, митскиот крал на Ајгина.
23
Мнемосина – титанка, ќерка на Уран и Геја; со Јупитера ги родила деветте музи; Талија,
Уранија, Мелпомена, Полихимнија, Ерато, Клио, Калиопа, Евтерпа и Терпсихора.
24
Деојда = Деметра (Церера).
25
„Мома Еолска“ е Канака, ќерка на Еол, богот на ветровите.
26
Во ликот на тесалискиот речен бог Енипеј, Нептун ја обљубил Ифимедија, жената на
Алсеј; со него таа ги родила двата тесалиски џина От и Ефијалт.
27
Бисалтида – Теофана, ќерка на Бисалт; Нептун ја одвлекол на еден остров, ја претворил
во овца, а себеси во овен; таа го родила овенот со златното руно, поради кое Аргонаутите
отпловиле во Колхида.
28
„Мајка на плодовите“ – Деметра (Церера).
29
„Мајката на крилатиот коњ“ – Медуза (Горгона), кон која Нептун пришол во облик
на птица.
30
Меланта – морска нимфа, ќерка на Девкалион и Пира.
31
Макареј е крал на островот Лезбос.
32
Еригона е ќерка на Атињанинот Икариј; неа богот Бакх ја завел со грозд.
33
Либер = Бакх.
34
Хирон – добродушен и мудар кентаур, син на океанидата Филира и Сатурн.
Метаморфози 131

болка ја сви зарад успехот, срам за бозите што е;


платното шарено таа го скина, с киторската потем
140 совалка35, што ја држеше в раце, в чело ја удри
три-четири пати Идмоновата ќерка Арахна.
Кутрата, не го издржа тоа, па смело со замка
шија си стегна; се смили Палада, ја одврза бргу:
„Живеј“, й рече, „но сепак, бесрамнице, виси!
145 Но за да не си ни в иднина безбедна, истата казна
нека го снајде твојот род, твоите потомци идни!“
Заминувајќи си потем со сок од Хекатино36 билје
неа ја прсна; и веднаш од допирот с жалниот отров
коса й падна, а потем и носот и ушите нежни,
150 главата сосем се смали; се смали и целото тело,
наместо нозе отстрана й виснаа тенките прсти.
Сето друго е стомак, од кај што излачува нишки
и како пајак, ко некогаш преѓе, преде и ткае.
Ечи Лидија цела, низ фригиски градој се носи
155 гласот за оваа случка, низ светот сегде се шири.
Уште пред свадбата своја ја знаеше неа Ниоба37,
уште дури в Мајонија момата беше, во Сипил38;
казната на земјачката за неа поука не е
пред небесниците да се трга и скромно да збори.
160 Горда премногу беше, но ниту на сопругот песна39,
ниту на обата родот, ни моќта на ширното кралство
на срце не й беа толку, (а сето мило й беше),
рожбите ко што й беа, а најсреќна мајка од сите
сака да биде таа, и мислеше дека е таква.
165 Ќерката на Тиресија40, таа што иднина знае
Манто, од бози вдахновена појде низ патишта, сегде

35
„Киторска совалка“ – совалка од шимширово дрво, кое растело на планината Китор
во Пафлагонија.
36
Хеката – маѓесница, божица на ноќни привиденија.
37
Ниоба – ќека на лидискиот крал Тантал и Диона, внука на Атлант, сестра на Пелоп,
сопруга на тебанскиот крал Амфион.
38
Сипил – планина во Лидија.
39
Сопругот на Ниоба, Амфион, бил одличен пејач и свирач; кога пеел, камењата се
раздвижувале и ги составувале ѕидините на Теба.
40
Тиресија – најпознат тебански пророк; Манто е негова ќерка.
132 Публиј Овидиј Насон

пророкувајќи да вика: „Одете, Исмениди41,


сите и на Латона и двете нејзини рожби
с молитва кадете свет темјан, с лавор закитете коси;
170 заповед е на Латона, низ моја искажана уста“.
Сите послушаа заповед, чела Тебанките красат,
молитви шепотат смерни, в свет оган фрлаат темјан.
Среде многубројна свита пристигнува, еве, Ниоба,
прекрасна, в фригиска руба, исткаена с нишки од злато;
175 колку што срдбата допушта, красна, растресува с глава
китена, низ двете рамена свои распуштени коси.
Застана, фрли наоколу горделив поглед и рече:
„Каква ли лудост! Небесните да се чествуваат бози,
а не оние, што пред вас се! Зошто се чести Латона42
180 с олтари, а пак моето божество темјан да нема.
Тантал мојот е татко, а тој сал имаше право
сам да пријде кон оние божески трпези красни;
мајка ми сестра е на Плејадите; дедо, пак, мој е
Атлант великиот, небесна оска на плеќи што носи;
185 Јупитер – втор дедо мој е, а горда сум што ми е свекор.
Од мене в страв се фригиските племиња, в домот на Кадмо
јас сум господарка; бедемот, сограден с лира на маж ми
заедно с народот јас го управувам со мојот сопруг.
Кај и да погледнам в домот, огромни богатства гледам;
190 потем, и лик на божица имам; додај ги уште
седумте ќерки и толку сина; снаи и зетој
наскоро толку; прашајте сега зошто сум горда;
осмелете се да ја честите пред мене дури
онаа ќерка на Кеј, Титанидата таа Латона;
195 некогаш нејзе й одби да даде местенце мало
земјата ширна за пород; вашата божица тогаш
не ја прими кај себе ни небо, ни земја, ни море“.
Скитничка беше на светот, дур не се смилостиви Делос,
непостојано место й даде и рече: „Ти луташ
200 сегде на копно ко туѓинка, јас, пак, по морето лутам“.
Таму две деца роди, од пород мој седмина една.
Исмениди – Тебанки.
41

Латона – титанка, ќерка на титанот Кеј и Феба; од Јупитера ги родила Аполона и


42

Артемида (Дијана).
Метаморфози 133

„Среќна сум (кој ќе го одрече тоа), ќе останам среќна


(кој ќе се сомнева в ова?); сигурна бројот ме прави.
Велика сум, да ми наштети не може ниту Фортуна43
205 дури и многу да земе, ќе останат повеќе уште.
Немам јас страв за мојата среќа; замислете само
дур и да одземе нешто од бројот на моите чеда,
и по загубата нема да спаднам на бројот од двете
чеда Латонини; близу е до бездетните таа.
210 Одете, доста е! Лавор44 од косите симнете сега!“
Жените симнаа лавор, напуштија несвршен обред,
с шепот, колку што можат, божеството тие го честат.
Пламна од срдба Латона, на врвот од Кинт таа вакви
зборови упати гневна на своите близнаци-рожби:
215 „Еве ме, вашата мајка, горда сум, вас што ве родив,
сем од Јунона, од ниедна божица подолу не сум;
но сега сомнеж се јави, дали сум божица права;
ќе ме тргнат за навек од светите олтари мои
ако обајцата вие не ми помогнете сега.
220 Не е сал оваа болка, кон скверноста уште и ули
додава Танталида45, па се осмелува уште
вас да ве стави зад своите рожби, за мене, пак, кажа
дека сум бездетна, да й се врати; го покажа така
таа злосторничка јазикот зол на татко й роден“.
225 Сакаше молби кон ова да додаде уште Латона.
Фојб тогаш рече: „Доста, од жалбата казната доцни!“
Истото рече и Феба46; низ воздухот летнаа брзо,
скриени в облак стигнаа до Кадмејската крепост.
До ѕидините близу ширно се протега поле,
230 коњи го газеле бројни со копита тврди и коли
па ги изгмечиле под себе сегде грутките земја.
Од седумтемина сина на Амфион некои таму
јаваат силни коњи, на плеќи со тириски пурпур,
с узди од тешко злато во рацете тие ги кротат.
235 Еве кај Измен, првото некогаш мајчино бреме,
43
Фортуна – римска божица на среќата и судбината.
44
Лаворот е дрво, посветено на Аполона.
45
Танталида – Ниоба, зашто е ќерка на Тантала.
46
Феб – Аполон; Феба – Дијана.
134 Публиј Овидиј Насон

дури в определен круг го свртуваше тркот на коњот,


уста му затега с узда, сета облеана в пена,
извикна: „Ој тешко мене!“ сред градите стрела го стрефи,
па умирајќи испушти узди од раце, и потем
240 бавно, малку по малку се слизна по десната плешка.
Сипил, кој најблизу беше штом слушна кај тулецот ѕвекна
веднаш ги отпушти уздите, ко да е кормилар некој,
кој штом ќе насети бура по облакот, испушта едра
виснати сегде, за да не пропуштат никакво ветре;
245 сепак го стигна и него неодбегливата стрела,
па треперејќи се заби, му висна на врвот од вратот
и острицата гола изби од гркланот негов.
Наведнат, како што беше, низ грива и нозе се свлече
слизна од коњот, ја потопи земјата с крвои топли.
250 Кутриот Фајдим и Тантал, кој дедово носеше име,
на секојдневната работа кога го видоа крајот,
веднаш на друга преминаа – младешко борење машко;
веќе се зграбија, сплотени цврсто гради со гради,
кога, од напната жила и двата ги пронижа стрела.
255 Офнаа заедно двата, од болка превиени тела
на земја спростреа, заден пат заедно склопија очи
заедно потем обајцата веднаш испуштија душа.
Алфенор, кога ги виде, долета, в гради се бие,
в преград студените тела на браќата за да ги крене,
260 но и тој падна в побожниот потфат; Делиецот нему
со смртоносното железо гради му прободе исто.
Кога го истргна, дел од белите дробој на врвот
извлече; крвта со душата в воздух се разлеа тогаш.
Непотстрижениот Дамасихтон доби не една рана;
265 погоден беше кај почнува бедрото и таму уште
в меката вдлабнина, кај што се затколеничните жили.
Додека с рака се труди смртна да извлече стрела,
друга стрела, до перата дур, му се зарива в грло,
неа ја тргна а крвта му бликна високо горе,
270 далеку таа се вивна ко струја во воздухот ширен.
Последен Илионеј за молба напразно раце
крева и вика: „О, сите бози заедно, милост!“
Не знае дека не треба сите тој да ги моли.
Метаморфози 135

Трогнат од ова беше оној што лакот го држи,


275 но веќе фрлена беше неповратливата стрела;
сепак од сосема малечка рана загина оној,
зашто не многу длабоко стрелата в срце се заби.
Гласот за злото, народната болка и солзите врели
знак за мајката беа за ненадејната гибел;
280 како, се чуди, можеле, и се осмелиле дури
вишните бози на тоа, зар толкави имаат права!?
Таткото Амфион с меч си прободе гради и така
умирајќи, со смртта ја одбегна болката тешка.
Ох, колку сега поинаква оваа беше Ниоба
285 одошто онаа, народ што гони од олтар Латонин,
низ среде градот одејќи со гордо крената глава
за да й завидат сите; сега е жал и за врагот!
Лежи над мразните тела, без ред на сите свои синој
скрбната несреќна мајка последни бакнежи дава;
290 од нив, потем кон небото крева помодрени раце:
„Сега радувај се, страшна Латоно, на мојата болка!
С мојата скрб ти засити ги сега твоите гради,
и жестокото срце; и јас со седумте мртви
мртва сум; фали се, вражја победничке, ликувај сега!
295 Зошто победничка? Иако клета, јас повеќе имам
од тебе, среќнице; и покрај толкуте мртви мои чеда
сепак победата и овој пат е на мојата страна“.
Тоа го рече, но заѕуни веднаш од лакот опнат
жилата; сите ги престраши тоа, освен Ниоба;
300 Дрска е таа в несреќата; в жаловни одежди стојат
сестрите с пуштени коси пред одар на своите браќа;
едната, дур од утробата братова висната стрела
трга, со лице до братот припиено, изгуби сила;
друга, на кутра си мајка утеха сака да даде,
305 наеднаш застана, молкна, се свитка од скриена рана;
усни си притисна толку, сал здивот заден да мине.
В залуден бег паѓа една, над сестра си умира друга;
една се крие, а друга, престрашена трепери, гледаш;
Шесте загинаа сестри, од разни погодени рани,
310 остана една; со руба, со телото свое ја покри
мајка й; извика тогаш: „Остави ми сега бар една,
136 Публиј Овидиј Насон

една, најмалата само да ми ја оставиш барам“.


Но дури моли, паѓа и таа, за којашто моли;
Остана сама сред мртвите ќерки, синој и мажот;
315 камен се стори од злото, ни ветре коси й вее,
без крв й остана лице, неподвижни жалните очи,
ништо не остана живо во ликот на жената веќе.
Во неа внатре, се здрви јазикот с тврдото непце,
дури и в жилите нејзини движење секакво запре;
320 Не може ни врат да сврти, ни раце да раздвижи може,
ниту со нозе да оди, и однатре камен се стори.
Сепак солзи й течат, а бура од ветрови силни
в краишта родни ја фрли, на планински врв таа таму
копнее скована, солзи и сега од мраморот течат.
325 Мажи и жени, сите во уплав се сега од гневот
божески видлив, поревносно почит оддаваат сите
на големата божеска сила на близната мајка,
и ко што бива, по случајот, стари кажуваат случки:
Еден раскажува: „Исто и в плодните ликиски полја
330 старите жители казнети беа, што немаа почит
за божицата; случката позната премногу не е
зашто луѓето не беа од род благороден, познат;
сепак е чудна; јас сам го видов езерото, крајот
по кој е позната. Татко ми, зарад напредната возраст
335 немоќен беше за пат, па мене ме задолжи тогаш
оттаму силни да доведам волој; и кога појдов
водич ми даде од нивното племе; дур со него барав
низ пасиштата, видов, сред езеро стар олтар стои
црн од пепелишта, опколен со трепетлива трска“.
340 Застана мажот, со плашлив шепот „Смилуј се!“ рече;
Со сличен шепот „Смилуј се!“ тогаш и јас исто реков.
„Олтаров чиј е?“ го прашав, „на Фаун47 ил на Најади48
ил на овдешниот бог?“ а туѓинецот вака ми рече:
„Во овој олтар не е планинско божество, момче,
345 туку е тој на таа, на која сопругата кралска
некогаш место не й даде нигде, сал Делос што лута
47
Фаун – праиталско божество на полињата и шумите; заштитник на стадата и овчарите.
48
Најади – нимфи на водите, главно, на реките и потоците; убави моми, полубожици; ги
хранат растенијата; имаат способност да лекуваат и да пророкуваат.
Метаморфози 137

молбата й ја услиши, Делос, што пливаше лесно;


таму на дрво Паладино потпрена роди до палма
близнаци, иако против Јунонина волја, Латона.
350 Оттаму од Јунона избегала мајката, велат
в преград носејќи ги обете свои божески рожби.
Морна од долгиот напор во Ликија Химајраида49
пристигна, каде што сонцето жарко гореше полја;
сосем истоштена беше од жегата сончева силна,
355 жедна, а рожбите гладни ги испија млечните боски.
Случајно в дното на долот езеро здогледа средно;
таму селаните сечеа лиснати врбови гранки
уште и шавар, што придружник е на трстиката барска;
Таму Титанија50 пријде, со колена клекна на земја,
360 за да зафати и да се напие водичка ладна“.
Не дава селската толпа, а таа вака им рече:
„Што не ми давате вода? Та таа е благо на сите;
не сал за еден природата создала сонце и воздух,
ни вода бистра; до заедничките дарови дојдов;
365 покорно сега ве молам, дајте ми вода да пијам;
не сакав овде да мијам јас, мое премалено тело,
туку да изгасам жед; за збор ми е устава сува,
грло ми гори, а гласот одвај да излезе може.
Голтка ко нектар за мене ќе биде, признавам еве,
370 животот ќе ми го врати; со вода ми давате живот.
Нека ве трогнат овие, што раце протегаат нежни
од мојот скут“. А малечките случајно пружаа раце.
Кого, пак, не би го трогнала благата реч на Латона?
Таа ги моли, а тие да пие й пречат и уште
375 се закануваат, улат, ако не отстапи веднаш.
Тоа не им беше доста; со нозе и раце ја матат
водата, злобно скокајќи со нозете таму и ваму
меката тиња ја вадат од најдлабоките води.
Гневот ја угасна жедта; ќерката Кејова веќе
380 не моли безвредни луѓе; недостојни зборови нема
повеќе таа да збори; кон ѕвездите подигна раце
49
Ликија Химајраида – се верувало дека Химајра, митското чудовиште кое ригало оган,
е родена во Ликија и дека таму ја одгледал ликиецот Амисодар.
50
Титанија – Латона.
138 Публиј Овидиј Насон

и потем рече: „Во ова мочуриште живејте вечно!“


Желбата й се збидна; им годи под вода да бидат,
час цело тело ќе нурнат во длабоката бара,
385 час ќе подадат глава, над водата пливаат горе,
често стојат на брегот, често в студената вода
повторно рипаат, сепак гнасно дури и сега
јазици острат во кавги, бесрамници тие се уште;
иако се под вода, по водата фрлаат клетви,
390 рапав глас имаат, вратот им натечен уште се дуе,
а од кресок се шири и така големата уста;
грбот е слеан со главата; врат, чиниш, немаат тие;
’рбетот нивни е зелен, а бел е огромниот трбув;
така во блатните бари си скокаат новите жаби.
395 Раскажа некој за гибелта на либиските мажи
друг, пак, за сатирот спомна, кого с тритониска свирка
синот Латонин го победил, потем го казнил; тој викнал:
„Што ми ја симнуваш кожата! Колку се каам јас сега;
онаа флејта не беше толку вредна за ова!“
Додека вика тој, кожа од целото тело му паѓа,
400 кутриот, сиот е в рани, а крвта од сегде му тече,
гледаш сал мускули голи, а жилите трпнат без кожа,
цревата скокаат, можеш и да ги изброиш дури,
заедно со нив и оние проѕирни жилички в гради.
По него плачат полските фауни, божества шумски,
405 браќата негови сатири и тогаш милиот Олимп;
плачеа нимфите, плачеа сите што в оние брда
пасеа овци волноносни, стада од добиток рогат.
Плодната почва се навлажи, влажна ги прифаќа така
капките солзни и потем ги впива в длабоките жили;
410 потем вода ги стори, на воздух да бликне ја пушти.
Така низ стрмите брегој брзо кон морето тече;
Марсиј и сега се вика најбистрата фригиска река.
Штом беше кажано ова се врати в сегашноста веднаш
народот; жали за Амфиона, за породот негов;
415 Мајката в немилост е, за неа сал Пелоп51 бил тажен;
51
Пелоп бил брат на Ниоба; татко му го расекол на парчиња и го принел на гозба кај
боговите; сите тие, освен Церера, го насетиле тоа и не сакале да јадат; само Церера, од
невнимание изела дел од едното негово рамо; боговите потем ги составиле деловите на
неговото тело, а на рамото му ставиле филдиш и го оживеале.
Метаморфози 139

но штом од гради ја симнал облеката, така бар велат,


филдиш на левото негово раме се покажал тогаш.
Кога се родил и ова раме ко десното било,
но кога рацете таткови му искасапиле тело,
420 бозите, велат, ги склопиле другите делови сите,
сал не го пронашле делот сред рамото и среде вратот;
таму, кај што дел недостасувал ставиле филдиш,
и штом го сториле тоа Пелоп повторно цел бил.
Првенци соседни таму се збраа и градови блиски
425 своите кралеви тие ги молат за да го тешат;
Аргос и Спарта, и уште Микена Пелопејада52
Калидон53, уште неомразен на таа гневна Дијана
плодниот Орхомен54, потем славен по бронзата Коринт,
лута Месена и Патра и не многу знајна Клеона55,
430 Нелеев Пилос56, Тројѕена, што сè уште не е на Питеј,
и други градој, што веќе ги оградил двоморски Истмос57;
Кој би поверувал? Сал ти Атино не дојде таму.
Војна в должност те спречи; по море допловија тогаш
барбарски орди, за ужас на Мопсописката крепост58.
435 Тереј Тракиецот тогаш со помошни војски ги разби
и со оваа победа славно име си здоби.
За него, моќен и богат, по род од великиот Градив59
Пандион60 Прокна ја омажи; не беше брачна Јунона61
ни Хименај62, ни Гратија тука крај брачното легло;
440 Евменидите држеа грабнати погребни факли,

52
Владетелскиот род во Микена потекнувал од Пелопа, затоа е таа Пелопијада.
53
Калидон – град во Ајтолија со кој владеел кралот Ојнеј; Калидонците не й принесувале
жртви на Дијана, и таа, гневна, испратила еден вепар кој ја пустошел земјата.
54
Орхомен – град во Аркадија.
55
Месена е град во Месенија; Патра во Ахаја, а Клеона мал град во Арголида.
56
Пилос е град во Месенија; Тројѕена – во Арголида; Питеј, синот на Пелоп уште не бил
роден и затоа сè уште не владеел во Тројѕена.
57
Истмос – Коринтската превлака.
58
Мопсописка крепост – градот Атина.
59
Градив – епитет на богот на војната Марс.
60
Пандион – син на Ерехтониј, крал на Атина.
61
„Брачна Јунона“ – Јунона се сметала за заштитница на бракот.
62
Хименај – син на Аполон и музата Калиопа; убав младич, со шафранова облека; крилат;
во десната рака носи факел, а во левата превез со кој ја покрива невестата; се повикува
со свадбени песни.
140 Публиј Овидиј Насон

Евменидите послаа легло; на покривот стои


злокобен був, па седна на врв од одајата брачна.
С оваа птица стапија в брак Прокна и Тереј,
с оваа птица родители станаа. Тракија поздрав
445 ними им праќа; а тие благодарност на сите бози.
Денот, пак, кога на славниот крал му дадена беше
ќерката Пандионова и кога Итис се роди,
празник прогласен беше. Но каква полза од тоа?
Титан63 низ есени пет веќе смени години нови,
450 кога Прокна на мажот вака милно му рече:
„Ако ме љубиш, кај сестра ми прати ме за да ја видам,
или таа овде нек дојде; на тестот пак вети
дека скоро назад ќе дојде; дар ќе ми биде
ако ми дадеш сестрата мила да си ја видам“.
455 Оној заповеда веднаш кораб да спуштат во море,
с едра и весла до Кекропискиот64 доплови пристан
Тереј, стигна до брегот Пирајски; штом влезе кај тестот,
десница пружи, се ракува; среќно разговорот почна.
Тереј му кажа зошто е дојден, што бара Прокна,
460 збор даде дека ќерка му бргу назад ќе дојде;
Влегува прекрасна Филомена со пребогат накит,
но по убост пораскошна, како што слушавме често
дека најадите, а со нив дријади се движат сред шуми
само ако им ставиш облека слична и накит.
465 Штом ја здогледа момата Тереј се распали исто
ко кога некој ќе подметне оган под жолтото класје,
или ќе запали лисје ил сено, положено в племња.
Прекрасна таа е; него вродената страст пак го мами,
племето в оние земји под Венера потпаѓа лесно.
470 Пламти од порок на родот свој, но и од порокот сопствен.
Свитата да ја подмити решил и грижата будна
на дадилката нејзина; неа, пак, с огромни дарој
да ја придобие, да й го понуди целото кралство,
ил да ја грабне и да ја брани со жестока војна.
475 Гори од безумна љубов, смел е да преземе сешто,

63
Титан – Сонцето.
64
Кекрописки пристан – Атински пристан, зашто Кекропс е митскиот основач на Атина.
Метаморфози 141

градите не можат веќе скриениот плам да го здржат.


Не може долго да чека, повторува с страствена уста
она што порача Прокна, преку неа – своите желби;
Љубовта речит го прави, колкупати упати молби,
480 појќе од долично што е, на Прокна е, велеше желба.
Солзи дур пролеа, божем и нив ги нарачала Прокна.
О, вишни бози, колку се слепи смртните срца,
в каква ли темнина тлеат; Тереј дур злосторство снове
него го сметаат чесен, за злосторот пофалба прима.
485 А Филомена татка си нежно го гушка и сака
таа да оди, сестра си сака да си ја види,
и за животот свој и против животот сопствен.
Тереј ја гледа неа, претчувствува бакнежи нежни,
кога го бакнува и го прегрнува татка си таа;
490 сето е поттик за него, и факел и храна на бесот,
секогаш кога таа го гушкаше татка си нежно,
сакаше тој да е татко й; толку тој бесрамен беше.
Таткото молбите на двете ќерки ги услиши тогаш;
радосна е Филомена, благодари, кутрата мисли
495 успех дека е она што гибел ќе биде за двете.
Остана малку сал напор за Феба; коњите веќе
тапкаа с копита веќе по патот кај Олимп се спушта;
трпези кралски се редат и Бакх65 во посатки златни;
потем на слаткиот сон ги препуштија своите тела.
500 Само Одрискиот крал66, во осама гори по неа;
рацете, ликот и како се движи замислува везден,
сака да замисли, какво е она, невидено уште,
сам го разгорува пламот, а копнеж му разбива спокој.
Зазори; рака за поздрав Пандион на зетот му пружа,
505 и придружничката му ја дава с насолзени очи:
„Мил зете, свештен долг мене ме тера да ти ја дадам, зашто
обете сакаа така, и ти, сакаш исто.
В бозите, в твојата верба, в родбинството блиско те колнам,
с татковска љубов ти да ја чуваш и да ја вратиш
510 поскоро (секое бавење долго ќе биде за мене);

65
Бакх – вино.
66
„Одриски крал“ – Тереј, наречен така според тракиското племе Одриси.
142 Публиј Овидиј Насон

таа е утеха слатка на неспокојнава старост.


Ти, Филомело, ако ме љубиш, што поскоро можеш
врати се! Доста е што е далеку сестра ти мила!“
Така й велеше, с бакнежи ја опсипуваше неа,
515 дури зборуваше, таткото горешти лееше солзи;
а како залог за верба од обата десници бара,
потем ги сврзува; поздрав на ќерката друга и внукот
моли да носат; последно збогум со плачење одвај
ними им кажа; го обзеде страв од претчувство лошо.
520 Штом Филомела се качи на ишарениот кораб,
и се втисна на море, далеч од пристан и копно,
извика Тереј: „Победив, желбата со мене плови!“
Клика барбаринот, одвај ја здржува својата радост,
никако не може похотлив поглед да сврти од неа,
525 ко што грабливата птица на Јупитер со криви канџи67
остава плашливо зајче во своето високо гнездо,
нема за пленикот бегство, грабителот пленот го демне.
Патот заврши веќе, на свој брег се симнаа сите
од изморениот кораб, а кралот ја одвлече тогаш
530 в обор висок и мрачен, во оние прастари шуми,
ќерката на Пандион; ја затвори таму, а таа
бледа и растреперена, полна со страв и низ солзи
каде е сестра й, прашува; тој се издаде тогаш,
насила изврши обљуба врз девицата чедна;
535 напразно таа ги викаше татка си, сестра си мила,
а покрај сè и бозите вишни напомош ги вика.
Трепери таа ко некое плашливо рането јагне
од волча рилка оттргнато, безбедно уште што не е;
како гулабица с перја натопени с крвој што трпне
540 в уплав од алчните канџи со коишто зграпчена била.
Но штом се свести, ко тажачка некоја распушти коси,
в гради се удира, кутра, крева раце кон небо
и извикува силно: „О каков ужасен злостор!
Зар не те трогнаа, барбаре жесток, татковите молби
545 следени со свети солзи, на сестра ми грижата исто,
ниту, пак, моето девство, ни брачните закони свети?
67
„Грабливата птица на Јупитер“ – орелот.
Метаморфози 143

Погази се ти; наложница сестрина мене ме стори,


а ти, пак, сопруг на две жени стана; враг ми е Прокна!
Што не ми земеш и живот, злосторнику, па не ќе можеш
550 друг таков злостор да сториш! Еј да го стореше тоа
пред да ме обљубиш, сенката моја без вина ќе беше!
Бозите ако го гледаат ова и ако има
божеска сила, ако не згинала таа со мене,
некогаш ти ќе ми платиш! Јас ќе го отфрлам срамот
555 и за злосторот твој ќе кажам. Кога ќе можам
јас сред народ ќе појдам; дур да ме држиш во шума,
шумата с вик ќе ја исполнам, каменот јас ќе го трогнам;
небото нека ме чуе и бог ако има на него!“
С ваквите думи предизвика гнев кај свирепиот тиран,
560 но и не помал страв; од обете поттикнат нешта,
мечот со кој беше опашан веднаш од ножница трга
потем ја граба за коса, на грбот й врзува раце
и ја става во окови; таа штом мечот го виде
вратот го испружи напред во надеж да умре од него.
565 И дури таа се гневи и татково призива име,
збор да каже се мачи, Тереј ја фаќа за јазик
с клешти и с меч й го сече; коренот јазиков трепка,
тој треперејќи, пак, лежи и шепти на црната земја,
скока, слично на опашка од осакатена змија,
570 в грч тој ко да го бара на господарката трагот.
Велат, дур и по злосторот (одвај да верувам можам)
Тереј со страст му приоѓал на растрганото тело.
И по сето ова имал смелост кај Прокна да дојде.
Штом го видела мажот, за сестра си прашала таа.
575 Тој, пак, со притворна жалост ја излажал дека е мртва.
Солзите доверба будат. Од плеќи раскинува Прокна
облека сјајна, опшиена с широк пораб од злато,
црна облекува руба и гроб приготвува празен68,
прави смирувачки жртви69 на непостоечки мани

68
Празен гроб се подготвувал во чест на покојниците кои умреле во туѓина и не им се
знаел гробот.
69
„Смирувачки жртви“ – жртвите што се принесувале за умрените се нарекувале piacula,
зашто се сметало дека преку нив се смируваат душите на покојниците.
144 Публиј Овидиј Насон

580 тажи за сестрина судба, а не треба така да тажи70.


Сонцето дваж по шест знака мина, годината сврши.
Што Филомела да прави? Стража ја спречува в бегство,
камени ѕидини тврди на племњата високо стрчат,
за направениот злостор, не збори немата уста.
585 В болката духот е голем, неволата итрина раѓа;
лукаво основа постави на еден барбарски разбој
на неа пурпурни букви вткаа во белите нишки,
веста за злосторот; тоа го даде на робинка една,
с рацете замоли на господарката да й го даде;
590 таа го даде на Прокна, без да знае што носи.
Развитка платно госпоѓата на ужасниот тиран
и го прочита писмото жално за својата судба.
Замолкна (чудно што може); болка й занеме уста;
бара, но не може доволно гневни зборој да најде,
595 не може ниту да плаче, па помеша правда и кривда,
сета се предаде веднаш, одмазда каква да смисли.
Жените Ситонски71 тогаш баш трилетен славеа празник
Бахов72, а ноќта на овие светии сведок им беше,
Ноќе ѕуни Родопа73 од остриот ѕвекот на бронза.
600 Излезе ноќта од домот свој и кралицата спремна,
според обичајот зема справи за бесните игри;
покрива глава со лоза, на левото бедро й виси
кожа од елен, на рамото лесно налегнува копје74.
Бесна низ шумите трча со толпа од своите друшки
605 страшната Прокна, од бесот на болката гонета везден,
го подражава твојот бес, Бакхе; до племњата стигна
пишти и вика: „Еуој“; и вратата тогаш ја скрши;
сестра си своја ја грабна, и намести Бакхови знаци,
лицето пак й го скри со вејки и лисја од бршлен
610 потем зачудена така во дворецот неа ја води.
Штом Филомела сети в проклетиот дом дека дошла,
кутрата сета се стресе, а в лицето пребледе сосем;
70
„Не треба така да тажи“, зашто Филомела е жива.
71
„Жени Ситонски“ – Тракијки, наречени така според тракиската област Ситонија.
72
Тракија била колепка на Бакховиот култ; тој таму бил особено честен.
73
Родопа е планина во Тракија.
74
„Копје“ – тирс, стап, обвиен со лозови лисја и бршлен, како жезол на Бакх и бакхантките.
Метаморфози 145

Прокна изнајде место, од славјето знакот го симна


посраменото лице на сестра си таму го откри;
615 да ја прегрне сака, но оваа не крева поглед
себе се гледа како соперничка сестрина сега;
наведна поглед кон земја и клетва сака да даде
бози за сведоци вика дека срамот сосила
нанесен и е; наместо с глас, покажува с раце.
620 Прокна пак гори од гнев, на плачот од сестра си ули:
„Плачење не треба сега, железо сега е нужно,
ил ако имаш друго, што посилно ќе е од него.
Сестро, јас сега сум спремна да сторам гревота страшна,
ил ќе ги потпалам с факли овие кралевски двори,
625 и среде пламенот Тереј измамникот јас ќе го фрлам,
или со меч ќе му исечам јазик и очи и она,
с коешто девство ти зеде; или со илјада рани
душата злосторна ќе му ја земам. Големо дело
смислувам, но и се двоумам какво тоа да биде“.
630 Дур го зборуваше ова, кај мајка си дотрча Итис;
самиот тој ја потсетува, што би могла да стори;
с поглед суров го гледа: „На татка си колку е сличен!“
Тоа го рече и потем ни збор не проговори веќе,
грозниот злостор го спрема, од притаен гнев гори сета.
635 Но штом пријде кон мајка си за да ја поздрави синот
и со нежните рачиња да й се фрли во преграб,
па на детската нежност и бакнежи додаде уште,
трогната мајка му беше, и гневот ко да се стиша,
неволно тогаш пролеа солзи од очите влажни;
640 Но штом почувствува дека од голема нежност ум губи,
повторно погледот свој кон сестра си таа го сврте;
гледа во еден, па в друг, в обајцата, потем им рече:
„Едниот зошто се гали со мене, а другата молчи?
Зошто тој ’мајко‘ ме вика, а таа не вика ’сестро‘?
645 Гледај, за каков си дадена маж на Пандиона, ќерко!
Дал се одродуваш? Злостор е милост да имаш за Тереј“.
Бргу го одвлече Итис, ко тигрица кога ќе зграби
в шумите темни крај Ганг од срна цицалче мало.
Штом во забутан дел на дворецот стигнаа вишен
650 Итис штом судба си виде, кон неа испружи раце
146 Публиј Овидиј Насон

за да ја прегрне; викаше: „Мајко! Мајко!“ А Прокна


с мечот го прободе таму кај градите граничат с бокот,
не сврте поглед, сал една рана доволна беше;
а Филомела потем со мечот му пресече грло.
655 Сè уште живото тело, што душа во себе има
го раскинуваат; еден дел врие во бронзен котел,
друг на ражен се пече; од крв се одаите влажни.
Прокна го повика Тереј на гозба без тој да знае;
лаже дека е тоа по обичај татковски обред,
660 мажот кај сал има пристап; отстранува свита и слуги.
Тереј, пак, седнат на својот висок дедовски престол
јаде и својата утроба с утроба своја ја полни,
сосема заслепен вика: „Итис тука нек дојде!“
Не сака Прокна жестоката радост да си ја крие,
665 сака таа да биде гласник за својата рана.
„В себе го имаш, тој што го бараш“, му вели, а тој, пак,
околу гледа и прашува, кај е; прашува повтор.
Филомела, с испрскани коси од бесниот колеж
в лице на Тереј ја фрла крвавата глава на Итис,
670 никогаш повеќе не беше сакала таа да може
својата радост со пригодни да ја искаже зборој.
Тереј со ужасен викот трпезата тогаш ја турна
и од Стигискиот дол змијокосите сестри75 ги викна;
час се обидува гради да раствори, оттаму веднаш
675 да го исфрли грозното месо од страшната гозба;
час плаче, себеси беден гроб наречувајќи се синов,
час со гол меч ги гони Пандионовите ќерки.
Кекропидките, мислиш, на крилја виснале тела;
вистина виснале. Едната од нив кон шумата летна,
680 другата влезе под покривот; сè уште знак тие носат
на своите гради од колежот: крвави имаат крилја76.
Тереј од пресилна болка и желба за одмазда страшна
в птица се претвори, кукул на врв од глава што има,
предолг му израсна клун, ко некакво копје му стрчи;
685 „пупунец“ името й е, и личи на оружан воин.

75
„Од Стигискиот дол змијокосите сестри“ – Ериниите, божиците на одмаздата.
76
Прокна се претворила во ластовица, а Филомела во славеј.
Метаморфози 147

Оваа болка пред да дочека длабока старост


Пандиона кутар го прати кај сенките в Тартар;
Скиптарот, власта над земјата Ерехтеј ја зеде,
незнајно дали со право или со оружје силно.
690 Четири имаше сина, а роди и четири ќерки77;
две од нив еднакви беа по својата чудесна убост;
од нив Прокрида за жена ја имаше среќникот Кефал,
внукот на Еол; на Бореј78 му пречат Тракијците с Тереј;
богот долго без својата мила Оритија беше
695 сè дури сакаше с молби а не да се служи со сила;
но кога не доби ништо со ласки, се расрди богот,
срдбата пак му е честа и блиска на ваквиот ветер.
„Така ми треба! Зошто го тратив оружјето мое,
бесот, силата, гневот, заканувачката храброст,
700 а се обидов с молби, што не ми приличи мене?
Сила мене ми личи; со неа облаци гонам,
удирам в море, јазливи дабови со неа кршам,
навевам снегој и с град по земјата удирам с неа.
Јас кога в небото ширно браќата ќе си ги сретам
705 (а тоа мое е поле), се борам со толкав налет,
што меѓу нас од нашиот судир етерот ечи,
а од шупливиот облак од ударот избива оган;
исто и кога под земјата низ вдлабнатините слезам,
и со плеќи луто ги кренам длабоките јами79,
710 сенките тогаш ги плашам со тресок, па дури и светот.
Требаше така брак јас да барам; не да го молам
туку со сила Ерехтеја тест свој јас да го сторам“.
Вака зборуваше Бореј и уште подрско дури,
потем замавна с крилја; од нив се раздува земја,
715 и се разбранува силно од замавот ширното море;
плаштот прашлив го влече низ највисоките врвој
мете по земјата, покриен сиот со маглишта темни,
престрашената мила Оринтија с крилја ја зема.
77
Ерехтеј имал четири сина: Кекропс, Пандор, Метион и Орнеј; четирите ќерки биле:
Прокрида, Креуса, Хтонија и Оритија.
78
Бореј е бог на северниот и североисточниот ветер кој најмногу дува во Тракија; бидејќи
Ерехтеј бил лут на Тракијците, поради Тереј, не сакал да му ја даде ќерка си Оритија за жена.
79
Старите верувале дека земјотресите настануваат поради подземните ветрови.
148 Публиј Овидиј Насон

Додека лета, жар се распламтува во него силен.


720 И во воздушната трка грабителот не стегна узди
дури не стигнаа кај Киконците80 и градот нивни.
Таму Актејката81 жена му стана на мразниот власник;
мајка постана тогаш; му роди две момчиња близни,
тие од мајка си добија сè, од татка си крилја.
725 Крилја на телото немале кога се родиле, велат,
и дури сè уште немаа брада под лисата коса,
немаа крилја момчињата млади Зет и Калаис.
Наскоро како на птици перје почна да никне
околу двата им бока, да им порусува образ.
730 А кога детството отстапи место на младата возраст,
с првиот кораб82 с Минијци83 по незнајно појдоа море
за да го бараат руното сјајно со златната волна.

80
Киконци се племе во Тракија, на реката Хебар.
81
Актејката е Оритија, зашто старото име на Атика било Актеја или Акта.
82
Коработ „Арго“ се сметал за првиот воен кораб кој можел да појде на подалечна пло-
видба; се нарекува уште „пагасејски“ според градот каде што е изграден.
83
Минијци се Аргонаутите, зашто најголем број од нив потекнувале од Минија, кралот
на Орхомен во Беотија. Тие се населиле во јужна Тесалија, околу приморските градови,
потем во Јолк и на Пагасејскиот залив, од каде што и тргнале на пат за Колхида за да
го бараат златното руно.
Метаморфози 149

СЕДМО ПЕЕЊЕ

5 С кораб Пагасиски1 веќе Минијците2 сечеа браној


и го посетија Финеј3, кој кутра мининуваше старост
в темнина вечна; од устата тие на бедниот старец
ги изгонија птиците-деви, на Аквилон4 чеда;
10 низ премрежија бројни, под водство на славниот Јасон
стигнаа тие до брзите браној на матниот Фасид5.
Веднаш од кралот Фрикс6 го побараа златното руно,
тој, пак, им наложи на Минијците задачи страшни.
Но Ајетидата веднаш се распали од силна љубов;
15 долго се бори со себе, но кога не можеше веќе
да ја победи страста со разум си рече: „Медеја,
борбата попуста ти е; незнајно божество пречи.
Чудно, дал љубов е ова ил нешто налик на тоа?
Инаку, зошто заповедта таткова толку е строга?
20 Премногу строга! И зошто јас толку се плашам од тоа
оној што, сал што го видов да не згине? Зошто тој уплав?
Згасни го, кутра, ако ли можеш, девствениот пламен
в градите твои! Да можам сал, подобро тоа ќе беше!
Но мене без моја волја чудесна сила ме турка,
25 страста ме гони кон едно, а разумот друго ме учи;
знам што е подобро, сепак полошиот пат јас го следам.
Зошто, ти девице кралска, по туѓинец гориш и бараш
1
Пагасиски кораб е „Арго“, зашто бил изграден во градот Пагаса во Тесалија.
2
Минијци се древно племе во Беотија; еден дел од нив се преселиле во Тесалија, од
каде што Аргонаутите тргнале кон Колхида; Аргонаутите често се нарекуваат Минијци.
3
Финеј е слепиот крал на Салмидеса во Тракија кој имал пророчка дарба; бидејќи по
наговор на маќеата ги ослепел своите два сина; боговите го ослепеле, а харпиите му ја
загадувале храната; синовите на Бореј Калаис и Ѕет го спасиле, откако им кажал како
да минат низ стените Симплегади.
4
Аквилон – северен ветер (кај Грците Бореј); сопруг на Оритија, татко на Калаис и Зет.
5
Фасид е река во Колхида.
6
Фрикс е син на митскиот Беотски крал Атамант и Нефела; избегал од татковината, заедно
со сестра си Хела, за да не биде жртвуван од маќеата Ино, носејќи го на грб овенот со
златно руно; на патот, Хела се удавила во море кое по неа е наречено Хелеспонт; Фрикс
стигнал во Колхида кај кралот Ајет; по наговор на Меркуриј, таму тој му го жртвувал
овенот на Јупитер, а руното го закачил на едно дрво во светиот лаг на Марс, каде што
будно го чувал змеј.
150 Публиј Овидиј Насон

одаја брачна во некој свет, за тебе туѓински што е?


Може и оваа земја љубениот да ти го даде;
30 дал ќе е жив ил ќе умре, во божји е раце; па сепак
нека е жив, но тоа да сакаш и без љубов може.
Што згрешил Јасон? Кого, сем ако бездушник не е
не би го трогнала младоста, родот, неговата храброст?
Друго дури да нема, зар не може с ликот да трогне?
35 Тој веќе, еве, сосема срцето мое го трогна.
Ако јас не му помогнам, биковски здив тој ќе сети,
и ќе се бори со врази од свое никнати семе,
ил пак ќе биде даден ко плен на алчниот дракон.
Ако го допуштам тоа, ќе знам, ме родила мене
40 тигрица; дека камен и железо в срцето носам!
Зошто, кај гине, да не гледам, да осквернам очи со поглед?
Зошто и бикој на него да не пуштам и чедата диви,
од земја родени, или, пак, вечно будниот дракон?
О, нека бозите чуваат! Не треба јас да се молам,
45 туку да дејствувам – предавник на татков трон јас да бидам;
с мојата помош спасен да биде туѓинец некој,
па тој, спасен од мене да пушти едра низ ветрој,
маж да й биде на друга, Медеја да искуси казна?
Ако го направи тоа и друга заљуби жена,
50 безбожник, тогаш нек умре, но ликот не му е таков
ни благородниот дух, ни ставата негова красна,
та да се плашам од мамка, на мојата заборав помош.
Најпрвин збор нек ми даде и сведоци нека ни бидат
бози на врската наша. О, зошто се плашиш ти сега?
55 Дејствувај, не чекај! Јасон твој должник ќе биде за навек,
ќе те земе со свадбени факли и ќе те слават
како спасителка мајките низ пеласгиските градој.
Но зар да напуштам сестра и брат и татко и бози
и роден крај, да ме носат на кораб ветрој по море.
60 Татко ми жесток е, земјата вистина барбарска ни е,
брат ми е сè уште дете, но с мене се сестрини желби,
највеликиот бог е во мене; не напуштам многу,
велико следам: чест за спасената Ахивска младеж7,
7
„Ахивска младеж“ се овде Аргонаутите.
Метаморфози 151

градој на поарна земја ќе видам, чијашто слава


65 досега довде, уметност, животот в овие места
и Ајсонидот8, што ни за сите богатства земни
не би го менила јас; со таков маж среќна ќе бидам,
мила на бозите, с глава до ѕвездите вишни ќе допрам.
Што ако не знам кои сè планини в морето стрчат9,
70 и, ко што велат, Харибда10, за кораби враг што е страшен,
час голта море, па потем го блуе; грабливата Скила
среде лутите пци, кај лае од Сикулско море,
ако со мене е тој што го љубам; во скутот на Јасон,
јас низ далечни морја ќе пловам, в неговиот преграб
75 страв од ништо ќе немам; ако ли нешто ме плаши,
тоа ќе биде сал стравот за мојот чудесен сопруг.
Брак ли го викаш и прекрасно име му даваш, Медеја,
на твојот престап? Погледни, каков грев сега ти готвиш!
Бегај од злосторот дури да побегнеш сè уште можеш!“
80 Рече и пред очи правото, честа и срамот ги виде,
а Купидон, совладан веќе, се тргна од неа.
Тогаш се упати таа кон стариот олтар Хекатин11,
што беше скриен во сенчест лаг, во една далечна шума.
Веќе охрабрена беше и стивнат љубовниот оган,
85 но штом го здогледа Јасона, пламенот згаснат пак вивна,
румена стана в образите, целото лице й гори,
како што малечка искра, под врелиот скриена пепел,
штом ќе ја потхрани ветре, нараснува малку по малку,
потем пак ќе се вивне со возобновена сила,
90 така и нежната страст на Медеја што стивната беше
мислиш, младичот штом го виде, се распали повтор.
Случајно тој ден и поличен беше на Ајсона синот,
така што можеше да й се прости нејзината љубов.
8
Ајсонид е Јасон, син на кралот Ајсон.
9
Симплегадите, на северниот дел од Босфор, за кои се верувало дека, кога крај нив ќе
мине некој кораб, тие се соединувале; откако „Арго“ поминала меѓу нив, тие повеќе не
се соединувале.
10
Харибда – опасен морски вир во Сицилискиот проток, наспроти стената Скила –
чудовиште кое ја голтало морската вода заедно со корабите и потем пак ги исфрлало.
11
Хеката – ќерка на титанот Перс од Карија; божица – маѓесница која има власт над
таинствените природни сили; талка во темна ноќ по гробови и крстопати; ја претста-
вувале како „Троглава“, „Трителесна“, „со три лица“ Медеја била нејзина свештеничка.
152 Публиј Овидиј Насон

Таа му гледа лице, чиниш за прв пат го гледа,


95 вперила очи во него, безумна, не мисли веќе
дека во смртник гледа и не се двои од него.
Тогаш й прозбори Јасон, за десната рака ја фати,
и со срамежлив глас од неа тој побара помош,
брак тој й вети, а таа пролеа солзи и рече:
100 „Што правам, гледам; незнаење не ме измамува мене,
љубовта тоа го прави; ќе помогнам ти да се спасиш,
а штом спасен ќе бидеш, одржи го твојот збор чесно“.
В светоста тој й се колне на трителесната сила
на божицата12 и во божеството в оној лаг сенчест,
105 в таткото, кој гледа сè13, во тестот свој иден се колне,
в своите успеси исто и во опасности бројни;
Таа поверува; веднаш му даде волшебно билје;
научи како се зема и весел тој в домот се врати.
Кога утринската Зора ги распрсна сјајните ѕвезди
110 броен народ се собра на светото Марсово поле;
и на сртовите седнаа; насреде седна и кралот,
в порфирна руба, бележит со својот жезол од филдиш;
бици бронзоноги фрлаа пламен од челични ноздри,
од таа силна жештина тревата почна да гори,
115 како што секогаш прашти кога се печките полни,
ил кога варот во земјана печка растопен веќе
с бистра се полие вода, што огнот веднаш ја голта,
градите така им праштат, извиваат пламен од внатре,
грла им горат; пред нив на Ајсона излезе синот.
120 Свртеа глави кон него и рогој со железен оков,
бијат с раздвоени копита бесно в прашливата земја,
с пареа и со рик го исполнија целиот простор.
Ужас ги смрзна Минијците; приоѓа тој без да сети
оган ни врелите здивој; билјето моќно го штити,
125 с десница смело ја гали подвратната висната кожа,
јарем им става, ги тера тешкиот плуг да го влечат,
да ја ораат с лемешот неизораната нива;
Колхите в чудо се, с викот Минијците храброст му влеваат,

12
Т.е. Хеката.
13
„Таткото кој гледа сè“ е Ајетовиот татко, богот на Сонцето – Хелиј.
Метаморфози 153

тој, пак, шлемот бронзен го симна и змиски заби14


130 расфрла вешто насекаде низ изораната нива.
Мекнее семето в земјата, с отров облеана силен,
од посеаните заби нови се раѓаат тела;
како што детето в мајчина утроба поприма облик
човечки; внатре се редат деловите еден по еден,
135 и дур не созрее сосем на свет не излегува надвор,
така и дур в оплодената утроба земјина облик
човечки не доби, не никне од плодородната нива,
и што е почудно, веднаш штом никне, со оружје ѕвечи.
И штом Пелазгите15 видоа дека тие се готват
140 остри копја да фрлат кон Хемонскиот младич,
сведнаа поглед од страв и сосем изгубија храброст.
Таа се престраши исто, штом виде кај толпа од врази
напаѓа сал еден младич, што заштитен беше од неа;
пребледе сета, студена, одеднаш бескрвна седна,
145 па за да дејствува силно билјето, што му го даде,
запеа магиски напев и вештини побара тајни.
Тој, пак, претежок камен посреде вразите фрли,
така го одби бојот и кон нив сами го сврте;
Земјородните браќа гинат од заемни рани,
150 гинат в меѓусебна борба. Ликуваат сите Ахивци,
Јасона тие го креваат, в прегратки силно го стегаат.
Барбарко, и ти победникот би го гушнала радо,
но те спречуваше срам и обѕир кон доброто име
да не го направиш тоа; молкум се радуваш силно,
155 шепотиш фалби на бозите и на магиските песни.
Остана с билјето да се успие будниот дракон,
бележит с јазици три, со кукул и кукести заби,
чувар на златното дрво, што стравотен сееше уплав.
Откако таа го попрска с сок од Летајското билје16,
160 триж изговори думи, што бурно би смириле море,

14
Забите што Јасон ги расфрла по почвата, според едно старо предание, се дел од оние
заби што Кадмо ги извадил од устата на змејот.
15
Пелазги – овде се придружниците на Јасон, а тој е Хемонски јунак зашто е од Тесалија,
која порано се викала Хемонија.
16
„Летајско билје“ – тревата што Медеја му ја дала на змејот за да го успие; наречено така
според реката Лета во подземјето, чијашто вода ја пијат покојниците и забораваат на сè.
154 Публиј Овидиј Насон

од кои реки запираат, в сладок сон паѓаат веднаш;


очите змејот ги склопи, за сон што не знаеја сладок;
руното златно го зеде јуначкото чедо на Ајсон,
горд на себе и пленот и друг плен уште носејќи
165 во пристаништето Јолкос со сопруга пристигна Јасон.
Мајките, старите татковци Хемонски дарови носат
за спасените синој; во пламенот темјан се топи,
принесуваат заветна жртва со рогој од злато;
сред славениците не и Ајсон; тој смртта ја чека
170 морен од староста тешка, па син му прозбори вака:
„Сопруго, признавам, еве, ти должам за мојот спас тебе,
сè ти ми даде, дур и ја надмина мојата надеж,
но, ако можат (што ли, пак, не можат вражалски зборој),
одземи од мојот живот, на татко ми додај го тоа“.
175 Заплака тој, а неа ја трогна синовската љубов,
друго ја обзеде чувство, за Ајета таа си спомни
напуштен од неа, но не го покажа тоа и рече:
„Каков грев изусти, мажу; мислиш ли дека јас можам
некому дел од животот твој да придодадам сега?
180 Тоа Хеката не допушта, бараш ти гревотно дело;
поголем дар од тој што го бараш јас ќе ти дадам
Јасоне! С мојата вештина јас ќе се обидам сега
да го продолжам векот на свекор ми, без да ти земам
години твои; божицата с три глави сал нек ми пружи
185 помош и нек го одобри ова велико дело“.
Три ноќи требаше уште да минат дур месецот рогој
состави сосем и направи круг; штом сосема блесна
и се загледа в земјата со сето лице, Медеја
излезе од дома, згрната с руба распашана, боса,
190 с коси несредени, сосем растурени сегде низ плеќи,
талка без придружба, сама, сред ноќната тишина нема;
с длабок сон беа обземени луѓе и птици и ѕверој,
ни плот да шушне, неподвижно грмушки молчат, а молчи
дури и влажниот воздух, сал ѕвездите златни на небо;
195 трепкаат; испружи раце кон нив и триж се сврте,
триж си попрска коси с вода од река, а потем
три пати лелекна силно на тврдата земја клечејќи:
„О, ноќ, на тајните верна, о, ѕвезди, што с златниот месец
Метаморфози 155

вие се криете пред да настапат дневните огној,


200 и ти, Хекато с три глави, штом готвам нешто, ти знаеш,
и напомош ми идеш, ме учиш на маѓесни песни,
и ти, Земјо, на магиите моќно билје што даваш,
воздух и ветри и планини, езера бистри и реки,
сите божества шумски и ноќни, помагајте сега!
205 С вашата помош, штом посакам, реки кон изворот враќам,
брегој се чудат; со баење мориња смирувам бурни,
мирни разбранувам; облаци гонам, потем ги враќам,
ветришта гонам, повикувам; с моите маѓесни песни
змиски раскинувам грла и живи стени од земја
210 корнам; од корен уривам лесно и дабови цврсти,
шуми раздвижувам; на моја заповед брда се тресат,
земјата татни, а душите свои напуштаат гробој!
Месече, тебе те викам, иако Темеска бронза17
твојата сила ја слабее; с песната колата исто
215 на мојот бледнее дедо; од мојот бледнее отров
исто и Зората! Плам од биковите здушивте вие,
втиснавте на врат ненавикнат бреме од витото рало;
вие го втурнавте в жестока битка змискиот пород,
вие го успавте чуварот, кој сон не знаеше што е,
220 стража измамивте, златото в грчки го пративте градој;
сокови сега ми требаат, с нив да обновам старост
пак да се расцути таа, да брои младешки лета;
и ќе ги дадете; напразно не светат ѕвездите сјајни
ниту е напразно тука колата с крилати али
225 кои на вратот ја влечат!“ Од небото колата стигна.
Штом се качи на неа, ги погали с рацете нежно
заузданите драконски шии, па затресе узди,
в небо се вивна, под себе ја гледа Тесалската Темпа,
и кон предели знајни змејовите вешто ги води;
230 гледа низ тревите околу Оса и Пелион вишен,
Отрис и Пинд и Олимп, од Пинд што е повишен дури;
оние, што й се свидат, од самиот корен ги кубе,
другите треви ги сече со српот свој кривулест, бронзен.

17
„Темеска бронза“ – наречена според месноста Темеса во Италија, со која маѓесниците
се служеле за да прават магии.
156 Публиј Овидиј Насон

Изнајде многу треви на брегот на Апидам, Амфрис,


235 прилог свој дадоа водите на Епинеј и на Пенеј;
додаде нешто и брегот на Бојбес18, обраснат с трски;
Откорна жива трева од Антедона19 в Евбеја,
сè уште незнајна, откако Главк си промени тело.
Девет дни веќе и деветта ноќ ја видоа неа
240 како на драконски крилја разгледува полиња бројни,
тогаш се врати; змејовите само од мирисот вдишан
кожата од времешната старост ја свлекоа веќе.
Пристигнувајќи, застана таа пред прагот, пред врати,
над неа небо е сал; одбегнува допир со мажи;
245 постави тогаш олтара два од расчатален корен,
десниот на Хеката, а левиот, пак, на Јувента20.
Потем ги обви со свети гранки и грмушки диви;
наблизу ископа в земјата две јами, принесе жртва21,
ножови зари во грло на црнорунесто јагне
250 па низ широките јами на сегде ја разлеа крвта;
потем озгора излеа чаша немешано вино
и друга излеа чаша полна со стоплено млеко,
зборови изусти тогаш, подземните бози ги призва,
кралот го моли на сенките, жена му грабната исто,
255 бргу старечката душа од телото да не ја земат.
Откако нив ги смилостиви с молби и баење долго,
рече на воздух да биде изнесен болниот Ајсон,
потем со магиска песна го успа во сон многу длабок
и ко безживотен на распосланата трева го стави.
260 Рече и Јасон и слугите да се повлечат веднаш,
скверни очи да нема на таинствениот обред.
Сите се тргнаа; тогаш Медеја с развеани коси
околу огнот в олтарите оди, како бакхантка,
факли расцепени в јамата црна натопува с крвта,
265 с така натопени, обата олтара со нив ги пали;

18
Бојбес е езеро во Тесалија.
19
Антедона е град на брегот на Беотија, спроти островот Евбеја; таму рибарот Главк
вкусил некаква тревка и скокнал во морето; боговите го претвориле во морско божество.
20
Јувента е римска божица на младоста (грч. Хеба).
21
Кога се принесувале жртви на подземните богови, се копала јама и во неа се налевала
крв од црни животни.
Метаморфози 157

старецот три пати с пламен, со вода, со сулфур го чисти.


А во бронзениот котел врие волшебното билје,
кипи и белее сè од набуената пена.
Тука ги вари корењата, збрани в Хемонските долој,
270 семиња, цветој и уште многубројни сокови лути;
додава камења најдени дури на крајниот Исток,
уште и песок, што Океанот при одлив го измил;
додава роса, ноќе на полна месечина збрана,
крилја од прокобен був со месото негово сето,
275 црева на волк, што често го менува обликот ѕверски
в човечки; в котелот стави и тенка кожа со лушпи
од хелидра22 Кинифиска23, црн дроб од елен со долг век;
стави и клун и глава на деветвековна врана.
Ова и илјада други безимени нешта Медеја
280 откако стави, за смртник невидено направи дело;
сето потем го размеша с гранка маслинова сува,
долниот слој со оној што озгора беше го смеша.
Еве кај сувата прачка, во врелиот вртена котел,
првин зелена стана, а наскоро с лисја се обви
285 и веднаш потем сета од маслинки натежна зрели.
Секаде, кај што огнот од котелот испрска пена
и сегде, кај што на земјата паднаа капките врели
почвата зелена стана од цутој и тревичка мека.
Штом го забележа ова, Медеја го истргна мечот,
290 вратот на Ајсон го резна и старечка испушти крвца,
потем му налеа сок, што кога Ајсон го прими
ил преку уста ил раната, белата брада и коса
станаа црни, исчезнаа мршавост, свенатост, бледност,
брчките длабоки свежа плот веднаш ги исполни сегде,
295 телото стана бујно и снажно; Ајсон се чуди,
истата сила ја има ко пред четириесет лета.
Либер24 од небо ја виде оваа чудесна случка,
помисли дека дадилките негови исто би могле
младоста да си ја вратат; го доби тој дар од Медеја.

22
Хелидра – вид смрдлива отровна змија.
23
Кинипс е река во Либија.
24
Либер – богот Бакх.
158 Публиј Овидиј Насон

300 Итрини имаше уште Фасидката,25 омраза лажна


покажувајќи кон мажот, во домот на Пелија26 бега;
ќерките негови неа ја примаат, зашто тој стар е;
Итрата Колхидка бргу ги плени с пријателство лажно,
И дур раскажува таа за својот најголем успех,
305 како му вратила младост на Ајсон (развлекува бавно),
надеж се роди кај момите дека таа ќе може
с истата вештина да го подмлади нивниот татко;
тие ја молат за тоа, ветуваат бескрајна цена.
Таа, пак, кусо време си молчи, се двоуми, чиниш,
310 притворно тие што молат в неизвесност лажна ги држи;
потем им вети и рече: „Да имате верба во дарот
овенот најстар, сред овците водач на стадата ваши,
с мојата чудесна враџба од овен, јагне ќе стане“.
Веднаш доведоа овен, морен од години безброј,
315 с вдлабнато чело околу кое се свиле рогојте;
Хемонски нож в истоштеното грло му забива веднаш
само со неколку капки од крв го извалка ножот,
маѓесницата потем го нурна в шупливиот котел
телото, заедно со него стави и сокови моќни;
320 овенот тогаш се смали, рогојте изгореа сосем,
заедно со нив ги загуби тој и бројните лета,
па од сред котелот бронзен се слушна блеење нежно,
а по блеењето пред зачудените искокна јагне,
игриво околу трча и бара боски со млеко.
325 Стојат стаписани ќерките на кралот Пелија, зашто
она што вети Медеја, го исполни. Упорно молат.
Три пати Фојб ги распрегна коњите, нурнати в Хибер27,
а четвртата ноќ веќе блескаа на небо ѕвезди,
кога лажливката – ќерка Ајетова на силен оган
330 постави чиста вода и билки што немаат сила.
Ко да е мртов, с опуштено тело, во длабок сон кралот
падна, а заспаа и стражарите заедно с кралот,
враџбата тоа го стори и моќниот вражалски јазик;
Влегоа ќерките внатре, Медеја им повела така;
25
Фасидка – Медеја, како жителка на Колхида, низ која тече реката Фасида.
26
Пелија – крал на Јолкос, стрико на Јасон; крал на Јолкос.
27
Хибер е река во Хиспанија.
Метаморфози 159

335 околу леглото стојат, а таа им рече: „Но зошто


се двоумите, плашливки, сега? Истргнете мечој,
стара исцедете крв, со млада да исполнам вени!
Возраста, животот татков е сега во вашите раце;
ако имате почит, а не сал надежи пусти,
340 помош на татко ви дајте, со мечот изгонете старост,
крвта нечиста с забоден меч исфрлете ја сега!“
На овој поттик, чесната прва нечесна бива;
да не е престапник, злосторство прави, па сепак ни една
не може ударот свој да го гледа; свртуваат поглед,
345 наслепо, свртени, с десница тешки задаваат рани.
Пелија, иако облиен с крвој, на лакти се крева,
полураскинат обиди прави да стане од легло,
и среде толку мечови, бледи раце да крене;
„Ќерки, што правите? Кој против татко ве оружа вака?“
350 Вика тој; тие пак спуштија раце и смирија срца;
Сака да зборува уште, но ете, Медеја со мечот
грклан му пресече, раскинат в врелата вода го нурна.
Да не се вивнеше веднаш на небо с крилатите змии
не ќе одбегнеше казна; бега над Пелион28 сенчест,
355 над домот на Филирин29, а потем уште над Отрис,
предели знајни по судбата, кога стариот Керамб30;
с помош на нимфите в небо се крена на лесните крилја
кога се разлеа морето сегде низ тешката почва;
така тој тогаш ги избегна Девкалионските браној.
360 Патем го остави лево Еолскиот град Питана,31
кипот на змејот голем, од камен направен сиот,
потем Идајскиот лаг, кај јунецот Либер го сокри,
кого го украде син му, во лажен престорен елен,
и кај е погребан таткото Коритов32 под ситен песок,
365 па и полињата с лаење што ги престраши Мајра33,

28
Пелион е планина на источниот брег на Тесалија.
29
Филирин е син на мудриот кентаур Хирон.
30
Керамб е овчар на планината Отрис; тој ги навредил нимфите и за казна бил претворен
во некаква крилата бубачка.
31
Питана е приморски град во Малоазиска Еолида.
32
Корит бил син на Парис и Евона; гробот на Парис бил некаде во тројанската рамнина.
33
Непозната жена што била претворена во кучка.
160 Публиј Овидиј Насон

па и градот Еврипилов34 каде што Којските мајки


рогови носеа, кога на Херкула четата тргна,
и Родос Фојбов, и на Јалис35 Телхинците потем,
чиишто очи урокливи се за сè што ќе видат;
370 Јупитер нив ги замрази, в братови браној ги фрли;
мина и над Картејската крепост36 на древната Кеја,
кај што се зачуди Алкидам што од ќеркиното тело
можело да се изроди една гулабица кротка.
Потем го виде и брегот на Хирија и Темпа на Кикнос37,
375 којшто ненадејно постана лебед; таму, пак, Филиј,
дур беше момче38, по негов налог, му беше предал
скротени птици, му даде и уште еден лав жесток;
уште му наложи и бик да совлада; овој го свлада,
но оној гневен што љубовта му ја одбиваше често,
380 иако бараше момчето, дарот тој не му го даде;
расрден Кикнос му рече: „Ќе посакаш да ми го дадеш“,
потем се фрли од висока стена; помислија сите, тој паднал;
но тој се престори в лебед, на снежните висеше крилја;
Мајка му Хирија не знае дека се спасил; од солзи
385 езеро стана, што по неа име Хирија доби.
Еве се ближи и Плевтон, од кај што со трепетни крилја
лета Офијска39 Комба од синовски рани бегајќи;
И Калавриските40 полја ги виде на света Латона,
кај што во птица се претворил кралот со жената своја.
34
Еврипиловиот град бил на островот Кој; оттука и „којски мајки“.
35
Јалис е град на островот Родос; Телхинци се митско племе, кои се населиле на Родос
од островот Крит; според преданието, тие први откриле како се обработува железото и
бронзата; со време станале лоши маѓесници и Јупитер ги потопил во морето.
36
Градот Картеја се наоѓал на островот Кеј; Алкидам се зарекол дека ќерка си Ктесила
ќе му ја даде на Атињанинот Хермохар, но не го исполнил заветот. Ктесила се упатила
кон Атина, но рано умрела; кога ја погребувале, исчезнало нејзиното тело и таа се
претворила во гулабица.
37
Кикнос е син на Аполон и Тирија; бил убав ловец меѓу ајтолските градови Плеврон
и Калидон. Во него се вљубил Филиј; поради невозвратената љубов заедно со мајка му
бил претворен во лебед.
38
Т.е. дур Кикнос бил уште момче, Филиј, кој бил вљубен во него, на барање на Кикнос,
му ги дал наведените дарови; последниот дар што го побарал, Филиј одбил да му го даде,
зашто Кикнос не возвраќал на неговата љубов.
39
Офијци биле ајтолско племе; Комба е непозната личност.
40
Калаврија е остров, близу до арголидскиот брег; посветен бил на Нептун, кој го добил
од Латона како замена за Делос.
Метаморфози 161

390 Десно Килена41 е, каде што Мелефон с мајката своја


сакал да легне, како што прават дивите ѕверој;
Далеку Кефис42 го гледа, за судбата внукова плаче,
кого Аполон в надуена фока го претворил беше,
домот Евмелов43 го гледа, што в воздухот жали за синот.
395 Најсетне с змиските крилја стигна в Пиренска Ефира44;
старите велат, во дамнина таму од дождовни габи
постанувале тела на човечки суштества смртни.
Но штом невестата нова45 од колхидски изгоре отров
и двете мориња кралскиот дворец го видоа в пламен,
400 крвта на чедата с безбожен меч ја пролеа таа,
така се одмазди луто, го одбегна мечот на Јасон.
Стигна в Паладини кули, од титански носена али,
тебе, старче Перифас46, те виде кај леташ со Фена,
а со новите крилја и внуката на Полипемон.
405 Таму ја прифати Егеј, кој еден заслужува прекор,
што не ја прими ко гостинка, туку ја зеде за жена.
Пристигна веќе и Тесеј, за татка непозната рожба47,
којшто со својата храброст, двоморскиот Истмос го скроти;
за да го погуби него Медеја приготвува отров,
410 што од скитските брегој го донесе со себе преѓе.
Отровот бил од забите на Ехидниното48 куче,
41
Килена е брдо во Аркадија.
42
Кефис е бог на истоимена река во Фокида и Беотија; неговата внука му родила на
Ерехтеј осум деца.
43
Евмел бил Тебанец, жрец на Аполон; го убил сина си, зашто јадел од жртвеното жи-
вотно, пред да биде принесено на олтарот; богот го оживел и го претворил во пчелојад.
44
Пиренска Ефира е старото име на градот Коринт, кој се наоѓал близу до изворот Пирена.
45
„Невестата нова“ е Главка, ќерката на коринтскиот крал Креонт, за која се оженил
Јасон; Медеја, презрена и навредена, й пратила на невестата руба и златен венец, во кои
имало отров и таа изгорела; потем Медеја ги погубила своите два сина, што ги имала
со Јасон и на кола, во која биле впрегнати змејови, побегнала во Атина, каде што се
омажила за Егеј, таткото на Тесеј.
46
Перифас бил крал во древна Атика; бил многу справедлив и луѓето го честеле како да
е Јупитер; Богот се разгневил поради тоа и сакал да го погуби, но Аполон се сожалил,
па тој и неговата жена Феба се претвориле во јастреби.
47
Тесеј бил син на Егеј и Ајтра; роден бил во Тројѕена, каде што Егеј бил кај Ајтриниот
татко Питеј; кога ја напуштал Тројѕена, Егеј й го дал на Ајтра својот меч и й порачал
да му го прати синот, кога тој толку ќе стане силен што да може да откине еден голем
камен; затоа овде Тесеј за Егеја е „непозната рожба“.
48
Ехидна е чудовиште од подземниот свет.
162 Публиј Овидиј Насон

(така бар велат); таму, пак, има пештера темна,


со мрачен отвор; имало патека стрмна по која
јунакот Тирински49 некогаш Кербер50 го довлекол тука
415 иако овој се тргал непрестајно, поглед вртејќи,
не сакал ден да гледа ни сјајните сончеви зраци;
Тесеј го довлекол врзан во челични окови тешки.
Кербер, разбеснет силно од три грла залајал силно
и со белузлава пена зелените полја ги прснал;
420 велат, се стврднале тие и нашле во плодната почва
храна и добиле сила што гибелна може да биде;
и зашто тревата жилава расте на тврда стена
„аконит“ име й дале селаните; с наговор женин
Егеј на синот, како на враг, му дава да пие;
425 Тесеј, неупатен, с рака ја зема дадената чаша.
Татко му тогаш на балчакот филдишен знакот го позна
на својот род и отровот му го тргна од уста.
Смртта ја одбегна таа низ облак со напеви кренат.
Таткото, иако радосен е што синот го спасил,
430 сепак е зачуден многу, што само за не многу време
огромен грев ќе сторел; на олтари огнови пали
дарува бози, секирите вратови меснати сечат
воловски, с жртвени ленти на челата врзани нивни.
Велат, не изгреал никогаш пославен празник од овој
435 за Ерехтидите51; гозби големците еве кај готват,
но и народот прост; а виното мами на песни:
„Тесеју велик, за крвта на критскиот бик сега в тебе
Маратон гледа со восхит; твоја е заслуга уште
тоа што ратајот од Кромион сега безбедно оре;
440 виде и Епидаур кај синот на Вулканов с клучот
падна од тебе; Кефисиските брегој ја видоа смртта
на суровиот Прокруст, Церерина, пак, Елевсина
смртта ја виде на Керкиона. Падна и Синис

49
Тирински јунак е Херкул, кој по заповед на својот господар, кралот Евристеј, слегол
во Подземјето и врзан го довел Кербера во Микена пред Евристеја.
50
Кербер е пес од подземниот свет, кого го родила Ехидна со Тифон; отровот што го
содржи билката „аконит“ (според градот Акона) настанал од пената што течела од
забите на Кербер.
51
Ерехтиди се Атињаните, нарекувани така според митскиот крал Ерехтеј.
Метаморфози 163

зашто за зло ја употреби својата голема сила;


445 можеше тој да свиткува дрвја, до земјата долу
стебла на борови тој наведнуваше дури од врвот.
Кога го немаше Скирон, безбеден постана патот
кон Алкатоја52, што Лелегејска тврдина беше.
Коските на овој злотвор ни земја ни вода ги прими;
450 долго расфрлени така, се стврднале, велат, во спили
и на овие спили им остана името Скирон.
Ако ги броиме твоите дела53 и твоите лета,
с дела надминуваш лета; за тебе се молиме дружно,
јуначе, Бакхови голтки за тебе пиеме сега!“
455 Дворецот ечи од народен восхит и молитви смерни
в целиот град не остана место за некаква тага.
Но ете, иако Егеј го дочека синот свој спасен,
не може сепак на радоста да й се препушти сосем
(наслада чиста нема, сè нешто в радоста пречи);
460 Минос за војна се готви; тој моќен е с војска и бродој,
сепак татковскиот гнев е неговата најмоќна сила;
одмазда бара за смртта на Андрогеј с праведна војна.
Сепак, пред војната бара напомош сојузнички сили;
с крилати бродој по морето броди, чиј господар тој е,
465 сојуз склучи с Анафа и с кралството Астипалеја
(с Астипалеја со војна, с ветувања пак со Анафа);
потем с низинскиот Микон, со белокредниот Кимол,
с темјанов цвет богатиот Сир, со Серифон рамен,
Парос, богат со мрамор што предаден беше од Арна54:
470 алчната таа побара злато и кога го доби,

52
Алкатоја е Мегара, нарекувана така по Алкатој, синот на Пелоп, кој повторно ги
изградил нејзините разурнати ѕидишта во војната со Криќаните.
53
Овидиј ги набројува подвизите на Тесеј: фаќањето на критскиот бик; убивањето на
вепарот што пустошел околу Кромион; убиството на разбојникот Перигес, синот на богот
Вулкан, кој со тојага убивал луѓе; убиството на разбојникот Прокруст, кој на брегот на
атичката река Кефис ги фаќал патниците па им ги сечел нозете, ако се предолги, или ги
истргнувал, ако се куси, додека не ја достигнеле должината на леглото; победата над
Керкион во Елевсина, кој ги принудувал патниците да се борат со него, па потем ги убивал;
убиството на Скирон, кој на брегот кај Мегара ги фрлал од стена во море патниците, па
со нив хранел некаква желка; неговите коски станале стена која го носела неговото име.
54
Арна била жителка на Кикладскиот остров Сифнос; за злато ја предала татковината
и била претворена во чавка.
164 Публиј Овидиј Насон

в птица се претвори, злато којашто љуби и сега,


Чавка е, со нозе црни и с црни покриена перја.
Но Олиар, Дидима, и Тенос и Андрос и Гијар
и уште с маслинки сјајни богатиот остров Пепарет55
475 помош на критската флота не даваат; заплови Минослево
лево кон Ојнопија, на Ајакидите кралство.
Старите Ојнопија ја викаа, кралот, пак, Ајак
неа Ајгина ја нарече с име на својата мајка.
Толпа се стрча, славниот јунак за да го види,
480 в пресрет му трча и Телемон, потем и брат му Пелеј,
кој е помлад од него, и Фок, кој потомок трет е;
излезе дури и Ајак, бавен од старечка тежест,
за да го праша Минос што дошол тука да види.
Исполнет с татковска болка, воздивна Минос и вакви
485 зборој нему му кажа на стотина народи кралот:
„Молам за помош во војна, за синот мој што јас ја водам,
биди и ти дел од неа, за гроб негов утеха барам56“.
Асопијадот57 му рече: „Напразно бараш, градов
не ќе ти помогне; поголем сојузник земјава нема
490 од Кекропидите58; с овие цврст сојуз имаме ние“.
Замина натажен Минос и рече: „Скапо ќе платиш
за овој сојуз“; но смета пополезно ќе е за него
сал да се закани одошто с војна сили да губи.
Уште од ојнописката крепост на видик им беше
495 флотата Ликтијска59, кога со полни доплови едра
Атички кораб и слободно влезе в пријателски пристан;
доплови Кефал60 со пораки од татковината своја.

