Professional Documents
Culture Documents
2.Пророци,и
3. Писанија (кое содржи псалми, приказни на цар Соломон, песни – „Песна над
песните“).
Создавањето на светот
Во почетокот Бог ги создал небото и земјата. Првиот ден ги создал денот и ноќта,
вториот ден – копното и водата, третиот ден – зеленилото и дрвјата, четвртиот –
ѕвездите, сонцето и месечината, петтиот – сите животни и во морето и на копното
и на небото. Видел дека е добро и шестиот ден рекол: „Да создадеме човек
според нашиот образ и според подобието наше. Тој ќе владее над сите животни и
над целата земја“. Така и сторил. Го направил човекот според својот лик од земја и
му вдахнал животен дух. Потоа пред него ги донел сите животни за да им даде
имиња и да си избере другар кој ќе му помага во сѐ. Но, од сите животни таков не
се нашол, па Господ му пратил на човекот тврд сон, му земал едно ребро и од него
ја создал жената. Оттогаш човекот ги остава своите родители и живее со својата
жена, а двајцата стануваат како еден човек. Видел Бог дека е добро тоа што го
создал за шест дена, па седмиот го благословил и осветил.
Протерување од рајот
На исток, на посебно место, Господ направил рајска градина, каде течеле реки и
растеле дрвја. Меѓу сите убави дрвја имало две посебни: едно – Дрво на животот
и друго – Дрво на спознанието. Човекот можел да јаде плодови од сите дрвја,
освен од Дрвото на спознанието на доброто и злото. Но, змијата, најитрата од сите
животни ја поттикнала љубопитноста кај жената. Таа не можела да издржи и
пробала од забранетиот плод, потоа му дала и на мажот. Тогаш сѐ се изменило.
Тие станале свесни за својата голотија, а мажот за првпат почувствувал страв од
Бога. Биле казнети и протерани од рајот. Мажот со мака да го заработува лебот,
жената во маки да раѓа, а змијата вечно да ползи. (Според некои преданија
адамовото јаболко – машкиот поизразен пршлен на вратот – се создал кога мажот
го пробал забранетиот плод.)
Каин и Авел
Ковчегот на Ное
14 Побрзај, возљубен мој; биди како срна и како еленче во мирисливите гори!Не
сакам да бидам против религијата и христијанството, ама навистина не можам да
сфатам зошто најубавата љубовна песна – „Песната над песните“ христијаните
мора да ја толкуваат на религиозен начин? Каде е тука љубовта кон Бога? Каде ја
пронајдоа алегоријата, метафората? Па ова е толку проста и страстна љубовна
песна – за неиздржливата љубов што ја чувствуваат двајца – црната жена и
белиот маж, што нема место за љубов кон нешто друго… Да, ако ја сфаќаме
љубовта како дар од Бога, тогаш се сложувам, но не и само љубов кон Бога…
зашто тука се воспева убавината на жената и убавината на мажот и нивната
меѓусебна привлечност, телесна привлечност, страст…