55
Сите спомнати острови што се спомнуваат се нарекуваат Кикладски острови.
56
Минос бил критски крал, внук на Минос, синот на Зевс и Европа; неговиот син Ан-
дрогај, кого му го родила неговата жена Пасифаја, во Атина на натпреварите ги победил
сите противници; според едно предание, Егеј го испратил да го убие маратонскиот бик
и таму тој загинал; според друго, го погубиле неговите соперници, по наговор на Егеј,
зашто овој се плашел од неговата голема сила.
57
Асопијад е Ајак, син на речниот бог Асоп и Ајгина.
58
Кекропиди – Атињани, според името на првиот митски крал на Атика Кекропс, основач
на Акропол; негови правнуци се Клит и Бутес.
59
Ликтијска флота – критска флота, наречена според градот Ликта на островот Крит.
60
Кефал е син на Дејон, кралот на Фокида, внук на Еол, а маж на Прокрија, ќерката на
атичкиот крал Ерехтеј.
Метаморфози 165

Иако Ајакидите не го видоа долго


Кефала, сепак го познаа и му пружија рака
500 па го одведоа в татковиот дом. А славниот јунак,
којшто беше сочувал траги од старата убост,
влезе носејќи во раката гранка од маслинка родна;
тој како постар, од десно и лево имаше двајца,
помлади, Бутес и Клит, кои синови беа на Палант.
505 Штом по првата средба разменија пригодни зборој,
Кефал пораките на Кекропидите, рече, ги носи,
моли за помош, за сојузот спомна на нивните оци,
додаде: Минос ја бара власта над цела Ахаја.
С убави зборој ја пренесе тој пораката така.
510 Ајак с левицата потпрен на сјајната дршка од жезлот
рече: „Не барајте помош, Атињани! Земете сами!
Ваши се сите сили, што овој остров ги има;
носете се! Положбата в моето кралство е таква,
војска и сили јас повеќе имам за себе и врагот;
515 фала на бозите, среќно е времево, изговор немам“.
Кефал пак рече: „Така нек биде, нек повеќе јакне
кралството твое; штом пристигнав осетив голема радост
кога ме пречека прекрасна младина, иста по возраст;
не гледам сепак многумина некогаш што ги бев видел,
520 порано кога во вашиот прекрасен град јас бев примен“.
Воздивна Ајак и с тага во гласот вака му рече:
„Жален почетокот беше, но поарна следеше среќа;
Камо да можам за неа да зборувам, а не за него!
Сега по ред ќе ви раскажам сè, не ќе чекате долго.
530 Тие за кои си спомнуваш, лежат ко коски и пепел,
колкав ли дел од моето кралство загина со нив!“
Ужасна чума над народот прати гневна Јунона
градот го замрази с име на соперничката нејна.
Дури се чинеше бедата земна и незнајно беше
535 откаде доаѓа страшното зло, се боревме с лекој;
чумата посилна беше од лекот, го совлада сосем.
Најнапред небото земјата с густа ја притисна магла,
и во облаците темни ги вклучи жештините троми;
месецот четири пати во круг рогојте ги врза
540 и потем четири пати полн го разврза кругот,
166 Публиј Овидиј Насон

јужниот ветер везден смртоносна дуваше жега.


Јасно, в изворите и во езерата отровот влезе;
безбројни илјади змии по неораните ниви
лазеа и ги заразија реките со својот отров.
545 Моќта на ненадејната болест највидлива беше
в помор на птици и пци, на овци, волови, ѕверој.
Кутриот овчар се чуди кај бикот сред браздите паѓа;
овците руноносни болно непрестајно блеат,
волната сама од себе им паѓа, а тела им гинат.
550 Некогаш бујниот коњ, што слава на трките стекнал,
палмата сега ја срамоти, почест заборавил стара,
стенка крај јаслите жаловно, неславно смртта ја чека.
Лутина вепрот заборавил, срната верба во трка,
ниту, пак, мечки напаѓаат веќе добиток силен.
555 Свенатост обзеде сè; по шуми, патишта, полја
грозни трупови лежат и воздухот с реа го гнасат.
Чудно, ни пци, ни алчните птици ни сивите волци
не ги допираат нив, па така распаднати гнијат
и со смрдеата штетат, наоколу зараза шират.
560 Потем со голема сила до бедните селани стигна
чумата и завладеа ширум сред градот наш голем.
Првин утробата гори, а на скриениот пламен
црвенилото знак е и тешкото дишење згора;
јазикот рапав од огнот отекува, врелите усни
565 зјаат од топлиот здив и тешкиот воздух го дишат.
Не можат болните постела ниту покривка друга
да поднесуваат; гради на тврда спростираат земја,
земјата не ги разладува, туку се загрева од нив.
Нема од никаде помош, страшната чума ги коси
570 и лекувачите, зашто умешноста нивна им штети.
Колку е поблизу некој до болниот и верно му служи
дотолку побргу умира, надеж за спас зашто нема,
крајот на болеста тие го гледаат само во гробот,
се оддаваат лесно на сласти, не водат грижа
575 што е полезно, полза, пак, нигде не гледаат, кутри.
Бесрамно сегде, крај извори, реки, крај бунари ширни
болните лежат; пиејќи им гасне не жедта, а живот.
Мнозина ни да се поткренат можат, во водите гинат,
Метаморфози 167

потем пак некој од истата таа вода ќе пие.


580 Гроза ги обзема кутрите од сопствените легла,
скокаат од нив, а ако немаат сили да стојат,
тела по земја тркалаат; секој од своите Пенати
бега и секој домот свој сопствен го смета за гибел.
Непознатата причина в тесниот простор ја бараат.
585 Гледаш кај талкаат полуживи по патишта дури
сè уште можат да стојат; други, пак, лежат на земја,
плачат, и с последна сила со морните шараат очи,
раце кон ѕвездите креваат, кон надвиснатото небо,
душа испуштаат сегде, кај што ги затекла смртта.
590 Како ми беше на душа? Дал ко што треба да биде,
животот јас да го мразам и дел од моите да бидам?
Кај и да свртев поглед, полегнат народ јас гледав,
ко што јаболка гнили од стресени паѓаат гранки,
ил ко што паѓаат желади кога го затресеш дабот.
595 Наспроти гледаш возвишен храм со скалила долги;
Тој е на Јупитер. Кој сè на овие олтари свети
темјани напразно дал? Колкупати жена за мажот,
татко за чедото дури искажувал молбени зборој
уште не завршил молитва, тука испуштил душа,
600 потем во рака му нашле парче неизгорен темјан!
Колку ли пати тука, пред храмот над жртвени бикој
жрецот само што почнал да кажува заветни слова
и да излева заветно вино врз нивните рогој,
биците ненадно паѓале пред смртоносниот удар!
605 Дури и јас кога, за мене, за татковината наша
и за трите ми сина на Јупитер оддавав жртва,
жртвата одеднаш рикна и падна без никаков удар,
само со малку крвца натопувајќи го ножот.
Болната утроба вистински знаци и пораки божји
610 беше изгубила; страшната болест в утробата влегла.
Трупови спрострени видов пред светите божески порти,
и пред олтарите дури, да биде поомразна смртта.
Некој со јаже си одземал живот и стравот од смртта
преку смртта ја одбегнал; блиската судба ја викнал.
615 Мртвите тела според обичајот немаат погреб
(ниту низ портите не би поминале погреби толку)
168 Публиј Овидиј Насон

ил непогребани лежат на земја, или на клади


високи горат без да им принесат погребни жртви;
светост никаква нема, за кладите кавги се множат,
620 мртвите тела ги горат на туѓи запалени огној.
Нема кој да ги оплаче, па неоплакани талкаат
души на мајки, на снаи, на млади луѓе и старци,
место за гробови нема ни дрва има за огној61.
Стресен од таквиот виор на бројните несреќи страшни,
625 викнав: „О, Јупитер, ако е вистина она што велат
дека во преграб ти си ја држел Ајгина на Асоп,
ако не ти е срам, што татко си наш, о, Велик,
моите врати ги луѓе ил гроб нек ме земе и мене!“
Веднаш тој поволен знак ни даде со ровја и веда.
630 Јас реков: „Разбрав и еве се молам среќен да биде
знакот на твојата волја. Го прифаќам знакот за залог.
Наблизу имаше даб, многу редок, со широки гранки,
посветен беше на Јупитер, а од Додонско семе62;
видовме таму врволица мравки, што плодови збираат,
635 како во малите рилки претешки товари носат
и си го пазат патот, по кората рапава одат“.
Дур им се чудам на бројот, јас реков: „Најдобар татко,
толку граѓани дај ми, наполни го градот мој празен!“
Дабот затрепери висок, без ветер зашумеа гранки,
640 јас се исплашив силно, од уплав се скаменив сиот,
косата ми се крена, ги бакнав земјата, дабот,
но се надевав сепак и желба во душата носев.
Настапи ноќ и сон истоштено тело ми свлада;
пред очи истиот даб ми стои, со истите гранки,
645 колку што имаше гранки, толку животинки на нив;
Дабот се разниша и на полињата под него што се
распрсна зрноносачки безброј, и одеднаш тогаш,
почнаа веднаш да растат и се поголеми, чиниш.
Гледаш, од земја се креваат, с трупот исправено стојат.
61
Старите верувале дека душите на покојниците талкаат по светот и не можат да одат
во Подземјето ако не се погребани и оплакани.
62
Најстарото Зевсово пророчиште се наоѓало во Додона, во Епир; дабот во Ајгина бил
засаден со семе од Додона, и како и таму, богот ги објавувал своите пророштва со шу-
шкање на лисјата.
Метаморфози 169

Мршавост губат и бројот на нозете, црната боја,


наскоро потем попримаат сите човечки облик.
Исчезна сонот; на јаве на лошо помислувам веднаш
650 жалам што никаква помош од бозите нема; но в домот
огромен викот и гласој од луѓе како да слушнав,
скоро неслушнати тука. Дур мислам дал сонувам уште,
Телемон пристигна бргу и ширум отвори порти.
„Татко, ќе видиш поголемо нешто од надеж и верба!
655 Излези!“ рече. „Излегувам, гледам, препознавам мажи,
какви што на соне видов; идат кај царот за поздрав.
Принесов жртва на Јупитер, дадов на новите луѓе
град и пустите ниви од старите ратаи вредни,
Мирмидонци63 ги нареков, според потеклото нивно.
660 Телата нивни ги виде, стари обичаи честат
исто и сега; вредно и штедливо племе се тие,
способни имот да стекнат и да го чуваат будно.
Тие во бој ќе те следат со храброст ко врсници твои,
штом кога ветерот Еур, што среќно те донесе тука,
670 (Еур го беше довел) в јужен се промени ветер.“
С такви разговори тие и с други го минаа денот;
потем на крајот од долгиот ден приредија гозба;
Ноќта за сон ја оставија; сонцето златно штом блесна,
сè уште дуваше Еур, кој пречеше едра да кренат;
675 Палантовите синој се збраа кај Кефал, ко најстар;
Кефал с на Палант синојте кај кралот се упати тогаш
кралот, пак, сè уште в длабок сон беше; Фок нив ги прими,
Телемон зашто со браќата збираше мажи за војна.
Фок Кекропидите внатре ги води во раскошна соба,
680 седнува заедно со нив. Здогледа, внукот на Еол
в раката копје кај држи, од дрво непознато нему
со врв од злато. Прозбори неколку думи и рече:
„Често низ шумите одам во лов на ѕверови диви;
долго се чудам од кое ли дрво е копјето твое;
685 да е од јасен, жолто ќе беше, од дрен, пак, со јазли;
не знам од каде е; моите очи досега уште
такво убаво фрлачко копје не виделе нигде“.
63
Ајак го нарекол својот народ Мирмидонци, зашто настанал од мравки.
170 Публиј Овидиј Насон

Еден од браќата Актејски64 рече: „Поголема полза


од него има од што на обликот негов се чудиш.
690 Оди право кон целта, не го води случајот него,
и потем само се враќа кај стрелецот крваво сето“.
Младиот Нереев внук65 за сè се распрашува сега,
како, од каде го добил и кој го дал овој дар голем.
Прашува овој, а Кефал одговара, сепак се срами
695 колкава цена да каже тој платил; молчи од болка
за изгубената сопруга, расплакан потем му рече:
„Божествен сине, да плачам ме тера ваквото копје
(кој би поверувал?) и долго ќе плачам, ако ми даде
долг живот судбата; мене и мојата сопруга мила
700 тоа нè погуби; камо дар никогаш ваков да немав!
Беше Прокрида, сестрата на Оритрија, која
грабена беше, ако си случајно слушнал за неа.
Ако им споредиш лика ил нарав, подостојна беше
грабната да е Прокрида! Татко й нејзин Ерехтеј
705 неа ја сврза со мене, а мене љубовта с неа.
Кажував дека сум среќен и среќен навистина бев јас.
Можеби уште ќе бев, да сакаа бозите така.
Веќе по вториот месец од свадбата свечена наша,
растегав ловџиски мрежи за рогати елени брзи,
710 кога од врвот на секогаш цветната планина Химет66
откако мракот го разби ме здогледа златната Зора
и насила ме грабна. Божицата нека ми прости
вистина јавно што зборам: нек лична е с розова лика,
нека господари таа со крајот на денот и ноќта,
715 нека се храни со нектарски води – Прокрида ја љубев,
в срцето таа ми беше, секогаш в уста ја имав.
Сал за светоста на постелата брачна, за бракот
неодамнешен зборував, за напуштеното легло“.
Гневно божицата рече: „Доста со жалбите твои,
720 неблагодарнику! Имај си ја Прокрида штом сакаш.
Пророчки ум сепак имам: ќе сакаш да не си ја имал!“
Така налутена таа ме врати пак кај Прокрида.
64
Актејски браќа се Атињаните.
65
Нереев внук е Фок, синот на Ајак и Псамата, која била ќерка на Нереј.
66
Химет е брдо во Атика, прочуено по мед и лов.
Метаморфози 171

Кога се враќав, божицата што рече в себе си мислев;


страв ме обзеде, да не ја чувала жената лошо
725 брачната верност; поради ликот и младоста нејна
сомнеж за неверство има, а според наравот – нема;
Далеку бев јас, а таа од којашто сега се враќав
пример за виновник беше; штом љубиш од сешто се плашиш.
Одлучив да го проверам сомнежот; решив со дарој
730 да й ја испитам честа. Аврора го подгреа стравот,
ликот мој таа го смени (а јас го почувствував тоа).
Влегувам како непознат в градот Паладин Атина,
в домот мој; не најдов таму ни трага од некаква вина,
чист е и неспокој зрачи за својот господар грабнат.
735 Илјада итрини смислив да пријдам до Ерехтида;67
штом ја видов, се здрвив, намислата скоро ја тратив
верноста да й ја испитам; што да не признаам, сакав,
одвај се воздржав, ко што е редно, да не ја бакнам.
Тажна беше (и тажна полична немаше жена
740 од неа); сета од копнеж скрбна по сопругот грабнат.
Колкава убост, о, Фоке, е тоа, штом в скрбта и лична!
Што да раскажувам, колку в невиноста обиди мои
таа ги одби и рече: За еден се чувам јас само;
тој, кај и да е, за него ги чувам љубовните сласти.
745 Кој ли умен задоволен не ќе е с проверка ваква?
Мене не ми е доста, па ријам во мојата рана.
Награда ветив за една ноќ, многу богати дарој,
најсетне ја поколебав, потем ко победник викнав:
Љубовник лажен сум јас, а вистински твој сум јас сопруг,
750 сведок сум на прељубата твоја, о, неверна жено!
Таа не рече ништо, од срам занеме кутра,
побегна бргу од подлиот маж и коварната куќа;
од омразата кон мене, родот го замрази машки,
почна да талка низ гори, предадена сал на Дијана.
755 Штом ме напушти таа, од посилен запламтев оган,
неа ја молев за прошка и признавав дека сум згрешил,
дека и самиот јас во слична би попаднал замка
ако и мене ме соблазни некој со толкави дарој.
67
Ерехтида е Прокрида – ќерка на кралот Ерехтеј.
172 Публиј Овидиј Насон

Штом й го признав јас тоа, се врати кај мене таа


760 зашто одмаздена беше за срамот голем пред тоа;
потем години слатки со мене проживеа сложно;
уште и пес ми дари, ко малечок дар да ми дава,
песот што Кинтија68; некогаш штом й го дарила нејзе,
беше й рекла: „Во трка тој ќе ги победи сите“;
765 уште и копје ми дари, што в моиве раце го гледаш.
Прашуваш, каква е судбата на овој втор мој дар уште?
Послушај тогаш, за чудо е необичнава случка:
Синот на Лај69 ја реши гатанката, којашто преѓе
ниеден ум не ја реши; лежејќи струполена в бездна
770 проричицата мрачна, двосмислени изуми думи;
над Аониската Теба друга се надвисна чума.
(блага Темида без одмазда такви не допушта нешта)
селани бројни и нивните стада ги испокла ѕверот70;
Тогаш се збравме момците од околината блиска
775 ловџиски мрежи поставивме околу ширните полја.
Дивиот ѕвер со скок ги прескакаше мрежите лесно,
ги преминуваше и највисоките ленени замки;
ремени од пци се вадат, а ѕверот им бега на пците,
стотина песови мами и бега побрз од птица.
780 Сите ме молат еднодушно Лајлапа мој да го пуштам
(така се викаше песот мој дарен); тој синџирот веќе
сам да го симне се мачи, од врат да го свлече, го тегне.
Сал што го пуштив, кај отрчал, никој не знаеше каде,
правот сè уште топол од стапките негови беше,
785 но ни го снема од очи; од него побрзо не е
копје, ниту, пак, топче од вита исфрлено прачка,
ни лесна стрела од Гортински71 лак не излетува така.
Среде полињата стрчи врв од неголемо дрво;
таму се искачив; гледам пред себе невидена хајка,
790 час ми се чини ѕверот е фатен, час избегал бргу

68
Кинтија е божицата на ловот Дијана.
69
„Синот на Лај“ е Едип; ја одгатнал гатанката, што Сфингата, полудевојка, полулавица
ја задавала на Тебанците и ги убивала сите што не знаеле да ја одгатнат. Кога Едип ја
решил гатанката, Сфингата се струполила во морето.
70
„Ѕверот“ е лисицата од планината Тевмеса во близината на Теба.
71
Гортина е град на островот Крит, а Криќаните биле прочуени стрелци.
Метаморфози 173

од кучешкиот гриз; и не бега в насока права


в просторот, туку го мами гонителот, в круг тој се врти,
душманот за да го спречи да не се фрли врз него;
песот го гони, го брка и чиниш, еве го зграбил,
795 но не го зграбил, сал воздухот напразно ко да го гризе.
Копјето сега напомош го земам; дур него го местам
с раката десна дури на ремен наместувам прсти,
свртувам поглед; штом повтор на исто погледнувам место
(чудесно нешто), на сред поле гледам два мраморни кипа;
800 чиниш, едниот бега, а другиот ко да го гони.
Секако, бог некој сакал, ако се вмешал во ова,
ниеден од нив обајцата победник в борба да не е
Замолча потем. Фок праша: „А копјево, што вина има?“
Оној, во што беше вина на копјето, раскажа ова:
805 „Радоста, Фоке, на болката моја почеток беше;
првин за тоа ќе раскажам: споменот драг е за мене
на она време, Ајакиде! Првите лета во бракот
среќни сопружници бевме обајцата, ко што е редот;
сврзани бевме со заемна грижа и љубов брачна;
810 љубовта кон мене не би ја менила ниту за преграб
на богот Јупитер таа, а мене ниедна друга
не ме пленуваше; Венера сама да дојдеше тука.
В градите наши подеднакво силен гореше пламен.
Сонце штом распрсне зраци, низ вишните планински врвој,
815 ко секој младич, според обичајот, одев да ловам;
со мене не водев слуги, ни коњи ни пци-остроносни,
не носев ниту јазлести мрежи; безбеден бев јас
само со моето копје; кога ќе заситев раце
со убиените ѕверој, ладовина барав и сенки
820 уште и ветре што дувка од долините ладни;
Ветренце лесно јас барав сред летната жега и чекав
починка блага од него за моите напори тешки.
„Ветре“72 (се сеќавам) „дојди“ јас најчесто така си пеев,
в градите мои ти, премило, влези, окрепи ме сега,
825 и ко што знаеш ти, жарот изгасни го, којшто ме гори!

„Ветре“ на латински е именка од женски род аура затоа некој можел да помисли дека
72

Кефал довикувал некоја нимфа.


174 Публиј Овидиј Насон

Можеби уште сум додал (судбата сакала така)


повеќе ласки, како што обичај имав да кажам:
„Ти си ми голема сласт, ти ме крепиш и милуваш често,
ти ми внуши да љубам шуми и самотни места,
830 в устата моја секогаш твојот здив јас да го грабам“.
Некојси, не знам кој, излажан бил од двосмислените зборој
помислил, ветрето, често што јас го викав е нимфа,
па си поверувал дека во некоја нимфа сум вљубен.
Непромислениот шпион на измислената вина
840 веднаш кај Прокрида дошол и, што чул, й кажал со шепот.
Љубовта верува сè; од болка обземена сета,
ко што ми велат, паднала; долго лежела така,
потем дошла на себе и рекла дека е жртва
на неправедна судба; за невера жалела моја,
845 збунета уште од вината лажна, се плашела кутра
иако немало ништо, од име без тело се плаши,
кутрата страда, како да има соперничка права.
Сепак се сомнева често, се надева дека се лаже,
верба в клеветата нема, дур не види с очите свои
850 не сака таа да суди за престапот на својот сопруг.
Зората с зраците свои ја беше изгонила ноќта,
одам ко победник в шумата, викам низ тревата гласно:
„Ветренце, дојди, ведрина дај ми по тешкиот напор!“
Одеднаш, чинам, некакви воздишки како да слушнав,
855 чии се не знам, и викнав: „Премила, дојди кај мене!“
Зашуми лисјето малку што на земја паднато беше,
помислив, „дивеч е тоа“, па брзото копје го фрлив;
тоа беше Прокрида, ја погоди копјето в гради,
извика: „О, тешко мене!“ Го познав јас наеднаш гласот,
860 на сопругата верна: избезумен стрчав кон гласот.
Полумртва ја најдов со руба испрскана с крвој
како од раната (кутар јас) дарот свој таа го трга;
телото, помило што ми е од мене сам, јас го кревам
нежно со рацете; рубата моја ја кинам од гради
865 с неа ја врзувам лутата рана, крвта да сопре,
неа ја молам да не умре, да не ме остава, злотвор.
Изнемоштена веќе, пред смрт, се сили да каже
неколку збора: „В постелата брачна те колнам јас сега
Метаморфози 175

и во вишните бози и оние, моите, долу,


870 ако заслужив нешто од тебе, во љубовта наша,
причина што е за мојата смрт, во неа те колнам,
не давај Ветрето в нашата постела брачна да легне!“
Тогаш јас разбрав за грешката в името; нејзе й кажав.
Но каква полза од тоа што сфати? Веќе се сруши,
875 она малку сила што имаше, исчезна с крвта;
дури да гледа можеше, во мене гледаше, кутра
својата несреќна душа ја испушти в мојата уста;
но й се разведри ликот, се чинеше, спокојна умре.
Расплакан јунакот раскажа, плачеа сите и еве
880 влегува Ајак с обата сина и с новата војска,
Кефал што ќе ја прими со новото оружје силно.
176 Публиј Овидиј Насон

ОСМО ПЕЕЊЕ

5 Деница ноќта ја изгони, ведро донесе утро,


стивна и Еур, па облаци влажни се кренаа веќе;
Аустер благ го следи на враќање Кефала дома
и Ајакидите; среќно пловејќи со негова помош
стигнаа пред време дури в посакуваниот пристан.
10 Минос пак веќе го пустоши на Лелегите1 брегот
своите борбени сили ги огледа врз Алкатоја,
кај што владееше Нис; тој имаше на среде теме
блескава пурпурна кадра помеѓу седите коси,
којашто беше залог за кралството негово силно.
15 Шест пати месецот изгреа, своите ги издигна рогој,
сè уште бојната среќа неизвесна беше и долго
лета Викторија на двете страни с колебливи крилја;
кралската кула доѕидана беше до ѕвонките ѕидој,
каде што, велат, Аполон ја оставил златната лира;
20 звукот й беше притаен сè уште в овие стени.
Ќерката Нисова почесто се качуваше тука
с камче да измами ехо од ѕвонливиот камен
мир дур владееше; сакаше исто и војна штом беше
оттаму борби да гледа на суровиот бог Марс.
25 В долгата војна по име ги запозна вождите сите
нивното оружје, облека, коњи, кидонските тулци2;
уште пред тоа го знаеше вождот, синот Европин3
повеќе одошто треба; по нејзино мислење, Минос
или штом глава покриваше с шлем, с перјаница красна,
30 прекрасен беше со шлемот; штом ќе го земеше штитот,
блескав од бронза; му личеше штит во раце да земе;
кога замавнува с раце и вито ќе заврти копје,
силата негова, здружена с вештина таа ја фали;
кога го опне широкиот лак и стрела му стави,
1
Лелеги – Пеласгиско племе; живеело на повеќе места во Мала Азија и Грција; градот
Алкатоја е старото име на градот Мегара кој се наоѓал близу до Атина.
2
Кидонците живееле на северниот брег на островот Крит; биле прочуени како стрелци
и мајстори за изработка на тулци.
3
Минос бил син на Европа и Јупитер.
Метаморфози 177

35 Фојб така стои, таа се колне, стрели штом земе;


кога го симне од главата шлемот, го открие ликот,
и сиот в пурпур се качи на плеќите од својот бел коњ,
послани с простирка красна кај коњ распенавен води,
ќерката Нисова одвај на себе беше со умот;
40 среќно за неа копјето беше што в раце го држи
Минос; велеше, среќни се уздите тој што ги држи.
Нешто ја гони, само да може низ душманска војска
с момински чекор да појде; нешто ја гонеше силно
од највисоките кули во кноскиот логор4 да скокне
45 ил да ги отвори ширум бронзените порти за врагот,
ил нешто друго што Минос би сакал. Така седејќи
гледа во белиот шатор на кралот Диктајски5 и рече:
„Дал да се радувам или да страдам за скрбнава војна?
не знам; јас страдам што Минос го љубам, а тој е наш душман,
50 а, пак, да не беше војнава, не ќе ни знаев за него!
Ако ко заложник мене ме земе, би можел тој лесно
војната да ја сврши и мене, ко залог за мирот
како придружничка негова со себе тој да ме земе.
Ако мајка ти била, ко тебе, о, прекрасен кралу,
55 богот со право пламтел од голема љубов кон неа.
Камо да можев со крилја низ воздух да летнам и кацнам
в логорот на Кносискиот крал, триж среќна би била;
љубовта би му ја признала моја, би прашала уште
што приќе бара; сал да не побара таткови кули!
60 Поскоро би го жртвувала леглото сакано брачно,
одошто предавство! Макар што често е полезна дури
победа на некој победник, милостив кој е кон сите.
Секако, праведна војна за синот свој убиен води.
Право тој има и правото с оружје сега го бара.
65 Мислам ќе победи тој; па што ќе е спасот за градов?
Зошто ѕидиштава тогаш да му ги отвори Маворс6,
зошто не мојата љубов? Подобро ќе е без колеж
бргу да може да победи, крвта си да не ја лее.
4
„Кносиски логор“ – логор на Криќаните, наречен така според градот Кносос, кој се
наоѓал на Крит.
5
„Диктајски крал“ е Минос, нарекуван така според планината Дикти на Крит.
6
Маворс = Марс, римски бог на војната.
178 Публиј Овидиј Насон

Не ќе се плашам ни да не те рани безумник некој,


70 в гради, Миносе; кој, пак, толку свиреп ќе биде
па да се осмели в тебе да насочи вражеско копје?“
Оваа мисла се чинеше добра, па одлучи таа
да се предаде себе и татковината своја
како мираз и крај да стави на лутата војна.
75 „Но да се сака сал, малку е! Приодот стража го чува,
клучот од портите татко го има; од него само
кутра, се плашам; тој сал на мојата желба й пречи.
О, да би бозите дале, татко да немав; а секој
себеси бог да е; Судбата мрази малодушни молби.
80 Некоја друга жена што гори од страст толку силна,
среќна би била да збрише кон љубовта секаква пречка.
Зошто, пак, друга посмела да е? Низ огној и мечој
храброст да одам јас имам; но сега баш не ми се нужни,
огној ни мечој, сал кичер ми треба од таткова коса,
85 поскап од златото што е; тој пурпур среќна ме прави,
желбата да си ја исполнам кичерот моќ ќе ми даде.“
Дури зборуваше, настапи ноќта – хранителка моќна
на сите грижи; со мракот нејзината нарасна смелост.
Сонот ги совлада морните души од дневните грижи;
90 в таткова одаја влезе (о, срамота) ќерката тогаш
татка си роден го лиши од судбоносниот кичер
и со безбожниот плен низ душмански војски кај кралот
стигна (во својата услуга толку веруваше таа).
Кралот се зачуди многу, а таа вака му рече:
95 „Љубов на ова ме тера; јас, Скила Нисова рожба
кралевска, тебе ти предавам родина, мои Пенати;
сем тебе, друга награда не барам; земи го овој
пурпурен кичер ко залог на мојата голема љубов;
не само кичерот, главата таткова в твои е раце“.
100 И со десницата злосторна дарот на Минос го пружи.
Тој, пак, збунет, од невидениот дотогаш злостор
испружената рака со дарот ја одби и рече:
„О срам за нашето време, о да те бозите прогнат
од својот свет, ни земја ни морето да не те прими!
105 Нема да допуштам Крит, таа лулка на Јупитер славен7,
Крит, кој е свет мој, такво чудовиште таму да стапне“.

7
Се верувало дека Јупитер бил роден на Крит.
Метаморфози 179

Рече тој; на победените праведен закон им даде,


кораби да се пуштат од јажиња, заповед даде
и окованите лаѓи со веслачи полни да бидат.
110 Скила штом виде кај лаѓите пловат веќе по море
и дека награда нема од вождот за својот злостор,
престана да се моли, ја обзеде жестока срдба
протега раце и бесна вика с распуштени коси:
„Кај бегаш, зошто ја напушташ таа што добро ти стори,
115 ти, што помил ми беше од родина, дур и од татко?
Кај бегаш, свиреп? Победата твоја е заслуга моја
но и мој злостор. Љубовта моја не ли те трогна
ил мојот дар ил сета надеж, што в еден ја вложив?
Кај да се вратам, напуштена сега? Во родниот град ли?
120 Освоен сега е тој, но и да не беше дури
за предавничка ваква, во него пристап ми нема;
Дали пред очи на татко ми, што ти го дарував тебе!
Градот мој предавник мрази, се плашат соседите наши
од таков пример; светот за мене го затворив сиот
125 само да може Крит да ми биде достапен мене.
Таму штом не ме пушташ, ме оставаш овде, без обѕир
не ти е мајка Европа, а негостољубива Сирта,
арменска тигрица или Харибда што Аустер ја бие.
Не си на Јупитер син, ни лажен бик мајка ти завел!
130 Лажен е гласот за твојот род! Бик свиреп тебе те создал,
вистински див бик, во јуница вљубен што никогаш не бил!
Казни ме сега, татко мој Нисе! О, граду мој роден,
предаден од мене, радуј се сега на мојата мака!
Признавам, заслужив, треба за тоа сега да умрам,
135 но нек ме погуби некој од тие на кои, јас грешна
нанесов зло! И зошто, победнику, за мојот злостор,
ти да ме гониш? Кон татка и роден град вина јас имам,
тебе ти служев; за тебе достојна жена е таа
блудница која со дрво го подмами оној бик свиреп
140 и во утробата зачна плод наказен. Дали до тебе
моите напразни зборој допираат, или, пак, ветри,
неблагодарнику, исто ко лаѓите твои ги носат?
Не е ни чудо што Пасифаја8 поскоро бикот
8
Пасифаја, сопругата на Минос, била ќерка на богот на Сонцето и Персеида; се вљубила
во бик и го наговорила Дедала да й направи крава од дрво; таа се вмолкнала во шуплината
на дрвената крава и допуштила да биде обљубена од бикот.
180 Публиј Овидиј Насон

одошто тебе го љубела; подив си бил ти од него.


145 О кутра јас! Заповедал тој да се брза! Од весла
морето шуми; тој бега од мене и мојата земја.
Но не ќе постигнеш ништо и напразно сега се трудиш
в заборав темен да фрлиш сè она што сторив за тебе;
Иако не сакаш, јас ќе те следам; на кривиот кораб
150 далеку в море ќе пловам“. Рече и скокна в бранојте,
лаѓите таа ги стигна, љубовта сили й дава,
висна, ко несакан патник на еден гносиски кораб.
Татко й штом ја виде (низ воздух дур леташе уште,
тукушто претворен во орел морски со лисести крилја)
155 по неа тој се пушти, за да ја раскине с клунот;
таа од страв го испушти бродот и тогаш се виде
лесниот воздух како ја здржа, да не допре вода.
Перната стана, претворена в птица со перја, се вика
„Кирис“; по косата стрижена името таа го доби.
160 Минос од кораб штом слезе и стапна на Куретска земја9
закла сто бика, ко завет на Јупитер свештена жртва;
кралскиот дворец го украси с пленот што донесен беше.
Растеше сепак срамот на родот, на видело беше
гревот на мајката страшен во чудовиштето двојно;
165 Одлучи срамот од леглото брачно тој да го тргне
и да го скрие во зграда с многубројни влезови мрачни.
Најпрочуениот мајстор во градежни вештини Дедал
изгради дом, ги измеша знаците, в заблуда води
поглед со извртеноста на врвиците бројни.
170 Ко што бистар Меандар сред фригиски полиња игра10
и по непостојан пат час напред час назад си тече,
себеси в пресрет си оди, ги гледа бранојте што идат,
сега кон изворот трча, потем се врти кон море
несигурните води ги мори, така и Дедал
175 измеша безбројни врвици; одвај и самиот можел
излез да пронајде. Зградата толку мамлива беше11.

9
Куретска земја е островот Крит, наречен така по Куретите, кои биле свештеници на
Јупитер во храмовите на Крит.
10
Реката Меандар, која се наоѓа во Фригија, позната е по своите многубројни свијоци.
11
Се мисли на Лабиринтот.
Метаморфози 181

Таму го затвори двојното чудо, бикот и младич12;


откако чудото дваж се напои с актајски крвој13,
третата смена по девет години него го скроти,
180 кога со моминска помош14 синот на Егеј ја најде
тешката порта што никој пред него дваж не ја нашол,
а ја најде мотајќи го клопчето; отплови потем
веднаш за Дија15, с ќерката грабната на кралот Минос;
таму, безмилосно потем на брегот ја остави сама.
185 Либер й помогна нејзе, напуштена таму и скрбна,
в преграб ја зеде и за да биде на небото ѕвезда
вечно што сјае, од главата венецот нејзин го зеде
и на небо го фрли; низ нежниот воздух тој лета,
а бесценетите камења сјајни стануваат искри,
190 стојат сред оној што клечи и оној змија што држи16,
така наредени стојат и сега во облик на венец.
Дедал17, пак, долгиот изгон и Крит го замразил беше
окружен с море, го обзеде копнеж кон родната земја;
рече: „Иако земја и бранови пречка се наша,
195 небото достапно е! Ќе одиме оттаму ние.
Иако негово сè е, небото не е на Минос“.
Рече и насочи мисла кон незнајни вештини нови,
природа создава нова; започна перја да реди,
најнапред најмали става, кон кусите додава долги
200 мислиш, нараснало брдо; некогаш така се крена

12
Т.е. Минотаурот – чудовиште полубик, полумладич, родено од скверната врска на
Пасифаја со убавиот бик во кој била вљубена.
13
Актајска крв е крвта на атинските момчиња и моми што Атињаните морале да му ги
праќаат на Минос секоја деветта година како храна за Минотаур; оваа жртва Атињаните
ја дале два пати, а кога требало и по трет пат да се пратат младите Атињани, Тесеј го
погубил Минотаур.
14
Т.е. со помошта на Аријадна, ќерката на Минос и Пасифаја, која на прв поглед се вљу-
била во Тесеј, па му дала едно клопче конец, чиј крај бил врзан на влезот од Лабиринтот,
па одмотувајќи го клопчето, тој дошол до Минотаур, го убил и замотувајќи го конецот,
успеал да го пронајде излезот од Лабиринтот.
15
Дија е старото име на островот Наксос, каде што Тесеј ја напуштил тајно Аријадна,
со која подоцна се оженил богот Бакх (Либер).
16
„Оној што клечи“ и „оној што змија држи“ се ѕвездени јата.
17
Дедал е прочуен архитект, скулптор и уметник од митскиот период; роден бил во Атина,
но бидејќи, поради завист го убил сестриниот син Пердикс, морал да побегне од Атина
и да дојде во Крит, каде што го изградил Лабиринтот.
182 Публиј Овидиј Насон

малку по малку селскиот кавал од нерамни трски;


средните тогаш со конец, а долните с восок ги врза,
така наредени добро потем малку ги свитка
да се ко вистински крилја од птица. Момчето Икар
205 стои, несвесен дека со гибелта своја си игра,
с весело лице час пердуви фаќа, што ветрот ги носи,
потем со палец жолтиот восок го гмечи и така
с играта своја му пречи на татка си в чудното дело.
Откако мајсторот сврши, сред обете крилја се врза,
210 така самиот во раздвижениот воздух се висна;
синот го поучи: „Икаре, гледај по среде да леташ;
ако си премногу ниско, бран ќе ти натежне крилја,
ако, пак, високо леташ, ќе ти ги изгори сонце;
Летај помеѓу нив; и немој да гледаш во Боот18,
215 ниту во Хелика, ни в истргнатиот меч Орионов;
Јас ќе те водам, по мене летај!“ Потем го учи
како да лета, на плеќи му мести непознати крилја.
Крилјата дур му ги мести и полезни совети дава
старечко лице се навлажи, татковски треперат раце;
220 синот го бакна, за последен пат, со крилјата летна,
в страв за придружникот свој, ко птица, која се плаши
рожба да изведе кревка од високо гнездо во воздух;
храброст му влева, за гибелна вештина ука му дава,
своите крилја ги мавта, но и кон синот се вѕира.
225 Рибар ги виде дур с трепетна јадица ловеше риба,
овчар со стап ги виде и орач потпрен на рало;
сосем стаписани беа, веруваа дека се бози
тие што можат да летаат така низ воздухот ширен.
Веќе од левата страна го минаа Самос Јунонин,
230 (а ги оставија зад себе веќе Делос и Парос);
Десно е Лабинт и уште славна по медот Калимна.19
Момчето тогаш на смелиот лет да се радува почна,
вождот го напушти свој и од силен копнеж по небо
летна повисоко. Близоста, пак, на жаркото сонце
18
Хелика е ѕвезденото јато „Голема мечка“, а Боот (чувар на волови) спаѓа во истото
соѕвездие; соѕвездието Орион се претставувало како јунак со истргнат меч.
19
Делос и Парос се Кикладски, а Лабинт и Калимна – Спорадски острови; Калимна била
прочуена по убавиот мед.
Метаморфози 183

235 мирисливиот восок, што врзува перја, го смекна;


Восокот веќе се стопи, тој мавта со голите раце,
нема со што да лета, ни воздух да заграби може;
напразно момчето с усни извикува татково име,
синото море го голтна и име доби по него.
240 Кутриот татко, веќе што не е татко, го вика:
„Икаре, кај си? В кој предел сега јас да те барам?“
Викаше: „Икаре!“ Крилјата тогаш в бранојте ги виде
својот изум го проколна, в гроб го положи синот,
земјата името од погребаниот таму го носи20.
245 В гроб дур полагаше тело на своето несреќно чедо,
од калливата вада го виде брборката брза
птица еребица; мавна со крилјата, радосна сета;
беше единствена птица, невидена никогаш преѓе;
птица неодамна стана, за вечен твој, Дедале прекор.
250 Сестра му негова, без да ја знае судбата клета
синот свој дванаесгодишен, дарба за наук што имал
нему го даде. Тоа штом виде ’рбет кај риба
веднаш за пример го зеде, од железо искова остро
ред непрекинат запци и така изнајде пила;
255 прв тој во еден јазел два крака железни сврза,
така што, еднакво оддалечени, едниот стои
другиот крак, пак, се движи и круг да опише може.
Дедал од завист го турна од света Минервина кула21,
излажа дека се лизнал во бездна; но него Палада,
260 творците која ги љуби, го фати и претвори в птица
и среде воздухот уште тело му покри со перја.
А некогашната бодрост на брзиот ум му се вгнезди
в крилја и нозе, но сепак го задржа името свое.
Оваа птица не дига тело високо в небо,
265 не гради гнезда на гранки на врвој од планини стрмни,
околу земјата лета и в џбунови полага јајца;
стариот спомен го чува, се плаши од високи места.
Околу земјата лета и в џбунови полага јајца;
споменот стар го чува, се плаши од високи места.

20
Островот Икарија, западно од Самос; морето меѓу Хиос и Коос добило име Икарско Море.
21
Т.е. од Акропол.
184 Публиј Овидиј Насон

270 Дедал истоштен веќе в Етнајска пристигна земја22


Кокал, на негова молба, од милост, оружје крена;
Тесеј со подвиг ја спаси Атина од жалниот данок;23
храмој се китат со венци, се призива бојна Минерва,
Јупитер исто и другите бози, што с заветни жртви
275 с богати дарој и обилен кадеж од темјан се честат;
Скитникот – глас ја рашири низ Арголидските градој24
Тесеовата слава; па народи бројни в Ахаја
богата, помош од него бараа в неволи тешки;
Калидон25 исто со молби побара помош од него,
280 иако Мелеагра го имаше; причина беше
вепарот, слуга и одмаздник страшен на гневна Дијана.
Велат, Ојнеј по едно мошне бериќетно лето
првиот плод на Церера го дарил; на Линеј пак вино,
излеал, а на руса Минерва Паладино масло.
285 Почна со почит кон полските бози, па потем кон сите
небесни бози; велат, останал празен, без темјан
олтарот само на Латонината ќерка Дијана.
Бозите ова ги расрди; извика гневно Дијана:
„Ова без казна не ќе мине; ако почестена не сум,
290 нема и неодмаздена да сум!“ Низ полјата прати
одмаздник вепар, ни тревниот Епир поголеми нема
бикој од него; Сицилија помал пак добиток има;
очи му светат од крв и од оган, а вратот му стрчи,
четина има слична на копја исправени, остри;
295 кога засипнато рика, низ плеќи му широки тече
пена врела; а заби ко индиски слонови има.
Ровја од уста му рига, од здивот, лисјата горат.
Час тој ги гази посевите, сал што проникнале в трева,
час ја кине летнината, жална на ратајот надеж.
300 В класје Церера ја ништи; напразно пустите гумна
напразно и амбарите чекаат ветена жетва.
С долгите лозови прачки паѓаат гроздови тешки,
паѓаат зрелите плодој од маслини, зелени вечно.
Напаѓа овци; ни овчар ни пес ниту лутите бици
22
Етнајска земја – Сицилија, во која кралувал Кокал; Дедал таму нашол спас од Минос.
23
Т.е. ја ослободил од обврската да дава данок во крв на Минос, како храна за Минотаур.
24
Под „Арголидски“ се подразбираат овде сите хеленски градови.
25
Калидон е главен град на Етолија.
Метаморфози 185

305 одбрана на добитокот немаат сила да бидат.


Народот бега и смета сал в цврстите ѕидини градски
безбеден може да биде; сè дури со Мелеагар26
одбрана младешка чета се здружи, желни за слава;
Тиндаридите близни27, во шакање едниот познат,
310 другиот, пак, по коњот; Јасон, на првиот кораб
градител; Пиритој28, Тесеј, друзи во среќна слога,
двајцата Тестијади29 и Линкеј, син Афарејов,
брзиот Идас30 и Кајнеј, кој веќе не беше жена31,
дивиот Левкип, потем и славниот копјаник Акаст32,
315 Хипотој33, Дријас, па уште и синот на Аминтор Феникс,
два Акторида34 и од Елида пратениот Филеј,
Телемон беше тука и тој што Ахил го роди35,
заедно с Феретиад и Хијантеецот Јолај36,
брзиот Евритион и Ехион37, првенец в трки,
320 Нарикискиот Лелег, Пенопеј, дивиот Хилеј,
Хипас и Нестор, кој тогаш беше во младешка возраст,
и од древна Амикла38 синовите на Хипокоон
свекорот на Пенелопа39 со Парасиецот Анкај40,
пророкот Ампикид41 и Ојклид42, в жена си уште

26
Мелеагар бил познат како одличен копјаник и учесник во походот на Аргонаутите.
27
Тиндариди се браќата-близнаци Полук и Кастор, синови на кралот Тиндареј и Леда.
28
Пиритој бил најверен другар на Тесеј; син бил на лапитскиот крал Иксион од Тесалија.
29
Синови на Тестиј, кој бил крал во Плеврон во Ајтолија; нивните имиња се Плексип
и Токсеј.
30
Линкај и Идас се синови на месенскиот крал Афареј; обајцата биле аргонаути.
31
За преобразбата на Ценеј од жена во маж Овидиј пее во 12-то пеење.
32
Левкип е брат на Афареј, а Акаст, син на Пелиј, стрикото на Јасон.
33
Хипотој е син на кралот на Аркадија Кекрион, а Феникс, син на Тесалецот Аминтор;
Филеј е син на елидскиот крал Авгиј.
34
Акториди се синови-близнаци на Месенецот Актор, кои секогаш се бореле заедно.
35
Телемон и Пелеј, таткото на Ахил се синови на Ајак, кралот на Ајгина.
36
Феретид е Адмет, син на Ферет од Фера во Тесалија; Јолај е син на Ефиклес, братот
на Херкул и негов постојан придружник.
37
Евритион е вујко на Патрокле, а Ехион е син на богот Хермес (Меркуриј).
38
Амикла е еден од најстарите градови на Пелопонез.
39
Свекорот на Пенелопа бил Лаерт, таткото на Одисеј.
40
Анкај е син на Ликург, од аркадскиот предел Парасија.
41
Ампикид е лапидскиот пророк Мопс, син на Ампик.
42
Ојклид е Амфијарај од Аргос; тој однапред знаел дека ќе загине ако појде со седум-
темина против Теба, но неговата жена Ерифила, поткупена со една златна белегзија, го
наговорила да појде во таа војна, каде што тој и загинува.
186 Публиј Овидиј Насон

325 сигурен и Тегејката43, украс на лагот Ликајски;


блескава игла забодена има на горната руба,
коса имаше права во еден сал врзана јазел,
а од левото рамо и висеше тулец од филдиш,
чувар на стрелите; в левата рака го држеше лакот;
330 така опремена беше, а лицето, можеш да кажеш
моминско како кај момче и момчешко како кај мома.
Штом ја здогледа неа калидонскиот јунак44
веднаш се вљуби во неа и против волјата божја
скриени пламени впива и вели: „О каков среќник
335 тој е што таа ќе го удостои маж да й биде!“
Но ниту време ни срам не допуштаат повеќе зборој,
борбата велика него го гони на поголем подвиг.
Шума, полна со дрвја, долги несечена лета
почнува од рамнината, гледа кон полјата долу;
340 Кога пристигнаа таму, едни распослаа мрежи,
други од пците синџири вадат, трети, пак, бараат
траги од шепи, с опасноста да се судрат се желни.
Вдлабната долина беше по која порои течат
дождовна вода; в дното на долот растеше врба
345 вита, лелеав рогоз и густа мочуришна трева;
прачки и трстика ситна под долгиот лежеше шавар.
Оттаму протеран вепрот се втурна кон лутите врази,
како исфрлена молња од некој разбиен облак.
Налегна лагот од налетот, шума од удари прашти,
350 момците викаат, с десница силна протегаат копја,
коишто блескаат силно од железо правени цврсто.
Налета тој, ги разгони пците; се нафрли бесен
на секој пес, со страничен удар ги распрсна сите
лајачи, кои нему гневен му даваа отпор.
355 Првото копје, од Ехион фрлено, напразно беше,
на еден јаворов трупец сал лесна му зададе рана;
следното, иако не беше фрлено с голема сила,
чиниш, ќе се забиеше токму во грбот на ѕверот,
но подалеку падна; го фрли Пегасиски Јасон.

43
Тегејка е Аталанта, ќерката на Јасион од Тегеја во Аркадија. Неа ја одгледала мечка.
44
Калидонскиот јунак е Мелеагар.
Метаморфози 187

360 Тогаш Ампикидот рече: „О, Фојбе, ако те честев,


и ако сега те честам, дај да ја погодам целта“.
Колку што можеше, молбата му ја услиши богот,
тој го погоди вепрот, но без да му зададе рана;
В лет дури копјето беше, Дијана го истргна врвот,
365 дршката сал без железниот вршок стигна до ѕверот.
Вепрот збесна од тоа, ко молња се запали веднаш;
очите бесно му светат, од градите пламен му рига;
ко штом од напната прачка камен се исфрли тежок,
лета кон ѕидини градски ил кули, полни со војска,
370 така кон момците вепрот крвожеден бесно се фрли.
Пелагон и Евпаламон што беа на десното крило
вепрот ги кутна; друзи им кренаа спрострени тела;
Ни синот Хипокоонтов Енајсим не избегна удар
гибелен; тој дур се готвел, од страв треперејќи да бега,
375 потколеничните скинати жили го спречиле в тоа;
може би Нестор ќе паднеше и пред да дојде до Троја,
но тој од копјето избега, рипна на блиското дрво
и од неговите гранки, безбедно гледаше долу
кон непријателот свој, од кого што избегал беше.
380 Ѕверот ги наостри забите од дабовото стебло,
с гибел ги страши, верба имајќи в оружјето ново;
с кривата рилка го гризна во бедро на Евритид синот;
близните браќа45, кои сè уште не беа небесни ѕвезди,
обата прекрасни, коњи јавајќи, бели ко снегот,
385 мавтаа с трепетен замав низ воздухот блескави копја.
И ќе го ранеа ѕверот, но в густата шума се сокри,
в беспаќа кај што ни коњ ниту копје да помине може.
Телемон исто го гони, но непретпазливо ита,
сопнат од корен на дрво, паѓа и така е спречен.
390 Дури Пелеј го крева, Тегеајската дева
брза стрела на жилата мести, од лакот ја метна;
стрелата тело на ѕверот му допре, се забоде в уво,
сал малку крв тогаш потече и му зацрвени влакна;
Од овој успешен удар порадосна не беше таа
395 одошто Мелеагар; прв тој крвта ја виде
45
„Близните браќа“ – Диоскурите, Полук и Кастор.
188 Публиј Овидиј Насон

прв од сите на друзите тој им ја покажа крвта;


извика потем: „Заслужено слава за храброст ќе имаш“.
Момците се засрамија; себе се бодрат со викот,
стрели фрлаа одеднаш сите в безредие општо;
400 раштрканите стрели не стигаат точно до целта.
Еве кај бесниот Аркадец46 с двосека секира трча
против судбата своја и вика: „Погледајте, мажи,
колку оружјето машко подобро цели од женско,
само вие направете пат за овој мој подвиг!
405 Дур и Латонката да го заштитува с оружје свое,
јас ќе го убијам него и преку нејзина волја“.
Така зборуваше надуен тој со многусловна уста,
потем со обете раце двосека секира крена,
цврсто на прсти се крена поднаведнат, готов да удри;
410 Но го претекна ѕверот, му зари в слабините заби,
токму на местото кај што е најблизок патот до смртта.
Загина Анкај, истури црева, а заедно со нив
потоци крвој течат, и земјата с крвта ја топат.
Наиде Пиритој, син Иксионов, мавтајќи со копје
415 в десната рака; синот на Егеј47 извикна тогаш:
„Настрана стој, ти помил си ми од самиот мене,
дел си од душата моја; дур и оддалеку личи
храбар да бидеш; на Анкај му наштети лудата храброст“.
Рече и замавна дреново копје со бронзена вршка,
420 гаѓаше добро и чекаше тоа да стигне до целта,
но една лисната гранка од стебло пречка му стана.
Ајсонид48 исфрли копје, но случај го сврте од ѕверот;
тоа го погоди песот, што таква не заслужи судба,
мина низ дробот негов и низ него в земја се заби.
425 Гаѓа и Ојнид, с нееднаков успех тој две копја фрла,
едното в земја се зари, а другото застана в грбот.
Не чека тој, дури беснее ѕверот и в кругој се врти,
пена му шишти и обилно тече помешана с крвој,
тој што го рани стои до него, врагот го дразни,
430 потем сјајното копје го забива в гради на ѕверот.
46
Анкај.
47
Тесеј.
48
Син на Ајсон бил Јасон.
Метаморфози 189

Друзите с пофалби, с викот ја славата својата радост,


с десница сакаат своја да стиснат победничка рака;
в чудо го гледаат ѕверот огромен, спрострен на земја,
сè уште немаат смелост да пријдат и да го допрат,
435 сепак в неговата крв ги топат своите копја.
Сам Мелеагар нога на страшната постави глава,
рече: „Нонакријко49, земи го пленот, што мое е право,
дел од мојата слава и тебе ти припаѓа сега“.
Кожата тој й ја даде од грбот со четина остра
440 и необичната главурда со огромните заби.
Таа на дарот се радува и на дарителот исто;
другите завидни беа, низ толпата проструи шепот.
Тестијадите пружија раце и викнаа силно:
„Пленот остави го, жено, нас не ни одземај слава,
445 верба во убоста немај, не ќе биде вљубен тој долго“.
Дар й одземаат нејзе, а нему – право да дари.
Внукот на Марс50 не го поднесе тоа, па извика гневно:
„Вие, грабители на туѓа слава научете сега,
колку заканата далеку е од дела!“ па веднаш
450 с копјето клето на Плексипа51 в мигот му прободе гради,
додека овој такво не очекуваше дело.
Токсеј се двоуми, сака и да го одмазди братот,
но и се плаши да не го снајде братовата судба.
Да се двоуми долго не му ни допушти оној,
455 топлото сè уште од претходното убиство копје
тој го подгреа повтор с братските крвој на Токсеј.
Дарови носеше в храмот Алтаја52 за чедото свое
победник, но кога виде кај мртвите браќа ги носат,
в гради се удри и с жалосни викој го исполни градот,
460 својата руба позлатена веднаш со црна ја смени;
а кога разбра, кој е убиецот, исчезна скрбта,
и од солзи се претвори веднаш в одмаздничка желба.
Имаше трупец, сестрите три, што га фрлија в пламен

49
Нонакријка е Аталанта, наречена така според брдото Нонакрија во Аркадија.
50
Внук на Марс е Мелеагар.
51
Плексип, еден од синовите на Тестиј, вујко на Мелеагар.
52
Алтаја е мајката на Мелеагар.
190 Публиј Овидиј Насон

дур Тестијада53 лежеше в постела пород чекајќи;


465 сестрите, дури со палецот предеа судбинска нишка,
„Дете, ти даваме време сал ко на оваа гламја“,
рекоа тие; штом судбата ја претскажаа таква,
Парките си заминаа; мајката веднаш ја тргна
распламтената гранка од огнот, ја полеа с вода.
470 Детето долго внатре в одаите скриено беше,
мајката, момче, така ги чуваше твоите лета.
Сега ја извади мајката, даде да постават факли
деланки уште, па пристапи до вражескиот оган.
Посака четири пати гламјата пак да ја фрли
475 в огнот; четири пати се воздржа, кутрата таа;
в неа се бореа мајка и сестра, на различни страни
едното срце го влечеа двете имиња драги.
Често бледнееше таа од страв за идниот злостор,
често од силниот гнев и црвенило в очи й жари,
480 час има лице, на некој кој закани жестоки реди,
час би поверувал дека во него сомилост има;
кога жестокиот жар й го пресуши поројот солзи,
повторно бликнаа солзи, па таа ко некаков кораб
кого што ветрот го зграбил и спротивна воздушна струја,
485 двојна чувствува сила па тој кон двете се клони,
така и Тестијада се бори со различни чувства:
час го стивнува гневот, а час го разгорува повтор.
Сепак сестринството над мајчинството предимство доби;
да ги смилостиви сенките с крв на браќата родни,
490 праведна во неправдата стана. Откако огнот
гибелен пламна, извика: „Кладава нека ја спржи
мојата утроба!“ в раката гибелна гламја држејќи,
несреќна, застана таа пред гробниот олтар и рече:
„Божици, три Евмениди54, одмазднички, гледајте сега
495 свртете погледи ваши кон оваа безумна жртва!
Грев е одмаздата моја; со смрт ја одмаздувам смртта;
треба кон злостор да додадам злостор, гроб кон гробојте;
нека пропадне овој дом преку натрупана тага!

53
Тестијада – Алтаја, ќерка на Тестиј и сестра на Леда.
54
Всушност, таа ги повикува божиците-одмазднички Еринии.
Метаморфози 191

Среќник да биде зар с победник-син маж ми Ојнеј,


500 Тестиј пак синој да нема? Обајцата тажете тогаш!
Вие, мои мили братовски души и скорашни сенки,
почувствувајте ја мојата жртва за мртвите души,
примете злосторен залог од мојата утроба клета!
Ој тешко мене! Простете браќа на кутрата мајка!
505 Немам за злосторот раце; да умре заслужил син ми
признавам; сепак, но не личи јас да го убијам него.
Жив ли ко победник, надуен с успехот, неказнет дури
гордо во Калидон кралската власт ли тој да ја има
а пак да лежите вие ко прав, ко студени сенки?
510 Не ќе го допуштам тоа; нек загине и тој ко злотвор,
нека му одземе надеж и власт на татка си, пропаст
на татковината своја нек биде синот мој сега!
Кај си, о, мајчинско чувство!? Кај сте родителски права?
Каде сте маки што ги поднесував месеци десет?
515 О, да изгореше в првиот оган ко детенце мало
јас ќе го поднесев тоа! Ти дарував живот јас тебе;
сега ќе умреш по заслуга твоја. За злосторот плати!
Двапати живот ти дарив; првин, кога те родив,
наскоро потем гламјата кога ја тргнав од огнот;
520 Сега врати ми го, или со браќата стави ме в гробот!
Сакам, но не можам. Што ли да правам? Сал братови рани
пред очи ми се и сликата на оној безбожен злостор;
сега пак љубов и мајчинско име срце ми кине.
Кутрата јас! Победата лоша ќе биде, но браќа,
525 сепак победете вие! Ако е утеха за вас,
ова што вам ви го давам, и јас веднаш по вас ќе појдам“.
Рече и свртена назад со растреперена рака
смртоносната гламја среде огнот ја фрли;
или зајачи гламјата, ил, пак, сал така се стори,
530 кога од несаканиот пламен почна да гори.
А Мелеагар, далеку гори, без и да знае,
чувствува како му пламти утробата од скриен оган,
но ги совладува храбро ужасните болки во себе.
Тагува само што гине од беславна, бескрвна гибел,
535 вели за Анкај дека тој загинал од среќни рани;
с последен глас ги повикува браќата, стариот татко,
192 Публиј Овидиј Насон

милите сестри, сопругата; можеби мајката своја.


Се зголемува огнот, но и болката расте,
потем стивнуваат повтор и заедно обата гаснат;
540 малку по малку душата в лесен заминува воздух,
малку по малку жарот се покрива с пеплишта сиви.
Поразен е Калидон и млади и возрасни тажат,
в скрб е и народ и големци, мајките Калидонки
коси си кинат, се бијат во гради крај брегот на Евен55;
545 таткото с прав си посипува старечки коси и лице,
спрострен на земја во кал го проколнува долгиот живот.
Мајката, свесна за страшниот злостор на својата рака,
самата себе се казни, меч си забоде в тело.
Сто ѕвонки усти со јазици бог да ми дадеше мене
550 достојна дарба да имав и дури и Хе ликон56 сиот,
не ќе ја искажев скрбта на кутрите несреќни сестри.
Не мислат тие на убост, до синило гради си бјат,
дури е тело, трупот непрестајно тие го топлат,
го опсипуваат с бакнежи и дур е спружен на одар.
555 Потем пепел штом стана, го стискаат правот на гради,
спрострени лежат на гробот, го гушкаат гробниот камен,
с име издлабено таму, врз името солзи пролеваат.
Најсетне, сита од злото на род Партаонов Дијана,
сите, сем Горга и снаата на благородна Алкмена,
560 таа ги покри со перја, на плеќи им постави крилја
рожени клуној им даде, и сите низ воздух ги пушти.
Тесеј, пак, откако сврши работата в општата хајка
одеше кон Ерехтееви кули на Тритонида57.
Ахелој58 пат му спречи, од дождови надојден силни.
565 Рече: „Под мојот покрив, Кекропиде славен ти дојди,
не доверувај се сега на овие бранови брзи;
често големи трупци, откршени камења носат
с огромен тресок; видов кај влечат бранојте со себе
високи крајбрежни стаи со стада; спас таму нема
55
Евен е река близу до Калидон.
56
Хеликон во Беотија бил седиште на Музите; овде оронимот е употребен како метафора
за пеење и музика.
57
Ерехтеевите кули на Тритонида е Акрополот во Атина.
58
Ахелој е река на западната страна на Калидон, а градот Атина на источната.
Метаморфози 193

570 ниту за моќните бикови, ниту за брзите коњи.


Кога се стопи планинскиот снег, пороите вакви
бројни младешки тела нурнуваат в бурната река.
Малку почини си, реките дури го потсмират текот,
речното корито дури ги прифати плитките води“.
575 Синот на Егеј се согласи: „Твојот покрив и совет
ќе го прифатам, Ахелое“. И постапи така.
Влезе во атриј од шуплив камен и рапави сиги,
влажната земја покриена беше с маховина мека,
таванот украсен беше со полжави, редум со школки.
580 Третини две од денот мина Хиперион веќе,
59

кога со друзите на диваните легна и Тесеј;


овде синот Иксионов60, онде Тројѕенскиот јунак,
Лелегот, с коси на чело побелени сосема веќе,
и други, што ги почести исто Акарнската Река61,
којашто многу радосна беше со бројните гости.
585
Веднаш босоноги нимфи распослаа маси за гозба;
кога од масите тргнати беа јастијата вкусни
вино принесоа в елмаз. Тогаш великиот јунак
поглед кон морето фрли и запраша: „Кажи ни сега,
кое е она место (с прст покажа), како се вика
590 островон, иако, чинам, дека не е сал еден!“
Реката рече: „Тоа што гледате сал еден не е;
пет земји лежат таму, оддалеку просторот мами.
Но на Дијана гневна ти да не й се чудиш,
тоа беа најади; еднаш принесоа жртва
595 десет јунци и сите полски ги призваа бози,
заборавајќи ме мене; поведоа празнични ора.
Надојдов силно јас, колкав што некогаш можам да бидам,
кога сум најполноводен; подеднакво с вода и срдба
стравотно корнев од шумите шума од полјата поле;
600 нимфите заедно с местата тогаш ги довлеков в море,
тогаш на мене се сетија; морските и моите браној
земјата ја разделија цела на делови толку
колку што Ехинади62 острови сред море гледаш“.
59
„Хиперион“ – атрибут на богот Сонце.
60
Пиритој.
61
Т.е. речниот бог Ахелој.
62
На утоката на Ахелој во морето имало пет острови, наречени Ехинади.
194 Публиј Овидиј Насон

Но ко што гледаш и самиот, еден далеку стрчи,


605 островот, љубимец мој. Перимела морнар го вика;
таму на мојата љубена девството јас й го зедов.
Татко й Хиподам силно се расрди, ќерката своја
в длабоко море ја фрли од стена, да загине таму;
јас пливајќи ја фатив и реков: „О, с тризабец боже,
610 ти што ја доби власта над овие игриви браној,
која е прва по власта над светот, молам за помош;
таа се дави поради гневот на татко й свиреп.
Нептуне, место и дај, или место сама да биде!“
Додека зборував јас, нова земја и обвитка тело,
615 таа си промени облик и в тежок прерасна остров.
Реката молкна, случката чудесна сите ги трогна;
синот Иксионов, презир кон божески дела кој има
и дрски мисли, ги исмеа тие што имаа верба;
„Скаски раскажуваш, мислиш дека се премногу моќни
бозите, Ахелое, па образи даваат – земаат.“
620
Сите ги обзеде ужас, отфрлаат зборови вакви;
Лелег, пред сите прв с возраст и разум вака им рече:
„Моќта на небото безмерна е и граници нема;
сè што посакале вишните, тоа и збиднало така;
сомнеж да немаш, на брдата Фригиски еден крај други
635 растат липа и даб, окружени с ограда скромна;
местото сам го видов; Питеј63 ме испрати мене
во Пелоповите полја, кај татко му некогаш крал бил.
Наблизу езеро има, населени некогаш места,
сега, пак, бранови брзи со норци и блатски птици;
640 Јупитер тука дојде, во лик на смртник, а дојде
с татка си и жезлоносецот Атлантид64, но без крилја.
Бараа место и починка тие во илјада домој,
илјада домој затворени беа; но в еден дом сепак
примени беа; мал дом, со покрив од слама и трска;
645 Милата старка Бавкида со врсникот Филемон нејзин,
врзани уште од младост, остареа в оваа куќа;
срам зарад бедата немаа, ја поднесуваа мирно

63
Питеј е син на Пелоп, крал на Тројѕена во Арголида; пред да дојде на Пелопонез,
Пелоп бил крал на Фригија.
64
Атлантид, т.е. внук на Атланта е Меркуриј (Хермес), син на Атлантовата ќерка Маја.
Метаморфози 195

а со тоа и самата беда стануваше лесна;


Исто е тука да бараш господар или, пак, слуга;
650 сал тие двајца се; тие господари се, но и слуги.
Штом небесниците в оваа колиба стигнаа мала,
с глава наведната влегоа тие низ ниската врата;
да си починат старецот столче им даде да седнат;
вредна Бавкида простирка груба стави врз столот,
655 топлиот пепел в огништето потем го распрета бргу,
огнот вчерашен с лисја го потсили и сува кора,
и со старечкиот здив го разгоре пламенот згаснат;
цепени деланки носи и скршени гранчиња суви,
потем на огнот става бронзено котленце мало,
660 нарежа лисја од зелка, што маж й од росена леа
беше ја набрал; со двозаба вила димена плешка
свинска, што беше обесена на исцрнетата греда,
долго чувана симна, па исече парченце мало,
што го потопи потем во зовриената вода.
665 Во меѓувреме пријатен разговор с гостите водат.
Потем го тресат душекот, полнет с рогозина речна,
спрострен на едно легло, што врбови ногалки има;
покривка пружаат на него, чувана само за празник
простирка ветва и проста, за леглото врбово годна.
670 Легнаа бозите; старката с престилка но треперејќи
нареди маса, но едната ногалка покуса беше;
таа потстави тула, па наклонот така го снема;
израмнетата маса ја избриша с лисја од мента.
На маса маслинка двобојна стави на дева Минерва,
675 наесен набрани дренки, в течен отстоeни талог,
репа и кисело млеко; на масата постави уште
јајца, вртени бавно на оган, не многу силен;
сè во глинени пјата; потем и кратер од сребро
чаши од буково дрво, со жолт измачкани восок;
680 Подоцна малку од огнот и јастија стигнаа топли,
потем и виното, не многу старо настрана се тргна,
за да се отстапи и малку место за јастија слатки;
имаше ореви, збрчкани урми, смокви и сливи,
в шарени широки кошнички уште и јаболка сочни
685 гроздови имаше исто од пурпурна набрани лоза,
196 Публиј Овидиј Насон

насреде ставија пита од мед; над сето, пак, беа


нивните честити лица, сиромашна и бодра волја.
Старците видоа тогаш како само од себе
испиениот кратер повтор се полни со вино;
690 се исплашија силно, за молитва кренаа раце
вчудени Филемон и Бавкида молеа прошка
дека на гостите свои скромна подготвиле гозба.
Имаа една гуска што чувар на домот им беше,
таа на гостите – бози посакаа жртва да биде;
695 с крилјата гуската брза ги измачи бавните старци;
долго си играше со нив и сетне кај бозите стрча,
не допуштија вишните гуската жртва да биде.
Рекоа: „Бози сме ние, заслужена казна ќе платат
вашите безбожни соседи; спас сал за вас двајца има;
700 вашиот дом сега вие напуштете го бргу,
по нас појдете сега в онаа планина стрмна!“
Обата тргнаа веднаш, на тојаги потпрени, с мака
усилби прават да одат по нив низ брдото долго.
Веќе до врвот ќе беа, колку што стрела да фрлиш,
705 кога се свртеа назад и видоа в калишта нурнат
целиот околен предел, сал нивната куќарка стои;
тие се чудат и плачат над злото на своите блиски
старата куќарка нивна, дур и за двајцата тесна,
се претворила в храм; потпорите станале столбој,
710 покривот сламен сега е жолт од позлата красна,
вратите в убава резба, покриена земјата с мрамор.
Тогаш синот на Сатурн вака благо им рече:
„Кажете, честити старче и негова достојна жено,
каква имате желба!“ Филемон тогаш с Бавкида
715 малку позборува, потем одлуката нивна ја кажа:
„Бараме жреци да бидеме и да го чуваме храмот,
па кога веќе во слога поминавме години многу,
в ист час да умреме ние; ни јас да не го видам гробот
никогаш нејзин, ни таа да не ме погребе мене“.
720 Желбата им се исполни; живи додека беа,
чувари беа на храмот; штом свладани веќе од старост
стоеја еднаш пред светите скали раскажувајќи
прикаски местни, го виде Бавкида Филемона тогаш
Метаморфози 197

како се листи, и старецот виде исто на неа;


725 веќе над главите нивни почна и врв да се крева;
дур уште можеа, зборој разменија: „сопруго, збогум“
„сопруже, збогум!“ и веднаш гранки им покрија лица.
Уште и сега Тинејскиот жител покажува стебла65
блиски едно до друго, од две што настанале тела.
730 Разумни старци ова ми го раскажаа мене,
(Немаше зошто да лажат); јас видов венци кај висат
над зелените гранки; поставив свежи и реков:
„Бози за бози се грижат; кој почитал, честен нек биде!“
Раскажувачот сврши, од расказот трогнати беа,
735 најмногу Тесеј, кој сакаше божески чуда да слуша.
Потпрен на лакот Калидонската Река66 му рече:
„Постојат, јуначе, луѓе, кои еднаш штом облик ќе сменат,
секогаш остануваат такви во новиот облик.
Има и такви, кои в повеќе ликој да преминат можат;
740 Протеју67, жителу ти, на море, што обвива земја,
час како младич, а час како лав те гледале луѓе,
час ко ожесточен вепар ил змија што внушува ужас
и да се допре, час рогови од тебе бик страшен прават;
можеше често ко камен ил стебло виден да бидеш,
745 некогаш пак подражаваш облик на бистрите браној,
некогаш река си, некогаш оган на водите душман“.
Ќерката на Ерисихтона68, што е на Автолик жена,
иста имала сила; татко й презирал бози,
не фрлал никогаш мириси тој на олтари нивни;
750 Велат, со секира тој на Церера го повредил лагот
и со железо древните божески шуми ги сквернил.
Стоеше таму стародревен даб со огромно стебло,
ко еден дабјак; стеблото цело обвиткано било
с ленти и спомен-плочи, за исполнетите желби.
755 Често под него дријади празнични играле ора,

65
Филемон бил претворен во дабово, а Бавкида во липово дрво.
66
Т.е. речниот бог Ахелој.
67
Протеј е морско божество и може, како и другите морски божества да се менува во
разни облици.
68
Еристихон е син на Тесалскиот крал Триопас; неговата ќерка Местра, или Мнестра се
омажила за Автолик, кој бил син на Меркуриј и дедо на Одисеј.
198 Публиј Овидиј Насон

често, рака за рака се ределе околу дабот


за да му измерат стебло, колку е широк да видат.
Триж по пет лакти ширина имал и целата шума
под него била, ко трева под некоја шума што има.
760 Сепак на Триопас синот од дабот не воздржа рака;
заповед даде на слуги да удрат по светото дрво,
па кога виде кај тие се двоумат, грабна од еден
секира и злосторникот вакви проговори думи:
„Не само да е миленичка божја, но божица сама,
765 сепак с лиснатиот врв ќе ја допре земјата дабот“.
Рече, но штом со секирата накосо в стеблото удри,
застенка и се стресе светиот даб на Деоја69;
почнаа лисја и желади, долги да бледнеат гранки.
Кога безбожната рака на стеблото направи рана,
770 од расцепената кора течат крвави млазој,
како на огромен бик, што пред олтар ќе падне ко жртва
од пресечениот врат му се леат потоци крвој.
Се стаписаа сите; еден сал имаше смелост
гревот, двосеката стравотна секира сам да ја спречи.
775 Погледна кон него Ерисихтон и рече: „Земи
награда за побожната мисла!“ Од стеблото потем
кон него тој ја фрли секирата, глава му скина,
потем повтор по стеблото дабово почна да сече;
но од сред стеблото прокоба тогаш ваква се слушна:
780 „Под ова дрво најљубена нимфа Церерина јас сум;
за твоите злосторни дела одмазда тебе те чека,
претсмртен завет ти давам, ко утеха за смртта моја“.
Оној пак упорен в злосторот свој го расклати дабот
с удари безброј, го повлече стеблото с јажиња цврсти;
785 тоа се урна; с тежината сета шума ја скрши.
Вчудени сите дријади од злото над лагот и нивно,
кај Церера скрбните сестри во одежди црни
одат; од неа за Ерисихтона одмазда молат.
Лична Церера за одобрување кимна со глава,
790 нивите, тешки од посеви плодни ги растресе таа,
снове каква најбедна казна да изнајде може,

69
Деоја = Деметра; грчкото име на божицата Церера.
Метаморфози 199

иако секому беден е тој зарад своите дела.


Одлучи с Глад да го мачи, но не може ни да му пријде
таа на Гладот (Глад и Церера не дава судба
795 заедно да се); Церера тогаш со зборови вакви
една селска нимфа од горските божества викна:
„Постои место на крајниот брег на Скитија мразна,
тажна и јалова земја, предел без плодој и дрвја;
Пребива таму Студенило тромо, Бледост и Трепет,
800 посниот Глад; ти кажи му нему нека се вгнезди
во утробата скверна на овој безбожен злотвор;
нека не му даде во изобилие сит тој да биде
и да ги совлада силите мои во оваа битка;
за да не те плаши долгиот пат, колесница земи,
805 земи ги и драконите, високо држи ги с узди“.
И й ги даде; нимфата с колата в небо се вивна,
в Скитија стигна; на врвот од една висока гора
(Кавкас ја викаат) симна јарем од змејските шии
и го виде бараниот Глад на каменито поле,
с нокти и заби кај таму тој скубе тревичка ретка.
810 С коса замрсена, очи пропаднати, со бледо лице,
с усни посивени беше, со крастав и с грклан полн с ’рѓа,
со груба кожа, низ која утробата цела се гледа;
од искривените бедра му стрчат сувите коски,
наместо трбув – празнина само, мислиш, му висат
815 градите и дека сал му се држат на столбот граден.
Мршава става, надуени чашки од колена има,
што излегуваа надвор од преголемиот оток.
Нимфата штом го виде, а немаше смелост да пријде,
порака од Церера му кажа; се задржа малку,
820 иако далеку стоеше, иако туку што стигна,
ко да почувствува глад, ги потера алите назад,
и во Хемонија70 високо с кола низ воздух летна.
Налогот на Церера Гладот го послуша веднаш,
иако секогаш тој е против нејзините дела;
825 с ветерот доаѓа право во домот, што му е кажан,
влегува веднаш во спалната на оној сквернител гнасен,
кај што тој в длабок сон лежи (а беше полноќна доба)

70
Хемонија е постарото име на Тесалија.
200 Публиј Овидиј Насон

с обете раце го прегрна, себе се вдахнува в него;


в грло и в гради и в уста му дувна; потоа веднаш
830 чувство на силен глад внуши в празните негови жили.
Налогот штом го сврши, го напушти плодниот предел
па се врати во бедниот дом свој, в пештерата пуста.
Сè уште лесниот сон со меките крилја го гали
Ерисихтона; насоне тој веќе посакува храна,
835 празната уста ја движи и точи заби од заби,
грлото само го мами со непостоечка храна,
наместо јастија напразно лесниот воздух го голта;
штом му одмина сонот, тој збесна од желба за храна
што му го совлада гладното грло, утробата врела.
840 Почна да бара, што дава морето, земја и воздух,
и покрај трпези полни тој пак на гладот се жали;
она што доволно беше за градови, народи цели,
тоа доволно не е ниту за него еден;
колку што повеќе става в утробата, повеќе бара.
845 Како што морето прима реки од целата земја,
не се заситува с води и испива далечни реки;
ко што грабливиот оган не одбива никогаш храна,
безброј изгорува дрвја, и колку што повеќе ставиш
повеќе бара, од многуте станува погладен уште,
850 и безбожната уста на Ерисихтона голта
секаква храна й бара уште; храната в него
друга побарува храна, па секогаш с празен е трбув.
Гладот, длабокиот трбув го истанчи сосема веќе
имотот татков, но страшниот глад не се намали уште;
855 не згасна гладот во грло; штом целиот имот го стави
в трбув; му остана ќерка, што таков не заслужи татко.
Беден, ја продава неа; но, благородничка таа
одбива господар; доаѓа близу до блиските браној,
с раце кон морето кренати, прозбори, кутрата, вака:
860 „Ти, којшто моето девство ко награда тогаш го зеде,
спаси ме сега од ропство!“ Нептун пак девство й зеде71;
тој й услиши молба; но иако неа ја виде
новиот господар нејзин, кој стапки й следеше будно,
Нептун й промени облик и машко лице й даде,

71
Нептун е татко на Триоп, дедо на Ерисихтон и прадедо на Местра.
Метаморфози 201

865 уште и облека слична на рибар, риби што лови.


Штом ја виде господарот таква, вака й рече:
„Рибару, ти, којшто с малечка мамка висечка кука
криеш, нека ти биде така морето мирно,
рибата така доверлива нека ти биде в бранојте,
870 да не ја сети јадицата твоја, дур не ја гризне;
кажи ми, каде е жената што пред малку ја видов
овде на брегот с растурени коси и в облека скромна;
па и стапките нејзини оттука далеку не се!“
Насети таа дека од богот примила помош,
875 радосна дека неа за неа ја прашува некој,
рече: „Проштавај, кој и да си; сал в морето гледав,
предаден само на ловот, од вода не одвоив очи;
но за да немаш сомнеж, богот на морето Нептун
толку напомош нек ми е: долго на овој брег овде
880 никого нема, сем мене, ни некоја стоела жена“.
Мажот поверува сосем, по песокот свртува нозе,
прелаган замина; таа преѓешниот облик го врати.
Татко й кога сети, како си менува облик,
ќерка си често ја даваше на господари разни;
890 таа пак назад се враќаше, еднаш ко кобила красна,
некогаш како птица, ко крава или ко срна
и на алчниот татко везден му носеше храна.
Но кога оваа напаст изеде сè што се јаде,
изнајде нова храна за оваа претешка болест;
895 почна со заби да кине меса од своето тело,
кутриот, намалувајќи си тело, со него се храни.
„Но што да спомнувам други? И јас да се менувам можам;
само што мојата моќ за промени, момче, е мала;
час сум, ко што ме гледаш, а час се менам во змија,
900 час сум водач на стада, в роговите добивам сила.72
Рогови имав дур можев, а сега половина чело
мое заштита нема, ко што и самиот гледаш.“
Кога ова го рече, испушти воздишка тешка.

72
Реките често се прикажувале како змии или бикови.
202 Публиј Овидиј Насон

ДЕВЕТTО ПЕЕЊЕ

5 Прашува јунакот Нептунов1, зошто воздивнува богот?


Зошто еден рог има? А Калидонската Река,
с трска обвиена, с коси несредени започна вака:
„Скрбна е твојата желба. Кој да споменува сака
битка во која е победен. Сепак, по ред ќе ти кажам;
10 не е срам победен да си, но славно е в бој да се биеш,
таквиот победник голема утеха мене ми дава.
Дали до уши ти стигнало името на Дијанира2,
најлична мома што беше, на момците завидна надеж?“
Заедно с момците в домот на тестот посакуван дојдов
15 реков: „Сине Пантаонов, земи ме мене за зет твој“;
Исто и Алкидот3 рече. Пред нас се повлекоа сите.
Јупитер тој за свекор го нуди, споменува уште
за исполнетите налози на маќеата своја4
и за славата што ја стекнал со своите дела.
20 Јас тогаш реков: „Срамно е бог пред смртник да биде“,
(сè уште не беше бог) – „На водите господар гледаш,
кои низ твоето кралство се вијат с теченија криви.
Не сум јас туѓинец овде од далечни пристигнат брегој,
туку сум земјак јас твој и дел од твоето кралство.
25 Само нек пречка не ми биде, јас што на кралска Јунона
омразен не сум и задачи не ми дала по казна.
А што се фалиш, сине Алкменин, со Јупитер-татко,
тоа или е лага, ил татко по вина ти станал.
Татко си бараш с мајчината прељуба, избирај дали
30 повеќе сакаш измислен татко ил в срам да си роден.“
Дури го зборував ова, смрштен ме гледаше долго,
па не можејќи ко јунак пламнатиот гнев да го згасне,
1
Нептуновиот јунак е Тесеј, зашто се сметало дека татко му Егеј е истоветен со богот
на морињата Нептун.
2
Дејанира е ќерка на калидонскиот крал Ојнеј, син на Пантаон.
3
Алкид е Херкул, зашто е син на Амфитрион, а внук на Алкај.
4
Маќеа на Херкула е божицата Јунона; таа одредувала какви се задачи Евристеј треба
да му зададе на Херкула.
Метаморфози 203

рече: „Со десница подобар сум одошто с јазик.


Ај да те надвладам с борба, а ти победи ме с јазик“.
35 Жестоко тогаш се фрли, а срам беше јас да се тргнам,
кога зборував толку; зелената руба ја свлеков,
мишици напнав, на градите раце свив, готов за борба.
Заграби с рацете песок тој, сиот ме посипа мене,
но од песокот жолт и самиот пожолте сиот.
40 Час ме фаќа за врат, час бедра ми зграпчува сјајни,
или ме дофаќа, мислиш, од сите ме напаѓа страни.
Тежеста моја ме брани, ме напаѓа напразно силно;
стојам ко стена, врз која бранојте со голем шум бијат;
а таа цврсто опстојува, безбедна с тежеста своја.
45 Малку се тргаме еден од друг, па се бориме повтор,
стоиме така на земјата, без да се повлече никој;
врзавме нога со нога; се наслонив с целите гради
с прстите прсти, а челото с чело му притискав силно.
Така сум видел јас како се борат силните бици
кога наградата за нив најличната крава ќе биде
50 в целото пасиште; стоката гледа, уплашена сета,
не знае кој ли ќе победи, толкава власт кој ќе има.
Триж Алкидот без успех се обиде да ми ги турне
наслонетите гради; четвртиот пат дури одвај
од мојот преград се тргна и мојот напад го одби,
55 с шака ме удри – секако, вистина морам да кажам,
веднаш ме сврте и онака тежок ме легна на плеќи.
Ако ми веруваш, не барам слава с измислени зборој,
притиснат така, ко планина да ми налегнала чинев.
Одвај истргнав раце, по коишто пот ми се слева,
60 одвај од градите мои го тргнав коравиот јазел,
напаѓа тој, да здивнам и соберам сили ми пречи,
потем за врат ме фати; јас пак на колена паднав
ничкум на земја и загризав с забите в жолтиот песок.
Послаб од него, кон моите вештини тогаш се свртев,
65 в долга се претворив змија, се измолкнав така од мажот.
Но кога почнав тело да вијам во обрачи криви,
и с расцепениот јазик луто да с’скам и пиштам
Тиринтиецот5 тогаш ја исмеа итроста моја:

5
Тиринтиец = Херкул, наречен така според родниот Тиринс.
204 Публиј Овидиј Насон

„Уште во колепка змии да убивам научив“, рече:


70 „Дури и други, Ахелое, да си победувал змии,
колкав дел ќе си еден ти од Лернајската хидра6?
Таа од рани се плодеше, никој не можеше тогаш
една од стоте нејзини глави да скине без казна,
зашто со двојниот прираст и биваше посилен вратот.
75 Неа разгранета с змии од нејзина родени крвца,
уште зголемена така од сеча, ја пленив и скротив.
Што ли ќе стане од тебе, кој в лажна се претвори змија,
скриен во позајмен облик, се бориш со оружје туѓо?
Рече й с прсти ко с окови озгора шија ми стегна;
80 изгубив здив, ко грло со клешти да стегнал ми некој;
силно се борев грлото да го извлечам мое.
Поразен така, ми остана уште третиот облик:
ликот на див бик; преобразен в бик јас повтор се борам.
Тој, пак, од левата страна в подвратникот раце ми обви;
85 јас се извлекувам, а тој ме гони и тврдите рогој
в земја ги забива лесно, в длабокиот песок ме спружа.
И тоа не беше доста; дур с десница крута го држи
цврстиот рог мој го крши и така од чело го кине.
Него најадите, наполнет с плодој и мирисно цвеќе
90 го осветуваат; Рог на изобилство тоа е сега“.
Тоа го рече, а нимфа опашана како Дијана,
од служителките нејзини, со распуштени коси,
влезе и донесе рог, пренатрупан с целата есен:
прекрасно овошје, наслада слатка за крајот од пирот.
95 Зазори веќе, штом првиот зрак ги допре врвојте
тргнаа момците веќе, не чекаат реката дури
малку се смири, дури да потечат водите мирно
и да се слегнат в коритото. Грубото лице и глава
со искршениот рог Ахелој ги нурна в бранојте.
100 Него загубата на овој украс сепак го скроти,
другото спасено беше. Ја криеше оваа штета
с венци на чело од трска и врбови зелени гранки.
Тебе, лут Несе7, те погуби страста кон истата дева,
6
Лернајската хидра Херкул ја убил во мочуриштето кај Лерна во Арголида и со нејзиниот
отров ги намачкал своите стрели.
7
Нес, бидејќи е кентаур е двотелесен; горниот дел му е сличен на човек, а долниот на коњ.
Метаморфози 205

в грбот си прободен сега од крилатата стрела.


105 С новата сопруга млада синот на Јупитер тргна
кон татковиот дом и дојде до брзиот Евен.
Мошне надојдена реката беше од порои зимски
полна со вирови страшни, никаде брод не се гледа.
За себе немаше страв, за жената загрижен беше;
110 Силниот Нес, кој бродови знае, му пријде и рече:
„Женава со моја помош на другата страна ќе стигне,
ти, пак, Алкиде, напрегни сили и стигни пливајќи!“
Бледа од страв, исплашена силно од бујната река
Алкид ја даде на Нес Калидонката, сета во уплав.
115 Натежнат мошне од тулецот и од лавовската кожа
– кривиот лак и топузот веќе ги префрлил беше –
„Штом веќе почнав, рекава ќе ја совладам!“ рече.
Без да се двоуми, не бара кај е најтивката вода,
не сака да се покорува тој на водената струја.
120 Пристигна веќе на брегот и лакот фрлен го крена,
кога го позна гласот на жена си; силно му викна
тој на Неса, кој за него измама готвеше веќе:
„Каде те води, насилнику, вербата в твоите нозе?
Тебе, двотелесен Несе, ти зборувам, слушни ме добро,
125 немој да посегаш сега по она што само е мое.
Ако почит кон мене немаш, нека те спречи
од забранетата страст тркалото на твојот татко8.
Не ќе ми избегаш, иако сили ко коњ некој имаш;
Јас ќе те гонам со удар, а не со нозе!“ И ова
130 с дело го потврди; исфрли стрела, го погоди в грбот,
кривото железо изби од неговите гради.
Штом го тргна, од обата отвора бликнаа крвој,
испомешани с отров од Ларнајската змија.
Нес го зграби него: „Неодмазден нема да умрам“,
135 рече и плаштот свој испрскан сиот со крвој врели
на грабнатата жена го дари ко дразба за љубов.
Долго помина време, на Херкул великите дела
светот ги дозна, се смири и на маќеата гневот.
8
Нес е син на Иксион, кој во Подземјето е казнет да се врти на тркало, зашто ја засакал
Јунона; според една верзија на митот, тој ја обљубил неа, претворена во облак и од таа
врска се родиле кентаурите.
206 Публиј Овидиј Насон

Од Ојхалиската9 битка победникот готвеше в Кенај


140 света на Јупитер жртва, кога до твоите уши
Дијанира, брбливата пристигна Фама, што с радост
лаги со вистина меша; најмалата с нејзини лаги
голема вистина бива; слушна ти, в Јола се вљубил
синот Амфитрионов; поверува, вљубена кутра,
145 ужас ја обзеде поради оваа најнова љубов;
пролева солзи, плачејќи ја блажи својата болка.
Потем си рече: „А зошто јас сега солзи да леам,
за соперничката моите солзи радост ќе бидат.
Таа ќе дојде; да побрзам треба и нешто да сторам
150 дури е можно, дур друга не легнала в моето легло.
Дал да се жалам ил молчам? В Калидон дал да се вратам?
Или да останам тука ил да го напуштам домов?
Ил, ако ништо друго, да се спротивставам сега?
Што ако направам подвиг ко сестра на Мелеагар,
155 па да ја погубам тогаш јас соперничката моја
и да докажам што може жена да стори од болка,
кога навредена таа ќе биде во љубовта своја“.
Мисли й одат во насоки разни; најсетне реши
рубата с Несова крв натопена да му ја прати,
160 и да ја поврати силата на овенатата љубов.
Му ја даде на Лихас, а обата не знаат што е;
кутрата својата скрб му ја даде с милозливи думи,
порача да му ја дари на маж й; Херкул ја зеде
не знаејќи на плеќи го стави Лернајскиот отров.
165 Темјан врз пламенот фрла и молбени кажува думи,
в олтарот мраморен вино од патера излева Херкул;
Отровот кога се згреа, се стопи од силниот пламен
потем се разлеа бргу низ Херкуловото тело.
Сè дури можеше, храбро ја трпеше болката силна,
170 но кога маката издржливоста му ја надви,
со својот викот ја исполни тој шумовитата Ојта10.
Веднаш ја скина од себе рубата, гибел што носи,
кај што ја свлекол, се свлекла и кожа; да кажеш е страшно,

9
Ојхалија е град во Евбеја.
10
Ојта е брдо на границата меѓу Тесалија и Грција.
Метаморфози 207

или пак виси, залудно иако Херкул ја кине,


180 ил раскинатото месо ги открива голите коски.
Самата крв од врелиот отров му врие и пишти
ко што засвитено железо пишти во студена вода.
Сал тоа не е, алчниот плам му разгризува гради,
течат низ целото тело модрикави потој, а жили
185 спечени сосем му прскаат, од невидливиот отров
мозокот му се топи; раце кон небото крева
Херкул и вика: „Сатурнио11, ајде насити се сега
злобнице, ти, и гледај одгоре на оваа беда,
насити жестоко срце; за враг ако сомилост имаш,
190 ако сум враг твој, земи ми ја сега страдалнава душа
омразна што ти е тебе, за тешки родена маки.
Смртта за мене е дар, за маќеа таков дар личи.
Бусирис12 зар не го убив, кој сквернеше храмови божји
с туѓинска крв? Зар на Антеј свирепиот не му ја зедов
195 силата мајчина13? Не ме ли потресе тројниот облик14
на Хиберискиот овчар и15 твојот Кербере16 облик?
Вие ли раце не зграбивте рогој на оној бик моќен?
Вашиот подвиг го слави Елида17, Стимфалските браној18
и Партенискиот лаг19. Зар с вашата голема храброст

11
Сатурнија е божицата Јунона, маќеа и непријателка на Херкул.
12
Бусирис бил крал на Египет, кој ги погубувал сите туѓинци и ги жртвувал на олтарот
на Јупитер.
13
Антеј е џин од Либија, син на Нептун и Геја; секого кого што ќе го сретнел, го прину-
дувал да се бори со него; додека Антеј стоел на земјата, неговата мајка (Геја, грч. Земја)
никој не можел да го победи, зашто од мајка му добивал сè нова сила. Херкул го кренал
од земјата и го задавил.
14
Моќниот бик е Ахелој, кого Херкул го фатил за роговите, го довел во Микена и потем
пак го пуштил на слобода; овој продолжил да ги пустоши полињата во Хелада сè додека
Тесеј не го погубил на Маратон.
15
Хиберискиот овчар е Герион, џин со три глави и три тела; Херкул го погубил и му го
одзел стадото.
16
Кербер е триглав пес, чувар на Подземјето; Херкул го довел во Микена пред Евристеј
и повторно го вратил кај Плутона.
17
Во Елида имало големи стаи на кралот Авгеас кои долго не биле исчистени; Херкул ја
навратил водата на реката Алфеј да тече низ нив и така ги исчистил.
18
Езеро крај истоимениот град во Аркадија; Херкул ги разгонил оттаму птиците-грабливки
и со помош на Минерва ги потаманил со стрели.
19
Партениски (Девствен) лаг се наоѓал на едно брдо на границата меѓу Аркадија и Ар-
голида; таму Херкул ја уловил светата срна на божицата Дијана (Артемида).
208 Публиј Овидиј Насон

200 не беше вратен појасот, кован с Термодонтско злато20


и јаболката што ги чуваше будниот дракон21?
Мене не ми беа рамни по сила ниту кентаури22,
ни оној вепар, уништувач на Аркадската земја23;
хидрата, којашто растеше, двојна добиваше сила
205 ако й отсечеш глава, зар имаше полза од тоа?
Коњите на оној Тракиец24 гоени с крвој од луѓе
јас ги видов, крај јаслите полни с раскинати тела.
Штом ги видов, ги кутнав и нив и господарот нивни.
С овие мишки го задавив јас и ѕверот Немејски25,
210 с овие плеќи и небо држев. Се измори веќе
задачи задавајќи ми Јупитеровата жена,
а јас сè уште бодар сум извршувајќи што бара.
Но нова чума ме втаса, на која нема да можам
отпор да дадам ни с храброст, ни с оружје ниту со стрели;
215 в градите оган ме гризе, се шири низ целото тело.
А Евристеј е жив! И луѓе веруваат уште
в богови!“ Викаше така тој и низ високата Ојта
чекори ранет ко бик, кој копје забодено носи
в тело, а тој што го прободел избегал далеку веќе.
220 Стенкаше често од болки, често трепереше сиот,
рубата сета се мачи да ја фрли од себе;
дрвја пред себе руши, на планини, гледаш, се лути,
и како протега раце кон небото на својот татко.
Еве го здогледа Лихас, растреперен како се крие
225 под една длабната стена; од болка побесне сиот:
„Ти ли, о, Лихас, ми даде гибелни дарој?“ му рече.
20
Термодонт е река во Кападакија на чиишто брегови живеело митското племе Амазонки;
нивната кралица Хиполита, добила од богот Марс златен појас, како знак на нејзиното
предимство над останатите жени.
21
Херкул му ги донел на Евристеј трите златни јаболка што Геја й ги дала како свадбен
подарок на Јунона кога оваа се мажела за Јупитер. Јаболката ги чувале Хесперидите и
драконот Ладон; Атлант ги зел јаболката, но Херкул за тоа време на своите плеќи го
држел небесниот свод.
22
Кентаурот Фол во Аркадија го нагостил Херкула, но на тоа се спротивставиле останатите
кентаури; борејќи се со нив, Херкул ги совладал.
23
На планината Еримант, Херкул го уловил вепарот кој долго време пустошел по Аркадија.
24
Т.е. Диомед, кој имал четири коња што се хранеле со човечко месо; Херкул го совладал
Диомеда и неговото тело им го дал на коњите, а нив ги довел пред Евристеј.
25
Херкул го задушил Немејскиот лав кој не можел да биде убиен со никакво оружје.
Метаморфози 209

„Ти ли си убиец мој?“ А Лихас трпне од ужас,


побледен сиот за прошка изнаоѓа пригодни зборој;
зборува тој, се труди колената да му ги допре,
230 но Алкидот го грабна, го сврте триж-четири пати
посилно одошто камен в Евбејските браној26 го фрли.
Така висејќи во воздухот лесен Лихас се стврдна,
како што, велат, дождојте од ладните ветришта мрзнат
па настанува снег и снегулките меки се вијат
235 збиени потем се стегаат цврсто во градушки густи,
така и тој во воздухот фрлен со мишици снажни
бескрвен сиот од страв и без капка влага во себе
в тврд се претвори камен – раскажува древноста така.
Сега дур стрчи в Евбејското море подводна стена
240 мала, што чува на себе траги од човечки облик;
ко да е жива, морнар се плаши до неа да пријде;
ја нарекуваат Лихас. Ти, славно на Јупитер чедо,
насече дрва, што растеа в стрмната планина Ојта,
па на клада ги стави лакот и тулецот широк;
245 стрелите, коишто пак ќе го видат Тројското кралство27,
рече нека ги носи синот на Појант; а тој, пак,
факел на кладата става; дур алчен ја обвива пламен
ти на купот од дрва ја ставаш Немејската кожа
легнуваш на неа, својата тојага под вратот ја ставаш
250 ко да си легнал на гозба, сред чаши со вино и венци.
Силниот оган на сите веќе се распламти страни
пламен го обви спокојното тело, што лежеше с презир.
Бозите се исплашија за бранителот земјин.
Синот на Сатурна Јупитер, кога ги виде им рече:
255 „Вашиот страв е радост за мене, о богови вишни,
од срце вам ви благодарам, владетел што сум и татко
на народ, спомен што чува и уште што моето чедо
безбедно ќе е под вашата милост и закрила моќна.
Иако тоа му припаѓа зарад великите дела,
26
Под Евбејско Море, овде се подразбира оној дел од Егејското Море што досегнува
до Евбеја.
27
Троја повторно ќе ги види Херкуловите стрели, кога Филоктет, синот на Појант, ќе дојде
во Троја по наговор на Одисеј и Неоптолем, синот Ахилов, зашто само со тие стрели
можело да се убие Парис и да се освои градот.
210 Публиј Овидиј Насон

260 сепак сум должник ваш. Но нека вашите предани срца


напразно не се плашат; овие пламења силни
не презирајте ги; огнот, на сенешто победник што е,
ќе го победи она што овде го гледате вие;
моќниот Вулкан ќе земе сал дел од мајчина страна;
265 она што од мене примил, тоа е бесмртно, вечно,
не може да го уништи тоа никаков пламен.
Штом тоа згине, од земја на небото јас ќе го примам,
верувам, тој чин за сите бози радост ќе биде.
Но ако некој позавиди Херкул што божество станал,
270 и ако не сака награда ваква да му се даде,
бргу ќе дознае дека ја заслужил и ќе се сложи,
макар и неволно“. Сите со ова се сложија бози.
Кралската сопруга другото сè го ислуша, чиниш,
не со налутено лице, но с лутина сепак го прими
275 она на крајот што рече; ја заболе прекорот негов.
Мулкибер28 одвои она што пламенот беше го сотрел;
ништо не остана по што ќе познаеш дека е Херкул,
ниту од ликот на мајка му беше останало нешто,
трагите само од Јупитер-бог сочувани беа.
280 Како што млада е змијата, стара штом исфрли кожа,
весело околу скока и блеска со новата кожа,
Тиринтиецот така, штом смртното тело го свлече,
с поблагородниот дел се ободри, повелик стана
достоен стана за почит со својата божеска стојност.
285 Таткото семоќен негов во шуплив облак го грабна
и на четворопрег сред сјајните ѕвезди го стави.
Тежина осети Атлас. Евристеј на Стенела синот
гневен сè уште беше; кон таткото пизмата дива,
стравотна, сега ја насочи кон неговиот пород29.
290 Тажна од долготрајните грижи Алкмена30 од Аргос,
Јола31 ја има ко друшка за своите старечки жалби;
нејзе за делата на својот син й раскажува често,
28
Мулкибер е атрибут на богот на ковачите Вулкан.
29
Кога Херкул бил вознесен на Олимп, тракискиот крал Кајк сакал неговите деца да му
ги предаде на Евристеј; децата побарале помош од Атињаните и ја добиле.
30
Алкмена е ќерка на микенскиот крал Електрион.
31
Јола е ќерка на кралот Еврит; Херкул ја грабнал и му ја дал на сина си Хил.
Метаморфози 211

подвизи, знајни на светот, но и за својата судба.


Хил32 ја беше прифатил Јола во легло и срце,
295 ко што му наложи Херкул, и со благородно семе
тој ја оплоди неа; Алкмена нејзе й рече:
„Нека ти помогнат бозите, рокот нек ти го скусат,
кога време ќе дојде Илитија33 ти да ја викнеш,
којашто на родилките плахи помош им носи,
300 но по Јунонина волја кон мене ненаклона беше.
Штом дојде денот јунакот Херкул јас да го родам,
сонцето в десетти знак беше од зодијакот тогаш,
бремето, што јас го носев, се опна в утробата моја,
толкаво стана што можеше секој веднаш да рече
305 дека е Јупитер татко на бремето скриено в мене.
Не можев повеќе болки да трпам; и сега дур зборам
студени трпки ме лазат, ко спомен на болките силни.
Седум дни цели и седум ноќи јас така се мачев,
па од болки премалена кренав кон небото раце,
310 со силен глас ја викнав Луцина и оците Никси34.
Дојде Луцина, поткупена веќе од лута Јунона35,
сакаше мојата глава нејзе да й ја дари.
Штом мојот лелек го слушна, во дворот пред олтарот седна,
колена вкрсти, коленото десно врз лево го стави,
320 преплете прсти ко гребло, породот да ми го спречи.
Маѓесни думи прозборе тихо, го задржа така
породувањето коешто веќе започнато беше.
Напори правев, залудно в лудоста луто го колнев
неблагодарниот Јупитер, сакав да умрам и викав,
325 тврдиот камен од моите зборови трогнат ќе беше.
Мајките Кадмејски до мене стојат, завети шепнат,
мене, страдалница кутра, везден со зборој ме бодрат.
Имаше една прислужничка руса, од простиот народ,

32
Хил бил најстариот син на Херкул и Дијанира.
33
Илитија кај Римјаните е исто што и Јунона Луцина, која им ги олеснува маките на
родилките.
34
Никси биле демони кои помагале при породувањето.
35
Алкмена се мачела толку долго при породувањето, зашто Јупитер пред сите богови на
Олимп се заколнал дека детето што ќе се роди тој ден ќе владее над својот род; Јунона го
забрзала раѓањето на Евристеј, синот на Стенел, па така Херкул морал да му служи нему.
212 Публиј Овидиј Насон

Галантида, вредна и пргава в својата служба,


330 љубимка моја. Насети таа дека Јунона
нешто неправедно чини. Дур одеше надвор и внатре,
виде кај седи божицата в дворот, кај светиот олтар,
како раце с преплетени прсти на колена држи,
вака й рече: „Која и да е, честитај сега
335 на господарката наша мила Алкмена од Аргос,
таа се олесни веќе, по желба родилката роди“.
Скокна божицата, в уплав распушти сплетени раце,
а јас од оков се спасив, се породив слободна веќе.
За Галантида, пак, велат долго се смеела слатко
340 штом толку лесно измамила едно божество моќно.
Но дур се смеела така, божицата лута за коси
неа ја влекла, не й дала од земја тело да крене,
рацете й ги претворила тогаш во предни нозе.
Старата цврстина сепак ја има и боја на грбот
345 задржа иста. Го смени сал својот поранешен облик.
Зашто со лажлива уста на родилка помош й даде
таа низ устата раѓа и в нашите доаѓа домој.36
С воздишка таа си спомни за старата слугинка своја.
Нејзе натажена така снаа й вака й рече:
350 „Ти се разжалости, мајко, што облик променила жена,
која од родот наш не е; а ако ја раскажам сега
чудната судба на сестра ми, иако болка и солзи
мене ми пречат да зборувам?“ Една беше на мајка,
мене татко ми с друга ме роди – најубава беше
355 в Ојхалида37 Дриопа; но насилно девство й зеде
оној бог власт што има ширум во Делфи и Делос38.
Андрајмон неа ја зеде и среќен беше во бракот.
Езеро има со извиен раб, на спуштен брег личи,
сето окружено горе со миртови шуми, ко с венец.
360 Не знаејќи ја судбата, овде дојде Дриопа,
повеќе да й се лутиш, на нимфите венци да носи;
в скутот го носеше синот што година немаше уште,
слатко бреме й беше, с топло го доеше млеко.
36
Во древноста се сметало дека ласицата ги раѓа своите малечки преку устата.
37
Дриопа е Ојхалида, зашто е од градот Ојхалија на Евбеја.
38
Тоа е богот Аполон.
Метаморфози 213

Близу езерото цутеше с боја на Тириски пурпур


365 водниот лотос, што јагоди ветува скоро да роди.
Откина цутој Дриопа, да го израдува синот;
посакав и јас да скинам – до сестра ми наблизу стоев.
Видов јас тогаш, од цутот кај крвави паѓаат капки
и дека гранките околу с ужасен трепет се движат.
370 Познато било, селаните доцна ми кажаа мене
нимфата дека Лотида, бегајќи од страста на Пријап39,
лицето преобразено свое го сокрила тука,
но го сочувала сепак името свое во цутот.
Сестра ми не го знаеше тоа. Во уплав се тргна,
375 нимфите таа ги молеше назад да си се врати;
нозете й се залепија в корен. Се мачи да тргне;
само горе се движи, а од долу жилава кора
малку по малку й расте, й обвива слабини сосем.
Штом го согледа тоа, се обиде коси да скубе,
380 лисје й остана в рака, и главата с лисје се покри.
Детето Амфис (дедо му Еврит40 име му даде)
насети дека мајчината боска се стврднува веќе;
иако цица, од боската веќе не тече млеко.
Стоев; ја гледав свирепата судба; никаква помош
385 не можев, сестро, јас да ти пружам; колку што можев
с преград јас бавев да не расте стеблото, гранките исто
и, да си признаам, сакав под истата кора да влезам.
Еве пристигнаа Андрајмон, маж ти, и кутриот татко,
тие Дриопа ја бараат, ним јас им покажав лотос.
390 Топлото стебло го опсипуваат с бакнежи врели
паѓаат тие крај коренот, така прилепени стојат.
Само ликот го сочува, најмила сестро; сè друго
постана стебло. По лисјето, што од страдалното тело
твое остана, солзи се ронат. Дур можеше с уста
395 сè уште глас да пушти, ваква се разлеа жалба:
„Ако во клетите имате верба, во бози се колнам,
вакво не заслужив зло и невина трпам јас казна.
Живеев безгрешно. Ако, пак, лажам, суви нек станат
39
Пријап е бог на градините и оплодувачката сила; претставуван бил со преголем фалос;
негови статуи, обоени црвено биле поставувани во градините како плашила за птиците.
40
Еврит бил крал на Ојхалија, татко на Дриопа и Јола.
214 Публиј Овидиј Насон

лисјава мои, пресечена с секира в оган нек горам.


400 Детево сега земете го вие од мајчини гранки,
дајте го него на дадилка; често под моево дрво
млеко нек цица и нека си игра под моево стебло.
Штом ќе проговори, мајка си нека ја поздрави тоа,
жално нек рече“: „Под коренов мојата мајка се крие“.
405 Но нека бега од вода, нек не кине цвеќе од дрво,
за секој грм нека мисли на божица дека е тело.
Збогум, мажу мој премил, сестро и татко мој, збогум!
Ако имате милост, чувајте ги моите лисја
да не ги ранува коса ни добиток да не ги брсти.
410 Па штом судбина не е кон вас да се наведнам сега
поткренете се вие и дојдете јас да ве бакнам,
дур да се допирам можам, кренете го детето мало!
Не можам веќе да зборувам, еве по врат ми се вие
ликото меко и јас се губам в зелените врвој.
415 Тргнете раце од очи, дури без вашата грижа
кората која се вие, нек мртви ми покрие очи!
Изгуби моќ на говор и неа ја немаше веќе;
промени тело, но гранките долго останаа топли.
Дури за оваа чудесна случка зборуваше Јола
420 и Алкмена солзи й бришеше на Евритида41
с палецот (и таа плачеше), нова жал сенка му фрли
на овој случај; на прагот висок застана Јолај;
вистинско момче, редок мов образи беше му покрил,
изменил сосема лика и в младешка доба се вратил.
425 Дар тоа беше за него од Хеба – Јунонина ќерка;
мажот ја убеди в тоа; дур сакаше клетва да даде
дека по ова никому таков дар нема да даде,
в тоа Темида ја спречи и рече42: „Неслогата в Теба
веќе разгорува војна; Капанеј од Јупитер само
430 свладам ќе може да биде; ќе загинат обата брата43,

41
Евритида е Јола, зашто е ќерка на Евхалија во Евбеја.
42
Божицата Темида била и пророчица и како таква знаела дека во Теба ќе има несогла-
сувања околу престолот на Едип зашто синовите Етеокле и Полинејк секој за себе ќе ја
посакува власта над Теба; Полинејк ќе биде помогнат од неговиот тест Адраст, кралот
на Аргос и од петмина други јунаци.
43
Етеокле и Полинејк.
Метаморфози 215

под растворената земја пророкот жив ќе ги види


своите мани44; над мајката одмаздник татков ќе биде
синот, кој с истиот чин ќе покаже љубов и злостор45;
потресен од ова зло, ќе изгуби и дом и разум,
435 гонет ќе биде од Евмениди, од мајчина сенка
сè дури жена му не му го побара кобното злато
и дури мечот на Фегеј не прободе роднински гради.
Тогаш дур ќерката на Ахелој Калироја ќе моли
Јупитер лета да даде на чедата нејзини мали,
440 и на победникот смртта без одмазда долго да не е.
Јупитер, трогнат, однапред ќе го одобри дарот,
на паштерката своја и снаа46, на децата мали,
нејаки, предвреме мажевна возраст тој ќе им дари“.
Кога со пророчка уста Темида, што иднина знае
445 ова го рече, вишните не го одобрија сосем.
Негодуваа, зошто да не можат и други бози
такви да даваат дарој. Се пожали и Палантида47
дека маж и старец. Се жали и блага Церера
дека побелува Јасон; и Мулкифер за Ерихтониј48
450 бара младешка возраст; и Венера веќе се грижи
за иднината своја; бара за Анхиса49 младост.
44
Пророкот Амфијарај е еден од петте сојузници на Полинејк; тој, погоден од Јупитер,
ќе пропадне во растворената земја заедно со коњите и колата, и во Подземјето ќе стекне
бесмртност.
45
Ерифила, жената на Амфијарај, го наговорила да оди во оваа војна зашто била поткупена
од Полинејк со златна белегзија; синот на Амфијарај, Алкмеон, го одмаздил татка си,
убивајќи ја мајка си Ерифила, по што полудел и скитал како безумник сè додека не бил
очистен од Аркадиецот Фегеј. Алкмеон се оженил со ќерката на Фегеј, Арсиноја, и нејзе
й ја дал златната белегзија; подоцна морал повторно да бега и се настанил кај речниот бог
Ахелој во Ајтиолија и се оженил за неговата ќерка Калироја; оваа ја побарала златната
белегзија; Алкмеон го измамил Фегеја дека белегзијата мора да му ја принесе како дар
на Аполона за да се ослободи од вината, но Фегеј ја прозрел измамата и ги наговорил
своите синови да го погубат Алкмеона. Калироја го молела Јупитер што поскоро да
пораснат нејзините синови за да го одмаздат татка си.
46
Паштерка и снаа на Јупитер е божицата на младоста Хеба.
47
Палантида е божицата Аврора (Зора), ќерка на титанот Палант, брат на Хиперион; таа
за својот маж Титон измолила бесмртност, но заборавила да побара и вечна младост,
така што Титон стареејќи се смалил и се претворил во штурец.
48
Ерихтониј е син на Вулкан и Земја.
49
Анхис е татко на Енеј, владетел во Дардан на планината Ида крај Троја; во него се
вљубила Венера и му го родила Енеј; бидејќи тој се фалел со својата љубов со Венера,
Јупитер го осакатил и го ослепел.
216 Публиј Овидиј Насон

Секој бог љубимец има и незадоволството расте


поради љубов кон некого; тогаш Јупитер рече:
„Ако кон мене почит некаква имате вие,
455 каде сте пошле? Толку ли некој мисли за себе
дека е моќен да совлада судба? А судбата само
в младост Јолаја го врати. Од судбата момци ќе станат
чедата на Калироја, а не од милост ил сила.
Судбата владее над вас, а полесно вам да ви биде,
460 над мене власт исто има; да имав моќ јас да ја менам
искривен зарем ќе беше од старост и мојот син Ајак50.
Мојот син Радамант исто со вечна ќе цутеше младост
заедно с Минос, кој заради горко од староста бреме
не е почитуван, ниту да владее може ко преѓе“.
465 Речта на Јупитер бозите силно ги трогна и никој
не се пожали веќе штом видоа како од старост
стенкаат Радамант, Ајак и Минос, а в младоста овој
с името свое кај големи народи влеваше ужас;
сега немоќен беше, од Милет51 Дејонин се плаши,
470 полн со младешка сила и горд на татка си Феба;
Минос веруваше дека тој кралството ќе му го земе,
но да го прогне од татковината немаше смелост.
Сам ти, Милете бегаш, качен на брзиот кораб,
пловиш по Егејско Море и на азиската земја
475 подигаш ѕидишта, име што по основателот носат.
Тука ја запозна ти Кијанеја, прекрасна мома,
која се шеташе покрај кривите таткови брегој,
ќерката на Меандар, кој тече ваму и таму;
близните Каун и Билбида таа од тебе ги роди.
480 Билбида пример е кого сè момите можат да љубат;
таа се вљуби во брата си, потомок на Аполона52,
не како сестра што треба да си го љуби братот.
Отпрвин таа не го разбра првиот љубовен пламен,
грев не го сметаше тоа што често го бакнува братот,
485 често што раце обвиваше околу вратот на братот;
50
Ајак е син на Јупитер и Ајгина; Минос и Радамант се синови на Јупитер и Феникијката
Европа.
51
Милет е син на Феб Аполон и Дејона; него го љубеле Минос, Сарпедон и Радамант, па
затоа избегал со Сарпедона во Карија, каде што го основал градот Милет.
52
Аполон му бил дедо на Каун.
Метаморфози 217

лажното чувство на сестринска љубов ја мамеше неа.


Малку по малку дојде до љубов; за да го види
братот, таа нагиздена оди; премногу сака
лична пред него да биде; ако, пак, некоја таму
490 друга красотица има, завидна станува веднаш.
Но уште не й е јасно; од пламенот не гори желба,
сепак и така чувствува дека однатре гори.
Господар веќе го вика, роднински имиња мрази,
Билбидо, а не сестро, посакуваа тој да ја вика.
495 Кога е будна, не смее надежи блудни да има
но штом ја обзеде спокоен сон, гледа кого го љуби;
често се гледа кај с братот е здружена в прегратка слатка,
и срам ја обзема иако тоа го гледа на соне.
Сонот одминува; долго молчи и повтор ја гледа
500 онаа слика од сонот, па с мисла колеблива вели:
„О тешко мене! Што сака ликот од ноќта тиха?
Зошто на сон го гледам, а не сакам да е на јаве?
Тој е навистина личен дур и за завидливи очи;
и ми се допаѓа; брат да не ми е, јас ќе го љубев,
505 достоен беше за мене. Баш штета е што сум му сестра.
Ако на јаве јас не би се решила на нешто такво,
нека бар на сон со сличен образ ми доаѓа често!
В сонот сведоци нема, но некаква наслада има.
Венеро, и Купидоне крилат со мајка ти нежна,
510 каква почувствував радост, колку страст в мене се јави!
Веднаш штом легнав, целото ми се растопи срце!
О, каков пријатен спомен! Насладата иако куса,
брзата ноќ завидлива стана на нашиот наум.
О, сал да можев да променам име и да се врзам
515 Кауне, с тебе, ќе бидев јас снаа на твојот татко,
а ти, пак, Кауне, зет ќе му беше на мојот татко!
О, да би бозите дале заедничко сè да ни биде
освен предците наши! Од пославен род ти да беше!
Не знам, о прекрасен, која од тебе мајка ќе стане;
520 мене, пак, која за несреќа, исти родители имам,
брат ќе ми бидеш само; тоа сал едно ни штети.
Што, пак, означува она што в моите сништа го гледам?
Какво, пак, значење сништата имаат? Значат ли нешто?
218 Публиј Овидиј Насон

Бозите посреќни се; зар немаат сестри за жени?


525 Сатурн ја има Опа53 со којашто крвно е врзан,
а Океан Тетида54, кралот на Олимп – Јунона.
Вишните имаат права! Но зошто со небесни права
различни човечки врски да мерам сега се трудам?
Ил нек од срцето мое се протера пламенот грешен,
530 ил, ако не можам, тогаш нек загинам, мртва на одар
нека ме стават и таму брат ми нек бакнеж ми даде.
Но за ова сепак ќе треба да одлучат двајца;
може за мене тоа е добро, а за него злостор.
Еолидите55 без страв за жени земаа сестри!
535 Но од каде да знам и зошто го земам за пример?
Каде ме носи тоа? Бегајте пламени блудни,
нека го љубам јас братот, ко што й личи на сестра.
Ако, пак, братот мој попрв се беше вљубил во мене,
можда ќе можев да подлегнам на страста негова тогаш.
540 Јас ли, што не би го одбила него, ако ме бара,
самата ли да го барам!? Ќе можам ли сега да кажам?
Можам ли дури сè тоа и да го признаам сега?
Љубовта ќе ме сили, ќе можам! А ако, пак, срамот
уста ми занеми, скриен жар с писмо ќе откријам тајно“.
545 Одлучи така; сомнеж й отклони ваквата мисла.
В страна се исправи и на левиот лакот се потпре;
„Сам нека види, безумната ќе му ја признаам љубов!
О тешко мене! На што јас се спуштам! Кај душа ми гори?“
Со растреперена рака реди осмислени зборој;
550 в десната писалка држи, во другата мазниот восок56.
Почнува, па се премислува; пишува, потем ја колне
таблата; бележи, брише; менува, куди, па фали,
редум ја остава таблата, потем повтор ја зема.
Не знае, што сака; сè што ќе стори, не й се свиди.
Смелост и срам на лицето нејзино везден се меша.

53
Опа е староиталска божица на земјата; подоцна е поистоветувана со грчката божица
Реја, сестра и жена на Хронос (Сатурн).
54
Тетида и Океан се брат и сестра, родени од Уран и Геја; Јунона е сестра и жена на
Јупитер, а обајцата се деца на Хронос (Сатурн) и Реја (Опа, Кибела).
55
Еолиди се потомци на богот на ветровите Еол, кој своите ќерки ги омажил за синовите.
56
Старите Римјани пишувале со железна писалка на таблички, премачкани со восок;
грешките се исправале со гладење на восокот.
Метаморфози 219

555 Беше напишала „сестра“, па реши да избрише „сестра“


восокот бргу го истри и вакви напиша думи:
„Поздрав ти праќа таа што љуби; среќна ќе биде
ако й возвратиш; срам ми е името да си го кажам.
Ако ме прашаш, што сакам, еве безимена сакам
560 желбата да се оствари моја; да не знаеш дека
јас сум Билбида, пред да се збидне надежта моја.
Знак за ранетото срце можеше да ти биде
слабоста, бојата, лицето, често влажните очи,
воздишки, предизвикани без некој разумен повод,
565 честите прегратки, бакнежи, кои, можеби знаеш
и си почувствувал дека никако сестрински не се.
Самата, иако в срцето тешка носев јас рана,
и со пламена страст во градите, многу се трудев
(бозите сведоци ми се), најсетне лек да си најдам;
570 кутра, да избегам жестоки стрели долго се борев
на Купидона; и уште многу повеќе дури
одошто можеш да помислиш дека поднесува мома,
претрпев; сега принудена сум да признаам пораз
и со зборови плахи од тебе да побарам помош.
575 Ти да ме спасиш сал можеш ил да ме уништиш мене
вљубена; избери едно од двете; не те моли душман,
туку онаа што најблиска ти е, па уште и сака
поблиска да ти стане во многу поблиска врска.
Старците закон нек знаат, нек знаат долично што е,
580 што е грев, а што, пак, не е; за редот нека се држат.
Венера бујна, пак, личи за нашите години млади.
Уште не знаеме долично што е и мислиме дека
сè е допуштено; следиме пример од бозите вишни.
Нас не нè спречува строгиот татко, ни свет што ќе каже,
585 ниту, пак, страв; па тогаш од што да се плашиме ние?
Тајната љубов ја кријам под милото братово име.
Можам јас слободно со тебе тајно да зборувам сега
и да те гушкам и да те бакнувам јавно, пред сите;
што треба уште? Смили се, еве ти признавам љубов,
590 а не би признала, да не ме сили преголем пламен,
на мојот гроб да не пишува виновник дека си, брате57“.
57
Грчките и римски поети на гробовите на љубовниците ја пишувале и причината за
нивната смрт; според тоа, на гробот на Билбида би пишувало дека тој е виновник за
нејзината смрт поради невозвратената љубов.
220 Публиј Овидиј Насон

Сета ја испиша табла, не остана повеќе место,


задниот ред на работ од плочата додаден беше.
Веднаш ја втисна својата гема на грешното писмо,
595 и со солзи го натопи (в устата немаше влага);
Потем засрамена извика еден од своите слуги,
плашливо, милно му рече: „Верен мој, носи го ова
на мојот...“, потем по долго додаде време: „на брат ми“.
Дур му ја даваше плочката, таа од раце й падна.
600 Знакот ја престраши, сепак ја прати, а верниот слуга
начека пригодна згода, го предаде тајното писмо.
Згромен од ненадна срдба младиот внук на Меандар,
штом само дел од писмото прочита, веднаш го фрли,
воздржа раце од лицето на престрашениот слуга,
605 рече: „Бегај, дур можеш, ти проклет слуго на страста
грешна; да не ме навлечеше в срам со твојата гибел,
ќе ми платеше веднаш ти мене со твојата глава“.
Престрашен избега овој, на господарката своја
й ги пренесе страшните зборој на брата и Каун.
610 Пребледе, штом ти го слушна, отфрлена Билблидо, ова,
трепери телото твое од студ обземено мразен.
Но штом се созеде, пак й се врати лудилото старо,
изрече зборој што одвај го допреа чистиот воздух:
„Заслужив! Зошто, безумница, мојата рана ја признав?
615 Зошто јас мојата тајна на писмо ја доверив веднаш?
Требаше с двозначни зборој да испитам што мисли в срце;
требаше с дел од едро да испитам каков е ветрот,
што ќе ме следи на патот, по сигурно море да пловам;
сега на неиспитани ветри кренав јас едра.
620 Право кон гребени одам; врз мене сега се руши
цел океан; за коработ мој сега враќање нема.
Сигурни знамења имав, што требаше да ме спречат
в мојата грешна љубов; она што ми се случи
кога заповед давав писмото да му се даде
625 плочката падна, не пропадна тогаш ли надежта моја?
Денот ли требаше или желбата јас да ја сменам,
или сал денот? Самиот бог ме опомена тогаш,
сигурни знаци ми даде, но јас бев заслепена сосем.
Требаше сама да кажам, да не се доверувам в писмо,
Метаморфози 221

630 само нему да му ја откријам мојата љубов;


тој ќе ги видеше солзите, ликот на вљубена жена;
повеќе можев да кажам, отколку писмо што прима;
околу вратот негов можев јас раце да свијам
иако тој би се бранел; да ме отфрлеше тогаш
635 гинам за него, ќе речев, нозете ќе му ги гушнев,
спрострена така пред него ќе лежев и молев за живот.
Сè ќе сторев за него, ако не можеше едно
срцето кораво да му го смекне, сè заедно може.
Можда и слугата испратен направил некаква грешка;
640 верувам, не дошол в погоден миг, в неприкладно време
писмото брат ми го прочитал; немал време ни волја.
Тоа е грешката моја; од тигрица не е тој роден,
не носи камен, челик ил тврдо железо в гради,
ниту, пак, цицал млеко од некоја лавица дива.
645 Но, ќе го победам јас! Ќе треба повтор да почнам,
ништо не ми е тешко, дур здив во градиве имам.
Прво, ако се откажам сега од она, што сторив,
немаше смисла да почнам; штом почнав, треба да свршам.
Ако се откажам сега од моите пламени желби,
650 секогаш тој ќе ја помни безумната постапка моја.
Ако, пак, престанам, дека сум слаба ќе помисли тогаш,
соблазни дека му правам ил в некаква мамка го туркам.
Секако дека ќе мисли дека страста ме гони,
не дека бог е тој сега што моите гради ги гори.
655 Најсетне, не можам назад; гревот јас веќе го сторив.
Пишав, го барав, осквернета сега е мојата волја;
друго и ништо да нема, јас веќе невина не сум.
Остана многу за желби, а пак за грешење малку“.
Тоа го рече (а толку растроена в мислите беше)
660 од својот обид се срами, а сепак посакува силно
повторно исто да стори; преминува секаква мерка,
често, несреќница, прави да биде одбиена повтор.
Немаше крај; тогаш Каун од родната избега земја,
но и од гревот; и в туѓина изгради ѕидини нови58.
665 Велат на Милета ќерката жална изгубила разум,
руба искинала, в бесот со раце се биела в гради;

58
Каун основал нов град на брегот на Карија и го нарекол според своето име.
222 Публиј Овидиј Насон

безумна, јавно ја признала недопустливата љубов;


без неа, таа ја замрази родната земја и домот,
па ги напушти нив, по братот бегалец тргна.
670 Кога Исмарките бакхи59 тролетен славеа празник
од твојот тирс, Семелино чедо60, вдахновени силно,
Бубасиските невести61 тогаш низ ширните полја
кутра Билбида ја видоа како лелека силно.
Штом ги напушти нив, кај Карците скиташе потем
675 кај Лелегите62 бојни и низ Ликиската земја.
Потем го напушти Крагос, Лимира, бранојте на Ксантос63,
исто и сртот од кај што Химајра ригаше оган,
чудо со гради и уста на лавица, с опаш на змија.
Шуми немаше веќе, морна од барање падна,
680 распосла коси, Билбидо, по тврдата земја и легна,
лицето твое го положи врз попаѓаното лисје.
Нимфите Лелешки често посакаа с нежните раце
да ја кренат; ја учеа како се лечи од љубов;
утеха редат на глувата мисла; сал безмолно лежи,
685 с ноктите свои ја кине зелената трева Билбида
и со поток од солзи ја влажи тревата ширум.
Велат, ги збрале Најадите нив в непресушлива жила.
Што друго подобро тие би можеле уште да сторат?
Како што борови капки од кора расечена капат,
690 ил ко што лепливо масло тече од плодната земја,
ил ко што бранот, доскоро смрзнат од зимските студој
сонцето кога ќе грејне се топи штом дувне Фавониј,
така Билбида, Фојбовата внука се потопи в солзи
и се претвори в извор, па сега во оние долој
695 име нејзино има и тече под темните храстој.
Може би гласот за новото чудо ќе влезеше бргу
в стотина градови Критски, да не се случеше чудо
близу до Крит неодамна, штом се преобрази Ифис.

59
Бакхите овде се наречени Исмарки според тракискиот град Исмар, каде што Дионис
(Бакх) бил особено многу почитуван.
60
Семелино чедо е богот Дионисиј (Бакх).
61
Бубасиски невести се жени од градот Бубас во Карија.
62
Лелеги се племе во Карија.
63
Крагос е брдо во Ликија, а Лимира и Ксантос се реки во истата област.
Метаморфози 223

Некогаш во градот Фајстос64, близу до Кноското кралство


700 маж живееше, долен по род по име пак Лигдос;
с имот рамен на родот, но в животот чесен и верен.
Часот штом стигна неговата бремена жена да раѓа,
тој со зборови вакви нејзе совет й даде;
„Две желби имам; да родиш со најмалку маки и машко;
705 ако поинаку биде, потешка судба нè чека;
имот немаме; но ако случајно женско се роди,
о, да не би дале бозите! Прости ми, татковско срце,
неволно јас ќе заповедам да се погуби веднаш“.
Рече тој така, потекоа солзи по лицата врели
710 на тој што наложи така и таа што тоа го слушна.
Но Телетуса непрестајно пусти упатува молби,
кон својот сопруг, да не й ја стеснува надежта толку.
Лигдос останува сепак цврст во одлуката своја.
Одвај веќе го носеше зрелото бреме во себе
715 кога на полноќ во сон таа виде кај стои пред неа
(ил й се стори да виде) ќерката на богот Инах65,
со придружбата своја; на челото имаше таа
рогој месечеви и жолто класје од сјајно злато,
уште и кралски накит; с неа Анубис, што лае
720 беше и света Бубастис и разнобојниот Апис,
уште и богот, што с прст за молчење совети дава66;
тука се и клепалата67, Осирис, секогаш баран,
и туѓинската змија со опојни отрови полна68.
Тогаш, ко да се тргна од сон, ко на јаве да беше,
725 вака божицата рече: „Ти, Телетусо, си една
од моите друшки! Фрли ги сега тешките грижи,
не води сметка за она што сопругот твој ти го кажа.
64
Фајстос е град на јужниот брег на Крит.
65
Ќерка на богот Инах е Ија, која била поистоветена со египетската божица Исида, па
затоа во нејзина придружба се и боговите Анубис, со глава на пес, Бубастис, со глава на
мачка, бикот Апис, младичот Хорос, Осирис и египетската змија Термутис.
66
Т.е. синот на Исида и Осирис, кој бил претставуван како голо дете што држи прст на
устата; името му било Хорос (Харпократ).
67
За време на Исидините празненства многу се употребувале клепала кои биле составени
од повеќе бронзени шипки, ставени во бронзена рамка со дршка.
68
Змијата Термутис й служела на Исида како накит за коса, означувајќи ја со тоа неј-
зината власт.
224 Публиј Овидиј Насон

Сомнеж да немаш, Луцина, штом ќе те олесни тебе,


што и да родиш, јас божица таква сум, помош што носам,
730 ако ме замоли некој; и ти, знам, не ќе се жалиш
дека на неблагодарно божество почест си дала“.
Тоа го рече и излезе од одаjата веднаш.
Радосна стана од леглото, невини раце кон небо
крена за молба Криќанката, сонот да й се збидне.
735 Болката скоро се зголеми, на бел свет излезе плодот,
женско дете се роди, на таткото не му се кажа;
мајката излажа дека е машко, го предаде веднаш
на една доилка; сите веруваа дека е машко,
никој за тајната не разбра, освен доилката верна.
740 Таткото изврши обред и дедово име му даде;
дедо му беше Ифис; го прифати мајката с радост
името двозначно; со него никого нема да лаже.
С итрина таа ја сокри благородната лага.
Момчешко носеше руво, а лицето, дали на момче
745 или на момичка да е – за обете прекрасно беше.
Но кога тринаесеттата година помина веќе,
татко ти, Ифисе, тебе те згоди за русата Јанта,
дева најфалена с убоста среде Фајстидските моми,
на Диктаецот Телест ќерка таа му беше.
750 Еднакви беа по возраст и убост; за првата ука
што е за нивната возраст учители имаа исти.
Љубовта тука младите им ги освои срца,
иста им нанесе болка, но инаква имаа надеж;
Јанта чекаше брак и час за стокмена свадба,
755 верува маж ќе й биде, тој што го смета за машко;
Ифис ја љуби, но надеж нема да биде со неа;
тоа разгорува страст и пламти мома за мома;
Одвај задржува солзи и вели: „Кој ќе е крајот?
Каква непозната, колку ли чудна љубов ме мачи?
760 Ако посакале бозите да ме поштедат, тогаш
требало да ме спасат; ако, пак, сакале тие
да ме погубат, нека ми дале бар природна мака.
Кобила не љуби кобила; крава не љуби крава;
овцата гори по овен, срната трча по елен.
765 Птиците така се парат; а од животните сите
нема никогаш љубов помеѓу женка и женка.
Метаморфози 225

О, да ме нема! Чудовишта секакви овој Крит раѓа.


Ќерката Сончева пламната беше од љубов кон бикот69,
сепак, женско кон машко; но да си признаам треба,
770 мојата страст е полуда; таа имала надеж
в љубовта; в облик на крава со една измама вешта
с бикот се споила, па измамениот прељубник стана.
Да се слеаја тука вештините сите од светот,
и да долеташе с восочни крилја самиот Дедал,
775 што ќе направеше? Зар ќе ме стореше момче од мома
со своите вештини? Ќе те променеше, тебе ли, Јанто!?
Ифис, што не си охрабриш душа, што не се средиш?
Што не го изгаснеш бесмислениот пламен во себе?
Гледај каква си родена, не залажувај се сама,
780 барај што е допуштено, љуби, ко жена што треба!
Надежта раѓа љубов, а љубов се храни со надеж.
За тебе надеж пак нема. Не те спречува стража
од преграб драг, ни грижа на твојот претпазлив сопруг,
ниту, пак, строгиот татко, ни самата, ако те бара;
785 не ќе ја добиеш неа; па што било и да се случи
среќна нема да бидеш ни с помош од бози ил луѓе.
Досега ниедна желба не ми останала пуста,
бозите лесно ми дадоа сè, што треба да дадат;
Што сакам јас, тоа татко ми, таа и тестот мој иден
790 исто го сакаат, само природата, најмоќна што е,
таа не го сака тоа; единствено таа ми пречи.
Доаѓа еве чеканиот миг и денот за свадба;
Јанта моја ќе биде, но не ќе ми припадне мене.
Жедни ќе стоиме обете ние сред бистрата вода.
795 Зошто доаѓате, брачна Јуноно, и ти Хименаје,
на овој обред; младоженец нема, а невести две сме!?“
Замолча таа, а другата мома не помалку гори,
моли што поскоро, ти Хименаје боже70, да дојдеш.
А Телетуса се плаши и везден го одлага денот.
800 Час измислува болест, лош знак видела, вели;
69
Пасифаја, сопругата на критскиот крал Минос била ќерка на Сонцето. Со бикот го
родила Минотаур.
70
Хименај, гласник на свадбата; убав младич, син на Аполон и музата Калиопа; облечен
во шафранов плашт и крилат; во десната рака носи факел, а во левата превез за невестата.
226 Публиј Овидиј Насон

сите ги исцрпе лаги, за свадбата времето дојде;


остана сал еден ден; тогаш ленти од главата стргна
своја и ќеркина; с коси развеани прегрна олтар,
викна: „Исидо, што живееш, ти, в Мареотските полја71
805 и в Парајтониј72 и Фарос, крај Нил, со утоки седум,
тебе за помош те молам, од стравот избави нè сега!
Еднаш, божице, тебе те видов, и твоите знаци,
познав јас сè и звукот на твоите клепала, факли,
твојата придружба; в срце ги сочував твоите зборој.
810 Тоа што ќерка ми светлина виде а казнета не бев,
дар е и одлука твоја; смили се сега на двете,
помош ни дај!“ Зборовите врели ги следеа солзи.
Олтарот, чиниш го стресе Исида (и верно го стресе),
влезот од храмот затрепери, слични на месец рогојте
815 блеснаа силно, екнаа звучните клепала громко.
Мајката не сосем спокојна, сепак, од знаците среќна
излезе тогаш од храмот, а по неа појде и Ифис,
побргу одошто друг пат; од лице й бледило згасна,
сила поголема доби, а ликот и поостар стана.
820 Распуштената коса нејзина покуса стана;
Повеќе цврстина доби, одошто жената има;
доскоро мома ти беше, а сега постана младич.
Дајте дарој на храмој, со смела верба и радост.
Ставија уште и натпис, кус натпис, еден стих само:
825 ИФИС КО МОМА ЗАВЕШТА ДАРОЈ, КО МОМЧЕ ГИ ДАРИ.
Следниот ден, кога сонцето с зраците светот го откри,
дојдоа Венера, Хименај и Јунона на свадба;
момчето Ифис ја зеде за жена својата Јанта.

71
Мареотските полја се наоѓаат крај Мареотското езеро во Египет.
72
Парајтониј е египетска тврдина на границата со Либија; Фарос е остров во близината
на Александрија.
Метаморфози 227

ДЕСЕТТО ПЕЕЊЕ

5 Загрнат в шафранов плашт низ бескрајниот воздух се спушта


Хименај еве и кон Киконските1 брегови брза,
од каде напразно гласот на Орфеј2 него го вика.
Пристигна тој, но не донесе со себе свечени химни3
ниту радосни лица ниту, пак, знамења среќни.
10 Факелот в рака му пишти од чадој4, солзи што мамат,
па и размавтан дури не пушта никаков пламен.
Исходот полош е дури од ваквите знамења страшни;
младата невеста дури низ тревата с друшки Најади5
газеше, умре откако в петица змија ја касна.
15 Пејачот Родопски6 долго под небо ја исплака неа,
потем се реши да појде кај сенките подземни долу,
и да се симне тој сам до Стигс низ Тајнарската порта7;
преку бестелесни толпи и задгробни призрачни сенки
дојде до Персефона и кралот на скрбното кралство;
20 удри по струните свои и ваква запеа песна:
„О, вие божества, кои под земјата имате свој свет,
кај што доаѓаме сите, што смртни сме родени горе,
ако е долично притворни зборој да отфрлам сега
дајте да зборувам вистина; не слегов јас да го видам
25 тука ни мрачниот Тартар, ни трите влакнести шии
с змии на она чудо Медуза8, јас да ги врзам;
1
Киконски брегови – земја на Киконците, тракиско племе, населено по брегот околу
утоката на реката Хебар (денешна Марица), спроти островот Тасос.
2
Орфеј – тракиски пејач, маг и лекувач; син на Аполон (или на тракискиот речен бог
Еагар, владетел на Хајмус) и музата Калиопа; основач на религиозните таинства орфика.
3
„Свечени химни“ – свадбени песни, т.н. епиталамии што сватовите ги пееле носејќи
ја невестата кај младоженецот.
4
Кај Хелените и Римјаните свадбите се одржувале навечер и затоа сватовите носеле
факли; ако факлите не гореле добро, тоа се сметало за неповолен знак.
5
Најадите биле речни нимфи, убави млади моми, хранителки на растенијата, пријатели
на луѓето; имале пророчка и исцелителна дарба; Евридика била една од нив.
6
Т.е. Орфеј, нарекуван „родопски“ по планината Родопа во Тракија.
7
Тајнарска порта – според старите Хелени и Римјани имало повеќе влезови во Подземјето;
Тајнарската порта е еден од најпознатите; се наоѓала во Тајнар – најјужниот дел на Пелопонез.
8
Т.е. Кербер – троглавиот пес, чувар на влезот во Подземјето; син на Тифон и Медузи-
ната ќерка Ехидна.
228 Публиј Овидиј Насон

дојдов за жена ми; таа на змија-лутица стапна


која отров и влеа и младост й одзеде бујна.
Нема да кријам, се обидов, сакав болка да свладам;
30 победи Амор, тој бог што на горниот свет му е познат.
Дали и овде е така, се сомневам; мислам е така,
ако измислен не е гласот за древниот грабеж;
Вас исто Амор9 ве сврза; ве колнам во овие места
полни со ужас, во овој безмерен Хаос ве колнам
35 и во молкот на вашето огромно кралство ве молам,
повтор исткајте ја судбата скусена на Евридика.
Вам ви должиме сè, дур и да забавиме малку
доцна ил рано, кон едно место брзаме сите.
Овде ќе дојдеме сите, последниот дом наш е овде,
40 вашата власт над сиот човечки род трае вечно.
И Евридика, одредени години кога ќе минат,
ваша ќе биде, но сега ко дар јас за неа ве молам;
Ако ми одрече судбата милост за мојата жена,
јас не се враќам, на радост нек ви е смртта на двајца!“
45 Дур тој зборуваше така и струни му следеа зборој
плачеа душите бескрвни; Тантал не го фати бранот,
којшто му бега; запре и колцето на Иксиона,
птици не колвеа дроб, а Белидите фрлија урни,
ти, пак, страдалнику Сисифе, седна на твојот камен.
50 Велат, за прв пат од песната трогнати, образи влажни
имале и Евменидите10; молба да одбие тогаш
не можел ни кралот подземен, ниту сопругата кралска.
Евридика ја викнале; таа сред новите сенки
сè уште била; приоѓала бавно с ранетата нога.
55 Заедно с неа и обврска прими Родопскиот Орфеј
да не погледне назад, сè дур Арвернските долој11
не ги напушти сосем, ил напразен ќе му е дарот.
Појдоа тие низ патека стрмна, низ тишина глува,

9
Амор; лат. Купидон; грч. Ерос – син на Венера и Марс; бог на љубовта, кој владее и во
подземниот свет, како и на земјата, за што сведочи љубовта на Дит (Плутон), кој вљубен
во Деметрината ќерка Персефона, ја грабнал од мајка й.
10
За Тантал, Иксион, Титиј, Сизиф и Евменидите, види ги белешките кон Четвртото пеење.
11
Арвернските долини се дел од подземниот свет; наречени се така по Арвернското Езеро,
кое се наоѓа близу до Кума, каде што се верувало дека исто така има влез во Подземјето.
Метаморфози 229

врвица тешка, мрачна со густа обвиена магла;


60 не беа далеку веќе до работ на земното царство;
Орфеј од страв Евридика моќ да не изгуби сосем,
желен да си ја види, поглед сврте кон неа;
таа исчезна веднаш. Тој раце кон неа пружа,
да си ја прегрне сака и преграб да прими од неа,
65 кутриот не допре ништо, сал воздух што пред него бега;
Умре повторно таа, но не го укори мажот,
(зошто ли да го кори, штом тој неа толку ја љуби?)
последно „збогум“ му рече, што Орфеј одвај го слушна,
потем повторно падна, таму од каде што дојде.
70 Стаписан Орфеј од втората смрт на сопругата своја,
престрашен беше ко некој што Песот го видел с три шии12,
средната само со синџир; дур тогаш го напушта стравот
кога се претвора в камен преѓешната сушност и тело,
ил како Олен, кој сета вина на себе ја прими,
75 виновник сака да биде; или ко кутра Летаја13,
в убоста верба што имаше; некогаш здружени срца
бевте, а сега сте стени, под влажната Ида што стојат.
Напразно Орфеј се моли, да премине повторно сака,
бродарот14 брани; тој преседе седум дни така на брегот
80 валкан и без на Церера15 даројте; храна му беа
тагата, болката в душа и потоци горешти солзи.
Колнеше дека се свирепи сите бози на Ереб,16
па на Родопа се прибра и Хајмос17, од северец биен.
Третата година Титан ја оконча с водните Риби18,
85 Орфеј одбиваше љубов со жена, дал зло, што го снајде
ил завет таков си даде; а многу посакаа моми

12
Т.е. Кербер.
13
Летаја, со својата гордост поради својата убавина, ги навредила боговите и тие за казна
ја скамениле неа и нејзиниот сопруг Олен.
14
„Бродарот“, т.е. Харон, кој на чун ги превезувал душите на умрените во Подземјето,
преку реката Ахерон.
15
Церера (грч. Деметра), божица на плодородието; нејзини дарови се житото и лебот.
16
Ереб (грч. мрак) – Подземниот свет; роден од првобитниот Хаос.
17
Родопа и Хајм се тракиски планини, каде што, според верувањето на старите, прес-
тојува ветерот „северец“.
18
Во древноста, годината кај Римјаните почнувала со месецот Март, кога сонцето вле-
гувало во ѕвезденото јато „Риби“.
230 Публиј Овидиј Насон

с пејачот да се сврзат; одбиени, страдаа силно.


Тој, пак, го научи трачкиот народ љубовниот пламен
да го пренесува на млади момци и в раната младост
90 од краткотрајната пролет да кинат најпрви цутој.
Имаше брдо и над него полјана, сосема рамна,
зелена неа ја правеа бројните стракови трева;
немаше никаде сенка; токму таму штом седна
певецот роден од бог и ги раздвижи звучните струни,
95 сенка на местото падна; Хаонско имаше дрво19
и лаг на Хелијади и даб со високи гранки,
и мека липа и бука, а уште и безбрачен лавор,
кршлива леска и јасен, погоден што е за копја,
ела без јазли и даб од желади извиен сиот,
100 уште и разигран платан и јавор во различни бои,
имаше уште и крајбрежни врби и лотоси водни,
шимшир, секогаш зелен и врежика с гранчиња тенки,
двобојна мирта и калинка с темно синкави зрна.
Дојде и ти, витокраки бршлену, дојдоа с тебе
105 лиснати лози и с лозови гранки обвиени брестој,
јасени, јагоди, тешки од темноцрвените плодој,
и палми вити, за победниците награда што се,
поткастрен имаше бор, со рошава коса на врвот,
драг на божјата мајка (што Атис, синот Кибелин
110 човек – преобразен в него и в тоа се скорави стебло).
Во овој собир и кипарис имаше, сличен на конус,
дрво е сега, а младич беше од оној бог љубен,
којшто со струни китара и лак раздвижува лесно20.
Некогаш в полјата Картајски21, нимфи кај владеат красни
115 свет елен имаше; огромен беше, с гранестите рогој
сам на својата глава сенка си фрлаше ладна.
Блескаат рогој од злато, низ стројната шија му виси
сјаен прекрасен ѓердан, од елмази нанижан сиот,

19
„Хаонско дрво“ – даб. Во земјата на Хаонците се наоѓало Додонското пророчиште, со
пророчки даб.
20
Т.е. бил љубен од Аполона.
21
Картајски полја се полињата околу градот Картаја, кој се наоѓал на островот Кеос,
еден од Кикладите.
Метаморфози 231

сребрена була22 на чело со ременца стегната мали


120 рамни по лета со него; од обете уши му сјае
бисер што слободно виси околу слепото око.
Не знае тој што е страв, од природа бестрашен роден,
в домој влегуваше сам и дур на непознати раце
пружаше слободно врат да го милува секој што сака.
125 Најмил ти беше, Кипарисе, најличен в којското племе23,
тебе; ти него на ливади росни го водеше често,
но и на поило ладно крај шумски извори бистри,
венци му плетеше често од шарено цвеќе на рогој,
ил како коњаник весел на грб ќе му седнеше често,
130 и со пурпурна узда го јаваше напред и назад.
Еднаш, лете, напладне, од сончева жештина силна
гореа витите пипки на Ракот24, крајбрежниот жител.
Еленот телото морно, го спростре на тревната земја,
свеж лад вдишуваше жедно под сенка од блиското дрво.
135 Кипарис, лудо ем младо, го погоди с острата стрела
и штом го виде од лута кај умира еленот рана,
посака и тој да умре. О, какви не утешни зборој
Фојб му рече! Нек не страда повеќе одошто ред е!
Тој сепак пролева солзи, од бозите заден дар моли
140 оваа болка во срцето негово вечно да трае.
Веќе од плачот неизмерен бескрвен постана сосем
телото негово зелена почна да добива боја,
косите кои му висеа над снежнобелото чело,
накострешена станаа шума, попримија крутост,
145 свртени с тенкиот врв кон небото, полно со ѕвезди.
Богот воздивна тажно и рече: „Ќе жалиме вечно
ние по тебе, а ти, пак, по други, до скрбните близу“.
Таквиот лаг го привлече певецот; седеше везден
среде глутница ѕверој и среде јата од птици.
150 Кога со палецот доволно удри по звучните струни
и кога сети, иако различни звуци се слушаат,
сепак тие се складни, па ваква запеа песна:
„Почни ја мојата песна, од Јупитер, о, мајко Музо,
22
Була (лат. bulla) медалјон.
23
Којско племе – потомците на титанот Кој, таткото на Латона и на Астерија.
24
На почетокот од летото сонцето се наоѓа во ѕвезденото јато „Рак“.
232 Публиј Овидиј Насон

(зашто на Јупитер власта пред сите е прва).


155 Порано често за власта на Јупитер славен јас пеев,
за Гигантите пеев јас со возвишенава лира
и победничките ровји ширум Флеграјските полја25.
Сега ќе треба со попроста песна да пеам за момци,
што од бозите љубени биле, но и за моми
160 кои распалени од страсти скверни заслужиле казна“.
Кралот на бозите некогаш пламна од безмерна љубов
по Фригиецот Ганимед; најде тогаш тој нешто
повеќе што ќе го сака, одошто Јупитер да е;
сепак не посака да се претвори в подруга птица
165 освен во таква што може молњите да му ги носи26.
Веднаш, с позајмени крилја се разлета в ширниот воздух,
Илијадот27 го грабна. Тој сега на Јупитер нектар
в чаши му лее, го служи и против Јунонина волја.
Исто и тебе, Амиклиде28, Фојб би те ставил на небо,
170 сал да му дадеше скрбната судба време за тоа.
Сепак, колку е можно, си вечен; секогаш кога
пролетта протера зима и Овнот зад водната Риба
доаѓа29, пак ти се раѓаш со цутој в зелената трева.
Татко ми тебе те најмногу љуби, па дури и Делфи,
175 што е насреде светот30 без бранител остана долго;
Кога Фојб беше во незаштитена Спарта31 и Еврот,
не мисли ни на китарата, ниту на своите стрели,
заборави кој е, не одбива мрежите да му ги носи,
пците да му ги држи и придружник негов да биде
180 низ непроодни сртој и долго пламти од љубов.

25
Флеграјски полја – планинска вулканска област, родното место на гигантите, каде што
била и битката меѓу нив (грч. гигантомахија); според Овидиј, близу до Кума (Путеоли)
западно од Неапол.
26
Орел.
27
Илијад е Ганимед, син на тројанскиот крал Трос; бил најубав сред смртните луѓе.
28
Амиклид е Хијакинт, внук на Амиклес, основач на градот Амикла во Лакедајмон, каде
што долго подоцна бил покажуван гробот на Хијакинт и секоја година имало празненства
во негова чест.
29
Т.е. за време на пролетниот еквиноциј, кога ѕвезденото јато „Овен“ излегува од ѕвез-
деното јато „Риби“.
30
Хелените верувале дека Делфи бил центар на целата земја.
31
До III век пр. Хр. Спарта не била заштитена со бедеми.
Метаморфози 233

Меѓу претходната ноќ и таа што следи е Титан,


на растојание точно по среде обете стои.
Двајцата фрлија руво, од сок од маслинка зрела
блескаа; фрлање широк диск в натпревар почнаа тие.
185 Прв диск замавна Фојб и го фрли в небесните висој
облаци раскина с дискот, што стоеја наспроти него;
долго потоа падна дискот на земјата тврда;
така тој покажа вештина, здружена с голема сила.
Веднаш, неразумно Тајнаридот32, занесен в игра
190 потрча да го крене, но од тврдата земја
отскокна дискот и в лице, Хијакинте, тебе те удри.
Пребледна самиот бог исто како и момчето младо
па го крена на раце изнемоштеното тело;
час да те загрее сака, час лути рани ти блажи,
195 час со билки ти здржува душа, што летнува веќе.
Но не помага видање на неизлечива рана.
Ко штом в градината некогаш висок мак истргне некој
или синоличка, или, пак, лилјан со прашници жолти,
веднаш ќе наведнат сите удолу свенати глави,
200 не можат да се држат и с врвот во земјата гледаат,
така му налегна лице пред смртта, вратот пак негов
изгуби сила, од тежина потем на рамо му падна.
„Паѓаш, Ојбалов сине, од првата истргнат младост.“
Рече Фојб: „Твојата рана ја гледам, што моја е вина.
205 Ти си ми болка и злостор мој; мојата десница клета
виновник е за твојата смрт; јас убиец твој сум.
Која е мојата вина, сем ако игра е вина?
Што може вина да биде, ако да љубиш е вина?
О, камо среќа да можам и јас со тебе да умрам!
210 Но, зашто законот судбински не ни го допушта тоа,
секогаш с мене ќе бидеш во спомен и в устата моја.
Ќе те воспевам в песни со раце што бијат по лира,
нов цвет ќе бидеш, со натпис за мојата жалост ќе збориш.
Кога време ќе дојде најхрабриот јунак во тој цвет
215 ќе се претвори и на истиот лист ќе се впише“.
Додека с вистинска уста Аполон говореше така,
32
Тајнарид – момче од Тајнар, т.е. Хијакинт.
234 Публиј Овидиј Насон

крвта, што веќе се разли по земја, и обои трева


веќе не беше крв, а поприми облик на цвеќе,
посјајно од Тирискиот пурпур, слично на лилјан,
220 само што лилјанот сребрест е, ова пак с пурпурна боја.
Фојб (што оваа чест му ја даде) задоволен не е;
сам тој на листот ја испиша својата голема болка,
натписот „АЈ, АЈ“ на цветот, е с букви искажана жалост.
Спарта е горда што красен Хијакинта таа го роди,
225 честа му трае до денес, па според обичајот древен
секое лето Хијантии слават со достојна раскош.
Ако го прашаш ти Аматунта33, богат со руди,
Пропојтидите34 дали ги родил, ќе одрече веднаш,
ко што ни тие, што некогаш беа на чело с два рога,
230 па зарад тоа го добија своето име Керасти35.
Пред нивни порти на Јупитер – Гостински имаше олтар;
Ако некој, кој не знаел дека е скверно, го видел
извалкан с крвој, би помислил дека заклале тука
Аматусиски овци или, пак, цицалче-теле;
235 Заклан бил гост! Од скверните жртви навредена тогаш
Венера блага градојте да ги напушти свои
и Офиуските полја36, се готви: „Што згрешиле сега
милите места мои и градој? Што вина имаат?
Поскоро казнет нек биде безбожниот народ со прогон,
240 или со смрт, ил со нешто што е среде смрт и сред прогон;
има ли друга казна сем да им изменам облик?“
Дур се двоумеше в што да ги претвори, поглед и падна
на роговите; одлучи, да им останат такви,
но грамадните тела во диви ги претвори јунци.
245 А Пропојтидите бесрамни смелост имале дури
да одречуваат Венера дека е божица права.
Велат, зарад божескиот гнев започнале тие,

33
Аматунт – град на Кипар, каде особено била честена Афродита (Венера), за која се
сметало дека е родена на Кипар.
34
Пропојтиди – девојки од Кипар, кои не ја признавале божественоста на Венера, па
затоа таа ги скаменила
35
Керасти – грч. „рогати“ – митски жители на Кипар, чие древно име било Керастис.
36
Офиуски полја – Офиуса, име на повеќе острови, па и на Кипар; значењето му е
„змијарник“, поради многуте змии што ги имало таму.
Метаморфози 235

да ги предаваат своите тела и убост на сите;


Штом го изгубија срамот, крв им се здрви на лице
250 различни станаа малку сал од оној тврд кремен-камен.
Пигмалион37 кога виде кај в срам го минуваат векот
возмутен од пороците, какви што природа дава
најчесто на умот женски, без жена живееше долго
безбрачен ерген беше, без друшка во своето легло.
255 Сепак, со чудесна вештина изваја снежнобел филдиш,
женски облик му даде, каков на свет не се родил
и во својата прекрасна творба на жена се вљубил.
Ликот й беше на дева, би помислил дека е жива,
да не ја здржува срам, чиниш, токму сака да појде;
260 Така со вештина умешност скрил па восхитен сосем
Пигмалион кон божемното тело гори од љубов.
Често со раце испитува, дали е тело ил филдиш,
не сака сам да си признае дека е тоа сал филдиш;
бакнежи безброј й дава, му возвраќа таа, тој мисли,
265 зборува со неа, в преграб ја држи и верува, беден,
дека со прстите свои живо допира тело;
дури се плаши модринки да не й остави с прсти;
час се умилкува, час ја опсипува с безбројни дарој
мили што се на моми: каменчиња глатки и школки,
270 малечки птички и цвеќиња в илјада различни бои,
лилјани, шарени топки и солзи од Хилијади38,
облека красна за снага, бесценети геми за прсти,
ѓердани долги за вратот, за ушите бисери ситни,
а на гради й става да висат ѓердани долги;
275 Сè тоа добро й стои; но и гола е прекрасна таа.
Тој ја става на легло, бојосано с Сидонска школка39,
либе свое ја вика, врат в меко й легнува перје,
ко да ќе чувствува таа, нежно ја полага таму.
Празникот Венерин дојде, најславен в целиот Кипар,
280 заклани с секира беа, јуници с вратови снежни
и со обвивка златна на своите рогови криви;
Темјан сегде се дими; до олтар штом принесе жртва,
37
Пигмалион бил крал на островот Кипар; се заљубил во кипот на божицата Афродита.
38
Солзите на Хилијадите биле килибар.
39
Сидонска школка – од сокот на школките, најдени крај градот Сидон, се правел пурпур.
236 Публиј Овидиј Насон

застана Пигмалион и плашливо изусти вака:


„Семоќни ако сте, бози, за себе сопруга сакам“,
285 немаше смелост да рече: „филдишена“, туку сал рече:
„слична на таа од филдиш“. Почувствува Венера златна,
која на своето празненство самата присутна беше,
што значи оваа желба; ко знак на божеска милост
три пати запали пламен со врвот кон небото вивнат.
290 Кога оној се врати, на момата кипот го бара,
легна до неа, ја бакнува; чувствува дека е топла;
повтор ја допира с усни, ја пипнува с раце по гради,
филдишот допрен се смекнал, ја изгубил тврдоста своја,
нагмечен тој е под прсти, ко што Химетскиот восок40
295 смекнат од сонце, па гмечен со прсти, тој облици многу
добива лесно; и за обработка погоден бива.
Зачуден, радосен но и со сомнеж дека се мами,
повторно, тој ја проверува с рацете својата мечта.
Жива е! Бијат со прст притиснатите нејзини жили.
300 Тогаш Пафискиот јунак41 благодарност с безбројни зборој
искажа на божицата Венера. С усните свои
најсетне вистински притисна усни, а бакнежот таа
сега го сети, се вцрви и крена срамежливо поглед
кон неговите очи, па виде и небо и љубен.
305 Венера свадба им направи, гостинка беше и таа.
Штом веќе месецот сврза девет пати в круг свои рогој,
таа Пафа ја роди, и островот така се вика.
Таа го роди уште Кинирас42; да немаше пород
меѓу среќните смртници секако сметан ќе беше.
310 Ужасна песна ќе пеам; бегајте татковци, ќерки!
Ако, пак, срцата ваши ги трогне мојата песна,
верба немајте в мене ниту во оваа случка.
Ако верувате в неа, и в казната имајте верба.
Ако природата допушта сепак злосторство такво,

40
Планината Химет, која се наоѓала во Атика, била прочуена поради бројноста на пче-
лите и медот.
41
Т.е. Пигмалион, наречен така според градот Паф, кој се наоѓал на западниот брег на Кипар.
42
Кинирис бил крал на Кипар, татко на Мира и Адонис, прочуен по својата убавина и
богатство.
Метаморфози 237

315 тогаш го фалам Исмарското племе43 и нашава област


близу што не е до оној предел што таков грев родил.
Богата нека е с дарчин, с балсам, со кост и со темјан44,
кој од дрвото тече, и с цвеќиња разни Панхаја45,
смирна46 нек има, но новото дрво ја чинеше скапо.
320 Купидон сам вели, стрелите негови немале вина
за тебе, Мира, за тој злостор факел не испратил богот;
една од сестрите три47 ти вдахнала стигиски колец
и со надуени змии; злостор е татко да мразиш,
но дур од омраза поголем злостор е ваквата љубов.
325 Тебе те бараа одбрани момци од целиот Исток,
натпревар има за твојата рака; избери еден
маж од сите, но само еден не избирај, Мира.
Таа го чувствува тоа, се бори со страшната љубов,
во себе збори: „Што сум намислила? Што ми е в умот?
330 Бози, побожност света и татковски права, ве молам
грев нека не сторам јас, спречете го злосторов страшен,
ако е злостор; љубов кон ближните казнива не е;
без некој избор животните општат помеѓу себе;
срамотно не е јуницата татко на грб свој да носи,
335 жена на коњот може да биде неговата ќерка,
јарецот општи со своите рожби, зачнува птица
со исто семе од оној од кого што зачната била.
Среќни се тие на коишто тоа допуштено им е!
Човекот само злобни пропишал закони, кои
340 она што допушта природа, завидни закони бранат.
Велат, народи има кај кои мајка со синот,
ќерка со татко се здружува; вдвоена, љубовта расте.
Кутрата јас! Но зошто не се родив в таквите земји,
страдам од родниот крај! Но зошто тоа сал мислам?
345 Бегајте од мене, надежи клети: достоен тој е
јас да го љубам, но само ко татко! Да не бев јас ќерка

43
Исмарско племе, синоним за тракиско.
44
Наброените растенија вирееле на Исток и од нив се подготвувале скапоцени масти.
45
Панхаја – (грч. целата прекрасна) митска земја на Исток (Индија и Арабија); позната
по изобилие на мирисливи растенија.
46
Смирна, лат. murra; myrra, што асоцира на името Мира.
47
Трите сестри се Ериниите, божици на одмаздата од Подземјето; лат. фурии.
238 Публиј Овидиј Насон

на Кинираса велик, ќе можев со него да легнам.


Сега, штом веќе е мој, не е мој; самото сродство
казна за мене е; повеќе јас да бев туѓа, ќе можев.
350 Треба да бегам од тука, да напуштам краишта родни,
за да го избегнам гревот. Но страшниот пламен ме држи
тука љубениот јас ќе го гледам, ќе зборувам с него,
ќе го допирам, бакнувам бар, ако не можам друго.
Можеш ли нешто друго да чекаш, ти порочна дево?
355 Чувствуваш ли колку мешаш и имиња, мешаш и права!?
Ти ли ќе бидеш на мајка си соперник, татково блудство?
Ти ли на синот сестра ќе бидеш, на брата си мајка?
Не ли се плашиш од сестрите с коси од змиишта црни,
кои со страшните факли напаѓаат очи и лица
360 а тоа срцата грешни го гледаат? Дури со тело
грев не си сторила уште, не ни помислувај веќе
на грешна љубов, не гнаси закон на природа моќна!
Дур и да сакаш, неможно е! Тој побожен маж е,
знае за закон. О камо и в него да гори страст слична!“
365 Тоа го рече, а Кинирас збунет од бројните просци
веќе се двоуми, што ли да прави; ја прашува неа,
имиња реди, кого за маж би го сакала таа;
таа сал молчи, вперила поглед в татковото лице,
пламти и пролева горешти солзи низ образи красни.
370 Кинирас мисли, тоа се само момински стравој,
не й дава да плаче, со бакнежи образ й брише.
Мира се радува многу, запрашана, каков маж сака,
„Сличен да биде на тебе“, одговара. Не разбрал тој, пак
неа ја фали: „Секогаш љубов кон татка да имаш“.
375 Девата зборот „љубов“ кога го слушна, веднаш
наведна лице, свесна во себе за својата вина.
Среде ноќ беше, олабави сонот и тела и грижи,
но од нескротливи огној гори девојката будна,
в себе обмислува кришно бесни и безумни мечти;
380 час в очај паѓа, обид да направи сака, се срами,
но и посакува; излез не наоѓа; секира како
огромно стебло штом рани, и чека на последен удар,
не знае никој каде ќе падне и сите се плашат,
така нејзината душа се клати од различни рани,
Метаморфози 239

390 лекомислено, наваму-натаму насока зема,


крај и спокој од љубовта в смртта сал, кутрата, бара.
Смртта ја избра; со јамка се одлучи грло да стегне;
појасот потем го врза на работ од вратата горе
извика: „Збогум, Кинирасе мил, зошто умирам, сфати!“
395 рече, па веднаш ја провре во јамката шијата бледа.
Велат, стигнал до ушите на доилката шумот
на зборовите; таа, пак верна, до вратата била.
Старата скокнала веднаш и ширум отворила врата,
видела справи смртоносни, веќе подготвени внатре;
400 вреснала потем, се удрила в гради, раскинала скутој,
скинала јамка од вратот на Мира; заплакала тогаш,
ја прегрнала, прашала зошто й требала јамка.
Момата молчи ко нема, неподвижна гледа во земја,
жали што обидот нејзин за смрт бил премногу бавен.
405 Старата упорно прашува; коси расплетува бели,
в градите суви ја колне, во лулката, в првото млеко
да й се довери зошто е тажна. Но одговор нема.
Мира се врти и плаче. Доилката сака да знае,
не само верност й ветува; вели: „Кажи ми, ајде,
410 допушти јас да ти помогнам, не сум јас мрзлива старка.
Ако е бес, јас знам една бајачка с билки што лечи,
ако е магија, дај да те исчистам с магиски обред,
ако е божески гнев, со жртви се смирува гневот.
Што да помислам друго? Имаш и дом и имот,
415 среќни се и во полн подем, живи и мајка и татко“.
Мира штом слушна „татко“, од срце воздивна тешко;
но за некаков грев доилката не мисли уште;
сепак претчувствува љубов, но упорно сака да знае
моли, што и да има, нек й се довери нејзе,
420 па расплакана така, ја крева во старечки скутој,
с мишките слаби ја гушка и вака нежно й вели:
„Љубиш, јас гледам, но тука (не плаши се) мојата ревност
ќе ти биде од полза; за ова никогаш нема
твојот татко да знае“. Бесно од скутот й скокна
425 стисна до леглото лице и рече: „Бегај, те молам,
в срамот поштеди ме. Оди, да прашуваш престани веќе,
што болка имам! Злостор е она што сакаш да знаеш!“
240 Публиј Овидиј Насон

Старката растреперени раце од страв и од старост


протегна, стресена сета, пред нозете падна молејќи
430 на питомката своја; ја гали, и закани реди
дека ќе каже за јамката – самоубиствен обид,
сал ако не й открие зошто го правела тоа.
Ветува помош, ако й признае кого го љуби.
Глава подигна Мира и пролеа потоци солзи
435 на дадилката в гради; да признае посака често,
често гласот й секна, засрамена лице си покри
с рубата своја и рече: „Среќна си, мајко, со мажот“.
Тоа сал рече и заплака; студен трепет низ тело
и низ коски почувствува кутрата доилка стара;
440 разбра; од целото теме се наежи косата бела
й се разбушави сета; совети бројни й дава
страшната страст, ако може, да ја истисне веднаш.
Девата добро знае, полезен совет е тоа;
но ако тој што го љуби, го нема, ќе сака да умре.
445 Онаа рече сал: „Живеј и ќе го имаш ти твојот...“
не смее „татко“ да каже; молкна и клетва й даде.
Мајките набожни славеа годишен празник Церерин48
кога облечени в одежди бели да принесат одат
в венци од класови сплетени плодој од првата берба,
450 девет не смеат ноќи со своите мажи да општат;
в толпата заедно с овие жени и Кенхреида49,
сопруга кралска, учествува в овие таинства свети.
И дури без сопругата законска остана празно
леглото, вредната старка го затече Кинирас пијан
455 и под измислено име му открива вистинска љубов,
ликот го фали нејзин; за години, Кинирас праша,
кажува: „Врсничка й е на Мира“. Тој вели: „Нек дојде!“
Дома се врати, на Мира й вели: „Радуј се чедо!
Ние победивме!“ Кутрата дева не чувствува радост,
460 в срце претчувствува зло и скрбна е поради тоа,
сепак и радосна е; во душа и раздор е голем.

48
За време на Церерините празненства мажените жени не смееле да општат со своите
сопрузи.
49
Кернхреида била сопруга на Кинирас и мајка на Мира.
Метаморфози 241

Глува настана доба, меѓу Трионите веќе


Боот ја беше свртил рудата с наведнат процеп,
Мира кон гревот свој оди; од небото златниот месец
465 бега, а облаци црни невидливи скриваат ѕвезди;
Светлина в ноќта нема, Икаре50, прв ти го сокри
лицето и Еригона, од љубов кон татка си света.
Триж сопнувајќи се знак й се даде, триж запеа бувот
птица мртовечка, песна й сигурна навести гибел;
470 таа и натаму оди, срам сокрива в мракот и ноќта;
с левица држи на старката рака, со другата ала
пат во темнината; веќе до прагот на спалната дојде,
отвора врата, влегува внатре, й треперат нозе,
изгуби боја и крв, дур оди, губи и храброст
475 колку до гревот е поблизу, повеќе ужас ја фаќа,
за својот потфат се кае, татко й дур не ја видел
сака да може веднаш назад да си се врати.
Дури се двоуми таа, старата с рака ја води
до висок диван и вели: „Земи ја, твоја е сега
480 Кинирас!“ и проколнатите тела потем ги здружи.
Таткото в блудното легло утробата своја ја прими,
стравот девствен од неа го гони и храброст й дава.
Заради возраста можеби с името „ќерко“ ја вика,
таа, пак, „татко“ му вели, злосторот име да има.
485 Тешка од татково легло си оди, в утробата грешна
семе чудовишно носи, што вина е зачната веќе.
Следната ноќ го повтори гревот, крај не беше тогаш,
сè дур не посака тој на љубената лик да й види
по толку љубовни средби; донесоа ламба; го виде
490 гревот и ќерката тој; од болка му замрзна гласот,
па од ножницата тој го истргна мечот свој сјаен;
Избега Мира, се спаси од смртта в темнината ноќна,
потем талкајќи низ ширните полја ја напушти сосем
палмородна Арабија и Панхајските села;
495 талкаше дур девет пати рогови месецот врати,
50
Икар од Атика, љубезно го примил во својот дом богот Дионис, кој за возврат му дал
винова лоза за да ја насади; Икар им дал вино на атичките овчари, а тие, мислејќи дека им
дал отров, го убиле. Неговата ќерка Еригона, од жал за татка си се обесила над неговото
мртво тело; бозите обата ги претвориле во ѕвезди.
242 Публиј Овидиј Насон

најсетне, морна, починка најде в Сабајската земја51;


бремето одвај го влече и не знае, што да се моли,
па меѓу стравот од смртта, од животот згадена сосем,
молитва изрече ваква: „О, бози, ако сте спремни
500 исповед моја да чуете; тешка јас заслужив казна;
но да не повредам жива јас живи, а умрена мртви,
не пуштајте ме мене ни в едно од обете кралства,
променете ме, не допуштајте ми смрт ниту живот!“
Некој бог неа ја слушна; секако задните молби
505 богови имаат свои. Дур таа зборуваше така
земја й поклопи нозе, низ ноктите избива косо
корен, што потпора силна ќе е на долгото стебло,
коските станаа цврсти, срцевина остана само,
крвта се претвори в сокој, а рацете в големи гранки,
510 прстите в гранчиња; в кора се стврдна нејзината кожа.
Дрвото израсна веќе, утробата тешка ја скова,
градите веќе ги снема, се токмеше врат да й скрие,
таа не чека веќе, на дрвото помош му пружа,
самата своето лице го втисна в дрвената кора.
515 Иако с телото таа ги изгуби старите чувства,
плачеше сепак; од дрвото врели се слеваа капки.
Солзите добија чест, од дрвото мира52 што тече,
име нејзино носи и така вечно ќе биде.
В лош час зачнатото дете под кората растеше само,
520 да ја напушти мајка си пат да излезе бара;
среде на дрвото набабри силно бремениот стомак
и ја растргнува мајката; болката зборови нема,
дури се пораѓа не може да ја викне Луцина53.
Дрвото, слично на родилка често се витка и грчи,
525 стенка и станува влажно од солзи што капат од неа.
Сепак блага Луцина до скрбните застана гранки,
доближи раце и изрече зборој за раѓање лесно.
Распука дрвото, живото бреме од кората падна,
заплака момче; најади го ставаат в меката трева
530 така положено, с мајчините солзи него го мијат.
51
Сабајската земја се наоѓала во југозападна Арабија.
52
Лат. murra/myrra = смирна, смирново дрво.
53
Луцина е божица која им помага на родилките и им го олеснува породувањето.
Метаморфози 243

Дури и Зависта пофалби има за ликот негов;


како на сликите Амори голи прикажани што се
таков и тој е; по облека исти тие би биле,
дај му на овој, на оној, пак, одземи лесна фаретра.
535 Минува кришум крилатото време и мами, па ништо
од годините побрзо не е; од сестра си роден
и од дедото свој, а доскоро в дрвото скриен,
роден неодамна беше; прекрасното доскоро дете,
постана младич, па маж, кој с убавина себе се надви,
540 Венера в него се вљуби, за мајчини одмазда маки.
Синот с фаретра на мајка си бакнежи дури й давал,
несвесно Венера с врвот од стрелата в гради ја ранил;
С рака го турна ранетата божица; раната беше
сепак подлабока, одошто отпрвин помисли таа.
545 Вљубена в ликот на овој маж, таа ги напушти тогаш
Китерејските брегој, опашани с длабоко море
Пафос и Книд полнорибен, Аматунт, богат со руда,
бега од небо, пред небото таа Адонис го става.
Не го пушта од себе, го следи; навикната в сенка
550 да се грижи за убоста и да ја негува таму
сега низ сртој, низ гори, низ трнливи камења талка,
с руба опашана сè до колената, како Дијана
пците ги гони, ко сигурен плен животинки лови,
трча по зајаци брзи и елени с високи рогој,
555 диви кози и срни, но не гиба вепрови силни,
бега од грабливи волци и мечки, оружени с канџи,
лавој одбегнува исто, што с добиток заклан се хранат.
Страв да имаш од нив, Адонисе, тебе те учи,
ако ти помага совет: „Кон страшливци храбар ти биди,
560 но кон бестрашните смелоста безбедна не е“, му вели.
„Од опасности, момче неразумно, штеди ме мене,
не дразни ѕвер, кому природа оружје силно му дала,
прескапа да не е славата твоја; ни младост ни убост
Венера што ја трогнаа, не ќе ги трогнат лавоите,
565 ни четинестите вепри, ни очи ни срца на ѕверој.
Молња се крие во забите криви на лутите вепрој,
а, пак, лисите лавој напаѓаат с огромна јарост;
таквите ѕверој ги мразам.“ „Но зошто?“ момчето праша;
244 Публиј Овидиј Насон

таа му вели: „Ќе кажам, а ти ќе се чудиш на гревот


570 древен. Но морна сум веќе од несекојдневниот напор;
Ене, тополата с угодна сенка веќе нè мами,
тревата легло ни пружа; до тебе да легнам сум желна“.
(Легна таа) на земја, во трева до него се припи,
вратот го наслони свој на скутот од младото момче;
575 вака проговори, с бакнежи прекинувајќи се често:
„Можеби веќе си слушнал: некоја мома во трка
брзи победила мажи; и не е сал приказна празна;
вистина таа победила; не можеш дури да кажеш
дал била с побрзи нозе или, пак, најпрва с убост“.
580 Кога го прашала богот, кого да земе за сопруг,
богот й рекол: „Не ти треба, Аталанта, маж тебе,
бегај од брак; но нема да можеш, ќе загубиш живот“.
В страв од пророштвото божје живеела в шумите темни
без да се мажи; одбегнува толпа настојчиви просци
585 с претежок услов: „Кој в трка ме победи, тој ќе ме земе;
ајде во натпревар в трчање сега со мене сите;
награда нек е за брзиот жена и постела брачна,
бавниот с живот нек плати; ова нек правило биде“.
Правило строго, но (толкава в убоста имала сила)
590 толпа неразумни просци и с ваквиот услов се збрала.
Хипомен седи, гледа на нерамноправната трка;
рече: „Зар жена се бара со толку опасности тешки?“
Вака ги прекори тој прекумерните младешки страсти;
но штом й здогледа лице и тело без облека, голо,
595 ко што е моето тело, ил твоето, жена да беше,
стаписан подигнал раце и рекол: „Простете сите
вам што ви згрешив пред малку; јас не знаев награда каква
баравте вие“. Фалејќи ја сам тој почувствувал пламен,
посакал ниеден да не ја престигне младич; се плашел.
600 Рекол завидливо: „Зошто и јас да не испитам среќа
в оваа трка? На смелите бог сам им помага штедро!“
Дур така Хипомен мислеше в себе, со крилати стапки
момата долета. Иако на овој Аонски младич54
му се стори ко скитска стрела да долета, сепак
54
Аонски младич е Хипомен.
Метаморфози 245

605 повеќе тој се восхити на нејзината убост.


Трката повеќе уште ја зголеми убоста нејна;
ветре од брзите стапала нејзини руво й вее,
коси развеала бујни низ филдишените плеќи
а под колената носи траки со везени рабој;
610 в телото, момински бело руменило, еве се прсна,
завеса како што фрла пурпурна сенка в бел атриј.
Гостот дур ова го види, до целта пристигнала таа
и Аталанта на глава го става победниот венец.
Победените в плач, според условот, плаќаат казна.
615 Младичот сепак не се плаши од неуспехот нивни,
застана с поглед во лицето моминско прекрасно вперен:
„Лесна слава ти бараш слабаци победувајќи;
со мене бори се“, рече, „но ако среќата сила
мене ми даде, не ќе се срамиш од победник ваков;
620 Зашто Мегареј од Онхест55 е тој што мене ме роди,
Нептунов внук, а јас сум на кралот на водите правнук;
храброста нам ни е в родот; ил ќе ме победиш мене,
па штом го победиш Хипомен, име ќе стекнеш ти славно“.
Дури тој зборува така Схојнеевата ќерка
625 милно го гледа, се двоуми, дали повеќе сака
победа или од него победена таа да биде,
па вели вака: „Кој ли бог, враг на убавците, сака
да го погуби него, и с гибел на животот свиден
кон овој брак тој го гони? Вредна баш толку јас не сум.
630 Убоста негова не ме трогнува мене (а може);
сè уште млад е; ме трогна не тој а неговата младост.
Па е и храбар уште, од смртта зар в срце страв нема?
Зар не е четврти потомок на господарот морски?
Потем, зар толку ме љуби и толку брак со мене сака,
635 готов да гине, суровата судба ако го спречи?
Туѓинче, бегај, дур можеш од постела крвава брачна.
Бракот со мене е свиреп; не ќе те одбие тебе
ниедна мома; ќе бидеш сакан од разумна дева.
Што пак се грижам за тебе, штом мнозина погубив веќе?
640 Нека се реши! Нек загине, ука штом не му е нему
55
Онхест се наоѓал помеѓу Теба и Хилијарт во Беотија.
246 Публиј Овидиј Насон

гибелта на сите просци, штом живот му омрзнал веќе.


Но зар да загине, зашто со мене да живее сака,
награда за таа љубов недостојна смрт да му биде?
Неподнослива омраза мојата победа ќе е.
645 Вината не ќе е моја! О, сал да се откажеш сега!
Или, безумен штом си, камо да бидеш бар побрз!
Ах, колку девствен лик има во твоето момчешко лице!
Ах, кутар Хипомене, да не ме видеше мене!
Достоен ти си за живот! Да имав поголема среќа,
650 брак да не ми одречеше мене жестоката судба,
с тебе единствено постела брачна да делам ќе сакав“.
Рече, неискусна уште, од прва обземена љубов,
што прави, не знае; љуби, но не распознава љубов.
Трка наредна бара и народ и таткото нејзин,
655 кога на Нептун потомокот Хипомен мене ме викна
с глас вознемирен: „Китерко56, сега да помогнеш, молам,
на мојот потфат со пламот, што ми го разгоре в срце“.
Нежната молба до мене ја донесе благото ветре;
признавам, трогната бев; да помогнам побрзав тогаш.
660 Има Тамасенско поле57, жителите така го викаат,
најдобар предел в Кипарската земја, од древните старци
мене посветено, дар, што на моите им припаѓа храмој;
сред поле сјаеше дрво со златни лисја и гранки;
Оттаму случајно минав три јаболка златни носејќи,
665 што со моја ги откинав рака; не ме виде никој,
освен Хипомен; пријдов, за што служат, тогаш му кажав.
Трубата даде знак, од оградата обата веднаш
стрчаа, одвај да допрат до песокот с брзите нозе;
ко да по море со суви стапала, мислиш, се лизгаат
670 или над сив посев трчаат низ исправеното класје.
Викаат сите, го бодрат младичот с викот и восхит:
„Сега, Хипомене, сега е време да напрегнеш сили!
Брзај, не бави се, потрчај сега со сите сили!
Ти ќе победиш!“ Не знаеш дали на ваквите зборој
56
Китерка е Венера, нарекувана така според островот Китера, кој се наоѓал јужно од
Пелопонез; таму се наоѓало прочуено светилиште на Венера и било центар на нејзиниот
култ; според Хесиод, таа на брегот од овој остров излегла по раѓањето од морската пена.
57
Поле, околу градот Тамас на островот Кипар, богат со бакар.
Метаморфози 247

675 Хипомен ил Аталанта поголема чувствува радост.


Ах, колку таа забавува, кога да премине може,
безволно таа се дели од ликот, што долго го гледа!
Врел здив излегува веќе од морната негова уста,
целта е далеку уште; но тогаш една од трите
680 плода од дрвото фрли потомокот Нептунов храбар.
Застана момата, насока сврте од силната желба
по јаболкото сјајно; ја крена јаболката златна;
Хипомен тогаш ја превтаса; сите заплескаа силно;
го надомести времето таа со трчање брзо
685 и по втор пат го остави зад себе момчето младо;
повтор ја задржа тој штом втора јаболка фрли,
таа трча по него, го преоѓа; остана уште
последен дел од трката, тогаш тој извика вака:
„Помагај сега, божице, с дарот што ми го даде!“
690 Потем со младешка сила, за да ја забави неа,
сјајното злато го фрли од накосо в полето ширно.
Момата, чиниш, се двоуми, дали да трча по него;
да го крене ја натерав; додадов тежест на плодот;
така со бремето тешко ја забавив в трката неа.
695 Подолга да не е мојата реч од самата трка,
изгуби таа и награда на победникот стана.
Но зар, Адонисе, јас за благодарност достојна не бев,
та да ме почестиш с темјан. Благодарен тој не ми беше,
ниту ми закади темјан. Веднаш се разгневив силно,
700 презрена страдав и в иднина да не ме презира никој,
пример јас дадов; се настрвив јас на обајцата тогаш.
Одеа тие крај храмот Кибелин, сограден дамна
од Ехиона58 славен по завет, во шумата скриен.
Морни од долгиот пат, побараа починка таму;
705 но ненавремена страст за љубовна наслада тогаш
Хипомена го обзеде, с мојата божеска волја.
Близу до храмот имаше заклон, со светлина скудна,
слично на пештера, с покрив од шуплив природен камен;
светија древна; жрецот дрвени натрупал таму

58
Ехион (грч. „змиски маж“); еден од петтемина спарти, мажи, што изникнале од забите
на змејот што ги посеал Кадмо; й подигнал храм на Кибела.
248 Публиј Овидиј Насон

710 кипови многубројни од повеќе божества стари.


Влегоа внатре и с блуд го осквернија светото место.
Бозите свртеа очи, а Мајката с венец ко кула59,
помисли дал да ги фрли грешниците в Стишките браној;
но й се стори казната лесна; па шиите нивни
715 с жолти ги покри гриви, а прсти им искриви в канџи;
плеќите станаа плешки; тежината в градите мина,
а со опашките горниот слој од правот го метат.
Гнев им е втиснат на лице, рикот е нивниот говор,
шумите легла се нивни; за другите страшни се лавој,
720 кои со питоми заби Кибелини гризат узди.
Бегај, ти мил мој, од нив и од сите видови ѕверој,
кои во борбата не покажуваат грб, туку гради,
твојата храброст за двајцата нас да не биде гибел!
Таков совет му даде, на лебеди летна во воздух,
725 храброста негова покажа отпор кон ваквиот совет.
Случајно пците од легало вепар изгонија еднаш
сигурни траги следејќи; штом излезе вепрот од шума
младиот син на Кинирас го погоди с удар отстрана;
веднаш со кривата рилка го скрши крвавото копје
730 дивиот вепар; го подгони ловецот, ужаснат сиот,
кој веќе бараше заклон; во слабини заби му зари
и го спростре на жолтиот песок во претсмртни маки.
Венера не стигна уште до Кипар, с колесница лесна,
влечена с крилја лебедови низ ширно проѕирно небо;
735 но кога слушна оддалеку претсмртни офкања силни,
с белите птици натаму сврте; штом него го виде
душа кај испушта с тело кај прета в сопствените крвој,
скокна, си раскина скутој, ги размрси долгите коси,
в гради се удира таа со рацете жестоки свои,
740 на злата судба се жали: „Сè сепак нема да биде
во власта твоја; ќе остане вековен спомен за скрбта
моја, Адонисе. Секоја година пак ќе се враќа
слика на твојата смрт и на мојата голема жалост;
Твојата крв ќе се претвори в цвет; сал ти, Персефоно,
745 можеш ли момински тела в мирислива мента да смениш?
59
Кибела, која како основателка на градови, на главата носела венец со кули.
Метаморфози 249

Може ли некој да попречи да го преобразам сега


јунакот, син на Кинирас?“ Тоа го рече и прсна
мирислив нектар врз крвта; Штом нектарот крвта ја допре
набабри, веднаш се вивна, ко проѕирен нарасна меур
750 којшто се дига под жолтата тиња; и не мина многу
време, ни час дури цел, од крвта се изроди цвеќе
с крвава боја, ко шипинка, која под тврдата кора
сокрива зрнца; но цветот негов не трае долго,
слабо се држи за стеблото, лесен е, ветри го веат,
755 поради тоа од ветрите името свое го добил.60

60
Адонис бил претворен во цветот анемона = „цвеќе на ветрите“.
250 Публиј Овидиј Насон

ЕДИНАЕСЕТТО ПЕЕЊЕ

5 Дури со ваквата песна тракискиот трогнува певец


шуми и срца на ѕверој, па дури и стени го следат,
еве киконските жени1 со избезумени срца
гледаат од врв на ридот, наметнати с кожи од ѕверој
Орфеј кај с удар по струни ја здружува песната своја.
10 Една од нив, со развеани коси низ лесниот воздух
викнува: „Еве го тој што нè презира нас!“ Потем фрла
тирс в благозвучната уста на певецот-син Аполонов;
тирсот, пак, обвиен с лисја, не направи рана, а белег;
Друга, пак, дофрли камен, но каменот в самиот воздух
15 свладан од складноста беше од лирата но и од гласот,
и ко да моли за прошка за толку бесната дрскост
пред нозе нему му падна. Но нападот безумен расте,
мерка преминува веќе, Еринија владее бесна;
песната ќе ги скротеше сите удари силни,
20 но страшен викот, тапани, берекинтиските флејти2
од свиен рог и плескање с раце и бакхантски вресок
го заглушија звукот китарин; камењата сетне
алови беа од крвта на Орфеј, чиј глас не се слушна.
Безбројни птици и змии и глутници ѕвериње диво,
25 кои со восхит го слушаа гласот на славниот певец
сотрени од менади, го лишија Орфеј од слава;
Потем менадите3 с крвави раце се вртат кон Орфеј,
ко птици ноќна штом видат птица дење кај талка;
ко што в театар на утринска претстава престрашен елен
30 плен е на пците, така и тие кон Орфеј ги фрлаат
своите зелени тирсој, за друг обред стокмени што се.

1
Киконци се тракиско племе кое било населено околу реката Хебар; киконските жени,
кои го слават Бакх, се облекувале во кожи од ѕверови, си ја распуштале косата и во раката
држеле тирс – стап, обвиткан со бршлен.
2
Со берекинтиските флејти се свирело за време на свеченостите во чест на фригиската
божица Кибела; Берекинтијците биле фригиско племе, кое особено многу ја почитувало
Кибела.
3
Менади или бакхантки, поклонички на богот Бакх.
Метаморфози 251

Едни фрлаат грутки, други, пак, скршени гранки,


стени тркалаат трети; за бесот оружје бројно
имаат. Случајно волови с лемеши браздеа земја,
35 селани снажни, наблизу тука за богати плодој
в пот ја копаа тврдата почва на своите ниви;
толпата штом ја видоа веднаш побегнаа сите,
алатки фрлија свои; низ полето лежеа сегде
мотики, копачи тешки, распрснати лопати долги;
40 Разуларените жени разграбаа се потем со нив
ги раскинаа биците со заканувачки рогој,
после нагрнаа повтор кон певецот, за да го сотрат.
Тој пружа раце, за прв пат залудно испушта зборој,
глас не му трогнува никого веќе; го убија него
45 сквернителките бесни; низ уста, о Јупитер боже,
низ таа уста, што слушана беше од острите карпи
и разбирана беше со чувства од дивите ѕверој,
душа тој испушти, таа, пак, летна низ ветрите в небо.
Тебе те жалеа, Орфеј, птици и глутници ѕверој,
50 те оплакуваа тврдите спили и густите шуми,
кои често ја слушаа твојата песна и уште
по тебе тажеа дрвја, на кои им попаѓа лисје;
велат и реки од своите надошле солзи; а тогаш
руба со црн раб Најадите облекле, расплеле коси
55 свои Дријади. Делови од него лежеа сегде;
тогаш, ти Хебре, ја прими неговата глава и лира;
и гледај чудо! Дур сред река беше, жалосно нешто,
лирата шепна ил мртвиот таговно прозбори јазик,
ним, пак, бреговите жалосно им се одгласија веднаш.
60 Ја напуштија реката нивна, навлегоа в море
стигнаа веќе до брегот на Митимнаја на Лезбос.
Таму врз туѓиот песок лута ја нападна ала
главата, од чии коси сè уште капеше вода.
Најсетне помогна Фојб, го спречи угризот нејзин,
65 разјапената уста на алата в камен ја стврдна
и й го скочани грлото широко, ко што и беше.
Сенката слезе под земја и сите места ги позна
преѓе што веќе ги виде; низ светите полја барајќи
Евридика ја најде; ја прегрна с рацете желни.
252 Публиј Овидиј Насон

70 Час со здружени чекори двајца низ просторот одат,


час тој неа ја следи, час потем пред неа оди,
без страв тој сега ја гледа својата Евридика.
Не дава Лиај4 неказнет овој да остане злостор,
страда што на таинствата певецот веќе го нема;
75 сите Едонски мајки5, што в шума го видоа гревот,
тој со исукан корен ги врза; на секоја жена
кај што се најде й истегна прсти на нозете, потем
нивните врвој издолжени в тврда ги забоде земја,
ко што понекогаш птица нозе ќе вплетка во клопка,
80 итар што птичар ја скрил, па штом ќе насети, кутра
дека е фатена, плеска со крилја, се тресе и мавта
но со тоа сал повеќе јамката таа ја стега;
така и секоја жена, во земја забиена цврсто,
в уплав залудно везден се мачи да бега, но неа
коренот жилав ја држи цврсто, й пречи да прета.
85
Дур бара, кај й се прсти, кај нозе, кај й се нокти,
гледа кај дрво постанале стројните нејзини краци;
сака со кутрата рака да удри по своето бедро,
удира в дрво; градите исто постанале дрво,
дрво и плеќите се; би помислил дека се гранки
90 рацете и не би згрешил што така си можел да мислиш.
Ова за Бакх не е доста, ги напушти овие полја
с подобра дружба појде кон своите Тимолските лозја6
и кон Пактол, иако тој златен не беше тогаш
ниту за завист беше со својот скапоцен песок.
95 Таму, пак, обична толпа, бакхантки и сатири беа,
Силен7 сал не беше; занесен сиот од вино и старост
фригиски селани него го фатиле; накитен с венец
кај кралот Мида8 го довеле, кому тракискиот Орфеј
и на Кекропецот Евмолп9 оргиите в завет ги даде.
4
Лиај е епитет на Бакх („разрешувач“), зашто виното ослободува од грижи.
5
Едонци се тракиско племе кое било населено на југот од Тракија.
6
Тимол (или Тмол) е планина, јужно од градот Сарди во Лидија, на која имало многу
лозја; Пактол е река, богата со злато.
7
Силен, најстариот од сатирите, воспитувач и придружник на Бакх, претставуван како
добродушен, весел старец, постојано пијан, качен на магаре, но мудар и со пророчки дар.
8
Мида, митски крал на Фригија, син на кралот Гордиј и божицата Кибела; ученик на Орфеј.
9
Кекропсовецот (Атињанин) Евмолп бил основоположник на мистериите во Елевсина; по
потекло бил од Тракија, ученик на Орфеј, а во Атина дошол во времето на кралот Кекропс.
Метаморфози 253

100 Кралот штом соучесникот в обредот Бакхов го позна


весело празненство приреди таков што гостин му дошол;
десет дни и десет ноќи по ред се празнувало тогаш.
Единаесетти пат веќе Деница вишна го собра
јатото ѕвездено; кралот весел в лидиските полја
105 дојде и на неговиот питомец млад му го врати10.
Богот радосен што му се вратил хранителот негов,
даде да избере дар каков сака; бесполезен избра.
Мида за несреќа своја му рече: „Што и да допрам
с телото, направи, боже, жолто злато да стане“.
110 Либер11 бараниот дар му го даде, гибел што носи,
жален, што овој не побара друго, поарно нешто.
С радост за дарот гибелен Мида замина весел
допира сенешто, пробува дал ветувањето стои.
Одвај да верува може; скина од храстово дрво
115 зелена гранка и гранката веднаш златна се стори;
крена од земјата камен, каменот заблеска златен;
допре и грутка; од моќниот допир се претвори в руда;
откина зрело Церерино класје, пожнеа злато;
јаболко набра од дрво, би помислил ко Хеспериди12
120 в дар да го дале; високите порти со прст штом ги допре
чиниш двокрилните порти сјајни испуштаат зраци;
кога во бистрата вода рацете свои ги мие,
водата дур и Данаја да ја измами може;
Срцето сите не ги збира надежи; злато сал бара.
125 Дур тој се радува, слугите богата трпеза редат,
јастија преполно има, а има и печени лебој;
Но штом Мида со рака го допре дарот Церерин,
сите Церерини дарој се скаменуваат веднаш;
кога ќе посака с гладните заби да загризе месо,
130 штом ќе го притисне с заби, жолта се јавува кора;
Кога ќе смеша дар на дарителот13 с водица бистра,
гледаш низ грлото како му тече растопено злато.
10
Т.е. на Бакх му го вратил Силена.
11
Либер, лат. „момче“, епитет на богот Бакх.
12
Хеспериди, милозвучни „вечерни“ нимфи, ќерки на Ноќта; престојувале на запад, на
еден остров во Океанот и имале градина со златни јаболка што ја чувал еден стоок змеј.
13
Дарот е вино, а дарителот е Бакх.
254 Публиј Овидиј Насон

Зачуден од ова ново зло, Мида богат и беден,


сака да бега од златото; она, што барал, го мрази.
135 Никакво злато не стивнува глад; жед грло му гори
омразеното злато сега со право го мачи;
раце и мишици крева кон небото и вака вели:
„Прости ми, татко Ленае14, згрешив, смили се, молам,
спаси ме сега од оваа стравотна блескава беда!“
140 Блага е божјата волја; штом грешката своја ја призна,
Бакх му го одзема дарот, што преѓе го беше му дарил.
„Но да не останеш измачкан с в зол час саканото злато,
оди кај блиската река“, му рече, „кај оној Сард велик,
па низ лидискиот срт, оди наспроти речните браној,
145 додека стигнеш до изворот речен; в пенливиот вруток,
силно кај блика, изми и глава и тело и гревот“.
Кралот, дојде до реката, како што повела богот,
злато ја обои реката од човечкото тело;
Дури и сега од семето на таа прастара жила
150 полето сјае од злато и блескаат влажните грутки.
Мида богатство презре, живееше в шуми и полја,
кај богот Пан, кој секогаш живее в пештери горски,
но сепак остана глупав и тап во умот ко преѓе,
на господарот повторно ќе му нанесува штети.
155 Стрмниот Тмол стрчи високо, гледа на ширното море,
с издигнат врв, со стрмнини прострен од обете страни,
одовде Сард15 е, а одонде граничи с мала Хипајпа16.
Таму дур Пан17 се фалеше с песни пред нежните нимфи
и лесна свиреше песна на трска залепена с восок,
160 дрско се става себе ко пејач пред Аполона,
дојде кај Тмол18 да пресуди в оваа нерамна борба.
Стариот судија седна на ридот, од ушите стебла
тргна, сал с храст е обвиена сината негова коса,
околу челото длабнато желади млади му висат.

14
Ленај, епитет на Бакх.
15
Сард (Сарди) е главен град на Лидија.
16
Хипајпа – мал град на јужните падини на Тмол.
17
Пан е бог на овчарите, почитуван многу во Аркадија; имал јарешки нозе и рогови, а
бил вешт и во свирење на овчарска свирка.
18
Тмол е овде бог на истоимената планина.
Метаморфози 255

165 Тој, штом на стадата богот го виде, извика веднаш:


„Готов сум јас да судам!“ С овчарската негова свирка
и со барбарската песна го восхити Мида, кој тука
случајно беше; Тмол тогаш образ сврте кон Феба,
шумата негова лицето исто го сврте кон него.
170 Главата руса Фојб с парнаски лавор ја овенчал беше
плашт по земјата влече во тириски натопен пурпур;
в левица лира, украсена с филдиш и бесценет камен
в другата рака тргало држи, што удира в струни.
Стои ко уметник прав; тогаш тој со вештиот палец
175 удри по нежните струни; пленет од слатките звуци
пресуди Тмол: нек цени Пан лира пред својата трска.
Судот на светата гора од сите прифатен беше,
сал се спротивстави Мида, неправеден дека е, рече;
Фојб не допушти тогаш толку бесловесни уши
180 човек да има; ги истегна, с бели ги наполни влакна,
долу ги направи подвижни, лесно да можат да мрдаат;
другото човечко му е, сал еден дел казнет му беше,
така уши тој доби на магаре бавно што оди.
Мида сакајќи да си го скрие овој срам голем,
на слепоочници, кутриот, пурпурни завива чалми;
185 Слугата негов, кој с ножици долги му сечеше коси,
ова го виде; но смелост нема за она што видел,
јавно да каже, а сака за тоа да дознаат сите;
не може долго да молчи; оди, ископува јама,
тихо во ископаната земја со придушен шепот
190 кажува какви тој видел кај господарот уши;
потем тајната своја веднаш ја покрива с земја,
и веднаш молкум се враќа од потрупаната јама.
Таму почна да никнува лаг со треперливи трски,
и кога созреа лагот штом измина година една,
195 тогаш го издаде тој, што ја посеа оваа тајна;
ветренце лесно штом ќе ја разлула трската тогаш
тајната таа ја шепне за долгите уши на Мида.
Кога се одмазди, Тмол го напушти синот Латонин,
летна низ чистиот воздух кон тесниот проток на Хела19,

Хелеспонт – грч. „морето на Хела“, денешни Дарданели, го добил името според Хела, која
19

паднала во него, заедно со златното руно, кога таа и брат Фрикс бегале од својата маќеа.
256 Публиј Овидиј Насон

200 ќерка Нефелина20; запре в полињата Лаомедонтски.


Десно од Сигеј21, а лево од заливот Ројтејски длабок
стар олтар има Паномфајојскиот Громовник моќен;
Таму го виде Лаомедонта, кој с напори тешки
прв кај се готви да дигне ѕидини на нова Троја22
205 и дека градот нараснува, а тоа многу ќе чини;
с татка си, тризабеносец на длабочините морски,
Фојб зеде човечки облик и на фригискиот тиран23
изгради ѕидини, за договорена плата во злато.
Свршија работа; кралот за тоа не им даде плата,
210 и како врв на измамата, с лажни зборој се колне.
„Казнет ќе бидеш“, господарот морски тогаш му рече,
и сите води ги сврте кон брегот на алчната Троја;
земјата в море ја претвори, имотот тој им го зеде
на ратаите, полето сето го уништи с браној.
Ни ова не беше доволна казна; кралската ќерка
215
морско чудовиште страшно ја зеде; на тврда стена
неа прикована Алкид24 ја спаси и побара плата,
ветени коњи; но кога кралот за ваквиот подвиг
одби да плати, тој тогаш ѕидините вишни на Троја
дваж што лажни даваше клетви на јуриш ги зеде.
220 А ни соборецот негов Теламон непочестен не е;
Хесиона за жена ја доби; славен и Пелеј25
стана с божеска жена26; тој горд е с дедовото име,
но и со тоа на тестот; на Јупитер внук да му биде
може и друг, но сопруг на божица може сал еден.
225 Старецот Протеј27 й беше прорекол на Тетида:
20
Нефела – нимфа од придружбата на Дијана; првата сопруга на беотискиот крал Атамант
и мајка на Фриск и Хела.
21
Сигеј – град и пристаниште во близината на Троја; Ројтеј – гратче и пристаниште на
Хелеспонт; меѓу овие два града под отворено небо се наоѓал олтар на Јупитер громовник
(паномфаиос = многу гласен).
22
Троја тогаш била нова, зашто скоро пред тоа била основана од Ил, таткото на Лаомедонт.
23
„Тиран“, овде има значење на „владетел“.
24
Алкид е Херкул, зашто бил внук на Алкеј.
25
Теламон и Пелеј биле синови на Ајак, крал на островот Ајгина; затоа тие се нарекуваат
уште и Ајакиди (потомци на Ајак).
26
Тетида, една од педесетте ќерки на морскиот бог Нереј, станала сопруга на Пелеј и со
него го родила Ахил, најславниот јунак под Троја.
27
Протеј – морско божество, кое можело да се претвора во разни облици; бил мудар и
имал пророчка дарба.
Метаморфози 257

„Божице морска, зачни, ти мајка ќе бидеш на момче,


кое со својата храброст ќе надмине таткови дела,
уште и ќе се здобие с пославно име од него.
Секако, ништо од Јупитер в светот повелико нема,
230 сепак и тој одбегнува постела брачна с Тетида,
иако в срцето чувствува кон неа пламени врели.
На својот внук, Ајакидот му рече, тој да й пријде
и место него тој да ја гушка девицата морска“.
Има в Хемонија28 залив, ко српеста ѕуница свиен,
235 да беше подлабок малку, за пристан годен ќе беше,
но под водата има високи пластови песок;
брег има тврд, и на него не стојат траги од стапки,
ниту забавува чекор, нит алги низ него лежат;
шума од мирта е близу со двобојни малини полна;
240 насреде пештера има, дал природна или, пак, рака
човечка ја направила, не знам; на вештачка личи;
таму доаѓаше, гола, Тетидо, на зауздан делфин.
Таму те нападна Пелеј, дур лежеше пленета в дремка;
ти се бранеше с молби, но тој те нападна силно,
245 снажните раце свои ги вплете во твојата шија;
тој ќе успееше в дрскоста, да не ги примени веднаш
ти твоите вештини, да се променуваш в облици разни.
Час беше птица ти, тој, пак, ја држеше птицата цврсто;
час беше плодно стебло; на стеблото висеше Пелеј;
250 трет пат пегава тигрица беше; во уплав од неа
веднаш Ајакидот тргна раце од твоето тело.
Тогаш тој морските бози ги чести с разлеано вино,
с црн дроб од овца ги дари и с кадеж од мирисен темјан,
сè дур од вирот Карпатскиот пророк29 не извикна вака:
255 „Брачното легло, Ајакиде, сакано, ти ќе го имаш,
сал кога в ладната пештера таа ќе заспие цврсто,
ти, без да насети таа, ја врзеш со јаже и ланци.
Нек не те прелаже, макар и сто лика таа да смени,
држи ја, што и да биде, дур не стане, она што била“.
260 Ова го рече Протеј и глава во морето нурна,

28
Хемонија – Тесалија.
29
Карпатскиот пророк е Протеј.
258 Публиј Овидиј Насон

а последните зборој ги здушија морските браној.


Титан веќе се спушти до Хеспериското море,
с руда30 спуштена удолу, кога Нереида лична
влезе в пештерата, каде што таа почиваше често;
265 Веднаш штом Пелеј го допре нејзиното девствено тело,
обликот таа го смени; штом сети дека ја држи
врзана с раце растегнати цврсто на спротивни страни,
воздивна силно и рече: „Со божја победуваш волја!“
Вистинска стана Тетида; Пелеј ја прегрна тогаш,
270 штом му се исполни желбата, Ахила таа го зачна.
Пелеј е среќен со синот и со сопругата своја,
сè ќе му одеше среќно, да не го заколеше Фока31.
Виновен за братска крв, од татков дом прогнат тој беше
но Трахинската земја32 го прими. Владееше тука
275 без крв и насилства Кеик на сјајна Деница синот,
кој на лицето свое го имаше блесокот мајчин;
тогаш Кеик наскрбен беше што беше го изгубил братот.
Таму штом стигна Ајакидот, морен од патот и грижи,
с придружба малечка влезе во градот, а стадата овци
280 и добитокот крупен што со себе беше ги довел
далеку од ѕидините, в ладна ги остави шума.
Веднаш, штом дозвола доби да влезе во кралскиот дворец
в молбена рака маслинова гранка држејќи, тој кажа
кој е, чиј син е спомна, сал злосторот свој тој го сокри,
285 излажа зошто е бегалец; побара помош од кралот
земја ил населба; нему Трахинецот с љубезно лице
вака му рече: „Дур и на луѓе од потекло ниско
помош јас давам; кралство гостопримно, Пелеју, имам;
обврска имам уште кон името преславно твое
290 дедо, пак, твој е и Јупитер; не губи време во молби!
Сè што ќе посакаш, земи, и дел од онаа земја
што си ја видел; о, камо да видеше поарна земја!“
Заплака. Пелеј и друзите прашаа, што ли го трогна,
30
Титан (Сонцето), кога е на залез, рудата на неговата кола е спуштена надолу.
31
Фок, син на Ајак, кралот на Ајгина и на нимфата Псамата; бидејќи секогаш во нат-
превар ги победувал своите полубраќа Теламон и Пелеј, тие, по наговор на мајка им,
го погубиле Фока.
32
Трахин е град во тесалиската област Фтиотида.
Метаморфози 259

што толку во него болка предизвика; тој, пак, им рече:


295 „Можеби мислите вие дека грабливава птица
сите што птици ги плаши, од секогаш перната била;
Маж беше таа, стамен во дух, но свиреп во војна
жесток и секогаш спремен за насилство; име му беше
Дедалион; а зачнати ние сме двајца од оној,
300 кој ја повикува Зората, заден од небо си оди.
Јас го почитував мирот, се грижев за мирот и бракот,
а на брат ми на срце му беа жестоките војни.
Храброста негова подјарми кралеви, народи бројни,
сега преобразен в птица Тисбајски гулаби33 гони.
305 Ќерка Хиона му беше, обдарена с прекрасна лика
на четирнаесет лета илјада имаше просци.
Еднаш се враќаше Фојб и оној што Маја го роди34,
оној од своите Делфи, а овој од врвот Килена35,
неа ја видоа обата, обата пламнаа веднаш.
310 Љубовта своја Аполон ја одложи за ноќна доба,
другиот не чека многу; со прачка што успива лесно
лице на девата допре; заспа од допирот моќен;
богот ја силува тогаш; ѕвезди штом блеснаа в небо,
претворен в бабичка стара, Фојб втор се наслади с неа.
315 Бремето штом в утробата нејзина исполни време,
од крилоногиот бог се роди потомокот лукав
Автолик36, способен итрец за секаква измама вешта;
често од белото црно, од црното правеше бело,
рамен на татка си беше во секаква итрина вешта.
320 Беше роден од Феба (Хиона близнаци зачна)
Филамон, славен што беше по песна и звучна китара.
Но каква полза што два бога вљубени во неа беа,
и што два сина роди и ќерка е на моќен татко,
уште и внука на богот, кој громови фрла низ небо?
325 Славата зарем на мнозина не им наштетила веќе?“

33
Тисба е приморски град во Беотија, јужно од Хелеспонт; познат бил по тоа што во
него имало многу гулаби.
34
Т.е. богот Меркуриј (Хермес); неговата палка секого го успива.
35
Маја го родила Меркуриј на брдото Килена.
36
Автолик е син на Меркуриј и Хиона, татко на Антиклеја, мајката на Одисеј; познат
бил по своите итрини, наследени од татко му.
260 Публиј Овидиј Насон

Секако неа ја сотре! Ја потцени таа Дијана,


убоста и ја навреди; гневна божицата рече:
„С делата ќе ти се свидам!“ И веднаш го натегна лакот
исфрли стрела, па с врвот го пронижа јазикот нејзин.
330 Молкна; сака да испушти глас, но зборови нема
штом сака нешто да каже; го загуби животот в крвој.
Јас, кутар неа ја гушкам и с татковска в срцето болка
страдам; на братот мој роден јас утешни зборој му редам;
таткото ова го слуша, ко стената бука од браној
335 везден безутешно плаче по изгубената ќерка;
и штом виде кај гори на кладата, четири пати
врз неа тој се фрла; толку пати од таму тргнат
в бегство се здаде, ко јунец, што сетил стршен на вратот,
в беспаќа трча. Повеќе одошто човек би можел
340 гледав кај трча; би помислил крилја на нозете има.
Избега побрз од сите во желба да погине веднаш
стигна до врвот на Парнас; се смилува тогаш Аполон
и кога Дедалион од високата стена се фрли
веднаш крилја му даде и в летот го претвори в птица;
345 извиен клун тој му даде, на прстите кукести канџи,
смелоста стара, од телото мошне поголема сила.
Сега е јастреб, никому мил, кон птиците жесток,
самиот страда, но создава болка тој и на други“.
Дур раскажуваше за ова чудо на Деница синот,
350 за својот брат, еве задишен долета бргу трчајќи
Онетор, Фокиец, чувар на стада и викна: „О, Пелеј,
Пелеј, јас глас ти носам сега за несреќа страшна“.
Пелеј тогаш му рече, нек каже, што вест му носи.
Тогаш Трахинецот сиот во уплав со трепетна уста
355 рече: „До кривиот брег штом ги дотерав морните јунци,
кога насреде кругот највисоко Сонцето беше
и кога еднакво гледа и назад, колку и напред,
некои јунци колена свија на жолтиот песок,
лежеа така со поглед свртен кон ширното море;
360 другите талкаа с чекори бавни час овде, час онде;
некои пливаа с високо кренати шии над вода.
Близу до морето храм има, но не од мрамор и злато,
туку во древен лаг, в сенка од густо преплетени гранки;
Метаморфози 261

В него е Нереј со Нереидите (морнарот вели,


365 дека се тоа бози, дур суши мрежи на брегот);
Бара до храмот има, опколена с врбаци густи,
што ја направиле бранови од разлеаното море.
Оттаму с крш и со тресок ги страши соседните места
страшно чудовиште, волк! Со барската извалкан тиња
370 излезе с рилка ко ровја испрскана с пени и крвој;
алов пламен од очи му шика. Иако суров
еднакво и од глад и од бес; од бесот е полут;
тој глад не стишува с колеж на бици, ни алчноста клета,
туку го напаѓа целото стадо, на земја го фрла.
375 Дури ги браниме, дел од нас ранети с гибелни заби
паѓаат мртви; црвенее брегот и блиската вода,
исто и барата низ која ечат рикови страшни.
Секое бавење штети, време за размисла нема,
дури останало нешто, да земеме оружје сите,
380 ајде да земеме оружје, копја да фрлиме сложно!“
Така овчарот рече; за штетата не жали Пелеј,
на својот чин си спомни, и помисли: Нереида
оваа штета ја праќа за душа на Фок, кој е заклан.
Кралот на Ојта заповеда мажите оружје веднаш
385 и страшни стрели да земат; и тој сака со нив да појде.
Жена му Алкиона, штом слушна викотница силна
скокна и пред да ја среди и украси својата коса,
сета ја кубе и в преграб се фрла на милиот сопруг;
милно го моли да не оди тој, сал да испрати помош;
390 моли низ солзи тој еден да спаси две нивни души.
Ајакидот й рече: „Остави го, кралице, стравот
убав, благороден! Молбата твоја е полна со нежност.
Не сакам и јас со оружје чудниот ѕвер да го сотрам;
да се помолиме сега на онаа божица морска!“
395 Висока имаше кула со огниште горе на врвот,
знак беше јасен за сите истоштени кораби таа;
Таму се качија тие и с тага распрострени бици
видоа сегде на брегот; го видоа с крвава рилка
и с долги крвави влакна и ѕверот, нив што ги убил.
400 Пелеј протега раце кон брегот на ширното море
модра Псамата37 ја моли да престане веќе со гневот
37
Псамата е една од нереидите, сестра на Тетида, мајка на Фок.
262 Публиј Овидиј Насон

и да им помогне; но не се смилува таа на сите,


молби Пелееви; измоли прошка за мажот Тетида.
Иако волкот да престане с колежот повикан беше,
405 не престануваше; облажен еднаш од сласта на крвта
продолжи с колежот бесно, сè дур Псамата во мрамор
не го претвори него, дур надвиснат беше на вратот
на распарчена јуница; телото и сето друго
исти ги има; покажува бојата само на камот
410 дека тој волк веќе не е и страв да се нема од него.
Но на бегалецот Пелеј не допушта судбата клета
в оваа земја да остане, како изгонет талкач;
кај Магнетите38 дојде, кај Хемонецот Акаст39
за да го исчисти гревот од убиството срамно.
415 Кеик вознемирен в срце, од она што брат му го снајде,
и од појавите чудни што брат му го следеа потем,
појде кај богот во Клар40, да слушне пророштво свето,
утеха што е за луѓе, бидејќи безбожниот Форбас
со Флегијците патот кон Делфи го препречил беше.
420 Целта своја ја откри на верната Алкиона;
Штом таа слушна за ова студенило в коски й влезе,
бледило лице й обли, сосема слично на шимшир,
а по образите лични солзи потекоа врели.
Триж сака нешто да каже, триж солзи й облија лице,
425 с плач ги прекинува само своите милосливи жалби:
„Што сум ти згрешила, мил мој, па на мене не мислиш веќе?
Каде е сега твојата предишна грижа за мене?
Можеш ли безгрижен веќе да бидеш без Алкиона?
Мил ти е патот ли долг? Зар оддалеку помила сум ти?
430 Ако по суша патуваше, тогаш ќе тагував само,
не ќе се плашев, во грижите страв не ќе имав за тебе;
водата мене ме плаши и страшна на морето слика.
Скоро на брегот јас видов расцепени талпи од бродој,

38
Магнети се жители на островот Магнесија кој се наоѓа меѓу Пагасајскиот залив и
Егејското Море.
39
Акаст е син на кралот Пелиј, стрико на Јасона, крал во Јолк во Тесалија.
40
Клар – мал град во Јонија, Мала Азија, меѓу Ефес и Колофон; во него имало прочуено
пророчиште на Аполон; Кеик заминал во Клар, а не во поблискиот Делфи, плашејќи се
од разбојничките напади на Флегијците, чиј водач бил Форбас.
Метаморфози 263

често имиња читав на гробови празни, без тело.


440 Немој во срцето твое лажна надеж да имаш
дека тест ти е Хипотад41, којшто силните ветри
в затвор ги држи и штом ќе посака смирува морја.
Но кога тој ќе ги пушти и ветри над море ќе летнат
не ги запира ништо; над сета земја и море
445 тие бесно се вијат и облаци гонат низ небо,
па штом диво се судрат, оган избиваат алов.
Јас нив ги знам (в татковиот дом, ко малечка често
такви јас гледав), сè повеќе сега ми влеваат ужас.
Ако намерата твоја, мој најмил, со никакви молби
450 не ќе ја тратиш и цврсто си решен на тој пат да појдеш,
земи ме с тебе! Ќе пловиме заедно ние по море;
сал од тоа што ќе не снајде, јас ќе се плашам,
што и да биде, заедно се ќе поднесеме двајца,
двајцата заедно ние по ширно ќе пловиме море“.
455 Еолидата42 с таквите зборој и врелите солзи
мажот свој ѕвезден го трогна; и во него гореше пламен;
Но не помислува тој да го одложи патот по море
не сака ни Алкиноја да дели опасности с него.
Многу утешни зборој на срцето плахо й кажа,
460 но не ја убеди неа, дур најсетне, за да ја смири
додаде уште и ова, и својата мила ја склони.
„Долга за нас е секоја разделба, но ти се колнам
в таткови огној: ако судба не ме спречи мене,
јас ќе се вратам пред дваж да го исполни месецот кругот.“
465 Штом вака нејзе й вети, за враќање надеж й даде,
заповед даде од докот да спуштат во морето кораб
и да го снабдат со сè што е нужно за пловидба брза.
Штом Алкиона го виде, коба страшна ја стресе,
пролеа солзи, мажот го гушна и с тажен глас рече:
470 „Збогум“, и веднаш се струполи на земја с целото тело.
Кеик за задршка причина бара, но момците снажни
в редици двојни с рамномерен замав кон силните гради
весла удираат, бранови сечат; очите влажни

41
Т.е. Еол, којшто е син на Хипот.
42
Еолида е Алкиона; таа е ќерка на Еол, богот на ветровите.
264 Публиј Овидиј Насон

таа ги крена; го виде Кеика на кривата крма,


480 како замавнува с рака за поздрав; му возврати таа.
Кога отпловија далеку, с поглед не се гледа лице,
таа го следи со очи чамовиот кораб, дур може;
но кога отплови далеку, не може ни да се види,
едра развеани гледа на врвот од јарболот горе;
485 и штом и едрата веќе ги снема, обземена с грижи
појде кон постела празна, неспокојна легна на неа.
Местото, леглото пусто повтор солзи й будат,
ја потсетуваат дека дел еден веќе го нема.
Далеку пловеа веќе и ветре в јажињата пирка
490 морнарот веслата виснати беше ги свртел настрана,
на врв од јарболот ставија стапој и спуштија едра,
што го прифатија веднаш ветрот што удира во нив.
Ил среде море, ил повеќе, сечеше бранови бродот,
од двата брега далеку беа, кога пред ноќта
495 морето почна да белее од набуените браној
и да дува одненадеж југоисточниот ветер.
Крмарот викна: „Симнете ги веднаш високите стапој,
потем околу нив врзете го целото едро“.
Оваа заповед ја попречуваат спротивни ветри,
500 никаков глас не се слуша од силната водена бука;
некои сами побрзаа весла да приберат бргу,
други да заштитат бок и едра од ветрој да спасат;
овој исфрла вода и браној во морето фрла,
оној катарки трга; дур сè ова без ред го прават
505 бурата беснее силно, од секаде жестоки ветри
битка почнуваат лута, со гневното море се борат.
Крмарот исплашен признава, не знае в состојба каква
бродот е; ни да заповеда, ни што да забрани знае,
толку е големо злото, надминува бродарски опит.
510 Ечи од мажите викот и крцкаат јажиња бродски,
браној над браној се рушат, а небото татни од ровји;
високо плискаат браној, до небото стигнале, чиниш,
морето веќе ги прска и допре облаците ниски;
Час има боја ко песокот жолт, од дно што го фрла,
515 час, пак, постанува потемно дур од стигиските браној,
некогаш, пак, од шумната пена побелува сосем.
Метаморфози 265

Ете во неволи такви Трахинскиот западна кораб;


час ќе се крене и, чиниш, од врвот на висока гора
кон долините гледа и кон Ахерон длабок43,
520 час, кога надолу нурне и море го опколи с вода,
чиниш, од длабока бездна гледа кон вишното небо.
Често, удрен во бок од бранојте испушта тресок;
ко кога железен овен ил фрлач на камења тешки44
удри в разбиени кули, тресокот толку е силен;
525 како што лавови лути, штом соберат сили за напад
се устремуваат с гради кон оружје моќно и копја,
така се препушта бранот на развеаните ветри,
над сè на бродот се спушта и повисок е дури од него;
веќе се климаат клиној штом падна восочниот полнеж,
530 отвори зјаат и пат на гибелните браној им прават.
Еве од облаци тешки и поројни дождој се лијат,
чиниш, огромното небо во море се спуштило сето
а надуеното море се вивнало в небесен простор.
Едра од дождот се мокри, а со небесните води
535 морски се мешаат браној; ѕвезди на небото нема,
мрачна ноќ притиска сегде со олујни темнини страшни.
Сепак удираат молњи и трепетен даваат блесок,
а од огнојте на ровјите морските бранови пламтат.
Веќе навлегоа браној в шупливиот простор на бродот.
540 Ко што најдобриот војник од сета војска ќе скокне
прв на бедемот градски, што често храбро е бранет,
обземен сиот од надеж и пламнат од желба за слава,
меѓу илјадници мажи тој сам да го заземе ѕидот,
така и морските браној, штом девет пати ќе удрат
545 в тврдите страни на бродот, нападот силен на бранот
десетти кога ќе удри, посилно од сите други
тој не престанува с напад на премалениот кораб,
дури не навлезе сосем внатре в пленетата лаѓа.
Натиска дел од бранојте на бродот чамов од надвор,
550 друг дел, пак, веќе е внатре; трепереа сите од ужас,
ко што граѓаните кога од надвор душмани едни

43
Ахерон е река во Подземјето и често е синоним за него.
44
Воени справи за напад.
266 Публиј Овидиј Насон

им поткопуваат бедем, други, пак, веќе се в градот.


Не вреди никаков опит, немаат надеж; се чини,
секој бран, штом ќе дојде смрт дека со себе носи.
555 Некој не здржува солзи, беснее друг, а среќни
трет ги нарекува тие што веќе ги чекаат гробој.
Овој завети дава и залудно раце кон небо,
што не го гледа, крева и помош од него бара.
Оној, пак, мисли на браќа и татка си, друг, пак, на домот
560 и на децата дребни, на сè што останало таму.
На Алкиона мисли сал Кејк, сал за неа збори,
копнее по неа, но е и среќен што со него не е;
сака да види татковински брег и последен поглед
кон својот дом да фрли, а не знае каде да гледа;
565 морето врие од вртеж, од облаци мрак црн ко смола,
сето го покрива небо, го вдвојува ликот на ноќта.
Јарболот тогаш се скрши од налет на пороен виор
крмата исто се крши; победнички бранот се крева
горд е на пленот, од високо гледа кон другите браној;
570 ко да ги откорнал некој од основа Пинд или Атос45,
потем целите така ги фрлил в отворено море,
така и бранот стрмоглаво падна, па с удар и тежест
бродот на дното го нурна, а с него од момците многу
тешкиот вртеж ги стисна, не можеа воздух да вдишат;
575 таква нив судба ги снајде; други за греди се држат
од разбиениот кораб; Кеик, пак, со истата рака
која држеше скиптар, а сега штица од бродот
испраќа повик до татка си, тестот; напразно! Сепак
најчесто в уста сопругата Алкиона ја има;
580 на неа мисли, посакува силно пред нејзини очи
морето да му го исфрли телото и него мртов
в гроб да му положат тело мили, пријателски раце.
Сè дури плива, штом бранот воздух да вдиши му дава,
по Алкиона тој вика, им шепне на бурните браној.
585 Црна водена арка сред морето, еве, се крева
потем се сруши и главата негова в море ја нурна.

45
Пинд е планина во Северна Грција, владение на Аполона, а Атос е планина на полу-
островот Халкидики.
Метаморфози 267

Деница мрачна беше, не можеше ни да се види;


в тој ден на небо не можеше ни да се појави таа,
затоа с облаци густи го обвитка своето лице.
590 Но Еолидата не знае ништо за страшната гибел,
ноќи брои и брза да одбере руба за мажот
кога тој ќе се врати, и руба што самата таа
на себе ќе ја носи; но напразно враќање чека.
Побожно на сите бози им принесуваше темјан,
595 најмногу сепак од сите го честеше храмот Јунонин
и за мажот што веќе го нема, се моли пред олтар,
жив да се врати кај неа и друга да не љуби жена;
од сите желби, сал оваа можеше да й се збидне.
Молби за мртви божицата не сака ниту да слуша,
600 сака од олтарот свој да ги тргне нечистите раце
затоа прозбори вака: „Иридо46, гласничке верна
на мојот збор, во дворецот појди кај богот на Сонот
кажи му нека в сон ликот на мртвиот Кеик и го прати
кој ќе й каже на Алкиона за сè што се случи“.
605 Плашт со илјада бои Ирида облекува тогаш
распосла таа низ небо извиена ѕуница красна,
појде во домот на кралот што скриен од облаци беше.
Близу Кимерците47 в долга вдлабнатина пештера има,
шуплива гора, на Сонот бездејствен дом е за почин;
610 Никогаш Фојбови зраци не паѓаат таму, ни в зори
ниту на пладне ни вечер; од земјата маглина мрачна
в која е вткаен и нејасен самрак испарува везден.
Таму со песна будната птица со гребен на глава
не ја повикува Зората, ниту, пак, пците што бдеат
615 тишина с лаење рушат, ни поумни гуски48 од пците.
Ѕверој, ни стада ниту од ветри развеани гранки,
пуштаат звук, ни џагор се слуша од човечки јазик.
Безмолвен владее мир; но сепак од дното на камот

46
Ирида – „небесна ѕуница“, ќерка на Тавмант и Електра; како божица на небесната ѕуница
таа ја извлекува водата од облаците и од земјата; таа е брзонога гласничка на боговите
и верна служителка на Јунона.
47
Кимерци се народ, населен на крајниот север, секогаш завиени во магла и темнина.
48
Старите сметале дека гуските одлично слушаат.
268 Публиј Овидиј Насон

извира реката Лета49, по која с роморење бранот


620 преку каменчиња паѓа и на сон намамува сладок.
Плоден мак цути пред влезот на оваа пештера темна,
и безброј билки, од чијшто млечен сок собира дремеж
росната Ноќ и потем го сипе по мрачната земја.
Врати во сиот дом нема, да не крцка клуч штом ќе свртиш
625 в клучалка; нема ни чувар да стои и чува пред прагот;
Насреде висок диван, од ебонос направен има,
наполнет со црно перје и покривка в истата боја,
каде што почива богот, с опуштено тело од тромост.
Околу него насекаде лежат во облици разни
630 соништа пусти, колку што класје има сред жетва,
ил колку в шумата лисје, ил расфрлен песок на брегот.
Кога девицата влезе, со раце ги растера сните
коишто пред неа беа; божескиот дом тогаш блесна
од нејзината руба; богот одвај ги крена
645 натежнатите очи и повтор и повтор ги спушти,
така климајќи со брадата удри во градите горе;
Најсетне тој се стресе, се поткрена, потпрен на лактот,
праша, што дошла (беше ја познал), а таа му рече:
„Соне, покој на сите, најблаг од сите си бози,
650 душевен мир си, ти гониш грижи, на телата морни
од напорниот труд,ти нова сила им даваш.
Соништа испрати в Херкулов Трахин50 кај Алкиона
с ликот на кралот; бродоломот на сон нека го види.
Тоа Јунонин е налог“. Пораката кога ја јави
655 замина таа; да ја поднесува не може веќе
моќта на дремежот; чувствува, сон й надвладува тело,
избега и си се врати по лакот по којшто и дојде.
Таткото од своите илјада синој го разбуди Морфеј,
којшто е вешт да се преправа в бројни облици разни;
660 Највешт тој беше да прикаже чекор ил лик или говор,
додава уште и руба и обични зборој за секој;
Тој само луѓе подражава; друг, пак, подражава ѕверој;
49
Лета – реката на заборавот во подземното царство; штом душите на умрените ќе се на-
пиеле голтка од нејзината вода, тие заборавале секаков спомен од својот живот на земјата.
50
Трахин се сметал за Херкулов град, зашто тој таму ги минал последните денови од
својот живот.
Метаморфози 269

птица постанува тој или змија со предолго тело;


Икел го викаат бозите, Фобетор – смртните луѓе;
665 трет, пак, е вештак во уметност друга; го викаат Фантас;
тој, пак, се претвора лесно во тела што немаат душа,
в земја, во камен во бранови, в дрво, или в што било;
Ноќе на вожди и кралеви им покажуваат лице,
а, пак, кај народот прост поинакви соништа одат.
670 Богот овие ги трати, Морфеј од браќата сите.
Сонот го избра, налогот да го изврши веднаш
на Тавмантидата51; обземен повтор од слатката тромост,
наслони глава и спокојно легна на диванот висок.
Одлета Морфеј низ мракот со своите бесшумни крилја,
675 пристигна зачас в Хемонскиот град52; си извади крилја,
ликот на кралот Кеик го зеде и обликот негов,
гол, без облека, сличен на бескрвен мртовец некој
застана пред постелата на Алкиона; а мокра
брадата негова беше; од коси му течеше вода;
680 легна до неа и лице й обли со солзи, па рече:
„Дали го познаваш Кеика, кутра жено, ил можда
смртта ми сменила лице? Ќе ме препознаеш, гледај,
наместо сопругот твој ќе ја видиш неговата сенка!
Твоите завети ништо не ми помогнаа мене!
685 Мртов сум! Напразна надеж ти немај да ти се вратам!
Облачен Јужњак бродот го зграби в Егејското Море
с огромен виор фрлајќи го таму и ваму, го разби.
Напразно мојава уста го викаше твоето име,
бранот ја полнеше; не е несигурен гласникот овој
690 што ти го кажува ова; вистинити вести ти слушаш;
Самиот јас, бродоломник, судба ти јавувам моја.
Станувај, ајде, расплачи се, облечи траурна руба,
немој неоплакан ти да ме пратиш кај сенките в Тартар!“
Морфеј зборуваше с глас, за којшто веруваше таа
695 дека е гласот на маж й (и солзите негови дури
й се чинеа прави), и движеше рака ко Кеик.
Закука Алкиона, пролева солзи и в сонот

51
Тавмантида = Ирида.
52
Т.е. во Трахин.
270 Публиј Овидиј Насон

испружи раце за преграб, но в преграб држеше воздух;


извика: „Стој! Каде брзаш? Ќе одиме заедно сега“.
700 Збунета од својот глас и ликот на мажот се сепна,
скокна од сон, разгледува дали е сè уште тука
оној што преѓе го виде; разбудени од викот нејзин
слугите внесоа факли; штом никого не виде нигде,
с рака се удри по лице и раскина руба од гради
705 сама се удира в гради, не си расплетува коси
туку ги сече; кога доилката неа ја праша,
зошто е толку скрбна и рече: „Ох, Алкиона,
Алкиона ја нема; умре со својот Кеик!
Утеха за мене нема! Загина ко бродоломник.
710 Сама го видов, го познав, и раце пружав кон него,
да го задржам сакав, кога беше на замин.
Сенка беше, но сенка вистинска, јасна на маж ми.
Но, ако прашуваш, немаше лице, красно, ко преѓе;
пребледен, гол, со коса сè уште мокра го видов;
715 стоеше, кутриот, токму овде на ова место“.
(Почна да бара дал трагови некакви од него има.)
„Тоа се случи, јас го претчувствував, стравував везден,
молев да не ме напушташ, ветри да не следиш бурни.
Сакав, штом веќе в гибел заминуваш и мене, кутра,
720 со себе да ме земеш; ќе беше од полза за мене
с тебе да појдев; тогаш цел живот со тебе ќе минев,
ниту ќе можеше смрт да нè снајде одвоени вака.
Сега загинувам сама, и без море браној ме носат,
иако дална, под далгите јас сум; но моето срце
725 од само море посвирепо ќе е, ако се трудам
живот да продолжам сама и с ваква да војувам болка!
Нема да војувам, мил мој, и не ќе те оставам сега,
друшка во смрт ќе ти бидам, па нек е и без урна гробот,
натписот над него двајцата нас ќе нè сврзува вечно;
730 ако не коски до коски, бар ќе сме име до име.“
Болка й одзема збор, по секој збор в гради се бие,
и од скршеното срце сал тешки стенови бликнат.
Утрото излезе од куќи, скрбна појде кон брегот
она го побара место, од кај што го виде на замин;
735 застана таму и вели: „Овде тој разврза едра,
Метаморфози 271

на овој брег, пред да замине, последен бакнеж ми даде“.


Дури си спомнува сè што се случило, гледа в бранојте,
и виде, далеку негде, нешто в прозрачната вода
нешто, ко да е тело, но првин несигурна беше;
740 потем, штом бранот го дотурка, иако далеку беше,
сепак се познава јасно, на давеник дека е тело“.
Не го распознава кој е, возбудена сепак од знакот
како за незнаен пролева солзи и вели: „О, беден,
кој и да си, и жена ти бедна, ако ја имаш!“
745 Поблизу телото дојде с бранојте; што повеќе гледа,
помалку здржува свест; ах! еве до брегот се ближи,
може и веќе да се распознае кој е; го гледа;
маж й е; извика: „Тој е!“ Лице и коси и руба
кине и растреперени раце кон Кеика пружа:
750 „Така ли, најмил мој мажу, таков ли ти ми се враќаш?“
Имаше насип крај морето, с човечка направен рака
којшто кршеше налет на првите бранови морски
и ја смалуваше моќта на бурните пенливи води.
Оттаму таа скокна и чудо што можеше – летна
755 со добиените крилја го сечеше лесниот воздух
и како жалосна птица ги допира вишните браној.
Дур така лета, од устата испушта жалосни крици
полни со тага и бол и клепа со клунот свој тенок.
И штом безмолвниот, бескрвен труп Алкиона го допре
760 с младите крилја љубеното тело во преград го зеде,
напразно с тврдиот клун го опсипа с бакнежи студни.
Дал Кеик го осети ова, ил, пак, се чинеше само
дека од разлуланите браној тој покрена глава
народот в ова се двоуми; сепак почувствува Кеик.
765 Вишните бози се смилија сетне на овие двајца
и ги претворија в птици; судбина иста ги снајде,
но им се сочува бракот и љубовта и како птици,
тие се парат, родители биваат, имаат пород.
Алкиона седум дни зиме над легала седи
770 над бранојте што пливаат; мирно е морето тогаш;
Еол ги чува ветрите, не пушта надвор да веат,
морската шир тој ја препушта тогаш на своите внуци.
Некојси старец ги виде над море кај летаат дружно
272 Публиј Овидиј Насон

пофалби даде за нивната трајно сочувана љубов.


775 Наблизу некој ил можеби истиот тој старец рече:
„Истиот овој, што гледаш кај лета над морските браној,
с тенкине нозе (и покажа нурец с издолжена шија)
потекло кралско тој има; и за да дојдеш до него
редум истражувајќи, ова се негови предци:
780 Ил, Исарак, Ганимед53, од Јупитер грабнат што беше,
старецот Лаомедон и Пријам, кој дочека судба
задна да види на Троја; на Хектора брат тој му беше;
да не го снајдеше в младоста него судбина чудна,
можда и тој ќе имаше име славно, ко Хектор“.
785 Иако тој беше роден ко чедо на Димантида54,
велат, Ајсак го родила тајно под сенчеста Ида
Алексироја, ќерка на Граник, бог со два рога55.
Мразеше градови тој и сјајни кралевски дворци,
в кришни живееше гори и во недостапни села,
790 а на собирите в Илиј доаѓаше сосема ретко.
Сепак тој немаше срце што не може љубов да сети,
в шуми ја фаќаше често Хесперија Кебренида;56
еднаш ја виде на брегот од татка си седната сама
коси развеани густи по плеќи кај суши на сонце.
795 Нимфата избега веднаш, престрашена сета ко срна
која бега од жолт волк, ил ко што дивата патка
далеку од езерото бега од стрвниот јастреб;
така ја гонеше Троецот, брз од силната љубов,
таа, пак, брза од стравот, непрестајно бега од него.
800 Еве кај в тревата скриена змија со забот свој свиен
в нога ја гризна бегалката, в телото отров й внесе;
Заедно с животот престана бегот; избезумен сиот
Ајсак ја гушна и викна: „Ох, жалам, што толку те гонев!
Немав страв јас од ова и не сакав победа ваква.
53
Ил, Асарик и Ганимед биле браќа, синови на Трој; Лаомедон бил син, а Пријам внук
на Ил. Ајсак, како син на Пријам, му бил брат на Хектора, иако бил роден од друга жена
на Пријама.
54
Т.е. Хектор бил роден од Димантида – Хекуба, ќерката на Димант.
55
Граник – река во Троада, Северозападна Мала Азија; или како речен бог (зашто сите
речни богови имале рогови) или поради тоа што се дели на два ракави пред да се влее
во морето и тој е наречен „бог со два рога“.
56
Хесперија е ќерка на Кебрен, бог на истоимената река.
Метаморфози 273

805 Двајцата те погубивме ние; за змиската рана


причина јас сум! Поголем злостор јас сторив од неа;
мојата смрт за твојата, утеха нека ти биде“.
Рече и в морето скокна од спила, издлабена сета
од брановите бучни. Се смилува Тетија57 тогаш
810 лесно го крена дур пливаше в море; го прекри со крилја
не го пушти да умре, при сè што тој сакаше многу.
Срдба го обзеде Ајсак, по принуда жив што е уште,
душата што не му може од тажниот стан свој да летне
иако таа сака; штом нови на плеќите крилја
815 доби, тој летна и повторно в шумните браној се фрли.
Перјето падот го смекна; кон дното се устреми Ајсак
пат кон гибелта своја без престан се труди да најде.
Љубовта мршав го стори, долги тој добива нозе,
долг му е вратот, а главата далеку му е од тело;
820 љуби тој море и име има што нурка во него.

Тетија – титанка, ќерка на Уран и Геја, сопруга на Океан; мајка на сите реки и океаниди.
57

Ајсак е нејзин правнук.


274 Публиј Овидиј Насон

ДВАНАЕСЕТТО ПЕЕЊЕ

5 Пријам не знаеше Ајсак дека со крилја се здобил


и дека жив е па жалеше по него; на гробот празен
с натпис: Хектор1 принесува с браќата посмртни жртви;
Парис сал не е на жалната служба; на родната земја
војна долготрајна наметна тој со грабнатата жена2;
10 По него илјада појдоа брода и сите Пелазги3;
бргу ќе втасаше казна, но ветри направија диви
море непреодно; така корабите спремни за поход
в Беотска земја и в рибна Авлида задржани беа4.
Таму, на Јупитер жртва дур готват по обичај древен,
15 стариот олтар дур блесна од разгорениот оган,
видоа тогаш Данајците5: еден змеј синкав кај ползи
околу платанот, близу до обредот, започнат веќе.
Имаше гнездо на врвот од платанот с пиленца осум;
змејот ги грабна со мајка им, која над своите млади
20 леташе грижно и сите ги смота во алчната уста6.
1
Хектор е син на кралот на Троја Пријам; тој е најголемиот јунак во Тројанската војна,
од страната на Тројанците; убиен бил од Ахила, синот на Пелеј и божицата Тетида, кој
бил пак најголем јунак од страната на Ахајците.
2
Парис ја грабнал убавицата Елена, сопруга на спартанскиот крал Менелај, зашто бо-
жицата Венера (Афродита) му ја ветила најубавата жена на светот, ако нејзе и го додели
златното јаболко, што божицата Ерида го фрлила на трпезата, на свадбата на Пелеј и
Тетида, за да предизвика кавга, бидејќи од сите бози, само таа не била поканета; на
јаболкото пишувало: „на најубавата божица“. Од ова се изродила кавга меѓу божиците
Јунона (Хера), Венера (Афродита) и Минерва (Атена), зашто секоја од нив сметала дека
јаболкто треба нејзе да й припадне како на најубава; Јупитер (Зевс) го одредил тројан-
скиот принц Парис да пресуди во спорот; тој златното јаболко й го досудил на Венера,
но со тоа ја навлекол врз себе омразата на Јунона и Минерва; грабнувањето на убавата
Елена било причина за избувнување на Тројанската војна.
3
Пелазгите се палеобалканско племе.
4
Авлида е пристаниште во Беотија; ахајските кораби не можеле да испловат од него,
додека не се принесе искупителна жртва на божицата Дијана (Артемида), зашто кралот
на Микена, Агамемнон, кој бил главен вожд на Ахајците против Троја и брат на Менелај,
убил срна во светиот лаг на Дијана и само со таква жртва можеле да се измолат поволни
ветрови за походот на ахајската флота против Троја; требало да биде жртвувана ќерката
на Агамемнон, Ифигенија.
5
Данајци – друго име за Ахајците (Грците).
6
Оваа епизода ја среќаваме и во Хомеровата Илијада, II, ст. 305 с.
Метаморфози 275

Сите стаписани беа, но жрецот, синот на Тестор,7


зналец на идното, викна: „Победата наша ќе биде!
Ај, радувајте се сега Пеласги! Троја ќе падне,
сепак борбата наша и маките долго ќе трајат“,
25 девет годишна војна по деветте прорече птици.
Змејот, пак, вплетен в зелените гранки на блиското дрво,
камен се стори и ликот на ала до денес го чува.
Жестоко Нереј се срди в Ајонските води и пречи
борците да се префрлат; некои веруваат дека
30 Троја ја брани, зашто тој градот го подигна Илиј;
Не мисли така на Тестора синот; не молчи, знае
дека со крвта на девица смирен ќе биде гневот
на божицата-дева8; штом општата победи полза,
кралот го победи таткото9, застана тогаш пред олтар
35 Ифигенија чиста да пролее крв; покрај неа
плачеа сите; божицата тогаш се смили и облак
фрли на очи и среде светиот обред и бројни
молитви гласни Микенката10 таа ја смени со срна.
Кога, ко што е редно, с крв смирена била Дијана,
40 гневот на Феба11, на морето исто се смириле тогаш;
Дувнале ветри одзади на илјада кораби бојни;
с многу претрпени маки до фригиски стигнаа брегој.
Има в вселената место, сред земја, море и небо
што е сосем на работ од тројното световно царство12;
45 оттаму сè се гледа колку и далеку да е,
секој звук продира длабоко во издлабените уши.
Таму на висока кула го избрала својот дом Фама13,
приоди безброј и илјада отвори додала уште,
а не затворила прагови таа со ниедна порта;
50 дење и ноќе отворено сè е; ѕуни од бронза,
екот го враќа, сè што ќе чуе, повторува веднаш;
7
Синот на Тестор е пророкот Калхант.
8
Божица-дева е Дијана (Артемида).
9
Кралот Агамемнон е татко на Игигенија, тој се согласил таа да биде жртвувана за
општата полза.
10
Микенката е Ифигенија, зашто доаѓа од Микена.
11
Феба е атрибут на Дијана, како што нејзиниот брат Аполон го има атрибутот Феб.
12
Небото, земјата, морињата.
13
Фама, олицетворение на „глас, вест“ како божица.
276 Публиј Овидиј Насон

Мир нема никаде внатре, ни тишина в некој дел има


нема ни врева, сал тивок шепот од гласој се слуша,
ко што се слуша оддалеку шумот на морските браној,
55 ил ко што кога Јупитер од облаците темни
татни, а последниот татнеж одвај се слуша.
Полн е атриот с толпа; доаѓаат, прост свет, си одат,
илјади гласини врват, вистинити заедно с лажни
збркани зборови везден ширум на сегде се слушаат.
60 Некои од нив со приказни празните уши ги полнат,
други го шират кажаното; разни измислици раснат
а раскажувачот додава нешто кон она што слушнал.
Тука е Лековерноста, непромислената Грешка,
тука е Радоста напразна и бројни Стравови смутни,
65 неодамнешен Бунт и шепот од незнаен извор.
Фамата сè што се случува гледа на море и небо
и на земјата; таа ја следи сета вселена.
Пронесе глас дека кораби грчки со воини храбри
веќе се ближат; ненадејно не дојде с оружје врагот.
70 Тројците пристап не даваат, брегот тие го бранат.
Протесилае, судба ти било прв ти да паднеш
од Хекторовото копје; Данајците платија скапо
за започнатиот бој; со смртта на храбриот воин
Хектор познат им стана; но и Фригијците исто
75 с малку не сетија крв што може Ахајската рака;
црвен Сигејскиот брег14 стана; синот на Нептуна Кигнос15
илјада погуби мажи; на кола јуришаше веќе
Ахил и с пелијско копје16 цели погуби чети.
Низ сето бојно поле барајќи ги Кигнос и Хектор
80 тој со Кигнос се судри; (го одложи бојот со Хектор
дур за десетото лето); па коњите с вратови бели
в јарем ги стегна, ги ободри, потем кон врагот се втурна,
трепетно копје растресе с рака и извика вака:
„Момче, кој и да си, ко утеха в смртта нек ти е
14
На морскиот брег кај Сигеј бил логорот на ахајските војски.
15
Кигнос бил крал во градот Колон; тој не можел да биде ранет од оружје; загинал од
рацете на Ахил.
16
Пелијско копје е Ахиловото копје, зашто било направено од јасен од планината Пелиј
во Тесалија.
Метаморфози 277

85 што те погубил с копјето тебе Хемонецот Ахил17!“


Толку сал рече, а тешкото копје го проследи гласот;
иако в насока грешна не полета цврстото копје
сепак не ја стигна целта острото фрлено копје,
туку ко с тап некој удар го растресе в градите само.
90 Извика оној „О, божичин сине, те познавам тебе
од кажувања; зошто се чудиш што ранет јас не сум?
(Ахил се чудеше) Шлемов мој лисест од гривите коњски
ти што го гледаш, ни штитот мој вдлабен, ни товаров тежок
заштита не беа моја; за украс ми служат сал тие,
95 ко што и Марс ги носи; заштитата сета од себе
сега јас ќе ја фрлам и негибнат пак ќе си одам.
Не вреди син да си на Нереида, туку на оној,
кој над Нереј, над ќерките и сето го владее море18“.
Рече и фрли копје кон Ајакидот19, но в штитот
Ахилов тоа се заби во бронзата; деветте кожи
100
воловски тоа ги проби, в десеттиот слој тоа запре.
С моќната рака го истргна јунакот копјето повтор
трепетно и го метна, но повтор не зададе рана
негибнат остана Кигнос; ни трет пат не успеа тоа
Кигноса да го рани, кој стоеше јавно пред него.
105 Ахил се разбесна ко некој бик во отворен циркус
кога со страшните рогој ќе стрча кон пунските крпи
с кои го дразнат и гледа кај залуд нанесува рани;
погледна, дали острието стои уште на пратот;
беше на пратот; па рече: „Ракава, значи е слаба,
110 силите прежни ги изгуби веќе сал против еден;
имаше сила кога прв в Лирнес20 ги урнав ѕидојте
кога Теба Еетионова21 уште и Тенед22

17
Ахил бил од Фтија во Тесалија, која во древноста се нарекувала Хемонија.
18
Ахил е син на нереидата (морска божица) Тетида, ќерка на Нереј, а Кигнос бил син на
Нептун кој е врховно морско божество.
19
Ајакид е Ахил, зашто е внук на кралот на Ајгина Ајак.
20
Лирнес е град во Мисија, татковина на Брисеида, која како робинка му била миленичка
на Ахила; но кога Агамемнон бил принуден да ја врати својата миленичка Хрисеида, за
да го смири гневот на Аполона, кој пратил чума на ахајската војска, тој му ја одзел на
Ахила Брисеида, по што Ахил силно се разгневил и одбил да учествува во битките, сè
до погибијата на неговиот најдобар пријател Патрокло.
21
Родниот град на Андромаха, сопругата на Хектор.
22
Тенед – остров во Егејското Море, пред крајбрежјето на Троада.
278 Публиј Овидиј Насон

в сопствени крвој ги исполнив; ил кога потече Каик23


црвен ко пурпур од колежот крвав на бројниот народ.
115 Моќта на моето копје два пати Телеф го сети.
Овде јас мнозина убив и купишта од нив на брегов
направив; беше и сè уште моќна е ракава моја“.
Рече и верба како да нема во прежните дела,
исфрли копје кон Менојта, маж од ликискиот народ
120 и тоа веднаш низ штитот се зари в неговите гради.
Дур умирајќи тој с темето удри во тешката земја
оној го истргна истото копје од топлата рана,
извика: „С оваа рака и копје победивме ние!
Со нив кон овој ќе гаѓам; исходот ист нека биде!“
125 Рече, кон Кигнос го џитна; не залута тврдиот јасен,
тој не се тргна, му заѕуни копјето в левото рамо,
отскочи оттаму како од ѕид, ко од најтврда стена;
и кај што ударот беше, на Кигнос белег од крвца
тој беше видел; но напразно Ахил израдуван беше;
130 немаше никаква рана; Менојтова крв беше тоа!
Тогаш разбеснет скокна во миг од високата кола
и со сјајниот меч се устреми право кон врагот;
гледа тој в чудо кај штитот и шлемот се длабат од мечот
а од тврдото тело затапува острото копје.
135 Не може да се здржи, по лице го удира с штитот
триж, четири пати с балчак му удира длабнато чело;
Кигнос отстапува, овој го гони, го буни, го турка,
на стаписаниот мир не му дава; го обзеде ужас,
сенки пред очи му пливаат, и дури чекори назад
140 насреде полето зад него камен се испречи еден;
Ахил силно го турка врз камот свиениот Кигнос
па со сета сила го тресна од тврдата земја.
Потем со штитот, с колената тврди му притиска гради
ремен од штитот му тегне, го притиска цврсто под брада,
145 грло му стега, му затвора така два отвора дишни,
така тој душа му зеде. Посакува и да го плени;
но сал оружје гледа; богот на морето него

23
Каик е река во Мисија, каде што кралувал Телеф. Ахил првин со своето копје го ранил
Телефа, па потем со ’рѓата од копјето го излекувал.
Метаморфози 279

в бела го претвори птица и негово име й даде24.


Оваа битка и напор за многу дни донесе почин;
150 обете страни да остават оружје решија тогаш.
И дур фригиската стража ги чува ѕидините будно
и дури будната стража Арголидски ровови чува,
дојде празничниот ден, кога с крв од заклана крава
Ахил, победникот Кигнов, ја честеше дева Палада.
155 Штом на врелиот олтар од жртвата дробот го стави
и на бозите мирисот угоден в етерот продре,
обредот сврши, остатокот беше даден за гозба.
Вождите тогаш на дивани легнаа, с печено месо
сите се гостеа, с вино смируваа жедост и грижи.
160 Но не ги веселат нив ни китари, ни гласој од песни
ниту, пак, долгата шимширна флејта со отвори бројни,
туку ноќта ја минат во беседи, зборат за доблест,
зборат за битките свои и тие на нивните врагој,
кој в каква опасност бил и како се спасил од неа
165 си приспомнуваат редум. За што, пак, би зборувал Ахил,
или за што да зборуваат тие пред Ахила велик?
Најмногу за последната победа беседат тие,
за совладаниот Кигнос; на сите чудно им беше
како ниедно копје не продре в младото тело,
170 не прими рана, железото тврдо се абеше само.
Ајакидот се чудеше, но и Ахивците исто,
Нестор25 тогаш им рече: „Во вашето време сал Кигнос
без страв од железо беше, и неранлив беше од удар.
Некогаш сам јас го видов Перајбеецот Кајнеј,
175 со неповредено тело, иако с илјада рани.
Тој Перајбеец Кајнеј, славен по своите дела
беше од Отрис26, но она што најчудно беше кај него,
тој беше роден ко жена“. Од новото збунети чудо,
да им раскажува сите го молеа; Ахил меѓу нив:
180 „Кажувај, старче слаткоречив, разум на нашево време,
сите ние сме волни да чуеме, кој бил тој Кајнеј,
24
На грчки „кигнос“ значи „лебед“.
25
Нестор – син на Нелеј, крал на Пилос; прочуен бил како говорник, мудрец, најстар од
сите ахајски вожди; кралувал над три човечки поколенија.
26
Отрис – планина во Јужна Тесалија.
280 Публиј Овидиј Насон

зошто го променил полот, во која го запозна војна,


кој го победил него, ако го победил некој?“
Старецот рече: „Иако староста трома ми пречи,
185 случки заборавам многу во младоста што сум го видел,
сепак повеќето помнам; од сè што во животот видов,
в мир и во војна, в сеќавање повеќе не чувам ништо
од таа случка. Па ако предолгата старост ни дава
бројни да гледаме дела, јас двесте проживеав лета,
190 а еве сега и в третата стотина живеам уште.
Кајнида, ќерка Елатова славна по убоста беше,
најлична тесалска дева в градовите блиски и твоите
(зашто, Ахиле, таа земјачка тебе ти беше),
завидна надеж беше на многу младоженци таа“.
195 Можда и Пелеј ќе посакал брак да склопи со неа
но или веќе бил врзан во брак со твојата мајка,
или му ветена била; со никого од сите просци
Кајнида не стапи в брак; по брегот самотен еднаш
шеташе сама; ја силува богот на морето таму
(така бар велат) и Нептун штом нова сласт љубовна сети,
200 рече: „Ниедна желба не ќе ти одбијам сега!
Избери, што сакаш!“ (Исто и ова се зборува така.)
Кајнида рече: „Насилството голема желба ми внуши,
пак да не претрпам исто; дај ми да не бидам жена,
така сè ќе ми дадеш“. Последните зборој ги кажа
205 с подлабок глас, се чинеше, како глас машки да беше;
така и беше, бидејќи богот на морските бездни
желба му исполни; неранлив уште го направи него,
ниту да може од железо некогаш смрт да го снајде.
Замина среќен од дарот Атракидот27, помина живот
210 машки извршува дела и броди в Пенејските полја.
Синот на Иксион дрзок28 с Хиподама правеше свадба;
в пештера, с дрвја покриена; дивите облакородни29

27
Атракид е потомок на Атракс, основач на градот со истото име.
28
Овде се мисли на Пиритој, синот на Иксион, а неговата жена е Хиподама (или Хипода-
мија), ќерка на Лапитот Атракс. Синовите на Иксион се Кентаурите; наречени се уште и
„синови на облаците“, зашто Иксион ги родил со облак, кој го примил обликот на Јунона.
Поетот спомнува имиња на 56 Кентаури и 23 Лапити.
29
Т.е. кентаурите, зашто тие исто биле синови на Иксион, родени од еден облак, кој го
примил ликот на Јунона.
Метаморфози 281

на поставените маси редум ги стави да седнат.


Присутни беа Хемонските вожди30, бев и јас таму,
215 ечеше кралскиот дворец од свечен свадбарски викот.
Еве, хименај31 се пее, в одаите факли се чадат,
дојде и момата с дружба од мајки и невести млади;
прекрасна беше; на Пиритој му посакавме среќа
со таква жена; но ко да рековме прокоба злобна.
220 Зашто, штом, Еврите див, од сите најдив кентаури,
неа ја здогледа ти, од вино и девата пламна,
па со пијанството страста се вдвои, те совлада тебе.
Одеднаш маси се кутнаа, пирот се растури сосем
насилно младата невеста грабната беше за коси.
225 Еврит ја грабна Хиподама, другите, кој која може,
или ја бендисал, грабаа сите, ко град да се плени;
ечеше домот од писоци женски. Скокнавме сите,
прв се провикна Тесеј32: „Што бес те, Еврите, тера
при мене жив да го навредиш толку ти Пиритоја
230 без да си свесен дека во еден повредуваш двајца?“
(Напразно јунакот вакви не изрече зборови гневни,
бесните силници тој ги разгонува, пленот го зеде.)
Еврит не рече ништо (ни можеше с зборој да брани
такво бесрамно дело) ги крена дрските раце,
235 в лице го удри одмаздникот и в благородните гради.
Случајно наблизу стоеше старински изрезбан кратер.
Егидот33 рипна, го крена, од кратерот повисок беше,
потем го фрли во лице на оној наспроти него;
грутки крв Еврит, со мозок и вино од рана и уста
240 изблува, потем се спружи ничкум на влажниот песок.
Збеснаа зарад убиството двотелесните браќа34
негови; с еден глас се надвикуваат едни по други:
„Оружје, оружје!“ викаат; виното храброст им дава,
летаат чаши, кршливи урни, извиени котли,
245 преѓе годни за гозба, а сега за бој и за колеж.
30
Т.е. Тесалските вожди.
31
Хименај е свадбена песна.
32
Тесеј бил пријател на Пиритој и во тоа својство присуствувал на неговата свадба.
33
Егид е Тесеј, син на атинскиот крал Егеј.
34
„Двотелесни браќа“ се кентаурите, зашто се полулуѓе, полукоњи.
282 Публиј Овидиј Насон

Синот Офионов Амик35 прв се дрзна да грабне


дар од домашниот олтар и прв од светијата дигна
свеќник, на којшто многубројни беа запалени свеќи;
високо него го крена, па ко што со секира некој
250 жртвена сака да удри на бикот по белата шија,
на Келадона лапитот в чело тој му го фрли,
коските му ги здроби, да не му препознаеш лице.
Очи искочија надвор, на лице му искрши коски,
нос му навре во уста, го залепи посреде непца.
255 Пелат од Пела36 од масата кленова ногалка тргна,
с неа на земја го спростре и брада до гради му свитка.
Амик исплука заби, со црни помешани крвој,
с друга, пак, рана, Пелат го прати кај сенките в Тартар.
Наблизу стоеше Гринеј, со поглед страшен гледајќи
260 во задимениот олтар; „што не го земеме?“ рече;
потем огромниот олтар со огнот во него го крена
па го фрли среде лапитите; двамина згмечи,
Бротеј и Ориј; на Ориј Микала мајка му беше;
за неа знаеја дека со волшебни зборови често
265 симнува рогој на месецот, против неговата волја.
„Неказнет нема да бидеш, да имам оружје само!“
рече Ексадиј и наместо копје рог еленов грабна
којшто ко заветен дар на висок бор висеше таму37.
Рогот ко чатал го заби потем во очи на Гринеј
270 очи му ископа, дел од нив остана слепен на рогот,
дел низ брада му тече и згрутчени крвој му висат.
Ројт еве граба од олтарот вжештена сливова гламја
Харакса38 в чело го удри, покриено с лисеста коса.
Ко суво класје штом пламне, огнот му зафати коси
275 и крвта вжарена в раната страшно зачрчори веднаш,
ко што железото црвено пишти, кога со клешта
свиена ковач од оган го вади, па в ведро го става.
тоа пак сè уште пишти и нурнато в топлата вода.
35
Амик е исто кентаур.
36
Пела – град во Македонија.
37
Еленските рогови ловците често ги обесувале на гранките од дрвјата во шумата, како
заветен дар на Дијана, божицата на ловот.
38
Ројт е кентаур, а Харакс е Лапит.
Метаморфози 283

Ранет, тој алчниот оган го тресе од крутите коси,


280 прагот го тргна од земја, ко товар за кола што беше,
потем на плеќи го крена, но беше тој премногу тежок
за да го фрли врз врагот; тешкиот камен го столчи
другар му Комет, кој стоеше тогаш близу до него.
Ројт не се воздржа; рече: „Посакувам храбри да бидат
285 така и сите други од одредот во твојот логор!“
С гламјата полуизгорена повтор во раната удри,
триж, четири пати Харакса силно по теме го удри,
череп му строши и коските в течниот пливаа мозок.
Сега победникот прејде кон Корит, Евагар и Дријат;
290 Од нив прв падна Корит, со прв мов на образи млади;
Викна Евагар: „Што слава стекна, што погуби момче?“
Ројт не му дава да зборува уште; жестокиот воин
низ отворената уста на мажот црвениот факел
дури до градите негови храбри го вмолкна без милост.
295 Дријасе, тебе те подгони исто, мавтајќи со огнот
околу главата твоја, но не ја постигна целта;
додека клика од успехот толку што погубил луѓе
с подгорен кол ти го прободе, помеѓу вратот и плеќи.
Застенка Ројт, го истргна одвај од тврдата коска
300 колот и избега сиот в сопствените испрскан крвој.
Орнеј избега исто и Ликабас, ранет во рамо
десно; избега Медон, с Пасенора избега Тавмас,
Мермер, кој до неодамна сите ги победуваше в трки
бегаше бавно сега од рана што беше ја добил;
305 бегаа Фол и Меланеј и Абас, на вепрови ловец,
и жрецот Асбол, кој своите од бојот ги одвраќа залуд;
Тој на Нес, кој од рани стравуваше, вака му викна:
„Не бегај! Тебе те чуваат тие за лакот на Херкул“.
Смрт не избегнаа Еврином, Ликидас, Ареј и Имбреј;
310 сите нив с десница моќна ко врази ги погуби Дријас.
Исто и тебе, Кренее, Дријас те рани од спреде
иако в бегство се даде; штом поглед наназад сврте,
тешко те погоди копје, сред очи, каде што носот
допира твој до долниот дел од челото твое.
284 Публиј Овидиј Насон

315 Среде толкавата бука Афидас39 потонал сосем


лежи во бескраен сон, што жили му обземал сосем;
в рака одмалена држи кархесиј40 со мешано вино,
спрострен на рунтава кожа од голема Осајска мечка41;
Форбас го виде кај лежи и не зема оружје в раце,
320 стави на ременот прсти и рече: „Мешано вино
сега со Стикс ти ќе пиеш!“ не почека јунакот многу,
копје кон младичот фрли и јасенот окован в шија
му го забоде веднаш, дур на плеќи лежеше уште.
Афидас не сети ништо, од полното негово грло
325 црна низ леглото течеше крв и в самата чаша.
Петреја42 исто го видов, кај сака од земја да корне
желадоносен даб; дур беше го обгрнал с раце
и дур го клатеше таму и ваму, го дрма и клима,
Пиритој исфрли копје, го погоди Петреја в ребра,
330 моќни му прониза гради, ведно со стеблото тврдо.
Некои велат, Пиритој храбар го убил и Лика
Храбриот Пиритој Хромина исто го погубил, велат,
но со нив сепак победникот с помала слава се здоби.
Копје го пронижа Хелопс, низ челото негово мина
335 и од десното уво до левото дури се проби;
Диктис, еве од стрмниот планински врв кај се спушта,
престрашен бега од гонителот – син Иксионов,
паѓа во бездна и с телото тешко огромен јасен
крши и с цревата свои го обвива трупецот скршен.
340 Алфареј веднаш за одмазда откорна карпа од ридот
но уште пред да ја фрли, го превари Егид кој удри
по него с храстов кол, огромни коски во лактот му строши,
но да го дотолчи сосем нема ни време ни волја,
рипнува веднаш на грбот на оној Биенор кршен,
345 друго да носи кој не знае, освен самиот себе;
колено в ребра му заби, с левицата коси му зграби,
потем со колец јазлест му здроби заканлива уста
лице и слепоочници негови, премногу тврди.
39
Сите имиња спомнати довде се на Кентаури.
40
Кархесиј е чаша со рачки што се издигале високо над чашата.
41
Мечка од планината Оса во Тесалија.
42
Петреј е кентаур; сите имиња до Биенор се имиња на кентаури.
Метаморфози 285

С колот ги сотре Недимна и уште Ликопена стрелец,


350 уште и Хипаса, комушто брада му покрива гради,
уште и Рифеј, кој с глава надвишува врвови шумски,
уште и Тереј, кој в горите Хајмомски ловеше мечки,
потем дома ги носеше живи, дур рикаа диво.
Демолеон не поднесе успеси толку да реди
355 Тесеј; се обиде с голема сила од тврдата почва
стар бор да искорне; но, штом не успеа сосем во тоа,
напола прекршен кон својот душман тогаш го фрли.
Тесеј настрана се тргна, го одбегна ударот така,
поучен од Палада; сака да верува в тоа.
360 Напразно не падна борот, тој на високиот Крантор
гради од вратот му откина, уште и левата плешка;
Крантор, пак, Ахиле, оруженосец на татко ти беше.
Аминтор, крал на Долопите, совладан еднаш во војна,
него го даде на Ајакид – залог за мир и за верност.
365 Штом него Пелеј го виде од лута раскинат рана,
викна: „Кранторе премил, ти посмртен дар сега прими!“
и јасеново копје со својата мишица цврста
фрли кон Демолеона, а гневот и сила му вдвои.
Копјето ребра му здроби, се затресе слепено в коски;
370 дрвото сал без врвот оној го извлече тогаш,
одвај и тоа го стори, а врвот му остана в гради;
болката сила му даде; ранет кон врагот се крева
и со копитата јунакот да го изгмечи сака.
Оној го прими ударот с шлемот и штитот свој ѕвонлив,
375 плеќите добро ги пази, оружјето напред го држи
и с еден удар низ плеќи две градни крила му проби.
Пред тоа Флеграј и Хила оддалеку беше ги убил,
и Ифиноја и Кланис, со коишто заметна битка.
Кон нив се приклучи Дорил, кој главата беше ја покрил
380 со кожа волча, па дигнал наместо оружје луто
вити бичешки рогој, од обилни црвени крвој.
Нему му прозборив јас (а гневот сила ми даде).
„Гледај кај твоите рогој се послаби од моето копје!“
Копјето тогаш го метнав; да избегне не може овој,
385 с десница чело си штити, да не може рана да прими;
но си ја прикова раката с челото; настана викот,
286 Публиј Овидиј Насон

и ко што прикован беше и свладан од лутата рана


Пелеј43 сред стомак го прободе с меч; зашто поблизу беше.
Дорил разјарен скокна и развлече црева по земја,
390 влечени така ги гази, згазените потем ги кине,
нозе заплетка во нив и падна со испразнет стомак.
В бојот не те спаси, Киларе, тебе ни убоста твоја,
ако на суштество такво признаваме некаква убост.
Брадата сал што му никна, а златна имаше брада,
395 златна му паѓаше коса по рамена и среде плеќи.
Живост му зрачеше в ликот; шија, рамена, раце,
гради и се мажествено што е, како да беше
дело на прочуен вајар, кој прекрасни кипови ваја;
оддолу телото коњско, подолу не е по убост;
400 додај му врат и глава, достојно ќе е за Кастор;
грб има годен за седло и виши мускулести гради;
поцрн е од смола црна, а опашот бел му е сиот,
бели се сосема исто и красните негови нозе.
Многу го посакуваа од родот негов, но само
405 Хилонома го зеде, од полудивите жени
најлична што е, од тие што в горите живеат вишни.
Таа го приврза Килара с љубовна исповед, с ласки,
с гиздење, колку што приличи гизда за таквите тела,
косата с чешел ја мазни, па вплетува рузмарин цвеќе
410 или темјанушки, рози, понекогаш лилјани бели;
дваж дневно лице си мие во бистриот извор од врвот
на пегасајската шума, дваж тело в реката капе,
покрива с руно скапоцено таа од одбрани ѕверој
или сал едното раме или сал левото бедро;
415 Заемна љубовта беше; низ горите талкаат ведно,
в пештери ведно влегуваат и во лапитските двори
дојдоа обата; заедно лути војуваа битки.
Не знам, дал од лева страна, Киларе, копјето стигна
и ти се заби подолу, помеѓу гради и вратот;
420 иако с малечка рана повредено срцето беше,
копјето штом го истргна, с телото заедно замре.
Веднаш Хилонома смртно ранетото тело го зеде
43
Пелеј е таткото на Ахил, син на Ајак, кој исто така присуствувал на свадбата на Пиритој.
Метаморфози 287

раната с рака ја топли, му притиска уста со уста


да му ја задржи сака душата што веќе лета;
425 но штом го виде мртов, се фрли над копјето, кутра,
прозборе нешто што не чув, зарад големиот викот
и умирајќи го држеше в преград милиот сопруг.
Уште пред очи ми стои оној Фајоком; тој, пак,
шест кожи лавовски врзал, ги преплел руната с јазли
430 со нив беше го покрил човечкото и коњско тело;
Тој метна трупец што одвај да покренат два јарма можат
и сред теме го удри Тектафа, синот на Олен;
беше му пукнат кругот на темето широк; низ уста,
ноздри, низ очи, низ уши му течеше мекиот мозок,
435 ко што од дабова прачка згрутчено млеко се слева,
или ко вино што капе под натиск од решето ретко
и ко што густ сок се цеди низ збиени отвори тесни.
Кога се готвеше тој да го ограби, легнат дур беше,
јас, (твојот татко е сведок) го забодев в слабини мечот
440 на ограбувачот; Хтониј и Телебоас тогаш исто
од мојот паднаа меч; чаталеста носеше гранка
првиот, овој, пак, копје; со копјето мене ме рани;
Белези имам! Се гледа сè уште старата лузна.
Требаше тогаш пратен да бидам, да освојам Пергам;
445 можев, ако не успеев да го совладам, барем
с моето оружје да го забавам Хектора велик!
Но тогаш сè уште не бил ни роден ил дете бил Хектор,
сега пак јас немам младешка сила за подвизи такви.
Што да раскажувам како Перифас го победил беше
450 двотелесниот Пирајт, ил Ампик на оној Ехекал
четвороножецот дренов стап без врв, му фрли сред лице?
Макареј лост му заби во гради, на земја го спростре
Пелетронецот Еригдуп44; помнам, Нес замавна копје
и со раката своја го заби во мевот на Кимел.
455 Не мисли дека сал Апиков Мопс45 да прорече знае
иднина. Ходит двотелесен удрен од Мопсово копје,
лежи, да зборува сака, но напразно само се мачи

44
Пелетронецот Еригдуп е кентаур, наречен така според планината Пелетрониј во Тесалија.
45
Мопс е пророк меѓу лапитите.
288 Публиј Овидиј Насон

јазикот с брадата, брадата с гркланот Мопс му ги скова.


Кајнеј петмина уби: Бром, Стифел, Антимах, Елим,
460 уште го уби Пиракта, кој секира носеше везден;
раните не им ги помнам, им запишав име и број сал.
Протрча оружан с пленот на Ематиецот Халес46
кого го беше убил, Латреј, грамаден с тело;
возраста негова беше негде сред младост и старост;
465 младешка имаше сила, но и побелена коса.
Бележит с штитот и мечот и македонското копје,
погледот свој тој го сврте кон обете вражески војски,
ѕвечи с оружјето сјајно и в круг определен јава,
гордо во празниот воздух истура безбројни слова:
470 „Тебе ли да те поднесувам, Кајнијо, жена за мене
секогаш ти ќе бидеш; потеклото зар не го помниш?
Заборави ли зарад што ти ко награда лажен лик машки
доби? Помниш ли каква се роди, што претрпе, знаеш?
Фурката с кошница земи ја, нишки со палецот сучи;
475 бојот на мажи препушти го!“ Вака дур овој се фали,
Кајнеј с фрленото копје го погоди него во бокот,
истегнат сиот од тркот, кај споен е коњот со мажот.
Оној збесна од болка, в откриено лице му заби
на Филиецот млад47 македонска сариса48 моќна;
480 оваа отскочи исто ко град од врвот на покрив,
или ко некој што удира с камче по празниот тапан.
Близу пристапува Кајнеј, меч да му зарие сака
в тврдото бедро на Латреј, но проход на мечот му нема.
„Не ќе ми побегнеш, сепак; штом тап е врвот на мечот,
485 ќе те заколам с острецот!“ рече, меч насочи косо
и со десницата долга го стегна в слабините цврсто.
Застенка телото силно од ударот, ко да е мрамор,
скршен отскочи мечот од ударот в тврдата кожа.
В чудо го гледа врагот неповреденото тело;
490 тогаш извика Кајнеј: „Ај да го испитам сега
с мојот меч твоето тело!“ Па смртоносниот меч свој
46
Халес е од Ематија, област во Македонија.
47
Т.е. Ценеј, наречен така според тесалскиот град Фила, кој се наоѓал во близината на
Пегасејскиот залив.
48
Сариса е долго македонско копје.
Метаморфози 289

в плешка го зари до балчак, в утробата с рака му врти


така тој в раната уште една му направи рана.
Двотелесниците с викот силен напаѓаат бесно,
495 сите своите копја ги фрлаат кон него еден;
копјата паѓаат тапи; останува од секој удар
неранет и нераскрвавен Кајнеј, синот на Елат.
Сите ги зачуди ова; Моних извика тогаш:
„Ох, каков огромен срам! Од еден сал свладан цел народ
500 и одвај маж е; но нека е маж, со нашата тромост
ние сме тоа што бил. Што полза од големи тела?
Зошто вдвоена сила и зошто природата двојна
соединила во нас најсилни суштества в светот?
Божица не ни е мајка ни чеда на Иксион не сме,
505 кој, пак, бил толку велик што дури и вишна Јунона
беше ја посакал; сега нè совлада полумаж-душман.
Урнете врз него стени и дрвја, планини цели,
истргнете ја силната душа с искорнати шуми!
Шума нек грло му стисне, тежина – наместо рана“.
510 Рече и трупец јак, случајно кутнат од Аустер бесен
грабна, замавна силно и кон врагот го фрли.
Пример даде со тоа, и кусо време потоа
Отрис остана оголен, остана Пелиј без сенки.
Потрупан с огромен куп, под тежеста Кајнеј се поти,
515 носи на силните плеќи натрупана тежина дрвја,
но штом тешкиот товар лице и глава му покри
немаше веќе ни процеп од каде воздух да земе,
час се обидува напразно тело кон воздух да крене,
и да ги турне од себе натрупаните дрвја
520 час се раздвижува, ко што понекогаш гледаме ние
како од земјотрес често се тресе стрмната Ида.
Исходот не ни е познат; некои велат во Тартар
телото отишло, столчено сосем од купишта дрвја;
Синот на Ампик, пак, видел, од купот кај летнала птица
525 со жолти крилја, се вивнала горе во ведриот воздух;
неа јас тогаш прв пат ја видов и никогаш веќе.
Птицата Мопс штом ја виде над логорот бавно кај лета
и како силно крешти, ја проследи с поглед и душа,
извика: „Кајнеју, здраво, на племето лапитско славо,
290 Публиј Овидиј Насон

530 некогаш највелик маж, а сега единствена птица!“


Гласникот заслужи верба; од болката срдба се роди,
тешко поднесовме, душмани толку што убија еден;
и не престанавме пред да ја смириме с оружје скрбта,
сè дури дел не погубивме, дел, пак, се здаде во бегство.
535 За овој бој меѓу лапити и полулуѓе кентаури
раскажа мажот од Пилос; Тлеполем49 болка не здржа
што молкум прејде преку Алкидот, па вака му рече:
„Чудно е, старче, што не спомна ништо за славниот Херкул;
Татко ми често кажуваше како облакородни
540 свладувал тој“. Пилиецот тажно на ова му рече:
„Зошто ме силиш да спомнувам сега за несреќи дамни
и да ријам по веќе од време зацелени рани,
да ти ја признавам јас ненависта кон твојот татко?
Чудесни дела, о бози, тој стори, го исполни светот
545 с подвизи; сакам да можам јас да го одречам тоа;
Но не го фалиме Дејфоба ниту Полидамаса50,
ниту, пак, Хектора сега; душманот, кој би го фалел?
Татко ти еднаш Месенските ѕидој51 со земја ги срамни,
исто ги урна недолжните градој Елида и Пилос,
550 с оган и меч тој се втурна на моите родни Пенати;
молкум крај другите бројни, што тој ги сотре, ќе минам;
бевме дванаесет сина на Нелеј во цветната младост,
паднаа, без мене еден, сите од моќта на Херкул;
Тоа што можел да победи други, можам да простам;
555 чудна е смртта Периклименова, кому што Нептун,
зачетник на родот Нелеев, беше му дал тој да може
облици, какви што сака да зема и пак да ги враќа.
Откако напразно тој се претвораше в секаков облик,
в птица се претвори, која со своите искривени канџи
560 често молњи ни носи; на кралот на бозите мила52;
с крилјата моќни, с кривиот клун и с кукестите канџи

49
Тлеполем е син на Херкула и Астиоха, вожд на Родјаните во Тројанската војна.
50
Дејфоб е брат на Хектор, а Полидамас е син на Пант, Хекторовиот другар.
51
„Месенски ѕидој“ – градот на Еврит, Ехалија, што Херкул го разурнал, зашто Еврит не
му ја дал ветената нему ќерка Јола. Пилос и Елида без вина биле разурнати.
52
Периклимен се претворил во орел; орелот, пак, била најмилата птица на кралот на
боговите Јупитер.
Метаморфози 291

таа раскинува лесно лице на противник секој.


Но пак Тириецот сигурно лакот го опна кон неа
и дури таа надвисната лета сред облаци вишни
570 тој ја ранува в бокот, кај што е с крилото споен;
раната не беше тешка, но раскинатите жили
сила изгубија, птицата не може веќе да лета.
Падна на земја; с изнемоштените не може крилја
воздух да заграби; стрелата кај што го допрела беше
575 лесното крило, притисната сега с ранетото тело,
продре низ градите горе, и изби в лево низ вратот.
Мислиш ли уште делата на твојот Херкул ќе треба,
прекрасен вожду на флотата Родиска, јас да ги славам?
Толку за храбрите негови дела; молкот мој сега
580 одмазда нек е за моите браќа; со тебе сум другар.
Штом ова с умилна уста синот на Нелеј го кажа,
тие по речта на старецот повтор дар зедоа Бакхов,
станаа потем од леглата; в сон ноќ поминаа сладок.
Богот, пак, којшто со трозабец смирува водени браној53
585 скрби в татковското срце што претворен синот му беше
во птица Фаетонска54; Ахила силно го намрази тогаш;
посилен гневот е негов одошто праведно беше.
Но зашто војната траеше десетта година веќе,
тој на Зминтеја55 голобрад вакви му прозбори думи:
590 „О, ти, најмил што си ми од сите братови чеда,56
ти, којшто со мене попусто постави ѕидини Тројски,
не жалиш ли кога гледаш кај кулите сал што не паднат?
Не скрбиш ли што илјади безброј загинаа веќе
кои го бранеа градот? Но да не спомнувам други;
595 сенката само на Хектор, влечен околу Пергам57!
А пак жестокиот Ахил, од војната посвиреп дури,
рушител којшто е на трудот наш, тој живее уште.
Сал да ми дојде! Ќе сети с тризабецов што ќе му сторам.

53
Т.е. Нептун.
54
Т.е. лебед, во што се претворил Кигнос, синот на Стенел, кој тагувал по гибелта на Фаетон.
55
Зминтеј е атрибут на Аполон и значи „уништувач на полски глувци“.
56
Т.е. од чедата на Јупитер, зашто тој е брат на Нептун; освен Аполон, Марс Вулкан,
Меркуриј, Јупитер имал уште многу други деца.
57
Т.е. Троја.
292 Публиј Овидиј Насон

Но, зашто не можам одблизу јас да се судрам со врагот,


600 ти, со невидлива стрела ненадејно уби го него!“
Прифати тогаш Делиецот58, обземен с гнев свој и стриков,
обвиен с облак тој пристигна среде Илијската војска;
тогаш, сред колежот Париса, стрели кај фрла го виде
една по една кон некои Ахивци, непознати сосем.
605 Зминтеј се откри ко бог и рече: „Што губиш стрели
с крвта на народов прост? Ако грижа за твоите имаш
цели ти кон Ајакидон, одмазди ги мртвите браќа!“
Рече и потем го покажа Ахила, с меч кај ги сече
мажите тројски; лакот свој тогаш го сврте кон него
610 и со десницата цврста смртоносна стрела му метна.
Сал ова можеше радост да биде за стариот Пријам
по Хекторовата смрт; на толкуте воини безброј,
Ахиле, ти, победнику, еве, си победен сега
од грабителот страшлив на една сопруга грајска.
615 Ако, пак, требало ти да загинеш в борба со жена,
поскоро од термодонтска59 ќе паднеше секира двојна.
Стравот на Фригите60, гордоста, штитот на сите Пеласги,
несовладливата глава во битки, внукот на Ајак
гореше веќе. Тој бог што го оружа, тој и го гори;
620 пепел е веќе; од толку великиот остана Ахил
сосема малку, одвај со тоа да наполниш урна,
но тој е жив и сиот свет полн е с неговата слава.
Таквата слава му приличи; со неа синот на Пелеј
рамен на себе си е; не го чувствува пустиот Тартар.
625 Војни предизвика штитот на Ахил61, да можеш да знаеш
чиј бил тој; оружје заради оружје кренато беше.
Не се осмелува да го побара синот на Тидеј62,
ниту Ојлеев Ајакс63, ни младиот Атрид64, ни оној
58
Делиецот е Аполон, нарекуван така зашто е роден на островот Делос.
59
Термодонт е река на Понт, од каде што била Пентесилаја, убавата кралица на Амазон-
ките со која Ахил се борел и ја убил, па додека гледал како таа умира, се вљубил во неа.
60
Фриги, т.е. Тројанци.
61
Штитот на Ахил бил највредниот дел од Ахиловото оружје.
62
Син на Тидеј бил Диомед, кој по смртта на Ахил бил најголем јунак кај Ахајците.
63
Ајакс бил син на Ојлеј, кралот на Локрите; Ајакс бил вожд на Локрите во Тројанската
војна.
64
Т.е. Менелај, син на Атреј; „постариот по возраст и битки“ е неговиот брат Агамемнон,
кралот на Микена и врховен вожд на заедничката ахајска војска под Троја.
Метаморфози 293

постар по возраст и в битки, ниту, пак, други;


630 За толку голема слава надеж да имаат можат
само на Телемон синот65 и оној на славниот Лаерт66.
За да ја отстрани од себе злобата внукот на Тантал67
арголидските вожди насреде логор ги свика
и одлуката в спорот ја пренесе тогаш на сите.

65
Ајакс Великиот, син на Теламон, крал на Саламина; по Ахила, тој бил најхрабриот
воин на страната на Ахајците.
66
Синот на Лаерт е Одисеј, кралот на Итака.
67
„Внукот на Тантал“, всушност, праправнук е Агамемнон, син на Атреј, кој бил син на
Пелоп, а овој, пак, бил син на Тантал.
294 Публиј Овидиј Насон

ТРИНАЕСЕТТО ПЕЕЊЕ

5 Седнаа вождите, народот стоеше в круг околу нив,


Ајакс, седмослоен штит1 што носи, се исправи тогаш
гневот не воздржувајќи го с мрачен ги опфати поглед
брегот Сигејски2 и на брегот што беа бродојте;
испружи рака и рече: „О Јупитер, спориме ние
10 пред корабите тука; со мене се рамни ли Уликс!?
Не се двоумеше тој ли од огнот на Хектор да бега3,
јас што го згаснав, од флотата наша јас што го одбив?
Борба со престорни зборој е полесна, тоа е јасно,
одошто с раце; но јас во говорот силен баш не сум,
15 ко што ни тој е на дело; јас колку сум силен во војна
или во лут бој, тој толку е силен во беседи празни.
Моите дела, Пелазги, јас не ќе ги спомнувам пред вас,
сами ги гледавте вие; за своите нек раскаже Уликс,
без сведок што тој ги извршил; ноќта нив само ги знае4!
20 Признавам, голем дар барам; но честа соперникот нему
сега ја одзема; не личи Ајакс да добие нешто,
макар и огромно да е, на што се понадевал Уликс;
Награда ќе е за него, и ако победен падне,
што ќе се кажува дека тој с мене на мегдан се борел.
25 И да се пројави некаков сомнеж во мојата доблест,
пославен јас сум по род, зашто Теламон мене ме роди,
оној што с храбриот Херкул освои ѕидини Тројски
и со Пегасејски кораб5 на брегот стигна в Колхида.
Таткото негов е Ајак, што суди на безмолвни сенки,
30 кај што Еолидот Сисиф го турка претешкиот камен;
1
Штитот на Ајакс бил направен од седум воловски кожи.
2
Сигејскиот брег се наоѓал западно од Троја; се сметало дека Ахил токму таму бил погребан.
3
Хектор, во екот на борбите, стигнал до Ахајскиот логор и намерувал да ги запали ко-
рабите; Уликс во таа пригода избегал.
4
Уликс ноќе од Троја го украл кипот на божицата Палада Атена, а заедно со Диомед
ноќе се прикрале до тројанскиот логор и го убиле Тројанецот Долон и тракискиот крал
Рес, додека овој спиел.
5
Пегасејскиот кораб е Арго, наречен овде така според градот Пегаса во Тесалија, каде
што бил изграден и од каде што Аргонаутите пошле и отпловиле за Колхида.
Метаморфози 295

севишен Јупитер него за свое го признава чедо,


така јас Ајакс, од самиот Јупитер потомок трет сум.
Но моите предци нек не ми се в прилог во споров, Ахиви,
ако с великиот Ахил заеднички не ни се тие.
35 Брат тој ми беше; јас братово барам! Зошто, ти, синот
Сизифов6, с лаги и измами нему сосема сличен,
сега вовираш имиња в туѓиот род Ајакидов?
Дал што прв дојдов с оружје, без да ме повика некој,
штитот не ми се дава, и предимство тој7 сега има,
40 заден што оружје зеде, од војна кој бегаше итро
с лудило лажно, дур синот на Навплиј8, повешт од него,
но за сопствена гибел9, го откри плашливецот лажлив
и го довлече в битките мажот, што бегаше од нив?
Најдобро бара, а никаква немаше желба да земе
45 оружје; јас, пак, непочестен, лишен од дарот ќе бидам
од братучедот, зашто на гибел се изложив прв јас.
О, сал да беше навистина луд, да верувавме в тоа,
и да не дојдеше со нас до овие Фригиски кули,
овој советник зол! На Лемнос, пак, синот на Појант10
50 не ќе останеше сам; и наша вина е тоа!
Ти11 сега, велат, се криеш во темни пештери шумски,
камења покреваш с лелек, го колнеш синот на Лаерт12,
ако постојат бози, тој заслужи проколнат да е.
Оној13, кој со нас под заклетва појде во оваа војна,
55 оној од вождите, наследник на Херкуловите стрели14,

6
Повеќе стари преданија укажуваат на Сизиф, како татко на Уликс (Одисеј).
7
Т.е. Уликс.
8
Т.е. Паламед, кој ја открил итрината, со која Уликс сакал да го избегне учеството во
Тројанската војна, преправајќи се дека е луд.
9
Уликс жестоко му се одмаздил на Паламеда, со тоа што, подметнувајќи му скриено
злато во шаторот, го обвинил дека поткупен од Пријам, извршил предавство. Паламед
бил казнет со каменување.
10
Т.е. Филоктет, кој по наговор на Уликс, бил оставен од Ахајците на островот Лемнос,
зашто раната што ја добил од каснување на змија многу смрдела и воините не можеле
да ја поднесуваат реата од неа.
11
Се мисли на Филоктет.
12
Т.е. Уликс.
13
Филоктет.
14
Филоктет ги наследил Херкуловите стрели, зашто тој подметнал оган под неговата
клада; според пророштвото, само со овие стрели Троја можела да биде освоена.
296 Публиј Овидиј Насон

сега, ах, кутриот тој, од глад и од болеста сломен


с птици се храни и одева; стрелите – пропаст за Троја,
нему сега му служат за лов на пернати птици.
Сепак тој жив е, зашто со Уликса не појде тогаш.
60 Па и Паламед, кутриот, да си останеше таму,
жив ќе си беше, или без петно ќе скончаше живот.
Уликс не забрави дека тој лажниот бес му го откри
измисли дека е предавник наш; ко доказ за тоа
покажа злато, што пред тоа беше го закопал кришум.
65 Уликс со прогон или со убиство моќта ахивска
везден ја ништеше; така се бореше, стравој сеејќи!
Иако тој го надминува в речитост верниот Нестор,
не ќе ме убеди, сепак, дека не направил злостор
што го напушти Нестора; кога се забави в бојот
70 зарад ранетиот коњ и морен од времешна возраст
тој го замоли Уликс за помош, но напуштен беше
од својот другар; дека измислица сè ова не е
знае синот на Тидеј15, по име го викаше често,
тој престрашениот другар за бегот го прекори луто.
75 Бозите с очи справедливи гледаат сè што е смртно!
Тој што не му пружил помош на тој што му требало в часот,
како што напуштил другар, ќе биде тој напуштен исто.
Ваквата пресуда самиот тој си ја изрекол тогаш.
Другари вика, доаѓам, гледам кај трепери сиот,
80 блед од уплав, се тресе престрашен веќе од смртта;
с тешкиот штит го покрив него дур лежеше така
душа му бессилна спасив, за незначителна слава.
Ако за борба си волен, ај, да се вратиме таму;
врати го врагот и раната, уплавот, својствен што ти е,
85 скриј се под штитот и под него бори се сега со мене!
Штом јас го спасив, тој, што од раната немаше сили
ниту да стои, избега, рана не му беше пречка.
Пристигна Хектор, и бози во битката дојдоа с него,
каде што напаѓа тој, се престрашија јунаци дури,
90 не само, Уликсе, ти; толку страв предизвика Хектор.
Додека ликува тој зарад подвигот в колежот крвав,
15
Т.е. Диомед.
Метаморфози 297

огромен камен од далеку фрлив, на грб јас го кутнав;


кога тој побара јунак на мегдан да излезе с него,
издржав сам, се молевте ждребот на мене да падне;
95 молбите вредеа ваши; и ако ме прашате каков
крајот на битката беше: тој не ме победи мене.
С Јупитер, с меч и со оган напаѓаат Тројците силно
на данајската флота; кај е речитиот Уликс?
Сам јас, со моите гради илјада одбранив брода,
100 надеж за повраток ваш – за бродовите, оружје дајте!
Право да кажам, поголема слава за него ќе биде,
отколку за мене; сврзана славата наша е сега,
не бара оружје Ајакс, оружјето него го бара.
Тој да ме рамни со Рес ил с оној страшливец Долон,
105 с Хелен, на Пријама синот, с Палада уграбена фатен!?
Ништо на видело не стори, без Диомеда – ништо!
Ако за заслуги ситни оружје давате вие,
давајте, но поголемиот дел нек го земе Диомед
Што ќе му треба на Уликса оружје; тајно тој везден
110 с лаги, без оружје, непретпазливиот враг тој го мами?
Шлемот од сјајно злато, што с зраци насекаде блеска,
ќе го открие лесно страшливецот, којшто се скрива;
ни дулихијската глава16 не ќе ја поднесе толку
тежеста од Ахиловиот шлем; Пелијското копје17
115 тешко е за невоинствените негови раце,
ниту, пак, штитот, на кој е издлабена сета вселена
достоен не е за левица плаха, за итрост сал годна;
Зошто го бараш, бесрамнику, дарот, што ќе те скрши?
Ако по грешка ахивскиот народ те обдари тебе,
120 нема со него врази да страшиш, в плен ќе го земат;
дали со бегство, со кое сал ти ги надвиваш сите
ќе се спасиш, страшливецу, толкаво бреме штом носиш?
Уште и твојот штит здрав е, ретко во битки е виден,
мојот, пак, удиран с стрели е прободен илјада пати,
125 затоа нов ќе ми треба, што замена ќе е за овој.
Најсетне, (зборој зар треба?) да видиме кои сме на дело!
16
Дулихиска глава – главата на Уликс; Дулихиј е островче близу до Итака, под власта
на Уликс.
17
Пелијско копје – копјето на Ахил, направено од јасен од планината Пелиј во Тесалија.
298 Публиј Овидиј Насон

Ајд, нек се фрли јуначкото оружје сега сред врагот,


кој ќе го донесе назад, нек тој биде обдарен с него.“
Синот на Теламон молкна; со шепот проследено беше
130 она што задно го кажа; и додека јунакот Уликс
стоеше, малку со очите вперени в земја; но бргу
поглед в првенците впери, за реч потем отвори уста
вообичаено започна милни да кажува зборој;
„Сè според моја и вашата желба да беше, Пеласги,
135 спор не ќе имаше толкав за вредново наследство сега
и ќе те имавме, Ахиле, тебе, с оружјето твое,
но штом неправедна судба те зеде од мене и од вас
(тогаш со раката божем од очите избриша солзи)
кој ќе го наследи подобро сега великиот Ахил,
140 отколку тој што го склони с Данајците овде да дојде?
Предимство тап, што се чини, е, нек не му биде на Ајакс
мене, пак, да не ми наштети умот, кој полза ви носел,
или речитоста моја, ако ја имам, Ахиви.
Сега за себе се служам со неа, за вас доста често,
145 Зависта далеку да е, нек никој не отфрла доблест.
Родот и предците, сè она што не сме сториле ние,
јас мислам, одвај е наше; но правнук на Јупитер рече
Ајакс бил: Јупитер но и на крвта моја е творец,
ист број колена обата нас нè делат од него;
150 Таткото мој е Лаерт, кого го роди Аркесиј,
него, пак, Јупитер; ниеден од нив прогнаник не бил;
и преку мајка ми јас со Киленецот18 в крвно сум сродство;
божеско потекло имаат двата родители мои.
Но јас не го барам сега оружјето зашто по мајка
155 сум поблагороден, ни зашто татко ми брат не си убил19;
според заслугите сега ќе треба да судите вие;
И нек за Ајакса заслуга не биде тоа што Пелеј
брат на Теламон бил; по родбинство ред нека нема,
туку за овој плен нека се суди по чест и по доблест.
160 Ако блиско сродство се бара, прв наследник тогаш

18
Аполон.
19
Алузија на таткото на Ајакс Теламон, кој заедно со брата си Пелеј, таткото на Ахил,
го убиле третиот свој брат Фок и затоа биле прогонети од татковината.
Метаморфози 299

таткото Пелеј ќе биде, или, пак, Пир, синот негов20.


Каде и тука Ајакс? Носете го в Фтија ил Скирос!
Тевкар21 е братучед Ахилов исто како и Ајакс;
зар тој го бара? И да го бара, дал ќе го земе?
165 Штом в овој спор според делата наши сега се суди
повеќе подвизи извршив јас, одошто можам
да ги искажам с думи; сепак по ред ќе ги кажам:
Знаеше Нереидата22 дека ќе загине син й;
идната смрт ја предвиде мајката Нереида
170 па го пресоблече синот, за да ги измами сите,
па и Ајакса дури; во лажно го облече руво“.
Јас, пак, сред женскиот накит сјајно оружје вметнав
за да го поттикнам машкиот дух кај великиот Ахил;
јунакот на себе сè уште имаше моминска руба;
175 но штом ги зеде тој штитот и копјето, реков:
„Божичин сине, на тебе се чека Пергам да падне,
зошто се думаш ти да ја урнеш великата Троја?
С рака го допрев; кај смелите смелиот тогаш го пратив.
Делата негови, значи, се мои; и Телефа23 с копје
180 в битка го свладав; го исцелив свладан, по негова молба.
Теба што падна е заслуга моја; и Лесбос и Тенед,
Хриса и Кила и Скирос, се градој на богот Аполон,
сите ги освоив јас, верувајте! Сметајте исто
раката моја, до темел ги урна Лирнејските ѕидој24,
185 Друго да премолчам, јас најдов маж да го погуби Хектор,
моја е заслуга славниот Хектор што веќе е мртов!
За она оружје с кое го пронајдов Ахил, го барам
ова оружје; жив му го дадов, по смртта го барам“.
Болката кога на еден над сите се надви Данајци
190 и во Авлида Евбејска се собраа илјада брода,
долго се чекаше таму, но не дувна ниеден ветер

20
Пир или Неоптолем е син Ахилов.
21
Тевкар е син на Теламон и Хесиона, ќерката на Лаомедон; брат на Ајакс.
22
Нереида е ќерката на морскиот бог Нереј Тетида, мајката на Ахил.
23
Телеф е крал на Мисија и зет на Пријама; Уликс првин го ранил, па потем, по наговор
на Аполоновото пророчиште, бил излекуван со струготини од ’рѓата на истото копје со
кое бил ранет.
24
Наброените градови всушност ги освоил Ахил.
300 Публиј Овидиј Насон

или, пак, дуваа ветри на флотата в спротивен правец,


страшното пророштво побара тогаш од Агамемнон
невина жртва за гневна Дијана – неговата ќерка.
195 Таткото тоа го одби, се срди на самите бози,
крал е тој, но е и татко. Јас тогаш кон општото добро
нежното татково срце го склонив с убедливи зборој.
Признавам (Атрид на признанието нека ми прости)
тешко го постигнав тоа пред судија неблагонаклон.
200 Сепак него го склони народното добро и братот,
уште и власта на жезлот со крв да си искупи слава;
бев и кај мајката25, за неа наговор не беше годен,
туку измама итра; да беше испратен Ајакс,
едрата дури и сега без поволни ветри ќе беа.
205 Отидов и во Илијската крепост, ко пратеник храбар,
видов и влегов јас во собранието на вишна Троја;
с јунаци сè уште преполна беше; извршував без страв
сè што од Грција цела наложено мене ми беше:
Парис го обвинив, пленот и Хелена назад ги барав;
210 Пријам го приклонив и Антенора, на Пријама другар;
но Парис с браќата и грабителите с него што беа
одвај воздржаа безбожни раце; Менелае, знаеш,
беше прв ден кога с тебе се најдовме в опасност иста.
Долга прикаска е што сè сум сторил со зборој ил с дела
215 полезно за вас во оваа војна премногу долга.
Долго, по првите битки во градот остана врагот
и не ни даваше можност за битки на бојното поле;
најсетне дур на десеттото лето се судривме со нив;
Што в тоа време правеше ти, кој за битки сал знаеш?
220 Што стори полезно ти? Ако прашаш за моите дела,
с итрини врагот го мамам, опколувам тврдини с ровој,
друзите везден ги бодрам да истраат в долгата војна,
кажувам како се храни и како се оружа војска,
мене ме праќаат таму каде што нуждата бара.
225 Еве кај кралот од привид на Јупитер заведен на сон
заповед дава за прекин на започнатата војна;

25
Клитемнестра, сопругата на Агамемнон и мајката на Ифигенија.
Метаморфози 301

ова го брани со тоа од кого26 тој гласот го слушнал;


Нека не допушти Ајакс, нек бара Пергам да падне,
нека се бори, штом може! Бегството што не го спречи?
230 Зошто не зема оружје, пример за дивата толпа?
Тоа, пак, премногу не е, освен за фалбословец.
Што, зар и самиот бега? Го видов; што гледав, се срамев
кога ти грбот го сврте и почна едра да токмиш;
Извикав веднаш: „Што правите, друзи! Каква ли лудост
235 да ја напуштите Троја, заземена веќе, ве гони!?
Што, освен срам во десеттата година носите дома?“
С вакви и инакви зборој, (од болката речит јас станав)
борците назад ги вратив од флотата, спремна за бегство.
Атрид на собир ги свика своите исплашени друзи;
240 синот на Теламон немаше храброст ниту да писне.
Но да ги куди кралевите беше се осмелил Терсит27,
па овој дрзник не остана неказнет тогаш од мене!
Станав и друзите плахи ги ободрив јас против врагот,
изгубената храброст ја вратив с беседата моја.
245 Од тоа време, каков и подвиг да извршил Ајакс
мое е дело, јас него, од бегството назад го вратив.
Најсетне, кој од Данајците тебе те фали ил бара?
Сè што ќе прави Тидидот28, ми кажува секогаш мене,
тој ме цени и доверба има в пријателот Уликс.
250 Тоа е нешто, сред толку илјадници Граи29 јас еден
избран да бидам од Диомеда! Ждреб немаше тука;
така јас опасност презрев од ноќ и од душмани клети
Долона од Фригиското племе го убив, кој смело
истото кон нас се дрзна; го присилив него пред тоа
255 сè да ни издаде; дознав што готви подмолната Троја.
Откако осознав сè, јас немав што друго да гледам
можев да дојдам назад со веќе ветената слава;
но незадоволен с тоа, се упатив в шаторот Ресов,

26
Т.е. од Јупитер (Зевс).
27
Терсит бил обичен војник во војската на Ахајците под Троја; бил грд и куц; дрдорлив; ги
заштитувал правата на народот против самоволијата на вождите; го нападнал и Агамемнона,
и барал Грците да се вратат во татковината, но бил замолчен од Уликса (Одисеј) со стап.
28
Диомед.
29
Поетско име за Грците.
302 Публиј Овидиј Насон

и во неговиот логор го убив со сета му дружба;


260 победоносно се вратив, откако добив што сакав
с кочија в плен што ја зедов, ко в некаков радосен триумф.
Ако оружјето не ми го дадете вие на оној30,
чиишто коњи ко награда ноќна ќе беа на врагот,
сигурно тогаш Ајакс ќе биде подобротворен.
265 Што да раскажувам како со мечот мој сосем ги сотрев
Сарпедоновите чети31? Ги потопив в реки од крвој
Којрана, синот на Ифит, Аластора, потем и Кромиј,
Халиј, Алкандар и Нојмон и Притан ги испратив в Адот,
заедно со Херсидамас, па Тоон, потем и Харопс,
270 уште и Еном, когошто судба го гонеше клета,
и некои помалку славни од мојава паднаа рака
покрај градските ѕидини. Јас исто добивав рани,
граѓани, славни по самото место. Немајте верба
на зборој празни! „Погледнете сега, еве, ги тука“
275 – с раката одежда свлече и рече, „градите мои
кои се бореле секогаш за вас и вашето дело!
Синот на Теламон години толку за своите друзи
капка не пролеа крв и нема по телото рани32!“
Но зар е важно што вели, за пеласгиската флота,
280 дека тој оружје зел против Јупитер и против Троја?
Признавам, зема (да кудам подвизи туѓи од злоба
обичај немам), но нека не си припишува себе
заслуги општи; и вам нек ви оддаде некаква почит;
безбеден в ликот на Ахил ги протера внукот на Актор33
285 Тројците од бродојте, што с Ајакса в пламен ќе беа.

30
Т.е. оружјето на Ахил.
31
Сарпедон бил крал на Ликија, син на Јупитер и верен сојузник на Тројанците; ранет
во битка, морал да се повлече и тогаш Уликс (Одисеј) погубил неколкумина од неговите
луѓе. Имињата што подолу ги наведува Уликс се веројатно луѓето на Сарпедон што тој
ги погубил.
32
Телото на Ајакс било неранливо и затоа немал белези од рани; овде ова Уликс го знае,
но го злоупотребува за своја полза.
33
Внук на Актор е Патрокле, најдобриот пријател на Ахила; Ахил, лут на Агамемнона,
што му ја одзел неговата миленичка, пленичката Брисеида, се повлекува од воените
дејства, поради што Ахајците трпат големи загуби; Патрокле го зема Ахиловото оружје
и заедно со Мирмидонците се бори со Тројанците кои верувале дека се борат со Ахил
и неговите луѓе.
Метаморфози 303

Мисли тој дека се осмелил сам да се судри со Хектор,


заборавајќи на кралот, на вождите, па и на мене,
Девети ти беше таму, но предимство доби со жрепка,
и каков, храбрецу, исходот беше од оваа битка?
290 Хектор тогаш си замина гордо без ниедна рана!
Ох, кутар јас, со колкава болка си спомнувам сега
на оној час, кога загина Ахил, тврдината грајска!
Не ме задржаа тогаш ни солзи, ни страв ниту жалост
да не му кренам тело од земја и да го вратам.
295 На ова раме, ви велам на ова раме јас трупот
Ахилов и оружјето негово тогаш го носев,
коешто, сега се борам да можам јас да го носам.
Имам јас доволно сили да носам товари такви,
имам и срце, што ќе ја осети вашата почест;
300 Секако, сињата мајка34 настојчива не била толку
за својот син, па небесниот дар, тоа чудесно дело
на себе да го носи суров, бесловесен војник.
Тој не ги разбира оние прекрасни резби на штитот,
ни Океанот, ни земјата, вишното ѕвездено небо,
305 ниту Плејади, Хијади, ни Мечка, од браној што бега,
разните градови, ниту, пак, сјајниот меч Орионов;
оружје бара да земе, а не знае што е на него!
Тој ме обвинува дека сум бегал од воена служба,
доцна дека сум пришол кон започнатото дело;
310 не знае дека му префрла и на великиот Ахил?
Ако е престорба грев, се преправавме обата ние;
доцнење ако е грев, тогаш од него порано стигнав.
Мене ме задржа жена ми, Ахила мајка му света,
ним првин им го посветивме времето, а вам, пак, потем.
315 Дур и да не можам јас да се одбранам, страв сепак немам
зашто тој грев е заеднички со голем јунак; а тој, пак,
с умот на Уликс е најден, а не Уликс с умот на Ајакс.
Не е ни чудно што навреди врз мене с јазикот фрла,
зашто тој зборови срамни и кон вас упатува исто.
320 Ако е срамно што јас сум го обвинил лажно Паламед,

34
„Сињата мајка“ – Тетида, која била нереида, морска божица; „небесен дар“ бил Ахило-
виот штит, изработен (на барање на Тетида) од богот Вулкан (Хефајст), богот на ковачите.
304 Публиј Овидиј Насон

чест ли е тогаш за вас што од вас тој осуден беше?


Но Навплијадот не можеше злосторот свој да го брани,
толку очевиден беше, што вината не сал ја чувте,
туку ја видовте дури, пред вас доказите беа.
325 А што на Појанта синот на Вулкански живее Лемнос,
виновен не сум (постапките ваши бранете ги сами!
Решивте вие); не одречувам, мој совет беше
тој да се тргне од напор од патот и војната тешка
и да се обиде в мир да ги ублажи страшните болки.
330 Прифати – жив е! Советот не само чесен што беше
туку и поволен; доста е само и чесен што беше.
Сега пророците него го бараат, Пергам да падне,
но не праќајте ме мене! Нек замине поскоро Ајакс,
тој да го измоли мажот, збеснат од болки и срдба
335 ил да го доведе тука со некаква итрина вешта.
Поскоро Симоис35 назад ќе тече, без лисја ќе биде
Ида, Ахаја поскоро помош на Троја ќе вети,
одошто умот на Ајакса глупав ќе биде од полза
за нас, Данајците, ако јас престанам за вас да мислам.
340 Суров Филоктете, колку и срдит ти да си сега
на твоите другари, кралот и мене, и мојава глава
с бескрајни клетви ја колнеш, проколнуваш, мачен од болки
сакаш ти да ме фатиш и мојата крв да ја пиеш
и ко што јас те повредив, ти да ме повредиш мене,
345 сепак ќе дојдам кај тебе за да те доведам с мене
и (ако даде Фортуна) јас стрелите твои ќе ги земам
ко што го заробив пророкот дардански36, кога го фатив,
ко што ја открив одлуката божја и Тројската судба,
ко што го грабнав од храмот пред вразите кипот Минервин.
350 Може ли сега Ајакс да се споредува с мене?
Без кипот судбата нема да допушти Троја да падне;
каде е храбриот Ајакс? Каде се силните зборој
на овој јунак? Зошто се плашиш? Можеше Уликс
штитен од темнина ноќна и преку стражи да мине
355 и преку мечови лути да влезе не сал во Троја
35
Симоис била поројница што се влевала во реката Скамандар.
36
Дарданскиот пророк е Хелен, кој прорекол дека Троја може да падне само од стрелите
на Херкул.
Метаморфози 305

туку и в кулите вишни и да ја грабне од храмот


нејзин божицата, и да ја носи низ вражеска војска?
Јас да не го сторив тоа, напразно в левата рака
синот на Теламон седум ќе носеше воловски кожи!
360 Таа ноќ Троја ја победив, Пергам го победив тогаш,
тогаш јас докажав дека победена може да биде.
Не покажувај го с поглед и шепот ти мојот Диомед,
нему му припаѓа секако дел од оваа слава!
Ни ти не држеше сам штит за сојузничката флота,
365 толпа твој придружник беше, а јас бев само со еден.
Тој,37 да не знаеше дека е борецот помал од мудрец
и дека награда нема за нескротлива рака,
сам ќе го бараше ова; исто и скромниот Ајакс38,
Еврипил див, па уште и синот на Андрајмон славен
370 и Идоменеј и сонародникот негов Мерион,
би го посакал уште и братот на Агамемнон.
Тие се смели на рака и в бојот не се зад мене
но се помалку мудри; тебе десницата в борба
полезна ти е; но с умот твој јас да управувам треба.
375 Ти имаш сила без разум, за идното – јас имам грижа.
Ти можеш да се бориш, но кога е време за битка
Атрид одлучува со мене; полезен ти си со снага
а јас со умот; ко што е поважен крмар од веслач
или е повисок вождот по чин од простиот војник,
380 толку сум над тебе; в телото повеќе градите вредат
одошто раката; во нив е целата животна сила.
Вие, пак, првенци, награда дајте на вашиот чувар;
за сета грижа во години толку што в неспокој минав
почест и плата ми дајте за ваквите заслуги мои;
385 Маката свршува веќе; ги тргнав судбинските пречки,
Пергам го освоив с тоа што освоен може да биде.
В општата надеж ве колнам и в Троја што скоро ќе падне,
в оние бози ве колнам, што скоро од врагот ги грабнав,
и в сè останато, мудро што треба да свршиме уште
390 ако е нужна смелост од бездна да бараме нешто,

37
Диомед.
38
„Скромниот Ајакс“ е син на Ојлеј, кралот на Локрите, братучед на „Великиот Ајакс“.
306 Публиј Овидиј Насон

ил ако нешто останало уште од судбата тројска,


мислите на мене! Ако оружјето не ми се даде
мене, тогаш на оваа овде дајте й го него!
Покажа тогаш со рака кон кобниот кип на Минерва.
395 Трогнати беа првенците, тогаш на дело се виде
колкава моќ беседништвото има; оружјето моќно
на големиот јунак, го зеде речитиот итрец.
Тој што го совлада Хектора, огнот и мечот и дури
Јупитер безбројно пати, гневот сал не си го свлада;
400 болка го победи непобедимиот; мечот го грабна.
„Овој е секако мој, зар и него Уликс го бара?
Нека ми служи и против мене; натопен беше
често со фригиска крв; сега с мојата крв нек се влажи,
Ајакс само од Ајакса победен може да биде.“
405 Рече и в градите, кои не сетија дотогаш рана
кај што соголени беа, гибелниот меч си го заби.
Немаше в рацете сила, забитиот меч да го стргнат
крвта сама го изби, од крв тлото црвено стана
и од зелената трева пурпурно изникна цвеќе,
410 какво што пред тоа никна од крвта на синот на Ојбал39;
Букви на листот има за момчето, но и за мажот,
едната знак е за име, а другата знак е за жалост40.
Отплови потем победникот в земјата на Хипсипила
и на славниот Тоас; по лошо позната земја,
415 зарад дамнешниот ужасен колеж на древните мажи41,
за да ги врати назад славните тиринтски стрели42.
Штом со господарот нивни кај Граите стигнаа тие,43
последна рака тогаш се стави на долгата војна.
Паднаа Троја и Пријам; а кутрата жена на Пријам
420 најсетне изгуби човечки лик и почна да лае
и да го страши туѓинскиот свет, во теснецот, којшто
39
Синот на Ојбал е Хијакинт (види Десетто пеење).
40
Тоа се буквите АИ кои се препознаваат на цветот хијакинтов; првата е иницијал на
името на Ајакс, а втората означува тажалка по погубениот младич.
41
Тоа е островот Лемнос; жените на Лемнос, во време кога Аргонаутите пловеле кон
Колхида, ги погубиле сите мажи; единствено Хипсипила го спасила татка си Тоас, овоз-
можувајќи му да побегне.
42
Тиринтски стрели се оние на Херкул, што тој му ги беше дарил на Филоктета.
43
Т.е. стрелите, со нивниот господар Филоктет.
Метаморфози 307

место е кај што се затвора долгиот Хелеспонт токму.


Гореше Илиј и сè уште огнот не беше згаснат,
малку крв падна од Пријам врз олтарот Јупитеров;
425 Свештеничката Фојбова44 раце кон небото крева
напразно; душман за коси ја граба и бесно ја влече.
Мајките дардански, сè дури можат, во преграб ги држат
на татковинските бози кипојте, в храмојте што горат.
Победниците Граи ко награда злобна ги влечат;
430 Астијанакса го фрлаат тие од истите кули,
од кај што с мајка му често го гледаше татка си Хектор,
како се бори за него, го брани дедовското кралство.
Бореј45 на пат веќе вика и од поволниот повеј
едрата шумат; а морнарот вика да брзаат с ветрот;
435 „Проштевај, Троја, не носат!“ Тројанките викаат кутри
земјата ја целуваат, ги напуштаат в солзи
своите домови родни, изгорени в пожарот силен.
Последна седна на бродот – ох каква жалосна глетка!
Хекуба46, најдена среде гробовите на своите чеда;
440 Гробови дури им гушкаше и ги бакнуваше, кутра,
раце дулихиски неа ја грабнаа; сепак во гради
сокри пепел од Хектора за да го носи со себе,
а на неговиот гроб таа остави бел кичер коса
скудна посмртна жртва, облиена с мајчини солзи.
445 Наспроти Троја кај беше се наоѓа Фригиска земја,
с Бистонци47 – мажи населена; таму е дворецот богат
на Полиместор, кому, Полидоре, татко ти кришум
тебе те прати, за да те тргне од Тројската војна.
Одлука мудра, да не беше пратил и богатство силно,
450 награда, но и поттик за злостор за алчната душа.
Кога фригиската пропадна судба, на Траките кралот
44
Свештеничката на Феб е Касандра, ќерката на Пријам; неа богот Аполон, кој бил вљу-
бен во неа, ја обдарил со дарба да пророкува, но бидејќи таа ја одбила неговата љубов,
направил никој да не верува во нејзините пророштва.
45
Бореј е северен ветер.
46
Хекуба е сопруга на кралот Пријам и мајка на Хектор и многубројни други деца; по
пропаста на Троја, таа како плен му припаѓа на Уликс.
47
Бистонци се тракиско племе, населено околу утоката на реката Хебар, во соседство на
кралот Полимнестор, кој е нарекуван и Исмарски крал, според брдото Исмар во Тракија
и Одрис, според тракиското племе Одриси.
308 Публиј Овидиј Насон

безбожен истргна меч и штитеникот млад тој го закла;


па божем може со трупот и гревот свој да го скрие,
мртов од висока стена го фрли в брановите морски.
455 На тракискиот брег Атридот ги врза бродојте
морето дур не се смири и поволен задува ветер.
Одеднаш земјата зина и од неа излезе Ахил,
колкав што беше на живе, со заканувачки поглед,
ко кога бесен го нападна тој Агамемнона с мечот.
460 „Тргнавте веќе, а ме заборавивте мене, Ахиви,
ја закопавте со мене и благодарноста ваша!
Не правете го тоа! И мојот гроб почест нек има,
со Поликсена48, ко жртва, нек духот на Ахил се смири!“
Рече, а друзите ја послушаа гневната сенка,
465 храбрата дева, од која понесреќна немаше жена,
од скут на мајка и, чија единствена радост й беше,
тие ја грабаат, потем ја водат кон гробот за жртва.
Таа, свесна за родот свој, штом до свирепиот олтар
дојде и сети кај веќе ја готват за крвава жртва,
470 и штом Неоптолем49 го виде кај стои со мечот во рака,
й беше приковал поглед в нејзиното лице, му рече:
„Ајд, не се двоуми веќе, благородна крв сега пролеј,
и мечот твој ми го зариј во грло ил в градите мои“.
(Потем си разголи грло и градите свои ги откри.
475 Јасно, не сакаше никому робинка таа да биде!)
„Зар некој бог ќе смилите вие со оваа жртва?
Сакам сал мајка ми да не дознае за смртта моја;
таа ми пречи да не можам радост да сетам од смртта,
не треба за смртта моја, за животот свој нек се плаши.
480 Вие тргнете се, слободна одам кај Стишките сенки,
ако праведно молам, тргнете ги машките раце
од девственово тело; помила ќе е за оној,
когошто с мојата смрт да го смилите сакате вие,
мојата слободна крв; ако некого можат да трогнат
485 моите последни зборој (ве моли на Пријама ќерка
кралска, не роб), без откуп на мајка ми дајте го трупот,

48
Поликсена е ќерка на Хекуба и Пријам.
49
Неоптолем (или Пир) е син на Ахила.
Метаморфози 309

тажното право на погреб нек не го откупува с злато,


туку со солзи! Дур можеше, даваше откуп со злато.“
Рече, а народот не здржа солзи, што таа ги здржа,
490 плачеше дури и жрецот, кој безволно мечот го заби
в градите нејзини, пред него таа што ги веќе ги пружи.
Таа со стресени колена, падна без сила на земја,
но до последниот здив ликот нејзин бестрашен беше.
И кога паѓаше, таа го покри она што треба
495 скриено да е; ја сочува честа на девството свое.
Мајките тројски ја креваат, ја оплакуваат, бројат,
колку еден дом само жртви Пријамови даде;
те оплакуваат, дево, и тебе, о, сопруго кралска,
мајко на кралски деца, ти гордост на Азија цутна,
500 сега сал жрепка за плен, што дур ни победникот Уликс
не би ја посакал, да не го родеше некогаш Хектор;
Хектор за својата мајка господар одвај би нашол!
Таа го гушка трупот без душа на храбрата ќерка
пролева солзи, ко што пролеваше дотогаш често
505 за татковината, мажот, за своите родени чеда;
солзи в раната налева, с бакнеж й покрива усни
потем се удира в гради, како што правеше често,
белите коси ги влече во крвта, оладена веќе,
с гради раскинати ова го рече (и многу друго):
510 „Ќерко, на мајка ти последна скрб! Што остана уште?
Ќерко, ти лежиш, јас моите рани ги гледам во тебе;
еве, и да не изгубев некого од моите чеда,
ти рана имаш; а мислев, безбедна ќе си од мечот,
зашто си женско; но иако женско, од меч и ти падна.
515 Ахил, кој толку браќа ти уби, те погуби тебе,
тој ја уништи Троја, ме погуби исто и мене;
Но кога загина тој од стрели на Фојб и на Парис,
реков, сигурно сега не нè застрашува Ахил;
Но нè застрашува; дури и правот на Ахил од гробот
520 бесен е кон овој род, од гробот нè напаѓа врагот!“
За Ајакидот јас плодна бев! Падна огромниот Илиј
и по ужасниот крај се изврши колеж над народ;
сепак се сврши; но Пергам остана само за мене.
Трае мојата болка; досега кралица моќна
310 Публиј Овидиј Насон

525 безбедна с зетови бројни, со чеда, снаи и сопруг,


сега ме влечат ко пленик, од гробој на моите ме гонат,
дар ќе сум на Пенелопа; ќе ме покажува таа
на Итачките жени волна кај предам; ќе вели:
„Ова е славната мајка на Хектор, на Пријама жена“.
530 Сега, штом изгубив толку, ти сал ми блажеше болка
мајчина; и ти ко жртва гробот на врагот го смири!
Родив за душманот жртва; што, железна, останав жива?
Што чекам уште? За што ли ме чуваш, долговечна старост?
Зошто, о свирепи бози, ми продолжувате живот
535 освен да гледам јас гробови нови? Кој ќе го смета
Пријама среќен, в урнатини кога е славниот Пергам?
Среќен е тој што е мртов! Не ја виде ќерка си мртва,
с животот ведно го напушти тој и кралството свое.
Верував с почести ќе те погребат, кралевска дево,
540 и во дедовската гробница твојот труп ставен ќе биде!
Но таква немаме среќа; ко дар ќе ти припаднат солзи
мајчини, уште и грст прав во некоја туѓинска земја!
Изгубив сè; но имам јас зошто да живеам уште,
бар кусо време; единствено, најмило мајчино чедо,
545 некогаш најмал од машките рожби, Полидор, син ми
даден е кај кралот исмарски, владетел в оваа земја.
Што чекам? Што не ги измијам лутите рани и лице
с грозни испрскано крвој со бистра изворска вода?“
Тоа го рече и тргна кон брегот со старечки чекор,
550 бели си коси скубејќи: „Тројанки, дајте ми урна!“
рече кутрата таа, да заграби водица бистра;
тогаш на брегот го виде фрлениот труп Полидоров,
на него огромна рана, зададена с оружје трачко;
Викнаа жените тројски, од болка занеме таа;
555 в скрбта го преголтна гласот и солзите таа ги голтна,
внатре во гради ги сокри, се вкочани тврда ко камен,
час поглед прикова в земја, час крева срдито лице
кон небесната шир, час гледа в синовото лице
час во неговата рана; но повеќе в раната гледа,
560 сила од срдбата црпе и го потхранува гневот.
Штом тој се разгоре в неа, ко да е кралица уште,
да се одмазди реши, на одмазда мислеше само.
Метаморфози 311

Ко што лавицата беснее, цицалче штом ќе й земат,


и кога трага ќе најде од врагот, невиден уште,
565 Хекуба така, штом скрбта со гневот силен ја здружи,
мисли на гневот свој само, на возраста заборавајќи,
тргна кај Полиместор, виновникот за овој злостор,
разговор бара со него; сака божем да каже
кај е скриеното злато, да му го даде на синот.
570 Кралот поверува лесно, од желба и навик за грабеж,
пристигна кришум и итрецот с умилни зборој й рече:
„Хекубо, не чекај, давај го бргу дарот за синот,
сè што ќе дадеш, негово ќе е, ко преѓе што даде,
в бозите вишни се колнам!“ Гневна го гледа кај збори,
575 лажно како се колне, а гневот во неа врие;
Тогаш ја викна толпата пленети тројански мајки,
него го зграби и прсти му зари в неверните очи
па му ги искорна (гневот й даде голема сила)
раце изгнасени с крв на виновникот потем му зари
580 в очните дупки, не в очи, зашто ги немаше веќе.
Гневно тракиското племе од на господарот смртта,
стрели и камења кон Тројанката почна да фрла.
Таа со зарипнат глас се пушта кон каменот фрлен,
каменот таа го гризе, отвора уста за говор,
585 но место зборој, лај сал се слуша; од оваа случка
местото добило име и долго мислејќи на злото
завива таа тажно низ Ситониските полја50.
Судбата нејзина клета ги трогна нејзините Тројци
дур и Пелазгите-врази, ги трогна боговите исто;
590 жената Јупитерова51, која и сестра му беше
рече: „Хекуба таков крај не заслужила с ништо“.
Немаше време Аврора52, иако на нивна страна
сега да жали за Хекуба и за пропаста тројска.
Повеќе домашни грижи и жалост ја мачеа неа;
595 таа го загуби Мемнон; го виде в фригиските полја
златната мајка кај падна од острото копје на Ахил.
Виде и бојата с која в утра руменило плиска
постана бледа и самата таа во облак се сокри.
50
Ситониски полја – полјата на Тракија, наречени така според тракиското племе Ситонци.
51
Жена на Јупитер е божицата Јунона, која била непријателски расположена кон Тројанците.
52
Аврора е божица на зората, ќерка на титанот Хипериј, жена на Титон и мајка на Мемнон.
312 Публиј Овидиј Насон

Мајката поставен синот на последни огнови силни


600 не може да го гледа, па с коси распуштени бујни
ко што и беше, не се срамеше таа да падне
на великиот Јупитер пред колената, кутра,
и со солзи на очи, вакви да прозбори думи:
„Најдолна јас сум од сите, што златниот воздух ги држи
605 (зашто јас најмалку храмови имам низ сиот свет ширен)
дојдов ко божица сепак не да ми дадеш ти храмој
ниту празнични дни, ни олтари с огној што горат,
туку да цениш колку ти давам што с новата светлост
јас како жена стојам и бдеам над крајот од ноќта;
610 но грижа немам за тоа да барам заслужена почест;
дојдов зашто го изгубив Мемнон; тој оружје храбро
напразно зема за чичка си во најубавата младост
и според твојата волја, тој падна од силниот Ахил.
Дај му, те молам, некаква чест, ко утеха в смртта,
615 севишен главару божји, и мајчина ублажи рана!“
Јупитер согласен кимна, на Мемнона кладата падна
сета во висок пламен и црните клобуци димни
денот го згаснаа, ко кога магли испарува река
сонцето што не го пуштаат долу да продре до неа;
620 Пеплишта црни в лет се собираат, и в едно тело
тие се збиваат; облик се прави, кој топлина прими
уште и душа од огнот (а летеж од крилјата доби)
првин слично на птица, а наскоро вистинска птица
плеска со крилјата, заедно со безбројните сестри,
625 кои настанаа исто, ко што се роди и таа.
Околу кладата летаа триж, и в еден глас сите
гракаа в воздухот; се разделија потем в две јата,
кога по четврти пат над логорот летаа тие.
Потем ко душмански војски се впуштија в жестока битка
630 с клунови остри, с канџи извиени гневно се бијат,
истоштуваат крилја и гради наспроти гради,
паѓаат тела на правот погребан, с нив што е сроден
за да се помни дека се родени тие од јунак.
Новите птици по творецот нивни добиле име
635 Птици Мемнонови53; Сонцето кога измине веќе
53
Веројатно еден вид црни јастреби, кои наесен се појавуваат во големи јата во околината
на древната Троја.
Метаморфози 313

низ дванаесет знака, до смрт тие повтор се бијат


с викот на ден што е празник за помен на тој што ги создал.
Некои жалат што Димантида54 непрестајно лае,
а, пак, Аврора сама на скрбта се предала своја,
640 низ сиот свет дур и сега ги рони солзите свои.
Иако урнати беа на Троја ѕидините вишни
судбата сепак й остави надеж; на Китерка синот55
носи на рамења светости, уште и светија друга
татка си, (бреме за почест најдостојно секогаш што е).
645 Благочестивиот маж од толкаво благо го избра
баш овој плен и синот Асканиј; ко бегалец потем
отплови с флота од градот Антандар56; ги напушти бргу
трачките предели скверни и натопената земја
с крвта на Полидор; носен од поволни ветри и струи,
650 с дружбата своја влезе во градот на Аполона57.
Таму го прифати в храмот но и во своите двори
Аниј, доблесен крал и доблестен свештеник Фојбов,
па му го покажа градот, славните храмој и двете
стебла, што дамна Латона58 ги држела, при својот пород;
655 фрлија темјан во огнот, врз темјанот сипаа вино,
црева од заклани крави, по обичај, фрлија в огнот,
и се упатија в дворецот; високи послаа софри
зедоа плодој Церерини59 с бистро Бакхово вино.
Анхис честитиот рече: „О, избран жрецу на Феба,
660 дали се лажам сега? Штом прв пат јас в овој град дојдов
четири ќерки и еден син имаше, колку што помнам“.
Аниј заклати глава, овенчана с преврски бели,
тажно одговори: „Не си се излажал, јунаку велик;
тогаш ме виде ти, татко бев јас на пет мили чеда
665 сега, пак, (судбата толку кон луѓето лесно се мени)
бездетен мене ме гледаш. Што помош имам од синот,

54
Димантида (ќерка на Димант) е Хекуба.
55
Китерка е божицата Венера, а нејзин и Анхисов син е Енеј.
56
Антандар бил град во подножјето на планината Ида и на морскиот брег.
57
Тоа е градот Делос, на истоимениот остров каде што, според преданието, е роден Аполон.
58
Божицата Латона е мајка на Аполон и Дијана.
59
Церера е божица на плодната земја и земјоделството; прва со рало ја заорала земјата
и нејзините плодови се храната што ја дава обработената земја.
314 Публиј Овидиј Насон

којшто е сега на Андрос60, наречен с негово име,


и место татко му сега тој кралува в оваа земја?
Пророчки дар му даде Делиецот61; друг дар, пак, Либер
670 поголем и неверојатен на моите ќерки им даде;
сè што ќе допрат тие да се преобрази в жито,
или во вино ил, пак, во масло на седа Минерва;
Така голема полза од ќерките имавме ние.
Но кога ова го дозна на Троја рушителот Атрид
675 (само да знаеш дека и ние сме сетиле нешто
од таа луња, вас што ве снајде) со меч и со сила
тој против нивната волја ги грабна од таткови скутој,
за да ја хранат с небесниот дар Арголидската флота.
Тие избегаа, кај која може; двете в Евбеја,
680 другите две ќерки појдоа кај својот брат во Андрос.
Пристигна војска со закана, ако не им се дадат
војна ќе има; стравот ја победи братската љубов,
сестрите братот ги даде; но прошка има за братот:
не беше тука ни Енеј, за да го одбрани Андрос
685 ниту, пак, Хектор, со кого десет се боревте лета“.
Веќе се готвеа окови за заробените сестри;
но тие, слободни уште, кон небото креваат раце:
викнаа: „Помагај татко, Бакхе!“ И помош им даде,
ако е помош да погубиш некого на чуден начин.
690 Не дознав како изгубија облик, ни можам да кажам;
лошиот крај е познат; жените добија крилја
станаа птици на твојата жена62, гулабици бели.
Откако гозбата мина во беседи такви и други,
тргнаа трпези, потем на почин заминаа сите;
695 утрото станаа, во пророчиштето одат на Феба;
тој им заповеда тие да појдат на родните брегој
и да ја бараат древната мајка. Кралот на замин
жезол на Анхис му дарува, плашт и тулец на внукот,
а на Енеја кратер, некогаш што му го дари
700 гостот исменски Терсес од Ајонските брегој63;
60
Островот Андрос е најсеверно од Кикладските Острови.
61
Т.е. Аполон; Либер е Бакх.
62
Т.е. на Венера.
63
Т.е. од Беотија.
Метаморфози 315

Терсес го прати, а го изработил Алкон од Хила


кој беше врежал на него цела приказна долга:
Имаше таму град, се гледаа седумте порти
наместо име, тие кажуваа кој град е тоа64;
705 пред градот гледаш погреби, гробој, огној и клади;
мајките с коси распуштени и со откриени гради,
знак се за жалост; се чини, и нимфите плачат и жалат
по пресушените извори. Дрво се крева без лисје,
брстат по сувите камења околу козички гладни.
710 Тука, сред Теба ги врежал и ќерките на Ориона65,
едната машки се ранува во откриеното грло,
другата гради пронижува с копјето тапо и паѓа;
за својот народ загинале тие; ги носат низ градот
в поворка красна и на почесно место ги горат.
715 Тогаш од пепелот девствен излегоа два лични момка
за да не се сотре родот, Корони наречени беа;
тие ја водат поворката кон мајчиниот пепел.
Дотаму блескаа сликите на таа старинска бронза
озгора кратерот беше со трња од позлатен акант.
720 Но и Тројанците исто со вредни возвратија дарој:
дадоа на свештеникот кивор за чување темјан,
уште и круна сјајна од бесценет камен и злато.
Потем си спомнија Тевкрите дека од крвта на Тевкра
потекло водат; на Крит отпловија; но таму долго
725 не можат клима да поднесат ниту, пак, самиот предел;
стоте ги градој напуштија, сакаа тие да стигнат
в Авсонски пристан66; но бесната бура ги фрла и носи
в подмолен Строфадски пристан67; ги престраши птицата Ајло68.
Пловеа веќе крај пристан Дулихиски, Самос, Итака,
730 крај Неретиските двори, на Уликс лукавиот кралство,
64
Град со седум порти е Теба Беотиска.
65
Во Теба завладеал голем глад, а пророштвото рекло дека гладот ќе престане ако две
девојки се жртвуваат за својот народ; тоа го направиле двете ќерки на Орион Метиоха и
Менипа; од пепелот, под нивните клади изникнале две момчиња, што ги нарекле Корони.
66
Авсонија е старото име на Италија.
67
Строфади се мала островска група во Јонското Море, западно од Пелопонез; таму
престојувале харпиите.
68
Ајло – гадна граблива птица (кај Вергилиј тоа е Келена). Таа ја грабала храната од
харпиите и ја опоганила храната на Енеј и неговата придружба.
316 Публиј Овидиј Насон

видоа кај е Амбракија, кавга за бози што беше,


в каменен кип претворениот судија; сега е познат
тој камен но и честен како Аполон од Актиј69,
земјата Додонска тие ја видоа, с дабот што збори,
735 заливот Хаонски кадешто децата на кралот Муних
с новите крилја најдоа спас од злосторниот оган70.
Оттаму пловат кон земјата Фајачка,71 с јаболка плодна,
потем пловат кон Епир и Бутрот72 што личи на Троја,
каде што кралската власт ја има фригискиот пророк.
740 Сигурни во иднината, што им ја прорекол беше
синот на Пријама Хелен, в Сиканска стигнаа земја73,
којашто со трите носа навлегува в морето таму.
Од нив Пахин74 е свртен кон југ облаконосец,
Лилибај75 положен е кон благиот Зефир а Пелор76
745 гледа кон Мечката, која од морето бега и Бореј.
Тевкрите стигнаа тука, со весла и поволна струја,
флотата пристана ноќе на Ѕанклајскиот песок77;
Скила од десно ги демне, од лево бурна Харибда78;
оваа79 кораби голта, штом ќе ги голтне, ги блуе;
750 онаа80 с песови диви црн си опашала трбув,
лице моминско има и ако сè не е лага
тоа што певците велат, мома некогаш била;
69
Боговите Аполон, Дијана и Херкул се скарале поради Амбракија и решиле во овој
спор да пресуди праведникот Крагалеј; кога овој Амбракија му ја доделил на Херкула,
навредениот Аполон го претворил во камен. Во спомен на победата кај Актиј, Октавијан
Август го проширил и украсил храмот на Аполон, кој се наоѓал таму и востановил
петгодишни игри.
70
Хаонскиот залив се наоѓа на северозападниот брег на Епир; Молоскиот крал Муних
бил заробен заедно со целото семејство од разбојници кои му го запалиле дворецот;
Јупитер го претворил кралот и неговите деца во птици и така тие се спасиле од пожарот.
71
Фајачка земја е островот Коркира.
72
Бутрот е град во Епир, наспроти североисточниот брег на Коркира.
73
Сиканска земја е Сицилија.
74
Пахин – нос во Јужна Сицилија, денес Капо ди Пасаро кај Пахино.
75
Нос и град во Запдана Сицилија; денес Капо Боес и Марсала.
76
Пелор е североисточен нос на Сицилија.
77
„Ѕанклајски песок“ – брегот на градот Ѕанкла, кој подоцна се нарекува Месана.
78
Скила е стена, а Харибда вител во морската теснина меѓу Сицилија и Италија (фретум
Сицулум).
79
Т.е. Харибда.
80
Скила.
Метаморфози 317

Многу ја барале просци, таа ги одбила сите,


мила на морските нимфи, кај нимфите одела често
755 им раскажувала како момците залуд ја љубат.
Еднаш кога й даде косите да й ги чешла
нимфата Галатеја81 с воздишка вака й рече:
„Тебе те барале, дево, мажи што не биле злобни,
слободно можеш и да ги одбиваш, ко што и правиш;
760 Јас, пак, ќерка на Нереј и на сиња Дорида82,
безбедна уште со множество сестри, сал преку жалост
можев јас да се спасам од љубовта на оној Киклоп83“.
Солзите тогаш ја спречија уште да зборува, кутра.
С прстот свој мраморен солзите й ги избриша Скила
765 за да ја утеши нимфата, рече: „Раскажувај, мила,
не криј ја својата болка пред твојата другарка верна!“
Галатеја й раскажа на Кратаината ќерка84:
„Акид, Фаунов син и рожба на Симајтида85
беше; голема радост на своите татко и мајка,
770 моја поголема радост; с мене тој сврзан сал беше.
Убавец мил, шеснаесет лета имаше само,
редок мов сал што се јави на нежното негово лице“.
Него го љубев јас, а киклопот бескрајно мене.
Ако ме прашаш, дал повеќе киклопот јас го мразев
775 или повеќе љубов за Акида имав, ќе кажам:
еднакво мразев и љубев; О, колкава моќ в тебе има
Венеро блага! И оној дивјак од кого се плашат
самите шуми, од ниеден туѓинец виден што не е,
тој што неказнето презира бози од вишниот Олимп,
780 љубов почувствува; обземен силно од љубовна желба
гори од страст, заборави овци и пештери свои.
Сега се грижиш да ми се допаднеш со својот изглед,
с гребло острите коси ги чешлаш сал, Полифеме,
сега се сети со срп ја сечеш бушавата брада,

81
Галатеја е Нереида, една од педесетте ќерки на морскиот бог Нереј.
82
Дорида е морска божица, сопруга на Нереј, ќерка на Океан и Тетија, мајка на нереидите.
83
Киклопот Полифем, едноок син на богот Нептун (Посејдон) и нимфата Тооса.
84
Т.е. на Скила, која била ќерка на нимфата Кратаја.
85
Симајтида е нимфа, ќерка на речниот бог Симајт; Реката Симајт извира од Етна а се
влева јужно од планината Етна.
318 Публиј Овидиј Насон

785 во вода се огледуваш, дивото лице го токмиш.


Секна страста за колеж, дивина, жедост за крвој,
безбедно сега доаѓаат и отпловуваат бродој.
Телем86, во тоа време фрлен на Сикулска Етна
Телем, синот на Еврим, неизмамен што бил од птица87,
790 дојде кај Полифема; му рече: „Едното око
што го имаш сред чело, ќе ти го ископа Уликс!“
Овој низ смеа му рече: „Се лажеш, ти најглупав врачу,
друга веќе го грабна“. Така тој залуд го презре
пророкот право што кажа и с огромни чекори гази
795 тромо по брегот ил морен в пештерата темна се враќа.
В морето рид стрчи клинест, со срт што долго се пружа
(морската вода него го плиска од обете страни);
Таму, точно насреде седна жестокиот киклоп;
по него, без да ги води, рунтавите дојдоа овци.
800 Пред нозе елов прат стави, ко стап што му служеше често;
погоден овој прат беше и катарка бродска да носи;
потоа свирка, сета од сто цевки сложена, зеде
и сите брда ја слушнаа тогаш пастирската песна,
слушна и морето; в пештера скриена јас с мојот Акид
805 седев в неговиот скут; оддалеку с ушите мои
слушнав зборови вакви, што дури и сега ги помнам:
О Галатејо, побела од цвет на калинка снежен,
поцветна од ливадите, постројна од вита евла,
посјајна дури од стакло, понежна од младо јаре,
810 поглатка си и од школка, што везден браној ја мијат,
помила си и од зимското сонце, од сенката в лето,
послатка си и од овошка, повишна од висок платан,
побистра ти си од мразот, посочна од зрело грозје
помека си од лебедово перје, од изварка млечна,
815 од росна градина полична си, ако не бегаш само;
подива си, Галатејо, од јуница сè уште дива,
потврда од древен храст, полукава си од бранојте,
86
Телем бил пророк, кого бурата го однела во татковината на киклопите, еднооки
грамадни суштества, синови на Уран и Геја; богот Јупитер ги фрлил во Тартар за да му
помагаат како ковачи на богот Вулкан; Телем дочекал старост кај нив, претскажувајќи
им ја иднината; на Полифема му претскажал дека Уликс ќе му го избие единственото око.
87
Пророците ја претскажувале иднината и според летот на птиците.
Метаморфози 319

од шибје врбово пожилава си и од лозов бел ластар,


потврда си од стениве, побујна си и од река,
820 погорда си и од паун, полута дури од оган,
од трн си поостра, погневна си и од доилка мечка,
поглува си од бранојте, од згазната, полоша, змија;
о, сал да можам сè тоа да ти го одземам сега;
побрза не сал од елен, гонет од лаежи гласни,
825 туку од ветри си побрза и од крилатиот блесок,
(но да ме познаваш добро, ти ќе се каеш што бегаш
и ќе настојуваш сама да ме придобиеш мене).
Имам јас пештера в дел од гората во жива стена,
таму ни сонце ќе сетиш сред жега ни студ среде зима;
830 има и овошки зрели, што тежат на виснати гранки,
грозје на долгите лози, што личи многу на злато
има и пурпурно грозје; за тебе од обете чувам;
малини сочни ќе береш сама и есенски дренки,
уште и сливи, не сал од темниот сок што се модри,
835 туку и расни, што многу се слични на свежиот восок.
Ако ми постанеш жена, ќе имаш и костени слатки
јагоди зрели; секое дрво за тебе ќе раѓа.
Мој е добитоков овде, а многу в долините талка
и да ме запрашаш колку, јас не знам колкав е бројот;
840 бедниот добиток брои; во фалбиве верба ти немај,
самата можеш да видиш, кај одвај овците можат
с нозете да го обгрнат своето преполно виме.
Имам и јаганца млади во топлите кошари мои,
имам и в други трла и јариња од иста возраст;
845 секогаш имам и млеко ко снег, за пиење чувам
еден дел од него, дел, пак, за сириште меко се пази.
Нема сал наслада лесна и дарови прости да примаш,
срни и зајци ил јаре, ил две гулабици бели,
или, пак, гнездо откинато горе од планински сртој;
850 близнаци најдов скоро, што с тебе да играат можат
слични се многу, одвај да ги распознаеш можеш,
мечиња две од рунтава мечка в планините вишни.
Кога ги најдов, си реков: „За мојата мила ќе бидат!“
„Ајде, од синото море ти главата крени ја красна,
855 дојди, о Галатејо, не одбивај дарој од мене!
320 Публиј Овидиј Насон

Добро се познавам себе, се видов јас в бистрата вода,


ликот што таму го видов баш ми се допадна мене.
Колкав сум гледај; на снага ни Јупитер поголем не е,
горе на небо, а велите, некаков Јупитер таму
860 владеел; бујна коса ми паѓа нив образи строги
и како лаг ги засенува плеќите широки мои;
Не мисли дека е грдо телото мое, што стрчи
четина крута од него; грдо е дрво без лисја,
грд е и коњ, ако не вее златеста грива на вратот;
865 птиците перје ги покрива, овците руно ги краси,
брада им личи на мажи и рунтави влакна по тело.
Имам едно сал око сред чело, но тоа е налик
на некој огромен штит. Па што? Великото Сонце
не ли го гледа сè ова од небо, а еден диск има?
870 Мисли и дека татко ми владее в кралството ваше,
свекор ќе биде тој твој; смилувај се сега ти само
моите услиши ги молби, пред тебе единствено паѓа
оној што презре и Јупитер, небо и ровјини огној,
од тебе страв само имам, Нереидо; твојата срдба
875 посилна е и од ровја; јас презирот твој ќе го примев
полесно, да ги одбегнуваш сите; но зошто ти гониш
киклоп од себе, а Акид го љубиш, неговиот преграб
помил да ти е од мојот? Тој себеси допадлив нек е
па, Галатејо, и тебе, што мило не ми е мене,
880 но нек се даде сал можност, ќе може тој тогаш да сети
колкава сила јас имам во моево големо тело!
Ќе му го истргнам живиот дроб, ќе го раскинам сиот
ќе го расфрлам сегде низ полја и в твоите браној,
така нек таму, в бранојте тој с тебе нека се здружи.
885 Горам, навреден оган сè повеќе во мене пламти,
чинам, моќната Етна во моите се вселила гради,
тебе, пак, Галатејо, не те трогнува ништо.“
Напразно тажеше така (а јас сето тоа го гледав)
стана и како разбеснет бик, кога крава му земеш,
890 не може мирен да стои, низ шуми и ридишта знајни
талка; здивен тогаш нè здогледа мене и Акид,
кои од такво не стравувавме нешто: „Ве видов“,
викна, „ќе биде задна средбава љубовна ваша“.
Метаморфози 321

Гласот му беше силен, колку што разгневен киклоп


895 може да има; од викот се исплаши дури и Етна.
Јас, престрашена сета се нурнав во блискиот поток,
Симајтејскиот јунак88, пак, веднаш се даде во бегство;
„Помагај, Галатејо, и вие родители“, вика,
„за да не умрам, в своето кралство примете ме вие!“
900 Киклопот него го гони, откинато парче од ридот,
фрла по него; но иако работ сал до него втаса,
сепак го поклопи Акида сиот; а кутрата јас, пак,
направив сè, што судбата допушти тогаш да сторам:
силата голема дедовска да си ја добие Акид.
905 Од под грамадата црвена крв да истекува почна,
црвенилото потем исчезнуваше бргу,
доби боја на река, матна од поројни дождој,
но се избистри бавно; тогаш грамадата пукна,
низ пукнатините жива и стројна се издигна трска,
910 од расцепениот камен зажубори игрива вода;
чудесно нешто: одеднаш младич до појас се крена
с венец од трска на глава, на новите рогови свиен;
повисок тој да не беше, модар по целото лице,
Акид ќе беше; но Акид и беше, преобразен в река
915 а таа река и сега го има старото име.
Расказот свој Галатеја го сконча, седенката сврши,
Нереидите красни запливаа в мирните води.
Скила се врати, но нема смелост да плива сред море
туку без облека самотна талка по жедниот песок;
920 штом ќе се измори, скриен ќе изнајде некаде залив
таму разладува тело во затскриените браној.
Еве кај нов жител морски шумејќи од морската бездна
пристигна Главк89, кој наскоро тогаш преобразен беше
во Антедон Евбејски; штом оваа дева ја виде,
925 веднаш се вљуби; зборува сал да ја забави неа,
сè што на ум ќе му падне; а таа бега од него,
силно исплашена трча; на врвот од ридот се качи,
88
Симајтискиот јунак е Акид.
89
Главк бил рибар од градот Антедон, кој бил близу до Евбеја; откако вкусил волшебна
билка, се фрлил во морето; Океан и Тетија го претвориле во морско божество со про-
рочки дар – получовек-полуриба.
322 Публиј Овидиј Насон

што е близу до брегот; напред е огромно море,


брдото, пак, на врвот пупчаст се собира горе
930 а под дрвјата долу се спушта во морските води.
Безбедна застана тука; не знае дали е чудо
или е бог; се чуди на бојата, чудната коса
која му покрива рамена, паѓа низ плеќите дури
и што од крајот на трбувот свиен продолжува в риба.
935 Тој го почувствува тоа, се потпре на блиската стена,
рече: „Јас не сум чудовиште, дево, ни дива сум ѕверка,
бог сум на водите; в морето сила поголема нема
Протеј90, ни Тритон91 ниту, пак, Атамантидот Палајмон92.
Порано смртник бев јас, но одреден уште од тогаш
940 за длабините морски, крај нив јас често се движев;
Час извлекував мрежи, со коишто риби се влечат,
час на стена седејќи со трската јадица фрлав.
Имаше близу до брегот зелена ливада росна,
дел беше окружен с море, а дел со убава трева;
945 не ја пасеа неа ни јуници, с рогови вити,
ниту ја брстеа овчички кротки ни рунтави кози,
ниту, пак, вредните пчели збираа цветен мед таму;
не се плетеа таму свечени венци за глава,
никогаш таму раце со срп не косеа трева;
950 в оваа ливада прв седнав јас и јадици сушев;
в тревата јас ги ставив по ред; да ги избројам сакав
уловените риби, што случајно в мрежа се нашле
ил од лековерност нивна залапале јадица крива.
Ова личи на лага, но што полза имам да лажам?
955 Штом ја допре тревата, мојот плен почна да мрда,
да се прпела на земја, како што в морето прави;
дури јас зачуден стојам, сите избегаа в море;
рибите новиот брег го напуштија и својот стопан“.
Стаписан јас, се двоумам, долго причина барам,
960 дал некој бог или сок од билка го направи ова;
90
Протеј е морско божество што имало способност да се преобразува во разни облици;
бил мудар и имал пророчка дарба.
91
Тритон – морско божество од понизок ранг; син на Нептун и Амфитрита; имал тело на
човек и опаш на делфин; на плеќите имал пурпурни школки, а во раката држел трозабец.
92
Палајмон – божеско име на Меликерт, синот на Атамант и Ино.
Метаморфози 323

реков: „Каква ли сила има во оваа трева?“


С раката откинав тревка, ја загризав неа со заби.
Грлото одвај што добро ги голтна незнајните сокој,
одеднаш, сетив, затрепери в градите срцето мое
965 и силна желба ми обзеде душа за природа друга;
не можев долго да останам, реков: „О, земјо, збогум,
никогаш повторно не ќе се вратам!“ Се нурнав под вода.
Бозите морски ме примија с почест ко да сум нивни;
Тетија и Океан побараа потем да тргнат
970 сè што е смртно од мене; од нив бев јас прочистен тогаш,
и прочистителни слова искажаа дур девет пати,
па заповедаа градите в сто реки јас да ги нурнам;
веднаш, од различни страни се слеаја безбројни реки,
и врз главата моја се излеа целото море.
975 Дотука можам да ти раскажувам она што беше;
дотука помнам; умот мој друго не чувствува ништо.
Штом ми се поврати свеста, поинакво имав јас тело
одошто порано; имав дур и поинакви мисли;
тогаш ја видов јас оваа ’рѓавозелена брада,
980 косава моја што везден ја влечам по долгите морја,
мишките модри и овие огромни плеќи ги видов,
бедрата свиени долу како на риба со перки.
Што ќе ми ваков лик, што, ако мил сум на бозите морски,
што ако бог сум, ако ти трогната не си од тоа?
985 Дур така збореше богот и сакаше уште да збори
побегна Скила, а одбиен тој така, разгневен тргна
кон волшебните двори на Титанидата Кирка.
324 Публиј Овидиј Насон

ЧЕТИРИНАЕСЕТТО ПЕЕЊЕ

5 Жителот морски Евбоецот1 веќе ја напушти Етна,


фрлена в Гиганстска бездна2 и Киклопските полја,
кои не виделе мотика, рало, ниту, пак, знаат
како се ора ни како се ставаат волој во јарем;
мина крај Ѕанкла, која се наоѓа наспроти Региј,
10 крај бродоломниот проток, стиснат среде два брега,
граница што е на Сикулска и на Авсонската земја.3
С рацете силни носен низ Тиренско Море Главк стигна
до билконосните ридој, в двори на Сончева Кирка4,
коишто преполни беа со секакви привидни ѕверој.
15 Штом ја здогледа неа, ја поздрави и таа него,
рече: „Те молам, божице, на бог ти се смилуј; ти можеш
љубовта да ми ја смириш, достоен ако ме сметаш.
Колкава моќ има в билките најдобро тоа го знам јас,
о, Титанидо, зашто и сам сум преобразен од нив.
20 Но за да знаеш од каде е дојдена мојата лудост:
спроти Месена на брегот италски Скила ја видов.
Што сè й ветив и колку ја молев срам ми е сега
јас да ти кажам, а таа ги презре моите зборој;
ти, ако власт имаш в магиски зборој, магија кажи
25 с устата света; ил ако повеќе моќ има в билје,
употреби ја моќта на билје, испробано веќе.
Не барам да ми ја видаш и лечиш оваа рана,
не треба лек за неа; но малку нек пламти и Скила“.
Никој од Кирка не сетил поголем љубовен пламен,
30 ил сама причина беше ил Венера тоа го стори,

1
Евбоецот е Главк, којшто е од беотскиот град Антедон на реката Еврип, наспроти Евбеја.
2
Етна ја притиска бездната на гигантот Тифоеј, кој бил убиен од Јупитер и закопан под Етна.
3
Сикулска земја е Сицилија, а Авсонска (Авсонија) е Италија; „бродоломниот проток“,
т.е. протокот во кој се кршат бродовите е fretum Siculum, т.е. протокот што ја дели Си-
цилија од Италија.
4
„Сончева Кирка“ е вражалката Кирка, ќерка на Сонцето, која престојува на едно тревнато
брдо, каде што таа наоѓа билје за своите враџбини; бидејќи е ќерка на богот на сонцето,
затоа е нарекувана и Титанида.
Метаморфози 325

лута што татко й нејзин беше ја издал5, му рече:


„Поарно ќе е да одиш по некоја, којашто радо
исто ќе сака ко ти, обземена с еднаков копнеж.
Достоен беше (и можеше секако) љубен да бидеш
35 и ако надеж ти дадеш, верувај, љубен ќе бидеш.
Сомнеж да немаш, доверба имај во твојата убост.
Еве јас, иако божица, ќерка на сјајното Сонце,
моќна во магиски зборој, моќна со волшебни билки,
сакам твоја да бидам; таа што тебе те презре,
40 презри ја; љуби ја таа што тебе те љуби и така
ќе ги наградиш обете ти со еден сал потег“.
Дур го наговара така тој рече: „Поскоро в море
лисја ќе никнат ил во високите планини алги,
одошто љубовта да си ја сменам дур Скила е жива.
45 Гневна божицата, не може да го повреди него
(ниту, пак, сака, зашто го љуби), се лути на таа
што тој ја љуби; навредена за одбиената љубов,
веднаш протрива бајалски тревки со сокови страшни
и над тоа Хекатини6 вражачки мрмори зборој;
50 сиња облече руба, од дворецот излезе тогаш
среде толпа од ѕверој, додворливи сите кон неа;
појде кон стените Ѕанкалски, што се наспроти Региј.
Штом стигна таму, Кирка во бучните бранови влезе,
по нив поминува таа како по тврда земја,
55 врз површината морска трча со стапалки суви.
Имаше малечок залив, ко кривулест лак беше свиен,
мил за почин на Скила; таму се криеше таа
и од струите морски и од небесната жега,
кога од среде кругот сонцето најсилно грее
60 и кога долу на земјата најкуси создава сенки.
Него го замати Кирка, го оскверни с отрови грозни;
потем врз него распрсна сок од злокобен корен,
враџбини тајни, двосмислени с магиска изрече уста
девет по три пати редум со некакви зборови чудни.
5
Богот на сонцето ја открил љубовната врска на Венера со богот Марс на нејзиниот
сопруг, богот Вулкан.
6
Хеката е ќерка на титанот Перс и божица на сите вражалки; самата таа е маѓесница и
има моќ над таинствените сили.
326 Публиј Овидиј Насон

65 Скила пристигна таму, до појас во водата влезе,


кога забележа како го сквернат нејзиното тело
грди, разлајани пци; првин помисли дека тие
не кинат дел од нејзиното тело; да избега сака,
в уплав ги гони од себе дрските кучешки усти,
70 но дури бега од нив, со себе ги влече; ги бара
своите бедра, стапала,нозе, но наместо тоа
наоѓа Керберски рилки; на плеќи од ѕверови бесни
стои с раскината утроба, с мевот истурен надвор.
Плаче вљубениот Главк и бега од дружба со Кирка,
75 зашто душмански многу се служела с моќното билје;
Скила остана таму и штом й се укажа можност,
друзи на Уликса плени од омраза силна кон Кирка.
Наскоро можеше да ги потопи тројските лаѓи,
да не постанеше спила, што дури и сега се крева,
80 стена од која и сега бега опитниот морнар.
Веќе тројанските лаѓи ја беа одминале с весла
неа и алчна Харибда; веќе наблизу беа
до авсонскиот брег, но тогаш ги однесе ветрот
силен дури до оние далечните либиски брегој.
85 Таму Сидонката7 с душа го прими Енеја дома,
но не поднесе таа раскин с фригискиот сопруг,
божем на клада за божеска жртва подготвена света
легна врз мечот; измамена, сите ги измами тогаш.8
Од градот нов9 бегајќи и таа песоклива земја
90 повторно стигна10 во градот на Ерик11 и верниот Акест;12
7
Сидонката е кралицата на градот Картагина Дидона, наречена така, зашто, по смртта на
нејзиниот љубен сопруг Сихај во феникискиот град Сидон, таа бега со група свои верни
придружници во Африка и таму го основа новиот град Картагина. Таа многу срдечно го
прифаќа Енеј и неговата дружина во својот град и дом, надевајќи се дека ќе го задржи
Енеј кај себе и дека ќе се омажи за него; Енеј, воден од пророштвото на мајка му Венера,
ја напушта и заминува кон бреговите на Италија (Авсонија).
8
Кога ги видела корабите на Енеј како се оддалечуваат од брегот на Либија, Дидона на
клада се самоубива со меч, не можејќи да ја поднесе разделбата со Енеј. (Види Четврто
пеење на Енеида од Вергилиј, каде оваа епизода е поопширно раскажана.)
9
„Градот нов“ е Картагина, што го основала Сидонката Дидона.
10
Т.е. Енеј.
11
Ерик е син на Бутас и Венера, значи, полубрат на Енеј; тој основал истоимен град на
Сицилија.
12
Акест е син на речниот бог Кринис и Тројанката Eгеста; на Сицилија го основал
градот Егеста.
Метаморфози 327

принесе жртва, на татка си гробот го почести Енеј.


Лаѓите, што Ирида13 ги беше запалила скоро,
тој ги пушти, го напушти кралството на Хипотада14,
земјата димна што беше сета од врелиот сумпор,
95 спилите на сирените Ахелојади15; без крмар16
бродот му мина крај Инарима17, Прохита18 и уште,
крај Питекуса19, а оваа вемја со јалово брдо
добила име по луѓето што ја населиле неа.
Таткото на боговите многу го замразил беше
100 некогаш она итро, измамничко Киклопско племе,
заради тоа што лажливци беа и вероломни,
па ги престори луѓето в животни грди и стори
различни, но и слични на луѓе да можат да бидат;
телото им го смали, а носот од челото чпртав
105 им го сплеска, со старечки брчки им избразди лице;
цело тело им покри со жолто златесто руно
и дури тогаш ги пушти во овие предели овде
а ги лиши од говор и јазик, што лажно се колне,
остави само да можат со зарипнат рик да се жалат.20
110 Мина крај нив, Партенопа21 од десно му остана тогаш,
од лева страна гробот на трубачот – синот на Еол22,
дојде во места блатни, полни с мочуришни води
13
Ирида е божица на ѕуницата, гласничка на боговите и верна служителка на Јунона;
Бидејќи Јунона била лута противничка на Тројанците, зашто Парис не й го додели нејзе
златното јаболко, таа ја пратила Ирида кај Тројанките и ги наговорила да ги запалат
корабите, додека мажите со игри го честеле гробот на Анхис, таткото на Енеј; на тој
начин, мислеле тие, ќе ги задржат своите мажи од нова пловидба. Жените ги запалиле
корабите, но тие не изгореле сосем, зашто ги спасил Јупитер. (Верг. Енеида Петто пеење.)
14
Хипотад е друго име на господарот на ветровите Еол, чие кралство било на Липарските
острови, близу Сицилија, кои од дамнина биле познати по големите количини сумпор.
15
Ахелојади се сирени, ќерки на речниот бог Ахелој (реката Ахелој е најголема во Грција
и извира од планината Пинд, а се влева во Јонското Море); тоа е и поетско име за сирени.
16
Крмарот на Енеј Палинур, заспал кај крмата и се удавил во морето. (Верг. Енеида,
Петто пеење.)
17
Инирама е остров во Куманскиот залив (денешна Исхија).
18
Прохита е остров во близина на брегот на Кампанија.
19
Остров во Неаполскиот залив; Овидиј името му го изведува од грчкиот збор мајмуни.
20
Кума е најстара грчка колонија во Италија, во близината на Неапол.
21
Партенопа е старото име на Неапол, наречен така според името на една сирена.
22
Морското божество Тритон, љубоморен на трубачот Мисен, син на Еол, го фрлил во
морето; Енеј го погребал неговото тело. (Види: Верг. Енеида, Шесто пеење.)
328 Публиј Овидиј Насон

и до брегот на Кума, па влезе в пештерата темна


на долговечна Сибила23, ја замоли тогаш да појде
115 долу, низ Аверн24 кај сенката на својот починат татко.
Таа долго го задржа погледот, вперен во земја,
потем го крена, од богот обземена25, в занес му рече:
„Премногу бараш, јуначе, велик по подвизи славни,
с меч што покажа храброст, а љубов кон татка си в оган.
120 Тројанче, немај страв, ти ќе го добиеш, тоа што бараш,
Елисејските двори26 и задното кралство на светот,
ќе го запознаеш ти и милата таткова сенка;
јас ќе те водам; за храброста затворен пат нигде нема“.
Потем му покажа гранка сјајна од злато во лагот
125 на Јунона Авернска27; од стеблото тој да ја скине
му заповеда. Енеј ја послуша, Орк28 тој го виде
стравотен; благото, предците свои, старечката сенка
на великиот Анхис; законите местни ги дозна,
и за опасноста што го очекува в битките идни.
130 Оттаму с чекори морни одејќи назад по патот,
својата болка ја блажи во разговор со својот водач,
со Куманката29, дур се искачува низ здрачот темен:
„Или си божица или на бозите премила си им;
за мене секогаш божество ќе си; ќе кажувам сегде
135 дека јас дар сум твој; ти ме пушти мене да појдам
таму кај царува смртта, да видам и да се вратам.
Штом на горниот свет ќе излезам, за ова добро

23
Сибила (Куманка) е пророчица и свештеничка во светилиштето во Кума, кое се на-
оѓало во една пештера близу до градот; се сметало дека е стара илјада години и затоа е
епитетот „долговечна“. Имено, таа од богот Аполон побарала да й даде долг живот, но
заборавила да побара и долга младост.
24
Аверн е езеро, источно од Кума, кое исполнува еден стар вулкански кратер, заграден
со стрмни скали и густа шума, од каде што излегувала отровна пареа; старите сметале
дека таму е влезот во подземниот свет.
25
Сибила била свештеничка на богот Аполон и кога ги искажувала своите пророштва,
таа паѓала во транс „од богот обземена“.
26
Елисејските двори е оној дел од Подземјето, каде што се наоѓаат душите на блажените
покојници, па и онаа на Анхис.
27
Јунона Авернска е божицата Просерпина, сопруга на кралот на подземниот свет богот
Дит (Плутон).
28
Орк кај Римјаните е подземниот свет.
29
Т.е. со Сибила, зашто таа е од Кума.
Метаморфози 329

храм ќе ти подигнам и ќе те честам секогаш с темјан“.


Јасновитката погледа кон него, с воздишка рече:
140 „Јас не сум божица; не чести човечка глава со темјан,
за да не згрешиш од неукост; светлина вечна ми вети
мене вљубениот Фојб, ако девството јас му го дарам.
Дур се надеваше, с дарови да ме поткупи сака“.
„Избирај, дево од Кума, сè што ќе сакаш!“ ми рече;
145 „сè ќе добиеш“. „Глупава, куп песок покажав веднаш
колку што имаше зрнца, толку јас посакав лета;
сепак заборавив години сал да побарам млади.
Тој ќе ми дадеше сигурно сè, дур и вечната младост,
да бев обљубена тогаш; дарот јас Фојбов го одбив,
150 и немажена останав; одмина среќната возраст,
со растреперен чекор болната пристигна старост;
ќе ја поднесувам долго; седум поминаа века,
остана да го исполнам бројот на сувиот песок,
уште триста жетви и триста берби да видам.
155 Време ќе дојде, и долгиот ден големава става
ќе ми ја намали мене, ќе испие староста снага,
сосема ситна ќе станам; не ќе поверува никој
дека ме љубел бог; можеби тогаш и самиот Фојб дури
не ќе ме познае или ќе одрече дека ме љубел.
160 Дотаму јас ќе се сменам што никој не ќе ме види,
но ќе ме знае по гласот, сал глас ќе ми остави судба.“
Дури по стрмната врвица спомени реди Сибила
Енеј Тројанецот излезе од Стигискиот предел,
дојде во градот Евбејски30; по обичај, принесе жртва
165 појде кон брегот, кој по доилката негова мила
сè уште немаше име. Тука пристигнал беше
Неретиецот31 Макареј, другар на итриот Уликс,
по долготрајните неволи воени и напори тешки.
Некогаш тој среде стените Етнини беше го познал
170 напуштен Ахајменида32; го нашол, се зачудив многу
што уште жив е; „Зар случај ил бог те сочувале тебе
30
Евбејскиот град е Кума, зашто бил населен со дојденци од Евбеја.
31
Неритиец, наречен според планината Нерит на островот Итака.
32
Ахајменид – сопатник на Уликс, кој случајно останал во земјата на киклопите, каде
што Енеј го спасил од Киклопот Полифем.
330 Публиј Овидиј Насон

Ахајмениде?“ му рекол „и зошто со барбарски кораб


Грај еден плови? И каде се насочил вашиот кораб?“
Вака одговори оној, не во парталово руво
175 и неговиот плашт веќе не беше зацврстен с трње;
Нек Полифема го видам јас повтор и устата страшна
полна со човечка крв, ако Итака, домот мој мене
помили ми се од твојата лаѓа, ако го честам
помалку Енеј од татко ми; никогаш нема да можам
180 доволно да му се оддолжам, дури и сè да му дадам.
Тоа што зборувам, дишам и гледам на сјајното небо
ѕвезди и сонце, може ли тогаш од мене да стане
неблагодарник којшто заборава добрини такви?
Негово дело е, душата што не ми остана в уста
185 на оној Киклоп; дури и сега да испуштам душа
ќе ме погребаат в гроб, нема в негово грло да бидам.
Како ми беше на душа (да не ми одземеше стравот
секакво чувство и дух), кога напуштен вас јас ве видов
како бродите в море? Сакав да викам; се плашев
190 врагот да не ме слушне; па и на вашиот кораб
викот на Уликс му наштети. Видов кај откина33 стена
огромна од планината, среде бранојте ја фрли;
повторно видов кај замавна тој со гигантска рака
и ко од фрлачка справа големи камења сипе;
195 престрашен бев да не потоне бродот од бран или ветер,
заборавајќи дека на тој кораб јас веќе не сум.
Штом од сигурна смрт со бегство се спасивте вие,
оној34 по целата луташе Етна солзи ронејќи,
лишен од вид со рака низ шума по дрвјата ала,
200 в спили се судира, раце изгнасени с гној и со крвој
протега накај морето, Ахивско племе колнејќи:
„О, ако некој случај го донесе Уликса тука
ил некој другар негов, да излеам гнев јас врз него,
да му изедам црева а телото дур му е живо
205 да му го раскинам с раце, с крв да си налеам грло,
искршените коски да крцкаат под моите заби;

33
Киклопот Полифем.
34
Полифем.
Метаморфози 331

одземениот вид тогаш ситна штета би била!“


Ова и друго зборуваше дивјакот; пребледев сиот,
в уплав ги гледам рацете влажни од колежот уште,
210 празниот круг без око, неговото огромно тело,
брадата, с траги од човечки крвој, засирени веќе.
Смртта пред очи ја гледав, најмалата од сите беди;
помислив тогаш, и мене сега тој ќе ме зграби,
мојата утроба ќе ја вовлече в својата веднаш;
215 на ум ми дојде глетката прежна кога тој двајца
другари мои дваж и триж од земја ги тресна,
потем самиот легна над нив како лав некој рунтав,
цревата, месото, коските заедно с белиот мозок
и полумртвите тела ги натрупа в алчниот трбув;
220 Треперев сиот; без капка крв стоев наскрбен таму,
гледав како ги џвака, ги исфрла потем низ уста
повраќа крвава гозба и парчиња смешани с вино;
мислев, и мене, кутриот, судбина таква ме чека;
многу дни јас се криев, на секој шум треперев силно
225 и од смртта се плашев, а бев и желен да умрам;
с желади, с лисја измешани с трева го смирував гладот,
сам бев, без надеж, на смрт и на одмазда препуштен везден;
најсетне кога од далеку вашиот кораб го видов;
молев со раце за спас, до брегот дотрчав веднаш
230 и ве трогнав; тројскиот кораб Грајот го прими.
Ти, пак, пријателе најмил, раскажи ми што сè ве снајде,
тебе и вождот и друзите с тебе што пловат по море.
Тој вака почна: „Во Туското Море35 владее Еол,
синот на Хипот; тој в затвор ги држи ветрите бурни.
235 Вождот Дулихиски36, добро затворени в кожи од волој
беше ги добил – дар чудесен! – и при поволен ветер
девет дни пловеше сè дур бараната земја ја виде;
По деветтиот ден кога повтор се крена Аврора
завидни друзите добија желба за плен и за грабеж;
240 злато да грабнат мислејќи, на ветрите скинаа врски;
35
Туско Море се нарекувало морето меѓу западниот брег на Италија и Сицилија; денес
се нарекува Тиренско Море.
36
Вождот Дулихиски е Уликс, нарекуван така според островот Дулихиј, кој се наоѓал во
близината на Итака и припаѓал кон неговото владеење.
332 Публиј Овидиј Насон

назад по море ги вратија37, од кај што дојдоа преѓе,


повторно пристигна бродот во пристанот на кралот Еол.
„Оттаму, стигнавме“, рече, „в древниот град на Ламос
Лајстригонецот38; Антифат крал беше в оваа земја“.
250 Кај него пратен бев јас со уште придружници двајца;
одвај со бегство се спасивме јас и придружникот еден,
третиот од нас со крв му ја изгнаси скверната уста
на Лајстригонецот39; Антифат нас нè подгони тогаш
насрчи толпа што фрлаше по нас дрвја и стени,
255 лаѓите ги потопија тие и луѓето на нив.
Избега една, на којашто пловев јас заедно с Уликс.
Жалосни бевме што толку изгубивме другари наши,
за нив многу скрбејќи до оваа стигнавме земја,
далеку што ја гледаш од тука (оддалеку треба,
260 верувај, островот да се гледа, ко јас што го видов).
Ти, пак, божичин сине, најсправедливиот Троец,
(штом веќе војната сврши, враг нам ти не си ни веќе)
бегај од брегот на Кирка, послушај го мојот ти совет!
И ние кога на брегот на Кирка приврзавме кораб,
265 на ум имајќи го Антифат и нескротливиот Киклоп,
одбивме таму да одиме; с жрепка одредивме тогаш
кој во незнајните двори да појде; со жрепка бев избран
с верниот Полит и Еврилох, но и со оној Елпенор,
којшто премногу пиеше вино; жрепката уште
270 осумнаесет мажи испрати в градот на Кирка.
Штом ние стигнавме таму, на прагот застанавме куќен,
пред нас излегоа илјада волци, лавици, мечки,
и ни внушија ужас, но тие не беа страшни,
ниедна ѕверка не сакаше да ни повреди тело;
275 тие низ воздухот мавтаа кротко с опашките свои,
и сал нè следеа милно, сè дур слугинките млади
не нè доведоа нас низ атријот, сиот во мрамор
кај господарката; в одаја красна седеше таа
на еден свечен трон; беше во руба облечена сјајна,
37
Т.е. одврзаните ветрови.
38
Ламос бил крал на Лајстригонците; бил населен во Формии, во јужен Латиј, близу
до Кајета.
39
Лајстригонците биле џиновско племе – човекојадци.
Метаморфози 333

280 над која беше обвиена с прекрасна наметка златна;


со неа имаше нимфи и нереиди, но тие
волна не влечеа с прстите брзи ни предеа нишки,
туку средуваат трева и цвеќе, расфрлено сегде
в кошнички разредуваат билје со различни бои;
285 Кирка надгледува тоа што прават; распознава таа
што полза в секој лист има и како се мешаат тие,
па ги одмерува и ги проверува тревките сама.
Штом нас нè виде па прими од нас и возврати поздрав,
разведри лице и с желбите знамења добри ни даде.
290 Веднаш заповеда мед да се смеша со пржен јачмен
заедно со јако вино и со засирено млеко,
додаде тајно и сокови, скриени под таа сладост.
Примивме сите чаши од светата нејзина рака;
што со засушени усти жедно ги испивме веднаш;
295 страшната божица потем по коса не допре со жезлот
(срам ми е дури да кажам) се покрив со четина сиот
не можев веќе да зборам, рапав шум наместо зборој
испуштав; с лицето цело се наведнав сиот кон земја,
сетив кај устата моја в искривена рилка се стврдна,
300 вратот ми станува дебел, а раката с која пред малку
зедов јас чаша, сега со неа по земјата газам.
Друзите исто ги снајде (толку моќ в билките има);
со нив бев затворен в обор; сал Еврилох сочува облик,
видовме; тој сал подадена чаша не беше земал;
305 Да ја земеше тој, јас и сега свиња ќе бидев,
да не му кажеше тој за несреќата страшна на Уликс
и да не дојдеше тој кај Кирка за одмазда лута.
Мироносецот Меркур40 бел цвет нему му даде,
бозите „моли“41 го викаат, расте од коренче црно;
310 безбеден од него и од небесните поучен бози,
влезе тој в домот на Кирка с коварната понуден чаша;
Штом таа с жезлот се обиде да му погали коси,
тој го истргна мечот и силно ја престраши неа.
Потем си пружија раце за верба, а таа го прими
40
Меркур е мироносец, зашто посредува во кавгите меѓу боговите; тој е гласник на
боговите и заштитник на трговците.
41
„моли“ – волшебна билка со бел свет и црн корен; средство против магиите на Кирка.
334 Публиј Овидиј Насон

315 в постела своја; тој друзите в мираз ги побара свои.


Тогаш не посипа Кирка со друг сок од незнајна билка
с обратен удар од жезлот не удри сите по глава,
с вражалски зборови бае, од прежните спротивни сосем.
И дури бае, сè појќе од земја се креваме ние,
320 четина паѓа, сред нозе расцепени раздел се губи,
тука се повтор и мишки и раце; плачејќи во преграб
паѓаме еден на друг, на вратот виснуваме вождов.
Ниеден збор меѓу себе не си кажуваме уште,
сакаме првин благодарност да му искажеме нему.
325 Година цела останавме таму; во тоа време
толку долготрајно, видов и слушнав со ушите многу.
Дури и ова го разбрав, што од четирите една
слугинка тајно ми кажа, помошничка в обреди такви.
Додека Кирка со мојот вожд сама минуваше време
330 таа ми покажа в светиот храм како поставен стои
кип на младич од снежно бел мрамор, украсен с венци,
со клукајдрвец извајан исто од мермер на глава.
Кога јас прашав, кој е и зошто се чести во храмот,
зошто на глава ја носи оваа птица, ми рече:
335 „Макареј, слушај, ќе дознаеш колкава моќ в себе има
господарката моја; внимавај што ќе ти кажам“:
Пик беше Сатурнов син и крал на Авсонската земја,
предаден многу на одгледување коњи за војна;
убавец беше, како што гледаш; иако само
340 од извајаниот лик можеш убоста да му ја видиш;
душа имаше добра, но не втаса четири пати
петгодишната битка тој да види в Елида.
На себе тој привлекуваше поглед на сите дријади
родени во Латијските гори, најадите-нимфи
345 изворски него го бараа, ќерки од Албула42 речни,
од Аниен, Нумикиј, од Алмон, што тек има најкус,
или од Нар срмоглавиот ил Фарфар43 со темните сенки,
и тие што се од шумското блато на Скитска Дијана44,
42
Поток што тече низ Латиј, покрај градот Тибур, денешен Тиволи; се влева во реката Аниен.
43
Реките Аниен, Алмон, Нар и Фарфар се притоки на Тибар, а Нумикиј се влева во
Етрурското море.
44
Дијана го има прекарот Скитска, зашто во Таврида на Херсонес нејзе й се принесувале
човечки жртви.
Метаморфози 335

од езерата блиски; тој сепак сите ги презре,


350 велат, една сал љубел нимфа, што еднаш ја роди
на Палатинскиот рид Венилија45 од богот Јанус46.
Штом таа созреа, втаса на возраст за мажачка годна,
таа пред сите просци го засака Пика од Лаврент47;
чудесна беше на лик, почудесна с песната своја
355 затоа беше Канента48 наречена; с песната своја
движеше дрвја и стени, скротуваше ѕверови диви,
долги запираше реки и птици што летаа волно.
Додека еднаш со женскиот глас беше почнала песна,
Лаврентиецот Пик беше излегол од дома в поле,
360 местни да лови вепри, на грбот од брз кон јавајќи;
две копја држеше в левата рака, а с златна копча
беше ја прицврстил својата пурпурна хламида красна.
В истата шума и ќерката Сончева49 дојдена беше
ново да собира билје по овие ридови плодни,
365 далеку беа полјата с име: „Киркини полја“.
Штом таа, скриена в бујак го здогледа младичот красен,
смајана беше; од раце й падна собраното билје,
па й се стори ко плам да й мина низ целото срце.
Кога дојде на себе, се прибра од силниот пламен,
370 посака да му каже, што копнеж во срцето има,
но од тркот на коњот и свитата околу него
не може да му пријде; „Не ќе ми избегаш“, рече,
„дур и од виорен ветер да бидеш грабнат ти сега.
Ако се познавам себе и не исчезнала сосем
375 моќта на моите тревки и таа на моите вражби“.
Рече и создаде облик на лажовен вепар без тело,
веднаш пред очи на кралот да протрча, потем го пушти
да се чини кај оди сред дрвјата в густата шума,
таму кај лагот е најгуст, за коњи непристапен сосем.
380 Веднаш по пленот сенишен потрча Пик не знаејќи,

45
Венилија е древна римска божица; според Вергилиј, таа е мајка на Турн.
46
Јанус – старо италско божество на секој почеток и крај; бил претставуван со две лица,
зашто гледал и кон минатото и кон иднината.
47
Лаврентиецот Пик владеел во градот Лаврент, на морскиот брег меѓу Остија и Лавинија.
48
Канента – лат. „онаа што пее, песнопојка“.
49
Т.е. Кирка.
336 Публиј Овидиј Насон

бргу рипна од грбот на коњот, облеан в пена


и во длабоката заскита шума по лажната надеж.
Молитви мрмори Кирка и волшебни кажува зборој,
с незнаен вражалски напев незнајни призива бози,
385 с којшто на сјајната Луна често й мрачеше лице
и на татковата глава50 навлекува облаци влажни.
Тогаш исто се згусна небо од ваквиот напев,
земјата испари магли; низ патеки скитаат слепи
друзите Пикови еве, и без стража остана кралот.
390 Време и место најде и рече: „В очи те колнам,
што ме пленија мене и, убавецу, в ликот
којшто, божица мене, ме тера пред тебе да молам,
пламот мој смири го, биди му зет на севидното Сонце
и не отфрлај ја грубо Титанидата Кирка“.
395 Тоа го рече таа, а тој тогаш дрско ја одби,
рече: „Која и да си, твој не сум, друга ме плени,
таа ме држи, се молам, за навек нејзин да бидам,
и со љубов кон друга, брачна не повредам врска,
судбата дури ја чува, Канента, на Јануса рожба“.
Залуд се обиде Кирка да го наговори с молби;
400 викна: „Ти кај Канента не ќе се вратиш, ќе платиш,
што сè е способна в љубов навредена жена ќе видиш,
(зашто е вљубена жена и навредена Кирка!)“.
Дваж на запад и дваж на исток тогаш се сврти,
триж со жезлот го допре младичот, три вражби кажа.
405 Побегна тој, но гледа, побргу трча од преѓе,
мошне се зачуди, гледа, крилја на телото има;
лут дека тој нова птица е сега в Латијските шуми
одеднаш с тврдиот клун, што дивите дрвја ги колве,
гневно со него рани на долгите остава гранки;
410 крилјата примија боја од плаштот пурпурен негов,
иглата златна, што преѓе му држеше скопчана руба,
пердув се стори, а врат му се опаша со жолто злато,
ништо од прежниот Пик не остана, името само.
Свитата напразно гласно по Пика низ полето вика,
415 не го пронајдоа нигде, ја најдоа Кирка (а таа
веќе го беше разведрила небото, допушти тогаш

50
Т.е. на Сонцето.
Метаморфози 337

ветрот и сонцето маглите да ги растераат сосем);


тие со право ја винат, го бараат кралот свој назад,
се закануваат с сила, спремни да нападнат с копја,
420 таа ги попрска с гибелен слуз и отровни сокој.
Ноќта од Ереб51 и Хаос52 ги викна и ноќните бози,
и со завивања долги се помоли и на Хеката.
Шумите се поместија, (чудесно е да се каже)
зајачи земјата, бледи се сторија блиските дрвја,
425 тревата влажна стана од крвави прсната капки,
а од камењата, чиниш, рапави рикој се шират,
кучиња лаат, по земја црни змиишта лазат
чиниш, летаат околу души безгласни, лесни;
Од чудесиите се исплашија сите, а таа
430 престрашените с отровен жезол ги допре по лице,
и од допирот нејзин во диви ѕверови разни
се претворија момците, никој не сочува свој лик.
Распрсна зраци Фојб западен низ Тартеските брегој53,
напразно с очи и душа Канента мажот го чека;
435 Се растрчаа сегде низ шумите слуги и народ,
кралот го бараат свој на патот факли носејќи;
Малку за нимфата беше да плаче и коси да куби
и да се удира в гради (но сето го правеше тоа)
безумно рипна и низ латијските талкаше полја.
440 Шест ноќи и уште толку изгреви сончеви неа
без сон, без храна ја видоа така везден кај броди;
Последен Тибар ја виде морна од пат и од жалост
тело кај спружила беше на долгите негови брегој.
Таму низ солзи и болка тивки испушташе гласој,
445 зборој со нежен звук, скрбна, ко што понекогаш пее
лебедот погребна песна штом наблизу смртта ја сети;
Најсетне, кога мозокот й се стопи од жалба
малку по малку истлеа, в лесниот исчезна воздух.

51
Ереб е просторот меѓу земјината површина и Подземјето, каде што се наоѓаат покој-
ниците; кај римските поети Ереб е синоним за Подземјето.
52
Хаос – „она што зјае“; бескрајна пуста длабочина, синоним за Подземјето.
53
Тартески брегој се бреговите на Хиспанија, нарекувани така според градот Тартес на
реката Бетис (ден. Гвадалкивир); со нив се означува крајниот Запад.
338 Публиј Овидиј Насон

Спомен местото чува; древните уште Камени54


450 го нарекоа според нејзиното име Канента.
Многу работи в долгата година видов и слушнав;
но заседени долго, одвикнати веќе од напор
требаше да се вратиме в море, да кренеме едра.
Опасна пловидба, далечен пат ни прорече тогаш
455 Кирка и дека неволи тешки на море нè демнат;
признавам, престрашен бев; штом тука сум, останав овде.
Макареј сврши; на Енеј доилката в мраморна урна
беше погребана потем, с кус натпис ваков на гробот:
ОВДЕ, СО ГОЛЕМА ЉУБОВ ХРАНЕНИКОТ МЕНЕ КАЈЕТА
460 ОД ГРАЈСКИ СПАСЕНА ПЛАМ, МЕ ЗАПАЛИ
КО ШТО Е РЕДНО.
Потем отпуштија јаже на тревен приврзано насип,
домот на божицата зла и нејзините замки
далеку ги оставија; појдоа потем кон лагот
465 кај што сенчестиот Тибар со жолт песок в море се влива;
Тука тој55 дом и ќерка од синот на Фауна Латин56
зема со борба; започна војна с жестокото племе,
зашто Турн57 збесна зарад невестата ветена нему.
Цела Тиренија58 тогаш се судри со Латиј и долго
470 победа тешка се бараше преку беспоштедни битки.
Обете страни си јакнеа сили со туѓинска помош,
Мнозина беа с Рутулите, многу со тројската војска;
Напразно во Евандровиот град59 не отиде Енеј,
Венул, пак, напразно в град на бегалецот Диомед60 дојде;

54
Камени – изворски нимфи – пророчици; поистоветувани со грчките Музи.
55
Т.е. Енеј.
56
Латин е внук на Пик и правнук на Сатурн.
57
Турн – син на Даун и нимфата Венилија; крал на Ардаја и племето Рутули; Лавинија,
ќерката на Латин првин му била ветена нему; се обидел да ги запали корабите на неговиот
соперник Енеј, но божицата Кибела, за да ги спаси корабите, ги претворила во најади.
58
Тиренија е друго име за Етрурија.
59
Евандар од Аркадија дошол во Латиј и го основал Палатиј на Палатинското брдо; тој
се одѕвал на Ајнеевото барање за помош.
60
Диомед по пропаста на Троја се вратил во Аргос, но потоа се иселил; бурата го до-
вела во земјата на Јапигиецот Даун во Апулија; тој му помогнал на Даун во војната со
Месапите и како награда добил земја и ќерката на Даун Евипа; го основал градот Аргос
во Северна Апулија.
Метаморфози 339

475 Тој беше подигнал голем град кај Јапигиецот61 Даун


и како мираз беше ги добил широките полја.
Венул пораката Турнова штом му ја предаде нему,
побара помош, Етолскиот јунак62 го одби велејќи
дека тој не сака народот тестов на бој да го крене
480 ниту, пак, има од својот род луѓе за оружје спремни.
„За да не мислите дека измислувам нешто од ова
иако скрбта да обновам спомени горки ми пречи,
сепак ќе раскажам; Кога вишната изгоре Троја
и данајскиоте огној сосем го урнаа Пергам,
485 јунакот Нарички63 одмазда навлече страшна кон сите,
за она сам што го заслужи: грабна од девица дева;
ние Данајците прснати бевме низ душманско море,
ровји, темнина, дождој, гневот на небо и море
поднесувавме; врв, пак, на злото беше Кафереј64;
490 и да не должам редејќи ги жалните неволи наши,
дур и на Пријам за Грција ќе му потечеа солзи.
Мене тогаш ме спаси Минерва што оружје носи,
таа ме грабна од бранот и пак од родниот Аргос
прогнат бев; старата рана ја помнеше Венера блага
495 и ми се одмазди; големи маки в длабокото море
издржав; толкави маки исто во битки на копно,
така што среќни ги нареков тогаш оние друзи
кои од бурата сите во море удавени беа,
кај Кафереј свирепиот; посакав со нив да умрев.“
500 Друзите морни од војни и море изгубија сила
бараа крај на лутањата; Акмон, по природа пргав,
тогаш уште и огорчен од неволите тешки,
„што уште остана, мажи, што вашата стрпливост може
да го поднесе?“ рече, „што сака повеќе уште
61
Јапигиец – жител на Јапигија, старото име на Апулија.
62
Ајтолски јунак е Диомед.
63
Нарички јунак е Ајакс помалиот, син на кралот на Локрида Ојлеј; се родил во градот
Нарикс во Локрида и затоа е наречен Нарички; тој ја грабнал пророчицата Касандра,
ќерката на Пријам, откако претходно извршил насилство врз неа во храмот на Минерва,
му ја предал како робинка на Агамемнона.
64
Кафареј е нос во Јужна Евбеја, каде што ахајската флота под водство на Агамемнон,
за време на враќањето од Троја претрпела страшен бродолом, намамена од тамошниот
крал Навплиј.
340 Публиј Овидиј Насон

505 Китерка65 нам да ни стори? Дур страв од полошо има


има и место за рана; најлошото кога те снајде
тогаш и стравот бега; на врвот од злото сме мирни.
Нека ме слушне и таа, нека и сите нè мрази
ко што нè мрази нас, Диомедови мажи, а ние
510 гајле си немаме веќе за таа нејзина пизма;
скапо ја плативме ние нашата голема сила“.
Акмон Плевронецот Венера с такви зборој ја дразни
и ја потпалува така старата нејзина срдба.
С него се сложија малку, повеќето другари од нас
515 го прекоривме; одговор посака тој да ни даде
но му се истанчи гласот и патот по кој гласот оди;
косата перје му стана, вратот нов с перја се покри;
растат поголеми перја по мишици, гради и плеќи,
лактите, пак, му се свиваат нему во лесни крилја;
520 В чудо го гледаат Ликос и Идас, Рексенор и Никтеј,
уште и Абас, но дури се чудат и самите тие
исти стануваат; поголем дел од оваа чета
летнува в небо и околу веслата удира с крилја;
Ако ме прашаш, каков вид имаат чудниве птици,
525 лебеди не се, но најслични се на лебеди бели.
Одвај ко зет јас ги бранам овие предели суви
на Јапигиецот Даун, со мал дел од моите луѓе.
Ојнидот66 сврши; Певкенскиот залив67 го напушти Венул
и калидонското кралство, дојде в месапските полја68,
530 каде што пештера виде, засенчена с голема шума
и со лелеава трска; сега живееше в неа
козјоногиот Пан, а некогаш прекрасни нимфи.
Нив ги престраши и ги изгони од овој предел
апулискиот овчар; но првиот страв штом им мина,
535 храброста им се врати, го тратија тој што ги гони
нозе раздвижија лесни и в такт заиграа оро;

65
Китерка – прекар на Венера, според островот Китера, каде се наоѓало нејзино прочуено
светилиште, кое било еден од центрите на нејзиниот култ; според Хесиод, таа излегла на
неговиот брег, кога се родила од морската пена.
66
Ојнид е Диомед, внукот на Ојнеј; син на Мелеагар и Дијанејра, кој кралува во Калидон.
67
Певкенскиот залив се наоѓа кај Тарент во Јужна Италија.
68
Месапските полја се наоѓале јужно од Тарент.
Метаморфози 341

овчарот ним им се лути, скока ко некој простак


дофрла ругања селски со некакви срамотни зборој;
уста не затвори сè дури грлото не му се здрви;
540 в дрво се претвори; сокот го открива наравот негов.
Маслинка дива е тој и белег од јазикот има
зашто острината негова в горчливи бобинки мина.
Штом пратениците назад се вратија с порака јасна
дека Етолците војска не праќаат, Рутулот тогаш
545 без нив започна војна; од две страни крвој се леат.
Еве Турн фрла врз елови бродови факели алчни,
она што спасено беше од браној, од огнот се плаши.
Мулкифер69 гори смола и восок и гориво друго
огнот се крева веќе дур до високите едра,
550 димеа и веслачките клупи на кривиот кораб,
но тогаш светата мајка на бозите70 бргу си спомни,
дека од врвот на Ида елите сечени беа,
воздухот таа го исполни с ѕвекот од удари в бронза
и со дување в свирка од шимширово дрво,
555 стигна низ лесниот воздух со питоми влечена лавој;
Извика: „Турне, с десница скверна ти пожари фрлаш;
јас ќе ги згаснам, нема да допуштам стрвниот оган
дрвја да гори, што дел се од моите лагови свети“.
Загрми кога ова го рече, паднаа веднаш
560 облаци тешки по громот со град и со поројни дождој.
Се развеаја, влегоа в битка Астрајските браќа71
и со ненадеен налет покренаа небо и море.
Благата мајка се послужи само со моќта од еден,
прекина јажиња конопни на фригиската флота,
565 потера лаѓи сред море, ги наведна, потем ги нурна;
гредите тогаш омекнаа, дрвото тела се стори
кривите крми облик на глави попримија тогаш,
веслата станаа прсти и нозе што можат да пливаат;
бокот си остана бок, а она што беше под бродот
570 на средината бродска, презеде служба на ’рбет;
69
Мулкифер е атрибут на богот Вулкан; овде тоа е персонификација на огнот.
70
Т.е. Кибела, која била особено многу почитувана на планината Ида кај Троја; оттаму
биле елите, од кои биле направени корабите на Енеј.
71
Астрејски браќа се боговите на виорните ветри, синови на титанот Астреј и Аврора.
342 Публиј Овидиј Насон

едрата мека постанаа коса, катарките – раце,


модри ко преѓе останаа; в оние браној од кои,
порано имаа страв, в нив момински играат игри
морски најади; иако родени в планински стени,
575 пливаат в тивкото море, потеклото не им е важно;
Не заборавајќи колку сè маки претрпеле в море,
често под кораби в опасност што се поттураат раце,
сем ако некој кораб по морето носи Ахиви;
сè уште мразат Пелазги, зашто го помнеа уште
580 страшниот фригиски пораз; с радосни гледаа лица
кога се распарчи коработ Неритски72, гледаа с радост
како од дрво се претвора в камен на Алкиној бродот73.
Имаше надеж, штом лаѓите в нимфи претворени беа
дека од чудото застрашен Рутулот74 војна ќе запре;
585 но тој не отстапи; богови имаат обете страни
имаат уште и храброст на бозите што им е рамна.
Војната не е за кралство во мираз и жезлот на тестот,
ниту се војува веќе за тебе, Лавинојо, дево,
туку се срамат од прекин, за победа славна се борат.
590 Најсетне Венера синот го виде ко победник в бојот.
Падна Турн и Ардеја75, наречена моќна дур уште
жив беше Турн; штом мечот барбарски него го уби
и под пепелишта врели покриени беа домојте;
од сред купиштата тогаш невидена излета птица
595 која со крилја мавтајќи по пепелта удира силно.
Слабоста, гласот, бледилото и сè друго на неа личи
на заземениот град; сал сочува име на градот
с крилјата мавта и се оплакува себе Ардеја.
Ајнеевата храброст ги принуди сите бози
600 дур и Јунона да ја заборават старата срдба;

72
Неритски кораб е коработ на Уликс (Одисеј), наречен така според островот Нерит, кој
бил во владеење на Уликс; Јупитер со стрела го разбил овој кораб, кога неговите другари
ги заклале воловите на Хелиј на островот Тринакрија.
73
Бродот на Алкиној е оној на кој Уликс се враќал во Итака од земјата на Феакијците;
додека бил сосем близу до Итака, богот Нептун, лут на Уликса што го ослепил сина му
киклопот Полифем, го претворил бродот во спила.
74
Т.е. Турн.
75
Ардеја бил главен град на Рутулите; се наоѓал на брегот на Латиј, јужно од Рим.
Метаморфози 343

Кога ја зацврсти добро моќта на Јул76, уште младич,


време да појде на небо му дојде на јунакот Енеј.
Венера бозите сите ги придоби, висна на вратот
од својот татко и рече: „ Никогаш кон мене, татко
605 строг не си бил, а сега преблаг да бидеш те молам;
на мојот Енеј, кој с мојата крв свој дедо те стори,
дај му некакво божество, најмил, макар и мало
сал нешто дај му! Доста е тој што еднаш го виде
кралството грозно и мина еднаш низ Стишката река“.
610 Сите се сложија бози; кралицата не здрви поглед,
туку со пријатно лице и таа согласност даде.
Таткото тогаш й рече: „За дарот небесен вие
достојни сте и ти и тој што за кого што бараш;
затоа земи го, ќерко, она што срце ти сака“.
615 Така тој рече; а радосна таа на татка си веднаш
му заблагодари; впрегна два гулаби, летна низ небо,
стигна на брегот Лаврентски, каде што покриен с трски
ползи кон блиското море Нумикиј77 со речните води.
Нему таа му рече, сè што на Енеј е смртно
620 да го измие веднаш и тивко го довлече в море;
Рогоносецот бог го изврши налогот нејзин,
изми од Енеја сè што е смртно, потем го плисна
в своите води; најдобриот дел сепак остана в него.
Прочистеното тело го намачка мајка му тогаш
625 с божески мирис; с амброзија, с нектар измеќана сладок
уста му допре и бог го стори; народот него
Индигет Квирин78 го прозва, го прифати в храм и во олтар.
Потем под власт на Асканиј двоимен79 потпадна Алба
и Латинското кралство; него го наследи Силвиј.
630 Син му со жезлот и старото име Латин го зеде;
76
Јул (или Асканиј) е син на Енеј и Креуса; заедно со татка си избегал од опожарената
Троја; се смета за родоначалник на генс Иулиа, од која, се верувало, водел потекло и
Гај Јулиј Цезар.
77
Нумикиј е рекичка покрај Лавиниј во Латиј; според легендата Енеј загинал крај таа
река или се удавил во неа.
78
По смртта, Ромул се обожествува и станува бог Квирин; индигети се нарекувале древните
италски богови; подоцна Енеј е поистоветен со Јупитер Индигет, кој имал светилиште
меѓу Лавиниј и реката Нумикиј.
79
Асканиј е двоимен, зашто го носи името Јул.
344 Публиј Овидиј Насон

славниот Алба го наследи Латина; по него Епит,


син што му беше; па Капет и Капис, но понапред Капис;
Кралската власт од нив Тиберин ја презеде потем,
но во тускиските води се удави; реката име
635 доби по него; тој, пак, ги роди Ремул и уште
лутиот Акрот. Постариот Ремул од удар на молња
загина, додека самиот тој подражаваше молња.
Акрот, поумерен од својот брат, го предаде жезлот
на Авентин; на истото брдо тој погребан беше,
640 кај што владееше; по него и име брдото доби.
Потем Прока80 владееше над Палатинското племе.
В негово време Помона живееше; ниедна жена
меѓу латинските хамадријади81 не беше толку
опитна во овоштарството ниту, пак, можеше друга
645 повредна да е во одгледување овошје добро;
оттаму имаше име82; не љубеше шуми и реки,
туку сал полја и гранки со сочни плодови красни;
в десница не држи тешко копје, а српови вити;
с нив таа час пребујните широки гранки ги кастри,
650 кои се шират насегде, час кора на стеблата сече,
и в неа калеми вејки и сок на храненикот дава;
жед да сетат не допушта кривите жилички нежни
на ожеднетиот корен, ги залева с вода што тече.
Тоа е нејзина љубов и копнеж, за Венера нема
655 никаква желба; сепак се плаши од селската грубост
па ги затвора своите овошни градини красни;
влез и пристап за мажите нема, одбегнува мажи.
Сатири што сè не сторија, исто и танчари млади,
што ли, пак, Паните, борови венци на рогој што носат,
660 исто и Силен83 кој вечно е помлад од своите лета,
или, пак, богот крадци што гони со срп ил со срамот84
да ја освојат? С љубовта своја ги надмина сите

80
Овидиј ги набројува древните владетели на Алба Лонга.
81
Хамаријади се горски нимфи, нарекувани уште и дријади.
82
Името Помона е во врска со лат. помум (овошје, јаболко) и помус (овошно дрво).
83
Силен е најстариот од сатирите, воспитувач и придружник на богот Бакх.
84
Тоа е Пријап, син на богот Бакх и Венера, чувар на градините, лозјата и полјата; опло-
дител на природата; бил претставуван со огромен фалус.
Метаморфози 345

богот Вертумно85, но посреќен не беше од нив ни овој.


Колку ли пати во руво на измачен жетвар тој носел
665 в кошница класје и личеше сосем на вистински жетвар!
Често на челото носеше венец од свежо сено,
чиниш баш сега превртувал тој искосена трева;
в тврдата своја рака тој остени носеше често,
па би се заколнал некој, морни баш одврзал јунци.
670 Сор штом ќе земе, станува кастрач ил режач на лозја;
има ли скали, ќе помислиш, овошје пошол да бере;
војник беше со меч, а трска штом земе е рибар;
најсетне с претворба в ликови многу си прибави пристап
да се насладува в ликот на убавицата красна.
675 Конечно, откри со шарена врвца да врзува чело,
потпрен на стап, с распуштени седи од возраста коси,
преправен в старка; в градините обработени влезе,
с восхит ги гледа овошките, рече: „О блазе си тебе!“
па пофалената жена неколку пати ја бакна,
680 како што никогаш старка не бакнува; седна на грутка,
гледа на гранките, свиени од есенските плодој.
Пред него имаше прекрасен брест со гроздови сјајни;
откако тој го пофали брестот обвиткан с лоза,
рече: „Да стоеше стеблото само без лозови прачки,
685 немаше што да се бара, освен лисја на него.
Но и лозата, здружена с брестот е смирена с него,
да не е здружена, сведната таа на земја ќе лежи;
ти, сепак, пример не земаш од ова прекрасно стебло,
бегаш од брак и да се мажиш помисла немаш.
690 Камо да сакаш! Од Хелена просци би имала појќе
и од онаа што ја крена лапитската битка86
па и од жената на оној Уликс87, што страшливец не е.
Сега кога ти бегаш, ги гониш просците свои,

85
Вертумно е древно етрурско божество, кое многу рано било прифатено во Рим како
бог на вегетацијата; името му е во врска со латинскиот глагол верто (превртувам, пре-
образувам), зашто Римјаните му припишувале способност да се преобразува во разни
облици. Ова божество почесто било именувано и како Помон (Помонус).
86
Лапитската битка се водела поради Хиподамија, со која се оженил Пиритој. (в. Два-
наесетто пеење.)
87
Т.е. Пенелопа.
346 Публиј Овидиј Насон

илјада мажи те бараат, бози и полубози


695 и сите божески сили в планините вишни на Алба.
Ако си мудра и ако добар брак бараш ти тогаш
мене, старка, послушај ме, повеќе зашто те љубам
од сите други и одошто мислиш; отфрли сега
обичен брак, Вертумна го земи за в постела другар!
700 Залог за него сум јас; го познавам подобро него
одошто сам се знае; не талка ширум по светот,
в овие предели тој е; и не е ко многуве просци
да се заљубува веднаш; прва и последна љубов
ти ќе му бидеш, сал тебе животот ќе ти го дари;
705 додаде дека е млад и има природна убост,
уште и дарба има за претворба в облици разни;
што и да посакаш ти (а барај што сакаш) – ќе имаш.
Исто сакате; прв тој ги има овошките твои,
с радосна десница твоите плодови везден ги држи.
710 Но не посакува плодој, откинати сега од дрво,
ни од градината твоја билки со сокови благи,
тој само тебе те сака; тој гори, милост ти имај,
верувај, она што бара, со устата моја те моли.
Страв од бози-одмаздници имај; Идалијка88 исто
715 сурови мрази срца, од гневот на Немеса89 бој се!
Повеќе страв ти да имаш (а в староста научив многу)
ќе ти раскажам случка, најпозната в целиот Кипар,
за да се премислиш лесно и да си разнежиш срце“.
Ифис од ниско потекло роден, беше ја видел
720 видната Анаксарета од древната лоза на Тевкра90;
Штом ја здогледа неа, низ коски му проструи пламен;
долго се бореше тој, но кога не можеше с разум
да ја победи страста, молејќи й дојде на прагот.
Маката љубовна тој на доилката стара ја призна,

88
Идалијка е Венера, нарекувана така според нејзиното светилиште во Идалија на
островот Кипар.
89
Немеса (во оригиналниот текст Рхамнусидис) – божица на умереноста и воздржливоста,
која се одмаздува за секоја прекумерност; наречена Рамнусида според местото Рамнос
во близина на Атина, каде што се наоѓало нејзино древно светилиште.
90
Тевкар е брат на Ајакс, кој побегнал на Кипар, плашејќи се од гневот на татка си
Теламон; таму тој го основал новиот град Саламина.
Метаморфози 347

725 неа ја моли за добро на храненичката своја


груба да не биде многу и да му помогне нему;
со многу умилни зборој слугинките сите ги здоби,
и со возбуден глас наклоноста нивна ја стекна.
Често испраќаше писма по нив со љубовни зборој,
730 некогаш венци влажни од солзи на порти и става,
своето меко тело на тврдиот праг тој го спружа,
легнат, жалостен така го колне проклетото резе.
Полута таа од бурно е море е штом Јарците91 гаснат
потврда од железото, Норички92 плам што го кове
735 и од стена, што сè уште жив корен в земјата држи;
му се потсмева с презир, а кон постапките груби
надмени дофрла зборој, не му дава никаква надеж.
Ифис не ги поднесе маките долги и болни,
овие проштални зборој пред портата тогаш ги кажа:
740 „Победи, Анаксарето, не ќе ти додевам веќе,
триумф подготви весел, с блескав закити се лавор,
почни веднаш да пееш и Пајан93, победничка песна!
Победен умирам с радост, бездушнице радуј се сега!
Нешто бар сепак ќе мораш да пофалиш в љубовта моја,
745 с која што да ти се смилам, ќе признаеш, многу се трудев.
Знај, сепак, сè дур не затворам очи, на тебе ќе мислам
па и да треба ведно од живота два да се лишам.
Глас за мојата смрт до тебе нема да стигне;
самиот јас, сомнеж немај, кај тебе ќе дојдам да можеш
750 с моето тело без душа да наситиш сурови очи.
Ако, о, богови вишни, на смртните гледате дела,
не заборавајте ме мене (јазик да здржам за молби
не можам); долго за мене нек се раскажува навек;
штом ми одзедовте живот, на расказот дајте му време!“
755 Рече и влажни очи и бледни раце свои крена
кон тие порти, што сам тој често ги китеше с венци,

91
Јарци се две многу сјајни ѕвезди, чие заоѓање кон крајот на октомври, според старите,
предвестувало бурно време.
92
Норик, римска провинција, јужно од р. Дунав; во древноста била прочуена поради
железото, кое било многу ценето (Норичко железо).
93
Пајан е радосна химна во чест на богот Аполон; се пеела откако ќе се отклони некоја
несреќа или ќе се извојува победа.
348 Публиј Овидиј Насон

потем на врвот од вратата заврза замка со јаже,


викна: „Безбожнице жестока, ваков ли венец ќе сакаш!?“
па си ја протна главата, сè уште свртен кон неа,
760 потем несреќното бреме со врзан врат удолу висна.
Удрена с растреперените нозе вратата офна,
чиниш звук некој пушти, се отвори ширум и откри
сè што се случи; викаат слуги, го креваат него
и го носат пред прагот на мајка му (немаше татко);
765 таа го зема на скутот студеното тело на синот,
в преград го држи и плаче ко сите несреќни мајки,
направи сè што несреќните мајки секогаш прават.
Таа со солзи погребна поворка води низ градот,
бледиот труп го носи на одар, којшто ќе гори.
770 Имаше дом до патот, кај што поворката солзна
врвеше; плач слушна тврдокорната Анаксарета,
којашто тогаш од богот одмаздник казнета беше.
Трогната рече: „Ај да го видиме скрбниот погреб!“
Влезе во висока одаја с широки прозорци таа,
775 и штом добро го здогледа Ифис спрострен на одар,
погледот и се смрзна, од телото избега крвта
нејзина топла, пребледе, в обид назад да појде
не може нозе да движи; се обиде лице да сврти,
ни тоа не може; малку по малку целото тело,
780 камен се стори, ко в градите таа што имаше преѓе.
Ова измислица не е; се чува во Саламина
кип во храмот на Венера с ликот на оваа жена,
наречен „Згледана“. Мисли сега на ова, о, нимфо,
не биди жилаво горда и сврзи се с тој што те љуби;
785 родот не ќе ти замрзне така ни в пролетни студој
ниту, пак, брзите ветри в цут ќе го развеат плодот.
Штом богот в ликот на старка попусто ова го рече,
в младич се претвори, старечки белези отфрли сосем,
пред неа застана таков, каков што сјаен е ликот
790 сончев, кога облаците наспроти него ги гони,
потем, без никаква пречка ќе блесне со своите зраци;
тој се готви за сила, но нужда за присила нема,
ликот божји ја плени, и таа почувствува рана.
Метаморфози 349

Потем в Авсонија власта Амулиј без право ја зеде94,


795 старецот Нумитор с помош на внуците95 повтор го доби
изгубеното кралство; на Палилијскиот празник96
темел се стави на градот; Сабинските отци97 и Татиј
водеа војни; Тарпеја98 кон бедемот патот го откри
но со право испушти душа под купишта штитој;
800 Потем Курејците99 појдоа, слични на безмолвни волци,
без глас да пуштат нападнаа војска, заспана в цврст сон,
појдоа накај портите, кои со резиња цврсти.
Илијад100 беше ги затворил; една отвори сепак
Сатурновата ќерка101, без шум стожер вртејќи;
805 Венера сети само кај вратната потпорка падна,
ќе ја затвореше таа, но недопустливо беше
бог да спречи дело што некогаш друг бог го сторил.
Близу до Јанус102 имаше Авсонски красни најади
таму кај тече од изворот бистра, студена вода.
810 Таа за помош; ги замоли; не ја одбија тие
Венерината праведна молба; извлекоа веднаш
водени жили и реки од изворот; влезот на Јанус
94
Амулиј и Нумитор се синови на Прока; според правото за наследување, Нумитор,
како постар син ја наследил кралската власт од татко му; Амулиј, насилно го тргнал од
престолот и го прогнал, а неговата единствена ќерка Реа Силвија ја направил Весталка,
т.е. свештеничка на божицата Веста, со што била обврзана на доживотно девство за да го
лиши брата си од потомство, кое би му ја загрозило кралската власт; Реа Силвија била
обљубена од богот Марс и ги родила близнаците Ромул и Рем.
95
Внуци на Нумитор се Ромул и Рем.
96
Палилија (Палилијски празник) се славел на 21 април во чест на древноиталското
божество Палес кое ги заштитувало овчарите и стадата; сега се празнува како роденден
на Рим, зашто се верува дека токму на тој ден Ромул ги поставил темелите на градот.
97
Сабинци се древноиталско племе, населено северозападно од Рим; нивните ќерки биле
грабнати од првите Римјаните, по што избила војна меѓу нив и Сабинците; ќерките ги
измириле завојуваните Римјани и Сабинци, па нивниот крал Тит Татиј ја делел власта
со Ромула во Рим.
98
Тарпеја била ќерка на заповедникот на капитолската тврдина Спуриј Тарпеј; таа им
ветила на Сабинците дека ќе им ја отвори вратата на тврдината ако й го дадат она што го
носеле на левата рака, мислејќи притоа на златните нараквици; но бидејќи Сабинците на
левата рака ги носеле и штитовите, тие ги фрлиле врз неа и таа останала затрупана под нив.
99
Курејци се жители на сабинскиот град Курес, од каде што бил и подоцнежниот римски
крал Нума Помпилиј.
100
Илијад е синот на Илија (Реа Силвија), т.е. Ромул.
101
Сатурнова ќерка е Јунона, која била гневна на Ромула зашто бил потомок на Тројанците.
102
Јанус е древноиталско божество, бог на секој почеток и крај.
350 Публиј Овидиј Насон

пристапен сè уште беше, не беше потопен патот;


Жолт сулфур нимфите фрлија под изобилниот извор
815 а в шупливите вени запалија потем битумен.
С таа сила и друга до дното на изворот продре
врелина; водите коишто доскоро имаа смелост
в натпревар да се со алпскиот мраз, се израмнија с огнот.
Димат од огнена роса двете на портата крила,
820 портата напразно ветена на тие лути Сабинци
с новиот извор преградена беше, дур воинот Марсов103
не зеде оружје; а кога с војската излезе Ромул,
римската земја се покри сета со сабински трупој
но и со свои се покри, штом мечот безбожен смеша
825 в битката зетова крв со крвта на тестот негов.
Најсетне решија с мир да ги сменат крвавите војни,
да не се бијат докрај, но и крал да постане Татиј.
Загина Татиј и тогаш владееше с еднакво право
над двата народи104, Ромуле, ти; Марс шлемот го симна,
830 вака му кажа на таткото вишен на бози и луѓе105:
„Татко, времето дојде, зашто на основи цврсти
застана римското кралство, од еден крал зависно не е,
ти да нè наградиш (како што беше ми ветил ти мене
и на внукот твој достоен106); крени го него од земја
835 и на небо воздигни го; еднаш ти мене ми рече,
а на тој собир присутни беа олимпските бози,
(паметам добро, во душа ги впишав блажените зборој)“.
„Еден ќе има што ти ќе го возвишиш в синото небо“.
Така ти рече, исполни ги сега ветените зборој!
840 Кимна семоќниот с глава и с облаци зацрни темни
небо и светот го престраши с трескот од громој и веди.
Градив бестрашениот107 знакот за вознесот ветен го сети,
потпрен на копје, скокна на кола со виорни коњи
с крвава руда, ги потера с камшик низ небото долу,

103
Т.е. Ромул со својата војска.
104
Т.е. над Сабинците и Римјаните.
105
Таткото на бозите и луѓето е Јупитер.
106
Внук на Јупитер е Ромул, зашто е син на Марс.
107
Градив – епитет на богот Марс.
Метаморфози 351

845 слезе на врвот од шумовитото брдо Палатиј108;


Илијада го грабна, дур враќаше кралевска должност
на Квиритите109; в лесниот воздух смртното тело
истлеа, како што оловна топка често се топи,
кога со прачка ја фрлиш насреде ширното небо;
850 красен лик прими, достоен што е за божеско зглавје,
каков што ликот е Квиринов110 в прекрасна одора кралска.
Жена му плаче, ко да е мртов, но кралска Јунона
веднаш ја прати Ирида да појде по патот свој сводест
и на вдовицата да й предаде пораки вакви:
855 „Госпоѓо, ти што си скапоцен украс на родот Латини
и на Сабинскиот род111, најдостојна преѓе што беше
жена на таков маж, а сега си жена на Квирин,
немој да плачеш; но ако сакаш ти да го видиш
мажот свој, појди со мене во лагот на брдото Квирин,
860 кој зеленилото храмот го сени на кралот Римски“.
Послуша веднаш Ирида, по шарена ѕуница слезе
долу на земја, и сè на Херсилија тогаш й кажа;
Таа, со лице срамежливо очите одвај ги крена,
рече: „О, божице, води ме (која си, не знам да кажам
865 јасно е, божица си), на маж ми покажи ми лице,
ако ли судба ми даде бар еднаш јас да го видам
тогаш ќе признаам дека и јас сум достигнала небо!“
Веднаш с девицата Тавмантеја се искачи таа
на Ромуловото брдо; од небото ѕвезда се спушти,
870 падна на земја; од сјајот нејзин й заблеска коса,
с ѕвездата заедно летна Херсилија в ширното небо;
Таму основачот на градот Рим ја прифати с раце,
заедно с телото тогаш и име старо й смени
Хора112 ја нарече; сега е божица ведно со Квирин.

108
Палатиј е едно од седумте ритчиња на кои е изграден Рим.
109
Квирити се Римјаните.
110
Квирин е сабински бог на војната; Ромул, откако постанал бог, бил поистоветуван
со Квирин.
111
Херсилија, сопругата на Ромул, била една од грабнатите Сабинки.
112
Хора била поистоветувана со Хеба, божицата на младоста.
352 Публиј Овидиј Насон

ПЕТНАЕСЕТТО ПЕЕЊЕ

5 Сега се бараше кој ќе го поднесе тешкото бреме,


наследник кој би можел да биде на крал толку велик;
Фама, на вистина гласница што е, го одреди тогаш
славниот Нума за крал, кој не се стремеше само
да ги знае обредите сал на Сабинското племе,
10 туку дух способен имаше за повозвишени дела;
ја истражуваше тој природата на сите нешта.
Поради оваа љубов го напушти родниот Курес1
дојде во градот на оној, кој домаќин Херкулов беше2.
Кога тој праша, кој го основал овој град грчки
15 на италскиот брег, тогаш еден од старците таму
зналец на древното време вака му раскажа нему:
Синот на Јупитер, с множество волови пристигнал еднаш
од Океанот, велат, до Лакиниските брегој3;
и дур добитокот негов талкал низ кревката трева,
20 влегол тој сам во домот на гостопримниот Кротон;
таму отпочинал тој по долгите напори тешки
и на замин му рекол: „Во време на внуците наши
овде ќе има град“, и ветеното вистина стана.
Имало некојси Мискел, син на Алемон од Аргос,
25 најмил бил тој на сите богови во она време.
Нему, дур лежел, потонат в длабок сон еднаш му рекол
боздоганосецот:4 „Ајде, напушти го крајот твој роден
далеку барај ги ти каменестите браној на Ајсар5!“
Ако не послуша, со страшни нешта се заканил тогаш;
30 Потоа веднаш исчезнал сонот ведно со богот.
Станал синот Алемонов, молкум за она што видел

1
Курес е древната престолнина на Сабинците, роден град на вториот легендарен римски
крал Нума Помпилиј.
2
Се мисли на Кротон, кој ќе биде спомнат во наредните стихови.
3
Лакиниј е ’рт во близината на Кротон (Јужна Италија), каде што се наоѓал прочуен
храм на божицата Јунона.
4
Т.е. Херкул, кој сите свои херојски дела ги извршил со боздоган.
5
Река која тече низ Кротон; денешен Есаро.
Метаморфози 353

в сонот размислувал; долго во мисли со себе се борел:


богот да оди заповеда, законот спречува замин,
секој што напушта роден крај, смртна казна го чека.
35 Сјајното Сонце блескава глава скри в Океанот,
Ноќта пак с безбројни ѕвезди на небото покажа глава.
Повторно истиот бог дошол, исто од него барал;
ако не послуша, с закани пострашни уште го плашел.
Престрашен Мискел се готвел да пренесе в новиот предел
40 татковски светии; тоа се расчуло бргу низ градот,
обвинет тој бил што не почитува закони свети.
И без свидетели вината била докажана лесно;
в руба извалкана кренал тој лице и раце кон небо,
извикал: „Боже, ти, кој дванаесет изврши дела
45 според небесниот закон, те молам, помагај сега,
зашто причина ти беше сам за мојата вина“.
Имало обичај стар да се суди со камчиња мали
црните значеле казна, а бели за невиност биле.
Така и сега донесена беше пресудата тажна
50 секој спушташе в урната само каменче црно;
Штом ја истурија урната за да ги избројат веќе,
секое каменче црно се беше претворило в бело.
Така с Хекулова волја, пресудата поволна била
и го ослободи Алемонидот; на отецот тогаш,
55 потомок Амфитрионов6, му заблагодари оној,
Мискел со поволни ветри по Јонското заплови Море,
мина крај Салентинскиот Нерет7, крај Сибарис8 мина,
крај Лакедајмонски Тарент9 и Сиринскиот залив10,
помина покрај Кримис11 и Јапиговите полја12;
60 земјите кога ги мина кон кон море што гледаат сите,
одвај го пронајде брегот на Ајсар, судбинската река.
Близу до гробот, во којшто скриени беа под земја
6
Потомок Амфитрионов е Херкул.
7
Град во Сарентинската област во Јужна Италија, источно од Тарент.
8
Грчка колонија во Луканија, Јужна Италија.
9
Спартанска колонија во Јужна Италија; богат трговски град; денешен Таранто.
10
Залив во Италија; без убификација.
11
’Рт во Јужна Италија.
12
Полја во Јапигија, место во Италија (Апулија); го добила името по Јапиг, син на Дедал,
кој таму се населил.
354 Публиј Овидиј Насон

Кротоновите коски и тука, по налогот божји


основа град, што го нарече по погребаниот јунак.
65 Според прикаската таков зачеток имаше градот,
којшто подигнат беше на крај од италската земја.
Самјанин13 еден живееше таму, кој бегалец беше
од господарите, но и од Самос, од омраза лута
кон тиранидата, изгнаник беше по своја волја;
70 далеку беше од небо, но с умот до бозите беше;
сè што за смртните очи природата беше го скрила,
кога со умот го сфати, го согледа с дух и со будност,
тоа за наук го даваше на слушателите збрани,
в молк14 и во восхит; ги учеше како постанал светот,
75 причина што е за сè на светот, природа што е,
бог што е; од каде снегој, од каде доаѓа громот,
Јупитер или ветри штом раскинат облаци грмат,
земјата што ја тресе, по кој закон ѕвезди се движат,
тајни откриваше многу; животинско месо на маса
80 прв забрануваше тој; вакви учени зборови првин
од него речени беа, но доверба не стекна со нив.
„Не си гнасите тела, о смртници, с јастија скверни,
пченица има, на гранки натежнале плодови сочни,
има на лози набабрено грозје, сладосни билки,
85 уште и други на оган варени да смекнат што можат,
има и млеко и мед што има на матерка мирис;
Штедрата земја богатства дава и исхрана здрава,
таа без колеж и крв нам јастија сласни ни пружа;
Само животните с месо смируваат глад, и не сите;
90 зашто коњот, добитокот, овците с трева се хранат;
само тие што имаат нарав нескротлива, дива,
оние арменски тигри или лавовите лути,
мечките заедно с волци, на крвава храна се сладат.
Ох, каков злостор е да се ставаат црева во црева
95 и со тело на друг да го гоиш алаво тело,
13
Се мисли дека Питагора е роден на островот Самос, но ја напуштил татковината, поради
несогласување со тиранинот Поликрат; живеел во втората половина на VI век пр. Христа,
што значи дека не можел да му биде современик на Нума Помпилиј.
14
На учениците на Питагора им било забрането да зборуваат неколку години; станало
пословично со колкав восхит тие го слушале својот учител.
Метаморфози 355

живо да живее тело со смртта на суштество живо!


И покрај толкави блага, што земјата – предобра мајка
раѓа, сал тоа ли знаеш да џвакаш со сурови заби
жалосни рани, да враќаш обичаи киклопски гадни?
100 Ако не убиеш друг, зар не ќе го смириш ти гладот
на ненаситниот трбув, кој навикнат е сал на лошо?
Она, пак, древно време, што златно го викаме сега,
среќно живееше с плодој од дрвја, но и од билки,
почвата што ги храни; не оскверни уста со крвој.
105 Птиците слободно мавтаа тогаш во воздухот с крилја,
зајакот без страв од ништо сред ширните трчаше полја,
и на јадицата риба лесноверна не висна тогаш;
Заседи немаше никакви ниту од измами стравој,
мир владееше сегде. Но кога пакосник некој
110 с завист на жртвите божји, кој било тој и да беше,
и во алчниот трбув нагнете јастија месни,
отвори пат тој на злото; од првото клање на ѕверој
може од првиот колеж на ѕверој се вжештило беше
острото железо, сето извалкано с крвави дамки.
115 (Доволно беше сал тоа), она што наша смрт бара
треба да умре, а нашата совест мирна да биде.
Но ако заколеш нешто, не треба и да го јадеш.
Потем нарасна гревот, за прва жртва се смета
свињата, која заслужила смрт, зашто с рилката крива
120 изрила семе и сотрела надеж за летина добра;
јарецот, велат, изгризал лоза и заклан бил тогаш
пред на Бакха одмаздникот олтар; тој повредил двајца;
овци, што згрешивте вие, добиток кроток и мирен,
роден да служи на луѓе, во виме што носите нектар,
125 мека ни давате волна за нашата облека топла15
повеќе полза ни носите живи, одошто мртви?
Што ли говедата згрешиле, животни невини, кротки
не знаат тие за подлост, за труд се родени само?
Неблагодарен и недостоен оној за дар е,
130 којшто можел, сал што го тргнал тешкиот товар
од извиениот плуг да го заколе, тој што му орал,
15
Питагорејците не носеле волнена, туку ленена облека.
356 Публиј Овидиј Насон

и да му пресече с секира врат, од тежок труд триен,


којшто толку пати с јарем тврда превртувал земја
и безброј пати на својот господар жетва му дарил.
135 Тоа пак доволно не е, што таков грев веќе се вршел,
луѓето дури и самите бози ги вовлекле в злостор,
зашто верувале дека со крвта на вредните јунци
и највисокото божество се насладува многу.
Жртвата без дамка ниедна, прекрасно животно, кротко,
140 (нејзе й наштети убоста), с ленти украсена, с злато,
стои пред олтарот, молитви слуша без никаков сомнеж,
гледа на челото нејзино, сред рогој й ставаат жито
плод на нејзин труд; заклана, с крвта своја го валка
ножот, што можда во бистра го видела некогаш вода.
145 Уште дур жива е, веднаш й вадат од градите жили,
ги разгледуваат, божески пораки бараат во нив;
(в човекот толкав ли глад има за забранетата храна?)
јадете без страв, о роде смртен; а јас ве молам,
не правете го тоа, послушајте, јас што ве учам!
150 Штом ќе ги допрете с непцето вашите заклани волој,
знајте, вашите орачи тогаш ги јадете вие.
Штом богот устата моја ја движи, јас ќе го слушам,
моето Делфи и небото ќе ви го отворам вишно,
ќе ви објавам пророштво на возвишената мисла;
155 ќе ви објавам чудесни нешта, скривани долго,
неистражени уште од умот на предците наши.
Сакам да талкам низ ѕвездите вишни, и земјата трома
да ја напуштам, в облак да летнам, да седнам на плеќи
на оној силен Атлас, да гледам од далеку долу
160 луѓе без разум кај талкаат в уплав голем од смртта,
јас да ги бодрам, на судбата да им го откривам редот.
О, ти роде, од мразната смрт што си престрашен толку!
Зошто се плашиш од Стикс, од мрак и од имиња пусти,
теми за поети и од опасности в овој свет лажен?
165 Не помислувајте, тела, што пламен од клада ги сотрел
или од старост истлеале, дека можат да страдаат!
Душите бесмртни се, штом еднаш од домот ќе летнат,
секогаш нов дом ги прима и тие живеат в него;
Јас бев (се сеќавам добро) за време на Тројската војна
170 Еуфорб, Пантоев син, кому тогаш се забоде в гради
Метаморфози 357

од спреде тешкото копје на синот Атреев помлад16;


Штитот, што тогаш го носев в левицата моја го познав
скоро во храмот Јунонин во Абасовиот Аргос!
Сè се менува, ништо не пропаѓа17; оттаму талка
175 доаѓа тука, оттука таму заминува духот,
и се вовлекува в секакви тела; од тела на ѕверој
в човечки тела преминува, нашиот дух, пак, во ѕверој;
никогаш сосем не згинува; како што мекиот восок
нови се образи прави и ист не задржува облик,
180 сепак тој ист си останува; така и душата иста
секогаш е, но в разни, ве учам, преминува форми.
Алчниот мев, значи, нек не ја победи почитта во вас,
ве предупредувам, немојте никогаш с безбожен колеж
сродни да гоните души, ни с крв да храните крвој.
185 И кога запловив в море, на ветрите препуштив едра,
нема на сиот свет нешто, што неизменливо не е,
сè е во некаков тек и секој лик с мена се твори.
Па и самото време в непрестајно движење тече,
ко да е река; возможно не е да застане река
190 ниту, пак, брзиот час; ко бранот што с браној се гони,
туркани еден од друг, по првиот надојден плиска,
така и времето еднакво лета, секогаш ново
време надоаѓа; што било преѓе, останало назад,
доаѓа она што не било, сите се часови нови.
195 Гледаш и ноќта што минува како кон денот нов брза,
како по темната ноќ настапува светлина сјајна;
небото менува боја, штом морните сон ќе ги свлада,
кога насреде небо на бел коњ ќе излезе сјајна
Деница ѕвезда; а повтор поинаква небото боја
200 има штом Палантијада18, која е весник на денот
светот го озари и му го предаде таков на Феба.
Божјиот штит19, кога наутро од дно на земја се крева
румен е; таков е и кога в дното на земја се скрива;
светол на врвот е, зашто на ефирот својството таму
16
Т.е. Менелај.
17
Хераклитовата теза за вечната промена на сè.
18
Аврора (Зора), ќерка на титанот Палант.
19
Т.е. сонцето, а ноќна Дијана е месечината.
358 Публиј Овидиј Насон

205 подобро е; од допир со земјата далеку бега.


Не може еднаков и ист да е ликот на ноќна Дијана,
секогаш помал е денес од вчера, ако е в пораст,
поголем станува секогаш ако го стеснува дискот.
Не гледаш ли, и годината четири дела кај има,
210 ко да е подражавателка таа на нашиот живот?
Нежна и сочна е в пролет, слична на детинска возраст,
тревата бујна бабри, а сила сè уште нема,
не стои цврсто но с надеж го радува ратајот вреден;
тогаш се в полето цути, од разнобојното цвеќе
215 хранителката нива се лелее, иако нема
в лисјата и зеленилото сè уште никаква сила.
Поснажна потем годината преоѓа од пролет в лето;
тогаш ко младич е силен; од него посилно нема
ниту поплодно доба, ни доба што посилно грее.
220 Есен настапува потем, младешкиот пламен се гаси,
зрела и блага е таа, помеѓу младич и старец
со умереноста своја; й сивее коса на чело.
Потоа с треперлив од ни доаѓа старечка зима
студена; или без коса или, пак, сосема бела.
225 Нашето тело без прекин секогаш така се мени;
Она што бевме или што сме, не ќе бидеме утре.
Имаше ден кога само семе сме биле и надеж
дека ќе бидеме луѓе в утробата мајчина топла;
Творечки раце природата пружа, не сака таа
230 телото да ни се гуши в мајчината утроба полна
и од тој дом нè исфрли нас во празниот воздух.
Детето, штом на светот ќе дојде, бессилно лежи;
наскоро, како животните, оди на четири нозе
малку по малку с несигурно колено с трепет се крева,
235 с помош на жилите стои, но нужда за потпора има.
Доаѓа потем со бујност на младоста силното време;
но штом ќе премине в години средни од својата возраст,
слегува веќе по стрмниот пат на бессилната старост.
Таа, пак, руши, разградува сè од претходната сила;
240 плаче стариот Милон20, дур гледа на своите мишки

20
Милон од Кротон бил современик на Питагора, прочуен како најдобар врач во своето
време.
Метаморфози 359

слаби и виснати веќе, а слични некогаш беа


с цврстина и со снага на Херкуловите мишки.
Плаче и Тиндаридата21 кога в огледало гледа
старечки брчки; се чуди, зошто дваж грабната била.
245 О, ти време, што се разјадуваш, завидна старост,
вие уривате сè, на времето забот што гризел,
с бавно умирање сè изедувате малку по малку!
Дури ни она, што „елементи“ го викаме ние
не опстојува; како се менува, сега ќе кажам.
250 Вечниот свет има четири оплодувачки тела;
од нив, двете се тешки и с тежеста паѓаат долу,
велат дека се тоа земјата, водата исто;
две други немаат тежест, ни притисок немаат некој,
горе се креваат: воздух и огнот, од воздухот почист.
255 Иако се раздалечени, сè настанува од нив
и сè се разлага во нив; штом ќе се разложи земја
таа се раствора в вода; а растенчената вода
в пареа и во воздух се мени; штом изгуби тежест,
воздухот истанчен сосем во високи огнови шика;
260 потем се враќаат назад, и следува истиот ред пак:
огнот што веќе е збиен во густ воздух преоѓа тогаш,
овој во вода, а водата повтор во згустена земја.
Ништо на светот свој вид не задржува; од едни нешта
обновителката природа создава облици други;
265 ништо не пропаѓа на сиот свет, верувајте ми мене,
облик сал мени, се возобновува; раѓање значи
нешто друго да стане, одошто пред тоа било,
смрт пак да не биде исто; она овде ќе прејде,
онде пак ова, а всушност сè си останува цело.
270 Верувам, ништо не трае долго во еден ист облик;
дојдовте така до железо, векови вие, од злато,
така и судбата на секој предел се менува често;
видов јас море кај некогаш имаше најтврда земја
видов јас исто како од море настанува земја;
275 и од море кај далеку лежат морските школки,

21
Тиндарида е Хелена, ќерка на кралот Тиндареј, сопруга на спартанскиот крал Менелај,
чие грабнување било причина за Тројанската војна.
360 Публиј Овидиј Насон

а на врв од планините стари откриваме котви;


поле што било долина стана од водните текој,
порој пак планина однел в рамнина далеку негде,
порано земја мочуришна гори од песоци суви,
280 а земји жедни за вода, мочуришта станале сега.
Овде природата извори отвора, затвора онде,
ил од земјотреси прежни скриени бликаат реки,
други, пак, сосем испразнети се повлекуваат в земја.
Така и Лик22, кој потона сосем од земјата голтнат,
285 потем далеку извира повтор од сосем друг вруток;
Исто Ерасин23 час голтнат е, потем низ скриени бездни
назад се враќа ко огромна река в Аргоските полја.
Велат на Мисиски Каик24 му додеал изворот негов,
па и прежните брегој и сега нов тек си има;
290 Час песок сицилски влече течејќи река Аменан25,
час е пресушена зашто ќе секне изворот нејзин.
Питка Анигар26 порано вода имал, а сега
не би ја допрел никој, ако имаме уште
верба во она за што поетите одамна пеат,
295 дека во неа двотелесниците27 измиле рани,
што им ги нанел лакот на Херкул, што боздоган носи.
Па зар и Хипанис28, кој од скитските извира ридој,
не беше отпрво сладок, а потем солен и горчлив?
Некогаш с браној окружени беа Антиса и Фарос
300 и Феникискиот Тир29; од нив ниеден острово не е
сега. Левкада30 со своите жители беше со копно
22
Лик е притока на реката Меандар; извира во Фригија.
23
Ерасин е река во Арголида; се мислело дека и таа и Лик се реки-понорници.
24
Каик е река во Мисија, западна Мала Азија.
25
Реката Аменан течела низ градот Катанија на Сицилија.
26
Анигар – мала река со смрдлива вода во Елида; според преданието, во неа кентаурите
ги миеле своите рани, здобиени од отровните Херкулови стрели.
27
Двотелесници се кентаурите.
28
Хипанис е река во Сарматија; денешен Буг.
29
Фарос бил остров и град пред пристаништето во Александрија; подоцна со насип бил
споен со копното; исто и градот Антиса на западниот брег на островот Лесбос; градот
Тир во Феникија се наоѓал на остров, но Александар Македонски направил насип до
него за да може да го опсади и да го освои.
30
Левкада (која некои ја идентификуваат со островот Итака), некогаш била полуостров,
споен со Акарнанија; подоцна, со тесна превлака е одвоена од копното.
Метаморфози 361

сврзана; сега опкружена таа е с море, а велат,


Ѕанкла31 с Италија сврзана била, но морето потем
таа врска ја скина и сред море неа ја фрли.
305 Ако ги бараш ахајските градој Хелика и Бура32,
нив ќе ги најдеш под море; и денес морнарите често
покажуваат градој с потонати ѕидини в море.
Близу Тројѕена33 Питеева стрмно брденце има,
без дрвја; некогаш полјана многу широка била,
310 сега е ритче; (страшно е да се раскажува тоа)
зашто дивата сила на ветрите в пештери темни
тамо затворена е; и напразно само се бори
надвор да излета, слободно да се вивне на небо;
никаде отвор в тој затвор нема да излезат ветри;
315 земјата од нив се наду, се растегна, ко што се шири,
меур ил одрана кожа од грбот на јарец с два рога,
кога в нив дувнеш со уста; набабрена остана така
в облик на високо ритче, од долгото време се стврдна.
Иако многу нешта сум слушнал, за многу и јас знам;
320 уште нешто ќе кажам: зар течноста облици нови
не дава или не прима исто? Зар Амоне рогат34,
твојот бран студен наутро не е, а навечер топол,
велат, на водата негова Атамантите35 палат
дрва, штом месечината в најмал круг ќе се стесни.
325 Има и киконска36 река што утроба претвора в камен,
ако се пие од неа, а ако ја допреш – во мрамор;
Кратис и Сибарис37, гранични што се со нашата земја
коси, натопени во нив ги прават ко злато ил јантар.
31
Ѕанкла, ден. Месина, град на Сицилија; се сметало дека и Сицилија не била секогаш
остров, туку била поврзана со Италија.
32
Овие градови биле погодени од силен земјотрес во 373 г. пр. Христа. Хелика била близу
до морскиот брег и морето сосем ја поклопило.
33
Тројѕена е кралството на Питеј, син на Пелоп; се наоѓало на источниот брег на Арголида;
брдото, што овде Овидиј го спомнува се наоѓало на островот Мотона.
34
Амон е египетско божество; во Либија имал големо светилиште, при кое имало извор,
кој покажувал големи температурни разлики: навечер 60, на полноќ 100, напладне 40
степени Целзиусови.
35
Атаманти се племе во Јужен Епир.
36
„Киконска“ = тракиска.
37
Кратис и Сибарис се влеваат во морето кај градот Сибарис и граничат со Кротон, каде
што престојувал Питагора.
362 Публиј Овидиј Насон

Чудо поголемо уште е води што постојат такви,


330 кои не само тела, и души да изменат можат;
Кој уште не чул за гнасните води на Салмакида,
за етиопските езера? Штом некој од нив ќе голтне,
или ќе збесне или во чудесен длабок сон паѓа.
Кој пак од изворот Клиторски38 жедоста своја ја згасне,
335 бега од вино, трезен, на бистра се радува вода;
ил сила има во водата штетна за рујното вино,
ил, ко што велат жителите, на Амитаона синот39,
откако с билки и басми Пројтидите бесни ги спаси,
па она ум што им прочисти в оние води го фрли,
340 и во брановите остана одвратност ваква кон вино.
Реката Линкестиј спротивно дејство на оваа има:
секој што голтка сал мала од неа в грло ќе земе,
тој се тетерави исто ко чисто вино да пиел.
Има в Аркадија место, го нарекле предците Фенеј40,
345 опасно с вода сомнителна; плаши се ноќе од неа;
ако ја пиеш ноќе е штетна, безопасна дење;
таква и други реки и езера имаат сила.
Имало време Ортигија41 кога низ морските браној
пловела; мирува сега; коработ Арго се плашел
350 од Симплегадите42, плискани силно од морските браној,
сега неподвижни стојат, на ветрите отпор им даваат;
ниту, пак, Етна, од сулфурни печки што в пламен е сега
огнена вечно ќе биде, нит била огнена вечно.
Зашто ил земјата живее како суштество живо43,
355 коешто пламени здивови рига на повеќе места,

38
Клитор е град во Северна Аркадија.
39
Син на Амитаон бил лекарот Меламп, кој ги излекувал трите ќерки на Пројт: Ифиноја,
Лисипа и Ифијанаса, кога од некое божество биле казнети со беснило.
40
Фенеј е град во Аркадија, во чијашто околина се наоѓало истоимено езеро; се сметало
дека ова езеро водата ја добива од подземната река Стикс и кој ќе се напиел од оваа
вода веднаш умирал.
41
Ортигија е старото име на островот Делос.
42
Два мали стеновити острови на влезот во Црното Море кај Босфор; според митот, тие
се движеле и постојано се туркале еден во друг и ги кршеле корабите што ќе се најделе
меѓу нив; коработ Арго минал безбедно меѓу нив, зашто Јунона тогаш ги приковала за
дното на морето.
43
Стоиците сметале дека земјата е живо суштество.
Метаморфози 363

патот на здивот го мени, па кога се раздвижи може


шуплини едни да затне, а може да отвори други;
или, пак, лесните ветри, во длабоки пештери скрити,
фрлаат стени врз стени и твар што содржи пламен,
360 па од ударите таа силен разгорува оган;
ветрите ако се смират, пештерите студни ќе бидат;
ил на битуменот моќта во пожар се претвора силен,
или, пак, жолтиот сулфур со малечки столбови чади;
но штом од долгото време ќе истроши земјата сили
365 не ќе му дава на пламот храна изобилна веќе,
алчната природа нема да има со што да се храни,
не го поднесува гладот и огнот ќе остави пустош.
Велат, в Пелена44 Хиперборејска имало мажи,
чиишто тела покривани биле со пердуви лесни,
370 ако в Тритониската бара45 девет пати нурнати биле;
в тоа не верувам јас; но велат, и скитските жени
тела си прскаат с отров и постигнуваат исто.
Но ако имаме верба во проверените нешта,
не гледаш ли дека некои тела од жега што мори
375 или од време стануваат често животинки ситни?
Ако заколеш одбрани бици и в јама ги фрлиш
(познато ни е од опит), од гнилите црева ќе летнат
пчели што збираат мед; по татковски обичај потем
в поле работаат, предани ревносно, с надеж се трудат.
380 Бојниот коњ, кој е закопан в земја за стршен е семе;
од крајбрежниот рак ако свиени откинеш краци
а остатокот в земја го ставиш, од она во земја
чкрапја излегува што се заканува с кривиот опаш;
и гасениците полски, во лисјето сивите нитки
385 што ги вплетуваат (тоа селаните добро го знаат),
обликот свој го менуваат во пеперутка гробна.
Семе во тињата има, што раѓа зелени жаби,
првин сал труп без нозе, а потем и краци им дава
годни за пливање, истите годни за скокови долги,
390 задниот дел им е поголем од оној преден што им е;

44
Пелена е југозападен полуостров на Халкидик.
45
Митско мочуриште.
364 Публиј Овидиј Насон

она што мечката сал што го родила, меченце не е,


одвај месо е живо; но мајката с лижење потем
облик на тело му дава, ко самата таа што има.
Гледаш ли како ларвите на медоносните пчели,
395 што шестоаголен восок ги крие, се раѓаат трупој,
подоцна дури добиваат тие нозе и крилца?
Кој, ако не знае, може да помисли дека од жолток
птицата на Јунона со ѕвезден опаш се раѓа,
оруженосецот на богот Јупитер, гулабот исто
400 Венерин46 и уште сите други видови птици?
Некои мислат, штом ’рбетот изгние, затрупан в гробот,
мозокот ’рбетен човечки в змија се претвора тогаш.
Овие сите од други видови потекло водат,
но една птица се возобновува, сама се раѓа;
405 Феникс47 Асирците име й дале; ни с плодој, ни с треви
таа се храни, но с амонов сок и со капки од темјан.
Кога од животот нејзин пет столетија минат,
гнездо си свива за себе со канџи и с устата чиста
в гранки од даб ил на врвот од некоја трепетна палма,
410 див цимет постила, стракој од лек нард и златеста смирна,
потем легнува над нив и в миризби скончува живот.
Велат, од телото татково мал феникс потем се раѓа,
којшто ќе треба да живее пет столетија исто;
кога ќе зајакне толку да може да понесе товар,
415 тој од гранките на високото дрво го крева
тешкото свое гнездо; низ воздухот потем го носи
побожно гробот на татка си, што е и негова лулка,
в градот Хиперионов48 тој стигнува, потем го става
надвор пред светите порти на храмот Хиперионов.
420 Ако, пак, нешто е чудно во она што досега кажав,
не е ли чудно, хиената женка што в мажјак се мени
откако на својот грб го прифатила мажјакот стрвен.
Па и животното, кое се храни со ветер и воздух49
46
„Оруженосец на Јупитер е орелот“; „Јунонина птица“ е паун, а гулабот е птица на Венера.
47
Птицата феникс личела на орел, но имала црвено и златно перје.
48
Хиперион е титан, син на Уран и Геја, татко на Сонцето; негов град е Хелиополис кој
се наоѓал во долниот дел на Египет.
49
Т.е. камелеонот.
Метаморфози 365

станува слично по боја на сè до што ќе се допре.


425 Индија, кога победена беше рисој му даде,
на овенчаниот с гроздови Бах; раскажуваат дека
сè што нивниот меур ќе испушти, станува камен,
ил ќе се претвори веднаш во мраз, ако воздух го допре.
Коралот исто, се стврднува веднаш штом воздух го допре,
430 а мека трева е тој дур под морските бранови стои.
Поскоро денот ќе мине и Фојб своите збревтани коњи
в морето ќе ги нурне, одошто с зборој да збројам
сè што сменило облик; се врти, гледаме, време;
некои народи в подем се сега, пропаѓаат други;
435 велика беше со мажи и богатства некогаш Троја,
можеше толку крв да пролее в десетте лета,
сега е срамнета сета и наместо богатство силно
руини стари сал гледаш и гробој на предците нивни.
Спарта прочуена била, Микена велика силна,
440 кулите Амфитрионови и на Кекропса исто.
(Пуста земја е Спарта, пропадна вишна Микена,
што, освен име е сега Теба, на Едипа градот?
на Пандиона50 Атина, што освен името чува?)
Велат дека во подем сега Дарданскиот Рим51 е,
445 близу до Тибар, кој в Апенините извор свој има,
Рим, кој за велики дела темели постава цврсти.
Обликот тој си го мени растејќи, по време ќе стане
глава на сиот свет! Велат, гаталците кажале така
и пророштвата; колку што јас, пак, помнам и Хелен,
450 синот на Пријам, му рекол на Енеј, кој пролевал солзи
кога се рушела Троја и надеж за спас веќе немал:
„Божичин сине, ако ги знаеш пророштвата мои,
Троја не ќе пропадне сосем, ако се спасиш!
Пат ќе ти отворат оган и меч; ќе одиш и с тебе
455 ќе го носиш и Пергам спасен, дур туѓинска земја
попријателски не те прифати тебе и Троја
дур и од татковината; град гледам с фригиски чеда
невиден в прежните лета, ни сега, ниту ќе биде.
50
Пандион е син на митскиот крал на Атина Ерихтониј, татко на Прокна и Филомела.
51
Рим е наречен Дардански, зашто бил основан од Ромул, кој е потомок на Дарданецот
(Тројанецот) Енеј.
366 Публиј Овидиј Насон

С првенци други низ векови долги тој моќен ќе стане,


460 господар на сиот свет ќе го направи потомок Јулов52,
кој кога сконча на земја, за предели етерски тогаш
наслада тој ќе стане и небото цел ќе му биде“.
Хелен вака му рече на Енеј, с Пенатите појден;
кажувам, како што помнам; се радувам градот што расне
465 родбински, и што Пелазги победија в полза на Фриги53.
Но да не одиме далеку, како што коњите знаат
да ја одминат целта; и небо и сето под него
менува облик; и земја и сè што на неа има.
Исто и ние, ко дел од светот, не сме сал тела,
470 туку и крилати души, што можеме в ѕверински домој
да се преселиме или во тела на добиток ситен.
Телата на родителите души да имаат можат,
или на браќа, ил некој друг што сврзан е со нас,
човечки секако; да им допуштиме безбедни да се,
475 да не ги полниме нашите мевој с Тиестови54 гозби!
Колку на зло се навикнува оној безбожник, којшто
готов да пролее човечка крв, ќе му забие в грло
нож на теле и рикот бесчувствено негов го слуша;
или да заколе јаре, чиј писок е сличен на дете,
480 ил може птици да јаде, на коишто храна им давал!
Што недостасува в постапки такви до вистински злостор?
Каде ли ваквите дејствија нас ќе нè однесат тогаш?
Волот нека си ора, нека си умре од старост,
овцата нека ни служи ко браник од лутиот север,
485 ситите кози на раце што молзат нек пружаат виме!
Мавнете мрежи и јамки со јазли и лукави справи!
Стап не мажете с лепило, за да подмамите птици,
не попречувајте елени с перја што влеваат уплав,
и не скривајте лажлива храна во јадици криви;

52
Јул или Асканиј е син на Енеј; „потомок Јулов“ е Октавијан Август.
53
Под Пелазги овде се мисли на Ахајците (Грците), а под Фриги на Тројанците.
54
Тиест е брат на Атреј, таткото на Агамемнон и Менелај; според митот, тој ја завел
сопругата на брата си Еропа и затоа Атреј го прогнал; за да му се одмазди, Тиест го праќа
Атреевиот син Плистен, кој одраснал кај него, да го убие татка си, но Атреј го совладува
и го убива сопствениот син. Тиест и Атреј повторно се зближуваат и Тиест го кани брата
си на гозба, на која му ги принесува испечени двата негови сина Плистен и Тантал.
Метаморфози 367

490 она што штети сотирајте, нив сотирајте ги само,


но не ги ставајте в уста, сал блага земајте храна“.
Откако с такви и други поуки наполни срце,
велат, повикан бил да се врати во родната земја
и над Латинскиот народ власта ја прифатил Нума.
495 Среќен со сопруга нимфа55 и од Камените56 воден,
народот, свикнат на жестоки војни го научи Нума,
обреди свети да врши, на мир и умеења добри.
Кога остаре Нума, ко крал штом му помина живот,
мртвиот Нума го оплака народот, отци и жени;
500 жена му градот го напушти, скриена в густите шуми
на Арикинскиот дол57 со плачот и жалоста своја
обредот го попречувала на Орестска Дијана.
Колку ли пати ја советувале нимфите горски
и езерските уште да не плаче, утешни зборој
505 колку й кажале; синот на Тесеј колку ли пати
дур таа плачела вака й зборувал: „Тажи со мерка,
за оплакување не е единствена твојата судба;
погледни, судбина слична и мнозина имале други,
и ќе ја поднесеш полесно твојата; камо да можам
510 не с мојот пример бол да ти блажам. Но може и с мојот“.
Ако глас стигнал до тебе дека Хиполит58 некој,
загинал од лесноверниот татко и маќеа злобна,
ти ќе се чудиш и одвај јас ќе те уверам в тоа;
сепак тој јас сум. Еднаш ќерката на Пасифаја59,
515 залуд се обиде јас да го осквернам брачното легло
татково; излага дека сум сакал; а посака таа
(дали од страв да не кажам, ил што навредена беше)

55
Нума се оженил со нимфата Егерија.
56
Камени биле изворски божества, кои имале свое светилиште близу до Капенската
порта во Рим.
57
Арикинскиот дол се наоѓал кај Арикија, една од најстарите населби во Латиј; таму
имало древно светилиште на една божица, која била поистоветувана со Тавридска или
Скитска Дијана; култот бил проследуван со човечки жртви.
58
Хиполит бил син на Тесеј и амазонката Хиполита; во него се вљубила неговата маќеа
Федра, но тој ја отфрлил нејзината љубов; за одмазда, таа го наклеветила кај татко му
дека се обидел да ја силува; неговиот обид за бегство бил неуспешен, зашто Тесеј побарал
од едно чудовиште да го убие.
59
Пасифаја е сопруга на митскиот крал на Крит Минос и мајка на Федра.
368 Публиј Овидиј Насон

невин ме обвини мене; од градот ме изгони тогаш


татко ми и кога тргнав, ко враг тој ми проколна живот.
520 С кола в Тројѕена Питејска ко бегалец појдов јас тогаш,
и кога стигнав на дофат до брегот на Понтското море,
море се крена и видов огромна грамада вода
ко некој рид кај се вие и расте со бучава силна
и најозгора, в самиот врв кај на две се цепи;
525 од расцепената вода рогат бик излезе горе
и до гради се издига в мекиот воздух, па блуе
низ отворената уста и ноздри од морската вода.
Моите друзи ги обзеде страв, но јас не се плашев,
мислев на изгонот мој, па кога кон морето вратој
530 и накострешени уши свртеа бесните коњи,
од чудовиштето страшно преплашени, колата моја
од високите спили ја стрмоглавија, тогаш
напразно јас се обидував с раце да затегнам узди,
с бела облиени пена, назад да повлечам напнат
535 ремени вити; немаше бесот на коњите брзи
да ми ја надвие силата, да не се скршеше в тој час
колцето таму кај околу оската вечно се врти,
откако удри во кол и на сите се распрсна страни.
Паѓам од колата, с тело в поводници сплетено сето,
540 месата ми се кинат, а жили на колот ми висат,
дел од телото спасив, го оставив другиот стиснат,
коските скршени пукаат тапо; ќе видеше тогаш
душата како излетува морна; од целото тело
дел не се познава ниеден; сè е една сал рана.
545 Можеш ли, нимфо, да споредиш твоја со мојата мака?
Дал се осмелуваш? Видов јас кралство без светлина бела,
в бранот на Флегетон60 река; раскинато окрепив тело,
само со моќниот лек на синот на богот Аполон61
в живот се вратив. С помош на Пајан62 и моќните билки,
550 оживев, иако против Дитовата волја и тогаш
да не предизвикам завист поради оваа милост
Кинтија фрли врз мене облаци густи, да можам
60
Флегетон („Пламена“) е една од реките во Подземјето.
61
Син на богот Аполон е Ајскулапиј, бог на медицината.
62
Пајан е епитет на сите божества на медицината, особено на Аполон.
Метаморфози 369

безбеден да сум и слободно да се покажувам сегде;


возраст ми додаде таа и лик непрепознатлив уште,
555 мислеше долго за живеалиште Крит или Делос
да ми го даде; ги отфрли потем и Крит па и Делос,
овде ме смести и побара името да си го сменам,
да не потсетува тоа на коњи; вака ми рече:
„Ти, којшто Хиполит беше, отсега Вириј ќе бидеш!
560 в овој лаг затоа сум ко едно божество ниско,
скриен под власта на господарката, в нејната свита“.
Туѓиот бол на Егерија не й ја олесни скрбта,
легна в подножјето на планината, в солзи се разли;
тогаш Фојбовата сестра63 од толкава трогната љубов
565 неа, што страдаше многу во студен ја претвори извор
телото нејзино кревко го расточи в бранови вечни.
Нимфите беа трогнати од ова чудо, и синот
на амазонката64 стаписан беше ко орачот оној
тиренски кога сред поле ја виде судбинската грутка
570 како се движи сама без да ја поттурне никој,
како наскоро отфрла земјин лик, човечки прима
и како с новата уста ја открива идната судба.
Име му дадоа Тагес и прв тој етрурскиот народ
тогаш го научи пророк да биде за настани идни.
575 Ил ко што Ромул, штом виде на Палатинските брда
копје забодено како се листи, на нов корен стои,
не на железниот вршок, па не е веќе ни копје,
туку е дрво исправено с гранки разлистени вити
кои за чудо неочекувани фрлаат сенки.65
580 Ил кога Кип66 ги виде во водата своите рогој,
(вистина виде), а мислеше дека е сал лажен привид,
па со прсти по чело го пипаше, она што виде;
кога не можеше да ги осудува очите свои

63
Т.е. божицата Дијана.
64
Хиполит.
65
На југозападната падина на Палатин дури во времето на царот Калигула имало едно
дреново дрво за кое се прикажувало дека израснало од копјето што Ромул таму го фрлил
од ридот Авентин.
66
Виден Римјанин, претор, кому, според преданието му изникнале рогови кога излегол
од градската порта.
370 Публиј Овидиј Насон

застана тој како победник, откако враг некој скротил,


585 раце и очи кон небото крена и прозбори вака:
„Што и да значи знамење ова, о, вишни бози,
ако е среќа, нека за народот Квиринов биде,
ако е закана, нек е за мене“. Па направи олтар
сè од зелено базје, мирисливи запали огној,
590 с чаша вино ги полеа и од закланите жртви
в растреперената утроба гледа, што значи тоа;
Кога тиренскиот гатач67 сето го здогледа ова
големи државни промени виде, но нејасни сепак;
Тогаш го сврте тој остриот поглед од овчите црева
595 кон рогојте на Кипа и рече: „Здраво, о кралу,
зашто на тебе и твоите рогој покорни ќе се
местото ова и оние вишни латински кули.
Не чекај, побрзај! Порти отворени имаш да влезеш;
судбата одреди така; штом в градот овој ќе влезеш
600 крал ти ќе станеш, ќе бидеш со жезлот безбеден вечно“.
Назад се поврати Кип и смрачен лик сврте од градот,
извика: „Далеку, далеку бозите нека ги тргнат
ваквите знамења! Јас како изгнаник поарно многу
живот ќе минам, одошто в Капитол крал да ме видат“.
605 Рече, па народот и достојниот сенат ги свика,
пред тоа, сепак, со лавор на мир ги покри рогојте,
застана потем на насип, од силната направен војска,
според обичајот древен призва бози и рече:
„Има во овој град еден, што изгнаник ако не стане
610 крал ќе ви биде; кој е тој с знак, не со име ќе кажам:
рогој на челото има! Жрецот ви прорече дека
ако тој влезе во градот, ќе ве направи робје.
Можеше тој да ви влезе низ отворените порти,
но јас го спречив, иако поблизок не ми е никој;
615 Не пуштајте го, Квирити68, в градот! И ако треба
оковајте го в окови тешки, или со смртта
негова ослободете се од овој тиранин суден“.
67
„Тиренски гатач“ = етрурски гатач; Етрурија била земја на гатачи, кои од утробата на
закланите животни ја претскажувале иднината.
68
Квирити се Римјани, нарекувани така веројатно според името на древноиталското
божество на војната Квирин.
Метаморфози 371

Како што шумоли борова шума кога ќе дувне


лутиот Еур, ил ко што бучат морските браној,
620 ако оддалеку некој ги слуша, и народот така
заечи; но сепак еден глас среде толкавиот викот
на исплашениот народ се слушна: „Но кој е тој човек?“
Гледаат сите по чела, проречени бараат рогој.
Кип тогаш повтор им рече: „Бараниот пред вас е сега“.
625 Венец од главата симна, па против народната волја,
обата рога ги покажа – белег на своето чело.
Сите наведнаа поглед, потем воздивнаа тешко,
безволно в главата гледаат, славна по подвизи бројни,
почест сепак й даваат, свечена круна й ставаат.
630 Потем првенците, зашто не смееше в градот да влезеш,
толкав почесен полски имот ти дадоа, Кипе,
колку што може да изора ѕевгар од изгрев до залез.
Потем на медната порта69 тие издлабија рогој
с чудесен облик, за спомен низ векови долги да стои.
635 Музи, на певците вие помошнички божески што сте,
сега објавете (знаете, древноста вас не ве мами)
како го прими островот, окружен с реката Тибар
Коронида70 меѓу светиите в градот на Ромул.
Некогаш стравотна чума го зарази воздухот в Латиј,
640 бледите тела нагрдени беа од бескрвна болест.
Откако смртните, морни од погреби видоа веќе
дека од секаков обид ни труд на тие што лечат
немаат полза, небесна помош побараа тие
в среде на светот, во пророчиштето Фојбово, в Делфи71,
645 за да им даде спасителен совет в неволата нивна;
Феба го молеа крај да му стави на злото во градот.
Ведно се стресоа местото, лаворот, самиот тулец,
од длабочината глас од триножникот72 тогаш се слушна
кој ги растрепери силно престрашените срца:

69
Тоа е портата, која се отворала од ридот Авентин кон пристаништето Остија и се
нарекувала Порта Раудусцулана.
70
Коронид е синот на Коронида (врана) и Аполон, богот на медицината Ајскулапиј.
71
Хелените верувале дека средиштето на светот се наоѓа во Делфи.
72
На триножник седела пророчицата Питија, која со двосмислени стихови ги објавувала
Аполоновите пораки.
372 Публиј Овидиј Насон

650 „Тоа што тука го бараш, Римјанине, требало веднаш


ти да го бараш на поблиско место73; поблизу барај;
Вам не ви треба Аполон, а синот на Аполона.
Одете, добра ви среќа, викнете го моето чедо“.
Мудриот сенат ја прифати ваквата заповед божја,
655 испита в кој град е населен младиот син Аполонов,
испрати луѓе со кораб на брегот на Епидаур74;
штом пратениците с кривиот кораб пристигнаа таму,
дојдоа в сенатот и кај првенците грајски со молба
богот да им го дадат, на чумата крај за да стори
660 среде Авсонскиот народ; судбата прорекла така.
Мислења различни има: дур едни сметаат дека
треба помош да дадат, мнозинството предлага друго;
богот, поткрепата нивна, да не се пушта ни дава.
Дур се двоумеа така пред здрачот светлината згасна,
665 сенки над земјата цела темнина фрлија црна,
кога спасителот бог, ти Римјанине, насон го виде
пред твоето легло, таков ко в храмот што најчесто стои,
в левата рака тојага селска цврсто држејќи
с десната рака кај својата долга брада ја глади
670 и добродушно тебе вакви ти прозбори думи:
„Доаѓам, немај страв! Сега јас веднаш ќе променам облик;
гледај ја оваа змија, што околу стапов се вие,
гледај ја, сè дур ќе можеш да ја распознаваш неа!
Јас ќе се претворам в змија, ќе личи ко поголем да сум,
675 колку што треба небесните да се преобразат богој“.
Веднаш со гласот исчезна богот, со богот и сонот,
а кога избега сонот се појави светлина блага.
Кога следната зора ги разгони ѕвездите сјајни,
не знаејќи првенците што треба сега да прават
680 дојдоа в красниот храм на богот посакуван толку,
молат со небесен знак да им покаже каде ќе сака
седиште свое да има. Не беа свршиле уште,
богот ко змија со златен гребен с’скајќи се јави,
па доаѓајќи ги растресе кипот, олтарите, уште
73
Епидаур е поблиску до Делфи, одошто до Рим.
Епидаур е пристаниште во Арголида, култен центар на богот Ајскулапиј; и денес таму
74

има остатоци од древен храм, сограден околу 380-375 г. пр. Христа.


Метаморфози 373

685 дверите, подот од мрамор и врвот на покривот златен,


потем сред храмот до гради исправена змијата стои,
околу врти со очите, в коишто огнови блештат;
толпата уплав ја обзеде, жрецот го препозна богот,
жрецот, с бела обвиена лента на светите коси:
690 „Еве го богот! Бог е! Славете го с душа и с уста
сите што тука сте!“ рече. „О прекрасен, биди од полза
на овој народ! На тие што олтар сега ти честат
помогни!“ Сите на богот искажаа почит и сите
ја повторуваа речта на жрецот; со глас и со срце
695 побожна почит оддаваа гордите внуци на Енеј.
Богот им кимна и залог им даде; тој растресе гребен
неколку пати тој с’сна со јазикот с’слив ко змија;
лази по сјајните скали, поглед наназад фрла,
гледа кон древниот олтар што сега го напушта веќе,
700 с домот, на којшто бил свикнат и с храмот се поздрави така.
Огромен, лази по земјата, послана сета со цвеќе,
в обрач вртејќи се везден низ среде град минува, потем
насока зеде кон пристанот, с кривулест утврден насип.
Застана тука и с умилен поглед кон толпата гледа,
705 свитата негова, која дотука го следеше него,
потем в авсонскиот кораб се спружи; коработ бреме
тогаш божествено сети; се слегна од тежеста бродот;
Радосни Енеидите заклаа жртва на брегот,
јажиња свити разврзаа на овенчаниот кораб.
710 Лесниот ветер го потера бродот; се извиши богот
кривиот врат на крма го спружи, ја притисна неа,
гледа во модрите води, пловејќи со зефири благи75
в шестиот изгрев на Палантида76 низ Јонското Море
стигна в Италија, покрај Лакиниј77, славен со храмот
715 божичин и покрај Скилакејските брегој78 пловејќи;

75
Т.е. поволни ветри.
76
Палантида е божицата Аврора (Зора), ќерка на титанот Хиперион и роднина на титанот
Палант.
77
Лакиниј е ’рт кај Кротон во Јужна Италија, каде што имало прочуен храм на божицата
Јунона.
78
Скилакеј е грчка населба во Јужна Италија.
374 Публиј Овидиј Насон

мина и крај Јапигија79, лево веслајќи ги мина


Амфрисиските стени, десно Кокинтските спили,
пловеше покрај Рометиј80, Нарикија81 и покрај Кавлон,
мина низ тесниот проток на сицилискиот Пелор82,
720 кралските дворци на Хипотад и крај Темескиот рудник83,
па кон Левкосија84 појде и топлиот Пајст, полн со рози.
Потем ја мина Капреја85, па морскиот нос на Минерва,
и крај ридојте кај Сурентинските виреат лозја,
потем крај Стабиј, крај градот на Херкул и Партенопа86
725 само за почин изградена, па се упатија потем
кон светилиштата славни на Кумејска Сибила.
Потем кон топлите извори, Литерн87, со мастика богат,
Волтурн88, што брда песоци влече низ своите вирој,
кон Синуеса, град, кој е преполн со гулаби бели,
730 градот, смрдлив Минтурна и крај гробот Каетин89,
дворците на Антифат90 и Трахас91, опколен с блата,
и крај Киркината земја и Антиј92 со збиени брегој.
Кога морнарите тука го свртеа бродот со едра
(зашто бура се крена), богот се одмота тогаш
735 обрачи с завои бројни вртејќи, бавно ползејќи
влезе в татковиот храм на брегот со жолтиот песок.
Морето кога се смири го напушти олтарот татков
79
Јапигија, предел, (Апулија), северно од Тарент.
80
За местата Рометиј, Амфрисиски стени, Кавлон, не е со сигурност утврдено каде се
наоѓале.
81
Нарикија е грчка колонија во Јужна Италија, населена со преселници од Локрида.
82
Пелор е североисточен ’рт на Сицилија, а дворците на Хипотовиот син се Липарските
острови, кои му припаѓале на Еол, богот на ветровите.
83
Богат рудник со бакар, во градот Темеса, Јужна Италија.
84
Левкосија е остров во близина на градот Пајст, кој бил прочуен со своите розови градини.
85
Денешното острово Капри; Сурент е денешен Соренто, градот на Херкул е денешен
Херкуланеј, а Стабиј се наоѓал меѓу Неапол и Соренто.
86
Партенопа е старото име на градот Неапол во Кампанија.
87
Литерн бил град во Кампанија, северно од Кума.
88
Волтурн е река во Кампанија; Синеуса, град во Северна Кампанија; Минтурна град на
северната граница на Кампанија, на мочуришната утока на реката Лирис.
89
Гробот на Каета, дадијарката на Енеј се наоѓал во Каета, ’рт и град во јужен Латиј,
кој по неа го добил и името.
90
Антифат бил крал на Лестригоните – племе на великани-човекојадци.
91
Трахас бил град во Латиј, во близина на Помптинските мочуришта.
92
Киркина земја е Киркејскиот ’рт во Латиј, а Антиј, приморски град, исто во Латиј.
Метаморфози 375

богот од Епидаур; под закрила на својот татко


с оклопот лушпест ѕвечејќи по ситниот крајбрежен песок
740 забразди, па на високата крма положи глава,
дури не стигнаа в Каструм и во свештен Лавиниј93,
и не ја здогледа таму утоката речна на Тибар.
Тука се слеа толпа од сегде, и мажи и жени,
коишто, Тројанска Весто94, твојот го чуваат оган;
745 тие со радосен викот го поздравуваа богот.
Таму, кај брзиот кораб низ спротивни бранови плови,
темјани праштат врз олтари ставени редум на брегот
од двете страни, мирисливи чадој низ воздухот шират,
а од закланите жртви ножевите станаа топли;
750 стигнаа веќе во Рим, во градот – глава на светот;
змијата тогаш се крена, го раздвижи вратот на врвот
од катарката; побара околу место за престој,
удобно за него. Имаше место „Инсула“ таму
кај што в два ракава тече расцепена реката Тибар,
755 на две се протега еднакви страни, а среде е земја;
таму од коработ латински змијата Фојбова појде,
повторно божески поприма лик, на скрбта крај става,
и дојде в градот, ко бог, којшто спас му донесе нему.
Но како туѓинец стигна тој во светилиштата наши;
760 Цезар е божество в свој град; подеднакво в мир и во војна
одличник беше; но не го претворија поскоро него
во нова ѕвезда и сјајна комета сал бројните битки
кои завршија с триумф ни в мир извршените дела,
славата, стекната бргу, туку посинокот негов.
765 Дело најголемо негово е што негов е татко.
Повеќе ли е што тој ги скроти Британите морски95,
ил што с победнички кораб низ Нил седмоустен пловел,
папирус кај што се раѓа; што бунтовни скротил Нумиди,
Кинифиецот Јуба96, Понт, надмен со Митридата

93
Каструм, рутулски град, и Лавиниј се наоѓале во Латиј.
94
Веста е Тројанка, зашто Енеј го пренел нејзиниот кип од Троја во Латиј, заедно со
светиот оган.
95
Гај Јулиј Цезар ги победил Британите 55 и 54 г. пр. Христа; во Египет војувал 47 г.; Ну-
мидија ја покорил 46 г., а синот на Митридат, Фарнак, го победил 47 г. пр. Христа кај Зела.
96
Јуба е крал на Нумидијците, наречен Кинифиец, според реката Кинипс во Африка.
376 Публиј Овидиј Насон

770 што ги приклучи сите нив тој кон родот Квиринов,


заслужи триумфи многу, но славеше неколку само,
одошто таков што роди маж; с власта негова, бози,
на сиот човечки род безгранична дадовте среќа!
Дур и да не беше роден од семе на еден смртник,
775 требаше бог тој да биде; штом златната мајка на Енеј
виде кај убиство готват за овој понтифекс97 славен
и завереничко оружје дека веќе се крева,
пребледе и на секој бог, што ќе го сретеше таа
велеше: „Гледај, што несреќа сега мене ми готват,
780 с колкава подлост сега за убиство злосторно мислат
за единствената Дарданска глава, од Јул98 што ја имам.
Само ли јас на правдина вечно грижи ќе имам?
Час што ме ранува Калидонското копје на Тидид99,
час што ме тревожи силно лошо бранетата Троја,
785 син ми го гледам, колку е принуден долго да скита
преку мориња ширни, кај стигна в безмолвното кралство100,
с Турн101 како в битки се бори, ил да си кажеме право,
поскоро со Јунона102? Што да ги спомнувам сега
древните јадој на родот? Стравот ми пречи да мислам
790 на сè што минало; гледате како злосторнички мечој
веќе се острат? Ве молам, спречете го злосторот сега,
и не гаснете го пламот на Веста со смртта на жрецот103!“
Напразно Венера грижна низ целото зборува небо
зборови вакви; ги трогна со ова небесните бози,
795 но да го спречат железниот суд на сестрите стари
немаат сила; и знаци за идната дадоа жалост;
97
Цезар бил pontifex maximus (врховен свештеник) од 63 г. пр. Христа.
98
За зачетник на родот Јулиевци (генс Иулиа), на кој му припаѓал и Гај Јулиј Цезар, се
сметал Јул, синот на Енеј.
99
Тидид е Диомед, син на кралот на Калидон Тидеј, кој ја ранил Венера (Афродита) во
Тројанската војна, кога оваа се борела на страната на Тројанците.
100
Т.е. Подземјето, каде што Енеј се симнал за да го види татка си Анхис на Елисејските
полиња.
101
Турн бил крал на Рутулите; војувал со Енеј, зашто нему ветената ќерка на кралот
Латин, Лавинија, му била дадена за жена на Енеј.
102
Божицата Јунона била непријателски расположена кон Тројанците, зашто Парис не й
го дал нејзе златното јаболко како на најубава божица.
103
Згаснувањето на светиот оган во храмот на божицата Веста се сметало како предвестие
на голема несреќа за Рим.
Метаморфози 377

велат, сред темните облаци оружје зататни силно,


труби затрубеа страшно, се слушнаа рогој од небо,
што го предвестија злото; на сонцето тажното лице
800 бледи фрлаше зраци на неспокојната земја;
често се гледаа факли кај горат под ѕвездите вишни,
често, заедно с дождот крвави паѓаа капки;
Деница матна лик испрскан имаше со темна ’рѓа,
с крв испрскани беа и месечевите коли;
805 Стишкиот був на илјада места даваше безброј
жалосни знамења; филдишот104 исто на илјада места
просолзи; велат се слушнале закани в светите лагој.
Жртвите поволен знак не даваат; немири страшни
нивната утроба вести; заклана глава во неа
810 нашле; велат, крај форумот, зградите, божјите храмој
ноќни лаеле пци и призраци лутале неми,
и дека земјата тогаш во градот се тресела силно.
Но божествените знаци не можеа да ја спречат
идната судба; стргнатите мечој се носат во храмот;
815 освен куријата нема место што в градот е годно
за таков страшен злостор и такво убиство подло.
Тогаш Китерката105 с обете раце се удри во гради,
в облак потомокот да го скрие на Енеја сака,
ко што го грабна Парис од душманот Атрида преѓе106,
820 и ко што избега Енеј од мечот на Диомеда.
Татко й вака й рече: „Ќерко, зар сама се готвиш
несовладливата судба ти да ја измениш? Влези
сама во домот на трите сестри107; таму ќе видиш
записи на ширна плоча од мед и од железо тврдо;
825 нив не ги страши ни гневот на молња од небото вишно
ниту се плашат од пропаст, вечно се безбедни тие;
таму ти ќе ја најдеш врежана во траен челик
судбата на твојот род; ја прочитав, добро ја помнам

104
Се мисли на филдишот од кој биле направени статуите на боговите.
105
Т.е. Венера.
106
За да го спаси Париса, кој се борел со Атридот (Менелај), Венера го завила во темен
облак; така и Енеј бил спасен од двобојот со Диомед.
107
„Трите сестри“ се Парките, божици на судбината, пред чии одлуки и боговите биле
бессилни.
378 Публиј Овидиј Насон

и ќе ти кажам да знаеш, што е иднината нивна.


830 Тој, за кого си, Китерко, грижна, го исполни векот108,
нему му свршија лета, на земјата должен што беше.
Тој да се качи на небо ко бог, да се чести во храмој
ти ќе го направиш тоа, а син му, што наследник ќе е
на неговото име109, тој бреме ќе поднесе тешко
835 на убиениот татко и нему ко одмаздник храбар
помошник јас ќе му бидам во војните, што ќе ги води.
Под неговото водство Мутина110 опсадена ќе е
па штом ја победи тој, таа мир од него ќе моли;
Ќе го сети Фарсалија111, Филипи Ематски112 повтор
840 в крвој ќе тоне од колеж; а в сицилиските води
тој ќе го сотре великото име; Египќанка жена
на вождот римски ќе падне, в залудна надеж со бракот
дека Капитол наш на Каноп113 роб ќе му биде114.
Што да ти редам, барбарски племиња, народи бројни
845 крај двата океана115, сè што населува копно
сè тоа негово ќе е; и морето дур ќе му служи!
Штом ќе востанови мир, на граѓански права ќе мисли,
закони тогаш ќе даде ко справедлив законодавец,
по обичаите тој ќе управува со својот пример
850 и ќе се грижи за идното време, за идните внуци;
а на синот, што роден е од свештената жена
своето име ќе му го даде и грижите ведно116.
И штом ќе достигне лета на оној старец од Пилос117,

108
Т.е. Гај Јулиј Цезар.
109
Т.е. Октавијан Август.
110
Кај Мутина (ден. Модена) Октавијан, како пропретор го победил Марк Антониј.
111
Фарсалија, област во Тесалија во која се наоѓал градот Фарсал.
112
Филипи, град во Македонија, чие постаро име е Ематија.
113
Каноп бил град во долен Египет, познат по раскош и разврат.
114
Се мисли на египетската кралица Клеопатра, која му била жена на Марк Антониј;
тој бил дефинитивно поразен од Октавијан кај Актиј; по овој пораз Марк Антониј и
Клеопатра се самоубиваат.
115
Се мисли на крајниот Исток и на Запад.
116
Август го посинил Тибериј, син на неговата трета жена Ливија; имало гласови дека
Тибериј бил роден син на Август, зашто тој се оженил со Ливија, кога таа се развела од
својот сопруг Тибериј Клаудиј Нерон, а била веќе во напредната бременост.
117
Се мисли на Нестор, кралот на Пилос, познат по својата речитост, мудрост, но и
долговечност.
Метаморфози 379

в небесен предел кај сродните ѕвезди тој ќе се вивне.


855 Сега ти душата грабни ја од убиеното тело,
божествениот Јулиј од вишен храм за да го гледа
секогаш нашиот Капитол исто и форумот римски“.
Штом тој тоа го рече, веднаш Венера блага
насреде сенатот застана без да ја здогледа никој,
860 душата на својот Цезар ја грабна од телото веднаш,
не даде да се распадне в воздух, сред ѕвезди ја стави
но дур ја носеше сети кај ѕвездата пламени фрла118,
и ја фрли од скутот; летна над месецот таа
и низ небесниот простор огнени растура коси;
865 Ѕвездата трепти, ги гледа великите дела на синот,
признава дека повелики се од неговите дела,
радост го обзема дека е надминат в тоа од синот.
Не дава синот од таткото повеќе славен да биде,
сепак слободната Фама не признава забрани такви,
870 па против негова волја го слави, сал в едно го слуша:
Така со слава го надмина Атреја крал Агамемнон.
Така и Тесеј Ајгеа, така и Пелеја Ахил;
Најсетне, еве и пример, за двајцата достоен што е:
Повелик Јупитер е од Сатурна; в небеса вишни
875 Јупитер горното кралство и тројно на светот тој има;
Земјата е под Август; владетели се но и отци.
Бози, о друзи Ајнееви119, од кои и огној и мечој
отстапуваа, о Индигети120, Квирине, татко
што си на Рим, Градиве121, татко што си на Квирин
880 Весто, ти божице света сред сите пенати на Цезар,
Фојбе, ти домашен боже, со Цезаровата Веста122
и ти, Јупитер вишен, што седиш в Тарпејските кули
и сите бози, што свет ред е да ги призива поет,

118
Стоиците сметале дека душата е огнена.
119
Т.е. Пенатите, што Енеј од Троја ги пренесол во Рим.
120
Индигети се домашни божества, предци, кои по смртта стануваат заштитници на домот
и татковината; Енеј исто постанува Индигет по неговата деификација.
121
Градив (тој кој напредува во борба) е прекар на богот на војната Марс.
122
Во 12 г. пр. Христа, Август станува pontifex maximus, и како таков, тој морал да живее
во близина на храмот на Веста; затоа тој изградил мало светилиште на Веста во својот
дворец на Палатин, па и Аполон станал негов домашен бог.
380 Публиј Овидиј Насон

вас јас ве молам, да биде подалечен денот од веков123,


885 в кој ќе го напушти светот с кој владее нашиот Август
и ќе се воздигне в небо, па оттаму молби да слуша!
Веќе го завршив трудов. Знам, ни на Јупитер гневот,
ниту, пак, меч ни оган ни разјадливата древност,
не ќе го сотрат. Оној ден, кој само право на плотва
890 моја ќе има, кога ќе посака, крај нека стави
тогаш на неспокојниот тек на овој мој живот.
Но со подобриот дел од мене над ѕвездите вишни
јас ќе се вивнам; вечен ќе бидам, а името мое
бесмртно ќе е кај власт има Рим над покорени земји;
895 народот ќе ме чита, и ако вистина има
в усетот на поетот, жив ќе сум низ сите векој.

Кога Овидиј ги завршил своите „Метаморфози“ (8 г. пр. Христа), Август бил веќе во
123

напредната возраст; имал 71 година.


Метаморфози 381

СВЕТОТ ПРЕОБРАЗЕН ВО КНИГА


(ВО МЕТАМОРФОЗИ НА ОВИДИЈ)
(поговор)

Од доволно голема временска дистанца, во книжевните истории се одби-


раат некои периоди кои се прогласуваат за „зенитни, кулминативни точки“, т.е.
„врвови“, поради уверувањето дека токму во тие омеѓени временски исечоци
(макар и да траат еден-два века) дошло до најсилен изблик на творечките
импулси во уметноста на зборот пишувана на одреден јазик.
Во историјата на римската книжевност, поетот Публиј Овидиј Насон
(Publius Ovidius Naso, 43 пр.н.е. – 17/18 н.е.) не само што ја имал таа среќа да
живее во т.н. „златен век“, туку и сосема заслужено да се издвои и да остане
запаметен во колективната меморија во период во кој навистина создавале
ненадминати антички автори. Имено, воопшто не изненадува тоа што (веднаш
по Вергилиј) Овидиј добива привилегирано место во Дантеовиот антички
поетски „пантеон“ запазен во Божествената комедија. Иако Овидиевиот
возбудлив живопис се оцртува со огромни амплитуди (од миленик на римската
елита до поет прогонет по налог на моќниот Октавијан Август), Овидиј е
несомнено еден од највлијателните антички поети не само во книжевноста
пишувана на латински јазик, туку и во целокупната светска книжевност.
Всушност, Публиј Овидиј Насон е одлична комбинација на „поет по
вокација“ и „учен поет“. Дека судбината го насочила кон поезијата, Овидиј
сведочи во една од своите Тажаленки, во која вели дека дури и кога во мла-
доста настојувал да пишува говори во проза, поетската експресија самата
по себе му се наметнувала како природен начин на искажување на мислите
(во соодветен метар). Со други зборови, Поезијата го одбрала Поетот уште
пред тој да ја одбере Поезијата за своја животна преокупација. Солидното
образование што Овидиј го стекнал во Рим (особено во сферата на филозо-
фијата и реториката), а кое се крунисало со патувања во Атина и во Мала
382 Поговор

Азија, секако дека оставило неизбришливи отпечатоци и во развојот на Овидиј


како книжевен творец, во кои на најубав начин проникнале поетскиот дар и
енциклопедиската ерудиција.
Tворечкиот пат (и книжевниот опус) на Овидиј вообичаено се дели на
три етапи: 1) младешки период, во кој се вбројуваат делата: Песни за љубовта
(Amores), во кои младиот Овидиј ја демонстрира упатеноста во еротската
поезија; Посланија на хероините (Heroines), во кои Овидиј преку еписто-
ларниот жанр, т.е. преку фиктивните писма на знаменитите митски хероини
ја манифестира суптилната упатеност во психологијата на женските ликови
од античката митологија; Вештина во љубовта (Ars amatoria), дело кое го
прославува младиот Овидиј; Лекови за љубовта (Remedia amoris); 2) дела од
т.н. зрел период, меѓу кои најзначајно е, секако, најобемното дело на Овидиј,
епот од речиси 12.000 хемскаметри, монументалното дело Метаморфози
(Metamorphoses); и 3) дела создавани по 8 година н.е., т.е. настанати за време
на мачното прогонство во Томи (денешниот град Констанца во Романија),
меѓу кои како најзначајни се вбројуваат: Тажачки (Tristia) и Писмата од
Понт/Црното Море (Epistulae ex Ponto).

При создавањето на своето најзначајно дело, епот Метаморфози, Ови-


диј не бил прв (а ни последен) поет кој црпел теми од бескрајниот океан на
митолошкото наследство. Но, веројатно Овидиј е еден од ретките поети кому
му успеало во епска песна да обедини толку многу приказни во едно ново
раскажувачко единство, одбирајќи го топосот на преобразбата како стожерна
тематска матрица при селектирањето на митолошката граѓа.
Во една поширока перспектива, преобразбата е една од стожерните за-
еднички нишки на различните типови митови во многубројните митологии:
космогониските и есхатолошките митови раскажуваат за макрокосмичката
„преобразба“ од состојбата на хаос до космос и обратно; антропогониските
митови, создавањето на човечкиот род го поврзуваат со Метаморфозите
на други видови суштества (животни, растенија, божества); аграрните, ве-
гетативните и календарските митови ни нудат метафорични толкувања за
цикличните Метаморфози во вегетацијата и „вечните промени“ на годишните
времиња; култните и јуначките митови, пак, сведочат за ритуалните проце-
дури на симболичките „Метаморфози“ (симболичката смрт и новото раѓање)
на иницијантите... Поинаку кажано: древните митологии се неразделни од
топосот на Метаморфозите, а творечката интуиција на Овидиј несомнено ги
насетила огромните можности за поетска обработка на возбудливите приказни
за Метаморфозите на луѓето во други облици на постоење. Всушност, дека и
античката митологија е тесно поврзана со овој универзално распространет
Поговор 383

топос, најдобро се гледа од воведните стихови на Овидиевите Метаморфози,


дело во кое се (пре)раскажани над 250 различни митови, чиишто „заеднички
именители“ се токму Метаморфозите:

Духот ме гони да пеам за претворба на некои тела


в облици нови; бози, на потфатов дајте му душа,
зашто сте вие што нив ги претворивте в облици други.
Песнава моја водете ја од кога настана светов
и доведете ја среќно до дните на моево време!
(I, 1-5 )

Уште во инвокацијата од своето грандиозно дело, Овидиј навестува дека


опевањето на претворбите претставува огромен предизвик. Имено, поетот
не може да раскаже само една приказна, како во јуначките епови, туку е
принуден да ни приложи една непрегледна долга низа од меѓусебно поврзани
приказни во кои ќе се сугерира преминот од митското до историското време,
овозможен токму преку ликот на Енеј. Дијалогот со непрегледното митско
наследство, оттука, резултира со приказни за настанокот, уништувањето и
повторното создавање на светот, но и цело едно „море од приказни“ за Ме-
таморфозите во кои учествуваат или ги раководат токму божествата од кои
поетот бара вдахновение.

Воведните стихови in medias res го илустрираат и антиномичниот однос


на делото Метаморфози на Овидиј кон античката јуначка епска традиција.
Иако го почнува епот со познатата епска конвенција, авторот токму преку
неа навестува една уметничка амбиција којашто во голема мера ги надминува
жанровските координати на јуначката епика, особено на планот на хронотопот.
Имено, поетот нема намера да раскажува само една приказна (како
што препорачува Аристотел во Поетиката), ами огромен број приказни
што треба да остават впечаток дека се хронолошки наредени од настанокот
на светот сè до августовската епоха во која живее римскиот поет. Впрочем,
Големата Приказна кај Овидиј е сочинета од безброј помали приказни! Една
од клучните разлики меѓу епот и романот, Михаил Бахтин ја гледа токму на
планот на хронотопот: „Благодарејќи на епската дистанца, што исклучува
секаква можност за активност и промена, епскиот свет ја добива својата
целосна завршеност не само од гледиште на содржината, туку од гледна точка
на неговата смисла и вредност“.
384 Поговор

Од друга страна, битно е да се напомни дека епскиот свет се гради во


зоната на апсолутната оддалечена слика, надвор од сферата на можниот
контакт со сегашноста што настанува, која не е завршена и затоа може да се
преосмислува и повторно да се вреднува“ (1989, 450). Доколку доследно ги
следиме овие луцидни укажувања на рускиот теоретичар, веднаш паѓа в очи
„атипичноста“ на Овидиевата епика: преку комуникацијата меѓу митското и
историското време (дните на моево време) и преку приказните за Метаморфо-
зите што му пркосат на концептот на „целосна завршеност“, Овидиј, всушност,
гради една мошне динамична слика на светот на Метаморфозите, слика што
дава отпор на какво годе „закостенување“, слика што сè уште е подложна
на Метаморфози, слика во која, според хексаметрите од последното пеење:

Сè се менува, ништо не пропаѓа; од таму талка


доаѓа тука, од тука таму заминува духот
и се вовлекува в секакви тела; од тела на ѕверој
в човечки тела преминува, нашиот дух пак во ѕверој
(XIV, 169-172).

Оттука, ако се согласиме со Бахтиновите тези, повеќе од очигледна е


меѓужанровската метаморфоза што ја зачнува Овидиј уште со првите стихо-
ви. Оттука, би можеле да ја пласираме тезата дека Метаморфози на Овидиј
имаат и епски и лирски и драмски но и бележити „романескни“ обележја.
Имено, замислата на Овидиј да создаде голема наративна целина, спојувајќи
повеќе пократки „приказни“, неизбежно води кон еден полифоничен (во
бахтиновска смисла) поетски проект, кој е овозможен токму преку поетските
Метаморфози на многубројните митови за метаморфозите.

Општопознато е дека Метаморфози третира голем број теми од прет-


ходните јуначки епови (особено од делата на Хомер, Вергилиј и Лукретиј), од
други книжевни извори (пред сè, од ајтиолошките епилиони од хеленистич-
киот период), но и од живата усна традиција. Притоа, еден од доминантните
облици на раскажување во Овидиевите Метаморфози е токму „нарацијата во
нарација“, т.е. „приказна во приказна“. Од оваа перспектива, како што забе-
лежува Росати, приказните се интерполираат во приказните по принципот
на „кинески кутии“ или на „руските бабушки“, што, секако, како наративна
матрица подразбира постоење на повеќе наратори.
И во Хомеровите епови наидуваме на епизоди и дигресии во кои некој
од ликовите ја добива улогата на раскажувач на приказна, а најеклатантен
пример е раскажувањето на Одисеј. И Енеј во Енеида добива улога на сведок-
Поговор 385

наратор од чијашто уста се реконструира приказната за падот на Троја. Сепак,


оваа постапка е неспоредливо повеќе ползувана во делото на Овидиј: многу
индикативен е податокот дека над 60 епизоди се раскажани од страна на 40
внатрешни наратори, т.е. со математички речник – над третина од целиот еп
функционира како епизоди.
Притоа, функцијата на нараторот-автор е да обезбеди кохезија во раска-
жувањето. Имајќи предвид дека раскажувањето е една од најфреквентните
дејства, делото на Овидиј би можеле да го читаме и како метатекст за ме-
таморфозите на митот. Коментирајќи ги композициските и стилистичките
аспекти на делото на Овидиј, Витомир Митевски во студијата Античка епика
со право подвлекува дека „наместо лесно препознатливо композициско
единство, наоѓаме специфично единство на разновидноста, наместо изграден
етички систем на вредности се среќаваме со бесконечна игра на уметнички
Метаморфози“ (2001, 348).

Во таа бесконечна игра на преобразување на приказните за метаморфо-


зите, токму благодарејќи на Овидиј, се придружуваат огромен број писатели,
ликовни уметници и музичари. Без голем ризик би можеле да констатираме
дека Метаморфози на Овидиј е еден од најголемите „расадници“ и „из-
ворници“ на безброј други дела, како во книжевноста, така и во другите
уметности. Во познатата компаративна студија Митот за метаморфозaтa
(1974, 2004), Пјер Брунел селектирал раскошен корпус на книжевни творби
посветени на темата за Метаморфозите, а вдахновени од Метаморфози на
Овидиј: од Апулеј и Данте, Бокачо и Шекспир, преку Нервал и Рембо, Рилке
и Сипервјел, сè до Франс и Бекфорд, Гогољ и Кафка...
Како мала илустрација за значењето на Метаморфози како извор на
креативни импулси во оваа пригода нудиме крајно елиптичен список со
примери за интертекстуални и интермедијални дијалози и транспозиции со
делото на Овидиј:
1) еротската преобразба на нимфата Дафне, мајсторски раскажана во
првото пеење на Метаморфози од Овидиј ги вдахновила и сликарот Џовани
Лоренцо Бернини, но и композиторите Хендел и Штраус;
2) приказната за Јупитер и Европа (II пеење) е насликана на помпејските
фрески, но и во делата на Тинторето Рембрант и Бекман;
3) приказната за Нарцис и Ехо (III пеење) била книжевен и уметнички
предизвик за Петрарка, Караваџо, Рилке, Пучини, Хесе и Дали;
4) фабулата за трагичната судбина на Пирам и Тизба (IV пеење) во многу
елементи потсетува на една од најпознатите шекспирови љубовни трагедии
(Ромео и Јулија);
386 Поговор

5) митот за Персефона (V пеење), пак, ги поттикнало композиторите


Монтеверди и Стравински да ги напишат едни од своите најимпозантни
музички дела, а во интертекстуален дијалог со Овидиј настанала и една од
клучните стихозбирки на Вилијам Карлос Вилијамс, поетската книга Кора
во подземјето;
6) потресната приказна за Тереј, Филомела и Прокне (VI пеење) ја об-
работиле Шекспир, Де Кастро и Оскар Вајлд;
7) неодминливата приказна за Медеја и Јасон (VII пеење), пак, била
предизвик за писателите: Сенека, Корнеј, Лесинг, Тик и Грејвс, или компо-
зиторите: Вогел, Барток, Малер и Барбер;
8) митот за Тесеј и Аријадна (VIII пеење) инспирирал низа значајни
писатели во ХХ век, меќу кои: Жид, Мур, Казанѕакис и Јурсенар;
9) митот за Херкул (IX пеење) ја раздвижил креативната имагинација на
безброј творци: од Мантења и Дирер во сликарството, преку Шилер и Милер
во книжевноста, до Телеман и Бах во музиката;
10) приказната за Орфеј и Евридика (X пеење) го сликале од Белини,
Моро и Задкин, го опевале Де Ронсар, Ануј и Рилке, а е предлошка за безброј
оперски и балетски дела (од Глук и Берлиоз до Лист и Офенбах)...
Се разбира, овој список е сосем селективен, но и отворен. На пример,
слободно можеме да ги додадеме музичките дела Метаморфози на совре-
мениот композитор Филип Глас.

Во епилозите од митовите раскажани од страна на Овидиј, Метаморфозите


на протагонистите главно се случуваат како резултат на казна (најчесто за хиб-
рис) или како еден вид награда (како преобразбата на Кајсар во небесно тело).
Имплицитно се поставува прашањето: во што се преобразуваат писателите?
Во непрегледното море писатели, музичари, ликовни уметници кои се
напојувале од океанот на Метаморфозите на Овидиј несомнено би можеле
да го вметнеме и аргентинскиот писател Хорхе Борхес, кој нуди еден вид
одговор на ова интригантно прашање. Имено, Борхес смета дека судбината
на писателите е да се „преобразат во книга“!
Иако, во паника и во очај римскиот поет, дознавајќи за пресудата да
биде прогонет од Рим, го запалил ракописот на своето најзначајно дело (со
што ракописот се преобразил во пепел), за огромна среќа, Метаморфози е
запазено благодарејќи на преписите на неговите пријатели, сепак, се чини дека
Овидиј направил прекрасен избор – да се преобрази во една од најзначајните
книги не само на римската, туку и на светската литература. Во финалето на
Метаморфози, нараторот поентира:
Поговор 387

Веќе го завршив трудов. Знам, ни на Јупитер гневот,


ниту, пак, меч ни оган ни разјадливата древност,
не ќе го сотрат. Оној ден, кој само право на плотва
моја ќе има, кога ќе посака, крај нека стави
тогаш на неспокојниот тек на овој мој живот.
Но со подобриот дел од мене над ѕвездите вишни
јас ќе се вивнам; вечен ќе бидам, а името мое
бесмртно ќе е кај власт има Рим над покорени земји;
народот ќе ме чита, и ако вистина има
в усетот на поетот, жив ќе сум низ сите векој.
(XV, 885-894)

Ако „подобриот дел“ од писателот се овоплотува, т.е. се преобразува во


книга, тогаш препевањето на ова капитално дело на македонски јазик е уште
една чудесна и прекрасна метаморфоза од еден во друг јазик.

Во поговорот кон првото издание на Метаморфози, Јадранка Владова


со право констатира дека: „Љубинка Басотова за македонската читателска
публика направила брилијантен препев на ’Метаморфози‘ од Овидиј (...)
Живоста на јазикот, вистинската мера во неговото архаизирање и неговата
доминантна ’современост‘ го прави овој препев почитливо пивок и поубав
(и) од ’Енеида‘ на Вергилиј за кој истата препејувачка Љубинка Басотова е
наградена со престижна преведувачка награда“ (2002, 462). Преку маестрал-
ниот препев на Љубинка Басотова, имено, македонските читатели добиваат
едно од капиталните дела на античката литература, а римскиот поет останува
да биде „жив (...) низ сите векој“.

Владимир Мартиновски
388 Поговор
СОДРЖИНА

ПРВО ПЕЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7
СОЗДАВАЊЕ, СТ. 1-88;
ЧЕТИРИТЕ ВЕКА, СТ. 89 -150;
БОРБАТА НА ГИГАНТИТЕ, СТ. 151-162;
ЛИКАОН, СТ. 163-252;
ПОТОПОТ, СТ. 253-312;
ДЕВКАЛИОН И ПИРА, СТ. 313-415;
СОЗДАВАЊЕТО НА ЖИВОТНИТЕ, СТ. 416-437;
ПИТОНОТ, СТ. 438-451;
АПОЛОН И ДАФНЕ, СТ. 452-467;
ИО (АРГУС, СИРИНГА), СТ. 568-747;
ФАЕТОН, СТ. 748-779

ВТОРО ПЕЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 32
ФАЕТОН, СТ. 1-339;
ХЕЛИЈАДИТЕ. СТ. 340-366;
КИКНОС, СТ. 367-400;
КАЛИСТО, СТ. 401-530;
ГАВРАНОТ (КОРОНИДА, НИКТИМЕНА), СТ. 531-632;
ОКИРОЈА, СТ. 633-675; БАТ, СТ. 676-707;
АГЛАВРА, СТ. 708-832,
ЕВРОПА, СТ. 833-875

ТРЕТО ПЕЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 59
КАДМО, СТ. 1-130;
АКТЕОН, СТ. 131-252 ;
СЕМЕЛА, СТ. 253-315 ;
ТИРЕСИЈ, СТ. 316-340;
ЕХО И НАРЦИС, СТ. 341-510;
ПЕНТЕЈ, СТ. 511-733

ЧЕТВРТО ПЕЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 81
ЌЕРКИТЕ НА МИНИЈ (ПИРАМ И ТИЗБА, МАРС И ВЕНЕРА,
ЛЕВКОТОЈА, КЛИТИЈА, ХЕРМАФРОДИТ И САЛМАЦИДА) СТ. 1-415;
АТАМАНТ И ИНО (ФУРИИТЕ), СТ. 416-542;
ИЗМЕНИДИТЕ, СТ. 543-562;
КАДМО И ХАРМОНИЈА, СТ. 563-603;
ПЕРСЕЈ (ЗМИИТЕ, АТЛАНТ, АНДРОМЕДА, КОРАЛИТЕ,
МЕДУЗА), СТ. 604-803

ПЕТТО ПЕЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 105
ПЕРСЕЈ И ФИНЕЈ (ПРЕТ И ПОЛИДЕКТ), СТ.1-249
МУЗИТЕ, СТ. 250-299
НАТПРЕВАР МЕЃУ МУЗИТЕ И ПИЕРИДИТЕ (БОГОВИТЕ ВО ЕГИПЕТ,
ЦИЈАНА, КАЗНЕТОТО МОМЧЕ, АСКАЛАФ, СИРЕНИТЕ, АРЕТУЗА,
ЛИНК), СТ. 300-678

ШЕСТО ПЕЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 126


АРАХНА, СТ.1-145; НИОБА, СТ. 146-312
ЛИКИСКИТЕ СЕЛАНИ, СТ. 313-381
МАРСИЈ, СТ. 382-400
ПЕЛОП, СТ. 401-411
ПРОКНА, СТ. 412-674
БОРЕЈ И ОРИТИЈА, СТ. 675-721

СЕДМО ПЕЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 149


МЕДЕЈА (ЈАСОН, ДОИЛКИТЕ НА БАКХ, КАТАЛОГ
НА ПРЕОБРАЗБИ), СТ. 1-403
ТЕЗЕЈ, СТ. 404-452
МИНОС, СТ. 453-516
ЧУМАТА ВО ЕГИНА, СТ. 517-6130;
МИРМИДОНЦИТЕ, СТ. 614-660
КЕФАЛ И ПРОКРИДА, СТ. 661-757
ТЕВМЕНСКАТА ЛИСИЦА, СТ. 757-865

ОСМО ПЕЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 176


НИЛ И СЦИЛА, СТ. 1-151
ЛАВИРИНТОТ, СТ. 152-168
ВЕНЕЦОТ НА АРИЈАДНА, СТ. 169-182
ДЕДАЛ И ИКАР (ПЕРДИКС), СТ. 183-272
КАЛЕДОНСКИОТ ЛОВ, СТ. 273-450
СМРТТА НА МЕЛЕАГАР, СТ. 451-525
МЕЛЕАГРИДИТЕ, СТ. 526-546
АХЕЛОЈ (ЕХИНАДИТЕ, ПЕРИМЕЛА), СТ. 547- 610
ФИЛЕМОН И БАВКИДА, СТ. 611-724
ПРОТЕЈ, СТ. 725-737
ЕРИЗИХТОН, СТ. 738-842
МНЕСТРА, СТ. 843 -884)

ДЕВЕТТО ПЕЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 202
РОГОТ НА ИЗОБИЛИЕТО, СТ. 1-97
НЕС, СТ. 98-133
СМРТТА И АПОТЕОЗА НА ХЕРКУЛ (ЛИХАС), СТ. 134-272
ГАЛАНТИДА, СТ. 273-323; ДРИОПА, СТ. 324-393
ЈОЛА, СТ. 394-401
СИНОВИТЕ НА КАЛИРОЈА, СТ. 402-449
БИБЛИДА, СТ. 450-665
ИФИС, СТ. 666-797

ДЕСЕТТО ПЕЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 227


ОРФЕЈ И ЕВРИДИКА, СТ. 1-85
ДРВЈАТА(АТИС, КИПАРИС), СТ. 86-147
ГАНИМЕД, СТ. 148-161
ХИЈАЦИНТ, СТР. 162-219
КЕРАСТИ И ПРОПЕТИДИ, СТ. 220- 242
ПИГМАЛИОН, СТ. 243-297
МИРА, 298-502
АДОНИС (АТАЛАНТА, ХИПОМЕН), СТ. 503-739

ЕДИНАЕСЕТТО ПЕЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 250
СМРТТА НА ОРФЕЈ (ДРАКОНОТ), СТ. 1-66
КАЗНАТА НА МЕНАДИТЕ, СТ. 67-84
МИДА, СТ. 85-193; ХЕСИОНА, СТ. 194-220
ПЕЛЕЈ И ТЕТИДА, (СТ.221-290)
ДЕДАЛИОН И ХИОНА, СТ. 291-345
ВОЛКОТ, СТ. 346-409
КЕЈК И АЛКИОНА, СТ. 410-751
ЕСАК, СТ. 752-795

ДВАНАЕСЕТТО ПЕЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 274


АВЛИСКИОТ ДРАКОН, СТ. 1-23
ИФИГЕНИЈА, СТ. 24-38
ФАМА, СТ. 39-63
ЦИГНОС, СТ. 64-167
ЦЕНЕЈ (КЕНТАВРИ И ЛАПИТИ) СТ. 168-535
ПЕРИКЛИМЕН, СТ. 536-579
СМРТТА НА АХИЛ, СТ. 580-628

ТРИНАЕСЕТТО ПЕЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 294
ОРУЖЈЕТО НА АХИЛ, СТ. 1-383
СМРТТА НА АЈАКС, СТ. 384-308
ХЕКУБА (ПОЛИКСЕНА), СТ. 399- 575
МЕМНОНИДИТЕ, СТ. 576-622
ЕНЕЈ НА ДЕЛОС (ЌЕРКИТЕ НА АНИЈ, ЌЕРКИТЕ НА ОРИОН) СТ. 623-704
СКИТАЊАТА НА ЕНЕЈ, СТ. 705-737
АЦИД И ГАЛАТЕЈА, СТ. 738-903
ГЛАВК, СТ. 904-968

ЧЕТИРИНАЕСЕТТО ПЕЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 324


СЦИЛА, СТ. 1-74
СКИТАЊЕТО НА ЕНЕЈ (ПИТЕКУЗА) СТ. 75-100
СИБИЛА, СТ. 101-153
КИКЛОПОТ, СТ.154 -222
КИРКА, СТ. 223-319
ПИК И КАНЕНТА, СТ. 320-444
ВОИНИТЕ НА ДИОМЕД, СТ. 445-511
АПУЛИСКИОТ ПАСТИР, СТ. 512-526
КОРАБИТЕ НА ЕНЕЈ (КОРАБОТ НА АЛКИНОЈ) СТ. 527-565
АРДЕЈА, СТ. 566-580
ДЕИФИКАЦИЈА НА ЕНЕЈ, СТ. 581-608
КРАЛЕВИТЕ НА АЛБА (СТ. 609 -621)
ВЕРТУМНО И ПОМОНА (ИФИС И АНАКСАРЕТА), СТ. 622-771
РОМУЛ И ХЕСИЛИЈА (ДЕИФИКАЦИЈА НА РОМУЛ), СТ. 772-851

ПЕТНАЕСЕТТО ПЕЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 352


НУМА, СТ. 1-11
МИСЦЕЛ, СТ. 12-59
ПИТАГОРА, СТ. 60-478
ЕГЕРИЈА (ХИПОЛИТ), СТ. 479 - 551; ТАГЕС, СТ. 552-559
КОПЈЕТО НА РОМУЛ СТ. 560-564
ЦИП, СТ. 565-621
ЕСКУЛАП, СТ. 662- 744 ДЕИФИКАЦИЈА НА ЈУЛИЈ ЦЕЗАР, СТ. 745-849
ВОСФАЛБА НА АВГУСТ, СТ. 850-870
ЕПИЛОГ, СТ. 871-879

Светот преобразен во книга (во Метаморфози на Овидиј) (поговор) . . . . . . . . . . . . 381


Метаморфози 393

ПРОЕКТ
Ѕвезди на светската книжевност

Публиј Овидиј Насон


МЕТАМОРФОЗИ

© за македонското издание:
КОНГРЕСЕН СЕРВИСЕН ЦЕНТАР, Скопје
МИКЕНА, Битола
МАКАВЕЈ, Скопје

За издавачите:
Јове Тодоровски
Борче Трпковски
Јагода Цветкоска

Превод од латински јазик


Љубинка Басотова

Поговор
Владимир Мартиновски

Уредник на изданието
Бранко Цветкоски

Јазична редакција
Весна Костовска

Техничко уредување
Зоран М. Гулевски

Печати
Бранко Гапо

Тираж
1000 примероци
394 Публиј Овидиј Насон

You might also like